Page 1

Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Врз основа на Законот за здруженија на граѓани и фондации (Сл. Весник на РМ број 52 од 16.04.2010), Собранието на Здружението на студенти од медицински Факултет, Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија, Скопје на седницата одржана на 08.012.2010 година го утврди пречистениот текст на

СТАТУТ На Здружението на Студенти од Медицински Факултет, Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија

I.

ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1

Здружението на студенти од медицински Факултет, Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија е Здружение на студенти заради вршење на дејности и активности на студентите по медицина насочени кон надградба на знаењата од областа на нивната идна професија. Член 2 Здеужението на студенти од медицински факултет, Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија, како здружение на студенти своите цели и задачи ќе ѓи остварува во согласност со Уставот на Р.М, Законот и Статутот. Член 3 Името на Здружението на Студенти од медицински факултет е: Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија (во понатамошниот текст само ЕМСА – Македонија). Името на англиски јазик е EMSA – Macedonia. Скратено име е ЕМСА – Македонија. Член 4 Седиштето на ЕМСА – Македонија е на адреса: Улица Атинска бр. 1 3/19 1000 Скопје ЕМСА – Македонија се организира и делува на цела територија на Македонија.


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА II.

Acta, Non Verba!

ОСНОВНИ НАЧЕЛА Член 5

Работата на ЕМСА – Македонија е јавна. Јавноста на организацијата се остварува преку транспарентно објавување на статутот и другите акти на организацијата во согласност со статутот на организацијата. Член 6 ЕМСА – Македонија е непартиско и непрофитабилно здружение, не се води од комерцијални интереси, односно не е основано за стекнување добивка. ЕМСА – Македонија остварува активности со кои се стекнува добивка, при што приходите, имотот на организацијата се користат единствено за остварување на нејзините цели наведени во член 7 и истите не смеат да се делат помеѓу членовите од ЕМСА – Македонија без оглед дали лицето е основач, член, член на извршен одбор или друг орган. Членовите на организацијата не смеат да се стекнуваат со материјални добра врз основа на својата позиција. Приходите, материјалните средства, ниту имотот не смее директно ниту индирекнто, како позајмување, дивиденда, бонус или профит да се префрлат на индивидуални членови. III.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ Член 7

Цели ЕМСА – Макеоднија е насочена кон подобрување на здравјето и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на Македонија, со дејствување за поголема интеракција и споделување на знаења меѓу македонските и европските студенти по медицина. Поттикнување на социјални, културни и политички прашања и делува како платформа за размена на искуства, информации и да споделуваат мислења во областа на медицинска едукација, етика и јавно здравство, наука и европската интеграција. ЕМСА - Македонија влијае на студентите по медицина и поширокото општество да се развие свест за здраво општество и за поддршка на групите и поединци со помали можности. Еден од најважните целни групи се децата и младите. Со едукација овие деца од здравствена гледна точка во центарот, на општата здравствена состојба на населението ќе се подобри во иднина. Своите цели ЕМСА - Македонија го остварува преку соработка со Владата на Република Македонија и нејзини релевантни институции, граѓанските здруженија како и меѓународни организации.


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Член 8 Дејности Целта Здружението ќе ја остварува согласно дејностите од јавен интерес дефинирани во Законот за здруженија на граѓани и фондации Член 74: Збогатување на активностите на студентите по медицина кои се во врска со нивното образование, Обезбедување и дистрибуција на информации од областа на медицината и за и до студентите по медицина, Овозможување на проток на активности, како и размена на студенти и соработка со други факултетски организации за студенти по медицина, Претставување на интересите на студентите по медицина на меѓународен план и меѓународни институции од областа на нивната професионална дејност. Организирање на кампањи и културни активности. Член 9 Застапување пред закон ЕМСА – Македонија ја преставува и застапува Претседателот, Генералниот Секретар и Извршниот Одбор. IV.

НАЧИН НА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЕМСА - МАКЕДОНИЈА Член 10

Во ЕМСА – Македонија можат да членуваат граѓани на Република Македонија без оглед на: нивниот пол и род, возраст, етничка припадност, нивната раса, сексуална ориентација, брачен статус, политички, религиозни и други уверувања или здравствена состојба. Член може да биде секој кој доброволно ќе пристапи кон ЕМСА – Македонија, ќе ги прифати одредбите на овој Статут и ќе се залага за успешно оставрување на целите на ЕМСА – Македонија. ЕМСА – Македонија ја гарантира анонимноста на личните податоци на членовите согласно порписите за заштита на лични податоци и класифицирани инфорамции.

Член 11 ЕМСА – Макеоднија води регистер на членови и евиденција на членови на органите. Податоците се ажурираат најмалку еднаш на две години.


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Член 12 Членувањето во ЕМСА - Македонија престанува по сопствена желба со исклучување поради непридружување на одредбите на Статутот. За исклучување одлучува Извршниот Одбор на ЕМСА - Македонија, а исклучениот член има право на жалба до Собранието на ЕМСА - Македонија чија одлука е конечна. Член 13 Членовите го задржуваат својот статус се додека не починат, не се повлечат, или се додека не се суспендирани или исклучени од ЕМСА - Македонија. Членот се повлекува од ЕМСА – Македонија со писмена изјава и предавање на сите материјали, нагледни средства кои ги има користено/задолжено за време на своите активности. Одземањето на право на членство се остварува кога членот: не се придружува до статутарните одредби на здружението и не дејствува во интерес на целите пропишани со неговата програма и духот на ЕМСА – Македонија. создава конфликтни ситуации со останатите членови на организацијата со што ја нарушува тековната работа на ЕМСА – Македонија. не учествува активно во здружението. доколку не платил членарина во периодот помеѓу одржување на две годишни Собранија. други причини што го загрозуваат дејствувањето на ЕМСА – Македонија. Извршниот одбор донесува одлуки за суспензија на членството со мнозинство гласови од присутните членови. Суспендираниот член времено го губи правото на глас, не смее да учествува во активностите ниту на кој било начин да го преставува Здружението. Укинувањето на суспензијата се спроведува со одлука на мнозинството на Собранието по отворена дискусија за надминатите причини за суспензија. Извршниот Одбор предлага укинување на членството. Членот кој е предложен да биде исклучен пред изјаснувањето на Собранието има право да се обрати. Собранието донесува одлука за исклучување на членот со 51% гласови при постигнат кворум од членовите со право на глас. Губењето на членството значи дека лицето не може повторно да стане член на Здружението.


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Член 14 Постојат две категории на членување полноправно и придружно. Полноправниот член има право на еден глас за време на годишното собрание, има право да биде биран во органите на ЕМСА - Македонија, да учествува во работата на ЕМСА – Македонија. Полноправниот член редовно плаќа членарина. Придружниот член може да присуствува на Годишното Собрание при што нема право на глас. Придружни членови се симпатизери на организацијата или гости. Придружниот член не плаќа членарина. Според Статутот на Здружението ако членот не во состојба да присуствува на Собранието овозможено е тој/таа може да ополномошти друг член за да го изнесе неговиот глас. При тоа ополномоштеникот може да преставува само еден дополнителен глас. Ополномоштувањето се врши со заверен документ доставен до Генералниот Секретарот. Член 15 Извршниот одбор ќе го одредува паричниот однос за месечна членарина што ќе ја поднесе за гласање пред Собранието. Доколку Извршниот одбор не предложи пред Собранието нов износ на членарина, во тој случај се применува последната одлука. V.

УПРАВУВАЊЕ НА ЕМСА – МАКЕДОНИЈА Член 16

Со ЕМСА - Македонија управува Извршниот одбор на организацијата. Член 17 Со ЕМСА – Македонија управуваат членовите непосредно или преку избрани преставници во органите на здружението. Член 18 Органи на ЕМСА – Македонија се: Собрание Извршен Одбор

Член 19 Собранието е највисок орган на здружението и го сочинуваат 31 избрани преставници.


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Собранието е претставнички орган на членовите на ЕМСА – Македонија и носител на законодавната власт. Пратениците се избираат на избори со тајно гласање на Генерално Собрание. Право да биде избран за пратеник има секој полноправен член на ЕМСА – Македонија. Мандатот на пратениците трае една година и тие не можат да бидат отповикани. На чело на Собранието стои претседател, заменик претседател и секретар. Член 20 Седници на Собранието свикува Претседателот на Собранието. Исто така: По одлука на Извршниот одбор. По предлог на една третина од делегатите. Предлогот се доставува до Извршниот одбор и во него треба јасно да бидат прецизирани причините за вонредно Собрание. Член 21 ЕМСА - Македонија полноважно одлучува ако се присутни повеке од една половина од вкупниот број членови. Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутниот број на членови. Работата на Собранието се уредува со деловник за работа. Член22 Во надлежност на Собранието е следново: Го донесува Статутот ЕМСА - Македонија и врши измени и дополнување на истиот. Донесува одлука за вкупното располагање со средствата и нивното отуѓување според услови утврдени со закон. Донсесува финансиски план и усвојува завршна сметка на ЕМСА - Македонија. Основува фондови и одлучува за нивно укинување Усвојува програмска ориентација за работа на ЕМСА-Македонија Ја следи материјално финансиската состојба Расправа за постигнатите резултати за развојот на ЕМСА - Македонија и дава насоки за натамошен развој Донесува одлуки, заклучоци и препораки за решавање на прашања од животот и работата на ЕМСА - Македонија Донесува одлука со двотретинско мнозинство за престанок на работа на ЕМСА Македонија Донесува одлика за здружување во сојузи и во други облици на здружување во земјава и во странство Одлучува и за други прашања што ќе му бидат поставени во надлежност


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Член 23 Извршниот одбор на ЕМСА -Македонија е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски, и одговорности за работењето и развојот на ЕМСА – Македонија. Член 24 Извршниот одбор брои 5 члена. Извршниот одбор на ЕМСА - Македонија е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски, и одговорности за работењето и развојот на ЕМСА – Македонија. Мандатот на членовите од извршниот одбор трае 1 (една) година. Со можност за реизбор за само уште еден мандат за иста позиција доколку извештајот од првиот мандат собранието го прифати како позитивен. Член 25 Во надлежност на Извршниот Одбор е следново: Ги спроведува статутарните и програмските задачи на ЕМСА - Македонија, одлуките и заклучоците на Собранието; Донесува и реализира годишна програма за работа на ЕМСА - Македонија; Предлага измени и дополнувања на Статутот на ЕМСА - Македонија; Донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори од овој домен; Свикува седници на Собранието и подготвува материјали; Донесува одлука за начинот и изборот на членовите на Собранието; Донесува одлуки за формирање на комисии, други тела и ја насочува нивната работа; Организира и учествува на разни акции и манифестации; Донесува одлуки за награди, пофалници и признанија; Донесува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства а работа на ЕМСА - Македонија за печатење на стручна литература и за други потреби; Дава согласност за актот на организацијата за работите и работните задачи; Одлучува за висината на членарината; Одлучува по жалби и приговори; Донесува и други одлуки што ќе произлезат од тековното работење; Врши и други работи во согласност со овој Статут.


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Член 26 Извршниот Одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на ЕМСА Македонија. Извршниот Одбор се состанува по потреба. Седницата на Извршниот Одбор ја свикува Претседателот и подпретседателот. Предлог за свикување на седница на Извршниот Одбор може да поднесе секое здружени на 1/5 (една петтина) од Собранието, членовите на Извршниот Одбор и Надзорна комисија. Начинот на свикување на седницата и работењето на Извршниот Одбор се уредува со деловникот на работа. Член 27 Членовите на ЕМСА - Македонија остваруваат контрола на прибавувањето, користењето и располагањето со средствата на организацијата, преку органите на управување на начин утврден со Статут. Член 28 Извршниот одбор изготвува политики кои ги претставува пред Собранието за усвојување. Извршниот одбор подготвува, одобрува и препорачува на годишното Собрание да се разгледуваат и прифатат: стратешки и оперативни план и буџет оперативни регулативи и протоколи годишен надворешен ревизорски извештај изнесува годишни извештаи до донори амандмани за промена на статут промена на критериумот за членство и членарина најмување на надворешни ревизори формирање на работни тела и комисии Член 29 Членот на Извршниот одбор ќе биде суспендиран ако: заработува на позиција во Здружението (дури ни како консултант) биде суден поради банкрот стане нестабилен во донесување на одлуките


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Индиректно и директно е заинтересиран за потпишување на одреден договор со Здружението , не го пријави тој интерес и тој интерес се остварува на незаконски начин Осуден и затворен Не се појави на два состаноци еден по друг без да го оправда своето отсуство Член30 Секретарот го врши следново: Се грижи за извршување на одлуките донесени од Собранието и Извршниот Одбор; Одговорен е за правилна примена на усвоените спогодби и договори; Одговорен е за правилната примена на прописите и општите акти; Во правниот промет ја застапува ЕМСА - Македонија и превзема мерки и дејствија во име и за сметка на ЕМСА - Македонија, согласно Статутот и одлуките на Извршниот Одбор. Член 31 Ќе се чува записник од сите членови кои посетуваат состаноци на ЕМСА Македонија при што секој член ќе се потпишува со целото име и презиме и своерачен потпис. Записници ќе се прават на сите состаноци на членовите, состаноците на Извршниот одбор и работните групи. Записниците се преставуваат на следниот состанок при што со поддршка на присутните членови се прифаќаат и се потпишуваат од претседавачот. Записниците од годишното, вонредното или одложеното Собрание ќе бидат потпишани од Претседателот и Секретарот и копии бидат доставени до сите членови. Записникот ќе биде пополнет и во канцелариите на Здружението каде и ќе биде достапен до сите членови. Оригиналните записници од средбите на Извршниот одбор и другите работни групи ќе бидат пополнети во канцеларииите на Здружението.

V. ФИНАНСИРАЊЕ НА ЕМСА - МАКЕДОНИЈА Член 32 ЕМСА - Македонија за остварување на своите цели и задачи забележани во овој Статут стекнува средтства на следниов начин: Од членарина; Од донации; Од буџет;


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Од издавачка и културна дејност на ЕМСА - Македонија; Од трговски друштва и од други извори на средства. Член 33 Користењето и располагањето со средствата на ЕМСА - Македонија добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврдени со Закон и Статут. Член 34 За користењето и располагањето на средствата одлучуваат органите на ЕМСА Македонија, во согласност со надлежностите утврдени со овај Статут кои преземаат мерки за економско целоснообразно користење на средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите. Член 35 ЕМСА - Македонија донесува годишен финансиски план за приходи и расходи со кои се утврдуваат: 1.Приходи Од чланарина; Од донации; Од буџет; Од издавачка и културна дејност на ЕМСА - Македонија; Од трговски друштва и од други извори на средства; 2.Расходи За активностите на ЕМСА - Македонија; За издавачката дејност; Наменски Фондови; Материјални трошоци за работа и репрезентација на ЕМСА - Македонија; VI.

ПРЕСТАНОК СО РАБОТА НА ЕМСА – МАКЕДОНИЈА Член 36

ЕМСА - Македонија ќе престане со работа ако за тоа одлучат членовите на ЕМСА Македонија, ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање, ако настапат причини утврдени со член 63 од Законот за здруженија на граѓани и фондации. Одлуката за престанок на Здружението ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство.


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Сите членови мораат да бидат известени најмалку 30 дена пред одржувањето на Собранието со допис со кој се информираат за причините за распуштање. VII.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 37

ЕМСА – Македонија е правно лице. ЕМСА – Македонија има свој печат, штембил и симбол. Печатот е тракалезен и го содржи името на здружението, а во средината се наоѓа амблемот на ЕМСА – Македонија. Амблемот е дванаесет ѕвезди распоредени околу срце обоено во боите на македонското знаме и подадена рака, а под нив пишува ЕМСА – Македонија. Штембилот на ЕМСА – Македонија е правоаголен и на него е испишан следниот текст: Здружение на студенти од Медицинскиот факултет ЕМСА – Македонија, Бр.___________ ________200___год. Скопје ЕМСА – Македонија има свое мото. Мотото е латинска поговорка: Acta, Non Verba! Што значи: Дела, Не Зборови! Член 38 Права на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието на ЕМСА Македонија, а помеѓу две собранија, Извршниот одбор на ЕМСА - Македонија. Член 39 Измени и дополнувања на овај Статут се вршат по иста постапка како и за негово донесување. Член 40 Овај Статут влегува во сила со денот на неговото донесување и ќе се применува по регистрирањето кај надлежниот орган за водење на регистарот.

Првиот статут на Здружението на студенти од Медицински Факултет, Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија, беше предложен и усвоен на основачкото собрание на 13.12.2000 година


Здружение на студенти од Медицински Факултет

Европска Медицинска Студентска Асоцијација на МАКЕДОНИЈА

Acta, Non Verba!

Првата промена на статутот на Здружението на Студенти од Медицински Факултет, Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија беше усвоена на 08.12.2010 година. Собранието на Здружението на Студенти од Медицински Факултет, Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија на ден 08.12.2010 го усвои прочистениот текст на статутот.

ЕМСА Македонија - Статут  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you