Page 1

п р ог р ам а март 2 0 1 4

програма март 2

014


Филмовите пак, во кои исто така бев вљубеник од детството, бев научен само да ги гледам. Во кино и на телевизор. Времето во кое ја развивав оваа страст не дозволуваше домашни колекции на филмови. Немаше ВХС касети, а дисковите беа научна фантастика. Затоа, за да ја задоволам својата колекционерска страст, а и да ја спречам ефемерноста, од восприемањето на оваа уметност развив еден поинаков механизам. За филмовите кои ги гледав запишував кратки цртички (голем срам би ме фатил кога денеска би го видел тој дневник), највеќе импресии од виденото. Не ме интересираа содржините, тие и онака би ги нашол некако, туку чувството кое произлегло од гледаната содржина. Вториот, дополнителен метод, беше читање за филмовите и тоа беше малку потешко зашто во македонскиот либерален комунизам не беше лесно да се најде таква литература. Но, се снаоѓав, како и

сите други. И така, филмот за мене беше, а во голема мера е и сега, доживување кое најубаво го примам во киносала. Темница, изолираност од дополнителни дразнења, платно и проекција. Слики и звуци кои раскажуваат приказна и се менуваат по логичен редослед проектирани најчесто на филмско платно. Филмот никогаш не го поврзував со физички објект или нефизички објект - носач на филм: филмска лента, касета, диск, мемориски стик, сликички во секунда, магнетен запис, кецови и нули... И денеска немам култ кон собирање филмови (за дома), освен доколку тоа не е кинотеката. Тука сум посветен колекционер на филмови. Читав за Квентин Тарантино кој, сите знаеме, ја започнал кариерата како видеотекар. Како човек кој сигурно имал изгледано повеќе филмови од што имало во видеотеката во која работел плус како голем познавач на светската историја на филм, на Квентин не можел да не му влезе

во очи легендарниот филм на Роберт Алтман КОЦКАРОТ И БЛУДНИЦАТА. Филмот е снимен од Вилмош Зигмонд. Квентин не можел да разбере ништо од филмот зашто во него гледал само бради во темница. Е сега, ако не го знаете Зигмонд , а го знаете Алтман, ѕирнете ја неговата филмографија (пред некоја година се запознавме на ИФФК Манаки) и ќе ви биде јасно зошто на Квентин му било нејасно како овој филм може да биде еден од позначајните филмови на Алтман и да биде дел од најдобрите филмови во историјата, а тој воопшто не го разбирал кога го гледал во видеотеката. Љубопитноста го држела Квентин и кога станал славен и богат и како таков можел да си дозволи да си купи 35 мм апаратура, за дома, како Тито, и да почне да прави колекција од 35 мм филмови. Јасно ви е кој филм прв го купил и јасно ви е дека откако го гледал во кино сфатил дека првпат го гледа тој филм. Јас пак, инстинктивно

секогаш предност му давав на киното пред останатото, а кога би ги извагал предностите и негативностите, домашната проекција секогаш би била во предност. Значи интуицијата е пред разумот и верувам дека проекцијата на 24 сликички во секунда и нивното восприемање преку несовршеноста на окото е многу подобра отколку онаа преку другите медиуми. Одамна имав забележано дека филмовите кои ги гледам во кино ги памтам многу подобро од другите кои ги гледам поинаку. Мислев дека тоа е поради тоа што киното преставува ритуал и дека не одиш во кино секој ден (за разлика од телевизорот која денеска е во секоја соба, а телевизија можеме да гледаме и на телефоните) и се подготвуваш за тоа па потоа во игра е и „со кого си го гледал филмот“ и каде си го гледал филмот и каде си бил откако си го гледал филмот и што си правел после... Значи во прашање се многу социолошки моменти поради кои мислев дека подобро

ги памтам филмовите во кино отколку ако го гледам на друго место. И за да не ја растегнам како турска серија... ЗАВРШУВА ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ

п р ог р ам а март 2 0 1 4

п р ог р ам а март 2 0 1 4

ОД УРЕДНИКОТ НА ФИЛМСКАТА ПРОГРАМА


снајдат целото село. Но, тој е невин, а виновник е новата учителка „Ѓоспоѓицата“ која сите ја обожаваат. Таа е сексуално опседната со Ману и иако не сакајќи, ќе го предизвика првиот пожар, но следните несреќи нема да бидат сосема случајни.

ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА

6-8 март 2014

1 март (сабота) 20.00 ч. 2 март (недела) 20.00 ч. ВЕЧЕР игран филм, Македонија, 2013, колор, 104 мин., видео режија: Кирчо Арсовски сценарио: Кирчо Арсовски улоги: Горан Митиќ, Жарко Јовановиќ, Кирчо Арсовски ВЕЧЕР е комедија, аматерски обид на што поужасен начин да се пренесе атмосферата од филмовите на Џорџ Кјукор. Кога екипата би ги имала неговите костимографи, сценографи, шминкери и фризери, хоророт би бил уште поубедлив. Уште подобра е споредбата со В.Ц. Филдс. Тој денес би снимил токму ваков вербален слепстик кога по некоја несреќа би бил „исклоцан“ од Холивуд и

4 март (вторник) 20.00 ч. 5 март (среда) 20.00 ч. ГОСПОЃИЦА (Mademoiselle) игран филм, Франција / Велика Британија 1966, 103 мин., колор, 35 мм. режија: Тони Ричардсон (Tony Richardson) сценарио: Маргерит Дира, Жан Жене (Marguerite Duras, Jean Genet) улоги: Жана Моро, Еторе Мани, Кит Скинер ( Jeanne Moreau, Ettore Manni, Keith Skinner) Во едно француско село, Ману е италијански шумар кого сите го сакаат. Но, тој не може да им оддолее на сексуалните понуди на жените од селото и затоа љубоморните соселани ќе започнат да го обвинуваат за несреќите кои ќе го

6 март (четврток) 20.00 ч. ЖЕНСКО Е (It’s a Girl) документарен филм, САД 2012, 64 мин., колор, ДВД режија: Ребека Бери (Rebecca Barry) Во документарниот филм ЖЕНСКО Е се раскажани приказните за напуштените девојчиња и жените кои биле жртви на трговија со бело робје, за жените кои преживеале екстремно насилство поради миразот, храбри мајки кои се борат да ги спасат своите ќерки како и мајките кои би убиле за своите синови. Експерти од целиот свет и активистите за женските права ги составија овие приказни токму за да се исцрта патот за промена како и да се сврти свеста кон тоа дека сè уште

нема вистинска и ефективна акција против оваа неправда. Војната против девојките е вкоренета во повеќевековните традиции и се одржува со една длабоко вкоренета култрната динамика, но, исто така, тоа е поврзано и со владините политики кои го забрзуваат елиминирањето на женските деца. Филмот е снимен на локации во Индија и Кина каде девојчињата се убиваат и абортираат само зашто се девојчиња (такви случаи има и на други места во светот) и ги разоткрива токму овие прашања, но и гласно го поставува прашањето зошто толку малку нешта се прават за да се спасат девојките и жените. Обединетите нации пресметаа дека околу 200 милиони девојчиња исчезнуваат токму заради овој геноцид. Оние девојчиња кои ќе го преживеат детството честопати се запоставувани и многу од нив се соочуваат со есктремно насилство дури и смрт токму од нивните сопрузи и блиски личности од нивното семејство.

7 март (петок) 20.00 ч. ЈАС СУМ ДЕВОЈКА (I’m a Girl) документарен филм, САД 2013, 88 мин., колор, ДВД режија: Ребека Бери (Rebecca Barry) Жените, како група на луѓе во светот денес е многу повеќе осудувана од која било друга група, а притоа не е ниту политички ниту религиозно идентификувана. Да се родиш како жена значи дека е мошне веројатно дека ќе бидеш подложена на насилство, зарази, сиромаштија и несреќи. Документарниот филм ЈАС СУМ ДЕВОЈКА раскажува за тоа што значи да се биде жена во 21 век. Како што поминува денот од зори до самрак така во филмот нè водат шесте девојки Ману, Кимси, Азиза, Хабиба, Бреани и Кејти кои раскажуваат за реалноста и животот на една девојка во различни делови во светот. ЈАС СУМ ДЕВОЈКА е филм што ќе ве инспирира, но и ќе ве насмее. Феминизмот можеби ветува еднаквост меѓу половите и се обидува да создаде подобар свет за жените, но во реалноста, тие сè уште се соочуваат со силна дискриминација.

Технологијата и науката нудат незамислив потенцијал за подобрување на животните стандарди, но ние сè уште се бориме за да ја подигнеме свеста на луѓето дека мажите и жените мора да имаат еднакви права и можности. Но и покрај овие пречки, девојките пронаоѓаат неверојатни начини за да преживеат, а во овој документарен филм ќе ги видите токму тие приказни за силата, надежта и храброста како и одбивањето да се биде човек од втор ред.

8 март (сабота) 20.00 ч. ЖИВОТОТ НЕ Е ХАВАЈСКА ПЕСНА (Nije ti život pjesma havaja) документарен филм, Хрватска 2012, 50 мин., колор, ДВД режија: Дана Будисављевиќ (Dana Budisavljević) Во документарниот филм ЖИВОТОТ НЕ Е ХАВАЈСКА ПЕСНА низ ритуалот за време на семејниот оброк на едно шармантно и по малку необично семејство на режисерката Дана Будисављевиќ, со нежност и хумор се раскажува за потребата да се поврзат најблиските кои ни значат најмногу во животот. Таа зборува со родителите за животот во 70-тите години на минатиот век, за хомосексуалноста на нивната

п р ог р ам а март 2 0 1 4

п р ог р ам а март 2 0 1 4

МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА

оставен без и еден цент под неговата чудесна шапка. Духот на Ме Вест лебди за време на целиот филм. Тројца пријатели, удобно заглавени во една соба, седат, јадат, пушат, пијат и озборуваат. За што? За кого? Дојдете и видете! Во овие саат и две минути не се случува ич ништо. Филмот е за публика која не е во потрага по возбуда, авантури и слатки сништа.


МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА

9 март (недела) 20.00 ч MАКЕДОНИЈА ЉУБОВ МОЈА (Macedonia mon amour) документарен филм, Македонија / Германија 2013, 60 мин., колор, видео режија: Инго Лангер (Ingo Langner) Приказната во филмот не се одвива во надоврешниот свет, туку во една медитативна слика на деталите и сеќавањата. Минатото и сегашноста се спојуваат во еден измазнет колаж. Филмот го следи значајниот христијански живот во Македонија во времето на св. Петар, низ христијанските градови во доцниот антички перод, во средновековната Охридската теолошка школа па се до монашкиот живот на првата, светски позната, света мајка Тереза. Филмот исто така ја прикажува младата

македонска генерација која го разоткрива христијанското наследство. Низ мозаичните делови на информациите од сите локации и низ бројните интервјуа со локалното население, претставена е сликата за Македонија и нејзината разноликост на цивилизации и културни влијанија. Филмот е едно исцртување на поврзаноста помеѓу апостолот Павле па се до мајка Тереза.

11 март (вторник) 20.00 ч 12 март (среда) 20.00 ч ДИЈАМАНТИТЕ НА СТАРИОТ ГАНГСТЕР (Ad ogni costo) игран филм, Италија 1967, 121 мин., колор, 35 мм. режија: Џулијано Монталдо (Giuliano Montaldo) сценарио: Паоло Бјанчини, Аугусто Каминито (Paolo Bianchini, Augusto Caminito) улоги: Џенет Ли, Роберт Хофман, Клаус Кински (Janet Leigh, Robert Hoffmann, Klaus Kinski) По пензионирањето, професорот Џејмс Андерс на криминалецот Марк Милфорд ќе му го претстави планот за грабеж на големата компанија за трговија со дијаманти од Бразил. Заедно со група

професионални крадци, тие ќе заминат во Рио де Жанеиро со цел да ја извршат кражбата, но ќе наидат на еден непредвиден проблем, а тоа е новиот аларм-систем наречен Гренд слем 70.

ЈАПОНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

14 - 20 март 2014

14 март (петок) 20.00 ч. БАНДА НА УБИЈЦИ (Shinobi no Mono\ A Band of Assassins) игран филм, Јапонија, 1962, црно-бел, 104 мин., 35 мм. режија: Јамамото Сацуо (Yamamoto Satsuo) сценарио: Такаива Хаџиме (Takaiwa Hajime) улоги: Ичикава Раиѕо, Фуџимура Шихо, Кишида Кјоко, Фуџивара Реико, Џо Кензабуро, Ито Јуносуке (Ichikawa Raizo, Fujimura Shiho, Kishida Kyoko, Fujiwara Reiko, Jo Kenzaburo, Ito Yunosuke) Кон крајот на граѓанската војна во 70-тите години во провинцијата Ига дејствувале голем број луѓе

со изворедни боречки вештини кои биле добро истренирани, но и многу талентирани. Тие биле поделени во две групи, чии лидери биле Момочи Сандају и Фуџибујаши Нагатоноками и кои живееле во две одделени тврдини. Боречката вештина која тие ја практикувале со долги и аскетски тренинзи се нарекува нинџуцу па според тоа борците биле нарекувани нинџа. Филмот „Банда на убијци“ доживел голем успех во киносалите во Јапонија, по што следеле неколку продолженија, во кои, иако секогаш се менувал режисерот, главниот лик секогаш го играл познатиот актер Ичикава Раиѕо.

15 март (сабота) 20.00 ч. ХРАБРИТЕ ПОДВИЗИ НА КЛАНОТ САНАДА (Sanada fuunroku\ Brave Records of the Sanada Clan) игран филм, Јапонија 1963, колор, 90 мин., 35 мм. режија: Таи Като (Tai Kato) сценарио: Фукуда Јошијуки, Оно Рјуносуке,

Конами Фумио (Fukuda Yoshiyuki, Ono Ryunosuke, Konami Fumio) улоги: Накамура Киносуке, Ватанабе Мисако, Џери Фуџио, Омае Хитоши, Токита Фуџио (Nakamura Kinnosuke, Watanabe Misako, Jerry Fujio, Omae Hitoshi, Tokita Fujio) Храбрите записи на кланот Санада е воодушевувачки и емоционално исполнет мјузикл кој ја претставува идејата на младата кулутра во Јапонија во 60-тите. Режисерот Като Таи во овој филм, кој е направен според истоимената драма на Фукуда Јошијуки, на еден повеќе комичен отколку сатиричен начин ги меша вистината и фикцијата, историските факти и комичните елементи на нелогичностите. Филмот е временски сместен на почетокот на 17 век, по победата на Токугава Иејаши во Борбата на Секигахара каде за превласт се бореле поддржувачите на шогунот Тојотоми Хидејоши. Меѓу децата-сираци на бојното поле, каде што лежеле паднатите трупови на воините, ќе се појави и момчето Сасуке кое поседува магична моќ која ја добил од еден паднат метеор.

п р ог р ам а март 2 0 1 4

п р ог р ам а март 2 0 1 4

ќерка, недоразбирањата со нејзиниот брат, готвењето и неодминливата баба што го водат гледачот низ еден филм полн со неочекувани пресврти и силни моменти на идентификување. За својот филм Дана Будисављевиќ вели: „Не се сеќавам кога јас и тато го започнавме проектот „Појадок во вторник“, но досега сигурно сме појадувале заедно преку 500 пати. Откако мајка ми се врати во Хрватска, со неа ручам во недела, а понекогаш ќе ни се придружи и брат ми. Главно зборуваме за дневната политика, филмовите кои сме ги гледале, домашниот буџет и случувањата во поширокото семејство. Еден ден одлучив да им ги поставам прашањата кои навистина нè засегаат. Оние прашања што толку нè засегаат што просто е невозможно да се зборува за нив“. Овој филм е добитник на многу филмски награди меѓу кои се наградите за најдобар дебитански филм од Балканот на Докуфест во Призрен и наградата од публиката на Загребдокс.


4 март (вторник)

11 март (вторник)

17 март (понеделник)

23 март (недела)

24 марти (понеделник)

20.00 ч. ГОСПОЃИЦА (Mademoiselle)

20.00 ч. ДИЈАМАНТИТЕ НА СТАРИОТ ГАНГСТЕР (Ad ogni costo)

20.00 ч. ВРАЌАЊЕТО НА БАНДАТА НА УБИЈЦИТЕ (Zoku shinobi no mono)

20.00 ч. СОВРШЕН ДЕН (Un giorno perfetto)

20.00 ч. ЕВЕ МЕ ПАК (Mi rifaccio vivo)

12 март (среда)

18 март (вторник)

20.00 ч. ДИЈАМАНТИТЕ НА СТАРИОТ ГАНГСТЕР (Ad ogni costo)

20.00 ч. ОДМАЗДАТА НА КАБУКИАКТЕРОТ (Yukinojo henge)

14 март (петок)

19 март (среда)

20.00 ч. БАНДА НА УБИЈЦИ (Shinobi no Mono)

20.00 ч. САМУРАЈОТ-ШПИОН (Ibun Sarutobi Sasuke)

15 март (сабота)

20 март (четврток)

20.00 ч. ХРАБРИТЕ ПОДВИЗИ НА КЛАНОТ САНАДА (Sanada fuunroku)

20.00 ч. САМУРАЈОТ-СКИТНИК (Kaze no bushi)

5 март (среда) 20.00 ч. ГОСПОЃИЦА (Mademoiselle) 6 март (четврток) 20.00 ч. ЖЕНСКО Е (It’s a Girl) 7 март (петок) 20.00 ч. ЈАС СУМ ДЕВОЈКА (I’m a Girl) 1 март (сабота)

8 март (сабота)

20.00 ч. ВЕЧЕР

20.00 ч. ЖИВОТОТ НЕ Е ХАВАЈСКА ПЕСНА (Nije ti život pjesma havaja)

2 март (недела) 20.00 ч. ВЕЧЕР

9 март (недела) 20.00 ч. MАКЕДОНИЈА ЉУБОВ МОЈА (Macedonia mon amour)

16 март (недела) 20.00 ч. КИБОРГ 009: ЛЕГЕНДАТА ЗА СУПЕР ВОРТЕКСОТ (Cyborg 009 gekijo ban: cho ginga densetsu)

21 март (петок) 20.00 ч. ГОЛЕМАТА УБАВИНА (La grande bellezza) 22 март (сабота) 20.00 ч. ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ! (Benvenuto presidente!)

25 март (вторник) 20.00 ч. МЕД (Miele) 26 март (среда) 20.00 ч. / 22.00 ч. ПОПУЛАРНИ (Populaire)

п р ог р ам а март 2 0 1 4

ФИЛМСКА ПРОГРАМА ЗА МАРТ 2014


16 март (недела) 20.00 ч. КИБОРГ 009 ЛЕГЕНДАТА ЗА СУПЕР ВОРТЕКСОТ Cyborg 009 gekijo ban: cho ginga densetsu \ Cyborg 009: Legend of the Super Vortex игран филм, Јапонија 1980, колор, 130 мин., анимиран филм, 35 мм. режија: Масајуки Акехи (Masayuki Akehi) сценарио: Рјуѕо Наканиши, Џеф Сегал (Ryuzo Nakanishi, Jeff Segal) директор на анимација: Јасухиро Јамагучи (Yasuhiro Yamaguchi) КИБОРГ 009 е аниме филм кој направен според истоимената манга и аниме ТВ-серија на Шотаро Ишимори која оригинално била прикажувана во црно- бела техника во доцните 60-ти години. Главните јунаци во оваа приказна се девет киборзи кои поседуваат натприродни моќи и посебни вештини кои по долгогодишниот мир во вселената ќе мора повторно да ги употребат за да ја спасат иднината на целиот универзум.

17 март (понеделник) 20.00 ч. ВРАЌАЊЕТО НА БАНДАТА НА УБИЈЦИТЕ (Zoku shinobi no mono \ Return of the Band of Assassins) игран филм, Јапонија 1963, црно-бел, 93 мин., 35 мм. режија: Сатсуо Јамамото (Satsuo Yamamoto) сценарио: Такаива Хаџиме, Мурајама Томојоши (Takaiwa Hajime, Murayama Tomoyoshi) улоги: Ичикава Раиѕо, Шихо Фуџимура, Томисабуро Вакајама, Со Јамамура (Ichikawa Raizo, Shiho Fujimura, Tomisaburo Wakayama, So Yamamura) Откако нинџата Ичикава Гоемон и неговата жена

Маки ќе заминат да живеат мирен живот на село заедно со нивниот новороден син Гохеи, нивната идила ќе биде нарушена кога генералот Ода Нобунага ќе одлучи да ги ликвидира сите нинџи и нивните кланови. По убиството на неговиот син, Гоемон ќе мора да ја одмазди неговата смрт и решава да ги подучува Нинџицу-учениците во будистичкот храм во Саига кои ќе ги предводи во војна против Ода. Филмот ВРАЌАЊЕТО НА БАНДАТА НА УБИЈЦИТЕ е второто продолжение на познатиот филмски циклус за Бандата на убијците и нинџата Ичикава Гоемон кој содржи вкупно осум филмски продолженија.

18 март (вторник) 20.00 ч. ОДМАЗДАТА НА КАБУКИ-АКТЕРОТ (Yukinojo henge \ Revenge of a Kabuki Actor) игран филм, Јапонија 1963, колор, 114 мин., 35 мм. режија: Кон Ичикава (Кon Ichikawa) сценарио: Като Вада (Katto Wada)

улоги: Каѕуо Хасегава, Фуико Јамамото, Ајако Вакао, Раиѕо Ичикава, Шинтаро Кацу (Kazuo Hasegawa, Fuiko Yamamoto, Ayako Wakao, Raizo Ichikawa, Shintaro Katsu) Филмот е временски сместен во првата половина на 19 век и главен лик е кабуки-актерот Јукиноџо Накамури кој е Ојама, специјално обучен актер кои во кабуки-театарот ги игра женските улоги. За време на една претстава во публиката пред која ќе глуми, ќе го препознае нечесниот трговец Јамагучија кој е убиецот на неговите родители. Кога тој сè уште бил дете, пред дваесет години, Јамагучија го обвинил неговиот татко за криумчарење и врз него ја префрлил целата вина за своите криминални активности. Од голема мака и изгубена чест, таткото на Јукинјоџо се самоубил. ОДМАЗДАТА НА КАБУКИ-АКТЕРОТ е римејк на успешното остарување на Кинугаса Теиносуке од 1936 година. Филмот на Кон Ичикава се смета за еден од класиците на јапонската кинематографија.

19 март (среда) 20.00 ч. САМУРАЈОТ-ШПИОН (Ibun Sarutobi Sasuke\ Samurai Spy) игран филм, Јапонија 1965, црно-бел, 114 мин, игран филм, 35 мм. режија: Масахиро Шинода (Masahiro Shinoda) сценарио: Јошијуки Фукуда, Коџи Накада (Yoshiyuki Fukuda, Koji Nakada) улоги: Коџи Такахаши, Еиџи Окада, Сеиџи Мијагучи, Кеи Сато, Тецуро Танба (Koji Takahashi, Eiji Okada, Seiji Miyaguchi, Kei Sato, Tetsuro Tanba) Филмското дејтво во САМУРАЈОТ-ШПИОН е сместено во почетокот на 17 век кое е време на еден несигурен мир. Сарутоби Сасуке е шпион од кланот Санда, кој неутрално ќе ја гледа војната меѓу две сопернички групи на шпиони. Од едната страна на шпионското бојно поле е шогунатот Токугава и од другата е кланот Тојоми. Кога Сарутоби ќе дознае дека Татеваки Коријама сака да побегне од шогунатот во кланот Тојоми, тој ќе мора да го пронајде и да го врати. Неговото

патешествие во овој филм ќе биде исполнето со опасности и интриги. Но, зад неговите петици низ целото патешествие ќе му биде еден воин облечен во снежно-бела облека кој со себе води армија од црни нинџи. Филмот САМУРАЈОТ-ШПИОН е направен според меџи-расказот „Десетте херои од Санада“ во кои главните ликови се следбениците на Санада Јукимура кој бил главен генерал во Борбата на Секигахара и опсадата на замокот во Осака.

20 март (четврток) 20.00 ч. САМУРАЈОТ-СКИТНИК (Kaze no bushi\Samurai Vagabond) игран филм, Јапонија 1964, колор, 95 мин, игран филм, 35 мм. режија: Таи Като (Tai Kato) сценарио: Тацуо Ногами, Рјотаро Шиба (Tatsuo Nogami, Ryotaro Shiba) улоги: Хашизо Охкава, Хироко Сакурамачи, Наоко Кубо, Санае Накахара, Минору Охки (Hashizo Ohkawa, Hiroko Sakuramachi, Naoko Kubo, Sanae Nakahara, Minoru Ohki)

п р ог р ам а март 2 0 1 4

п р ог р ам а март 2 0 1 4

На помош ќе ги повика момчето-вонземјанин Саба чиј татко-научник е киднапиран од страна на императорот Зоа кој сака да го освои универзумот и да ја открие тајната за теоријата на контролирање на вортексот кој е бескраен и мистериозен извор на чиста енергија.


ПРОЗОРЕЦ КОН ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ

си го трошел времето, повторно ја открива мистериозноста и големата убавина на Рим.

21-25 март 2014 г.

21 март (петок) 20.00 ч. ГОЛЕМАТА УБАВИНА (La grande bellezza) игран филм, Италија, 2013, 142 мин., колор, ДВД режија: Паоло Сорентино (Paolo Sorrentino) сценарио: Паоло Сорентино, Умберто Контарело (Paolo Sorrentino, Umberto Contarello) улоги: Тони Сервило, Карло Вердоне, Сабрина Ферили (Toni Servillo, Carlo Verdone, Sabrina Ferilli)

22 март (сабота) 20.00 ч. ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ! (Benvenuto presidente!) игран филм, Италија, 2013, 100 мин., колор, ДВД режија: Рикардо Милани (Riccardo Milani) сценарио: Фабио Бонифачи, Никола Џулијано ( Fabio Bonifacci , Nicola Giuliano) улоги: Клаудио Бисио, Касија Смутнијак, Бепе Фјорело, Ремо Џироне, Масимо Пополицио (Claudio Bisio, Kasia Smutniak, Beppe Fiorello, Remo Girone, Massimo Popolizio)

Новинарот Џел, кој со децении ужива во високите социјални кругови и интелектуалниот свет на Рим, ќе реши да ги помине останатите години во потрагата по смислата на животот. Гледајќи ги нештата од сосема поинаков агол, зад голите и празни муабети на неговите „пријатели“- ексцентрици со кои со децении

Во едно планинско село живее човек по име Џузепе Гарибалди, којшто сите го викаат Пепино. Тој сака риболов, ужива во друштво на пријатели како и во својата работа во библиотеката. Тој е оптимист дури и кога едно дете ќе го нарече „голем неуспех“. Еден ден, заради настанатиот хаос во политиката во Италија ќе се случи

нешто неверојатно: Пепино ќе биде избран за претседател на Италија, но по грешка. Одеднаш тој ќе биде откинат од неговиот мирен живот и ќе се најде во една улога која е сосема несоодветна за него.

23 март (недела) 20.00 ч. СОВРШЕН ДЕН (Un giorno perfetto) игран филм, Италија, 2008, 95 мин., колор, ДВД режија: Ферзан Озпетек (Ferzan Ozpetek) сценарио: Меланија Гаја Мацуко, Сандро Петралја, Ферзан Озпетек (Melania Gaia Mazzucco, Sandro Petraglia, Ferzan Ozpetek ) улоги: Изабела Ферари, Валерио Мастандреја, Стефанија Сандрели, Моника Гвериторе, Николе Гримаудо (Isabella Ferrari, Valerio Mastandrea, Stefania Sandrelli, Monica Guerritore, Nicole Grimaudo) Антонио е избувлив човек кој работи како телохранител за високиот политичар Елио

Фјораванти. Неодамна неговата сопруга Ема го оставила и заедно со децата заминала да живее со нејзината мајка Адријана. Но, Антонио е решен повторно да ја освои Ема и да го врати своето семејство. Но, кога неговиот син ќе биде поканет на роденденската забава на ќерката на политичарот Елио, сè ќе отиде во погрешна насока.

24 марти (понеделник)20.00 ч. ЕВЕ МЕ ПАК (Mi rifaccio vivo) игран филм, Италија, 2013, 105 мин., колор, ДВД режија: Серџио Рубини (Sergio Rubini) сценарио: Серџио Рубини, Карла Кавалуци, Умберто Марино (Sergio Rubini, Carla Cavalluzzi, Umberto Marino) улоги: Емилио Солфрици, Нери Маркоре, Пасквале Петроло, Ванеса Инконтрада (Emilio Solfrizzi, Neri Marcorè, Pasquale Petrolo, Vanessa Incontrada)

Бјаџио Бјанчети по многуте неуспеси во неговиот живот решава да се самоубие. Но, откако ќе биде пренесен во чистилиштето, добива уште една шанса да ја промени својата судбина. Но неговата идеја за подобра иднина е само онаа во која неговиот долгогодишен ривал Брас е несреќен.

25 март (вторник) 20.00 ч. МЕД (Miele) игран филм, Италија, 2013, 96 мин., колор, ДВД режија: Валерија Голино (Valeria Golino) сценарио: Мауро Ковачич, Валерија Голино, Франческа Марчано, Валија Сантела (Mauro Covacich, Valeria Golino, Francesca Marciano, Valia Santella) улоги: Јасмине Тринка, Карло Чеки, Либер де Риенцо (Jasmine Trinca, Carlo Cecchi, Libero de Rienzo) Ирене е ангел на милосрдноста и работи под

п р ог р ам а март 2 0 1 4

п р ог р ам а март 2 0 1 4

Од страна на Токугава шогунатот еден самурај ќе биде испратен на тајна мисија да навлезе во областа Кишу. Тој е нинџа, на кого секогаш му се наклонети жените, но во исто време тие му донесуваат големи неволји. Неговата мисија е да ја најде и заштити принцезата која живее далеку од сите очи. Но во иста мисија ќе бидат и неколку непријателски трупи, зашто оној којшто ќе ја добие принцезата е оној којшто ќе владее со земјата Кишу. Филмот е адаптација на истоимениот роман на Рјотаро Шиба. Една од најзначаните и најинтересните сцени во САМУРАЈОТ-СКИТНИК е борбата на нинџите во еден лавиринт од камења на една плажа во зори. Кадрите на овој надворешен простор се исполнети со една златна боја на изгрејсонцето која се спротиставува на лавиринтот од студените камења.


ДЕНОВИ НА ФРАНКОФОНИЈА 26 - 30 март 2014 г.

Во рамките на деновите на франкофонијата, покрај, ПОПУЛАРНИ - филмот на отварањето, ќе бидат прикажани и: француско-сенегалската копродукција ДЕНЕС (Aujourd’hui) на режисерот Алан Гомис во кој тој ја раскажува приказната за последниот ден во животот на Сачи кој се враќа во својот роден Снегал; француско-либанската копродукција во режија на Надин Лабаки, КАДЕ ОДИМЕ СЕГА (Et maintenant on va où ?), филм во кој е опишано како група жени се обидуваат

да ги смират религиозните тензии помеѓу муслиманите и христијаните во нивното село; и воедно можеме да најавиме и еден канадски филм на Ксавиер Долан, а се надеваме дека и Швајцарците, традиционално, ќе учествуваат со свој филм во оваа филмска програма која сè уште не е дефинирана до крај.

26 март (среда) 20.00 ч. / 22.00 ч. ПОПУЛАРНИ (Populaire) игран филм, Франција, 2012, 111 мин., колор, ДВД режија: Режис Ронсар (Régis Ronsard) сценарио: Режис Ронсар, Даниел Присле (Régis Roinsard, Daniel Presley) улоги:  Роман Дјурис, Феодор Аткин, Дебора Франсоа (Romain Duris, Féodor Atkine, Déborah François) Спортска комедија. Во пролетта 1958 г. 21-годишната Роз Памфил живее со нејзиниот

стар намуртен татко, вдовец кој има локална продавница. Верена е со синот на локалниот механичар и по сè изгледа, осудена е на тивок и тежок живот на домаќинка. Но таа не копнее по таков живот. Кога оди во Лизју во Нормандија, каде харизматичниот шеф на осигурителна компанија Луи Ешар бара секретарка, интервјуто е катастрофа, но Розе покажува посебен талент може да пишува на машина со необична брзина. Без да знае, младата жена го буди скриениот спортски навивач во Луи. Ако Роз ја сака работата ќе мора да се натпреварува во натпревар во брзо чукање на машина, а Луи е тренерот...

Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814, л. 111 + 389 2 3065 968 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com

п р ог р ам а март 2 0 1 4

п р ог р ам а март 2 0 1 4

псевдонимот Миеле (Мед). Нејзината задача е да им помага на оние кои се смртно болни и кои сакаат гордо и достоинствено да ја поминат последната етапа од нивниот живот. Таа својата задача ја извршува со силно убедување, но и со милосливост, а за тоа добива соодветен паричен надоместок. Но, ваквиот живот има свои недостатоци. Својот живот таа го живее изолирано од надворешниот свет, а единствената љубовна врска која ја има, воопшто не се труди да ја продлабочи. Но, кога пензионираниот архитект Карло ќе ги најми нејзините услуги, нејзиниот строг етички кодекс ќе биде разнишан. Таа ќе открие дека Карло не е смртно болен туку е депресивен и несреќен.

За издавачот: м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска Уредник на филмската програма: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Александра Младеновиќ Виолета Петрушевска м-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Лектура: Снежана Петрова-Џамбазова Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Европа 92, Кочани

Програмата е реализирана во соработка со: Амбасадата на Јапонија во Виена Јапонската фондација Францускиот институт Град Скопје/ УН вомен/ Институт за родови студии УКИМ/ ЕСРА Амбасадата на Италија во Скопје Проектот го помогна:

Министерство за култура на Република Македонија


www.maccinema.com

п р ог р ам а март 2 0 1 4

Kinotekamart e katalog  
Advertisement