Page 1

Boshkov Dimo

МУМИЈАТА КОЈА ПАТУВАШЕ НИЗ ВРЕМЕТО УМИРАЊЕ И тогаш кога ќе помислиш дека животот конечно ти се средил, звукот од истрел на пушка ти го завршува животот. Можеби и не беше некој живот, но си беше мој. Едноставен, без многу компликации. Беше веќе рутина. Некои и би рекле монотонија. Секој ден ми почнуваше со тоа што во 6 ме будеше иритирачкиот звук на алармот, кој веќе не го мразев како на почетокот. Веднаш до креветот ми стоеше зелен чај со млеко, подготвен од претходната вечер. Знам, чај се пие топол, но мене ваков ми беше вкусен. А и штедев на време. Додека го пиев чајот, на телевизија ја гледав временската прогноза и ако не врнеше, ќе џогирав во паркот околу зграда, а доколку врнеше, ќе си го постелев душекот дома и ќе правев јога. Кога излегував, обично си ги облекував темно сините тренерки со бели долги линии, црните патики и темно сината маичка. Си ги ставам слушалките, си пуштам плејлистата на телефонот и заминувам од дома. Обично кога ја заклучувам вратата, комшиката излева по леб. Интересно беше што и двете имавме исто име. Иако беше постара жена, сепак имаше младешки дух. На заклучување, обично знаеше да ме сецне, ненадејно, бидејќи не секогаш слушав кој е во моја близина, музиката ми беше гласно пуштена. Ќе ми се појавеше странично или ќе ме потапкаше по рамото, да извадам слушалка од уво. Ќе ми речеше: „Е Марија, пак на трчање“, или „Трчањето го фокусира мозокот, Марија“. Јас обично и одговарав: „Еве, Марија, малку да потрчам, да се наполнам со енергија. Цел ден ќе бидам во канцеларија“, или „Ќе ми треба целата енергија што можам да ја зграпчам, денот ќе ми биде долг“. Ние бевме двете Марии кои го започнуваа денот во зградата. Трчев во паркот околу зградата најмногу половина час, бидејќи во 7 морав да бидам дома и да се спремам за на работа, бидејќи во 7 и 30 веќе тргнував за на работа, од 8 заработував. Додека трчев, се воодушевував на паркот. Омилен ми беше во пролет, кога се се буди, зеленее целиот парк. Ќе видеш и по некој полжав како пие од утринската роса, птиците пеат, градот полека се буди. Но и во есен имаше некоја златна убавина: лисјата пожолтеле, некои веќе и паднале. Се формирал златен тепих, кој испушта пријатен мирис, на јаболко со цимет. Едноставно, магија. Во секое време паркот си имаше своја убавина. По трчањето, одев дома, набрзина се туширав, се облекував, го земав велоспиедот и брзав за на работа. Фирмата во која работев се наоѓаше на 5 километри од мене и со велосипедот пристигнував за 15 минути. Попат, минев преку плоштадот, каде штотуку донеле топли ѓевреци. Таму секое утро стоеше еден чичко кој ги продаваше, најдобрите ѓевреци. Уште од далеку кога ќе ме видеше како долетувам со велосипедот, веднаш го пакуваше ѓеврекот. Понатаму на неколку метра, имаше кафетерија, која ми го правеше најдоброто кафе за носење. Го ставав кафето во држачот за шише на велосипетот, ѓеврекот на кормилото и возев

1|Page


кон фирмата. Уште од далеку се гледаше 12 катната зграда во која работев. Цела покриена со стакло, таа беше најголемата зграда во нашиот град кога се отвори. Штом пристигнев, си го заклучував велосипедот. Си го земав ѓеврекот и кафето и седнував на клупа во паркчето кое се наоѓаше до самата зграда. Штом ќе појадев, влегував во фирмата. Фирмата се бавеше со биогенетика на прехрамбени растенија, како што се пченка, пченица и соја. Нејзина цел беше да создаде растенија кои ќе просперираат и на нај екстремни температури. Сакавме да создадеме полиња од пченка и во земји во кои нема доволно вода. Ни фалеше уште нешто за да успееме. Но не знаевме што. Еден ден, како на сон ми дојде решението. Толку едноставно, што не ми се веруваше како порано не ми текнало. Целта беше да ги натераме растенијата да ја обработуваат солта во почвата. Наместо вода, да го користат кислородот од воздухот, и нас ни остануваше да го обезбедиме водородот и растенијата да живеат. Одборот го одобри мојот проект и заминавме во Египед да ги пробаме новите растенија. Едни опстануваа на 40 степени, но над тоа целосно согоруваа. А други, се исушуваа. Мислевме дека наидове на неуспех. Но, решивме утредента повторно да се обидеме. Отидовме на полето и бевме зачудени: оние растенија кои беа исушени, денес, во раните утрински часови, тие се живи и полни со енергија. Листовите здрави, стеблата витки. Но тоа не беше тоа што го сакавме. Имаа одбранбен систем, но не беа ефикасни на високи температури. Требаше да се чека да се спуштат до нормалата, како растенијата би живееле. Спремни да се вратиме дома и да почнеме со нови испитувања, во полето најдов интересен прстен. Си помислив дека е нешто вреден и го зедов. Бидејќи беше инересен од тогаш па натаму си го носев. По долги испитувања и редизајнирања, конечно, успеавме. Го добивме првиот хибрид кој може да издржи и до 60 степени на солна почва и сепак да дава здрав плод. Мојот тим и јас имавме причина за славење. Одборот ме покани да го презентирам производот пред нив и дел од главните акционери. Тоа беше мојот најдобар ден. Конечно, ќе се појавам во светлото на одборот. Ќе дознаат за мојата работа. Ја спремив добро презентацијата и успешно им ја презентирав. Мислев дека на еден од акционерите му се допаѓав. Бев возбудена што презетиарав пред голема група на народ, нешто, за кое сум работела со години. Нешто што многу ми значи. Сите ми честитаа на успехот. Добив и унапредување во истиот момент: Главен раководител на сектор. На излевање, акционерот ме покани на вечера, со надеж да дознае повеќе за проектот. Конечно ми заврши смената и ја напуштав зградата. Возбудена за вечерта, што ли ќе биде, како? Како ли ќе го раководам секторот? Многу прашања во мала глава. Каде ли ги собра сите? Помислив, животот конечно ми се среди, кога наеднаш, слушнав звук од истрел на пушка. Додека помислам да се завртам, гледам куршум излева од моите гради. Крв блика од мене. Паѓам со лицето кон подот. Паѓам, но очи не затворам. Веќе губам свест. Последното нешто што знам е дека осетив убод од игла и видов човек како се оддалечува од моето безживотно тело.

2|Page


Boshkov Dimo

РАЃАЊЕ „Марија, Марија!“ – Сонувам женски глас како вика по мене. Пробувам да ги отворам очите. Пробувам, но без успех. Слушам чекори. Тап звук одзева од удар во стакло. Пробувам да се помрднам, но без успех. После многу труд, конечно почнам да ги мрдам прстите. Успеав и очите, полека да ги отворам. Ги отворам, но не можам да верувам што гледам. Се наоѓам во некој стаклен сад. Во устата имам респираторен систем. Гледам и инфузија има приклучено на мене. Полека капка по капка протекува во мене. Го гледам моето тело, помодрено, кожа излупена на многу места, целото тело веќе е во распаѓање. Наеднаш се слуша пискав звук и садот полека се празни. Ме фати паника. Што ќе се случи сега? Откако се испразни, садот се отвори. Се појави личност. Личи на докторка. Долга кафена коса, бел мантил, бела маска преку устата и очила на очите. Во рацете држи папка со некои документи. Која ли е оваа докторка? Во каква болница ли сум? А зошто сум во болница? Болна сум? Толку многу прашања ми се вртат веќе во главата. Докторката се приближува кон мене, а јас мислам што е последното нешто на што се сеќавам. Истрел. Болка. Личност која заминува од моето безживотно тело. Тогаш се сетив на се: Јас сум Марија. Имам докторат за биогенетика и работам за фирма чија цел е да има храна и на безживотни места. Имам 27 години и живеам здрав живот. Се додека некој не ме застрела. Но зошто? Дали беше некоја конкуренција? Дали некој сака да не успее мојот проект? Додека тие мисли ми се вртат во главата, докторката пристапи кон мене и ми ја подаде нејзината десна рака, пробувајќи да ми помогне да станам. „Добредојде помеѓу живите“ – ми рече. „Мртва ли бев?“, кратко прашав. Докторката ми објасни дека долго време сум била во кома. Пробувале секакви третмани да ме излечат и разбудат. Последното нешто, било експериментална генетска терапија, која не била тестирана и ова било единствената шанса. Како за мене, така и за нив, да ја тестираат. Биле потребни 2000 години за конечно да ме разбудат. Ја слушам, но зборовите ми немаат смисла. 2000 години? Како е тоа возможно? Дали моиве уши ме лажат? Ја прашав, како тоа мисли 2000 години. Ми одговори, кога сум била застрелана, веднаш ме однеле во болница. По пат кон болницата, била констатирана мојата смрт. Бидејќи никој не го побарал моето тело, било во мртовечницата повеќе од месец дена. Според документациите, утврдиле дека имам потпишано согласност за донација на органите по мојата смрт. Болницата контактирала со мојата фирма во врска со трошковите. Фирмата за која сум работела, имала сектор не само за растенија, туку и за грижа на болести на луѓе. Знаејќи за ммојата донација, тие решиле целосно да го откупат моето тело. Со тоа, сум станала сопственост на мојата фирма за понатамошни истражувања. Ммоето тело било 20 години замрзнато, се додека не се развила нова терапија за обновување на човечките клетки и им бил потребен тест субјект. Од тогаш сум била прилучена на машини и дури денес се покажале првите знаци на живот. Но, телото ми е во распаѓање. Голем број од нервите ми се уништени. Не чувствувам топлина ниту студ. Видот ми е ослабнат. Ме однесе докторката во затемнета соба каде ме преврза со завои. Се погледнав себеси и заличив на мумија. Докторката ме погледна, се насмеа и ми рече: „Среќен роденден Марија. 3|Page


Денес ти поворно се роди“. Ми кажа дека сака да ми помогни да си го вратам животот во нормален колосек. Се развила технологија, колективна свест, со чија помош можам да научам се што сакам, за многу кратко време. Технологијата работи на следниот принцип: се вбризгуваат нанороботи директно во кората на мозокот. Тие се населуваат и се кодираат да работат на брановите карактеристични за мозокот. Во случај некој од наноботите да се оштети, се деградираат и преку крвниот систем продираат до белите дробови, од каде преку дишење се исфрлаат од системот. На ист начин, со вдишување, се пресадуваат нови наноботи. За време на спиење, преку издишување, тие може да го напустат телото, да се приклучат на најблискиот компјутер, каде вршат обнова на своите податоци и потоа се враќаат повторно во телото. Откако ги добив своите наноботи, научив многу работи. Но најмногу ме интресираше што станало со моето истражување. Мило ми беше да дознаам дека и по мојата смрт, истражувањето продолжило. Биле потребни повеќе од 1000 години, но конечно успеале да го колонизираат Марс и тоа се благодрение на моето истражување. Моите растенија, кои имале заштитен механизам, и под екстремни услови хибернирале, просперирале и дале живот на безживотната планета. Ги видов и формулите за сите генетски модификации. Интересното за колеткивната свест е тоа што работите не ги учиш, тие се складираат. Директно во долгорајното сеќавање. Податоците стануваат дел од тебе. Како да си ги научил пред многу години и веднаш ги знаеш. Иако веќе терапијата беше завршена, сепак сеуште не можев да ја напуштам болницата. Живеев во подрумот, каде беше темно и влажно, погодно за мојата состојба. На моето тело му сметаше директна светлина. Кожата бргу ми се сушеше и неверјоатно ме болеше. Мораше константно да ми се менуваат завоите. Кога и да се погледнев во огледало, гледав само завои. После две години, веќе и заборавив како воопшто изгледа моето лице. Не ми се веруваше дека поминаа две години, а докторката сеуште работеше на мојот случај. Во тој период, научив многу работи, но не научив како се вика мојата докторка. Ниту успеав да и го видам лицето. Други луѓе ретко идеа и два пати исто лице не се појави. Сето тоа ми беше сомнително. Почнав да се сомневам во многу работи. Дали овие луѓе ме спасиле, или вршеле незаконски испитувања врз мене? Како е возможно да поминале толку многу години а сеуште моето тело воопшто да постои? Еден ден, ја прашав докторката дали можам да испаднам и да го видам надворешниот свет. Иако на почетокот беше тешко да ја убедам, на крајот таа се согласи. Ме превза со нови завои, ме облече во дебели темни алишта, ми стави качулка на главата и конечно испаднавме. Конечно го напуштив подрумот. Надвор беше темно. Првото нешто што го забележав откако излегов, беше логото на мојата фирма кое се наоѓање непосредно над вратата. 12 катната зграда во која работев, беше нешто повеќе од 50 ката. Но сепак изгледот беше останат ист: Стакла од надвор кои ја рефлектираат светлината и не можеше да се воочи каде е крајот на зградата, а каде започнува небото. Прекрасна глета. Дури и во ноќта. И сеуште, веднаш до зградата имаше парк. Но беше прилично голем. Не како она мало паркче кое го паметам. Имаше и езерце, во кое група на луѓе се возеа со педалини. Фирмата во која јас работев прераснала во културно место. Беше како мало гратче, каде се што беше потребно за живот 4|Page


Boshkov Dimo беше достапно. Мирот и тишината го прекина ротационен звук перки. Помислив некој хеликоптер да не прелетува. Всушност, тоа беше едноставно летачко такси, што би рекла мојата докторка. Летачките возила постоеа во иднината. И беа нешто старомодно. Биле на работ на укинување. Многу луѓе почннале да се бунат за звукот кој го испуштаат. Едно нешто што не ми се допадна, беа излозите да бутиците. Беа холограми, кои на моменти знаеа и да те исплашат. Замисли да има продавач до излогот 24 часа на ден и постојано да пробува да те убеди да купиш од кај нив. И тоа од нервозниот тип на продавачи. Оние кои не прифаќаат „не“ за одговор. На некои од зградите имаше екрани на кои одеа постојано разни вести. Тогаш, за прв пат ја видов датата. Навистина поминале повеќе од 2000 години. А и како да не верувам? Доколку нешто сакав да научам, се што треба е да помислам на тоа и наноботите ќе се поврзат со колкективната свест и податокот е веќе тука. После долга прошетка, докторката ме праша што мислам за иднината. И одговорив дека и не е толку различна. Навистина, мислев дека ќе биде многу по различна. Таа ми одговори, дека на Земјата, не е многу сменето. Никој веќе не се обидува тука да промени нешто. Сите атрактивни работи се случуваат на Марс, каде има колонии кои имаат неверојатно прекрасни градови, кои само можеме ние на Земјата да ги сонуваме. Таму право на живот имаат само најбогатите и најинтелегентните. Луѓе кои ќе го продолжат човештвото. Докторката ме праша, што ќе кажам доколку ми каже дека знае начин да си го вратам стариот живот? Барем поголемиот дел од него? Што би сторила? Тука нема мислење, одговорот, се разбира беше, се што е потребно. Таа ми кажа дека од утредента ќе почниме спо подготовките. Утредента почна докторкатада ми дава нови терапии. Некои нови, досега не тестирани лекарства, кои требало, теоретски, да ја зголемат издржливоста на мојата кожа кон светлина и топлина. Ме носеше на стрелаштво, ме учеше како да пукам со пушка. На почетокот не се бунев, но како станував се подобра, ја прашав зошто ќе ми служи тоа. Таа ме праша: „Дали би ја убила личноста која те уби тебе?“ Што мислиш, што и одговорив? Секако дека ќе ја убијам. На истиот начин на кој ме уби и мене. Ќе ја застрелам во грбот. Да не знае што ја снашло. Но каква врска има тоа сега? Таа личност, која и да е, мртва е веќе 2000 години. А и да беше жива, што не е, кој знае која е, дали е машко или женско. Каде живее? На која планета е? Докторката само се насмевна. „Знам која е“. Таа ми кажа дека после 50 години од моето убиство, го пронашле убиецот, или поточно, ја пронашле. Таа, која и да е, поради која и да е причина, ме застрелала. Во мене се вроди голема омраза и желба за одмазда. Но и голем гнев, бидејќи не можев ништо да сторам во врска со тоа. Ја прашав, зошто ме измачува воопшто со тоа? Сега, не може ништо да се промени. Доцна е. Ме праша, што би сторила доколку би можела да се вратам во минатото? Дали би ја убила пред таа да ме убие мене? Дури и ако тоа ме прави мене убиецот, бидејќи таа личност сеуште ќе ме нема убиено? Ја гледам со чуден поглед, не знаејќи каде води разговорот. „Дојди со мене“ – ми рече, и ме однесе на 23ти спрат. Тука се наоѓаше секторот за колективна свест. Не ни знаев дека истата фирма има толку големо достигнување. Дека и колективната свест е нивна сопственост. Стигнавме до врата, која беше заклучена и имаше единствено скенер за рака. Докторката ја псотави нејзината рака и вратата се овори. Внатре, имаше голема просторија. Некаде околу 5|Page


100 метри квадратни беше просторијата. Во неа, на средина имаше колема сфера. Околу сферата имаше 4 метални прстеникои вртеа околу сферата. Личеше како оските на планети кои ги создаваат додека ротираат околу сонцето. Докторката ми кажа дека тоа ќе ми помогне во мојата одмазда. Таа сфера, е срцето на колективната свест. Таа трага по времето и ги собира сите податоци кои ги знае човештвото денес. Благодарение на таа технологија, колективната свест знае се за се. Само што посакав да знам како функционира, наноботите веднаш ми дадоа дговор. И не само како функционира, туку и како е направена, што и е намената, се. Оваа машина ја пробива просторновременската бариера и ги собира податоците за се што постои и ќе постои. Сите тие податоци се зачувани во серверите кои се наоѓаат на истиот спат. Ја прашав докторката, како нешто такво моќно, воопшто не е зачувано. Се насмеа и ми одговори, дека кога си негов креаторот, знаеш кога нема никој во близина, а и да има, како да се отргнеш од љубопитните очи, како да се сокриеш од моќта на колективната свест. Докторката ми кажа дека со мала модификација, колективната свест, освем информации, може да пренесе и личност во минатото. Следните неколку дена, докторката ме научи како да се заштитам од колективната свест, бидејќи таа знае се. Нема сокриени мисли за неа. Исто така, ми кажа дека, кога ќе заминам во минатото, може да наидам на себеси. Никако, под никој узлов да не пробувам да стапам во контакт со себеси. Не смее текот на настаните да се промени. И дополнително да внимавам на наноботите. Тие сеуште ќе пробуваат да стапат во контакт со колективната свест. Тие, наместо со мене, доколку не внимавам, може да стапат во контакт со другата јас. Последните денови пред тргнување, докторката ми ја покажа рутината на мојот убиец, каде се движи, како живее, кога и каде да ја убијам. Се што требаше е во одреден момент, да се скријам во паркот пред една зграда и во моментот кога мојот убиец ќе се појави на видик, да ја застрелам. Сето тоа беше добро разработено и тргнавме на 23ти спрат. Со себе носам пушка со полн шаржер. Докторката по пат ми дава и шприц со некоја течност. Ми кажува, дека штом ја застрелам, да и ја вбризгам течностата од шишенцето. Тоа ќе ја пренеси целата нејзина животна енергија на мене, со што ќе постанам бесмртна. Звучи како добар план. Спремна, влегувам во сферата и докторката ја вклучува. Се слушаат круговите како почнуваат да ротираат. Сина светлина ме обвива. Круговите почнуваат се побрзо и побрзо да ротираат. Светлината целосно ме обвива. Го слушам гласот на докторката како ми довикува, доколку нешто имам проблем со мисијата, да се консултирам со таблетот кој го ставила во мојот ранец. Веднаш после тоа, настана бел блесок и се најдов на покривот на фирмата во која работев, обавата 12 катна зграда. Сеуште беше ноќ. Тоа беше добро. Го проверувам таблетот за локацијата каде требаше да бидам. Тоа беше паркот спроти зградата. Но посред истиот, убиецот ќе помине за еден месец. Што да правам за толку време?! Почнав да се снаоѓам некако. Првиот ден беше нај тешко. Преспав на клупата во паркот пред фирмата. Сонував како сум ја открила формулата за опстанок на пченка на екстремни температури. Не свесно, дека додека сум сонувала, сум изгубила контрола над наноботите. Но што има штета од тоа си велам? Колективната совест сеуште не постои. И да остои, нема да дознае нешто што веќе не го знае. Но она што јас не го знаев е дека наноботите ги пронашле истите мозочни бранови кај уште едно лице. Не знаеле каде да се вратат и дел од нив се 6|Page


Boshkov Dimo вратиле кај другата личност. Таа личност била младата јас. Марија која штотуку ја добила идејата на сон за хибридните растенија. Всушност, јас сум и ја дала идејата, со тоа што во иднината таа веќе постои. Јас сум и ја дала идејата. Дали доколку не се вратев во минатото ќе сум ја имала идејата? Дали идејата е моја? Но, тоа веќе не беше важно. Вашна беше мојата одмазда. Кога имаш зацртана цел, месец дена не се ништо. Брзо минуваат. Преживувањето и не беше проблем, бидејќи не ми требаше многу храна. Но на моето тело сепак му сметаше голема изложливост на светлина и морав да се преврзувам со завои. Парталка, ме нарече еден бездомник, судејќи по мојот изглед. Конечно дојде и денот. Се скрив во грмушките во паркот непосредно пред мојата фирма. Според податоците од таблетот, во 12:10 од вратите на фирмата ќе испадни мојот убиец. Ќе носи темно сино одело и веднаш ќе заврти лево. Според положбата, јас ќе можам да ја застрелам зад грб. Бев доволно близу, за веднаш да и ја вбризгам течноста. 12 часот. Скриена, чекам. Додека чекам, размислувам: Штом ќе испадни од фирмата во која работам, сигурно и ја познавам таа личност. Која би била таа? Зошто ли сака да ме убие? Да не е некоја од моите асистентки? Да не е некоја што мисли дека и го украдов проектот? Сето тоа сега немаше врска. Она што беше важно е дека конечно мојот живот ќе има смисол. Нема повеќе да талкам како мумија низ времето. 12:10. Вратата се отвора. Личност, според описот ја напушта зградата и врти лево. Таа е. Земам длабок здив и испукувам еден куршум. Куршумот ја погодува. Личноста пробува да се заврти, да види кој испукува, но без успех. Паѓа со лицето кон подот. Се стрчувам и набрзина и ја вбризгувам течноста. Го здогледувам лицето. Тоа лице ми е многу познато. Зошто ли толку ми е познато тоа лице? Буди некои чувства во мене кои не можам да си ги објаснам. Личноста ме гледа како полека си заминувам. Наеднаш, таа почна да се грчи. Телото нејзино почна да се суши. Почна да доаѓа народ и јас се скрив. Осетив некоја чудна енергија како продира во мене. Осетив живот. Погледнав кон сонцето и тоа повеќе не ми сметаше. Ги тргнав завоите од лицето. Се погледнав во рефлексијата од фирмата, која беше како огледало. На себе гледам лице. Конечно лице. Кога здогледав подобро, видов дека го носам лицето на мојот убиец. Лицето на личноста што ја убив. Тогаш се сетив. Тоа беше моето лице.

7|Page


ЖИВЕЕЊЕ Поминаа многу години што заборавив и како изгледа моето лице. Што сторив? Како е ова возможно? Зарем јас сум сопствениот убиец? Јас? Јас сум причина за целата моја мизерија? Никој друг. Само јас. Или? Докторката. Таа сигурно е главниот виновник што сето ова ми се има случено. Таа и онаа, колективна свест, програма, ми го уништија животот. Што да правам сега? Она што го знам е, дека со сигурност сега сум бесмртна. Што можам да сторам за да ја поправам целата ситуација? Доколку докторката е крива, ќе морам да ја најдам. Да откријам зошто тоа се случило. Но одговорот на тоа прашање нема да го добијам уште 2000 години. За тоа ќе ми треба временска машина. Тогаш ми текна. Јас знам да направам една. Ќе направам и ќе отидам во иднината и ќе ги најдам одговорите на моите прашања. Но за тоа ќе ми треба тим. Имам тим во фирмата во коај работам. Ќе продолжам со стариот живот. Па нели добив унапредување? Главен раководител на сектор. А и ме чекаше вечера со еден од главните акционери. Тоа. Ќе успеам. Само ми треба време. А времето е на моја страна: Не можам да умрам и имам уште над 1900 години до настанот. Се е возможно. Тргнав кон дома. На врата, ме пречека комшиката Марија. Цела загрижена. На телевизија кажале за неидентификувано женско лице со опис и возраст како мојата. Помислила да не сум случајно јас. Радосна што сум жива, почна да ме гушка и бакнува со сета сила. Почна и да плачи од радост. Ме праша дали знам што се случило. И одговорив, дека не знам ништо за настанот. Порано заминав од работа, така да кога тоа се случило, сигурно сум пиела кафе некаде попат кон дома. Веќе беше 18 часот. Почнав да се спремам за вечерата. Тоа беше мојата можност финансиски да го поткрепам мојот проект. Вечерата се одвиваше точно како што очекував. Акционерот беше воодушевен од мене. Му кажав дека имам планови и за проекти надвор од житниот бизнис. Имам начин, како да го искористам процесот на зачувување на растенијата во продолжување на животот на луѓето. Вистината е, во тој момент немав ни идеја за такво нешто. Но успеав. Го добив целото негово внимание. Уште утредента почнав да раководам со 2 сектори: Едниот продолжуваше со пронаоѓање на начин растенијата да просперираат на неплодна почва, а другиот, да пронајде начин, хибернацијата од растенија, да ја пренесе на човекот. Благодарение на секторот за хибернација, успеав да го убедам градот да ми го даде телото на неидентификуваната девојка кое ќе послужи за натамошни истражувања. Не беше лесно. Упорно тврдеа дека ќе пронајдат која е таа, дека полицијата нема да дозволи такво нешто. Им дадов мала финансиска „мотивација“ и една идеја. Да објават на телевизија дека убиецот и вбризгал заразна течност, која може да го зарази цел град, ако не и држава. За да спречат било каква зараза, морале да ја кремираат. И успеав. Си го земав телото на младата „јас“ и ја чував замрзната во подрумот на фирмата. Користејќи третман базиран на хибернација на растенија, успеав да ја хибернирам. Морав да ја одржувам во живот. Знаејќи дека моментално немам услови за развој на тој проект се посветив кон издржловоста на растенијата. За 10 години успеав. Растенијата и на лава да ги посадиш, тие ќе израснат. Тоа беше најголемиот успех за мене. Но се појави еден проблем. Проблем поврзансо мојата бесмртност. Не стареев. Морав да се кријам од јавноста, како не би се појавил сомнеж. Се поретко се 8|Page


Boshkov Dimo појавував во јавност. Најблиските до мене знаеа дека работам и на проект за подмладување на човек и дека дел од производите имаат успех, па затоа изгледам толку младо. Некои од производите што ги развивме во секторот за човечка хибернација навистина беа зачудувачки. Одредени креми за лице ни донесоа повеќе заработка и од пченицата која беше спремна за тестирање на Марс. Тоа докажува дека човек повеќе сака да е убав отколку сит. За кратко време, станав директор на фирмата во која работев. Акционерите беа презадоволни од моето раководство и од вредноста која ја достигнаа акциите. Тие ќе стореа се за да ме направат среќна. Една од моите идеи, беше дека не не собира веќе во тие 12 ката и дека мораме да се прошириме. Им дадов детален концепт за 63 канта зграда, со поголем пар, зголемени активности на работници. Доколку се усвои, вредноста на акциите ќе се зголеми за 10 пати. Акционерите беа воодушевени. Иако беше скапа инвестиција, за 5 години ја изградија фирмата. Го изградив и 23тиот кат, кат со проекти од врвна тајна. Во него се работеше строго со хазматични одела. Целта беше никој да не може да го види својот колега. Да има целосна приватност. Внатре, никој не знаеше со кого работи. Секој вработен беше одделен од својот колега и немаше никаква комуникација. За истиот, знаев замо јас. Пристап имаа само одредени лица, за кој треба специјален пристап. Во него, почнав да работам на проектор колективна совест, барем на верзија на него, која ќе ме однеси во иднината. Фирмата постана толку голема што ретко кој ги познаваше сите вработени. Секој си имаше претпоставен и никој не се замараше за работата на другиот. Толку беше голема што никој не ме познаваше. Знаев дека само со криење нема да го остварам планот и да ги спречам настаните да се случат. А и директорот не можеше да биде бесмртен. Не без да се посомневаат во мојот план. Морав да се прикријам. Прво што направив, во системот на вработени пуштив нов вработен, со моето име, слика, но различно презиме. Беше најавена да почне со работа 10 дена откако јас ќе заминам од позицијата директор. Тоа лице имаше пристап таму каде и новиот директор би немал. Пред заминување, на одборот им ја предложив мојата секретарка за директор, со тоа што доколку би и требало каква и да е помош, слободно да ме консултира во било кое време. А мене целта ми беше да манипулирам со нема за моја цел. Планот беше успешен. Сега, бев новата докторка во секторот генетика. Главна задача ми беше да најдам начин да го забавам процесот на стареење. Ми беа потребни 15 години и конечно успеав да го пронајдам начинот за запирање на староста. Сега конечно можев да се посветам на мојот личен проект и да пронајдам начин да го оживеам телото. Благодарение на своите способности, повторно си издигнав до одговорна на сектор, со што направив дивизија за реанимација. Таа работеше како посебен сектор, со кој директно немав врска. Им дозволивцелосна слобода да работат најдобро како што можат. А јас се префрлив на 23ти спрат. Никој не знаеше како сум успеала да стигнам до таму. Велат, сум имала некакви конекции за таму. После 20 години на менување идентитет, се избришав од системот, но ми остана дозволата за пристап во цела фирма. Бев толку близу до целта но толку далеку. Поминаа 500 години.

9|Page


Конечно проектот колективна совест е успешен. Основната функција работи беспрекорно. Лесно секој може да пристапи до сите информации што му се потребни. Благодарение на проектот колективна совест, мисијата за колонизација на Марс беше на повидок. За некоја година и ќе се лансира првата ракета со житни растенија. Сега бев јас на ред. Време е да ги добијам одговорите кои веќедолго време ги очекував. Време е да заминам во иднината. Со модификациите кои ги научив, ја подесив машината. Но без успех. Едиснтвено машината моше да пренеси материја назад во минатото. Тоа не беше мојата цел. Разочарана од својот неуспех, решив да го одам долгиот пат и да ги живеам годините до одговорот на моето прашање.

10 | P a g e


Boshkov Dimo РЕАЛНОСТ

Поминаа сите години на исчекување. Ова беше годината кога требаше да се појави докторката која ме натера да се убијам себеси. Оваа година, таа ќе се појави и ќе мора да ми одговори зошто ми го направи сето тоа. Меѓувреме, јас пронајдов начин да го оживеам моето тело. Чувано во регенетативна субстанца, телото беше видливо поради проирноста на стаклениот сад во кое беше. Тоа ми дозволување да видам доколку има некакви промени. Телото почна полека да заздравува. Не ми се верува дека беа потребни 2000 години за конечно да заздрави телото. Но што е со мозокот? Допрва тоа ќе се разгледува. Во меѓувреме, ја усовршив субстанцата за човечка хибернација. Тоа многу им помогна за транспорт на астронаути на големи дестинации. После кремот за одржување на младост, ова беше најпродаваниот производ. Трет беше семето за пченица кое намали на популарност откако Марс стана планета целосно способна за живот. Имаше вештачка атмосфера која го помагаше целиот систем. Добро за нив, лошо за нашиот бизнис. Во системот на вработени, се појави нова докторка која ќе почне за два месеци да работи во мојот сектор. Мора да е таа. Конечно ќе ги добијам одговорите. Веќе бев опуштена. Дојдов до крајот на мојот пат. Не го ни земав во обзир фактот дека моменталниот директор не е под моја контрола. Во одборот веќе немав никаква конекција. Бев оставена сама на себе. Не се грижев за тоа повеќе од 300 години. Се ќе беше супер да не дојдеше до ненадејна промена на плановите: Фирмата ќе се продава за две недели и сите вработени ќе бидат отпуштени, вклучувајќи го и проектот колективна совест. Акционерите решиле да се преселат на Марс. Животот на Земјата бил веќе непоснослив. Морав брзо да реагирам. Морав да ја разбудам мојата помлада верзија. И вградив наноботи за колективната совест, па лесно можев да пристапам кон неа преку сон. Драстична процедура во драстични времиња. „Марија, Марија!“ извикав во мислите два пати. Се стрчав кон неа да проверам дали е будна. Но што доколку ме познае? Ќе ставам маска преку лицето. Сепак, докторка сум. Уште само да ги изгасам своите наноботи. Ја испуштив водата од садот и полека ја отварам вратата. И ја подавам раката за да може да стане. Цела е во шок, ја разбирам. Од персоналот кој остана, побарав помош за нејзино закрепнување. Но бидејќи сите си заминуваа од фирмата, ниту еден не се врати уште еднаш. Телото нејзино, бидејќи пред време го напушти процесот, се распаѓа. Морам да ја замотам со завои. Почна да поставува прашања, на кои не можам да и дадам одговор. Морам да измислам нешто. Ќе и кажам дел од вистината, дека фирмата го земала нејзиното тело за медицински истражувања. Дека таа е медицинско чудо. Можеби и ќе ми поверува. Ќе морам пак да ја кријам во подрумот додека целосно не се испразни фирмата. Еден по еден, за една недела сите ја напуштија фирмата. Новите сопственици не се грижеа веднаш да дојдат и да присвојат тоа што го купиле. Добро е што сеуште имам пристап низ цела фирма, иако таа веќе е затворена. Две години како ја криев и никако не дозволував да излези во јавност. Таа беше упорна да излези и да ја види „иднината“. Што доколку доживее шок од тоа што го види и не може да се опорави? Не можев тоа да си го дозволам. Сеуште вршев испитувања како да ја и го повратам телото во здрава состојба. Открив дека не само што не можам да и го повратам, туку и доколку не превземам нешто, за два месеца таа ќе почине. А тоа не смееше никако да се случи. Открив 11 | P a g e


дека доколку се врати во минатото, и стапи во контакт со младата верзија на себеси, има можност за пренос на животна енергија. За да биде возможен тој пренос, личноста треба да испушти енергија како другата би ја примила. Но тоа успева за еден организам. Ова ќе биде еден организам, но од различен временски аспект. Едиснтвен спас за себе е да ја пратам во минатото и мора смртно да ја повреди. Но не смее да умре. А како да преживее? Ќе ја вбризгам со серумот за хибернација. Со тоа ќе остани во живот. Ја наведов на тоа дека го знам нејзиниот убиец и и дадов начин да се одмазди. Ја спремав за патот. Ја научив да стрела. И дадов таблет со детални инструкции што треба да направи. И ја дадов и инјекцијата со серумот за хибернација. И кажав дека тоа ќе и помогне да ја пренеси енергијата од нејзиниот убиец на неа. Доколку не можам да го спречам убиството, барем да ја спасам. Ја внесов во јадрото на колективната свест. Ја вклучив машината да ја однеси 10 минути пред настанот. Машината почна да работи, но наиде на проблем. Сепак, не беше дизајнирана за пренос на материја, туку само на информации. Ќе треба повеќе енергија од потребното. Влече повеќе струја од дозволеното. Цел градски блок изгуби напон на електрична енергија. Машината почна да губи стабилност. Не знам дали ќе успеам да ја пренесам во минатото. Се вклучува помошниот генератор. Изгледа ќе има доволно енергија. Прстените почнуваат неправилно да се ротираат. Машината ќе се сруши. Искри избиваат од сите страни. Главниот монитор предупредува да се прекини системот. Рачно го премостувам. Поради неправилната ротација на прстените почнува да вибрира подот. Цела зграда почнува да се треси. Мморам да останам и се да биде како што треба, дури и ако тоа значи крај за мене. Светлината на јадрото менува боја. Наместо сина, се појави бел блесок. Нешто не е во ред. Дали ја испратив во точното време? Тоа не можам да го знам. Едиснтвено што знам е дека немам време да се спасам. Цела зграда се руши. Ми нема спас. Едиснтвено што знам е дека проживеав над 2000 години и во тој период успеав да создадам многу работи. Нешто со што човештвото ќе се гордее.

12 | P a g e

Мумијата која патуваше низ времето  
Мумијата која патуваше низ времето  
Advertisement