Page 1

ВЛАТКО КОЦЕВСКИ:

ИМАМЕ ТИМ СПОСОБЕН ДА ОДГОВОРИ И НА НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ

ВО ТРЕТОТО ДОБА

90 денари / БРОЈ 161 / ПЕТОК 15.07.2011 година VII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

SAGA-B

MАКЕДОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ


Дилатациони профили од алуминиум и не'рѓосувачки челик за затворање на фуги, од грчкиот производител

ACP hellas

Бетонски одводни канали и шахти • универзални канали • рамни канали • стандардни канали • канали за поголеми оптоварувања • централен одвод • широки канали • тесни канали • метални фасадни канали made in austria

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, info@bc-a.com.mk www.bc-a.com.mk

Biznis Centar


БРОЈ 161 ПЕТОК 15.07.2011

ГОДИНА VII Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, истражување во градежништвото (BRE), неодамна го промовираше прирачникот „Дом за цел живот: проектирање на простори за живеење за стари и повредливи лица“. Целта на прирачникот е да одговори на предизвиците за проектантите, што произлегуваат од продолжениот животен век, и од фактот што луѓето најголем дел од својот живот го поминуваат во своите домови. Белиот азбест нема да се најде на меѓународната листа опасни индустриски хемикалии кои може да бидат забранети за увоз. Ваква одлука донесоа учесниците на Конференцијата на земјите членки на Конвенцијата од Ротердам што се одржуваше во Женева, Швајцарија, од 20 до 24 јуни годинава. На Конференцијата учествуваа повеќе од 500 учесници, претставници на повеќе од 135 владини, меѓувладини и невладини организации.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ИНФО 06

новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Леонида Пенка БАША

Насловна страница: ГАЛАТА, ИСТАНБУЛ ВЛАТКО КОЦЕВСКИ:

ИМАМЕ ТИМ СПОСОБЕН ДА ОДГОВОРИ И НА НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ

ВО ТРЕТОТО ДОБА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 161 / ПЕТОК 15.07.2011 година VII

Проектирање по европски прописи на армирани бетонски згради според еврокодот EC2/EC8 и брзата анализа на конструкциите, го овозможува софтверското решение IZIIS SAGA-B кое беше промовирано на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Софтверот е на ниво на водечките светски софтвери, а неговата изработка е особено важна за науката и за градежништвото во Македонија. Иако постои 10 години, специјализираната фирма за статичко и асеизмичко проектирање објекти „Статика 001“, досега постигна завидни резултати во своето работење. По тој повод, разговаравме со Влатко Коцевски, сопственик на фирмата „Статика 001“, магистер на науки по градежништво. Како до подостоинствен живот во третото доба? Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA), во соработка со Организацијата за

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

РЕШЕНИЕ ЗА ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ SAGA-B MАКЕДОНСКО

Фото: АНГЕЛ СИТНОВСКИ

СКОПЈЕ 09

АКТЕРИТЕ ЌЕ УЧАТ ОКОЛУ ЦРКОВНИ ОБЈЕКТИ

ИНТЕРВЈУ 12

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ICOLD ВО ЛУЦЕРН „БРАНИТЕ И АКУМУЛАЦИИТЕ ПОД ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОД ПРОМЕНИТЕ"

Печати: Европа92 - Кочани

АРХИТЕКТУРА 32

18 32

ЕКСПЕРТ 46

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk

ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ВО ТРЕТОТО ДОБА

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ЕКОЛОГИЈА 52

АЗБЕСТОТ НЕ СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НАЈОПАСНИ ХЕМИКАЛИИ ЗА УВОЗ

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претс. проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.

Телефон: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

ГРАДЕЖНИШТВО 18

ТАСМАНСКИОТ САФИР ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ХОТЕЛ НА 2011

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

12

ВЛАТКО КОЦЕВСКИ: ИМАМЕ ТИМ СПОСОБЕН ДА ОДГОВОРИ И НА НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ

06

SAGA-B МАКЕДОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александра ПЕТРОВСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

52

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година


Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи. Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работи ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ул. Востаничка 51, Скопје Тел: 02/3110 847 02/3110 848 Факс: 02/3138 384 e-mail: torus.inzt@gmail.com torus.inz@t-home.mk

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

01 јули 2011 ПОРТА


инфо

ПРЕЗЕНТИРАН SAGA-B - СОФТВЕР ЗА АНАЛИЗА И ПРОЕКТИРАЊЕ НА АРМИРАНО-БЕТОНСКИ ЗГРАДИ

MАКЕДОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ЕВРОПСКИ

П

роектирање по европски прописи на армирани бетонски згради според еврокодот EC2/EC8 и брза анализа на конструкциите ќе овозможи софтверското решение IZIIS SAGA-B на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), кое беше промовирано во Институтот. Софтверот, според директорот на ИЗИИС Михаил Гаревски, е на ниво на водечките светски софтвери, а неговата изработка е особено важна за науката и за градежништвото во Македонија. „Градежните инженери ќе можат лесно, брзо и едноставно да ги анализираат и најсложените конструкции. Софтверот ќе овозможи подобро проектирање според европските прописи, кои би требало што е можно побргу

6

3

ПОРТА

15 јули 2011

да влезат во Македонија“, рече Гаревски. Тој нагласи дека софтверот може да се дотерува по барање на проектантите, а доколку инженерите имаат нејаснотии ќе може да им помогне тимот од ИЗИИС. Понатамошниот тек на презентацијата опфати обраќање на двајца професионалци кои се дел од тимот на автори на овој софтвер: проф. д-р Виктор Христовски и м-р Емил Јанкуловски. Виктор Христовски, раководител на проектот за развој на софтвер во ИЗИИС посочи дека тој ги содржи регулативите од евро кодовите 0 и 1 за оптоварувања, еврокодот 2 за бетонски конструкции и еврокодот 8 за конструкции градени во земјотресно подрачје. Програмата е


инфо

СТАНДАРДИ креирана така што ја олеснува работата на искусните професионалци, додека оние со помалку искуство со сигурност ги води низ процесот на проектирање. „SAGA-B (Structural Analysis General Approach for Buildings) претставува комплетно решение од неколку аспекти. Проектантите често користат нелегален, односно пиратски софтвер, за кој не можат да добијат поддршка за корисници. Тоа е преголем ризик кога се зема предвид сериозноста и цената на нивната работа“, вели Емил Јанкуловски, поранешен вработен на ИЗИИС, кој сега живее и работи во Австралија, а исто така е и еден од авторите на софтверската програма. Тој ја потенцираше корисничката поддршка и комуникацијата како есенцијална при примената на софтвер со професионална намена. „Покрај тоа, SAGA-B е домашен производ, со промотивна цена, конкурентен во однос на имплементацијата на Еврокодовите 2 и 8, модерен во поглед на графичкиот интерфејс и лесен за користење“, нагласи Јанкуловски. „Таканаречениот Национален анекс на Еврокодот претставува простор на отворени параметри кои се оставени да се пополнат како национално определени параметри. Тоа подразбира внес на локални вредности и услови, како на пример оптоварување од снег, оптоварување од ветар, карта на сеизмички хазард и слично“, напомена Христовски во текот на презентацијата. Пред присутните беше презентирана работата на софтверот, преку креирање замислен модел, во три процеси: моделирање, анализа и димензионирање. Практично беа претставени можностите на софтверот, повеќето основни елементи на манипулација на моделот, покрај моделирањето, генерирање на мрежа на конечни елементи, идентификација и корекција на грешки, решавање на објекти на еластична подлога, пренесување на елементи од АutoCad како и други алатки и опции со кои новиот софтвер им ја олеснува работата на проектантите. Во текот на дискусијата со присутните, беа упатени голем број честитки и изјави на поддршка за идејата за креирање вака комплексен, а сепак приемчив софтвер, кој е македонски производ. Притоа, беше одговорено подетално на многу подробности за кои се интересираа идните корисници на софтверот SAGA-B. „Промотивната цена на софтверот изнесува 900 евра за инсталација. Наместо демо-верзија, Институтот нуди шестчасовна обука за користење, вклучена во цената, како и можност за дополнителна обука во компанијата, по потреба. Програмата не е конечена. Принципот на кој сакаме да функционира е базиран на постојана заемна соработка со корисниците, на чии забелешки и потреби ќе биде надополнуван и надградуван“, порача Јанкуловски. Леонида Пенка БАША

ПОКАНА ДО АРХИТЕКТИТЕ ЗА БИЕНАЛЕТО „ЛЕОНАРДО 2011“ ВО БЕЛОРУСИЈА

Белорускиот Сојуз на архитекти упати покана до архитектите од ААМ за учество на Биеналната изложба во Минск „Леонардо 2011“. Право на учество имаат архитекти до 40 години. Целта на биеналето е работата на младите архитекти меѓународно да се вреднува, прикаже и истовремено да се

претстават трендовите што доаѓаат. За учество е потребна претходна регистрација до 1 октомври годинава. Панелите со проектите треба да стигнат во Минск пред 2 ноември годинава. Организаторот има дадено можност панелите да се пратат и во електронска форма, што чини околу 25 евра. Поопширно за правилата на учество и начинот за пријавување можете да најдете на е-маил адресата leonardo2011@tut.by

КОМОРА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ОВЛАСТЕНИ ИНЖЕНЕРИ

ДОНЕСЕН НОВ СТАТУТ Комората на овластени архитекти и овластени инженери одржа Собрание на кое беше усвоен нов Статут. Исто така, e донесена одлука изборното Собрание да се одржи наесен. Во расправата, како што соопштија извори на Порта3, станало збор и за последните реакции на ААМ околу работата на Комората. Што се однесува до висината на годишната членарина и таа ќе биде утврдена на Собранието наесен.

3

15 јули 2011 ПОРТА

7


скопје

СЕ ЧЕКА РАСЧИСТУВАЊЕ НА РУИНАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК

НОВ ПРОЕКТ ЌЕ ГО ВРАТИ СТАРОТО „ЕЗЕРЦЕ“

Р

есторанот „Езерце“ во Градскиот парк ќе се гради одново и ќе изгледа исто како некогаш кога првпат бил направен. Општина Центар нарачала проект за изградба на ресторанот онаков каков што бил, по што ќе бара заинтересиран инвеститор. По неколку месеци пауза сега повторно за „Езерце“ дискутираа советниците од општина Центар и се интересираа за состојбата на објектот што повеќе од една година го нагрдува првиот дел од паркот. „Проектот за реконструкција го нарачавме пред Нова Година. Требаше да го изготви „Македонија проект“, врз основа на тоа како некогаш изгледал ресторанот, за што пронајдовме документи и фотографии од Архивот на Македонија. Но, поради внатрешни проблеми, фирмата не го направи проектот, па го раскинавме договорот. Пред 20-ина дена проектот го дадовме на второрангираната фирма на тендерот, Градежниот институт „Македонија“, вели градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ. Откако на маса ќе има готов проект, општина Центар планира да бара закупец кој ќе го изгради објектот. „Се надевам дека на овој начин нема да дојде до несакани

8

3

ПОРТА

15 јули 2011

ситуации, бидејќи закупецот ќе има обврска да го изгради ресторанот според нашиот проект“, додава Тодоровиќ. Претходно, пак, беше најавено дека закупецот ќе биде обврзан и да ја донесе пругата со локомотивата од пионерското вовче, бидејќи неговата почетна

станица била токму кај „Езерце“. Руината во средина на Градскиот парк остана откако фирмата „Вени, види, вици“, пред две години на лицитација го доби објектот на стопанисување. Сопствениците тогаш одлучија да го реконструираат објектот, но наместо да се задржат во

рамките на одобрението за градба, самоволно го надминаа дозволениот габарит и направија голема метална конструкција. Под притисок на јавноста, градежната инспекција на општина Центар неколкупати ја уриваше доградбата, по што општината го раскина договорот со недисциплинираниот закупец.


НОВИ ИЗМЕНИ ВО ДЕТАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА „ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“

скопје

АКТЕРИТЕ ЌЕ УЧАТ ОКОЛУ ЦРКОВНИ ОБЈЕКТИ

В

о околината на црквата „Пресвета Богородица“ ќе се гради објект на Академијата за драмски уметности. Ова е најзначајната новина што е внесена во деталниот урбанистички план за локалитетот, чии измени и дополнувања беа усвоени од Советот на општина Центар. Со измените, една голема градежна парцела се дели на две, при што половината сега е наменета за Академија на драмски уметности, а втората половина останува со истата намена - објект за

државна и локална управа. Втората значајна новина во планот е тоа што се допрецизирани барањата на Македонската православна црква за утврдување на содржините околу православниот комплекс „Пресвета Богородица“. Зад храмот е предвидена библиотеката на МПЦ, во која ќе се чува хундусот на нивните вредни книги, како и црковни простории, односно крстилница и простории за богослужителите на црквата. На просторот од предниот дел на

црквата, кон реката Вардар, ќе биде седиштето на МПЦ и официјалната резиденција на архиепископот охридско-македонски. „Во планот постојат два значајни објекта за кои сега се воведува режим на заштита. Тоа се кафеаната „Стара македонска куќа“ и една станбена куќа која излегува на булеварот Крсте Петков Мисирков. Сите објекти што ќе се градат околу нив не смеат да бидат високи“, вели планерот Благоја Тагасовски од „Инпума“. Сите згради предвидени со

овој план ќе бидат далеку од реката, односно најблискиот објект е на оддалеченост од 25 до 30 метри од кејот. Според претходните решенија во планот, познато е дека пред самата црква ќе има плоштад кој стига до реката, на кој ќе се надоврзе пешачки мост. Благоја Тагасовски вели дека идејата за овој мост не е нова и дека таа се сретнува во ДУП од 1965 година, па наваму, како и во проектите на аритектот Кензо Танге, но дека таа досега не е реализирана.

НОВИНА ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ СПАС ОД ЃУБРЕТО

Н

а подрачјето на општина Центар ќе се постави систем на подземни контејнери, со што од очите на жителите ќе се сокрие сето она што не е пријатно за гледање. Ова е пилот-проект што ќе го реализира општина Центар во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и чини 26 милиони денари. Во проектот општината ќе учествува со 6 милиони денари, а „Комунална хигиена“ и Град Скопје со по 10 милиони денари. Проектот за подземни контејнери подразбира набавка на садови со зафатнина од три и пет метри кубни, кои ќе бидат поставени на 30

локации, како и набавка на возила, дигалки, корпи и алат за собирање на отпадот. Со реализацијата на овој проект општинарите од Центар сметаат дека ќе биде решен голем проблем со ѓубрето, а тоа пак ќе придонесе да се решат и други прашања, односно изградба на нови игралишта или паркинг-плацови. Како предност во проектот е наведено тоа дека новата технологија значи вклучување на само еден човек кој во исто време ќе биде и возач и манипулатор со опремата, за разлика од класичното собирање отпад за кое се потребни околу

четворица работници. За празнење на контејнерите не е потребна набавка на посебна опрема, туку само постоечките машини треба да се опремат со кран. Количината на отпад што еден работник може да ја собере за три минути е еднаква на таа собрана од 70 класични канти опслужувано од шест работници. Тоа значи дека еден подземен контејнер заменува околу 70 канти за ѓубре од 120 литри. Предноста во поставување на подземни контејнери е тоа што отпадот е сокриен од погледот на граѓаните, а контејнерите се вкопани во земја со длабочина од

1,5 метар каде што температурата е значително пониска, што го успорува распаѓањето на отпадот и развивањето на микроорганизми. Со проектот се предвидува дури и контејнерите да се опремат со ГПС и СМС систем, преку кој ќе може да се пријави на службата на која локација се наоѓаат контејнерите, колку во моментот се исполнети и што има внатре во нив, што ќе им го олесни движењето на камионите. Со реализација на овој проект се очекува поголема хигиена во центарот на градот. К.С.Т.

3

15 јули 2011 ПОРТА

9


рубрика

10

3

ПОРТА

15 јули 2011


рубрика

`


градежништво

ИНТЕРВЈУ: ВЛАТКО КОЦЕВСКИ, СОПСТВЕНИК НА ФИРМАТА „СТАТИКА 001“

ИМАМЕ ТИМ СПОСОБЕН ДА ОДГОВОРИ И НА НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ Влатко Коцевски, магистер на науки по градежништво, стекнат на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје. Специјалност: Сеизмички-изолирани згради, многу популарни во овој момент во светот.

Успехот, во однос на останатите, го темелиме врз основа на своите три основни принципи, кои цело време при работата ги држиме како константа, а тоа се: стручност, одговорност и исполнителност, што генерално кажано ретко кој може, односно сака да ги почитува. Ако до лани имавме разбирање и толеранција за некои пропусти и недефинираности при работата на Комората, заради нејзиното основање, сега веќе нема оправдување за тоа. Мој личен предизвик и понатаму останува изградбата на првата „базно-изолирана“ зграда кај нас во Македонија, но и проектирање на мост во Скопје на атрактивна локација со „светски“ изглед во конструктивна смисла. 12

3

ПОРТА

15 јули 2011


градежништво

В

латко Коцевски, основач и сопственик на специјализираното друштво за статичко и асеизмичко проектирање објекти од високоградба и мостоградба „Статика 001“ Скопје, по завршувањето на Градежниот факултет при УКИМ се вработува во проектантското биро на градежното претпријатие „Гранит“ од Скопје, како млад проектант на инженерски конструкции. Во периодот 1994 1997 година заминува во Словенија на специјализација за конструкции од областа на мостоградбата и се здобива со звањето - главен проектант. Во 1998 година е прогласен за проектант на годината и го добива највисокото звање во областа на проектирањето - одговорен проектант. Од 2001 година наваму, Коцевски навлегува во приватните води. Тој е сопственик и менаџер на специјализираното друштво за статичко и асеизмичко проектирање објекти од високоградба и мостоградба „Статика 001“ и веќе има зад себе 20-годишно искуство во доменот на проектирањето градежни конструкции од најразличен тип: армиранобетонски, преднапрегнати, челични, спрегнати, дрвени. „Статика 001“ денес е препознатлив бренд во градежништвото во Македонија, но и пошироко во регионот и е синоним за изработка на квалитетни проекти од областа на статичкото и асеизмичкото проектирање на објекти, како од високоградбата така и од мостоградбата.

Како фирма направивте убав јубилеј од десет години постоење. Како гледате и колку сте задоволни од досега сработеното?  Најнапред, во овие моменти се чувствувам горд бидејќи фирмата што ја поседувам и воедно ја менаџирам, овие денови направи јубилеј - десет години од своето основање. Исто така, не можам да го скријам своето задоволство за евидентениот успех, за кој говорат самите цифри, дали тоа се однесува на бројот на вработени, каде што започнав како и повеќето луѓе како „one man show", за денес фирмата да брои седум вработени и уште толку надворешни соработници. Што се однесува до цифрите

на изработени проекти, само за илустрација ќе ви кажам дека во последниве дваесет дена од минатиот месец, имавме нарачка буквално на 20 проекти-статика, од различни типови и големини на конструкции, а некои и од 20.000 квадратни метри. До денешен датум, имаме изработено 757 проекти од високоградба и 82 проекти од мостоградбата. Имаме направено 270 ревизии на проекти и извршено 59 надзори над изградба на објекти кај нас во Македонија и во странство. Не постои тип на објект од високоградба: куќа, вила, станбена зграда, деловна зграда, хотел, мотел, трговски центар, училиште, болница, црква, манастир, фабрика, силос, фарма за добиток, дистрибутивен центар, индустриска хала, спортско игралиште, базен, планинарски дом, бензинска станица, телекомуникациска станица, аеродромска зграда, судска палата или некој друг објект на државна институција, за кој фирмата нема изработено барем еден проект-статика. Ова се однесува и за типови на објекти од мостоградба, како што се потпатник, натпатник, мост или вијадукт.

Уставен суд во реализација 2011

Уставен суд, 3Д математички модел

Покрај споменатите податоци кои се тие човечки и технички квалитети, и начин на работа по кои сметате дека се разликувате од вашите колеги кои ја вршат истата дејност?  Успехот, во однос на останатите, го темелиме врз основа на своите три основни принципи, кои цело време при работата ги држиме како константа, а тоа се: стручност, одговорност и исполнителност, што генерално кажано, ретко кој може, односно, сака да ги почитува. Што се однесува до човечките ресурси, како што споменав погоре, фирмата брои 7 градежни инженери-конструктивци, од кои еден магистер по градежништво и двајца кандидати магистри. Инаку, проектантите во „Статика 001“ претставуваат добро истрениран и организиран тим, кој е способен во секој момент да одговори и на најголемите предизвици при проектирањето. Исто така, во фирмата многу се инвестира, посебно во обучувањето и надградбата на помладите проектанти на кои секојдневно несебично им се откриваат

Уставен суд, кофразен план на ниво 0

„тајните на проектирањето“. Во делот на техничка опременост, ние располагаме со најновите светски достигнувања, посебно во областа на компјутеризацијата. Што се однесува до софтверот, нашата фирма е секогаш меѓу првите во имплементацијата на најновите софтверски решенија во проектирањето градби, а најповеќе за специјализираниот софтвер од својата област.

Колку овластени статичари има во Македонија во однос на вкупниот број на градежни инженери? Според вас, колку треба да ги има за да функционираат работите како што треба?  Не ја знам точната бројка на статичари, но ако бројот на овластени градежни инженери од сите насоки изнесува официјално 1.700 членови во цела држава, тогаш 

3

15 јули 2011 ПОРТА

13


градежништво бројот на овластени конструктивци (статичари) би се движел околу 850. Прашањето е колку од нив вистински се обучени да одговорат на задачите, затоа што денес, отворено да зборуваме, имате лица „статичари“ кои имаат овластувања за проектирање добиени со референтни листи од минатото, кога навистина биле активни, но сега последниве 10-ина години не се занимавале се проектирање, а да не говориме за нивно пратење на светските текови во проектирањето. Имате и лица „статичари“ кои добиле овластувања само со неколку изработени проекти, што правилникот за добивање овластување за самостојно проектирање тоа им го дозволува. Така што бројот на статичари е навистина мал во Македонија, но од друга страна, тој број во овој момент е сосема доволен затоа што нашиот пазар е мал, а ние тешко успеваме да ги прескокнеме границите.

Според вашето искуство, за каков квалитет зборуваме во Македонија кога се во прашање градежните и архитектонските објекти во последниве децении од аспект на статичкото и асеизмичкото проектирање на објекти?  Одговорот на ова ваше прашање, на некој начин, веќе е содржан во претходното мое образложение за тоа каков потенцијал на проектантистатичари циркулираат на нашите простори. Тоа секако се одразува и врз квалитетот на статичката и сеизмичката стабилност на самите објекти. Пред десетина години постоеја големите градежни фирми како „Гранит“, „Бетон“, „Пелагонија“, „Маврово“, „Илинден“, каде што „занаетот" се предаваше од поискусните на помладите проектанти, па затоа излегуваа квалитетни проекти, а со тоа и цврсти и сигурни градби. Сега, за жал, некои од нив не постојат, па повеќето млади колеги се оставени сами на себе и се „самоуки". Од друга страна, нив законски им е дадена можност само со неколку изработени проекти да се здобијат со овластување за самостојно проектирање на најразличен тип конструкции, со кои најчесто за првпат во својата пракса и се сретнуваат. Ако на тоа го додадеме и контроверзниот член 59-а од 14

3

ПОРТА

15 јули 2011

Манастир Јован Бигорски, нови конаци, предна фасада. Реализирано во 2011 Законот за градење од 2011, каде што за индивидуални објекти до 300 квадратни метри се укина ревизијата на проектите, но и надзорот над изградба на објектот, тогаш потполно го оправдувам стравот на сè повеќе граѓани при изборот на својот иден дом за живеење.

Што е потребно за да дојде до професионална соработка и квалитетно препознавање меѓу искусни статичари, проектанти, архитекти, изведувачи, инвеститори - значи соработка од која и самите граѓани ќе почувствуваат добробит и квалитетни резултати?  Морам да признаам дека оваа конекција меѓу горепосочените странки сè повеќе и повеќе се развива, а посебно последниве години. Попластично кажано, секој искусен инвеститор чија основна дејност е изградба на објекти, а тоа за мене значи инвеститор кој има изградено барем еден свој објект, веќе знае и осетил на свој грб што значи (не)квалитетен проект. Затоа тој за својот нареден објект, силно настојува да ги има во својот тим најквалитетните статичари, архитекти, изведувачи и останати фазисти. Проблемот се појавува кај инвеститорите што градат за себе индивидуални објекти (куќи), каде што немаат доволно (никакво) искуство при изборот на поквалитетни проектанти или изведувачи, и потоа доста често ги следат проблеми од најразличен вид при изградбата, додека некои пропусти и недостатоци во проектирањето или изградбата, остануваат засекогаш „забетонирани" или можеби (не дај боже) до првиот појак земјотрес.

Манастир Јован Бигорски, нови конаци, предна фасада. Во градба

Манастир Јован Бигорски, нови конаци, 3Д математички модел

Учестувувате во изградбата на некои зданија кои влегуваат во проектот „Скопје 2014". Кажете ни за кои објекти се работи и до каде е работата?  Морам да кажам дека ми е чест што учествував во проектирањето на некои од објектите попознати како „Скопје 2014", а тоа се, секако, најмаркантниот од нив, Уставниот суд со Археолошкиот музеј и Архивот на Македонија, потоа цркавата Св. Константин и Елена, а се појавувам и како соработник при проектирањето на мостот „Око".

Манастир Јован Бигорски, нови конаци, кофразен план


градежништво кај влезот на аеродормот „ТАВ“ во Петровец, потоа го предадовме проектот за АБ мост во Косово кај Злокуќане и уште еден мост на р. Лепенец за познат приватен инвеститор. Моментално сме во фаза на изработка на проекти за мостови на некои регионални делници во источна Македонија.

Колку се имплементираат светските достигнувања од доменот на асеизмичкото проектирање на градби кај нас? Кажете ни некои изградени примери кои се сооднос со новите технологии? Натпатник ТАВ Петровец, дигитален изглед

Кога се случуваат злоупотребите од аспект на статички сигурни и асеизмички безбедни констукции во градежништвото во Македонија? Како луѓето да бидат заштитени од овие злоупотреби?  Во принцип, секоја злоупотреба се прави кога нема никаква или пак има недоволна контрола врз таа работа, па истото ова важи и во градежништвото. Со други зборови, ако имате несоодветна ревизија (техничка контрола) на проектотстатика, а потоа имате неквалитетен надзор над изградбата на објектот или пак, ако воопшто го немате и

надзорот и ревизијата, како што налага најновиот член 59-а од Законот за градење за индивидулани куќи до 300 квадратни метри, тогаш последиците можат да бидат несогледиви од безбедносен аспект.

Кои се тие најнови светски технолошки достигнувања и градежни материјали во вашата област, а кои кај нас сè уште немаат примена? Топ тема во последниве години, како од високоградбата така и од мостоградбата, се изведба на објекти со примена на „пригушувачи“ на осцилациите на објектот, како и употреба на „дисипатори“ („јадачи“) на енергијата од земјотресот. Една од најчесто применуваните асеизмички

Црква Св. Константин и Елена 3Д математички модел

Црква Св. Константин и Елена, Кофразен план на ниво 0

Инаку, веќе се гледа дека Уставниот суд со својата носива армиранобетонска конструкција е завршена и на ред е фасадата. Кај мостот „Око" направени се темелите, па сега се прават лаците на мостот, додека цркавата ќе се прави во иднина.

 Ако се потсетиме дека нашиот Правилник за асеизмичко проектирање на објекти е од 1981 години, тоа значи дека цели 30 години државата или нејзините компетентни институции не направиле ништо официјално на ниво на закон или правилник, некои од светските достигнувања од доменот на асеизмичкото проектирање да се имплементираат и кај нас. А, пак, за градби со нови

технологии и да не говориме.

Во последниов период сте фокусирани врз мостоградбата. Кажите ни на кои проекти работите и во која фаза се? Да, еден сектор од нашата фирма е ангажиран на проектирање објекти од мостоградбата. Последниве неколку години бевме силно ангажирани на изработка на проекти за повеќе од 40 објекти (мостови, вијадукти, натпатници, потпатници) на коридорот К-8 или попознат како автопат кој ќе ги поврзува Македонија со Бугарија и Албанија. Тие се веќе целосно завршени. Оваа година, само што го изработивме проектот за натпатникот на клучката



3

15 јули 2011 ПОРТА

15


градежништво Проекти каде што е вклучена „Статика 001“

конструкции од ваков современ тип е таканаречената „базно изолирана“ конструкција. Варијанта на овој тип конструкции е разработена и во мојот магистерски труд.

Кажете ни нешто повеќе за идејата за проектирање и изградба на вашата прва „базно-изолирана" зграда во Македонија. Што тоа всушност значи од аспект на материјална и човечка сигурност од каков било тип земјотрес? Работниот тим на „Статика 001“ - Скопје

16

3

ПОРТА

15 јули 2011

 Да бидеме попрецизни, како прв и единствен досега „базноизолиран" објект во Македонија е добро познатото основно училиште „Песталоци“ во Скопје. Но, неговата метода денес е од застарен тип. „Статика 001" освен со „класичното" проектирање, има и свој сектор кој се занимава со имплементација на светските достигнувања, но и со развојот на нови технологии во доменот на асеизмичкото проектирање на градби кај нас.

Така, денес ние сме на сигурен пат да ја испроектираме, но и да ја изградиме првата „базноизолирана“ зграда во Македонија. Тоа всушност ќе биде почетокот на бришење од меморијата на луѓето на психолошкиот страв од земјотресните последици, затоа што овој тип на градби даваат 100 насто материјална и човечка сигурност од каков било тип земјотрес на кое било место во Македонија.

Каква е соработката со надлежните институции во државата?  Можам да кажам дека таа е на задоволително ниво, посебно соработката со Градежниот факултет, како и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), додека со Министерството за транспорт и врски соработката е само на формално ниво.


градежништво Колку сте задоволни од работата на Комората на овластени инженери?  Мислам дека ова мое мислење го делат повеќето наши членови, а тоа е следново: Ако до лани имавме разбирање и толеранција за некои пропусти и недефинираности при работата на Комората, заради нејзиното основање, сега веќе нема оправдување за тоа. Да почнеме од една банална работа како што е нефункционирањето на нејзиниот вебсајт, во смисла истиот да не се одржува и надградува со најнови информации, па сè до некои посериозни теми. Тука би ги вброил: издавање на ценовник на „минимални проектантски услуги“, кој ќе биде функционален, едноставен и пред сè разбирлив за употреба, во однос на овој веќе донесениот, нешто слично како што го имаат и останатите комори (на стоматолози, адвокати и сл). Потоа, треба да се донесе

правилник со кој ќе се воспостави односот меѓу пооделните фази во проектирањето (архитектура, статика, електрика, водовод и канализации, машинство...) изразено во проценти во однос на целото проектирање. Во делот на лиценците за градежните инженери, тие треба да се подвојат на подгрупи и тоа: конструктивци (статичари), градежни инженери за патишта и градежни инженери за хидроградба. Дури и оние за статичарите треба да се поделат на инженери за високоградба (structural engineer) и инженери за мостови (bridge designer), како што е во светот, затоа што се работи нависитина за специфични професии. Исто така, час поскоро, Комората треба да се избори кај нашето ресорно министерство, набрзина донесениот правилник за добивање овластување со само неколку изработени проекти, да се замени во правилник во кој услов

за здобивање со овластување ќе има проектант после 5 години активна работа како проектантсоработник, а потоа да се полага пред комисија. Впрочем, како што беа овие критериуми и порано пред 20-ина години. Исто така, претходно добиените овластувања ќе треба да се ревидираат.

Дали работите и надвор од Македонија?  Секако, со нашата квалитетна и исполнителна работа, ние сме присутни и надвор од Македонија. Така, заедно со наши надворешни соработници имаме направено пробив во некои странски земји. Заради близината, тоа се пред сè земјите во нашето блиско соседство: Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, Хрватска, но тука се и Русија, Ирак и Авганистан. Во последно време преговараме за заеднички настап и во Словенија.

Што планирате за во иднина да промените во вашата досегашна работа на фирмата и на кои проблеми и предизвици ќе се фокусирате?  Резултатите кажуваат дека добро функционираме, но кога би правел некои промени, тие би биле во доменот на уште поголема надградба и стручност на целата екипа-проектанти преку бројни посети на наши објекти за нивно теренско рекогнисцирање, каде што на самото место може да се согледаат доста практични примери при проектирањето. Што се однесува до проблемите, на првите три места би ја ставил наплатата, а потоа сè останато. Како мој личен предизвик и понатаму останува изградбата на првата „базно-изолирана" зграда кај нас во Македонија, но и проектирање на мост во Скопје на атрактивна локација со „светски“ изглед во конструктивна смисла. 

3

15 јули 2011 ПОРТА

17


градежништво

79. ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ICOLD ВО ЛУЦЕРН, ШВАЈЦАРИЈА

БРАНИТЕ И АКУМУЛАЦИИТЕ ПОД ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОД ПРОМЕНИТЕ

К

ако активен и важен член на семејството ICOLD, Швајцарија одржува долга традиција во изградба на брани. Постојат 48 брани повисоки од 60 метри, од кои 25 брани се повисоки од 100 метри, вклучувајќи ја и 285 метри високата Гранд Дикенс брана, што е највисока бетонска гравитациона брана во светот. Поради напредниот концепт на проектирање, изградба и експлоатација, браните во Швајцарија имаат успешен рекорд во поглед на сигурноста, иако повеќето од нив се изградени и се во употреба повеќе од 50 години. Овој позитивен аспект, како и добрата интеграција на објектите во областа на животната средина, придонесе за прифаќање на големите брани и акумулации од швајцарската јавност. Швајцарија е исто така земја, која прва го примени сертификатот за „Зелена струја“ при експлоатација на хидроцентралите, концепт кој е прифатен од страна на Европскиот стандард за зелена енергија. Градот Луцерн, географски лежи во центарот на Швајцарија, а историски тоа е местото на формирањето на Швајцарија. Неговиот пејзаж е обликуван од спектакуларниот свет на Алпите, покриени со покривка од магичен мек снег во зима. Регионот на езерото Луцерн е „џебна големина“

18

3

ПОРТА

15 јули 2011

на Швајцарија, а нуди можности за најрозновидни одмори и екскурзии. 79. Годишна конференција се одржа во Културно конгресниот центар, кој нуди идеални услови за организирање на вакви активности. Денеска тој е рангиран како една од најнаградуваните модерни градби во Швајцарија. Проектирана од францускиот архиткет Жан Нувел, го отсликува новиот изглед на градот Луцерн. Се состои од три функционални целини под ист покрив: концертна сала, изложбена сала и административен дел со конгресен центар. Во рамките на конференцијата се одржаа неколку активности. Најнапред, симпозиумот „Браните и акумулациите под предизвиците од промените” (Dams and reservoirs under Changing Challenges). Симпозиумот имаше четири работни теми: Долговременско однесување на браните, Браните и природните ризици, Браните и климатските промени, Браните во состав на специфична околина. Во рамките на отворањето, покрај поздравните говори имаше и два воведни реферати презентирани од заменикминистерот за водостопанство на Кина, за мерките што ги презема Кина за справување со глобалните климатски промени во Кина, и претседателот на Светското здружение за хидроенергија, за

влијанието на акумулациите врз озонот. Во неговото излагање тој напомена дека справувањето на Кина со глобалните климатски промени е предвидено со регулација на истеците во реките преку изградба на сигурни брани и подобрување на сигурноста на веќе изградените брани. Друга активност беше Техничката изложба на која излагање имаа скоро сите познати светски производители на опрема и фирми кои нудат консултантски услуги од областа на проблематиката на браните. Се одржа и средба на членовите на Европскиот клуб на ICOLD. Целта на работата на клубот е придонесување кон подобрување на сигурноста на браните на исто ниво за сите земји во Европа, и тоа од едукација до имплементација на регулатива од сигурноста на браните. Во таа насока беа насочени и дискусиите на состанокот. Почнувајќи од формирањето работни групи од разни области поврзани со браните, па издавањето на упатства од областа на сигурноста на браната кои би биле на европско ниво и би го прифатиле сите земји од Европа (ова би водело кон созадавање на Еврокод од областа на сигурноста на браните и едукација и тренинг), за која цел се промовираа европски постдипломски студии од областа на

сигурноста на браните под наслов „Сигурност и управување со брани и акумулации”, кои се организирани од Универзитетот во Мадрид, Шпанија. Конечно, се одржа и состанок на поткомитетите на ICOLD. Меѓународниот комитет за големи брани има вкупно 26 поткомитети од разни области. Македонската делегација има членови во четири поткомитети, а учествуваше во работата на Поткомитетот за набљудување на брани, каде што се работи на Упатство за техничко набљудување на браните. Од позначајните работи кои беа на дневен ред на годишното собрание би го издвоиле усвојувањето на променетиот статут на ICOLD, со кој се предвидува да нема индивидуални членови на ICOLD, туку само колективни претставувани од националните комитети на земјите. На тој начин се зајакнуваат капацитетите на Националните капацитети. На годишното собрание беше презентиран и домаќинот на наредната 80. Годишна средба на ICOLD и 24. конгрес на ICOLD, Кјото, Јапонија, што ќе се одржи во јуни 2012 година. Во рамките на годишната конференција беа организирани четири паралелни технички екскурзии, кои во моментот се и поголеми актуелни проекти од

1


градежништво проблематиката на браните што се одвиваат во Швајцарија. Една од нив беше на Пумпноакумулациониот проект Нант де Дранце. Проектот е во изградба и се состои од тунел кој ќе ја поврзува акумулацијата формирана со 180 метри високата лачна брана Емосон и акумулацијата што се наоѓа 250 метри повиско, формирана со браната Веу Емосон, која треба и да се надвиши. Електраната што треба да се изгради ќе биде со капацитет од 600 Mw. Проектот се наоѓа во близина на француската граница со прекрасен изглед на масивот Мон Блан и долината на Шамони. Во согласност со еколошки ограничувања, целиот проект вклучувајќи ја и електраната е под земја. Беше посетено надвишувањето на акумулацијата Гримсел и изградбата на тунелот Готхард. Тој моментално е во изградба и се состои од два тунела секој долг по 57 километри. Кога ќе бидат готови во 2017 година, ќе биде најдолгиот железнички тунел во светот.

Заради пристап до тунелот потребно е да се надвишат: лачната брана Спиталам од 114 на 137 метри (со што браната ќе биде претворена во лачна брана со двојна кривина) и гравитационата брана Сеуферг од 45 на 68 метри. На овој начин ќе биде зголемен и капацитетот на акумулацијата Гримсел. Посетата на надвишувањето на насипната брана Гушенералп и контрафорната брана Лучендро понуди нови видувања. Таа брана е висока 155 метри и е изградена во периодот 19551962 година. Се состои од централно водонепропустливо глинено јадро и потребни тела од камен. Со надвишувањето на браната од 8 метри се планира да се зголеми капацитетот на акамулацијата за 15 проценти. Контрафорната брана Лучендро е единствена ваква брана изградена после Втората светска војна. Контрафорите се армирани за да се зголеми стабилноста на конструкцијата. Последната посета беше на

изградбата на тунел за одведување на наносот од акумулацијата формирана со браните Солис и Марморера. Акумулацијата формирана со 61 метри високата лачна брана Солис е завршена до 1986 година и се наоѓа на реката Албула. Во текот на експлоатацијата е забележана значајна продукција на нанос, посебно при поголеми дотеци на вода, кој го намалил корисниот капацитет на акумулацијата. За да може да се чисти наносот, во тек е изградба на 850 метри долг тунел преку кој ќе може да се одведува наносот. Истo така во тек е санација на насипната брана Марморера висока 91 м и изградна во периодот 1951-1954 година. На конференцијата учествувале 900 учесници и 300 придружни членови. Од Македонија учествуваше еден претставник. На конференцијата нагласено беше промовирањето на концептот за сигурност на браните. Во услови на евидентни глобални климатски промени манифестирани со

екстремни суши и поплави, една од мерките за намалување на оваа појава врз луѓето е билансирање на водата преку изградба на акумулации. Евидентни беа и напорите на Претседателство на организацијата на ICOLD за приближување на помалку развиените земји кон современите трендови во оваа проблематика, зашто мерките што се преземаат за намалување на климатските промени треба да бидат применети во сите змеји. Значајно е да се напомене дека во контактите со учесниците на конференцијата, што биле претходно во Македонија, сите имаат позитивно и многу добро мислење за организацијата и работата во областа на сигурноста на браните во Македонија. Меѓународните конференции се добра прилика за презентирање на Македнија и контакти со авторитети од соодветна проблематика и поради тоа треба да се практикуваат во иднина. м-р Славко Милевски, дипл.град.инж.

ПРВ РЕЗИДЕНЦИЈАЛЕН КОМПЛЕКС ВО ОХРИД ИЗГРАДЕН ПО СИТЕ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФКИАСНОСТ Покрај Охридскиот Бисер, се роди уште еден бисер во Охрид, а тоа е станбениот Елитен Објект Адора Инженеринг - Билјанини Извори.

ЕЛИТЕН СТАНБЕН КОМПЛЕКС „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ОХРИД

ЕКО-ИНОВАЦИИ и имплементирање на најнови технологии, е тоа што АДОРА Инженеринг е синоним за квалитет во градежништвото во Македонија. За првпат во Охрид е изграден објект со имплементација на меѓународните стандарди за енергетска ефикасност и со високи стандарди за квалитет ИСО 9001 и за заштита на животната средина ИСО 14001.

• „Адора“ е прва градежна компанија во РМ и во регионот, која го воведува фотоволтажниот систем за производство на струја за заедничко осветлување во колективното станбено домување ; • Надворешна столарија на REHAU RAUFIPRO, најнова генерација столарија со 4 сезонско стакло. Воведувањето на овој профил и тип стакло придонесува самиот стан да е енергетски ефикасен. Самиот факт што цената на електричната енергија има тенденција на постојано зголемување, инвестирањето во материјали кои штедат енергија е од непроценлива вредност; • Темелна плоча од 95 см • Асеизмичка, армирано-бетонска конструкција со марка на бетон минимум МБ30 и над МБ40. • Термичка фасада: демит фасада со 8 см графитен стиропор и блок тула од 20 см, заштитен слој на фасадата, водонпропустлив пластичен малтер- абрипт; • Преградни ѕидови: помеѓу станови и стан/ходник се изведени сендвич ѕидови (2 х 12 см тула и изолација од 3см тврдопресован тервол); • Преградни ѕидови во становите

„Адора инженеринг“ ДООЕЛ, ул. „Орце Николов“ 182А, реон 55, Карпош, 1000 Скопје, Република Македонија тел. +389 (0)2 3093 200; 3093 201; 3093 909, факс. +389 (0)2 3093 908, web: www.adora.com.mk, e-mail: info@adora.com.mk

се блок тула 12 см, двострано малтрисани, глетувани и обоени во бело со дисперзни бои; • Видео надзор и електричен пристап; • Два влеза обложени со гранит, хоризонтални и вертикални комуникации комплетно третирани со керамика и два електричени лифта; • Сопстевен подземен паркинг; • Блиндор врати; • Прва класа паркет; • Прва класа шпанска плочка; • Оптички интернет, ТВ и кабелска инсталација во секој стан; • Лист за предбележување ; • Сeртификат за сите вградени матерјали; • Можност за кредитирање до 30 години; • Станови од 49, 54, 57 , 61, 72,85, 147 м2 со поглед на езеро • Онлајн каталог на www.adora.com.mk

Докажано најдобри! ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕТЕ СЕ НА

072 204 024 и 070 365 738

3

15 јули 2011 ПОРТА

19


урбанизам

СОВРЕМЕНИ МЕТОДОЛОШКИ ТРЕНДОВИ Маsdar city e првиот град во светот, кој е планиран да има нула јаглеродно загадување и нула отпад, поради предвидениот персонализиран соларен јавен транспорт и отсуството на автомобилски сообраќај, како и поради системите за управување со отпадот

Д

енешните светски трендови во урбанистичкото планирање се темелат на одржлив развој, самоодржлив транспорт, обновлива енергија и обезбедување на висококвалитетен живот. Моментално во светот се испланирани повеќе нови градови, сите со аспект на „зелено живеење’“. Најпознати меѓу нив се градот во пустината Masdar city, планиран од британското архитектонско биро

нула отпад, поради предвидениот персонализиран соларен јавен транспорт и отсуството на автомобилски сообраќај, како и поради системите за управување со отпадот. Со внимателно планирани екстензии, околното земјиште е резервирано за ветерници, фотоволтаични фарми, полиња за истражување и плантажи со што градот е целосно самоодржлив. Планскиот период на градот е 2007-2013.

Masdar city Foster+Partners и градот на ОМА дизајниран од Рем Колхас во Дубаи, Songdo city во Кореја, екоградот Tijanjin и други. Заеднички карактеристики на овие градови се усвоените принципи и методи во урбанистичкото планирање за борба против климатските промени, заштита на животната средина и природното наследство, како и заштеда на ресурсите и енергијата. Целта е да се обезбеди порамномерен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за здраво живеење и технолошки напредок на општеството.

MASDAR CITY

Маsdar city e првиот град во светот, кој е планиран да има нула јаглеродно загадување и 20

3

ПОРТА

15 јули 2011

ОМА

Проектот на ОМА е град во град дизајниран со густина иста како онаа на Менхетен, кој нуди комфор како секоја модерна метропола и е независен од автомобилски сообраќај. Комерцијални објекти, продавници, културни објекти и приватни сместувачки капацитети се програмирани да се преклопат и да креираат независен центар на град во склоп на идниот развој на брегот. Имплементацијата на централен парк, голем верски објект и други иконски атракции ќе овозможат жителите да уживаат во вибрирачкиот град, но и да привлече голем број туристи.

МАКЕДОНИЈА

Кај нас, во Република Македонија, ваков тип на урбанистичко

планирање применува Агенцијата за планирање на просторот, која се занимава со истражувачка дејност, планирање и уредување на просторот. Агенцијата за планирање на просторот е основана од Владата на Република Македонија, а се финансира делумно од буџетски средства издвоени преку годишните програми на Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и дел од сопствени приходи. Така поддржана, Агенцијата вложува во унапредување на планерските методи со нови технологии, лиценцирани софтвери, а воедно и дополнителна едукација и усовршување на младите стручни кадри, заради што Агенцијата брои мноштво магистранти и докторанти во својот работен тим, и практикува да соработува со надворешни соработници стручни во својата област, со цел да се задоволат и академските критериуми за успешно урбанистичко планирање. Таа учествува во истражувачки проекти од разни области, во Masdar city

изработка на стратешки развојни документи, бројни експертски студии од разни области, просторни планови и плански урбанистички документации. Дигитализацијата на планерските методи и процеси за изработка на планска документација, употребата на ГИС, и користењето на обемни бази на податоци се технолошките предиспозиции со кои Агенцијата обезбедува иновативен пристап кон урбанистичкото планирање. Во својата работа, таа ги применува сите современи методи и техники при планирањето на просторот. Притоа, се применува интердисциплинарна тимска работа, креативност во планирањето согласно сите важечки законски и подзаконски акти, со што апликативноста на предвидените плански документации во реалност е лесно спроведлива. Урбанизацијата е сложен, комплексен, доминантен и динамичен процес во просторниот и вкупниот општествено-економски развој на државата и таа треба да претставува основна рамка и


урбанизам

ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ

Проект на ОМА влијателен фактор во насочувањето на долгорочниот просторен развој на Република Македонија. Актуелните општествени промени имаат значително влијание врз процесот на урбанизацијата преку

просторен развој. Последните неколку години од периодот на транзиција се отвораат можности за нивелирање на разликите и диспропорциите во урбаниот развој, преку иницирање на активности

Проект на ОМА

неговите основни компоненти: демографска, функционална и просторно-физичка. Интензивниот демографски, функционален и просторно-физички развој на урбаните населби од една, и депресираниот развој на руралните од друга страна, беа главни одлики кои го карактеризираа урбаниот развој во изминатиот период. Процесот на урбанизација се одвива во општествено-економски услови, во кои приватната иницијатива и пазарното стопанство имаат значајно место и насочувачка улога во дефинирањето на перспективниот долгорочен

за урбанизирање на простори кои се подалеку од урбаните населби, но доволно атрактивни за потенцијалните инвеститори. Интересот за урбанизирање на овие простори е од различни области и разни намени. Од просторен аспект, овие иницијативи се најприсутни на контактните простори, а помалку како тенденции за експанзија на населбите. Но, и покрај ваквите тенденции, се уште е евидентен процесот на силно влијание на градските населби врз непосредното опкружување. Ова влијение е соодветно на големината, степенот на економски развој и

Проект на ОМА местото и улогата во рамките на системот на населби во државата. Поради тоа, се уште е актуелна неусогласеноста помеѓу порастот на нивото на урбанизираност (искажан преку високо ниво на популациска концентрација во урбаните центри) и динамиката на стопанскиот развој и достигнатото ниво на економска развиеност. Овој расчекор претставува основна причина поради која процесот на урбанизација не претставува, во сите сегменти, позитивен влијателен фактор на вкупниот развој. Со отворањето на процесот за децентрализација, локалната самоуправа прерасна во најодговорен субјект за планирање и локален економски развој. Успешното менаџирање, наметнува потреба од донесување на квалитетни годишни програми за изработка на планска документација на ЕЛС, како основна алатка и механизам за реализација на стратешките цели на просторниот

и економскиот развој. Изработката и донесувањето, а особено имплементирањето на планската документација е конкретна одговорност на локалната самоуправа, која во голема мера зависи од квалитетот на локалните програми за развој, расположивиот буџет на општините и можноста за привлекување на локални и надворешни инвестиции. Правото на сопственост или друго стварно право на определен дел или површина од градежното земјиште, постоењето на просторните и урбанистичките планови и почитувањето на правилата и нормите за изградба на објекти се неопходен услов за остварување на основната човекова потреба за постојано место на живеење и за вршење на активности со кои ја обезбедува егзистенцијата за себе и за своето семејство, како и за остварување на потребата на правните лица за деловен простор. Актуелно се работи на ГУП Скопје 

Работна верзија на документациска основа на ГУП Скопје

3

15 јули 2011 ПОРТА

21


урбанизам Просторен модел за концепт за нова урбана агломерација

со плански период од 10 години, во фаза на Документациска основа и изготвување на Планска програма. Во оваа фаза се систематизираат податоци за постојната состојба, се анализираат затекнатите ситуации, се ажурираат подлоги за понатамошна разработка, фактички се спрема база на податоци која ќе се користи за следната фаза, односно во Нацрт-планот. Досега се сработени и други урбанистички документации по современи методолошки принципи 22

3

ПОРТА

15 јули 2011

на урбанистичко планирање. Таков е планот за нова урбанистичка агломерација во околината на Св.Николе. Атрактивноста на географската положба, климатските карактеристики, сообраќајната поврзаност и светскиот тренд за изградба на висококвалитетни еко-населби кои во нашата република недостасуваат, одат во прилог на идејата за изградба на ваков тип агломерација. На планирањето на еко-населба од ваков тип му претходи стручна

анализа поткрепена со изработка на две студии, и тоа Студија за методолошки чекори за основање на нова населба и Физибилити студија за организација на нова населба во околината на Свети Николе. Ваква претходница на планската документација претставува сериозна стручна аргументација според која се овозможени понатамошните чекори за поставување на планската идеја за оформување на предложениот просторен модел. Во изготвување на оваа планска

документација беа вклучени бројни надворешни соработници. Агенцијата во своите плански документи има за крајна цел, преку рационално користење на земјиштето, максимално вклопување на инфраструктурата и објектите на теренот, оформување на амбиентални целини, почитување и заштита на правото на човекот на приватност, почитување и надрградување на пејзажните вредности, оформување културен пејзаж, почитување и валоризација


урбанизам на културното и градителското наследство, предвидување на простори за спорт и рекреација, вградување пропратни содржини на домувањето, подгигнување на степенот на хуманост на просторот и непречено движење на лицата со посебни потреби, почитување на законските прописи, стандарди и нормативи во планирањето, предвидување мерки за заштита и спасување, да ги утврди параметрите што се потребни за издавање локациски услови за изградба на станбена населба и пропратни содржини, а воедно да ги даде и насоките за изработка на урбанистички проекти за специфична наменска употреба на земјиштето. Изработени се плански документации за клучни локации согласно годишните програми на Владата на Република Македонија: план за населба

Просторен модел за концепт за нова самоодржлива урбана агломерација на јужните падини на Водно, елитна станбена населба на северната падина на Зајчев рид, пренамена на земјиштето на поранешните површини кои се користеа од Министерството за одбрана, унапредување и осовременување на состојбата во казнено поправните домови во Република Македонија.  Маја ЛУКАРЕВСКА

планер урбанист при Агенција за планирање на просторот

3

15 јули 2011 ПОРТА

23


урбанизам

Индија се бори да одржи чекор со урбанизацијата

Преземено од Фајненшел тајмс - Лондон

Н.С.

Вијета, експерт за човечки ресурси, „опремена“ со магистратура, замина од нејзиниот дом во Шимога кон Бенгалор, одалечен 275 километри, за да работи во позната глобална компанија за софтвер. Но, по две години, 26-годишната г-ца Вијета се чувствуваше раскостена во третиот по големина град во Индија. Сообраќајот беше грозен, 6,5-те километри од нејзиниот дом до работното место го минуваше за еден час, во еден правец. Во споредба со нејзината плата, трошоците за живот беа високи.

24

3

ПОРТА

15 јули 2011

- Толку многу време трошиме во сообраќајот, се сеќава таа. - И она што ќе го заработев од понеделник до петок, го трошев за време на викендот. Денес таа се врати во Шимога, работи во мала канцеларија за компанија за производство на храна, која таму отворила продавница. И сè уште многу нејзини пријатели се борат со секојдневите предизвици, а понекогаш и задоволства, живеејќи во Бенгалор. Нивната борба со високите наемнини, задушениот сообраќај и слабата инфраструктура ги истакнува предизвиците со кои сега се соочува Индија, како земја која

се обидува да ги трансформира нејзините пренаселени градови во атрактивни места за живот и работа. - Индија се урбанизира со огромна брзина - рече неодамна на конференцијата „Индискиот град во 21 век“, Ајшер Џаџ Ахлувалиа, економист и претседавач на Индискиот совет за истражувања на меѓународните економски односи. - Ако ја прифатите претпоставката дека индиската економија ќе порасне за 7,5 проценти, и дека растот на популацијата е 1,5 проценти, тоа бара големи структурални трансформации - рече таа. Дали се градовите во Индија

подготвени да го поднесат овој пораст? За многумина загрижени граѓани и креатори на политики, одговорот е НЕ. Секое лето, градовите во земјата се соочуваат со недостиг од вода и електрична енергија. Јавниот превоз е неразвиен, а улиците се задушени од растечкиот број приватни автомобили. Урбаниот развој е опасна стапица, со малку долгорочни визии кои навестуваат како ќе функкционираат градовите. Високите цени станаа пречка пристојното живеење да биде недостапно за многу граѓани од работничка класа, па 25 проценти од нив живеат


урбанизам

во сиромашните предградија. Во меѓувреме, руралните заедници на перифериите од големите градови брзо се апсорбираат во рамките на градовите. Урбаната инфраструктура очигледно е неспособна да се поправи - вели Пранаб Бардан, економист на Универзитетот Беркли во Калифорнија. Притисокот врз градовите само ќе расте. Индија е една од најмалку урбанзираните држави во Азија, каде 70 проценти од населението сè уште живее во руралните области, во споредба со 55 проценти во Кина. Но, со својот фармерски сектор кој не може да обезбеди доволно за брзозбогатувачката градска популација, и со повеќето шанси за работа концентрирани во градските средини, во следните години ќе се забрза потребата за урбанизација. Податоците собрани од неодамнешниот попис треба допрва да се истражат, но професорот Бардан предвидува дека урбаната популација во следните 20 години ќе порасне од 350 на 650 милиони. Државата има 20 градови со повеќе од 1 милион жители. До 2031 година, тој број ќе порасне на 87. По децении од она што некои креатори на политики го нарекуваат „бенигно занемарување“,

урбаната инфраструктура на Индија и на институциите што се одговорни за нејзиниот развој, ќе треба од корен да се изградат за да се справат со порастот на потребите на населението. Неодамна на владиниот панел на експерти за потребите на урбаната инфраструктура, беше проценето дека државата ќе треба да потроши 871 милијарди долари во следните 20 години за да ги овозможи потребите за основните услуги, како што се енергијата, водата, канализациските системи, патиштата и санитарните системи во градовите. За ова ќе биде потребно зголемување на инвестициите во урбаната инфраструктура, која од сегашните 0,7 проценти од домашниот приход ќе мора да се зголеми на 1,2 проценти. Но, предизвикот не е само финаниски. Единиците на локалната самоуправа во Индија се политички слаби, додека вистинската власт за управување со градовите е кај

Владата, која е преокупирана со рурални проекти и со маневрирања во националната политика. Експертите велат дека и тоа треба итно да се смени. - Единиците на локалната самоуправа во Индија треба да зајакнат како локална власт, со јасни функции, независни финансиски ресурси и со автономија за донесување одлуки за инвестции и овозможување услуги - рекоа експертите на панелот. Покрај изградбата на само физичка инфраструктура, како

што се патишта и канализациски системи, на градовите им е потребна имплеменатција на планови за спроведување услуги, вклучувајќи го тука и постојаното одржување за да се спречи распаѓање на веќе постоечката инфраструктура. Како еден од првите чекори за да се излезе во пресрет на овие длабоки предизвици, индиската влада во 2005 година, предводена од Конгресната партија, ја започна националната мисија Џавархарал Нехру за обновување на градовите, со што се дозволи користење на 20 милијарди долари во следните седум години за проекти од урбаната инфраструктура. За да се добијат овие средства, кои се даваат или како грантови или како нискокаматни заеми, градовите мора да подготват стратегии за урбан развој и да покажат како инвестициите ќе соодветствуваат со рамките за развој. Исто така, мора да вклучуваат и реформи, како што се спроведување на модерен систем на сметководство, да го подобрат собирањето на даноци од имот и да спроведат подобрување на трошоците за јавната инфраструктура. Но, напредокот од оваа програма е бавен. Веднаш го истакна недостатокот на капацитет кај градската бирократија за такви амбициозни реформи. Процесот на создавање на индиските градови да станат поподносливи места за живот и работа за сегашните и идините жители, изгледа ќе биде долг и трнлив пат. (МИА)

3

15 јули 2011 ПОРТА

25


архитектура инфо ШКОТСКА

Меморијална елеганција на движењето

Во јуни годинава, во Глазгов беше отворен новиот Mузеј на транспорт, проектиран од светски реномираната архитектка Заха Хадид. „Ова е многу поразлично од сите други наши проекти. Инспирацијата за акцентот по кој објектот е препознатлив, се темели на идејата за железничка станица, а отсликува флуидност на просторот “, се зборовите на Заха Хадид по повод свеченото отворање на објектот. Погледот од птичја перспектива, пак, е суптилна комбинација од асоцијации за сите видови транспортни средства, кои се дел од локалната историја на транспортот.

САД

Архитектура за подмладување на духот и телото

Во срцето на заштитен парк на природата и уметноста во Индијанаполис, Марлон Блеквел проектираше павилјон, кој го доведува искуството на посетителот до сомневање во перцепцијата. Павилјонот, покрај тоа што е дел од рекреативната понуда на паркот, може да послужи и како платформа за културни и едукативни настани, особено од сферата на поврзување на природните и антропогените убавини, уметност и заштитено наследство. Просторот има капацитет од 50 лица, што се надоврзува на концептот за регулирана посетеност на заштитени подрачја.

РУСИЈА

Канцелариите на „Гаспром“ во небесни височини Новиот проект на RMJM (Европското студио во Единбург) е лоциран во празнотијата на предградието на Санкт Петербург. Проектот што „тежи“ 3 милијарди американски долари ќе го трансформира земјиштето со површина од 17 хектари во објект со пионерска технологија од сферата на заштита на околината и енергетска ефикасност. Овој облакодер ќе ги надминува највисоките стандарди на еколошки и енергетски ефикасен објект. Според релевантни медиуми, тој би се вброил меѓу првите десет „еколошки најподобни“ објекти во светот. 26

3

ПОРТА

15 јули 2011


архитектура инфо МОЗАМБИК

Рајот е пронајден!

Островот Вамизи, кој припаѓа на архипелагот Куиримбас, Мозамбик, е новиот рај на земјата благодарение на проектот на COA, Bluegreen Planning + Design и инвеститорите Cabo Delgado Ltd. Конструкцијата на луксузната дестинација е имплементирана до точката на производство на индивидуални вили за највисокиот слој на пазарот. Идејата е секој клиент да инвестира во парцела по негов избор, во консултација со архитектите, да проектира свое катче кое ќе се вклопува во околината според сите стандарди. Поставени се четири основни стилови на градба инспирирани од локалната култура, традиција и околината.

САД

Метаморфоза на индустриско крајбрежје

Минатиот месец беше објавен планот за трансформација на шест милји од речното крајбрежје Central Delaware во Филаделфија. Истиот е развиен, донесен и ревидиран од страна на Cooper Robertson, OLIN и Kieran Timberlake, кои го опишуваат како подинамичен, зелен и со подобра комуникација со остатокот од градот. Многу од градовите во САД „протрчаа“ низ процесот на трансформација на индустриските крајбрежја во витални точки на урбаниот живот, но некои се на самиот почеток на една долга метаморфоза. Донесениот план за Филаделфија ќе се имплементира во текот на наредниве 25 години.

ФРАНЦИЈА

Архитектонско воспевање на плажата Неодамна отворениот Океански Сурф-центар е проект на Steven Holl Architects. Градбата во бои и текстури кои асоцираат на плажа, елегантно се подигнува во конкавни форми. Внатрешноста е искористена како изложбен простор и сала за проектирање, со цел кај посетителите да се постигне импресија на престој под вода. Комплексот опфаќа и две „стаклени карпи“ во кои се сместени ресторан и продавница за опрема за сурфање и сувенири.

подготви: Леонида ПЕНКА БАША

3

15 јули 2011 ПОРТА

27


архитектура

Истанбул

совршена ускладеност 28

3

ПОРТА

15 јули 2011


архитектура

на културите

Кога се движиш низ Истанбул, прво поминуваш низ нови убави населби, па потоа влегуваш во некакво за'рѓано предградие со фабрики и магацини, во некакви улици со чудни и непознати мириси, со трошливи куќи и дуќани изградени уште од „времето на султаните“, за одеднаш да влезеш во широки булевари со згради како во секој модерен европски град 

(Специјално за Порта3 од Истанбул)

Ангел СИТНОВСкИ, дипл.инж.арх.

3

15 јули 2011 ПОРТА

29


архитектура

Р

ано наутро, a по улиците метеж! Се чини како градот воопшто да не спие. Улиците се преполни со луѓе и автомобили, сите итаат обидувајќи се да стигнат некаде. Кафетериите работат со полна пареа, од пекарниците излегуваат мириси на тазе печени тестенини, мириси на ванила и зачини, на кои не им ги знам имињата, а кои се шират насекаде низ улиците. На поставените маси на тротоарите седат луѓе кои уживаат пиејќи го утринското турско кафе или чај, некои играат табла, а од рестораните што ги има насекаде, можете да порачате и домашно јадење... Ако за момент заборавите дека сте во Истанбул, речиси неизбежно е чувството дека сте во Париз! Истанбул е еден од најубавите градови на светот кој уште од минатото, па сè до денес, е инспирација на многу писатели, поети, сликари... Истанбул е град за кого се напишани безброј

30

3

ПОРТА

15 јули 2011

песни и поеми и се нацртани безброј слики. Истанбул е еден од најпознатите градови по природните убавини и културно историски знаменитости во светот. Кога за првпат, пред многу години наназад, доаѓав во овој космополитски град, си замислував како од прашливата полјана во далечината се крева појас од ѕидови подигнати од византиските императори, кои го обиколуваат градот! Си ги замислував портите и ѕидините надгледувани од стражари вооружени со големи копја кои попреку те гледаат. Ако поверуваш како мене во сето ова, секако дека ќе згрешиш; доаѓањето во Истанбул е поинакво. Со часови одиш напред, а не ти е јасно дали си веќе во градот или сè уште не си влегол во него. Како некое море од куќи и народ, Истанбул се разлева со километри, наоколу таму до границите на Европа и натаму по ридовите на Азија. Тоа е градот што ги

поврзува двата континенти. Кога се движиш низ Истанбул, прво поминуваш низ нови убави населби, па потоа влегуваш во некакво за'рѓано предградие со фабрики и магацини, во некакви улици со чудни и непознати миризби, со трошливи куќи и дуќани изградени уште од „времето на султаните“, за одеднаш да влезеш во широки булевари со згради како во секој модерен европски град. Taksim Meydani или плоштадот Таксим кој се наоѓа во европскиот дел на Истанбул, е главното собиралиште на туристите и почетната дестинација за разгледување на овој прекрасен и неповторлив град. Тука се сместени многу хотели, ресторани и продавници. Таксим е срцето на модерниот Истанбул. Името доаѓа од арапски, што би можело да се преведе како „распределување“. Така се наречени камените резервоари за вода, која се носела од „Белградската шума“

оддалечена 23 км и оттука се распределувала низ целиот град. Од Таксим започнува долгата пешачка улица „Истиклал Џадеси“ или авенија на независноста, по која и денес поминува носталгичниот трамвај, поставен тука пред повеќе од 90 години. Трамвајот оди по оваа позната улица преполна со убава стара архитектура, сè до крајот на тунелот во кој се наоѓа, после лондонската, втората во свет по старост подземна железница. Се смета дека булеварот за време на викендите го посетуваат преку три милиони луѓе. „Истиклал Џадеси“ се наоѓа во делот од градот наречен Бејоглу.

ПЕРА ПАЛАС

Во време на отоманската империја тука се наоѓале најголемиот број на амбасади и конзулати. Денес од нив има останато само мал број. Објектите околу булеварот се изградени во 19 век. На почетокот, на самиот Таксим се наоѓа грчката


православна црква Света Троица, а одејќи понатаму се доаѓа до училиштето Галатасарај, како и до палатата Пера. Пера или Галата е најблизу до предградието Бејоглу. Таа е мистична и не е место кое може едноставно да се опише. Од една страна бијат звоната на камбаните, од другата страна се слуша гласот на мујезинот што ги повикува верниците на молитва. Кога сте во овој дел од градот задолжително посетете го историскиот хотел „Пера Палас“, изграден во 1892 година. Во овој хотел се сместувале патниците на „Ориент Експрес“, а негови постојани гости биле англискиот крал Едвард VIII, Кралицата Елизабета II, императорот Франц Јозеф, иранскиот шах Реза Пахлави, маршал Тито, како и основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Во „Пера Палас“ престојувале и Сара Бернард, познатиот режисер Алфред Хичкок, Жаклина Кенеди

Оназис, како и Грета Гарбо. Во еден од апартманите што го носи нејзиното име, Агата Кристи го пишувала својот познат роман „Убиство во Ориент Експрес“.

ГАЛАТА

Постојат места во градот каде што заборавате каде сте и во кое време се наоѓате! Галата, една од најстарите населби во Истанбул е такво место. Се наоѓа на северниот дел од заливот Златен Рог. Во времето на византиските владетели, оваа населба била еден од најважните делови на градот. Во неа е сместена познатата кула Галата, која служела како место за набљудување на бродовите што доаѓале во градот. Старите згради во овој дел на градот имаат свој карактеристичен архитектонски стил, по улиците се чувствува миризбата на историјата. Продавниците во овој дел од градот се преполни со единствени предмети кои

ги привлекуваат туристите. Од уличките и познатите скалила на Чихангир се пружа прекрасен поглед кон Босфор. Ова е место каде што живеат и се дружат многу познати турски писатели, актери и уметници. Се симнувам кон мостот Галата за да преминам на другата страна. Мостот Галата е симболична врска меѓу традиционалниот дел од градот каде што се наоѓаат многубројни џамии, империјални палати и општествени институции, како и делот во кој живеат многу странски претставници, дипломати и немуслимани. Од мостот се пружа најубавиот поглед на Златниот Рог. На мостот во секое време ќе ги сретнете локалните риболовци како со своите трски ловат риба, додека во долниот дел се наоѓаат многубројни ресторани, во кои се служи вкусна храна и од кои се простира поглед кон најубавиот залез на сонцето. Кога ќе се помине мостот,

неизбежна е посетата на Јени џамија, како и на Капали чаршија, која е една од најстарите покриени пазари во светот. За да ја обиколите ви треба многу време, затоа што во неа има дури 1.200 улички во кои се продава сè и сешто! Велат дека помеѓу 250.000 и 400.000 луѓе дневно поминуваат низ неа! Аја Софија, Сина џамија, Топкапи... каде и да се движите, во секоја точка од градот се случува изненадување за очите. Толку има многу да се пишува за Истанбул и неговите градби, за животот на луѓето, за случките од минатото и она што денес се случува. Но се нема време за се. Си велам „Среќен е оној што секој ден го има Истанбул пред очите, и секогаш ги гледа нештата што тој ги содржи”. Извикувам во себе така, со жалење, затоа што морам да го напуштам градот и да си одам дома откако, чинам, само сум го допрел со погледот. 

3

15 јули 2011 ПОРТА

31


архитектура

WAN AWARDS

Тасманскиот Сафир најдобар хотел за 2011 Најновиот супер-луксузен туристички ресорт во Австралија претставува материјализација на есенцијата на недопрената природна околина

подготви: Леонида Пенка БАША

Потполна приватност и интима на апартманите

Хотелскиот комплекс од птичја перспектива

Х

отелскиот комплекс, едноставно наречен Saffire, е лоциран на Coles Bay, во областа Тасманија во Австралија. Идејните творци, проектанти и изведувачи се архитектите од австралиската компанија Circa Architecture. Изградбата на овој луксузен хотелски комплекс е завршена оваа година и објектот веќе во потполност ја обавува својата функција. Според изјавите од страна на проектантите од 32

3

ПОРТА

15 јули 2011

Circa Architecture „идејата за 'Сафир' e замислена како проект кој ќе носи препознатливост на локацијата, и ќе го редефинира туризмот во Тасманија. Просторот на кој се наоѓа, главно пленува со својата природна убавина. Конкретната локација ни беше доделена како дослужен караванпарк, па така, нашиот проект послужи како механизам за обновување и реупотреба на просторот, реинтерпретација на

уникатните квалитети на местото и создавање препознатлива туристичка дестинација“. Погледот од птичја перспектива ни ја открива желбата да се овозможи уникатно искуство кое ќе создава долготрајни позитивни импресии кај посетителите. Имајќи го ова за нивна основна определба, архитектите на главниот објект му дале форма која го прави финална точка на едно возбудливо патување, од каде лавиринтната

околина полека добива смисла и ја открива својата полна убавина преку панорамските погледи од внатрешноста на просториите од каде како на дланка се гледа Големиот залив на школките. Ресортот е комплетно органски во однос на околината, како во однос на амбиенталната архитектура така и во однос на стопанското функционирање. Формата е комбинација на асоцијации за крајбрежни релјефни форми,


архитектура

Ентериерот го има колоритот на природната околина

Поглед од фоајето, панорама кон Големиот залив на школките и живописните планини

Зајдисонце на заливот

морски бранови или животни од океанските длабочини. Апартманите пак, овозможуваат поголема интимност и можност за лично доживување на просторот. Аранжирани се во форма на брег паралелен на природниот, што создава еден особен впечаток на динамичност при набљудување на панорамата на островот. Во централниот објект се опфатени повеќето заеднички просториии, социјални функции и анимациски елементи на понудата на хотелот, додека апартманите се одвоени така што овозможуваат комплетна приватност на индивидуалното доживување на луксузниот амбиент и раскошот на природното опкружување. Во контекст на ова, просторот низ кој поминува гостинот додека се движи од централниот објект кон приватниот апартман е уреден на начин кој го потенцира чувството на луксузно патување во интимата на дивината. Овој премин е метафора на плажа од каде што самите апартмани изгледаат како градби од песок, зад кои се простира океанската шир. Боите и материјалите се одбирани плански и со голема внимателност. Палетата на материјали користени како за градбата така и за изведбата и уредувањето на ентериерот, се одбрани во сооднос со оние типични за локалното опкружување. Боите пак, се причината што комплексот во потполност го оправдува терминот „амбиентална архитектура“. Бојата на покривот соодветствува со бојата на водата во заливот, што создава силна сугестија на поврзаност, односно припаѓање на објектот со конкретната форма и поставеност на самата локација. Внатрешноста на просториите е решена во колоритот на природата во непосредната околина. Така, просториите зрачат со спокој кој го сочинуваат песочните нијанси, боите на природно и обработено дрво, акцентирано со свежината на зеленилото карактеристично за заливот.

3

15 јули 2011 ПОРТА

33


занимливости

Д

изајнерите на опаковки се секогаш во потрага по нови начини за да го привлечат вниманието на потрошувачите кон својот производ. Еден од тие нови начини е редизајнирањето на монотониот бар-код во интересен и несекојдневен дел од опаковката. Па така, бар-кодот од речиси незабележителен составен дел на секој производ, започнува да добива најразлични форми приспособени на функцијата на кодот и намената на производот. Низ светот веќе можат да се забележат производи со бар-кодови во форма на колаче, миксер, автобус, желе бонбони, книги, па дури и на американската Статуа на слободата. Овој нов тренд, почесто го прифаќаат помалите компании, иако и поголемите компании не остануваат имуни, како на пример светската компанија за храна „Нестле" и други. Дел од двоумењето на компаниите е стравот дека дизајнираниот бар-код нема да може да биде скениран на каса, па трговците би губеле доста време со рачно внесување на производот. Или уште полоша варијанта, ако бар-кодот се покаже нефункционален - па треба да се препечатува опаковката на производот. Но, постојат строги правила кои овозможуваат бар-кодот да е целосно функционален: треба да е најмалку половина инчи висок, односно 1,27 см, потребно е да содржи празен простор од двете страни на црните линии, а одредени бои како црвена, портокалова и жолта боја, не може да се користат. Компаниите се надеваат дека овие препородени бар-кодови подобро ќе се поврзат со клиентите. Александра ПеТрОВСкА,

34

3

ПОРТА

дипл.инж.арх.

15 јули 2011

Ренесанса на бар-кодовите


www.biroproekt.com.mk proekt


ентериер Уметноста на готвењето е поедноставна во добро организираната кујна. „Дизајн Фантазија“ се соочува со темата кујна, нудејќи ви водечки сугестии за креирање на единствени персонални решенија. ,,Кујна“ како место каде уживаме да правиме нешто за себеси и за другите, или како можност да ги истакнеме нашата фантазија и креативност.

Зошто го сакаме дабовото дрво?

36

3

ПОРТА

15 јули 2011


Добар спој помеѓу дневната соба и кујната им го предлагаме на оние што сакаат да готват во друштво, или на оние што не сакаат затворена одделна кујна во просторот на станот.

П

ричината зошто ова младо семејство се одлучило за примена на дабовиот масив како доминантен во уредувањето на нивниот простор, особено на дневната зона, била неговата светла боја и нагласена структура. Кај просторите со ограничени димензии е вообичаено да се користат светлите и топли завршници на материјалите. Едно од позначајните правила во уредувањето на ентериерите вели дека не треба да се мешаат повеќе различни завршници на дрво. Во случајот со овој стан од 60 м2, одлична е постапката повеќето дрвени површини во просторот да бидат изведени во натур даб, како на пример паркетот, мебелот и опшивките во дневната зона, потоа мебелот

во дегажманот и тој во бањата. Оваа завршница била доволна да му даде сосема оригинален печат на станот, се останато во просторот е бело, вклучувајќи го и мебелот во дневната, реализиран преку единствената комода со едноставна добропропорционирана структура од неколку квадратни врати во бел медијапан со висок сјај. Во истата завршница е изведена и кујната, која е сосема отворена кон дневната соба. Опремата за кујната и белата техника е вистински бела, што на кујната и дава вонвременска убавина. А, што да се каже за врската помеѓу кујната и дневната - тоа треба да се види. Навистина е посебно убаво изведен тој склоп на опшивката на столбот, кој го затскрива фрижидерот со ниската

комода од бел медијапан врз која се протега масата, изведена од масивни дабови штици покриена со стакло. Додаток повеќе се столовите во бела пластика на инокс ногари и сивата кожна софа „во ге“. Изборот на проѕирна маса е одличен, како поради недостигот на простор така и поради флуидноста, што секогаш се подразбира и се очекува од современите ентериери. Посебно убави сегменти во уредувањето на овој стан се вградените ормани, како на пример: витрината со светло за потребите на трпезаријата, потоа белиот орман во дегажманот или сосема темниот обложен со огледала во спалната соба. Да, токму така единствениот простор во станот каде што доминира темната завршница на

дрво, односно таа што популарно во „Дизајн Фантазија“ се нарекува „какао“ е спалната соба. Таму сиот мебел е изведен во „фајн лајн“ фурнир со ефект на какао. „Фајн лајн“ фурнирите се технолошки фурнири добиени во фабрика, кои се карактеризираат со извонредно прави годови, и токму поради тоа се омилен избор на оние што за сопственото уредување го одбираат современиот мебел. доц. д-р Елена НИкОЉСкИ ПАНеВСкИ, дипл.инж.арх.

фото: Владимир СекуЛОВСкИ Во соработка со:

3

15 јули 2011 ПОРТА

37


тренд репорт

50. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МЕБЕЛ ВО МИЛАНО

Канцелариски мебел со смели бои и без натрупување Сандра ДОНЧеВА, дипл.инж.арх.

38

3

ПОРТА

15 јули 2011


Г

За наредниот број ни остана уште категоријата Euroluce (изложба на светла), и со тоа ја завршуваме оваа репортажа во врска со саемот.

одинава беше 15-то по ред претставување на Salone Ufficio посветен на канцелариски мебел. Изложба на која учествуваа 120 компании на површина од 14.500 м2. Може да се каже дека беа претставени најдобрите производи од оваа област, кога се работи за опрема на банки, осигурителни компании, пошти, вклучувајќи го тука и опремувањето на домашните канцеларии и работните простори. Оваа изложба секогаш оди во комбинација со Euroluce - изложба на светла (која беше сместена во два павилјони спроти него), бидејќи како што знаеме, дизајнирањето на работни простори и осветлувањето одат рака под рака, меѓусебно се комплементарни. Канцеларискиот мебел ги покажа новитетите со смелите бои кои беа застапени на целиот саем оваа година. Штандовите беа претставени како големи канцелариски простори, сите елементи во нив исклучително елегантни, без непотребно натрупување. Во продолжение на Salone Ufficio се наоѓаше еден помал простор наменет за Salone Satellite - каде беа изложени парчиња мебел од млади дизајнери од светот. Многу од производите се претставуваат како прототипи, а во претходните 13 изданија многу од нив отидоа во масовно производство. Голем број од младите дизајнери - повеќе од 6.000, од 190 различни школи станаа познати имиња во светот на дизајнот. Навистина беше интересно да се шета низ малите штандчиња, кои имаа што да понудат и едноставно нè воодушевуваа со нивната оригиналност.

тренд репорт

3

15 јули 2011 ПОРТА

39


наука

МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (113)

ИТАЛИЈА (2) Џакомо Мате -Труко (1869-1934) во своето рационалистичко дело, фабриката Фиат во Лингото, Торино (1919-1923, 1926-1927), има завојна рампа за тестирање на автомобили, носена врз сплет од армирано-бетонски греди. Со таквиот пристап се навестува појавата на големиот италијански инженер и архитект Пјер Луиџи Нерви. Карло Данери со соработниците се истакнува во проектирањето на станбени згради со рационалистичка структура и со нагласени конзолни испусти. Такви се: станбената зграда на Триеналето

КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ - РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ

во Милано (1933) и станбената зграда во Џенова (1936). Од своја страна, Гаетано Морети успева да најде согласност меѓу своите рационалистички стремежи и влијанијата на Ле Корбизје, што соодветно го илустрира хоризонталната композиција на павилјонот во Рим (1935), обликуван со чисти кубични форми. Марчело Пјачентини (18811960) го прави урбанистичкото решение на Универзитетскиот град во Рим (1933-1935) и го гради објектот на Ректоратот. Неговиот архитектонски израз има строга неокласична нота, изразена

преку едноставните форми, нивниот ритам и пропорција. Џовани Микелучи (1891-1990) со соработниците ја гради железничката станица Санта Марија Новела во Фиренца (19321936), сместена во близина на истоимената црква. Со својата рационална, лесна и транспарентна структура, таа ја почитува мерата на наследената околина. Луиџи Фиџини (1903-1984) и Џино Полини (1903-1991), кај ремек-делото на италијанскиот рационализам, административниот објект Оливети во Ивреа (1937) преку

челичната решетка на стаклената фасада јасно го покажуваат употребениот проектантски модул. Монотонијата е избегната со испакнување и надвишување на кубусите од вертикалните комуникации со полна ѕидна површина. Игнацио Гардела (1905-) го подигнува санаториумот за болни од туберкулоза во Алесандрија (1936-1938), чија главна фасада во долниот дел е обликувана со стаклени тули, а во горниот со декоративни керамички брисолеи, како инспирација од околната народна архитектура. М. Пјачентини. Ректоратот во Универзитетскиот град, Рим

Џ. Микелучи. Железничката станица, Фиренца

Џ. Мате-Труко. Фабриката Фиат, Торино Џ. Микелучи. Железничката станица, Фиренца Л. Фиџини и Џ. Полини. Административниот објект Оливети, Ивреа

40

3

ПОРТА

15 јули 2011


Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница

29ти Ноември бр.60

е Создаванма Животвите! Покри

ДООЕЛ ТАТЈАНА www.zinco.de

070 216 945 info@zepekomak.com.mk

www.zepekomak.com.mk

www.porta3.com.mk

е-маил: office@tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

liting@t-home.mk

070 387 535 070 385 585

Тел.: Тел.: 02 02 3122284 3122284 Орце Николов 93/8 alchimica.mk@gmail.com alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk www.alchimica.mk

HY PERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА

Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com

канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги

„ГВ“ ДООЕЛ

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

ќ“ лам.2, 1/1-2 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје

15 , 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk

3

15 јули 2011 ПОРТА

41


урбанизам

Б

42

3

ПОРТА

15 јули 2011


спортски храмови

ОЛИМПИСКИ СТАДИОН - НИЦА

И НИЦА ЌЕ ИМА СВОЈ „ГРАНД СТАД“

ФАкТИ за „ОЛИМПИСКИ СТАДИОН“ - Ница Седишта: 35.000 Период на градба: 2011 - 2013 Составни објекти: ресторани, Национален музеј на спорт, канцеларии, тренинг центар Паркинг простор: 1.450 автомобили Инвеститор: Град Ница Архитект: Jean-Michel Wilmotte Изведувач: Vinci

О

лимпискиот стадион во Ница е еден од стадионите што ги опфаќа проектот за комплетирање на инфраструктурата за потребите на Европското првенство во фудбал, во Франција 2016 година. Според најавите, градежните работи на Олимпискиот стадион во Ница почнуваат оваа година, а до крајот на 2013 година ќе треба да се изврши и официјалното пуштање во употреба. Претседателот на фудбалскиот клуб Ница, изјави дека првичното одложување на почетокот на градбата на овој нов спортски храм (планиран беше старт во 2007 година), ги помести плановите на клубот во неколку насоки. Сепак, задоволни се што Ница конечно почнува да го гради овој супермодерен објект, во чии рамки ќе има и нов тренинг центар.

Само во првата година од почетокот на работите, се очекува да бидат потрошени до 15 милиони евра за градежните работи. Ископувањата на теренот во месноста Сан Исидор почнаа уште во јули 2006 година, но законските постапки го закочија процесот на изградба на стадионот. Со новиот проект за стадионот, кој предвидува капацитет од 35.000 места, Ница влезе и во плановите на Француската федерација, која го стави овој објект меѓу стадионите со кои конкурираше за организација на ЕП во 2016 година. Олимпискиот стадион во Ница ќе биде од III категорија, според стандардите на УЕФА. Истиот ќе биде повеќенаменски, и во негов состав ќе бидат вклучени ресторани, продавници, канцеларии, како и Националниот музеј за спорт.

Покрај фудбалски, на него ќе можат да се организираат и атлетски и рагби натпревари, а за организација на концерти капацитетот ќе може да биде зголемен и до 44.000 места. Трибинскиот простор ќе биде кренат на три нивоа. Првото и второто ниво ќе има капацитет меѓу 13.000 и 14.000 места, а на последното ниво ќе се обезбедат околу 8.000 места. За обичните посетители ќе бидат предвидени околу 30.000 места. Платформата за домашните навивачи ќе биде на североисточниот дел на стадионот и ќе има 1.760 места. На третото ниво на западната трибина ќе се сместат околу 200 луѓе, а 240 места ќе бидат резервирани за лица со хендикеп. Околу 3.000 места се предвидени во т.н. ВИП ложи и бизнис лобито. Соблекувалните ќе бидат изградени на 600 м² и

ќе се најдат на две спротивни страни на врвот на второто ниво (и на исток и на запад). Паркингот ќе биде во подрумскиот дел, под стадионот, и ќе има капацитет од 1.450 места за автомобили. За да се подобри комуникацијата со централното градско подрачје, властите ќе направат проширување на трамвајската линија која води до стадионот со две нови постојки. За заштита на околината и почитување на еколошките стандарди, проектантите се потрудија поголем дел од покривот да се состои од мембрана од типот ВДПВ, проѕирна, со што ќе се обезбеди продирање на природна светлина. Исто така, покривот ќе биде прекирен со фотонапонски панели со вкупна површина од 7.500 м². Сашо кузМАНОВСкИ

3

15 јули 2011 ПОРТА

43


технологии

Четиво за на плажа

П

равило е на одмор да ја понесете книгата што сте сакале, но не сте стигнале да ја прочитате веќе подолго време. За волја на вистината, еден дел од нас ќе ги вратат книгите непрочитани со милион други изговори, додека другите пак ќе демонстрираат поголема сериозност и карактер. Лично, на одмор тргнувам со неколку книги, но секогаш и со добро ИТ списание. Не гарантирам дека сите понесени книги ќе бидат прочитани, но за списанието гарантирам дека ќе биде „детално скенирано“ и распарчено (имам навика интересните чланци да ги кинам и прикачувам во личниот нотес за идно користење и потсетување). Сега, за книгите ништо не би препорачал, тие се работа на личен вкус, но со списанијата е поинаку, па топло би препорачал ИТ списание. Дури и да не сте „по компјутерите“, одвојте малку време за да научите нешто повеќе за Информатичката Технологија (ИТ) бидејќи често е „добрата вила“ која ќе ви донесе предност пред

44

3

ПОРТА

15 јули 2011

конкурентите. А списанијата се баш user-friendly: содржат интересни содржини, текстот е пропратетен со фотографии или цртежи, бргу се читаат, а можете да ги читате и од последната страна кон почетокот. Секако, со самото читање на списанието, нема да станете rocketscientist, но видиците дефинитивно ќе ви бидат проширени. Можеби и нема да чекате до следното лето за повторно да се заинтересирате за ИТ, и за да купите ИТ списание. Но, некои имаат стекната одбивност кон списанијата воопшто. Во нивните очи, списанијата не се релевантен извор бидејќи ги сметаат за средство за политички или комерцијален маркетинг. Но, вистината е дека сериозните списанија се многу повеќе од рекламите што ги содржат. Пред сè, авторите им се докажани професионаци во полето каде што работат. Честопати, се објавуваат ексклузивни податоци и анализи од извршени истражувања во реномирани институции, а понекогаш и сведоштва на читателите за „вистината да

излезе на дело“. Редакциите многу внимаваат на своето реноме, особено оние што се стекнале со титулата врвен бренд. Значи не е се „жолт печат“, иако е сè поприсутен околу нас. Нашиов пазар е некако скуден со добри ИТ списанија, затоа треба внимателно пребарување. Мој совет е да се избегнат списанијата што голем дел од својата содржина посветуваат на рециклирани вести од интернет и на реклами. Ако веќе не сте фан на некое ИТ списание, тогаш погледнете на насловната страна и барајте ја темата на бројот, обично ударно прикажана на насловната страна. Практично, тема на бројот се збир на чланци во кои е посветено големо внимание доволно квалитетно да се обработи тема од дадена област. Таквото истражување или анализа не е за занемарување бидејќи може да биде прилично компетентно.

АРХИТЕКТУРА И ГРАДЕЖНИШТВО

За жал, ИТ списанијата ретко се случува да елаборираат теми од ИТ

која го опслужува градежништвото или архитектурата, но тоа не значи дека нема ништо корисно во нив. Напротив, инженерите користат најразновиден хардвер и софтвер, па ако вестите што ги очекувате не се дадени во една целина за нас интересна, тогаш ќе ги побараме наоколу по списанието и нешто ќе излезе. На пример, скоро секоја сериозна рецензија на преносен или десктоп компјутер содржи мислење за користење на компјутерот за КАД или 3Д потреби. Можеби и ќе научиме нешто повеќе за моменталната хардверска технологија и за тоа каква конфигурација нам ни е потребна, како да ја оптимизираме работата и перформансите итн. Понатаму, незаобиколна тема е и сè популарниот Виндоус 7, оперативниот систем на „Мајкрософт“. Скоро редовно се објавуваат текстови за тоа како да се оптимизира апликацијата според потребите, како да се забрза или одрѓува компјутерот и слично.


технологии ЛЕТО

Во Македонија, без да ми замерат ако сум испуштил некого, имаме две домашни ИТ списанија, 3-4 српски, 3-4 хрватски и нешто повеќе ИТ списанија на англиски јазик. Додека домашните се сретнуваат секаде, странските ги има само во поснабдените трафики. Оние пак на англиски, само во продавниците специјализирани за увоз на странски списанија. Скоро сите се месечни изданија, а цената се движи грубо кажано од едно евро, па и над дваесет пати повеќе од тоа. Не секогаш споредбата на цените е репер за квалитетот на списанието, но вреди да се замислиме. На пример, вљубениците во 3д визуелизација, честопати купуваат специјализирани списанија, кои чинат околу 15

евра, но со нив доаѓа и диск кој содржи исклучително корисен материјал вреден и над 1000 евра. Од друга страна, ако е време за обнова на хардверот или софтверот, тогаш вистинските рецензии на компјутерите или анализите на можностите на лиценцирање, може да ни се најдат одлично при главоболките од типот: што и како да купиме. А верувајте, и најевтиното или „најлошто“ ИТ списание може да ни заштеди. И да има барем една корисна информација, сигурно е повредна од цената на списанието. Значи, некако добивката е загарантирана. Згора на тоа, јули и август се месеци кога излегуваат двоброевите на списанијата, што значи две списанија за цена на едно. Ова лето

веројатно ќе видиме и извесен број Таблет на плажа. Да нема забуна, големата буква Т е ставена само да не помислиме на таблети како лекарства, туку на исклучително згодните и функционални преносни компјутери со изглед на голем тач-скрин телефони. Таблет се со нас скоро цела година. Имаме навала од азиски производители, па цените им се особено достапни. Првичната намена на ваквите портабл компјутери беше за читање на електронски списанија и книги, но во меѓувреме станаа и компјутер, фотоапарат, и што ли уште не. Немам ништо против електронските списанија, напротив ми се допаѓа се за нив, поевтини се од печатените изданија и прилично се трајни (единствено ми недостасува карактеристичниот

мирис на печатените изданија). Сепак, пред да дојдете со Таблет на плажа, информирајте се повеќе. Евтините Таблет имаат тело од слабо квалитетна пластика. На сонце се збрчкуваат, на допир со вода лесно прегоруваат итн. Кој прочитал рецензии за ова, знае. Уште еднаш, корисен совет прочитан од списание може да ви ги заштеди парите дадени за набавка на Таблет. Без понатамошно лобирање за да понесете ИТ списание на плажа, би додал само дека списанијата одлично се надополнуваат со книгите, па едното не треба да го исклучи другото. Пријатно читање.

Трајче СТОјАНОВ, дипл.инж.арх.

3

15 јули 2011 ПОРТА

45


експерт

ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ

ВО ТРЕТОТО ДОБА Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA), во соработка со Организацијата за истражување во градежништвото (BRE), неодамна го промовираше прирачникот „Дом за цел живот: проектирање на простори за живеење за стари и повредливи лица“. Целта на прирачникот е да одговори на предизвиците за проектантите, што произлегуваат од продолжениот животен век, и од фактот што луѓето најголем дел од својот живот го поминуваат во своите домови. Оттука се налага потребата да се изнајдат проектантски и технолошки решенија, кои ќе им помогнат на лицата да ја сочуваат сопствената независност, стил на живеење и достоинство. (Специјално за Порта3 од Велика Британија)

О

вој јуни вниманието на британската јавност во голема мерка беше насочено кон проблемите на третото доба, а причина за таквиот однос навистина имаше многу. Владата подготви предлози за измени и дополни на пензиските закони, според кои, порано би се вовела новата зголемена општа старосната граница за стекнување на државна пензија на 66 години. Со ваквиот предлог најмногу би биле погодени повозрасните жени затоа што на неколку години пред нивното планирано пензионирање според постојниот закон, тие би се нашле во ситуација да работат дополнителни години, пред да можат да се стекнат со оваа пензија. Истовремено, се предлагаат промени на вториот пензиски столб за вработените во јавните служби, според кои би се зголемиле месечните придонеси на вработените, а би се намалиле исплатените пензии. Сиве овие предложени измени испровоцираа штрајкови и големи демонстрации во Лондон на крајот на минатиот месец. Паралелно со овие настани, бурни реакции во јавноста предизвика епизодата „Панорама“ на телевизиската програма на Би-би-си, во која беше прикажана репортажа за третманот на корисниците во приватен дом за згрижување на возрасни лица со пречки во развојот, во Бристол. Со скриена камера било регистрирано малтретирање на лицата во овој дом,

46

3

ПОРТА

15 јули 2011

каде што, според британскиот печат, престојот чинел над 3.000 фунти (1 фунта е приближно еднаква на околу 1,1 евро) по лице неделно. Не помали реакции предзивикаа најавите дека најголемиот ланец на приватни домови за згрижување на стари лица во земјата со над 30.000 корисници и 750 домови, се наоѓа во сериозни финансиски проблеми, и дека не е во можност да ја плати киријата за домовите што ги користат. Во истиот период беа објавени и резултатите на истражување, според кое се укажа на негрижата со која се соочуваат старите лица за време на нивниот престој во болници и домови.

ТРОШОЦИ ЗА НЕГА

Во текот на сите овие случувања беше објавен и таканаречениот „Дилнотов извештај“ (Dilnot Report) за „Посоодветно финасирање на негата“ (Fairer Care Funding). Според овој извештај, се предлагаат измени во сегашниот систем за лична нега во домашни услови и во домови за нега во Англија. Според сегашниот систем, државата ги покрива трошоците за лична нега (на пример, помош околу лична хигиена, облекување, исхрана, чистење и слично) само од оној момент кога севкупната вредност на личен движен и недвижен имот ќе падне под 23.250 фунти. Како резултат на ова, лицата што имаат потреба од нега, кога ќе ги потрошат паричните средства со

д-р Владимир Б. ЛАДИНСкИ, дипл.инж.арх. кои располагаат, се принудени да го продадат станот или куќата во која живеат, за да платат за негата. Ова важи дури и доколку само еден од сопружниците има потреба од нега, при што вториот ефективно станува социјален случај - бездомник, за кој општината во која живее треба да му помогне да најде место за живеење. Според извештајот, се предлага прагот на кој престанува потребата за плаќање на трошоците за нега да се зголеми од 23.250 фунти на 100.000 фунти. Исто така, се предлага и воведување на максимален износ до кој едно лице треба да придонесе за својата лична нега во текот на целиот свој живот, при што тој износ треба да се движи некаде помеѓу 25.000 и 50.000 фунти со сугестија дека 35.000 фунти веројатно би било оптимално решение. Во моментот обврската е неограничена, сè додека севкупната вредност на преостанат личен движен и недвижен имот не падне под 23.250 фунти. Според препораките на извештајот, се предлага корисниците на лична нега да партиципираат од 7.000 до 10.000 фунти на годишно ниво за сместувањето и исхраната, доколку живеат во дом. За илустрација, лице со исполнети услови за пензија по основ на стаж, платени придонеси и старост, прима полна годишна државна пензија од 5.312 фунти, а проценките говорат дека се потребни помеѓу 13.000 и 15.000 фунти годишно за едно лице, на

кое не му е потребна нега за да живее релативно нормален живот. Се разбира, „Дилнотов извештај“ допрва ќе треба да се разгледа и дебатира, пред да се преточи во законска регулатива. Но, врз основа на горенаведеното, лесно може да се заклучи дека е попожелно за сите нас да живееме што е можно подолго во нашиот дом, без оглед на тоа дали станува збор за стан или куќа. Оттука станува многу важно нашиот стан или куќа да бидат испроектирани и изградени на начин кој ќе овозможи најдолго што може независно или со минимална помош и нега да живееме во него.

RIBA

Во екот на сиот фокус на јавноста за проблемите на стареењето, на 30 јуни, „Кралскиот институт на британските архитекти“ (Royal Institute of British Architects – RIBA), го промовираше издавањето на прирачник за тоа како да се проектира за независност и достоинство, изготвен во соработка со „Организацијата за истражување во градежништвото“ (Building Research Establishment – BRE) под наслов „Дом за цел живот: проектирање на простори за живеење за стари и повредливи лица“ (A home for life: Designing living spaces for the elderly and vulnerable). Прирачникот се обидува да одговори на предизвиците за проектантите, што произлегуваат од продолжениот животен век, и


експерт од фактот што луѓето поголемиот дел од својот живот ќе го поминат во своите домови. Оттука се налага потребата да се изнајдат најдобрите проектантски и технолошки решенија, кои ќе им помогнат на лицата да ја сочуваат сопствената независност, стил на живеење и достоинство. Преку овој прирачник се прави обид да се надминат ограничувањата на сегашниот пристап, во кој главно се фокусира на обезбедување на пристапност до и во рамките на објектите, и да се види во кои насоки ќе се движи проектирањето за старите и повредливите лица во иднина. Истовремено, се прави обид да се помогне во тоа како е најдобро да се утврдат потребите на корисниците.

АВТОНОМИЈА НА ПОЕДИНЕЦ Со прирачникот се прави обид да се насочат архитектите и другите професии во доменот на изградената средина, вклучени во проектирањето и адаптацијата на објекти за домување, како најсоодветно да се задоволат потребите на старите и на лицата што боледуваат од хронични болести, а со цел да им овозможат активно, независно и достоинствено живеење. Во публикацијата се укажува како со интуитивно проектирање и асистивна технологија може да се подобри квалитетот на живеење, добросостојбата и автономијата на поединецот, а притоа истите да бидат воведени на ефективен, сразмерен и економски достапен начин. Меѓу другите, како клучни очекувања од проектот во прирачникот се посочуваат:

• Овозможување на пристап и влез во домот преку обебедување на значајни визуелни репери во пејзажното уредување, како на пример дрвја, растенија со цветови во боја и пријатни миризби, како и користењето на контрастни материјали и бои на влезните врати; • Браварија која лесно фунционира со особено внимание на употребените кваки, и брави кои би требало да се користат низ целиот објект; • Мазни, рамни и отпорни на лизгање подни површини низ целиот стан или куќа; • Соодветен простор за непречено движење низ просторот; • Лесно достапни штекери и

прекинувачи за светло. Во публикацијата, исто така, се укажува на новите и идните технологии, од кои се очекува да ја зголемат независноста и да го подобрат квалитетот на живот на корисниците, како на пример, примената на подни сензори кога ќе се случи тревога, па сè до футуристичките интелигентни тоалети, кои ќе можат да го анализираат отпадниот материјал и да ги испратат резултатите до матичниот лекар на лицето. Во документот, исто така, се посочени препораки за изготвување на проектната програма врз основа на информации за специфичните потреби на лицето. Така на пример, за лице кое поминува подолго време во кревет, се препорачува да бидат земени предвид следниве аспекти:

• Дали лицето може да види кој се наоѓа пред вратата кога звончето ќе звони? • Дали може да се заврти телевизорот додека се лежи во кревет? • Дали преносен компјутер лесно може да се користи во креветот? • Дали лицето може да го отвори и затвори прозорецот? • Дали може лесно да се јаде во креветот? • Дали светлото може лесно да се смени врз основа на навиките за читање на лицето? Според претседателката на Кралскиот институт на британските архитекти, Рут Рид (Ruth Reed), доброто проектирање игра витална улога во определбите да им се помогне на повозрасните и повредливите лица да живеат достојни и независни животи, како

и да се поддржи капацитетот и ефективноста на лицата што ја даваат професионална нега на овие лица. Со оглед на брзото стареење на населението во Обединетото Кралство, се очекува во наредните дваесет години една третина од Британците да имаат 60 или повеќе години, што ќе наложи примена на нови начини за ефикасна нега. Доколку луѓето бидат поддржани да останат во своите домови колку е можно подолго, тогаш приспособувањето на физичката средина, и на начинот на кој таа е испроектирана да ги задоволи потребите на овие лица со различни нивоа на мобилност и способности, ќе биде клучна за реалиацијата на овие определби.

МАКЕДОНИЈА

Со оглед на тоа што во сегашните демографски тенденции во Република Македонија одат кон побрзо стареење на населението, а начинот и темпото на живот ги намалуваат можностите за работно активните членови на семејството да се грижат квалитетно за своите деца, сопружници и родители, веројатно постои потреба за попродлабочено, посеопфатно и интердисциплинарно разгледување на аспектите на стареењето и грижата на повредливите лица, со цел што е можно подобро и побрзо да се одговори на овие предизвици не само на иднината туку и на нашата сегашност.

3

15 јули 2011 ПОРТА

47


еко инфо ВАШИНГТОН

70 милиони долари за истражувања на геотермални извори

Американската Влада обезбеди 70 милиони долари, кои во следните три години ќе можат да се искористат за развој на примената на геотермалната енергија. Тоа ќе им помогне на САД во остварувањето на националната цел за производство на 80% од енергијата од чисти обновливи извори до 2035 година. Американската геодетска управа ја проценува моќноста на американските геотермални извори на 30MW. Наведените средства се наменети за истражување на нови технологии кои би требало да го подобрат лоцирањето на геотермалните ресурси. САД се сериозен производител на енергија од геотермални извори на светско ниво, односно над 1/3 од сите геотермални електрани во светот се лоцирани токму во САД. (UPI)

ЛОНДОН

„Тојота“ преоѓа на сончева енергија

Во рамките на својата програма за конструирање одржливи погони, автомобилската компанија „Тојота“ го презеде првиот чекор во Велика Британија. Во соработка со британската компанија British Gas, ќе реализира проект вреден 10 милиони фунти, односно ќе изгради фотоволтаична електрана со 17.000 модули. Договорот веќе е потпишан, а електраната ќе биде изградена во фабриката во Derbyshire. Се очекува оваа електрана да генерира електрична енергија доволно за производство на 7.000 автомобили годишно, со што ќе се оствари намалување на емисијата на јаглероден диоксид за 2.000 тони годишно. (Motor Trade News)

ИСТАНБУЛ

Климатизација од сончева енергија

Во Турција започна голем приватен проект за инсталирање на клима уреди кои ќе работат на сончева енергија, и тоа првенствено по хотелите на еден од најпопуларните туристички региони - Анталија. Стручњаците проценуваат дека таквите уреди би можеле да заштедат електрична енергија и до 70%, а инвестицијата кај секој од хотелите би се вратила за 5-6 години. Пресметано е дека во хотелските трошоци на подрачјето на Медитеранот, трошоците за енергија учествуваат со 10-15%. Со инсталирањето на соларните клима уреди, освен намалувањето на сметките за струја, се намалува и емисијата на јаглероден диоксид. Од друга страна пак, хотелиерите во овој сегмент веќе не мора да се грижат за флуктуациите на цените на електричната енергија на пазарот.

48

3

ПОРТА

(energetika-net) 15 јули 2011


еко инфо БРИСЕЛ

ЕУ ќе дозволи извоз на радиоактивниот отпад надвор од Унијата Согласно заклучоците на Одборот за енергетика при Европскиот парламент, членките на ЕУ треба да дозволат извоз на радиоактивниот отпад во земји вон Унијата, под услов отпадот да е претходно обработен во склад со правилата на сигурност. Се работи за голем пресврт во однос на директивата од декември минатата година, кога е предложено секоја држава - членка да изработи сопствена програма за згрижување на отпадот, а извозот да се забрани. Но, веројатно Европа сфати дека сепак нема каде со својот нуклеарен отпад. Засега, единствено Финска гради трајна депонија за потрошеното нуклеарно гориво длабоко под земја. Останатите држави се повеќе сметаат на опцијата извоз, пред сè, во Русија, Африка, Казахстан и други држави кои своето законодавство веќе го имаат приспособено со цел овозможување увоз на опасен отпад. Досега во светот се произведени околу 270.000 тони високорадиоактивен отпад, кој насекаде е привремено сместен во базени за ладење покрај самите нуклеарки. Решение за негово трајно згрижување по ладењето што може да трае од десет до сто години, всушност сè уште и не е пронајдено.

(energetika.net)

АНТВЕРПЕН

Прв железнички тунел со соларна енергија во Европа

Застапеноста на „зелените“ технологии во Кина во рок од една година забележа пораст за 77%. Градот Антверпен го доби првиот железнички тунел во Европа на соларен погон, изграден на линијата Париз-Амстердам. Тунелот е долг 2,1 милја и ќе се снабдува со „чиста” енергија преку 50.000 соларни панели инсталирани на покривот. Инсталирана од страна на белгиска соларна компанија, целокупната опрема ја чини белгиската Влада 20,1 милиони евра, и покрива површина еднаква на 8 фудбалски игралишта. Соларните панели не само што ќе обезбедуваат енергија за возовите туку и ќе овозможат снабдување со електрична енергија на околу 950 домаќинства, бидејќи вкупниот капацитет за производство на електрична енергија изнесува 3.300 MWh годишно. На тој начин, значително ќе се намали јаглеродниот интензитет во областа. (Green Optimistic)

СИНГАПУР

Трансформирање на јаглеродниот диоксид во енергија?

Истражувачки тимови од Малезија и Кина, работат на пронаоѓање различни технологии со кои ќе се овозможи целосно заробување на јаглеродниот диоксид од индустријата и негово претворање во енергија. Се работи за петгодишен проект на Универзитетот во Пекинг и Технолошкиот Универзитет Нанјанг од Малезија, преку кој за првпат заробувањето и трансформацијата на јаглеродниот диоксид ќе се прави со фотохемиски и електрохемиски процеси. Целта е најголем дел од јаглеродниот диоксид да се претвори во соединение кое е енергетски ресурс, како на пример метанот. Се очекува истражувањето значително да придонесе во одржливоста, пред сè на енергетскиот сектор базиран на фосилни горива, односно во намалување на јаглеродниот интензитет. (China Daily) подготви: Даниела МЛАДеНОВСкА

3

15 јули 2011 ПОРТА

49


екологија

ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ГЕОТЕРМАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

Геотермалните води во Македонија се со недоволна температура, и според податоците од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, тоа претставува причина поради која овој вид енергија не се користи за добивање на електрична енергија

Г

еотермалната енергија моментално претставува најнесериозно сфатен извор на енергија во целиот свет. Слободно можеме да кажеме дека количествата на достапна геотермална енергија се практично, неограничени. Но, нејзиното време полека но сигурно доаѓа. На голема врата. Овој вид енергија доколку правилно се развие и се искористи, во комбинација со сончевата и енергијата добиена од ветерот, слободно може да се мери со

50

3

ПОРТА

15 јули 2011

количеството добиена енергија од моментално најексплоатираните извори како што се јагленот, нафтата и гасот заедно! А замислете само кога на ова количество ќе се додаде и енергијата што може да се добие од малите хидроцентрали, односно од водата како обновлив ресурс. Очигледно е дека обновливите ресурси конечно ја добиваат „битката“ против традиционалните, необновливи ресурси на енергија. Геотермалната енергија на површината на Земјата се појавува преку разните природни појави:

вулкани, гејзери, извори и бари врз топла вода. Истата е во вид на топла вода и/или пареа која доаѓа од внатрешноста на Земјата. Овој вид енергија може да се користи за загревање на различни објекти, но може да се користи и како електрична енергија. Исто така, геотермалната енергија си наоѓа своја примена како вода во разните бањи ширум светот - за лекување и рекреација.

МАКЕДОНИЈА

Конкретно за Македонија,

геотермалните води кои се наоѓаат на нашата територија се со недоволна температура, и според податоците од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, ова претставува причина поради која овој вид енергија не се користи за добивање на електрична енергија. Засега се познати околу 18 геотермални полиња со над 50 геотермални извори, со температура од 20ºС до 78ºС. Нивниот вкупен одлив е проценет на околу 1000 l/s. Како извори со највисока температура ќе


екологија

ги издвоиме бањите во Катланово (54,2ºС), Негорци (53,2ºС), Кочани (50,6ºС ), Косоврасти (48,5ºС), додека како извори кои се карактеризираат со најголем одлив се во Косоврасти (68.8 l/s), Банско (55 l/s) и Негорци (40 l/s). Според разни експерти, проценката на геотермалните ресурси во Македонија, производството на енергија од геотермална енергија изнесува околу 210 GWh, а потенцијалот се проценува на околу 500 GWh – 600 GWh.

Во нашиот случај, паметно би било сите геотермални извори да се искористуваат за рекреација и лекување, а доколку индивидуално граѓаните сакаат да ја искористуваат геотермалната енергија во нивните домови, тоа можат да го направат ако дојдат до подземните води, нормално со бушење. Геотермалната енергија можат да ја искористуваат како топлинска, бидејќи како што спомнавме претходно нашите геотермални извори ретко можат да ги задоволат условите за добивање на електрична енергија.

Достапната количина на геотермална енергија, најчесто се потценува поради тоа што нејзината употреба како извор на електрична енергија зависи од бројот на места од каде што извира, или поточно кажано, каде што излегува топла вода или пареа на површината на Земјата. Истите не се многу, но се со огромен капацитет. Геотермалната енергија во иднина ќе претставува значаен извор на енергија, извор на кој треба да му посветиме поголемо внимание. Во светот како и во Европа до

2020 година, сите земји треба да го намалат искористувањето на необновливи ресурси (јаглен, нафта, гас) за 20 %, и да се стремат производството на енергија од обновливи ресурси да достигне 20 %. Само на овој начин ќе се придонесе за поздрава животна средина, за сите живи организми на нашата планета. Време е за промени, време е да почнеме веднаш. Никола НеШкОСкИ,

дипл.инж.на жив.средина /еко-менаџер

3

15 јули 2011 ПОРТА

51


екологија

5. КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЖЕНЕВА НЕ ГО ДАДЕ ПОСАКУВАНИОТ РЕЗУЛТАТ

АЗБЕСТОТ НЕ СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НАЈОПАСНИ ХЕМИКАЛИИ ЗА УВОЗ

Б

елиот азбест нема да се најде на меѓународната листа опасни индустриски хемикалии кои може да бидат забранети за увоз. Ваква одлука донесоа учесниците на 5. средба на Конференцијата на земјите членки на Ротердамската Конвенција што се одржуваше во Женева, Швајцарија, од 20 до 24 јуни годинава. Агенцијата Ројтерс пренесе дека големите извозници како Виетнам, Канада, Киргистан, Казахстан и Украина се земјите што се спротивставиле на предлогот оваа опасна материја да влезе во листата забранети за извоз, заради што за белиот азбест повторно ќе се расправа дури во 2013 година, на наредната средба на земјите членки на Конвенцијата од Ротердам. На Конференцијата

52

3

ПОРТА

15 јули 2011

во Женева учествуваа повеќе од 500 учесници, претставници на повеќе од 135 владини, меѓувладини и невладини организации.

ПЕСТИЦИДИ

Австралија, Чиле и Европската Унија, пренесува Ројтерс, биле меѓу најгласните на средбата, што барале белиот азбест да се најде на меѓународната листа на хемикалии и опасни пестициди, за кои извозниците мора да споделат информации за нивната штетност. На листата, со консензус, е додаден пестицидот ендосулфан забранет во многу држави, но сè уште се користи во повеќе тропски земји во производството на кафе и чај. Беа додадени и два други пестициди, алахлор

Големите извозници како Виетнам, Канада, Киргистан, Казахстан и Украина се земјите што се спротивставиле на предлогот белиот азбест да влезе во листата забранети за извоз, заради што за оваа опасна материја повторно ќе се расправа дури во 2013 година, на наредната средба на земјите членки на Ротердамската Конвенција

и алдикарб, со што познатата листа сега брои 43 супстанции. Глобалниот договор од Ротердам ја поддржува размената на информации во меѓународната трговија со опасни хемикалии, со цел да се заштити човековото здравје и животната средина. Вклучувањето нови хемикалии на меѓународно признатата листа обезбедува размена на информации меѓу земјите потписнички, и им помага да донесуваат решенија за увозот на тие хемикалии врз база на понудените информации. Како што објаснуваат од Конвенцијата, преку циркуларно писмо земјите се информираат меѓусебно за забраните и сериозните рестрикции во увозот и употребата на опасните хемикалии во одредени земји,

како и за евентуалните инциденти поврзани со употребата на опасни хемикалии кои довеле до труење на луѓето или штета во животната средина. Конвенцијата им помага на земјите подобро да управуваат со хемикалиите и да го спречат увозот на опасни супстанции. Брзиот развој на производството на хемикалии и трговската размена во последниве три децении предизвика загриженост за потенцијалните ризици и опасности од хемикалиите и пестицидите. Земјите што немаат потребна инфраструктура да го следат увозот и употребата на овие хемикалии, како што се земјите во развој, се особено ранливи. Под покровителство на Обединетите нации, на 24


екологија

Македонија стана членка на Конвенцијата во 2010 година

февруари 2004 година стапи на сила Конвенцијата од Ротердам што е обврзувачка за земјите потписнички. Македонија стана членка на Конвенцијата во 2010 година.

ЕПИДЕМИЈА НА ПОВИДОК

Загадувањето со азбест може да е проблем кој исчезнува во Европа и во САД, но сè уште претставува огромен проблем за земјите во развој, како Индија и други азиски земји. Азбестот е минерал од семејството на силикатите материјал отпорен на оган, топлина и хемикалии, па затоа наголемо се користи во градежништвото и во автомобилската индустрија. Според Светската здравствена организација, кога честичките азбест ќе се вдишат, тие го оштетуваат

ткивото на белите дробови. Тоа остава ранички кои се зголемуваат и ја намалуваат можноста на органот да го обработи кислородот. Таквите оштетувања може да доведат до појава на рак, недостиг од воздух и болки во градите. Не постои минимално ниво на азбест на кое човековото тело би можело да биде изложено. Понекогаш се потребни и 20 години за да се појават првите симптоми на болест предизвикана од изложеност на азбест. Мрежата на еколошки вести (ЕНН) деновиве потврди дека Индија е најголемиот увозник на азбест во светот. Најголемиот дел од увезениот материјал оди за производство на покривни плочи. Бројни индиски компании се занимаваат со производство

на вакви плочи. Условите за работа во таквите фабрики, како што пренесува ЕНН, се незадоволувачки, а работниците немаат ниту основни средства за лична заштита - маска и ракавици. Магазинот Science Daily, пак, пренесе вознемирувачка статија објавена во журналот Respirology со сериозно предупредување дека смртноста во Азија може значително да се зголеми како резултат на белодробни болести поврзани со изложеноста на азбест. Според статијата, на азиските земји отпаѓа 64 отсто од светската потрошувачка на азбест во периодот 2001-2007 година, што е резултат на нерегулираниот увоз на овој материјал. СЗО го идентификува азбестот

како еден од најголемите канцерогени во работната околина и предупредува дека тој треба да се исфрли од употреба. Според нивните проценти, годишно во светот умираат околу 107.000 луѓе од болести поврзани со изложеност на азбест. Од СЗО стравуваат дека со порастот на употребата на азбест во азиските земји може да се случи овој број драстично да се зголеми. Научниците наголемо бараат целосна забрана на употребата на азбест во светот. Само 52 земји имаат ваква забрана, но голем број земји сè уште експлоатираат, употребуваат, извезуваат или увезуваат азбест и негови продукти. Сашо кузМАНОВСкИ

3

15 јули 2011 ПОРТА

53


екологија

КОМПОСТИРАЊЕ конзервирана храна, семки, пластика, стакло и отпад кој може да се рециклира, и каков било отпад третиран со хемикалии. Компостирањето е процес во кој влегува кислород, азот, вар (преку разградување на органската материја со помош на микроорганизми) и вода, притоа ослободувајќи топлина, вода, СО2 и азот.

СОЗРЕВАЊЕ

К

омпостирањето претставува евтино и ефикасно природно решение за реупотреба на биоразградливиот (органски) отпад од вашиот објект, двор или кујна, разградувајќи го преку комбинација на биолошки и хемиски процеси и временски услови до природна материја - материја која може да се искористи како ѓубриво во земјоделието, градините, во пејзажното уредување, контролата на штетници. Овој отпад е 45-55% од вкупното количество отпад што се складира на депонии, па затоа неговата ре-употреба е многу полезна. Што сè може да се компостира? Отпад од градината: лисја, гранки, трева, остатоци од земјоделски култури, кујнскиот органски отпад како лушпи од овошје и зеленчук, животински фекалии, милта од канализациони води. Не треба да се користи месо, коски, риба, храна со маснотии,

Времето за созревање на компостот е од 2 до 3 месеци, побргу во лето, побавно во зимскиот период. Најефикасно разградување се случува кога влагата и проветрувањето се погодни, кога резидуите се мали и кога ѓубривото и варот се дозираат во најсоодветни количества. Вар се додава бидејќи ја намалува киселоста (односно pH) ослободена преку материите богати со азот. Микробите што ја разгадуваат органската материја бараат аеробни услови, односно постојан проток на кислород, иако компостирањето е можно и преку анаеробни организми во анаеробни услови (без кислород, но е бавно и пропратено со ослободување на непријатни мириси). Мешајќи ја содржината еднаш до двапати месечно, го обезбедуваме потребниот кислород и го забрзуваме процесот на созревање. Доколку не се промешува, компостот созрева четири пати подолго. Добро измешаниот компост достигнува повисоки температури (над 60°С), убивајќи ги на тој начин патогените организми. Соодносот на јагленород во однос на азот треба да се движи помеѓу 25:1 и 30:1 за креирање на идеални услови за компостирање. Премалиот сооднос му овозможува на азотот ослободување во атмосферата, а повисокиот го пролонгира времето на компостирање.

УСЛОВИ

Освен микроорганизмите во компостот може да навлезат и други инсекти или животни, како 54

3

ПОРТА

15 јули 2011

на пример мравки, лебарки, глувци, односно стаорци. Соодветни мерки за заштита се решетки, покривање на кантите за компост, додавање вар и слично. Соодветна влага е исто така од голема важност за подобрување на активноста. Доколку нема доволно количество врнежи, содржината мора периодично да се наводнува, но без преголеми количини вода, која би создала анаеробни услови кои го успоруваат процесот и ќе ослободат непријатни мириси во воздухот.

Во однос на структурата на компостарата, доколку е за домашни потреби или за услужни дејности, може да биде пластична или метална канта за таа намена, а ако станува збор за индустриска постројка или поголема институција (на пример, училиште) тогаш може да е повеќелиниска и дрвена. Дрвото мора да е заштитено од распаѓање и штетници. За третман на поголеми количества органски отпад се градат компостни постројки, кои прифаќаат и третираат разни


екологија

видови на биоразградлив отпад од повеќе стопански дејности во еден регион. Истите треба да се оградени, под строга контрола и далеку од населени места.

БЕНЕФИТИ ОД КОМПОСТИРАЊЕ

Со добивањето на природниот компост се намалува користењето на вештачките ѓубрива, се остварува профит. Се заштедува енергија, се врзуваат поголеми количини на СО2 во земјоделската почва, намалувајќи го нивното ослободување во атмосферата

(намалено влијание врз климатските промени), се подобрува плодноста, порозноста, и ја намалува шансата од ерозија и лизгања на земјиштето. Се обезбедува голем број макро и микро нутриенти, односно органска материја потребна за растот на растенијата, задржува и деградира одредени загаувачи, и го намалува количеството на отпад пратен на депонија. Во Македонија токму сега започнува пилот-проект за изградба на првата компостара во општината Ресен, финансиран од Глобалниот Еколошки Фонд. Истата ќе

биде лоцирана до постоечката депонија за отпад на 2,5 км североисточно од градот Ресен, со површина од 2.700 м2 и ќе го собира органскиот биоразградлив отпад од преспанскиот регион од четири собирни пунктови. На оваа компостара се очекува да се компостира максимално 1.600 м3 отпад на годишно ниво. Како што е познато, преспанскиот регион има проблеми со големите количини отпадни јаболка и други видови на земјоделски отпади, а поради големата површина под земјоделски култури има потреба

од висококвалитетни ѓубрива. Досегашните практики на нелегално ослободување од овој отпад, покажуваат огромни притисоци врз реките и езерото. Со изградба на компостарата, земјоделците од регионот ќе имаат двојна корист - ефикасно отстранување и добивање на природен компост кој се користи како ѓубриво. Отпадот ќе се распоредува во паралелни купови и постепено ќе се разложува до висококвалитетен компост во аеробни услови. м-р Игор рИСТОВСкИ

3

15 јули 2011 ПОРТА

55


хортикултура

ДЕКОРАТИВНИ ГРМУШКИ КАКО ЗЕЛЕНА ПОКРИВКА

Ruscus hypoglossum

К

ористењето на декоративни грмушки за покривање на површини под земја не е непозната активност во озеленувањето кај нас, но во последните години добива сè поголема употребна вредност. Имено, со соодветен избор на декоративни грмушки според нивните морфолошки и еколошки карактеристики - декоративни по формата на надворешниот изглед и надземните органи (листови, цветови, плодови), отпорност на надворешни влијанија (долготрајни суши, ниски температури, силни ветрови), развивање на плиток, но разгранет коренов систем, како и особености кои укажуваат на нивната скромност во негата и одржувањето - поретко закројување, постапно, но релативно брзо надополнување на лисната маса, продолжено цветање со лесно отстранување на прецветаните органи и можност за едноставно генеративно или вегетативно размножување, ги искачува овие

56

3

ПОРТА

15 јули 2011

дрвенести видови на првото место по декоративната и еколошката хортикултурна вредност. Тоа доаѓа до израз особено на места каде што не е од голема полза засадување на дрвја (во потстојниот кат, односно под поголеми дрвја или онаму каде што почвениот профил не е доволно длабок), како и на падини или до рабовите на градината (хоризонтални и вертикални). За разлика од тревестите декоративни видови, украсните грмушки со засадување и заземање на просторот над почвата многу брзо го „прекриваат“ и плевелот околу нив, така што со својот низок и разгранет раст му помагаат на градинарот во совладување и отстранување на несаканите природни појави, иако станува збор за вештачки подигната зелена површина. Тоа дополнително е изразено доколку станува збор за зимзелени грмушести видови, кои со своите прилегнати форми преку целата година не му дозволуваат на семето од плевелот

Декоративните грмушки, кои може да се употребат за природна зелена покривка врз земјата во градината, вршат повеќекратна функција: декоративна, со своите различни лисни форми и бои преку целата вегетациска сезона и плодовите за време на целата година, како и еколошка, односно заштита на почвата од изразено измивање на падини, подобрување на водно-воздушниот режим, збогатување со органски материи и механичко филтрирање на честичките од прашина да има пристап до светлина и вода, односно хранливи материи. Во однос на подготовка на почвата за засадување, грмушките се многу скромни, бидејќи обично прекопување со длабочина на ашов или мотокултиватор е сѐ што им е потребно. Не е потребна посебна обработка на почвата, а пак ако се работи за контејнерски садници, единствената работа е ископување на дупки на соодветно растојание за засадување, бидејќи контејнерските садници имаат оформено симбиотски односи со бактериите или габите во и околу кореновите влакненца во садовите во кои се развиваат. По процена на стручно лице, особено ако станува збор за видови со бавен раст, почвата по засадувањето може да се наѓубри и покрие со најлонска прекривка и/ или стерилизиран мулч (толченик, ризла, песок, дрвен чипс и слично). Негувањето е многу едноставно, и се врши со поткастрување на престарените гранчиња или закројување поради згуснување

на грмушестиот зелен покривач.

ПОКРИВАЧ НА ПОТСТОЈНИОТ ВЕГЕТАЦИСКИ КАТ Kај нас грмушестите видови кои се користат како зелен покривач се употребуваат за озеленување на потстојниот кат, односно во засена, под крошните на постојните дрвја. Така, мошне успешно се зазеленува дел од површината под почва која доколку не биде засадена со грмушки, сигурно ќе биде проблематична во однос на изборот на соодветна тревна смеса или луковичести растенија за засена, а дополнително ќе биде и потешка за одржување. Со засадување на полегната мушмулица (Cotoneaster sp.), анамска рака (Lonicera sp.), зеленика (Buxus sempervirens), калина (Ligustrum vulgare), Juniperus squamata, жолтиките (Berberis julianae, B. vulgaris, B. thunbergii ‘atropurpurea’), Ruscus hypoglossum под крошната на дрвјата, односно непосредно до деблото ќе се постигне убав ефект


хортикултура Заечка (Coronilla emerus ssp. emeroides)

Смрделика (Juniperus sabina)

Махонија (Mahonia sp.)

Мајчина душичка (Thymus sp.)

Кривуљ (Pinus mugo)

Предложените украсни грмушки првенствено се економични за нега и правилно одгледување. Може да се сретнат речиси во сите производствени капацитети за декоративен саден материјал во Република Македонија, а дел од нив се присутни во македонските дворови уште одамна и може да се каже дека се традиционални растителни дворни украси. Сите видови се отпорни на аерозагадување, па поради тоа се користат како вистинска освежувачка декорација во булеварското и блоковското зеленило во поголемите урбани средини кај нас и во подрачја во светот со слични климатски карактеристики на оние што преовладуваат во нашата земја.

на покривање на површината со растителна прекривка декоративна по своите листови. Со Vinca major, некои видови на мајчина душичка (Thymus spp.), Santolina spp., рoзмарин (Rosmarinus spp.) и лавандер (Lavandula spp.) зелениот грмушест покривач ќе се збогати со миризливи и украсни цветови, а градината ќе добие интересни бои и текстура. Махонијата (Mahonia aquifolium), пак, е еден комплетен грмушест вид, украсен во текот на целата година со своите листови, соцветија, бобинки и општиот надворешен изглед. За создавање грмушеста покривка на отворени, односно сончеви месторастења, може повторно да се засадат горенаведените видови, поради нивната широка еколошка амплитуда.

ПОКРИВАЊЕ НА ПАДИНИ

При изборот на грмушести видови за покривање на закосени површини, кои во градината најчесто претставуваат благи падини, треба да се внимава на изложеноста на падината, односно

дали да се употребат светлољубиви видови - доколку се работи за сончева изложеност (присојна страна) или сенкоподносливи видови - на осојна страна. Најчесто се избираат видови со умерена еколошка амплитуда во однос на сончевата светлина. Кај овој тип на создавање зелен грмушест покривач најблагородната улога на грмушките е цврста стабилизација на хранливиот почвен слој и спречување на појава на ерозивни процеси - измивање на почвата од дожд/полевање, запирање на ерозијата предизвикана од ветар, како и намалување на испарувањето на почвената влажност и одржување на свежина во почвата како медиум врз кој растат и се развиваат овие грмушести стабилизатори. Затоа се засадуваат брзорастежни и најчесто зимзелени видови на мало меѓусебно растојание. На тој начин зелената покривка обраснува за кус временски период и ја покрива изложената земја со голема густина. Едновремено, градината добива нов лик - уште една богата и разновидна зелена

површина, целосно прекриена со вегетациски разнобоен килим. Како едни од најползуваните грмушести видови за озеленување на падини, со широка еколошка амплитуда и широкоразгранета приземна форма, може да се споменат смрделиката (Juniperus sabina), полегнатата форма на модрата смрека (Juniperus ‘horizontalis’), куриката (Euonymus europaea, E. fortunei), повеќе видови кантарион (Hypericum spp.), млечката (Euphorbia glabriflora), плускавецот (Colutea arborescens), Genista spp., Cytisus spp., заечката (Coronilla emerus ssp. emeroides), борот кривуљ (Pinus mugo) и др. Доколку падината зафаќа поголема површина, грмушестиот покривач може да се формира со видови кои имаат различен височински раст и колорит, и на тој начин да ја разбијат евентуалната монотонија. текст и фото: м-р Бојан СИМОВСкИ

Катедра за ботаника и дендрологија УКИМ Шумарски факултет во Скопје

3

15 јули 2011 ПОРТА

57


www.porta3.com.mk

рубрика

58

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

3

ПОРТА

15 јули 2011


рубрика Сеуште губите време во објаснување на Вашите клиенти за Вашата локација Контакт: Тел: +3892 / 6090 - 671 Моб: +38978 / 330 - 313 contact@directorium.mk Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“ Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

3

15 јули 2011 ПОРТА

59


арт инфо МАДРИД

Римски пејзажи во „Прадо“

Во мадридскиот музеј „Прадо“ е поставена изложбата „Рим: природа и идеални пејзажи 1600-1650“. Целта на изложбата, што ќе трае до 25 септември, е жанрот пејзаж од Рим во раниот 17 век па сè до целосниот негов развој. Овој проект од повеќе од 100 дела е најамбициозниот проект досега на музејот „Прадо“, кој соработува со музејот „Лувр“. Со цел да се понуди најважната селекција на пејзажи од овој период, се позајмени дела од 50 различни извори. Овие дела, исто така, се сконцентрирани и на хронолошкиот развој на жанрот, од неговото зачнување, па сè до неговото созревање.

ВАШИНГТОН

Фотографии од првиот концерт во САД на аукција

Педесет фотографии кои фоторепортерот Мајк Мичел ги снимил од првиот концерт на „Битлси“ во Вашингтон ќе бидат на аукција во „Кристи“, која ќе трае до 20 јули. Се очекува црно-белите фотографии да бидат продадени за повеќе од 100 илјади долари. Во 1964 година, кога бил концертот, Мичел имал 18 години и работел како репортер за списание од Вашингтон. Мичел за американски медиуми изјавил дека тоа било поинакво време, кога мерките за безбедност на познатите пејачи не биле толку строги, и кога новинарите можеле слободно да им приоѓаат и да комуницираат со нив. Фотографиите досега не се објавувани и имаат своевидна „историска“ вредност. Мичел го чувал и негативот од филмовите, и фотографиите ќе бидат понудени за изработка преку класичен систем, користејќи дигитална технологија за подобар резултат. 60

3

ПОРТА

15 јули 2011

ЛОНДОН

Љубовниците на Пикасо

Портретите на три љубовници на Пабло Пикасо биле најмногу барани на аукцијата на „Кристи“ одржана неодамна во Лондон, а главна ѕвезда во вечерта на импресионизмот и модерната уметност била „Жената која седи во син фустан“ на која е претставена Дора Мар. Оваа слика јавноста не ја видела од 1967 година, а е продадена за 29, 1 милиони долари. Втора најскапо продадена слика на таа аукција била „Девојката која сонува“ портрет на Волтер од 1935 година, кој достигнал цена од 21, 9 милиони долари. Сликата е подарок на Универзитетот во Сиднеј од страна на анонимен донатор со услов истата да биде продадена и парите да бидат вложени во научни истражувања. Дора Мар е родена како Анријет Теодора Марковиќ во Париз во 1907 година во еврејска заедница. Нејзиниот татко бил хрватски архитект кој работел во Јужна Америка каде што Дора растела. Кога го запознала Пикасо во 1936 година тој веќе бил познат фотограф, а таа го фасцинирала со својата убавина и луцидност.


арт инфо СКОПЈЕ

„Полски плакат“ во „Мала станица“ Во Националната галерија на Македонија, во објектот „Мала станица“ е отворена изложбата „Полски плакат“ со богат избор на полски плакати од театарски претстави, филм,

ликовни изложби, музички манифестации, туристички мотиви и други културни настани. На изложбата се застапени сите цртачки, сликарски и графички техники во зависност од потребата на уметникот и неговата идеја.

Изложбата е збогатена со триесетина графики изработени во сите техники. Националната галерија на Македонија со оваа поставка се приклучува кон празнувањето на почетокот на полското претседателство со ЕУ. Плакатот е една од најпрепознатливите полски современи уметнички изразни форми. Изложбата е составена од плакати на повеќемина автори, претставници на двете најважни полски школи на плакатот – Варшавската и Краковската. Овие школи, по својот специфичен приод во областа на графичкиот дизајн, како и сите претставници кои излегуваат од нив, се познати и препознатливи не само во рамките на Полска, понатаму Европа, туку и ширум светот.

ЊУЈОРК

Сеќавање на Сидни Ламет во Њујорк

Филмското здружение на центарот „Линколн“ ќе му оддаде почит на еден од омилените њујоршки синови, покојниот режисер Сидни Ламет. Според организаторите во центарот „Линколн“, се планира да се одржи еднонеделна ретроспектива со наслов „Градскиот принц: сеќавање на Сидни Ламет“. Проекциите ќе се одржат од 19 до 25 јули, во театарот „Волтер Рид". Меѓу филмовите што ќе бидат прикажани се најавуваат „Трчајќи во празно“, „Градскиот принц“, „Жешко попладне“, „ТВ мрежа“ и „Лихвар" во режија на Сидни Ламет. Ламет почина во април годинава на 86-годишна возраст, во својот дом во Менхетн.

СКОПЈЕ

Легат на Родољуб Анастасов за Македонија

Збирката што ќе го носи името на Родољуб Анастасов ќе брои околу 400 дела од целокупното негово творештво. Така, еден од најистакнатите македонски современи ликовни уметници Родољуб Анастасов, целокупното свое творештво и сe што ќе остане во неговото ателје и по својата смрт, го подарува на Музејот на Скопје. Стручните соработници од Музејот подолг период престојувале кај Анастасов, ги попишале сите дела, ги фотографирале и направиле албуми. Сега засега се знае дека станува збор за легат од 389 дела, цртежи, акварели, пастели, како и дела работени во комбинирана техника и масло на платно, од целокупното творештво на Родољуб Анастасов, работени од 1957 до 2010 година. подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

3

15 јули 2011 ПОРТА

61


СОБА ЗА ДВЕ СЕСТРИ

совети

62

3

ПОРТА

15 јули 2011

- Сестра ми и јас ја делиме собата. Сакаме да ја преуредиме за да не биде само за спиење. Во неа треба да има два кревета, софа, работни масички и столчиња, телевизор, гардеробен плакар и библиотека. Ви испраќаме основа со сегашниот распоред на мебелот и се надеваме дека ќе ни предложите подобро решение. Ана, Скопје

Т пред

потоа

инејџерите веќе имаат развиен вкус, и знаат каква соба им е потребна. Навистина е добро собата освен за спиење, да има и други функции. Едниот кревет во вашата соба можете да го кренете на кат, а под него да поставите софа која дење ќе служи за седење, а понекогаш на неа може да преспие и некоја ваша другарка. Важно е просторот да се организира така што секоја од вас ќе има своја приватност во собата. Гардеробниот орман може да го подели просторот, па едниот кревет, работната масичка со столче и седалката да останат во едниот дел, а креветот на кат, масичката за компјутер, софата и библиотеката во другиот дел од собата. Задната страна од гардероберот на кој се потпира работната маса, убаво е да се облепи со тапет. Поставете ја библиотеката наспроти софата. Таа треба да биде ненаметлива, можеби во вид на отворени касети, но да има и место за телевизор. Работните површини на масичките осветлете ги со ламби, стоечки или поставени на масичките. Ламби треба да има и покрај креветите. Собата декорирајте ја по свој вкус и не дозволувајте да ве обесхрабрат поинаквите сфаќања за убавото. Билјана СТеВкОВСкА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk


најчудни градби

К

НАЈГОЛЕМИОТ АКВАРИУМ НА СВЕТОТ

ој вели дека најчудните градби исклучиво треба да се поврзуваат со бетонска структура наменета за живот. Архитектурата нема граница, и честопати знае да изненади и во најнеобичните форми и структури, заради што постои една ваква област која предизвикува интерес и љубопитност. Пишувавме за најчудни облакодери, куќи, хотели, базени, мостови и друго, но сега нудиме нешто што навистина е израз на германската доминација и идеја. Во 2003 година, педантните Германци потрошија 12,8 милиони евра за да го направат најчудниот аквариум на светот. Се вика „Аква Дом“ и е висок 25 метри. Станува збор за акрилен стаклен аквариум во форма на цилиндер, во чија средина, основата на истиот е искористена за лифт. „Аква Дом“ се наоѓа во Берлин, во хотелот „Радисон Блу“ (пишувавме за еден хотел од оваа групација кој се наоѓа во Франкфурт) во кој се наоѓа и центар за морски живот. Аквариумот го изградила фирмата „Интернационал Концепт Менаџмент Инк“, а гигантскиот цилиндер е производ на американската компанија „Рејнолд Полимер Технолоџи“. Овој „Аква Дом“ е најголемата аквариумска - водна туристичка атракција. Надворешната структура на цилиндерот била монтирана на самото место, исто како и лифтот што е составен од еден дел. Овој „Аква Дом“ цилиндер се смета за најголемиот аквариум во светот, бидејќи не само што е висок 25 метри, туку има дијаметар од 11 метри, а е поставен на девет метри висока цементна основа. Наполнет е со 1 милион литри морска вода, и содржи над 1.500 риби од 50 различни врсти. За одржување на аквариумот се грижат четворица нуркачи, кои употребуваат 8 килограми храна за дневно прехранување на рибите во аквариумот. Имајќи ја предвид инвентивноста на хотелите „Радисон Блу“, ова е дефинитивно најчудниот хотелски хол во светот, бидејќи е вистинско задоволство да се види аквариумот, оти под него се наоѓа кафетерија, а луѓето се постојано во долги редици за да пијат кафе под милион литри вода и нуркачи кои хранат риби. Драган рИСТОВ

3

15 јули 2011 ПОРТА

63


г о л з и

Закачалка од шест метални парчиња ласерски исечени од Scarpellini&Marchiano.

Штекери и прекинувачи од Andrew Harmon кои ја внесуваат природата во ентериерот.

Ниска столица од шпанската компанија Centro направена од фиберглас. 64

3

ПОРТА

15 јули 2011


Челични обоени цевки во форма на прстени, слободно прицврстени на ѕид во функција на закачалки од Staffan Holm.

Колекција на маса и столчиња врз база на контрастни комбинации - сферично и коцкасто, тешко и лесно, тенко и дебело, обработено и сурово. Дизајнирани се од Beplushave&Potemine.

подготви: Сандра ДОНЧеВА дипл.инж.арх.

3

15 јули 2011 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 86/2011 ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ НА ЗАКУП НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКАТА РАЗВОЈНА ЗОНА СКОПЈЕ 1 И ЗА ВИСИНАТА НА ЗАКУПНИНАТА ОТВОРЕН ПОВИК 01/2011 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА, МОДЕРНИЗАЦИЈА И ДОГРАДБА НА ОБЈЕКТИТЕ НА Р.Е БАЊА КЕЖОВИЦА ВО ОПШТИНА ШТИП Назив на договорниот орган: ЈП “Исар“ Штип. ПРЕДМЕТ: Уредување на меѓусебните права и обврски на Јавниот партнер и Приватен партнер во врска со реконструкција, модернизација и доградба на објектите на Р.Е Бања Кежовица во Општина Штип. Лице за контакт: Сања Серафимова, 032 226-638 или 078 472-610 и факс: 032 226-600. Јавно отворање на понудите на ден 29.08.2011 год.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА Назив на договорниот орган: КЈП Нискоградба – Битола, бул. “1-ви Мај“, 4700, Битола. ПРЕДМЕТ: Изработка и ревизија на проекти од областа на нискоградбата. Контакт тел/факс: 047 233-600, 047 224-520, лице за контакт: Методија Милошевски. Јавно отворање на понудите на ден 25.07.2011 год. БРОЈ: 11/2011 Назив на договорниот орган: БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје, бул. “8-ми Септември“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на проект со понуда за набавка и поставување на монтажна церада за покривање на хокеј игралиштето во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје. Контакт тел/факс: 071 248-951, лице за контакт: Роберта Теова. Јавно отворање на понудите на ден 25.07.2011 год.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 33/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Конкурс за избор на идејно решение за изработка и поставување на седум (7) скулптури дефинирани со Идејниот

проект за партерно уредување и урбана опрема на Градскиот парк во Скопје. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 87/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 16/2011 Назив на договорниот орган: Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул. “Кузман Јосифовски – Питу“ бр. 17, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка и монтажа на релјефна композиција на тимпанонот на објектот на Уставен суд на Република Македонија, Државен архив и Археолошки музеј. Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска. Јавно отворање на понудите на ден 26.07.2011 год. БРОЈ: 04/2011 Назив на договорниот орган: Општина Босилово, с. Босилово бб, 2431, Струмица. ПРЕДМЕТ: Реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Босилово за 2011 година со објавување на оглас бр. 04/2011. Контакт тел/факс: 034 371-600, лице за контакт: Милан Андонов. Јавно отворање на понудите на ден 25.07.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 88/2011 ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ОДНОСНО НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ ОДНОСНО НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКА СОГЛАСНОСТ ЗА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ ОДНОСНО НЕДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ОДНОСНО НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 89/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 03/2011 Назив на договорниот орган: Министерство за правда, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Јавна набавка за изведување на градежни работи – Реконструкција и адаптација на северна фасада и реконструкција и доградба на дел од просториите на објектот на Министерство за правда. Контакт тел/факс: 02 3106-590, 02 3110-437, лице за контакт: Катерина Таневска. Јавно отворање на понудите на ден 01.08.2011 год. БРОЈ: 60/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма со потребната лиценца за изведувач Б, за доизградба и реконструкција на улици во населба Мичурин. Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 26.07.2011 год. БРОЈ: 61/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма за изградба на фонтана на територија на општина Аеродром. Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 27.07.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 90/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 52/2011 Назив на договорниот орган: Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Доградба и адаптација на касарната Михајло Апостолски во Охрид за потребите на Универзитетот за информатички технологии

во Охрид. Контакт тел/факс: 02 3222-038, 02 3118-414, лице за контакт: Ангелчо Трајановски. Јавно отворање на понудите на ден 01.08.2011 год. БРОЈ: 04/2011 Назив на договорниот орган: Природно – математички факултет, ул. “Гази Баба“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Набавка на сеизмолошка лабораториска опрема. Контакт тел/факс: 3249-809, 3228-141, лице за контакт: Сања Мицковиќ. Јавно отворање на понудите на ден 08.08.2011 год.

БРОЈ: 03/2011 Назив на договорниот орган: Центар за развој на полошкиот плански регион, Тетово, 044, Тетово. ПРЕДМЕТ: Изработка на урбанистички план. Контакт тел/факс: 042 213-511, 044 378-030, 044 487-080, 044 488-916, лице за контакт: Адил Емини. Јавно отворање на понудите на ден 25.07.2011 год. БРОЈ: 04/2011 Назив на договорниот орган: Центар за развој на полошкиот плански регион, Тетово, 044, Тетово. ПРЕДМЕТ: Изработка на просторен план: Контакт тел/факс: 042 213-511, 044 378-030, 044 487-080, 044 488-916, лице за контакт: Адил Емини. Јавно отворање на понудите на ден 25.07.2011 год. БРОЈ: 14/2011 Назив на договорниот орган: Општина Охрид, ул. “Димитар Влахов“ бр. 57, 6000, Охрид. ПРЕДМЕТ: Доградба на административна зграда на Општина Охрид. Контакт тел/факс: 046 262-493, 046 262-545, лице за контакт: Лилјана Симоноска. Јавно отворање на понудите на ден 29.07.2011 год. БРОЈ: 62/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма, со лиценца Б за изведувач, за изградба на спортски игралишта на територија на Општина Аеродром. Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 28.07.2011 год. БРОЈ: 63/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма за изградба на нова линија за јавно осветлување на улица Србија 1 во општина Аеродром. Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 29.07.2011 год.


рубрика


Аутомобиле СК, Скопје

состојка на секоја градба

www.ading.com.mk Новоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија, Тел: 02 2034 840, 2034 820, Факс: 02 2034 821, ading@ading.com.mk

Импексел 2, Скопје (во изведба) Илинден, Скопје

ЕПОКСИДНИ ПОДОВИ ВО КАТНИ ГАРАЖИ ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

• ОТПОРНИ НА МАСЛА, АБРАЗИВИ И МЕХАНИЧКИ ВЛИЈАНИЈА • ЕДНОСТАВНИ ЗА ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ

PORTA3 161  

Porta3 broj 161

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you