Issuu on Google+

КСЕНОФОН УГРИНОСКИ КРСТЕ ВАСИЛЕСКИ

ГРАЃАНСКO ОБРАЗОВАНИЕ ЗА VII ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОСМОГОДИШНОТО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Рецензенти: д-р Владо Петровски Билјана Синадиновска Шотаровска Татјана Георгиевска

ПРЕДГОВОР Учебникот е изработен според новата наставна програма по Граѓанско образование за учениците од седмо и осмо одделение, на деветгодишното образование во Р. Македонија. Има за цел да ви помогне во стекнувањето на знаења и способности, потребни за живот во нашето граѓанско општество, но и како идни граѓани на Европа. Од него ќе дознаете повеќе за суштината на демократијата, нејзините почетоци, развојот и демократските вредности. Ќе можете да ја согледате разлика помеѓу животот во демократските и недемократските општества, но и да сфатите дека не постои демократија без почитување на човековите права. Од содржините кои се однесуваат за Европската унија ќе дознаете кога, како и зошто настанала таа, која е идејата на европската интеграција и какви се придобивките на земјите-членки од Унијата. Од особена важност е што во овој учебник ќе можете да прочитате и за процесот на вклучување на Р. Македонија во Европската унијата, како едно од најактуелните прашања во последните неколку години. Во учебникот, низ текстот, вградени се и слики и илустрации, кои ги дообјаснуваат обработените содржини, ќе го зголемат вашето помнење, но очекуваме дека ќе предизвикаат кај вас поголем интерес за учење. На крајот на секоја обработена содржина во учебникот (лекција), авторите на овој учебник составија прашања, вежби и задачи на кои вие треба да одговорите. На тој начин ќе можете сами да го проверите и оцените вашето знаење, пред да го направи тоа вашиот наставник. Овој учебник освен знаења од областите: демократија, човекови права и европско обединување, ќе ви овозможи да развиете и некои интелектуални и социјални вештини. Да формирате позитивни ставови кон правдата, одговорноста, вистината. Да го почитувате сопственото мислење, но и мислење на другите. Ќе се оспособите да ги решавате проблемите во училиштето и во заедницата преку разговор, толеранција и изнаоѓање компромисни решенија. Ќе знаете како да ги заштитите сопствените права, но да не ги повредите правата на другите. Ќе развиете критичко мислење и ќе можете активно да се вклучите во животот на заедницата. Тоа ќе ви биде знак дека овој учебник навистина ја постигнал својата цел. Авторите

СОДРЖИНА ПРЕДГОВОР ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ ШТО Е ТОА ШТО ГО ПРАВИ ЧОВЕКОТ ПОСЕБЕН.........................................8 ИДЕНТИТЕТ КАКО ЧОВЕКОВА ПОСЕБНОСТ................................................10 ЖИВОТНИОТ СТИЛ КАКО ЧОВЕКОВА ПОСЕБНОСТ.................................12 ЛИЧНИ И ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ............................................................15 ОД ПОТРЕБИТЕ ДО ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА.................................................19 НАСТАНОК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА..........................................................21 ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ.................................................................25 ЕКОНОМСКИ, СОЦИЈАЛНИ И КУЛТУРНИ ПРАВА......................................28 ПРАВАТА НА ДЕТЕТО.....................................................................................31 ПРАВАТА НА ЖЕНАТА....................................................................................34 ПРАВО НА РАЗЛИЧНОСТ И БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА.....37 СТЕРЕОТИПИ И ПРЕДРАСУДИ – ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА.........39

ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСTВО ДЕМОКРАТИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ...........42 ДЕМОКРАТСКАТА ДРЖАВА И ДРУГИ ФОРМИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ..........................................................................45 КОЈ ПРИПАЃА И УПРАВУВА ВО ДЕМОКРАТИЈАТА...................................48 ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА................................................51

ЕВРОПСКА УНИЈА СОЗДАВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА......................................................56 ТРИТЕ НАЈВАЖНИ ИНСТИТУЦИИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА...................60 КАКО РАБОТИ УНИЈАТА................................................................................62 СЛОБОДАТА, ПРАВДАТА И БЕЗБЕДНОСТА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА..64 ЕВРОПСКА УНИЈА И ЕВРОПСКИ ИДЕНТИТЕТ...........................................66 МАКЕДОНИЈА КАКО ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО......................68

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА....................................71 РЕЧНИК................................................................................................72

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ  Што е тоа што го прави човекот посебен  Идентитет како човекова посебност  Животниот стил како човекова посебност  Лични и заеднички вредности  Од потребите до човековите права  Настанок на човековите права  Граѓански и политички права  Економски, социјални и културни права  Правата на детето  Правата на жената  Право на различност и борба против дискриминацијата  Стереотипи и предрасуди – форми на дискриминација

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

ШТО Е ТОА ШТО ГО ПРАВИ ЧОВЕКОТ ПОСЕБЕН Човекот, како и сите други живи суштества, се раѓа, ги задоволува своите биолошки потреби, се развива, старее и умира и затоа велиме дека и за него важат законите на природата. И додека животните во борбата за опстанок се потпираат на своите инстинкти, човекот тоа го постигнува со помош на својата интелигенција, односно способноста да осознава.

Човекот оди исправено. Исправениот од му овозможува да биде физички активен и поинаку да го осознава светот околу себе. Способноста за мислење му овозможува тој да учи, да стекнува знаења, да го истражува и да ги разбира светот на поинаков начин. Артикулираниот говор и употребата на различни знаци, симболи, средства за комуникација, му овозможуваат на човекот да соработува со другите луѓе, да ги пренесува знаењата од генерација на генерација. Човекот живее во заедници и работи, што не е карактеристично само за човекот. И животните живеат во заедници и работат, но животот на човекот во заедницата (општеството) е 8

многу посложен. На пример, во едно пчелино семејство постои ред и организација. Работата е поделена и секоја пчела, во зависност од нејзината старост, извршува определена задача. Едни ги хранат ларвите, други чуваат стража пред влезот од сандакот бркајќи

ги натрапниците, трети носат нектар, а останатите го разладуваат сандакот мавтајќи со крилцата. Но, сето тоа пчелите го прават несвесно. Човекот е посебен затоа што тој работи свесно, плански и со однапред поставена цел.Во секое општество, без разлика колку е развиено, постојат правила. Човекот ги почитува правилата. Тие му покажуваат што е добро и корисно за заедницата, а што не и според нив тој го насочува своето однесување. Само во општество постојат

вредности. Човекот се стреми и настојува да ги оствари вредностите. Такви се: животот, успехот во професијата, правдата, богатството, храброста, вистината и многу други. Посебноста на човекот се состои и во поседувањето морална свест или совест. За луѓето не е својствено да убиваат, да крадат, да се служат со измама. Тие постапуваат на одреден начин не само затоа што од нив така се бара, или затоа што се плашат од казни, туку затоа што се човечни. Човекот има голем број потреби и за нивно задоволување му се потребни други луѓе. Затоа тој мора да соработува со другите: во училиште, на работно место, во продавница, на гости кај пријатели,

на спортски натпревари, културни манифестации зашто тогаш човекот е заедно со други луѓе. Животот на човекот се одвива во институции. Тој се раѓа во институцијата наречена породилиште, стапува во институција брак, создава семејство, работи во државна или приватна институција, стекнува знаење во образовна институција, правдата ја бара на суд, а за сторен криминал оди во затвор. Бракот, семејството, фирмите, училиштата, судовите, полицијата, затворите со едно име се нарекуваат општествени институции. Без нив животот во заедницата би бил хаотичен. Токму тие ги уредуваат односите меѓу луѓето.

КЛУЧНА ИДЕЈА Човекот живее во природата, ги користи благодетите што му ги дава таа, но создава свој свет кој одговара на неговите потреби, желби и творечки способности. Тој свет може да се нарече општество, култура. И бидејќи само човекот има вакви способности да создава свет по своја мерка, за него велиме дека е посебен, поразличен од сите други живи суштества.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Може ли човекот да живее надвор од општеството? 2. Откриј ја главната идеја во реченицата „Човекот работи, ја менува природата и создава свет по своја мерка”? 3. Посочи примери кога човекот се однесува нечовечно, не ги почи тува правилата, не соработува, се однесува несовесно и неодговорно. Идентификувај ги последиците од таквите однесувања.

9

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

ИДЕНТИТЕТ Каков е идентитетот на еден поединец кој живее во Америка, редовно оди на миса во католичка црква, член е на Републиканската партија, не работи, оженет е, има три деца, а етничкото потекло му е италијанско. Од примерот може да се заклучи дека поединецот има онолку идентитети колку што има улоги во заедницата: полов- преку кој можеме да утврдиме дали поединецот

Откриј го својот идентитет

„Мојот идентитет е она што ме прави да не сум ист ниту со една друга личност”

е маж или жена; старосен/ возрасен - преку кој утврдуваме дека поединецот не е дете, туку возрасен, национален-од кој дознаваме дека тој е Американец; етнички – има италијанско потекло; верски идентитет - кој ни открива дека поединецот е католи��. Од пода10

токот дека поединецот е член на Републиканската партија дознаваме каков е и неговиот политички идентитет. Професионалниот идентитет на поединецот, во нашиов пример, не можеме да го утврдиме бидејќи тој е невработен, но затоа тој има семеен идентитет, бидејќи е оженет и има деца. Поединецот има и културен идентитет бидејќи во американското општество во кое тој живее, постојат одредени вредности, норми, обичаи. Овој вид идентитет е особено значаен. Тој им овозможува на поединците да се чувствуваат како припадници на една култура, да имаат исти или слични склоности, идеи и стремежи, заеднички јазик, обичаи, традиција, вредности, начини на однесување. Научниците тврдат дека во последно време поединците многу често доживуваат криза на идентитетот. Тоа е процес во кој поединецот ги

преиспитува сопствениот идентитет и претходно усвоените вредности. Ова најчесто им се случува во периодот на адолесценција. Тогаш младите се двоумат дали и понатаму да се придржуваат кон семејната (родителска) култура, или пак да ја прифатат културата на своите врсниците која бара од нив нови начини на однесување, облекување, промена на надворешниот изглед, тетовирање, пирсање, слушање транс музиката и сл.

КЛУЧНА ИДЕЈА Непознавањето себе си и другите е причина за нетрпеливост меѓу луѓето која може да заврши со непријателство, насилство, војна. Преку познавањето на идентитетите луѓето добиваат информации едни за други, формираат точни претстави едни за други, се дружат, соработуваат. На тој начин го зајакнуваат чувството на припадност во заедницата. Затоа е важно да се знае што е идентитетот и како тој се гради. Во секоја човечка заедница постојат различни начини на живот, се почитуваат различни вредности и луѓето се изложени на различни предизвици. За да го направи вистинскиот избор, секој поединец треба добро да се познава себе си, сопствените чувства, потреби и желби, да знае што мислат другите за него.

ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ Откриј го сопствениот идентитет. Опиши што најмногу ти се допаѓа кај себе си. Oбиди се да ги запознаеш идентитетите на сите оние со кои живееш, се дружиш, соработуваш. Провери колку ги познаваш другите околу себе. Потоа напиши состав во кој ќе објасниш што е тоа што би го променил во сопствениот идентитет. Утврди дали е потребно да го промениш своето однесување кон некого.

11

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

ЖИВОТНИ СТИЛОВИ Човекот во текот на животот минува низ повеќе развојни периоди: детство, младост, зрелост и старост. Во детството, кое трае се до осумнаесеттата година, за него се грижат родителите и тие се одговорни за неговиот живот. Го облекуваат според нивниот вкус, му избираат училиште во кое ќе учи, го советуваат со кои другари да се дружи, а со кои не. Тие определуваат што е за

Секој има право да го избере својот животен стил. Кои животни стилови не ги оправдуваш и зошто?

луѓето постојат различни стилови на живот. Животниот стил покажува колку еден поединец може слободно да ги искаже своите желби, вкусови, знаења и вредности во заедницата во која живее. Но, бидејќи луѓето имаат различни желби, вкусови, знаења и вредности, тоа значи дека секогаш ќе постојат разлики во нивните животни стилови. Така, на пример, некои поединци ги градат куќите исклучиво од камен или дрво, собите ги уредуваат со старомоден мебел, се греат со ками-

него добро, а што не е. После осумнаесеттата година поединецот слободно избира на кој начин ќе живее, односно избира свој животен стил. Изборот ќе го направи во зависност од своите лични сфаќања и убедувања за тоа што е добар живот. Како што во музиката, уметноста, архитектурата, литературата постојат различни стилови, така и кај 12

ни, а во дворовите копаат бунари, сакајќи со тоа да им покажат на другите дека многу повеќе ги почитуваат традиционалните вредности и обичаи на својата заедница. На некои луѓе повеќе им се допаѓа

зголемуваат разликите во нивните животни стилови. На пример: Пред педесетина години најголем број од Европејците и Американците биле убедени дека бракот помеѓу мажот и жената е природна фаза од животот на луѓето и затоа најголем дел од луѓето склучувале бракови. Бракот претставувал животен стил. На сите моми и ергемузиката на Бетовен и Моцарт, на други така наречената турбо-фолк музика, а на трети, најчесто на младите, поп-музиката, трансот, хип-хоп музиката и на тој начин го искажуваат својот животен стил. Меѓутоа, често пати се случува поединците да мечтаат за поинаков животен стил од оној кој го избрале. Една од причините за тоа е недостатокот на материјални средства. Еден поединец кој мечтае да има автомобил, со купувањето на автомобилот, во голема мара би го променил својот животен стил. Тој на работа би одел со возило, би пату-

Спореди ги стиловите на живот

ни кои не успеале да стапат во брак, се гледало со презир. Денес, бројот на луѓето кои избрале да живеат вон брак е се поголем. Така на пример, во скандинавските земји е голем бројот на мажи и жени кои живеат заедно, а не склучиле брак. Една четвртина од жените во Европа и Америка, на возраст помеѓу 18 и 35 години, изјавиле дека немаат намера да имаат деца. Луѓето во минатото немале можности да го изберат својот животен стил. Ним им било пропишувано како треба да живеат. Така

Приврзаници на хип-хоп стил во музиката

вал во градови и држави во кои пред тоа никогаш не бил. На тие патувања би запознавал луѓе кои живеат на поинаков начин. Од ова може да се заклучи дека колку разликите во имотната состојба помеѓу поединците се поголеми, толку повеќе се 13

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

на пример, во феудална Европа на буржоазијата и се забранувало да поседува кочии и да носат хермелински крзна, а селаните морале да се облекуваат исклучиво во црна и кафена боја. На докторите

и на судиите им било дозволено да носат крзна како благородниците, а на жените на трговците им било забрането да облекуваат наметки во повеќе бои и во риги.

КЛУЧНА ИДЕЈА Луѓето се разликуваат според многу нешта: полот, возраста, бојатата на кожата, верата, јазикот. Тие се разликуваат и според начинот на живот (животниот стил) затоа што имаат различни желби, потреби, вкусови, знаења. Каков животен стил ќе избере поединецот, најмногу зависи од воспитанието и од вредностите кои ги усвоил во заедницата (културата) во која живее. Затоа секогаш ќе постојат разлики во животните стилови на луѓето и тие разлики меѓусебно треба да се почитуваат.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Опиши го твојот стил на облекување и стилот на музиката кој ја слушаш. Кој најмногу влијае врз твојот избор на одредени стилови? Дали би сакал да смениш нешто во сегашниот стил на живот? 2.Прочитај го примерот, а потоа објасни на кој начин човекот му робува на животниот стил што го избрал? Го запрашале еден американски земјоделец: „Зошто толку многу работиш?“ Тој одговорил: „За да произведам повеќе жито”. Кога го прашале зошто го сака тоа, тој одговорил: „Да заработам повеќе пари.“ Кога го прашале зошто му требаат повеќе пари, тој одговорил: „Да купам повеќе земја.“ И на крајот, кога го прашале што ќе му е повеќе земја тој одговорил: „Да произведам повеќе жито.“

14

ЛИЧНИ И ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ Се смета дека вредностите се првото нешто што децата го учат уште во најраната возраст, преку воспитанието, образованието, до сопственото или од туѓото искуство. Кои вредности ќе се формираат кај детето, зависи од повеќе фактори: семејството, црквата, групата на врсници, средствата за јавно информирање. И затоа, за некои деца парите стануваат најголема вредност, за други тоа е добрата забава, за трети добрите

Мајка Тереза

односи во семејството, за четврти среќата во љубовта, успех во политиката, но има и такви кои и лесното богатење го сметаат за вредност. Вредностите се разликуваат од општество до општество. Но, сепак постојат темелни вредности кои важат за сите луѓе и сите општества, а тоа се: животот, слободата, еднаквоста, различноста, правдата, лојалноста, човековото достоинство, храброста, работливоста, човековите права. Животот е снова на настанувањето, на постоењето и на развојот на човекот. Животот го одржува човечкиот род, културата, цивилизацијата. Тој ја обезбедува непрекинливоста на живеењето, ги поврзува минатото, сегашноста и иднината, ја одржува врската помеѓу прадедовците, дедовците, татковците и синовите.

Животот е најголема вредност на овој свет. Човеково достоинство се нарекува потребата на човекот да биде почитуван Таа потреба му е вродена и затоа оние кои управуваат со општеството треба да го отстранат се она што му штети на достоинството. Познатата хуманитарка Мајка Тереза, преку својот личен пример докажа колкава е вредноста на животот и достоинството на човекот. Кога ја запрашале што е животот, таа одговорила: „Животот e вредност која треба да се негува, богатство кое треба да се чува, тајна која треба да се пронајде, химна која треба да се пее, борба која треба да се прифати, љубов во која треба да се ужива, тага која треба да се надмине, убавина на која човекот треба да и се восхитува, задача која треба да се заврши”. Живот и достоинство Живото�� е снова на настанувањето, на постоењето и на развојот на човекот. Животот го одржува човечкиот род, културата, цивили15

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

зацијата. Тој ја обезбедува непрекинливоста на живеењето, ги поврзува минатото, сегашноста и иднината, ја одржува врската помеѓу прадедовците, дедовците, татковците и синовите. Животот е најголема вредност на овој свет. Човеково достоинство се нарекува потребата на човекот да биде почитуван Таа потреба му е вродена и затоа оние кои управува-

прифати, љубов во која треба да се ужива, тага која треба да се надмине, убавина на која човекот треба да и се восхитува, задача која треба да се заврши”. Лојалноста како вредност

ат со општеството треба да го отстранат се она што му штети на достоинството. Познатата хуманитарка Мајка Тереза, преку својот личен пример докажа колкава е вредноста на животот и достоинството на човекот. Кога ја запрашале што е животот, таа одговорила: „Животот e вредност која треба да се негува, богатство кое треба да се чува, тајна која треба да се пронајде, химна која треба да се пее, борба која треба да се 16

Луѓето живеат во заедници во кои постојат одредени правила. Без нив животот би бил хаотичен, неорганизиран. Некои луѓе не ги прифаќаат правилата бидејќи сметаат дека тие им ја ограничуваат слободата, но оние кои ќе ги прифатат, имаат обврска да се однесуваат според тие правила. Значи, од правилата произлегуваат обврските на луѓето. Еден фудбалер има обврска редовно да доаѓа на тренинзи, бидејќи такви се правилата во фудбалскиот клуб. Училишните правила му наметнуваат на ученикот обврска да ги пишува редовно домашните задачи. Брачните другари имаат обврска да обезбедат егзистенција за членовите на семејството, лекарот да ги лекува болните и тн. Кога поединците совесно и одговорно ги извршуваат обврските кон заедницата, велиме дека се лојални граѓани.

Работата како вредност „Човекот преку работата не ја преобразува само природата и општеството, туку се усовршува и себе си” Работата е свесно и насочено дејствување на човекот врз предметот на работа заради задоволување на некоја лична потреба. Повеќето мислители се согласуваат дека работата ја сочинуваат знаењата, вештините и способностите на човекот. Карл Маркс прв

Лојалните граѓани лесно се препознаваат.

го согледал влијанието на работата врз човекот. За него работата има човекотворно влијание, односно таа го очовечува. Правдата како вредност Правдата е состојба во која повеќето, или сите членови на заедницата, имаат исти права, можности и обврски. Така на пример, ако никој е лишен од прехранбени артикли, домување, образование и емоционална грижа, тогаш велиме дека кај него е направена неправда. Големиот атински политичар, законодавец и поет Солон, кој живеел во 6- от век пред н.е., прв ја применил идејата за еднаквост и правда при уредувањето на односите

во општеството во кое живеел. Тој донел закон со кој го нормирал животот на граѓаните, ги определил нивните политичките права и должности и го ограничил луксузот. Тој забележал дека со појавата на парите, се промениле односите помеѓу луѓето во општеството. Заради увозот на евтина пченица, цената на атинската пченица станала ниска. Тоа ги натерало производителите да садат други култури како што се: маслинките, виновата лоза или смоквите. Но, ова можеле да го направат само богатите земјосопственици. Селаните биле принудени да ја продаваат земјата и да заминат в град или да позајмуваат пари. Кој не можел да ги врати парите, ја губел слободата, а заемодавателот можел должникот да го продаде како роб. На нивите биле поставувани камени столбови на кои била запишана висината на долгот. За да ја спаси државата од војна помеѓу богатите и сиромасите, Солон донесол Закон за поништување на долговите и од нивите ги отстранил камените должнички столбови. Потоа ги откупувал оние кои биле продавани како робови. Еднаквоста и слободата како вредности Луѓето се различни меѓусебе по многу нешта. Живеат во различни 17

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

заедници, зборуваат на различни јазици, им се поклонуваат на различни богови. Дури и во рамките на иста заедница луѓето се разликуваат според: богатството, угледот, учеството во власта, образованието и работата која ја обавуваат. Како можат тогаш тие да бидат еднакви? Еднаквоста се гледа во еднаквите права.

Но, еднаквоста не може да се одвои од слободата. За некого велиме дека ужива слободи ако тој во заедницата може да го искаже своето мислење, да избере училиште во кое ќе се образува, ако самостојно располага со имотот што го поседува, избира место на живеење и самостојно одлучува каде ќе патува.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ Правдата се доживува на различни начини. Анализирај го примерот, а потоа обиди се да ја определиш правдата. Класниот раководител на 7а одделение донел чоколадна торта и им рекол на своите ученици: „Што мислите како би било најправедно да ја поделиме тортата?” Еве кои предлози ги добил класниот раководител од учениците: 1.„Ние денес сме 20, значи секој треба да добие по една дваесетина.” 2.„Меѓу нас има 10 ученици кои на големиот одмор појадуваа. Мислам дека ние останатите 10 ученици кои не појадувавме, треба да добиеме поголеми парчиња торта од нив.” 3.„Не, напротив, тортата е десерт и се јаде после ручек, а не на празен стомак.” 4.„Јас мислам дека ние сме само 9 машки во одделението и треба да добиеме најголеми парчиња торта. 5. „Не е фер само ние да јадеме, а да не му оставиме парче на Јовица. Денес е отсутен.” 6.„Не треба однапред да се дели. Земете сите по една лажица, па кој колку може нека изеде од тортата”. 7.Најдобро е да се гласа. Кој ќе добие најмногу гласови. нека ја изеде целата торта.“

КЛУЧНА ИДЕЈА Без вредности човекот не би можел да живее. Тие се еден вид патокази кои му покажуваат на човекот што е добро, важно, ценето, корисно во заедницата во која живее, она за што вреди да вложува напор. Тие му помагаат на човекот правилно да го насочува своето однесување, да го направи вистинскиот избор (да избере квалитетно образование, ценето занимање, брачен другар, пријател и сл).

18

ОД ПОТРЕБИТЕ ДО ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА Во секојдневниот живот, луѓето многу често го употребуваат терминот човекови права со значење на нешто што им припаѓа само ним. Човекот е причина за постоењето на човековите права, односно тие се создадени заради него. Човековите права во суштина се правила со кои државата го определува начинот на однесување на луѓето во заедницата, со цел да ги задоволат своите потреби.

За да опстане, човекот мора да задоволи голем број потреби. Такви се потребите за топлина, храна, вода, дом, сексуалните потреби, потреба да избегнува болка, потреби за сигурност. Човекот има потреба и за соработка и пријателството со другите луѓе, потреба од почитување, потреба за личен успех затоа што сака да се натпреварува, докажува и усовршува. Оттука произлегува дека потребите се сите оние нешта без кои човекот не може да живее, односно се она што му е потребно за достоен живот. Човекот има и желби. Тие се нештата што човекот ги посакува. Се поставува прашањето дали на човекот секогаш му било дозволено да ги задоволи своите потреби. Досегашната историја покажува

дека човекот живеел во различни општества и немал секогаш можности да ги задоволи своите потреби. Во некои класни општества, не само што не можел да ги задоволи потребите, туку човекот бил продаван, купуван, измачуван од оние

што ја поседувале власта. Во ваквите општества постоеле нехумани односи и властодршците се грижеле само за сопствените потреби и интереси и ги занемарувале потребите и интересите на обичниот човек. Во некои општества власта

Кои потреби на човекот се претставени на илустрациите? Подреди ги според нивната важност! 19

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

формално нги почитувала потребите на луѓето (останувале запишани на хартија), но во секојдневниот живот не се ни обидувала да создаде услови за нивно задоволување. Од тие причини, помеѓу власта и луѓето постојано постоела напнатост која многу често се претворала во вооружен судир. Напорите на

луѓето низ историјата да ја натераат власта да ги воочи, дефинира, признае и заштити нивните основни потреби, се познати како борба за човековите права. Кога пак власта ќе ги признае и заштити човековите потреби, тогаш потребите се претвораат во човекови права.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ Напиши во табела 5 желби и 5 потреби кои ги имаш, а потоа обиди се да откриеш дали за секоја твоја желба и за секоја потреба постои право со кое тие се заштитени. За да ја решиш задачата, користи ја листата на меѓународно признаени човекови права. Листа на меѓународно признаени човекови права:  еднаквост на правата без дискриминација;  живот;  слобода и сигурност на поединецот;  заштита од мачење и од сурова и нечовечна казна;  еднаква заштита од законот;  заштита од произволно апсење и од притвор;  сослушување од независен и непристрасен суд;  невиност;  заштита на приватноста, на семејството и на домот;  слобода на движење и на престој; ��� националност;  венчавање и создавање семејство;  поседување сопственост;  слобода на мислата, на совеста и на религијата;  слобода на мислење, на изразување и на печат;  слобода на собирање и на здружување;  општествена сигурност;  слободни синдикати;  одмор и разонода;  специјална заштита за децата;  образование;  учество во културниот живот;  самоопределување.

КЛУЧНА ИДЕЈА Човековите права му овозможуваат на човекот да ги задоволи своите основни потреби. За еден човек велиме дека ги ужива своите права ако државата му обезбедила достоен живот: да има пристоен дом, да се образува, да работи и за тоа да добие соодветен надомест, да се занимава со наука, да избере во кој бог ќе верува, да создава материјално и духовно богатство. Треба да се прави разлика помеѓу желбите и основните потреби, зашто човековите права ги штитат само основните потреби на човекот. Но, во современото општество потребите на човекот постојано се зголемуваат и поради тоа постојано се проширува и списокот на човекови права.

20

НАСТАНОК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА Потекло и развиток на идејата за човекови права Идејата за човековите права, како и за сите други важни поими поврзани со нив (живот, слобода, еднаквост, правда), е стара. Уште античките филозофи ги проучувале човековите вредности и настојувале да го определат однесувањето на човекот кон себе и кон другите во заедницата. Настојувале да одговорат на прашањата: каков треба да биде човекот, кои се неговите потреби, со што треба да се одликува, кон што треба да се стреми и од што треба да се воздржува. Од песните на Хомер може да се заклучи дека во негово време не се почитувале и ценеле сите луѓе подеднакво. Повеќе се ценеле луѓето кои се одликувале со физички способности, особено победниците на

спортските натпревари. Се ценела и војничката храброст и богатството, Преку нив се истакнувала личноста на поединецот. Но, бидејќи главната воена сила ја сочинувале благородниците, тие биле славени како херои. Дури подоцна војничката храброст се ценела како херојско дело во интерес на заедницата.

„Туку борете се заедно кај бродовите; ако пак некој погоден биде или турнат, и смртта го стаса, нека умре и не е срамота да се погине бранејќи ја татковината родна.” (Хектор пред Тројанците)

Правдата како божја милост

Кај античкиот поет Хесиод, (8 век пред н.е.), работата и правдата се најчести мотиви во неговите песни. Ја истакнува работата како човечка одлика која создава благосостојба и сигурност во општеството. Работата и правдата ги сметал за мерила според кои се определувал моралот на поединците. Во својата песна „Работа и денови” тој вели: „Секогаш внимавај на правдата и насилство никогаш не смислувај, на луѓето закон - ваков им наредил Богот вишни; рибите, грабливите ѕверки и птиците крилести едни другите да ги јадат, бидејќи за правда не знаат; на човекот му подари правда и таа е најголемото добро.”

Хесиод бил првиот Европеец кој ја истакнал вредноста на работата за човечкиот живот. Сметал дека само со работливата рака луѓето ќе го совладаат злото. Ќе станат морално 21

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ Човековите права во средниот век добри и ќе постигнат благосостојба и сигурност. „Само со работа човекот стадо и богатство спечали. Со работа тој и помил на Боговите им станува вечни; Работата не е срамота, срамота носи безделничењето.”

Според Аристотел, „луѓето по природа се или слободни или робови. Господарот е сопственик на робот кој нему сосема му припаѓа, бидејќи оној кој по природа му припаѓа на другиот, а не на самиот себе, е роб. Робот е нечија сопственост, а сопственоста е средство за употреба и затоа господарот има право да се служи со робот. Робот е жив дел од имотот, тој е живо орудие. Робовите се неопходни заради одржување на семејството, но и за да можат граѓаните да бидат ослободени од вршење тешки физички работи. Тие треба да имаат слободно време да се подготвуваат за извршување на државните работи.” На заблудите на Аристотел им се спротивставил Алкидамант. „Слободни сите ги пуштил господ, никого природата не го направила роб”. Со оваа реченица од „Месенската беседа”, Алкидамант ги заштитува човечкото достоинство и човечката слобода како природи права на човекот. Подоцна истата реченица ќе се најде и во првиот член од Француската декларација за правата на човекот и гласи: „Луѓето се раѓаат и остануваат еднакви во своите права.” 22

Животот на луѓето во средниот век се одвивал според црковните правилата. Со пропаѓањето на Римското Царство, луѓето изгубиле доверба дека државната власт и науките можат да им го подобрат животот. Единствената надеж ја гледале во христијанското учење, според кое животот може да им се подобри само ако ја придобијат милоста Божја. А за да се случи тоа, луѓето морале да се откажуваат од некои своите потреби. Црквата барала од нив да бидат понизни, да се откажуваат од богатството, да не ја истакнуваат сопствената личност и да не

Правдата како божја милост

бараат признанија за сопствените постапки. Во христијанската религија, еднаквоста и правдата меѓу луѓето е изразена преку заедничката вера во Исус Христос. Десетте божји заповеди се сметале за правила според кои луѓето го насочувале своето однесување.

Нововековни сфаќања за човековите права Во 1215 година во Англија, е изработен документ што ќе биде основа за идните големи декларации за правата на човекот, познат под името ,,Magna Carta Libertatym“ - Големата повелба на слободата. Повелбата настанала како револт на бароните - феудалци против кралот Џон кој ги ограничувал нивните права. Кога кралот Џон ги одбил нивните барања, тие кренале цела војска и го принудиле да ја потпише Големата повелба, но и да ја потврди со својот печат. Таа содржи 63 членови, од кои повеќето се права во полза на земјопоседниците и на Црквата. Подоцна, извесен број одредби од Повелбата се однесувале на сите луѓе во Англија. Повелба имала за цел да ги заштитува слобода-

Елеонор Рузвелт со Универзалната декларација за човекови права та и имотот на Англичаните. Во неа се вели: „Англичаните се слободни. Ниеден Англичанец не е роден како нечиј роб. Тие имаат право на заштита на имотот. Правото на слобода и правото на имот се природни права и не можат неоправдано да бидат одземени. Во август 1789 година феудализмот во Франција престанал да постои. Власта на кралот Луј XVI била срушена и преминала во раце-

Мажи и жени, стари и млади, црни, бели, верници и неверници - сите имаат исти права

те на претставниците на народот (Собранието). Сите Французи станале еднакви пред Законот, плаќале еднакви даноци и имале право на сите државни функции. На 26 август 1789 година, Народното собрание на Франција ја донело Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот. Во неа стои: ,,Луѓето се раѓаат и остануваат слободни и еднакви во своите права”. Државата мора да ги гарантира неотуѓивите права на човекот и граѓанинот и тоа: слободата на мислење, слободата на вероисповед, заштита од самоволно притворање и наметнување даноци, правото на сопственост, правото на глас условено од поседување имот. За време на Втората светска војна, германскиот нацизам изврши геноцид врз Евреите и Ромите. Тоа ја натера Меѓународната заедница да подготви документ со кој ќе ги уреди правните и хуманите односи помеѓу државите и ќе го одржи мирот. Документот е наречен Универзална декларација за правата на човекот, а автори на текстот се луѓе кои потекнуваат од различни делови на светот: Елеонор Рузвелт од Соединетите Американски Држави, 23

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

Пен Чунг Чанг од Кина, Рене Касен од Франција и арапскиот дипломат Чарлс Малик. Универзалната декларација за правата на човекот е усвоена на Генералното собрание на Обединетите нации во Париз, на 10 декември 1948 година и содржи 30 членови. Универзалната декларација е создадена затоа што: ,,непочитувањето и презирањето на правата на човекот води кон варварски постапки кои ја навредуваат совеста на човештвото; заради создавање свет во кој човечките суштества ќе уживаат слобода на говор и вероисповед, ќе бидат сло-

бодни од страв и немаштина.“ Човековите права не се купуваат, ниту пак можат да се наследуваат. Нив луѓето ги стекнуваат со самото раѓање. Човековите права им припаѓаат на сите луѓе независно дали се млади или стари, мажи или жени, бели, црни, јазик кој го зборуваат, верата, класата или партијата на која припаѓаат. Затоа Декларацијата за човековите права е универзална. Декларацијата не е правен документ и нема обврзувачки карактер. Таа само ги објавува правата на човекот како еден вид на мерило со кое се проценува дали државите во светот ги почитуваат нив.

КЛУЧНА ИДЕЈА За појавата и развитокот на човековите права не е заслужен само еден народ. Идејата за човековите права не се родила само на едно место, во едно општество. Потрагата по историското потекло на оваа идеја не води уште во античко време. Вредни искази за човековите права се среќаваат и во Библијата и во средновековието Во историјата на сите општества можат да се најдат елементи кои се однесуваат на човековите права.

ПРО��ЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1.Кои вредности се ценеле во античкиот период? 2. Што можеш да заклучиш од стиховите на Хесиод? 3. Која е причината за поттикнување на идејата за човековите права? 3. Кои значајни документи и претходеле Универзалната декларација за правата на човекот?

24

ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ Според Уставот на Република Македонија, човековите права и слободи кои се меѓународно признаени, можат да се поделат во две поголеми групи. Во првата група спаѓаат граѓанските и политичките слободи и права, а во втората група економските, социјалните и културните права и слободи. Овие права и слободи важат подеднакво за сите нејзини граѓани. Граѓански и политички права и слободи Овие права уште се наречени и прва генерација човекови права. Граѓанските права се мерило според кое се проценува каква е положбата на граѓаните во општеството: дали државата им обезбедила достоен живот и во која мера се безбедни нивните животи. Преку политичките права се проценува колку граѓанинот е активен во политиката. Во овие права спаѓаат  Право на живот  Слободата на уверување, совест, мисла и јавното изразување  Право на правично судење  Право на слободно здружување  Право на државјанство  Избирачко право Правото на живот е лично право на граѓаните. Тие ова право можат да го остварат само ако се чувствуваат како личности. Ако никој не ги понижува, казнува, измачува, ако самостојно избираат место за живеење и стапуваат во брак со своја согласност; ако слободно се движат и патуваат во рамките на своето општество; ако можат слободно да

ги искажат своите сфаќања и кога никој не им се вмешува во нивниот личен и семен живот. Според Уставот на Р Македонија животот на човекот е неприкосновен, а тоа значи дека никому не смее да му биде загрозен животот по ниеден основ. Со ова право се забранува секој облик на мачење, казнување и нечовечно однесување. Право на слобода е неприкосновено човеково право. Врз ова право се темели и остварувањето на многу други права. Тоа е израз на хуманоста и е основа на демократијата. Според ова право никому не може да му биде ограничена слободата, освен со судска одлука. Така гласи и членот 12 од Уставот на Р Македонија - „На ниту еден граѓанин не смее да му се ограничи слободата, освен ако така не одлучил судот.” Според Законот за правично судење, на секое лице кое е пови-

кано или приведено во полициска станица, мора веднаш да му бидат објаснети причините за што е осомничен, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишување од слобода да биде изведен пред суд. Во текот на судската постапка секое лице има право да повика бранител и да се брани од слобода. Лицето кое е обвинето за некое казниво дело Ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со судска одлука. Правото на слобода му овозможувана граѓанинот слободно да се движи 25

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

на територијата на државата и слободно да избере место за живеење. Слободата на уверување, совест, мисла и јавно изразување, се гарантирани слободи на секој човек. Преку нив човекот може да ја искаже својата индивидуалност и достоинство, да се чувствува еднаков и рамноправен. Овие слободи му овозможуваат на човекот јавно, со зборови или со други средства (карикатури, слики) да ги искаже своите погледи кон животот, своите убедувања дури и кога се поразлични од оние на другите. Се разбира, овие слободи човекот не смее да ги злоупотребува. Затоа вообичаено во демократските држави законски се забра-

Секој има право слободно да ја избере верата нуваат говори и јавни настапи кои поттикнуваат национална, верска и расна омраза. Во рамките на овие слободи спаѓаат и оние со кои им е дозволено на граѓаните да поднесуваат предлози, претставки и поплаки до националните, до меѓународните органи и јавни служби. Ваквите слободи на граѓаните ја принудуваат власта да работи што е можно потранспарентно. Слободата на печатот и другите медиуми е зна26

Човековите права на дело

чајна бидејќи преку овие средства се влијае на создавањето на јавното мнение. Граѓаните имаат право да бидат информирани преку медиумите (печатени и електронски) што се случува во заедницата. Правото на слобода на вероисповед е лично право. Подразбира можност на граѓанинот слободно, според својата совест, да избере вера на која ќе и се поклонува. Ова право ја вклучува и слободата граѓанинот да ја промени својата религија или убедување, индивидуално или во заедница со други луѓе, приватно или јавно, да ја манифестира својата религија или убедување... преку подучување, одржување служби или обреди. Правото на слободно здружување е суштинско право на граѓаните. Повикувајќи се на ова право, луѓето имаат можност заеднички да дејствуваат, особено во политиката. Врз основа на ова право граѓаните формираат политички партии, синдикати, религиозни заедници, здру-

женија за заштита на човековите права, добротворни здруженија и на тој начин ги изразуваат своите политички, економски, културни и други уверувања. Ваквите здруженија имаат за цел да ги актуелизираат проблемите во заедницата и да ја натераат власта побрзо да ги реши. Правото на државјанство. Ниту еден човек на Земјината топка не треба да биде без државјанство. Преку ова право се определува односот на граѓанинот и државата, дали тој и припаѓа, дали е нејзин член. Само оној поединец кој има стекнато право на државјанство, може да има пристап до сите други граѓански права. Избирачко право. Ова право луѓето

го остваруваат на повеќе начини. Така на пример, според ова право секој поединец со навршени 18 години може да зазема јавна функција во општеството, да избира и да биде избран. Користејќи го правото на глас, граѓаните избираат свои претставници во власта. Се кандидираат и избираат претседател, пратеници во собранието, градоначалници, советници на општините. Ова право им овозможува да дебатираат и да пишуваат за одредени политички прашања, да формираат и да членуваат во политички партии, да учествуваат во изборни кампањи и да протестираат. Правото на учество во политичкиот живот им овозможува на граѓаните да ја бираат власта, но и да влијаат врз одлуките кои таа ги донесува.

КЛУЧНА ИДЕЈА Личните права и слободи на граѓаните, како што се правото на живот, правото на слобода, слобода на мислата, слобода на движење, слобода на вероисповед, правото на државјанство треба да се сфатат како човечки вредности. Тие го заштитуваат човековото достоинство и ја оневозможуваат дискриминацијата. Овие права се основа за остварување на сите други права. Политичките права и слободи му овозможуваат на граѓанинот да учествува во политичкиот живот на заедницата. Овие права се менуваат и се шират во зависност од демократијата и структурата на општеството.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Анализирај кои права ги уживаш. Посочи примери во кои не биле почитувани твоите права! 2. Направи ранг листа на правата на граѓаните според нивната важност! 3. Кое е твоето мислење за постоење на право за информатичка писменост? Провери дали на листата на човековите права се споменува ова право? 4. Некои луѓе поседуваат двојно државјанство. Кои се предностите и слабостите од тоа?

27

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ ЕКОНОМСКИ, СОЦИЈАЛНИ И КУЛТУРНИ ПРАВА Економско-социјалните права се познати и како втора генерација на човекови права, затоа што во споредба со граѓанските и политичките права, овие права се признати многу подоцна. Во оваа група на права спаѓаат:  правото на работа и заштита од невработеност;  еднаква плата за еднаков труд;  заработувачка доволна за достоинствена живот, за поединецот и неговото семејство;  право на платен годишен одмор;  осигурување во случај на невработеност, болест, изнемоштеност и старост. Овие права се многу важни. Тие на луѓето им ја обезбедуваат економската и социјалната сигурност во општеството, Ги заштитуваат луѓето од невработеност, им обезбедуваат можност самостојно да изберат професија, да работат и да обезбедат за себе и за своите семејства средства за егзистенција. Луѓето кои ги уживаат овие права вообичаено заработуваат доволно средства да ги задоволат своите основни животни потреби: удобен дом, храна, облека. Со економско-социјалните права на луѓето им е дадена можност и да поседуваат имот (личен или заеднички). Исто така, преку овие права им се обезбедува на луѓето соодветна медицинска помош и соодветни 28

Секој има право да избере професија

социјала заштита. Во случај кога поединците не можат да го искористат правото на работа (болест, инвалидитет, старост и сл.) и не можат да обезбедат средства за живот, тогаш според овие права на луѓето, им следи социјална помош од државата. Без овие права, политичките права на човекот не му значат многу. Човечкото достоинство не може да

На сите нив им треба помош од други

се заштити ако државата (владата) не ја определи најниската плата и ако не ги заштити луѓето кога ќе останат без работа, кога ќе се разболат или кога ќе остарат. Правото на образование е едно од основните социјални и економски права. Ова право не е значајно само ��а поединците, туку и за семејството и целата заедница. Човекот учи и

се оспособува за определено занимање, а преку занимањето обезбедува средства за задоволување на своите потреби. Образованите, подготвените и способните граѓани се основното богатство на секоја општествена заедница, зашто тие се носители на стопанскиот и на културниот развиток на заедницата. Културните права им овозможуваат на луѓето да учествуваат во културниот живот на заедницата, да уживаат во уметноста, да ги користат придобивките на научниот напредок и да го користат своето слободно време онака какошто тие сакаат и умеат. Луѓето кои ги уживаат овие права се добро информирани за состојбите во општеството, имаат слободното време за одмор и рекреација. Добиваат платен одмор (неколку дена во годината) кои ги користат за патување, летување, зимување.

Секому треба да му се овозможи да се образува

Луѓето имаат потреба да ја развиваат својата личност.(потсети се на поделбата на човековите потреби според Маслов). Затоа луѓето читаат, спортуваат, се бават со уметност, истражуваат. Овие потреби ги задоволуваат преку културните права. Со културните права, творците ги заштитуваат своите научни, книжевни и уметнички дела. Слободата за научно и уметничко творештво им гарантира дека нивните дела нема да бидат забранувани, а творците нема да бидат омаловажувани и

Сите луѓе знаат што е најдобро за нив прогонувани за она што ќе го објават. Луѓето имаат потреба да живеат во чиста и незагадена околина, заштитена од можни уништувања. Секој има лично право да го заштитува своето здравје од штетните влијанија на загадениот воздух, водата и почвата. Сето тоа им го овозможуваат културните права. Во оваа група на права спаѓаат и

Кои права ги остваруваш при посета на галерија, музеј, изложба, кога одиш во кино, на театар, на концерт? 29

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ така наречените малцински права според кои малцинските етнички заедници во едно општество имаат можности да ја практикуваат својата култура (јазикот, обичаите, традицијата, фолклорот и сл). Листата на меѓународно признаени човекови права содржани во Универзалната декларација не е конечна. Современиот начин на

живот ја наметнува потребата од проширување на листата со нови категории човекови права. Така на пример, со развојот на медицинските науки, посебно генетичкиот инженеринг, трансплантација на човечки органи и сл., меѓународната заедница ќе мора да размислува за проширување на листата на човековите права.

КЛУЧНА ИДЕЈА Човековите права се заемно условени и поврзани затоа се и подеднакво важни за луѓето. Во Универзалната декларацијата за човекови права се вели дека секој има право на животен стандард кој му обезбедува здравје и благосостојба, нему и на неговото семејство, вклучувајќи ја исхраната, облеката, домот. Но, ова право не може да се оствари без правото на работа и заштита од невработеност. Човекот може и да работи, а сепак да не заработува доволно за да обезбеди егзистенција која одговара на човековото достоинство. Затоа правото на работа упатува на правото на заработувачка доволна за пристоен живот. Значи, овие две права меѓусебно се условуваат и дополнуваат. Секој има право на одмор и разонода. Но, ова право не може да се исполни доколку работното време не се определи и ограничи со закон и доколку не постои право на повремени платени одмори. Правата и слободите на едни, не треба да ги загрози правата и слободите на другите луѓе.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Како граѓаните ги остваруваат своите граѓански и политички права? 2. Кои потреби се заштитуваат со економско-социјалните права? 3. На што се однесуваат културните, еколошките и развојните права на човекот? 4. Разговарај со твоите родители како се чувствуваат кога некој ќе се обиде да загрози некое нивно право.

30

ПРАВАТА НА ДЕТЕТО Секоја година, на 20 ноември се одбележува Меѓународниот ден на детето кој ги потсетува возрасните дека децата имаат свои права и дека треба да ги почитуваат. На децата им припаѓаат сите права и слободи што ги имаат возрасните, но имаат и детски права кои произлегуваат од нивната потреба за посебна грижа и помош. Децата се ранливи, невини и зависни од возрасните, особено додека се мали. Затоа возрасните донесуваат одлуки во името на децата. При тоа треба да ги почитуваат нивните права, да ги слушнат нивните мислења и ставови и да им обрнат должно внимание за да можат да донесуваат најдобри одлуки во интерес на децата. Во Универзалната декларација за човековите права стои дека: ,,мајчинството и детството имаат право на специјална грижа и помош. Основни детски права се:      

правото на живот; правото на опстанок, раст и развој; правото на заштита од дискриминацијав правото на најдобар интерес; правото на активно учество, мислење и правото и слободата на вероисповед.

Секое дете мора да има име, националност и државјанство. Децата без разлика дали се родени во или надвор од брак, уживаат еднаква социјална заштита. Правото на живот децата го стекнуваат со самото раѓање. Тоа значи дека тие имаат право да живеат, да пораснат и да станат луѓе. Тие имаат право да живеат во семејство, да добиваат соодветна здравствена

заштита и образование, право на слободно време за игра и рекреација.

Дали на овие деца им е остварено правото на најдобар интерес?

Родителите се должни, во рамките на своите можности, да обезбедат остварување на овие права. Државата треба да им помогне на родителите кои не се во можност да го направат тоа. Децата можат слободно да се здружуваат во свои здруженија преку кои остваруваат одредени свои права и го искажуваат своето мислење за одредени прашања што ги засегаат, на пример ученичка заедница, детскиот парламент, извидничка организација и сл. На ниедно дете, никој не смее незаконски и самоволно да му се меша во неговиот приватен и семеен живот, во неговиот дом, во неговата преписка . Никој нема право да го повредува неговиот углед и неговата чест. А тоа значи дека никој нема право, дури ни родителите, да ги читаат дневниците или писмата на своите деца. 31

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

Детските права наложуваат и детски одговорности. Точно е дека децата имаат право да живеат во удобен дом, но тие имаат одговорност да го чуваат домот уреден и чист. Тие имаат право на образование, но и обврска редовно да го посетуваат училиштето, да се примерни ученици и да ги почитуваат своите наставници. Децата имаат право да го кажат своето мислење, но имаат обврска да го почитуваат мислењето на другите, да не ги повредуваат и да не ги навредуваат со своето мислење. Сите овие права се утврдени со Конвенцијата за правата на децата.

Што е Конвенцијата за правата на децата? Конвенцијата е договор, спогодба меѓу земјите во светот за почитување и заштита на детските права. Донесена е на Генералното собрание на Обединетите нации во 1989 година. Составена е од 41 член за правата на децата и младите, еден член за јавната свест и образование и 12 членови со кои е овозможена нејзината примена, контрола И дополнување. До јануари 1986 година, Конвенцијата за детските права ја прифатиле 187 земји во светот. Република Македонија ја потпиша оваа Конвенција , а тоа значи дека таа е обврзана да им овозможи на сите деца услови за остварување на правата од Конвенцијата. Кој е дете според Конвенцијата? Кога Обединетите нации го употребуваат терминот „дете” мислат на сите млади луѓе под 18 години, освен кога полнолетноста е достигната порано (кога со закон се смета за возрасен) Членот 1 од Конвенцијата го објаснува ова.

КЛУЧНА ИДЕЈА Сите деца, независно од бојата на кожата, полот, јазикот кој го зборуваат и верата на која и припаѓаат, независно дали нивните родители се богати или сиромаси, имаат исти права и слободи. Децата треба да се заштитуваат од: секаков вид злоупотреба и запоставување, вооружени конфликти, експлоатација на нивниот труд, дрога, сексуална злоупотреба, продажба, препродавање, киднапирање, мачење и секаков вид нечовечко однесување и понижување. Во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се оние кои се во најдобар интерес за нив. Секое дете, согласно возраста и зрелоста, формира свое мислење и затоа децата треба да бидат вклучени при донесувањето на одлуките во семејството, во училиштето, во заедницата.

32

НАУЧИ ПОВЕЌЕ Мадагаскар е една од најсиромашните земји во светот. Рано наутро децата на овој град се будат на депониите. Се извлекуваат од контејнерите и ползат низ ѓубрето. Според информациите на Обединетите нации, во Мадагаскар на улица живеат 4000 деца.Со цел да се заштитат, е изграден социјален центар наречен Манда (мадагаскарска заштитна тврдина). Во овој центар секој ден доаѓаат 50-100 деца и добиваат оброк двапати дневно, се капат и добиваат лекарска помош. Луѓето од Центарот се обидуваат да ги описменат. Девојчињата учат да шијат, да ткаат и да везат. Машките учат столарски занает. Во многу земји на третиот свет масовната невработеност е нормална појава. Работењето на децата за многу семејства е основен извор на егзистенција. Деца на возраст од 7-8 години аргатуваат во лозјата во кавадаречко. Наместо на училиште, тие со своите родители берат грозје. Аргатуваат по барање на родителите. Берат грозје по десет часа на ден за надница од сто денари.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ Анализирај ги примерите, а потоа објасни кои права се повредени во нив. Г-ѓа Петровска е самохрана мајка на две малолетни деца: Маја која е VII одделение и Ѓорѓи, кој се уште не оди во училиште. Мајка им мора многу да работи за да обезбеди средства за живот, поради што често е отсутна од дома. Поголем дел од времето Маја и Ѓорѓи се сами. Соседите им помагаат, но тие мораат да се снаоѓаат сами. Маја почна да отсуствува од училиште, зашто мора да го чува својот брат Ѓорѓи. Директорот на училиштето го знае проблемот, но поради големиот број изостаноци, мора да ја предложи Маја пред Наставничкиот совет за исклучување од училиштето. Како ти би го решил случајот? Борјана е ученичка во V одделение и прекрасно свири на клавир. На часот по математика добива слаба оценка. Поради тоа, родителите ја казнуваат и и забрануваат да ги посетува часовите по клавир и да си игра со другарките, се додека не ја поправи слабата оценка. Кои права и се прекршени на Борјана? Раководителот на VII одделение го гледа својот ученик Илија како пуши зад училишната кујна. Смета дека е должен да ги информира родителите на Илија. Но, се плаши да го направи тоа зашто татко му многу често умее да го натепа. Често изјавува како синот е негов и може со него да прави што сака. Во право ли е родителот?

33

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ ПРАВАТА НА ЖЕНАТА Во демократските општества мажите и жените се еднакви пред законот. На жените им е дозволено се што им е дозволено и на мажите. Тоа значи дека во овие земји Универзалната декларација за човекови права важи за сите граѓани подеднакво, независно дали се од машкиот или од женскиот пол, независно од бојата на кожата, јазикот, вероисповедта и сл. Таа не дозволува дискриминација. Женските права се посебни права. Тие се заштитени со повеќе меѓуна-

Се уште постојат жени кои ги бараат своите права

родни документи под покровителство на Обединетите нации и го имаат предвид големиот придонес на жената во семејството и во општеството. Во нив се нагласува дека само почитуваните жени и здрави мајки можат да обезбедат здрави семејства, од што зависи и понатамошниот развој на општеството. Таков документ е Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жената.. Државите потписнички на оваа Конвенција се должни да обезбедат заштита и да осудат секаков 34

вид дискриминација над жената. Тие се должни да преземат соодветни мерки кои ќе и овозможат на жената целосен развој и напредок во сите области: во семејството, политиката, во областа на трудот, во културата. Тие треба да обезбедат можности за правилно разбирање на мајчинството, поради кои најчесто жените се дискриминирани. Но, и покрај сите обиди за спречување на дискриминацијата таа, и денес постои. Значителен е бројот на луѓето од развиените индустриски општества кои сметаат дека успешно семејство е она во кое мажот треба

Која од овие жени се изборила за своите права?

да работи, а жената да се грижи за децата и за домот. Модерната жена често пати се наоѓа распната меѓу желбата да биде добра мајка и успешна жена. Така на пример, во денешна Германија, 40% од жените со високо образование се откажуваат од мајчинството во полза на напредувањето во професијата. Од друга страна, 40% од жените кои решиле да станат мајки, после породувањето не се враќаат на работа. Многу често жените се жртви на семејно насилство и на трговија со луѓе. Се претпоставува дека годишно 4 милиони лица во светот стануваат жртви на трговија со луѓе, од кои најголем дел се жени и деца. По пат на лажни ветувања за вработување кои им ги даваат криминалците, голем број жени во светот се вовлекуваат во ланецот на продажба и проституцијата. Во некои средини жените се се уште жртви и на семејното насилство кое предизвикува грубо навредување, психичко и физичко малтретирање, телесно повредување, загрозување на нејзината сигурност и губење на достоинството. Се смета дека жената го сторила првиот грев во рајот. Го вкусила забранетото овошје, го довела Адам во искушение и оттогаш таа стра-

Бидете мажи, но не ги малтретирај те жените”! се зборови кои сеуште ги извикуваат жените во некои делови на светот

да. Во првата книга ,,Постанок” на Мојсеј, Бог и вели на жената: ,,Ќе ти ги зголемам маките кога си бремена; со болки ќе раѓаш деца, ќе бидеш под власта на мажот свој и тој ќе ти биде господар.” Во минатото постоело сфаќање дека мажите и жените биолошки се различни и затоа треба да постојат машки и женски работи (обврски). Според тоа, мажите оделе на лов, а жените се грижеле за своите деца.

Денешните научници тврдат дека освен раѓањето деца, што исклучиво и припаѓа на жената, сите останати улоги таа ги добивала од заедница во која живеела. Така на пример, жената во Авганистан немала право на образование. Таа била целосно покриена од глава до петици и морала да биде придружувана од машки член од семејството кога ќе излезе. Жената била и физички малтретирана дури ако ја видат како јаде сладолед. На островот Алора во Индонезија, жените се занимавале со одгледување и со собирање храна и затоа постојано биле надвор од селата. Четиринаесеттиот ден од породувањето, жените се враќале на поле, а за новороденчето се грижеле повозрасните браќа и сестри, таткото, бабата и сл. Во Пакистан се уште се применува обичајот родителите да го договорат бракот меѓу младите. Се до седумдесеттите години на 20-от век, жените во Германија мора35

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

ле да добијат дозвола од сопрузите дека се согласуваат да одат на работа. Иако денеска не се разговара повеќе за тоа дали жената може да биде истовремено мајка и да работи, и дали има право на избор, сепак останува прашањето како тоа да се оствари. Апелот за еднаквост помеѓу машкиот и женскиот пол не допира до ушите на алчните за печалење пари. Во Германија постои законска можност еден од родителите да оди на неплатен одмор во траење од најмногу 3 години. Работодавачот

е должен да му го чува работното место. Оваа можност е отворена за двајцата родители, но во реалноста работите изгледаат поинаку. Не е доволно да се каже дека сакаме повеќе вработени жени. На мајките им е потребно да имаат гаранција за добро платено работно место и заштита од добивање отказ. Во повеќето земји со низок наталитет, децата се сметаат за пречка да се дојде до високо платени и ценети места. Се уште жените, за работа која ја работат мажите, добиваат 20% пониска плата од нив.

КЛУЧНА ИДЕЈА Женските права се посебни права. Тие се заштитени со повеќе меѓународни документи под покровителство на Обединетите нации и го имаат предвид големиот придонес на жената во семејството и во општеството. Во нив се нагласува дека само почитуваните жени и здрави мајки можат да обезбедат здрави семејства, од што зависи и понатамошниот развој на општеството. Таков документ е Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жената.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБА ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ Напиши состав на тема „За или против еднаквоста на жените и мажите”. Како насока за пишување на составот користи ги следните прашања: Кои се разликите помеѓу мажот и жената? Дали мажот и жената треба да се рамноправни? Дали во Р Македонија жената е дискриминирана? Кои мерки треба да се преземат за да се спречи дискриминацијата над жената?

36

ПРАВО НА РАЗЛИЧНОСТ И БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА

Разлики меѓу културите Сите луѓе, независно од бојата на кожата, религијата на која и припаѓаат, јазикот на којшто зборуваат и местото кое го заземаат во општеството, имаат исти биолошки потреби: храна, вода, определена температура, одмор, задоволување на половиот нагон (сексуални потреби) и сл. Во сите човечки општества (племиња или национални држави) луѓето се раѓаат, се сакаат и умираат. Но, од културата во која живее единката ќе зависи што ќе користи за исхрана, која жена ќе се смета за убава, дали раѓањето близнаци ќе предизвика радост или ќе се смета за срамота, колку време ќе се жали покојниот, дали вонбрачните деца

Разликите меѓу нив се очигледни

ќе се сметаат за голем срам или ќе биде доказ за способноста на жената да раѓа. Така на пример, додека кај европските народи свинското месо е пожелно на секоја трпеза, кај муслиманите воопшто не се употребува во исхраната. Во Индија верниците не го употребуваат говедското месо. Кај едно австралиско племе мајката го убива едното од близнаците , затоа што според нивните сфаќања, само животните раѓаат повеќе младенчиња. Во долината на реката Конго живеело племе во кое на мајката на близнаците и се укажува голема почит. Кај многу народи за убава жена се смета онаа која е со повеќе килограми. Кај некои племиња (во Сибир и на островите Фиџи), се верувало дека секој го продолжува задгробниот живот во онаа состојба во која умрел. Затоа, добриот син требало да го убие таткото пред да доживее подлабока старост, со цел да не му биде животот по смртта потежок и мачен. Постоењето на културни разлики меѓу луѓето е очигледно. Тие произлегуваат од нивната способност на различни начини да ги решаваат проблемите кои им ги поставува заедничкото живеење. Оттука произлегува барањето за почитување на културните разлики (културна толеранција). Проблемот настанува кога една група ќе почне да ги оценува културните карактеристики на другите групи како добри или лоши. Ако другите ги оцениме негативно, тогаш си го земаме правото и да ги ,,поправаме”. А тоа води кон дискриминација, кон состојба кога правата и слободите кои ги бараме за себе им ги скратуваме на другите. ,,Народите на студениот европски север се храбри, но во нив има малку дух и уметнички склоности, 37

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

па затоа тие се слободни, но многу не ги бидува да владеат со своите соседи. Азиските народи имаат дух и уметнички се надарени, но немаат храброст и затоа постојано се наоѓаат во ропска положба. Но, хеленското племе е храбро и разумно и затоа е постојано слободно. Ако е обединето во една држава би можело да владее со сите народи”. (Сфаќање на античките Грци.) Сличности меѓу културите Човековиот род е еден, но луѓето се разликуваат по своите културни белези. Тие зборуваат на различни јазици, некаде слободно си ги избираат жените или мажите, а некаде тоа го прават нивните родители. Некаде децата слободно го избираат и своето занимање, а во минатото

морале да го наследат занимањето на своите родители. Луѓето им се потчинуваат на закони кои самите ги донеле или, пак, ги донел некој поединец или група луѓе. Тие градат куќи од слама и кал, но и раскошни палати. Некои им се молат на боговите да ги заштитат од гром, а други измислиле громобрани. Културните разлики се многубројни. Научниците забележале дека постојат околу три илјади различни култури. Затоа во сите култури сретнуваме лични имиња, украсување на телото, хигиена, поздравување, додворување, соработка при работа, забрана за стапување во брак со блиски роднини, жалење, правење на орудија за работа, живеалишта, календар, забранети јадења, сфаќање за душата, јазик, трговија, закони, влада, разлики во општествената положба и др.

КЛУЧНА ИДЕЈА Постоењето на културни разлики меѓу луѓето е очигледно. Тие произлегуваат од нивната способност на различни начини да ги решаваат проблемите кои им ги поставува заедничкото живеење. Оттука произлегува барањето за почитување на културните разлики (културна толеранција). Не постојат повеќе или помалку вредни луѓе, туку се разликуваат според културните белези

ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ Со помош на информациите кои ти се на располагање, обиди се да дознаеш повеќе за јазикот, обичаите, традицијата на оние кои се поразлични од тебе, во одделението, во училиштето, во соседството. Објасни како настанале културните разлики. 38

СТЕРЕОТИПИ И ПРЕДРАСУДИ - ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИИ Стереотипни гледања Луѓето живеат во различни држави, припадници се на различни нации и култури и разликите меѓу нив се очигледни. Тие вообичаено формираат мислења едни за други, односно меѓусебно се вреднуваат. Припадниците на една група (нација) најпрво формираат мислење за себе, а потоа мислење за другите. Најчесто себе си се сметаат за најдобри, а за припадниците на другите групи (нации) неосновано и без аргументи имаат негативно мислење. Мислењата и ставовите за другите, кои не се засновани на факти,

Секогаш треба добиената информација да се провери

односно за кои не постојат оправдани причини, се викаат предрасуди. Тие вообичаено се придружувани со јаки емоции и тешко се менуваат. Предрасудите ги отежнуваат односите меѓу поединците или меѓу некои народи и служат како извор за конфликт и непријателство. Карактеристично е тоа што луѓето кои ги изнесуваат ваквите сфаќања, се уверени во нивната точност. Тие не бараат докази, туку едноставно тврдат дека се во право. Одредени припадници на некој народ или етничка група, можеби навистина заслужуваат да бидат оценети нега-

тивно, но сосема е неоправдано сите припадници на групата да се оценат како такви. Така на пример, не ретко сме во состојба за сите Англичани да кажеме дека се ладнокрвни луѓе, за сите Италијанци дека се темпераментни Кога погрешните сфаќања упорно опстојуваат наспроти податоците и фактите, тогаш зборуваме за стереотипи. Стереотипите се штетни појави бидејќи со нив се оправдува непријателството. На погрешните сфаќања се надоврзуваат и негативни или непријателски чувства. Најлошо е кога луѓето кои погрешно мислат за другите и кои имаат негативни чувства, ќе почнат да преземаат и акции против другите. Кога на другите им ги ускратуваме правата и слободите затоа што не и припаѓаат на нашата група (нација, раса, религија) тогаш станува збор за дискриминација. Шпанските конквистадори (освојувачи), кои немилосрдно ги ограбувале новооткриените земји на Средна и Јужна Америка и ги убивале домородните Индијанци, тоа го правеле со објаснување дека Индијанците не се луѓе во ист смисол како што се Шпанците. Значи, христијанското учење дека не треба да се убива и дека во сите луѓе треба да се гледаат браќа, не важело и за Индијанците. Не се дискриминираат само народи. Се дискриминираат и групи кои се во малцинство во сопствената држава. На пример, етничките малцинства, луѓето со посебни потреби, старите и изнемоштени лица. За да се сфати колку се обесправени овие луѓе, ќе го наведеме сфаќањето на поетот Еврипид: ,,Вонбрачното дете е човек како и секој друг, само што името го оцрнува. Робот не е ништо полош од слободниот човек; секој кој не го почитува правото е простак, па макар и да е од родот на боговите.” 39

ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ

Роза Паркс, на едно од предните седишта во градскиот автобус, по успешниот бојкот на автобускиот систем во 1955/56 година од страна на црните жители на Монгомери, Алабама. Бојкотот бил организиран како протест против дискриминацијата, според која црнците биле присилени да седат на задните седишта од автобусот, за што Врховниот суд утврдил дека претставува кршење на Уставот.

Милиони црнци во Америка ги немаа истите права како белците. Беа одделени од белците и ставени во посебни места за живеење. Одеа во посебни училишта, посетуваа посебни ресторани и паркови, се поради црната боја на кожата. Тоа траеше се до 1965 година кога на црнците им се дозволи право на глас. Во јужните делови на Америка се појави организација наречена Кју Клукс - Клан која започна да ги тероризира црнците. Им ги палеа куќите на црнците, ги камшикуваа и ги убиваа. Носеа бели покривки. Постојано тврдеа дека Господ е белец и затоа сите црни луѓе мора да бидат потчинети.

КЛУЧНА ИДЕЈА Предрасудите ги отежнуваат односите меѓу поединците или меѓу поедини народите и служат како извор за конфликт и за непријателство.

ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ Наведи примери на стереотипи и предрасуди во твојата заедница. Објасни ги причините!

Д 40

ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

ДЕМОКРАТСКАТА ДРЖАВА И ДРУГИ ФОРМИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ ДЕМОКРАТИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

КОЈ ПРИПАЃА И УПРАВУВА ВО ДЕМОКРАТИЈАТА

ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

ДЕМОКРАТИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ Во текот на животот луѓето постојано донесуваат различни решенија: во семејствата, на работните места, во кругот на пријателите и сл. Обично настојуваат сопствените решенија да ги прилагодат кон решенијата на останатите. Кога во едно општество граѓаните имаат право да донесуваат одлуки кои се во интерес на нивното заедничко живеење, велиме дека во тоа општество постои демократија.

Почетоци на демократијата Демократијата за првпат се појавила во градот - држава Атина во V век пред нашата ера. Бидејќи не постоеле претседател, влади, премиер, во државата управувало Собрание, составено од сите возрасни мажи и броело од 5 до 6 илјади членови. Жените, робовите и странците биле исклучени. Собранието донесувало одлуки за сите области од животот.

Атинска демократија

42

Ваквата демократија во Атина била наречена непосредна демократија. Со зголемувањето на државите, било невозможно сите граѓани да се соберат на едно место (како што било случај во Атина) и заеднички да решаваат за некое прашање. Затоа денес, најпрактикувана форма на демократија е претставничката демократијата, во која граѓаните избираат претставници кои во нивно име одлучуваат, управуваат и донесуваат закони. Според тоа, демократијата е власт на народот.

Карактеристики на демократијата Во демократското општество граѓаните гласаат и на тој начин го остваруваат своето право и одговорност да определат кој ќе владее во нивно име. Наспроти ова, во недемократските општества гласањето е формално и служи само како средство да се озакони изборот на луѓето кој го направила постојната власт. Во демократското општество граѓаните се независни од власта и по сопствен избор имаат право да членуваат во организации. Преку нив тие имаат можност да влијаат врз политичките одлуки кои ги донесува власта. Такви се: политичките партии, синдикатот, хуманитарните организации, уметничките здруженија, професионалните друштва, невладините организации и сл. На овој начин, многу надлежности на државата се намалуваат или исчез-

нуваат, а се отвораат можности за слободен развиток на граѓаните и граѓанското општество. Јавноста е суштинска карактеристика на демократското општество. Томас Џеферсон, американски државник, во 1801 година, на една пригода рекол: ,,На секој човек на кој му е овозможено да учествува во донесувањето важни решенија од интерес за државата и нацијата, не само еден ден кога се изборите, туку секој ден од годината... Тој попрво ќе дозволи да му го откорнат срцето, отколку некој да му ја одземат неговата моќ, некој си, Цезар или Бонапарта”. Тоа значи дека секој граѓанин има

Во демократијата се забранети посети од овој вид

право на изразување, на мислење, заземање свој став и критика. Бидејќи и работењето на државните органи е јавно за граѓаните, на овој начин тие ги изразуваат и своите ставови во однос на значајни прашања од политиката и општеството. Преку јавноста, власта се контролира и се насочува кон интересите и потребите на граѓаните. Во недемократските општества секогаш постоела можност за злоупотреба и тиранија над граѓаните. Во името на државата, поединци биле затворани, им биле одземани имотите, биле измачувани, протеру-

Медиумите влијаат врз формирањето на јавното мислење вани, па дури и погубувани без законско оправдување. Демократското општество не може да толерира вакво однесување кон граѓаните. Правото на еднаквост пред Законот е основно право во секое праведно демократско општество. Без разлика дали станува збор за богат или сиромав поединец, припадник на една или на друга вероисповед, сите имаат право на еднаква заштита пред законот. Не смее насилно да се влезе во ничиј стан и да се претресува без судски налог и оправдана причина. Во демократијата нема место за ноќни посети на полицијата. Никој не смее да се држи во притвор без обвинение. Во недемократските општества, власта се труди да создаде послушни и пасивни граѓани без иницијатива. За да можат да спроведат демократија во практиката, граѓаните мора да поседуваат граѓанска култура. Таа се стекнува преку учење. Затоа велиме дека образованието е од витално значење за успехот на демократијата. Целта на демократското општество е да создаде самостојни граѓани кои ќе бидат критични во размислувањата и добри познавачи на своите права и обврски. А за тоа им треба знаење. 43

ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

КЛУЧНА ИДЕЈА Кога во едно општество граѓаните имаат право да донесуваат одлуки кои се во интерес на нивното заедничко живеење, велиме дека во тоа општество постои демократија. Во неа граѓаните гласаат за своите претставници во власта, членуваат во организации, формираат јавно мислење и се еднакви пред законот.

НАУЧИ ПОВЕЌЕ Демократијата во Англија во XVII век е поврзана за името и делото на Оливер Кромвел. Кралот Чарлс I го свикувал Парламентот само кога требало да воведе некој нов данок, а потоа го распуштал. Затоа избувнал судир меѓу Парламентот и кралот. Парламентот формирал своја војска која ја предвидел Кромвел. Тој на двапати ја поразил кралската војска, по што кралот бил погубен. Англија станала парламентарна монархија. Парламентот по својата власт бил над кралот, донесувал и укинувал закони.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Определи ги основните карактеристики на демократијата. 2. Наведи ги разликите меѓу непосредна и претставничка демократија. 3. На кој начин граѓаните влијаат врз одлуките на власта?

44

ДЕМОКРАТСКАТА ДРЖАВА И ДРУГИ ФОРМИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ Државата е форма на организирано општество во кое работата на власта е издвоена од другите дејности: земјоделието, занаетчиството, трговијата. Тоа значи дека определена група луѓе добива задача да управува со другите луѓе во општеството. Оттука, во секоја држава населението е поделено на оние кои владеат и на оние коишто и се потчинети на власта. Постоењето на власта е неминовност. Тогаш суштинското прашање на секое општество е како да се уредат односите помеѓу власта и народот. Оние што владеат мора да знаат зошто владеат и кој им дал согласност да владеат. Ако согласноста да владеат им ја дал народот, тогаш станува збор за демократска држава. Доколку

Власта може и да се наследи

Јосип Броз Тито - пример за дожиотен претседател таа не е дадена од народот, туку е насилно присвоена, зборуваме за недемократски држави. Пример на недемократска власт претставува монархијата. Главно, тоа е власт на еден човек (крал, цар, султан). Во средновековните феудални држави монархот својата власт ја оправдува со Божјата волја. Односно, монархот добил согласност од Бога да управува со државата. Власта на кралот ја наследуваат неговите потомци. Постојат два вида монархии: апсолутни и уставни монархии. Апсолутната монархија е држава во која власта на монархот (кралот) е неограничена. Уставната монархија е држава во која власта на владетелот е определена, односно таа е ограничена со устав. Уставот е основен закон на државата со кој се уредуваат односите помеѓу власта и народот. Кога во уставните монархии се донесува некој закон, владетелот мора 45

ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

Треба да се знае дека државата во тие општества обезбедуваше работни места, луѓето можеа да се образуваат бесплатно и имаа здравствено и пензиско осигурување. Државата беше социјална, но не ги заштитуваше основните човекови права кои се сметаат за темел на демократската власт, како што се: - слобода на говорот, изразувањето и печатот; - слобода на вероисповед; - слобода на собирање и здружување; - право на соодветна постапка и правично судење. Уште една форма на недемократска власт каде наведените човекови права не се почитуваат, се воените диктатури. Кај нив формално постојат повеќе политички партии, но изборите не се слободни. Во нив, над избирачите се вршат разни форми на притисок како на пример, за кого да гласаат и секогаш се избираат оние кандидати кои имаат поддршка од власта. Затоа воените диктатури се недемократски. 46

Демократијата како вредност Демократијата е остварување на владеењето на народот преку негови избрани претставници. Оние кои што ги избрал народот да владеат во негово име, треба да го оправдаат своето владеење., Ако народот има работа, квалитетна здравствена заштита, ако можат на своите деца да им обезбедат образование, ако пензионерите примаат пристојни пензии, тогаш тој народот е задоволен од власта и таа го оправдала своето владеење. Ако народот не е задоволен од власта, тогаш тој може да ја промени на редовни или вонредни избори. Можноста на народот да ја поставува и менува власта по пат на избори, ја овозможува демократијата. Затоа демократијата е вредност. Во услови на голема невработеност и сиромаштија, народот ја губи довербата во демократијата и спасот го бара во други недемократски облици на власта (комунистичкото,

фашистичкото владеење, воените диктатури). Во ваков случај недемократската власт го распушта парламентот, ги забранува политичките партии, ја укинува слободата на изразување на мислата, ги распушта синдикатите и самостојно донесува одлуки. Но, кога општество повторно ќе западне во криза, кога кај народот ќе се зголеми незадоволството, нема кој да ја смени недемократската власт. Така на пример, до 1933 година, милиони Американци биле без работа. Стотици илјади ја крстосувале земјата во потрага по храна, работа и засолниште. „Брату, можеш ли да ми дадеш десет центи?” се слушало насекаде како рефрен од популарна песна. Општеството се поделило на бездомници и милионери. Во овие услови, американскиот претседател Франклин Рузвелт, во едно свое радио обраќање во

1938 година, укажал на можноста од исчезнување на демократијата: „ Демократијата исчезна и во неколку други големи нации, не поради тоа што народите на овие нации престанале да ја сакаат демократијата, туку поради тоа што: тие станале уморни од невработеноста и отсуството на безбедност, од гледањето на нивните гладни деца, од чувството на беспомошност, соочени со државната конфузија, слабоста на власта и недостатокот на водство... Конечно, во очај, тие избрале да ја жртвуваат слободата во надеж дека ќе добијат нешто за јадење. Ние во Америка знаеме дека: нашите демократски институции можат да се зачуваат и да функционираат. Но, за да ги зачуваме, ние треба да докажеме дека демократската власт свесно и одговорно ќе се грижи за зачувување на економската сигурност на луѓето...”

КЛУЧНА ИДЕЈА Постоењето на власта е неминовност и затоа суштинското прашање на секое општество е како да се уредат односите помеѓу власта и народот. Оние што владеат мора да знаат зошто владеат и кој им дал согласност да владеат. Ако согласноста да владеат им ја дал народот, тогаш станува збор за демократска држава. Доколку таа не е дадена од народот, туку е насилно присвоена зборуваме за недемократски држави.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Како се избира власта во демократските, а како во недемократските држави? 2. Воочи ги разликите помеѓу демократските и недемократските држави.

47

ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО се обратил на своите поданици со зборовите:

КОЈ ПРИПАЃА И УПРАВУВА ВО ДЕМОКРАТИЈАТА Граѓани и граѓанство ,,Заеднички членовите на општеството се викаат народ; одделно како учесници во највисоката власт, се викаат граѓани, а како потчинети на државната власт поданици”. Жан Жак Русо Од наведениот текст можеме да заклучиме дека со зборот граѓанин не се означуваат само жителите на градовите, туку припадниците на едно општество кои што имаат политички права. И Аристотел граѓанинот го определува како човек кој има право да учествува во политичкиот живот на заедницата. Граѓаните имаат право да и поставуваат барања на државата, но имаат и обврски и должности кон државата. Тие бараат од државата да ги заштитува, да ги обезбедува и да се грижи за нив, затоа пак тие имаат должност да плаќаат даноци. Значи, учеството на граѓанинот во животот на заедницата не се сведува само на барање државната власт да ги заштитува неговите права, туку и на прифаќање на должности на државата. Кога граѓаните ги уживаат своите права и кога ги прифаќаат обврските кон државата, тогаш зборуваме за демократско граѓанство.

Поданик и граѓанин Стеван Немања, српски владетел во средниот век, во една прилика им 48

,,Драги мои чеда одгледани од мене. На сите ви е познато како Бог во својата промисла ме постави мене да владеам со вас и како на почетокот најдов упропастена земја и како со помошта божја, толку колку што имав сила не отстапив ниту пак мир себе си можев да си дадам, додека се не поправив. И со божја помош ви придодадов и во должина и во широчина, што на сите ви е познато... Затоа, чеда мои мили, не заборавајте го учењето на својот и проповедниот закон од мене даден”. Џозеф Ворен, американски лекар и политичар од 18 век, за граѓаните рекол: ,,... Нема сомневања дека најголемо и најважно право на британскиот граѓанин е дека никакви закони не

можат да управуваат со него, со исклучок на оние за кои тој, било лично или преку своите претставници, дал своја согласност. Тоа е основата на британската слобода и темел на британскиот устав чија копија е и нашиот (американскиот) устав. Без наша согласност никој нема право да не опорезува...” Од наведените текстови можеме да согледаме дека и поданиците, и граѓаните им се покоруваат на законите. Но, поданиците се покоруваат на законите кои се донесени без нивна согласност, додека пак, граѓанитеги почитуваат законите затоа што тие се донесени во собранието. А во собранието одлучуваат пратеници избрани од граѓаните.

Улогата на граѓаните во демократското општество Во демократското општество граѓаните ја воспоставуваат власта по пат на избори. Изборите преставуваат политички настан и форма на политичка борба за власт. Изборот се врши со гласање на одредено избирачко место врз основа на уписот на граѓаните во избирачки списоци. Изборот на пратениците во

парламентот, членови на општинските совети и претседателот на државата, се остварува на непосредни избори Изборите треба да бидат тајни. Тајното гласање значи облик на изјаснување кој обезбедува целосна анонимност, односно, гласањето не може да се контролира од страна на државните органи. Тајноста се обезбедува со запечатени изборни кутии, а самиот чин на гласање се врши зад посебни паравани. Улогата на граѓаните не се сведува само на изборот на претставниците на власта, туку тие влијаат и врз донесувањето на одлуките во власта. Тие одлучуваат и на референдуми. Така на пример, на 8 Септември 1991 година, граѓаните на Р Македонија по пат на референдум одлучија таа да се раздружи од Социјалистичка Федеративна Република Југославија и да стане самостојна и суверена држава. Преку штрајкот како форма на притисок врз власта, граѓаните во демократското општество можат да побараат зголемување на платите, да го искажат своето незадоволство поради отпуштање од работа. И протестите се форма на изразување на незадоволство поради некои одлуки на власта. На пример, еколошките здруженија преку протести најостро го осудуваат загадувањето на животната средина.

Улогата на политичките партии во демократијата Избирачкиот право на граѓаните претставува столб на секое демократско општество. Граѓаните избираат свои претставници за различни институции, органи и тела во државата. Кандидатите за овие државни функции ги предлагаат политичките 49

ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

партии. Граѓаните ќе гласаат за оние кандидати за кои се убедени дека ќе ги застапуваат нивните интереси и ќе им обезбедат подобра економска положба (статус). Врз определбата на гласачите за кого да гласаат влијаат: содржината и целите на програмите на политичките партии (понудите на партиите кои се однесуваат на економскиот развиток на земјата, отворање нови работни места и сл). Но, врз определбата на гласачите влијаат и други фактори. Еден од нив е партиската припадност. Членовите на политичките партии, обично гласаат за кандидатите на

својата партија. Во некои демократски општества и идеологијата на партиите може да биде значаен фактор за привлекување на гласачите, како и партиското членство. Постојат различни политички партии. Според идеологијата која ја застапуваат, партиите се делат на леви и десни. Оваа поделба е направена во минатото и се задржала и денес. Според неа, левите партии повеќе се залагаат за интересите на работниците, додека десните за интересите на капиталот и сопствениците. Постојат и средишни партии кои ги штитат интересите на средната класа.

КЛУЧНА ИДЕЈА Граѓанинот е човек кој ги ужива човековите права и граѓански слободи во една држава, но и кој има и одговорности кон државата. Правото на граѓанство не се добива со раѓањето на човекот. Тоа право се стекнува во периодот од животот на човекот. Граѓанството е законски гарантирано право од државата, но истовремено од граѓанинот бара и одговорност.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ Како граѓаните во демократијата влијаат врз донесувањето на одлуките во државата? Која е улогата на граѓаните во демократијата? Направи разлика помеѓу поданик и граѓанин!

50

ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ,,Сметаме оти вистината е очевидна, зашто сите луѓе се еднакви, дека творецот им подарил извесни неотуѓиви права, меѓу кои се и животот, слободата и потрагата по среќа. За да ги обезбедат овие права, луѓето поставуваат власт, чија праведна моќ произлегува од согласноста на народот.” Томас Џеферсон, Декларација за независност Демократијата започнува кога народот ќе избере власт. Ако народот ја избрал власта, тогаш со Устав ќе определи што недемократската власт таа власт ќе работи. Власта треба: да донесува закони и да ги спроведува, да издава пари, да собира даноци, да организира одбрана на државата, да склучува договори со други држави, да гради патишта, училишта, болници и сл. За власта да работи во интерес на народот, Уставот на државата мора да ги содржи и индивидуалните права на човекот: право на живот, право на слобода и имот итн. Меѓу неотуѓивите права спаѓаат и: слобода на говорот и изразувањето, слободата на вероисповед и совест, слободата на собирање и здружување, слобода на еднаква заштита пред законот. Овие се основните права кои секоја демократска власт мора да ги гарантира. Со нив поединецот се заштитува од самоволието на власта. Подоцна бројот на индивидуалните права се проширува со економски и социјални права, како што се: правото на работа, правото на образование, здравственото и пензиското осигурување и заштита од невработеност. Со овие права се зголемува надлежноста на

демократската власт. Демократската власт, од чувар на човековите права прераснува во држава која помага (социјална држава).

Поврзаност меѓу правата и обврските Правото не може да се одвои од обврските. Еден поединец ќе го оствари своето право само ако другиот ја исполнил својата обврска. Така, на пример, секој човек има право на живот, но тоа нема да се оствари ако другите не ја почитуваат обврската да не посегнуваат по туѓиот живот. Така на пример, ако реките ги користиме како транспортери на пластични шишиња, ако доловите ги полниме со расипани автомобили и фрижидери, ако со хартијата во која била завиткана пирошката ја фрламе на тротоарите, другите луѓе не ќе можат да го остварат правото на убава животна средина.

Некој го решил проблемот со шутот. Дали знае дека на другите им го загрозил правото на здрава животна средина?

Граѓански права и обврски Избирачкото право е обврска Во демократските општества, граѓаните по пат на гласање ги избираат претставниците во власта. Ако дел од граѓаните не излезат на гласање, 51

ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

тие им дозволиле на оние што гласале да изберат претставници и во нивно име. Затоа избирачкото право е и обврска на секој граѓанин. Почитувањето на законите е граѓанска обврска затоа што со нив се воспоставува ред во општеството. Граѓанинот мора да им се потчинува на законите дури и тогаш кога тој не се согласува со нив, затоа што тие се донесени со мнозинство гласови. Доколку не се добри, тие можат и да се променат, но не со сила, туку со одлука на граѓаните, онака како што се и донесени.

Какви се последици се јавуваат од непочитувањето на законите? Граѓаните имаат право на протест, односно право да го изразат своето незадоволство поради некоја одлука на владата, кога не е во нивни интерес. Вообичаено, тие го изразуваат своето незадоволство пред владата, но притоа не треба да го блокираат сообраќајот. Тие имаат право да го искажат своето незадоволство, 52

но и обврска да не го нарушуваат правото на слободно движење на другите. Оној што тргнал на работа и задоцнил неколку часа заради блокадата, на крајот на месецот ќе прими намалена плата. Со тоа се става во нерамноправна положба со другите кои дошле навреме на работа. Други пак, кои што тргнале на лекар, не ќе можат да го остварат правото на заштита на здравјето. Почитувањето на институциите на државата е една од обврските на граѓаните. Институциите на државата (собрание, премиер, претседател) имаат задача да ги усогласат различните интереси помеѓу луѓето и општествените групи. Затоа тие треба да уживаат доверба. Доколку новинарите им се обраќаат на премиерот и на претседателот на државата само со име, тогаш тие не ги почитуваат институциите и немаат доверба во нив. Граѓанинот има право да биде информиран, а новинарот има обврска да ги почитува институциите, бидејќи зад институцијата претседател стојат гласовите на мнозинскиот дел од населението. Кога се наведува претседателот на владата, пред неговото име и презиме треба да стои институцијата премиер.

КЛУЧНА ИДЕЈА Демократијата започнува кога народот ќе избере власт. За да работи власта во интерес на народот, Уставот на државата мора да ги содржи човековите права и да ги применува. Избирачкото право е обврска на секој граѓанин. Граѓанинот мора исто така да им се потчинува на законите дури и тогаш кога тој не се согласува со нив и да ги почитува институциите на државата.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ Анализирај ги примерите и обиди се да заклучиш кои човекови права се повредени. Дали државата ги исполнила своите обврски кон граѓаните? 1. Трошоците за медицинска нега во државата се зголемиле толку многу што граѓаните не можат да ги платат. Владата одбива да воведе државно лекување (здравствена заштита) за сите зашто мисли дека е скапо. 2. Во една сиромашна земја владата донесува одлука да изгради термоелектрана во која треба да се вработат стотина работници. Таа ќе работи на јаглен без филтри. Граѓаните кои живеат во близина на термоелектраната која ќе се гради, не се сложуваат со владината одлука и организираат протест. Протестот е прекинат со интервенција на полицијата. 3. Родители - земјоделци велат дека не му дозволуваат на својот 10 - годишен син да оди во училиште. Велат дека тој треба да ги чува кравите. Одговорните во училиштето велат дека тоа е проблем на семејството. 4. Владата тврди дека штрајковите на работниците и предизвикуваат големи штети на економијата. Таа ги забранува штрајковите и формира индустриски совети, составени од бизнисмени, претставници од Владата и синдикални водачи кои треба да ги решат проблемите.

53

ЕВРОПСКА УНИЈА

 СОЗДАВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА  ТРИТЕ НАЈВАЖНИ ИНСТИТУЦИИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА  КАКО РАБОТИ УНИЈАТА  СЛОБОДАТА, ПРАВДАТА И БЕЗБЕДНОСТА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА  ЕВРОПСКА УНИЈА И ЕВРОПСКИ ИДЕНТИТЕТ  МАКЕДОНИЈА КАКО ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО

ЕВРОПСКА УНИЈА

СОЗДАВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Европа отсекогаш била внатрешно многу различна, поделена и противречна. Во неа постојат држави од најмали до најголеми, мошне развиени, до крајно неразвиени. Се говорат стотици јазици кои главно и припаѓаат на индоевропската јазична група. Меѓу религиите преовладува христијанската, во која спаѓаат католичката, православната, протестантската, потоа исламската религија, еврејската и многу други. Овие разлики, низ севкупната европска историја предизвикувале многу војни, судири, напнатости. Познати се војните кои ги воделе античките грчки државички, завојувањата на големите империи какви што биле македонската, римската, византиската, турската. Во средниот век се воделе долготрајни верски војни, во 19 век Наполеоновите, а во 20 век двете светски војни кои претежно се воделе на европска територија. Сепак, во Европа одамна постоеле и мировни движења и идеи континентот да се обедини и да стане еден голем сојуз на држави, со единствен пазар, со отворени граници, со богата економска и културна размена и со единствена желба за почитување на човековите права и граѓанските слободи. Меѓу првите идеи за мирно обединување на Европа преку соработка и рамноправност на народите, е онаа на познатиот француски писател Виктор Иго, уште во 1849 годи56

на. Тој е познат по своите пророчки зборови: „Ќе дојде ден кога сите нации на овој континент ќе се здружат со повисок степен на единство и ќе создадат европско Братство, без да ги загубат своите особености и својата славна индивидуалност. Ќе дојде ден кога умовите ќе ги бијат единствените битки- на отворени пазари на идеи. Ќе дојде ден кога гласачките ливчиња ќе ги заменат куршумите и бомбите.” Слични визионерски идеи, насочени кон создавање нов поредок во Европа, имале и многу познати државници и политичари. Сметале дека треба да создадат нови форми на здружување во Европа засновани на договор, во кои ќе ги остваруваат заедничките интереси и во кои ќе постои владеење на правото. За остварување на ваквите идеи и предвидувања, било потребно повеќе од еден век. За тоа време се случиле две светски војни и безброј други судири на европско тло кои однеле милиони животи. Катастрофата од Втората светска војна покажа дека, националните држави не ќе можат да им овозможат економски успех на своите државјани ако се потпираат само на сопствениот интерес, а при тоа не се грижат за интересите на други-

те држави. Францускиот политичар Роберт Шуман тоа најдобро го објаснува кога вели: „Потребно е секој да биде проникнат од верувањето дека ние имаме потреба едни од други. Државите се неспособни да ги совладаат огромните проблеми што им се наметнуваат само со помош на сопствени сили.” Првата фаза од европската соработка започна пред 1948 година кога беше формирана Европската организација за економска соработка. Нејзина задача беше да ја распредели американската помош

Бидејќи предлогот беше прифатен на 9-ти мај 1950 година, овој ден се смета за роденден на Европската унија и секоја година се прославува како „Ден на Европа”. Овој предлог подоцна го поддржаа Италија, Белгија, Холандија и Луксембург. Така, во Париз 1951 година, шест земји: С Р Германија, Франција, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург го потпишаа договорот со кој се основа Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ). Европската заедница за јаглен и челик претставуваше почеток на

наменета за европските земји разрушени во војната. Постоеше мислење дека една држава која се подготвува да води војна, треба слободно да располага со производство на енергија и метал. За да се држи под контрола развитокот на германската тешка индустрија, францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман предложи план за создавање на Европска заедница која ќе го контролира производство на јаглен и челик во Сојузна Република Германија и во Франција.

соработката на земјите - членки. Овие неколку земји одлучија заеднички да управуваат со јагленот и челикот на еден симболичен начин, а суровините на војната се претовараа во средство на помирување и постигнување мир. Потоа шесте земји-членки одлучија да изградат Европска економска заедница (ЕЕЗ). Таа претставува заеднички пазар на шест земји на кој се отстранети царините на голем број стоки и услуги. Во 1973 година на Европската еко57

ЕВРОПСКА УНИЈА

номска заедница и се придружуваат и земјите Данска, Ирска, Обединето Кралство, со што бројот на земјите членки се зголемува на 9. Европската заедница направи решавачки чекор напред на 1 јуни 1979 година. На овој датум Европската заедница ги одржа првите непосредни избори на кои се избраа пратеници за Европскиот парламент. Оттогаш до денес, овие избори се одржуваат на секои пет години. Во 1981 година кон заедницата се приклучува Грција, а во 1986 година Шпанија и Португалија, со што бројот на земји членки се зголеми на 12. Овие проширувања не само што го зајакнаа присуството на

Химна - Ода на радоста заедницата во Јужна Европа, туку и се нагласи потребата од итно проширување на нејзините програми за помош на помалку развиените земји. Во Мастрихт, во декември 1991 година, Европскиот совет, составен од претседатели и премиери, го усвои Договорот, а во ноември 1993 година тој стапи на сила. Договорот ја создаде Европската унија. Во 1995 година на Европската унија 58

и пристапија уште три земји: Австрија, Финска и Шведска. Следниот чекор што го направи Унијата беше создавањето на единствената валута - еврото. Денес еврото е една од главните светски валути за плаќање, напоредно со американскиот долар. Во средината на 1990-те започнаа подготовки за ново проширување на Европската унија. Земјите на поранешниот Советски Сојуз (Бугарија, Чешката Република, Унгарија, Полска, Романија и Словачка), трите

балтички земји (Естонија, Летонија и Литванија), една република од поранешна Југославија (Словенија) како и две медитерански земји (Кипар и Малта), затропаа на вратата на Европската унија. Европската унија им овозможи на овие млади демократски земји да ги почувствуваат придобивките од европската интеграција. Симболи на Европската унија се знамето и химната на Унијата. Знамето на Европската унија е составено од 12 жолтозлатни ѕвезди распоредени во круг, на сина позадина. Петте краци на ѕвездите го симболизираат единството на народите од Унијата, а изборот на бројот на ѕвездите (12) се должи на симболиката на бројот. Овој

број

претставува

сим-

бол на совршеност и единство. Химната на Европската унија е тема од Деветтата симфонија „Одата на радоста”, компонирана во 1823 година од композиторот Лудвиг ван Бетовен. Химната претставува израз на визијата на Бетовен за зближување на народите и на расите во светот. Европската химна, европското знаме, европскиот модел на пасош,

европскиот модел на возачки дозволи претставуваат симболи за поддршка на заедничкиот европски идентитет, односно, заедничкото чувство на припадност. Воведувањето на евробанкнотите и монетите, како и укинувањето на пасошките контроли во Шенген зоната, влијаат да се формира чувство кај граѓаните дека припаѓаат на една единствена географска област.

КЛУЧНА ИДЕЈА Главна придобивка од создавањето на Европската унија е воспоставувањето заеднички пазар. Стоките произведени во една земја на Унијата можат слободно да се продаваат во други земји во Европската унија, а при тоа да не се плаќа царина. Заедничкиот пазар на Европската унија овозможи и слободно движење на капиталот. Тоа значи дека некое претпријатие или поединец од една земја на Европската унија може да купи фабрика во било која друга земја или да изгради нова. Создавањето на заедничкиот европски пазар ја наметна потребата од воведување на единствени пари - еврото. Значајна карактеристика на Европската унија е и слободното движење на луѓето. Со договорот од Шенген, се укинаа пасошките контроли при преминување од една држава на Европската унија во друга.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Кои биле творците на идејата за обединета Европа? 2. Зошто е потребно обединување на Европа според Роберт Шуман? 3. Објасни ги чекорите во создавањето на Европската унија. 4. Објасни како се остварува слободното движење на луѓе, стоки, услуги и капитал низ Европската унијата.

59

ЕВРОПСКА УНИЈА

ТРИТЕ НАЈВАЖНИ ИНСТИТУЦИИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Трите најзначајни институции на Европската унија се: 1. Советот на Европската унија 2. Европскиот парламент 3. Европската комисија Овие заеднички институции ги застапуваат интересите на одделните земји членки, но и заедничките интереси на Унијата. Советот на Европската унија

Советот на Европската унија е водечка институција, одлучувачко тело кое ги претставува интересите на земјите - членки. Познат е и како „Совет на министри” и се состои од 27 членови. На секоја седница на Советот присуствува по еден министер од секоја земја членка. Кој министер ќе присуствува, зависи од прашањата за кои што се одлучува. На пример, ако се расправа и одлучува за прашање од земјоделието, ќе присуствуваат министрите за 60

земјоделие. Секоја земја - членка на Унијата претседава со Советот на Европската унија во текот на шест месеци, почнувајќи од месец јануари секоја година. Бидејќи Европската унија не е држава и нема главен град, институциите се сместени во неколку европски градови. Седиштето на Советот на Европската унија се наоѓа во Брисел (Белгија). Советот ги носи одлуките на различни начини: едногласно, со просто мнозинство и со квалификувано мнозинство. Едногласна одлука се носи кога за неа ќе гласаат сите 27 министри. Европскиот парламент Европскиот парламент е избрано тело кое ги претставува граѓаните на Европската унија. Го сочинуваат пратеници кои граѓаните на земјите членки на ЕУ ги избираат на непосредни избори. Изборите во Европскиот парламент се одржуваат на секои пет години. На тој начин оваа институција ги претставува интересите на 493 милиони граѓани на земјите -членки на Унијата, односно нивните европски интереси во законодавниот процес. Со секое проширување на Унијата се зголемува и бројот на пратениците во

Европски парламент во Стразбург

Европски парламент во Брисел Европскиот парламент. Тој број се определува според бројот на населението во секоја земја-членка на Унијата. Работата на Европскиот парламент е отворена и достапна за сите граѓани кои се заинтересирани во живо да ги следат дебатите и гласањата кои се случуваат во Парламентот. Работата на Европскиот парламент се одвива на две локации, во Брисел и во Стразбур. Подготвителната фаза на работењето на пратениците се одвива во Брисел, додека пак гласањето во Стразбур. Европската комисија Европската комисија е извршна власт на Европската унија. Се состои од 27 комесари, од секоја земја по еден. Комесарите ги назначува-

Зградата на Европската Комисија ат земјите - членки. Комесарот предложен од една земја, треба да биде прифатен од останатите земји и одобрен од Парламентот. Нејзина задача е да ги претставува интересите на Европската унија како целина. Европската комисија се грижи за целосно спроведување на законите кои се одобрени и усвоени од Советот на Европската унија и Европскиот парламент. Се јавува во улога на чувар на договорите. Работи независно, без влијание на било која земја -членка на Унијата. Ако некоја земја членка не ги спроведува договорите, Европската комисија може да ја изведе пред Европскиот суд на правдата кој се наоѓа во Луксембург Сити во државата Луксембург. Европската комисија за својата работа одговара пред Парламентот на Европската унија. На чело на Европската комисија стои претседателот. Нејзиното седиште се наоѓа во Брисел.

КЛУЧНА ИДЕЈА Трите најзначајни институции на Европската унија се: Советот на Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија. Овие институции ги застапуваат интересите на одделните земји - членки, но и заедничките интереси на Унијата. Советот на Европската унија е водечка институција, одлучувачко тело кое ги претставува интересите на земјите членки. Европскиот парламент е избрано тело кое ги претставува граѓаните на Европската унија. Европската комисија е извршна власт на Европската унија. 61

ЕВРОПСКА УНИЈА

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Кои надлежности ги имаат трите најважни институции на Унијата? 2. Како се определува бројот на пратениците во Европскиот парламент? 3. Зошто за Европската комисија се вели дека е „чувар на договорите”?

КАКО РАБОТИ ЕВРОПСКАТА УНИЈА Европската унија, според својата суштина, е уникатна заедница на држави која досега не сме ја сретнале во светската историја. Таа постојано се развива, особено во последниве 50 години. За да може Европската унија да опстојува и да ја зацврстува вербата на граѓаните во нејзината иднина, таа на граѓаните треба да им овозможи социјален напредок: работа, добри плати, социјална сигурност и здрава животна средина. Тоа го постигнува преку Политики на солидарност и политики на технолошки новини, кои Унијата ги финансира преку годишен буџет кој главно го обезбедуваат земјите членки на Унијата. Главната цел на политиките на солидарност на Европската унија е да го помагаат и одржуваат постоењето на единствениот пазар. Тоа го постигнува со помош на Европскиот фонд за регионален развој формиран токму за таа цел. Овој фонд располага со пари добиени од Буџетот на Европската унија, наменети за помалку развиените региони во Унија62

та, особено за новодојдените земји членки. Преку трансфер на средства (од богатите во сиромашните земји), Европскиот фонд го забрзува економскиот развој во помалку развиените земји, ја заживува нивната индустрија, отвора места за вработување на млади луѓе и за оние кои долго време се без работа. На тој начин Европската унија ја зголемува соработката меѓу земјите - членки на Унијата, дава поддршка во решавањето на заедничките проблеми, го намалува јазот помеѓу побогатите и посиромашните региони во Унијата. Покрај овој Фонд, Европската унија располага и со Фонд наменет за финансирање на изградбата на сообраќајници и активности за заштита на животната средина. За унапредување за производството на храна, Европската унија воведе заедничка земјоделска политика (ЗЗП). Преку Фондот за земјоделско водење и гаранција, таа овозможи внесување нови технологии во производството на храна и на тој начин се подобри квалитетот и безбедноста на храната. „Луѓето треба да живеат во хармонија со почва-

та” е слоган по кој се препознава Европската унија. Европската унија има за цел да ги исправи најголемите неправди во европското општество. Настојува да ги заштити правата на сите работници во Европската унија: да имаат подобри услови за работа, праведни плати, социјална заштита, здравствена заштита и заштита при работа, слободно да формираат здруженија, стручно да се оспособуваат, слободно да се движат низ Унијата. Една од поважните активности на Унијата е поттикнување на научните истражувања во насока на подобрување на секојдневниот живот на граѓаните и обезбедување подобра иднина. Надминувањето на пробле-

мите со бучавата, отпадот, издувните гасови, обезбедување на чиста вода за пиење, заштита на животната средина, здравјето, откривање нови енергетски извори, се предмет на голем број заеднички истражувачки проекти на Унијата. Едно такво истражување на Унијата од областа на животната средина е и програмата наречена „Животната средина 2010, наша иднина, наш избор”. Целите на програмата се : да се ублажат и забават климатските промени и глобалното затоплување, да се изнајдат решенија за проблемите поврзани со животната средина и здравјето, да се зачуваат природните ресурси и успешно справување со отпадот и сл.

КЛУЧНА ИДЕЈА За да може Европската унија да опстојува, таа на своите граѓаните треба да им овозможи социјален напредок: работа, добри плати, социјална сигурност и здрава животна средина. Тоа го постигнува преку Политики на солидарност и политики на технолошки новини, кои Унијата ги финансира преку годишниот буџет. Задача на Унијата е да го забрзува економскиот развој во помалку развиените земји, да ја заживува нивната индустрија, да отвора места за вработување млади луѓе кои се долго време без работа. Се залага за унапредување за производството на храна, поттикнува научни истражувања во насока на подобрување на секојдневниот живот на граѓаните и обезбедување на подобра иднина.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Кои се основните цели и задачи на Унијата и на кој начин ги постигнува? 2. Објасни на кој начин Европската унија го помага и го одржува единствениот Пазар! 3. На кој начин Европската унија ги обезбедува средства за своето работење?

63

ЕВРОПСКА УНИЈА

СЛОБОДАТА, ПРАВДАТА И БЕЗБЕДНОСТА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Благодарение на Европската унија, граѓаните на земјите-членки можат да патуваат, да живеат и да работат низ цела Европа. Британски наставник има можност да предава англиски јазик во училиште во Рим, а млад дипломиран Француз може да се јави на конкурс за вработување во некоја државна институција во Белгија. Вакви можности добија европските граѓани откако Унијата воспостави систем за меѓусебно признавање на високото образование меѓу земјите членки. Тие се обврзаа дека ги воедначат универзитетските студии кои траат најмалку три години и дека ќе го обезбедат потребниот квалитет на студиите. На овој начин секое лице-државјанин на некоја земја -членка на Унијата може да се вработи во здравството, образованието и во други јавни сектори секаде низ Унијата, само не во полиција, во вооружените сили и службите за надворешни работи. Но, слободното движење подразбира безбедност и заштита при движењето. Меѓународниот криминал и тероризам сериозно ја загрозија безбедноста на европјаните. Бидејќи контролите на внатрешните граници на Европската унија беа укинати, се јави потреба од дополнителни мерки за безбедност кон нејзините надворешни граници. Унијата години наназад обезбедува слобода и безбедност на движењето 64

на своите граѓани со низа договори и акти. Во 1985 година таа презема чекор со кој им го олесни животот на оние кои патуваат низ Унијата. Владите на Белгија, Франција, Германија, Луксембург и Холандија потпишаа спогодба во малиот град Шенген, на границата на Луксембург. Тие постигнаа согласност да ги укинат сите проверки на лица - без оглед на националноста- на нивните меѓусебни граници, да ги хармонизираат контролите на нивните и на границите со земјите кои не се членки на Унијата, и да воведат заедничка политика за визи. На тој начин тие создадоа зона без внатрешни граници, позната како Шенген зона. Таа постојано се проширува. До

2006 година, 13 земји на Европската унија ги спроведуваат шенгенските правила (Австрија, Белгија, Данска, Финска, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска), но и Исланд и Норвешка, иако не се членки на Унијата. Земјите кои се приклучуваат на Унијата добиваат период од седум години во кои треба да ги исполнат критериумите за членство во Шенген зоната. Од 2004 година, европските граѓани кои патуваат низ Унијата, од нивните

национални власти добиваат и картичка за европско здравствено осигурување. Ова помага во покривањето на медицинските трошоци во случај на болест која болниот ја добил додека престојувал во друга земја. Европјаните не се само потрошувачи во Унијата. Тие се нејзини државјани. А тоа значи дека тие имаат и свои права. Согласно договорот во Мастрихт, „секое лице кое има државјанство на една од земјите-членки, е државјанин и на Унијата”. Тој има право да гласа и да се кандидира на локалните избори во земјата членка каде што живее, како и на парламентарните избори. На овој начин Европската унија станува поблиска на своите граѓани. Преку посебни договори постојано го зајакнува концептот на основните граѓански права во Унијата, а поведува и постапки против секоја земја-членка која нив ќе ги прекрши. Унијата поседува ефикасен систем

за следење на мигрантите и спречувањето на илегалната миграција. Преку координирани активности успешно се справува и во борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе и разни форми на експлоатација, особено на жени и деца. Земјите на Европската унија соработуваат во областа на полициското работење и правдата, со цел Европа да биде посигурна и побезбедна. Најголем напредок на овој план Унијата постигна со формирањето на Европолот. Тоа е тело на Унијата составено од полициски и царински службеници кои преку добро организирани активности успешно се справуваат со меѓународниот криминал. Со воведувањето на Европската потерница во јануари 2004 година, Унијата им го олесни на националните истражни власти на земјите членки водењето на криминалните истраги и процедури на екстрадиција.

КЛУЧНА ИДЕЈА Унијата обезбедува слобода и безбедност на движењето на своите граѓани со низа договори и акти. Преку координирани активности успешно се справува и во борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе и разни форми на експлоатација. Шенген зоната им овозможува на граѓаните на Унијата да живеат во една, а да работат во друга држава на Унијата. Граѓаните од земјите-членки се и државјани на Унијата. А тоа значи дека тие имаат и свои права.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Како Унијата им ја обезбедува слобода на движење на своите граѓаните? 2. На кој начин Унијата се справува со организираниот криминал? 3. Какви можности и привилегии за студирање имаат студентите на универзитетите во рамките на Унијата? 65

ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕВРОПСКА УНИЈА И ЕВРОПСКИ ИДЕНТИТЕТ „Ние не ги здружуваме државите, ние ги обединуваме граѓаните” францускиот политичар Жан Моне Европската унија постои половина век и за овој период таа изгради темелни вредности врз кои го гради сопствениот идентитет. Мирот и мирното решавање на конфликтите се темелна европска вредност. Желбата за мир беше јак мотив за создавање на Унијата, но е основен услов за нејзиното постоење. Во Унијата важат принципите на еднаквост и единство. Унијата не би можела да ги решава проблемите со кои се соочуваат граѓаните, ако не постои внатрешна поврзаност и безусловна еднаквост. Во Унијата сите се еднакви пред законот и никој не смее да се чувствува подреден, дискриминиран по било кој основ. Ова го докажува и мотото на кое се повикува Европската унија, а гласи „Обединети во различноста”. Слободата на движење е привилегија на европските граѓани. Тие посе-

И овие млади луѓе заслужуваат да патуваат без визи 66

дуваат европски модел на пасош и возачка дозвола кои им овозможуваат да живеат и патуваат низ целата Унија, да избираат работа по желба, да студираат според европските образовни програми. Така на пример, во периодот 2007-2013 година, три милиони студенти ќе имаат можности да студираат според европската програма „Еразмус”. Солидарноста е основна вредност врз која Европската унија го гради својот идентитет. Земјите - членки на Унијата покажуваат меѓусебна солидарност која доаѓа до израз особено во услови на временски непогоди, природни катастрофи и сл. Посебна придобивка на Унијата е почитувањето на основните права на граѓаните и владеење на правото. Правата и слободите на граѓаните се вградени во националните устави на земјите -членки. Сите овие темелни вредности го сочинуваат европскиот идентитет и затоа тој треба да се негува. Преку него граѓаните на Европската унија се разликуваат од останатиот свет. Европската унија е единствен начин како да се зачува заедничкото наследство на вредности, кое не е ништо друго од богатство на националните културни вредности на нејзините земји членки. Проширување на Европската унија Европската унија е оптварена за секоја европска земја, доколку ги исполни критериумите за членство. Со проширувањето, Унијата не само што ја зголемува својата површина и население, туку настојува да ги надмине сите недоразбирања и конфликти. Проширувањето на Европската

унија е од големо значење, како за земјите кои сакаат да станат дел од Унијата, така и за самата Унија. Успешното функционирање на Европската унија во текот на повеќе децени�� ја потврди идејата дека само „обединета Европа може да значи и силна Европа”. Со проширувањето на Унијата и влезот на нови земји-членки се зголемува зоната на мир, демократија, стабилност и просперитет, со што се зголемува и безбедноста на народите во Европа. Проширувањето на Европската унија значи и зголемување на економската моќ и отворање нови работни места во старите и новите земји-членки на Унијата. Со влезот во ЕУ, граѓаните ја добиваат можноста непречено да патуваат, да учат и да работат во било која друга земја-членка на Унијата. Со тоа, бездруго се подобрува и начинот на живеење на граѓаните на земјите од ЕУ, бидејќи влезот во Унијата значи дека тие успеале да создадат подобри услови во области кои го засегаат секојдневното живеење и безбедноста. Проширувањето на Европската унија со нови земјичленки значи и зголемување на културното богатство и разновидност, можност за размена на идеи и подобро разбирање меѓу народите. Услови за членство Европската интеграција (проширувањето) е политички и економски процес. Сите земји кои сакаат да се придружат на „европското семејство” треба да го минат тој процес. Европскиот совет, како одлучувачко тело на Унијата зацрта три критериуми кои земјите - кандидатки мораат да ги исполнат за да станат членки. Пред зачленувањето, земјите - кандидати мора да имаат:

 Стабилни институции кои гарантираат демократија, владеење на правото, на човековите права и почитување и заштита на малцинствата.  Функционална пазарна економија која ќе може да ја издржи конкуренцијата и пазарните законитости внатре во Унијата.  Способност да се преземат обврските што ги носи членството во Унијата, како и спремност да се даде поддршка на Унијата за остварување на нејзините цели. Земјите - кандидатки мора да имаат јавна администрација способна да ги спроведува и да управува со законите на Европската унија во пракса. Процес на пристапување Преговорите за влез во Унијата се водат меѓу секоја земја кандидат и Европската комисија, како претставник на Унијата. По завршувањето на преговорите, постојните земји членки на Унијата мора да донесат едногласна одлука (дозвола) за влез на новата земја во Унијата. Европскиот парламент мора да даде своја согласност преку гласање со апсолутно мнозинство на неговите членови. Потоа сите договори за пристапување мора да бидат ратификувани од страна на земјата - кандидат, согласно уставните процедури на земјата. Во текот на преговорите, земјите кандидатки добиваат помош од Европската унија за да им се овозможи полесно да го постигнат нивото на економски развој потребен за влез во Унијата. Така на пример, за проширувањето со 10 земји, кое се случи 2004 година, Европската унија одвои 41 милијарда евра кои беа наменети за проекти преку кои новите земји - членки побрзо ги исполнија критериумите за членство. 67

ЕВРОПСКА УНИЈА

КЛУЧНА ИДЕЈА Солидарноста е основна вредност врз која Европската унија го гради својот идентитет . Мирот и мирното решавање на конфликтите се темелна европска вредност. Посебна придобивка на Унијата е почитувањето на основните права на граѓаните и владеење на правото. Во Унијата важат принципите на еднаквост и единство и затоа сите се еднакви пред законот. Никој не смее да се чувствува подреден, дискриминиран по било кој основ.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Кои се вредностите на Европската унија според кои се определува нејзиниот идентитет? 2. Кои се придобивките од проширувањето на Европската унија? 3. Кои основни критериуми треба да ги исполни земјата - кандидат за членство во Унијата? 4. Објасни го процесот на пристапување за членство во Унијата.

МАКЕДОНИЈА КАКО ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО

за тоа дека местото на Македонија несомнено припаѓа во Европа.

Стекнувањето на статусот „земјакандидат” за членство во Унијата го потврди фактот дека Македонија претставува составен дел на Европа и тоа не само географски. Заедничкиот пат низ историјата со народите од Европа, како и големиот удел на Македонија во богатото културно наследство на Европа, говорат

Како многу други земји, така и Р Македонија посакува да биде дел од Европската унија. Уште од своето осамостојување таа се определи за интеграција во евроатланските структури и институции. Патот кон тие интеграции, Р Македонија ги започна уште во 1995 година кога се воспоставија дипломатски односи со двете евроатлански интегра-

68

ции: Европската унија и НАТО. Во 2000 година Европскиот совет достави директиви за преговори со Р Македонија во врска со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а во 2001 година во Луксембург беа завршени преговорите и беше потпишана оваа спогодба. Собранието на Р Македонија ја ратификуваше оваа Спогодба, а подоцна ја ратификуваа и парламентите на сите членки на Унијата. Процесите на интеграција на Р Македонија во Европската унија бараат силен ангажман и обединување на сите нејзини расположливи ресурси и избегнување на партизиран пристап. Затоа се наметна потребата од реорганизација на институциите на системот и силна поддршка од граѓаните на Македонија. Прв поголем политички чекор кон евроинтеграциите се направи во 1997 година со основањето на Комитетот за Евроатлански интеграции кој имаше за цел да ја води политиката за зачленување на Македонија во Унијата. Ова тело е под директно водство на премиерот на Македонија, а го сочинуваат сите министри, гувернерот на Народната банка на Македонија и претседателот на МАНУ (Македонска академија на науки и уметности).

Подоцна се формираа и други тела во Владата и во Собранието, задолжени за спроведување на политиката за интеграција на Македонија во ЕУ. Што треба да направи Р. Македонија за да стане членка на Унијата? Со зачленувањето во Унијата, нашата земја ќе има свои претставници во сите нејзини институции. Тие ќе ги застапуваат интересите на Македонија, но и ќе се залагаат за понатамошен развој на Унијата. За да се оствари тоа , нашата земја треба да направи голем број реформи со кои ќе се приближиме до стандардите на Европската унија. Македонија ќе треба да ги исполни сите обврски кои произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација во што е можно пократок рок, ако сака да се најде во Унијата. Македонија мора да се развива во духот на европските вредности. Таа треба да воспостави траен мир и безбедност на својата територија, да ја зајакне демократијата, да овозможи услови на владеење на правото и правдата. Треба да вложи големи напори да го зголеми својот економски развој, да им обезбеди на граѓаните подобра социјална заштита која ќе има одржлив развој. Р Македонија ќе мора да најде начини како да ги намали невработеноста и загадувањата на животната средина. Само така нашето сонце ќе стане ѕвезда од знамето на Европската унија. Македонија ги започна и не запира со реформите. Со макотрпна работа и истрајност оди по патот кон Европа. Она што треба најпрво да го направи е да чека мислењето на Европската комисија, по што ќе следи покана за членство во Унијата. 69

ЕВРОПСКА УНИЈА

КЛУЧНА ИДЕЈА За Р. Македонија, зачленувањето во Европската унија значи иднина. Европската перспектива ќе отвори големи можности за севкупен развој на земјата. За таа цел Македонија треба да исполни три основни критериуми: 1.Да стане политички стабилна (да воспостави стабилни институции, демократија, владеење на правото и човековите права и заштита на малцинствата); 2. Да обезбеди економски развој; 3. Да биде спремна да ги преземе обврските што ги наметнува членството во Унијата.

ПРОВЕРИ ГО И УПОТРЕБИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ 1. Што треба да направи Р. Македонија за да стане членка на Унијата? 2. Откако ќе стане членка на Унијата, кои се придобивките на Р. Македонија? 3. Кој е твојот придонес за да може Македонија да пристапи во европското семејство?

70

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Др. Милош Н. \уриќ: Историја хеленске естетике; БИГЗ, Београд, 1976 Давид Хелд: Модели на демокрација Школска книга, Загреб, 1990 Kраток преглед на Американската историја, Информативна агенција на Соединетите Држави, Драгољуб Р. Живојиновиќ: Успон Европе (1450-1789) Матица српска, Нови Сад, 1975 Универзална декларација на човековите права. Др. Никола Рот: Основи социјалне психологије, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1978 Беседе, Избор из светског беседништва, Култура, Београд, 1976 Др. Руди Супек: Социологија, Школска книга, Загреб, 1977 Социолошки терминолошки речник, МАНУ,Скопје, 1995 год. Паскал Фонтејн, Европа во 12 лекции, Европска документација, 2003 год. Европска конвенција за затита на човековите права и основни слободи, 4.11.1950. Ентони Гиденс, Социологија, ЦИД, Подгорица, 2000 Ило Трајковски, Граѓанско содружништво, Гоцмар,Скопје 1997 год. Климовски Саво, Уставен и политички систем, Просветно дело, Скопје 1997 год. Википедија, енциклопедија, European Union: A Very Short Introduction by John Pinder , Oxford, 2001 Устав на Р.Македонија, 1991. Human Rights Education: Lesson for life, Basic Information kit, November 1998.

РЕЧНИК НА ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ ЗБОРОВИ

 авторитет- углед, влијание што некоја личност го има над другите,  античка демократија - политички систем на стариот грчки (атински) полис во кој народот влијаел врз политиката  антички полис - град-држава во античка Грција, која опфаќала мала територија во однос на другите робовладетелски држави. Се состоела од земјоделска околина и градски центар. Истовремено претставувала општество на граѓани, политичка заедница  благородништво- дел од феудалната класа, сопственици над земјата и имаат политички привилегии  вредности - елементи на културата кои го усмеруваат човекот кон тоа што е добро, посакувано, корисно или убаво  вера - верување дека природата и општеството ги создал бог, натприродна сила  власт- право на управување, поседување на политичка, правна и економска моќ  влада - највисок извршно- управен орган на една демократска држава (сите органи што се вршители на власта во државата)  гласање - изразување на волјата или мислењето по пат на избори, давање глас за одреден кандидат  гласач - човек кој има право на глас  граѓанин - човек кој поседува одредени права и слободи и должности кон заедницата на која и припаѓа; припадник на една држава  граѓанско општество - општество засновано на приватната сопственост на средствата за производство и правна еднаквост на граѓаните  граѓански права - збир на права кои постојат во демократското општество (лични, политички, економско-социални права)  геноцид - акција за уништување на некоја национална, етничка, расна или верска група (сеубивање)  декларација - официјална или свечена изјава на една или повеќе држави дека ќе го почитуваат договореното  демонстрација - масовно, јавно изразување на незадоволство  демос- народ, (во античка Грција демосот го сочинувале необразованите луѓе)  должност - обврска некој да направи нешто во согласност со правните прописи или морални вредности  држава- моќен орган кој ги принудува сите да ги почитуваат правилата на однесување во општеството  демократија - власт на народот, еднаквост и право на секој граѓанин да учествува во донесувањето на одлуки за јавните и државните работи  еднаквост- мислење според кое сите луѓе имаат исти можности независно од нивните способности  етничка група - група на луѓе кои живеат на заедничка територија, имаат заедничко потекло 72

 експлоатација - искористување со цел да се добие материјална или друг вид придобивка  закон - правен документ со кој се регулираат односите во определена област од животот  избори - организирано учество на граѓаните во изборот на политичките претставници  интеграција - поврзување на луѓе, држави заради постигање на заедничка цел  институција - установа, завод  јавност - граѓани кои учествуваат во општествениот и политичкиот живот на општеството и јавно ги изразуваат своите политички ставови  јавна власт - државна власт  католик - човек кој верува во католичката религија (гранка на христијанската)  конвенција - меѓународен договор со кој најчесто се регулираат односите во некоја област ( пр.: Конвенција за заштита на детските права)  конфликт - состојба која настанува како резултат на судир на интереси, идеи, сфаќања  компромис - спогодба, усогласување на ставовите  комунизам - безкласно општествено уредување  конкуренција- натпревар, соперништво  кандидат - тој што е предложен за некоја функција, звање  мир - состојба во општеството или во дел од него во кој владеат усогласени и хармонични односи меѓу луѓето  мандат - овластување што едно лице го добива за да може да извршува некоја задача (работа)  монархија- политичко уредување во кое шеф на државата е монарх (цар, орал,султан)  моќ - способност на поединец или група да влијае врз некои области од животот  морална норма - непишано правило со кое се уредува што е лошо, а што добро во поведението на човекот  миграција- движење на населението од едно место на друго,  метропола - голем град, велеград  малцинство - група на луѓе кои во однос на другите (мнозинството) се помалку  нација - заедница на луѓе која има своја територија, заедничко потекло, јазик, минато, традиција, обичаи  националност- припадност кон една нација  опозиција- спротивно на позицијата,  општество - заедница на луѓе која настанала како резултат на заемното дејствување врз природата и општеството и нивното меѓусебно дејствување  партија - група на луѓе кои имаат исто мислење, особено во политиката, кои се здружуваат заради освојување на власта  повелба- свечена писмена изјава која ги содржи основните начела на меѓународната политика (Повелба на Обединетите нации) 73

 поданик - лице кои нема права, лице кое му е подредено на авторитетот на друго лице (во монархиите)  политичари - луѓе кои се бават со политика, кои се вешти во управувањето со државата, државници  политика - дејност насочена кон водење на државните работи, (донесување и спроведување на одлуките)  политичка организација - организација која си поставува задача да оствари некоја политичка цел (државата, политичките партии)  право - систем на обврзани општествени прописи кои ги донесуваат државните органи со цел да ги регулираат односите на државната територија  пратеник - избран или именуван претставник којшто е овластен од некоја група, колектив, државата  протестант - член на протестантска црква која ги опфаќа сите христијански верски учења кои се одделиле од католицизмот  праведност - идеална, морална состојба на личноста; праведен човек е оној кој работи најдобро што може и враќа со иста мера она што го добива од другите  протест - енергичен приговор против нечие дејствување кое се смета за неправилно  политички права - права кои на граѓаните им овозможуваат учество во политиката на земјата (да избираат, да се здружуваат, слобода на говорот)  премиер - прв министер, претседател на министерски совет (претседател на влада)  претставничка демократија - политички систем во кој управуваат претставници на народот избрани по волја на народот  рамноправност - еднаквост во правата и должностите на граѓаните  расна дискриминација- оспорување или ограничување на правата на припадниците на одделни народи врз основа на нивната расна или национална припадност  реформа - мерка што ја преземаат државните органи со цел да извршат значајни промени во односите  ропство- краен облик на искористување на луѓето од други луѓе (изедначување со предметите)  референдум - начин на директно изјаснување на сите лица што имаат право на глас за некој предлог или важно прашање за државата  самоволие - искажување на неограничена волја на една личност или група наспроти нормите воспоставени во заедницата  социјална заштита - збир на мерки кои државните органи ги преземаат за да обезбедат услови за живот на оние лица кои од било кои причини не можат сами да ги обезбедат  социјален проблем - појава кога многу поединци или групи на луѓе не се во состојба да ги задоволат основните животни потреби  слобода - независно формирање и изразување на волјата без принуда или притисок  слобода на печат - уставно право на граѓаните јавно да го 74

            

изразуваат своето мислење преку печатот и другите медиуми собрание (парламент) - највисок законодавен дом на државата слободна конкуренција - борба на одделни производители за пласман на своите производи на пазарот средства за производство - назив за севкупните материјални фактори од кои зависи производството (фабриките, машините, алатите, суровината) стандард - норма, пропис што има за цел да ги изедначи обликот, големината, квалитетот и начинот на испитување на некој материјал или производ технологија - збир на технички достигања со кои се служат членовите на некое општество; наука за постапки и вештини кои треба да се применуваат за да се постигне одредена цел толеранција- начин на почитување, прифаќање на разликите меѓу луѓето; признавање на универзалните човекови права и слободи на другите. хиерархија - скала според која се цени положбата на поединците во општеството во зависност од работата што ја извршуваат ( кон врвот се најценетите) универзално - општо унија - сојуз, здружение, друштво устав - највисок закон на една држава според кој се определува општественото и државното уредување фонд - акумулирани пари, капитал човештво- сите луѓе на земјата во својата целокупност штрајк - прекин на работа

75


Граѓанско образование