Page 1

БРОЈ 9 2009

ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА Почитувани, Во деветото издание на електронскиот Информатор на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, ги имате стандардните одделоци каде се претставени најновите барања и понуди за бизнис и технолошка соработка во рамки на Европската мрежа на претпријатија (EEN). Во овој број ве информираме за подорганизирањето во рамките на мрежата во т.н. Секторски групи, каде е претставена предноста во ваквото организирање, како и учеството на ЕИИЦМ во некои од групите. Тука е и освртот за учеството и претставувањето на македонските претпријатија на Саемот на производители на органска храна „Biologica 2009“, реализирано преку услугите на ЕИИЦМ. Во најновото издание на билтенот се поместени и информации за активностите на Европската комисија во земјите од регионот на Западен Балкан.

Секогаш на самиот праг до вас,

Тим на ЕИИЦМ


Секторски групи на Мрежата на европски претпријатијаEnterprise Europe Network – приближување до малите и средни претпријатија Секторските групи на мрежата претставуваат подмрежи, насочени кон одредени индустриски сектори кои овозможуваат поврзување на региони од Европа, кои имаат слични секторски приоритети. Оваа иницијатива започна во 1998 година уште во рамките на поранешната Мрежа на иновативни релејни центри (ИРЦ) и се покажа како една од најефикасните алатки за постигнување на транснационални договори за технолошка соработка. Поради бројните резултати секторските (тематски) групи се дел и од интегрираната Мрежа на европски претпријатија (Enterprise Europe Network), покривајќи 18 сектори: агро-храна, автомобилска индустрија – транспорт – логистика, екологија, биотехнологија – фармација - козметика, здравство, ИКТ, интелигентна енергија, бродска индустрија – поморство, материјали, нано и микро технологии, безбедност и одбрана, вселена, текстилна индустрија, туризам и културно наследство, одржливо градежништво, услуги и малопродажба, хемиска индустрија, дрво и мебел. Од септември 2008 година, Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија зеде активно учество во две секторски групи на мрежата: групата на специјалисти од областа на автомобилската индустрија, транспорт и логистика, и групата за интелигентна енергија (енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија). Последниот квартал на 2008 година секторските групи го искористија за екипирање, одржување на првите состаноци и креирање на работна агенда и придружна документација. ЕИИЦМ-претставниците во секторските групи активно учествуваа во подготвителните активности за работа, а моментално се работи на креирање на неопходна мрежа на контакти од дадените области на локално ниво.

Учество на ЕИИЦМ во секторски групи – Интелигентна енергија (ИЕ) Во рамките на Европската мрежа на претпријатија (Enterprise Europe Network) функционира Секторската група – Интелигентна енергија (ИЕ), која претставува експертска платформа на полетo на обновлива и конвенционална енергија. За клиентите, членовите на Секторската група- ИЕ нудат поддршка, контакти и информации за изнаоѓање на партнер за бизнис или технолошка соработка од Европа. Секторската група ги нуди услугите кои се типични за мрежата, но со зголемен фокус на остварување на успешна соработка за трансфер на иновативни технологии и заеднички истражувачки проекти од областа на енергетиката. Секторската група- ИЕ се стреми кон креирање на додадена вредност за нејзините клиенти преку развивање на сопствени проекти, организирање на заеднички настани со останатите секторски групи на мрежата, како и надоврзувањето на веќе постоечките иницијативи на Европската комисија во дадената област како што се: Европска технолошка платформа, програмата Europe INNOVA, Европските истражувачки кластери, EREC – Европски совет за обновлива енергија, Европски агенции за енергија и останати. Крајната цел е поддршка на се повеќе растечкиот Пазар на обновливи енергии. Теми на фокус во Секторската група- Интелигентна енергија се: Обновливи енергии: § Биомаса, биогас и био горива; § Фотоволтаици и соларна термална енергија; § Хидро енергија и енергија на бранови; § Ветер; § Геотермална енергија. Енергетска ефикасност и енергетско ефикасни згради. Горивни ќелии и водородна технологија. Конвенционални извори на енергија. Производство,складирање и дистрибуција на енергија. Земји членки на Секторска група- Интелигентна енергија: • Македонија • Норвешка • Полска • Португалија • Словенија • Шпанија • Шведска

• Швајцарија • Турција • Велика Британија • Австрија • Белгија • Бугарија • Чешка

• Данска • Франција • Германија • Грција • Унгарија • Исланд • Италија

За повеќе информации за тековните и идните активности на Секторската група- Интелигентна енергија е претставникот на ЕИИЦМ во Групата: Миле Шошевски (mile@mir.org.mk).


Промоција на македонските производители на органска храна на саемот „Biologica 2009” 6-9 март 2009 во Солун, Грција Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ), во рамките на своите редовни активности, го поддржа учеството на 5 македонски производители на органска храна на Biologica 2009 - Саем за конвенционална храна, органска храна и вино, кој се одржа од 6 до 9 март 2009 година во Солун, Грција. Македонските претпријатија, кои воедно се и сертифицирани производители на органска храна, присуствуваа на секторска работилница на тема: „Иднината на органското земјоделство и најдобри примери од европскиот пазар во однос на органските производи“.

Исто така, македонските претпријатија остварија и директни средби со таргетирани грчки излагачи на саемот, на кои се утврдија можностите за идна деловна соработка и заедничко аплицирање кон Европските фондови за регионален развој. Реализацијата на овие средби беше директен резултат на добрата соработка меѓу ЕИИЦМ и Help-Forward Center Солун (партнер во мрежата Enterprise Europe Network).

Учеството на македонските претпријатија на саемот Biologica 2009 придонесе кон зголемување на можноста за воспоставување нови деловни контакти и подобрување на сопственото производство.

Преглед на активностите на Комисијата на ЕУ во Западен Балкан во 2008 и 2009 Во Прегледот на релевантните регионални активности на Комисијата на ЕУ во Западен Балкан во 2008/2009, кој е објавен на 3 февруари 2009 г., истакнати се повеќе од 90 конкретни ЕУ активности во земјите од Западен балкан за поддршки и иницијативи во голем број сектори, имплементирани во 2008 и планирани за 2009 година. Значајните чекори кон либерализацијата на визниот режим за земјите од овој Регион се огледуваат во сЀ поголемиот број стипендии за студирање во ЕУ, поголемата поддршка на цивилното општество, натамошна регионална соработка и интегрирање во секторите, како транспортот, трговијата, справувањето со кризи и друго. Она пак што претставува одраз на значајната регионална развојна компонента, одредена од страна на ЕУ и другите меѓународни донатори, е поддршката во решавањето на влијанието на меѓународната финансиска криза, како и во подобрата координација на масовната финансиска помош. Освен тоа, повеќе програми и агенции се отворени во земјите од Западен Балкан. Сите земји од Регионот сега учествуваат во 7-та Рамковна програма за истражување и други иницијативи кои овозможуваат контакти и зголемена соработка помеѓу научните и образовните институции. ЕУ регионални релевантни активности во Западен Балкан 2008/09 http://ec.europa.eu/enlargement/pdf/key_documents/highlight/eu_regional_wester_balkans_2008-2009_en.pdf ДГ веб страна за проширување и контакти: http://ec.europa.eu/enlargement/index_en.htm


БИЗНИС И СОРАБОТКА Актуелни профили на компании заинтересирани за бизнис и соработка И.Б. 2009020530 Компанија од Литванија, специјализирана за производство и извоз на машини за пакување, бара трговски посредници и технолошки партнери, а нуди реципрочно производство и соработка на ниво на копоперанти или надворешни соработници. Основна одлика на оваа компанија е нивнната флексибилност, одговорност, искуство и „know-how“. И.Б. 20081125003 Компанија од Израел, која се занимава со развивање стратегии на брендови, визуелно брендирање, печатење и изработка на веб- страници, бара потенцијални партнери. Компанијата ја одликува креативност, високо професионалнo нивo, широк и разновиден асортиман, свежи идеи и длабоко разбирање за потребите на клиентите. И.Б. 20081104012 Пан-европска компанија со седиште во Велика Британија, чија најголема предност е компанискиот персонал, кој оперира на околу 30 јазици, бара маркетинг агенции за партнерски релации, во смисла на реципрочни договори за соработка или заеднички вложувања. Компанијата, исто така е заинтерсирана и за соработка во улога на кооперанти или како надворешни соработници. И.Б. 20080908008 Бугарска компанија, специјализирана за производство на разни видови на дрвена граѓа и панели за мебел од масивно дрво, бара купувач кој би ја откупил целосно компанијата. Предмет на продажба е добро развиен бизнис со целосна опрема, транспортен возен парк, потребни лиценци и договори за работа и конкурентна цена, што на новиот сопоственик би му овозможил непречен старт по преземањето. И.Б. 20080918028 Шпански производител на козметика и опрема за ететски салони, бара партнери за франшиза, а истовремено нуди и договор за кооперација. Дополнително, компанијата нуди и можност за продажба на дел од компанијата со производство, организирано според ИСО 9001:2001 стандардот и останатите санитарни критериуми и барања. Потенцијалните патнери можат да сметаат на патнер со над 200 референци во прилог на производното портфолио на компанијата, 20 годишна присутност на шпанскиот козметички пазар и 5 години на пазарот за иновативна опрема за естетски салони, развиена во сопствениот Сектор за истражување и развојни решенија. И.Б. 20081204036 Италијанска компанија, со над 10 годишно искуство, специјализирана за реставрација и реоганизација на приземни градби, потпорни и сеизмички уреди за поврзување, поправка на армиран бетон и оштетен вововод, планирање и одржување на оперативни планови за структури од армиран бетон, бара трговски посредници и купувачи на франшиза. Предноста на оваа компанија се состои во тоа што покрај комерцијална може да понуди и техничка поддршка преку својот интерен технички оддел, оспособен во секое време да направи прилогодувања за секој свој производ или услуга. Компанијата работи според стандардот ИСО 9000. И.Б. 20081029002 Бугарска компанија, специјализирана во производството на дрвени панели и палети, бара трговски посредници и бизнис партнери за долгорочна соработка, за препродажба на нивните производи на производители, на кои истите им се потребни во производниот процес. И.Б. 20081215028 Израелска комапанија, специјализирана за развивање и производстсво на уреди за следење, системи за управување со пловни објекти, комплетно одржување и инсталација на годишно ниво, бара деловна соработка и партнери за: трговско посредништво, франшиза, заеднички вложувања, производствени, кооперантски соработки и друго. Предноста на оваа компанија се состои во квалитетот на нивниот производ, кој ја носи CE Fcc ознаката, нејзиното искуство во равојот на технички решенија за системи за управување со пловни објекти, персонал со големи


познавања неопходни за инсталација на производите и управување со истите. Потенцијалните партнери би добиле професионален соработник и ефикасни и доверливи ситеми кои лесно се управуваат. И.Б. 20081111001 Словенечка компанија од областа на инженерингот и производството на професионална опрема за кујни, бара трговски посредници, реципрочно производство и заеднички вложувања со компании од металната индустрија и други производители на кујни за угостителски и други објекти. Воедно, компанијата би сакала да дејствува и како дистрибутер на производи од други компании. Компанијата е специјализирана за изработка на големи кујни за угостителски и други објекти (хотели, ресторани, училишта, аеродроми) и може, меѓудругото, да обезбеди и тренинг за начинот на употребата на вградената опрема. Опремата се карактеризира со нагласена иновативност, во поглед на вложувањата во истражување и развој на нови производи, како дел од понудата на оваа компанија.

Дополнителни информации и лице за контакт: Велимир Ј. Стојковски, тел: +389 2 3293 204, velimirst@ukim.edu.mk

TЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

Aктуелни профили на компании заинтересирани за технолошка соработка Механизам за автоматско производство на цевчести елементи од бетон (Реф.бр. 08 LV 58AD 0IP8) Компанија од Латвија, има развиено механизам за автоматско производство на бетонски елементи со цевчест облик. Предноста на производот е во можноста механизмот да се инсталира во близина на објектот каде се гради, со што се намалуваат евентуалните транспортни компликации. Бетонот е истиснат, со што се добиваат хомогени градежни елементи. Производот е достапен за презентација. Компанијата бара инвеститор за нејзината идеја или комерцијален договор за техничка соработка.

Процес за нанесување слој за соларни апсорбери (Реф.бр. 08 DE 1170 0IPS) Мал истражувачки центар, во склоп на факултет во Германија, има развиено нов процес за нанесување слој кај соларни апсорбери. Процесот овозможува релативно евтино и едноставно производство на соларни панели. Слојот што се нанесува е мешавина од метална и керамичка прашина, кој се суши и има можност за нанесување на повеќе слоеви. Методата е достапна за демонстрација. Истражувачкиот центар бара партнер за договор за лиценца или комерцијален договор со техничка соработка. Иновативни предности: едноставна и евтина комбинација за производство на соларни апсорбери; можност за реализација на повеќе слоеви; можност за контрола на суспензијата.

Дополнителни информации и лице за контакт: Миле Шошевски, тел:+389 2 3077 008, 3092 813, mile@mir.org.mk


ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

Ректор проф. д-р Велимир Стојковски Претседател на конзорциум на ЕИИЦМ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Бул. „Крсте Мисирков“, б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Доц. д-р Виктор Стојмановски проект менаџер Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Бул. „Крсте Мисирков“, б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: +389 (0)2 3293 204 Факс:+389 (0)2 3293 202 viktor@mf.edu.mk Maja Tасева заменик проект менаџер – бизнис и соработка Ул. Никола Вапцаров бр. 7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3120 132 Факс: ++389 (0)2 3135 494 maja@apprm.gov.mk Габриела Костовска заменик проект менаџер – трансфер на иновации, технологии и знаење Фондација М.И.Р. Ул. Ристо Равановски 15А, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3077 008; + 389 (0)2 3092 813 gabriela@mir.org.mk Доц. д-р Трпе Ристовски заменик проект менаџер – истражување и развој Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Факултет за ветеринарна медицина – Скопје Ул. Лазар Поп-Трајков 5-7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3240 700 Факс: +389 (0)2 3114 619 tristoski@fvm.ukim.edu.mk

http://ec.europa.eu/enterprise-europe-network http://www.eiicm.com.mk

EIICM_Macedonia  

Почитувани, Во деветото издание на електронскиот Информатор на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, ги имате стандардн...

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you