Issuu on Google+

БРОЈ 8 2009

ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

Почитувани, Во осмото издание на електронскиот Информатор на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, се поместени најразлични информации, од теми какви што се ЕУ препораките за супервизија на финансиските институции и пазари во услови на светска финансиска криза, информации за Форумот за малопродажба, до најновите барања и понуди за бизнис и технолошка соработка. Во ова издание на Информаторот, како и во претходните броеви, претставени се и барања за јавна набавка. Секогаш најбрзо со вистинските информации до вас, Тим на ЕИИЦМ


ЕУ решенија за справување со светската финансиска криза Препораки за засилување на супервизијата на финансиските институции и пазари Група финансиски експерти предводени од поранешниот гувернер на француската банка и управувачки директор на ММФ, составија низа препораки за засилување на супервизијата на финансиските институции и пазари. Препораките опфаќаат развој на заедничките правила за инвестициското вложување во сите 27 ЕУ земји, ограничување на бонусите на банкарите во согласност со интересите на акционерите и воспоставување систем за управување со ЕУ кризата во финансискиот сектор. Препораките и општиот пристап кон кризата беа дискутирани на вонредниот состанок на ЕУ лидерите на почетокот на март 2009. Претседателот и премиерите се заложија за зачувување на единствениот Пазар, за промовирање на развојот и одбегнување на протекционизмот. Ова следеше три дена по предлогот на Комисијата за реформа на финансискиот систем. Планот повикува на надзор на системот комбиниран со поголема контрола на ниво на Европската унија, со засилена улога на националните супервизори. За 18-те препораки читајте на: http://ec.europa.eu/commission_barroso/president/pdf/statement_20090225.pdf Интегралните податоци се наоѓаат на: http://ec.europa.eu/commission_barroso/president/pdf/statement_20090225_en.pdf

Форум за малопродажба Европската комисија и европскиот малопродажен сектор, покренуваат Форум за малопродажба, кој ќе ги вклучува производителите, потрошувачите и останатите чинители во процесите на размената. Форумот има за цел да овозможи подобро разбирање на практичните мерки потребни за унапредување на одржлива потрошувачка и производство. Како резултат, со тек на време, би требало да се добие поширока достапност на еколошки производи добиени низ процеси на производство кои ги карактеризира висока енергетска ефикасност, како и подобра информираност како потрошувачите истите да ги консумираат водејќи сметка за заштита на животната средина. Учеството во Форумот е отворено за сите заинтересирани страни, како што се производителите, понудувачите и потрошувачите, како и еколошките друштва и други оганизации чие делување е поврзано со заштитата на животната средина. Со Форумот ќе копреседаваат Генералниот директорат за околина, Еурокомерц и Европската малопродажна тркалезна маса (ЕРРТ). Форумот ќе се состанува квартално. Првиот работен состанок е закажан на 1 Април 2009 г. За да се обезбеди транспарентност, сите документи и други материјали во врска со овој Форум ќе бидат објавени на страницата на Директоратот за животна средина на Европската комисија : http://ec.europa.eu/environment/eussd/escp


Објавени повици за доставување понуди за јавни набавки -Објава на претходна информација за отворање тендерска постапка-

1. Набавка и монтажа на клима уреди Краток опис на предметот на набавката: Министерскиот совет објавува отворен повик за доставување понуди од компании за набавка и монтажа на клима уреди во комуникационите центри на националната мрежа на државната администрација во градовите што ја покриваат соодветната област. Постапката за претходно информирање за објавувањето на јавниот повик за набавка и монтажа е објавена на 03.03.2009 година. Податоци за набавувачот: Министерски совет, бул. Дондуков бр.1, 1594 Софија Дирекција: буџет и административни дејности Тел. +359 29403366 Факс:+359 29402177 E-mail: M.Dimitrova@government.bg. Предмет на отворениот повик: Набавка, согласно општите услови за набавка. Централно место за реализација на предметот на набавката: Софија

За дополнителни информации за условите и документите потребни за учество на тендерот обратете се во Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија.

2. Набавка на прехрамбени производи Краток опис на предметот на набавката: Општината Добрич (Бугарија) објавува отворен повик за доставување понуди за набавка на прехранбени производи за потребите на детските градинки и социјалните установи на територијата на општина Добрич, што ќе се врши периодично, во зависност од потребите на набавувачот, во периодот од 1.1.2010 г. до 31.12.2012 година. Постапката за претходно информирање за објавувањето на јавниот повик за набавка е објавена на 03.03.2009 година. Податоци за набавувачот: Општина град Добрич, ул. Бугарија, 12, 9300 Добрич. Тел. +359 58600162 Факс: +359 58600165 E-mail: dobrich@dobrich.bg. Интернет адреса: www.dobrich.bg. Предмет на отворениот повик: набавка, согласно општите услови за набавка Централно место за реализација на предметот на набавката: град Добрич, Бугарија


БИЗНИС И СОРАБОТКА Актуелни профили на компании заинтересирани за бизнис и соработка И.Б. 335 Грчка компанија, која се занимава со хемиски третмани на текстил, бара партнери за посредување при пласманот на нивните услуги. Компанијата поседува ОКО-ТЕХ стандард и воедно може да понуди и услуги во модното консулатанство, сопствен магазин за маркетинг цели, електронска достава на примероци и сл. И.Б. 20081110013 Словенечка компанија која произведува алати и машини за втиснување, бара деловни партнери кои поседуваат производствена опрема. Компанијата нуди квалитетни производи со дискрециона гаранција и навремена испорака. И.Б. 983 Компанија со седиште во Велика Британија, специјализирана за производство и испорака на легури и нерѓосувачки челик со широка примена во фармацеутската индустрија и енергетиката, бара агенти за продажба во Европа. Произвоството е според ISO 9000 станадардот и е добро етаблирано меѓу петрохемиските и енергетските компании. Компанијата поседува добро верзирана извозна логистика. И.Б. 588 Британска компанија, производител на уникатни и иновативни производи наменети за опремување на детски градинки, бара трговски претставници и дистрибутери кои би добиле производи со конкурентни цени и соодветна провизија. И.Б. 20081202060 Компанија од Луксембург, посредник при дистрибуција на разновидни производи, бара партнери за краткорочни или долгорочни деловни договори во Европа и пошироко. И.Б. 20081215032 Бугарска компанија, специјализирана за квалитетно ласерско и плазма сечење на метални конструкции, заварување и склопување на уникатна опрема, бара трговски посредници, партнери за франшиза, кооперанство и заеднички вложувања. Компанијата може да понуди логистички услуги и реципрочно производство. И.Б. 2008070911 Грчка компанија, специјализирана за продажба на текстилни бои, хемикалии и други помошни материјали, нуди посреднички услуги, реципрочно производство, франшиза, заеднички вложувања и финасиска соработка (здружување, размена на акции или продажба на цели компании). Компанијата бара партнери за трговски посреднички услуги, заеднички вложувања или реципрочно производство. Компанијата е сертфицирана со ISO 9000 стандардот и нејзината основна предност се состои во можноста да понуди експертиза и технички соодветни познавања, овозможувајќи им на клиентите производи и услуги со висока ценовна ефикасност и квалитет. И.Б. 20080728001 Јазично училиште со сопствено развиен систем на изучување на Англискиот јазик како странски за деца и возрасни, според ISO 9000 стандардот, бара европски партнери за мастер-франшиза кои би сакале да воспостават седиште со сопствена мрежа на вакви училишта во своите земји. Училиштето е едно од поголемите од својот вид со мрежа од 250 франшизи, 3 национални мастер-франшизи и 2 мастерфраншизи во Австрија и Унгрија. Мастер- франшизниот договор му овозможува на потенцијалниот партнер да склучува понатамошни договори со трети парнери на точно дефинирана територија. Мастер- франшизниот партнер ќе биде снадбен со наставен материјал и ќе му биде овозможена обука за обучувачите според соодветен метод, како и со целосна поддршка при основањето и организирањето на седиштето и разграноците. И.Б. 20081112020 Германска консулатантска и софтверска куќа со исклучив фокус на меѓународниот пазар на дистрибуција на вода и енергетика бара партнери (трговски посредници, поддоговарачи, заеднички вложувачи), заитересирани да го поддржат домашниот пазар со услуги, техничка поддршка, локализација и тренинг на нивниот систем за фактурирање и сл. Производите на компанијата се сертифицирани според стандардот DIN EN ISO 90001: 2000. Предноста на оваа компанија се состои во широкиот асортиман на услуги и флексибилна поддршка и know-how наменет за поголеми јавни инфраструктурни проекти, а се состои од софтверско ERP решение засовано на web кое нуди добивка за клиентот, консеквентно интегрирајќи ги сите финансиски и технички процеси од работењето.

Дополнителни информации и лице за контакт: Велимир Ј. Стојковски, тел: +389 2 3293 204, velimirst@ukim.edu.mk


TЕХН��ЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

Aктуелни профили на компании заинтересирани за технолошка соработка Адаптивна монтажно- демонтажна рамка со можност за повторна употреба (Реф.бр. 08 ES 28G3 0II1) Шпански пронаоѓач нуди нов тип на направа за уармување. Направата претствува лесна конструкција која едноставно се монтира и демонтира. Функционалноста на оваа направа е лесна и едноставна, и користењето е слично како кога се мести слика во обична рамка. Особено е применлива во случаи на привремено урамување за изложби, промоции, за галериско- изложбени простори и сл. Произовдот е достапен за презентација. Носителот на идејата бара партнер за Договор за лиценца или Комерцијален договор со техничка поддршка. Иновативни предности: - Модуларен концепт составен од повеќе елементи кои овозможуваат адаптивност и повторно користење на рамката; - Можност за прикачување на различни големини на слики, фотографии и сл.; - Едноставна монтажа и демонтажа; - Можност за различни дизајнерски концепти.

Трета генерација на фотоволтаични соларни ќелии ( Реф.бр. 08 IT 52T7 0IIO) Италијански универзитет, со долга историја во истражувањето на фотоволтаични соларни ќелии, бара партнер од индустријата за техничка соработка во доменот на техничка изведба и комерцијализација на производот. Соларните ќелии се од типот “Graetzel”, кој спаѓа во напреден метод на фотоволтаик, овозможувајќи добивање на напон со степен на ефикасност при конверзија од 10%. Универзитетот бара партнер за Комерцијален договор со техничка соработка. Производот е достапен за презентација. Компактен генератор на eлектрична и топлотна енергија, кој користи биомаса за гориво (Реф.бр. 08 GB 43O3 0IOM) Англиска компанија има развиено компактен генератор кој има моќност за производство до 100MW електрична енергија и 200 MW топлотна енергија, користејќи биомаса како гориво. Биомасата може да биде од различен тип. Дизајниран е за континуирано работење со автоматско снабдување со гориво со што се овозможува помала потреба од одржување. Производот е достапен на пазарот. Компанијата бара партнер за Комерцијален договор со техничка соработка. Иновативни предности: - Висока температура на согорување овозможува „чисто“ согорување; - Тристепено согорување со што се добива поголема ефикасност, висока температура и можност за согорување на гориво со поголема содржина на влага.

Дополнителни информации и лице за контакт: Миле Шошевски, тел:+389 2 3077 008, 3092 813, mile@mir.org.mk


ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

Ректор проф. д-р Велимир Стојковски Претседател на конзорциум на ЕИИЦМ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Бул. „Крсте Мисирков“, б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Доц. д-р Виктор Стојмановски проект менаџер Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Бул. „Крсте Мисирков“, б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: +389 (0)2 3293 204 Факс:+389 (0)2 3293 202 viktor@mf.edu.mk Maja Tасева заменик проект менаџер – бизнис и соработка Ул. Никола Вапцаров бр. 7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3120 132 Факс: ++389 (0)2 3135 494 maja@apprm.gov.mk Габриела Костовска заменик проект менаџер – трансфер на иновации, технологии и знаење Фондација М.И.Р. Ул. Ристо Равановски 15А, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3077 008; + 389 (0)2 3092 813 gabriela@mir.org.mk Доц. д-р Трпе Ристовски заменик проект менаџер – истражување и развој Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Факултет за ветеринарна медицина – Скопје Ул. Лазар Поп-Трајков 5-7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3240 700 Факс: +389 (0)2 3114 619 tristoski@fvm.ukim.edu.mk

http://ec.europa.eu/enterprise-europe-network http://www.eiicm.com.mk


EIICM_Macedonia