Issuu on Google+

www.iaeste.org.mk

2008


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

ВЕГЕРА

СЛАТКА ФУРНА ДИМЕ МАГИЈА ВИНАРТ ФУРНА ЧАРЛИ


www.iaeste.org.mk

СОДРЖИНА 02. Спонзори и помагатели 03. Содржина 04. Предговор 05. Што е ИАЕСТЕ? 06. ИАЕСТЕ Македонија 07. Кратка Историја 08. Често поставувани прашања 10. КИП ИЗВЕШТАИ 11. Финансиски извештај 12. Извештај за македонски практиканти во странство 13. Извештај за странски практиканти во Македонија 14. Извештај за маркетинг 15. Извештај на ЛК Битола АКТИВНОСТИ 16. Кампања за нови членови 17. Семинар за тренинг и мотивација - Тајмиште 2008 18. Летна рецепција 19. Интернационална вечер - летна рецепција 20. ЈоbRaising кампања 21. Иаесте Ден НАСТАНИ 22. Семинар за развој на ИАЕСТЕ (SID) 23. CEC Риека. CEC Ѓер 24. TWIN Македонија - Полска 25. ТWIN Полска - Македонија 26. Генерална конференција 2009 ИСКУСТВА 27. Искуства од пракса 28. Практикантите за искуствата во Македонија 29. Табела на македонски практиканти во странство 30. Табела на странски практиканти во Македонија

Издавач: ИАЕСТЕ Македонија Уредник: Ивана Чинговска Дизајн и техничко уредување: Владимир Стајиќ и Ивана Чинговска Печатено во: Печатно со поддршка на Агенција за млади и спорт жиро сметка: 250000000089642 Депонент: Инвест банка

ИАЕСТЕ Македонија Национален Одбор и Одбор на Локален Комитет - Скопје Национален Секретар (Претседател): Александра Христов aleksandra.hristov@iaeste.org Одговорен за Финансии (Потпретседател): Владимир Трајковски vladimir.trajkovski@iaeste.org Incoming (Одговорен за странските студенти): Владимир Лазов vladimir.lazov@iaeste.org Outgoing (Одговорен за нашите студенти): Ѓорѓи Мирчевски gogo.mircevski@iaeste.org Одговорен за Маркетинг: Снежана Домазетовска snezana.domazetovska@iaeste.org Одбор на Локален Комитет - Битола Претседател: Златко Таневски zlatko.tanevski@iaeste.org Одговорен за Финансии (потпретседател): Методија Димитров metodija.dimitrov@iaeste.org Одговорен за Маркетинг: Дарко Домазетовски darko.domazetovski@iaeste.org

Адреса: Машински Факултет и Факултет за Електротехника и ИТ Карпош 2 бб, 1000 Скопје, Македонија тел/факс: +389 2 3065069 е-пошта: macedonia@iaeste.org www.iaeste.org.mk 03


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Во денешното општество кое сè повеќе се потпира на технологијата и технолошкиот развој, потребни се луѓе со волја и способност да ги надминат сите граници. Глобалните компании бараат индивидуи со интернационално искуство кои се способни брзо да фатат чекор со побарувањата во бизнисот денес. ИАЕСТЕ ја означи 2008 година како 60-та година на успешна размена на студенти од техничките факултети низ целиот свет. Од 1948 година, преку ИАЕСТЕ е овозможена размена на 322 181 студент од 103 земји во светот и во тој период организацијата ги променила животите на многу студенти од различна возраст, раса и вероисповед. На сите нив им било овозможено да научат повеќе за остатокот од светот и да бидат подготвени за сите предизвици што ги очекуваат во животот. Еден ИАЕСТЕ практикант додека работи и живее во странство секојдневно ја чувствува работната атмосфера во компанијата каде е привремено вработен и социјализирањето со многу други студенти од различни нации кои го делат истото искуство, со што учи за нивните, но и ја промовира македонската култура, традиција и историја. Покрај градењето на успешни професионалци преку овозможување на технички пракси повеќе од 16 години, ИАЕСТЕ Македонија им овозможува на студентите и непроценливо искуство со тренинзи во други области. Со развивањето на презентациски вештини, градењето на тимови, работата во различни и интернационални средини, искуството во маркетинг, менаџирањето и координирањето на работни групи и развој на социјалните вештини, ИАЕСТЕ формира млад и професионален кадар во чекор со светските стандарди, подготвен за сите предизвици што му претстојат во македонските компании по завршувањето на студиите. Иако минатата година беше означена како кризна година од економски аспект, сепак успеавме да имаме успешна разменска година со која посебно се гордееме, благодарение на позитивната енергија и волонтерската работа на македонските студенти од техничките факултети, членови на ИАЕСТЕ Македонија, но и на отворената и непроценлива соработка со компаниите и институциите работодавци, спонзорите, амбасадите и другите национални комитети на ИАЕСТЕ низ светот, на кои бескрајно им благодариме. Пред Вас е годишниот извештај за 2008 година, кој ќе Ви ја долови работата и напредокот на нашата организација во спојувањето на високото образование и стопанството, како и на Македонија со остатоткот од Светот. Се надеваме дека овој реален извештај ќе успее да ја зацврсне Вашата доверба и ќе Ви го доближи духот на ИАЕСТЕ уште повеќе. Александра Христов Национален Секретар 04


www.iaeste.org.mk

Што е ИАЕСТЕ? ИАЕСТЕ (International Association for the Exchange of Students for Technical Experience) e меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети, која е основана 1948 гog. на иницијатива на Кралскиот колеџ од Лондон. Таа е неполитичка, независна, невладина организација која остварува контакти со повеќе агенции на ОН, како UNESCO, UNIDO, FAO, ILO итн.

Интернационалната Асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (ИАЕСТЕ) е асоцијација на Национални Комитети кои ги претставуват интересите на академските, индустриските и студентските кругови. Секој Национален комитет е одговорен за раководење со размената во својата земја. Асоцијацијата е основана во јануари 1948 година на Кралскиот Колеџ во Лондон по иницијатива на „Комитетот за работа на одмор“ при Кралскиот Колеџ. Националните организации на десет Европски земји кои присуствуваа на овој состанок станаа членки, а господинот James Newby беше избран за генерален секретар. Наскоро со доаѓањето на нови членки организацијата се распространи низ скоро цела Европа, а и подалеку. Асоцијацијата стана регистрирано тело според Луксембуршките закони на својата Генерална Конференција во 2005 година одржана во Cartagena de Indias во Колумбија. IAESTE е неполитичка, независна, невладина организација, која остварува работни врски со UNESCO (United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization), а остварува и консултативни врски со ECOSOC (UN Economic and Social Council), UNIDO (United Nations Industrial Development Organization), ILO (International Labour Office). ИАЕСТЕ исто така има контакти и со ECA (United Nations Economic Council for Africa), FAO (Food and Agriculture Organization), OAS (Organization of American States) и Европската Унија како и со други образовни невладини организации. Националните Секретаријати и Комитети го сочинуваат членството на Асоцијацијата. Секоја година Генералната Конференција на едно место ги собира претставниците на овие тела за да се договорат генералните политики, а со помош на институциите за соработка на ИАЕСТЕ да дојде и до размена на понудите за пракса. Пред Конференцијата, секоја земја членка и институција за соработка прибира понуди од работодавци подготвени да примат студенти од странство кои привремено би остварувале пракса и би добивале рабоптно искуство во областа за која

се образуваат, како надополнување на стручното или академското образование. Од Компанијата или Институцијата понудувач се очекува да исплатат плата на студентот, доволна да ги покрие трошоците за сместување и живот за време на неговиот престој. Понудите за пракса се разменуваат со други членки или институции за соработка на принцип на реципроцитет. Преку универзитетите и институциите за стручна наобразба членките и институциите за соработка одбираат квалификувани студенти кои ќе ги пресретнат барањата на работодавците наведени во понудата за пракса. Детали за избраните кандидати се испраќаат до компаниите на одобрување. Учеството во размената на ИАЕСТЕ е отворено кон студентите кои посетуваат настава на универзитетите, техничките институти и слични институции за високо образование. МИСИЈА -Обезбедување на разменска програма за високо квалитетна практична обука помеѓу членките со цел да се издигне техничкиот и професионалниот развој на студентите; -Промовирање на меѓународно разбирање и добра волја меѓу студентите, академските институции, работодавците и пошироката заедница. ЦЕЛИ -Да им обезбеди на студентите од високото образование техничко искуство значајно за нивното образование. -Да им обезбеди на работодавците квалификувани и мотивирани практиканти. -Да биде извор за културно збогатување на практикантите и општеството домаќин.

05


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

ИАЕСТЕ Македонија ИАЕСТЕ Македонија е неполитичка, независна, невладина, волонтерска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. Преку ИАЕСТЕ студентите имаат можност да стекнат работно искуство на професионален план во врвни компании и универзитети во светот, да бидат во тек со актуелните технички достигнувања кои се применуваат во нивната област, а многу важно е и остварувањето на нови пријателства и контакти и проширувањето на видиците преку запознавањето на нови култури. ИАЕСТЕ Македонија има околу 300 членови. ИАЕСТЕ Македонија е раководена од Национален комитет на чело со Национален секретар чија задача е координација помеѓу локалните комитети на ИАЕСТЕ Македонија, како и претставување на организацијата на интернационално ниво. На чело на секој локален комитет пак, стои одбор избран од страна на полноправните членови на организацијата, составен од пет члена: претседател на локалниот комитет, одговорен за финансии, одговорен за македонските студенти кои остваруваат пракса во странство, одговорен за странски студенти кои остваруваат пракса во Македонија и одговорен за маркетинг. Сите имаат мандат од една година од моментот на изборот. ИАЕСТЕ Македонија има два локални комитета: локален комитет Скопје и локален комитет Битола. Член на ИАЕСТЕ може да стане секој редовен студент на следниве факултети при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”: Факултет за Електротехника и Информациски Технологии, Машински, Градежен,

06

Архитектонски, Шумарски, Земјоделски, Технолошко-металуршки, Природно-математички, Фармацевтски Факултет, како и студенти од насоката е-бизнис на Економски Факултет во рамките на локален комитет Скопје. Студентите од техничкиот факултет на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола како и на интердисциплинарните студии организирани на тој универзитет можат да се приклучат на локалниот комитет Битола, а во процес е отворање на локален комитет и во Штип. Членарината во оваа организација е симболична и изнесува 500 денари годишно. Во зависност од активностите кои ги извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот на студирање, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може да си овозможи предност во избирањето на разменетите пракси пред другите студенти. Некои од активностите кои студентот може да ги извршува се: обезбедување на стручна пракса за странски студенти во наши фирми, присуство во медиумите, компјутерска обработка и осмислување на маркетингшки материјал, одржување на веб страната на организацијата, помош при организација на разни настани кои ги организира ИАЕСТЕ Македонија, наоѓање на спонзорства за настаните (имајќи в предвид дека ИАЕСТЕ Македонија е целосно студентска организација без постојан извор на приходи за разлика од други комитети на ИАЕСТЕ низ светот) и слично. Доделувањето на праксите на студентите е рамноправно, чесно и транспарентно.


www.iaeste.org.mk

Кратка историја на ИАЕСТЕ Македонија Почетоци 1992-1995 Почетоците на ИАЕСТЕ Македонија датираат уште од 1952 г. како локален комитет од ИАЕСТЕ Југославија. Со здобивање на независност на Р. Македонија, група на студенти го формираат Националниот Комитет на ИАЕСТЕ Македонија во декември 1992 година. Во 1993 година на сите меѓународни настани учествуваа како придружна членка, а на Генаралната Конференција на ИАЕСТЕ во Мексико Сити во 1994 година, ИАЕСТЕ Македонија е примена како полноправна членка.

пракси е за десетпати зголемен од почетокот на своето постоење, со што ИАЕСТЕ Македонија со право го задржува епитетот најголема и најуспешна разменска организација во Македонија.

Нов локален комитет 1996 На иницијатива на универзитетот во Битола формиран е нов локален комитет во Битола. За прв пат ИАЕСТЕ Македонија организира TWIN средба со ЛК од Цирих.

Враќање на голема врата 2002 Во 10-тата година од своето независно постоење 10-ка за ИАЕСТЕ Македонија. По надминувањето на суштествтвените проблеми кои се соочуваше Република Македонија, ИАЕСТЕ го покажа својот дух, својата стабилност и сериозност пристап и вистински начин: доделена ни е организацијата на семинарод SID, организирани се успешно 2 TWIN-а, со Австрија и со Финска, а бројот на разменети пракси веќе ја надминува бројката 50.

Семинари 1997 За прв пат е организиран семинар за тренинг, мотивација и едукација на млади членови, одржан на Матка во месец мај – убава традиција во нашиот Национален Комитет која трае до денес. ИАЕСТЕ Македонија ја превзема иницијативата за организација на семинарот JUMP во 1998 година. JUMP 1998 Меѓународниот семинар за тренинг и мотивација – JUMP ’98 е одржан во септември во Охрид. Дефинитивно најголемиот настан досега организиран од ИАЕСТЕ Македонија, со присуство на околу 40 учесници од сите страни на светот. Презентација 1999 Во ноември во Хотелот Александар Палас организирана е гала презентација на ИАЕСТЕ Македонија пред голем број соработници, членови и ИАЕСТЕ пријатели. Година на успех 2000 ИАЕСТЕ Македонија достигна завидна рекордна бројка од разменети пракси со земји од целиот свет. Бројот на

Континуитет 2001 За вложениот труд и успехот во работата во 2001 можат да посведочат неколкуте практиканти кои и покрај нестабилната политичка состојба во државата во тој период успеаја да го почуствуваат духот на летната рецепција со ИАЕСТЕ Македонија.

Најбитната година до сега 2003 Скопје беше домаќин на меѓународниот Семинар за Развој на ИАЕСТЕ (SIDSeminar for IAESTE Development). Годината останува во сеќавањата на сите членови кои на таа манифестација присуствувале, а и сите нови членови порано или подоцна за тоа разбираат преку прераскажувањето на постарите. Средување на импресиите 2004 За да не избледат импресиите од одлично организираниот SID во 2003, организирана е презентација пред повеќе од 150 работодавци и соработници во хотелот Александар Палас. Покрај тоа тука е и организираниот TWIN со Норвешка. Година на нови ветришта 2005 Оваа година донесе многу нови идеи кои бараат време за реализација.

Додека идеите созреваа беше организиран TWIN со Данска, а убавите впечатоци дадоа поттик за забрзување на развојот на ИАЕСТЕ Година на дружба 2006 Одлични семинари за тренинг и мотивација на Матка и на Ниже Поле. Супер домаќини на Регионалната студентска конференција, гости на CEC во Крањска Гора. Внатрешни настани и јакнење на тимската работа... Бурна година 2007 Голем број разменети и квалитетни пракси. Високопосетени CEC во Чешка и CEC во Австрија. TWIN со Австрија. Учество на „ЕX”. Секаде нè имаше. Феноменална Летна рецепција! Година на големи и сериозно сработени настани: успешна кампања за нови членови, два семинари за мотивација, TWIN и Голема годишнина со изложба! Стекнати стабилни партнери. Промени 2008 Почнувајќи од ситни промени како воведување на пакети за добредојде на странските студенти и картичка за мобилен телефон овозможена од ВИП операторот, странските студенти беа за прв пат сместени во студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, следеше несаканата промена на традиционалното место за Семинарот за Тренинг и Мотивација - Матка во Тајмиште, кој сепак помина успешно. Можеби најбитната промена во 2008 година беше промената на Статутот на ИАЕСТЕ Македонија и воведувањето на посебна функција Национален Секретар (одвоена од Претседател на ЛК Скопје) изгласан на Националното Собрание. Успешно беа спроведени Кампањата за нови членови, TWIN со Полска, CEC во Хрватска и Унгарија, за прв пат голема поддршка од Норвешката амбасада за SID во Норвешка, како и за нас многу поголема поддршка од долгогодишните соработници - Машинскиот Факултет за Генералната Конференција 2009 во Полска, кои овозможија дури 5 члена делегација на овој настан. 07


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Често Поставувани Прашања Каква организација сте и со што се занимавате? ИАЕСТЕ е меѓународна студентска организација и главна активност и е размена на студенти за стручна пракса. Дали е тоа нешто како студентска задруга за сезонска работа во странство? Платена стручна пракса е повеќе месечна работа во некоја фирма, која студентот ја извршува, а е од доменот на неговите студии и за тоа добива соодветен паричен надоместок. Колкава треба да биде платата што треба да ја добива студентот? Основно начело на ИАЕСТЕ е дека платата што треба да добива студентот треба да ги покрива животните трошоци во земјата каде ја извршува праксата. Тоа вообичаено е просечен личен доход на земјата. Кај нас минималната парична надокнада за извршената работа би била13000 денари за секои 4 седмици. Освен платата, во понудата може да биде вклучен и евентуален бонус или награда за залагање и добри резултати во работата. Дали соработувам со сериозна организација? За успешноста и сериозноста на ИАЕСТЕ како светска организација постојат повеќе показатели. Така, во нејзиното педесетидеветгодишно постоење извршени се околу 350000 пракси во над 100000 фирми во кое што партиципирале над 70 земји од сите континенти. Тоа секако, ги збогатило животното и работно искуство на овие студенти со непроценливо вредност. И самиот број на разменети пракси на ИАЕСТЕ 08

Македонија, кој секоја година се зголемува, говори за подемот, успешноста и големината на организацијата. А покрај тоа значајно е да се спомне и дека партнерите со кои соработуваме се меѓу најуспешните фирми и институции во Македонија. Македонија е и во самиот врв според бројот на примени практиканти во однос на бруто националниот приход. Што добиваме со давање пракса на некој странски студент? Хуманоста и волјата за соработка со студентите и нивно помагање при градење на инжинерската кариера е една од основните особини на фирмите и институциите кои соработуваат со ИАЕСТЕ. Треба да се знае фактот дека праксите што се разменуваат меѓу различните ИАЕСТЕ Комитети се со реципрочна основа, што значи дека со секоја пракса што му ја давате на некој странски студент, овозможувате да македонски студент престојува неколку месеци на работа во некоја странска фирма. П��еку странскиот студент што ќе го примите на стручна пракса во Вашата фирма може да остварите соработка со некои странски фирми и универзитети од земјата од која тој даоѓа. При тоа имате можност да се запознаете со технологијата и проектите што таму се користат, а можеби и со некои нови методи кои што би биле интересни за вашата област на работа. Сето ова може да придонесе за стекнување на знаења со кои би си ја унапредиле работата во Вашата фирма. Странскиот практикант претставува можност за учење и усовршување на странски јазик за вработените како и можност за нивно запознавање на културата и обичаите во соодветната земја.

Со давање на пракса, вие ќе стекнете имиџ на современа фирма која мисли на младите генерации и им помага на идните инжинери и ќе си најдете место веднаш до добро познатите светски гиганти од калибарот на: BOSCH, PHILIPS, VOLVO, SIEMENS, OPEL и многу други. Странскиот студент ќе внесе интернационален дух во работата на фирмата, а тоа може да допринесе за дополнителна мотивација и на редовно вработените. И на крајот странскиот студент може да помогне при извршувањето на тековните работи во летниот период кога голем дел од вработените се на годишен одмор. Кој е периодот на извршување на праксата? Најчесто праксите се извршуваат во летниот периодот , од 1 јуни до 30 септември, за да не се попречи редовното студирање на практикантите, но таа може да се одвива и во пролетниот или есенскиот. Фирмата, зависно од својот годишен план, треба да го одреди поширокиот термин кога студентот би ја извршувал праксата. Во договор со ИАЕСТЕ Македонија можно е извршување на праксата во било кој дел од годината. Колкава е должината на праксата? Должината на праксата ја одредува фирмата-работодавец во зависност од потребите, можностите и типот на понудената пракса. Минималната должина на пракса е 6 седмици. Ова бројка доаѓа од податокот дека во земјите во кои праксата е задолжителен дел од образованието минималното нејзино времетраење е 6 седмици. А и доаѓањето на студенти од подалечни земји, како на пример


www.iaeste.org.mk

од Работодавците и Одговори Бразил, Кина, Мексико не би било оправдано поради патните трошоци за покус период на пракса. Вообичаената должина на времетраење е 8 седмици. Во светски рамки се почести се праксите од 3, 6 па повеќе месеци. Кој странски јазик треба да го зборува странскиот студент при изведување на праксата во нашата фирма? Во описот на понудената пракса треба да го наведете јазикот со кој ќе се служат претпоставениот и блиските соработници на практикантот. Најчесто тоа е англискиот јазик, но може да побарате тоа да е француски, германски, а во договор со ИАЕСТЕ - Македонија и на некој друг странски јазик. Дали можеме да го специфицираме профилот на практикантот за пракса во нашата фирма? Да, тоа е Ваше право да одредите од кој факултет да биде студентот, годината и насоката на студии, степенот на познавање на странскиот јазик со кој тој ќе се служи при изведување на праксата. Доколку е неопходно за успешно извршување на праксата, имате право да ги наведете и специфичните предзнаења од одредена област што треба да ги има. Доколку сакате, можете да ги одредите и возраста и полот, како и земјата или регионот од каде што сакате да доаѓа практикантот. Дали имаме други обврски кон практикантот? Не, затоа што се друго е обврска на ИАЕСТЕ - Македонија. На пример: пречекот и испраќање, сместување, носење до работното место првиот работен ден, а и формалностите околу

пријавувањето и одјавувањето на странскиот студент во соодветните државни органи. ИАЕСТЕ - Македонија го организира неговото слободно време како и запознавање со земјата, културата и нашите обичаите. Сите странски студенти доаѓаат со целосно здраствено осигурување, сепак во случај на евентуални здраствени проблеми, целата грижа за студентот ја превзема ИАЕСТЕ Македонија. Што треба да содржи описот на праксата? Во описот на работата треба да биде наведен типот на понудената работа, описот на проектот во кој практикантот би бил вклучен како и конкретните задачи кои истиот треба да ги извршува. Пожелно е да се напише накусо за типот на активностите во фирмата или работната единица. Праксите кои содржат само општ опис на праксата се несериозни и постои многу мала веројатност истите да бидат разменети. Поради тоа, во ваш интерес е да дадете што подетален опис на праксата, затоа што само така е овозможена успешна размена, а и студентот што ќе се номинира за таа пракса ќе има предвид за каква пракса се номинирал и подобро би се подготвил (со потребното предзнаење ). Во временскиот интервал од склучувањето на договорот до нејзиното реализирање може да се променат некои околности во фирмата, па секако дека на студентот може да му се дадат некои други работни обврски или поактуелни задачи, сродни по научната област во која се изведува праксата. Поради погоре споменатите причини т.е. поради подобрување на имиџот на

компанијата би примиле студент, но навистина ние во летниот период немаме многу работа и не можеме да понудиме пракса на многу високо стручно ниво. Тоа воопшто не е причина за да не понудите пракса. Дури и во поразвиените земји праксите се случува да бидат прилично едноставни. Праксата не се извршува само заради стручното усовршување, туку и за запознавање на практикантот со реалните ситуации во животот кои се случуваат при вработувањето, кои што се новитет и нешто различно споредувајќи со факултетските клупи и студентскиот начин на живот. Ние работиме многу и сериозно, а работата е и одговорна. Да се најде квалитетна работа за практикантот не е проблем. Но дали тој ќе покаже доволна ангажираност? Да не се случи да добиеме некој кој нема да аботи и ќе биде незаинтересиран за работата? Тоа воопшто не се случува. Всушност ИАЕСТЕ - Македонија најчесто го има спротивниот проблем, нашите фирми им даваат премалку работа на практикантите. За разлика од кај нас, во повеќето странски земји на практичната работа и се дава вистинското значење кои го заслужува. Практикантите од овие земји се наполно свесни за корисноста на максималната ангажираност при работата па тоа и го демонстрираат. Често странските студенти имаат обврска од матичниот факултет да напишат извештај за своите пракси и за тоа што тие сработиле за време на праксата, кое што им претставува и дополнителна мотивација за работење.

09


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Клуб на ИАЕСТЕ Пријатели

Во текот на своето постоење (уште од 1952 година, како дел од ИАЕСТЕ Југославија) ИАЕСТЕ Македонија има разменето преку 2000 стручни студентски пракси надвор од земјата. Нема сомнение дека извршувањето на тие пракси имало влијание врз животите на тие 2000 студенти, како во однос на нивното стручно усовршување и кариера, така и во стекнувањето различни животни искуства и пријатели од целиот свет. Токму поради тоа многу од овие практиканти и по завршувањето на студиите чувствувале силна поврзаност и благодарност кон ИАЕСТЕ како организација и затоа се вклучиле во т.н. Клуб на ИАЕСТЕ Пријатели (КИП). Сите членови на македонскиот КИП се воедно и членови на меѓународната мрежа на ИАЕСТЕ пријатели т.н. ФОИН (FoIN - Friends of IAESTE Network). Врската помеѓу ФОИН и националниот комитет на ИАЕСТЕ е остварена преку еден член на КИП, назначен за национален администратор. Главна цел на КИП е да го олесни контактот помеѓу ИАЕСТЕ и нејзините поранешни членови, како и да го поддржува и промовира концептот за размена на студенти. А поддршката од поранешните членови, кои се бесценет извор на ИАЕСТЕ искуства, почнувајќи од контакти со водечки луѓе во светски познати и престижни компании и институции, па се до навидум безначајните упатства и совети за водење на организацијата, е многу важна за 10

градењето и унапредувањето на една сериозна организација. КИП функционира како работно тело во склоп на ИАЕСТЕ Македонија од 1995 година. Активностите на КИП вообичаено се остваруваат преку организирање повремени средби со дел од активните членови заради информирање за моменталните состојби во ИАЕСТЕ. Воедно КИП е секогаш отворен за соработка и помош при остварување на активностите и проектите во организацијата. Така, членовите на КИП во рамките на своите можности помагаат при собирањето пракси, наоѓањето спонзорства, организирањето и учеството на семинари, мотивирањето на новите членови преку пренесување на своите искуства, организирањето и учеството во летната рецепција, итн. Со цел полесно и побрзо остварување контакти помеѓу сите членови, ИАЕСТЕ Македонија моментално изработува база на податоци и веб страна, каде воедно свое место ќе најдат и податоците од над 2000-те извршени стручни пракси ширум светот. ИАЕСТЕ Македонија сака да изрази голема благодарност до сите членови на КИП. Се надеваме на уште една успешна година со повеќе средби, повеќе контакти и уште повеќе разменети искуства.


www.iaeste.org.mk

Финансиски извештај Најважната алка и најголемо богатство на секоја организација се нејзините човечки ресурси. Без нив залудно би било нашето постоење. Па така нивниот развој и нивното менаџирање се и нејзиниот најважен дел. Тежината на речениците погоре би пораснала уште повеќе ако се додаде дека се работи за организација која е студентска, непрофитабилна и волонтерска, каква што всушност е и ИАЕСТЕ. Па затоа најпрво би ги пофалил сите нејзини членови (сегашни и претходни) за нивното безусловно залагање, за љубовта и мотивот кој го имаат во себе поврзан со работењето и членувањето во една ваква студентска организација. Се разбира дека функционирањето на нашата организација е условено и од финансиите. Па така потребата од еден ваков извештај сметам дека е голема. Од една страна се потврдува нашата професионалност, а од друга пак се овозможува зголемување на нашата ефикасност и ефективност со анализирањето на овие извештаи кои што го имаат задржано својот континуитет. Се разбира дека со помош на ваквите извештаи планирањето на финансиите и составувањето на буџетот за во иднина, е олеснето. Во табелата подолу се дадени кратенките кои се користат во приказот на дадените дијаграми за буџетот на ИАЕСТЕ Македонија во 2008 година. РАСХОДИ: Генерална конференција

GC

13,6%

Семинар за развој на ИАЕСТЕ

SID

8,4%

Семинар за тренинг и мотивација

СТМ

6,1%

Маркетинг и промоција на активности

МПА

16,0%

Административни трошоци и такси

АТТ

3,4%

Материјални и патни трошоци

МПТ

21,1%

Канцелариски и тековни трошоци

КТТ

3,3%

ISIC - картички

ISIC

3,9%

Интернационална членарина

FEE

23,3%

Трансакции

ТР

0,9%

ПРИХОДИ Членарина

Член

8,3%

Пракси од ГК и надомест од одбиени студенти

ПГ+Одб

16,8%

Препорачани и пракси од Intraweb

Пп+IW

15,5%

Амбасади

Амб

20,1%

Факултети на универзитетот

УКИМ

2,0%

ISIC - картички

ISIC

5,5%

Настани

Наст

9,0%

Компании

Ком

10,1%

Камата

Камата

0,2%

Државни институции

ДИ

12,5%

На следниве дијаграми дадени се расходите и приходите на ИАЕСТЕ во изминатата година.

25

GC SID

20

СТМ

15

МПА

10

МПТ

АТТ КТТ

5 0

ТР ISIC 2008 - %

FEE

расходи на ИАЕСТЕ Македонија во 2008 25 Член ПГ+Одб Пп+IW ДИ Амб УКИМ Ком Наст ISIC

20 15 10 5 0

Камата

2008 - %

приходи на ИАЕСТЕ Македонија во 2008

Може да се види од прикажаните дијаграми дека повеќе од 30 % или 1/3 од приходите во ИАЕСТЕ Македонија доѓаат од праксите кои што ги обезбедува или посредува т.е. служи како сервис за нивно посредување, што сметам дека е добар сооднос. Тука спаѓаат праксите донесени од Генералната Конференција, препорачаните пракси и слободните пракси кои што се појавуваат на интранационалната мрежа на ИАЕСТЕ на интернет, таканаречена Intraweb. Но со оглед на фактот дека ИАЕСТЕ Македонија важи за еден од најактивните комитети во светот по глава на жител со во просек 60 разменети пракси годишно, нејзината финансиска моќ не е воопшто голема. Ова секако се должи на недоволната поддршка како од државните институции така и од факултетите при нашиот универзитет, компаниите, амбасадите итн. за што во иднина искрено се надеваме дека нема да е случај. Кога поддршката од овие субјекти би била на едно нормално ниво, тоа би значело драстично зголемување на нашиот буџет и приходите од праксите кои ги нудиме процентуално би бил многу помал. Тоа од една страна би значело дека ИАЕСТЕ Македонија сеуште има ниски цени за своите пракси, но и дека бројот на македонски студенти кои се здобиваат со можноста за извршување на стручна пракса во странство не кореспондира со подршката од институциите на системот. ИАЕСТЕ Македонија напорно работи на финансиско зајакнување и би сакал во овој извештај да ја спомнам успешната соработка со Машинскиот факултет во Скопје со кој од оваа година се започнати преговори околу нашите потреби и чии резултати очекуваме да доживеат кулминација во 2009 и 2010 година. Се надеваме на ваков тип на соработка и со другите факултети.

Владимир Трајковски Одговорен за финансии 11


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Извештај за македонските практиканти во странство ИАЕСТЕ е студентска организација чија цел е размена на стручни пракси во странство за студентите од техничките факултети. Притоа, секој член на одборот на локалниот комитет, но и воопшто секој член на ИАЕСТЕ, во текот на целата година вложува труд за да се соберат повеќе пракси, истите да се разменат на Генералната Конференција и да се постигне позитивен исход, односно да бидат примени сите оние кои аплицирале за пракса. Периодот од враќање на македонската делегација од Генерална Конференција, преку испраќањето на документи, па се до добивање на статусот за секој кој избрал пракса, е оној период каде одговорниот за нашите студенти во странство има најмногу работа и воопшто би се рекло дека тоа е период кога целото членство е најмногу раздвижено, со собирање документи, прашања за некои нејаснотии при собирањето на истите и слично. Бидејќи целта како организација ни е да им овозможиме на што повеќе наши членови да отидат на пракса, сметам дека работата со нашите студенти е круцијална и најчуствителна работа, почнувајќи од одговорноста се да биде во ред со документите, потсетување за нивно навремено предавање, и потоа “досадување” на странските комитети за добивање што е можно побрзи одговори, секако заради разбирливата и оправдана нетрпеливост на членството. Во рамките на 2008 година на Генералната Конференција беа разменети вкупно 55 пракси. На внатрешниот конкурс на кој имаат право да бираат само членовите на ИАЕСТЕ беа распределни 45 пракси, додека пак останатите 12 беа понудени на надворешен конкурс на кој имаат право да конкурираат сите студенти од техничите факултети на УКИМ. Притоа, 5 од праксите за надворешен конкурс беа вратени на странските локални комитети. Динамиката на бирање се одвиваше без никакви проблеми и застои и сите номинации беа испратени до предвидениот рок - 31 март. Во табелата се дадени податоците колку студенти во која држава се отидени на пракса. Ѓорѓи Мирчевски Одговорен за македонските студенти

12

ЗЕМЈА Белгија Босна и Херцеговина Велика Британија Германија Грција Јапонија Малта Полска Португалија Романија САД Словачка Словенија Србија Турција Унгарија Финска Хрватска Чешка Швајцарија Шпанија TOTAL

Пратени 1 1 3 5 1 1 4 3 2 2 2 1 1 1 6 3 1 6 44

2% 5%

0%

0%

20%

73%

Примени 1 3 3

1 7 3 1 1 1 1 1 1 2 1 7 34


www.iaeste.org.mk

Извештај за странските практиканти во Македонија ОБЛАСТ Architecture Bioengineering Biotechnology Chemical Eng. Civil Eng. Computer Science Electrical Eng. Electronics Environmental Eng. Industrial Eng. Mechanical Eng. Mechatronics Metallurgy Pharmaceutical Studies Telecommunications Wood & Paper Tech. ВКУПНО

Пратени 11 2 4

Примени 2

1 3 8 7

16 1 1

1 3 5 4 1 1 2

4 1 44

34

3% 0% 9%

0% 0%

88%

Секоја година претставува нов предизвик за IAESTE Македонија. За време на JobRaising во 2007 година беше потпишан 61 договор за пракса, помеѓу ИАЕСТЕ Македонија и 50 компании кои ги поддржаа целите и работата на ИАЕСТЕ како организација. На Генералната Конференција во 2008 година во Јордан беа разменети 50 пракси, а останатите беа понудени на INTRAWEB. Во Македонија пристигнаа 40 студенти од 20 различни земји да извршуваат стручна пракса. Мал број на студенти ја откажаа својата пракса во Македонија поради лични причини. Летната Рецепција започна во јуни со пристигнувањето на првиот практикант од САД. Студентите оваа година во периодот од јуни до август беа сместени во студентскиот дом “Гоце Делчев” . Одлуката за овој студентски дом беше поради најповолната понуда. Имено, месечната сума изнесува 4250 денари, со тоа што на студентите им беше овозможено да плаќаат за периодот во кој претстојуваа во Домот, а не за полни месеци. Практикантите кои пристигнаа во периодот од Септември до Декември беа сместени во приватен станови, во најголем број кај членовите на ИАЕСТЕ Македонија. Сите практиканти беа пречекувани на аеродром, железничка или автобуска станица. Трошоците за превоз беа целосно покриени од членовите кои несебично учествуваа во Летната Рецепција. На практикантите кои пристигнуваа во Македонија им беа давани пакети за “Добредојде” или Welcome packets кои содржеа : CD со традиционални македонски песни, мапа, беџ.... кои беа обезбедени како спонзорство од Агенција за млади и спорт. Како новитет за оваа година беше и тоа што практикантите добиваа СИМ картички од мобилниот оператор VIP со кредит од 200 денари, што исто така беше обезбедено како спонзорство. Студентите за оваа СИМ картичка плаќаа депозит од 300 денари, со тоа што ако не сакаа да ја задржат картичката пред нивното заминување парите им беа враќани назад. Официјално заврши Летната Рецепција во 2008 година заврши со последниот практикант од Полска на 19 Декември. Како “виновни” за успешноста на Јob Raising кампањата, летната рецепција и сите други настани, ги прогласувам сите членови на ИАЕСТЕ Македонија. Владимир Лазов Одговорен за странските студенти 13


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Извештај за маркетинг Во изминатата година работата на полето на маркетингот се одвиваше на неколку планови: поголемо отворање кон студентите, почеста комуникација со компаниите соработници, поголема медиумска експонираност, промоција на ИАЕСТЕ Македонија на интернационален план и одржување на имиџот на организација која е активна и корисна за студентите како индивидуи, но и како студентско тело кое се грижи за интересите на студентите, за нашето стопанство и за земјата воопшто. ИАЕСТЕ годината ја започнавме со една позитивна кампања за нови членови под мотото „Светот е како поле, а ние имаме ��рактор“, парафразирајќи ја Гоцевата мисла, а осврнувајќи се кон ИАЕСТЕ програмата како моќна „машина“ за културна размена и натпревар... Кампањата наиде на добар одзив меѓу студентите. Беа изработени регуларните промотивни материјали - постери и летоци, но повторно се покажа дека директниот контакт со студентите секогаш има најголемо влијание. Поради тоа, во есенскиот период беа организирани штандови со мотото „IAESTE is HOT” на кои им се делеше бесплатен чај и кафе на посетителите и преку разговор им се доловуваа активностите на организацијата. Се промовиравме на отворените денови на факултетите ФЕИТ и МФС, традиционално, а зедовме учество и на сите саеми во полето на наш интерес: на саемите за компании преку контактот со работодавците и на саемот за образование со свој штанд преку контакт со сегашните и идни студенти, како и на Саемот на НВО-и каде воспоставивме контакти за можна соработка со други НВО-и и општините. За кампањата за нови членови традиционално не поддржаа ProCredit Bank и Агенција за млади и спорт. За учесниците на семинарот TWIN од Полска и за сите странски практиканти беа подготвени welcome пакети со промотивни материјали.

Во текот на летото започнавме соработка со мобилниот оператор VIP кој понуди SIM картички со број, бесплатен почетен кредит и поволни тарифи меѓу тие броеви за сите практиканти и наши членови вклучени во рецепцијата. Со редовно бесплатно објавување на натписи, особено за време на летната рецепција не поддржа списанието „Порта 3“. Со цел подобрување на пристапот кон воспоставените и потенцијалните партнери од нашите компании, во Job raising кампањата беа изменети текстовите на официјалните барања, договори и беа изработени нови брошури. Во специјални случаи се подготвуваа и посебни презентации. Работодавците беа поканети и на официјалната интернационална вечер организирана по повод ИАЕСТЕ Ден. Во 2008 година се приклучивме кон неговата глобална прослава преку 3 настани: интернационална вечер, 14

меѓугенерациски натпревар во фудбал помеѓу ИАЕСТЕ членовите (поранешни и сегашни) и ИАЕСТЕ забава. Календарската година ја завршивме со роденденската забава на која имаше многу новитети и добра ИАЕСТЕ атмосфера. За време на летната рецепција како и на другите настани, активностите редовно ги следеше НАША ТВ со снимање на подолги прилози. А редовни гостувања во емисии, како телевизиски, така и на радио, имаше во текот на целата година. Објавивме и прилози во повеќе дневни списанија и весници. Единствено неуспешни беа прес-конференциите на кои се појавуваа единствено нашите колеги од Студент ФМ, за на крај на наше и големо жалење на сите студенти единствениот медиум кој ги третира нивните активности и да го затворат.

На крајот на ИАЕСТЕ годината, на Генералната конференција во Варшава во јануари 2009, ИАЕСТЕ Македонија се претстави во полн сјај: преку своите добро подготвени делегати пред се, преку сувенирите од Македонија, преку брошурите кои ја претставуваат Македонија како привлечна дестинација за извршување на пракса, преку налепниците, беџовите, препознатливите маички, традиционалната храна и песна. Во 2008 беа изработени маички со нов дизајн кои беа популарни и меѓу членовите и меѓу практикантите. Во иднина, би било добро да се продолжи со истата практика, дури и со изработување на различни маички за одделни настани. На Централноевропската конвенција одржана во Риека, Хрватска, беше договорен интернационален викенд во Македонија на кој ќе можат да се придружат и студентите и практикантите од регионот. Беше избран и објавен на сајтови викендот за време на Галичка свадба, кој во наредната година треба уште подобро да се испромовира и организира. ИАЕСТЕ Македонија продолжи да се промовира како организација која се грижи за неформалното образование на студентите преку циклусите бесплатни обуки за организациски вештини како и team building семинарите. Иако неполитичка органзиација, засегната од светските политики зеде активно учество во настаните „Еден чекор поблиску до ЕУ” во септември и акцијата „Виза? Нема шанса!“ Започна и поотворено да гледа кон спектарот на можни соработници отпочнувајќи посериозна соработка и со други невладини организации. На крајот на 2008 од лицата кои беа инволвирани во маркетингот и промоцијата направен е план за проекти кои би требало да се спроведат во 2009, прилично амбициозен, но секако возможен да се реализира, се разбира со поддршка на релевантните институции и компаниите- пријатели на студентите. Снежана Домазетовска Одговорна за маркетинг


www.iaeste.org.mk

Извештај на ЛК Битолa Локалниот Комитет на ИАЕСТЕ при Универзитетот “Св.Климент Охридски” Битола, ги опфаќа Техничкиот факултет, Факултетот за Биотехнички науки и Факултетот за Администрација и Менаџмент на Информациони системи. Во 2008 година ЛК Битола во својата евиденција брои 22 членови од кои 7 активни и 3 полноправни. 2008-та, уште една извондредно интересна година е внесена во колективната историја на ИАЕСТЕ ЛК Битола. Вложениот труд од претходната година допринесе оваа година полесна работа на административно ниво. Се обидовме да ги запазиме сите временски термини во однос на нашите активности и во голем дел успеавме во тоа. Ја започнавме кампањата за склучување договори за пракси, релативно успешно склучени во краток рок, но фактот што нивното склучување се случи после Генералната Конференција придонесе истите да не се реализираат. Продолживме со презентации по факултетите на нашиот универзитет и промоција на нашата работа кај студентите и професорите. Во овој период се приклучија и нови членови кои брзо се вклопија во работата на ИАЕСТЕ и напорно работеа на презентациите, а особено на летната рецепција. Да не заборавам на Piotr единствениот практикант во Битола оваа година кој овозможи континуитет во нашата работа во летната рецепција. Нашите очекувања од 2008-та поради објективни и субјективни причини се само делумно исполнети, што значи останува уште многу работа за да се достигне посакуваното ниво на функционирање на ЛК Битола. Се надевам идните генерации на ЛК Битола ќе ја продолжат традицијата на динамична работа и извондредна забава и дружење својствени само за ИАЕСТЕ. Златко Таневски, Претседател на ЛК Битола Како нов член во ИАЕСТЕ ЛК Битола, малку изненадувачки ми беше доверена одговорноста да бидам еден од координаторите во текот на летната рецепција. Секој почеток е тежок, па и оваа активност не беше лесна. Имаше моменти кога среќававме многу нови практиканти од различни делови од светот со што ни беше овозможена дружба и многу нови пријателства. Во исто време беше потребно сето тоа да се организира што заедно со останатите членови на ЛК Битола со малку повеќе напор добро го правевме. Се на се несекојдневно, но интересно искуство од кое може многу да се научи. Виктор Видановски, Координатор за летна рецепција Изминатава 2008-ма, моја прва ИАЕСТЕ година, беше доста возбудлива. Контакти со многу странски студенти, стекнување на организациски и маркетинг искуства, запознавање нови луѓе и многу шетање... Прв голем и важен настан беше TWIN семинарот помеѓу комитетите на Македонија

и Полска каде имав можност да бидам координатор за делот во Битола. Одлично искуство каде може човек да ги покаже своите организациски способности. Во меѓувреме организиравме кампања за нови членови на факултетите во Битола. Кампањата помина добро и секако наредната година ќе се обидеме да биде поуспешна. Во делот од летна рецепција главно се ангажиравме околу Piotr од Полска или како што го викаа Леле, Crazy Polish guy, Петре… Тој беше единствен практикант во Битола ова лето, но затоа често имаше гости, а постојаната ангажираност на членовите на ЛКБ со организирање на настани и забави придонесе да има исполнет социјален живот. Во делот од летна репепција беа организирани два редовни викенди во Битола и неколку спонтани кои според мое лично видување, а и според гостите поминаа одлично. Им се допадна Битола како град, забавата и секако останаа воодушевени од Баба Планина со нејзините Пелистерски Очи. На последниот викенд имавме можност да присуствуваме на свеченото отворање на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ и се надевам дека од наредната година, овој настан ќе стане редовен дел од распоредот на ИАЕСТЕ. Истиот е значаен за промоција на Битола како град, како и одлична можност за ИАЕСТЕ да ги промовира културните вредности. 2008 беше една успешна година за ИАЕСТЕ ЛК Битола, а во наредната со повеќе труд и залагање на членовите кон подобро. Дарко Домазетовски, одговорен за маркетинг и координатор за летна рецепција Година во која една од нашите поголеми цели која беше поставена конечно стана реалност: отворање на сопствена независна жиро сметка која ќе придонесе за поефикасно и поуспешно работење на ЛК Битола, но со тоа само делумно се исполнија нашите цели. И оваа година ЛК Битола беше финански спречен да го организира семинарот за тренинг и мотивација на нови членови заради тоа што не наидовме на разбирање кај Техничкиот Факултет во Битола. Тука не можам а да не ја споменам и јавно да се заблагодарам за поддршката која ја добивме од Факултетот за Администрација и Менаџмент на Информациони системи и Факултетот за Биотехнички Науки во Битола, но која за жал сама по себе, не беше доволна за организирање на семинарот. Се надевам дека во годината која следи, ќе најдеме разбирање кај матичната општина и конечно овој семинар ќе прерасне во традиција и обележје на ЛК Битола кое ќе го гарантира нашиот раст. Методија Димитров, Заменик претседател и одговорен за финансии 15


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Кампања за нови членови Природата на ИАЕСТЕ Македонија како студентска организација водена исклучиво од студенти, налага континуирана потреба од нови членови. Со таа цел секоја година во пролетниот дел на годината традиционално ја организираме кампањата за нови членови преку која се има за цел доближување на програмата до студентите на техничките насоки од сите факултети опфатени со ИАЕСТЕ. Кампањата започнува со активна промоција во сите печатени и електронски медиуми, преку давање на интервјуа и гостување во емисии од страна на поискусните членови кои ги доловуваат вистинските квалитети на организацијата преку сопствените искуства кои ги стекнале благодарение на предизвиците наложени од ИАЕСТЕ. Во духот на перманентното подобрување на ИАЕСТЕ секоја година кампањата започнува со обемна припрема во која се вклучени помладите членови, но се разбира и искусните значително придонесуваат кон квалитетна кампања. Секоја недела се организираа работни групи на кои се даваа различни идеи за како да се осмисли целиот проект, презентациите, термини по факултети, дизајн на летоци и се разбира мото на кампањата кое оваа година се решивме да биде малку необично и провокативно: “Светот е како поле, а ние ... имаме трактор”. Во функција на поефикасна акција и доближување на ИАЕСТЕ духот во вистинско светло кон потенцијалните нови членови,одлучивме во оваа кампања презентациите да бидат во малку поинаков формат. Покрај стандардните презентација за формирањето, развојот и целите на ИАЕСТЕ и впечатоците од импресивните незаборавни и неповторливи искуства на наши членови на интернационални пракси, одвоивме и значаен дел за пренесување на импресиите на наши членови кои зедоа активно учество во Летната Рецепција како период во кој се справуваме со сериозни организациски предизвици и кој за најголем дел од членовите (вклучувајќи ме и мене) бил пресуден дефинитивно да се приврзат за организацијата. Новитет беше и начинот на кој се делеа летоците и

ширеше агендата со вербално комуницирање со студентите вклучувајќи многу ентузијазам и искреност. Оваа година кампањата ја проширивме на уште два нови факултети: Геолошки во Штип, што всушност претставуваше и прв чекор за формирања на ЛК Штип и насоката Е- Бизнис на Економскиот факултет - Скопје. Поради високите поставени цели и со цел одржувањето на високото ниво на организираност оваа година координирањето го изведовме двајца координатори, јас и Мартина Мицевска и дадовме максимум за да го постигнеме посакуваниот ефект. Презентациите се одвиваа по следниот хронолошки редослед: СКОПЈЕ Економски факултет, Е – Бизнис 9 Април Архитектонски и Градежен факултет 9 Април Фармацевтски факултет 15 Април Природно – математички факултет 16 Април Шумарски и земјоделски факултет 22 Април Факултет за електротехника и информациски технологии и Машински факултет 22 Април Технолошко - металуршки факултет 23 Април ШТИП Рударско – геолошки факултет БИТОЛА Технички факултет Биотехнолошки факултет Факултет за менаџмент и ИТ

14 Април

14 Април 15 Април 16 Април

Кулминација на кампањата за нови членови беше дводневниот Семинар за Тренинг и Мотивација (СТМ), кој оваа година се одржа на 9-10 мај 2008 година во Тајмиште – Кичевско. Присуствуваа, секако, искусни членови на ИАЕСТЕ, но пред се нови заинтересирани студенти кои преку игри, работни групи и, се разбира, забава, се обидовме да ги мотивираме да се приклучат на организацијата. Мислам дека апсолутно успеавме во нашата цел, а доказ се релативно големиот број на нови членови кои веќе активно се вклучуваат во активностите на организацијата. Сепак иако пролетниот период е најактивниот во афирмацијата на организацијата и привлекување на нови членови, овој процес трае преку целата година со најразлични настани, забави и акции од кои би ја издвоил есенската мини-кампања со мото “IAESTE is hot”. Во рамки на оваа кампања на повеќето факултети беа поставени штандови на кои членовите на ИАЕСТЕ на необичен начин делејќи кафе и чајче се запознаваа и разговараа со студентите споделувајќи ги своите позитивни искуства од членувањето во организацијата која им овозможи свет без граници. Благој Трајкоски

16


www.iaeste.org.mk

Семинар за тренинг и мотивација Тајмиште 2008 Семинарот за тренинг и мотивација 2008 организиран на 9 и 10 мај на Тајмиште за мене претставуваше незаборавно искуство и голем поттик за мое понатамошно вклучување во активностите на ИАЕСТЕ. Луѓето во ИАЕСТЕ се навистина кул и после извесно време јас како нов член на оваа организација можам да кажам дека вреди да се биде дел од тимот на студенти за кои светот нема граници, за кои дружењето и размената на искуства на глобално ниво се вистинско богатство. Поминавме навистина незаборавна вечер со членовите на ИАЕСТЕ Полска кои ја посетија Македонија во рамки на семинарот TWIN, во една опуштена атмосфера, во прегратките на планинските предели, покрај разгорениот оган кој ни беше единствениот извор на топлина. Собрани еден крај друг на зелената трева имавме успешни работни групи, креативни идеи како почеток на оствaрување на целите на ИАЕСТЕ Македонија. Се одржаа повеќе работни групи и јас учествував во планирање на идните маркетинг активности за промоција на организацијата. Беше интересно да се слушнат идеите на сите учесници, да се направи стратегија за успешна презентација на организацијата пред потенцијалните идни членови. За мене претставуваше уште поголемо задоволство што учествував во оваа работна група зашто од оваа година за прв пат студенти од Економскиот факултет (каде што јас

студирам) или поточно насоката е-бизнис беа вклучени во семинарот и на тој начин бев повеќе мотивирана да им го пренесам позитивното искуство на моите колеги и да ги поттикнам и тие да станат членови на ИАЕСТЕ. Исто така, во работните групи беше опфатено и планирање на викендите во текот на летната рецепција. Летната рецепција е одлична шанса за новите членови да навлезат во организацијата и да сфатат што значи нејзиниот интернационален дух, но истовремено за што подобро претставување на убавините на нашата земја пред странските студенти кои ќе посетуваат пракса во Македонија во текот на летото многу е важно добро и детално да се испланираат сите патувања во тој период. Покрај работата не треба да се заборават ниту забавите, диското под отворено небо, непреспаната ноќ, како и тим билдинг игрите заедно со студентите од Полска. Беше привилегија да се биде меѓу тие студенти, да се организира летната рецепција и сето тоа на еден спонтан и интересен начин преку игри, забава и дружење. Семинарот беше супер осмислен и навистина мотивирачки не само за новите, туку и за постарите членови на ИАЕСТЕ и неговата мисија за регрутирање на што поголем број нови членови е успешно остварена. Дафне Димитрова

17


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Летна рецепција Според мене скриената цел на ИАЕСТЕ како интернационална организација е проширување на хоризонтите на еден прекрасен и умен начин постигнувајќи го тоа со самото извршување на пракса во друга земја каде неизбежна е средба со други култури. Несомнено, извршувањето на стручна пракса во друга држава, усовршувајќи ги притоа своите професионални и лингвистички знаења е примамлива понуда за многумина ширум светот, но сепак постои и друга страна од целата таа приказна. Летната рецепција, несомнено, е најзабавниот и најбитниот период во ИАЕСТЕ годината. Тоа е сосема разбирливо ако се земе во предвид фактот, дека токму во тие неколку месеци, се остварува сонот на секој ИАЕСТЕовец. Стручна пракса каде што ќе посакате, со прекрасни луѓе и супер забава, дружење, одмарање и шетање. Не е само праксата она што го прави ИАЕСТЕ летото да биде посебно, туку има и многу приклучни работи кои ни даваат еден посебен спомен кој можеме да го чуваме и секогаш да се потсетуваме на него. Ова беше моето прво лето поминато како ИАЕСТЕ член и навистина искуството и радоста кои ги акумулирав се од непроценливо богатство. Ја имав среќата да бидам домаќин a.k.a summer reception officer што претставува многу одговорна функција. Всушност јас бев првиот домаќин на нашите „странци” и веднаш, најсрдечно ќе им препорачам на помладите членови, да се нафатат на оваа функција кога ќе дојде време...ќе ми заблагодарите после најдоброто лето од вашиот живот. Има нешто посебно во тоа да се грижиш за некого, веројатно тоа ги одделува родителите од останатите, но играјќи го ликот на “родител” и домаќин, истовремено, ова лето беше навистина посебно за многу од нас што бевме само дел од ликовите во нашата мала бајка. Ну��о, Бенет, Конор, Рул, Сандра, Бора, Николас, Педро, Елишка, Давид, Алберт, Хавиер, Радек, Михал и уште многу други се имињата на другарите кои засекогаш ќе ѕунат во нашите глави. Неописливо дружење, вистинска забава, со прекраси луѓе во својата татковина, кој друг може да го каже ова? Јане Даневски summer reception officer

18

ИАЕСТЕ Македонија е синоним за најдобро организирана Летна Рецепција. Овој епитет гордо и заслужно го носи повеќе од десет години и сето тоа благодарејќи на македонските ИАЕСТЕ членови. Некои од студентите кои доаѓаат во Македонија на пракса можеби првпат слушнале за Македонија кога аплицирале за пракса преку IAESTE, меѓутоа сите си заминуваат со прекрасни и незаборавни спомени од Македонија. Викендите и активностите после работа се омилениот дел на практикантите, но и на нашите членови кои се во Македонија во текот на летото. Секој понеделник по редовниот состанок се одеше во парк на „Скопско“ и после полноќ во „Маракана“. Освен во градскиот парк “собиранки“ имаше и на клупите пред СД „Гоце Делчев“ (познати уште и како „Dolce Gabbana“ каде се играше “Duro” (ако некој не ја знае играва – најдобро ќе ја научи со пракса :) и се пиеше Sangria. Саботните утра беа резервирани за освојување на некоја нова дестинација во Македонија: Охрид, Битола со Хераклеа и Пелистер, Дојран, Струмица и Смоларските водопади, Крива Паланка и манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, Прилеп за време на Пиво-Фест, Солунска Глава, па и оние во околината на Скопје, како Матка, Водно и Катланово. Деталите околу организирање на викендите ги средуваа координаторите кои ја имаат таа функција две недели. Викендите се реализираат по однапред утврден редослед. Секоја година планот за викенди во текот на летната рецепција се договора за време на СТМ за нови членови. Викендот во Охрид за Илинден, а особено на Галичник за време на Галичка Свадба кога практикантите се запознаваат со еден од најинтересните обичаи и традиции на нашата земја, се едни од омилените викенди. Настан кој сигурно останува врежан во нивните срца е и Интернационалната Вечер, која се организира во средина на летото, кога обично има најмногу практиканти. Практикантите ја претставуваат нивната земја и некое национално јадење кое го приготвија во кујните на членовите на ИАЕСТЕ Македонија. Секое ИАЕСТЕ лето е посебно, уникатно и незаборавно искуство, кое останува засекогаш во нашите срца. Марија Лазова


www.iaeste.org.mk

Интернационална вечер - Летна рецепција Сте посакале ли некојпат во една вечер да прошетате и запознаете повеќе земји одеднаш?! Исто како во прикаските со волшебниот килим кој ќе ве однесе во светот на непознатото и волшебното. Килимчето за кое јас ќе ви раскажам се вика ИАЕСТЕ, а волшебството е Интернационалната вечер. За време на таа вечер се собраа над дваесет и пет студенти-практиканти од различни делови на светот кои не запознаа со историјата, културата и кујната на своите земји. Сето тоа успешно сплетено со прекрасна музика од секоја од земјите на чиј ритам, срцето како да ми отскокнуваше и играше од радост. Националните пијалоци како шпанската сангрија, белгиското пиво Дувел, полската жубровка, македонската ракија успеа да ги разнишаат телата на учесниците во ритамот на салсата, орото, брејк танцот. Учесниците на себе носеа маица или друго нешто типично за нивната земја по кое лесно можеше да ги препознаеш нивните корени и да започнеш разговор кој ќе те однесе низ патување во нивната земја. Секако и ние од Македонија се претставивме со нашата носија, нашето бело сирење, ајварчето, пинџурчето, питата, бурекот, ќебапчето, гравчето, газозата, јогуртот, ракијата и многу други вкусни јадења и пиења кои се дегустираа сплотени со убавите звуци од нашата традиционална музика. После дегустацијата се забележуваа луѓе кои од задоволство си ги триеја стомаците и ги млацкаа прстињата, а се забележуваа и девојчиња кои како надежни домаќинки бараа или разменуваа рецепти. Презентациите на практикантите за секоја од земјите учеснички ни донесоа информации за земји кои секојпат сме ги гледаме на мапата само како една фигура со зелено кафева боја. Секој радосно и со голема страст ги раскажуваше приказните за неговата земја, а уште повозбудено со искри од љубопитност во очите се распрашуваа за другите непознати земји на другите учесници. Во така убава атмосфера се склопуваа пријателства од сите страни на светот и се градеше историјата на ИАЕСТЕ со уште една убаво помината Интернационална вечер. Волшебството не заврши тука, туку продолжи во доцните часови на јулската топла вечер, во која сите се чувствувавме како едно големо интернационално семејство. А јас килимчето го здиплив и сега истото тоа го чека наредното лето кога пак ќе посакам да пропатувам со ИАЕСТЕ низ светот.

Лилјана Пендовска 19


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Job Raising кампања Job Raising кампањата е една од најважните активности кои што ИАЕСТЕ Македонија ги организира во текот на годината. Оваа кампања подразбира обезбедување на пракси за странски студенти од техничките факултети од страна на членовите на ИАЕСТЕ Македонија. За време на Генералната Конферекција кој се одржува еднаш годишно (во јануари), собраните пракси се разменуваат со различни земји една за една. Поинаку кажано, колку пракси ќе успееме да обезбедиме во нашите компании за странски студенти, толку македонски студенти ќе имат можност да извршат стручна пракса во странство. Job Raising кампањата е се одвива на следниот начин. Членовите на ИАЕСТЕ Македонија оствaруваат контакт со потенцијалните работодавци во нашата земја и ги информираат за начинот на кој нашата организација функционира. Доколку работодавецот се согласи да соработува со нас, се потпишува официјален договор за извршување на стручна пракса од страна на странски студент во текот на следната година. Договорот ги содржи сите потребни информации и детали за профилот на студентот, како и опис на праксата што би ја извршувал. Во 2008 година беа обезбедени 61 пракса од 45 фирми, институции и факултети. Општиот впечаток е дека интересот на работодавците да бидат дел од нашата разменска програма е доста

20

голем. Знаејќи дека овозможуваат на македонските студенти стручно да се усовршат во странство, работодавците го прифаќаат нашето барање и се задоволни од соработката со нас. Се надеваме дека за следната година бројот на заинтересираните работодавци ќе биде уште поголем, со што би се зголемила и бројката на обезбедени пракси за странски студенти кои ќе имаат можност да искусат како се работи во Македонија во нивната професионална област. Придобивките на работодавците се големи: пристап до квалификувани и мотивирани студенти, можност да се запознаат со начинот на работа и техничките достигнувања во различни земји, да остварат контакт со професионалци од странство како и можност да се запознаат со нова култура. Работодавците ја имаат слободата сами да го одберат профилот на студентот кој ќе работи во нивната компанија, со тоа добивајќи практикант кој многу ќе придонесе во работата на компанијата. Слободното време на практикантот, пречек и носење на работа првиот ден, како и сместувањето се одговорност на ИАЕСТЕ Македонија. Во текот на целиот престој на странските студенти во Македонија, ИАЕСТЕ Македонија стои на располагање на работодавците за било каков проблем поврзан со праксата. Катерина Туџарова Job Raising координатор


www.iaeste.org.mk

Иаесте Ден ИАЕСТЕ Ден се одбележува секоја година во третата недела од октомври на интернационално ниво, односно, сите земји-членки на ИАЕСТЕ го прославуваат овој настан во исто време, на различен начин, а потоа се споделуваат впечатоците со останатите земји. Оваа година, како дополнителен повод за ИАЕСТЕ Ден беше 60-годишнината од формирањето на ИАЕСТЕ на глобално ниво. Оваа година решивме да го одбележиме овој настан малку поинаку и пооригинално во однос на претходните години. Се организираа три различни настани во три дена. Првиот настан беше организирање на фудбалски натпревар помеѓу сегашни и поранешни членови на ИАЕСТЕ. Ова беше одлична можност за да се пренесат искуставата од постарите на помладите, а секако и забавата не изостана воопшто. Вториот дел се состоеше од интернационална вечер. Оваа манифестација се одржа во просториите на МКЦ. Македонските студенти што биле некаде на пракса подготвија некое традиционално јадење од земјата што ја посетиле, а практикантите што во моментот беа на пракса во нашата земја ја претставија Македонија. Интернационалната вечер беше официјално отворена со говор на Националниот Секретар Александра Христов. Покрај храната и пиењето, салата беше декорирана со сувенири, фотографии, разгледници, маички и други предмети што студентите ги донеле како сведок за културата на земјата каде што извршувале пракса, така што сето тоа заличи на мала изложба. Беше интересно да се вкусат специјалитети и пијалоци од различни земји на едно место. Непосредно пред овој настан, беа изработени покани за работодавците кои им беа лично врачени, и на наше големо задоволство дел од нив дојдоа да присуствуваат на интернационална��а вечер. Ова беше воедно и добар повод да се појавиме пред јавноста. Како промоција на прославата на ИАЕСТЕ ден, се одржа прес-конференција во кино Фросина. Исто така, вечерта не посетија новинари од Наша ТВ кои снимија прилог за целата манифестација доловувајќи ја атмосферата и впечатоците на студентите. За последниот дел од одбележувањето на ИАЕСТЕ Ден, организиравме забава во кафулето Браво, Буњаковец, на која беа поканети сите што можат да понесат со себе добро расположение, позитивна енергија и желба за забава и дружење. Настанот немаше да биде така успешен без напорите што ги вложија членовите во целото организирање и залагањата. Волонтерскиот труд и љубовта кон ИАЕСТЕ беа клучни, а резултатот беше одлично организиран, достоен настан за ИАЕСТЕ. Се надеваме, дека и во иднина ќе имаме уште многу настани од овој карактер, затоа што ИАЕСТЕ тоа го заслужува.

Катерина Туџарова

21


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Семинар за развој на ИАЕСТЕ (SID) На Семинарот за Развој на ИАЕСТЕ кој се одржа од 17-20 Април 2008 во Ставангер, Норвешка, претставници на ИАЕСТЕ Македонија оваа година беа Александра Христов и Владимир Лазов. Благодарение на Норвешката Амбасада, трошоците за двајцата делегати беа целосно покриени, вклучувајќи пат и учество на Семинарот како и на пост-семинарската тура. Семинарот беше отворен со вечера на која домаќините беа облечени во традиционални облеки и со настап на норвешко играорно друштво. По говорот на главната организаторка на настанот Kristine Solbjorg, говор одржа и претставничка на нафтената компанија Hydro, еден од главните спонзори на настанот. Вториот ден по официјалното отворање, се одржаа работните групи, каде Александра зеде учество во групата за развој на Клуб на ИАЕСТЕ Пријатели (FoIN) и групата Стратешки Развој, а Владимир во групата за Администрација. Други работни групи беа IPLUG и Маркетинг на кои, за жал, немавме претставници. Ручекот беше обезбеден во просториите на нафтената компанија ConocoPhillips, уште еден од главните спонзори на настанот. По вториот дел од работните групи беше одржана и формална вечера, каде беа врачени благодарници за компаниите кои соработувале со ИАЕСТЕ Норвешка. Третиот ден по сесијата на работни групи и креирање на заклучоците, беше отворен саемот каде беше претставена работата на секоја работна група. На работната група за FoIN, ИАЕСТЕ Македонија официјално понуди неколку начини за подобрување на веб страната, по што ни беше укажано дека нашата понуда е многу ценета од страна на глобалното ИАЕСТЕ и сите инволвирани во проектот. По прекрасното крстарење околу Ставангер и слободното време за разгледување на градот, беше одржана Интернационалната вечер каде бевме претставени со традиционална и типична македонска храна и вино. Единствено Македонија и Германија имаа по еден претставник во традиционална облека, па беа главни „маскоти“ на вечерта со кои сите сакаа да се фотографираат. Четвртиот ден беше затворањето на Семинарот и поставување на понатамошните чекори за следната година. Беше одлучено повторно оваа година да се одржи IAESTE Day на 16ти Октомври. За домаќин на Семинарот за

22

Развој на ИАЕСТЕ за 2009 година беа изгласани ИАЕСТЕ Белгија, поточно локалниот комитет во Гент. Според сите присутни, Семинарот оваа година беше најдобро организиран во споредба со претходните. Благодарение на силните спонзори, беа обезбедени одлични услови за одржување на работните групи, одличен хотел, тури низ и околу градот, реализирање на формалната и интернационалната вечер. Искуството стекнато на Семинарот за Развој на ИАЕСТЕ ни помага да го развиваме нашиот Национален Комитет, со идеи во чекор со целиот свет. Александра Христов


www.iaeste.org.mk

CEC Риека CEC e настан кој е организиран од една од шесте земји домаќини, локализирани во Централна Европа, а со цел воспоставување пријателски односи со членовите од сите комитети на ИАЕСТЕ но и организирање работни групи за глобално подобрување на функцијата и целта на ИАЕСТЕ. CEC се организира два пати годишно, еднаш на пролет и еднаш на есен, а земја домаќин може да биде Австрија, Хрватска, Словенија, Чешка, Словачка или Унгарија. Овогодинешниот пролетен CEC беше организиран од 2-4 мај во Хрватска, и пред се би го окарактеризирала како “најмасовниот” CEC, прво поаѓајки од бројноста на нашата делегација, а потоа и од вкупниот број на гости од другите држави. Се на се, лудо и незаборавно поминување и запознавање со останатите “алки” од големиот синџир на ИАЕСТЕ во светот. Повеќепати кога сум пишувала за поминот на било кој од ИАЕСТЕ настаните сум го споменувала неописливиот ИАЕСТЕ дух кај секој од членовите без разлика од која држава, во смисла на желбата за дружење, забава, пиење, музика едноставно типична студентска журка, но со посебен шмек --- ИАЕСТЕ шмек. Ова можеби звучи како топ-шоп реклама но сепак оној кој тоа го почуствувал ќе сфати што сакам да кажам, а на другите само им преостанува да посакаат да го искусат тоа и да се пријават за наредниот CEC. Детално опишувајќи, план програмата на хрватските членови на ИАЕСТЕ беше доста солидна. Бевме сместени во хотел покрај море близу Риека, сите гости во непосредна близина. Имаше организирани ручек и вечера, при што првата вечер во рамките на вечерата секоја од државите гости презентираше нешто карактеристично за својата земја. Интересно беше да се види креативноста, смислата за хумор и изненадавувања на некои од државите. Ние гордо го заигравме нашето оро заедно со изворната песна „Македонско девојче“, на што ни се придружија и другите гости од западен Балкан. Исто така не заборавивме и да се покажеме дека сме горди на нашата ѕвезда Тоше Проевски и да испееме една негова препеана песна – „Мајка на Марика“. Потоа двете вечери имаше организирани забави, а непроценливо пријатно искуство и уживање беше организираната тура со бротче и ручек на бродот---рибен специјалитет скуша и бело вино. Во работниот дел, имаше неколку работни групи на кои учествуваа нашите членови и на кои се разговараше за развојот на ИАЕСТЕ од сите аспекти. Се на се прекрасно доживување, кое топло го препорачувам на оние и само на оние кои се отворени за нови познанства и забава. Мојата порака е до сите да ги остават овие семинари на младите ИАЕСТЕ членови на кои им треба мотивација - така ќе го засакаат ИАЕСТЕ уште повеќе и ке работат за него, а не за пракса, зошто членството во ИАЕСТЕ е многу повеќе од интерес....тоа го знае секој ИАЕСТЕ член во срцето. Елизабета Илиевска

CEC Ѓер Викендот од 24-ти до 26-ти Октомври во градот Gyor во северозападна Унгарија се одржа јубилејната 20-та Централноевропска Конференција (ЦЕЦ). Имаше претставници од 6 земји организатори на настанот: Унгарија, Словачка,Словенија, Хрватска, Австрија и Чешка и уште 9 земји гости на семинарот, се на се вкупно 120 делегати. Јас бев единствен делегат на ИАЕСТЕ Македонија, но сепак за мене тоа претставуваше уште поголем предизвик за да се потрудам добро да ја претставам нашата организација и нашата земја воопшто. Програмата започна во петокот најпрво со тимбилдинг игри, а по мало доцнење следеше и официјалното отворање на коференцијата од страна на основачот на ИАЕСТЕ Унгарија. Потоа започна и претставувањето на сите земји учеснички. Претставувањето беше по принцип секој на свој начин, обично презентација за својата ИАЕСТЕ и изведување некоја карактеристична точка за својата земја. Јас имав десет минутна точка преку која ја претставив нашата организација и убавините на Македонија преку незаборавните ИАЕСТЕ дружења, а потоа со помош на Хрватите изигравме оро и ја запеавме “Макeдонско девојче”. На крај испадна солидно шоу за разлика од некои земји кои немаа воопшто презентација. Од останатите презентации би ги издвоил таа на ИАЕСТЕ Чешка, навистина оригинална во вид на дијалог изнесоа факти и изгледаше доста природно, спонтано и впечатливо, полјаците се појавија во брод со црвено бела комбинација и промовираа нивна песна делејки листови со текстот, па успеаа да направат добра атмосфера, швајцарците се решија да ја презентираат својата земја преку квиз, а добри беа и словаците и домаќините, се разбира, како најбројни. По презенатициите следуваше супер журка во холот на хотелот. Прво ние балканците ја подигнавме атмосферата, а потоа таа се прошири. Во саботата имавме работни групи од 9 до 16 часот. Јас зедов учество во групата за маркетинг. Стана збор за SWOT и PEST анализи од аспект на ИАЕСТЕ. Поделени бевме во две подгрупи, јас ја презентирав работата на мојата, па сепак имаше што да научат од нас и некои “подобри” национални комитети. Потоа имавме разгледување на помаркантните делови од градот на пат до еден ресторан, блиску до водниот парк, каде имаше убаво испланирана културна точка, дегустација на домашно квалитетно вино проследено со традиционална унгарска музика. Вечерта започна со Гала вечер, во свечени одела или традиционални носии. Овој дел не е стандарден за ЦЕЦ, но беше воведен поради јубулејот, па следуваше интернационална вечер. Се разбира дека и Македонија беше достојно претставена. Иако доаѓав дирекно од пракса во Братислава, со минимални резерви на македонски специјалитети, сепак, повторно со балканска соработка, се добро се заврши. Општ впечаток беше дека организацијата беше на највисоко ниво. Се на се драгоцено искуство, супер и незаборавен провод и многу нови контакти. Благој Трајкоски 23


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

ТWIN Македонија - Полска Средбите TWIN се на некој начин интернационална културна размена помеѓу националните комитети на ИАЕСТЕ на две земји. Целта е запознавање на членовите, зголемување на интересот на земјите една за друга, а со тоа и збогатување на соработката помеѓу националните комитети. Како резултат на ваквите средби во изминатите години, со земјите со кои сме одржале TWIN имаме поплодна размена на генералните конференциии и имаме одлична соработка на секој план. Со националниот комитет на Полска отсекогаш сме имале пријателски односи, но тоа беше само еден дополнителен мотив да се собереме на една ваква неформална средба и да се забавуваме истовремено среќавајќи се со културата на другата земја. Првиот дел од TWIN-от се одржа во Македонија од 5 – 10 мај 2008. Бевме мала бројка на ИАЕСтовци присутни во Скопје кога пристигнаа полјаците бидејќи повеќето во тоа време беа на друг семинар. Работевме турбо да ги дочекаме добро и моравме ефикасно да ги поделиме обврските кој, каде и што да прави. Добро што тука беше Моника од Полска која била некогаш на пракса во Скопје, таа сега повторно дојде во посета на Македонија заедно со останатите, па така немавме проблем да им објасниме каде да дојдат. Гостите ги сместивме дома кај наши членови, па од 18 студенти кај мене преноќија 5. Како добро дојде ги однесовме вечерта во кафана каде се собравме солидна бројка на ИАЕСТЕ членови од двата комитети и супер си поминавме. Утредента тргнавме на планираната турнеја низ Македонија. Првата станица ни беше, се разбира, Охрид. Таму се сместивме во конаците на Католичката црква и тргнавме во разглед на градот. Времето беше малку студено, но се обидовме на нашите гости да им го доловиме духот на Охрид на најдобар начин, па по прошетката по сите знаменитости, јадевме плашици во крајбрежен ресторан на плажа. Утредента неизбежно беше да го посетиме Св. Наум и на полјаците да им го покажеме манастирот, но и прекрасните пејсажи возејќи се со кајче по изворите. Потоа заминавме низ Битола. Таму во друштво на членовите не ЛК Битола се прошетавме низ Широк Сокак, ги видовме Саатот, Старата Џамија и тн. Третиот ден веќе во Скопје се подготвуваше интернационалната вечер на која секоја земја требаше да ја претстави својата национална кујна. Се собраа полјаците кај мене дома да готват, сите 18. Со оглед на тоа што сите јадења беа превкусни, воопшто не зажалив за нередот во мојот стан. И полјаците и ние достојно се претставивме, а ноќта 24

ја завршивме учејќи ги новостекнатите пријатели да играат оро. И покрај напорната интернационална вечер, бурниот распоред мораше да се почитува, па утредента рано сабајле ги разбудивме гостите и ги одведовме на прошетка низ Скопје. Од старата железничка, преку старата турска чаршија со сите свои знаменитости па до скопското Кале, поминавме едно интересно претпладне. Потоа полјаците ни се придружија на Семинарот за Тренинг и Мотивација во Тајмиште кој започнуваше токму тој ден. Со нив делевме се, игравме, се забавуваме, едноставно, за тие неколку дена станавме како браќа. Нормално е што утредента кога веќе требаше да се вратат дома падна и по некоја солза. Сепак, утешителен беше фактот што на есен не очекуваше нова средба со нив на нивна териоторија, а тие не го криеја своето воодушевување од нашата организација. Јас сум релативно нов член на ИАЕСТЕ, но TWIN-от ме запозна со вистинскиот дух на ИАЕСТЕ и оттогаш јас го сакам моето ИАЕСТЕ . Луај Сауди, Анас Сауди


www.iaeste.org.mk

TWIN Полска - Македонија По 24 часовното патување во автобус доцна попладнето пристигнавме во Краков. Бидејки автобусот доцнеше неколку часа немавме можност да го разгледаме градот, туку веднаш мораше да се качиме во последниот автобус кој требаше да не однесе до Dobczyce. Пристигнавме во хотелот доцна вечерта, а полјаците како добри домаќини ни приредија одличен дочек – логорски оган, скара, квалитетно црвено вино како и роденденско изненадување за еден член на нашата делегација. За жал секој убав момент кратко трае што и овој пат не беше исклучок, забавата на отворено таа вечер ни ја растури поројниот дожд. Следното утро беше како да не е есен, сончево и топло, никаде ни трага од дождот минатата ноќ. Ни рекоа дека никој не се сеќава времето во Полска во тој период од годината да било такво и беа убедени дека ние, македонците, сме си го донеле сонцето со нас за да не грее во ладните есенски денови. Тогаш за прв пат видов на какво место пристигнавме. Хотелот се наоѓаше на една височинка од една страна опкружен со шума, а од другата страна прекрасен поглед на вештачкото езеро, реката и замокот. Dobczyce е малечко и мирно гратче (село) одалечено од Краков триесетина километри во кое има

само еден супер маркет, средновековен замок со музеј, езерце и неколку хотели т.е. се она што му е потребно за да живее од туризам. Денот го искористивме за разгледување на знаменитостите во околината, а доцна попладнето започнавме со подготовките за интернационалната вечер. Интернационалната вечер, земјите учеснички на TWIN-от (Македонија, Полска и Унгарија), ја искористија да ја претстават својата земја т.е. национална кујна и пијалоци. Знаев дека македонското вино е едно од најдобрите на светот, но не можев ни да замислам дека поради малата количина која ја понесовме со нас во Полска може да настане турканица околу последната чашка вино и околу тоа кој ќе ги земе етикетите од шишињата. По завршувањето на официјалниот дел на интернационалната вечер - претставувањето на земјите – се продолжи со забава до доцна во ноќта. Следниот ден го поминавме во разгледување на рудникот за сол Wieliczka, еден од најголемите и најстарите рудници за сол. Длабок е скоро 330 метри, а сите коридори заедно се во вкупна должина повеќе од 300 км. Она што овој рудник го прави посебен и различен од сите други рудници за сол се големиот број на скулптури кои се изработени од сол. Без сомнение најголема атракција во рудникот, освен џиновските скулптури од сол и подземното езеро, претставува катедралата која е изработена во карпа сол. Се што е потребно една катедрала да има е изработено од сол – олтарот, крстовите, декорациите на ѕидовите, столчињата, подот, покривот... дури и лустерите се изработени од кристали сол. Ова ремек дело е создадено од тројца рудари кои своето слободно време, цели триесет и четири години, го посветувале на “градење” на катедралата. Користејки го максимално она малку време што ни остана пред враќање дома попладнето и вечерта ја искористивме за разгледување на Краков. Како што и секој град, гратче и село во Полска си има замок, помал или поголем, така и Краков си има замок. Разликата е во тоа што овој замок е огромен, баш онаков како во цртаните или приказните, едноставно не може да се опише со зборови. Изграден во деветиот век, на највисокото место во градот во близина на реката Висла, замокот долг период претставувал водечки политички центар на државата. Ви кажав само за дел од она што се случува на еден TWIN. Доколку раскажувам детално за секој од деновите поминати во Полска сигурно не би ми стасал ни целиот годишен извештај. Ако имате можност да ја видите и доживеете Полска или пак мoжност да бидете дел од делегација на TWIN во никој случај немојте да ја испуштите.

Никола Видоевски

25


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Генерална конференција 2009 Оваа година се одржа 62-та Генерална Конференција во периодот од 16-ти до 22-ри Јануари 2009 година, во Варшава, Полска. ИАЕСТЕ Македонија на оваа ГК имаше најбројна делегација во последните 16 години, најмногу благодарение на поддршката од Машинскиот Факултет, како и од незанемарливата поддршка од Архитектонскиот Факултет и Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии. Петте делегати на оваа ГК беа: Александра Христов (Национален Секретар и делегат на Генералната Конференција), Снежана Домазетовска (одговорна за маркетинг), Андријана Колевска (одговорна за финансии), Бојан Величков (одговорен за странските студенти во Македонија), Десанка Ичитрајкова (поранешен Национален Секретар и кандидат за бордот на интернационално ИАЕСТЕ), а делегацијата беше помогната и од Благој Трајкоски кој во моментот ја извршуваше својата стручна пракса во Словачка. На разменските сесии уште во првите два дена беа разменети 48 пракси со 27 различни земји, а 3 пракси беа добиени на подарок. Земјите со кои беа разменети праксите се: Германија (7), Шпанија (6), Полска (6), Австрија (3), Турција (3), Белгија (2), В. Британија (2), Португалија (2), Словачка (2), Тунис (2), Босна и Херцеговина, Грција, Данска, Индија, Иран, Јапонија, Кина, Норвешка, САД, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Чешка, Швајцарија и Шведска. На конференциските сесии беше одлучено за битни промени на статутот и на правилникот на организацијата на интернационално ниво, како што е, на пример, укинување на местото на претседател и задрж��вање само на функцијата Генерален Секретар. За нов Генерален Секретар (2010-2012) е избран досегашниот претседател Горан Радновиќ од Србија, за член на бордот до 2012 беше избран Националниот Секретар на Германија - Гунтер Милер-Гречел, за довршување на мандатот на членот Хавиер Јарза кој се повлече од функцијата беше избран Томас Фалтнер од Австрија (до 2010), а на „студентското“ место со едногодишен мандат беше избрана Десанка Ичитрајкова од Македонија со огромна разлика во гласови пред нејзиниот противкандидат Лубомир Хорнак од Словачка. Изборот на Десанка во бордот на

интернационалното ИАЕСТЕ е огромен успех за ИАЕСТЕ Македонија и сигурни сме дека ќе ни донесе и многу голем напредок во следната година. Беа извршени презентации за ГК 2010 во Цирих, Швајцарија и Семинарот за Развој на ИАЕСТЕ 2009 во Гент, Белгија. За организатор на Генералната Конференција 2011 беше избрана Кина, во градот Шангај. Исто така беше потврдена успешноста на соработката со ISIC картичките, така што беше одлучено да се продолжи со тој проект и понатаму. Секоја вечер по напорниот ден беа оганизирани различни настани, од кои мора да се издвои вечерата по повод 50-годишнината од постоењето на ИАЕСТЕ Полска, кои како домаќини се погрижија за незаборавна прослава. Забавата беше одржана во прекрасната стара зграда на Политехничкиот факултет во Варшава, со оркестар во живо, катеринг на кој било посветено огромно внимание, а беа презентирани и награди за соработниците на ИАЕСТЕ во специјално подготвената програма. На Интернационалната Вечер, ИАЕСТЕ Македонија привлече огромно внимание како со храната и пијалоците донесени од нашето поднебје, така и со беџовите и налепниците изработени специјално за таа пригода. ИАЕСТЕ Полска ги претстави нивните традиционални свадбени обичаи како тема на таа вечер. Последната вечер беше одржана и Гала вечера на која беа доделени подароци за благодарност кон организаторите и која заврши со весело караоке во кое учествуваа сите претставници на земјите вклучени во ИАЕСТЕ. На оваа Генерална Конференција сфативме дека многу е полесно да се изврши успешна размена на пракси кога има вклучено повеќе разменски администратори, но огромно влијание имаше и подготвеноста на сите делегати во врска со праксите од Македонија и од областите на студии што ги покриваат нашите студенти. Сигурни сме дека со поголема финансиска поддршка и најголемото достигнување на нашата организација со членството на Десанка Ичитрајкова во бордот на интернационалното ИАЕСТЕ, на ИАЕСТЕ Македонија и претстои светла и успешна иднина. Александра Христов

26


www.iaeste.org.mk

Искуства од пракса

Мојата пракса во Јапонија

На пракса во Лисабон

Од 1 јули до 27 септември 2008 година извршував практична работа во RCAST (Research centre for advanced science and technology) во University of Tokyo – Токио, Јапонија. Ми беше доделен проект за изработка на МЕМС оптички прекинувач 2х1, при што успешно изработив стотици такви мали (микро) прекинувачи. Сместен бев во куќа на фамилија во Јокохама па секој ден морав да патувам со метро до работа и назад по час и половина, што беше баш интересно и покрај огромните гужви по станиците и возовите. Семејството - домаќин беше супер, многу срдечни и фини. Најверојатно тоа им е во генот?! Јапонија е супер уредена држава во која секој си ја гледа својата работа и ама баш ич не ги интересира што прават комшиите. Главно превозно средство им е возот најверојатно поради огромните гужви, но имаат и високо развиена еко свест, па ретко кога користат автомобили. ИАЕСТЕ во Јапонија е најактивно во летниот период и тоа само во големите градови т.е. само во Осака и Токио. Во летниот период имаше околу педесетина практиканти и барем три пати повеќе јапонци што не придружуваа на секој организиран настан. Организирани настани имаше секој викенд.Од позначајните места што ги прошетав можам да ги издвојам: Императорската палата, Дизниленд, Нико и Камакура, Tokyo tower, музеите на Sony и Мицубиши во Токио како и Аqua lаnd, замокот во Осака, меморијалниот центар од атомската бомба во Хирошима, златниот храм во Кјото, Yokohama land mark tower во Јокохама итн... Зоран Атанасовски

Мојата прва IAESTE пракса беше на техничкиот универзитет Instituto Superior Tecnico во Лисабон во Португалија. Уште со самото качување во португалскиот авион, имав претчувство дека ме чека најубавото лето досега. Лисабон е прекрасен град: мирен и сончев, крие волшебства на секој чекор. Ме воодушеви пред се со тоа што и покрај тоа што е современа метропола, сепак сосема го зачувал духот на минатите времиња. Не можев да се наситам секојдневно шетајќи по тесните шарени улички по идиличните маала на некој од седумте ридови, дослушнувајќи од далечините традиционална фадо музика. Многу музеи, цркви и споменици ги кријат тајните не само за португалската, туку и европската историја и уметност, како и за ерата на откритијата. Живеев во стан со 11 цимери, што значи го имав светот во мало. Секојдневни собиранки, журки, концерти, готвења на традиционална храна, забави во португалските барови... Имав доволно викенди да прошетам добар дел од Португалија, пред се прекрасните туристички места вдолж скоро целиот брег на Португалија. Кога не бевме на патување, не пропуштавме за викенд да одиме на плажа, па и сурфање во близина на Лисабон. Работев во реномирана и многу добро опремена лабораторија за роботска и компјутерска визија при институтот за роботика. Ова искуство ми донесе познанства со врвни професори, истражувачи и студенти во оваа област кои срдечно ми помагаа и од кои многу научив и кои пред се ми беа пријатели. Братислава ми остана во срцето Со еден збор кажано, изминатото лето за мене немаше ниту една маана и засекогаш ќе биде во моите Најубавите нешта се случуваат кога најмалку најубави спомени. очекуваме. За мене тоа беше Братислава. Братислава е град, не Ивана Чинговскa поголем од Скопје, распослан на брегот на Дунав, кој плени со својата култура, традиција и архитектура и останува во срцето на секој посетител. За време на мојот престој, работев во приватната фирма Ecore. Праксата беше работа на интернет апликација за мобилен телефон, така што корисникот би можел да купува од понудените производи на дадената интернет страница преку својот мобилен телефон. Идејата за ова беше во самиот зародиш, па на проектот почнавме да работиме од самиот почеток, прво креирајќи ја базата на податоци, а потоа работевме на дизајнот и ја програмиравме функционалноста на самата апликација. Презадоволна од работата и од односот на мојот одговорен што придонесе да научам многу нешта во врска со мојата професија. Покрај практичното искуство, тука е и животот во една нова земја, запознавање со нејзината култура, јазик, традиција. Заедно со останатите практиканти имавме можност да одиме на hiking weekend на Ниски Татри, кои се дел од Карпатите, да посетиме и други градови во Словачка, да го пробаме традиционалното јадење „халушки“, познатата „кофола“ како и најразлични пива. Добрата локација на Братислава ни овозможи да ги посетиме Виена, Прага, Будимпешта за време на викендите... тоа беа незаборавни патувања. Сето ова е непроценливо искуство кое не може да се стекне на друг начин, а споменот и пријателите остануваат за секогаш. Катерина Туџарова 27

29


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Практикантите за искуствата во Македонија

I don’t lie if I say that this is my best summer ever! I enjoyed from the first till the last hour of my time in Macedonia. I will have a good memory of this summer and of all of you for all my life. Albert Martos Ros, Spain

The technical experience I gained in Macedonia was invaluable to my development as a Chemical Engineer, the placement was perfect for me and it cemented the desired career direction for me. Whilst there I familiarized myself to the ethos of working in industry and made many friends and contacts for the future. The time spent with the design engineers was perfect and I gained a real insight into the foundations of design, the preliminary work needed, costing, and industry codes in practice. In my opinion not only did I gain this knowledge but I also was privileged to be alongside some of the most intelligent and experienced people in the industry, who were guiding me not only in regards to academia but also how to conduct myself professionally, and how to treat my colleagues, and most importantly that each employee has role to play in a company progression. Conor Hamill, UK

Even though it’s a bit chilly here in Finland, my warm memories from the land of super friendly and great people warms me up. :) I have to admit, it was a great ride. :) Mika Kinnunen – Finland

Just in short, I had awesome summer in Macedonia and thanks to all of IAESTE members you did great job and made my stay fairytale. I have great memories and met lots of great people. Milos Orszag – Slovakia

28

I had a wonderful time, visiting very nice places in the company of great friends and meeting new fantastic people. I think that after this superb experience I am now Macedonian, because this beautiful country with its fantastic people, is now in my heart. I am so happy for having made a lot of friends there that I consider now friends for life!! Nuno Mendes – Portugal

Many, many thanks to all the IAESTE members for taking so much care and planning activities daily! You are really doing a great job! I was sad to leave, but also laughing when thinking about some of you. I received the impression that you can be animated for almost every fun and kidding in the world and that’s what I enjoyed so much! Sandra Klein – Germany The social experiences of the traineeship in Macedonia were totally invaluable and unforgettable. IAESTE MK is a student administered organization. I was truly amazed at the coordination, coherency and professionalism that was associated, everything was organized perfectly, from trips away at weekends, to basic tasks such as language classes." Conor Hamill, UK


www.iaeste.org.mk

Пратени студенти и работодавци Студент

Земја

Факултет

Компанија/Институција

Период

Адријана Носачева

Турција

БИОХЕМИЈА Ege Universitesi Muhendislik Fakultesi

06.07.’08-31.08.’08

Александар Цветановски САД

ФЕИТ-КТИА

University of Maryland

07.16.’08-31.12.’08

Александара Шушевска

Чешка

ФЕИТ-ИКИ

IAESTE Czech Republic

01.07.’08-31.08.’08

Александра Христов

Шпанија

ФЕИТ-ИКИ

Consell Comarcal Del Maresme

01.07.’08-30.09.’08

Благој Трајкоски

Словачка

ФЕИТ-ТК

Sylex s.r.o.

15.09.’08-15.03.’09

Бојан Јанкуловски

Шпанија

МФС

Universitad de Malaga, DEPT de Automatika

01.03.’09-30.04.’09

Владимир Трајковски

Велика Британија МФС

Heroit Watt University

27.06.’08-29.09.’08

Владимир Лазов

Белгија

ФЕИТ-ЕТ

IMEC

01.11.’08-01.11’09

Влатко Стојановски

Германија

ФЕИТ-КТИА

Institut fur Verteilte Systeme

01.07.’08-30.08.’08

Ѓорѓи Мирчевски

Шпанија

ФЕИТ-ТК

UPM Grupo de tratamiento de imagines

16.07.’08-16.09.’08

Десанка Ичитрајкова

САД

ФЕИТ-КТИА

University of Maryland

01.03.’08-31.12.’08

Деспот Јакимовски

Германија

ФЕИТ-КТИА

Analytic Company GmbH

12.07.’08-31.12.’08

Елена Апостолова

Шпанија

ФЕИТ-КТИА

NEXTRET

02.06.’08-22.08.’08

Зоран Анастасовски

Јапонија

ФЕИТ-ЕРПС

RCAST, The university of Tokyo

01.07.’08-30.09.’08

Иван Ивановски

Велика Британија ФЕИТ-ИКИ

University of Kent

02.07.’08-02.09.’08

Ивана Чинговска

Португалија

ФЕИТ-ИКИ

Institute for Systems and Robotics

01.07.’08-22.09.’08

Ивона Матеска

Чешка

БИОХЕМИЈА Veterinary Research Institute

13.10.’08-12.04.’09

Катерина Туџарова

Словачка

ФЕИТ-ИКИ

Ecore Slovakia

14.07.’08-28.08.’08

Леонид Џиневски

Португалија

ФЕИТ-КТИА

Institute for Systems and Robotics

01.09.’08-01.12.’08

Магдалена Рашковска

Чешка

ФЕИТ-КТИА

TRIADA, spol

01.07.’08-31.01.’09

Маја Ѓорѓевиќ

Германија

БИОХЕМИЈА Institute fur Mechanische Verfahrenstechnik und Mechanik

01.07.’08-30.11.’08

Марија Лазова

Германија

МФС

01.09.’08-31.12.’08

Universitad Rostock

Марија Лопарска

Шпанија

АФ

ARQ/ING CATALUNYA, S.L

01.10.’08-31.12.’08

Марија Радеска

Швајцарија

ШУМАРСКИ

Institute for Applied plant biology

01.07.’08-30.11.’08

Мартина Мицевска

Шпанија

ФЕИТ-ИКИ

Universitad de Malaga, DEPT de Informatika

01.07.’08-08.08.’08

Наташа Шаурек

БиХ

ФЕИТ-ИКИ

Pincom d.o.o.

30.06.’08-29.08.’08

Никола Тодоровски

Германија

МФС

Institut fur Dynamic und Schwingungen 07.07.’08-31.08.’08

Предраг Весиќ

Велика Британија МФС

Сандра Милошевска

University of Ulster

02.06.’08-22.08.’08

Полска

БИОХЕМИЈА Instytut Podstaw Chemii Żywności  

18.07.’08-29.08.’08

Светлана Пендовска

Полска

ФЕИТ-КТИА

Nokia Siemens Network Sp. Z.o.o

02.02.’09-31.03.’09

Слободан Стефанов

Унгарија

ФЕИТ-ЕТ

Inter-University Centre for Telecommunication and Informatics

01.10.’08-31.11.’08

Снежана Домазетовска

Полска

АФ

Sound&Space Robert Robert Lebioda

14.07.’08-29.09.’08

Срѓан Младеновиќ

Финска

МФС

Helsinki Energy

23.06.’08-14.11.’08

Христина Цветковска

Португалија

ФЕИТ

EDP Distribuicao de Energia S.A.

01.07.’08-01.09.’08

Александар Петровски

Полска

АФ

Arhitektutre office CAD Ltd

11.08.’08-17.10.’08

Ирка Маличевиќ

Словенија

ГФ

Faculty of civil engineering

10.07.’08-10.09.’08

Љупчо Шачкаровски

Хрватска

АФ

Arhitektutra Matkovic

15.09.’08-15.03.’09

Филип Дубровски

Хрватска

АФ

Studio 3LDH d.o.o

01.07.’08-01.07.’09

Димитар Крстески

Хрватска

АФ

Quantum Studio d.o.o

01.10.’08-01.07.’09

29


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008

Работодавци и примени студенти Компанија/Институција NLB Тутунска Банка Авто Куќа - Скопје Амплеком ДООЕЛ АМСМ Скопје Бабилон Софтвер Солушн Бенинг Псам ДОО Бетон Бортас ДОО - Скопје Вардар Доломит Геинг и Кребс ДОО ДАСТО - Скопје Дијагностика Фармахем Еин-Соф ДООЕЛ ЕЛЕМ ИЗИИС Интервеј ДОО Кнауф - Скопје Мак Ауто Стар ДООЕЛ - Скопје Машински Факултет - Скопје Машински Факултет - Скопје Национален Конзерваторски Центар ОКТА АД - Скопје Порше Македонија ДООЕЛ Скопје Сивус - Скопје Сискон ДООЕЛ ТГС Технички Гасови АД - Скопје Технолошко-Металуршки Факултет Топлификација Топлификација Факом А.Д Факултет за Фармација ФЕИТ Скопје ФЗЦ ''11 Октомври" Куманово ФОД ДООЕЛ Новаци

30

Студент Krzysztof Piotr Morcinek Dimitri Cardoso Silva Milos Orszag Joan Andres Zorio Javier Luque Carles Blasco Gonzalez Krzysztof Marcin Burzynski Eliska Rackova Roberta Camilleri Garcia David Palicio Pedro Martinho d’Aleantara Carreira Nuno Mendes Miguel Beirao Zieba Grzegorz Maciej Jaroslaw Sobocinski Jordi Mansanet Sandin Bora Tunca Olivier jan Brocard Albert Martos Ros Hackett Bennet Lloyd Roel Coupillie Mihal-Bogdan Manda

Земја Полска Португалија Словачка Шпанија Шпанија Шпанија Полска Чешка Малта Шпанија Португалија

Период 14.07.’08-07.09.’08 11.08.’08-19.09.’08 01.07.’08-25.09.’08 21.07.’08-31.08.’08 01.07.’08-31.08.’08 04.08.’08-13.09.’08 14.07.’08-31.08.’08 01.06.’08-31.07.’08 07.07.’08-24.08.’08 03.07.’08-14.08.’08 22.09.’08-31.10.’08

Португалија Полска Полска Шпанија Турција Швајцарија Шпанија Велика Британија Белгија Романија

01.07.’08-08.08.’08 14.07.’08-22.08.’08 07.07.’08-18.08.’08 02.07.’08-02.09.’08 01.07.’08-09.08.’08 11.08.’08-03.10.’08 07.07.’08-29.08.’08 23.06.’08-01.08.’08 30.06.’08-11.08.’08 15.07.’08-15.09.’08

Hamill Conor Daniel Jose Manuel Caldentey Pozo

Велика Британија Шпанија

30.06.’08-08.08.’08 21.07.’08-29.08.’08

Radoslaw Adam Chmielarz David Shi Adrian Jimenez Garcia Mirjana Medojevic

Полска САД Шпанија Србија

01.07.’08-30.09.’08 02.06.’08-25.07.’08 02.08.’08-30.08.’08 15.09.’08-01.11.’08

Michal Cervenka Wcislo Oliwia Iwona Patel Hitesh Klein Sandra Mika Olavi Kinnunen Hasenbein Nicholas Rainer Gerhard Piotr Jakub Lesniewicz

Чешка Полска Велика Британија Германија Финска Германија

10.09.’08-10.10.’08 10.11.’08-05.12.’08 18.08.’08-26.09.’08 01.06.’08-15.07.’08 02.10.’08-28.11.’08 01.09.’08-13.10.’08

Полска

04.07.’08-29.08.’08


www.iaeste.org.mk


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2008


IAESTE Macedonia Annual Report 2008