Issuu on Google+

ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006 IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ ОД ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТИ INTERNATIONAL ASSOCIATION FOR THE EXCHANGE OF STUDENTS FOR TECHNICAL EXPЕRIENCE


Претседателство на ИАЕСТЕ Национален Комитет Македонија и Локален Комитет Скопје Presidency of IAESTE Nacional Comitee Macedonia and Local Comitee Skopje Национален секретар (Претседател) / National Secretary (President): Десанка Ичитрајкова / Desanka Ichitrajkova desanka.icitrajkova@iaeste.org

Претседателство на ИАЕСТЕ Локален Комитет Битола Presidency of IAESTE Local Comitee Bitola

Финансии / Finance Responsible: Срѓан Младеновиќ / Srgjan Mladenovik srgjan.mladenovik@iaeste.org

Претседател / President: Стрезовска Билјана / Strezovska Biljana biljana.strezovska@iaeste.org

Одговорен за странските стденти / Incoming Responsible: Александар Димитровски / Aleksandar Dimitrovski aleksandar.dimitrovski@iaeste.org

Финансии / Finance Responsible: Таневски Златко / Tanevski Zlatko

Одговорен за нашите студенти / Outgoing Responsible: Марија Радеска / Marija Radeska marija.radeska@iaeste.org Одговорен за маркетинг / Marketing Responsible: Филип Петрушевски / Filip Petrushevski filip.petrushevski@iaeste.org

Одговорен за странските стденти / Incoming Responsible: Митровски Александар / Mitrovski Aleksandar Одговорен за нашите студенти / Outgoing Responsible: Николовска Дијана / Nikolovska Dijana Одговорен за маркетинг / Marketing Responsible: Јошевски Кире / Joshevski Kire

Издавач: ИАЕСТЕ Македонија Уредник: Илија Павлески Дизајн и техничко уредување: Филип Петрушевски Печатено во: Графички центар „Југореклам“ Печатно со поддршка на Агенција за млади и спорт

Адреса: Машински и Електротехнички факултет Карпош 2 бб, 1000 Скопје, Македонија тел/факс: 02 3065069 е-пошта: macedonia@iaeste.org

Published by: IAESTE Macedonia Editor: Ilija Pavleski Design & Layout by: Filip Petrushevski Printed by: Graficki centar “Jugoreklam” Printing is supported by the Agency for Youth and Sport

Address: Masinski i Elektrotehnicki fakultet Karpos 2 bb, 1000 Skopje, Macedonia tel/fax: +389 2 3065069 email: macedonia@iaeste.org

ж-ска: 250000000089642 Депонент: Инвест банка

www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

Во ова време на брз техничко-технолошки развој се повеќе доаѓа до израз проблемот на понудата на универзитетските програми, изразена во мотивирани и обучени, но професионално недоволно искусни млади луѓе и потребите на индустријата од искусни истражувачи и инженери. Токму поради тоа, во современите услови, како никогаш досега е неопходно вградување на што поголема и поквалитетна пракса во рамките на универзитетското оформување на поединецот. ИАЕСТЕ Македонија веќе 14 години дава свој придонес во тој правец. Преку разменската програма на организацијата повеќе од 600 млади луѓе, студенти на техничките и факултетите за природни науки, индни инженери и стручњаци се здобија со непроценливо стручно и животно искуство. Преку остварувањето на своите цели, ИАЕСТЕ МАкедонија не само што ги приближува техничките, научните и образовните трендови до инженерите на Македонија, туку еднакво овозможува напредок, соработка и поблиска интеграција, формира млад кадар по светски стандарди, овозможува контакти помеѓу инженери и фирми од целиот целиот свет и ја промовира Македонската култура и историја. Зад успешната размена и постојаниот подем на ИАЕСТЕ Македонија стојат позитивната енергија и волонтерската работа на се поголем број студенти, членови на организацијата, како и на соработката на фирмите работодавачи, спонзори и останатите национални комитети. На сите нив бескрајно им благодариме. Пред Вас е годишниот извештај за 2006 година кој ќе ви даде поглед во сериозната работа на ИАЕСТЕ Македонија како цврст и драгоцен мост меѓу образованието и стопанството, како и помеѓу нашата земја и светот. Се надеваме дека ќе Ве поттикне да ја започнете или да ја продолжите и интензивирате соработката со ИАЕСТЕ, бидејќи тоа е од Ваш, наш и воопшто од интерес за развојот на Македонија.

In times of fast technological development, the problem of the university offer of motivated and trained, but professionally inexperienced young people and the needs of the growing industries for experienced researchers and engineers, appears on the surface. Thus the implementation of more practical training with high quality is necessary in the university maturation of the individuals. For many years, IAESTE Macedonia in making steps towards that direction. The exchange program of IAESTE has helped over 600 young people, students of the technical and faculties of natural sciences, future engineers and experts, to gain an invaluable technical and life experience. Through goal realization, IAESTE Macedonia not only helps to approach the world’s technical, scientific and educational trends closer to the engineers of Macedonia, but equally facilitates progress, co-operation and closer integration, forms young cadre by world standards, enables making contacts between engineers and companies world wide and promotes the Macedonian culture and history. The Organization success and its continual growth are result of the voluntary work of its student members, as well as the co-operation and support of the employees, sponsors and the other National Committees. To all of them we express our most sincere gratitude. The Annual Report for 2006 presented in front of you, will emphasize the importance of our organization as a strong and precious bridge between education and economy, and between our country and the world. We hope that it will encourage you to start or continue and intensify the cooperation with IAESTE Macedonia since it is our common interest.

Ichitrajkova Desanka National Secretary

Ичитрајкова Десанка Национален секретар




ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Ш т о е ИАЕСТЕ? ИАЕСТЕ (International Association for the Exchange of Students for Technical Experience) e меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети, која е основана 1948 гog. на иницијатива на Кралскиот колеџ од Лондон. Таа е неполитичка, независна, невладина организација која остварува контакти со повеќе агенции на ОН, како UNESCO, UNIDO, FAO, ILO итн. Интернационалната Асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (ИАЕСТЕ) е асоцијација на Национални Комитети кои ги претставуват интересите на академските, индустриските и студентските кругови. Секој Национален комитет е одговорен за раководење со размената во својата земја. Асоцијацијата е основана во јануари 1948 година на Кралскиот Колеџ во Лондон по иницијатива на „Комитетот за работа на одмор“ при Кралскиот Колеџ. Националните организации на десет Европски земји кои присуствуваа на овој состанок станаа членки, а господинот James Newby беше избран за генерален секретар. Наскоро со доаѓањето на нови членки организацијата се распространи низ скоро цела Европа, а и подалеку. Асоцијацијата стана регистрирано тело според Луксембуршките закони на својата Генерална Конференција во 2005 година одржана во Cartagena de Indias во Колумбија. IAESTE е неполитичка, независна, невладина организација, која остварува работни врски со UNESCO (United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization), а остварува и консултативни врски со ECOSOC (UN Economic and Social Council), UNIDO (United Nations Industrial Development Organization), ILO (International Labour Office). ИАЕСТЕ исто така има контакти и со ECA (United Nations Economic Council for Africa), FAO (Food and Agriculture Organization), OAS (Organization of American States) и Европската Унија како и со други образовни невладини организации. Националните Секретарија-ти и Комитети го сочинуваат членството на Асоцијацијата. Секоја година Генералната Конференција на едно место ги собира претставниците на овие тела за да се договорат 

генералните политики, а со помош на институциите за соработка на ИАЕСТЕ да дојде и до размена на понудите за пракса. Пред Конференцијата, секоја земја членка и институција за соработка прибира понуди од работодавци подготвени да примат студенти од странство кои привремено би остварувале пракса и би добивале рабоптно искуство во областа за која се образуваат, како надополнување на стручното или академското образование. Од Компанијата или Институцијата понудувач се очекува да исплатат плата на студентот, доволна да ги покрие трошоците за сместување и живот за време на неговиот престој. Понудите за пракса се разменуваат со други членки или институции за соработка на принцип на реципроцитет. Преку универзитетите и институциите за стручна наобразба членките и институциите за соработка одбираат квалификувани студенти кои ќе ги пресретнат барањата на работодавците наведени во понудата за пракса. Детали за избраните кандидати се испраќаат до компаниите на одобрување. Учеството во размената на ИАЕСТЕ е отворено кон студентите кои посетуваат настава на универзитетите, техничките институти и слични институции за високо образование.

МИСИЈА И ЦЕЛИ Мисија Да се обезбеди разменска програма за високо квалитетна практична обука помеѓу членките со цел да се издигне техничкиот и професионалниот развој и да промовира меѓународно разбирање и добра воља меѓу студентите, академските институции, работодавците и пошироката заедница. ИАЕСТЕ работи независно од раса, боја, пол или потекло Цели Да им обезбеди на студентите од високото образование техничко искуство значајно за нивното образование. Да им обезбеди на работодавците квалификувани и мотивирани практиканти. Да биде извор за културно збогатување на практикантите и општеството домаќин.

www.iaeste.org.mk


What IAESTE is?

IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

IAESTE - The International Association for the Exchange of Students for Technical Experience - is an international organization for the exchange of students from the faculties in the area of technology, founded in 1948 by the initiative of the Imperial College, London, United Kingdom. It is a non-political, independent, non-governmental organization and maintains relationships with several United Nations organizations, such as the UNESCO, UNIDO, FAO, ILO etc. The International Association for the Exchange of Students for Technical Experience (IAESTE A.s.b.l) is an Association of National Committees representing academic, industrial and student interests. Each National Committee is responsible for the administration of the exchange in its own country. The Association was founded in January 1948 at Imperial College, London, on the initiative of the Imperial College Vacation Work Committee. National organizations of ten European countries represented at this meeting became Members and Mr. James Newby was elected General Secretary. The geographical coverage was soon to spread to most of Europe and beyond, as new countries were admitted to Membership. The Association became a registered body according to Luxembourg law at its General Conference 2005 in Cartagena de Indias, Colombia. It is a non-political, independent, non-governmental organization, in operational relationship with the United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization (UNESCO) and maintains consultative relationships with the UN Economic and Social Council (ECOSOC), the United Nations Industrial Development Organization (UNIDO) and the International Labour Office (ILO). IAESTE is also in contact with the United Nations Economic Council for Africa (ECA), the Food and Agriculture Organization (FAO), the Organization of American States (OAS) and the European Union (EU), as well as with other educational non-governmental organizations. National Secretariats and Committees make up the Membership of the Association. Each year the Annual Conference brings together the representatives of these bodies to decide issues of general policy and with the IAESTE Cooperating Institutions to carry out the

exchange of offers for training. Prior to the Conference, each Member and Co-operating Institution collects offers from employers willing to receive students from abroad for a temporary training and work experience period relevant to the students’ areas of study, as a complement to their university or college education. The offering Companies or Institutions are expected to pay students a wage sufficient to cover their cost of living during the actual training period. The offers of training are exchanged with other Members and Co-operating Institutions mainly on a reciprocal basis. Through their affiliated universities and colleges, Members and Co-operating Institutions select qualified students to meet employers’ requirements as outlined on the training offer. Details of the selected candidates are sent to the Companies for approval. Participation in the IAESTE exchange is open to bona fide students attending courses at Universities, Institutes of Technology and similar Institutions of Higher Education.

The Mission and Aims of IAESTE MISSION To operate a high quality practical training exchange programme between Members in order to enhance technical and professional development and to promote international understanding and goodwill amongst students, academic institutions, employers and the wider community. IAESTE operates irrespective of race, color, sex or creed. AIMS To provide students in higher education with technical experience relevant to their studies. To offer employers well qualified and motivated trainees. To be a source of cultural enrichment for trainees and their host communities.




ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

И А Е С ТЕ Македонија ИАЕСТЕ Македонија е неполитичка, независна, невладина, волонтерска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. Преку ИАЕСТЕ студентите имаат можност да стекнат работно искуство на професионален план, да бидат во тек со актуелните технички достигнувања кои се применуваат во светот, како и многу нови контакти и пријателства. ИАЕСТЕ Македонија има околу 300 членови. На чело на ИАЕСТЕ Македонија стои петчлено претседателство избрано со гласање од полноправните членови на организацијата. Претседателството се состои од Национален секретар, Одговорен за финансии, Одговорен за македонските студенти кои остваруваат пракса во странство, Одговорен за странски студенти кои остваруваат пракса во Македонија и Одговорен за маркетинг. Сите имаат мандат од две години од моментот на изборот. ИАЕСТЕ Македонија има два локални комитета: локален комитет Скопје и локален Комитет Битола. Член на ИАЕСТЕ може да стане секој редовен студент на следниве факултети при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”: Електротехнички, Машински, Градежен, Архитектонски, Технолошко-металуршки, Шумарски, Земјоделски, Природноматематички, Рударско-геолошки, во рамките на локален комитет Скопје, потоа на техничкиот факултет на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во рамките на локален комитет Битола, како и на интердисциплинарните студии организирани на тие факултети. Членарината во оваа организација е симболична и изнесува 300 денари годишно. Во зависност од активностите кои ги



извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот од предметите што го слуша, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може да си овозможи предност во избирањето на разменетите пракси пред другите студенти. Некои од активностите кои студентот може да ги извршува се: обезбедување на стручна пракса за странски студенти во наши фирми, присуство во медиумите, компјутерска обработка и осмислување на маркетингшки материјал, одржување на веб страната на организацијата, наоѓање на спонзорства, имајќи в предвид дека ИАЕСТЕ Македонија е целосно студентска организација без постојан извор на приходи за разлика од други комитети на ИАЕСТЕ низ светот. Доделувањето на праксите на студентите е рамноправно, чесно и јавно.

МАКЕДОНИЈА

Job raising кампањата е една од најважните активности кои ИАЕСТЕ Македонија ги извршува во текот на една година. Под неа се подразбира наоѓање на платени стручни пракси во фирми и институции (работодавци) во матичната земја од страна на националниот комитет. На Генералната Конференција, која се одржува еднаш годишно (во Јануари), најдените пракси се разменуваат, и тоа по принципот “една за една”. Следствено бројот на наши студенти кои ќе одат на практична доедукација (пракса) во странство следната година, директно зависи од бројот на најдените пракси во job raising кампањата. Job raising се одвива на следниов начин: членови-студенти на ИАЕСТЕ Македонија остваруваат контакт со фирмите и институциите, потенцијални работодавци во нашата земја, непосредно ги запознаваат со работата на нашата организација и со оние кои се заинтересирани за соработка потпишуваат договор кој истите ги обврзува да примат странски студент на пракса во нивната фирма (институција) во текот на наредната година.

www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

IAESTE Macedonia IAESTE Macedonia is a nonpolitical, independent, non-governmental, volunteer organization that enables an exchange of students from the faculties in the area of technology for the accomplishment of professional practice. By the IAESTE the students are able to gain a professional working experience, to be in touch with the current technological achievements that are applied in the world as well as to realize many new contacts and friendships. IAESTE Macedonia does have about 300 members. IASETE is headed by fivemember Board elected by voting of full members of the Organization. The Board is consisted of the National Secretary, the person in charge of Finances, the person in charge of Macedonian students that are accomplishing a practice abroad, the person in charge of foreign students that are accomplishing the practice in Macedonia and the person in charge of Marketing. All the members have a two year mandate. IAESTE does have two local Committees: Local Committee Skopje and Local Committee Bitola. Within the Local Committee Skopje the IAESTE member may become every regular student of the following faculties of the “St. Cyril and Methodius University”: Faculty of Electrical Engineering, Faculty of Mechanical Engineering, Faculty of Construction Engineering, Faculty of Architecture, Faculty of Technology and Metallurgy, Faculty of Forestry, Faculty of Agriculture, Faculty of Natural and Mathematical Sciences, Faculty of Mining and Geology. Within the Local Committee Bitola - the students of the Technical Faculty of the “St. Clement of Ohrid University” of Bitola, as well as students on the interdisciplinary studies organized by those faculties. The annual membership fee is symbolic and amounts 300 denar.

Depending on the activities that the IAESTE Macedonia member-student have performed during the course of the year, the spoken languages, the student’s average score of the of topics in the faculty as well as the requirements of the employer of the exchanged practices, the student, compared to other students, can be allowed a priority in making selection within the available exchanged practices. Some of the activities that the IAESTE Macedonia member-student can perform are: finding and providing the professional practice for foreign students in the local companies and institutions, finding the sponsorships having in mind that the IAESTE Macedonia, unlike other IAESTE Committees in the world, is fully student organization without permanent revenue sources, computer assisted processing and designing the marketing materials, WEB-page maintenance, the presence in the media. The practice awarding to the students is of equal opportunity, honest and public.

MACEDONIA

The Job raising campaign is one of the most important activities that IAESTE Macedonia is performing throughout the year. It comprises finding, by the National Committee members, of paid professional practices in the companies and institutions (employers) in the home country. During the General Conference held once a year (in January) the found practices are exchanged, by applying the “one for one” principle. Accordingly, the number of our students that will go next year to the practical education (practice) abroad depends directly on the number of “found” practices in our country during the job raising campaign. The job raising is taking place in the following manner: the IASETE Macedonia member students are making contacts with the companies and institutions that are potential employers in our country, directly acquainting them with the way of functioning of our organization and then they are signing contracts with interested companies or institutions which binds them to accept a foreign student who will make a practice in their company/institution during the next year.




ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Кр а т к а историја на И А Е С ТЕ Македонија Почетоци 1992-1995 Почетоците на ИАЕСТЕ Македонија датираат уште од 1952 година како локален комитет од ИАЕСТЕ Југославија. Со здобивање на независност на Р. Македонија, група на студенти го формираат националниот комитет на ИАЕСТЕ Македонија во декември 1992 година. Во 1993 година на сите меѓународни настани учествуваа како придружна членка, а на Генаралната Конференција на ИАЕСТЕ во Мексико Сити, ИАЕСТЕ Македонија е примена како полноправна членка. Нов локален комитет 1996 На иницијатива на универзитетот во Битола формиран е нов локален комитет во Битола. За прв пат ИАЕСТЕ Македонија организира TWIN средба со локалниот комитет од Цирих. Ова година големо внимание е посветено на претставување на нашата организација во локалните медиуми. Семинари 1997 За прв пат е орбанизиран семинар за тренинг, мотивација и едукација на млади членови, одржан на Матка во месец мај – убава традиција во нашиот Национален Комитет. TWIN посетата на ЛК Цирих со десетина членови на ЛК Скопје ја возвратуваат со зајакната успешна соработка меѓу двата комитети. ИАЕСТЕ Македонија ја превзема иницијативата за организација на JUMP ’98. JUMP ‘98 Одржан е меѓународен семинар за тренинг и мотивација – JUMP ’98, 

одржан во септември во Охрид. Дефинитивно најголемиот настан досега организиран од ИАЕСТЕ Македонија, со присуство на околу 40-тина учесници од сите страни на светот. И оваа година продолжува соработката со сите национални комитети со нови контакти и пријателства. Презентација 1999

суштествтвените проблеми кои се соочуваше РМ, ИАЕСТЕ го покажа својот дух, својата стабилност и сериозност пристап и вистински начин: доделна ни е организацијата на СИД, организирани се успешно 2 TWIN-а, со Австрија и со Финска, преку 50 разменети пракси и скоро исто толку наши студенти примени на пракса, 30 практиканти дојдени во Македонија...

Во ноември во Хотелот Александар Палас организирана е гала презентација на ИАЕСТЕ на ИАЕСТЕ Македонија пред голем број соработници, членови и ИАЕСТЕ пријатели.

Или со еден збор ИАЕСТЕ Македонија 2002-успехот продоложува по нагорна линија и по десетата година од своето постоење.

Година на успех 2000

С��опје беше домаќин на Семинарот за Развој на ИАЕСТЕ (SID- Seminar for IAESTE Development). Годината останува во сеќавањата на сите членови кои на таа манифестација присуствувале, а и сите нови членови порано или подоцна за тоа разбираат преку претраскажувањето на постарите.

Измитанава година ИАЕСТЕ Македонија достигна завидна рекордна бројка од разменети пракси со земји од целиот свет. Бројот на пракси е за десетпати зголемен од почетокот на своето постоење, со тоа ИАЕСТЕ Македонија со право го задржува епитетот најголема и најуспешна разменска организација во Македонија. Континуитет 2001 За вложениот труд и успехот во работата во изминатата година можат да посведочат неколкуте практиканти кои и покрај актуелната состојба во државата во изминатата година успеаја да го почуствуваат духот на летната рецепција која ИАЕСТЕ Македонија секогаш ја извршувала на завидно ниво. И оваа година мотото на летната рецепција беше дружење, забава и добро организирани викенди низ прекрасната Македонија. Враќање на големата врата 2002

Најбитната година до сега 2003

Средување на инпресиите 2004 И оваа година имаше успеси, но тие тешко се споредуваат со она што се случи предходната година. За да не се заборават ефектите од SID организирана презентација пред повеќе од 150 луѓе во Александар Палас. Покрај тоа тука е и организираниот TWIN со Норвешка. Година на нови ветришта 2005 Оваа година донесе многу нови идеи кои бараат време за реализација. Додека идеите созреваа беше организиран TWIN со Данска, а убавите впечатоци дадоа поттик за забрзување на развојот на ИАЕСТЕ

Во 10-тата година од своето независно постоење 10-ка за ИАЕСТЕ Македонија. По надмирувањето на www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

Short history of IAESTE Macedonia Beginnings 1992 – 1995 The beginnings of IAESTE Macedonia date since the year of 1952 as a local committee of IAESTE Yugoslavia. With the gaining of Independence of Republic of Macedonia, a group of students form the national committee of IAESTE Macedonia in December 1992. In 1993 on all international events it takes part as a pending member, and on the General Conference of IAESTE in Mexico City, IAESTE Macedonia has been accepted as a full member. Further Development 1995 For the first time IAESTE Macedonia begins to represent itself at more important manifestations in our country. The old contacts are being renewed and new ones are being established. The Club of IAESTE Friends has been formed, with an intention to reconnect all the former members of this organization. For the first time a web page is set > www.iaeste.org.mk New local committee 1996 On the initiative of the University of Bitola, a new local committee has been formed in Bitola. For the first time IAESTE Macedonia organizes a TWIN meeting with the local committee from Zurich. This year great attention was tribute in the presentation of our organization by the local media. Seminars 1997 For the first time a seminar for training, motivation and education of new members was organized, in May – a beautiful tradition that is being kept by our National Committee.

The TWIN visit of the LC in Zurich, by around ten members of LC Skopje, turned out with a strong successful collaboration between both committees. IAESTE Macedonia takes the initiative of organizing the JUMP ’98. JUMP 1998 An international seminar of training and motivation – JUMP ’98 was held in September in Ohrid. Definitely the biggest event that far organized by IAESTE Macedonia, with a presence of around 40 participants from all around the world. This year, also, the collaboration with all national committees continues to grow with new contacts and friendships. Presentation 1999 In November in the hotel Alexandar Palace was organized a gala presentation of IAESTE Macedonia for a large number of associates, members and IAESTE friends. Year of success 2000 This year IAESTE Macedonia accomplished a record number of exchanged traineeships with countries from all over the world. It was enlarged by ten times from the beginning of its existence. According to that, IAESTE Macedonia holds on to the attribute of the largest and the most successful exchange organization in Macedonia. Continuity 2001 For the effort and the success of the year, a few trainees can testify that, despite the actual condition in the country, were able to sense the spirit of the summer reception that IAESTE Macedonia always maintains at a noticeable level. This year, also, the motto of the summer reception was friendship,

fun and good organized weekends all around the beautiful Macedonia. The return 2002 In the 10th year of its independent existence, IAESTE Macedonia. After getting over the crucial problems which Republic of Macedonia was facing, IAESTE showed its true spirit, its stability and the serious approach in the right way: it was assigned with the organization of SID 2003, 2 TWINs were successfully organized with Austria and Finland, over 50 trainees exchanged, 30 trainees received in Macedonia. Alternatively, in one word IAESTE Macedonia’s success continues upwards even after the tenth year of its existence. The most important year so far 2003 Skopje was a host of the Seminar for IAESTE Development (SID). This year is in the memories of all members who attended that event, and also the new members, sooner or later find out about it from the elders. Keeping with the good impressions 2004 This year was successful, but it is hard to compare it to last year. In order not to let last years impressions fade we organized a presentation in front of more than 150 representatives from the business community in Aleksandar Palace. Besides that we organized the TWIN with Norway. Year of new winds 2005 This year brought a lot of new ideas that need time to come true. Until the ideas were maturing we organized a TWIN with Denmark and the nice impressions gave us the motive to speed up the development of IAESTE Macedonia. 


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Често Поставувани Прашања Каква организација сте и со што се занимавате? ИАЕСТЕ е меѓународна студентска организација и главна активност и е размена на студенти за стручна пракса.

И самиот број на разменети пракси на ИАЕСТЕ - Македонија, кој секоја година се зголемува, говори за подемот, успешноста и големината на организацијата. А покрај тоа значајно е да се спомне и дека партнерите со кои соработуваме се меѓу најуспешните фирми и институции во Македонија. Македонија е и во самиот врв според бројот на примени практиканти во однос на бруто националниот приход.

Со давање на пракса, вие ќе стекнете имиџ на современа фирма која мисли на младите генерации и им помага на идните инжинери и ќе си најдете место веднаш до добро познатите светски гиганти од калибарот на: BOSCH, PHILIPS, VOLVO, SIEMENS, OPEL и многу други. Странскиот студент ќе внесе интернационален дух во работата на фирмата, а тоа може да допринесе за дополнителна мотивација и на редовно вработените. И на крајот странскиот студент може да помогне при извршувањето на тековните работи во летниот период кога голем дел од вработените се на годишен одмор.

Q

Дали е тоа нешто како студентска задруга за сезонска работа во странство? Платена стручна пракса е повеќе месечна работа во некоја фирма, која студентот ја извршува, а е од доменот на неговите студии и за тоа добива соодветен паричен надоместок. Колкава треба да биде платата што треба да ја добива студентот? Основно начело на ИАЕСТЕ е дека платата што треба да добива студентот треба да ги покрива животните трошоци во земјата каде ја извршува праксата. Тоа вообичаено е просечен личен доход на земјата. Кај нас минималната парична надокнада за извршената работа би била 200 евра нето, во денарска противвредност за секои 4 седмици. Освен платата, во понудата може да биде вклучен и евентуален бонус или награда за залагање и добри резултати во работата.

Дали соработувам со сериозна организација? За успешноста и сериозноста на ИАЕСТЕ како светска организација постојат повеќе показатели. Така, во нејзиното педесетидеветгодишно постоење извршени се околу 350000 пракси во над 100000 фирми во кое што партиципирале над 70 земји од сите континенти. Тоа секако, ги збогатило животното и работно искуство на овие студенти со непроценливо вредност.

1 0

Што добиваме со давање пракса на некој странски студент? Хуманоста и вољата за соработка со студентите и нивно помагање при градење на инжинерската кариера е една од основните особини на фирмите и институциите кои соработуваат со ИАЕСТЕ. Треба да се знае фактот дека праксите што се разменуваат меѓу различните ИАЕСТЕ - Комитети се со реципрочна основа, што значи дека со секоја пракса што му ја давате на некој странски студент, овозможувате да македонски студент престојува неколку месеци на работа во некоја странска фирма. Преку странскиот студент што ќе го примите на стручна пракса во Вашата фирма може да остварите соработка со некои странски фирми и универзитети од земјата од која тој даоѓа. При тоа имате можност да се запознаете со технологијата и проектите што таму се користат, а можеби и со некои нови методи кои што би биле интересни за вашата област на работа. Сето ова може да придонесе за стекнување на знаења со кои би си ја унапредиле работата во Вашата фирма. Странскиот практикант претставува можност за учење и усовршување на странски јазик за вработените како и можност за нивно запознавање на културата и обичаите во соодветната земја.

Кој е периодот на извршување на праксата? Најчесто праксите се извршуваат во летниот периодот , од 1 јуни до 30 септември, за да не се попречи редовното студирање на практикантите, но таа може да се одвива и во пролетниот или есенскиот. Фирмата, зависно од својот годишен план, треба да го одреди поширокиот термин кога студентот би ја извршувал праксата. Во договор со ИАЕСТЕ Македонија можно е извршување на праксата во било кој дел од годината.

&

Колкава е должината на праксата? Должината на праксата ја одредува фирмата-работодавец во зависност од потребите, можностите и типот на понудената пракса. Минималната должина на пракса е 6 седмици. Ова бројка доаѓа од податокот дека во земјите во кои праксата е задолжителен дел од образованието минималното нејзино времетраење е 6 седмици. А и доаѓањето на студенти од подалечни земји, како

www.iaeste.org.mk


од Работодавците и Одговори на пример Бразил, Кина, Мексико не би било оправдано поради патните трошоци за покус период на пракса. Вообичаената должина на времетраење е 8 седмици. Во светски рамки се почести се праксите од 3, 6 па повеќе месеци.

примиле студент, но навистина ние во летниот период немаме многу работа и не можеме да понудиме пракса на многу високо стручно ниво. Тоа воопшто не е причина за да не понудите пракса. Дури и во поразвиените земји праксите се случува да бидат прилично едноставни. Праксата не се извршува само заради стручното усовршување, туку и за запознавање на практикантот со реалните ситуации во животот кои се случуваат при вработувањето, ��ои што се новитет и нешто различно споредувајќи со факултетските клупи и студентскиот начин на живот.

A

Кој странски јазик треба да го зборува странскиот студент при изведување на праксата во нашата фирма? Во описот на понудената пракса треба да го наведете јазикот со кој ќе се служат претпоставениот и блиските соработници на практикантот. Најчесто тоа е англискиот јазик, но може да побарате тоа да е француски, германски, а во договор со ИАЕСТЕ - Македонија и на некој друг странски јазик.

&

околу пријавувањето и одјавувањето на странскиот студент во соодветните државни органи. ИАЕСТЕ - Македонија го организира неговото слободно време како и запознавање со земјата, културата и нашите обичаите. Сите странски студенти доаѓаат со целосно здраствено осигурување, сепак во случај на евентуални здраствени проблеми, целата грижа за студентот ја превзема ИАЕСТЕ Македонија.

IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

Дали можеме да го специфицираме профилот на практикантот за пракса во нашата фирма? Да, тоа е Ваше право да одредите од кој факултет да биде студентот, годината и насоката на студии, степенот на познавање на странскиот јазик со кој тој ќе се служи при изведување на праксата. Доколку е неопходно за успешно извршување на праксата, имате право да ги наведете и специфичните предзнаења од одредена област што треба да ги има. Доколку сакате, можете да ги одредите и возраста и полот, како и земјата или регионот од каде што сакате да доаѓа практикантот. Дали имаме други обврски кон практикантот? Не, затоа што се друго е обврска на ИАЕСТЕ - Македонија. На пример: пречекот и испраќање, сместување, носење до работното место првиот работен ден, а и формалностите

Што треба да содржи описот на праксата? Во описот на работата треба да биде наведен типот на понудената работа, описот на проектот во кој практикантот би бил вклучен како и конкретните задачи кои истиот треба да ги извршува. Пожелно е да се напише накусо за типот на активностите во фирмата или работната единица. Праксите кои содржат само општ опис на праксата се несериозни и постои многу мала веројатност истите да бидат разменети. Поради тоа, во ваш интерес е да дадете што подетален опис на праксата, затоа што само така е овозможена успешна размена, а и студентот што ќе се номинира за таа пракса ќе има предвид за каква пракса се номинирал и подобро би се подготвил ( со потребното предзнаење ). Во временскиот интервал од склучувањето на договорот до нејзиното реализирање може да се променат некои околности во фирмата, па секако дека на студентот може да му се дадат некои други работни обврски или поактуелни задачи, сродни по научната област во која се изведува праксата. Поради погоре споменатите причини т.е. поради подобрување на имиџот на компанијата би

Ние работиме многу и сериозно, а работата е и одговорна. Да се најде квалитетна работа за практикантот не е проблем. Но дали тој ќе покаже доволна ангажираност? Да не се случи да добиеме некој кој нема да работи и ќе биде незаинтересиран за работата? Тоа воопшто не се случува. Всушност ИАЕСТЕ - Македонија најчесто го има го има спротивниот проблем, нашите фирми им даваат премалку работа на практикантите. За разлика од кај нас, во повеќето странски земји на практичната работа и се дава вистинското значење кои го заслужува. Практикантите од овие земји се наполно свесни за корисноста на максималната ангажираност при работата па тоа и го демонстрираат. Често странските студенти имаат обврска од матичниот факултет да напишат извештај за своите пракси и за тоа што тие сработиле за време на праксата, кое што им претставува и дополнителна мотивација за работење.

11


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Рекоа за ИАЕСТЕ:

ИАЕСТЕ ми ги разубави студентските денови и ми овозможи да го стекнам работното искуство што не го добив на факултет. dip.el.ing. Тодор Талевски Benning Psam

Да ме биваше за поезија немаше да бидам инжињер ИАЕСТЕ О О О... ИАЕСТЕ dipl.el.ing Васко Цацаноски T-Mobile Macedonia

ИАЕСТЕ ми овозможи стекнување на бесценети искуства, безброј незаборавни моменти поминати со прекрасни пријатели на уште попрекрасни места. БЛАГОДАРАМ! dipl.grad.ing. Маја Витанова

Инспирацијата и искуството во ИАЕСТЕ се едни од моите најомилени моменти во мојот студентски живот кои многу ми помогнаа во мојот професионален инжињерски живот, Маријан Закев IT Manager Адинг АД

Со ИАЕСТЕ поминав многу незаборавни моменти, дружења, забави :) dipl.hem.ing Бисера Јанеска Алкалоид

Многу убави денови, многу убави и среќни луѓе, многу незаборавни сеќавања. За сето тоа многу фала ИАЕСТЕ. dipl.ing.Џитевска Татјана

Во ИАЕСТЕ се учи како да работиш со луѓе, како да се себе организираш, како да ги организираш останатите, како да презентираш, да се справуваш со конфликти, со еден збор, се што ти е потребно да се вклопиш во својата идна работна околина. Меѓутоа не е тоа се, сепак е студентска организација и ти нуди многу повеќе, дружење, забава, контакти со многу луѓе од тука и во странство, меѓународно искуство , нешто што не ти нуди ни една друга организација, фирма или здружение. И не само тоа, не е за потценување ни искуството од пракса, да работиш во странство, да видиш како таму работат и што се постои на светот, и тоа искуство да го примениш кај нас, е тоа е нешто непроценливо. B.Sc. Ilija Efnusev, QM Quality of Service Specialist T-Mobile Macedonia AD Skopje, TQM Department

1 2

www.iaeste.org.mk


Извештаи

Извештај на националниот секретар за 2006 Извештај на председателот на локалниот комитет Битола Извештај на одговорниот за странските студенти Извештај на одговорниот за нашите студенти Извештај на одговорниот за маркетинг ИАЕСТЕ на семинарот е-општество Регионална Студентска Конференција Централно Европска Конференција

...или како претседателството ја виде изминатата година, а и каде се се претставивме


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Постигнувања на ИАЕСТЕ Македонија во 2006-та година Фактот дека оваа организација е невладина и непрофитабилна, не ги запре и уште повеќе ги мотивираше големиот број на студенти да се вклучат во процесите кои овозможија технички и културен развој, без притоа да се најдат затекнати во непотребните политички спреги. Како волонтери со студентски статус, тимот составен од едни од најактивните и најуспешните индивидуалци беше поттикнат кон развивање на едукативните цели на додипломците и постдипломците, оствари технички-насочен и исполнет живот на студентите, овозможи соработка помеѓу компаниите, иституциите, стручниот кадар и го подобри општеството во целина. На почетокот, во текот на Јануари 2006-та година ИАЕСТЕ Македонија го даде своето учество во најбитниот настан во рамките на ИАЕСТЕ – „Годишната Конференција“. На оваа конференција, на која се одлучува иднината на голем дел од идните инжениери во Македонија, делегатите ги дадоа своите гласови за отварање на пат за градење добри односи со странските комитети, дипломатски ги подобруваа културните и политичките односи со останатите земји членки на ИАЕСТЕ и соодветно ги разменуваа седумдесетте стручни пракси, борејќи се против тешките финансиски и професионални услови кои ги наметнува нашето општество. Но ИАЕСТЕ Македонија не застана тука. Паралелно на Програмата за Размена на Студенти (праќањето на наши студенти во странство и услужувањето на компаниите и институциите во Македонија), тимот организира Конференција под името „Промоција на Регионот како Атрактивна Дестинација за Идните Европски Инжинери“ (ПРАДИЕИ) чија цел е развивање на стратегија за пробивање на Македонија и регионот во техничките рамки на 1 4

Европа. ИАЕСТЕ Комитетите од земјите во регионот собрани под истото мото заедно со инжениерите од техничките факултети од Македонија ги поставија темелните проекти за постигнување на овие цели како што се: презентации по факултетите во Европа и пошироко; регионална маркетиншка соработка; посета на практикантите од регионот на културни настани и инжинерски институции и процеси во Македонија. По кратко време го организиравме годишниот Семинар за Тренинг и Мотивација за Студентите од Техничките Факултети, каде ги обучивме заинтересираните студенти и им дадовме знаење за тоа како понатаму да го подобрат едукативниот и стручниот аспект на техничкото студентско тело. На овој семинар се донесоа плановите за организирање на Летната Рецепција, период кога пристигнуваат најголемиот број странски практиканти, планови за дополнителна дигитализација на сервисите за студентите и.т.н. Во едно тромесечие беше организирана и „Кампањата за наоѓање на Стручен Кадар за Работодавците“. За време на Летната Рецепција беше организиран и Интернационалниот ИАЕСТЕ Ден кое за цел имаше културно и стручно зближување на практикантите од целиот свет и јавноста во Македонија. Како резултат на ПРАДИЕИ беше организирана посетата на повеќе културни настани меѓу кои „Галичка Свадба“ на кој земаа учество практиканти од околните земји! Преку целата година ИАЕСТЕ Македонија присуствуваше на бројните конференции и трибини организирани во пресрет на студентите и соработуваше со бројни организации како што се ИФМСА, БЕСТ и.т.н. Јакимовски Деспот

Годишна ИАЕСТЕ хронологиј�� за 2006 година Јануари Генерална Конференција, размена на пракси и задолжително присуство на годишното собрание на ИАЕСТЕ – Малта Февруари – Март Поделба на пракси и аплицирање. Праќање и примање на студенти. Април Презентации на нови членови. Доставување на документи работодавците.

до

Мај ИАЕСТЕ Регионална студентска конференција, 3-7.5.2006, Македонија Семинар за тренинг и мотивација, Матка. Јуни – Септември Семинар за тренинг и мотивација, Копанки. Летна рецепција, организирање на престојот на студенти во Македонија. Наштите членови извршуваат пракса во странство. Ноември Гостување на Централно Европската Конференција, 10-12.11.2006, Крањнска Гора, Словенија. Ноември – Декември Кампања за собирање на пракси, Jobraising. Јануари 2007 Издавање на годишен извештај. Генерална Конференција, размена на пракси и задолжително присуство на годишно собрание на ИАЕСТЕ во Лисабон, Португалија.

www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

Годишен извештај на IAESTE – Локален Комитет Битола Верувам дека секоја година се почнува со истото мото: како поефикасно да ја оствариме својата цел - успешна IAESTE година. Локалниот Комитет од Битола во изминатава година безрезервно ги трошеше своите сили и напори за да се дојде до посакуваното. Започнавме со склучувањето договори за изведување на стручна практика каде е неминовно да се спомене помошта што ја добивме од нашиот професор г-динот Божин Доневски. Склучивме договори со А.Д. Топлификации Скопје (благодариме Професоре!), ЈП Стрежево – Битола, Фабрика

Факултет - Битола (благодариме за несебичноста на асс. м-р Илиос Вилос) и ЈП Стрежево. Тоа допринесе нашиот комитет да се збогати со нови членови. И нормално цела оваа ангажираност на крајот се исплати. Наши двајца членови го почувствуваат духот на размената на искуства и ја надоградија својата инжинерска кариера. Кога се вратија од Јордан и Турција, Јован и Жарко беа импресионирани и возбудени од сето она што го доживеале, непрекинато зборувајќи како е добро да се биде дел од IAESTE. Но не само тоа, имавме прилика да се запознаеме со неуморната Лорена, интересниот

подобро да се запознаат со практикантите кои беа на пракса во Скопје, да се дружат, да создатат простор за понатамошни соработки и нормално да ја почувствуваат динамиката на работа и дружење со која може да се пофали IAESTE – Македонија. Како да го завршам овој мој извештај, а да не се пофалам колку сум горда што само 7 членови со активно ангажирање го постигнаа горенаведеното. Тоа не е максимумот кој Локалниот Комитет - Битола може да го достигне. Нашето семејство во иднина ќе се зголеми, а со тоа пропорционаслно ќе расте желбата во нас за секоја година да си поставуваме поголеми цели и истите успешно да ги остваруваме. Од доброто секогаш постои подобро, искачувањето на еден врв Ви ја гради скалата до повисок..... Ништо не е ненадминливо!!!!! Претседател на IAESTE – Локален Комитет Битола Стрезовска Билјана

за квасец и алкохол А.Д.-Битола, А.Д. Киро Дандаро-Битола и А.Д. Алгрета - Ресен. Насоката по која се движевме беше учество на семинарот за тренинг и мотивација Матка, Регионалната Конференција , CEC, со цел да го зголемиме нашиот круг на IAESTE пријатели и да доживееме незаборавни мигови за кои долго ќе раскажуваме. Не можам а да не го споменам семинарот за обука и мотивација на нови членови кој го реализиравме во Ниже Поле со помош на Техничкиот

Стефан, флегматичниот но секогаш спремен за акција Андре и ексцентричната Аурелиа. Имаа прилика да посетат голем број на ноќни клубови, кафулиња и барови низ Македонија и места како Копанки, Пелистерски очи, Антена, Хераклеа, Стоби, Охрид, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Скопје, Лерин, Солун, Св Јован Бигорски, Галичка свадба... Организирањето на викендот во Битола во периодот 12-13.08 беше прилика за нашите практиканти 1 5


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Извештај за Incoming и Incoming: Оваа година беше една од поуспешните разменска IAESTE година. Оваа година во нашата земја дојдоа 42-ца практиканти од целиот свет, од коишто 90% беа од Европската Унија. Како и секоја разменска година се појавуваат одредени проблеми со практикантите при нивното доаѓање и при престојот во нашата земја. Оваа година сите практиканти беа сместени во приватни станови на наши членови кои што ни беа на располагање во текот на целиот летен период, а дел од становите се најдоа преку огласи и беа на задоволително ниво за практикантите коишто претстојуваа во нив. Оваа 2006 година ќе биде запаметена по проблемите што ги имавме со бразилските практиканти, односно со нивното доаѓање и престој во нашата земја. И покрај тоа што ИАЕСТЕ Македонија навремено ги извести студентите од Бразил дека им е потребна виза за престој во Макаедонија (за што се заложив лично како одговорен за странски студенти), во ИАЕСТЕ Бразил направиле превид и им посочиле дека нема потреба бразилските граѓани да вадат визи за Македонија. Ова предизвика проблем на Скопскиот Аеродром при пристигнувањето на еден од нивните практиканти. Имено се закануваше опасност да не му биде дозволен влез во Република Македонија. Благовремената интервенција на еден од нашите членови кај Ректорот на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” доведе до тоа бразилскиот студент да добие виза на самиот гранишен премин, а со тоа му беше одобрен и престојот и можноста да ја изврши својата пракса. Годинава ќе биде запаметена по големиот број на фиктивни пракси кои ги добивме. Фиктивни пракси се оној вид на пракси кои што се договорени (потпишан е договор) од страна на нашите членови, а не беа реализирани од страна на странските практиканти поради неосновано одбивање од страна на работодавците. Покрајтоасокомпанијата„РЖИнститут“ имавме проблеми при исплатувањето на платата за практикантот, односно дојде до мало доцнење при исплатата, но со мојата интервенција и со интервенцијата 1 6

на одговорниот за летната рецепција, практикантот беше исплатен во разумен рок. Покрај тоа „ЈП Водовод и Канализација“ воопшто не го исплати практикантот од Словенија, на што тој навремено не реагирал нити кај работодавецот нити кај одговорниот во ИАЕСТЕ (Одговорниот за странски студенти или одговорниот за летна рецепција) па така тој случај останува нерешен до овој момент. Случајот дополнително се комплицира затоа што IAESTE Словенија негира дека нивни практикант престојувал во нашата земја, со што ИАЕСТЕ Македонија го смета случајот за затворен. Како најголем проблем за оваа година е поплавата во еден од становите во кој беа сместени практикантите на крајот од нашата Летна Рецепција. Поплавата предизвика материјална штета во два стана за чија санација трошоците ги покри сопственикот на станот, со ветување на еден од практикантите дека преку неговото осигурување ќе ја надомести направената штета на сопственикот на станот. Се надевам дека парите ќе бидат префрлени во скора иднина. Оваа се главните моменти коишто се случија оваа 2006 година, и се надевам дека нема да се повторат следната разменска година 2007. За да не се повторуваат вакви работи, IAESTE Македонија од следната година (2007) воведува депозит за странските практиканти во вредност од 50 евра, кои задолжително ќе се плаќаат при нивното пристигнување во нашата земја, а при нивно заминување доколку тој не е активиран (нема штета која со тие пари треба да се покрие) ќе им бидат вратени. Генерално гледано имавме успешна година, но останува простор за подобрување. Се надеваме дека следната година ќе биде многу подобра од оваа, и се надевам дека што побрзо ќе се заборават сите негативни моменти кои се случија оваа година.

Димитровски Александар Одговорен за странските студенти

www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

Outgoing пракси за 2006 година Outgoing: Оваа година на Генералната Конференција во Малта беа однесени 70 пракси од Македонија од кои 65 беа разменети со 25 земји членки на ИАЕСТЕ. Останатите 5 пракси беа понудени на интравеб. На разменетите 65 пракси конкурираа 48 членови на ИАЕСТЕ Македонија, а останатите 17 пракси беа истакнати и понудени на сите студенти од Техничките факултети на Универзитетите “Св. Кирил и Методиј” – Скопје и “Св. Климент Охридски” – Битола. Бирањето на студентите на надворешен конкурс се вршеше врз основа на: успехот на студии, година на студирaње, познавање на странски јазици. Од вкупно 60 испратени номинации, пракса извршија 42 ца студенти. Од останатите 18 номинации, 12 беа одбиени од страна на работодавците, на 3ца одговорите стигнаа премногу касно, така да студентите немаа време да извадат визи и да се подготват за патувањето, а 3ца студенти ја откажаа својата пракса поради лични проблеми. За останатите членови кои не одбраа пракса и за оние кои беа одбиени, се направија напори да им се најдат пракси какви што им одговара на нивниот профил. На пост-размената преку интравеб се најдоа пракси за петорица студенти. Статистички времетраењето на праксите беше: 30 20 10 0

6-8 недели

до 12 до 24 до52 недели недели недели

До сега праксата ја извршија 41 студент, тројца студенти моментално се на извршување на својата пракса, а тројца својата пракса ке ја извршат на почетокот на 2007ма година. Марија Радеска Одговорен за нашите студенти 1 7


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

1 8

www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

1 9


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Маркетингот на ИАЕСТЕ во 2006-та На полето на промоција и маркетинг ИАЕСТЕ Македонија оваа година броеше значајни постигнување. Тоа е благодарение на членовите волонтери кои несебично ја помагаат организацијата со своите активности и на тој начин си помагаат на самите себе. Маркетингот во ИАЕСТЕ Македонија во 2006 беше фокусиран на спонзорства и fund raising, во соработка со целото претседателство и членство. Се возобнови веб страната на ИАЕСТЕ Македонија која и во иднина треба да се одржува и развива како идеална можност за промоција на ИАЕСТЕ Македонија и сервис за информирање на членовите. За прв пат оваа година, после подолг период, се почна со изработка на членски карти за членовите и евиденција на членството преку пристапници. Се изработија голем број на различни брошури и проспекти наменети за различни целни групи како што се студентите, странските практиканти и работодавците. Ги поттикнувавме студентите да станат дел од ИАЕСТЕ преку презентациите за нови членови и разните постери и летоци за таа намена, но најважно преку директен контакт со нив, со прераскажување на вредните искуства. Се изработи буклет и мултимедијално ЦД за странските практиканти. Изработени

се проспекти за работодавците со кои полесно може да се информираат во Jobraising кампањата. Во 2006 година се изработија визит картички за сите членови на претседателство и координатори на проекти, квалитетни маици, пенкала, папки и сл. со цел промоција на ИАЕСТЕ Македонија. Оваа година се одржаа два семинари за тренинг и мотивација, еден на Матка и еден на Копанки, Пелистер. Изработката на овој годишен извештај, еден од најквалитетните досега, е уште еден доказ дека ИАЕСТЕ Македонија се развива во квалитетна студентска организација со долгогодишно реноме. Филип Петрушевски

ИАЕСТЕ Македонија и е-општеството Еден дел од Мисијата на оваа организација вклучува и професионален развој меѓу студентите, академските институции, работодавците и пошироката заедница. Така ИАЕСТЕ Макдеонија не пропушта да биде дел од конференциите и трибините кои се организираат во приход на општеството и со своите делегати предизвикува развој и „feedback“ до соодветните институции во заедницата. Една таква конференција под наслов „Е-општество“ се одвиваше три дена на Македонската сцена. На овој настан 2 0

организацијата имаше можност да ги достави своите искуства за работата со работодавците и стручниот кадар и да даде индикатори за подобрување на истата, од заштитување на нивните права па до начин на електронско работење. ИАЕСТЕ Македонија веќе подолго време ги подржува електронските студентски сервиси преку кои студентите може да конкурираат и да доставуваат документи без губење на дополнително време како и да се информираат и учествуваат во активностите кои ИАЕСТЕ Македонија ги нуди за културен и

професионален интернационален развој на компаниите, институциите, студентите и поширокото општество. Овој волонтерски тим веќе подолго време, исто така обезбедува сервиси за компаниите и институциите преку кои им нуди стручен кадар и промоција. ИАЕСТЕ Македонија и понатаму ќе продолжи да ги гради техничките темели на Македонија во соработка со поширокото општество. Деспот Јакимовски

www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

РЕГИОНАЛНА СТУДЕНТСКА КОНФЕРНЦИЈА Промоција на регионот, како атрактивна дестинација кај идните европски инженери

Со оглед на ситуацијата, околностите и бројните настани што го потресуваа регионот, тој во последните неколку години не беше една од најпосакуваните дестинации за обавување на стручна пракса. Свесни за оваа состојба, а со една иста идеја, за менување на овоа глобално мислење, се најдоа делегациите на генералната конференција во Малта, од овој регион. Потикнати од бројни позитивни реакции на студентите кои обавувале стручна пракса кај нас, на неформална средба беше договоренодасеорганизираконференцијана која ќе се направи стратегија за промовирање на регионот. Македонија, како проверено добар организатор на вакви настани, беше предложена како можна локација за одржувањенаовааконференција,апредлогот беше со задоволство прифатен од нашиот национален секретар Деспот Јакимовски, а по неговото враќање и од целото членствао. Подготовките веднаш започнаа, и со мали финаскии потешкотии, но со голем човечки потенцијал полн со ентузијазам и мотивација, до денот на доѓањето на учесниците се беше перфектно подготвено. Сите учесници (иако најавени, недостасуваа учесниците од Хрватска и Словенија) пристигнаасоистиотвоз,ибешеорганизиран пречек со топло добредојде на железничката станица.Ипокрајфактотштоконференцијата неесеуштеофицијализирана,организаторите си ја сватија организацијата многу озбилно, и беше подготвена програма на активности, која повеќе или помалку ја следевме до самиот крај на конференцијата. Како доказ дека организаторите озбилно си ја сватиле својата работа е секако свеченото отварање, кое наиде на одобрување од учесниците, продолжи со забава за подобро запознавањеавечертајазавршивмевопозната скопска дискотека во центарот на градот, на забава со музика од овие простори. Вториот ден беше предвиден како работен

ден од конференцијата. Иако морам да напоменам дека секој момент, на ручеците, вечерите, во автобус, или на забавите беше искористен да се даде некоја добра идеја, сугестија за понатамошно дејствување и поголема соработка. Работилниците

се одржаа на прекрасниот локалитет во националниот парк ´Матка´. После воведната презентација на Деспот Јакимовски (НС), и неколку негови лични предлози, како промоција на националните комитети од страна на студентите кои обавуваат стручна пракса, преку една продуктивна дискусија, каде паднаа предлози за заеднички викенди во текотналетнатарецепција,подобрасоработка помеѓу ЛК-и, лобирање во меѓународната ИАЕСТЕ организација, па се до идеја за официјализирање на конференција и донесување лого и преносно знаме, што остана како задача за наредните организатори (ЛК Подгорица). После работниот дел, беше организарана забава под отворено небо, каде, сега веќе добро укомпонираната дружина се забавуваше до раните утрински часови. Идејата на конференцијата, покрај запознавањето на членовите од ЛК-и од регионов, беше и да се промовира Македонија со сите нејзини убавини. Па така следна дестинација на учесниците на конференцијата беше Битола, со посета на археолошкиот локалитет Хераклеа, прошетка низ градот на конзулите и свечен ручек во еден од рестораните во центарот на градот. Како локација за ноќевање, беше избран планинарски дом во националниот парк ´Пелистер´, каде далеку од градската врева и во пријатниот планински амбиент, уживаа сите учесници, а вечерните моменти беа искористени за играње друштвени и социјални игри, како и игри за тимска работа и сл. За да ја заокружиме приказната за Македонија, од Пелистер се упативме

кон Охрид, каде покрај неколку часовната прошетка низ стариот град, обиколка на сите позначајни објекти, го посетивме и манастирот Св. Наум, во националниот парк ´Галичица´, како и обиколка на изворите на реката Дрим. Вечерта беше резервирана за проштална забава, на која се допрецизираа следните средби и се учврстуваа стекнатите пријателства. Се течеше по планот на организаторите, па по пристигнувањето во Скопје, беше организирано свечено затварње на конференцијата, кога беа доделени и дипломи од формален и неформален карактер, на дел учесниците кои се истакнале во нешто. Целата конференција беше добро организирана, све течеше по планот и поставени се некои високи стандарди за наредните организатори. Како мала потврда на добрата организазација е предлогот на Габи од Бања Лука за продолжување на нивниот престој за уште еден ден, а сите учесници едногласно и моментално го прифатија. Како главен координатор на целиот настан, можам само да кажам, дека ми беше чест да работам со сите членовие кои седоа учество во организацијата, а гостите учесници беа такви, какви што секој домаќин би посакал.

ЕВАЛУАЦИЈА Дека регионалната студентска конфернција, не беше само уште една туристичка посета, туку успешно завршен проект, сведочат и бројните ефекти кои произлегоа, а поведени од првичната идеја ´промовирање на регионот´. Воспоставена е секојдневна комуникацијапомеѓуситеучеснициабројните неформални посети се само последица на пријателствата кои беа воспоставени. Сепак поконкретни резултати се видоа, кога на викендот на Галичник, за време на Галичката 2 1


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

свадба, пристигнаа и преку 30 гости од регионот (членови на ЛК-и и практиканти кои обавуваат стручна пракса во земјите од регионот). Истото се случи и за викендот за сплаварење по реката Тара, кога покрај домаќинитеприсуствувааиповеќеод20гости. Не помала беше и бројката на гостите, на

викендот организиран во Гуча, на фестивалот за лимени инструменти. Во тек е организација средба за пречек на Новата Година во Бања Лука. Во овој период се случиа и многу други формални или помалку формални, масовни или помалку масовни средби. Како доказ дека оваа идеја има шанси да прерасне во сериозна, релевантна, традиционална, РЕГИОНАЛНА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА, е и фактот дека следниот организатор ЛК Подгорица, веќе ги има започнато подготовките. Познавајќи ги организаторите немаме причина да се сомневаме дека во Црна Гора ќе се организира уште една епизода за паметење, од приказната наречена ´РЕГИОНАЛНА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА´

Секогаш ваш, главен координатор, Бојан Стојановиќ П.С. Се гледаме во мај во Црна Гора

CEC (central europеan conference) CEC (central europian conference) е неофицијален меѓутоа важен настан за ИАЕСТЕ. Тука се разработуваат нови идеи, се мотивираат членовите се работи на проекти...

Оваа година оваа конференција беше организирана од ИАЕСТЕ Марибор и се одржа во Кранјска Гора, Словенија од 10-ти до 12-ти ноември. ИАЕСТЕ Македонија на конференцијата ја претставуваше пет члена делагација: Моника Митревска, Костовски Јован, Димитровски Александар, Мирчевски Ѓорги и Стрезовска Билјана. Официјалното отварање беше со кратки презентации на секоја од земјите учеснички за тоа како функционира ИАЕСТЕ во рамките на нивните комитети. Работниот дел продолжи наредниот ден со

2 2

работните групи. Имаше шест работни групи: LC menagment, CEC development, Marketing, Summer reception feedback, IAESTE за почетници, Company fairs, preparation for GC и IAESTE intraweb. Нашите членови беа во Intraweb, ИАЕСТЕ за почетници и припреми за GC. Во групата за Intraweb, каде што јас учествував се разговараше за тоа како функционира Intraweb, каде е имплементиран, кои и колку луѓе работат за негов развој, одржување и надоградба. Се отвори дискусија за тоа колку Intraweb е имплементиран во секоја од земјите. Резултатите од работните групи беа презентирани на затварањето на конференцијата. ИАЕСТЕ настан не би бил ИАЕСТЕ настан ако нема дружење кое долго ќе се памети. Запознавањето на учесниците меѓу себе како и запознавањето на Крањска Гора беше преку City Raly, односно учесниците поделени во групи беа во потрага по зборовите кои се наоѓаа на локациите означени на мапите, На секоја од локациите за добро завршена задача се добиваше збор кој заедно со останатите го даваше името на локацијата каде се крие „скриеното богатство“. Реалните

ситуации во кои се наоѓавме во текот на играта, наоѓање начин да се решат, заедничкиот борбен дух направи да се запознаат и зближат луѓето. Дружењето продолжи на интернационалната вечер каде секоја од земјите учеснички имаше свој штанд каде ги изложуваше своите национална кујна. Морам да признаам дека ова беше наинтересниот дел од конференцијата, можеше да се проба се и сешто, од македонско ајварче до моцартни топчиња во пламен. Навистина е чудно како за толку кратко време можат да се направат толку работи, да се биде продуктивен, да се дружи и забавува во исто време, ама нели така функционира ИАЕСТЕ. Моника Митревска

www.iaeste.org.mk


Активности

Семинар за Тренинг и Мотивација - Матка Семинар за Тренинг и Мотивација – Копанки Интернационална ИАЕСТЕ Вечер Летна Рецепција Клуб на ИАЕСТЕ Пријатели

...или што правевме меѓу двете генерални конференции


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Семинар за тренинг и мотивација – МАТКА 2006 Ако ме прашате мене: Абе Туткар, како „заглави“ ти во ИАЕСТЕ? Ќе почнам да ве маткам како јас сум одговорно дете кое мисли за својата иднина. Бидејќи веќе сум на крајот со своите студии, ми се гледа интересна идејата и јас да заминам на пракса некаде во странство. Се разбира таа своја амбиција полесно би можел да ја резлизирам преку една организација каква е ИАЕСТЕ. Лажам! Иако, откако подобро се запознав со тоа што Организацијава може да ми го понуди, да ви кажам искрено идејава и не ми изгледа така лоша. Но, јас не сум тука да ви пишувам за себе, туку за Семинарот за тренинг и мотивација на нови членови... Беше тоа на крајот на мај годинава, кога не така случајно другар ми Иле ме покани на Забава на Матка, со ИАЕСТЕ. Ми рече: Ајде бе и Деки и Максо ќе идат, ќе правиме скара, ќе се зезаме. Му реков, ајде... Тоа што Иле не ми го кажа, беше дека зад сликата на Забава, стои Семинар кој секоја година пред почетокот на летото ИАЕСТЕ го организира за привлекување на нови членови. Јас потоа дознав дека на „Забавата“ и претходела сериозна организација.

2 4

Значи, биле вршени презентации по Факултетите низ Скопје, се со цел да се привлечат повеќе студенти. Рака на срце, во тоа и успеале. Стигнавме на Матка. Семинарот го отвори претдедателот на ИАЕСТЕ, Деспот, а збор зема и координаторот на Семинарот, Боро. Химната на ИАЕСТЕ ветуваше многу. Потоа имаше презентации за ИАЕСТЕ. Па некои игри за запознавање. Па СКАРА, (Морам да ги пофалам скараџиите) и одеднаш работите почнаа да се подобруваат. По скарата, имаше уште игри за запознавање, работите станаа уште подобри. Па сосем спонтано се случи забавата. Однекаде се најдоа, една девојка од Хрватска, чао Христина, тајванец – Стивен, еден дечко од Мексико и девојките од некоја слична организација од медицина. Не ни можев да замислам дека ИАЕСТЕ значи на едно место да сретнам такви луѓе, со таква енергија. Мислам дека овде ја доловувам својата поента. Забавата беше... Немам зборови. Врв! Колку и тоа да звучи неверојатно. Супер. Знам дека не спиев цела ноќ. Утрото околу 5 се правеше СКАРА... Пак! Знам дека будењето за тие што спиеа беше закажано

за 9. Потоа појадок, а по појадокот сите учесници на Семинарот беа поделени во работни групи, Маркетиг, Fund rising… извинете ме Иле се јави, со Сања негде се на роденден, па се имаат начукано. А да групите... Значи Маркетинг, Fund rising, Летна рецепција, и други (Тие што ќе го лекторирааат текстов ќе знаат). Главно беа договарани активностите за Летна рецепција (тоа е, како најдобро, на практикантите кои доаѓаат во Македонија да им се оранизира престојот). Со презентациите на работните групи Семинарот заврши. Како што некој од моите предходници напишал, а јас целосно се согласувам, Целта беше постигната, ИАЕСТЕ Македонија се зголеми со нови членови, кои со овој Семинар се запознаа со активностите и функциите на ИАЕСТЕ, со што може да веруваме дека организацијата ќе остане во рацете на нови, амбициозни, млади и добро мотивирани, истренирани членови кои ќе внесат нови идеи и ќе го подобрат или барем одржат на високо ниво функционирањето на организацијата. Благодарност до сите членови на ИАЕСТЕ, сите кои беа на Семинарот за тренинг и мотивација, и сите кои го помогнаа. Лично им благодарам на сите кои знаат дека оваа е најдобриот начин да се запознаш со ИАЕСТЕ и да станеш член на оваа Организација.

www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

Семинар за тренинг и мотивација - Копанки 2006

• Петок, 2 јуни Првиот ден беше одвоен за почеток на активностите. Прва обврска беше сместување на членовите од локалниот комитети од Битола и гостите од комитетот во Скопје како и практикантите од Бразил и Австрија. Потоа следуваше запознавање на учесниците преку игри и забава. • Сабота, 3 јуни Вториот ден беше одвоен за работните активности, односно имаше мала доза на официјалност. Нашите членови кои досега оствариле стручна пракса одржаа презентации за своите искуства. На тие презентации тие со нас ги поделија своите впечатоци за земјите кои ги посетиле, не запознаа со нивните работни искуства, дружењето со различни националности и времето поминато таму. Потоа под водство на некои од постарите членови од Локалниот комитет во Битола беа

спроведени IAESTE игри за опуштање и подобро запознавање на новите членови со организацијата. Воодушевени од случувањата новите како и старите членови добија поголем мотив поактивно да се вклучат во ИАЕСТЕ. Искрено се надеваме дека семинарот ќе стане традиционален, а на следните вакви собири и ние ќе имаме искуства и доживувања кои ќе ги пренесуваме на некои нови членови и студенти кои би ја барале причината да се вклучат.

во контакт за што ќе ни послужат разменетите телефонски броеви како и e-mail адреси.

• Недела, 4 јуни Семинарот траеше кратко, но тоа незначи и дека не беше забавно. Незаборавни се луѓето и дружбата со нив. Ветуваме дека ќе останеме

Благодарение на ЈСП ”Стрежево” Битола и Деканатот на Технички факултет - Битола што го помогнаа организирањето на овој семинар.

Како резултат на овој семинар локалниот комитет во Битола доби четири нови членови кои неуморно работат на подобрување на организацијата. Прераскажувајќи ги случувањата од ова лето како и искуствата кои тие случувања ги донеле тие го шират кругот на пријатели како и членови на ИАЕСТЕ. Преку нивната работа тие си го заслужија полноправниот статус во Локалниот комитет Битола, а еден однив беше и избран за дел од претседателството на локалниот комитет.

2 5


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Интернационална ИАЕСТЕ вечер Секоја година ИАЕСТЕ Македонија организира интернационална ИАЕСТЕ вечер на која се презентираат различните култури традиции и обичаи. Оваа година овој настан беше организиран

на 14 јули во клубот Дуомо, така што се поклопуваше и со интернационалниот ИАЕСТЕ ден, со што самата манифестација имаше поголема тежина. Всушност оваа вечер претставува најнезаборавната вечер на практикантите кои секое лето престојуваат во нашата земја благодарение на ИАЕСТЕ.

на Шпанската Сангрија, на Полските спецјалитети, или пак на Српскиот роштилљ. Белгија беше претставена преку нивните чоколадни деликатеси и пријатната насмевка и топлина која е афтентична за оваа земја.

на нашата организација и даде едно убаво светло на целиот настан. Меѓу гостите таа вечер беа и многу претставници на фирми со кои ИАЕСТЕ-Македонија соработува и воедно се работодавци на странските практиканти.

Таа летна вечер неможеше да се остане спокоен и рамнодушен пред сите тие различни спецјлаитети и различни енергии кои беа претставени преку млади лугје кои ја посетија нашата земја и на кои ИАЕСТЕ Македонја им понуди можност како за техничко доусовршување така и можност за

Сите заедно таа вечер уживаа во сплетот на најразлични култури и обичаи испреплетени во нашиот град, претставени преку музика и храна од земите на нашите практиканти. Оваа година овој настан беше организиран на еден професјонален начин и поткрепен со присуство на различни како пишани така и електронски медиуми. Присутни беа најразлични медиуми од нашата земја како Сител телевизија, А1 телевизија, Телма и други. Сето ова допринесе за поголемо медиумско презентирање

2 6

Притоа сите прктиканти беа спремни и одговорија на предизвикот да припремат храна која е автентична за нивното поднебје. Таа вечер секоја земја беше презентирана преку автентична музка, автентична храна и многу дружење. Никој неможеше да остане рамнодушен на Бразилскиот ритам,

живеење во интернационален дух. Овогодинешната ИАЕСТЕ вечер претставуваше многу добро организиран настан кој беше поткрепен и со автентична програмска содржина која се состоше од презентирање на секоја земја поединечно и воедно презентирање на нашата организација пред сите гости и работодавци. Годинашната ИАЕСТЕ вечер претставуваше настан на кои сите ја почуваствуваа топлината и различноста на интернационалниот дух кој во нашата земја го овозможува нашата организација.

www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

Летна рецепција 2006 Секоја година ИАЕСТЕ Македонија организира интернационална ИАЕСТЕ вечер на која се презентираат различните култури традиции и обичаи. Оваа година овој настан беше организиран на 14 јули во клубот Дуомо, така што се поклопуваше и со интернационалниот ИАЕСТЕ ден, со што самата манифестација имаше поголема тежина. Всушност оваа вечер претставува најнезаборавната вечер на практикантите кои секое лето престојуваат во нашата земја благодарение на ИАЕСТЕ. Оваа година овој настан беше организиран на еден професјонален начин и поткрепен со присуство на различни како пишани така и електронски медиуми. Присутни беа

најразлични медиуми од нашата земја како Сител телевизија, А1 телевизија, Телма и други. Сето ова допринесе за поголемо медиумско презентирање на нашата организација и даде едно убаво светло на целиот настан. Меѓу гостите таа вечер беа и многу претставници на фирми со кои ИАЕСТЕ-Македонија соработува и воедно се работодавци на странските практиканти. Сите заедно таа вечер уживаа во сплетот на најразлични култури и обичаи испреплетени во нашиот град,

претставени преку музика и храна од земите на нашите практиканти. Притоа сите прктиканти беа спремни и одговорија на предизвикот да припремат храна која е автентична за нивното поднебје. Таа вечер секоја земја беше презентирана преку автентична музка, автентична храна и многу дружење. Никој неможеше да остане рамнодушен на Бразилскиот ритам,

поединечно и воедно презентирање на нашата организација пред сите гости и работодавци. Годинашната ИАЕСТЕ вечер претставуваше настан на кои сите ја почуваствуваа топлината и различноста на интернационалниот дух кој во нашата земја го овозможува нашата организација.

на Шпанската Сангрија, на Полските спецјалитети, или пак на Српскиот роштилљ. Белгија беше претставена преку нивните чоколадни деликатеси и пријатната насмевка и топлина која е афтентична за оваа земја. Таа летна вечер неможеше да се остане спокоен и рамнодушен пред сите тие различни спецјлаитети и различни енергии кои беа претставени преку млади лугје кои ја посетија нашата земја и на кои ИАЕСТЕ Македонја им понуди можност како за техничко

доусовршување така и можност за живеење во интернационален дух. Овогодинешната ИАЕСТЕ вечер претставуваше многу добро организиран настан кој беше поткрепен и со автентична програмска содржина која се состоше од презентирање на секоја земја 2 7


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

КИП - КЛУБ НА ИАЕСТЕ ПРИЈАТЕЛИ (FoIN - Friends of IAESTE Network) Во текот на своето постоење (уште од 1952 година, како дел од ИАЕСТЕ Југославија) ИАЕСТЕ Македонија има разменето преку 2000 стручни студентски пракси надвор од земјата. Нема сомнение дека извршувањето на тие пракси имало влијание врз животите на тие 2000 студенти, како во однос на нивното стручно усовршување и кариера, така и во стекнувањето различни животни искуства и пријатели од целиот свет. Токму поради тоа многу од овие практиканти и по завршувањето на студиите чувствувале силна поврзаност и благодарност кон

администратор. Главна цел на КИП е да го олесни контактот помеѓу ИАЕСТЕ и нејзините поранешни членови, како и да го поддржува и промовира концептот за размена на студенти. А поддршката од поранешните членови, кои се бесценет извор на ИАЕСТЕ искуства, почнувајќи од контакти со водечки луѓе во светски познати и престижни компании и институции, па се до навидум безначајните упатства и совети за водење на организацијата, е многу важна за градењето и унапредувањето на една сериозна организација.

Така, членовите на КИП во рамките на своите можности помагаат при собирањето пракси, наоѓањето спонзорства, организирањето и учеството на семинари, мотивирањето на новите членови преку пренесување на своите искуства, организирањето и учеството во летната рецепција, итн. Со цел полесно и побрзо остварување контакти помеѓу сите членови, ИАЕСТЕ Македонија моментално изработува база на податоци и веб страна, каде воедно свое место ќе најдат и податоците од над 2000-те извршени стручни пракси ширум светот. ИАЕСТЕ Македонија сака да изрази голема благодарност до сите членови на КИП. Се надеваме на уште една успешна година со повеќе средби, повеќе контакти и уште повеќе разменети искуства.

ИАЕСТЕ како организација и затоа се вклучиле во т.н. Клуб на ИАЕСТЕ Пријатели (КИП). Сите членови на македонскиот КИП се воедно и членови на меѓународната мрежа на ИАЕСТЕ пријатели т.н. ФОИН (FoIN - Friends of IAESTE Network). Врската помеѓу ФОИН и националниот комитет на ИАЕСТЕ е остварена преку еден член на КИП, назначен за национален 2 8

КИП функционира како работно тело во склоп на ИАЕСТЕ Македонија од 1995 година. Активностите на КИП вообичаено се остваруваат преку организирање повремени средби со дел од активните членови заради информирање за моменталните состојби во ИАЕСТЕ. Воедно КИП е секогаш отворен за соработка и помош при остварување на активностите и проектите во организацијата. www.iaeste.org.mk


Стручна Пракса

Нашите студенти во Странски компании - Статистика Нашите студенти во Странски компании - Нивните искуства Странски студенти во Наши компании - Статистика Странски студенти во Наши компании - Нивните искуства

...затоа што ИАЕСТЕ за ова ПОСТОИ


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Наши студенти кои биле на пракса во странство во 2006 година Студент Апостолова Елена Божинов Илија Бораниева Ана Димитриевски Дарко Димитровски Александар Илиев Блаже Илиевски Оливер Ичитрајкова Десанка Јакимовски Илчо Јанески Љупчо Каевска Марија Кевиловска Емилија Кевиловска Емилија Кирилов Александар Кочмановски Мартин Кукуловска Маја Лазов Владимир Лазова Марија Лозаноски Жарко Лопарска Марија Мачковски Љупчо Мирковски Љубомир Митковски Глигор Младеновиќ Срѓан Наумовски Борис Неделковска Катерина Низамовска Бојана Низамовска Бојана Никова Марија Новак Душан Петровска Јулиане Петрушевски Филип Радеска Марија Рашковска Александра Рашковска Магдалена Ристовска Ива Ристовски Александар Секуловска Андријана Сефер Бирхан Симоновски Максим Смилева Снежана Спасевска Марија Стојановиќ Бојан Трајковски Јован Џиневски Леонид Џолев Кирил

3 0

Земја Шпанија Белгија Шпанија Португалија Чешка САД Обединето Кралство Шпанија Шпанија Грција Чешка Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Југославија Хрватска Полска Полска Грција Шпанија Шпанија Русија Полска Германија Хрватска Австрија Грција Германија Хрватска Германија Германија Австрија Германија Обединето Кралство Германија Полска Индија Полска Југославија Полска Сирија Обединето Кралство Австрија Полска Јордан Обединето Кралство Шведска

Компанија/Институција PRODEVELOP, SL Agfa-Gevaert NV Fernando Sarez Corchete. Arquitecto Siemens AG Lisabon Technical University of Liberec Camegie Mellon University Alan patterson design Sinergyne Global Communications SL Hochschule Zitau/Goriltz Public Power Corporation

MI-MO d.o.o. Mostar-Podruznica Laktasi ODP Banjalicka Pivara Faculty of Electronics, Nis ERICSSON Nikola Tesla d.d. Comarch S.A. Katedra Mikroelektroniki I Tech.Informat. Erlicon Wireprocessing S.A. SSR ETSI Telecomunicacion E.A. ASTUDIO ARQUITECTURA, SL Moscow Aviation Institute P.I.KAMSOFT Ltd. TU Bergakademie Freiberg Djuro Djakovic - Teremoenergetska postrojenja Institute for signal processing Public Power Corporation Deutscher Wetterdienst State institute of hydrometerology Forschungszentrum Rossendorf e.V. Universitat Saarbrucken, Zentrum fur Bioinformatik Linz Ag Universitat der BW Hamburg Imperial College Forschungzentrum Rossendorf e. V. Katedra Informatyki Stosowanej Satyam Computer Services Limited AGH University of Scinence and technology University of Beograd, faculty of forestry Instytut Chemii Organicznej Politechnika Lodzka University of Al Tishreen Weston Williamson University BOKU, Department of Chemistry Teleca Sp.Zo.o University of Jordan University of Ulster SKF Sverige AB www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

Искуства на нашите студенти од нивната пракса во 2006 година July, August, 2006 Student: Radeska Marija - Sumarski fakultet – Skopje Division of Biology Imperial College London Laboratory – based research on fungal degradation of wood and the giant grass Miscanthus giganteus. Mentor: Dr Richard Murphy

Во периодот од 1.7.2006 до 30.8.2006 во градчето Saarbrucken во Германија бев да по прв пат да остварам пракса, Јас бев во факултетскиот оддел за биоинформатика, при што се вклучив во тимот кој работеше на една скоро готова програма напишана во C++ која симулираше фотосинтеза на ‘ purple bacteria. Мојата работа се состоеше во тоа да пробам да ја прилагодам готовата програма да работи во multi-threading, за да може да се извршува симулацијата на повеќе процесори од еднаш. Целиот процес се работеше на Linux платформа. Душан Новак

ИАЕСТЕ праксата за мене претставува огромно животно искуство. Од тримесечната пракса сум презадоволен од сите аспекти. Работев во Универзитетот на Германската Војска Helmut Schmidt во Хамбург, Германија на робот за монтажа на авионски делови, проект за Airbus. Мојата работа се состоеше од програмирање на ласерски сензор за далечина на PIC микроконтролер, дизајн на електронска плочка и куќиште со конектори. Преку самата работа стекнав големо практично искуство, а и тоа е одлична препорака во мојата биографија. Самиот живот во Хамбург ме воодушеви, бидејќи тоа е метропола која нуди одлична забава со вредни културни збиднувања. Предизвик е да се оди на пракса во Хамбург. Јас бев и го препорачувам истото на секој кој сака да се здобие со вредни технички практични искуства и одлични животни искуства и забава.

Кога човек ќе каже Шпанија , , , , мислам и нема што не кажал .. .. Ова летото јас случајно, онака од среќа зграбив една пракса која на почетокот, барем додека не стигнав во таму, и не изгледаше нешо посебно, онака Шпанија, некоја компанија COBEGA S.A. , солидна плата, нишо посебно, и онака без премногу елан шо би се рекло ја си замнинав у Шпанија, некој ке рече “еееј па таму FC Barcelona, па ке глеаш фудбал” , ја фудбал дечки не глеам до толку да се запалам да пролетам 2000 км, али онака ко за прва пракса си реков, Шпанија па шо да не, ке има и друга пракса догодина, али после видов колку сум се зезнал. Сум се зезнал, па сеа зависи од која страна гледаш на работите, екстра плажи, екстра народ, екстра дружење, а за фирмата па вака: COBEGA S.A – Coca Cola, испадна да ти било “некоја” компанија втора по големина у Европа, па ме ставија во IT оддел, на одржување сервери, мрежна опрема, безжична мрежа и сл... (тие од ЕТ ме разбираат со сакам да кажам).. и на крај па не сум се зезнал уопште, пошо и онака боље пракса не сум сретнал у мое членство у ИАЕСТЕ (ко за информација у ИАЕСТЕ сум веке 4 години )..... Шо сакам ја уствари да кажам е дека и не треба секогаш да трчаме по оние пракси, шо сите викаат “еј екстра пракса”, туку треба и малку да веруваме у себе и дека кај и да сме “па макар и Шпанија”. Илија Божинов

Филип Петрушевски 3 1


ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

Благодарност до работодавците во 2006-та година А1 Телевизија

Окта Рафинерија на нафта АД Скопје

Авто Куќа ДОО Автомото Сојуз на Македонија

Оператор на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на ел.енергија со електроенергетскиот систем во државна сопственост

АГД Илинден Скопје

Пексим ДООЕЛ

Бортас ДОО Скопје

“Пелистер” ДОО Битола

Вардар Доломит ДОО

Печатница “Киро Дандаро” Битола

ГД-Гранит АД Скопје

Порше Македонија ДООЕЛ

Гисдата ДООЕЛ

Природно-математички Факултет, Институт за физика

Дасто ДООЕЛ

РЕК Битола

ДГПУ “Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл и др.” ДОО

РЖ Техничка Конторла – АД Скопје

Државно автосообраќајно училиште “Б.Петрушевски”

Силмак ДООЕЛ

Друштво за агенциски услуги, реклама и пропаганда ИДЕА Плус ДДБ ДОО

Сименс Претставништво Скопје

Европа АД Скопје Електроелемент ДОО Електрорама-М АД Скопје ЕЛЕМ АД -Подружница ХЕЦ”Маврово”-Гостивар Елмонд Електро Ерголанд ДОО Скопје Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија

Сискон ДООЕЛ Сител Телевизија Скопје Снепер-Трејд ТД.Конти Хидропласт ДООЕЛ Технолошко Металуршки Факултет Техногас Скопје Топлификација АД-Скопје ”USA MAK Computers”

ЈП “Водовод и канализација” – Скопје

Фабрика за квасец и алкохол АД Битола

ЈП “Стрежево” Битола

Факом-инженеринг,увоз-извоз ДООЕЛ

Космофон АД Скопје

Факултет за електротехника и информациски технологии

Ломбардини ТП

Факултет за земјоделски науки и храна Скопје

Мак Аутостар ДООЕЛ

Фармахем

Макстил АД-Скопје

Фершпед АД

Машински факултет

Хај-Теч Корпорација

Мит Индустрија ДОО Скопје 3 2

www.iaeste.org.mk


IAESTE MACEDONIA ANNUAL REPORT 2006

Странските практиканти рекоа за Македонија ... time to go home. After that, every single moment is simply new expirience. Eight hours of working may look a bit scarry, but they’re not. I was really satisfied with my job, cause I’ve learned many new things and tested things I’ve already known. Nevena Radović I worked at a small automation company called Siskon. They build automated controls for factories, including Rek Bitola, the biggest power plant in Macedonia, Feni, one of the biggest mining factories in Macedonia, and Ohrid airport. My coworkers were very nice, and I had a great time working with them. My job was to develop a program for managers to monitor the status of the system Siskon built for Rek Bitola. I completed the package but did not have time to install it on site before I left. But I had a chance to go to the mine and see how the system works. It was a great learning experience to actually stand on an enormous digger and watch experienced workers operating it. Stephen Chou USA

... Yes, I miss Macedonia, and all of trainees too. This week I was writing my traineeship memories for my local IAESTE comitee. As you can guess, it was very enthusiastic, and I recommended Macedonia to anyone who has oportunity to get there. Tymoteusz Gedliczka

University of Electrical Engineering Montenegro

... So, after a few days, I went to my company. On the website, there is a picture of a modern building in glass but that was not my building. Nevertheless, I learned a lot this summer. Without my traineeship, I think I would never see a crushing plant in my whole life. Veerle Van Doorsselaere Belgium

...Macedonian IAESTE members picked me up from the bus station. As I entered in my new flat, party started. And it lasted till the day I went home. It is really amazing how you don’t have time to slow down a bit. You wake up, go to work, spend 8 hours there, and if you’re lucky you grab some 33


Благодарност до покровителите на ИАЕСТЕ Македонија:


Агенција за млади и спорт


IAESTE Macedonia Annual Report 2006