PORTA3 141

Page 50

екологија

Големи количини пластичен отпад лебдат во Атлантикот, објавија американските истражувачи, предупредувајќи на опасноста што му се заканува на живиот свет во овој регион. Остатоците од „осмиот континент“ лебдат во океанот и заземаат површина двојно поголема од САД. Станува збор за отпад составен од различни отпадоци, најмногу пластика од фудбалски топки, кајаци, лего-коцки и најлонски кеси, а на куп ги држат подводните струи. Ѓубрето се наоѓа на 500 наутички милји од брегот на Калифорнија, во појасот што води преку северниот Пацифик и Хаваите, и стигнува речиси до Јапонија. Се протега до десет метри длабочина, а неговата количина расте со загрижувачка брзина. Моментно покрива површина двојно поголема од САД 50

3

ПОРТА

08 октомври 2010

Остров од рециклирана пластика

А

тлантикот се повеќе се загадува со пластика. И покрај се поголемата освестеност за проблемот со загадување на океанот со пластичен отпад, постојат малку научни податоци за загадувањето, истакнуваат океанографите, чие истражување неодамна беше објавено во американското списание „Science“. Истражувањето за отпадот во Атлантикот е направено врз база на податоците што 22 години ги собирале студентите, селектирајќи повеќе од 64.000

парчиња пластика од 6.100 различни локации. Најголема концентрација на пластиката е забележана во зоната на Атлантикот, сместена во нивото на Атланта во Џорџија. Кара Лавандер, претставничка на организацијата "Law of the Sea Education Association", изјави за BBC дека овој проблем се игнорира, иако за него одамна се знае. Таа смета дека резултатите на дваесетгодишното истражување, кое се занимава со оваа проблематика, покажуваат дека овој

дел од Атлантскиот океан е моментно најголемата депонија на пластика во светот. Резултатите ја шокираа јавноста кога кон крајот на септември беа претставени на семинарот што се занимава со проучувањето на океаните, во американската држава Портланд. Чарлс Мор, американскиот океанограф кој прв ја алармираше јавноста за опасноста од пластичното ѓубре, верува дека околу 100 милиони тони различен отпад плива во ова подрачје. „Станува збор за огромни количини


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.