Issuu on Google+

програма п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

ноемв ри 2

012


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

ОД УРЕДНИКОТ НА ФИЛМСКАТА ПРОГРАМА


филмофили. Од тие што во седумдесеттите љубеа меѓу редови да ја читаат неговата критика на супресивното Франково општество, до тие што во последнава деценија и повеќе уживаат во неговата визуелизација на музички жанрови. Циклусот филмови на Саура го разбивме на две целини да ве заштитиме од предозираност од интензивни чувства, метафорика и црн хумор. Фестивалот на алпинистички филмови, во организација на Alpinizam.org веќе третпат внесува планински ветришта, жубор на реки, татнеж на водопади и тишина на небеската шир во киносалата на Кинотеката. Кратките и долгометражните филмови за планинарење, качување, скијање, веслање на диви води, летање, снимени од ентузијасти и авантуристи,

како и неколкуте презентации, најмалку што можат да направат е да ве натераат барем да помислите на бегство во природа. Соработката со Културно-информативниот центар на Бугарија во Македонија резултира со „филм за секој понеделник“ во текот на ноември и, најпосле, осумдневната програмата на фестивалот „Синедејс“ оваа година ќе ни донесе млади италијански режисери и понови египетски филмови од кои добар дел се фокусирани на политичките промени што ја зафатија земјата последниве две години. ...Малку „арапска пролет“ во оваа наша македонска есен...

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

Крајот на октомври за нас во Кинотеката е значаен по еден датум – 27 октомври – кој од УНЕСКО е прогласен за Ден на аудиовизуелното наследство. Оваа година празникот на старите филмови го одбележуваме со промоција на ДВД-ја на четири играни и три документарни филмови на Столе Попов, што се први дигитално реставрирани филмови кај нас. А, за да не заборавите како истите тие филмови изгледаа на 35 мм лента, во чест на Попов, и воопшто на домашното аудиовизуелно наследство, последните вечери од месецот се резервирани за СРЕЌНА НОВА `49, ЦРВЕНИОТ КОЊ, ТЕТОВИРАЊЕ и ЏИПСКИ МЕЏИК. Карлос Саура отсекогаш имал публика на Балканов, и тоа за повеќе генерации шпано-


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА СТОЛЕ ПОПОВ ден на аудиовизуелното наследство

уцени, но со желба и идеја да преживее – по секоја цена. Кога Драгослав ќе биде приведен на сослушување и неговата судбина ќе стане неизвесна, Коста ќе £ се додворува на Вера.

27 октомври (сабота), 20:00 ч. СРЕЌНА НОВА ‘49 игран филм, Република Македонија 1986, 125 мин., колор, 35 мм. режија: Столе Попов сценарио: Гордан Михиќ улоги: Ацо Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосавлевиќ, Петар Арсовски, Душко Костовски, Милица Стојанова, Мите Грозданов, Синоличка Трпкова, Кире Симоновски

28 октомври (недела), 20:00 ч. ЦРВЕНИОТ КОЊ игран филм, Македонија 1981, 127 мин., колор, 35 мм. режија: Столе Попов сценарио: Ташко Георгиевски улоги: Велимир Бата Живоиновиќ, Ацо Јовановски, Данчо Чевревски, Коле Ангеловски, Илија Џувалековски, Илија Милчин, Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Силвија Јовановска

Драгослав се враќа од Советскиот Сојуз во Скопје, со својата девојка Вера. Доаѓа во време на голема политичка несигурност и е под сомнение од страна на тајните служби дека работи како руски шпиoн. Неговиот брат, Коста, се снаоѓа како знае и умее, користејќи се со измами и

Обезоружените борци на ДАГ се депортирани во близина на Ташкент, во политичко прогонство. Борис, вдовец и татко, наоѓа утеха во Русинката Олга, но сè уште се надева, како и повеќето депортирани, дека ќе може да се врати назад во родниот крај во Егејска Македонија. Кога

еден ден навистина ќе се врати, наидува на непријателски настроена средина, а соселаните му забележуваат дури и за бојата на новокупениот коњ. Токму заради таа црвена боја на коњот, тие ќе го обвинат дека е комунист и ќе го предизвикаат неговиот гнев.

29 октомври (понеделник), 20:00 ч. ТЕТОВИРАЊЕ игран филм, Република Македонија 1991, 128 мин., колор, 35 мм. режија: Столе Попов сценарио: Мирко Ковач улоги: Мето Јовановски, Љиљана Меѓаши, Столе Аранѓеловиќ, Светозар Цветковиќ, Данчо Чевревски, Александар Чамински, Зоран Цвијановиќ, Кирил Поп-Христов, Јовица Михајловски По една случајност Илија ќе биде приведен во полициска станица каде ќе биде изложен на неверојатна вербална и физичка тортура. Истражната попстапка се одолговлекува и Илија


семејството во Индија. Започнуваат редица „несреќни случки“ во семејството на Таип, посмртниците за бабата, мајката, синовите, ги потпишува докторот Риџу, а Таип ги добива парите што му следуваат од „Социјалното“ за умирачките.

30 октомври (вторник), 20:00 ч. ЏИПСИ МЕЏИК игран филм, Македонија 1997, 135 мин., колор, 35 мм. режија: Столе Попов сценарио: Владимир Блажевски улоги: Предраг Мики Манојловиќ, Горан Додевски, Катина Иванова, Тони Михајловски, Бајрам Северџан, Данчо Чевревски, Арна Шијаковиќ, Ентони Зеки

1 ноември (четврток), 20:00 ч. 2 ноември (петок), 20:00 ч. СВ. ЃОРЃИ ЈА УБИВА ЛАМЈАТА (Sveti Georgije ubiva aždahu) игран филм, Србија / Босна и Херцеговина 2009, 120 мин., колор, 35 мм. режија: Срѓан Драгоевиќ (Срђан Драгојевић) сценарио: Душан Ковачевиќ (Душан Ковачевић) улоги: Лазар Ристовски, Наташа Јањиќ, Бора Тодоровиќ (Лазар Ристовски, Наташа Јањић, Бора Тодоровић)

Таип, главата на едно повеќечлено и сиромашно ромско семејство мечтае за Индија. Случајно се запознава со индиски доктор, припадник на силите на УНПРОФОР, и добива идеја како да заработи пари, да купи коњ и да го однесе

На прагот на Првата светска војна, сите способни и здрави мажи ќе бидат регрутирани во војска. Низ селото започнуваат да се шират гласови дека инвалидите од селото за време на отсуството на мажите ќе ги користат нивните жени. Филмот

е сосредоточен на љубовен триаголник помеѓу Ѓорѓе, Катарина и осакатениот воен ветеран Гаврило.

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

се соочува со сите „финеси“ на затворското живеење, со суровоста на затворските чувари и изживувањето од страна на закоравените криминалци. По една тепачка во која е принуден да се бори за сопствениот живот, тој е обвинет за убиство и е упатен на издржување затворската казна.


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

ВО ЧЕСТ НА ВЛАДО ЦВЕТАНОВСКИ

4 ноември (недела), 20:00 ч. ТАЈНАТА КНИГА игран филм, Македонија 2006, 93 мин., колор, 35 мм. режија: Владо Цветановски сценарио: Јордан Плевнеш, Љубе Цветановски улоги: Жан-Клод Карие, Тиери Фремон, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Ѓорѓи Јолевски, Лабина Митевска Богомилското духовно движење и неговата доктрина се привлечна мистерја за истражувачите на балканското средновековие. Еден од најпосакуваните манускрипти, е т.н. Тајна книга која содржи резиме на богомилското учење и се смета за автентично дело на богомилската литература. Но, оригиналот на Тајната книга не е пронајден до ден-денес. Еден запис во Каркасонските летописи упатува на

вистината дека Тајната книга на богомилите потекнува од балканските простори, од Македонија. И токму поради Тајната книга, на просторот на Македонија ќе се сретнат повеќемина научници и истражувачи кои ќе направат обид да ја пронајдат, да ја одгатнат повеќевековната загатка...

ДЕНОВИ НА БУГАРСКИ ФИЛМ

5 ноември (понеделник), 20:00 ч. ЉУБОВ.НЕТ (Love.net) игран филм, Бугарија 2012, 92 мин., колор, ДВД режија: Илијан Џевелков (Илиян Джевлеков) сценарио: Илијан Џевелков, Матеј Константинов, Нели Димитрова(Илиян Джевлеков, Матей Константинов) улоги: Христо Шопов, Захари Бахаров, Лилија Маравиља (Лилия Маравиля), Којна Русева (Койна Русева), Дијана Добрева Дали постои љубов на прв виртуелен поглед? Интернетот не го менува само начинот на кој работиме, туку и начинот на кој љубиме и формираме врски. ЉУБОВ.НЕТ паралелно ги следи сториите на неколку ликови кои се обидуваат да ги сменат своите животи користејќи


ФЕСТИВАЛ НА АЛПИНИСТИЧКИ ФИЛМОВИ 6-9 ноември

6 ноември (вторник) 18:00-20:15 ч. ВО СРЦЕТО НА БАЛКАНОТ: ПЕЛИКАНИТЕ НА ПРЕСПА (Im Herzen des Balkans - Die Pelikane vom PrespaPark) документарен филм, Германија 2011, 43 мин., колор, ДВД режија: Корнелија Фолк (Cornelia Volk) МАЈКАТА (Of souls + water : The Mother) документарен филм, САД 2012, 6 мин., колор, ДВД режија: Скип Армстронг (Skip Armstrong)

ВОИНОТ (Of souls + water : The Warrior) документарен филм, САД 2012, 9 мин., колор, ДВД режија: Скип Армстронг (Skip Armstrong) ВЕТЕНА ЗЕМЈА (Promised land) документарен филм, Бугарија 2011, 23 мин., колор, ДВД  режија: Стоил Димитров (Stoil Dimitrov) КУЛИТЕ ВО ЕНЕДИ (Towers of the Ennedi) документарен филм, САД 2011, 14 мин., колор, ДВД  режија: Ренан Озтурк, Џими Чин, Тим Кемпл (Renan Ozturk, Jimmy Chin, Tim Kemple) Отварање на фестивалот 20:30-21:10 ч. Презентација на ултрамаратонците Трајче Панковски и Жикица Ивановски 21:10-22:00 ч. МЕСЕЧЕВ ЦВЕТ (Moonflower) документарен филм, Велика Британија 2011, 50 мин., колор, ДВД   режија: Алистер Ли (Alastair Lee)

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

го интернетот или, пак, едноставно само сакаат да се забавуваат. Љубовта „онлајн“ може да биде вистинска или илузивна, прикриена или јавна, површна или со длабоки последици врз нечиј живот – во зависност од оној што седи зад тастатурата или пред камерата.


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

СНЕЖНИ ДЕНОВИ (Snow Days) документарен филм, Бугарија 2011, 16 мин., колор, ДВД   режија: Стоил Димитров (Stoil Dimitrov) 7 ноември (среда)s 18:00-20:00 ч. ВО СРЦЕТО НА БАЛКАНОТ: БАРАЈЌИ ГО РИСОТ (Im Herzen des Balkans - Auf der Suche nach dem Luchs) документарен филм, Германија 2011, 43 мин., колор, ДВД режија: Корнелија Фолк (Cornelia Volk)

ПРОРОКОТ (The Prophet) документарен филм, Велика Британија 2011, 44 мин., колор, ДВД  режија: Алистер Ли (Alastair Lee) 20:00-20:30 ч. Презентација за спелеонуркачка експедиција: “Врело 2012”, Македонија, Бојан Петковски

ЅИДОТ НА БОРНЕО (The Wall of Borneo) документарен филм, САД 2010, 6 мин., колор, ДВД  режија: Camp4Collective ШАНГРИ-ЛА (Shangri La) документарен филм, САД 2010, 9 мин., колор, ДВД   режија: Camp4Collective

8 ноември (четврток) 18:00-20:00 ч. РЕЧНИОТ БОГ (River God) документарен филм, Германија 2012, 26 мин., колор, ДВД  режија: Олаф Обсомер (Olaf Obsommer)

20:40-22:10 ч. НЕВРЕМЕ НАД МОН БЛАН (Stürme über dem Mont Blanc) документарен филм, Германија 1930, 90 мин., колор, ДВД   режија: Арнолд Фанк (Arnold Fanck)

ПРОДОЛЖЕНА ЛИНИЈА (Linea Continua) документарен филм, Италија 2011, 17 мин., колор, ДВД режија: Џакомо Бертет, Дамјано Левати, Ерве Бармас (Giacomo Berthet, Damiano Levati, Herve Barmasse)


КУКУЧКА (Kukuzcka) документарен филм, Полска 2011, 48 мин., колор, ДВД режија: Јержи Поребски (Jerzy Porebski)

20:15-21:00 ч. Презентација на тема спелеологија: “Споменик на прородата: Слатински Извор”, Македонија, м-р Билјана Гичевски

МЕНУВАЧ НА ФОРМИ (Of souls + water : Тhe Shapeshifter) документарен филм, САД 2012, 6 мин., колор, ДВД   режија: Скип Армстронг (Skip Armstrong)

21:10-22:00 ч. Презентација на Христо Белакапоски: “Тиен Шан: Хан Тенгри” 9 ноември (петок) 18:00-20:15 ч. НАЈДОЛГИОТ ПАТ (The Longest Way) документарен филм, Германија 2010, 5 мин., колор, ДВД  режија: Кристоф Рехаге (Christoph Rehage) НОМАДОТ (Of souls + water : The Nomad) документарен филм, САД 2012, 7 мин., колор, ДВД режија: Скип Армстронг (Skip Armstrong)

ВОЗРАСНИОТ (Of souls + water : Тhe Elder) документарен филм, САД 2012, 6 мин., колор, ДВД режија: Скип Армстронг (Skip Armstrong) ВРВОТ (The Pinnacle) документарен филм, Велика Британија 2010, 63 мин., колор, ДВД  режија: Пол Дифли (Paul Diffley) 20:40-22:00 ч. Презентација на словенечкиот алпинист Урбан Новак: „К7- Колку што можете да замислите“. *Организаторот го задржува правото да направи промена во програмата.

10 ноември (сабота), 20:00 ч. Промоција на ДВД од последниот концерт на хеви-метал групата Steel Temple одржан на 2 јуни, 2012 г. ДВД-то содржи 14 песни, во времетраење од 80 мин. Steel Temple постојат од 2000-тата, и зад себе имаат еден издаден албум (2004) и еден снимен (2007). Во јули 2006-та беа предгрупа на „Whitesnake“ на концертот во Скопје. Минатово лето го издадоа синглот „Life is Easy.“

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

ШТО СЕ СЛУЧИ НА ОСТРОВОТ ПАМ (What happened to Pam Island) документарен филм, Полска 2011, 60 мин., колор, ДВД   режија: Елиза Кубарска (Eliza Kubarska)


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

ДЕНОВИ НА БУГАРСКИ ФИЛМ

12 ноември (понеделник), 20:00 ч. ЛОРА ОД УТРО ДО ВЕЧЕР (Лора од сутрин до вечер / Lora From Morning Till Evening) игран филм, Бугарија 2011, 93 мин., колор, ДВД режија: Димитар Коцев - Шошо (Димитър Коцев - Шошо) сценарио: Димитар Коцев - Шошо (Димитър Коцев - Шошо) улоги: Милена Николова, Димо Алексиев, Георги Петров, Христо Петков, Ива Гочева, Мартен Роберто, Јулијан Ковалевски (Юлиан Ковалевски) По цела ноќ забавување со пријателите, Лора мора да се прибере за да оди на многу важен состанок. Во својата канцеларија наидува на два пакета во кои има коцки – едната на сите шест страни го има бројот два, а другата на сите страни го има бројот пет. Во текот на денот Лора ќе мора да ја открие вистината зад овие чудни коцки, а

притоа некој ќе ја измами, некој ќе £ помогне, ќе биде прогонувана, дури и грабната. Од целата таа брканица таа ќе излезе појака, посреќна и ќе се увери во значењето на пријателството.

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА КАРЛОС САУРА

Карлос Саура (1932) е најистакнатиот шпански режисер во седумдесеттите и првата половина на осумдесеттите години на минатиот век. Прво се занимава со фотографија и аматерски филм, а во 1957 година дипломира на Институтот за кинематографски истражувања во Мадрид каде што подоцна и предава. Целиот негов опус, низ специфична надреалистичка поетика и црн хумор во кој се мешаат фактите и фикцијата, е насочен кон деконструкција на наследените културни влијанија и врз препрочитување и редефинирање на шпанските историја и културно наследство. По првенецот ХУЛИГАНИ (1961), следуваат БАЛАДАТА ЗА БАНДИТОТ (1963), ЛОВ (1965), ГРАДИНА НА ЗАДОВОЛСТВАТА (1970), РОДНИНАТА АНХЕЛИКА (1973), БРЗО, БРЗО (1980) за кој ја доби „Златната мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, потоа и СЛАТКИ ЧАСОВИ (1982), АНТОАНЕТА (1983), КАР-


13 ноември (вторник), 20:00 ч. ГОЈА ВО БОРДО (Goya en Burdeos) игран филм, Шпанија / Италија 1999, 107 мин., колор, 35 мм. режија: Карлос Саура (Carlos Saura) сценарио: Карлос Саура, Луиџи Скатини (Carlos

Saura, Luigi Scattini) улоги: Франсиско Рабал, Хосе Коронадо, Марибел Верду, Еулалија Рамон, Дафне Фернандез (Francisco Rabal, José Coronado, Maribel Verdú, Eulalia Ramón, Dafne Fernández) Франциско Гоја, глув и болен, ги живее своите последни години во Бордо, со сопругата Леокадија и нивната ќерка Росарио. Живее во доброволно изгонство, протестирајќи против репресивното владеење на Фердинанд VII во Шпанија. Слика навечер и, некаде помеѓу долгите разговори со ќерката и неподносливите главоболки, во мислите се навраќа на клучните моменти во својот живот, особено на врската со Војвотката од Алба, на моментот на спознанието кога открива во кој правец сака да слика (инспириран од делата на Веласкез) итн.

14 ноември (среда), 20:00 ч. ТАНГО (Tango) игран филм, Шпанија / Аргенина 1998, 115 мин., колор, 35 мм. режија: Карлос Саура (Carlos Saura) сценарио: Карлос Саура (Carlos Saura) улоги: Мигел Анхел Сола, Сесилија Нарова, Миа Маестро, Енрике Пинти, Хуан Карлос Копес (Miguel Ángel Solá, Cecilia Narova, Mía Maestro, Enrique Pinti, Juan Carlos Copes) Режисерот Марио Суарез се обидува да направи филм за тангото. Осамен, откако сопругата го напуштила, тој бара болни и брутални теми од минатото на Аргентина, а истовремено на своите музичари и танчери им дава слобода на изразување, која е неопходна за да се задоволат вкусовите и очекувањата на аргентинската публика. Ситуацијата уште повеќе ќе се воспали кога режисерот ќе се вљуби во главната танчерка Елена, инаку девојка на моќниот гангстер Ларока, кој е и главниот финансиер на филмот.

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

МЕН (1984), ЕЛДОРАДО (1988), ТЕМНА НОЌ (1989), КАРМЕЛА (1990), ТАНГО (1997), ГОЈА ВО БОРДО (1999), БУЊУЕЛ И МАСАТА НА ЦАР СОЛОМОН (2001), САЛОМА (2001), документарниот ФАДОС (2007), ЈАС, ДОН ЏОВАНИ (2009), и последниот, ФЛАМЕНКО, ФЛАМЕНКОТ (2010). Централен дел од творештвото на Саура го сочинуваат осум филмови снимени со американската актерка Џералдина Чаплин, во кои женските ликови се општествено прифатливите модели на жени доведени во криза по која ослободуваат субверзивни фантазии: ПЕПЕРМИНТ ФРАПЕ (1967, „Сребрена мечка“ во Берлин), СТРЕСОТ Е ТРИ, ТРИ (1968), ДУВЛО (1969), АНА И ВОЛЦИТЕ (1973), ЗМИЈА ВО ПАЗУВИ (1976), ЕЛИЗА, ЖИВОТЕ МОЈ (1977), СО ВРЗАНИ ОЧИ (1978), и МАМА ПОЛНИ 100 ГОДИНИ (1979).


ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА СТОЛЕ ПОПОВ – ден на аудиовизуелното наследство

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

ПРОГРАМА ЗА НОЕМВРИ 2012

27 октомври (сабота) 20.00 часот СРЕЌНА НОВА ‘49 28 октомври (недела) 20.00 часот ЦРВЕНИОТ КОЊ 29 октомври (понеделник) 20.00 часот ТЕТОВИРАЊЕ 30 октомври (вторник) 20.00 часот ЏИПСИ МЕЏИК

ДЕНОВИ НА БУГАРСКИ ФИЛМ

ЅИДОТ НА БОРНЕО (The Wall of Borneo)

НОМАДОТ (Of souls + water : The Nomad)

5 ноември (понеделник)

ШАНГРИ-ЛА (Shangri La)

КУКУЧКА (Kukuzcka)

20.00 часот

СНЕЖНИ ДЕНОВИ (Snow Days)

МЕНУВАЧ НА ФОРМИ

ЉУБОВ.НЕТ (Love.net)

ПРОРОКОТ (The Prophet)

ФЕСТИВАЛ НА АЛПИНИСТИЧКИ ФИЛМОВИ 6-9 ноември

20:00-20:30 часот

6 ноември (вторник) 18:00-20:15 часот ВО СРЦЕТО НА БАЛКАНОТ: ПЕЛИКАНИТЕ НА ПРЕСПА

(Im Herzen des Balkans - Die Pelikane vom Prespa-Park)

20:40-22:00 часот Презентација на словенечкиот алпинист Урбан Новак: „К7- Колку што можете да замислите“.

(Stürme über dem Mont Blanc)

8 ноември (четврток),

10 ноември (недела)

18:00-20:00 часот

20.00 часот

ВЕТЕНА ЗЕМЈА (Promised land)

РЕЧНИОТ БОГ (River God)

КУЛИТЕ ВО ЕНЕДИ (Towers of the Ennedi)

ПРОДОЛЖЕНА ЛИНИЈА (Linea Continua)

Промоција на ДВД од последниот концерт на хеви-метал групата Steel Temple одржан на 2 јуни, 2012 г.

20:30-21:10 часот

ШТО СЕ СЛУЧИ НА ОСТРОВОТ ПАМ

ДЕНОВИ НА БУГАРСКИ ФИЛМ

20.00 часот

Презентација на ултрамаратонците Трајче Панковски и Жикица Ивановски

СВ. ЃОРЃИ ЈА УБИВА ЛАМЈАТА

21:10-22:00 часот МЕСЕЧЕВ ЦВЕТ (Moonflower) 7 ноември (среда)

4 ноември (недела)

18:00-20:00 часот

20.00 часот

ВО СРЦЕТО НА БАЛКАНОТ: БАРАЈЌИ ГО РИСОТ

ТАЈНАТА КНИГА

НЕВРЕМЕ НАД МОН БЛАН

ВРВОТ (The Pinnacle)

ВОИНОТ (Of souls + water : The Warrior)

Отварање на фестивалот

ВО ЧЕСТ НА ВЛАДЕ ЦВЕТАНОВСКИ

20:40-22:10 часот

ВОЗРАСНИОТ (Of souls + water : Тhe Elder)

МАЈКАТА (Of souls + water : The Mother)

1 ноември (четврток) 2 ноември (петок)

(Sveti Georgije ubiva aždahu)

Презентација за спелеонуркачка експедиција: “Врело 2012”, Македонија, Бојан Петковски

(Of souls + water : Тhe Shapeshifter)

(Im Herzen des Balkans - Auf der Suche nach dem Luchs)

(What happened to Pam Island)

20:15-21:00 часот Презентација на тема спелеологија: “Споменик на прородата: Слатински Извор”, Македонија, м-р Билјана Гичевски 21:10-22:00 часот Презентација на Христо Белакапоски: “Тиен Шан: Хан Тенгри” 9 ноември (петок) 18:00-20:15 часот НАЈДОЛГИОТ ПАТ (The Longest Way)

12 ноември (понеделник) 20.00 часот ЛОРА ОД УТРО ДО ВЕЧЕР

(Лора од сутрин до вечер / Lora From Morning Till Evening)

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА КАРЛОС САУРА 13 ноември (вторник) 20.00 часот ГОЈА ВО БОРДО (Goya en Burdeos)


ДЕНОВИ НА БУГАРСКИ ФИЛМ

23 ноември (петок)

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА КАРЛОС САУРА

20.00 часот

19 ноември (понеделник)

18:00 часот

27 ноември (вторник)

ТАНГО

20.00 часот

МРАВЈИ КРИК (Ant Scream)

МАМА ПОЛНИ 100 ГОДИНИ (Mamá cumple 100 años)

(Съдбата като плъх/The Fate as a Rat)

20:30 часот

28 ноември (среда)

20.00 часот

СИНЕДЕЈС – 16-23 ноември

18 ДЕНОВИ (18 Days)

20.00 часот

ФАДОС

20 ноември (вторник)

кратки играни филмови

ЕЛИЗА, ЉУБОВ МОЈА (Elisa, vida mía)

18:00 часот

ЗАДРЖУВАЊЕ (Retention) БОЖЈО СОЗДАВАЊЕ (God’s Creation) 19-19 (19-19) КОГА ЌЕ ВЕ ПОГОДИ ПОПЛАВА

29 ноември (четврток)

(Tango)

15 ноември (четврток)

(Fados)

СИНЕДЕЈС – 16-23 ноември 16 ноември (петок)

СУДБИНАТА КАКО СТАОРЕЦ

ДЕЛОВЕН ЧОВЕК

(L’Industriale / The Enterpreneur)

20:30 часот

20:30 часот

ЗА СЕ` Е ВИНОВЕН ЈУДА

СКАПОЦЕН КАМЕН

17 ноември (сабота)

21 ноември (среда)

18:00 часот

18:00 часот

ПЈЕТРО (Pietro)

РАБОТНИЦИ – ПОДГОТВЕНИ НА СÈ

(Tutta colpa di Giuda / It’s All Judas` Fault)

20:30 часот `РЃА

(Ruggine / Rust)

(Il Gioiellino / The Jewel)

ВНАТРЕШЕН / НАДВОРЕШЕН (Interior / Exterior)

АШРАФ СЕБЕРТО (Ashraf Seberto)

18:30 часот ЕГИПЕТ: ПРИКАЗНАТА ЗАД РЕВОЛУЦИЈАТА

СЕДУМТЕ МИЛОСРДНИ ДЕЛА

18:00 часот

(Echoes)

20.00 часот

ОСАМЕНОСТА НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

22 ноември (четврток)

ЕХО

(Revolution Cookies) #ТАХРИР 2/2 (#Tahrir 2/2)  ПРОЗОРЕЦ (Window)

РЕВОЛУЦИСКИ КОЛАЧИЊА

24 ноември (сабота)

18:00 часот

20:30 часот

ОФ, КАРМЕЛА (¡Ay, Carmela!)

20:30 часот (La solitudine dei numeri primi / The Solitude of Prime Numbers)

(Sette opera di misericordia / Seven Acts of Mercy)

(When The Food Hits You) ПОЛИЦИСКИ ЧАС (Curefew)

(Workers - Pronti a tutto)

18 ноември (недела)

РОДЕНА НА 25 ЈАНУАРИ (Born January 25)

(Egypt: The Story Behind the Revolution)

20:30 часот ОВА Е ХАОС (Heya Fawda / This is Chaos) ДЕНОВИ НА БУГАРСКИ ФИЛМ 26 ноември (понеделник)

20:30 часот

20.00 часот

ИЗЛЕЗ ОД КАИРО

ПАТОТ ДО ВРВОТ

(Cairo Exit)

20.00 часот

(Пътят към върха / The Way To The Top)

30 ноември (петок), 20:00 ч.

РОДНИНАТА АНХЕЛИКА (La prima Angélica)

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

14 ноември (среда)


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

форма, се осврнува на влијанието и репертоарот на Амалија Родригез и Чико Бураке, за најпосле да се пресели на концертот на фадо-ѕвездите Мариција, Камане, Каетано Велосо и други.

15 ноември (четврток), 20:00 ч. ФАДОС (Fados) документарен филм, Португалија / Шпанија 2007, 90 мин., колор, ДВД режија: Карлос Саура (Carlos Saura) сценарио: Карлос Саура, Иван Дијас (Carlos Saura, Ivan Dias) улоги: Мариза, Камане, Карлос До Кармо, Чико Буарке, Каетано Велозо, Лила Даунс (Mariza, Camané, Carlos Do Carmo, Chico Buarque, Caetano Veloso, Lila Downs) Португалското фадо, кое потекнува од раниот 19 век, исполнето со долги, орнаментирани и емотивно тешки балади што ламентираат по загубените љубови и нереализираните соништа, во последнава деценија доживува непредвидена пополарност. Како последен филм од трилогијата посветена на латино-музиката, односно по ФЛАМЕНКО (1995) и ТАНГО (1998), ФАДО најпрвин ја следи историјата на музичката

СИНЕДЕЈС – 16-23 ноември 16 ноември (петок), 20:30 ч. ЗА СÈ Е ВИНОВЕН ЈУДА (Tutta colpa di Giuda / It’s All Judas` Fault) игран филм, Италија 2009, 102 мин., колор, ДВД режија: Давиде Ферарио (Davide Ferrario) сценарио: Давиде Ферарио (Davide Ferrario) улоги: Касја Смутник, Фабио Тројано, Џанлука Гоби, Кристијано Годано, Франческо Сиња (Kasia Smutniak, Fabio Troiano, Gianluca Gobbi, Cristiano Godano, Francesco Signa)

17 ноември (сабота) 18:00 ч. ПЈЕТРО (Pietro) игран филм, Италија 2010, 82 мин., колор, ДВД режија: Даниеле Гаљаноне (Daniele Gaglianone) сценарио: Даниеле Гаљаноне (Daniele Gaglianone) улоги: Карлота Салети, Диего Кантери, Пјетро Касела, Франческо Латаруло, Фабрицио Никастро (Carlotta Saletti, Diego Canteri, Pietro Casella, Francesco Lattarulo, Fabrizio Nicastro)


18 ноември (недела) 18:00 ч. СЕДУМТЕ МИЛОСРДНИ ДЕЛА (Sette opera di misericordia / Seven Acts of Mercy) игран филм, Италија / Романија 2011, 100 мин., колор, ДВД режија: Џанлука Де Серио, Масимилијано Де Серио (Ginaluca De Serio, Massimiliano De Serio) сценарио: Џанлука Де Серио, Масимилијано Де Серио (Ginaluca De Serio, Massimiliano De Serio) улоги: Роберто Херлицка, Олимпија Мелинте, Игнацио Олива, Стефано Касети, Космин Коничук (Roberto Herlitzka, Olimpia Melinte, Ignazio Oliva, Stefanno Cassetti, Cosmin Coniciuc)

20:30 ч. ЕХО (Echoes) игран филм, Италија 2012, 100 мин., колор, ДВД режија: Андреа Ла Мендола (Andrea La Mendola) сценарио: Андреа Ла Мендола, Џуијета Вачис, Дарио Корно, Микеле Форнасеро (Andera La Mendola, Giulietta Vacis, Dario Corno , Michele Fornasero) улоги: Мартина Антонакио, Глен Блекхол, Џузепе Чедерна, Стела Еџито (Martina Antonaccio, Glen Blackhall, Giuseppe Cederna, Stela Egitto)

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

20:30 ч. `РЃА (Ruggine / Rust) игран филм, Италија 2011, 109 мин., колор, ДВД режија: Даниеле Гаљаноне (Daniele Gaglianone) сценарио: Даниеле Гаљаноне, Џаиме Алонџе, Алесандро Шипа (Daniele Gaglianone, Giaime Alonge, Alessandro Scippa) улоги: Филипо Тими, Стефано Акроси, Валерио Мастандреа, Валерија Соларино (Filippo Timi, Stefano Accrosi, Valerio Mastandrea, Valeria Solarino)


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

ДЕНОВИ НА БУГАРСКИ ФИЛМ

19 ноември (понеделник), 20:00 ч. СУДБИНАТА КАКО СТАОРЕЦ (Съдбата като плъх / The Fate as a Rat) игран филм, Бугарија / Република Македонија 2001, 75 мин., колор, ДВД режија: Иван Павлов сценарио: Константин Павлов улоги: Ивајло Христов, Христо Грбов, Валентин Танев, Иван Радоев, Александар Дојнов, Иван Савов (Ивайло Христов, Христо Гърбов, Валентин Танев, Иван Радоев, Александър Дойнов, Иван Савов) Приказна за група пријатели што живеат во мал приморски град. Секојдневјето им е сурово, шегите прости, сексуалниот живот оскуден, а сфаќањето на човечкото достоинство, пријателство и обврски им е примитивно. Нивните ситни подлости во меѓусебната комуникација се чинат дури и симпатично, но и познато, бидејќи се дел од современата апсурдна и безизлезна живејачка.

СИНЕДЕЈС – 16-23 ноември 20 ноември (вторник) 18:00 ч. ДЕЛОВЕН ЧОВЕК (L’Industriale / The Enterpreneur) игран филм, Италија 2011, 100 мин., колор, ДВД режија: Џулијано Монталдо (Giuliano Montaldo) сценарио: Џулијано Монталдо, Андреа Пургатори, Вера Пескароло (Giuliano Montaldo, Andrea Purgatori, Vera Pescarolo) улоги: Пјерфранческо Фавионо, Каролина Крешчентини, Едуард Габиа, Франческо Шана, Елена Ди Кјокио (Pierfrancesco Favino, Carolina Crescentini, Eduard Gabia, Francesco Scianna, Elena Di Cioccio)

20:30 ч. СКАПОЦЕН КАМЕН (Il Gioiellino / The Jewel) игран филм, Италија / Франција 2011, 110 мин., колор, ДВД режија: Андреа Молајоли (Andrea Molaioli) сценарио: Андреа Молајоли, Лудовика Рамполди, Габриеле Ромањоли (Andrea Molaioli, Ludovica Rampoldi, Gabriele Romagnoli) улоги: Тони Срвиљо, Ремо Џироне, Сара Фелбербаум, Фаусто Мариа Шарапа, Лино Гванчиали (Toni Servillo, Remo Girone, Sarah Felberbaum, Fausto Maria Sciarappa, Lino Guanciali)


20:30 ч. ОСАМЕНОСТА НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ (La solitudine dei numeri primi / The Solitude of Prime Numbers) игран филм, Италија / Германија / Франција 2010, 118 мин., колор, ДВД режија: Саверио Костанцо (Saverio Costanzo) сценарио: Паоло Џордано, Саверио Костанцо (Paolo Giordano, Saverio Costanzo) улоги: Алба Рорвахер, Лука Маринели, Изабела Роселини, Роберто Збарто, Џорџа Сенеси (Alba Rohrwacher, Luca Marinelli, Isabella Rossellini, Roberto Sbaratto, Giorgia Senesi)

22 ноември (четврток) 18:00 ч. РОДЕНА НА 25 ЈАНУАРИ (Born January 25) документарен филм, Египет / ОАЕ 2011, 80 мин., колор, ДВД режија: Ахмед Рашван (Ahmed Rashwan) сценарио: Ахмед Рашван (Ahmed Rashwan)

20:30 ч. ИЗЛЕЗ ОД КАИРО (Cairo Exit) игран филм, Египет 2011, 100 мин., колор, ДВД режија: Хешам Исави (Hesham Issawi)

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

21 ноември (среда) 18:00 ч. РАБОТНИЦИ – ПОДГОТВЕНИ НА СÈ (Workers - Pronti a tutto) игран филм, Италија 2012, 105 мин., колор, ДВД режија: Лоренцо Вињоло (Lorenzo Vignolo) сценарио: Стефано Сардо, Галијано Јузо (Stefano Sardo, Galiano Juso) улоги: Дарио Бандиера, Алесандро Бјанки, Паоло Бригуља, Нино Фрасика, Никол Гримаудо (Dario Bandiera, Alessandro Bianchi, Paolo Briguglia, Nino Frassica, Nicole Grimaudo)


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

сценарио: Хешам Исави, Амал Афифи (Hesham Issawi, Amal Afify) улоги: Мохамед Рамадан, Набил Хаграси, Ахмед Бидер, Сана Музеин, Сафа Галал (Mohamed Ramadan, Nabil Hagrassy, Ahmed Bider, Sana Mouzein, Saffa Galal)

РЕВОЛУЦИСКИ КОЛАЧИЊА (Revolution Cookies) rежија: Калед Мареи (Khaled Marei) 20:30 ч. 18 ДЕНОВИ (18 Days) кратки играни филмови, Египет, ДВД ЗАДРЖУВАЊЕ (Retention) rежија: Шериф Арафа (Sherif Arafa)

23 ноември (петок) 18:00 ч. МРАВЈИ КРИК (Ant Scream) игран филм, Египет 2011, 104 мин., колор, ДВД режија: Самех Абдел Азиз (Sameh Abdel Aziz) сценарио: Тарек Абдел Галил (Tarek Abdel Galil) улоги: Амр Абдел Галил, Раниа Јусеф (Amr Abdel Galil, Rania Youssef)

БОЖЈО СОЗДАВАЊЕ (God’s Creation) rежија: Камла Абу Зикри (Kamla Abou Zikri) 19-19 (19-19) rежија: Марван Хамед (Marwan Hamed) КОГА ЌЕ ВЕ ПОГОДИ ПОПЛАВА (When The Food Hits You) rежија: Мохамед Али (Mohamed Ali) ПОЛИЦИСКИ ЧАС (Curefew) rежија: Шериф Ел Бендари (Sherif El Bendari)

#ТАХРИР 2/2 (#Tahrir 2/2)  rежија: Маријам Абу Уф (Mariam Abou Ouf) ПРОЗОРЕЦ (Window) rежија: Ахмад Абдала (Ahmad Abdallah) ВНАТРЕШЕН / НАДВОРЕШЕН (Interior / Exterior) rежија: Јусри Назрака (Yousry Nasrallah) АШРАФ СЕБЕРТО (Ashraf Seberto) rежија: Ахмед Ала (Ahmad Alaa)


24 ноември (сабота) 18:30 ч. ЕГИПЕТ: ПРИКАЗНАТА ЗАД РЕВОЛУЦИЈАТА (Egypt: The Story Behind the Revolution) документарен филм, САД 2011, 58 мин., колор, ДВД режија: Калед Сајед (Khaled Sayed)

20:30 ч. ОВА Е ХАОС (Heya Fawda / This is Chaos) игран филм, Египет / Франција 2007, 124 мин., колор, ДВД режија: Јусуф Кахин, Калед Јусуф (Youssef Chahine, Khaled Youssef) сценарио: Насер Абдел Раман (Nasser Abdel Rahman)

ДЕНОВИ НА БУГАРСКИ ФИЛМ

26 ноември (понеделник), 20:00 ч. ПАТОТ ДО ВРВОТ (Пътят към върха / The Way To The Top) игран филм, Бугарија 2007, 54 мин., колор, ДВД режија: Валентина Фиданова Коларова сценарио: Златимир Коларов улоги: Бистра Тупарова, Валчо Карамашев (Вълчо Камарашев), Јоан Карамфилов (Йоан Карамфилов), Богдана Вулпе Во едно зафрлено планинско село, кај својот дедо ќе пристигне градско дете што деновите ги минувало со играчки и интернет. Се запознава со сосетката на дедо си, една осамена старица, но ќе открие и дека меѓу нив двајцата постои една стара и голема кавга. Момчето од старицата ќе научи многу за селските традиции и руралниот живот, а продлабочувањето на нивната врска ќе помогне двајцата соседи да ги надминат долгогодишните недоразбирања.

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

улоги: Калед Салех, Мена Шалаби, Јусуф Ел Шериф, Хала Седеки, Хала Фракер (Khaled Saleh, Menna Shalabi, Youssef El Sherif, Hala Sedeki, Hala Fakher)


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА КАРЛОС САУРА

27 ноември (вторник), 20:00 ч. МАМА ПОЛНИ 100 ГОДИНИ (Mamá cumple 100 años) игран филм, Шпанија / Франција 1979, 92 мин., колор, ДВД режија: Карлос Саура (Carlos Saura) сценарио: Карлос Сура, Елијас Керехета (Carlos Saura, Elías Querejeta) улоги: Џералдин Чаплин, Ампаро Муњоз, Фернандо Фернан Гомез, Норман Бриски, Рафаела Апаричио (Geraldine Chaplin, Amparo Muñoz, Fernando Fernán Gómez, Norman Brisky, Rafaela Aparicio) Сопружниците Ана и Антоние пристигнуваат во големата куќа на село за да присуствуваат на стотиот роденден на бабата. Ана таму работела како гувернанта на децата, но по многуте години отсуство, ќе увиди дека семејството сега е сосем дисфункционално и разнебитено. Дознава дека Хосе починал, дека Хуан се развел, Фернандо е незрел, а Лучи се интересира само за парите што

треба да ги наследи. Во меѓувреме, и нејзиниот сопруг, Антонио, ќе има кратка врска со Наталија.

28 ноември (среда), 20:00 ч. ЕЛИЗА, ЉУБОВ МОЈА (Elisa, vida mía) игран филм, Шпанија 1977, 125 мин., колор, ДВД режија: Карлос Саура (Carlos Saura) сценарио: Карлос Саура (Carlos Saura) улоги: Фернандо Реј, Џералдин Чаплин, Норман Бриски, Исабел Местрес, Хоакин Инохоса (Fernando Rey, Geraldine Chaplin, Norman Briski, Isabel Mestres, Joaquín Hinojosa) Елиза минува низ брачна криза и веќе девет години го нема видено својот татко Луис. По телеграмата што ја добива од сестра си Исабел, во која пишува дека нивниот татко е тешко болен, таа ќе појде надвор од Мадрид за да го посети. Ќе остане подолго време со него, ќе ги дознае причините зошто тој ја оставил мајка им пред многу години, но и самата ќе му раскажува за својот неверен сопруг кој ја измамил со

најдобрата другарка. Кога Антонио, сопругот на Елиза, ненадејно ќе пристигне во куќата, таа веќе има решено што ќе прави понатаму во животот.

29 ноември (четврток), 20:00 ч. ОФ, КАРМЕЛА (¡Ay, Carmela!) игран филм, Шпанија / Италија 1990, 102 мин., колор, ДВД режија: Карлос Саура (Carlos Saura) сценарио: Рафаел Аскона, Хосе Санчис Синистера, Карлос Саура (Rafael Azcona, José Sanchís Sinisterra, Carlos Saura) улоги: Кармен Маура, Андрес Пахарес, Габино Диего, Маурицио Де Раца, Хосе Санчо (Carmen Maura, Andrés Pajares, Gabino Diego, Maurizio De Razza, José Sancho) За време на Шпанската граѓанска војна, патувачкиот театар на брачната двојка Паулино и Кармела е на турнеја низ регионот што го држат републиканците. Едно утро тие ќе бидат сведоци на убиствата што франковистите ги извршуваат врз невиното население и ќе паднат


во куќата на тетка му Пилар, во истата во која го минал и летото 1936 г, токму пред започнувањето на Шпанската граѓанска војна. Тука се среќава со Анхелика, братучетката во која бил вљубен како дете и која тука живее со сопругот и со ќерката, а тоа неизбежно го навраќа на турбулентното и насилно лето во таа 1936-та, кога многу работи тргнаа наопаку и за него и за шпанскиот народ.

30 ноември (петок), 20:00 ч. РОДНИНАТА АНХЕЛИКА (La prima Angélica) игран филм, Шпанија 1974, 107 мин., колор, ДВД режија: Карлос Саура (Carlos Saura) сценарио: Рафаел Аскона, Карлос Саура (Rafael Azcona, Carlos Saura) улоги: Хосе Луис Лопез Вазкез, Фернандо Делгадо, Лина Каналехас, Лола Кардона, Џулиета Серано (José Luis López Vázquez, Fernando Delgado, Lina Canalejas, Lola Cardona, Julieta Serrano) Средовечниот Луис тргнува од Барселона за Сеговија за да ги закопа остатоците од својата мајка во семејната гробница. Престојува

*Филмската програма за ноември 2012 е реализирана во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Младинскиот културен центар и Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Република Македонија.

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

во рацете на фашистите. Италијанскиот командат кој е вљубеник во театарот од нив ќе бара да ги забавуваат фашистичките одреди и со тоа да си ја откупат слободата. Паулино некако и ќе прифати, но Кармела тој чин го смета за понижување.


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2

Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814, локал 111 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com

За издавачот: м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска Уредник на филмската програма: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Александра Младеновиќ Виолета Петрушевска м-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Лектура: Снежана Петрова-Џамбазова Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Софија – Богданци


п р ог р ам а ноември 2 0 1 2 Проектот го помогна:

Министерство за култура на Република Македонија


www.maccinema.com

п р ог р ам а ноември 2 0 1 2


Kinoteka