Issuu on Google+

елосипедот В и градот

К

ој ќе го запре змејот што блуе нафта?

сПОКРИВ ина пена

за

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари БроЈ 132 ПеТоК 04.06.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

Без „Танге 1963“ немаше да го има „Скопје 2014“


БРОЈ 132 ПЕТОК 04.06.2010 дРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Aрхитектите Константин Џукески и Јелена Путник, што моментно живеат во Милано, ја добија првата награда за индустриски дизајн за нивниот проект за маса на овогодишниот Саем за мебел на конкурсот на тема „Примена на дрвни материјали при изработката на модерен мебел и техничка документација изработена со компјутерски програми“. Токму оваа награда беше повод за разговор со нив. „Оваа презентација е комплетна наша слика. Наша почетна точка беше насловот „Let`s twist again“, што можеби на прв поглед звучи иронично, но всушност е еден вид провокација. Сакавме да ги натераме луѓето да се запрашаат што точно значи тој наслов и зошто ние му го дадовме токму тоа име“, велат архитектите. Без „Танге 1963“ немаше да го има „Скопје 2014“, изјави на „Форумот Скопје 2010“, архитектот Антонио Петров, предавач на универзитетот Хардвард. Тој смета дека ниту објектите изведени по земјотресот 1963 година, ниту проектот „Скопје 2014“ што се реализира во 2010 година, не се сместени ниту во времето, ниту во контекстот. „Изградбата на Скопје 1963 година била авангарда за тоа време, а проектот на Кензо Танге го подигна нивото на животниот простор на жителите на Скопје. „Скопје 2014“ од своја страна го вкопува градот под земја, со него се враќате назад. Целта на овој проект веројатно била да оформи некакви темели. Тие темели се градат на основата на некои остатоци, кои се базирани на оригинал кој реално не постоел“, вели Петров. Сина пена за зелен покрив. Styrofoam (Polykem SR) е сина екструдирана полистиренска пена (XPS), која служи како изолационен материјал. Заради технологијата на производство со екструдирање, плочите имаат еднолична структура на затворени клетки. Оваа структура има многу предности: ниска вредност на топлинска спроводливост за долги периоди, одлична механичка цврстина, нема капиларно впивање, има висока оптпорност на влага, постојаност на циклусите на смрзнување и одмрзнување, долг рок на употреба, мала тежина и лесна обработка (се сече со едноставни алати), отпорност на распаѓање и стареење. Исто така, материјалот е чист, без мирис и не ја надразнува кожата. Кој ќе го запре змејот што блуе нафта во Мексиканскиот залив? Катстрофата од досега невидени размери ја разбранува јавноста во САД. Досегашните обиди да се сопре излевањето на нафтата беа неуспешни. Официјални лица за заштита на дивиот свет, пријавија дека по бреговата линија на заливот се пронајдени повеќе од 300 мртви морски птици, 200 желки и 19 делфини во првите пет недели од катастрофата. Се очекува и поголем број морски животни да бидат погодени од нафтата што не престанува да истекува од подводниот извор на компанијата „Бритиш петролеум“. Карим Рашид е еден од најпознатите дизајнери во светот, кој ја носи титулата поп-икона на денешницата. Поседува опус од преку 3.000 остварувања за кои добил повеќе од 300 награди. Денес, преку два милиони Американци ги користат неговите канти за отпадоци, 750.000 луѓе седат на пластичните столови што тој ги дизајнирал и повеќе од две милијарди луѓе имаат барем еден предмет со неговиот потпис во својот дом. Ви го претставуваме портретот на дизајнерот на сензуалниот минимализам.

Од Редакцијата

елосипедот В и градот ој ќе го запре Кзмејот што нафта? блуе

ина пена сПОКРИВ за

ГОДИНА VI Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје Телефон: 3109 311; 3132 923; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk Редакција:

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

главен и одговорен уредник: Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Јулијана ГЕРАСИМОВСКА Сузана ВАСИЛЕВА Леонида Пенка БАША

цена: 90 денари БРОЈ 132 ПЕТОК 04.06.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

Без „Танге 1963“ немаше да го има „Скопје 2014“

НАСЛОВНА СТРАНИЦА: AQUA TOWER, чИКАГО АВТОР: Jeanne Gang

ИНТЕРВЈУ 06

Константин Џукески и Јелена Путник, добитници на прва награда за индустриски дизајн

ФОРУМ 10

Антонио Петров: ”Без Танге 1963” немаше да го има ”Скопје 2014”

ГРАДЕЖНИШТВО 28 Сина пена за зелен покрив

АРХИТЕКТУРА 32

Градинка како Рубикова сложувалка

РАБОТИЛНИЦА 36

Велосипедот и градот

ЕКОЛОГИЈА 50

Кој ќе го запре змејот што блуе нафта?

ТЕХНОЛОГИИ 54

РМС во Скопје

ПОРТРЕТ 56

Карим Рашид

ЧУДНИ ГРАДБИ 66

Тетрис за живот во Љубљана

надворешни соработници: Елена КУЗМАНОВСКА Ангел СИТНОВСКИ Игор РИСТОВСКИ Сандра ДОНчЕВА Владимир Б. ЛАДИНСКИ Трајче СТОЈАНОВ Натка ЌОСЕВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Александра ПЕТРОВСКА Даниела МЛАДЕНОВСКА Билјана САВИЌ Драган РИСТОВ Дејан БУЃЕВАЦ Александра ШЕКУТКОВСКА Кире КИПРОСКИ графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка Солева дизајн: БИРОПРОЕКТ Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс. проф. д-р Кокан ГРчЕВ, дипл. инж. арх. проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл. град. инж Вања ДОНчЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИчКОВСКА, дипл. инж. арх. Печати: Европа92 - Кочани Маркетинг: Биропроект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ:4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година


Дилатациони профили од алуминиум и нерѓосувачки челик за затварање на фуги, од грчкиот производител

ACP hellas

Бетонски одводни канали и шахти • универзални канали • рамни канали • стандардни канали • канали за поголеми оптоварувања • централен одвод • широки канали • тесни канали • метални фасадни канали made in austria

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, info@bc-a.com.mk www.bc-a.com.mk

Biznis Centar


ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ ÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ ul. Kuzmen [apkarev br. 5 Skopje, R.Makedonija

ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ È ÇÀÂÐØÍÈ ÐÀÁÎÒÈ

tel: ++389 2 2050 809 faks: ++389 2 2050 264

investa@t-home.mk


интервју Константин Џукески и Јелена Путник

Повод за нашиот разговор со архитектите Константин Џукески и Јелена Путник, што моментно живеат во Милано, беше првата награда за индустриски дизајн која тие ја освоија со својот проект за маса на овогодишниот Саем за мебел на конкурсот на тема „Примена на дрвни материјали при изработката на модерен мебел и техничка документација изработена со компјутерски програми.“ 6

3

ПОРТА

4 јуни 2010

 Што ве мотивираше да се пријавите на конкурсот? Дали конкурсите во Македонија Ви се предизвик?

Константин: Да. Секој

простор може да биде генератор на нови случувања. Обично одлуките за многу работи ги носиме набрзина, така беше и со одлуката да се пријавиме на овој конкурс. Сега ми е драго што учествувавме, не само за проектот, туку и за презентацијата што ја направивме. По добивање на оваа награда, прва работа ни е да најдеме производител и дистрибутер. Авторските права остануваат наши, ние сме слободни тоа да го пласираме како производ. Во Македонија не постои критична маса, не постои индустрија. Нашиот проект воспостави

стандард, следната година тие што ќе учествуваат на овој конкурс ќе треба да направат подобро од нас. Сето тоа е позитивно затоа што се креира атмосфера за натпревар, едниот учесник да го стимулира другиот да биде подобар од него.

Јелена: Почувствувавме

некој внатрешен порив нешто да вратиме, како придонес на тоа што ни е дадено во време на студирањето. Добивме фантастична база на Архитектонскиот факултет во Скопје, отидовме во Италија како оформени архитекти за да се надградуваме. Не сме носталгични, но не забораваме на своите корени.  Еден од критериумите на конкурсот беше

да постои приказна поврзана со делото. Која е Вашата приказна?

размери, но ние тука ја поставуваме во контекст на употребна вредност.

Јелена: Оваа презентација

Константин: Ништо не е случајно на ова парче хартија. Се работи за деликатно деформиран правоаголник во основа, кој е носен од ногарка која има две варијанти. Тргнавме од идејата дека едната ногарка е течение, а хоризонталната површина протекува во таа ногарка. Нашиот интелектуален напор беше насочен во правец на поинакво разбирање на идејата за маса, како една вертикална и хоризонтална површина. Ова изместување воопшто не е лесно, затоа што е неприродно. Треба да ја промениме перспективата на гледање, во нашиот проект површините течат во едно. Масата има уште три

е комплетна наша слика. Наша почетна точка беше насловот „Let`s twist again“, што можеби на прв поглед звучи иронично, но всушност е еден вид провокација. Сакавме да ги натераме луѓето да се запрашаат што точно значи тој наслов и зошто ние му го дадовме токму тоа име. Нашата приказна се состои од повеќе метафори. На пример, во еден агол има формула „Јелена и Константин е еднакво на нашата е маил адреса“. Прашањето што ние го поставуваме e: Зошто токму маса? Или, што е тоа маса? Масата е архитектура во домашни


ногарки кои ќе бидат аналогни на првата, но неутрални. Сето тоа придонесе да се создаде една форма која е динамична. Изборот на името уште повеќе ја подвлекува таа идеја.  Живеете во Милано каде се одржува еден од на��големите светски саеми за мебел. Како изгледа овој град одблиску?

Константин: Саемот за мебел што се одржува во Милано е многу поинаков од скопскиот саем. Многу е поголем. За илустрација, ќе спомнам дека главната пешачка оска околу која се организирани салите е долга 1,5 километар. Концепциски, тој претставува само изложбен, а не и продажен саем како кај нас. Конкуренцијата е огромна, а критериумите за учество се особено строги. Воедно,

тој претставува едно поле за натпревар во дизајн. Милано е „мека“ за дизајнот воопшто, место каде што се креираат стилови. И како таков е полн со шарм и контрадикции. Од архитектонски аспект, тоа е оформен град со тендеција во последните години да се надмине самиот себеси со проекти како што е новото сајмиште на арх. Massimiliano Fuksas, проектот на реконструкција на миланската Скала од арх. Mario Botta, новата административна зграда на регионот Ломбардија од Pei Cobb Freed & Partners, најголемиот real estate проект во Европа од Daniel Libeskind, Zaha Hadid, Arata Isozaki, Pier Paolo Maggiora, како и проектот за урбана регенерација на зоната наречена Градот на модата и Милано Експо 2015.

Јелена: Има периоди во

годината кога Милано е центар на мода и модни ревии, френетичен, хаотичен, гламурозен. За време на викенд се празни како секоја метропола. До август месец и познатиот ден „ферагосто“ каде станува застрашувачки празен и неанимиран. Меѓутоа, секогаш со идеја за добра забава и интересно дружење околу маса, аперитив околу 19.00 часот после работа и неизбежен... „gossip“.  Константин, Вие бевте најдобар студент и најдобар дипломец во Вашата генерација. Зошто заминавте за Италија?

Константин: Искрено, бев љубопитен да ги тестирам моите способности, дали тие се апсолутни или се поврзани за некое локално подрачје, да

се мерам со друга средина. Една година подоцна дојде и мојата сопруга и потоа започнавме да работиме проекти за различни типови и категории објекти, нови згради, реновирања, ентериери. Имам реализирано многубројни индивидуални куќи, вили, станбени комплекси, станбени згради и до 4-5.000 м2; многубројни деловни објекти и до 8.000 м2; комерцијални простори, бутици како на пример бутик за Yves Saint Laurent во Милано. Јас и Јелена се занимаваме со индустриски дизајн од 2005 година и тоа главно во областа на изработка на мебел. Во Милано имам соработувано и со други студија за архитектура, но работев и како freelands архитект.

Јелена: Кога заминав за

Италија во 1993 год., најпрвин



Јелена Путник дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје на тема „Градско собрание“ кај проф.д-р Мартин Гулевски. Се занимава со графички дизајн, „packaging“, веб дизајн и комуникација, како и со внатрешна архитектура, проектирање на станбени објекти и деловни простори. Заедно со Константин учествувала на повеќе архитектонски конкурси.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

7


интервју

Константин Џукески е еден од нашите најкреативни автори. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1990 г. на тема „Берза за хартии од вредност“ кај проф. Александар Никољски. Во 1989/90г. ја добил наградата за најдобар студент „26 јули“ од Френк Хардкорд Менинг од Лондон, а една година подоцна 1990/91 бил прогласен за најдобар дипломец на Архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1992 живее и работи во Милано, Италија. Во 1997 г. дипломирал по втор пат на тема „Ревизија на проект за берза“ кај проф. Емилио Батисти на Политехничкиот факултет во Милано. Потоа станува член на Сојузот на архитекти на Милано. Неговото творешто е во разни области. Станбени објекти, хотели, деловни, административни објекти, трговија, јавни објекти, при што има работено новоизградени објекти и ентериери.



работев ентериери, графички и веб дизајн. Особено ми беше интересна соработката со Артемиде, која е врвна светска марка за осветлување.  Кажете ни нешто за Вашето искуство во Бахреин?

Константин: Во Бахреин заминавме 2008 година, затоа што добив несекојдневна шанса да работам на еден голем проект. Бев одговорен за три облакодери (210.000 м2) со најразлична содржина (деловен простор, трговија, домување, хотел). Исто така работев и на уште еден мултифункционален облакодер со трговски центар од 100.000 м2. За мене тоа беше значајно искуство. Јелена: Јас работев

на проект за ентериер на деловен облакодер од 80.000 m2 во Дубаи. Посебен придонес дадов во осмислување на надворешна и внатрешна сигнализација што за таков објект е особено важно. Но, проект кој мене лично најмногу ме исполнува е

8

3

ПОРТА

4 јуни 2010

пловечки штанд на „Првиот Интернационален Саем за јахти“. Константин го направи проектот за овој штанд и изврши надзор при неговата реализација, а јас бев задолжена за надзор при реализацијата на мебелот. Се работеше за тотал дизајн, каде сè беше под наша контрола. Благодарение на овој проект, италијанскиот амбасадор потоа не покани да направиме сценографија за „Италијанскиот ден на Републиката“.  Колку често го посетувате Скопје и што Ви недостасува од Италија кога сте тука?

Јелена: Во Скопје

доаѓаме еднаш годишно, но би сакале почесто. А што ни недостасува? Во италијанскиот јазик постои еден збор „UMILE“ кој е повеќеслоен и во македонскиот јазик опфаќа повеќе зборови: понизност, скромност, да се остави простор и за другиот, духовно богатство, почит. Тоа е една врвна доблест која за жал, во Македонија многумина ја сметаат за мана


награда за најдобар дизајн

Коцка за трансформација Филип Конески

- „КОЦ’ЧЕ“ е столче кое на едноставен начин се трансформира во маса. Може да се изведе од различни видови дрва или медијапан. Особено е погоден за детски соби, каде дизајнот овозможува лесна преобразба, а со тоа и учество во детската игра - вели Филип Конески, студент на Архитектонскиот факултет во Скопје, за својот проект „КОЦ’ЧЕ“, кој ја доби наградата за

најдобар студентски дизајн на овогодишниот Саем за мебел Скопје 2010. Спојувањето на КОЦ’ЧЕ во поголемиот дел е со лепило за дрво, единствено во делот каде елементот се извлекува, спојувањето е со шарки. Трансформацијата на овој стол- маса, се изведува едноставно, со повлекување на саканиот елемент и заглавување со “дрвениот клуч”.

- Сакав да ја задржам едноставноста на формата и воедно да создадам функционално парче мебел. Во текот на скицирањето се создадоа повеќе форми и дизајни, кои на крајот заклучив дека бараат премногу за сопственото производство. Тоа ме врати на почетокот, на основниот волумен од кој поаѓа секој архитект – коцката - објаснува Филип.

Трансформацијата е едноставна и не е машинска, а тоа го прави столчето лесно за изработка - производство и ја намалува неговата цена на пазарот. „На тој начин производот е поблизок до обичниот човек и не тежи да стане бренд кој е достапен само за моќните купувачи“, кажува Филип.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

9


Антонио ПЕТРОВ,

предавач на универзитетот Хардвард

Паралакса: Без „Танге 1963“ немаше да го има „Скопје 2014“ С

метам дека ниту објектите изведени по земјотресот 1963 година, ниту проектот „Скопје 2014“ што се реализира во 2010 година, не се сместени ниту во времето, ниту во контекстот. Изградбата на Скопје 1963 година била авангарда за тоа време, а проектот на Кензо Танге го подигна нивото на животниот простор на жителите на Скопје. „Скопје 2014“ од своја страна го вкопува градот под земја, со него се враќате назад. Целта на овој проект веројатно била да оформи некакви темели. Тие темели се градат на основата на некои остатоци, кои се базирани на оригинал кој реално не постоел. Во периодот меѓу 1963 и 2014 год., Скопје идеално го симболизира она, за што верувам дека се вештачки конструирани архитектонски шеми, кои оперираат во културен вакуум, заснован врз изгубените илузии на архитектите и планерите. Архитектонскиот дискурс ја менува својата нагласка, движејќи се од продукција во репродукција на формални системи, кои целосно се засновани врз имагинарни идеолошки карактеристики, манифестирани во историјата на нечија иднина 1963 и во иднината на нечија историја 2014. За Скопје влогот е поголем отколку само повторно замислување на историјата или на иднината. Прашањето е: дали може да се доживее културен идентитет низ „миграција“ на реплицираната аура? И

10

3

ПОРТА

4 јуни 2010

дали треба историјата вградена во ткивото на градот да биде реплицирана? На мислење сум дека 1963 и 2014 година не се употребени како „валидни временски коти на градот“ и дека тие само симболизираат отстранување од непредвидливоста на културата, местото и времето. Во 1963 година силен земјотрес ја претвори богатата историја на Скопје во шут. Скопјаните нè само што го загубија нивниот социјален живот, туку земјотресот ги избриша и мемориите на градот за интелектуална просторност. Во силна потреба за домување и дом, Скопје ја прегрна светската солидарност, но во исто време мораше да сфати дека неговата сопствена судбина му се измолкнува од рацете. Природната катастрофа им отвори можност на политичарите и на архитектите од генерацијата на 1960-те да го видат предвиденото сценарио потребно за примена на утопијата на крајниот урбан дизајн: град на иднината што лебди над цврстата земја и што одново го препишува вистинскиот град. Гестот за метаболизмот на Скопје, ја претставува победата на дизајнот на Танге за креи��ање нов град. Во стремеж за создавање органско тело како фузија на човекот со машината, Танге предложи мегаструктура која ќе го реорганизира Скопје и ќе создаде паралелен хабитат, подигнат над земјата, оставајќи ги културно богатите скопјани немоќно да лебдат над остатоците од минатото, што сега престана да постои. Во проектот 2014, се чини дека минатото што беше закопано длабоко под површината

на почвата, воскреснува во иднината на историјата. Засновано врз новиот план „Скопје 2014“ се одликува себеси со инвазија на бесконечни скулптури , цркви и бројни реисторицистички згради, вклучувајќи и копија на Триумфалната капија. Исто како во филмот на Роланд Емерих, вонземните објекти го напаѓаат градот во маглата на небулозните политички акции. Инспирирани од големите метрополи, планерите на градската иднина замислија хабитат за скопјани исполнет со споменици и скулптури. Наместо искористување на постоечкото небо над грдот, тие закопаа длабоко во земјата, за да изградат нови темели за Скопје врз остатоците на сомнително минато. Политичкото сознание и невидливата збрка на Генералниот урбанистички план ГУП, како и на Деталниот урбанистички план ДУП, создадоа мастер-матрица и не толку хируршки доволна имплементација, која на луѓето од Македонија им остави сметка од 200 милиони евра. Некој може да се зачуди што би значело тоа за иднината на градот, дека историски гледано, неговото социопостоење е заобиколено од „добрата волја и добрите намери“ на модерната, а сега ултра-едикоја-класична идеологија. Дали е тоа град со постоење, согледано како ништо друго освен како плитка рефлексија на некогаш постоечкиот оргинал во потрага по идентитет под надзор на агломерирани архитектурни „полиња на значење“? Во процесот на создавање (репродуцирање) нови временски коти на градот, идејата за „оргинал“ во Скопје, се чини дека постои само во рамките на имагинарното. Оргинал е она на што Скопје се сеќава како на минато, додека сегашниот град е хетеротопичен. Ова е навистина фасцинантно гледиште за градот, кое тврди дека е единствениот применет метаболички план во светот. Но, што вреди тоа кога улогата на граѓаните да оформат свој сопствен град запаѓа во пасивно набљудување, со население кое стои настрана, гледајќи како нивното урбано јадро се претвора до состојба на непостоење. Градот што може „да биде само еднаш“ и неговата виталност, повеќе не припаѓаат никому, неговата историја испарува во утопија и неговата иднина е изјаловена. Деисторизацијата и реисторизацијата на 1963 и 2014 година се наметнуваат себеси меѓу симболизмот, реалноста и замисленото, оставјќи го градот во збрка на симболички гестови, наслоени едни врз други во времето и просторот. Значењето на 1963 на „смислата на приказот“ ја намами реакцијата на 2014 на „исчезнувањето на смислата на приказот“. Овој фатален процес ја искривува дијалектиката на историјата заедно со нашето доживување за градот. Архитектурата изискува присуство и додека е можно да се предизвика присуство на објектите, присуство на архитектурата, дури и во виртуелни услови се грижи за метафизиката на битието. Скопје стои на пресудна раскрсница, испитувајќи ги искушенијата на обете „мината“ како средство за дијагностицирање на иднината. Дали гра дот ќе истрае во потрагата по идентитетот со главата закопана во земја, или пак таа ќе биде крената кон небото; или дали ќе биде во можност да развие критички однос кон самиот себеси и ќе се ослободи од случајностите на оживеаната историја, за да ги активира потенцијалите на современите прашања?

Слабоста на Танге во текот на создавањето на дизајнот за Скопје, педесет години подоцна се претвори во сила на неговиот предлог. Неговиот дизајн воспостави правила според кои односот на референтот (значењето) кон продукцијата и на поголемиот систем кон индивидуата определи моносферична рамка, во која Македонецот требаше да стане „Новиот Вавилонец“, ослободен од номадската уметничка колонија за да запоседне простори кои Танге ги немаше разгледано во својот дизајн. Хибридизацијата меѓу ултраматеријалното и апстрактното, стана карактеристичен израз во прикажувањето на доживувањата и на движењата. Шемите на двата периода 1963 и 2014, разјаснуваат дека материјалноста речиси како и секој дел од нашето опкружување претставува во најголем дел културна конструкција препишана во тековните културни и економски трендови. Така, градот е оставен без здив, што не е вина на луѓето што се обидуваат да преживеат под гестот на градот. Скопје не е кондиционирана за живот уметничка форма (Gesamtkunstwerk), ниту пак е задниот двор на градината со поларизирана статуа. Метаболизмот на Скопје стана Скопје, неговите слабости создадоа платформа која дозволи скопјаните да создадат своја утопија. 2014 не е утопија, ниту пак е визија, туку е глас кој треба да биде слушнат. Сегашниот град не е ниту јалов, ниту проект. Граѓаните треба да се спротивстават на интелектуалната суета, што делува од чинот на ароганцијата на сестраниот смртник (Gesamtkunstwerk) или од безразличноста на животниот кондиционер. Архитектурата мора да му се обраќа на градот, дури и кога градот не поставува цели за архитектура. Во таа смисла, градот е во крајна линија единствениот објект и метод на архитектонско истражување, што и служи на културата и чијшто дел го претставува. Скопје е домаќинот и мора да сфати дека градот е местото каде што тоа е родено. Жителите на Скопје го поседуваат овој новоизмислен град, кој е во премин од минатото во иднината. Во тој момент кому му е грижа дали Скопје е започнато како град на иднината? Од една страна градот е дух што постои само затоа што „беше еднаш“ во нашата фантазија. Од друга страна, неговото присуство е сензуално и конкретно, живо и витално, зазама форми и облици во сите изрази и отелотворувања. Во таа смисла, 2014 е продукт на опшеството што го има родено. Можеби дискусијата врзана со 2014 не треба да биде фактот што делови од населението живеат (симболично) во делот на градот од 1963 година и дека тие сакаат да ги обноват спомениците од минатото, што постојат во населбата преку реката. Наместо на досега невиден начин да создаваме слики од минатото, ние треба да размислуваме како градот од 1963 и од 2014 година конечно да стане една целина, еден дом за сите. Да го славиме редот што е мистичен, имагинарен, утописки и реален, како идеална форма на репрезентација. Без разлика дали го сакаме тоа или не, можеби 2014 е аурата што Македонија никогаш не ја поседувала, нејзин и само нејзин израз, и нејзин социјален код кој не е производ на природата, туку е веднаш репродуциран. Можеби, ако туркаме копија по копија, ќе ја стигнеме сегашноста и ќе се запрашаме дали мојата слика во огледалото е тоа што сакам да бидам јас?


форум

Скопје треба да учи од Кавадарци

В

о глобала сум поборник за реконструкција на сите јавни површини на кои долго време се немаат преземено никакви урбанистички зафати, каков што е и „Малиот ринг“. На плоштадот му е неопходна урбанистичка реконструкција, бидејќи тој не соодветствува со сегашноста. Но, има неколку работи кои сигурно бараат поподробна анализа и отвораат низа прашања. Површината на „Малиот ринг“ е премалa за во неа нормално да функционираат толкав број нови јавни објекти. Кога ним ќе им се приклучат и постоечките изградени објекти кои се дел од плоштадот, ќе се добие една урбана архитектонска маса преполна со изградени површини, кои со своите кубуси просторот ќе го направат архитектонски преоптоварен.

Јас на презентацијата на „Скопје-2014“ видов само неколку случајни минувачи кои се движат по плоштадот. Обидете се да го замислите плоштадот со илјадници луѓе на него! Со мешањето на архитектонските стилови на новопредводените објекти во опфатот се ставаат конгломерати. Во овој склоп самите стилови меѓусебно се негираат, а прашање е и кој е стилот што треба да преовладува и да биде препознатлива водилка?!?.Со овој проект сигурно ќе го загубиме човекот, затоа што тој ќе започне да бара потивки простори со посмирен архитектонски ритам. Вакви зафати без претходна подробна анализа, не би требало да се случуваат ниту во Скопје, ниту во другите урбани средини во Македонија. Проектот, исто така

е недоволно транспарентен. За споредба ќе посочам пример со уредувањето на плоштадот во Кавадарци каде моментно се врши партерно уредување. Пред да започне проектот се организираа консултации со сите архитектонски бироа во Кавадарци, се консултираа уметници и други луѓе кои би можеле да придонесат за поконструктивно решение. Решението стоеше на сајтот на општината со што сите граѓани можеа да имаат увид и да реагираат. Се разбира се појавија разлики, особено генерациски, за тоа како сè треба да изгледа, што е нормално. Но, за разлика од проектот „Скопје 2014“, во Кавадарци се водеше сметка решението да биде компромис на различни мислења и да не го оптоварува просторот за тој да биде функционален.

Илија ПЛАЧКОВ дипл.инж.арх.

Еутаназија на јавниот простор

П

Инес ПЕТРОВА дипл.инж.арх.

„Скопје 2014“ како филозофија, естетика, комуникација...

К

ои се придобивките? ....Нови функции со кои се заокружува амбиент��т на плоштадот и центарот на градот....Функции кои недостасуваа во културниот живот на граѓаните на Скопје и Републиката...Функции кои ќе го трасираат културниот пат на идните генерации...Функции кои ќе не дообразуваат, да ја запознаеме сопствената историја и ќе не поттикнат истата да ја истражуваме.....Функции кои ќе го променат досегашниот имиџ на центарот....простор за кафе муабет, ручек, пазарување, вечера, ресторан..... Функции кои ќе го разбијат претходниот стереотип и ќе продолжат во работа, пауза,

музеј, театар, прошетка, вечера, впечатоци.... Стилови, вкусови, фасади, споменици, фонтани.... А што е убавината? .......цитирам:„ Убавината е една од целите на секое креативно, уметничко дело, па така и на архитектурата.....сами за себе објектите не можат да бидат ниту убави, ниту грди. Нашиот став се изградува зависно од комуникацијата што ние ќе ја воспоставиме со нив, зависно од она што ќе го предизвикаат кај гледачот.....што е убавината?..... ...дали таа е објективна или субјективна?.....односно дали таа објективно постои или е во човекот, па секој за себе, индивидуално ја пронаоѓа...”

рекрасна идеја е да се дооформи центарот на Скопје со новоизградени објекти и неизградени урбани простори. Идејата и одважноста да се осмисли овој заборавен простор и да се постават врски помеѓу градителските и природните карактеристики присутни во централното јадро, (Вардар, Кејот, Камениот мост, Калето, плоштадот и околните објекти) ја заслужува безрезервната поддршка на граѓаните и стручната јавност на Скопје и Републиката. Досегашните активности околу уредувањето на Плоштадот и Малиот Ринг беа главно околу реализација на ад хок вметнати објекти кои ја „имаа целата потребна документација“. Но, дали оваа храбра замисла изнедри креативни решенија во третирање на просторот и архитектонскиот израз? Се чини дека преземените активности околу реализацијата не беа адекватни на предизвикот за урбанизирање на најрепрезентативниот и најградскиот

простор во Македонија. Организирањето меѓународен (па и повикан) конкурс ќе значеше и голема промоција за државата. Во актуелната Програма со која треба да се уреди просторот на Малиот ринг според проектот ,,Скопје 2014“, е предвидена изградба на културни и административни содржини. Административните објекти се интровертни по својот карактер и не го анимираат околниот простор, туку напротив, истиот го еутаназираат. Овие објекти го узурпираат просторот што припаѓа на сите граѓани, го деградираат квалитетот на платото пред МОБ и го нарушуваат пешачкото движење покрај Вардар, со што се уништува еден од трајните урбани квалитети на Скопје. Можеби таквите објекти се потребни, но не на ова место. Овој дел од градот има потреба од содржини кои привлекуваат граѓани во текот на целиот ден и кои поттикнуваат активности од различен вид, со што градскиот простор ќе живее 24 часа. Секое време и секоја генерација оставаат свои траги за своето постоење, своите соништа и приказни. Овие траги особено се впечатливи кај архитектонските објекти кои се одраз на потребите на луѓето и на материјалните, културните и техничките можности на времето во кое се создаваат. Каква би била приказната за централното градско подрачје на Скопје? Што можеме да прочитаме од новопроектираните објекти и преработените фасади во стилови од други времиња во кои некаде, некогаш живееле некои други луѓе? Дали треба да ги сонуваме туѓите сонови и да ги раскажуваме туѓите приказни? Тажно.

Александар ПЕТРОВСКИ дипл.инж.арх.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

11


Формиран бизнис лидерски форум на Македонија

инфо

Одбележан денот на биодиверзитетот

С

о презентација на публикацијата „Анализа и валоризација на биодиверзитетот на национално ниво“ во Природнонаучниот музеј се одбележа светскиот ден на биодиверзитетот 26 мај . Автор на публикацијата е д-р Светозар Петковски. Според него, обичните бројки за релативното богатство на видови не ја отсликува вредноста на природната разноликост која Македонија ја поседува. Во склоп на овој настан се отвори

С

о потпишување на Меморандумот за разбирање со кој доброволно се согласуваат да интегрираат сет од социјални, етички и еколошки принципи за водење на бизнисот, Адинг АД Скопје, Гемак Трејд, ИНнет, КПМГ Македонија ДОО Скопје, Македонски Tелеком АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје, го основаа Бизнис лидерскиот форум на Македонија. Форумот е платформа која ги здржува малите, средните и големите претпријатија во кои бизнисот се води на одговорен начин. Во рамките на форумот, членките ќе добиваат целосна поддршка при процесите на планирање, спроведување, проценување и подобрување на активностите за општествено одговорно работење. Целта е да се поттикне одржлив развој на бизнисот што ќе го зголеми профитот на претпријатието, а истовремено ќе генерира и позитивни економски, социјални и еколошки ефекти за развој на општеството во целост. Администратор на платформата е Центарот за Институционален развој. Секое претпријатие кое ќе се согласи да ги применува принципите на Форумот, може да стане негов член.

и изложбата на фотографии „Диверзитет на видови“. Со ова започнува одбележувањето на светската година на природна разноликост. Организатори на настанот беа Министерството за животна средина, Глобалниот еколошки фонд , Програматата за развој на Обединети нации, Прироронаучниот музеј и други.

Ј.Г.

Промоција на нови панели на Kingspan

В

о Музејот на град Скопје беше промовиран нов систем на сендвич панели со висока противпожарна заштита Fire Safe Isophenic (IPN). Според Алан Томаниќ, регионален директор за Kingspan , Fire Safe Isophenic (IPN) е направен врз база на фенолна смола која научниците на фирмата ја стабилизирале и ја направиле водоотпорна. Со тоа е добиен материјал кој претставува оптимално решение при изградба на сите видови објекти кај кои се бара висок степен на противпожарна заштита. Компанијата има претставништва во 150 земји во светот и е светски лидер

во областа на дизајнот, производството и продажбата на изолациони покривни и ѕидни висококвалитетни системи за градежништво. Kingspan изолационите, покривните, ѕидните и фасадните системи се оптимални за амбиенти со контролирана температура. Тие овозможуваат високи перфоманси на контрола на температурата и хигиенско опкружување во ентериерот. Особено се погодни за објекти од прехрамбената индустрија, различни видови складишта, ладилници и згради каде се бараат прецизни температурни и хигиенски услови.

Ј.Г.

Презентирани нови машини Kредити за за рециклирање на пластика енергетска

А

встриската фирма NGR ја претстави новата генерација на машини за рециклирање на пластика. Машините служат за преработка на пластични материјали од сите облици и без претходна припрема. Капацитетот на преработка е од 10 килограми на час до 2 тони на час. Крајниот производ е гранулат со висок квалитет кој може повторно да се употребува. Фирмата има свои производни капацитети во Европа, Америка и Азија. Досега има произведено и продадено 380 машини, што ја прави втора по големина во светот во овој сегмент. Цените во зависност од капацитетот на машината, се движат од 90.000 евра па нагоре.

Ј.Г.

12

3

ПОРТА

4 јуни 2010

ефикасност на ПроКредит Банка роКредит Банка ги презентираше П кредитите за енергетска ефикасност што се наменети за подобрување на енергетската ефикасност и намалување на емисиите на јаглеродниот диоксид во Република Македонија. Овој вид кредити се наменети за физички и правни лица. Висината на кредитите во зависност од корисниците и намената, се движат од 1.000 до 150 илјади евра. На презентацијата, покрај претставници на банката, имаше и стручни предавања за енергетската ефикасност од страна на претставници од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија, Институтот за дрвна индустрија и од компанијата Кнауф Радика АД.


инфо

Избор на Центарот за институционален развој (ЦИРА)

лидер за одговорен однос кон вработените „АДИНГ“ АД

ја доби првата награда за општествена одговорност на претпријатијата, во категоријата одговорен однос кон вработените за 2009 година, на изборот организиран од ЦИРА. Наградата на АДИНГ АД е доделена бидејќи компанијата е одговорна кон државата, навреме и редовно ги плаќа даноците, и посебно е одговорна кон вработените. Ним навреме им исплаќа личен доход, бонуси за посебни залагања, води грижа за нивна континуирана обука преку семинари, конгреси, симпозиуми, саеми,

промоции и сл. Компанијата континуирано ги подобрува условите и опремата за работа, промовира таленти и нивните способности, се грижи за нивното здравје и безбедност, има транспарентност во работењето, информира за битни одлуки во компанијата, што значи има добри интерни и екстерни комуникации. Исто така се промовира доверба меѓу вработените, нема полова, расна, старосна, социјална или хендикепт дискриминација, се почитува законската регулатива во сите сегменти на работењето. За вработените има превоз

и топол оброк, се помагаат социјалните категории за посебни прилики (свадби, летувања, погреби, огрев, стипендии и сл.) За општествено одговорна компанија во земјава гласаа членовите на комисијата составена од истакнати личности од невладиниот сектор, медиумите, бизнис секторот, естрадата, минатогодишните добитници и од ЦИРА, земајќи ги предвид активностите и проектите на компаниите во областа на општественото одговорно работење и нивниот придонес за заедницата.

Прва годишна изложба на студентите од Универзитетот Американ Колеџ

П

рвата годишна изложба на студентите од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, се отвори во Музејот за современа уметност. Изложени се 70 студентски трудови од студентите од прва, втора и трета година. Деканот на факултетот д-р Викторија Еремеева за настанот вели:

Гео-инженерски ден 2010

В

о Бизнис центарот на Скопски саем се одржа еднодневната стручна конференцијата „Гео-инженерски ден 2010“, во организација на ГеоЛИНК. Под мотото „Македонскиот инженерски врв на едно место“, настанот изобилуваше со технички предавања во две паралелни конференциски сали, поделени во две тематски области: AEC– архитектура, инженеринг и изградба на објекти и Geospatial - геопросторни технологии, геодезија, комунален инженеринг, ГИС и интелегентни сообраќајни системи (ITS). Централна тема беше Bulding Infofmation Modeling (BIM) концептот.

Ј.Г.

„Има многу макети на кои сме особено горди, бидејќи студентите вложија голем труд. Пријатно сум изненадена и од квалитетот на трудовите. Оваа изложба ќе прерасне во традиционална и наредната година ќе ги опфати четирите студиски години.“ Изложбата ќе трае до 7 јуни.

Ј.Г.

„Биди Зелен – Go Green” започна со едуктивна кампања

Н

евладината организација „Биди Зелен – Go Green” започна едукaтивна кампања која ќе трае до 10-ти јуни. Кампањата има за цел да ја покрене свеста кај младите луѓе за сериозноста од последиците на глобалното затоплување и климатските промени. Проектот се состои од два дела и кулминира со голем музички хепенинг на 12-ти јуни. Првиот дел од кампањата се состои од презентации во петнаесет средни училишта, каде се претставува концептот на зелена економија и

како да се придонесе кон нејзино градење. Покрај презентацијата се дистрибуира бесплатен примерок од магазинот Екологија, што тимот „Биди Зелен – Go Green” целосно го презема и модернизира за целите на проектот. Вториот дел е медиумска кампања чии главни носители се Марко-Слаткаристика, Тони Зен и Марко Тротоар. Покрај музиката и забавата ќе има и голем видео бим каде што ќе се прикажуваат едукативни видеа и пораки за одговорно однесување.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

13

Ј.Г.


инфо

„Форум Скопје 2010“

Со странски искуства до модел за регионални одговори

Ф

орум Скопје 2010“ годинава се одржа по третпат. Тој е „ замислен како платформа за урбанизам, архитектура, социологија и филозофија, а годинава на разни теми дебатираа експерти од разни области од Универзитетот во Харвард, од Србија, Словенија, Грција, како и од универзитети од Виена, Филаделфија и од Цирих. Според архитектот Иван Мирковски, втемелувач и организатор на настанот, оваа манифестација не е настроена критички, туку нејзината цел е со дебати да се искористат странските искуства за да се дојде до компаративни модели за одговори на прашањата за регионот. Форумот беше отворен со дебата на тема „Паралела меѓу 1963 и 2014“. Еден од дискутантите на трибината „Форум Скопје 2010“, предавачот на „Харвард“, Антонио Петров, истакна дека проектот „Скопје 2014“ не ги претставува верувањата на многумина околу тоа каде би требало да оди земјава. Според него 1963 година ја предизвикала 2014, и сега кога веќе

14

3

ПОРТА

4 јуни 2010

минатото се издига, добро е да се задржи дијалогот околу ова прашање. - Ако ја немавме 1963 година, можеби немаше да ја имаме ни 2014. Доколку на испит би имал студенти со идеи или стилови како од проектот „Скопје 2014“, тие веројатно би паднале, го изнесе својот личен став Антонио Петров. Скопје треба да ја задржи својата оригиналност ако сака да стане жив европски град, рече Зоран Талер, известувач во Европскиот парламент, на трибината „Форум Скопје 2010“. Темата на вториот ден беше „Скопје - европски град“. Според Талер, кој беше еден од поканетите учесници, таа оригиналност на градот подразбира да се избегнува концентрација на хипермаркети на периферијата. Тој истакна дека е потребно и да се намали вревата во сообраќајот. Возете повеќе велосипеди, возете се со автобуси, задржете ја оригиналноста на добрата храна. Направете нешто со вашата река. Уживајте покрај неа - рече Талер. Според него, големите

хипермаркети се болест, која ќе го уништи градскиот живот во Скопје. Професорот на Харвард, Антонио Петров, се согласи дека реката е клучен сегмент за оживување на еден град. Тој смета дека Скопје треба да се преобмисли, а за тоа е потребна јавна дискусија, која ќе ги нагласи улогите на граѓаните. Додаде дека новите скапи решенија од „Скопје 2014“ не се инспиративни за такво нешто. Како проблем за европската иднина на Скопје се спомена и најавената изградба на стокатници. Според професор Михаил Токарев, тоа ќе доведе до уште поголема концентрација на население во главниот град. - Ако продолжи ваквиот тренд на населување на Скопје, ќе ги снема другите градови и ќе остане само Република Македонија-Скопје - вели тој. На третиот ден од Форумот се одржа дебата поддржана од Европската Културна Фондација, на тема: Скопје - Град на солидарноста. Во дебатата што ја водеше Небојша Вилиќ, учествуваа и гостите Ника Грабар, архитект од Словенија, Стеван Вуковиќ од Србија, Мартин Голуб од Хрватска и Зоран Поповски од Македонија, како и заинтересираната публика. Темата беше сублимирана во фразата „Скопје – Град на солиданоста, претворен во Град на насилството“, додека дебатата се развиваше во разни поврзани правци. Беа изнесени разни гледишта, од коментари за актуелните настани

поврзани со насилството врз јавниот отворен простор, преку воведувањето во критичката уметност, до тезата дека секоја уметност во јавен простор е сама по себе насилна, во однос на просторот. Беа разгледани последиците од промената на општествениот систем во секоја од земјите на гостите-учесници, во контекст на начинот на кој транзицијата влијае врз поимувањето, прифаќањето и условите за користење на јавните простори. Не беа избегнати критиките кон просторното уредување без посветување соодветно внимание на амбиенталните вредности. Меѓу заклучоците што произлегоа од оваа конструктивна размена на идеи, се најде тезата за важноста на константната недовршеност на градот, бидејќи со неговото крајно дооформување, тој се претвора во експонат. Понатаму, се дојде до заклучокот дека физичкиот простор нè секогаш е реалистична репрезентација на реалноста. Покрај тоа што дебатата опфати примери од многу области, сепак највеќе внимание се посвети на јавниот простор, неговата употреба или злоупотреба, потребите за негово искористување во мултифункционалност и најважно од сè, најефикасните начини тој да се искористи.

Леонида Пенка БАША


Г

Е

Н ТИ

М

В а с ил Ѓо р гов 21 вл.2, лок . 8 , 10 0 0 С копј е Те л: + 389 2 3243 790 Факс : +3 89 2 3243 796 b iro p ro e k t@bir opr oekt.com.mk

biroproekt.com.mk

ПРОЕКТИРАЊЕ

К АР


скопје ЦеНТАр

Аеродром

“Веро” готов во септември

Скопје ќе добие турски облакодери

И

К

ако изгледаше како проект што е невозможно да се оствари, особено откога почна светската економска криза, сепак се најде градител заинтересиран да го направи аеродромскиот “Менхетн”, како што се нарекува предвидениот комплекс од три облакодери покрај булеварот Србија. По неколку неуспешни јавни огласи, на кои не се пријавуваше никој, конечно се одржа наддавање на кое тускиот холдинг “Џевахир”, преку својата локална фирма “Турк мак” победи понудувајќи само 100 денари повеќе од почетната цена од 4.600 денари, додека нивниот единствен конкурент, исто така од Турција, не лицитираше. Турскиот инвеститор доби градежна парцела од 21.150 квадратни метри, со површина за градење од 14.873 квадрати. Трите висококатници, кои не смеат да бидат пониски од 33 ката, а чија максимална предвидена висина изнесува импресивни 500 метри или 126 ката, ќе се наоѓаат на празното место меѓу касарната “Гоце Делчев” и бензинската пумпа “Макоил”, покрај булеварот Србија, кој се проширува.

омпанијата “Веропулос” на 1 септември ќе го отвори новиот “Веро центар” што се гради веќе две години на просторот спроти зградата на Народна банка. Однадвор објектот е готов, а во текот на летово треба да се доуреди внатрешноста на дуќаните. Скопје со “Веро центар” ќе добие модерен центар на 40 илјади м2 што ќе ги задоволува сите потреби за шопинг, а меѓу другото, во него ќе се нудат и производи од светски познати марки кои македонските граѓани досега најчесто ги купувале кога оделе во Грција, пред се во Солун. Во трговскиот центар што чини повеќе од 40 милиони евра ќе се сместат 42 продавници, 19 лифтови, ескалатори и подвижни ленти. Супермаркетот на “Веро” што ќе се наоѓа во него ќе има површина од 4.700 квадрати и висина од три ката и ќе биде најголем објект од таков вид во земјава. На две нивоа, во приземјето и во подрумот, ќе има паркиралишта за четири илјади возила. Атриум и игротека ќе има на вториот кат, а третиот ќе биде административен, за канцелариите на “Веропулос”.

Ѓорче ПеТров

Аеродром

Време е за ���генералка”

Се најде градител и за хотел

О

К

д општината Ѓорче Петров почна годинешната акција “Заедно за чисто и зелено Скопје”, која се одржува втора година по ред и треба да стане традиционална. Лани ова беше првата активност на Коце Трајановски како новоизбран градоначалник на Скопје. Во акцијата учествуваат јавните претпријатија на градот, како “Комунална хигиена”, “Паркови и зеленило”, “Улици и патишта” и “Водовод и канализација”, а со неа се опфаќа се, од зелените површини, преку улиците и пешачките патеки, до дивите депонии. Чистењето секаде трае по три дена, а неговата цел не е само да се изнесе ѓубрето од одредена локација и таа да се уреди, туку и да се зголеми јавната свест за одржувањето на животната околина.

омпанијата “Стоун бриџ” ќе гради хотел во близина на мостот “Близнак”, откако на јавно наддавање го купи земјиштето од 5.175 квадратни метри со понудени речиси половина милион евра. Инвеститорот, девет месеци по потпишувањето на договорот треба да извади градежна дозвола, а потоа да го направи објектот во законски предвидените рокови. Во спротивно, Министерството за транспорт и врски ќе може да ја врати парцелата во државна сопственост.

ЦеНТАр Наскоро унифицирани тезги на плоштадот

Н

аместо долна облека и евтини играчки на картонски кутии, на плоштадот “Македонија” наскоро ќе почнат да се продаваат сувенири и ракотворби на унифицирани тезгиња, како во повеќето европски метрополи. Градските власти распишале тендер за изработка на штандовите, на кој се пријавиле три фирми, па се очекува да се избере изведувачот. Идејното решение е на авторот Звонко Ставревски, кое беше избрано на конкурс. Тезгите ќе имаат модерен изглед и површина од 2м2, а ќе се изработуваат од пластика и од алуминиум.

16

3

ПОРТА

4 јуни 2010

КАрПоШ САрАЈ

Врело ќе се истражува со „Немо 100“

М

али подморници од германската фирма „Немо“ ќе ја истражуваат подводната пештера Врело на Матка, а потоа и Охридското езеро. За таа цел, германските нуркачи заедно со македонскиот спелеонуркачки клуб „Врело“ ќе се обидат да влезат во пештерата за да ја истражат внатрешноста.

Тие ќе нуркаат со малата подморница „Немо 100“, долга 3,5 метри, висока 1,5 метри и широка 1,8 метри, предвидена за две лица. Акцијата на германските нуркачи е најава на меѓународната експедиција „Врело 2010“ која ќе се случува на Матка од 9 до 20 јули. подготви:

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Општината се сели во „Зеф Љуш Марку“

О

пштина Карпош привремено ќе се пресели во просториите на средното училиште „Зеф Љуш Марку“, како и во нивниот стар објект во Нерези, соопшти градоначалникот Стевче Јакимовски. Моментно се врши адаптација и реконструкција на просториите во објектите во кои ќе работи администрацијата на Карпош, се до изградбата на новата општинска зграда. Градежните работи се одвиваат брзо, бидејќи општинските бараки наскоро ќе се уриваат.


3

4 јуни 2010 ПОРТА

17


■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА” Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk

■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др


региони

ВИНИЦА Тoндах - Македонија работи успешно и во кризни услови

С

ветската економска криза и посебно кризата во градежништвото не ја спречија компанијата ТондахМакедонија од Виница успешно да работи и во такви услови. За надминување на последиците од кризата оваа компанија лани го намали производството за 20%, а за толку падна и продажбата, но сепак финансиските резултати од работењето беа позитивни - беше остварена добивка. Формулата на успехот е во максимално намалување на трошоците. Оваа година на ниво на концерн, се очекува да биде потешка, па затоа кај сите членки зголемени се ангажманите да не се намалува производството и продажбата. Според директорот на Тондах Македонија, Трајче Серафимов, тоа значи дека годинава се планира производството и продажбата да бидат на ланското ниво. Воведена е посебна мобилност, а акцент е ставен на пласманот во Бугарија, како и во Албанија и Косово. Пред почетокот на кризата

во Тондах - Македонија се произведуваа 21 милион парчиња керамиди. Годинава, како и лани се планира производство на 17 милиони парчиња. Поранешната фабрика за тули и керамиди „Пролетер“ од Виница, која беше проценета на вредност од околу еден милион германски марки, по неколкугодишни преговори во 2001 година станува сопственост на австриската фирма Тондах. Обврска на новиот сопственик беше да инвестира околу пет милиони евра во реновирање на фабриката и вградување на нова технологија. Но, наместо тоа беше изградена сосема нова фабрика во која Австријците вложија 15 милиони евра. - Новите машини, новата најсовремена технологија, компјутерски водениот процес на производство, квалификуваната работна сила и квалитетните суровини ни овозможија двојно да го зголемиме производството, - вели директорот Серафимов.

МАВРОВИ АНОВИ

ТЕТОВО

Отворен информативентуристички центар

Реконструкција на фасадата на црквата Свети Кирил и Методиј

З

апочна реконструирањето на фасадата на Соборниот храм “Свети Кирил и Методиј” во Тетово. Причина за обновата на надворешните ѕидови на црквата е дотраеноста, како и неколкуте оштетувања. Со градежните работи ќе се направи санација на оштетените делови на фасадата, нанесување заштитна мрежа и нова пластична фасада отпорна на атмосферски влијанија.

В

о Маврови Анови, неодамна беше отворен Информативен-туристички центар, со што се реализира проектот “ Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко-туризам во Националниот парк - Маврово”. Канцеларијата ќе го подобри квалитетот и ефикасноста на понудата на туристички информации за поширокиот Мавровски туристички регион, и ќе презентира научни податоци за Националниот парк. Објектот ќе се користи и како образовен центар со прилагодена програма за различни групи на посетители (ученици, студенти, туристички групи). Наскоро ваква канцеларија ќе биде отворена во непосредна близина на Бигорскиот манастир.

К.К.

За сите овие работи ќе бидат потребни околу 4.500 евра. Изведувач на градежните работи е Бојан Павлов. Трикорабната крстообразна базилика е започната со градба во 1902 година, осветена е на Петровден 1925. Храмот има галерија со богослужни книги од 18 и 19 век, како и 130 вредни икони. Според бројноста на експонатите е четврти во земјава.

А.С.

ГОСТИВАР

Изградба на два погона во стопанскиот комплекс Зубовце

В

о “Стопанскиот комплекс Зубовце“, во атарот на Зубовце започна изградбата на две мали фабрики. Фирмата “Елком”, во новиот погон ќе произведува електронски соларни диферцијални термостати за соларни системи. Напоредно со ова ќе изгради современ сервис за индустриска електроника и автоматика на електро и моторни погони. “Дамјан - стил”, пак, во мини фабриката ќе се врши обработка и производство на сите видови метални конструкции и елементи за индустриски,

стопански и индивидуални објекти за живеење. Инаку, пред девет месеца во овој комплекс започна со изградба фабрика за производство и преработка на месни производи на фирмата “Карне - М” и современа пекара за производство на леб и бели пецива на фирмата “Амиго” . Наскоро ќе започне градбата пржилница на кафе, кикиритики, бадеми, ф,стаци и на други видови зрнести пренхранбени производи на фирмата “Интеркафе”.

К.К.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

19


балкан Браните што се планираат да се градат на реката Морача ќе имаат вкупна моќност од 242 мегавати и ќе ја намалат зависноста на земјата од електрична енергија од увоз. Но, невладините еколошки организации прашуваат колкава цена треба да плати животната средина за да се оствари големиот инфраструктурен план?

Екологистите го кренаа гласот против контроверзниот план

С

о живописната брегова линија по должината на Јадранско Море, недопрената природа и високите планини, Црна Гора во последниве години се претставува како зелен рај за туристите, авантуристите и инвеститорите. Сепак, плановите да се изградат четири хидроелектрични централи на реката Морача се закануваат да ја уништат таа слика. Екологистите во Црна Гора веќе почнаа кампања за заштита на Скадарското езеро во кое се влева Морача, птиците и зеленилото што ќе бидат на удар поради изградбата на браните. До владата на Црна Гора беше доставена и петиција со 14.764 потписи и барање да се разгледаат алтернативи на проектот, јавуваат светските медиуми. Браните на реката Морача ќе имаат вкупна моќност од 242 мегавати и ќе ја намалат зависноста на земјата од електрична енергија од увоз. Но, од светски познатата група за конзервација на дивиот свет WWF тврдат дека проектот ќе предизвика непоправлива штета врз животната средина.

Четири

брани

Реализацијата на проектот ќе подразбере уривање на 10 мостови на Морача, вклучувајќи и еден од Османлиско време, од 18 век. Стотици луѓе ќе мора да се иселат од своите домови кои ќе бид��т поплавени или оставени изолирани на планинските врвови. - Ќе се уништи голем дел од биолошката разновидност. Најголема грижа е што планот не ги почитува стандардите на Европската Унија вели за агенцијата Ројтерс, Шантал Менард портпаролка на WWF.

Дива убавина, недостиг од енергија Црна Гора е земја со многу малку индустрија, но многу горда на својата природа. Таа дури и се рекламира со слоганот „дива убавина“. Но, земјата страда од дефицит на електрична енергија.

20

3

ПОРТА

4 јуни 2010

Како што пренесува Ројтерс, во 2010 година земјата планира да увезе околу 817.000 мегават часови електрична енергија, со што би се задоволила една третина од потребите за електрична енергија. Струјата доаѓа главно од Босна и Херцеговина и дел од Србија. Четирите хидроцентрали што се планираат да се градат на реката Морача би произведувале и до 730.000 мегават часови годишно електрична енергија, со што енормно би се намалила зависноста. Ројтерс објави и дека консултант платен од владата на

Црна Гора подготвил студија која дава зелено светло за проектот на четирите брани, ставајќи акцент на тоа дека изградбата на браните нема да има големо влијание врз средината. Владата, коментира Ројтерс, требала да објави дека реализацијата на проектот ќе подразбере уривање на 10 мостови на Морача, вклучувајќи и еден од Османлиско време, од 18 век. Стотици луѓе ќе мора да се иселат од своите домови кои ќе бидат поплавени или оставени изолирани на планинските врвови.

- Луѓето мора да добијат компензација за нивната земја, а инфраструктурата мора да биде подобрена, а не доуништена со овој проект - вели Вук Ракочевиќ, жител на загрозената област. Опасност го демне и познатиот манастир Морача од 13 век, позната дестинација на туристите во Црна Гора. Иако владата објави дека манастирот е безбеден, Ројтерс ја пренесува загриженоста за Православната црква сметајќи дека водата ќе надојде до манастирот. Свештеникот Велибор Џомиќ кој богослужи во манастирот, вели дека


балкан Од WWF потсетуваат дека Скадарското езеро е под заштита на Рамсарската конвенција за водни живеалишта од меѓународно значење и е едно од петте најважни презимувалишта за птици во Европа. Во опасност од исчезнување се ретки видови пастрмка, а самиот рибник на Скадарското езеро може да се намали за 30 отсто и да оствари загуба од околу 1.5 милион евра годишно. црквата ги разбира потребите од нови капацитети за производство на енергија. - Треба да знаеме дали владата ќе застане зад овој проект. Странските компании доаѓаат и си одат. Ова не е игра - изјави Џомиќ, за агенцијата Ројтерс.

Невладините организации на нозе Од Светскиот фонд за див свет (WWF) информираат дека нивни експерти во соработка со невладината организација Green Home од Црна Гора, како независни стручњаци, ја оценувале владината студија за проценка на влијанието на браните врз животната средина. Студијата, според WWF, покажала многу недоследности и недостатоци. Меѓу нив, прашањата поврзани со популацијата и човековото здравје не биле адресирани правилно. На пример, во студијата се вели дека изградбата на браната Андријево во близината на Подгорица ќе има значајно влијание врз популацијата и ќе значи загуба на повеќе од 200 згради. Во извештајот, сепак, не е објаснето како и во кој рок загубата на зградите ќе се надополни со позитивните ефекти од

произведената електрична енергија и помалата зависност од струја од увоз, коментираат во WWF. Извештајот на експертите на WWF посочува дека изградбата на браните ќе предизвика трајна загуба на живеалиштата на повеќе видови животни, меѓу кои, на орлите, соколите и на бувовите. Поплавувањето на делови од кањонот, пак, ќе ги уништи дрвјата и повеќе видови риби. По предавањето на петицијата, претставници на WWF и на Green Home се сретнале со Клајв Рамболд, заменик-шеф на делегацијата на Европската Унија во Црна Гора, за да нагласат дека големиот инфраструктурен план заостанува зад европските стандарди за раководење со реките. Од WWF потсетуваат дека Скадарското езеро е под заштита на Рамсарската конвенција за водни живеалишта од меѓународно значење и е едно од петте најважни презимувалишта за птици во Европа. Во опасност од исчезнување се ретки видови пастрмка, а самиот рибник на Скадарското езеро може да се намали за 30 отсто и да оствари загуба од околу 1.5 милион евра годишно.

- Ако хидроенергијата е дел од иднината на оваа земја, треба да се направи сè за да се минимизира негативното влијание на таа енергија врз природата и врз луѓето - вели Дарко Пајович, раководител на невладината Green Home. Користа од браните човештвото ја согледало векови наназад. Браните овозможуваат искористување на енергијата на водата за производство на струја и овозможуваат користење на поголеми количества за наводнување на земјоделските површини. Но, во последниве години во фокусот се негативните последици од браните. Овие објекти ја менуваат локалната животна средина, дивиот свет, процесот на ерозија и локалната клима, а придонесуваат и за миграција на населението.

Елена КУЗМАНОВСКА

закана за дивата природа на Црна Гора

3

4 јуни 2010 ПОРТА

21


градежништво

да изгради кружен склад за компири со пречник од 32м и височина 10.5м. South тогаш го патентирал својот пронајдок и основал своја фирма за градба на монолитни куполи за различни типови згради: училишта, куќи, цркви, спортски објекти и деловни згради. Заради едноставноста на градбата, малата потрошувачка на материјал и простата конструкција на куполата фирмата Monolithic Domes for the World Foundation изгради 70 куполи за преживеаните на островот Јава по земјотресот во 2006 година. Секоја од нив чинеше само 1500 долари.

Еко лушпа КОНСТРУКТИВНИ ИНОВАЦИИ

отпорна на урагани М

онолитната купола (Monolit Dome) е конструктивен систем од тенка армирано бетонска лушпа. Овој тип на конструкција популарен е во САД заради својата отпорност на силни ветрови и релативно ниската цена на градба. Институтот за монолитни куполи (Monolithic Dome Institute) своите конструкции од овој тип ги нарекува и еко-лушпи (ecoShell: economical, eco- friendly thin- Shell) Предностите на куполите Monolithic се: при градењето користат двојно помала количина бетон и арматура за иста површина во однос на класичниот систем на градба, закривената површина куполата ја прави отпорна на сини ветрови, при

Начин на градба на куполите Monolithic: Прво се оформува кружна армирано бетонска плоча. Потоа вертикалната арматура се поставува во прстенестиот темел на основата. Вентилаторите ја пумпаат со воздух пластичната мембрана (airform) направена од PVC, пресвлечена со најлон или полиестер до формата на идната купола. Од внатрешната страна се нанесува слој на полиуретан, се поставуваат анкери и се нанесува уште еден слој на полиуретан. На веќе формираната купола со помош на поставени анкери се врзува арматура во вид на мрежа составена од вертикални и хоризонтални шипки. Најпосле врз арматурата од внатрешната страна се прска торкрет бетон и куполата финално се обработува со малтер и боја.

земјотрес конструкцијата се подигнува заедно со тлото и не се руши, отпорни се на оган и спаѓаат во долготрајни конструкции. Исто така, бетонот на куполата создава термичка маса која допринесува за енергетска ефикасност што е голема предност во однос на другите конструкции. Развој на монолитните куполи Монолитните куполи од торкретиран армиран бетон се иновација на David B. South. Тој уште како тинејџер слушал едно предавање на Buckminster Fuller за куполите од полигонални елементи. Желбата да направи форма на купола што ќе може лесно да се изведува во пракса му се исполнила дури во 1975 година кога со браќата успеал

(monolithic.com)

Гран при за пластика НАГрАдИ ЗА ЗеЛеНИ ИНовАЦИИ во ГрАдеЖНИТе мАТерИЈАЛИ Добитник на наградата за зелени иновации во градежните материјали за оваа година е повторно Bovis Lend Lease, а производот што им го донесе ова признание е наречен RePlaS (Recycled plastic products).

22

3

ПОРТА

Овој материјал претставува поевтина варијанта на иверка, која може да се рециклира и до десет пати. Меѓу останатите номинирани за оваа награда, потесната конкуренција се сведе на следниве производи: 4 јуни 2010

reen-Tech – Walkergate G Hospital. GT Greentree е еколошка и разградлива

замена за сè посиромашниот горен слој на почвата. Изработката на овој производ е плод на соработка со Yorkshire Water, чија идеја е остварена во поглед на креирање еколошко ѓубриво

од процесиран разградлив отпад и вишокот ископана почва при локалните градежни потфати. На овој начин, се збогатува веќе одвоената земја и се претвора во продукт кој може да се примени во планираните зелени површини во реализирањето на локалните проекти.


градежништво

која се рециклира 10 пати hoist UK – Tradical Lматеријал Hemcrete. Овој со биолошки

состав претставува врзивно средство на база на вар, кое содржи слама и дрвенести остатоци од коноп одгледан и обработен во Велика Британија. Ваквата разградлива технологија е практична заради карактеристиките што овозможуваат смесата да се подготви на самото место и да се нанесува со прскалка на површините, во облик на спреј. Како супститут се одликува со висока еколошка функција заради изразито ниското негативно влијание на околината, за разлика од производите на чие место може да се корис��и. (cnplus)

ggregate Industries A – Enviroblock. Овој материјал е

изведен во форма на градежни блокови кои имаат „пријателски однос“ кон околината. Тој би се произведувал од сирови отпадоци и рециклирани материјали содржински застапени во процент од 72 до 93%. Дел од содржината отпаѓа на рециклирани агрегати кои инаку се испуштаат во природата, но и нус-појави од некои индустриски производства, како на пример порцеланскиот камен и слично. Овие блокови се проценети на А-класа според BRE environmental profiling.

nauf Drywall K – Futurepanel. Futurepanel е

јагленонеутрална панел плоча, во чиј состав влегува минимум 10% рециклиран градежен гипс, додека остатокот отпаѓа на рециклирана хартија. Производителот Knauf Drywall ја претставува својата иновација како чекор напред кон промена на индустријата во поглед на еколошките и енергетскиефикасните стандарди кои треба да ги има градежништвото во блиска иднина.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

23


градежништво - Македонија беше лидер во регионот пред 10-15 години во патната мрежа, но за жал, ние потоа не ја разгранивме и не ја надградивме. Сега сме последни во регионот. Другите земји од соседството го искористија тоа и направија свои коридори со што ја намалија важноста на Коридорот 8 , вели Вулнет Палоши, претседател на Друштвото за патишта на Македонија, кое организираше стручно патување во 7 земји од регионот, со цел да се спореди развојот на нивната патна инфраструктура со нашата

Стручно патување низ регионот на Друштвото за патишта

Од лидери, станавме последни во регионот по патната мрежа

Хрватска

Хрватска

Италија

Италија

Д

руштвото за патишта на Република Македонија организираше стручно патување низ седум земји во регионот, со цел да ги поминат патиштата и да видат како стои Македонија со патната инфраструктура во споредба со другите земји, односно што имаме направено и до каде сме стигнале за овие години откога Македонија е самостојна земја. „Ваквиот компаративен пристап ќе овозможи имплементација на современи техники при реализација на инфраструктурни проекти кај нас “, смета д-р Вулнет

24

Словенија

3

ПОРТА

4 јуни 2010

Палоши претседател на Друштвото за патишта на РМ. „Првата делница ни беше Скопје - Приштина, односно Пеќ - Рожај - Будва, за да видиме што се случува во Косово каде интензивно се гради во последниве неколку години. Го посетивме влезниот и излезниот дел на заобиколниот пат околу Приштина. Таму видовме интересно решение на новиот автопат кој е направен со две ленти во правец и една лента одвоена за пристап до индустриски објекти. Потоа бевме во Црна Гора каде ни остави впечаток проширувањето на патот и третата лента на излезот на Подгорица. Следеше автопатот Дубровник Шибеник со постоечките објекти, тунели и раскрсници, обработка на насипи и усеци и други пратечки објекти. Третиот ден ги посетивме реконструираните бетонски автопати и видовме како е направено проширување

на истите возејќи по автопат Шибеник –Загреб - Минхен. Ги поминавме и патиштата низ Алпските планински предели на Италија. Во Венеција ги видовме насипите и преливните брани за заштита од поплави. Поминавме и низ Рим. За назад кон Скопје патувавме преку Драч –Албанија“ кажува тој. Според м-р Горан Мијоски кој исто така учествувал во патувањето, во Црна Гора и Хрватска особено се интересни методите за обезбедување на патиштата од свлечишта, кои во изминатиот период во Македонија претставуваа голем проблем. „Обезбедувањето се врши со современи потпорни ѕидови, изработување на галерии со мрежи и армирање“ вели тој. Нему голем впечаток му оставил преминот преку полуостровот Пељешац што се гради за заобиколување на Неум. „Тое е голема инвестиција за толку мала

делница. Но, ако го нема овој премин кој моментно се гради, босанската граница долга 6 километри треба да се поминува двапати, што во летниот период создава голем застој во сообраќајот. “. Членовите на делегацијата на Друштвото за патишта се воодушевиле од состојбата на патиштата во Хрватска. Велат дека ако Германците се број еден во светот по

патна инфраструктура, тогаш Хрватска и е серизна конкуренција. За 7 години имаат инвестирано во патната мрежа 10 милијарди евра, а за наредните 5 години плaнираат уште 5 милијарди. „Некој би рекол дека се презадолжени, но jас на тоа гледам како на инвестиција. Изведбата е совршена од секој аспект, од инженерски, геометриски. Во однос на


градежништво - Ако Германците се број еден во светот по патна инфраструктура, тогаш Хрватска и е серизна конкуренција. За 7 години имаат инвестирано во патната мрежа 10 милијарди евра, а за наредните 5 години плaнираат уште 5 милијарди. Нејзината изведба е совршена од секој аспект, од инженерски до геометриски. Во однос на квалитет тие користат врвни материјали , смета м-р Горан Мијоски.

Хрватска Хрватска

Хрватска Албанија Црна Гора

Германија Италија

Хрватска

квалитет тие користат врвни материјали.“ вели Мијоски. Во Хрватска особено се импресивни тунелите што имаат галерии на секои 5 километри за застанување во случај на незгода. Постојат и споредни излези во случај на пожар. Целиот пат е под видео надзор. Постои мониторинг служба која сигнализира ако има оштетувања на патот и тоа веднаш се поправа. Се внимава и на животинскиот свет и се градат еколошки мостови за животни. За нивна изработка претходно се направени студии со кои се дознава каде најчесто поминуваат диви животни и потоа таму им се направени вештачки премини. Слично изгледаат и патиштата во Словенија која речиси цела е поврзана со перфектна патна мрежа, освен мал дел кон Хрватска кој не е завршен поради меѓудржавен спор. Во Германија постои одлична патна мрежа, но воодушевува тоа што сè уште инвестираат во нејзино подобрување.

„За нас особено беа интересни бетонскоцементните патишта. Во овој начин на изградба Австрија е лидер. Бетонскоцементните подлоги се крути, но се подолготрајни и лесно се одржуваат. Друга предност е што сите земји го имаат бетонот како материјал од природен ресурс и не мора ништо да се увезува. Единствен недостаток им се дилатациони фуги кои во последно време се исполнуваат со современи полнила. Плочите се со големина од 10 метри и дебелина од 20 сантиметри. Во новите конструкции тие премини практично не се чувствуваат“ вели Палоши. Во заштитата од бучава Австрија е лидер. Во оваа земја како метод се применува дури и правењето галерии и вештачки тунели во близина на населени места за да се анулира бучавата. Воопшто, заштитата на човековата околина во Европа е приоритет. Како податок, 90 проценти

од бучавата е од транспорт, а 50-60 проценти се од патен транспорт. Кај нас таква заштита постои само на новата обиколницата околу Скопје. После сумирањето на сите податоци и впечатоци во Друштвото за патишта, следува заклучокот за позиционирањето на Македонија кој според Палоши е разочарувачки. „Нашата земја беше лидер во регионот пред 10-15 години во патната мрежа, но ние не ја разгранивме и не ја надградивме. Ништо не се вложуваше и како резултат на тоа сега сме последни во регионот. Другите земји во соседството го искористија тој индиферентен однос и направија свои коридори со што ја намалија важноста на Коридорот 8“, вели Палоши.

Јулијана ГЕРАСИМОВСКА

3

4 јуни 2010 ПОРТА

25


градежништво

Сина пена за Styrofoam (Polykem SR) е сина екструдирана полистиренска пена (XPS), која служи како изолационен материјал. Заради технологијата на производство со екструдирање, плочите имаат еднолична структура на затворени клетки. Оваа структура има многу предности: ниска вредност на топлинска спроводливост за долги периоди, одлична механичка цврстина, нема капиларно впивање, висока оптпорност на влага, постојаност на циклусите на смрзнување и одмрзнување, долг рок на употреба, мала тежина и лесна обработка (се сече со едноставни алати), отпорност на распаѓање и стареење. Исто така, материјалот е чист, без мирис и не ја надразнува кожата.

К

арактеристиките на овој материјал овозможуваат негово вградување во инверзни рамни покриви, надворешни подрумски ѕидови и на подот под плочите како изолација против смрзнување во станбените згради и инженерските објекти. DOW, фабриката што за прв пат го произведе Polykem SR во 1941 година, има цела палета на вакви изолациони материјали за

посебни намени: Roofmate е наменет за изолација на покриви, подови и конструкции под земја; Floormate - за изолација на станбени и индустриски подови, како и за темелни плочи; Shapemate - за изолација на ѕидови, цоклиња и за заштита на толински мостови; Styrofoam LB - за изолација на PVC и AL панели; Styrofoam RTM - за изолација на ладилници и др.

Покрив-плус со чакал

Roofmate и Floormate за изолација на инверзни рамни покриви Покривите се елементи кои се најизложени на надворешни влијанија. Заради тоа нивната правилна структура е одлучувачки фактор за нивната долготрајност. Кај рамните покриви изградени со конвенционален начин на градба, топлинската

Покрив-плус-екстензивен зелен покрив

изолација се наоѓа над покривната плоча, а под хидроизолацијата. Хидроизолацијата на тој начин е термички изолирана од другиот дел на покривната конструкција, а со тоа е изложена на широк температурен спектар со зголемен ризик од претерано пукање. Кога ќе го п��имениме концептот на инверзниот покрив, ризикот од пукнатини е минимален.

Покрив со ROOFMATE SL-A на парапет

бетонски плочи хидроизолација постоечки покрив

чакал со фрикција 16/32 мм дебелина 50мм геотекстил (нпр. полипропилен) 110-140 g/m2

26

3

ПОРТА

4 јуни 2010

нова битуменска хидроизолација постоечка плоча

екстензивен тревник-вегетација дренажа со дебелина 80-100 мм слој за одвојување - геотекстил (нпр. полипропилен) 110-140 g/m2

нова битуменска хидроизолација постоечки покрив


градежништво

зелен покрив Термоизолационите плочи поставени преку хидроизолацијата обезбедуваат заштита од бројни штетни влијанија. Тоа се: екстремните температури - кај инверзните покриви температурата на хидроизолацијата се движи во многу мали интервали, потоа климатските влијанија и UV-радијација, механичките oштетувања во текот на вградувањето. Системот на обратна изолација на рамните покриви се покажа успешен во Европа повеќе од 35 години. Во споредба со конвенционалните покриви, очекуваниот животен век на хидроизолацијата е подолг, а ризикот од пукање е намален благодарение на постојаната ефектна заштита. Сo правилно поставување на паропропустливите покриви не се

очекува намалување на термичките својства. Проценката за животниот век на правилно проектиран и изведен инверзен покрив се движи од 45 до 50 години, а Roofmate таблите траат преку 50 години. Обратниот систем на изолација е применлив за сите видови рамни покриви. Вообичаениот начин на градба се непроодните покриви со заштитен слој чакал на површината. Инверзните покриви наоѓаат примена на покривни површини како што се тераси, зелени покриви, паркинзи. Концептот на инверзниот покрив има повеќе предности: заштитена хидроизолација, хидроизолацијата се поставува на покривната плоча

Интензивен зелен покрив

ткаенина (нпр. полипропилен) 110-140 g/m2

слој за филтрација дренажен слој

битуменска хидроизолација бетонска плоча

Правила за изведба За да се добијат оптимални особини на инверзниот покрив, мора да се следат некои основни правила. Прво, пожелно е покривната плоча да е армирано-бетонска, минимум 150-200 кг/ м2 и со минимален пад од 1,5%. Кај лесните покривни конструкции како што се металните таванки на пример, коефициентот на отпорност на

Екстензивен покрив со дренажа

екстензивен тревник-вегетација слој со дебелина 80-100 мм слој за одвојување-филтрација вегетација дренажен слој со дебелина

(бетонската плоча), едноставно се вградува без дополнителна парна брана, поставувањето на слоевите над хидроизолацијата не зависи од временските услови, и најважно од сè заштеда на енергија и намалување на трошоците.

дренажен слој ткаенина (нпр. полипропилен) 110-140 g/m2

битуменска хидроизолација бетонска плоча

преминот на топлината под слоевите на хидроизолацијата мора да биде минимум R= 0,15 m2 K/W. Слоевите над Roofmate SL таблите мора да бидат паропропустливи. Вирчињата вода и плочите за поплочување што се поставени директно на термоизолацијата создаваат ризик од кондензација. Кај зелените покриви-тераси, паркиралишта, се препорачува поставување на слој за дифузија помеѓу толинската изолација и тлото, плочите за поплочување или бетонските плочи. Roofmate SL треба да бидат поставени во еден слој. Дебелината на слојот за покривање треба да е толкава што ќе го спречи подигањето 

Еднослоен екстензивен зелен покрив

екстензивен тревник дренажен слој на вегетација со дебелина 80-100мм ткаенина (нпр. полипропиленска) 110-140 г/м2

битуменска хидроизолација бетонска плоша

3

4 јуни 2010 ПОРТА

27


градежништво

Изведба на тераса со плочи за положување на слој на чакал

Изведба на тераса со плочи за положување на дистанцери

Адхезивна изведба на тераса со плочи

бетонска плоча

чакал

битуменска хидроизолација

бетонски плочи цементен естрих керамички плочки дистанцери

геотекстил - слој за дифузија и сепарација

28

3

ПОРТА

4 јуни 2010

 на таблите под дејство на силата на ветерот и ќе го оневозможи нивното лебдeње. За непроодните покриви се препорачува слој на чакал со гранулација 16/32 мм минимум 5 см дебелина. Помеѓу термоизолацијата и слојот на чакал треба да се постави геотекстил кој е паропропустлив и водонепропустлив. Тој треба да има преклоп од 200мм заради подобрување на стабилноста на таблите, заштита на нивната површина и спречување на продорот на чакал во споевите помеѓу таблите. За таа цел се препорачува користење на неткаен полипропиленски филц 110140 g/m2 тежина. Зоните на слојот за израмнување што се наоѓаат покрај рабовите, треба да се заштитат од влијанието на ветерот со дополнителен товар, плочи за поплочување или со држачи за товар. Во практика се изведуваат две Styrofoam решенија за изолација на инверзните покриви. Првото, Roofmate SL се користи за изолација на непроодни покриви со слој на чакал за заштита на тераси, зелени покриви, проодни покриви со оптоварување до

33 t/m2, а второто Floormate 500, Floormate 700 е наменето за покриви изложени на тешки оптоварувања, како и покриви проодни за тешки возила со оптоварувања преку 33 t/m2.

Покриви – тераси Терасите се најчеста форма на рамните покриви. Тие се изведуваат со поставување чакал преку таблите Roofmate SL врз кој се редат бетонските плочи. Помеѓу слоевите на термоизолација и агрегатот има слој на геотекстил отпорен на гниење (како што е на пример, полипропиленскиот филц), кој делува како заштитен и раздвојувачки слој. Алтернатива на ова решение е полагање на бетонски плочи на дистанцери поставени на изолацијата низ геотекстилот. За адхезионо поплочување се користат плочи отпорни на смрзнување кои се врзуваат за армирано-бетонската плоча од 6мм, која се поставува врз слој од чакал од 3мм. Помеѓу АБ плочата и плочите се поставува парна брана од геотекстил.

Зелени покриви Зелените покриви најчесто

се изведуваат како инверзни покриви каде термоизолациските табли овозможуваат заштита од хидроизолација. Падот на покривната површина треба да биде таков, да ја избегне долготрајната потопеност на Roofmate SL изолационите табли во вода, како и да се избегне константното акумулирање вода во дренажниот слој.

Покрив плус Концепцијата на покрив плус со Roofmate SL изолациски табли преку хидроизолацијата е економично решение на обновување. Ваквата структура овозможува постоечкиот покрив да се претвори во нискоенергетски потрошувач. За да се направи тоа, најпрвин треба старата хидроизолација стручно да се подготви за обновување: да се отстранат меурите, засеците, наборите и преку постоечкиот слој да се постави нова хидроизолација. Дури тогаш, врз обновениот слој може да се изведе каков било инверзен покрив

Сузана ВАСИЛЕВА дипл.град.инж.


ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ Ул. „Љубо Петровик“ 33, Скопје Тел/Факс: 02 26 27 391 Мобилен: 070 311 470

www.kb.com.mk

Контакт-центар: (02) 3 296 800

Проектирање, истражување, изведување, контрола и надзор на објекти од нискоградба, високоградба и хидроградба


архитектура ЈУЖНО АФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА

ЦЕНТАР ЗА ПРЕВОД ПОСВЕТЕН НА НЕЛСОН МАНДЕЛА

Ц

ентарот за превод изграден во чест на Нелсон Мандела, во областа Александра, Јоханесбург, претставува нова платформа за развиток на активности и социјализација на жителите во ова место, кое се наоѓа во најсиромашните области во Африка. Peter Rich Architects го замислиле овој проект како современа точка во непланската спонтана архитектура на овој регион, кој ја почитува постоечката традиција и амбиент. Центарот

НОРВЕШКА ГРАДИНКА ИНСПИРИРАНА ОД РУБИКОВАТА СЛОЖУВАЛКА

К

ако Рубикова сложувалка е решена градинката Knarvik која ја дизајнираа архитектите од студиото Tysseland Architecture. Претставува уникатна композиција на повеќе коцки. Секоја од нив има димензии 8х8х8м и има пресврт само во една точка каде што се издигнува за 2м. Коцките поставени еднододруго се вклопуваат во теренот како карпи, поврзувајќи се со својата околина на специфичен начин. Надворешната обвивка на објектот е направена од дрвени панели за кои е предвидено дека со тек на времето ќе станат сиви. Варијацијата со вертикални и хоризонтални панели ја прави границата помеѓу прозорците и отворите, и создава динамична фасада. Идејата на архитектите е да се генерираат повеќе различни форми кои се базираат на преклопување на само еден фрагмент.

30

3

ПОРТА

4 јуни 2010

за превод има различни содржини кои се распоредени на 3 нивоа. Програмата се состои од изложбен простор, архива на џез музика која традиционално се создава од староседелците, библиотека, центар за спортски активности, продавници и ресторани. Објектот е замислен како мост кој се движи над бучните улици на Александра. Преку ваквиот дизајн, тој генерира два урбани плоштади, места кои се збогатени со неформалноста на уличниот живот.


НОВ ЗЕЛАНД ПОКАНА ЗА УчЕњЕ

А

рхитектот Francis Jones Morehen Thorp во соработка со Archimedia, во Нов Зеланд проектираа универзитет кој како инспирација ја зема фузијата на пејзажот, урбаната форма и културното наследство на енвајронментот. Во архитектурата ги споиле и барањата на Универзитетот да се направи нов центар за учење и иновација. Архитектите креирале серија на лебдечки органски ленти кои прават гест на покана, истовремено фокусирајќи ја енергијата на локацијата во новиот простор. Овие панели изработени со челик и стакло, внимателно се компонирани за да можат да ве ориентираат во внатрешноста, насочувајќи го вашето внимание на одредени пејзажни точки во надворешноста. Архитектонскиот израз претставува современа интерпретација на европските објекти, кои ги карактеризираат почетоците на Универзитетот. Како нов моќен симбол на образованието, истражувањето и знаењето, школата и во својата архитектура покажува колку се цени иновацијата и прогресот.

КИНА

И

ЕНЕРГИЈАТА НА ХОНГ КОНГ

сток“ е бизнис хотел лоциран во станбено-деловниот дел на Хонг Конг. Тој создава нов концепт за проектирање на хотели кој започнува од внатрешноста кон надворешноста. Еден од архитектите на студиото CL3 Architects бил одговорен за внатрешното уредување на целосниот ентериер на хотелот, започнувајќи од влезниот простор, до рестораните, барот и собите за посетители. Самото име „Исток“ е резултат на дизајнерската интерпретација на современото егзотично патување во Хонг Конг, кое

АРХИТЕКТОНСКА АТРАКЦИЈА ВО МАЈАМИ

ви овозможува да дојдете во допир со кинеската култура. Употребена е едноставна палета на материјали, дрво во две нијанси и црн челик како акцент насекаде низ хотелот. Собите се означени со кинески букви и симболи, додека просторно се решени така што сите соби се отворени без прегради. Централното место покрај прозорците го зафаќа бањата. Со својата подолга страна собите, како и ресторанот гледаат кон градот, концепт кој ја пренесува енергијата на Хонг Конг во внатрешноста на хотелот.

САД

Н ПОдГОТВИ Александра Шекутковска дипл.инж.арх.

овиот објект 1111 Lincoln Road кој го проектираше архитектот Robert Wennett заедно со студиото Herzog & De Meron моментно се гради на едно од најатрактивните места во Мајами. Изградбата треба да заврши до крајот на ова година, кога треба да биде готов и уште еден проект на Herzog & De Meron за овој град, новата галерија на Уметничкиот музеј на Мајами. Проектот содржи 300 паркинг места, 11 продавници и 3 ресторани сместени во приземјето, додека луксузните резиденции и ресторанот се распоредени на другите нивоа.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

31


Мрежа од дрвени столбови

32

3

ПОРТА

4 јуни 2010


архитектура За да ги Задоволи сите услови диктирани од локацијата, архитектот Nicolas loi од бирото loi arqutectos, во куќата во tuNqueN (Чиле), предвидел Мрежеста структура од дрвени столбови и греди како основа За шеМа, која содржи надворешни простори од куќата (влеЗ и тераси). трите волуМени внатре во Мрежата ги содржат главните површини на куќата (дневната соба и спалните соби), а трите сервисни волуМени (кујна и бањи) се поврЗани со секој од главните простори на куќата

К

уќата се наоѓа во Tunquen, крајбрежна област во централно Чиле, на плац со површина од 5000 м2, кој е свртен спрема морето. Пристапот до локацијата се наоѓа во долниот дел, така што влезот на куќата е свртен со грб спрема морето. Вилата што има површина од 139 м2, е завртена кон океанот. Оваа област има малку врнежи и се одликува со ниска вегетација. Силните и ладни ветрови дуваат од југо-исток. Ориентацијата на локацијата е кон југ, така што и главните погледи на пејзажот се кон југ. (Ова е јужна хемисфера, така што сонцето секогаш доаѓа од север). Сончевата светлина доаѓа од север, во горниот дел од парцелата, наспроти главните погледи од куќата. Географската местоположба ги одредува основните проектантски параметри- куќата мора да биде отворена кон југ, но исто така таа треба да биде транспарентна и кон север, за да доаѓа сончевата светлина и во задниот дел. За да ги задоволи сите услови за успешно проектирање, архитектот Nicolas Loi од бирото Loi Arqutectos, предвидел мрежеста структура од дрвени столбови и греди како основа за шема, која содржи надворешни

простори од куќата (влез и тераси). Трите волумени внатре во мрежата ги содржат главните површини на куќата (дневната соба и спалните соби). Со тоа што се поголеми и повисоки, овие три простори добиваат светлина од задната страна на локацијата. Три сервисни волумени (кујна и бањи) се поврзани со секој од главните простори на куќата. Оваа проектантска шема исто така ги решава потребите на инвеститорот што барал дневната, трпезаријата и кујната да бидат интегрирани во еден простор, надворешната тераса да биде заштитена од ветерот, а родителската спална, како и детската, да бидат изолирани акустички и да имаат своја приватност. Распоредот на главните три волумена на куќата создава три средни полу-внатрешнинадворешни простори: тераса, приоди и одвоени простори помеѓу двете спални. Терасата е заштитена од силниот ветер со дрвени ролетни, со големо ламинатно стакло, како и со постоечките дрвја. Заштитата од јаките сончеви зраци во лето е постигната со наклонети дрвени греди кои во зима им овозможуваат на сончевите зраци да поминат низ нив.



3

4 јуни 2010 ПОРТА

33




Волуменот на дневната соба има поголема височина од останатите простории со цел да се добие повеќе сончева светлина, а исто така ја штити странично терасата од југоисточните ветришта. Трпезаријата и кујната се наоѓаат за едно скалило над дневната соба со што се избегнува мебелот да ги попречува погледите кон океанот. Спалните соби имаат поголема височина и овозможуваат сместување галерија на која се поставени мали детски кревети. Внатрешниот ходник во куќата, исто така ја добива северната светлина преку просторот што ги одделува двете спални соби. Западната тераса е поделена на два дела, делот што е поврзан со дневната соба служи и како летна кујна и трпезарија. Просториите за гости се сместени во посебен објект, целосно одвоен од главната куќа со која се поврзани преку пешачка патека. Куќата во целост е изградена од борово дрво кое е лакирано со темен лак отпорен на надворешни влијанија 

Ангел СИТНОВСКИ 34

3

ПОРТА

дипл.инж.арх.

4 јуни 2010


Trimo Makedonija dooel Skopje 070 387 535 070 385 585

t: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 42 trimomakedonija@trimo.com.mk, www.trimo.si

liting@t-home.mk

молерисување и гипсани работи Ул. „Фрањо Клуз“ 11Б, 1000 Скопје Тел: 02/2461 268 Моб: 075/28 35 37

КАРА КОМЕРЦ

МОЛЕРО-ФАРБАРСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ

тел.: 070 231 193

канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги

„ГВ“ ДООЕЛ

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

ќ“ лам.2, 1/1-2 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје

15 , 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk


Во рамките на креативниот фестивал за велосипеди ВелоФест 2010 во Скопје, се одржа работилница за проектирање на велосипедски патеки. Нејзини организатори беа: Одржливи иницијативи во партнерство со Архитектонскиот факултет – Скопје, во соработка со Коалицијата за одржлив развој и поддршка од Град Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

елосипедот В и

градот С

тудентите, во рамките на работилницата, имаа задача да создадат идејни решенија за велосипедски патеки кои ќе придонесат во подобрување на градското возење велосипед. Тие беа поделени на три групи кои работеа на три различни типови на велосипедски употреби. Секоја група даде решенија кои се однесуваа специфично за својата проблематика: рекреација, туризам, секојдневни потреби. “Работата започна со заедничко возење по градот Скопје кога беа извозени 14 км по градските улици, во траење од 2,5 ч. Ова беше своевидна авантура, зашто возење по Скопје во период од 12-15 ч., со група од 20 велосипедисти, може слободно да се каже, не е секојдневна појава” - вели Дивна Пенчиќ.

Темата на првата група беше туристички велосипедски патеки, кои за цел би имале поврзување на значајните туристички знаменитости во градот, би овозможиле полесен пристап и движење до и низ локалитетите што би придонело и до подобро запознавање на туристите велосипедисти со локалитетот и неговите квалитети. Фокус на оваа група беше Старата градска чаршија која претставува локалитет кој сам по себе нуди една многу специфична градска атмосфера, различна од кој било друг дел

36

3

ПОРТА

4 јуни 2010

на градот и многу атрактивна за посетителите што доаѓаат надвор од државата. Групата се фокусираше на создавање впечатливи, несекојдневни велосипедски патеки, преточени во туристичка понуда, како за домашните, така и за странските туристи, т.н. „Урбани туристи“, кои би сакале да го доживеат градот Скопје на особен начин. Студентите понудија две различни патеки и тоа: „Ноќна патека“ и „Град на контрасти“. И двете подгрупи предложија навистина впечатливи велосипедски доживувања.


архитектонска работилница

TYPE I LEVEL

LENGHT

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

MEDIUM 11.6 km

LEVEL

LENGHT

EASY

4 km

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

DAME GRUEV

AROUND GAZI BABA HILL

TYPE II

Втората група

LEVEL

LENGHT

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

MEDIUM 5.6 km

LEVEL

LENGHT

EASY

6.4 km

TIME

LANDSCAPE

TRESKA LAKE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

BESIDE VODNO

TYPE III

LEVEL

LENGHT

HARD

13 km

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

LEVEL

LENGHT

MEDIUM

6 km

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

LEVEL VODNO

LEVEL

LENGHT

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

MATKA CANYON

VODNO

EQUIPMENT LEVEL

MEDIUM 60 km

LENGHT

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EASY

LENGHT

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

7.2 km

EQUIPMENT

34 km

ALONG THE RAIL - ROAD RIVER PATISHKA

TYPE IV

LEVEL

LENGHT

HARD

50 km

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

LEVEL

LENGHT

HARD

45 km

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

LEVEL LJUBOTEN

LEVEL

LENGHT

HARD

33 km

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

KOZJAK

LJUBOTEN

EQUIPMENT LEVEL

LENGHT

HARD

5 km

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EASY

LENGHT

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

6.2 km

LEVEL

LENGHT

EASY

5.7 km

TIME

LANDSCAPE

TERAIN

TYPE OF BICYCLE

EQUIPMENT

EQUIPMENT

THE CITY PARK

SOUTHERN BOULEVARD

работеше на тема рекреативни велосипедски патеки кои би ги поврзале рекреативните зони во градот и би можеле да се вклопат во веќе постоечкиот систем на велосипедски патеки од рекреативен карактер. Студентите го имаа пред себе проблемот на разгледување на пошироката околина, не само градското подрачје. Имено, овој тип на велосипедски патеки би требало да ги вклучи и рекреативните зони од околината на Скопје, како што се: Парк шума „Водно“, Рекреативен центар „Сарај“, кањон Матка, Марков манастир, „Катлановска Бања“, Парк шума „Гази Баба“ и др. Оваа група одреди повеќе нивоа на рекреација, во однос на тежината на патеката, времетраењето на турата, кондиционата спремност на корисниците и сл. Тие предложија четири категории на патеки, ги одредија местоположбите на овие патеки и воспоставија вид подлоги на патеките и потребните пратечки содржини.



GAZI BABA HILL

На работилницата што траеше четири дена работеа ментори и 16 студенти од Архитектонскиот факултет при УКИМ од Скопје. Одговорни за неа беа Олгица Нелкова дипл.инж.арх. и Дивна Пенчиќ асистент на АФ, а ментори беа асистентите Огнен Марина, Јасна Стефановска и Филип Дубровски. Учесниците стекнаа нови знаења за користење на велосипедот како превозно средство, како и за потребната инфраструктура за него (велосипедски патеки, стојалишта, паркинзи и сл.), од повеќе предавачи, меѓу кои и експертот од Холандија Wim van der Wijk, кој одржа предавање „Градот и велосипедот“. Велосипедски патеки за туристи

Велосипедски патеки за рекреација

Мартин Ефремовски, Бојана Петроска, Александар Балдазарски, Зорица Дрвошанова, Ирина Јовановска, Филип Конески Ментор: Огнен Марина

Филип Атанасоски, Марија Новаковиќ, Дејан Јурак, Христијан Бабука, Катерина Колевска Ментор: Филип Дубровски

3

4 јуни 2010 ПОРТА

37


архитектонска работилница Ова е втора по ред работилница, која се работи со студентите по архитектура, а се однесува на промоција на велосипедот како превозно сретство. Првата, иницирана од КОР - Коалиција за одржлив развој (Соња Дамчевска и Дивна Пенчиќ), поддржана од РЕЦ - Регионален еколошки центар, SIDA Програмата, се однесуваше на дизајнирање и изработување на држачи за велосипеди и за оформување на паркинзи за велосипеди. Овој пат, се работеше на промовирање на велосипедот како средство за превоз при рекреација, туризам и обавување на секојдневни активности. Студентите беа поделени во три групи и секоја разгледуваше еден од трите аспекти. Целта беше предлагање на одредени стратегии за користење на велосипедот, лоцирање на атрактивни точки во градот, нивно поврзување и создавање на патеки и пунктови.



Третата група за задача имаше

да предвиди градски велосипедски патеки, односно патеки кои би ги задоволиле градските потреби. Тие треба да им го олеснат пристапот до местата во градот што најчесто се посетувани од граѓаните. Со овој потфат би се подобрила велосипедската сообраќајна мрежа, која во

38

3

ПОРТА

Темата за подобрување на велосипедскиот сообраќај во Скопје е одлична можност за студентите, но и за јавноста, да се запознаат со проблемот што постои во нашата сообраќајна мрежа. Овој проблем го парализира градот од аспект на движење со велосипед. Со овој проект организаторите се надеваат на промени во инфрастурктурата на градот, но и промени во културата на граѓаните на Скопје. Промоцијата на возењето велосипед како еколошко транспортно средство, спорт, рекреација, забава, авантура, кое го зголемува квалитетот на живеење во градот и ја намалува загаденоста, има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и да им ги приближи предностите на користење велосипед.

европските градови беспрекорно функционира и придонесува за подигање на квалитетот на живеење во истите. Групата работеше на препознавање на можното користење на велосипедот како секојдневно превозно сретство и обавување на типичните секојдневни активности на граѓаните. Тие воспоставија мапа на градски велосипедски линии, слично

на метро-мапите, поврзувајќи ги точките на секојдневно користење. Овие патеки треба да се вклопат во системот што веќе постои во Скопје, да се понуди решение за ревитализирање на оние што не се во употреба, и да се превидат нови на оние позиции за кои студентите оцениле дека недостасуваат.

Студентите од сите три групи, покрај типот на велосипедски патеки што го обработуваа, имаа за задача и да одговорат на потребата од предвидување на содржини долж патеките, кои би го направиле патувањето со велосипед интересно, атрактивно и едноставно. При изработката на проектните решенија, студентите беа задолжени да внимаваат и на економската исплатливост на проектот, односно на цената на чинење на самата изведба, како би се добиле реални решенија кои имаат реален потенцијал да бидат спроведени во иднина. Студентите своите трудови на крајот ги презентираа на јавна изложба, а потоа им ги поклонија на градот Скопје. Работилницата, според главниот организатор на

4 јуни 2010

Велосипедски патеки за градски потреби Дана Јовановска, Маја Велкоска, Драган Крстевски, Снежана Домазетовска, Христина Стојчевска Ментор: Јасна Стефановска

целата манифестација „ВелоФест 2010“ Бојан Ранташа и главниот поддржувач на работилницата, канцеларот на Амбасадата на Холандија Gert Kampman, е особено успешна, поради извонредните проекти што студентите ги прикажаа, на работната презентација, на официјалната презентација и изложбата. - Ваквите работилници се исклучително вредни и за самите студенти, поради можноста за запознавање со поразлични барања со кои ќе се соочуваат во пракса, а не се секогаш дел од официјалната програма на Архитектонскиот факултет. Преку ваквите работилници, освен запознавањето со специфични проблематики, тие имаат можност да се

запознаваат и со различни нарачатели, но и со значајни експерти од одредени области. Конкретно оваа работилница отвори сосема нови можности на подолгорочна соработка со Холандската амбасада и невладините организации, кои особен акцент ставаат на промовирање на велосипедизмот. Во иднина се очекуваат и нови работилници на оваа тема, а како што истакна и деканот на Архитектонскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Тихомир Стојков, можност за вклучување на оваа проблематика и во редовната настава на факултетот - вели Пенчиќ

ПавлинкаА ТАНАСОВА Елена ПЕТРОВСКА


спортски храмови

“Артевелде Арена”

Арената

што свети над

Гент

Д

о крајот на 2011 година, фудбалскиот клуб Гент ќе добие нов стадион, “Артевелде Арена” со капацитет од 20.000 места. Овој модерен спортско-комерцијален комплекс кој ќе се простира на површина од 11.000 м2 ќе биде еден од најдобрите спортски објекти во Белгија. Освен фудбалско игралиште, гардероби за спортисти, прес центар и други стандардни содржини, ќе има и 4500 м2 затворен простор наменет за ресторан, кафуле, амбуланта и неколку помали објекти со продавници, музеи и фаст-фуд простори. Во внатрешноста на стадионот е планиран 8-метарски појас, широк меѓу 10 и 12 метри на кој ќе бидат поставувани навивачки штандови. Покрај стадионот ќе се гради хотел висок 40 метри. Предвиден е паркинг простор

за 1500 автомобили, а во кружниот канал околу него ќе има канцелариски објекти во висина и до 10 ката. Околу стадионот ќе се гради и Black Box, односно сала за различни манифестации. Изгледот на стадионот веќе е презентиран на макети пред јавноста, а ништо нема да се загуби и при изведбата со флексибилните програмски и фасадни елементи кои треба да го остават планираниот израз на фасадата непроменет. Со помош на вториот ѕид кој е голем и ќе биде вистинска заштита од сонце и дожд за гледачите, стадионот ќе добие и еколошка нишка, со тоа што колекторскиот систем на ЕПБ ќе овозможи дополнителна заштеда на енергија. Фотонапонските панели ќе бидат поставени и од задната страна на стадионот за дополнително засилување

на искористувањето на сончевата енергија за осветлување на Арената. Висината на покривот ќе биде 32 метри. Истиот ќе биде комплетно опремен со ЛЕД светла во сите бои и во текот на ноќта ќе биде забележлив од огромна далечина. Стадионот ќе ги задоволува сите УЕФА стандарди, со оглед на доизградбата на посебни рампи за пристап до стадионот и поттрибинскиот простор на лица со хендикеп за кои се планирани 240 маста, 1260 ВИП места, како и голем број на тоалети распоредени на сите страни од трбинските блокови. Фудбалскиот клуб кој влезе со најмал влог при изградба на арената, најверојатно само за наемнини на канцеларии и за изнајмување на теренот за тренинг и натпревари ќе плаќа по 300.000 евра годишно.

Сашо КУЗМАНОВСКИ

ФАКТИ ЗА “АРТЕВЕЛДЕ АРЕНА” - Гент Седишта: 20.000 (можност за доградба до 42.000) Период на изградба: 2009 - 2011 Површина на градба: 13 хектари Височина на стадионот: 32 метри Паркинг простор: 1500 места Цена на градба: 24,8 милиони евра Дизајнери: Bontinick Architecture and Engineering CBVA Изведувач: CFE - Belgium; BAM NBM Beton - Holland, Vivendi Universal - Italy

3

4 јуни 2010 ПОРТА

39


урбанизам

Е

Означено паркирање за возила и велосипеди пред јавен објект

Решавање на градскиот сообракај, особено во големите градови над 500 000 илјади жители, претставува голем проблем и за жителите на градовите и за надлежните институции. Решавањето на проблемот со градскиот сообраќај секогаш зависи од политиките на државите.

Влез во подземен паркинг на станбен објект

40

3

ПОРТА

4 јуни 2010

дна од големите предности на Цирих е што можеш да го прошеташ целиот град одејќи пеш. Циришкиот систем на градски транспорт е познат по ефикасноста, точноста, адекватната поврзаност на центарот на градот со околните населби и многуте разнообразни сообраќајни линии. Циришани главно користат четири вида превозни средства, а предност има екотрамвајот со кој се возат девет од десет граѓани. Линиите на овој трамвај се испреплетени низ центарот на Цирих и не пречат на автомобилскиот сообракај. Многу жители на овој швајцарски град се возат и со градски автобус, кој е евтин и со кој може брзо да се стигне до приградските населби во секое време од денот. S-BAHN приградските возови поминуваат и низ главната станица во центарот на Цирих и тоа е третата сообракајна линија. Бродовите, исто така пловат кружно околу Циришкото езеро и се четврто градско превозно средство. Во периодот од 6ч до 10ч и 30 мин, циришани можат да изнајмуваат велосипеди бесплатно. Велосипедите се подигаат од одредени пунктови

Цирих +

Дизајн на трамвајска станица

Означено паркирање во јавен простор , бела боја


урбанизам

Паркинг за велосипеди пред станбен објект

+ рај за пешаците и се враќаат повторно во нив, но тоа секогаш не мора да биде истиот пункт. Велосипедот се користи како адекватно превозно средство и за вработени и за невработени. Рентање на разни превозни средства како градски велосипеди, велосипеди за планинско возење, моторчиња, скутери, скејтбордови и автомобили, исто така е дел од градскиот сообраќај. TAXI превозот во град каде што дури милиони банкари користат трамвај, е голема екстраваганција. Користењето на личен автомобил е секогаш поврзано со обезбедено паркинг место. Автомобилите се паркираат или во гаража, или на отворен јавен простор планиран за паркирање. Паркингот означен со жолта боја значи дека е приватен паркинг и на него може да се паркира само возило на сопственикот на паркингот. Паркинг со сина боја значи дека може да се паркираат возила за кои сопствениците купиле годишна карта за паркирање. Ако имате годишна карта, се паркирате каде сакате и кога сакате во целиот град , на паркинг означен со сина боја. Паркинг означен со бела боја значи дека е слободен за паркирање на секое возило, а паркирањето се наплаќа со паркингметар од час. Но, просечниот циришанец својот автомобил го користи најчесто за време на викенд. Во другите денови од неделата се вози со еко-трамвај.

Означено паркирање во станбена населба

Внатрешност на трамваите

Натка Ќосева

дипл.инж.арх.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

41


наука

З

МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА АХА ХАДИД (1950-), по потекло од Ирак, спаѓа меѓу оние млади архитекти кои и ‘ даваат поттик на британската архитектура по

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (11) Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци

кое е пренагласено, агресивно, неудобно и кое отскокнува над блескавиот амбиент. Таквата постапка е крунисана со челичната структура, која наликува на торнадо замрзнато во воздухот. Противпожарната станица Витра во Вајл на Рајна (1888-93) има вообичаена содржина сместена во необична форма. Таа е изградена од преднапрегнат бетон и неврамено стакло, што како постапка е карактеристично за минимализмот. Основната форма се состои од три зрака, кои во вид на молња го обликуваат кровот и асоцираат на пожарникарската брзина.

во Лондон (1987-90), Тери Фарел ја употребува монументалната граѓанска синтакса за да покаже еден од можните начини за поврзување на постмодернизмот со комерцијалната изградба, која во Велика Британија го достигнува својот максимум во 80-тите години на ХХ век. Речиси сите објекти на Тери Фарел се проектирани за богати нарачатели, кои му имаат дадено целосна слобода во развивањето на архитектонската идеја. За потребите на Владата и нејзиниот Интелиџенс сервис М16, на брегот на реката Темза, тој го подига ансамблот Воксол Крос (1988), што наликува на прекуокеански брод со “клунот” насочен кон реката. На почетокот на новиот милениум Тери Фарел со соработнците во рамките на Меѓународниот аеродром Инчон во Сеул, Јужна Кореја го подига сложениот Транспортен центар (2002), кој со градот е поврзан преку метро, патнички и брз воз. Неговата извиткана стакленочелична форма ја симболизира корејската света птица жерав, но исто така претставува симбол на динамизмот, летањето и иднината. Од изнесеното се гледа дека Велика Британија има посебен придонес во развојот на модерната архитектура во втората половина на ХХ век. Во рамките на првиот дел од оваа материја одделно се разгледани настојувањата на британските архитекти за изнаоѓање на нови патишта во архитектурата, што особено се

однесува на групата Архиграм и нејзините следбеници. Придонесот во развојот на доцномодерната и постмодерната архитектура е одделно анализиран преку творештвото на: Џејмс Стирлинг, Ричард Роџерс, Норман Фостер, Ралф Ерскин, Седрик Прајс и други. Од овој краток преглед може да се заклучи дека модерната архитектура во Велика Британија не прави големи скокови, туку со еден постојан растеж постепено се збогатува со нови идеи и реализации. На таков начин, во втората половина на ХХ век, во времето на постмодерната, таа доаѓа во центарот на вниманието. За тоа придонесуваат и објавените теориски расправи на значајни автори, како што се: Чарлс Џенкс, Брент Бролин и други.

Т.Фарел. Транспортниот центар на аеродромот Инчон кај Сеул

депресијата што настанува во 1988 година. Нејзиниот неконвенционален, живописен и екстравагантен архитектонски израз е стимулиран од супрематизмот на Казимир Малевич и на Ел Лисицки. Бидејќи една од целите на Заха Хадид е да збуни и да шокира, нејзините први објекти Филип Џонсон ги прикажува на изложбата за деконструктивистичката архитектура во Њујорк (1988). Како и многу други архитекти од Велика Британија, и Заха Хадид на прагот на 90-тите години од минатиот век својата шанса за афирмација ја наоѓа во странство. Барот Мунсун во Сапоро, Јапонија (1989), има внатрешно уредување

42

3

ПОРТА

4 јуни 2010

Т

ЕРИ ФАРЕЛ (1938-), некогашниот ученик на Луис Кан и Роберт Вентури, одигрува значајна улога во британската архитектура преку разработката на постмодерниот архитектонски речник, меѓутоа, неговиот речник е поблизок до оној на Стирлинг, Холајн и Роси, отколку до американскиот. Вниманието на јавноста тој го привлекува, најпрво со седиштето на телевизиската станица АМ во Лондон (1981-82), за чие обликување применува превртен класичен речник, во вид на поп-арт карикатура. При обликувањето на железничката станица Черинг Крос


ДООЕЛ ТАТЈАНА Fax: 00389 23064412 Mob: 00389 78256273 e-mail: beta_beko@yahoo.com

Тел.: 02 3122284 alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk

H Y P E R D E S M O®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА


екологија свет

мИдвеЈ

Пластичниот отпад ги убива албатросите На островот Мидвеј во средиштето на Пацификот, секоја година од глад умираат илјадници млади албатроси. Родителите албатроси летаат над Пацификот, пронаоѓаат храна, ги хранат своите пилиња, а тие умираат од глад. Зошто? Затоа што родителите ги хранат со пластика! Светкавите парчиња ѓубре кои лебдат на површината на морето, на албатросите им изгледаат како риби. Младенчињата ги јадат и умираат со желудци полни со пластика. Овие потресни слики на мртви албатроси се фотографирани илјадници километри далечина од најблиското копно. Причина за нивната смрт е големото количество на пластичен отпад кој плива во водите на Пацификот. Иако еколозите предупредуваат веќе неколку години дека мора да се преземат чекори за негово отстранување од океанот, владите на неколкуте држави сè уште не се договориле за конкретна акција која ќе ја спречи оваа еко катастрофа.

(National Geografic)

САд

Со никотин против корозија Студијата што неодамна ја објавија кинеските научници во американското научно списание Industrial & Engineering Chemistry Research, покажува дека освен стари весници, лименки и друг традиционален отпад, можат да се рециклираат и догорчињата од цигари. Во истражувањето со наслов „Cigarette Butts and Their Application in Corrosion Inhibition for N80 Steel at 90°C in a Hydrochloric Acid Solution“, Jun Zhao од School of Energy and Power Engineering, Xi’an Jiaotong University со соработниците од Tubular Goods Research Center of CNPC i Xi’an Shiyou University во Кина, опишува како овој ситен отпад, кој е еден од најраспространетите видови ѓубре на светот може повторно да се употреби при спречувањето на корозија. Студијата покажа дека антикорозивните екстракти на догорчињата потопени во вода можат да се употребат за премачкување на челикот N80 што се користи во нафтената индустрија. Во нив се идентификувани 9 хемикалии, вклучувајќи го и никотинот, кои ја спречуваат корозијата.

(American Chemical Society)

Светските шуми се нaмалија во последните пет години за 3,1% Подрачјата со шуми во светот се намалија за 3,1% во последниве пет години. Најголема загуба на шуми има во северните подрачја и во регионите со влажна тропска клима. Точната проценка на губењето на шумите е потребна за пресметување на количините на јаглеродниот диоксид кој е еден од главните стакленички гасови, како и за изработка на климатските модели, велат научниците од Американската национална академија, која го спроведе истражувањето. Шумите исчезнуваат најмногу во пожарите што ги предизвикуваат громовите и поради активностите на човекот.

(Science) 44

3

ПОРТА

4 јуни 2010


Nissan Leaf - распродаден Извршниот директор на Nissan, Karlos Gosn, изјави дека интересирањето за електричниот автомобил Nissan Leaf е огромно, и дека е веќе распродадена првата серија која ќе се најде на патиштата во САД. „Во САД Nissan прими 13.000 нарачки за Leaf минатиот месец, кога започна со примање на депозитот од 99 долари за купувачите што сакаат да го купат овој модел. Во Јапонија, пак, има над 6.000 резервации за ова возило“, вели тој.

екологија свет

Електричните возила се важен дел од стратегијата на Nissan, а компанијата предвидува дека до 2020 година 10% од автомобилите на патиштата ќе бидат електрични.

(Еconomy.rs)

КИНА

Лидер во вложување во алтернативни извори на енергија Кина го презеде водството во вложување во чиста енергија, со инвестиции двапати поголеми од САД во минатата година. Кинеските инвестиции во чиста енергија достигнаа 34,6 милијарди долари, што е повеќе од една петтина од 162-те милијарди долари вложени во целиот свет, соопшти непрофитната организација Пју (Pew Ćaritable Trusts). САД е на второ место со 18,6 милијарди долари, но и понатаму води по бројот на изградени извори на обновлива енергија со 52,2 гигавати во електраните на ветар, малите хидроцентрали и енергијата добиена од отпад и биомаса. На трето место се наоѓа Германија со 30,9 гигавати инсталирани капацитети на обновлива енергија. Во 2010 година Кина планира да потроши 47 милијарди долари за подобрување на ефикасноста на енергетските погони, чистите автомобили, соларните електрани и поправка на својата преоптоварена електрична мрежа.

(Economy, Beta)

3

4 јуни 2010 ПОРТА

45


екологија Сè уште нема решение за огромната еко-катастрофа во Мексиканскиот залив

Официјални лица за заштита на дивиот свет на САД, пријавија дека по бреговата линија на заливот се пронајдени повеќе од 300 мртви морски птици, 200 желки и 19 делфини во првите пет недели од катастрофата. Се очекува и поголем број морски животни да бидат погодени од нафтата што не престанува да истекува од подводниот извор на компанијата “Бритиш петролеум”

Н

ајлошиот случај на излевање нафта во историјата на Соединетите Американски Држави, по експлозијата на подводниот нафтен извор на светскиот енергетски гигант „Бритиш петролеум“ во Мексиканскиот залив, го доживеа и четириесеттиот ден без решение на повидок. Експлозијата во подводното наоѓалиште на нафта „Дипвотер хорајзон“ се случи на 20 април и однесе 11 животи. Според некои проценки, во водите на Мексиканскиот залив се излеаја околу 100.000 тони сурова нафта која предизвика огромни негативни последици врз морскиот еко-систем, индустријата за морска храна и туризмот во заливот. Енергетската компанија оттогаш пробува нови методи за да се затвори подводниот извор, но како што јавија американските медиуми, минатонеделниот обид да се затвори пукнатината, сепак не успеа. Компанијата „Бритиш петролеум“ минатата недела започна ризичен маневар за затрупување на подводниот нафтен извор со кој ќе се вбризгуваат тешки флуиди, цврст материјал и цемент во изворот. Овој потег, како што пренесе новинската агенција Ројтерс, досега никогаш не е применет на оваа длабочина, една милја под морската површина. Но, операцијата била прекината поради недостиг од кал, а ќе продолжи откако ќе пристигне нов брод со овој материјал. Американските медиуми го пренесуваат соопштението од Американскиот институт за геолошки

46

3

ПОРТА

4 јуни 2010

К

ој ќе го запре змејот што блуе нафта?


истражувања според кое, две групи научници применувајќи различни методи, утврдиле дека од платформата дневно истекуваат меѓу 12.000 и 19.000 барели нафта. Според тие пресметки, до сега во морето истекле меѓу 77 и 122 илјади тони нафта, со што оваа еколошка катастрофа ја надминува онаа од 1989 година, кога со потонувањето на танкерот „Ексон Валдез“ во близина на Алјаска во морето истекоа 50.000 тони нафта. Еколошката катастрофа во Мексиканскиот залив ја раздвижи и американската влада, а погодената област ја посети и претседателот Барак Обама. Агенцијата Ројтерс јавува дека претседателот Обама деновиве се соочува со сериозни критики дека пребавно изреагирал на катастрофата. При посетата на Луизијана тој им ветил на жителите дека „нема да бидат запоставени“. Реално, коментира Ројтерс, претседателот Обама не може многу да направи, освен да изврши дополнителен притисок врз „Бритиш Петролеум“ да ја исправат работата и да ги вклучи во процесот најдобрите научници. Американската влада не поседува своја технологија за подводно дупчење нафта.

Мораториум за подводна експлоатација на нафта Американскиот претседател Барак Обама го продолжи за уште половина година мораториумот за издавање нови дозволи за подводна експлоатација на нафта на големи длабочини. Мораториумот за нови дозволи е воведен по експлозијата на платформата на „Бритиш петролеум“ на 20 април, јави МИА. Обама, на прес-конференција во Белата куќа, истакнал дека федералната Влада од почетокот била надлежна за одговор на оваа криза. Тој, како што пренесува МИА, ги суспендирал двете нови дозволи за дупчење нафтени наоѓалишта на Алјаска, како и дозволите за подводна експлоатација во Мексиканскиот Залив и на крајбрежјето на Вирџинија. Суспендирани се и 33 дозволи во Мексиканскиот залив, каде што подводното дупчење е веќе почнато.

Живиот свет шлапа во нафта, туризмот тоне Американските медиуми деновиве се преполни со анализи и пресметки на штетите што ги предизвика катастрофата во Мексиканскиот залив. Еве дел од нивните анализи за влијанието на излеаната нафта врз животната средина, индустријата за производство морска храна и туризмот:

ЕКОЛОГИЈА - Луизијана е најблиската американска држава до подводниот извор на нафта на „Бритиш петролеум“ кој се наоѓа на 42 милји оддалеченост во Мексиканскиот залив, а со тоа е и најпогодена од еколошката катастрофа. Боби Џиндал гувернер од Луизијана, вели дека повеќе од 100 милји од вкупно 400, колку што е долг брегот на Луизијана, се погодени од излеаната нафта, вклучувајќи ги осетливите мочуришта и прибежиштата за дивиот свет. На 17 мај, крајбрежната стража пронашла топки од катран на некои од плажите на островите од Флорида, со што се зголемил стравот дека големи количества нафта со морските струи тргнале кон копното. Сепак, лабораториските тестови покажале дека топките катран не потекнуваат од нафтената дамка на „Бритиш Петролеум“, потврдиле од крајбрежната стража.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

47


екологија РИБНА ИНДУСТРИЈА - Агенцијата

Ројтерс јави дека Федералната влада на САД објавила катастрофа во рибната индустрија во Луизијана, Мисисипи и Алабама, како последица на нафтената дамка. Луизијана има индустрија за производство на морска храна вредна 2,4 милијарди американски долари и опфаќа 40 отсто од оваа индустрија во САД. Во неа се вработени 27.000 луѓе, а главни производи се ракчињата, школките и крабите. Американската агенција за океани и клима (НОАА) ја зголеми површината од федералните води на САД во Мексиканскиот залив која е забранета за риболов, на 25 проценти. Оттаму нагласуваат дека 75 отсто од нивните води се сè уште достапни за риболов. Но, забраната негативно влијае на стотици илјади комерцијални рибари и рекреативци кои заработуваат за живот од морето.

ДИВ СВЕТ - Нафтата, во форма на

дебели слоеви или топки од катран веќе стигна до резерватите за див свет во Луизијана. Пример за тоа е состојбата во прибежиштата Бретон (National Wildlife Refuge) и Pass-a-Loutre. Официјални лица за заштита на дивиот свет на САД, пријавија дека по бреговата линија на заливот се пронајдени повеќе од 300 мртви морски птици, 200 желки и 19 делфини во првите пет недели од катастрофата. Се очекува и поголем број морски животни да бидат погодени од нафтата што не престанува да истекува.

ТУРИЗАМ - Туристичките оператори

од Луизијана, Мисисипи и од Алабама, сопствениците на хотели, ресторани и организаторите на бродски прошетки, пријавија дека имаат многу откажани резервации по еколошката катастрофа. Некои, пак, добро заработија од напливот на новинари, официјални лица и активисти за чистење на брегот. Туризмот на Флорида што носи 60 милијарди долари годишно, веќе губи милиони. Од сите загрозени држави, Флорида губи најмногу. Туризмот е водечка индустрија во оваа американска држава која годишно ја посетуваат повеќе од 80 милиони луѓе. Во оваа индустрија се вработени околу еден милион работници.

БРОДСКА ИНДУСТРИЈА - Главните бродски канали и пристаништа по должината на бреговата линија на Мексиканскиот залив остануваат отворени, но дел од нив пријавуваат доцнење. Американската агенција за океани и клима (НОАА) бара локација за ново пристаниште во устието на реката Мисисипи, каде што бродовите ќе подлежат на инспекција и прочистување од нафтата, пред да влезат во другите пристаништа. Властите во САД се трудат пристаништата да продолжат со работа за да се одржи увозот и извозот на земјата. Американската агенција за океани и клима (НОАА) за годинава прогнозира дека во Атлантскиот океан ќе се формираат меѓу 8 и 14 урагани, од кои три до седум ќе достигнат брзина на ветерот над 180 километри на час. Ураганите ќе ја разнесат нафтата излеана во Мексиканскиот залив и ќе ја прошират еколошката катастрофа, предвидуваат експертите. Сезоната на урагани во Атлантскиот океан почнува на 1 јуни и трае до декември. Најразорните урагани обично се формираат во август и во септември.

Елена КУЗМАНОВСКА 48

3

ПОРТА

4 јуни 2010


salessales@casaitalia.com.mk тел: 02 240 0430; e-mail:

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи. Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим на градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите кои ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занатски работи ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ул. Востаничка 51, Скопје Тел: 02/3110 847 02/3110 848 Факс: 02/3138 384 e-mail: torus.inzt@gmail.com torus.inz@t-home.mk

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема


И

екологија

нститутот за јавно здравје на Р.Македонија во соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија, неодамна ги објави резултатите од националниот проект „Мониторинг на радиоактивноста во животната средина, национално истражување на радонот“. Целта на овој проект кој траеше една година, е да се добијат прелиминарни сознанија за концетрацијата на радон во Македонија, сезонските вариjации и да се утврадат реони со евентуален ризик. Според добиените резултати од испитаните 464 дома, во 322 домови интервалот е до 200Bq/ m3, односно 90%. Во 8 станови е проценета вредност над 400Bq/m3, односно 1,7% (Свети Николе, Злетово , Крушево, Новаци, Прилеп и во Скопје). Во Крушево во 3 стана е проценета максимална годишна вредост од 720Bq/m3. Високите вредности се добиени претежно во стари објекти. Согласно Правилникот за граници на изложеност на јонизирачко зрачење и условите на изложеност во посебни случаи и во вонредни настани, донесен од Дирекцијата за радиjациона сигурност, дозволени концетрации на радон во затворен простор се: 200Bq/m3 за нови објекти и 400Bq/m3 за постоечки објекти. Според добиените податоци во Македонија нема реони со висок ризик. За илустрација, во Европа кај некои објекти се измерени вредности од 1000Bq/m3 до 20.000Bq/ m3, а некаде и повисоки. За реализација на мониторингот, со помош на Здравствените заводи, во првото тромесечие беа

дистрибуирани 500 детектори низ цела Македонија. Тие беа поставени во просториите каде луѓето најмногу престојуваат. Се анализираа 464 и исто толку и наредните три сезони, што значи вкупно се реализирани и дистрибуирани 1856 детектори. По анализата на резултатите станарите добија извештај за проценетата годишна концетрација на радон со понатамошни препораки. Покрај радонот, во последното тромесечие од проектот, во 363 стана се мереше и концетрацијата на торон која била пониска од радонот што се совпаѓа со научната литература. Во 291 стан биле измерени 100Bq/m3 торон. Главен извор на торон во затворени простории се градежните материјали.

Алфа емитер кој предизвикува рак Радонот е природен радиоактивен гас, алфа емитер, без боја, без мирис и без вкус. Тој потекнува од почвата и карпите, а во помала мера од водата и градежните материјали. Поради долгиот период на распаѓање на Ra226 од 1600 години, различната порозност на почвата и градежните материјали, овој гас постепено се концентрира во објектите. Најголема изложеност се добива во домовите каде што се минува најголем дел од времето. При висока концетрација и долгорочна изложеност може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај луѓето. Ризикот од рак на белите дробови е еден од докажаните соматски ефекти.

Иако не постои праг на изложеност на зрачењето под кој нема ризик од заболување, ризикот се зголемува правопропорционално со големината на примената доза.

четири техники за отпорност За да се намали ризик факторот што произлегува од радонот, неопходно е да се преземат следниве чекори: пред изградба на нов објект да се измери концетрацијата на радионуклеиди во градежните материјали и да се измери концетрацијата на радон во почвата. Почвите со вулканско потекло имаат поголема концетрација за разлика од почвите со седиментно потекло. Во однос на градежните материјали, во подготовка е нов Закон за дозволена концетрација на радионуклеиди во градежните материјали, кој ќе биде во согласност со препораките на Европската комисија. Вредностите за концетрациите треба да се почитуваат за материјали кои се користат во објектот во голем обем (тули, цемент и др.). Постојат неколку основни техники на изградба на нови објекти отпорни на радон: - Чакал: Со употреба на 10 см чист чакал под бетонската плоча ќе им се овозможи на гасовите од почвата, што природно се појавуваат, да се движат слободно под објектот. - Пластична мембрана или бариера за пареа: Со поставување на пластична мембрана (6 мил.полиетилен) над чакалот, се спречува гасовите да навлезат во објектот. - Пропустлив систем од

цевки: Обични ПВЦ цевки со дијаметар од 10 см (како оние што се користат за водовод) се поставуваат верикално на слојот од чакал, поминуваат низ објектот и завршуваат над покривот. Иако имаат слична функција со водоводните цевки, овие служат подземните гасови да ги спроведат над објектот. - Запечатување на пукнатините и кривините: Да се запечатат сите пукнатини, отвори и кривини во бетонската база и ѕидовите со полиуретански силикон. - Разводна кутија:Да се инсталира разводната кутија на потпокривот што се користи за вентилација.

Радиоактивноста во својот дом може секој да ја провери со поставување на детектор од страна на Институтот за јавно здравје кој чини 1000ден. за период од 3 месеци, по што Институтот врши проценка на нивото на радон и дава соодветни препораки.

Радиоактивноста во Македонија

Препораки за изградба на Според добиените податоци од истражувачкиот проект „Мониторинг на радиоактивноста во животната средина, национално истражување на радонот“ кој го спроведе Институтот за јавно здравје во соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија, во Македонија нема реони со висок ризик

50

3

ПОРТА

4 јуни 2010


екологија со затворање на просторијата концетрацијата на радон пак се враќа на првобитното ниво. Со цел да се задоволат основните принципи на радијациона заштита, се препорачува намалување на изложеноста на што е можно пониски разумни граници. Според стариот закон концетрацијата на радон во стари објекти не треба да поминува 400Bq/m3, односно торон 300Bq/m3, а според препораките на Европската комисија, радон треба да биде до 300Bq/m3 торон 200Bq/m3. Овие вредности според Светската здравствена организација треба да бидат уште пониски. Радиоактивноста во својот дом може секој да ја провери со поставување на детектор од страна на Институтот за јавно здравје кој чини 1000 ден. за период од 3 месеци, по што Институтот врши проценка на нивото на радон и дава соодветни препораки.

Јулијана ГЕРАСИМОВСКА Гас кој се крие во пукнатините Во старите објекти радонот навлегува преку: пукнатини на цврстите подови, зглобови на конструкцијата, пукнатини на ѕидовите, џебови на суспендираните подови, џебови околу сервисните цевки, празнини во ѕидовите, преку водоводниот систем. Заштита се изведува преку мерења на концерацијата на радон во затворени објекти; - доколку концетрацијата е повисока од акционото ниво за радон, да се преземат акции за намалување на концетрацијата. По првото мерење се оди на

дополнително, за да се утврди од каде потекнува зрачењето. Постојат определени техники за редукција на радон во зависност од видот на објектот (објекти со подрум или на приземје): инсталирање на верикални цевки за вентилација и аплицирање на мембрани над подот на подрумот. Други техники кои се користат се: запечатување на пукнатините и другите отвори во подрумските простории, инсталирање на вентилатори во подрумските простории или со зголемување на природната вентилација на просторот. Овој метод не е од голема полза, бидејќи

Радонот е природен радиоактивен гас, алфа емитер, без боја, мирис и вкус. Го има во почвата и карпите, а во помала мерка во водата и градежните материјали. Поради долгиот период на распаѓање на Ra226 од 1600 години, различната порозност на почвата и градежните материјали, се појавува концетрирање на радонот во објектите. Најголема изложеност се добива во домовите каде што се минува најголем дел од времето. При висока концетрација и долгорочна изложеност може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Ризикот од рак на белите дробови е еден од докажаните соматски ефекти.

објекти отпорни на радон Пукнатини во бетонска плоча Пукнатини помеѓу бетонската плоча и блоковите Отвори и пукнатини во потпорниот ѕид Спој на плочата со ѕидот Изложена земја кај отвори Порозна плоча Споеви на темелите Разлабавени цевки Оџаци Вода

3

4 јуни 2010 ПОРТА

51


експерт

ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА ЗНАЕњЕ Реализацијата на светските определби за одржлив развој е одговор на потребата да се ублажат последиците од глобалните климатски промени и да се намали емисијата на штетни гасови во атмосферата.

базирана на знаење, се на пример „креативен град“ (creative city) или „регион базиран на знаење“ (knowledge-based region). Тие ставаат акцент на интердисциплинарните процеси (interdisciplinary processes), мрежи (networks) и работење преку границите (cross-boundary working) за да се стимулира создавање и искористување на знаењето. Овие промени носат со себе предизвици во однос на тоа како постоечката политика во сферата на планирањето и економскиот развој корелира со населените места, и нагласената потреба за интегрирани и холистички пристапи во оваа сфера.

Никулците на Моделот за одржливи заедници веќе се надзираат и во Република Македонија. Пример за тоа е модернизацијата на телекомуникациската инфраструктура и создавањето на мрежа за мобилна телефонија и интернет, проширувањето на покриеноста на територијата на земјата со мрежа базирана на оптички влакна и сл. Од овој аспект, веројатно сме и понапред од некои многу поразвиени земји. Нивната цел да се задоволат потребите на сегашните и идните генерации, неминовно ќе резултира во промени во сите аспекти на животот. Некои од нив веќе стануваат видливи. Така, според британската „Академијата за одржливи заедници“ (Academy for Sustainable Communities – ACS), новиот модел на економски развој станува сè поизразит во последно време. Станува збор за „Економија базирана на знаење“ (Knowledge-Based Economy – KBE) која се темели на производство и искористување на знаењето. Како резултат на појавата на овој економски модел, фокусот на развој се насочува кон компетитивноста на градовите и регионите, како и на комбинација на фактори кои ги прават местата повеќе или помалку успешни. Ова, од своја страна внесува нови социјални, економски и политички аспекти во обликувањето на градовите. Манифестациите на овие нови форми на обликување на градовите и регионите, како резултат на екомијата

52

3

ПОРТА

4 јуни 2010

Според „Моделот за одржливи заедници“ (The Sustainable Communities Model) (Слика 1) на „Академијата за одржливи заедници“, она што заедницата ја прави одржлива е интегрираното и холистичкото содејство на неколку фактори. Прво, тоа е добро проектирана и квалитетно реализирана зедница која се карактеризира со квалитетена природна и изградена средина. Втор фактор е активна, вклучителна и безбедна социјална и културна заедница која е еднаква, толерантна и кохезивна со силни локални културни и други споделени активности. Трето, заедницата треба да биде добро управувана со ефективна

Во последните две децении во Велика Британија се прават големи напори за унапредување на животната средина. За разлика од Македонија во која перманентно се спроведува процес на уситнување, во оваа земја се тежи кон окрупнување на чекорите што се преземаат во рамките на изградената средина. и вклучителна партиципација, представување и раководење. Четвртиот фактор е добро поврзана заедница со адекватни сообраќајни услуги и врски кои ги поврзуваат луѓето до работните места, здравствените и другите услуги. Петтиот е заедница со јавни, приватни, заеднички и доброволни служби кои се соодветни на потребите на луѓето и пристапни на сите. Шестиот фактор е чувствителен кон околината што обезбедува места за живеење на луѓето, но притоа води сметка за природната средина. Седмиот, заедница еднаква за сите, вклучително и за оние што се во други заедници, нови заедници, како и за оние што ќе се јават во иднина. Осмиот фактор е успешно

стопанство со успешна и разновидна локална економија. „Моделот за одржливи заедници“ на „Академијата за одржливи заедници“ е само едно од видувањата за тоа што поточно е „одржлива заедница“. И покрај ова, моделот дава добра основа за тоа кои се аспектите што треба да се земат предвид во процесот на создавање населено место, подготвено да се справи со предизвиците на овој век во услови на економија базирана на знаење и глобални определби за одржлив развој со подобра иднина за сите нас. Како поддршка на овие предизвици, во бројни земји во светот, на локално, регионално и на национално ниво, веќе се поставуваат темелите за оваа визија, при што многу значајна улога играат органите на локалната и регионалната самоуправа, кои во партнерство со други профитни и непрофитни организации и агенции, се обидуваат да го стимулираат и насочат процесот. Никулците на овие процеси веќе се надзираат и во Република Македонија, како на пример модернизација на телекомуникациската инфраструктура и создавање мрежа за мобилна телефонија и интернет, проширување на покриеноста на територијата на земјата со мрежа базирана на оптички влакна и сл. Од овој аспект, веројатно сме и понапред од некои многу поразвиени земји. На пример, Владата на Велика Британија годинава воведе нова фиксна такса за корисниците на телефонски линии во износ од околу 35 денари месечно плус ддв, а со цел парите собрани од истата наменски да се користат за проширување на пристапноста до брз интернет за сите домаќинства во земјата без оглед на нивната (урбана или рурална) средина. Од друга страна пак, сведоци сме на други односи кога станува збор за изградената средина. Во последните две децении во Велика Британија се прават големи напори за унапредување на животната средина, како на природната, така и на изградената, што не е случај и во Република Македонија. За ова, веројатно во голема мерка придонесува фактот што во Велика Британија се спроведува процес на окрупнување во рамките на изградената средина, за разлика од процесот на уситнување што се чини дека е карактеристика за Република Македонија. Со цел да се стимулира процесот на трансформација и преминот кон одржливи заедници, и да се даде поддршка за развој на економијата базирана на знаење, органите на локална самоуправа - општините, се јавуваат како носители на овој

Како резултат на појавата на економскиот модел Knowledge-Based Economy – KBE фокусот на развојот се насочува кон компетитивноста на градовите и регионите. Тоа внесува нови социјални, економски и политички аспекти во обликувањето на градовите. процес на трансформација. Така, тие со финансиска поддршка на регионалните и националните агенции за развој вршат откуп на парцели и имоти на својата територија. Овие активности вообичаено се насочени кон оние делови зафатени со процесот на деградација како резултат на пропаѓање на традционалните индустрии и фабричко производство и последователното уназадување на трговските и услужните дејности предизвикани од намалената економска моќ на локалното население во овие делови. На овој начин, општините се во состојба да ги окрупнат бројните помали во поголеми парцели кои поткрепени со осовремена инфраструктура и екномски стимулации (на пример намалени локални давачки и слично) стануваат атрактивни за поголемите инвеститори, со оглед на тоа што сите имотно правни односи се расчистени, инфраструктурните системи воспоставени, а голмината на парцелите таква што овозможува реализација на покрупни и поекономски исплатливи градежни зафати. Вака развиените локации стануваат атрактивни за развој на економија базирана на знаење, кое пак директно и индиректно придонесува за развојот на одржливи заедници.

д-р Владимир Б. ЛАдИНСКИ, дипл.инж.арх.


ИГРА НА БОИТЕ И СВЕТЛОТО Креативните површински премази се во тренд. Тие со својата посебност ја нагласуваат амбиенталната индивидуалност на просторијата. STO креативните премази безмалку пружаат неогрничени можности на обликување, токму онака како што го посакуваат инвеститорите и архитектите.

STO LOOK MARMORINO STO LOOK MARMORINO е фина и исклучително квалитетна глет маса, со чиста анорганска врзна маса на основа на вар и мермер во прав. Таа е од составот на Linea di Calcea,- STO производите, кои овозможуваат фасцинантни можности во обликување на просториите со единствен уникатен амбиент. Површините, кои поради тенкослојното ефектно глетување се екстремно глатки и истите се одликуваат со брилијантни бои кои “паѓаат” во очи поради својот длабински впечаток како и инзворедната елеганција.

STO LOOK PICCOLO STO LOOK PICCOLO е свиленкаст, мат, повеќе боен систем кој поради својот ефектен изглед со многу фини честиции, е соодветен за традиционални фрекфентни подрачја како скали, фоаеја и др. но истотака тој е соодветен и за репрезенативни простори во хотели, изложбени простори или приватни станови. Седумдесет и осумте тонови на бои од овој премаз, покрива широко подрачје кое ги прати трендовите- од пристојни, складни варијанти до интензивни тонови за акцентирање на поедини места. Истотака треба да се истакнат и значајните својства како тоа дека, премазот не содржи никакви разредувачи, тешко е запалив, отпорен е на гребе��е и удари, како и на средства за чистење и дезинфекција. STO LOOK PICCOLO, после сушењето е мат, што го прави одличен да се комбинира со обични ѕидни премази, лакови со висок сјај, метални премази и со квалитетна техника на глетување. Н.Рибароски, дипл.инж. • Алпос-СТО

Sto

Градете свесно.


технологии

Генијалниот хипи-компјутерџија во Скопје

Во организација на Слободен Софтвер Македонија, непрофитна организација која ги промовира вредностите на Слободниот софтвер, во салата „Милениум 2“ во хотелот „Холидеј Ин“, предавање ќе одржи Ричард Метју Стелман на тема „Авторските права наспроти Заедницата во време на компјутерските мрежи“

В

о Скопје гостува Ричард Метју Сталман (РМС). Популарниот РМС, е најголемото име од софтверската индустрија, кое некогаш ја посетило Македонија. Јас го споредувам со титаните од типот на Стив Џобс, Стив Вознијак, Бил Гејтс, Пол Ален итн, кои тешко дека некогаш ќе ги видиме на овие простори. Иако неговото богатство, веројатно ни оддалеку не се мери со она на спомнатите, сепак не се парите она што го разликува РМС од останатите.

Кој е РМС? Роден во 1953 година во Њујорк, Ричард спаѓа во онаа генерација „компјутерџии“ која ја имаше честа да го заврти тркалото наречено Информатичка технологија (ИТ). Неговата опседнатост со компјутерите започнува уште од средношколските денови кога започнал да соработува со ИБМ Научниот Центар во Њујорк. Студирал на Харвард и МИТ, каде веќе докажува дека е елитен програмер и хакер. Но, наместо да се труди стекнатото знаење и популарност да ги искористи за стекнување пари, како што го сторија тоа Бил Гејтс или Стив Џобс, РМС во духот на хипи движењето го одбра „бунтовништвото“ како имиџ, а идејата за „слободен софтвер“ како филозофија на својот живот. РМС верува дека софтверот треба да биде слободен и на дофат за користење, за да може човештвото да напредува преку негово користење и модификување, наспроти праксата на големите софтверски компании за криење на кодот, и на тој начин држејќи го корисникот неинформиран, без да знае што се крие „под хаубата“. Во 1983 година тој го напушта МИТ за целосно да се посвети на својот „ГНУ Проект“ како обид да создаде слободен оперативен систем наречен ГНУ. Практично во овој период почнува неговиот богат и динамичен живот. Во 1985 година го издава ГНУ Манифестот и ја основа Free Software Foundation (FSF), или во превод Слободен Софтвер Фондација, каде е неплатен Претседател. Нешто подоцна се појавува и GNU General Public Licence (GPL) како еден начин на лиценцирање на софтверите, кој ги отфрла рестриктивните одредби во него. На ова место би сакал да потенцирам дека GNU GPL е дел од инвентивниот Copyleft (термин кој означува систем на лиценцирање, наспроти терминот Copyright) кој е измислен и промовиран токму од РМС.

Идеја за слободен софтвер Во 1991 година, финскиот студент Линус Торвалдс ќе употреби ГНУ развојни алатки за да го создаде оперативниот систем Линукс, чиј кернел се користи за огромен број

54

3

ПОРТА

4 јуни 2010

софтвери (пред сè слободни). Популарноста на Линукс ќе направи вистинско помрднување во светот со создавање на огромен број оперативни системи базирани на Линукс кернелот. Иако незадоволен што во насловот на Линукс не се спомнува ГНУ од каде всушност се земени делови, РМС добива на сила, бидејќи преку ширењето на Линукс всушност се шири и неговата идеја за слободен софтвер. Од 1990 па сè до денес, РМС живее живот на политички активист каде зборот „слобода“ доминира при неговите настапи, есеи и книги. Иако негова мастер тема е слободниот софтвер, ќе се изненадите за сестраноста и инволвираноста како активен граѓанин на многу полиња. Слободата во користење на софтверот ќе биде почетна тема на делување на РМС, додека со тек на времето неговата енергија ќе се насочи кон предупредување за нарушувањата во Приватноста на луѓето предизвикана пред сè од употребата на технолошките уреди. И покрај тоа, неговата борба не

поминува без резултати. Познати се неговите говори и настојувања владите низ светот да го отфрлат „неслободниот“ софтвер за користење во владините институции. На Википедија, на пример, може да се прочита дека во 2007 година успеал да ги убеди властите на Индиската држава Керала, за отфрлање на Мајкрософт Виндоус софтверите во компјутерите во 12500 државни средни училишта и нивно заменување со „слободните“ софтверски алтернативи. Слични резултати постигнува и во Венецуела, но и во низа други земји, пред сè државите од Латинска Америка.

Атеист кој живее како студент Денес РМС живее скромно, како што вели, како студент и тоа му се допаѓа. Атеист е по убедување, а ги поддржува „зелените“ партии. Слободата му е лајф-мотив и се труди таа секогаш да дојде во прв план во неговиот живот. Не користи мобилен телефон, токму поради можноста за нарушување на приватноста, додека неговиот

единствен компјутер е лаптоп развиен од страна на кинески институти на кој има слобода и БИОС-от да му биде по негова желба. Нормално, сиот софтвер кој го користи е „слободен“. Навистина, РМС има контроверзни (или барем помалку невообичаени) тврдења кои можат да се прочитаат и на неговата лична страна (www. stallman.org). На прв поглед се добива впечаток за човек кој не го надраснал „хипи“ времето во кое созревал како свесен човек, совесен кон другите и околината и подготвен на откажувања и акции. Сепак, нека не ве лаже првиот впечаток. Неговата интелигенција и интелектуален придонес не се за занемарување, додека за неговата филозофија на живот и акциите на кои тој повикува се нешто што треба изворно да се слушнат. РМС покрај англискиот, го говори течно и францускиот и шпанскиот, а неговата мултијазичност, остроумност и елоквентност наидува на воодушевување кај публиката. Во периодот од 1986 до 2007 година добил низа почесни награди, меѓу кои: Доживотно почесно членство на


технологии

РМС е жива историска личност, чија филозофија, систематичност и постулати издефинираа една област и едно време во златното доба на ИТ. Но, неговите настојувања и предупредувања се однесуваат за едно идно време во кое Приватноста (и Слободата) ќе биде вистинското прашање околу кое ќе има многу проблеми и дискусии Чалмерс Универзитетот за технологија, Почесен докторат на Кралскиот институт на технологијата во Шведска, Почесен докторат на Универзитетот во Глазгов, Членство при Националната Академија на Инженерството на САД итн. Автор е на многубројни книги и есеи.

човек од иднината РМС е жива историска личност, чија филозофија, систематичност и постулати издефинираа една област и едно време во златното доба на ИТ. Но, неговите настојувања и предупредувања се однесуваат за едно идно време во кое Приватноста (и Слободата) ќе биде вистинското прашање околу кое ќе има многу проблеми и дискусии. Како професионалци кои ги користиме софтверите без поговор и сомнеж, интересно е да се слушне за некои суштински аспекти за истите. Од друга страна, настанот е историски и вреден да се слушне. Искрено верувам дека изразот слободен софтвер и РМС ќе ги сретнуваме сè почесто во иднина, бидејќи сè повеќе „слободни“ софтвери се појавуваат и во сферата на архитектурата, инженерството и градежништвото.

Наместо да се труди стекнатото знаење и популарност да ги искористи за стекнување пари, како што го сторија тоа Бил Гејтс или Стив Џобс, РМС во духот на хипи движењето го одбра „бунтовништвото“ како имиџ, а идејата за „слободен софтвер“ Трајче СТОЈАНОВ, како филозофија на својот живот дипл.инж.арх.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

55


портрет

К

арим Рашид е роден во 1960 година во Египет. Кога имал седум години, неговото семејство се преселило во Канада каде татко му добил работа како ТВ сценограф. Дизајн студирал во Отава, а постдипломски студии во Италија. По студиите започнал да работи во X-ray tables и Black & Decker tools. Набрзо тоа му станало здодевно, па започнал да креира сопствена модна линија. Работел и како предавач, но го отпуштиле затоа што на неговите предавања повеќе се зборувало за филозофија отколку за конкретен дизајн. Во 1993 година отворил свое биро во Њујорк. Неговото творештво вклучува повеќе области, започнувајќи од ентериери на хотели, ресторани и изложбени павилјони, модни асесори и светилки, сè до уметнички инсталации и музички остварувања. Artemida, Hyundai, Samsung, Prada, Issey Miyake, Estee Lauder, Tommy Hilfiger, Giorgio Armani, Sony, Audi, Swarovski –се само дел од брендовите со кои денес Рашид соработува. Напишал две книги за дизајнот: “Design Your Self” и “Digipop”, како и монографиите “Evolution”, и “I Want to Change the World”. Покрај тоа работел и сценографски остварувања за музичките телевизии: MTV, Much Music, VH1, HGTV, Friends, MTV Europe, MTV Cribs i MTV Russia. Награден е со почесни докторати од областа на дизајнот на Corcoran College of Art & Design in Washington, D.C., и Ontario College of Art and design, Toronto, Canada. Неговиот дизајнерски метод се базира на банализирањето на основните форми. Така предметите повеќе паѓаат во очи, вели тој. Иако со подеднакво внимание креира ексклузивен мебел и шишенца за скапоцени парфеми, она што најмногу го исполнува е дизајнот на секојдневните предмети, како што се запалките, кантите за отпадоци, садовите за сол и бибер, пенкалата, држачите за тоалетна хартија и сл. Уште како момче научил да шие на машина и во слободното време ги скицирал фустаните, часовниците и чевлите на својата мајка. Својата облека си ја шиел самиот

56

3

ПОРТА

и се облекувал во розова боја од глава до петици. Обликува предмети во манир на сензуалниот минимализам. Тие не се скапи, но се изложени во престижни светски музеи и галерии. Карим тврдоглаво ја следи својата лична визија на секој проект. Притоа се труди елементите што ги креира да бидат лесни за транспорт, да нема многу отпад при нивното производство, што во голема мерка ја олеснува работата на производителот. Тајната на успехот на Рашидовиот дизајн лежи во тоа што тој се вклучува во сите сегменти за изработка на еден предмет, од конципирање на идејата, преку изработка на проектот, па сè до конечната реализација. Во тој процес Рашид внимателно ги одбира производителите, материјалите, технологијата, брзината и квалитетот на изработка. Покрај тоа, Рашид работи уште и на конципирање на презентацијата на финалниот производ во продавниците и ништо не препушта на случајот. За него мултифункционалноста е императив. Неговиот стол за деца може да се користи и како кутија за играчки, амбалажата за парфем и како тоалетна торбичка, а лежалката како стол или кревет во исто време. „Дизајнот ја обликува културата на светот од самиот почеток. Ние дизајнираме системи, градови и производи. Но, дизајнот не е решавање на проблемите, туку разубавување на нашето опкружување. Тој во нашиот живот внесува естетско, искуствено, поетско и емоционално доживување. Мојата најголема желба е да видам луѓе кои живеат во модусот на нашето време, да учествуваат во иновациите, да се ослободат од носталгијата, традицијата, застарените обичаи и кичот. Потребно е да бидеме свесни за тоа што се случува во моментот. Во човечката природа е да се живее во минатото - за да го смениме светот треба да ја смениме човечката природа“, вели Карим Рашид.

dизајнер

4 јуни 2010

Наталија НОВАКОВИЌдОБРЕВСКА


карим рашид

на сензуалниот минимализам Карим Рашид е еден од најпознатите дизајнери во светот, кој ја носи титулата поп-икона на денешницата. Поседува опус од преку 3000 остварувања за кои добил повеќе од 300 награди. Денес, преку два милиони Американци ги користат неговите канти за отпадоци, 750 000 луѓе седат на пластичните столови кои тој ги дизајнирал, и повеќе од две милијарди луѓе имаат барем еден предмет со неговиот потпис во својот дом.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

57


арт и дизајн

М ѕирка

С

местена во дворот на „Denver Convention Center“ во Денвер (Колорадо), сината мечка на уметникот Лоренс Аџент ги поминува своите денови ѕиркајќи низ огромната градба во лобито на Центарот. „Гледам што мислиш“ е нејзиното име. Има импресивни димензии: висока 12 метри, тешка 8 тона, широка 4 метри. Направена е од лиен фиберглас и челик и премачкана со син цемент. Скулптурата е изработена во Калифорнија, а во Денвер била транспортирана со четири камиони. Самиот автор ја опишува како интерпретација на двојно суштество, кое во исто време е диво животно и детска играчка. „Моите јавни дела се дел од поголема целина“, вели тој. „Јас сум уметник кој користи одбрани медиуми и простори, кои го ангажираат гледачот да се преиспита во однос на стандардните доживувања на уметноста и да стимулира еден свој поинаков визуелен начин и ментален поттик кој го поништува вербалната артикулација“. Според него, „Конвенциските центри во САД се најчесто здодевни, стерилни корпорациски простори“. Но, конвенцискиот центар во Денвер го отфрли овој анахрон момент со поставувањето на „сината мечка“ на Арџент. Едноставно, таа внесува чувство на забава и разиграност во секојдневието на овој Центар, а благодарение на своите џиновски димензии, ова дело прераснало во икона на градот и атракција за туристите и локалните жители.

дејан БУЃЕВАЦ

58

3

ПОРТА

4 јуни 2010

ечката што


арт и дизајн

доктор За уМетниЧки инсталации лоренс арџент е роден во англија. студирал уметност на „royal Melbourne institute of technology“ во австралија, а потоа докторирал на „rinehart school of sculpture at the Maryland institute“ во балтимор. како уметник има работено на повеќе уметнички инсталации кои биле изложени на јавните простори во сад и во европа. добитник е на многубројни стипендии вклучувајќи ги „Pollock-Krasner Foundation“, „colorado council on the arts“, „core Fellowship на „Fine arts Museuм“ во хјустон, како и на Фондацијата „John Michael Kohler“. денес, тој е професор на универзитетот за уметност во денвер.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

59


модерен Ултра дизајн и светски ТРЕНД РЕПОРТ

49. Меѓународен саем за мебел во Милано

брендови

ПОРТА 3 ГО ПОСЕТИ 49-ТИОТ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МЕБЕЛ ВО МИЛАНО КОЈ СЕ ОДРЖА МИНАТИОТ МЕСЕЦ. ВО НЕКОЛКУ ПРОДОЛЖЕНИЈА ВИ ГИ ПРЕНЕСУВАМЕ НОВИТЕТИТЕ ВО СФЕРАТА НА МИНИМАЛИСТИчКИОТ МЕБЕЛ, КУЈНИТЕ, БАњИТЕ, АСЕСОРИТЕ И ВИ ОВОЗМОЖУВАМЕ ДА ГИ ДОЗНАЕТЕ ИДНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО УРЕДУВАњЕТО НА СТАНБЕНИТЕ И ЈАВНИТЕ ПРОСТОРИ.

В 60

3

ПОРТА

о оваа категорија штандовите беа неверојатно впечатливи и беспрекорно уредени. Беа прикажани ултрамодерни парчиња на мебел од светски познати имиња на дизајнери и фирми за мебел, во состав на 2 павилјони, односно 6 хали. Во дневните простори како главен елемент во уредувањето и понатаму се полиците со книги-библиотеки кои се состојат од затворени полици, отворени полици, комбинирани полици со отворени и затворени делови, елементи на лизгање од еден до друг крај на полиците, елементи

4 јуни 2010

кои се испакнати од останатите полици итн., сè во зависност од големината на просторот каде се сместуваат. Се протегаат најчесто до висина на плафонот, но може да бидат и до одредена висина на ѕидот, лесни на дофат на рака. Трпезариските маси претставуваат дел од дневните соби, опремени со дрвени, медијапански или стаклени маси и столови со модерен дизајн. Детските соби се практично уредени, со весели бои и разиграни форми. Често се јавуваат и ликови од стриповите како слики на ѕидовите или апликации на плакарите.


Во спалните соби покрај раскошните дизајнерски кревети има плакари кои најчесто се со стаклени вратички зад кои се гледа беспрекорно уредената гардероба. Некогаш плакарите претставуваат и комплетно отворени простори, или пак плакари на лизгачки врати од обоен медијапан во различни бои. Покрај ова има и комоди за ТВ, како и мали фотелји. Осветлувањето на просторите е со лентовидни вградени светларефлектори или со повеќе лустери групирани на едно место. Во следниот број следува КУЈНИ.

Сандра дОНЧЕВА дипл.инж.арх.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

61


совети

Релјефни тапети за гламур

- Како да ја уредам дневната соба? Покрај гарнитурата за седење во неа би сместила трпезариска маса со столови, а по можност и комоди. Собата има убав поглед кон дворот и голема тераса која ја користиме максимално.

Мирјана Симоновска, Скопје

О

сновата на вашата дневна соба нуди решение во кое долгите и тесни простори се разбиени на помали функционални групи. Групата за седење со ниска масичка се поставува во најмирниот дел на собата. Над радијаторите можете да направите полици во висина на парапетот. Помеѓу прозорците затворете го просторот под полицата за да добиете тесни комоди. На ѕидот врз нив поставете полици за книги и украсни предмети. Телевизорот прицврстете го на ѕидот од гипс картон плочи, што дискретно го дели просторот на дневната соба од трпезаријата. Во средишниот дел на собата сместете поголема трпезариска

маса и столови. На спротивниот ѕид, десно од влезот во собата, има доволно место за застаклена витрина или комода со големо огледало над неа. За да и ‘ дадете на собата топлина и луксуз, ѕидовите зад седечката гарнитура може да ги искомбинирате со релјефни тапети сместени во светлосни процепи меѓу парапетната полица и исфрлениот дел на ѕидот. Скриеното линеарно осветлување во попречните канали на тесните делови од таванoт визуелно ќе го прошират просторот, а заедно со мебелот од темен медијапан со висок сјај и мебел штофот во земјани и златни тонови, ќе придонесaт за создавање елегантен и модерен ентериер.

Билјана Стевковска-Савиќ дипл.инж.арх.

bibisavic@yahoo.com

62

3

ПОРТА

4 јуни 2010


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 69/2010

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

КОНКУРСИ

БРОЈ: 01/2010 Назив на договорниот орган: Општина Охрид, ул. “Димитар Влахов“ бр. 57, 6000, Охрид. ПРЕДМЕТ: Изработка на идејно решение за изработка и поставување на спомен обележје “Св. Наум Охридски“ – Чудотворец. Контакт тел/факс: 046 262-493, 046 262-545, лице за контакт: Лилјана Симоноска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 13.07.2010 во 13.00 часот.

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 1/2010 Назив на договорниот орган: Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, ул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на идејно архитектонско решение за изградба на објект за Државни институции – јавна администрација и за Факултет за драмски уметности – Скопје. Контакт тел/факс: 02 2465-225, лице за контакт: Виолета Дускоска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 28.06.2010 во 16.00 часот. БРОЈ: 02/2010 Назив на договорниот орган: Н.У.Ц.К. “Иљо Антески-Смок“ – Тетово, бул. “Илирија“ бб, Центар за Култура, 1200, Тетово. ПРЕДМЕТ: Изработка на идејно решение за објект НУ Тетовски Театар и НУ Градска Библиотека – Тетово. Контакт тел/факс: 070 240-175, 044 333-297, лице за контакт: Артан Арслани. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 18.06.2010 во 15.00 часот. СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 70/2010

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 71/2010 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАњЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 06-102/2010 Назив на договорниот орган: АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Услуга од контрола и испитување на армирано бетонска конструкција на трите блока ПЕ Термоелектрани, за РЕК Битола. Контакт тел/факс: 047 206-220, 02 3111-309, лице за контакт: Васко Дули. Понудите да се достават најдоцна до: 21.06.2010 во 13.00 часот. БРОЈ: 06-103/2010 Назив на договорниот орган: АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Услуга од контрола и испитување на

челична конструкција на трите блока ПЕ Термоелектрани, за РЕК Битола. Контакт тел/факс: 047 206-220, 02 3111-309, лице за контакт: Васко Дули. Јавно отворање на понудите на ден 22.06.2010 год. БРОЈ: 8/2010 Назив на договорниот орган: Општина Свети Николе, Плоштад Илинден бб, 2220, Свети Николе. ПРЕДМЕТ: Изградба на горен строј на коловозни површини на ул. “Вера Циривири“ и реконструкција и доградба на ул. “Кочо Рацин“ до спој со ул. Карпошева и плоштад Илинден со изградба на тротоари. Контакт тел/факс: 032 444-169, 032 443-805, лице за контакт: Зоран Стојчев. Јавно отворање на понудите на ден 17.06.2010 год. СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 72/2010 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАњЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 74/2010 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Санација на ул. “Првомајска“ на потег од II капија на Охис до крстосница пред с. Драчево должина 2.500 м и ширина б=6.8 м. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Понудите да се достават најдоцна до 22.06.2010 во 16.30 часот.

БРОЈ: 15/2010 Назив на договорниот орган: АД Градски Трговски Центар, Кеј “13 Ноември“, кула 2/4, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Рамковен годишен договор градежништво (мермеро-изолатерски работи, молерофарбарски работи, интервенции во просторот) , набавка, транспорт и монтажа на материјали. Контакт тел/факс: 3223-681, лице за контакт: Огнен Петровски. Понудите да се достават најдоцна до 23.06.2010 година во 12.00 часот. БРОЈ: 11/2010 Назив на договорниот орган: Општина Гевгелија, ул. “Димитар Влахов“ 4, 1480, Гевгелија. ПРЕДМЕТ: Изградба на доводен цевковод за водоснабдување на западниот дел на Гевгелија, Урбан блок 4,5 и 14, со должина од 1484 м. Контакт тел/факс: 034 213-843, 034 213-899, лице за контакт Митко Дојчинов. Понудите да се достават најдоцна до 15.06.2010 година во 11.00 часот. БРОЈ: 7/2010 Назив на договорниот орган: Општина Крушево, ул. “Никола Ѓурковиќ“ бб, 7520, Крушево. ПРЕДМЕТ: Изградба на кантажи – дренажи на локалитет Езериште за подобрување на водоснабдувањето во град Крушево. Контакт тел/факс: 048 476-442, 048 477-046, лице за контакт: Таки Кардула. Јавно отворање на понудите на ден 23.06.2010 год.


предлози

ИЗЛОГ

ба а лам Столн ијанската л од ита igaris. а Call м р и ф

Неконвенционален стол во форма на црна топка кој е одличен за одмор и читање. Направен е од пластика во комбинација со штоф. Има и детска варијанта на ова столче, мини топка во бела боја со црвен штоф. Овие столови ги има во салонот за мебел Casa Italia, цена 47.510 и 19.750 ден. (детско столче), тел: 02/2400 430.

64

3

ПОРТА

4 јуни 2010

Лондонскиот дизајнер Mathias Hahn го креираше овој висечки лустер од алуминиум и стакло за францускиот производител Ligne Roset. Со помош на механизмот што се наоѓа во внатрешноста, светилката може да се поместува по кабелот што се простира од плафонот до подот. Конфигурацијата на формата на светилката и кабелот го ставаат традиционалниот материјал во нов естетски и фунционален контекст.


Модерна

закачалк

а

Boomera ng од Johan son desig n.

Елемент за CD-иња од Tiramolla чија вратичка служи како часовник.

д од Двосе та а фирм

Lig

et ne Ros

подготви:

Сандра дОНЧЕВА

дипл.инж.арх.

3

4 јуни 2010 ПОРТА

65


најчудните градби на светот

З

а да го избегнат сивилото на тривијалното живеење на своите сиромашни сограѓани кои примаат социјална помош, архитектите Рок Оман, Шпела Видечник, Мартин Липицер, Нејц Батистиќ, Андреј Грегориќ и Ана Косиќ од словенечкото студио Офис, ја проектирале оваа необична зграда која наликува на тетрис, во Љубљана. Откако била изградена во 2007 година, изведувачот го продал објектот на Словенечкиот фонд за домување по цена од 650 евра/м2. Зградата е долга 58 метри, широка 15 метри, и има 4 ката. Содржи 650 станови со различна квадратура (еднособните станови

со 35м2, а трособните 103м2). Становите се збиени еднододруго, без никаков бафер простор кој би го делел објектот на сектори или комплекси. Со тоа се овозможило заштеда на топлината и енергијата во зимските денови. Чудниот дизајн на блокот со искршени волумени и прозорци со различен колорит е допадлив уште на прв поглед. На многумина тој им наликува на сцена од популарната видео игра тетрис. Затоа љубљанчани го нарекуваат објект со тетрис апартмани.

драган РИСТОВ

Тетрис за живот во Љубљана

66

3

ПОРТА

4 јуни 2010



PORTA3 132