Studija turizam vo ipr mk

Page 88

Село, во кое денес е сместено седиштето на Ректоратот на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Туристички атрактивности: богата архитектура, поврзаност со голем број личности од македонската историја Потенцијални типови туризам: туризам на културно-историското наследство Забелешка: Ново Село е особено интересно за туристи од другите градови на Македонија со оглед на тоа дека ова место е поврзано со голем број личности од македонската историја. (4) Споменикот на Даме Груев е лоциран на околу 5 km од Берово во центарот на село Русиново. На 23 декември 1906 година на врвот Петлец во близина на село Русиново го загуби животот овој македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на македонската револуционерна организација.

Слика 26. Споменикот на Даме Груев во с. Русиново.

Туристички атрактивности: историска знаменитост. Потенцијални типови туризам: туризам на културно-историското наследство Забелешка: Треба да се направат напори за поголема промоција на ова место преку интегрирана понуда со други видови туристички понуди. (5) Дом на АСНОМ во центарот на Делчево е грандиозен објект во центарот на Делчево, изграден во втората половина на XX век и бил еден од најголемите домови на културата во тогашна Југославија. Туристички атрактивности: грандиозен објект во центарот на Делчево Потенцијални типови туризам: туризам на културно-историското наследство

83


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.