Issuu on Google+

Работна програма на ЕМСА – Македонија за 2012/13 гпдина


Здружение на студенти пд Медицински факултет Еврппска Медицинска Студентска Аспцијација на Македпнија (ЕМСА - Македпнија)

Ул. „Атинска„ бр. 1 – 3/19 1000 Скппје contact@emsa.org.mk www.emsa.org.mk

февруари, 2013 гпдина Скппје


Драги Емспвци,

Ентузијастички и пoлни сп енергија заппчнавме уште еднп ппглавје вп ЕМСА – Македпнија. Главен двигател на прганизацијата се прпектите кпи ги рабптиме вп текпт на целата гпдина и кпи гп привлекпа Вашетп внимание.

Ниту една пд активнпстите на ЕМСА – Македпнија немаше да се пствари дпкплку не бевте Вие членпвите, Вашата желба за рабпта, креативнпста и ппсветенпста. И пваа гпдина, птвпренп и транспарентнп, Ве ппвикуваме да бидете дел пд Рабптните групи, да бидете асистенти и кппрдинатпри.

На наредниве некплку страни мпжете да ги видите и да се заппзнаете сп прпектите кпи ќе се рабптат пвие гпдина дена ппд ракпвпдствп на членпвите на Извршнипт Одбпр и членпвите на Извршнипт Кппрдинативен Тим меду кпи и Кппрдинатприте за Едукација, Наука и истражуваое, Еврппска интеграција и Публикации.

Дoкoлку oдлучите да аплицирате какo кппрдинатпр за пдреден прпект пптребнп е да дпставите Ваше CV дп назначенипт кппрдинатпр, ппсле штп ќе следи интервју. Кпнкурспт трае 7 дена пд мпментпт на пбјавуваоетп. Сп Ваши прашаоа мпже да се пбратите кај секпј пд кппрдинатприте.

Дпзвплете да Ве ппведе ЕМСА духпт и вклучете се!

Со почит, Гордана Георгиева Претседател на ЕМСА – Македонија 2012/2013


Прпекти за медицинска наука и истражуваое 1. Pathway of Science

Проектот се стреми да создаде локален научен тим кој ќе организира и ќе води научни настани. Локалната научна група треба да организира научни дискусии, научни курсеви и да ги следи и објавува новостите во областа на науката и медицината. Како дел од овој проект е планирано создавање на тим кој ќе пишува и објавува артикли на официјалната страна на ЕМСА- Македпнија и на други можни портали/списанија. Со ова се овозможува развивање на знаењата и вештините на секој медицински студент.

2.

Secret Science Club

Идеата на проектот е да се популаризира медицинската наука во релаксирана средина со што ќе се направи многу поприфатливо за пошироката јавност. Група на студенти со помош на прoфесори ќе организираат предавања за модерни/популарни теми поврзани со медицината и ќе ги покануваат слушателите на интерактивно учење и учествување во предавањето (на пример, локацијата е некој паб или кафе бар). По предавањето ќе се организираат прашања и дебата со јавноста. Можно е организирање на интерактивни квизови и игри. Со организирање на ваков проект, медицинската наука ќе стане достапна за сите луѓе кои се надвор од медицинската професија. За првпат проектот е спроведен во Германија, а од 2009 започнато е организирање и во другите FMO.


3.

Right to Research

ЕМСА заедно со Right to Research Coalition се труди да промовира отворен научен издавачки систем кој ќе се базира на верувања кои велат дека студентот не треба да има никакви пречки во пристапувањето на научни трудови, поради неможноста факултетот финансиски да ги дозволи. Работата се фокусира на две точки:  

Да врши кампања на локално и национално ниво со што ќе се промовира Open Access со што ќе се ослободи барирерата во истражувањето. Да се едуцираат новите генерации да ги публикуваат своите трудови на места кои овозможуваат Open Access.

Со интегрираниот систем кој се користи на странските факултети, пишувањето научни трудови е доста застапено, па затоа ЕМСА Македонија на студентите им овозможува да го усовршуваат ова поле од медицината, кое е многу потребно, и покрај тоа што како предмет постои во курикулумот За сите дополнителни информации обратете се на bogdan.kovacev@gmail.com

Со почит, Богдан Ковачев Координатор за Медицинска Наука и Истражување 2012/2013


Прпекти за Медицинска Едукација

1. Мече болница Една од најчестите трауми од детството, претставува токму одењето на лекар и соочувањето со “чудовиштето во бел мантил”. Децата растат, но стравовите остануваат кај возрасната индивидуа. Основната идеја која стои зад изведувањето на проектот е токму анксиозноста кај највулерабилната група- децата, која се јавува при одењето во болница. Нашиот мотив е: примарна здравствена заштита на децата. Основни цели се: 1. Отстранување на стравот кај децата од одење на лекар и променување на “страшната” слика која тие ја имаат создадено за “лицата во бели мантили”. 2. Стекнување на здрави навики на живот и исхрана Се работи за проект од едукативен карактер, создаден од медицински студенти, за медицински студенти, чија целна група се децата од 3-6 годишна возраст. Соработници се: градинките, “Медицински факултет”-Скопје, Студентски парламент на Медицински парламент-Скопје (СПМФ), а од 2012 започнува успешна соработка со СПФФ-Студентскиот парламент на медицински факултет, која вродува со плод и станува се попопуларен помеѓу студентите од фармацевтскиот факултет.


3. Денови на медицинска едукација Проект од едукативен карактер кој за прв пат се спроведува помеѓу медицинските студенти на Медицинскиот факултет, по примерот на студентите од Медицинскиот факултет во Букурешт-Романија. Основна идеја за формирање на овој проект е недоволните сознанија кои студентите ги добиваат по определени медицински гранки. Основен мотив за изведба на проектот е дополнителна едукација на студентите која ќе им помогне во понатамошното усовршување како идни лекари. Основна цел е студентите да ги усовршат своите знаења и вештини во помали работни групи и задоволителна атмосфера, при соработка со стручњаци од определени медицински области. Во текот на март ќе се спроведе анкета помеѓу студентите која ќе ни помогне да одредиме во кои медицински подрачја студентите поседуваат најмалку знаења и вештини. Проектот ќе се изведува два пати во текот на април и мај со времетрање од 3-4 дена.

За сите дополнителни информации обратете се на Elenagjorchevska@yahoo.com

Со почит, Елена Ѓорчевска Координатор за Медицинска Едукација 2012/2013


Проекти на Медицинска Етика и Јавно Здравје

1. Movies &Medicine Интересен и убав начин за најлесно учење на медицината,кој веќе е достапен и популарен долги години во учењето на студентите. Проекцијата на медицинскиот филм е поддржана од интеракцијата на студентите и гостинот кој ја води целата програма. Вообичаено , гости на М&М се еминентни професори од Медицинскиот факултет, чии специјалности, најчесто се и темите на филмовите кои се прикажуваат за време на проектите. Вистинската реченица кажана за овој проект е една стара поговорка која вели “Учењето оди побрзо,заедно со забавата”.

2. Крводарителска акција Прекрасна идеја за привлекување на што поголем број на крводарители од студентските кругови на медицината. ЕМСА тимот ги мотивира студентите за својата хуманост да ја потенцираат во делот на крводарителството и да станат крводарители или да продолжат да ја даруваат својата скапоцена крв, како што го правеле тоа претходно. Успехот е да се привлечат што поголем број студенти, кои би дариле крв за да спасат живот.


3. Работилници со Семејна медицина Одлична соработка со Центарот за Семејна Медицина,која им отвара големи можности на студентите поблиску да се запознаат со медицинските вештини и да ги усовршуваат истите на фантоми и различни помагала и да го градат етичкиот пристап кон врската доктор-пациент. Одличниот тим на професори и асистенти кои ги одржуваат овие работилници, со голема професионалност, се стремат да го пренесат своето знаење на секој еден присутен студент на проектот. Досегашните евалуации покажале висока оценка, а со тоа и акредитирањето од страна на Лекарска комора е потврда за квалитетот на програмата. За сите дополнителни информации обратете се на elenagulevska@hotmail.com

Со почит, Елена Гулевска Координатор за Медицинска Етика и Јавно Здравје 2012/2013


Прпекти за Еврппска Интеграција

1. Eurotalk Проектот претставува интензивен јазичен курс, кој е достапен за сите студенти на медицина во Европа. Часовите најчесто одат во комбинација со земање на анамнеза, вежби за teambuilding и тренинзи во болница во соработка со други студенти и доктори на медицина. Како резултат на тоа, студентите кои учествуваат во овој проект можат да ја разурнат или барем намалат јазичната бариера којашто, се уште се смета за една од најголемите пречки за мобилност и интеграција низ Европа. Преку Eurotalk се добива можност полесно да се совлада медицинската терминологија и да се поместат границите на знаењето надвор од нашето јазично подрачје.

2. Different Christmas Different Christmas е проект кој се состои од посета на пациенти кои го поминуваат Божик во болница. Во основа проектот овозможува дистрибуција на подароци за пациентите кои се добиени преку fundraising. Покрај тоа, постои можност да се организираат повеќе различни активности на болничките одделенија кои ќе го направат престојот на пациентите таму поподнослив. Придобивката на студентите на медицина од овој проект е можноста да ги зајакнат комуникациските вештини и способностите за емпатија со пациенти. Од гледна точка на јавно здравје, се зголемува свеста на пошироката јавност за потребата од хуманоста во болниците низ Европа.


3. Twinning project Можеби најпознатиот проект на овој столб twinning проектот опфаќа билатерална размена на приближно 15 – 20 студенти во времетраење од приближно една недела помеѓу два Европски универзитети. За време на овој проект, учесниците остануваат кај своите т.н “twins” искусувајќи го за кратко животот на студентите на медицина во друг град во Европа. Проектот опфаќа доста обемна социјална и едукативна програма што им дава на студентите доста добар увид во студентскиот живот во градот во кој се престојува. На овој начин се креираат посилни врски помеѓу студентите што претставува еден чекор поблиску до двата Европски универзитети со што се продлабочува меѓусебното разбирање и се промовира Европската интеграција. 4. EuroMed Mobility Целта на овој проект е промоција на мобилноста низ Европа на студенти на медицина и млади медицински професионалци, главно преку интернет. Со нудење на нови, но и постоечки информации од различни области, младите истражувачи и студенти на медицина би ги следеле сите порелевантни активности од областа на медицината во Европа. Исто така овој проект овозможува добивање на корисни информации кои во иднина студентот би ги користел како моќна алатка во градењето на сопствената медицинска кариера. За сите ппдетални инфпрмации, кпнтактирајте ме на goranstevanovski@hotmail.com

Со почит, Горан Стевановски Координатор за Европска Интеграција 2012/2013


Тим за Публикации

Издавачката дејност на ЕМСА – Македонија, од оваа работна година ќе биде малку поинаква од останатите години. Имено, за да останеме доследни на нашите зборови и да бидеме во чекор со модерното време и новите начини на комуникација, како платформа сакаме да го користиме интернетот, како примарна платформа за комуникација со студентите – членови на ЕМСА – Македонија. За овие потреби да бидат задоволени, пуштена е новата веб страна со блог, преку кои комуникацијата со студентите ќе биде значително олеснета и поедноставнета.Како новина исто така сакаме да воведеме и онлајн магазин, кој ќе се издава секој Септември, а ќе содржи детали околу проектите на ЕМСА, интервјуа со извршниот координативен тим, научни трудови на членови и многу повеќе. Но, тука не застанува нашата работа. Освен новините ќе ги задржиме и старите функции, како создавање на брошури, флаери, постери, сертификати и се што е потребно за останатите координатори на ЕМСА – Македонија. Исто така ќе го продолжиме и проектот „ЕМСА во Википедија“, поради неговата уникатност и успешност во претходната година. За сите дополнителни информации обратете се на demijan.ha@gmail.com

Со почит, Демјан Хаџи Ангелковски Координатор за Публикации 2012/2013


Емса македонија работна програма 2013