Page 1

програма п р ог р ама н оември 2 0 1 3

ноемв ри 2

013


п р ог р ама н оември 2 0 1 3

ОД УРЕДНИКОТ НА ФИЛМСКАТА ПРОГРАМА


ви која никого нема да остави рамнодушен. Првиот филм на отварањето ќе биде документарецот ПАЛМЕ (се знае за кого станува збор) во присуство на корежисерката на филмот Мод Најкандер (Maud Nycander), која воедно ќе одржи и предавања за студентите и за љубителите на филмот. И потоа следи Современ кинески филм. Се надевам дека оваа источна кинематографија која во последните години е застапена во селекциите, но и во наградите на светските фестивали ќе предизвика внимание кај вас, а и бидејќи на Синедејс во Кинотека ќе прикажуваме филмови од кинематографиите на европскиот, јужноамериканскиот и африканскиот континент, мислам дека Азија и Кина ќе бидат одлично заокружување на про-

шле да го гледаат филмот поради самиот филм, а не само затоа што на отворањето ќе дојде Аси (од турската серија АСИ) која сосема случајно е сопруга на главниот актер во филмот, Онур Сајлак. И потоа ќе продолжиме со Шведски филм. Имаме одлична селекција на шведски филмо-

грамата во Кинотеката која ќе се прикажува за време на Синедејс. Некаде кон крајот на месецот започнуваме и со традиционалниот Бугарски филмски понеделник – кој ќе продолжи и во декември. Ајде да видиме до каде се нашите комшии, бидејќи и

црногорската кинематографија ќе биде застапена во месецов ноември. Нетенденциозно, датумот 29-ти ноември е избран за проекција на филмот ЊЕГОШ, а на гости го чекаме и Бранко Балетиќ. И на крај, да ја спомнеме одличната соработка со Францускиот институт во Скопје, со кој што продолжуваме да прикажуваме филмови од богатата француска кинематографија. Но, за да не речете дека месецов заборавивме на себе, на македонската кинематографија, премиерно го имаме филмот УБАВО ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ на Сенад Абдули. Се надевам дека Сенад не е пророк и дека напротив, во ноември ќе имаме „убави денови за гледање филм“...

п р ог р ама н оември 2 0 1 3

Искрено, не гледам турски, „шпански“, хрватски... сапуници. Немам ништо против нив и не мислам дека многу се разликуваат од сличните американски производи. Немам предрасуди. Но, ако веќе можам да бирам помеѓу сапуниците и да погледнам добар филм, го бирам второво. Е, сега, како овие серии се поврзани со она што ние во Кинотеката го работиме? На пример, конкретно, ноември го отвораме со Недела на современ турски филм. И за чудо, филмовите кои ќе ги прикажеме се исклучителни. Тврдам дека филмот ЕСЕН, кој ќе се прикаже на отварањето, но и репризно ден потоа, е едно од ремек-делата на современиот светски филм, а до него стои и филмот ИНТЕРНАЦИОНАЛА, филм кој, исто така, ќе го прикажеме. Па, би ме радувало кога луѓето би до-


п р ог р ама н оември 2 0 1 3

НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН ТУРСКИ ФИЛМ

01 ноември (петок), 19.00 ч. 06 ноември (среда), 20.00 ч. БИТОЛА, МОЈ РОДЕН КРАЈ (Manastır Doğum Yerim / Bitola My Birth Place) документарен филм, Турција 2011, 64 мин., колор, ДВД режија и сценарио: Јасин Али Туркери (Yasin Ali Türkeri) учествуваат: Aјри Демировски, Муамер Кетенџоглу, Виолета Томовска, (Hayri Demirovski, Muammer Ketencoğlu, Violeta Tomovska) Документарен филм за животот на Ајри Демировски, кого во балканските земји го препознаваат по хитот „Битола, мој роден крај“. Денес за Битолчани таа песна претставува химна на градот; со неа го започнуваат и го завршуваат денот. Демировски ја раскажува својата животна сторија – како од Битола стигнал

до Измир, Турција, менувајќи повеќе професии (бербер, пејач, печатар) и минувајќи низ неколку премрежиња (сирак, партизан, печалбар).

море, малку да се одмори и да се опушти, и тука ќе запознае една проститутка, со која ќе се покаже дека имаат многу заеднички нешта.

01 ноември (петок), 21.00 ч. 02 ноември (сабота), 18.00 ч. ЕСЕН (Sonbahar / Autumn) игран филм, Турција / Германија 2008, 95 мин., колор, ДВД режија и сценарио: Озџан Алпер (Özcan Alper) улоги: Онур Сајлак, Меги Кобалаѕе, Серкан Кескин, Раифе Јениѓул (Onur Saylak, Megi Kobaladze, Serkan Keskin, Raife Yenigül)

02 ноември (сабота), 20.00 ч. 03 ноември (недела), 18.00 ч. ДОЛГА ПРИКАЗНА (Uzun Hikaye / A Long Story) игран филм, Турција / Германија 2012, 125 мин., колор, ДВД режија: Осман Синав (Osman Sinav) сценарио: Јигит Ѓуралп, Мустафа Кутлу (Yigit Güralp, Mustafa Kutlu) улоги: Кенан Имирзалиолу, Туче Казаз, Алтан Еркекли, Ѓувен Кирач, Зафер Алѓоз (Kenan Imirzalioğlu, Tuğçe Kazaz, Altan Erkekli, Güven Kiraç, Zafer Algöz)

По десетгодишен престој во затвор заради политичка активност, Јусуф е пуштен на слобода поради лоша здравствена дијагноза. Тој ќе се врати дома, во едно мало гратче покрај Црното Море, каде што живее мајка му. Мајка му е среќна што тој £ се вратил, но таа не може на Јусуф да му даде ниту емотивна ниту духовна поддршка иако тој има очајна потреба од тоа. Со својот школски пријател Јусуф ќе замине на

Екранизација на романот на Мустафа Кутлу, ДОЛГА ПРИКАЗНА го следи животот на Али, кој како момче емигрира од Бугарија во Турција, и се соочува со нова средина, токму со срцето на Истанбул. Како младо момче, тој се вљубува во Мунире, ќерка на сопственик на кино, и по низа


03 ноември (недела), 20.00 ч. 04 ноември (понеделник), 18.00 ч. ИНТЕРНАЦИОНАЛА (Beynelminel / The International) игран филм, Турција 2006, 105 мин., колор, ДВД режија: Муарем Ѓулмез, Сири Суреја Ондер (Muharrem Gülmez, Sırrı Süreyya Önder) сценарио: Сири Суреја Ондер (Sırrı Süreyya Önder) улоги: Џезми Баскин, Озѓу Намал, Умут Курт, Бахри Бејат, Мерал Окај (Cezmi Baskin, Özgü Namal, Umut Kurt, Bahri Beyat, Meral Okay) За време на воениот удар во раните осумдесетти,

група музичари се принудени да свират на воена парада. Заради полицискиот час и воведените нови правила од страна на војската, тие повеќе не можат да свират навечер, на улица и по кафеани, а тоа сериозно им ја нарушува егзистенцијата. Младите се особено гневни и размислуваат за кревање револуција и фантазираат за подемократска иднина. Во такви услови, тие се подготвуваат да ги изненадат воените великодостојници – во воениот марш да ја вметнат Интернационалата, светски позната мелодија на социјалистите и левоориентираните.

04 ноември (понеделник), 20.00 ч. 05 ноември (вторник), 18.00 ч. МОЈАТА СЕСТРА МОМО (Mommo / The Bogeyman) игран филм, Турција 2009, 91 мин., колор, ДВД режија и сценарио: Аталај Ташдикен (Atalay Taşdiken) улоги: Елиф Буљбуљ, Мете Донмезер, Мустафа Узунјилмаз, Мехмет Уста (Elif Bülbül, Mete Dönmezer, Mustafa Uzunyılmaz, Mehmet Usta)

Во едно анадолиско село, деветгодишниот Ахмет е ставен пред големи искушенија. Тој истовремено треба да биде поголем брат, но и татко и мајка и учител на својата помала сестричка Ајше, и покрај тоа што и самиот не е доволно зрел за таква одговорност. Нивниот татако Ќазим, по смртта на мајката, заминал за да се ожени со друга жена и своите две деца му ги препуштил на дедото Хасан кој е инвалид и премногу стар да се грижи за децата. Ахмет и Ајше како да се препуштени сами на себе...

05 ноември (вторник), 20.00 ч. 06 ноември (среда), 18.00 ч. ПОГРЕШНА БРОЈАНИЦА (Uzak İhtimal / Wrong Rosary) игран филм, Турција 2009, 90 мин., колор, ДВД режија: Махмут Фазли Џошкун (Mahumt Fazlı Coşkun) сценарио: Тарик Туфан, Ѓоркем Јелтан, Бекташ Тапалоглу (Tarık Tufan, Görkem Yeltan, Bektaş Tapaloğlu) улоги: Надир Сарибаџак, Ѓоркем Јелтан, Ерсан

п р ог р ама н оември 2 0 1 3

перипетии, тие оформуваат семејство. Следните две децении, во шеесеттите и седумдесеттите години, често го менуваат местото на живеење во потрага по егзистенција, но тоа за Али е секогаш борба од која излегува како победник. Тој има вроден инстинкт за изнаоѓање решенија, но без да отстапи од своите принципи. Нивната авантура е подеднакво тажна, модерна и романтична...


п р ог р ама н оември 2 0 1 3

Ујусал (Nadir Sarıbacak, Görkem Yeltan, Ersan Uyusal) Муса, кој за прв пат доаѓа во градот, започнува обука за „муезин“. Задолжен е за неколку работи во џамијата и добива сместување. Набргу по пристигнувањето тој ќе се сретне со Клара – католичка сестра – и уште од првата нивна средба меѓу нив се развива симпатија и топли чувства. Младиот муезин не сака да си признае дека се вљубува во жената која £ припаѓа и £ е посветена на друга вера, но како одминува времето, таа опсесија му станува единствена преокупација. Истовремено, Муса се запознава со библиофилот Јакуп во црквата која Клара редовно ја посетува, и почнува да работи за него. Неколку чудни и неочекувани пресврти се случуваат и им ги преплетуваат животите...

НЕДЕЛА НА ШВЕДСКИ ФИЛМ

07 ноември (четврток), 20.00 ч. ПАЛМЕ (Palme) документарен филм, Шведска 2012, 103 мин., колор, HD Digital сценарио и режија: Кристина Линдстром, Мод Нисандер (Kristina Lindström, Maud Nycander) учествуваат: Катарина Палме, Лизбет Палме, Олоф Руин, Ларс Еделстам (Catharina Palme, Lisbet Palme, Olof Ruin, Lars Edelstam) Документарен филм за животот и времето на познатиот шведски премиер, како и за Шведска која тој ја создаде. По 25 години од неговото убиство, за првпат членовите на семејството на Улoф Палме отворено зборуваат за трагичниот настан, за животот со него, за притисокот под кој било ставено семејството, заради политичките ставови на Палме.

08 ноември (петок), 20.00 ч. ПИЛОТСКА КАБИНА (Cockpit) игран филм, Шведска 2012, 96 мин., колор, HD Digital режија: Мартен Клингберг (Mårten Klingberg) сценарио: Ерик Арнбом (Erik Ahrnbom) улоги: Јонас Карлсон, Марие Робертсон, Елен Јелинек, Давид Бонте Атерберг, Карин Литман (Jonas Karlsson, Marie Robertson, Ellen Jelinek, David Bonté Atterberg, Karin Lithman) Откако пилотот Вале истовремено ќе ги изгуби и работата и сопругата, на секаков начин ќе се обиде да си го стабилизира животот. Клучно е повторно да најде работа, но онаму каде што сака да аплицира, еден од условите е кандидатот за пилот да биде жена. Како „Марија“ тој ќе ја добие работата, но преправањето во жена уште повеќе ќе му го искомплицира и професионалниот и приватниот живот. По еден немил настан, Виле, преправен во „Марија“, ќе успее да ги спаси патниците на авионот и да спречи поголема несреќа. Но, кој од нив двајцата


09 ноември (сабота), 20.00 ч. СТОКХОЛМ-ИСТОК (Stockholm Östra / Stockholm East) игран филм, Шведска 2011, 95 мин., колор, HD Digital режија: Симон Каијсер да Силва (Simon Kaijser da Silva) сценарио: Пернила Олјелунд (Pernilla Oljelund) улоги: Микаел Пербранд, Ибен Хјејле, Хенрик Норлен, Лив Мјонес (Mikael Perbrandt, Iben Hjejle, Henrik Norlén, Liv Mjönes) По една трагична сообраќајна несреќа, која ќе ги остави осамени и тажни, Јохан и Ана се запознаваат и се зближуваат. И двајцата живеат блиску еден до друг, во идиличното предградие на Стокхолм, со кој се поврзани преку железничката станица Стокхолм-Исток. Нивниот однос прераснува во страсна врска, но исполнета со лаги. Врска, во која и двајцата ја кријат вистината еден од друг.

10 ноември (недела), 20.00 ч. СРЕЌЕН КРАЈ (Happy End) игран филм, Шведска / Данска 2011, 97 мин., колор, HD Digital режија: Бјорн Рунге (Björn Runge) сценарио Ким Фупц Ајкесон (Kim Fupz Aakeson) улоги: Ан Петрен, Малин Буска, Густаф Скарсгард, Јохан Вилдерберг, Петер Андерсон (Ann Petrén, Malin Buska, Gustaf Sakrgård, Johan Wilderberg, Peter Andersson) СРЕЌЕН КРАЈ е бајка за возрасни. Петмина луѓе се поврзани еден со друг, но не и искрени еден кон друг. Живеат во свет на сенки, исполнет со лаги и невистини, едвај чекат некој да ја обелодени вистината за да можат да си ги насочат животите во друг правец. Ова е последниот филм на Бјорн Рунге од трилогијата тематски посветена на ликови кои се обидуваат да се ослободат од самоуништување, во која спаѓаат и филмовите РАЗДЕНУВАЊЕ (Daybreak, 2003) и УСТА НА УСТА (Mouth to Mouth, 2005).

11 ноември (понеделник), 20.00 ч. КРАЛСКИ НАКИТ (Kronjuvelerna / Crown Jewels) игран филм, Шведска / Данска 2011, 120 мин., колор, HD Digital режија: Ела Лемхаген (Ella Lemhagen) сценарио: Карина Дал, Ела Лемхаген (Carina Dahl, Ella Lemhagen) улоги: Алисија Викандер, Бил Скарсгард, Бјорн Густафсон, Михалис Куцојанакис, Александра Рапапорт (Alicia Vikander, Bill Skarsgård, Björn Gustaffson, Michalis Koutsogiannakis, Alexandra Rapaport) Младата Фраганција е уапсена за обид за убиство на Рихард Першон, син на директорот на компанијата. Во текот на полициското испитување, таа ќе ја открие својата невообичаена животна сторија – од сиромашното детство, преку љубовните доживувања и љубовната афера со хокеарската ѕвезда Петерсон-Јонсон, сè до фаталната ноќ на убиството, кога и почнува приказната.

п р ог р ама н оември 2 0 1 3

– Виле или Марија – ќе ги понесе ловориките за херојското дело?


ФИЛМСКА ПРОГРАМА ЗА НОЕМВРИ 2013

01 ноември (петок)

05 ноември (вторник)

10 ноември (недела)

15 ноември (петок)

19.00 ч. БИТОЛА, МОЈ РОДЕН КРАЈ (Manastır Doğum Yerim / Bitola My Birth Place) 21.00 ч. ЕСЕН (Sonbahar / Autumn)

18.00 ч. МОЈАТА СЕСТРА МОМО (Mommo / The Bogeyman) 20.00 ч. ПОГРЕШНА БРОЈАНИЦА (Uzak İhtimal / Wrong Rosary)

20.00 ч. СРЕЌЕН КРАЈ (Happy End)

17.00 ч. ХРАМОТ НА БУДА (Guan yin shan / Buddha Mountain) 20.00 ч. 22.00 ч. СИНЕДЕЈС

02 ноември (сабота) 18.00 ч. ЕСЕН (Sonbahar / Autumn) 20.00 ч. ДОЛГА ПРИКАЗНА (Uzun Hikaye / A Long Story) 03 ноември (недела) 18.00 ч. ДОЛГА ПРИКАЗНА (Uzun Hikaye / A Long Story) 20.00 ч. ИНТЕРНАЦИОНАЛА (Beynelminel / The International) 04 ноември (понеделник) 18.00 ч. ИНТЕРНАЦИОНАЛА (The International) 20.00 ч. МОЈАТА СЕСТРА МОМО (Mommo / The Bogeyman)

06 ноември (среда) 18.00 ч. ПОГРЕШНА БРОЈАНИЦА (Wrong Rosary) 20.00 ч. БИТОЛА, МОЈ РОДЕН КРАЈ (Bitola My Birth Place) 07 ноември (четврток) 20.00 ч. ПАЛМЕ (Palme)

11 ноември (понеделник) 20.00 ч. КРАЛСКИ НАКИТ (Kronjuvelerna / Crown Jewels) 12 ноември (вторник) 18.00 ч. МИ НЕДОСТАСУВАШ (Jag saknar dig / I Miss You) 20.00 ч. УШТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ (Fyra år till / Four More Years) 13 ноември (среда)

20.00 ч. ПИЛОТСКА КАБИНА (Cockpit)

18.00 ч. БЛЕСКАВИ ДЕНОВИ (Wan jia deng huo / Glittering Days) 20.00 ч. 22.00 ч. СИНЕДЕЈС

09 ноември (сабота)

14 ноември (четврток)

20.00 ч. СТОКХОЛМ-ИСТОК (Stockholm Östra / Stockholm East)

17.00 ч. ЗАСЕКОГАШ МАЃЕПСАН (Mei Lanfang / Forever enthralled) 20.00 ч. 22.00 ч. СИНЕДЕЈС

08 ноември (петок)

16 ноември (сабота) 17.00 ч. ПАТУВАЈЌИ ИЛЈАДА МИЛЈИ (Qian li zou dan qi / Riding Alone For Thousands Of Miles) 20.00 ч. 22.00 ч. СИНЕДЕЈС 17 ноември (недела) 17.00 ч. ОКЕАНСКИ РАЈ (Hai yang tian tang / Ocean Heaven) 20.00 ч. 22.00 ч. СИНЕДЕЈС 18 ноември (понеделник) 17.00 ч. ПОД НЕБОТО НА УРУМЌИ (Wulumuqi de tian kong / Under the Sky of Urumqi) 20.00 ч. 22.00 ч. СИНЕДЕЈС


24 ноември (недела)

30 ноември (сабота)

17.00 ч. ТЕЛОХРАНИТЕЛИ И УБИЈЦИ (Shi yue wei cheng / Bodyguards and assassins) 20.00 ч. 22.00 ч. СИНЕДЕЈС

20.00 ч. БЛЕСКАВИ ДЕНОВИ (Wan jia deng huo / Glittering Days)

20.00 ч. ПОД НЕБОТО НА УРУМЌИ (Wulumuqi de tian kong / Under the Sky of Urumqi)

20 ноември (среда) 20.00 ч. 22.00 ч. СИНЕДЕЈС 21 ноември (шетврток) 20.00 ч. 22.00 ч. СИНЕДЕЈС 22 ноември (петок) 20.00 ч. Премиера на краток игран македонски филм УБАВ ДЕН ЗА УМИРАЊЕ (р. Сенад Абдули) 23 ноември (сабота) 20.00 ч. ТЕРЕЗА (Thérèse Desqueyroux / Thérèse)

25 ноември (понеделник) 20.00 ч. КОЗА (Козелът / The Goat) 26 ноември (вторник) 20.00 ч. ЗАСЕКОГАШ МАЃЕПСАН (Mei Lanfang / Forever enthralled) 27 ноември (среда) 20.00 ч. ХРАМОТ НА БУДА (Guan yin shan / Buddha Mountain) 28 ноември (четврток) 20.00 ч. ПАТУВАЈЌИ ИЛЈАДА МИЛЈИ (Qian li zou dan qi / Riding Alone For Thousands Of Miles) 29 ноември (петок) 18.00 ч. ОКЕАНСКИ РАЈ (Hai yang tian tang / Ocean Heaven) 20.00 ч. ЊЕГОШ – ЕДНА БИОГРАФИЈА (Njegoš – jedna biografija)

01 декември (недела) 20.00 ч. ТЕЛОХРАНИТЕЛИ И УБИЈЦИ (Shi yue wei cheng / Bodyguards and assassins) 02 декември (понеделник) 20.00 ч. СТРАНЕЦОТ (Чужденецът / The Foreigner) 09 декември (понеделник) 20.00 ч. ХИНДЕМИТ (Хиндемит / Hindemith) 16 декември (понеделник) 20.00 ч. УШТЕ НЕШТО ЗА ЉУБОВТА (Ощте нещо за любовта / One More Thing About Love)

п р ог р ама н оември 2 0 1 3

19 ноември (вторник)


п р ог р ама н оември 2 0 1 3

СОВРЕМЕН КИНЕСКИ ФИЛМ

12 ноември (вторник), 18.00 ч. МИ НЕДОСТАСУВАШ (Jag saknar dig / I Miss You) игран филм, Шведска / Финска 2011, 125 мин., колор, HD Digital сценарио и режија: Андерс Грунрос (Anders Grönros) улоги: Ерика Мидфјал, Хана Мидфјал, Бирте Вингрен, Томас Ханзон, Лудвиг Нилсон (Erica Midfjäll, Hanna Midfjäll, Birthe Wingren, Thomas Hanzon, Ludvig Nilsson)

12 ноември (вторник), 20.00 ч. УШТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ (Fyra år till / Four More Years) игран филм, Шведска 2011, 91 мин., колор, HD Digital режија: Това Магнусон (Tova Magnusson) сценарио: Вилхелм Берман (Wilhelm Behrman) улоги: Бјорн Кјелман, Ерик Ериксон, Това Магнусон, Андре Викстром, Стен Љунгрен (Björn Kjellman, Eric Ericson, Tova Magnusson, André Wickström, Sten Ljunggren)

Тина и Сила имаат по 15 години и живеат во северниот дел на Шведска. Иако се близначки и речиси идентични, по карактер се сосем различни. На роденденот на нивната мајка, трчајќи по школскиот автобус, Сила ќе загине. Тина е сега во ситуација да се снаоѓа сама, без сестрата која досега £ беше најголема потпора во бурниот тинејџерски живот.

Давид Холст има неуспешна политичка кариера и тукушто изгуби на изборите. За да ги реализира своите амбиции и да стане премиер на Шведска ќе мора да почека уште четири години, до новите избори. Неговите планови ќе се променат кога тој ќе се вљуби, ни помаку ни повеќе, во помошникот на новиот премиер, инаку политички соперник. Давид треба да се соочи со новооткриената сексуална ориентација, но и да реши дали поради таа љубов е подготвен да се откаже од семејството, колегите, кариерата...

13 ноември (среда), 18.00 ч. 24 ноември (недела), 20.00 ч. БЛЕСКАВИ ДЕНОВИ (Wan jia deng huo / Glittering Days) игран филм, Кина 2009, 95 мин., колор, ДВД режија: Ан Жанѓун (An Zhanjun) сценарио: Ли Лонгјун, Њиу Фужи (Li Longyun, Niu Fuzhi) улоги: Лиу Хуа, Сјин Баиќинг, Фенг Ќан, Лиу Лин, Ву Јуе (Liu Hua, Xin Baiqing, Feng Qian, Liu Lin, Wu Yue) Животот во Јунјучи, населба на југот од Пекинг станува неподнослив заради дотраеноста и на зградите и на инфраструктурата. Населението, меѓу кои и големото семејство Хе, сè уште живеат во традиционални кинески куќи со внатрешен двор, притеснети едни до други. Тројцата браќа Хе и нивните семејства делумно ќе ја изгубат


14 ноември (четврток), 17.00 ч. 26 ноември (вторник), 20.00 ч. ЗАСЕКОГАШ МАЃЕПСАН (Mei Lanfang / Forever enthralled) игран филм, Кина / Хонг Конг 2008, 138 мин., колор, ДВД режија: Чен Каиге (Chen Kaige) сценарио: Јан Гелинг, Чен Куо-фу, Чен Каиге (Yan Geling, Chen Kuo-fu, Chen Kaige) улоги: Леон Лаи, Зији Џанг, Сун Хонглеи, Чен Хонг (Leon Lai, Ziyi Zhang, Sun Honglei, Chen Hong) Екранизација на биографијата на Меи Ланфанг, една од најлегендарните оперски ѕвезди во кинеската историја. Иако маж, Ланфанг скоро целата своја кариера ја изгради толкувајќи женски ликови, но во приватниот живот се соочувал со многу фрустрации, пред сè заради

ограничувањaта што му ги наметнувала професијата, но и заради бурниот љубовен живот.

15 ноември (петок), 17.00 ч. 27 ноември (среда), 20.00 ч. ХРАМОТ НА БУДА (Guan yin shan / Buddha Mountain) игран филм, Кина 2010, 100 мин., колор, ДВД режија: Ли Ју (Li Yu) сценарио: Ли Фанг, Ли Ју (Li Fang, Li Yu) улоги: Силвија Чанг, Фан Бингбинг, Бо-лин Чен, Феи Лонг (Sylvia Chang, Bingbing Fan, Bo-lin Chen, Fei Long) Тројца млади кои потекнуваат од проблематични семејства и се без некоја цел во животот, освен да му пркосат, стануваат потстанари кај една остарена оперска пејачка. Таа штотуку го загубила синот - удавена во тага - лута низ секојдневието несвесна за многу нешта што се случуваат околу неа. Девојката и двете момчиња се мајтапат со неа, ù ги крадат парите, потоа и автомобилот, но полека, во сопствената

дезориентација, гнев и бунтовништво наоѓаат сочуство за неа и ù помагаат да се помири со отсуството на синот. При тоа, и тие тројцата го прифаќаат животот со сите непријатности и неизвесности што ги носи.

16 ноември (сабота), 17.00 ч. 28 ноември (четврток), 20.00 ч. ПАТУВАЈЌИ ИЛЈАДА МИЛЈИ (Qian li zou dan qi / Riding Alone For Thousands Of Miles) игран филм, Кина / Хонг Конг / Јапонија 2005, 110 мин., колор, ДВД режија: Жанг Јимоу (Zhang Yimou) сценарио: Зу Јингзи (Zou Jinghzi) улоги: Кен Такакура, Шинобу Тераима, Киичи Накаи, Кен Накамото (Ken Takakura, Shinobu Terajima, Kiichi Nakai, Ken Nakamoto) Рибарот Таката живее во едно зафрлено јапонско село и веќе подолго време тагува по својот син Кеничи, со кого не се во добри односи. Кога неговата снаа Рие ќе му каже дека Кеничи лежи во болница, Таката ќе се обиде ситуацијата да ја искористи за да се смири со синот. Откако синот

п р ог р ама н оември 2 0 1 3

куќата откако по летните поројни дождови дел од објектот ќе се сруши и заедно со соседите ќе почнат да вршат притисок врз градските власти за тие да ја обноват населбата. Во меѓувреме, покрај куќата, и нивните бракови ќе се разнишаат...


п р ог р ама н оември 2 0 1 3

ќе одбие да го види таткото, снаата на стариот ќе му даде видеолента, од која таткото ќе дознае дека синот е голем љубител на кинеската опера, но заради болеста нема да успее да ја погледне последната изведба на оперскиот пејач Ли Џијамин. Стариот Таката ќе реши да отпатува во далечното кинеско село за да ја сними изведбата на Џиајмин и да му ја покаже на синот кој лежи на болничка постела.

17 ноември (недела), 17.00 ч. 29 ноември (петок), 18.00 ч. ОКЕАНСКИ РАЈ (Hai yang tian tang / Ocean Heaven) игран филм, Кина 2010, 100 мин., колор, ДВД режија и сценарио: Хуе Сјаолу (Xue Xiaolu) улоги: Џет Ли, Вен Жанг, Гвеи Лун-меи, Жу Јуанјуан, Донг Јонг (Jet Li, Wen Zhang, Gwei Lunmei, Zhu Yuanyuan, Dong Yong) По лошата прогноза од докторите, Ванг очекува да почине. Тој работи во локалниот аквариум и сам се грижи за 20-годишниот аутистичен син по смртта на неговата сопруга. Соочен со брзиот крај, Ванг сепак има предизвик

– за многу кратко време да му ја пренесе мудроста на живеењето и преживувањето на синот за кој не е сигурен дека ќе може да се снајде во светот без него. На што попрво да го научи? И, како?

18 ноември (понеделник), 17.00 ч. 30 ноември (сабота), 20.00 ч. ПОД НЕБОТО НА УРУМЌИ (Wulumuqi de tian kong / Under the Sky of Urumqi) игран филм, Кина 2011, 100 мин., колор, ДВД режија: Ксирзат Јакуп (Xirzat Yakup) сценарио: Бинг Жанг (Bing Zhang) улоги: Ју Бин, Цао Сјивен, Исламџијан Варис (Yu Bin, Cao Xiwen, Islamjian Waris) Урумќи е град на северозападот на Кина во кој со векови едни покрај други живеат луѓе од повеќе од 15 националности и неколку религии. Лиу Пеи е млад сликар кој заедно со сопругата ќе се досели во градот уште во шеесеттите години и ќе биде изненаден од хармоничните односи помеѓу соседите. Новостекнатите пријателства ќе ги задржи до крајот на животот.

19 ноември (вторник), 17.00 ч. 01 декември (недела), 20.00 ч. ТЕЛОХРАНИТЕЛИ И УБИЈЦИ (Shi yue wei cheng / Bodyguards and assassins) игран филм, Кина / Хонг Конг 2009, 135 мин., колор, ДВД режија: Теди Чанг (Teddy Chang) сценарио: Ѓунли Гуо, Тин Нам Чун, Ѓојсе Чан (Junli Guo, Tin Nam Chun, Joyce Chan) улоги: Хеќи Ванг, Тони Леунг Ка Фаи, Ѓун Ху, БоЧиех Ванг, Николас Це (Xueqi Wang, Tony Leung Ka Fai, Jun Hu, Bo-Chieh Wang, Nicholas Tse) Во 1905 година Кина ја зафаќа револуционерен бран, но династијата Кинг е подготвена да стори сè за да остане на власт. Бидејќи Сун Јат Сен е нивниот најголем противник и перспективен лидер на идната „народна“ Кина, тие испраќаат група убијци за да го отстранат од политичката сцена. Но, и противничката група ќе формира своја одбрана, а судирот на двете страни е безмилосен, истребување до смрт. Епската сцена во која се судираат групите трае околу еден час, што претставува реткост во филмовите со боречки вештини.


Проекции во 20.00 и 22.00 ч. Програма ЗЕМЈА ВО ФОКУС: Презентација на кинематографии на земји од Африканскиот, Јужноамериканскиот и Европскиот континент.

22 ноември (петок), 20.00 ч. Премиера на краток игран македонски филм УБАВ ДЕН ЗА УМИРАЊЕ (р. Сенад Абдули)

ФРАНЦУСКИ КИНО КЛУБ

23 ноември (сабота), 20.00 ч. ТЕРЕЗА (Thérèse Desqueyroux / Thérèse) игран филм, Франција 2012, 110 мин., колор, ДВД режија: Клод Милер (Claude Miller) сценарио: Натали Картер, Клод Милер, според роман на Франсоа Моријак (Natalie Carter, Claude Miller, François Mauriac) улоги: Одри Тату, Жил Лелуш, Анаис Демусје, Катрин Ардити, Изабел Садојан (Audrey Tautou, Gilles Lellouche, Anaïs Demoustier, Catherine Arditi, Isabelle Sadoyan) На југозападот на Франција, Терезa Ларок ќе се омажи за богатитот Бернар Декејру, очекувајќи бракот да £ донесе некаква ориентација во животот, а не љубов и почитување. Живее живот на провинциска буржујка без никакви

29 ноември (петок), 20.00 ч. ЊЕГОШ – ЕДНА БИОГРАФИЈА (Njegoš – jedna biografija) документарен филм, 100 мин., Црна Гора режија: Бранко Балетиќ

п р ог р ама н оември 2 0 1 3

ФЕСТИВАЛ СИНЕДЕЈС 13-21 ноември

планови за индина, сè додека нејзината золва лудо не се вљуби во еден Португалец, наспроти неодобрувањето од семејството. Тогаш Тереза ќе почне да ги преиспитува своите ставови и својот брак.


п р ог р ама н оември 2 0 1 3

БУГАРСКИ ФИЛМСКИ ПОНЕДЕЛНИК

25 ноември (понеделник), 20.00 ч. КОЗА (Козелът / The Goat) игран филм, Бугарија 2008, 95 мин., колор, ДВД режија: Ѓорги Ѓулгеров (Георги Дюлгеров) сценарио: Ѓорѓи Ѓулгероф, Кристин Димитрова, според приказна на Јордан Радичков (Георги Дюлгеров, Кристин Димитрова, Йордан Радичков) улоги: Иван Бурниев, Анџела Родел, Иван Савов, Красимир Доков, Љубов Љубчева (Иван Бюрниев, Angela Rodel, Иван Савов, Красимир Доков, Любов Любчева) Козата има своја мисија на Земјата – да ги спречи луѓето да дојдат до древното богатство. Таа е раскажувач на приказната... Во куќата на својот дедо, музичарот Јона ќе пронајде

стар натпис кој му дава назнаки каде да најде закопано богатство. Авантуристот Румба и неговата сопруга Ема, Американка, доаѓаат до истото место каде што е Јона, исто така со мапа од скриеното богатство во рацете. Ема, која студира бугарски фолклор, сака да го купи имотот на Јона за да дојде до богатството, но тој е недоверлив кон странци. Наскоро неговата нетрпеливост ќе ескалира, а во ксенофобијата го поддржуваат и двајцата соседи Роми.

особено заради тоа што не го познава локалниот јазик, но сепак останува голем оптимист и се надева дека ќе ја донесе девојката со себе во Париз за таа да ги запознае неговите родители.

02 декември (понеделник), 20.00 ч. СТРАНЕЦОТ (Чужденецът / The Foreigner) игран филм, Бугарија 2012, 100 мин., колор, ДВД режија и сценарио: Ники Илиев улоги: Љубомир Ковачев, Сања Борисова, Ники Илиев, Валентин Гошев (Любомир Ковачев, Саня Борисова, Ники Илиев, Валентин Гошев)

09 декември (понеделник), 20.00 ч. ХИНДЕМИТ (Хиндемит / Hindemith) игран филм, Бугарија 2006, 100 мин., колор, ДВД режија и сценарио: Андреј Слабаков (Андрей Слабаков) улоги: Ернестина Шинова, Дејан Донков, Петар Слабаков, Валентин Танев, Тончо Токмакчиев (Ернестина Шинова, Деян Донков, Петьр Слабаков, Валентин Танев, Тончо Токмакчиев)

Младиот Французин Жерар се вљубува во Магдалена, девојка од Бугарија која има доста жив темперамент и нерафинирано однесување. Следејќи го своето срце, тој ќе го најде патот до нејзиното село, но ќе се судри со табиетот и алчноста на нејзиното семејство. Жерар минува низ низа недоразбирања и комични ситуации,

Две многу слични двојки во своите четириесетти години се вселуваат во скоро идентични куќи во новоизградена населба. Мажите се вработени, а нивните сопруги се домаќинки. И едните и другите немаат деца, живеат рутински, не менувајќи ги секојдневните навики. Под влијание на телевизијата, рекламите и


16 декември (понеделник), 20.00 ч. УШТЕ НЕШТО ЗА ЉУБОВТА (Ощте нещо за любовта / One More Thing About Love) игран филм, Бугарија 2010, 93 мин., колор, ДВД режија: Магдалена Ралчева (Магдалена Ралчева) сценарио: Георги Данаилов (Георги Данаилов) улоги: Калин Врачански, Симеон Љутаков, Сепиде Делфоруз, Марија Статулова (Калин Врачански, Симеон Лютаков, Сепиде Делфоруз, Мария Статулова) Во 1945 г. хирургот Руменов е обвинет за дисидентски дејствија и е исфрлен од

Универзитетската болница во Софија. Интерниран е во Варна, каде што се запознава со фотографот Дикран со кого се спријателува и повторно почнува да ужива во животот. По еден инцидент, Дикран паѓа во кома, а Руменов е очаен што не може да му помогне. Во болницата се појавува една убава и мистериозна Ерменка која бара да се омажи за Дикран и покрај неговата безнадежна состојба. И покрај недовербата на докторот, излегува дека љубовта лечи сè… Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814, л. 111 + 389 2 3065 968 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com

За издавачот: м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска Уредник на филмската програма: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Александар Василевски Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Александра Младеновиќ Виолета Петрушевска м-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Лектура: Снежана Петрова-Џамбазова

Проектот го помогна:

Министерство за култура на Република Македонија

Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Европа, Кочани

п р ог р ама н оември 2 0 1 3

соседското дружење, тие почнуваат да личат едни на други, а кога тоа ќе го сфатат, почнуваат и да се мразат едни со други. Колку повеќе се обидуваат да бидат поразлични едни од други, толку повеќе тоа не им успева, а сето тоа им ја разгорува желбата меѓусебно да се уништат.


www.maccinema.com

п р ог р ама н оември 2 0 1 3


Kinotekanoe 13 e katalog  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you