Issuu on Google+

05.11.2010 00:00

Почитувани, Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија со своето учество на Технома 2010, каде се јави како организатор на мултилатералните деловни средби, кои резултираа со голем успех, го потврди позитивниот ефект од постоењето на Центарот на национално рамниште, а особено поради предностите кои истиот ги нуди во поглед на овозможување и поттикнување на прекуграничниот бизнис на малите и средните претпријатија и негова динамизација. Во поглед на информирањето, покрај достапните информации на нашата веб- страница, www.een.mk, континуирано го објавуваме ебилтенот, каде редовно се дадени најновите понуди и барања за соработка во доменот на бизнисот, технологиите и иновациите, како и новини во поглед на новите иновативни технологии, и најнови информации кои доаѓаат од ЕУ- инстуциите. Секогаш за вас, Тим на ЕИИЦМ


БИЗНИС СОРАБОТКА Подготвила: Маја Тасева- АППРМ

ТЕХНОМА- ПАРТНЕРСТВО 2010 Мултилатерални деловни средби Меѓународните деловни средби Технома - Партнерство 2010, се одржаа на 19 октомври 2010 во Скопје, како паралелен настан на саемот Технома 2010. Деловните средби се одржаа помеѓу претприемачи од Словенија, Грција,

Србија и Македонија со учество на 49 компании и остварени 120 индивидуални деловни состаноци. Настанот придонесе кон засилување на соработката и традиционално добрите економски односи меѓу земјите од регионот, кои на овој начин покажуваат дека имаат сила да се спротистават на економската криза и другите бариери и дека економијата и деловните партнерства се реалност и перспектива за Балканот. Најдобар показател за потребата од организирање настани од овој вид сведочат изјавите на самите учесници: „Деловните средби во склоп на Технома- Партнерство 2010 беа одлична можност да се излезе од секојдневната работна рутина и да се запознаат интересни луѓе, потоа да се презентира сопственото производство, а и да се види што нудат другите компании. Средбите беа одлично организирани, беа кратки, концизни, бројни, продуктивни. Успеавме да направиме неколку средби со можност за понатамошна соработка, а на наше големо задоволство, успеавме да најдеме репро- материјал кој го бараме безуспешно веќе подолго време, а го произведувала мала компанија во наше непосредно соседство" - изјави г-ѓа Александра Иваноска, директор на Хрисал, Скопје. „Ми причинува особено задоволство што во Македонија се случи настан од ваков вид. За само три часа успеав да исконтактирам и разменам мислења со


неколку деловни луѓе од Словенија, Србија, Грција и Македонија. Просто неверојатно. Во очекување сум на следните ваши активности" - изјави г. Горан Фиданоски, менаџер на Експро, Скопје.

„ Задоволство ни е да учествуваме на еден ваков настан. Идејата паралелно со саемот да се организираат билатерални состаноци е нешто што е неопходно за стопанските субјекти. Драго ни е што Европоската мрежа на претприемништвото тоа го препозна" - изјави г. Вене Здравкович, финансов директор во Алфа Плам, Врање. „Би сакал уште еднаш да ви се заблагодарам и да го изразам нашето целосно задоволство од учеството на Технома- Партнерство, Скопје. Сметаме дека ќе имаме многу позитивна реакција од колегите кои ги сретнавме"- изјави г. Јорго Харитопулос, менаџер на Kyriazis SA, Солун. Организатор на средбите беше Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, а во улога на партнери се јавија Комората на занаетчиство и мал бизнис на Словенија, Универзитетот во Ниш од Србија и Федерацијата на индустрии од Северна Грција.

Резултати од анкетата на пристапот до финансии за малите и средни претпријатија во еврозоната Подготвил: Горан Димовски- АППРМ

Европската централна банка (ЕЦБ) го објави својот извештај за резултатите на „Анкетата за пристапот до финансии на малите и средни претпријатија (МСП) во еврозоната". Со оваа анкета беа опфатени 5.312 фирми во еврозоната. Извештајот содржи информации за финансиската состојба, финансиските потреби и пристапот до финансии на малите и средните претпријатија во еврозоната, во споредба со големите фирми, земајќи го предвид периодот од март до септември 2010 г. Севкупната ситуација во врска со пристапот на малите и средните претпријатија до надворешното финансирање, во еврозоната, е подобрена. Во наведениот период 24% од анкетираните фирми (мали и средни претпријатија) изјавија за влошување на пристапот до банкарски кредити, што е речиси преполовена бројка во споредба со претходното истражување,


кога таа изнесуваше 42%. Во исто време 12% од малите и средни претпријатија изјавија за подобрување на пристапот до банкарски заеми, во споредба со 10% во претходното истражување. Факторите кои имаат влијание врз достапноста на надворешното финансирање се подобрени, особено оние економските. Во целина, малите и средните претпријатија од еврозоната и во периодот март - септември 2010г. искажаа непроменета состојба околу надворешното финансирање, со таа разлика што 3% од опфатените фирми изјавија дека потребите за банкарски заеми се зголемиле за тој период, во споредба со 16% , колку што изјавија во претходното истражување за периодот од октомври, 2009 г., до март 2010г. ИНОВАЦИИ Подготвиле: Гордана Богоева Гацева- УКИМ Горан Дембоски- УКИМ

Сувата вода може да направи голем комерцијален бум

Невообичаената супстанца, позната како „сува вода", која наликува на шеќер во прав, може да обезбеди нов начин за апсорпција и складирање на јаглерод диоксид, најзастапениот гас во стаклената градина, којшто придонесува за глобалното затоплување. Ова беше кажано на 240-тиот национален собир на Американското хемиско општество (American Chemical Society, ACS).

Овој прашок, се предвидува, ќе има блескава иднина и за голем број други примени. На пример, користењето на прашокот сува вода може да претставува поеколошки, но и енергетски поефикасен начин за започнување хемиски реакции, кои служат за добивање стотици производи за широка потрошувачка. Сувата вода, исто така може да овозможи побезбеден начин за складирање и транспорт на опасни индустриски материјали. „Досега светот нема видено ништо слично како сувата вода", велат д-р Бен Картер и главниот истражувач проф. Ендрју Купер: „Се надеваме дека во иднина, сувата вода ќе направи големи бранувања".


Картер објаснува дека оваа материја е наречена „сува вода" бидејќи се состои од 95% вода, а е во форма на сув прашок. Секоја честичка од прашокот содржи капкички вода, опкружени со модифициран силициум диоксид - материја од која е составен песокот на плажите. Пресвлеката од силициум диоксид ги спречува водените капки да се агломерираат (соединат) и како последица - да преминат во течност. Резултат на ова е фин прашок кој може да „голта" гасови, кои хемиски се комбинираат со молекулуте на водата за да го формираат она што хемичарите го нарекуваат хидрат. Сувата вода беше всушност откриена во 1968 и доби внимание поради потенцијалите за користење во козметичката индустрија. Научниците од Хул универзитетот во Обединетото Кралство повторно ја открија во 2006, со цел да ја изучуваат нејзината структура. Оттогаш, истражувачката група на проф. Купер го прошири рангот на потенцијална примена на оваа супстанца. Една од последните примени на сувата вода е нејзиното користење како материјал за складирање гасови, вклучувајќи јаглерод диоксид. Во своите лабораториски истражувања Купер и соработниците најдоа дека сувата вода абсорбира преку три пати поголемо количество јаглерод диоксид од количеството, кое би се постигнало со вода и силициумов диоксид. Научниците сугерираат дека оваа способност прашокот сува вода да апсробира големи количества CO2 гас во форма на хидрат, може да биде многу полезно и применливо во намалувањето на глобалното затоплување. Во претходните истражувања исто така беше демонстрирано дека сувата воде е корисна за складирање метан - компонента на природниот гас, со што во иднина се проширува примената на сувата вода и како извор на енергија. Тие се надеваат дека инженерите може да го користат прашокот на сувата вода за собирање и транспорт на остаточните депозити на природниот гас. Овој природен гасен хидрат веќе егзистира на дното на океаните во една форма на замрзнат метан познат како "мраз што гори". Прашокот од сувата вода може исто така да обезбеди побезбеден, поконвенционален начин на складирање метанско гориво за возилата кои се движат на природен гас. Сепак, останува уште многу работа за да се стигне до оваа фаза. Беше покажано дека потенцијално нова апликација за „сувата вода" е за забрзување на каталитичките реакции помеѓу водородниот гас и малеинската киселина за производство на етан-дикарбоксилната киселина, извор на суровина која широко се користи за изработка на лекови, состојки на храна и други потрошувачки производи. Во производствто овие супстанци вообичаено се мешаат за да реагираат. Со развојот на честички од сувата вода кои содржат малеинска киселина, Купер и колегите покажаа дека може да се забрза реакцијата на киселината со водородот без меш��ње, што резултира во поеколошки и енергетски поефикасен процес. Уште една од бројните примени на сувата вода е за складирање на течности, особено емулзии. Емулзиите се мешавини на две или повеќе немешливи течности, како што е тоа случај со водата и маслото во мајонезот.


Научниците покажаа дека можат да ја трансформираат едноставната емулзија во сув прашок сличен на сувата вода. Овој прашок претставува побезбедна и полесна можност за производителите при складирање и транспорт на потенцијално опасни материи. Картер и колегите бараат комерцијална и академска соработка за натамошно развивање на технологијата на сува вода. Истражувачкиот совет за инженерски и физички науки и Центарот за отркивање матаријали обезбедија финансирање и техничка поддршка за ова истражување.

ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ Иновативна технологија за конзервирање храна со помош на природни компоненти (Ref: 10 ES 27F4 3GEJ)

Шпанска компанија за производство на природни антиоксиданси, екстракти и конзерванси нуди технологија за нова примена на природни конзерванси и/или функционално збогатување на храната. Компанијата бара фирми за производство на храна, заинтересирани за апликација на оваа технологија на нивните производи, преку комерцијален договор, со техничка поддршка или техничка соработка. Конзервирањето на храната е еден од главните проблеми во производството на храната. Конзервансите се додаваат во свежата храна, со цел да се избегне разградбата, особено онаа предизвикана со оксидационите реакции на компонентите на храната. Синтетските антиоксиданси широко се применуваат при производството на храна, но во поново време зголемена е побарувачката на природни антиоксиданси, со цел да се избегнат синтетичките адитиви во храната. Компанијата развила природни состојки со ефект еквивалентен на комерцијалните синтетски конзерванси, додека органолептичките карактеристики на храната се непроменети. Иновативни предности Со додавање на овие природни состојки храната се конзервира за многу подолг временски период, на природен и еколошки начин. Меланж-ефект со само една компонента влакно (Ref.: 08 DE 0958 0II4)

Германска текстилна компанија со долгогодишно искуство бара техничко решение за производство на двобоен ефект, кој не се постигнува на вообичаен начин со различни суровински состав на влакната во ткаенината,


туку само со еден тип влакно. Апликацијата се однесува на памучно штапелно влакно. Компанијата бара партнери од истражувачкиот сектор или од индустријата со мотив за заеднички истражувања и развој. Вообичаено меланж-ефектот се постигнува со помош на различни памучни штапел влакна. Ова претпоставува мешање на материјали. Компанијата бара постапка за производство на меланж ефект со само една компонента, во овој случај- памук. Целта е постигнување двобојни или повеќебојни ефекти. Овие резултати можат да се постигнат со користење на специјално обоен материјал или преку релјефен ефект или сјајна доработка. Компанијата бара технологија за постигнување на ваков естетски ефект. Обоени наночестички силициум диоксид за боење на текстил (Ref.:10 PT 65BN 3HB9)

Португалска компанија развила силициум диоксидни наночестички кои се обоени и кои можат да се применуваат за различни видови текстил на база на природни влакна, како што се памукот и волната, со цел да се добие природно обојување на влакната. Компанијата бара партнери-фирми за боење на текстил за потпишување договор за техничка соработка. Наночестичките во последниве неколку години наоѓаат примена во различни области како што се здравјето, електрониката, енергетиката и др. Иновираните наночестички можат да се применат во цврста форма, како емулзија или пак инкорпорирани во различни супстанци. Производството на овие високоефикасни наночестички базира на еколошки прифатлив метод со примена на нетоксични супстанци. Процесот на боење кај волната би бил на тој начин еколошки-пријателски (нема растворени бои во технолошките води од боењето) и помалку токсичен (нема тешки метали) во споредба со конвенционалните методи, а применувајки ја истата технолошка опрема. Исто така, процесот е економски поисплатлив бидејќи бара помалку вода и помала енергија, затоа што нема потреба од пост-третман. Инаку, еквивалентен е во однос на постојаноста како и производите боени со реактивните бои. Иновативни предности Развините наночстички ги имаат следните предности: на база на силициум диоксид; можат да се примнуваат во цврста форма, како мулзија или инкорпорирани во различни супстанци; еко-пријателски; може да се примнат за сите природни влакна. Дополнителни информации и лица за контакт: Проф. д-р Горан Дембоски, goran@tmf.ukim.edu.mk Проф. д-р Гордана Богоева- Гацева, gordana@tmf.ukim.edu.mk


ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА Ректор проф. д-р Велимир Стојковски Претседател на конзорциумот на ЕИИЦМ Универзитет „Св. Кирил и Методиј" Бул. „Крсте Мисирков", б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Доц. д-р Виктор Стојмановски проект менаџер Универзитет „Св. Кирил и Методиј" Бул. „Крсте Мисирков", б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: +389 (0)2 3293 204 Факс:+389 (0)2 3293 202 viktor@mf.edu.mk Maja Tасева заменик проект менаџер - бизнис и соработка Ул. Никола Вапцаров бр. 7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3120 132 Факс: ++389 (0)2 3135 494 maja@apprm.gov.mk м-р Габриела Костовска Богоеска заменик проект менаџер - трансфер на иновации, технологии и знаење Фондација М.И.Р. Ул. Орце Николов 147а/6, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3077 008; + 389 (0)2 3092 813 gabriela@mir.org.mk Проф. д-р Гордана Богоева- Гацева заменик проект менаџер - истражување и развој Универзитет „Св. Кирил и Методиј" Технолошко- металуршки факултет - Скопје Ул. Руѓер Бошковиќ, 16, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3073 600 Факс: +389 (0)2 3065 389 gordana@tmf.ukim.edu.mk

http://een.mk | info@een.mk | Unsubscribe

Европски информативен и иновативен центар во Македонија - http://www.een.mk


EIICM E-newsletter No.26