Page 1


Производство на црвено вино

„ In Medias Res ____________ број 4

7

В

о просториите на нашето училиште се наоѓа мини винарија која произведува вино во наставни цели. Под менторство на професор Благој Мишковски учениците произведуваат скромни количини вино, а на тој начин го учат древниот занает на преработката на плодовите од виновата лоза – грозјето. Секоја година се избираат најубавите гроздови од школската плантажа и се претвараат во прекрасна напивка. Го замоливме професорот Благој Мишковски да ни ја открие тајната за подготовка на врвното црвено вино Вранец, која тој со задоволство ја прифати.

З

„Во виното е вистината. “

3.

релоста на грозјето при берба зависи од стилот на виното кое сакаме да го добиеме. Сепак, главните параметри за избор на грозјето и времето на бербата е овошниот вкус на грозјето. Грозјето се бере во вистински момент. Треба да биде здраво и умерено ладно. Затоа се бере во утринските часови. Во најкус рок се носи во винаријата за прием, се двои од петелките и потоа се гмечи. Оттука гроздовата каша се пренесува во садовите за ферментација. Се додаваат селекционирани квасци и смесата се меша. Во текот на процесот на ферментација, на површината на садот се формира таканаречена винска капа составена од цврсти делови на зрното. Оваа винска капа се потопува или се оросува со вино, кое се зема од дното на садот. Ова придонесува за екстракција на боја и танин од гроздовата каша. Почетната температура на ферментација е од 18-200 C, а оптималната од 25-280 C. Кога винарот ќе заклучи дека виното има доволно добра боја, арома и екстрахирани танини(од 4 – 7 дена) се одвојува од цврстите делови. Тука, како и кај белото вино, се одвојува самоток и фракции на пресата. По пресувањето, се остава да заврши ферментацијата на шеќерот во алкохол. Ова е таканаречен процес на тивка ферментација, за време на која виното ферментира до сувост (без остатоци од шеќер).

Вино

4.

5.

Со падот на температурите може да се спроведе полесно бистрење на виното со бентонит, желатин, белка од јајце и сл. Следува процес на зреење на виното во садовите или во бурињата. Пред да се филтрира виното, потребни се неколку преточувања (првото е отворено, а другите се затворени). По потреба се извршуваат неколку филтрирања, а последното, пред да се разлее во шишиња, е стерилно.

6.

Здравите суви вина со доста алкохол (над 13%) не треба да бидат стерилно филтрирани пред полнење. Во текот на зреењето на виното пермаментно се вршат лабораториски анализи, а пред се се следат испарливите и вкупните киселини, слободниот SO2 , Ph и други параметри. Кога виното достигнува зрелост повторно се дегустира и тестира лабораториски, се филтрира и лесно сулфитира. Следува полнење во шишиња. Потоа се бара повод повеќе за да се ужива во убавината на бојата, вкусот и мирисот на произведеното вино и во опуштеноста на духот што ја создава овој божествен производ.

In Medias Res ____________ број 4

1.

2.

8

In Medias Res  

In medias res, vesnik na Gjorce Petrov - Kavadarci

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you