Issuu on Google+


Столб за Етика и Јавно здравје

Почитувани,

Директор: Христина Илиевска Е-mail: ilievska77@gmail.com

Почетокот на новиот семестар не би бил совршен без ЕМСА енергија во него. Вие сте јадрото на оваа организација без кое ЕМСА не би била тоа што е денес. Секој ЕМСА проект го усовршува и потенцира Вашето знаење, потенцијали и квалитети со кои не инспирирате, и истите Вие секојдневно правите ЕМСА да се чувствува подобро место за дружење, учење и забава.

ЕМСА Македонија брои повеќе од 16 проекти во текот на целата година, за кои официјално се отвара повикот за координатори. Повикот трае до 19.02.2017, а потоа следат интервјуата. Секој заинтересиран може да ме исконтактира мене или соодветниот Директор под чив столб припаѓа проектот. Заклучно со 19.02 треба да испратите Мотивациско писмо на соодветниот директор со кое ќе ја пренесете мотивацијата за соодветниот проект и како Вашите потенцијали и квалитети би ги искористиле за истиот. Ви стојам на располагање за повеќе информации. Искрено ваша, Малкова Елена Потпретседател за Внатрешни работи на ЕМСА Македонија

Напомена: Сите ЕМСА координатори мора да бидат активни членови на ЕМСАМакедонија, односно да имаат подмирено членарина за тековната 2017 година ( ова може да го направете секој вторник/четврток 10-12h во ЕМСА канцеларија).

Movies & Medicine (M&M) – Потребни се 2 координатори Проект во кој филмовите коишто ги гледаме и им се восхиуваме ќе ги искористиме за да ги надградуваме нашите медицински знаења и клинички вештини. Интересен и екстремно сликовит начин да научиме медицина. Проектот се состои од два дела: Прво - филмска проекција (популарни филмови проткаени со медицина), филмот треба да е интересен, забавен или со со некоја сензитивна содржина - да нè држи разбудени! Втор дел - следува дискусија со доктор, специјалист во одредената област, којшто ќе биде поканет како наш гостин и којшто ќе се обиде да ни ги доближи и разјасни сите медицински проблематики на прикажаниот филм. Проектот е мешавина на пријателство и учење на вистински клинички случаи. Вистинската реченица кажана за овој проект е една стара поговорка која вели “Учењето оди побрзо, заедно со забавата”.


Столб за Етика и Јавно здравје Директор: Христина Илиевска Е-mail: ilievska77@gmail.com

Столб за Етика и Јавно здравје Директор: Христина Илиевска Е-mail: ilievska77@gmail.com

Blood Donation – Потребен е 1 координатор

Stay negative - Потребни се 4 координатори

Проект со кој што ние ЕМСАите покажуваме колку сме хумани! Организиран е во соработка со Институтот за трансфузиологија на Универзитетската клиника во Скопје, а целта е организирање на комплетна крводарителска акција (секако со помош на нашите соработници) со што и ЕМСА би имала свој удел во надополнување на крвните потреби. Биди хуман и спаси живот е мотото под кое се води овој проект.

Проетот се состои од многубројни кампањи од јавно-здравствен карактер чија цел е да влијаат на свеста на луѓето да го зачуваат своето здравје и да останат негативни на сите болести на денешницата. Ова е повик до сите ентузијасти, креативци, динамични личности кои со сите овие атрибути ќе бидат дел од организирање на health awareness days и ќе имаат можност за креираат нешто ново и поразлично. Во овој проект сите координатори имаат слобода да даваат идеи и заедно како тим да смислуваат начини како би ја привлекле останатата популација да размислува за своето здравје. Подготвени да бидете дел од нешто многу поголемо од самите себе ?

Break free – Потребни се два координатори Break free е работилница која ќе се одржува низ средните училишта и другите факултети и секој пат е планирана различна тема за дискусија и обработка. Тимот може да се состои од 5-6 студенти кои заедно ќе смислуваат алтернативи на класичното предавање со цел да го пренесат своето знаење на средношколците, останатите студенти на другите факултети, како група други луѓе која се смета дека е несоодветно едуцирана на одредени теми.

Medical Mission - Потребни се 3 координатори Во соработка со Центарот за Семејна Медицина, одиме во посета на повеќе градови каде што им помагаме на граѓаните со мерење на притисок, триглицериди, шеќер и секако со совет за подобро здравје. Ова е одлична можност за подобрување на вештините на студентите, вклучувајќи го и односот доктор-пациент. Во продолжение, секој од нас преку овој проект има шанса да биде хуман, да даде дел од себе и да направи промена во секојдневието на граѓаните. Со користење на нашето знаење, насмевка и ентузијазам можеме да дадеме многу повеќе отколку што самите сме свесни !


Столб за Медицинска едукација Директор: Виолета Гошиќ Е-mail: v.gosic.94@hotmail.com

Столб за Медицинска едукација Директор: Виолета Гошиќ Е-mail: v.gosic.94@hotmail.com

Project White – Потребен е 1 координатор

Differential diagnosis – Потребен е 1 координатор

Проектот се одвива во соработка со Центарот за Фамилијарна Медицина и предвидува низа работилници им отвара големи можности на студентите поблиску да се запознаат со медицинските вештини и да ги усовршуваат истите на фантоми и различни помагала. Работилниците опфаќаат бројни пред клинички и клинички вештини како венепункција, мерење крвен притисок, гинеколошки преглед, преглед на гради и многу други. Осмислен е во два дела, кратко предавање од професорите со цел да се претстави тематиката која се обработува, а потоа следи практичниот дел, под водство на асистентите. Целта на проектот е преку неформално учење, преку вежби, игри, дружба да се стекнеме со вештини неопходни за секој иден лекар. За реализација на проектот е потребен еден координатор. Преку оваа улога истиот ке може подобро да се запознае со работата на ЕМСА – Македонија, како и да се стекне со организациски вештини, тимска работа, а дел од неговара работа е учество во организација на настанот, да направиме учесниците да се чувствуваат што е можно попријатно.

Проект кој им овозможува на студентите од сите години да се запознаат со основните принципи и методи на дијагностицирање на разни медицински состојби. Исто така разработува и пронаоѓање на решенија за истите, превенција и терапија. По завршување на теоретскиот и практичниот дел од проектот, студентите ќе се стекнат со базични знаења кои ќе им помогнат во понатамошните студии и работна пракса. Денови на медицинска едукација – Потребни се 2 координатори Проектот обработува актуелни теми, за кои студентите би сакале да дознаат повеќе преку мултидисциплинарен пристап. Содржини претставени и обработени од Патолози, Хирурзи, Интернисти, Гинеколози и многу други специјалисти. Работилниците се одвиваат во тек на 3 дена со краток теоретски и практичен дел обработен од специјалисти од различни области со различен пристап кон темите.


Столб за Медицинска едукација Директор: Виолета Гошиќ Е-mail: v.gosic.94@hotmail.com

Столб за Европски интеграции Директор: Андреј Е-mail: ajordanov48@gmail.com

Мече болница – Потребни се 6 координатори

Twinning – Потребни се 4 координатори

Проектот има за цел да се отстрани стравот кај децата од белиот мантил и да ги научиме на здрави навики и здрава исхрана. А кој подобро ако не ние, студентите? Мече болница опфаќа три дела:

Проектот претставува билатерална студентска размена помеѓу два европски факултета. Проектот трае една недела и се одвива во два дела. Во првиот дел, студентите од едната земја доаѓаат на гости кај студентите од другата земја, а во вториот дел обратно. Сместувањето е во домашни услови, кај студентите – учесници во проектот. Имено, секој учесник во проектот се нарекува twin односносекој twin од Македонија добива свој twin од некоја друга европска земја кого го пречекува (во првиот дел) и кај кого престојува (во вториот дел) за време на двата дела од еднонеделната размена. Целта на проектот е студентите на медицина, од различни краеви на Европа, да се запознаат со еден поинаков начин на студирање односно да се запознаат со условите и средината во која учат нивните twin-ови. Покрај тоа, програмата вклучува и голем број на social activities со цел запознавање на традицијата и културата на земјата која се посетува. Но сепак, она што е најдобро е дека секој учесник има шанса да се стекне со нов пријател, колега и иден лекар од некоја друга европска земја. Сите студенти кои се заинтересирани за проектот плаќаат одредена сума на пари за учество (50-100€). Собраниот буџет потоа се користи за спроведување на програмата со која е дефиниран престојот на twin-овите во Македонија (1-2 оброка на ден, транспорт до сите планирани настани, транспорт до други градови, влезници за музеи итн.). Истото го прави и другата земја за twin-овите кои и доаѓаат. Во платената сума не е вклучен транспортот до земјата со која е договорена размената. Овој проект има потреба од четири координатори чија задача ќе биде да го организираат престојот на twin-овите кои ќе дојдат во Македонија, а тоа би значело да ја состават агендата и да ги испланираат сите оброци, настани, забави и патувања во другите градови во согласност со расположливиот буџет и се разбира, со помош на Директорот за Европска интеграција и другите членови на Извршниот Координативен Тим на ЕМСА-Македонија.

1. Мече обука на која учесниците се стекнуваат со знаења како да пристапат и што се треба д�� ги научат и да играат со децата. Обуката ке биде преку игри, ice breakers, energizers на која преку забава и ние ке учиме. 2. Креативен Мече ден на кој изработуваме материјали потребни за реализација на проектот. Правиме хамери, цртаме, боиме, правиме Рентген машнини, мечиња. 3. Посета на градинките и едукација на децата преку игра. Интерактивно претставување на здравите навики и играње доктори со дечињата. Она што ви ветуваме е дека сите ке се вратите во детството со игрите со малите “Мече доктори“ од градинките.


Столб за Европски интеграции Директор: Андреј Јорданов Е-mail: ajordanov48@gmail.com

Столб за Европски интеграции Директор: Андреј Јорданов Е-mail: ajordanov48@gmail.com

Eurotalk – Потребен е 1 координатор Different Christmas/Different day – Потребни се 2 координатори. Проектот Different Christmas е проект од хуманитарен карактер кој има за цел да организира еден Поинаков Божиќза некоја целна група од општеството која нее во можност да го помине овој празник во друштвото на најблиските. Different Day значи дека проектот дава простор за одбирање и на друг ден освен Божиќ, а со истата цел – да се разубави нечиј ден, да се направи тој поинаков и посебен. За успешно спроведување на овој проект, а со тоа и успешно остварување на неговата цел, неопходно е одбирање на соодветна цела група, група која има потреба од помош и на која многу би и значел овој поинаков ден (пр. стари и изнемоштени лица, бездомници итн.). Потоа, потребно е да се осмисли начин на кој би им го разубавиле денот Божиќ или некој друг ден на овие лица, а кој ќе биде соодветен на нивните потреби – духовни и материјални. На крај, во соработка со Лицето за финансии, се собираат потребните материјални средства и на договорениот ден се посетува целната група. Овој проект има потреба од два координатори кој треба учествува во реализацијата на овој проект на тој начин што ќе ја избере целната група и ќе биде доволно креативен за да осмисли план со кој ќе успееме да напривиме нечиј ден поубав и поинаков од останатите денови. Целата реализација треба да биде поткрепена од Лицето за финансии, Директорот за Европска интеграција и останатите членови на Извршниот Координативен Тим на ЕМСА-Македонија.

Проектот ЕuroTalk е проект од едукативен карактер и има за цел да ги интегрира студентите на медицина од Македонија со еден поинаков пристап кон различни болести и состојби од различни гранки на медицината, а кој ќе им биде пренесен од страна на лекари од ширум Европа и Америка. Проектот се спроведува во вид на работилници неколку пати во текот на годината. Општата замисла е секоја работилница да опфати теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел би можел да се спроведе во вид на класично предавање или пак во вид на дискусија или дебата за дадена тема, додека практичниот дел би опфатил изведување на прегледи помеѓу самите студенти или пак на некое од одделенијата од Клиничкиот центар. Текот на една работилница може да варира, а се зависи од лекарот кој ќе ја обработаува темата, изборот на самата тема, желбите на студентите и се разбира, креативноста на координаторот на проектот. Имено, овој проект има потреба од еден координатор кој ќе стапи во контакт со европските или американските лекари кои престојуваат во Македонија и кој заедно со нив ќе ги осмисли темите кои ќе се обработуваат, начинот на нивната обработка, локацијата итн.


Столб за Европски интеграции Директор: Андреј Јорданов Е-mail: ajordanov48@gmail.com

Little heroes – Потребни се 3 координатори Целта на проектот е да им се овозможи психолошка поткрепа и мотивација на онколошки болните деца со што би се олеснил нивниот престој на клиниката и би се подобрил процесот на лекување, од една страна, а студентите на медицина би стекнале подобро знаење за детската онкологија и искуство за работа со оваа цела група, од друга страна. Проектот ќе се изведува во три етапи, каде што првата би била промоцијата на самиот проект, обука за студентите и посета на онкологијата. European Words – Потребен е 1 координатор Како дел од столбот Европска интеграција проектот European Words има за цел да ги интегрира студентите на медицина од Македонија со нивните колеги од другите европски земји. Овојпат тоа се обидуваме да го постигнеме преку пишување на статии. Овој проект има потреба од еден координатор кој ќе треба да побара учесници кои би пишувале статии кои ќе се однесуваат на студирањето медицина во Македонија, но и на социјалниот живот на македонските студенти на медицина. Напишаните текстови потоа се објавуваат како статии на официјалната интернет страница на ЕМСА-Македонија каде ќе можат да ги прочитаат нашите колеги ширум Европа.

Столб за Медицинска наука и истражување Директор: Александар Крајчески Е-mail: a.krajcheski@outlook.

Pathway of science – Потребни се 3 координатори Проектот овозможува вашата љубов кон науката, истражувањето и новитетите да ја преточите во статија или научен труд кој ќе бидат објавени на официјалниот ЕМСА блог, медицински или научно – истражувачки списанија. Зад проектот стои тим чија задача е истражување, пишување статии и научни трудови, се’ со цел надградување на знаењето и да најновите медицински достигнувања бидат доловени до пошироката популација. Secret science club – Потребен е 1 координатор Без разлика дали сакате да бидете кардиолог, психолог или биолог секогаш треба да бидете во чекор со научните принципи. Проектот ја доближува науката не само за студентите по медицина туку и за сродните медицински науки. Истиот се темели на дискусија и интеракција помеѓу учесниците и професорот на одредена тема во полето на нуката. Проектот се реализира во релаксирана средина, најчесто кафе бар.


Столб за Медицинска наука и истражување Директор: Александар Крајчески Е-mail: a.krajcheski@outlook.

EMSAPedia – Потребен е 1 координатор Проектот се состои од пишување на статии од медицинската наука за страната на Wikipedia. Проектот се состои од неколку етапи во текот на семестарот и се одржува во просториите на “Споделено знаење”- Скопје, со кои всушност овој проект претставува соработка. Проектот е сертифициран.


Повик за координатори