Page 1

АКО СТЕ ЖРТВА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ПРИЈАВЕТЕ ВО: • НАЈБЛИСКА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА • ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ • НАЦИОНАЛНА СОС ЛИНИЈА 02 15 700 • НЕКОЕ ОД ЗДРУЖЕНИЈАТА КОИ НУДАТ ПОМОШ

Меѓѓу Ме ѓуна наро родн дни и пр рав а ни н инс инстр т ум тр умен енти ти Сов Со ве ет на на Е Евр вроп опа а • Препорака ака на а Совет на Европа Рец (2002) 5 на Комитетот на Министри стри до земјите членки членк за заштита од насилство во против жената • 3та Европска Министерска Конференција за еднаквоста меѓу жените и мажите, Стратегии за елиминација на насилството против жената во општеството , Рим 21-22 Октомври 1993

Орга Ор га гани ани низа за заци аци ц ја ј на Об Обед един ед инет ин ети На ет ети аци ии • Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација против жената (CEDAW) • Генерални препораки бр. 19 на CEDAW Комитетот за насилство против жената • Пекингшка Декларација и Платформа за акција усвоена од четвртата светска конференција на жените • Виенска Декларација и Програма за акција усвоена на светската конференција за човекови права (Виена, 14-25 јуни 1993) • Декларација за елиминација на насилството врз жените • Резолуција на Комисијата за човекови права 2005/41 од 19 Април 2005

• Хелсиншки Комитет за човекови права на РМ Бесплатна правна помош 02-3119 073; 02-3290 469 • Организација на жените на општина Свети Николе Бесплатна правна и психосоцијална помош 032-444 620; 032-440 032 • ЕСЕ Бесплатна правна помош, психолошко советувалиште 02-3117 866; 02-529 7166 • СУМНАЛ Превентивна и советодавна 02-611 219 • Здружение на жени ПРЕСТИЖ Советодавна 047-221 370 • Граѓанска иницијатива за еднакви можности ,,СЕМПЕР” Превентивна и советодавна 047-252 095; СОС 047-251 000 • Национален совет за родова рамноправност Психосоцијално советувалиште 02-3134 390 • Национална СОС Мобилна линија Советодавна 070-075-077 141 700 • Национален Интервентен Центар за жртви на СН Привремено сместување на жртви на СН, од 24 до 48 часа 02-3134 390 • Регионална канцеларија/ Организација на жени Велес Бесплатна правна помош за жртвите на СН од општините: Велес, Чашка и Градско 043-212 342 • Регионална канцеларија/ Организација на жени „Визија“ - Кавадарци Бесплатна правна помош за жртвите на СН од општините: Кавадарци,

Неготино, Росоман и Демир Капија 043-523 676 • Регионална канцеларија/ Организација на жени „Хоризонт“ - Кривогаштани Бесплатна правна помош за жртвите на СН од општините: Кривогаштани, Долнени, Прилеп и Крушево 048-525 875 • О.Ж. ‘Кумановка’ Правна помош 070-878 337 • Македонски Центар за Женски Права - Шелтер Центар Бесплатна правна помош, згрижување во шелтер центар 02-2772 400 • Кризен Центар Надеж Советување и згрижување на жртви 02-3173 424; 3175 516 и 02-15 315; info@krizencentar.org.mk; www.krizencentar.org.mk • Женски Форум Тетово Бесплатна правна помош 044-337 440 • Едукативна хуманитарна организација ЕХО Бесплатна правна помош 032-384 143 • НВО Амбрела Советодавна 02-651 977 • Здружение на локален рурален развој Советодавна, едукативна, превенција 02-3246 794 • Х.Е.Р.А Здравствени прегледи, психо-социјална помош 02-3290 395 • ФАЖ- Форум на албанска жена Бесплатна правна помош 044-343 410

Х елсиншки ком итет за човеков и права на Република Макед о н и ја Ул. Даме Груев 8/5, П .ФАХ 58, 1000 СКО П ЈЕ , Тел/факс: 02 3119 073, 02 3290 469 • E-mail: helkom@mh c . o rg . mk

Семејно насилство


Што претставува семејното насилство? Семејното насилство претставува една од најсериозните форми на насилство во главно против жената. Тоа постои во сите држави и се појавува на сите нивоа на општеството. Семејното насилство типично содржи навредливо и присилно однесување, како што е на пример, физичката, психичката или сексуална злоупотреба. Тоа доведува до сериозна здравствена штета, физичка и емотивна, и може да заврши фатално. Освен физички повреди, тоа предизвикува страв, огорчување и губење на самодоверба.

Семејното насилство не се однесува на посебни култури, традиции или религии Семејното насилство секогаш треба да се сфати во поширокиот социјален контекст на една држава. Бидејќи главно се врши против жените, тоа претставува родово-засновано насилство.

Семејно насилство Законска и акциона рамка против семејното насилство во Република Македонија Основните принципи на домашната легислативна и акциона рамка е стипулирана со повеќе одредби на Уставот на РМ, Освен тоа, на овој план постојат повеќе посебни домашни закони, меѓу кои посебно место има Законот за семејство , Според овој Закон (член 94-б став 2): “Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема: • брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство; • поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, вклучувајќи ги односите кои настануваат со посвојувањето и старателството. • браќа и сестри, полубраќа и полусестри; • постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство; и • лица - членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е делумно или целосно одземена”. Под блиски лични односи се подразбираат лични односи помеѓу лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не живеат во вонбрачна заедница.

Семејното насилство не е приватен проблем Семејното насилство го афектира целото општество бидејќи тоа нема само важна лична и социјална цена, туку исто така и државна и општествено- економска цена. Фактот што тоа се случува во приватноста на домот не значи дека неговото адресирање не е државна одговорност. Аналогно, државите не можат да се повикуваат на било каков обичај, религија или традиција како начин за избегнување на оваа нивна обврска.

Жртва на семејно насилство може да биде било кој од споменатите лица, без оглед на пол и возраст. Извршител на семејно насилство може да биде било кое лице од споменатите. Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека постои семејно насилство ги презема следниве мерки на заштита: 1) обезбедува нужно сместување за лицето - жртва на насилство, кое може да трае најмногу шест месеца со можност за продолжување за уште шест месеца;

2) обезбедува соодветна здравствена заштита; 3) обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман; 4) ги упатува во соодветно советувалиште; 5) доколку во семејството има дете кое е на редовно школување, помага за продолжување на редовното образование; 6) го известува органот за прогон; 7) дава секаков вид на правна помош и застапување; 8) покренува постапки пред надлежниот суд и презема мерки кои произлегуваат од односите помеѓу родители и деца; 9) поднесува барање до судот за изречување на привремена мерка за заштита и 10) презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни Надлежниот суд на сторителот на семејното насилство може да му ги изрече следниве привремени мерки на заштита: 1) забрани да се заканува дека ќе стори семејно насилство; 2) забрани да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со член на семејството, директно или индиректно; 3) забрани да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството; 4) одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд; 5) забрани да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено; 6) го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството; 7) изрече задолжително издржување на семејството; 8) нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште; 9) нареди задолжително лекување на сторителот доколку е корисник на алкохол и други психотропни супстанци или има некое заболување; 10) го задолжи да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семејното насилство и 11) изрече која било друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добростостојба на другите членови на семејството.

Domestic violence  

This brochure provides general information on domestic and family violence, including its definition, who it affects, risk factors, how to r...

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you