Issuu on Google+

The

Pathway of Science Movember - бори се против ракот на простата!

Второ Издание


Европска Медицина Студентска Асоцијација на Македонија

Еден од шест луѓе, ќе биде дијагностициран со рак на простата за време на својот живот, но само еден од 35 дијагностицирани, ќе умре од болеста. Оваа ситуација се случува денес, благодарејќи им на новите дијагностички и тераписки методи, се подостапните информации за народот, многуте кампањи за намалување на ризикот. Тимот на Pathway of science, се потруди да ги пронајде сите интересни информации и да ви ги доближе до вас. Се надеваме дека ќе ви бидат интересни и корисни.

РАКОТ НА ПРОСТАТА НИЗ ГОДИНИТЕ Простата била првпат опишана од Венецијанскиот доктор Николо Маса во 1536 и илустрирана од доктор Андреас Везалиус во 1538, но сепак ракот на простата не бил индентификуван се до 1853 година. Ракот на простата иницијално се вбројувал во ретките болести, веројатно поради краткиот век на живот и посиромашните методи за детекција во деветнаесетиот век. Првите третмани на ракот на простата биле операции за да ја намалат уринарната опструкција. Отстранувањето на целата жлезда (радикална перинеална простектомија) била за прв пат изведена во 1904 од страна на Ху Х. Јанг во болницата Џон Хопкинс, САД. Хируршкото отстранување на тестисите (орхиектомија) за лекување на ракот на простата било прв пат изведено во 1890, но било со лимитиран успех. Трансуретралната ресекција на простата ја заменила радикланата простектомија во средината на дваесеттиот век бидејќи подобро

2


The Pathway of Science: Рак на простата

ја презервирала еректилната функција. Радикалната ретропубична простектомија се развила во 1983 од страна на Патрик Валш. Овој хируршки пристап дозволувал остранување на простата со лимфните јазли со зачувување на функцијата на пенисот. Во 1941, Чарлс Б. Хугинс објавил студија во која користел естроген за да и се спротистави на тестостерноската продукција кај мажите со метастатки рак на простата. Откривањето на ,,хемиската кастрација” во 1966 му ја донела на Хугинс Нобеловата Награда. Улогата на гонадотропниот рилизинг хормон во репродукцијата била откриена од Андреј В. Шали и Роџер Џуилемин, при што и двајцата ја добиле Нобеловата Награда во 1977 година. Гонадотропин рилизинг хормон рецепторските агонисти, како леупролид и госерелин, биле последователно развиени и користени за лекување на ракот на простата. Радиотерапијата за ракот на простата била прв пат развиена во раниот 20 век и примарно се содржела од импланти од радиум. Надворешната зрачна радиотерапија уште попозната како Х-зрачење станала достапна во средината на 20 век. Брахитерапијата со имплантирање на семето (радијациониот елемент) била за прв пат опишана во 1983. Системската хемотерапија за ракот на простата била за прв пат проучена во 1970. Иницијалниот режим се состоел од циклофосфамидот и 5-флуороурацил.

НАУЧНО-ДОКАЖАНИ РИЗИЦИ Несомнено е дека ризикот за развој на рак на простата на прво место е поврзан со годините. Имено ризикот за појава на рак на простата се зголемува со текот на годините, рак на простата пред 40 та година многу ретко се појавува во светот, за разлика од тоа ракот на простата е многу честа појава кај мажите после 80 години. Неколку студии покажале дека од 50-80 % од мажите постари од 80 години ќе заболат од рак на простата. Факт е дека околу 80 % од дијагностицираните ракови на простата се дијагностицирани кај мажи над 65 годишна возраст. 1.Генетика Статистичките податоци укажуваат на тоа дека на прво место ризик фактор за развој на рак на простата е генетиката. Во Соединетите Американски држави, на пример, ракот на простата е многу чест , но тој сепак повеќе се јавува кај Афро-Американците

3


Европска Медицина Студентска Асоцијација на Македонија

отколу кај Белите Американци. Еден човек би имал зголемен ризик за развој на рак на простата доколку неговиот брат близнак веќе го има. Најновите истражувања покажуваат дека два гена – BRCA1 И BRCA2 кои се важни фактори во развојот на рак на дојка и рак на јајници кај жените , имаат големо влијание и за развој на рак на простата кај мажите. Овие нови сознанија поврзани со BRCA2 генот треба да ги насочат клиничарите да започнат со ран третман веднаш, дури и во раниот стадиум – тогаш кога инаку промените би биле класифицирани во групата на низок ризик за развој на рак на простата. 2.Исхрана и начин на живот Многу направени студии укажуваат на тоа дека исхраната и начинот на животот на човекот имаат големо влијание дали едно лице ќе заболи од рак на простата или каква ќе биде прогнозата т.е. агресивноста на ракот кај еден маж со веќе поставена дијагноза. Истражувањата велат дека медитеранската исхрана ги намалува шансите за развој на ракот. Односно помало конзумирање на месо а поголем внес на овошје и зеленчук во комбинација со јога и вежбање може да ги смени начинот на кој гените се однесуваат и да го промени напредокот на ракот на простата преку исклучување на туморските промотори а вклучување на туморските убијци. Тимот открил дека јадењето помалку од 500 грама црвено месо неделно или помалку од 125 вкупно килокалории на 100 грама храна дневно значително ќе се намали ризикот од агресивен тумор. Овие наоди укажуваат на тоа дека дури и мажи со рак на простата може да ја преземат контролата на нивната болест и да ја насочат агресивноста на ракот преку промена на исхрана и животен стил . 3. Пореметувањето на спиењето двојно го зголемува ризикот за развој на рак на простата кај мажите – објавија Исландските научници. Пореметувањата во спиењето се многу честа појава во модерниот свет, познато е дека жените со нарушување на сонот се со потенцијален ризик за појава на рак на дојка, но многу помалку се знае за нарушувањето на сонот и појавата на рак на простата кај мажите. По прилагодување на резултатите од едно големо истражување, во однос на возраста и исклучувајќи ги другите фактори на ризик, научниците заклучиле дека мажите со пореметување на спиењето имаат 1,5 до 2 пати поголем ризик да заболат од ракот

4


The Pathway of Science: Рак на простата

за разлика од оние кои што немаат никакви проблеми со спиењето. 4.Раса „Да се ​​биде црнец го зголемува ризикот од појава на рак на простата“. Црнците имаат 60 % поголем ризик од развој на рак на простата, отколку европските американски мажи и 2,4 па т и поголем ризик од смрт од оваа болест, велат најновит е истражувања во врска со ракот на простата. Имено повиското ниво на тестостерон ги изложува црните мажи да з аболат од рак како што тие стареат, особено ризикот е зголемен во четвртата декада од нивниот живот. Според н о вата студија објавена од истражувачите на Универзи т етот Илиноис во Чикаго, Ризикот за појава на рак на п р остата кај Афро-Американците се поврзува со специфични промени во Интерлеукин 6 (ИЛ-6 ) генот. ИЛ-6 преставува протеин кого го секретираат клетките на имуниот систем к а ко што се Т-лимфоцитите и макрофагите и тој учествува во растење и дигеренц и рање на на многу ткива. Овие научници користеле посебна техника наречена Импутација-со чија помош можеле да го согледаат полиморфизмот на ИЛ-6 генот т.е. карактеристичните промени на овој ген кои што ја менуваат неговата функција и кои се типични за Афро-Американците. 5.Метаболизам Висок крвен притисок, високо ниво на шеќери во крвта, масти и висок индекс на телесна маса преставуваат карактеристики кои често се стават во ист кош како метаболичен синдром бидејќи заедно поврзани даваат зголемен ризик од умирање од рак на простата. Ова е заклучокот од новата студија објавена во рецензиран весник на Американското здружение за рак. Резултатите на студијата сугерираат дека препораките на Јавното здравство во однос на исхраната и начинот на живот за да се спречи појава на срцеви болести и дијабетес исто така може да ја намали веројатноста еден маж да заболи од ваков тип на рак. Набљудувањата укажуваат на тоа дека кардиоваскуларните фактори на ризик како што се прекумерната тежина односно дебелината и хипертензија се вклучени во стимулирање на прогресијата на ракот на простата. 6.Алопеција Интересен е и податокот дека и алопецијата кај мажите се смета како ризик фактор за развој на ракот, Канадски истражувачи од Универзитетот во Торонто по направена биопсија на 214 мажи на возраст од 59 до 70 години утврдиле дека пациенти со помалку коса имаат пропорционално поголеми шанси дека ке им

5


Европска Медицина Студентска Асоцијација на Македонија

биде откриен рак на простата, спрема зборовите на научниците, овој феномен бил присутен во 95 % од случаите. Канадските научници сметаат дека нивните резултати можат да се објаснат преку делување на андроген дихидротестостерон кој веќе е познат по влијание на паѓање на косата и развој на рак на простата. 7.Хуман папилома вирус заедно со Епштајн Бар вирус во развој на рак на простата Истражувањето вклучува преглед на 100 примероци од нормални, малигни и бенигни примероци на простата од австралиски мажи. Откриено е дека и двата вируса – хуман папилома вирус(ХПВ) и Епштејн Barr вирус(ЕБВ) биле присутни во повеќе од половина од малигни примероци на простата, како и во голем дел од бенигните и нормалните примероци на п��остата. Научниците сугерираат дека ХПВ и ЕБВ можат да соработуваат за да го промовираат преживувањето и опстанокот на канцер клетките, па затоа овие истражувања можат да бидат многу значајни за разбирањето и спречувањето на ракот на простата. Со оваа студија научниците сугерираат дека вакцинирање и на машките тинејџери против ХПВ тип 18 би можело да имаат корист за да се спречи развојот на ракот 8.Пушење Се смета и дека пушењето игра улога во појавата на ракот на простата пред се во нејзината агресивност, сепак овие тврдења прават големи конфликти помеѓу научниците и затоа со сигурност не можеме да тврдиме , но сепак направени се некои истражувања кои се од понова дата каде е забаележано дека мажите со дијагностициран рак на простата и кои се воедно и пушачи имаат повисоки нивоа на ПСА и повисока инциденца за екстракапсуларно ширење на ракот со забележани метастази во семиналната везикула.

КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА РАКОТ НА ПРОСТАТА? Повеќето случаи од рак на простата се дијагностицирани со скрининг со ПростатаСпецифичен Антиген (ПСА) крвен тест и дигитален ректален преглед. Ракот на простата во раните стадиуми не предизвикува симптоми, но понапреднатите случаи се најдени токму заради симптомите што ги предизвикуваат. Меѓутоа, без разлика дали на ракот на простата се сомневаме поради позитивни скрининг тестови или симптоми, дијагноза може да се потврди само со биопсија на простата. Историја на болест и физикален преглед Ако вашиот доктор се сомнева дека Вие можеби имате рак на простата, ќе ве праша околу тоа дали имате некакви симптоми како што се уринарни проблеми или проблеми поврзани со сексуалниот живот и потенцијата, и колку долго сте ги имале истите. Исто така, Вашиот доктор може да ве праша за болка во коските, што може да биде знак дека ракот можеби

6


The Pathway of Science: Рак на простата

се проширил во коските. Вашиот доктор исто така ќе ве прегледа, вклучувајќи дигитален ректален преглед при кој мануелно ќе го прегледа ректумот односно последниот дел од дебелото црево за да процени дали има издигнати или тврди места на простата кои што би можеле да бидат рак. Ако вие имате рак на простата, дигиталниот ректален преглед може да помогне за проценка дали истиот е само на едната страна на простата, на обете страни и дали можеби е проширен во околните ткива. Исто така, Вашиот доктор врши преглед и на останатите делови од телото со цел да процени дали има проширување на ракот на простата, ако е присутен, а потоа Ве праќа на соодветни испитувања. Простата Специфичен Антиген (ПСА) крвен тест Простата – специфичниот антиген вообичаено се користи во обид да рано се пронајде рак на простата кај мажите. Овој тест најпрво се изведува кај мажи со симптоми на ракот. Исто така ПСА тестот се користи и за да утврди дали ракот на простата, доколку е веќе дијагностициран, се проширил надвор од простата и колкава е неговата големина. Всушност, неговата проширеност и големина корелира со нивото на ПСА во крвта. Во периодот на терапијата ПСА повторно се следи со цел да се има увид во ефектот на дадената терапија. Тестот е откриен од страна на др. T. Ming Chu, заедно тим од 20 научници во дваесетитот век, а добива одобрение од страна на FDA во 1986 година. “Простатата содржи илјадници протеини и не е баш лесно да се пронајде точниот за едноставна дијагноза само преку капка крв” – рекол Chiu за време на откривањето на пронајдокот. Трансректален ултразвук Трансректалниот ултразвук користи ултразвучни бранови со цел да се визуелизира простата на видео-екран. Овој тест се изведува на тој начин што во ректумот се внесува сонда која емитува ултразвучни бранови кои навлегуваат во простата, создаваат ехо и повторно се детектираат. Компјутерот, детектираното ехо го претвора во црно-бела слика на простата. Простатична биопсија Во случај да некој од претходните тестови бил позитивен кај некој пациент, лекарот потоа изведува простатична биопсија за дефинитивна дијагноза.

7


Европска Медицина Студентска Асоцијација на Македонија

Биопсијата е процедура каде примерок од ткивото на простата се зема со помош на пункциона игла и потоа истиот примерок се гледа под микроскоп со цел да се визуелизираат било какви промени во клетките во оваа жлезда. Градуирање на ракот на простата Патолозите го градуираат ракот на простата според Глисоновиот систем. Според овој систем, спрема тоа, ако клетката од биоптичниот материјал наликува на нормална клетка од простата се градуира како 1 а доколку е целосно абнормална се градуира со степен 5. 2-4 се градуираат степени помеѓу овие две екстреми. Скен на коски Доколку ракот на простата се прошири, најпрво се шири и дава метастази во коските. Скенот на коски помага да се утврди дали ракот се проширил или не во коските. Компјутерска томографија (КТ) Компјутерската томографија се користи да се визуелизира дали ракот на простата се проширил во околните лимфни јазли. Ако ракот на простата повторно се појави после спроведена терапија, КТ се користи за да се утврди дали ракот расте во простата или пак во други органи во карлицата. Нуклеарна магнетна резонанца (НМР) НМР користи радиобранови и силно-магнетни бранови наместо рентген зраци. Енергијата од радиобрановите е апсорбирана од телото, а потоа ослободена во траги формирани од ткивото на телото и специфични промени или болести на истите. Компјутерот ги преведува овие траги во слика со висок квалитет на деловите од телото. Како и кај КТ и кај скенот, може да се употребува контрастен материјал, но се користи поретко. Бидејќи скенерот користи магнетно поле единствена инфериорност

8


The Pathway of Science: Рак на простата

на НМР е тоа што кај лица со пејсмејкери, срцеви валвули или други медицински импланти не може да се употреби. ProstaScint™ scan Исто како и скенот на коски, ProstaScint скенот користи инјекција на радиоактивна супстанца за да утврди дали ракот е проширен надвор од простата. Двата тестови всушност трагаат по делови на телото каде радиоактивниот материјал се таложи/ колектира, но принципот е различен.

Кај скенот на коски радиоактивниот материјал се апсорбира во коските, додека кај ProstaScint се апсорбира во клетките на простата во телото. Содржи моноклонално антитело кое препознава и се прикачува за партикуларна супстанца од клетките на простатата, конкретно се врзува за простата-специфичен мембрански антиген, кој е детектиран во високо количество во нормалното и канцерозното ткиво на простата. Тестот може да детектира клетки од ракот на простата, односно простатични клетки кои малигнизирале, во лимфните јазли и други органи. Антителото се врзува само за простатични клетки, така што други малигноми или бенигни тумори нема да интерферираат во резултатите. Биопсија на лимфни јазли Уште позната техника под името лимфаденектомија, еден или повеќе лимфни јазли се земаат како примерок со цел да се испита дали содржат или не малигни клетки од ракот на простата. Притоа, оваа метода не се изведува многу често и има повеќе начини за како истата да се изведе. КАКО СЕ ЛЕКУВА? Постојат повеќе начини на третман на ракот на простата. Изборот на третман со кој ќе се пристапи на болеста, е комплексен, со оглед на фактот дека секој пациент реагира различно на одреден вид терапија. Опциите зависат од неколку фактори: брзината на раст на малигното ткиво,

9


Европска Медицина Студентска Асоцијација на Македонија

целокупното здравје на пациентот, како и придобивките или потенцијалните нуспојави од третманот. Дали сите болни мора да подлежат на третман? Одговорот на ова прашање е негативен, само во случаите кога болеста се детектира во ран стадиум. Но и тогаш, пациентот мора да биде активно набљудуван од страна на докторот, со зачестени контроли, крвни тестови, ректални прегледи и, во некои случаи, биопсии, се со цел да се прати текот на болеста. Активното набљудување се применува кај пациенти кои немаат симптоми, со споро проградирање на канцерот и кај кои регијата која е зафатена е мала. Како и да е, потребно е особено внимание при ваквиот пристап кон ракот на простата, бидејќи носи ризик за раст на малигното ткиво помеѓу контролите, што би ги намалило шансите за излекување. Кои се најефикасните методи за третман на ракот на простата? Секој метод на лекување на заболување , по себе носи различни предности, но и голем број ризици. Помеѓу најчесто користените методи ги вбројуваме: -Хируршки пристап; -Третман со зрачење; - Хормонска терапија; - Хемотерапија; Сметајќи дека пошироката јавност е веќе запознаена со начинот на делување на секој од овие типови на третман на ракот на простата, одбравме малку повеќе внимание да посветиме на третманите кои се нови, допрва се истражуваат, а имаат ветувачки резултати: КРИОХИРУРГИЈА претставува третман кој вклучува замрзнување и уништување на на малигните клетки, пред тоа користејќи ултразвук за дететктирање на точното место врз кое ќе се примени методата. Ризикот на оваа метода е што може да предизвика импотенција, неконтролирано истекување на урина од мочниот меур, или пак фецес од ректумот. ТРЕТМАН СО ФОКУСИРАН ВИСОКО ФРЕКФЕНТЕН УЛТРАЗВУК (HIFU) – користи високоенергетски ултразвучни бранови за уништување на клетките. Конкретно за рак на простата, процедурата се одвива со ендоректална сонда која ги продуцира зраците. РАДИЈАЦИЈА СО ПРОТОН-ЗРАЦИ

10


The Pathway of Science: Рак на простата

е еден вид на високоенергетска терапија со екстерно зрачење која ги таргетира туморските ткива со протонски снопови. ФОТОДИНАМИЧКА ТЕРАПИЈА – ИДНИНАТА НА ТРЕТМАНОТ НА КАНЦЕР НА ПРОСТАТА? Ласерската светлина во комбинација со одредени лекови, денес се користи само за лекување на ракот на кожа. Причина за ова е тоа што при третирање на внатрешни органи, не може да се одреди прецизното количество светлина кое би било потребно кај еден пациент. Како и да е, физичарите од универзитетот во Лунд, Шведска, тврдат дека пронашле начин како да го решат проблемот. Јоханес Свартлинг, доктор на атомска физика на Универзитетот во Лунд и технички офицер во SpectraCure, заедно со својот тим развива софтвер кој користи оптички влакна за едноставно емитирање зраци, истовремено земајќи информации за туморот. На овој начин софтверот може да ја пресмета оптималната доза на светлина и да ја модифицира, доколку тоа е потребно. Целта е да се отстрани целиот тумор, избегнувајќи штета на интактното ткиво. Процедурата би се одвивала на следниов начин: Најпрвин на пациентот му се дава фотосензитивен лек, кој во услови кога нема светлина е неактивен. Лекот се проширува низ телото, и , земајќи ја во предвид зголемената васкуларизација на туморското ткиво, се агрегира во поголемо количество околу истото. Тогаш пациентот прима локален анестетик и докторот инјектира игли со оптички влакна во афектираната област. Кога светлината која ја емитуваат иглите доаѓа до фотосензититвниот лек, реагира со околниот кислород, предизвикувајќи уништување на туморските клетки. ЛЕКОТ TASQUINIMOD МОЖЕ ДА ЈА НАМАЛИ СТАПКАТА НА СМРТНОСТ Истражувањето спроведено од Duke Cancer Institute, нуди надежни резултати во однос на пролонгирањето на животниот век кај пациентите со рак на простата. Tasquinimod, лек во развивање од компанијата Active Biotech во соработка со Ipsen, е орална терапија која го активира имуниот систем на телото да се бори со ракот. Неговиот механизам не е целосно разјаснет, но, се чини дека влијае на функцијата на миелоидните супресорни клетки, кои кај болните ги има во зголемен број. Исто така, Tasquinimod делува како блокатор на растот на крвни садови во туморот, процес наречен ангиогенеза. Во студијата, од 202 мажи кои биле следени во текот на три години, на 134 им се давал лекот, а на 67 плацебо. Резултатите покажале дека кај пациентите кои земале Tasquinimod, немало знаци на прогресија на ракот за просечно 7,6 месеци, наспроти 3,3 месеци кај пациентите со плацебо.

11


Европска Медицина Студентска Асоцијација на Македонија

Иако болеста има бавен тек, таа има огромен замав во светот. Месецот ноември е посветен како месец за борба против ракот на простата. Ние младите истражувачи од тимот на Pathway of Ѕcience постојано ќе ги следиме новостите, ќе бараме нови решенија и ќе даваме нови идеи. А како идни доктори верно ќе се грижиме за сите луѓе подеднакво.

За крај, останува само да ви препорачаме да внимавате на своето здравје, да практикувате здрав начин на живот и да не ги избегнувате посетите на вашиот лекар, бидејќи „Подобро е да се спречи, отколку да се лекува“ – секогаш.

12


It's time to walk the PATHWAY of SCIENCE...

Директор за Медицинска Наука и Истражување Богдан Ковачев Координатор на проектот Мартина Амбарџиева Тим на Pathway of Science: Хана Старова Аида Софтиќ Христијан Кимоски Марија Спасовска Мартина Амбарџиева Дизајн Демијан Хаџи Ангелковски


ЕМСА Македонија 2013

Адреса:

ул. „Атинска“ бр. 1 3/19

Email:

contact@emsa.org.mk

Линкови:

www.emsa.org.mk blog.emsa.org.mk tbh.emsa.org.mk ss.emsa.org.mk

14

Official FB Page facebook.com/EMSAMacedonia FB Page Teddy Bear Hospital facebook.com/TBHMk FB Page Summer School facebook.com/EMSAMkSummerSchool Twitter twitter.com/EMSAMakedonija


Pathway of Science - Второ Издание