Page 1

БРОЈ 10 2009

ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

Почитувани, Во десетото издание на електронскиот Информатор на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, остануваме доследни на трендот на најбрзото и најефикасно информирање во однос на бизнис и технолошката соработка во рамки на Европската унија и регионот. Претсавени се активностите на ЕИИЦМ, а се нудат и други интересни информации во однос на ЕУ мерките за справуање со економската криза, новини за претстојни настани и саеми, можности за млади претприемачи. Секогаш на самиот праг до вас, Тим на ЕИИЦМ


ЕИИЦМ ОДРЖА ОБУКА ВО ОБЛАСТА НА ИНОВАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ На 2.4.2009 година на во просториите на ПСМ Инкубаторот, Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија одржа еднодневен семинар на тема Иновациски менаџмент, развој на нов производ и интелектуална сопственост. Семинарот е дел од активностите на ЕИИЦМ насочени кон стимулирање на капацитетот на МСП да иновираат. Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија на фирмите од ПСМ инкубаторот преку еднодневниот семинар ги претстави концептите и алатките од областа на иновацискиот менаџмент и развој на нов производ. На семинарот беа претставени фазите во наведените менаџерски дисџиплини, најчесто применуваните методи и алатки, а темите беа заокружени со претставување на структурата на интелектуалната сопственост и начините за нејзина заштита. Во услови на глобализација на пазарот се наметнува потребата од максимизирање на задоволувањето на потребите на клиентите, а минимизирање на времето потребно за пласирање на еден производ или услуга на пазарот. За да се биде конкурентен, неопходно е развивање на нови производи и услуги кои ќе имаат брз пласман на пазарот, и еднакво на тоа ќе го запазуваат потребниот квалитет. Ова доведува до потреба од скратување на времето на развој на производите/услугите и до креирање на услови за зголемена креативност и иновативност на претпријатијата. Дел од алатките кои може да им помогнат на претпријатијата за справување со овие предизвици се опфатени во методологиите за управување на иновациите (целосно нови производи или инкрементално унапредување на постоечки производи). На семинарот посебен осврт беше даден на улогата на информатичките технологии во успешното управување на иновациите и процесите за развој или унапредување на производите/услугите. Воедно, истите претставуваат дополнителна можност за бизнис развој на ИТ компаниите. Дополнително, интелектуалната сопственост придонесува кон зголемувањето на конкурентноста и препознатливоста на претпријатијата на пазарот, а соодветната заштита на истата претставува додадена вредност во бизнисот.


Финансиска помош за земјите аспиранти за ЕУ за справување со кризата На земјите- аспиранти кон Европската унија ќе им биде од голема корист иницијативата од 27 февруари о.г. на најголемите мултиратерални инвеститори и кредитори во Источна Европа, со која се предвидуваат 24,5 милијарди евра за подршка на банкарскиот сектор во регионот за кредитирање на бизнисите погодени од глобалната економска криза. Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Светската банка ја ветија оваа сума како надополнување на националните одговори на кризата, како би се распоредила брза, голема и координирана финансиска помош од страна на меѓународните финансиски институции за подршка на кредитирањето на реалната економија, особено за малите и средни претпријатија. Европската инвестициска банка намени 1,9 милијарди евра за државите од Западен Балкан и 2,2 милијарди евра за Турција. На регионалниот состанок „Европската перспектива на Југоисточна Европа во време на предизвици- Справување со економската и енергетска криза“, кој се одржа во Белград на 2 и 3 февруари 2009 година, беше заклучено дека економската криза во светот не би требало негативно да се одрази врз завршувањето на транзицијата во земјите од Југоисточна Европа, а исто така и не би требало да влијае на процесот на европската интеграција на регионот, односно на неговата вкупна економска стабилност. Повеќе на: http://ec.europa.eu/enlargement/press_corner/newsletter/090309_en.htm

ЕРАЗМУС за млади претприемачи- отворен повик Генералниот директорат за претприемништво и индустрија при Европската комисија објави повик за предлог- проекти за Програмата „Еразмус за млади претприемачи“. Целта на оваа програма е да овозможи и да помогне на што поголем број на млади претприемачи, да стекнат искуство во докажани претприемачки компании во други ЕУ држави. Крајниот рок за предавање предлог- проектите е 29 мај 2009 година. Целосниот текст за повикот и формуларот за апликација се достапни на: http://ec.europa.eu/enterprise/entrepreneurship/support_measures/erasmus/ За информација за тековните активности на Еразмус за млади претприемачи, посетете ја веб- страницата: www.erasmus-entrepreneurs.eu

Објава на претходна информација за отварање тендер за набавка на ортопедски помагала Краток опис на предметот на набавката: Воено- медицинската академија од Софија објавува претходна информација за отворање повик за доставување понуди од компании за набавка на ортопедски помагала (имплатанти и протези). Постапката за претходното информирање за објавата на јавниот повик за набавка и монтажа е објавена на 04.04.2009 година.

Податоци за набавувачот: Военомедицинска aкадемија, бул. Св. Г. Софиски бр.3, 1606Софија Лице за контакт: Емилија Пенчова Џамбазова Тел. +359 29225156 Факс:+359 29225496 E-mail: mms @vma.bg.

Предмет на отворениот повик: Набавка, согласно општите услови за набавка. Централно место за реализација на предметот на набавката: Софија. Рок за прием на тендерите или барањата за учество: 25.05.2009 до 15:00 часот Јазик на кој треба да се достават понудите: Бугарски. За дополнителни информации во врска со потребните документи за тендерот, лице за контакт: Стела ВасилеваГанчева- тел.: +359 29225527


СРЕДБИ, САЕМИ И НАСТАНИ

Иднината на интелектуалната сопственост Брисел, 23 и 24 април 2009 Ерата на дигиталните мрежи генерираше нови проблеми на полето на интелектуалната сопственост (IP). Тие го вклучуваат прашањето за најдобро организирање на многубројните преземања на филмови, музика и софтвер преку „peer-to-peer“ делењето на фајловите. Едновремено го отвораат прашањето на авторските права, потикнати од процесите на дигитализација на јавните библиотеки. Конференцијата „Иднината на интелектуалната сопственост“, организирана во рамките на ЕУ програмата „Европа за граѓаните“, ќе се занимава со широк спектар на ваквите прашања кои произлегуваат од технолошките новини, најмногу фокусирајќи се на прашањето: Како концептот на интелектуалната сопственост може да се прилагоди на особеностите на дигиталната ера, а да избегне сопствено застарување и неефикасност. Организатор: Гете институт- Брисел во соработка со Комитетот на регионите на ЕК. Кога: 23 и 24 април 2009 Каде: Брисел, Белгија - Комитет на регионите

За други информации: http://www.intellectualproperty-conference.eu

Правата од интелектуална сопственост во функција на МСП Брисел, 27 април 2009 Правата од интелектуална сопственост (IPR) можат да бидат од витална конкурентна предност за малите и средни европски компании. Конкурентноста, креативниот потенцијал и иновативните вештини на ваквите компании се загрозени од фалсикување и пиратерија, и од несигурноста во примената на нивните права. Ваквите ризици за малите и средни претпријатија се јавуваат најчесто поради недостиг од ресурси и знаење да се делува против фалификуваните производи, или поради убедувањето дека е неможно да се изработи фалсификатот. Конференцијата „Правата од интелектуална сопственост во функција на МСП“ има за цел да ги поттикне компаниите и властите да развијат соодветни мерки за поддршка во работата на МСП, со цел да се зајакнат можностите за употреба на нивниот целокупен креативен и иновативен потенцијал. Конференцијата ќе се базира на интензивната работа на експертската група, формирана од страна на Европската комисија, од досегашните најдобри пракси во оваа област, и ќе ги следи препораките предложени во нејзиниот извештај. Организатор: Европска комисија Кога: 27 април 2009 Каде: Брисел, Белгија Програмата и он-лајн регистрација: http://ec.europa.eu/enterprise/enterprise_policy/industry/ipr_conference.htm


БИЗНИС И СОРАБОТКА Актуелни профили на компании заинтересирани за бизнис и соработка И.Б. 20090107006 Словенечки производител на опрема наменета за производители на пиво, бара трговски посредници, соработници за реципрочно производство, или во улога на поддоговарач при изградба и опремување на помали пиварници. Предноста на оваа компанија е нејзината флексибилност и подготвеност во целост да ги исполни потребите и желбите на клиентите, нудејќи им целосен „know how“ за производство на пиво според познатата Pilsen спецификација, но и можност за тестирање на нови видови на пиво. И.Б. 200902218012 Компанија од Полска, специјализирана за производство на волнени блузи, фустани, костуми, плетени капи и марами, бара соработка како поддоговарач, а исто така нуди и можност за целосна или делумна продажба на својот бизнис. Предноста на нејзината понуда се состои во нејзиното дологодишно искуство во производството на плетени производи, како и листата на контакти на трговските компании кои ја вршат продажбата. И.Б. 20090219002 Словенечка компанија, специјализирана во производство и маркетинг на флексибилни производи и материјали за пакување (LDPE, HDPE, PP печатени и ламинатни) за земјоделски производи, храна, хемикалии, хартии и друго, бара агенти за продажба, претставници и дистрибутери, но и можности за соработка во смисла на поддоговарање. Предностите на оваа компанија, покрај поседувањето на сетификатите ISO 9001: 2000, ISO 14001:2004, сe и нејзината подготвеност за континуирано инвестирање во образованието на своите вработени и постоењето на сопствен сектор за истражување и развој. И.Б. 20090212031 Бугарска компанија, производител на детска конфекција, бара претставници и дистрибутери кои ќе настапат на ЕУ пазарот под трговскиот знак на компанијата, а нуди одличен квалитет со компаративно ниски цени на производите. И.Б. 2009025022 Литванска компанија, произведител на енергетски пијалоци под марката на клиентот, бара трговски посредници, делумно или целосно откупување на компанијата, а нуди франшиза, транспорт и логистика, заеднички вложувања, размена на акции, реципрочно производство, поддоговарање или соработка како надворешни соработници. Компанијата ја одликува флексибилност во поглед на произведените количини, висок квалитет, брза и сигурна испорака и ниски цени. И.Б. 20090123030 Белгиска компанија, специјализирана за креирање на CRM- софтверски решенија, бара партнери од Европа за дистрибуција и/или за интегрирање на овие видови софтвери. Предноста на овие софтверски решенија се состои во нивната оригиналност, едноставна и ефикасна примена. И.Б. 20090112020 Бугарска компанија, специјализирана за обработка на дрво (бор и смрека), бара партнери за подизведување и за дистрибуција на своите производи. Производствениот асортиман се состои од сите видови на дрвени плочи, греди, столбови и други видови на дрвeни производи за индустријата и градежништвото. Предноста која оваа компанија им ја обезбедува на потенцијалните партнери, покрај квалитетното производство според барањата на европското законодавство, се и конкурентните цени и изведбата според индивидуална спецификација на клиентот во поглед на димензии, количина, избор на дрво итн. И.Б. 20090123020 Хрватски производител на конфекција нуди и бара трговско – посреднички услуги, деловно-техничка соработка, во смисла на заеднички вложувања, реципрочно производство и франшиза. Компанијата има повеќегодишно искуство во производство и дистрибуција на облека, со сопствени брендови и пазар на дистрибуција, а е заинтересирана за деловна соработка со партнери од бившите југословенски републики.

Дополнителни информации и лице за контакт: Велимир Ј. Стојковски, тел: +389 2 3293 204, velimirst@ukim.edu.mk


TЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

Aктуелни профили на компании заинтересирани за технолошка соработка Интелигентна софтверска алатка за собирање, пребарување и изработка на анализи за анкети (Реф.бр 08 NL 60AH 0IP7)

Холандска ИТ- компанија, која работи со разузнавачки агенции, има развиено софтверска апликација која ги анализира податоците собрани преку утврдување на јавното мислење што се однесува на личности, компании или производи, на интернет или други неструктурирани текстови или бази на податоци. Производот веќе се наоѓа на пазарот и е достапен за презентација. Компанијата бара партнер за договор за лиценца или комерцијален договор за техничка соработка.

Иновативни предности Иновативниот аспект на овој тип на технологија е можноста да генерира применливост во слични апликации, нудејќи функционалност која е тешко изводлива ако се изведува на конвенционален начин. Софтверот овозможува преглед на високо ниво на моменталните интереси и мислења, следејќи ја поврзаноста со одреден тренд, притоа скратувајќи го времето на пребарување и човечки грешки.

Конструкција за помошен објект при градежна изведба ( Реф. бр. 08 IE 51S6 0IPT) Ирска компанија има патент за лесна челична конструкција, применлива при изведба на градежни објекти во висина до 6 ката. Компанијата со патентот нуди технологија, производна опрема и соодветен софтвер, за сите аспекти, од дизајн, производство, до комплетирање, логистика и подигање на конструкцијата. Производот е тестиран и достапен за демонстрација. Компанијата е заинтересирана за партнер за договор за лиценца за одредени географски региони.

Иновативни предности - Софтвер за менаџмент на производството; - Еколошки ориентиран, ефикасен и концизен концепт на конструкција; - Можност за подигање во висина од 6 ката.

Дополнителни информации и лице за контакт: Миле Шошевски, тел:+389 2 3077 008, 3092 813, mile@mir.org.mk


ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

Ректор проф. д-р Велимир Стојковски Претседател на конзорциум на ЕИИЦМ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Бул. „Крсте Мисирков“, б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Доц. д-р Виктор Стојмановски проект менаџер Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Бул. „Крсте Мисирков“, б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: +389 (0)2 3293 204 Факс:+389 (0)2 3293 202 viktor@mf.edu.mk Maja Tасева заменик проект менаџер – бизнис и соработка Ул. Никола Вапцаров бр. 7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3120 132 Факс: ++389 (0)2 3135 494 maja@apprm.gov.mk Габриела Костовска заменик проект менаџер – трансфер на иновации, технологии и знаење Фондација М.И.Р. Ул. Ристо Равановски 15А, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3077 008; + 389 (0)2 3092 813 gabriela@mir.org.mk Доц. д-р Трпе Ристовски заменик проект менаџер – истражување и развој Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Факултет за ветеринарна медицина – Скопје Ул. Лазар Поп-Трајков 5-7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3240 700 Факс: +389 (0)2 3114 619 tristoski@fvm.ukim.edu.mk

http://ec.europa.eu/enterprise-europe-network http://www.eiicm.com.mk

EIICM Newsletter  

EIICM Macedonia

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you