Issuu on Google+

програма п р ог р ама декември 2 0 1 3

декем ври

201 3


п р ог р ама декември 2 0 1 3

ОД УРЕДНИКОТ НА ФИЛМСКАТА ПРОГРАМА


ден посветен на филмови снимени како испитни филмови на ФДУ. Во декември ќе ја продолжиме соработката со Бугарскиот центар за култура, а ќе ги видиме и СÈ ЗА МОЈАТА МАЈКА на Алмодовар, ГОМОРА на Матео Гароне, ЉИЉА ЗАСЕКОГАШ на Лукас Мудисон и БУРЕН ПОНЕДЕЛНИК на Мајк Фиџис. Сепак, она по што ќе се издвои декември секако е проекцијата на филмот ВАГНЕР (1913 год.) проект на Младинскиот културен центар од Скопје, Македонската филхармонија, Гете институтот, Центарот за култура - Битола и, нормално, Кинотеката на Македонија. Проекцијата ќе се случи во киното Милениум во

Скопје, а втората проекција ќе биде во Битола во Центарот за култура. А воедно би ja истакнал и првата проекција на израелски филм во Кинотеката. Се надевам дека ќе имаме шанса во иднина да откриеме и уште нешто од оваа богата кинематографија. Новогодишниот филм РУДОЛФ ЦРВЕНОТО НОСЕ е најава за традиционалното КИНОУТРО кое следува во наредниот месец. Ви посакувам убави празници, убави филмови и се читаме во јануари.

п р ог р ама декември 2 0 1 3

Годината секогаш ја завршуваме со акцент на македонските филмови. Така е и годинава. Дај Боже да се снима и да имаме сè повеќе македонски филмови. Ќе го видиме УБАВО ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ на Сенад Абдули, КАРАМАН, МИТСКОТО КУЧЕ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ и ОД МИТ ДО РАСА на Влатко Костовски, ќе видиме селекција филмови од Сузана Диневски, како и проекции на аматерските филмови на Кирил Максимоски кој пред некоја година токму во Кинотеката победи на конкурсот за филм посветен на Вим Вендерс. И она што највеќе ме радува е филмот БЕЗДОМНИК на Небојша Јовановиќ, студент на ЕСРА како и филмскиот


п р ог р ама декември 2 0 1 3

сцена. Но, и противничката група ќе формира своја одбрана, а судирот на двете страни е безмилосен, истребување до смрт. Епската сцената во која се судираат групите трае околу еден час, што претставува реткост во филмовите со боречки вештини.

БУГАРСКИ ФИЛМСКИ ПОНЕДЕЛНИК 01 декември (недела), 20.00 ч. ТЕЛОХРАНИТЕЛИ И УБИЈЦИ (Shi yue wei cheng / Bodyguards and assassins) игран филм, Кина / Хонг Конг 2009, 135 мин., колор, ДВД режија: Теди Чанг (Teddy Chang) сценарио: Ѓунли Гуо, Тин Нам Чун, Ѓојсе Чан (Junli Guo, Tin Nam Chun, Joyce Chan) улоги: Хеќи Ванг, Тони Леунг Ка Фаи, Ѓун Ху, БоЧиех Ванг, Николас Це (Xueqi Wang, Tony Leung Ka Fai, Jun Hu, Bo-Chieh Wang, Nicholas Tse) Во 1905 година Кина ја зафаќа револуционерен бран, но династијата Кинг е подготвена да стори сè за да остане на власт. Бидејќи Сун Јат Сен е нивниот најголем противник и перспективен лидер на идната „народна“ Кина, тие испраќаат група убијци за да го отстранат од политичката

Во 1945 г. хирургот Руменов е обвинет за дисидентски дејствија и е исфрлен од Универзитетската болница во Софија. Интерниран е во Варна, каде што се запознава со фотографот Дикран со кого се спријателува и повторно почнува да ужива во животот. По еден инцидент, Дикран паѓа во кома, а Руменов е очаен што не може да му помогне. Во болницата се појавува една убава и мистериозна Ерменка која бара да се омажи за Дикран и покрај неговата безнадежна состојба. И покрај недовербата на докторот, излегува дека љубовта лечи сè…

МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА 02 декември (понеделник), 20.00 ч. УШТЕ НЕШТО ЗА ЉУБОВТА (Ощте нещо за любовта / One More Thing About Love) игран филм, Бугарија 2010, 93 мин., колор, ДВД режија: Магдалена Ралчева (Магдалена Ралчева) сценарио: Георги Данаилов (Георги Данаилов) улоги: Калин Врачански, Симеон Љутаков, Сепиде Делфоруз, Марија Статулова (Калин Врачански, Симеон Лютаков, Сепиде Делфоруз, Мария Статулова)

04 декември (среда), 20.00 ч. Премиера на краток игран македонски филм УБАВ ДЕН ЗА УМИРАЊЕ (р. Сенад Абдули)


05 декември (четврток), 20.00 ч., кино „Милениум“ 06 декември (петок), 20.00 ч., Културен центар, Битола РИХАРД ВАГНЕР (Richard Wagner / The Life and Works of Richard Wagner) игран филм, Германија 1913, 110 мин., црно-бел, Блу-реј. режија: Карл Фројлих, Вилијам Вауер (Carl Froelich, William Wauer) сценарио: Вилијам Вауер (William Wauer) улоги: Џузепе Бече, Олга Енгл, Мени Цинер, Ернст Рајхер, Миријам Хоровиц (Giuseppe Becce, Olga Engl, Manny Ziener, Ernst Reicher, Miriam Horowitz) Уште еден „филмски концерт“ во организација на Гете-инситутот во Скопје, Кинотеката на

Македонија и Македонската филхармонија, а под диригентство на маестро Хелмут Имиг, кој за овој повод ја адаптираше за оркестарот оригиналната музика напишана за филмот од Џузепе Бече, кој ја толкува улогата на Вагнер. Биографскиот филм за германскиот композитор е снимен во 1913 година, а ова 100 години старо филмско дело е повторно достапно за публиката благодарение на верзијата реконструирана од страна на Фондацијата Фридрих Вилхелм Мурнау, ЦДФ/АРТЕ и Холандскиот филмски институт.

КАРАМАН - ОД МИТ ДО РАСА

06 декември (петок), 20.00 ч. КАРАМАН – МИТСКОТО КУЧЕ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ документарен филм, Република Македонија 2013, 62 мин., колор, ДВД сценарио и режија: Влатко и Маријан Костовски

Филмот го истражува потеклото на песот претставен на грбот на Античка Македонија. Песот караман е спомнат дури и во најстарите списи, Риг-ведите. Следејќи го развојот на оваа раса кучиња низ вековите, се откриваат и нови факти за историјата на Македонија.

ОД МИТ ДО РАСА документарен филм, Република Македонија 2013, 45 мин., колор, ДВД сценарио и режија: Влатко и Маријан Костовски Теренските истражувања, кинолошките изложби, медиумските настани итн. придонесуваат да се возобнови лозата на македонското овчарско куче караман. Напорите на авторите на филмот да ја обноват и популаризираат оваа раса на кучиња се материјализирани во книгата „Караман – митското куче на древните Македонци“ која ќе биде промовирана по завршувањето на документарните филмови.

п р ог р ама декември 2 0 1 3

200 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА РИХАРД ВАГНЕР


п р ог р ама декември 2 0 1 3

режија и сценарио: Кирил Максимоски камера и монтажа: Марјан Михајловски улоги: Ирина Максимоска, Александар Лахтов

АМАТЕРСКА ВЕЧЕР: ХОРОР И ФИКЦИЈА

07 декември (сабота), 20.00 ч. 60 СЕКУНДИ ЧОВЕЧНОСТ (60 Seconds of Humanity) краток игран филм, Република Македонија 2003, 10 мин., ДВД режија и сценарио: Кирил Максимоски камера: Марјан Михајловски улоги: Кирил Максимоски

САМ (Alone) краток игран филм, Република Македонија 2006, 19 мин., ДВД режија и сценарио: Кирил Максимоски камера: Марјан Михајловски монтажа: Стојанче Илиевски улоги: Игор Михајловски, Александар Лахтов

Млада девојка во состојба на очај и депресија се обидува да си го одземе животот. Во нејзината намера е спречена од ангел, кој задржувајќи ја во прегратката, ја спасува, а со самото тоа и тој станува смртен. 

Млад службеник се враќа дома од работа. Вообичаената ноќ станува кошмар...

ПРЕПЛАШЕНИ (Terrified) краток игран филм, Република Македонија 2012, 3 мин., ДВД режија, сценарио, камера и монтажа: Марјан Михајловски улоги: Анета Алтанџиева Максимоска, Кирил Максимоски, Александар Лахтов и Игор Михајловски

НАД СКОПЈЕ (Above Skopje) краток игран филм, Република Македонија 2010, 3 мин., ДВД

 Млад брачен пар се шета во градскиот парк. Таму пронаоѓ аат камера која е падната на тревата. Доаѓаат дома и почнуваат да гледаат... страшни работи се снимени...

Бездомник питачи пред трговски центар. Тој добива од минувач повеќе пари отколку што очекува. За колку секунди еден човек може да остане човечен...


Попат, Мануела се запознава и се зближува со уште неколку чудни ликови, како бремената калуѓерка Роса, трансвеститот Аградо, актерката Рохо и нејзината љубовничка Нина, и својот живот се обидува да го да го избалансира помеѓу тагата, љубовта и пријателството.

ПРИКАЗНА ВО ТЕК: ВО ЕРУСАЛИМ 09 декември (понеделник), 20.00 ч. СТРАНЕЦОТ (Чужденецът / The Foreigner) игран филм, Бугарија 2012, 100 мин., колор, ДВД режија и сценарио: Ники Илиев улоги: Љубомир Ковачев, Сања Борисова, Ники Илиев, Валентин Гошев (Любомир Ковачев, Саня Борисова, Ники Илиев, Валентин Гошев) Младиот Французин Жерар се вљубува во Магдалена, девојка од Бугарија која има доста жив темперамент и нерафинирано однесување. Следејќи го своето срце, тој ќе го најде патот до нејзиното село, но ќе се судри со табиетот и алчноста на нејзиното семејство. Жерар минува низ низа недоразбирања и комични ситуации, особено заради тоа што не го познава локалниот

11 декември (среда), 20.00 ч. 13 декември (петок), 20.00 ч. СÉ ЗА МОЈАТА МАЈКА (Todo sobre mi madre / All About My Mother) игран филм, Шпанија / Франција 1999, 101 мин., колор, 35 мм. сценарио и режија: Педро Алмодовар (Pedro Almodóvar) улоги: Сесилија Рот, Мариса Паредес, Кандела Пења, Пенелопе Круз, Антониjа Сан Хуан (Cecilia Roth, Marisa Paredes, Candela Peña, Penélope Cruz, Antonia San Juan) Медицинската сестра Мануела наеднаш останува без син – трчајќи да земе автограм од својата омилена актерка, Естебан ќе биде прегазен од автомобил. Мануела заминува за Барселона, да го извести таткото на Естебан за трагичниот настан. Тој пак, покрај тоа што и не знае дека имал син, сега повеќе не се смета себе си за маж, односно живее како трансвестит по име Лола.

12 декември (четврток), 20.00 ч. ЧЕКОРИ НИЗ ЕРУСАЛИМ: ВО ЧЕСТ НА ДЕЈВИД ПЕРЛОВ (Footsteps in Jerusalem: A Tribute to David Perlov) документарен филм, Израел 2013, 87 мин., колор, Блу-реј режија: Дејвид Перлов, Дан Гева, Дејвид Офек, Надав Лапид, Бенџамин Фрајденберг, Моран Иферган, Јарден Кармин, Амичаи Часон, Елад Шварц, Боаз Франкел, Јаир Агмон, Најеф Хамуд, Јотам Кислев (David Perlov, Dan Geva, David Ofek, Nadav Lapid, Benjamin Freidenberg, Moran Ifergan, Yarden Karmin, Amichai Chasson,

п р ог р ама декември 2 0 1 3

БУГАРСКИ ФИЛМСКИ ПОНЕДЕЛНИК

јазик, но сепак останува голем оптимист и се надева дека ќе ја донесе девојката со себе во Париз за таа да ги запознае неговите родители.


ФИЛМСКА ПРОГРАМА ЗА ДЕКЕМВРИ 2013

01 декември (недела)

02 декември (понеделник)

09 декември (понеделник)

20.00 ч. ТЕЛОХРАНИТЕЛИ И УБИЈЦИ (Shi yue wei cheng / Bodyguards and assassins)

20.00 ч. УШТЕ НЕШТО ЗА ЉУБОВТА (Ощте нещо за любовта / One More Thing About Love)

20.00 ч. СТРАНЕЦОТ (Чужденецът / The Foreigner)

04 декември (среда)

11 декември (среда)

20.00 ч. УБАВ ДЕН ЗА УМИРАЊЕ

20.00 ч. СÉ ЗА МОЈАТА МАЈКА (Todo sobre mi madre / All About My Mother)

05 декември (четврток)

13 декември (петок)

20.00 ч. кино „Милениум“ РИХАРД ВАГНЕР (Richard Wagner / The Life and Works of Richard Wagner)

20.00 ч. СÉ ЗА МОЈАТА МАЈКА (Todo sobre mi madre / All About My Mother)

06 декември (петок) 20.00 ч. КАРАМАН – МИТСКОТО КУЧЕ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ

20.00 ч. ЧЕКОРИ НИЗ ЕРУСАЛИМ: ВО ЧЕСТ НА ДЕЈВИД ПЕРЛОВ (Footsteps in Jerusalem: A Tribute to David Perlov)

ОД МИТ ДО РАСА

14 декември (сабота)

07 декември (сабота)

20.00 ч. БУРЕН ПОНЕДЕЛНИК (Stormy Monday)

20.00 ч. 60 СЕКУНДИ ЧОВЕЧНОСТ (60 Seconds of Humanity) САМ (Alone) НАД СКОПЈЕ (Above Skopje) ПРЕПЛАШЕНИ (Terrified)

12 декември (четврток)

15 декември (недела) 20.00 ч. БУРЕН ПОНЕДЕЛНИК (Stormy Monday)


24 декември (вторник)

20.00 ч. ХИНДЕМИТ (Хиндемит / Hindemith)

20.00 ч. ЛИЛЈА ЗАСЕКОГАШ (Lilya 4 – Ever)

18 декември (среда)

27 декември (петок)

20.00 ч. ГОМОРА (Gomorra/ Gomorrah)

20.00 ч. ТРАГАЧИ ПО ЗВУКОТ (Sound Seekers)

19 декември (четврток)

ДЕЦАТА ОД 1948 (Children of `48)

20.00 ч. ГОМОРА (Gomorra/ Gomorrah) 20 декември (петок) 20.00 ч. БЕЗДОМНИК 21 декември (сабота) 20.00 ч. БИ СЕ ВИКАЛ БАРБАРА СИДО BYE, BYE AMERICA P.U.A. - THE PICK UP ARTIST MACEDONIA UBER ALLES НАПРАВИ САМ ЗА СОНОТ 22 декември (недела) 20.00 ч. ЛИЛЈА ЗАСЕКОГАШ (Lilya 4 – Ever)

28 декември (сабота) 12.00 ч. РУДОЛФ ЦРВЕНОТО НОСЕ (Rudolph the Red-Nosed Reindeer) 29 декември (недела) 12.00 ч. РУДОЛФ ЦРВЕНОТО НОСЕ (Rudolph the Red-Nosed Reindeer)

п р ог р ама декември 2 0 1 3

16 декември (понеделник)


п р ог р ама декември 2 0 1 3

Elad Schwartz, Boaz Frankel, Yair Agmon, Nayef Hammoud, Yotam Kislev) Филмот е еден вид омнибус во чест на Давид Перлов, предвесникот на модерниот израелски документарен филм. Деветте филмови што се измонтирани со оригиналниот ВО ЕРУСАЛИМ на Перлов, се дела на студенти и дипломци од Школата за филм и телевизија Сем Шпигел во Ерусалим, со цел да се создаде еден нова, меѓугенерациска визуелна интерпретација на градот кој е мошне изменет, и во политички, и во демографски, економски и културен поглед, од оној Ерусалим што Перлов го снимил пред половина век, во 1963 година. На 12 декември, цела деценија по заминувањето на Перлов, овој филм истовремено ќе биде прикажан во педесетина градови во Израел и ширум светот.

американскиот бизнис мафијаш кој го игра Томи Ли Џонс. Нормално дека во сето тоа ќе се замеша и романсата помеѓу Мелани Грифит и Шон Бин...

БУГАРСКИ ФИЛМСКИ ПОНЕДЕЛНИК 14 декември (сабота), 20.00 ч. 15 декември (недела), 20.00 ч. БУРЕН ПОНЕДЕЛНИК (Stormy Monday) игран филм, Велика Британија/САД 1988, 93 мин., колор, 35 мм. режија и сценарио: Mike Figgis (Мајк Фиџис) улоги: Мелани Грифит, Томи Ли Џонс, Стинг, Шон Бин (Melanie Griffith; Tommy Lee Jones; Sting; Sean Bean)   Деби филм на Мајкл Фиџис кој подоцна ќе го сними оскаровецот ЗАМИНУВАЊЕ ОД ЛАС ВЕГАС. Филмот е посвета на ФАТЕТЕ ГО КАРТЕР, еден од најзначајните филмови на англиската филмска струја од седумдесетите години. Во филмот ќе го видиме Стинг како сопственик на џез клуб (БУРЕН ПОНЕДЕЛНИК е песна на Ти Боун Вокер) кој се обидува да го спречи преземањето на клубот од страна на

16 декември (понеделник), 20.00 ч. ХИНДЕМИТ (Хиндемит / Hindemith) игран филм, Бугарија 2006, 100 мин., колор, ДВД режија и сценарио: Андреј Слабаков (Андрей Слабаков) улоги: Ернестина Шинова, Дејан Донков, Петар Слабаков, Валентин Танев, Тончо Токмакчиев (Ернестина Шинова, Деян Донков, Петьр Слабаков, Валентин Танев, Тончо Токмакчиев) Две многу слични двојки во своите четириесетти години се вселуваат во скоро идентични куќи во новоизградена населба. Мажите се


18 декември (среда), 20.00 ч. 19 декември (четврток), 20.00 ч. ГОМОРА (Gomorra/ Gomorrah) игран филм, Италија 2008, 137 мин., колор, 35 мм. режија: Матео Гароне (Matteo Garrone) сценарио: Роберто Савијано, Маурицио Браучи (Roberto Saviano, Maurizio Braucci) улоги: Салваторе Абруцезе, Симоне Сачетино, Салваторе Руоко (Salvatore Abruzzese, Simone Sacchettino, Salvatore Ruocco)

ГОМОРА е современа драма за наполитанската мафија.Преку раскажувањето на петмина ликови кои се обидуваат секој на свој начин да направи примирје со локалната мафија, филмот ја разоткрива комплексноста на италијанското криминално подземје.

види ќе може да му се помоли на Бога. Попат тој сретнува чудни ликови, како „Ѓаволот“, „Детето-ангел“ и „Кловнот“, по што уште повеќе ќе се уплаши и ќе се запраша што не е во ред реалноста. Меѓутоа, тенка е границата помеѓу внатрешната реалност, онаа што ја носиме внатре во нас, и онаа надворешната, на која мислиме дека немаме никакво влијание...

МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА

ОД КАТЕДРАТА ЗА ФИЛМСКА И ТВ РЕЖИЈА НА ФДУ

20 декември (петок), 20.00 ч. БЕЗДОМНИК краток игран филм, Република Македонија режија и сценарио: Небојша Јовановиќ улоги: Роберт Ристов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Славиша Каевски, Крсте Јовановски, Сања Русеска Депресивен и мошне уплашен млад човек, по многу години поминати дома ќе се реши да излезе надвор. Ноќта е тивка, а неговата цел е да стигне до црквата кадешто без никој да го

21 декември (сабота), 20.00 ч. БИ СЕ ВИКАЛ БАРБАРА документарен филм, ФДУ 2013, 10 мин., ДВД режија: Ана Јакимска камера: Бранко Костески монтажа: Сашко Потер Мицевски Едно момче од предградието на Скопје има само еден сон во животот – еден ден да стане популарна пејачка. Тој не е „тој“, туку е „таа“, и таа се чувствува како жена од кога знае за себе. Документарецот ја следи нејзината борба со предрасудите на околината.

п р ог р ама декември 2 0 1 3

вработени, а нивните сопруги се домаќинки. И едните и другите немаат деца, живеат рутински, неменувајќи ги секојдневните навики. Под влијание на телевизијата, рекламите и соседското дружење, тие почнуваат да личат едни на други, а кога тоа ќе го сфатат, почнуваат и да се мразат едни со други. Колку повеќе се обидуваат да бидат поразлични едни од други, толку повеќе тоа не им успева, а сето тоа им ја разгорува желбата меѓусебно да се уништат.


п р ог р ама декември 2 0 1 3

СИДО документарен филм, ФДУ 2013, 10 мин., ДВД режија: Тамара Котевска камера: Тамара Котевска монтажа: Тамара Котевска Филмот го истражува интимниот свет на еден професор по филозофија од Скопје, кој има направено преку 100 аматерски филмови и кој вели дека живее за филмот. Единствената цел во животот на Сидо е да сними долгометражен филм во кој ќе ја смести целата своја животна филозофија.

BYE, BYE AMERICA документарен филм, ФДУ 2013, 10 мин., ДВД режија: Лидија Мојсовска камера: Бранко Аврамовски монтажа: Лидија Мојсовска

Станко е скопски таксист кој долго време живеел во Чикаго. Тој бил многу блиску до остварување на својот американски сон, но на крајот сепак не успеал и морал да се врати дома. Филмот е патување низ неговата меланхолија за еден можен живот кој никогаш не се остварил до крај.

P.U.A. - THE PICK UP ARTIST документарен филм, ФДУ 2013, 10 мин., ДВД режија: Ајдин Ислами камера: Ајдин Ислами монтажа: Сандра Ѓоргиева П.У.А. е уметност на заведување девојки. Протагонистот на овој филм, Филип, досега има заведено над 200 девојки користејќи ги техниките на оваа уметност. Но, Филип не бил секогаш толку добар со девојките.

MACEDONIA UBER ALLES документарен филм, ФДУ 2013, 8 мин., ДВД

режија: Кристина Ризоска камера: Кристина Ризоска монтажа: Кристина Ризоска Во Битола расте национализмот и гордеењето со македонштината. Секој ден на улиците се појавуваат нови графити со националистичка содржина. Група млади луѓе го спасуваат градот со тоа што секоја вечер излегуваат на улица и со црвен спреј ги пречкртуваат овие шовинистички графити.

НАПРАВИ САМ документарен филм, ФДУ 2013, 16 мин., ДВД режија: Андреј Георгиев камера: Кристијан Караџовски монтажа: Михаил Димитров Скејтерите во Скопје бараат начин како да стигнат до добар скејт парк. Откако сите разговори со политичари и официјални претставници на општината нема да успеат, тие решаваат да ги преземат работите во свои раце и сами да го направат овој парк. Документарецот го следи создавањето на првиот скопски DIY скејт парк.


ЗА СОНОТ документарен филм, ФДУ 2013, 15 мин., ДВД режија: Дејан Џолев камера: Дејан Џолев монтажа: Дејан Џолев Михаил Чорев има 14 години и кога заспива навечер, тој секогаш сонува за тоа што ќе се случи после 10 години. Паралелно, режисерот на овој документарец успева повторно да го собере своето рап друштво после 10 години и заедно со нив снима нова рап химна.

АВТОРСКА ВЕЧЕР СО СУЗАНА ДИНЕВСКИ 22 декември (недела), 20.00 ч. 24 декември (вторник), 20.00 ч. ЛИЛЈА ЗАСЕКОГАШ (Lilya 4 – Ever) игран филм, Шведска / Данска, 2002, 109 мин., колор, 35 мм. сценарио и режија: Лукас Мудисон (Lukas Moodysson) улоги: Оксана Акиншина, Артјом Богучарскиј, Павел Пономарјов, Љубов Агапова, Лилја Шинкарјова (Oksana Akinshina, Artyom Bogucharskiy, Pavel Ponomaryov, Lyubov Agapova, Liliya Shinkaryova)   Лилја е млада и убава. Живее во Естонија и деновите £ поминуваат во исчекување на подобри времиња. Додека нејзините родители се во САД, таа го запознава младиот Андреј,

27 декември (петок), 20.00 ч. ТРАГАЧИ ПО ЗВУКОТ (Sound Seekers) документарен филм, Република Македонија / Канада 2013, 30 мин., колор, Блу-реј сценарио и режија: Сузана Диневски При��азна за македонскиот Страдивари од Велес, Светозар Богданоски, единствениот изработувач на виолини во Македонија, и за неговиот син, Костадин, кој е концерт мајстор во операта „Гран театаре дел Лисеу“ во Барселона, Шпанија. Костадин свири исклучиво на виолините изработени од неговиот татко. Односот помеѓу

п р ог р ама декември 2 0 1 3

со кого заминува во Шведска, очекувајќи остварување на своите соништа. Ќе добие работа и дом, но ги доживува како затвор, бидејќи ќе сфати дека нема да може да избега од ситуацијата во која непромислено влетала. Нејзиниот сон за подобар живот се претвора во кошмарна реалност.


п р ог р ама декември 2 0 1 3

таткото и синот се базира на љубовта кон музиката и страста кон виолината. Оваа година филмот беше прикажан на Канскиот филмски фестивал во програмата Short Film Corner.

човекови права на фестивалот Balkan Black Box во Берлин, Германија.

НОВОГОДИШЕН ФИЛМ ЗА НАЈМЛАДИТЕ ДЕЦАТА ОД 1948 (Children of `48) документарен филм, Република Македонија / Канада 2004, 31 мин., колор, Beta SP PAL сценарио и режија: Сузана Диневски Како последица на Граѓанската војна во Грција (1946-1949), повеќе од 28.000 деца на возраст од 2-14 години, со солзи во очите беа одвоени своите родители и врсници, и, за да бидат поштедени од последиците на војната, испратени во различни земји во Источна Европа. Растени во заеднички домови и кампови, далеку од семејствата, со себе го носат целиот товар на случувањата од тој период. Со помош на Црвениот крст, тие со години трагаат по своите изгубени и блиски.  Во 2004 година, Диневски ја добри наградата Kodak Imaging Award за најдобар млад канадски режисер, додека во 2006 година, ја доби Специјалната награда за

28 декември (сабота), 12.00 ч. 29 декември (недела), 12.00 ч. РУДОЛФ ЦРВЕНОТО НОСЕ (Rudolph the Red-Nosed Reindeer) анимиран филм, САД / Канада, 1998, 83 мин., колор, 35 мм. режија: Вилијам Ковалчук Јуниор (William Kowalchuk Jr.) сценарио: Мајкл Ашнер, Роберт Меј (Michael Aschner, Robert May) гласови: Џон Гудман, Боб Њухарт, Деби Рејнолдс, Вупи Голдберг (John Goodman, Bob Newhart, Debbie Reynolds, Whoopi Goldberg) Северниот елен Рудолф ќе доживее несреќа како мал и оттогаш неговото носе е црвено, што

претставува срам во заедницата на ирвасите. Бидејќи сите го задеваат и се потсмеваат со него, тој ќе избега и ќе живее во изгнанство, во пештера, со пријателот лисица. Кога кралицата Стормела ќе реши да го спречи Дедо Мраз да ги подели подароците за Нова Година, Рудолф ќе се вмеша и со сета своја добродушност, итрина и снаодливост ќе му помогне на Дедо Мраз, со што ќе стекне почит меѓу своите.


п р ог р ама декември 2 0 1 3

Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814, л. 111 + 389 2 3065 968 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com

За издавачот: м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска Уредник на филмската програма: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Александар Василевски Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Александра Младеновиќ Виолета Петрушевска м-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Лектура: Снежана Петрова-Џамбазова Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Европа, Кочани

Програмата е реализирана во соработка со: Гете- институт Канцеларија за врски - Скопје, Младински културен центар, Македонска филхармонија и Бугарскиот културен центар во Скопје.

Проектот го помогна:

Министерство за култура на Република Македонија


www.maccinema.com

п р ог р ама декември 2 0 1 3


Kinotekaдек e katalog