Issuu on Google+

СОДРЖИНА

ЕКСКЛУЗИВНИ МАСАЖИ 1. ВИТАСОЛ – МАСАЖА ВО СОЛЕНА СОБА 2. АЛГО МАСАЖА - МОРСКИ СВЕТ 3. ТРОПИКАЛ МАСАЖА 4. БАМБУС МАСАЖА 5. ЧОКОЛАДНА МАСАЖА 6. МЕДНА МАСАЖА 7. ХЕРБАЛ СПА МАСАЖА 8. АЛОЕ ВЕРА МАСАЖА 9. ЈУМЕИХО - ЈАПОНСКА МАСАЖА 10. ТУИ НА - КИНЕСКА МАСАЖА 11. МАСАЖА СО ВУЛКАНСКИ КАМЕЊА


ОСТАНАТИ МАСАЖИ 11. АРОМАТЕРАПИЈА 12. МЕДИЦИНСКА МАСАЖА 13. СПОРТСКА МАСАЖА 14. РЕЛАКС МАСАЖА 15. ОЛИВНА МАСАЖА 16. АНТИЦЕЛУЛИТНА МАСАЖА 17. РЕФЛЕКСОТЕРАПИЈА 18. ПАРЦИЈАЛНА МАСАЖА 19. МАСАЖА НА ГЛАВА 20. ФАЦИЈАЛНА - МАСАЖА НА ЛИЦЕ 21. ВАКУУМ МАСАЖА 22. ВИБРАЦИОНА МАСАЖА 23. МАСАЖА ЗА ТРУДНИЦИ ЗОШТО ДА ДОЈДЕТЕ НА МАСАЖА ВО ВИТАСОЛ?

* експертите проценуваат дека повеќе од 90% од болестите се поврзани со стресот, а масажата уште од античко време е позната како мошне ефикасно оружје против него * ја намалува анксиозноста и депресијата * го подобрува квалитетот на сонот * го отстранува хроничниот умор * ја зголемува енергијата * го ревитализира организмот * ја забрзува циркулацијата * ја подобрува концентрацијата и ја стимулира мозочната активност * го јакне имунитетот * ја намалува зависноста од медикаменти * ослободува од главоболки и мигрена * ја отстранува болката во мускулатурата * ја зголемува флексибилноста на зглобовите * ослободува ендорфини-амино-киселини, кои работат како елиминатори на болка во телото * го балансира организмот * го стимулира процесот на детоксикација * ги хармонизира телото и мислата * го подига расположението * ја продолжува младоста


ВИТАСОЛ ВИ ПОСАКУВА ПРИЈАТНИ МОМЕНТИ НА УЖИВАЊЕ И РЕЛАКСАЦИЈА СО НАШАТА ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА

В А Ж Н О !!! ИАКО МАСАЖАТА Е РЕЛАТИВНО БЕЗБЕДЕН НАЧИН НА ТРЕТИРАЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ, СЕПАК НЕ ТРЕБА ДА ЈА ПРИМЕНУВААТ ЛУЃЕ СО СЛЕДНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ТЕГОБИ: - ПОТЕШКИ СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ - ПРОБЛЕМИ СО БУБРЕЗИ - СОСТОЈБИ НА КРВАРЕЊА - КРВНИ ПОДЛИВИ ПО ТЕЛОТО - ОТВОРЕНИ РАНИ - СКРШЕНИЦИ - ВОСПАЛЕНИЈА НА КОЖАТА - ЗАРАЗНИ КОЖНИ СОСТОЈБИ - КАНЦЕР - ПОСТОПЕРАТИВНИ СОСТОЈБИ - ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА - ОСТЕОПОРОЗА, РЕУМА И АРТРИТИС, ЗА ВРЕМЕ НА ВОСПАЛЕНИЈА - ПРИСУТНОСТ НА АЛЕРГИСКИ РЕАКЦИИ НА ОДРЕДЕНИ СОСТОЈКИ ВО МАСЛАТА И ЛОСИОНИТЕ ЗА МАСАЖА

ЕКСКЛУЗИВНИ МАСАЖИ ВИТАСОЛ – МАСАЖА ВО СОЛЕНА СОБА: Во Mакедонија-достапна единствено во солените соби на семејство - ВИТАСОЛ. МАСАЖАТА ВО СОЛЕНА СОБА претставува уникатно и неповторливо доживување на ослободување на телото и мислата, кое ве пренесува во друг свет. Нејзината суштина се состои во тоа што се изведува во амбиент, кој е навистина многу пријатен и придонесува да се чувствувате посебно. За време на стручната масажа, која се изведува додека сте легнати врз солта и се наоѓате во непосреден контакт со неа, организмот се изложува и на благотворното дејство на сувите аеросоли - дифузирани од халогенераторот. Овие честици на гранулирана чиста медицинска сол, во својот хемиски состав содржат цела лепеза на минерали, витамини и олиго - елементи, кои за само неколку секунди пенетрираат во крвотокот и лимфата и со тоа директно ги пренесуваат своите корисни и лековити својства.


Истите тие честици претставуваат и негативни јони, кои имаат многукратно позитивно дејство врз организмот - го ревитализираат, енергизираат, обновуваат и подигаат имунитетот. Токму од тие причини, научно и клинички е докажано дека 40 минути во солена соба = 4 дена престој на море. Организмот изложен на паралелно дејство на солена терапија и рачна масажа, доживува едно длабоко опуштање, релаксација и аеросолна медитација, кое дава чувство на лебдење. Огромното психичко растеретување и телесното ослободување од сите форми на натрупан притисок, стрес и нервоза, што се постигнува за време на масажата во солена соба, овозможува хармонизирање на внатрешните енергетски текови и ребаланс на телото и умот. Не постојат доволно зборови, кои ќе го опишат ова доживување - достапно само во ВИТАСОЛ. Затоа - повелете, уверете се!!! Направете го вистинскиот чекор за вашата внатрешна и надворешна убавина!!! Телото и мислата, ќе ви бидат благодарни!!!

АЛГО МАСАЖА - МОРСКИ СВЕТ: Третман за тело со компоненти од најдлабоките и најчисти морски води. Со помош на морскиот третман за тело се прави масажа на цело тело со препарати - направени од морски алги и планктони, кои се најголем природен извор на минерали и олиго елементи. Тие делуват во три нивоа. Ги врзуваат масните клетки, се прави нивно бомбардирање и разградување на слојни масти и триглицериди до слободни масни киселини, со што се стимулира нивното исфрлање преку лимфните жлезди. Се што се применува во оваа навистина уникатна и единствена масажа е од морско потекло, природни алги – подготвени во коктел со концентрат за загревање на кожата и поткожното ткиво. Ваквиот коктел го стимулира ширењето на крвните и лимфни садови. Се добива траен ефект на редукција на масно ткиво, детоксификација на организмот, лифтинг односно затегање на кожата и оформување на контурите. Во третманот има и алго маска за тело, која дава неверојатен ефект на подмладување. Природниот екстракт на алги MARINE содржат висок процент на јод, кој го зголемува телесниот метаболизам, ги согорува маснотиите, давајки притоа неопходна енергија на организмот. Фактот што овозможуваат детоксификација на телото и негово чистење од натрупаните отрови, придунесува да се изгубат дури 25% маснотии за само 3 недели.


Морската алга не е само помош туку и одбрана на организмот за прекумерно земање на храна. Богати се со минерали, витамини, олигоелементи кои ги стимулираат ендокрините жлезди и помагаат во одржувањето на здравјето и одложување на процесот на стареење. Алгите се природен лек, формула за сите потреби и проблеми со зголемена тежина, целулит, подобро здравје и го спречуваат деградирањето на сите станици на кожата. Овие резултати ќе ве воодушеват. Кога ќе ги погледнете состојките ќе се уверите дека содржи цело богатство од материи кои ја хранат кожата. Морските алги се богати со минерални соли, микроелементи, витамини и полисахариди кои се од витално значење за здрава и сјајна кожа. Благодарение на екстрактите од сино-зелени микро алги и кафеави морски алги, се регенерира минералниот состав на кожата, се постигнува балансирана состојба на телото и духот. Екстрактот на алги MARINE е погодна за заштита на сите видови кожа од загадената околна средина. Таа е идеална за кожа која појавува знаци на стареење, дехидрирање, опуштање, брчки и недостиг на сјај. На неповторливиот спој на духовен мир и телесно опуштање, кој се постигнува со специјалната масажа со продукти од морскиот свет, Вашата кожа и Вашата психа ќе Ви бидат благодарни. Стручниот тим на ВИТАСОЛ Ви посакува единствено да се погрижите да најдете добро друштво кое ќе ужива во нежниот допир на вашата кожа и вашето добро расположение.

ТРОПИКАЛ МАСАЖА: МАСАЖА ЗА МОДЕРНИ И УРБАНИ ДАМИ Редовно се среќава на менијата на светски познатите велнес центри. Се изведува со специјална мешавина од ладно цедено кокосово и палмино масло, со додаток на јојоба. За овој микс од масла наречен-тропикал, постојат лабараториски тестови, кои го покажуваат следното: - присутност на доста високо ниво на антиоксиданти. - содржи моќна форма на витамини Е - наречена токотриенол, која е 50 пати повеќе потентна од алфа токотриенол формата, која е присутна во повеќето козметички препарати. - изобилува со природни каротини - има 15 пати повеќе ретинол еквивалент од морковот и дури 300 пати повеќе од доматот на пример. Се надеваме дека Ве уверивме во корисноста на оваа масажа за подмладување и нега на вашата кожа и Ви дадовме доволно јаки причини зошто да се одлучите токму за ТРОПИКАЛ МАСАЖАТА. Телото памети долго и ќе знае да Ви врати со младешки изглед на зрели години. Ќе Ви биде благодарно зошто сте го негувале и третирале во центарот за здравје, виталност и убавина -ВИТАСОЛ-


БАМБУС МАСАЖА: БАМБУС МАСАЖАТА е уникатна техника која има релаксирачки, смирувачки и освежителен ефект. Бамбусот има природна и позитивна енергија, што му дава на телото да се чуствува убаво. Идеална е за мажите особено за стимулација на мускулите и циркулацијата на крвта, а за жените е интересна поради тоа што помага кај оние што страдаат од отоци и целулит, стимулира и има силно дранажно својство. Треба да ја пробаат сите неодлучни клиенти бидејќи влева самодоверба а резултатите се видливи веднаш. Се изведува со различна големина на бамбус стапчиња, кои се користаат за да можат совршено да прилегнат на контурите на телото. Овој третман од далечниот исток пренесува моќно чуство на леснотија и длабока релаксација на телото.

ЧОКОЛАДНА МАСАЖА: ЧОКОЛАДО ИЗВОР НА СРЕЌА - ПРОМОТОР НА ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ. Чоколадото содржи антиоксиданси и активни состојки кои имаат позитивен ефект врз целиот организам. Какао путерот дава мекост, ја храни, навлажнува и ја заштитува кожата од стареење. Минералните соли се битни за тонизирање, а танинот не само што води кон слабеење туку и помага во создавањето на ендорфин, супстанца која ја зголемува активноста на серотонин, неуротрансмитер на смиреност и добро расположение. Чоколадна масажа е уникатна, магична и ексклузивна. Чоколадна масажа е масажа која најмогу ќе ве разгали. Вкусен хедонистички момент, кој ги б��ди сите сетила, целосно продлабочување на физичка и ментална благосостојба. Нежна масажа со помош на која Вашиот организам и психа ќе воспостават рамнотежа. Масажата е пропратена со специјална музика и при тоа добивате чувство на танц по вашето тело. ВАШЕТО ТЕЛО ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ИСКУШЕНИЕ НА КОЕ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ОДОЛЕЕ.


МЕДНА МАСАЖА: Суштината на медната масажа се состои во користење на медот, со сите свои здрави, лековити и благопријатни својства што ги поседува. Токму како резултат на својот природен состав, медот има голем придонес врз здравјето на човекот, било да се консумира преку уста, било да се аплицира на телото во склоп на медната масажа. Пред почетокот на медната масажа, неопходно е да се осигураме дека клиентот не е алергичен на мед. Масажата со мед е вид нежна масажа наменета за отстранување на масни ткива. Суштината на масажата со мед е во користењето на лепливите карактеристики на медот. Медот се става на областа што се масира, а масерот ги става рацете врз медот и ги „одлепува“. На почетокот е лесно, но „одлепувањето“ станува се потешко и дејството врз кожата расте. Масажата трае се додека не исчезне медот од местото на кое се масира. Истовремено организмот доживува една инфузија од сите здрави и корисни состојки на медот, кои многу бргу пенетрираат и го ревитализираат истиот

ХЕРБАЛ СПА МАСАЖА: Овој тип на масажа бил дел од секојдневниот живот со векови. Пред појавата на модерната медицина, хербалистите или популарно наречени тревари, ја имале улогата на доктори и фармацевти. За да ја отстранат болката, тие правеле хербални пакувања, кои како компрези се ставале врз кожата или пак едноставно вршеле масажа со билни мешавини. Состојките во овие мешавини благопријатно делувале врз смирување на нервите, опуштање на мускулатурата и психичко ослободување. Кога енергетските меридијани и текови во телото се блокирани, кај личноста се манифестира болка. Токму хербал-спа масажата делува врз постигнување на внатрешниот енергетски баланс, ослободување на протокот на телесната енергија, со што се поттикнува моќта на самоизлекување на телото. ХЕРБАЛ СПА МАСАЖА ЗНАК ЗА ЕДНАКВО СПЕЦИЈАЛНА ХОЛИСТИЧКА ПРОГРАМА ЗА РАМНОТЕЖА НА ТЕЛОТО И ДУХОТ


АЛОЕ ВЕРА МАСАЖА: За масажата со Алое Вера се смета дека го поттикнува подмладувањето на кожата, зацелувањето на рани и изгореници. Исто така ја намалува и отстранува болката од артритис, подобрувајќи ја циркулацијата со своите анти инфламаторни својства. Билката Алое Вера со сите свои позитивни својства била позната со векови. Фактот што таа ја има истата PH вредност како онаа на кожата ја прави да таа делува многу благотворно. Како природен хипоалерген го стимулира имуниот систем на телото и ја поттикнува моќта на самоисцелување. МАСАЖАТА СО АЛОЕ ВЕРА овозможува лесна пенетрација во подлабоките слоеви од кожата, регенерација на клеткитеи ревитализација на телото. За релативно кратко време се елиминира тензијата, се редуцира заморот, и се подобрува физичкиот баланс. Масажата со Алое Вера е погодна за сите видови кожи па дури и за најчуствителните. ЗА СВИЛЕН ДОПИР И НЕЖЕН ИЗГЛЕД ПОВЕЛЕТЕ НА МАСАЖА СО АЛОЕ ВО ВИТАСОЛ.

ЈУМЕИХО - ЈАПОНСКА МАСАЖА: Оваа масажа претставува метод за зголемување на животните сили на организмот и истовремено е слабинско-зглобна, терапија со техники на исправување, притискање и триење. ЈУМЕИХО е начин на механичко - рачно делување врз телото, кое е познато со векови. Во основата на оваа терапија е грижата за нормализирање на карличнобедрените зглобови - колковите и рбетниот столб. Анатомскиот лумбален дел наречен половина, е главната оска која ја подржува неопходната рамнотежа на телото спрема гравитација на земјата. Со методична последователност на систем од одредени манипулации се постигнува крајната цел – наместување на карлично бедрените и клучните коски, пршлените, зглобовите на колената, стапалата и прстите. Масажата е главно средство за нормализирање на растроените зглобови, втврднатите мускули, на лимфниот и крвниот застој. Преку масажа со вертикален натисок се постигнува исчезнување на болките, востановување на физиолошките функции во нивните нормални граници. При масажа со помош на прстите, дланките и колената на обработените делови се создава полна проодност на лимфа и крв. Методот има околу 100 масажни манипулации со кои се ангажира целата структура на човечкото тело. Терапијата обрнува внимание на феноменот на пукање на зглобовите како израз на ефект на лекување. Ако нема пукање, тоа покажува дека мускулите и сврзувачкото ткиво се ригидни (втврднати) и зглобовите имаат ограничено движење. Бројот на сеансите е различен бидејќи секој организам реагира индивидуално. Има сличаеви кога само две до три сеанси се доволни, а при други потребни се десетици за да се постигне успех.


ТУИ НА - КИНЕСКА МАСАЖАТА: Оваа масажа е една од најстарите кинески манипулативни терапии, која со векови се користела за доведување на телото во една балансирана и здрава состојба. ТУИ НА МАСАЖАТА е интегрален дел на традиционалната кинеска медицина, која се изучува во специјални школи и е составен дел на формалната обука во ориенталната медицина. Поимот традиционална кинеска медицина во далекиот исток е исто што и поимот алтернативна медицина во западниот свет. Истиот подразбира широк спектар на традиционални медицински практики, кои вклучуваат разни форми на масажи, хербална медицина - лекување со треви, акупунктура и здрав начин на исхрана, сите насочени кон хармонизирање на двете основни енергии јин и јанг. Туи на масажата ја деблокира одбрамбената енергија на телото и овозможува слободен енергетски проток низ сите меридијани. Во античка Кина, овој вид на масажа посебно бил применуван на постари лица и на деца, а во денешно време масовно се среќава и применува во ортопедијата, трауматологијата, козметологијата, спортската медицина, рехабилитацијата и одржување на благосостојбата на организмот воопшто.

ОСТАНАТИ МАСАЖИ АРОМАТЕРАПИЈА ЗА ТЕЛО АРОМАТЕРАПИЈАТА е форма на природно третирање на организмот со природни материи, познати како есенцијални масла и други ароматични состојки, со цел подобрување на човековите умствени и когнитивни способности, расположението и здравјето воопшто. Во зависност од потребите на клиентот, се спрема посебна мешавина од етеричните масла, кои по пат на нежна масажа пенетрираат во телото на клиентот. Ароматерапијата промовира здравје на телото, смиреност на умот, длабока релаксација, отстранување на негативните емоции, а преку сетилото за мирис помага личноста да се пронајде самата себе. Овој вид на терапија пред се подразбира апликација на есенцијални масла кои се добиваат од богатата палета на природата и кои ја чинат суштината на арома терапијата. Добрата и стручна масажа во нашето студио ќе Ви пружи чувство на задоволство, ќе направи длабинско престројување на целокупниот организам и ќе постигне ефект на ментално растеретување.


Масажата делува благопријатно на секој човек, но посебно е нагласена потребата кај т.н ризични групи луѓе, како на пример: менаџерите, луѓе со висока професионална одговорност кои работат под силен психолошки притисок и рековалесценти. Таа претставува класична рачна масажа со додаток на ароматерапија односно етерични масла, кои се користат повеќе од 5000 години и кои се сметаат за еликсир на живот, здравјето, убавината и вечната младост. Во рок од само десетина секунди, преку кожата, крвотокот ги прима овие есенцијални масла и така на најдиректен начин се апсорбираат лековитите својства на ароматичните материи директно во организмот. Ако се знае дека болеста не е ништо друго до некој вид на нерамнотежа, тогаш на аромамасажата може да се гледа и како куративна метода, со која хармонишно се делува и на телото и на психата, се стабилизира и обновува енергијата, се балансира физичкото, менталното и емоционално ниво и човекот се преплавува со задоволство.

МЕДИЦИНСКА МАСАЖА МЕДИЦИНСКАТА МАСАЖА примарно подразбира специфичен протокол – специјални и точно одредени постапки на масажа, кои се насочени кон решавање на специфични проблеми на клиентот. Во изминатите дваесетина години медицинската масажа се повеќе добива на популарност меѓу луѓето, а позитивните ефекти од неа ја креваат на доста висок стандард. Се применува за нормализирање на функциите на заболените органи и системи, при болки во ’рбетот, зглобовите, горните и долните екстремитети, фибромиалгија, опстипација-затвор, болки во грб и врат, повреди на рбет, спортските повреди, мигрени и главоболки, при проблеми од невролошки каракер, состојби по операции, анемичност, психолошки проблеми и други состојби на нарушен баланс на организмот. Медицинската масажа особено им се препорачува на оние кои во текот на целото работно време се на компјутер или во друга седечка положба и на оние кои целото работно време го поминуваат во стоење.


СПОРТСКА МАСАЖА СПОРТСКАТА МАСАЖА е специјално наменета за луѓе кои се вклучени во потешки физички активности. Таа се користи за санирање на повреди, како што се изместени зглобови и повреди на мускулите. Спортската масажа помага во опуштањето на затегнатите делови од мускулите и во подобрувањето на циркулацијата на крвта, еластичноста, виталноста и флексибилноста на телото. За сите оние кои се обидуваат да ја подобрат својата сила, издржливост, еластичност и брзина. Со длабоки и динамични движења, се опушта Вашето тело, а истовремено се јакнат парцијалните делови на кои се прави масажата. Спортската масажа е добра за луѓе со повреди, хронични болки или ограничен опсег на движења.

РЕЛАКС МАСАЖА Самиот факт што масажата под ова име се среќава повеќе од стотина години, говори за нејзината широка примена и популарност. Релакс масажата обезбедува прогресивна мускулна релаксација по пат на наизменичен притисок и опуштање на поодделни групи мускули. Тие се затоплуваат и како резултат на стручната масажа во нашиот центар ВИТАСОЛ нивната напнатост попушта, со што паралелно се постигнува и ментална релаксација. Вистинската комбинацијата од релаксирачки движења за опуштање на телото, благотворно делува на намалување на болките, стресот и истовремено ја подобрува циркулацијата и Ви ја враќа позитивната енергија. Релакс масажата обезбедува длабока синергија, опуштање и ребаланс на вашето тело и ум. Бадемовото масло и есенцијалните масла од различни екстракти Ви даваат чувство на смиреност и релаксација. Вашата кожа ја добива магијата на свилен сјај, а вашето тело добива целосно продлабочување на физичката и ментална благосостојба. Релакс масажа е најдобриот начин за ослободување од напнатоста, негативната енергија и емотивната неврамнотеженост. Оваа масажа Ви ја враќа силата за справување со секојдневните активности: физички и психички, правејќи ве ведри и позитивни.


ОЛИВНА МАСАЖА МАСАЖА СО МАСЛИНОВО МАСЛО: Како и да одлучите да го консумирате маслиновото масло дали од внатре - преку храната или со надворешна апликација на вашето тело, едно не заборавајте: МАСЛИНОВОТО МАСЛО Е ЕЛИКСИР НА ВЕЧНА МЛАДОСТ. Се среќаваат рецепти за природни третмани за убавина со маслиново масло, стари и по неколку века. Луѓето од медитеранското поднебје први ги спознале бенефитите од малсиновото масло и неколку стотици години го користеле не само во исхраната, туку и за нега на нивните тела, кожа и коса. Мошне импресивно е тоа што профеционалците за нега на здравјето и убавината и понатаму наоѓаат докази за моќта на лекување и разубавување што овој дар од природата ја има, како на пример, ја одржува природната влажност на кожата, ги намалува и редуцира брчките, го одложува појавувањето на нови, ја подобрува циркулацијата и со сето ова ја продолжува младоста. Поради високото ниво на витамини А, Д, К и Е - уште се нарекува и природен коктел со доста висок антиоксиден ефект. Масажата со маслиново масло редовно се нуди во најлуксузните велнес и спа-центри во светот, а ВИТАСОЛ е тука за да ја направи достапна и за вас.

АНТИЦЕЛУЛИТНА МАСАЖА: Еден од најчесто присутните термини кој најмногу го мачи понежниот пол се вика ЦЕЛУЛИТ. Тој е типично женски проблем, кој е под контрола на женскиот хормон естроген и врши стимулација на ензимите за трупање на маснотии. Обемот на целулитот зависи од бројот на масни ќелии (адипоцити), кој е генетски детерминиран, затоа неретко и слабите жени го имаат. Најчесто се натрупува на бедрата, но се случува да биде присутен и на стомакот, на задникот, на листовите и над надлактиците. Во телото се наоѓаат меѓу 5-25 милијарди масни ќелии, а кај гојазните особи овој број може да се дуплира. Волуменот на овие адипоцити се состои од масни капки мошне богати со триглицериди. Во зависност од начинот на исхрана и физичка активност овие ќелии можат да го зголемат или намалат својот волумен. Исхраната која изобилува со маснотии и шеќери во содејство со физичката неактивност ги активира адипоцитите да трупаат маснотии. Овој процес го нарекуваме хипогенеза. Од друга страна пак здравата прехрана во комбинација со спортски активности ги активира адипоцитите да се ослободат од залихите на масни капки. Овој процес се нарекува хиполиза.


Кожата која содржи целулит не е мазна и за неа често се вели дека има изглед на кора од портокал, што се должи на најизменичните наслаги на вода и маснотии како и на изгубената еластичност на сврзувачкото ткиво. Маснотии во умерени количини не само што се добро, туку се и неопходно за организмот, но кога се премногу натрупани тоа навистина претставува проблем како од визуелен, така и од естетски и здравствен аспект. Затоа од срце Ви препорачуваме да се препуштите во рацете на искусниот тим на ВИТАСОЛ, кој ќе даде се од себе да ги реши вашите проблеми, исклучително по пат на високо ценета и ефикасна рачна масажа со апликација на специјални ароматични антицелулитни масла.

РЕФЛЕКСОТЕРАПИАЈА: Рефлексотерапијата е превентивна и куративна метода, која по пат на притискање на одредени точки на стапалата и дланките го хармонизира целото тело и така пријатно делува на човековото здравје во целина. Се претпоставува дека дланките и стапалата се микро космос во кој се одразува целото тело. Токму затоа рефлексотерапијата е една од најстарите методи, кои денес се применуваат и кои низ историјата се покажале како многу делотворни. Со третирањето на одредените зони посредно се делува на органите и ткивата во телото, преку стимулација на нервите кои истите ги врзуваат. На тој начин му се помага на телото полесно да излезе на крај со разните здравствени тегоби. Постојат разни показатели на стапалото кои укажуваат на потенцијални проблеми со одредени органи или ткива, како на пример: изразито топли или ладни делови на стапалото во однос на останатата површина на стапалото, здебелена влажност, дехидрираност, црвенило или бледило, курији очижуљеви итн. Освен на стапалата и дланките рефлексотерапијата може да се применува на разни делови од телото (на пр.уши), а посебно се препорачува за деца во било која возраст и трудници после третиот месец на бременост. Денес во многу клиники во светот на рефлексотерапијата на стапалата и се придава подеднакво значење како и на физикалната терапија, а во некои европски земји како на пр. Германија, неа ја препишуваат дури и лекарите од општа пракса.


ПАРЦИЈАЛНА МАСАЖА: По желба на клиентот се третираат одделни делови на телото, како на пример: ГРБ, ВРАТ, РАМЕНИЦИ, РАЦЕ, НОЗЕ... МАСАЖА НА ГЛАВА: Масажата на глава е еден од неверојатните инструменти на алтернативната медицина, многу моќен начин за справување со стресот и модерните болести. Научните истражувања докажуваат дека со овој тип на масажа се забрзува циркулацијата, се зголемува снабденоста на мозокот со крв, кислород и шеќер и неговата исхрана со што директно се влијае на стимулирање на интелектуалната активност. Дури се среќаваат и докази за вековно користење на оваа масажа за превенција на проблеми со косата. Доведува до емоционален баланс, психичко растеретување, разбистрување на мислите и отварање на нови видици. Со масажата на скалпот се постигнува длабока смиреност на умот, длабока релаксација, ослободување на акумулираниот стрес, решавање на мигренозни и други главоболки, синуситис, инсомнија-несоница и проблеми со спиењето. Масажата на глава промовира чувство на смиреност, ослободеност од анксиозност и депресија, зголемено ниво на концентрација, тивок сон и ослободување од ноќни мори, обновување на енергијата, подобрена меморија, балансирање на чакрите и енергетско оздравување. Со масажата на глава во ВИТАСОЛ – едноставно кажано – ЌЕ ВИ СЕ ОТВОРАТ ОЧИТЕ. ФАЦИЈАЛНА - МАСАЖА НА ЛИЦЕ: Прво нешто што се забележува на човек е изразот на неговото лице. Тоа зборува за неговото расположение, грижи, среќа и задоволство. Какви и да се индивидуалните внатрешни чувства – посебно позитивните, нивната експресија е многу поизразена доколку лицето е негувано, со сјајна, хидрирана и нежна кожа. Основен предуслов за постигнување на ова е редовната грижа за нега на лицето која не може да се замисли без фацијална масажа. Таа примарно делува на ослободување на контракциите на фацијалните мускули и на сврзното ткиво, кои настануваат под притисок на стресот од секојдневниот живот. Овој тип на масажа може да има и терапевтски ефект во намалување и отстранување на главоболки и проблеми со синуси. Одредени емоции и мисли на човекот многу често стануваат навика која што се чита на неговото лице, со што предизвикува предвремено стареење и рано создавање на брчки. Со редовната примена на масажата на лице кожата се подмладува, се стимулира создавањето на колаген, еластичноста се зголемува, ја подобрува циркулацијата на крвните садови во лицето, ги разбива масните депозити под брадата, спречува создавање на гуша-подбрадок, дава ведар изглед и ЕДНОСТАВНО ЈА ВРАЌА НАСМЕВКАТА на вашето лице.


ВАКУУМ МАСАЖА: ВАКУУМ МАСАЖАТА е еден вид терапевтска масажа која освен што се користи за обликување на телото и редукција на целулитот, има високо ниво на медицински ефект на санирање на одредени здравствени проблеми. Се изведува со праволиниски, кружни и цик цак движења и секое од нив предизвикува длабинска акција врз мускулниот систем. Вакуум масажата претставува модерна адаптација на т.н. капинг (cupping) - античка кинеска терапија применувана уште пред нашата ера. Вакуумот предизвикува зголемена циркулација на крвта, активирање на лимфата, забрзана размена на материи и поттикнување на микро циркулацијата. Самиот вакуум ги извлекува вишокот течности и токсини од длабинските кон површинските слоеви на кожата, го стимулира периферниот нервен систем и со тоа на најприроден начин врши редукција на целулитот и намалување на обем. Телото третирано со вакуум масажа во нашиот центар - ВИТАСОЛ изгледа затегнато, мускулите - тонизирани и ПРЕСТАНУВА ДА ГИ БРОИ ГОДИНИТЕ.

ВИБРАЦИОНА МАСАЖА: Вибро масажата се заснова на употреба на механички уред со помош на кој се пренесуваат вибрации врз површината на телото, која се третира. Со неа за релативно кратко време се постигнува позитивен ефект на релаксација на човековиот невромускулен апарат. За време на вибро масажата веднаш престанува натрупувањето на млечна киселина во мускулите, што претставува и причина за длабоките мускулни болки и грчеви. Елиминацијата на таа млечна киселина директно предизвикува брзо ослободубање од болка, од стрес, намалување на притисокот и изразито слабеење. Траги од користење на варијанти од оваа масажа се среќаваат уште од времето на Платон, Сократ и Хипократ, кои воедно и најмногу ја применувале. Првиот механички уред за вибро масажа е коструиран во средината на деветнаесеттиот век од страна на неколку промотори на шведското движење за природно лекување. Современите механички апарати имаат неколку нивоа на вибрирање, тресење и притисок и можат да се прилагодат на индивидуалните потреби на секој клиент.


МАСАЖА ЗА ТРУДНИЦИ: Масажата за трудници или т.н. ПРЕНАТАЛНА МАСАЖА во основа има исти цели како сите други масажи - релаксација на телото, опуштање на мускулатурата, намалување на психофизичката тензија, подобрување на циркулацијата и едноставно прави да се чуствувате добро. Но овој вид на масажа е специфичен затоа што се прилагодува на индивидуалните потреби на бремените жени, нивните специфични состојби и желби. Во зависност од степенот на бременост, масажата може да се изведува во исправена, седечка и лежечка состојба. Масажата за бремени жени освен горенаведените, може да има и терапевтски бенефит врз трудниците, делувајќи врз намалување на натрупаниот стрес во пределот на грбот, вратот, рамењата и лумбалниот дел. Оваа масажа е исклучително нежна масажа, која значително може да го олесни секојдневието на една трудница, да направи таа повторно да се чувствува удобно во своето тело и покрај телесните промени да ужива во слаткото исчекување – да ДОНЕСЕ НА СВЕТ ЖИВО И ЗДРАВО ДЕТЕНЦЕ.

ЦЕНОВНИК ЗА МАСАЖА

ЕКСКЛУЗИВНИ МАСАЖИ 1. ВИТАСОЛ – МАСАЖА ВО СОЛЕНА СОБА

..............................

2. АЛГО МАСАЖА - МОРСКИ СВЕТ

..............................

3. ТРОПИКАЛ МАСАЖА

..............................

4. БАМБУС МАСАЖА

..............................

5. ЧОКОЛАДНА МАСАЖА

..............................

6. МЕДНА МАСАЖА

..............................

7. ХЕРБАЛ СПА МАСАЖА

..............................

8. АЛОЕ ВЕРА МАСАЖА

..............................

9. ЈУМЕИХО - ЈАПОНСКА МАСАЖА

..............................

10. ТУИ НА - КИНЕСКА МАСАЖА

..............................

60 мин. = 1.500 ден. 60 мин. = 1.200 ден. 60 мин. = 1.200 ден. 60 мин. = 1.200 ден. 60 мин. = 1.000 ден. 45 мин. = 1.000 ден. 45 мин. = 900 ден. 45 мин. = 800 ден. 60 мин. = 1.600 ден. 60 мин. = 1.300 ден.


ОСТАНАТИ МАСАЖИ 60 мин. = 1000 ден. 12. МЕДИЦИНСКА МАСАЖА .............................. 45 мин. = 800 ден. 13. СПОРТСКА МАСАЖА .............................. 30 мин. = 400 ден. 14. РЕЛАКС МАСАЖА .............................. 45 мин. = 800 ден. 15. ОЛИВНА МАСАЖА .............................. 45 мин. = 800 ден. 16. АНТИЦЕЛУЛИТНА МАСАЖА .............................. 20 мин. = 300 ден. 17. РЕФЛЕКСОТЕРАПИЈА .............................. 30 мин. = 500 ден. 18. ПАРЦИЈАЛНА МАСАЖА .............................. 20 мин. = 300 ден. 19. МАСАЖА НА ГЛАВА .............................. 20 мин. = 300 ден. 20. ФАЦИЈАЛНА - МАСАЖА НА ЛИЦЕ .............................. 20 мин. = 300 ден. 21. ВАКУУМ МАСАЖА .............................. 60 мин. = 1000 ден. 22. ВИБРАЦИОНА МАСАЖА .............................. 60 мин. = 800 ден. 23. МАСАЖА ЗА ТРУДНИЦИ .............................................. 20 мин.= 400 ден. 11. АРОМАТЕРАПИЈА

..............................


СОДРЖИНА

1. КОЗМЕТИКА НА ЛИЦЕ 2. ЛИФТИНГ НА ЛИЦЕ 3. ПИЛИНГ НА ЛИЦЕ И ТЕЛО 4. ПАРАФАНГО 5. ФАНГО 6. БОДИ ВРАПИНГ 7. ПАРАФИН НА РАЦЕ И НА СТАПАЛА 8. МАНИКИР 9. ПЕДИКИР 10. ДЕПИЛАЦИЈА


КОЗМЕТИКА НА ЛИЦЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 ВИДОВИ БИОЛОШКИ ТРЕТМАНИ НА ЛИЦЕ СО ПРИМЕНА НА ВИСОКО КОНЦЕНТРИРАНИ ПРИРОДНИ МАСКИ.

ЛИФТИНГ НА ЛИЦЕ Убаво, нежно и негувано лице е сон на секоја жена. Само жена, задоволна со себе, со своите животни достигнувања, но и со својот надворешен изглед и убавина е среќна и исполнета. Живееме во динамично и стресно време, кое задолжително остава траги и на нашата кожа. Затоа треба редовно да ја негуваме, чистиме и храниме, како би можеле да го забавиме природниот процес на стареење и што е можно повеќе да го одложиме појавувањето на нови брчки. Со негата на лицето треба да се започне уште во дваесеттите години, а верувајте, кожата памети и таа ќе ви врати со многу комплименти за вашиот негуван изглед во вашите зрели години. Во ВИТАСОЛ ви нудиме исклучително природна и здрава козметика, нови генерации на маски со хранливи активни супстанции, и долготрајни ефекти на ревитализација на кожата. Во светот на козметиката има револуционерни достигнувања, а едно од тие е и нехируршкото подмладување или популарно речено ЛИФТИНГ НА ЛИЦЕ. Со лифтинг третманот во ВИТАСОЛ го добивате младешкиот изглед брзо и безболно, без инекции и болни процедури. Се врши подобрување на функцијата на самата клетка, се подобрува циркулацијата, со што се иницира стварањето на колагенот, се подобрува тонусот на кожата и лицето, а брчките се намалуваат како по должина, така и во длабочина. Со козметичките третмани на ВИТАСОЛ ќе имате мека и глатка кожа, релаксиран, здрав и сјеан тен.

ПИЛИНГ НА ЛИЦЕ И ТЕЛО Кожата претставува наш најголем орган и како таков изложен е на постојан удар на надворешните влијанија: сонце, ветер, високи или ниски температури итн. Затоа е неопходно таа правилно да се негува, да се одржува во добра и здрава состојба за да може да продолжи нормално да ја обавува функцијата на прва одбрамбена линија на човечкиот организам. Правилната нега на кожата не може да се замисли без основната постапка која и претходи на понатамошното третитање и нега на кожата ПИЛИНГ НА ЛИЦЕ И ТЕЛО. Оваа постапка подразбира подразбира користење на абразивни продукти на природна база со помош на кои се врши отстранување на површинскиот слој на изумрените клетки на кожата. Со оваа постапка всушност се врши стручна ексфолијација, која освен што ја обновува и длабински ја чисти кожата, истовремено ја хидрира, ја тонизира, ја енергизира и ја подготвува за понатамошна нега. На така третираната кожа, лосионите, маслата и кремите за тело пенетрираат полесно и подлабоко и така се добива поголем ефект на НЕЖНА, МЕКА, ХИДРИРАНА КОЖА СО СВЕЖ ИЗГЛЕД.


Со оглед на тоа што со постапката на пилинг на тело значително се забрзува и подобрува циркулацијата, а со тоа и метаболичките процеси за да се помогне самата ексфолијација и процесот на детоксикација потребно е клиентот да го хидрира својот организам, односно да се напие 2 - 3 чаши вода пред почеток на третманот.

ПИЛИНГ СО СОЛ Пилингот на тело во нашиот центар за здравје виталност и убавина – ВИТАСОЛ - може да го доживеете и со апликација на специјални смеси кои содржат МОРСКА, КАМЕНА ИЛИ МЕДИЦИНСКА СОЛ. Ако сакате кожа со нежен допир и бебешки изглед, на која годините нема да се приметуваат, ВИТАСОЛ од срце Ви го препорачува овој третман, со кој истовремено ќе го разбудите и телото и умот.

ПАРАФАНГО Парафинскиот третман ПАРАФАНГО, е топол третман со помош на кој се шират порите, се предизвикува мини сауна, која ја зголемува циркулацијата и ги елиминира вишокот на вода и маснотии. Пред третманот се прави пилинг и се става серум во зависност од формата на целулитот и масните наслаги. Парафинот е производ кој се добива со преработка на нафта и има особина да ја задржува топлината, па затоа сега наоѓа примена во козметиката и естетиката за тело и лице. Топлиот слој на парафин доведува до зголемена циркулација и отварање на порите на кожата. Делувањето на парафинот на кожата е адекватно на една мини сауна со помош на која, кожата што некогаш била сува и рапава сега е мека, мазна и свежа, подготвена ефикасно да ја впива влажноста. Третманите со топол парафин одамна ги користат лекарите и физиотерапевтите за ублажување на болки предизвикани со артритис, повреди на мускулни тетиви, како и болки во стопалата, отоци и ревматични тегоби. Парафинските третмани се прават на рацете, стопалата, лицето и за елиминирање на целулит. Морската кал е составена од минерална вода и морска кал, олигоелементи кои ги врзуваат токсините, ги исфрлаат од порите, а кожата и ткивото хидрираат и се ревитализираат. Парафангото се работи парцијално и потребни се 10 третмани. Морската кал, која исто така е дел од парафанго третманот, е составена од минерална вода и морска земја, олигоелементи кои ги врзуваат токсините, ги исфрлаат од порите, а кожата и ткивото хидратираат и се ревитализираат.


ФАНГО Фанго или Морска Кал Морски топол третман богат со морски елементи, соли и минерали кои прават ексфолијација на кожата, навлегуваат длабоко во неа, поттикнуваат елиминација на токсините, природна сауна. Се ослободува и вишокот на вода, добивате боженствено мека и свиленкаста кожа. Се користи против целулит, го елиминира вишокот на маснотија, го појачува метаболизмот. Најдобри резултати се постигнуваат после 10 третмани во комбинација со антицелулитни масажи. За жени кои имаат венски заболувања, осетливи капилари или осетлива кожа имаме ладен фанго третман со ментол. Морската кал е богата со фосфори и олигоелементи и научно е докажано, дека активните компоненти навлегуваат низ вашата кожа. Се абсорбираат одлично, благодарение на загревањето за време на процедурата со Фанго терапијата. По употребата на Фанго терапија вашата кожа ќе има баршунаст тен и голем дел од целулитот ќе биде намален. За оптимално одржување препорачуваме употреба на Фанго терапијата да биде еднаш месечно.

БОДИ ВРАПИНГ Овој третман претставува метода на обвиткување на телото, кое претходно се подготвува за вистинска термо сауна по пат на премачкување со специјални фитоароматични масла и креми. Нивниот природен состав од етерични масла и растителни екстракти, по обвиткување на телото во специјална фолија, во содејство со зголемената температура на термо ќебето, директно влијае на: - забрзување на размената на материи во поткожното ткиво. - согорување на наталожените масни наслаги. - зголемување на циркулацијата и со тоа подобрување на снабденоста на клетките на кожата со хранливи материи. - активирање на лимфната дренажа и зголемено исфрлање на токсини, преку ослободување на вишокот течности. РАЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАСНИТЕ НАСЛАГИ, СО ПРЕТХОДЕН ПИЛИНГ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ПОВРШИНСКИОТ СЛОЈ НА КОЖАТА Со овој третман буквално се врши преобликување на Вашата фигура, а после него, кожата веќе никогаш нема да Ви биде иста како порано. За постигнување на максимални и видливо резултати, се препорачува серија од 10 или 15 третмани, секако со специјални попусти.


.ПАРАФИН НА РАЦЕ И НА СТАПАЛА: Парафинот е производ кој се добива со преработка на нафта и има особина да ја задржува топлината, па затоа сега наоѓа примена во козметиката и естетиката за тело и лице. Топлиот слој на парафин доведува до зголемена циркулација и отварање на порите на кожата. Делувањето на парафинот на кожата е адекватно на една мини сауна со помош на која, кожата што некогаш била сува и рапава сега е мека, мазна и свежа, подготвена ефикасно да ја впива влажноста. Третманите со топол парафин одамна ги користат лекарите и физиотерапевтите за ублажување на болки предизвикани со артритис, повреди на мускулни тетиви, како и болки во стопалата, отоци и ревматични тегоби. Парафинските третмани се прават на рацете, стопалата, лицето и за елиминирање на целулит. Морската кал е составена од минерална вода и морска кал, олигоелементи кои ги врзуваат токсините, ги исфрлаат од порите, а кожата и ткивото хидрираат и се ревитализираат.

МАНИКИР: УЖИВАЈТЕ И ДРУГИТЕ НЕКА УЖИВААТ ВО НЕЖНИОТ ДОПИР НА ВАШИТЕ РАЦЕ Класичен маникир претставува третман за основна нега на Вашите раце и нокти, кој се состои од следниве чекори: - купка од миризлива спа сол - пилинг на рацете - средување на нокти - релаксациона масажа на раце со апликација на специјални масла за нега на кожата - апликација на витамински серум на раце - лакирање по Ваш избор (можно е и Француско лакирање на нокти) Нудиме и СПА маникир, кој освен постапките содржани во класичниот маникир, содржи и дополнителна СПА нега на раце. Маникирот не е неопходен само од хигиенски аспект, туку се повеќе претставува сегмент на комплетниот изглед на секоја негувана жена.


ПЕДИКИР: СО ТРЕТМАНОТ НА ПЕДИКИР ВО ВИТАСОЛ ЌЕ УЖИВАТЕ ВО ЛЕСНИОТ ЧЕКОР НА ВАШИТЕ НЕГУВАНИ И РЕЛАКСИРАНИ СТАПАЛА. Педикирот претставува основен третман за нега на Вашите стапала и се состои од следниве чекори: - купка од миризлива спа сол со хидро масажа на стапалата - пилинг на стапала и ножни прсти - средување на стапала и нокти - релаксациона масажа на стапала со апликација на специјални масла за омекнување на стапала - лакирање по Ваш избор (можно е и Француско лакирање на нокти) Нудиме и СПА педикир, кој освен постапките содржани во класичниот, содржи и дополнителна СПА нега на стапала и чувство на релаксација во нозете. За постигнување на максимален ефект се врши апликација на маска за интензивна хидратација на кожата и специјален серум за омекнување на кожата на стапалата, како и дополнителна завршна масажа.

ДЕПИЛАЦИЈА: Во нашиот салон достапна Ви е депилација со ладен и топол восок со специјални гелови, креми и масла за пред и по депилација, со пилинг, но и смирувачки ефект, како би се избегнала реакција и на најосетлива кожа. Се нежното нанесување и масажа со хранливи емулзии се врши дополнителна нега, дохрана и хидратација на кожата, со што депилацијата во ВИТАСОЛ станува многу пријатен третман!


ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИ ЗА НЕГА НА ЛИЦЕ И ТЕЛО 1. КОЗМЕТИКА НА ЛИЦЕ - БИОЛОШКИ ТРЕТМАН СО ПРИРОДНИ МАСКИ - БИОЛОШКИ ТРЕТМАН СО ЗЛАТНА МАСКА 2. ЛИФТИНГ НА ЛИЦЕ 3. ПИЛИНГ НА ЛИЦЕ И ТЕЛО 4. ПАРАФАНГО 5. ФАНГО 6. БОДИ ВРАПИНГ 7. ПАРАФИН НА РАЦЕ 8. ПАРАФИН НА СТАПАЛА 9. МАНИКИР 10. ПЕДИКИР 11. ДЕПИЛАЦИЈА - цели нозе со препони - пола нозе - препони - интима - раце - пазуви - лице

....................... ....................... ....................... ....................... ....................... ....................... ....................... ....................... ....................... ....................... .......................

500 ден. 600 ден. 400 ден. ден. 450 ден. 550 ден. 400 ден. 200 ден. 200 ден. 250 ден. 400 ден.

....................... ....................... ....................... ....................... ....................... ....................... .......................

500 ден. 250 ден. 150 ден. 250 ден. 200 ден. 150 ден. 300 ден.



VITASOL