Page 1

I ФАЗА

СЦ Царев Врв • Скијачкиот центар Царев Врв ќе го сочинуваат систем на скијачки стази со различна тежина, должина и наклон, кои ќе бидат поврзани со систем од 5 жичари и скилифтови со различен капацитет. Во рамките на скијачкиот центар предвидени се и сместувачки капацитети, како и угостителски капацитети, од кои дел ќе бидат лоцирани на самите стази.

Студија за развој на ски-центарот „Пониква“ на Осогово

- Максимален капацитет од 2500 скијачи/бордери - 2 жичари, 1 ски лифт - 6 патеки со вкупна должина од 7,7 км - Сместувачки капацитети 1225 кревети

- 4 жичари, 1 ски лифт - 13 ски патеки со вкупна должина од 20 км - Сместувачки капацитети од 3480 кревети - Базна населба и викенд населба

ФАЗЕН РАЗВОЈ НА ЛОКАЛИТЕТОТ ЦРН ВРВ

Категорија на стази

максимален наклон

должина

процент од вкупно

лесни

до 25%

434

5,72%

средни

до 45%

4177

55,10%

тешки

до 80%

2970

39,18%

Бизнис и конгресен туризам Спа и Wellness центар Проекти кои : а. Snowboard парк б. Атрактивни планински колиби за друштвени активности после скијање (Apes Ski) в. Моторни санки г. Планински велосипедизам д. Концепт планински тури ѓ. Прошетки и планинарење на снег е. Јавање коњи и возење со кочија и/или санка

Потребни инвестиции I фаза: 19 милиони евра Штип 2012 година


ВИЗИЈА: Осоговските Планини и Пониква Посакувана планинска дестинација во Југоисточна Европа (атрактивна дестинација за зимска и летна сезона) Остварување на визијата за развој на Осоговцките планини и Пониква ќе придонесе за економскиот развој на целиот регион и ќе допринесе во подигнување на квалитетот на живот на локалното население. Успехот ќе биде постигнат согласно принципите на одржливиот развој, запзаувајќи ги еколошките стандарди, со што Осоговските планини ќе станат најдобар пример на планинска дестинација. Туристичкото позиционирање на Осоговските планини е: Осоговските планини се одржлива планинска дестинација, која нуди туристички производи во недопрена природа и во текот на целата година за сите видови на гости. Осоговските планини се дестинација која нуди рекреација, одмор и бизнис настани. Концепт за развој на туризмот на Осоговските планини: • Планинската дестинација Осоговски Планини ќе се состои од два базни подрачја и тоа: • Спортско рекреативен центар Пониква во кој ќе биде разместена дел од сместувачките капацитети и останатите туристички капацитети и содржини • Скијачки центар Царев Врв во кој ќе бидат сместени поголем дел од сместувачките капацитети и планинската инфраструктура

СРЦ Пониква • Спортско рекреативниот центар Пониква првенствено ќе има содржини кои ќе бидат насочени кон развој на ски стази за алпското скијање наменети за деца и почетници, потоа разни зимски содржини наменети за нескијачи како што се санкање, спуштање со гума, лизгање на лед, зимски парк, зимски детски паркови, прошетки, возење на моторни санки, како и целокупна инфраструктура потребна за развој на нордиското скијање и биатлон. СРЦ Пониква ќе има услови за спортски туризам, односно ќе има соодветна инфраструктура за разни спортови ( сала, игралишта за разни спортови ), како и понуда за алтернативни форми на туризам (авантура, природа и др.). Пониква ќе биде современ спортско рекреативен центар и забавен парк за деца во текот на целата година.

- Максимален капацитет од 1590 скијачи/бордери - ново планирани 2 жичари, 1 ски лифт и 2 постојни ски лифта - 5 ски патеки со вкупна должина од 3,1 км - 1 стаза за санкање со должина од 2,2 км - Новопланирани сместувачки капацитети 600 кревети Проекти : 1. Стаза за санкање 2. Стази за нордиско скијање и биатлон 3. Ски парк за деца и почетници 4. Зимски и летни стази за спуштање со гумени чамци 5. Лизгалиште 6. Парк за планински велосипедизам 7. Авантуристичко игралиште за деца 8. Snowboard парки парк за почетници 9. Атрактивни планински колиби за друштвени активности после скијање (Apes Ski) 10. Моторни санки 11. Тобоган стаза 12. Концепт планински тури 13. Прошетки и планинарење на снег 14. Јавање коњи и возење со кочија и/или санка 15. Повеќе наменска спортска сала и спортски терени Потребни инвестиции: 11 милиони евра

Флаер - Пониква  

Студија за развој на Ски центар Пониква на Осогово со идејни решенија

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you