Issuu on Google+

Европа поврзани студенти медицина јавно здравство етика Европска Медицинска Студентска Асоцијација култура болест здравје наука клиничка пракса тест здравство баланс работа пациент хирургија сочуство згрижи превенција доктор забава лек тимски луѓе размисли надвор од границите човек заедно сплотени нови Пријатели дружба мисија визија цел

Европска медицинска студентска асоцијација на македонија Повик за координатори 1


Содржина Вовед Медицинска Етика и Јавно Здравје Европска Интеграција Медицинска Наука и Истражување Медицинска Едукација

2

03 04 05 07 08

Е в р опс ка Меди цинска Студент с к а


Драги ЕМСАи, Главен двигател на организацијата се проектите кои што ги работиме во текот на целата година и кои го привлекоа Вашето внимание. Сепак, што би претставувала ЕМСА без Вас, активните членови кои секојдневно со својата креативност и посветеност нè мотивираат да продолжиме да работиме и да ја надградуваме ЕМСА, за таа да го достигне ова

ниво на кое што е денес. Како што беше во минатата година, така и во оваа - отворено и транспарентно, Ве повикуваме да бидете дел од Работните групи, да бидете наши координатори и асистенти. Доколку одлучите да аплицирате како координатор за одреден проект потребно е да го доставите Вашето CV до назначениот директор на столбовите, по што ќе следува интервју. Повикот ќе трае до 21.02.2014 година (петок). Со сите Ваши прашања можете да се обратите кај секој од директорите или кај Потпретседателот за Внатрешни работи. Следната недела ЕМСА - Македонија организира Отворен ден на којшто Ве покануваме да учествувате и воедно да добиете повеќе информации за проектите кои следуваат, да се зачлените и да остварите контакт со Директорите на столбовите. Дозволете да Ве поведе ЕМСА духот и вклучете се! Искрено, Галина Христовска Потпретседател за Внатрешни работи ЕМСА - Македонија Напомена: Сите потенцијални ЕМСА Кординатори мора да бидат активни членови на ЕМСА Македонија, т.е. да имаат платено чланарина за тековната 2014 година.

А с оц ијац иј а - Ма кедони ја

3


Медицинска етика и јавно здравје Директор: Симона Сапунџија e-mail: simonasoap@yahoo.com

Movies & Medicine (M&M) Проект во кој филмовите коишто ги гледаме и им се восхиуваме ќе ги искористиме за да ги надградуваме нашите медицински знаења и клинички вештини. Интересен и екстремно сликовит начин да научиме медицина. Проектот се состои од два дела: Прво - филмска проекција (популарни филмови проткаени со медицина), филмот треба да е интересен, забавен или со со некоја сензитивна содржина - да нè држи разбудени! Втор дел - следува дискусија со доктор, специјалист во одредената област, којшто ќе биде поканет како наш гостин и којшто ќе се обиде да ни ги доближи и разјасни сите медицински проблематики на прикажаниот филм. Проектот е мешавина на пријателство и учење на вистински клинички случаи. Вистинската реченица кажана за овој проект е една стара поговорка која вели “Учењето оди побрзо, заедно со забавата”. Потребен е 1 соработник којшто би бил координатор на проектот.

Blood Donation Проект со којшто ние ЕМСАите покажуваме колку сме хумани! Организиран е во соработка со Институтот за трансфузиологија на Универзитетската клиника во Скопје, а целта е организирање на комплетна крводарителска акција (секако со помош на нашите соработници) со што и ЕМСА би имала свој удел во надополнување на крвните потреби. Биди хуман и спаси живот е мотото под кое се води овој проект. Потребен е 1 соработник којшто би бил координатор на проектот.

4

Е в р опс ка Меди цинска Студент с к а


Европска Интеграција Директор: Ивана Ристанчевска Ristancevska@hotmail.com

Twinning project Проект преку којшто стапуваме во контакт со студенти на медицина од различни држави во Европа. Во една година предвидено е да има најмалку еден проект, односно соработка со најмалку еден Медицински факултет. Се работи за билатерална размена на 10 - 15 студенти, при што секој наш студент кој ќе биде учесник во проектот, ќе има свој “twin”. Вкупното времетраење на истиот е две недели (во различен месец), односно една недела ќе се одвива во Македонија, додека пак другата недела ќе се одвива во земјата каде живеат студентите со коишто ќе го оствариме проектот. Целта на соработката е размена на искуства, запознавање со начинот на живот во друга држава, да се запознаат студентите како се одвива студирањето на медицина на друг универзитет, како и да се стекнат нови пријателства со идните колеги. Во текот на еден ваков проект, учесниците го прошируваат својот видик на повеќе полиња, а воедно се промовира Европската интеграција. Потребен е 1 соработник, којшто би бил координатор на проектот.

Eurotalk Проект којшто има за цел студентите да се збогатат со повеќе знаења од медицината, преку работилници со еминентни професори коишто користат странски јазик (во моментов се работи за англиски јазик). На работилниците се опфаќаат теми од секоја област во медицината, а оваа година ќе се стремиме да ги опфатиме областите за кои студентите се изјасниле дека најповеќе се интересираат. Во една сесија се дискутира за анамнеза, физикален преглед и диференцијални дијагнози на странски јазик, преку примери коишто ги посочуваат професорите, а се дел од нивното искуство. Преку овој проект студентите ќе ја намалат јазичната бариера, која често е основен проблем при интегрирањето на места во кои не се комуницира на македонски јазик. Потребен е 1 соработник којшто би бил координатор на проектот.

А с оц ијац иј а - Ма кедони ја

5


ЕМСА Македонија

Different Christmas Проект кој оваа година започнува и во ЕМСА - Македонија е Different Christmas. На овој проект ќе се работи од месец септември, а ќе опфаќа различни активности за собирање средства кои ќе бидат потребни за главниот настан кој ќе се одвива на Божиќ. Целта е да им се разубави денот на пациентите кои ќе го поминат овој празник во болница, при што студентите ќе придонесат и во зајакнувањето на врската пациентдоктор. Исто така како дополнителна цел е подигнувањето на свеста за хуманоста во болниците, а и надвор од нив. Целна група ќе бидат пациентите на детските одделенија. Потребен е 1 соработник којшто би бил координатор на проектот. Потребни се и 3 соработници на координаторот коишто би го сочинувале тимот за проектот.

European words Овој проект е вториот проект од столбот за Европска интеграција кој за прв пат ќе започне и во ЕМСА - Македонија. Студентите коишто ќе учествуваат во него, уште на самиот почеток ќе бидат поделени во групи од по 2ца (до 4ца). Секоја група ќе пишува на една иста тема, односно оваа година темата е “Денот на еден студент на медицина во Македонија”. Задачата на учесниците е да напишат по 1 текст во којшто ќе ги опфатат нивната едукативна и социјална програма. Готовите текстови ќе се објавуваат на официјална страна на ЕМСА, што ќе биде голем придонес во интеграцијата. Една од целите на овој проект е лесно доаѓање до информации за друг универзитет, а и за начинот на живот во другите европски земји, што може да биде од корист при подолготрајни размени или одлука за живеење во друга држава. Потребен е 1 соработник кој би бил координатор на проектот.

6

Е в р опс ка Меди цинска Студент с к а


Медицинска Наука и Истражување Директор: Мартина Амбарџиева martina.ambardzieva@gmail.com

Pathway of Science Како идни доктори би било добро да ги следиме новостите во науката и медицината. Па затоа формираме тим (со кој ќе води координатор) кој ќе работи на пишување статии, коишто ќе се објавуваат во различни портали и списанија, како и на официјалната страна на ЕМСА Македонија. Исто така, тимот организира и научни дебатни часови и можност за организирање на семинари и симпозиуми. Тимот се активира и во пишувањето на научни трудови. Идејата е да се зголеми знаењето и вештините во медицинската наука кај студентите, а исто така и општата популација се запознава со најновите откритија. Потребен е 1 соработник кој што би бил координатор на проектот.

Secret Science Club Идејата на проектот е да се популаризира медицинската наука во релаксирана средина со што ќе се научи нешто ново, а и ќе се даде можност на пошироката јавност да се запознае со медицинската наука. Група на студенти (под водство на координаторот) со помош на професори ќе организираат предавања за модерни /популарни теми поврзани со медицината и ќе ги покануваат слушателите на интерактивно учење и учествување во предавањето (на пример, локацијата е во некој паб или кафе бар). По предавањето ќе се организираат прашања и дебата со посетителите. Можно е организирање на интерактивни квизови и игри. Со организирање на ваков проект, медицинската наука ќе биде поактуелна и поблиска, како меѓу студентите, така и меѓу пошироката јавност. Потребен е 1 соработник кој што би бил координатор на проектот.

А с оц ијац иј а - Ма кедони ја

7


Медицинска Едукација Директор: Даниела Станоева daniela.stanoeva2812@gmail.com

Мече Болница „Ако треба да се плашите од нешто, плашете се од самите себе“ - изјавил некогаш Franklin Roosevelt . За жал ова го сознаваме откако ќе пораснеме. Најмалите, најранливите личности се плашат од се околу нив што не носи среќа. Затоа е овде проектот Мече болница, да им донесе среќа и да го избрише најзастапениот страв кај деца��а стравот од докторот. Мотивацијата за спроведување на проектот и негово одржување низ годините е токму овој страв кај децата. Идејата на Мече Болница како проект не е да им помогне само на децата, туку да им помогне и на сегашните и на идните доктори. Истовремено студентите стекнуваат вештини за менаџирање со стравот на децата, децата го надминуваат стравот и учат нови корисни работи од студентите, а на моменталните доктори им создаваме погодна средина за работа со децата. Нашата цел е да постигнеме подобра примарна здравствена заштита. Сегменти на проектот 1. Креативен Ден - наменет за подготовка на материјали за изведба. (Вообичаено се изведува во некој сончев пролетен ден, со дружење помеѓу студентите, коишто овде ја искажуваат својата креативност и своите идеи за тоа како може да ги развеселиме дечињата. Подразбира носење материјали, слики, лепенки, играчки од страна на студентите кои сакаат да бидат дел, иако поголем дел од материјалите се обезбедени од ЕМСА, како организација.) 2. Мече Обука - наменета за запознавање на студентите со проектот и средината која ги очекува во градинките. (Веќе обучените мече доктори низ годините, имаат средба со студентите

8

Е в р опс ка Меди цинска Студент с к а


кои сакаат да учествуваат во проектот и на свој начин се обидуваат да им ги пренесат своите искуства. Низ игра, совети, примери во тек на 2-4 часа студентите кои сакаат да се мече доктори веќе имаат во предвид што би се случувало кога тие би дошле во градинка кај дечињата.) 3. Мече Болница - спроведување на проектот во градинките преку: - едукација на децата за здрава храна и навики за живот -активна игра „болното мече“ за намалување на стравот кај децата За соодветно организирање на погоре опишаниот проект ќе се организира тим кој ќе биде предводен од координатор, задолжен за набавка на документација и приготовка на извештаи, списоци и официјални состаноци. Останатите личности од тимот - асистент координатори, ќе имаат попрактични задачи, како на пример, рекламација на проектот, преговарање и договарање со градинките, организирање на секој сегмент од проектот, распределба на материјали пред активно извршување на проектот.

Денови на Медицинска Едукација Едно-неделен проект кој во себе сплотува презентации, предавања, работилници, семинари, практични активности. Целта на овој проект е да ги претвори огледалата на студентите во отворени прозорци. Сите кои се гледаат себе како специјалисти од некоја гранка на медицината, преку Денови на Медицинска Едукација имаат отворен прозор да го доживеат она што го гледаат и посакуваат. По примерот на студентите на „Медицинскиот Факултет“ во Букурешт - Романија проектот се спроведува по втор пат во рамките на „Медицинскиот Факултет“ во Скопје. Право на учество во проектот имаат сите студенти на медицина од Р. Македонија. Недоволната можност сите рамноправно да стекнат вештини и знаења од одредени медицински области е појдовна точка за одвивање на овој проект, по пополнување анкетен лист од студентите. Потребен е координатор и помошник координатор. Двајцата, и координаторот и помошник координаторот ќе бидат во можност за меѓусебен договор во извршување на обврските. Секако координаторот ќе го има задолжението за поднесување документација за проектот, а со тоа поголем дел од останатите обврски остануваат на помошник координаторот. Она што подразбира делот „останати

А с оц ијац иј а - Ма кедони ја

9


обврски“ се мисли на одредување простор и резервирање на истиот за изведба на проектот, преговарање и договор со акредитирани професори и асистенти кои ги држат предавањата и практичните активности, маркетинг на проектот низ студентите, одредување датуми, спроведување анкета низ студентите и одредување тема на едукација итн.

Best Buddy Како идни доктори сите ние имаме придобивка од волонтерска работа, а што би можело да биде подобро од дарување помош на заедницата и истовремено пополнување на својот медицински курикулум во исто време? Еден проект кој ги приближува студентите на медицина до она што за нив значи работа со пациенти. Овој проект е еден идеален проект којшто ги приближува студентите до заедницата. Учеството се заснова врз работа со ризична група личности. Кога еднаш ќе научиме да работиме со нив, со сите други работата како доктор е едноставна. Целна група се оние лица со физички и психички потешкотии, лица со потешкотии во учење, лица со хронични болести. Најчесто, тоа се деца коишто се згрижени од одредени институции во државата. Мотив за спроведување на овој проект кај нас, по пауза од две години е неумешноста на младите доктори и студенти на медицина во менаџирање и лекување на овие личности со одредени потреби. Истовремено се рушат бариерите помеѓу овие лица и останатата околина, а и дополнително се потенцира нивната индивидуалност. Идејата е да се поттикне знаење, свесност, емпатија и толеранција кон овие личности со пониски можности во животот од страна на студентите. Соодветното спроведување подразбира избор на институција која има згрижено лица со погоре дадениот опис, соодветно информирање на студентите за одредени карактеристики на избраните лица (од специјалисти педијатри и психолози/психијатри), спојување на секој учесник - студент со своето најдобро другарче (лице со одредени потреби), грижа на секој студент за своето другарче (информирање за својата професија, за здрави навики, начин на живот, за грижа за своето здравје итн) во претходно одредени термини, но и во слободно време (по желба на студентот) во рок од 4 месеци. За подготовка и изведба на проектот е потребен тим од максимум 3

10

Е в р опс ка Меди цинска Студент с к а


лица, кои ќе ги завршат сите погоре наведени организациони делови од проектот. Едно лице ќе биде координатор, со двајца асистент координатори.

Project White Одлична соработка со Центарот за Семејна Медицина, којашто им отвара големи можности на студентите поблиску да се запознаат со медицинските вештини и да ги усовршуваат истите на фантоми и различни помагала и да го градат етичкиот пристап кон врската докторпациент. Одличниот тим на професори и асистенти кои ги одржуваат овие работилници, со голема професионалност, се стремат да го пренесат своето знаење на секој еден присутен студент на проектот. Досегашните евалуации покажале висока оценка, а со тоа и акредитирањето од страна на Лекарска комора е потврда за квалитетот на програмата. Шаблонот на проектот останува ист како и во изминатите неколку години поради совршениот исход од работилниците. По секоја колоквиумска недела ќе се одржуваат по две работилници, по можност во вториот и третиот работен ден од неделата. Темите на работилниците се актуелни проблематики кај младите доктори и подобрување на медицинските вештини на моменталните студенти по медицина. За проектот е потребен еден координатор. Негова задача е да подготува списоци за присуства, доделување сертификати за учество, преговарање со едукаторите за подготовка на теми.

А с оц ијац иј а - Ма кедони ја

11


ЕМСА Македонија 2013

Адреса:

ул. „Атинска“ бр. 1 3/19

Email:

contact@emsa.org.mk

Линкови:

www.emsa.org.mk blog.emsa.org.mk tbh.emsa.org.mk ss.emsa.org.mk

Official FB Page facebook.com/EMSAMacedonia FB Page Teddy Bear Hospital facebook.com/TBHMk FB Page Summer School facebook.com/EMSAMkSummerSchool Twitter twitter.com/EMSAMakedonija


Повик за координатори