Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН 2010 – 2013

Мај, 2013 Битола


СОДРЖИНА

Вовед Имплементирани проекти и постигнати резултати Проекти од Министерство за локална самоуправа и Програма за регионален развој Проекти одобрени во рамките на ИПА инструментот на ЕУ Проекти одобрени од други донатори Членство во меѓународни организации

2

www.pelagonijaregion.mk

3 4 4 17 26 35 25


ВОВЕД Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) е институција формирана согласно Закон за рамномерен регионален развој на РМ (Сл. Весник на РМ, бр. 63 од 22.05.2007) од страна на деветте општини кои влегуваат во рамките на Пелагонискиот регион: Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени. ЦРППР оперативно функционира од 2010 година и ја има улогата на извршна структура при имплементацијата на Стратегијата за рамномерен регионален развој на РМ 2009-2019 година и Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 20102015 година. Тековното работење на ЦРППР во првите пет години од формирањето (2008 – 2013 година), е ко-финансирано помеѓу општините – основачи и Министерството за локална самоуправа на РМ (МЛС), во сооднос 50:50 %. Проектните активности кои треба да придонесат за остварување на

целите и приоритетите на Стратегијата за рамномерен регионален развој на РМ и Програмата за развој на Пелагонискиот регион се финансираат преку проектни грантови обезедени од домашни и странски донанатори. По однос на договори за кофинансирање од МЛС, ЦРППР има обезбедено вкупно 3.600.00,00 МКД а од општините-основачи 5.710.123,00 МКД. Вкупно, во ЦРППР државата има вложено 9.310.123 МКД. Со тие средства, ЦРППР има подгтовено и поднесено вкупно 66 проектни апликации, од кои 22 се одобрени а имаат вкупна вредност од 89.473.936 МКД. Во моментот, дополнителни 15 проекти се во фаза на евалуација. Ако бројките се сумираат тие покажуваат дека секој вложен буџетски денар во ЦРППР, наменет за тековно работење, оваа институција го враќа назад во регионот преку проектни активности речиси десеткратно (сооднос 1 : 9.6)

Домашни и странски донатори со кои ЦРППР воспоставил соработка во периодот 2010-2013

www.pelagonijaregion.mk

3


ИМПЛЕМЕНТИРАНИ ПРОЕКТИ И ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ Во своето работење, ЦРППР има реализирано или е во фаза на реализација на вкупно 22 проекти. Од нив, 13 се ф и н а н с и р а н и п р е к у П р о г р а м ат а з а регионален развој на РМ за 2010, 2011 и 2 01 2 г о д и н а , 2 с е в о р а м к и т е н а Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија (Компонента II), 5 се финансирани од странски амбасади во РМ,

1 од Министерство за култура на РМ и 1 од Регионот Долна Нормандија (Франција). Проектите поднесени во рамките на Програмата за регионален развој на РМ за 2013 година (вкупно 10) се во завршна фаза на евалуација, заедно со уште 5 други проекти поднесени до странски амбасади во РМ, Електрани на Македонија и Министерство за животна средина на РМ.

ПРОЕКТИ ОДОБРЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И ПРОГРАМА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА РМ Согласно содржината на Законот за рамномерен регионален развој, Министерството за локална самоуправа на РМ преку Бирото за регионален развој на РМ (БРР), еднаш годишно објавува повик за реализација на Програма за рамномерен регионален развој на РМ, на кој покрај општините, можат да се јават како апликанти и Центрите за регионален развој во земјата. Во периодот 2010-2013 година,

Р.б 1

4

ЦРППР има подготвено и испратено вкупно 35 проектни апликации од кои 13 се одобрени а други 10 се во фаза на финално одобрување. 8 проекти се успешно реализирани а 5 проекти се во фаза на имплементација. Проектите, кои имаат вкупна вредност од 22.427.307 МКД а кои МЛС преку БРР и Програмата за регионален развој му ги има одобрено на ЦРППР се следните:

Име на проект Институционална надградба и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот регион – Градиме Партнерства

2

Изработка на техничка документација за изградба на пат од населено место Заположани општина Долнени до населено место Славеј општина Кривогаштани

3

Изработка на комплетна техничка документација за реконструкција на Зоолошката градина во Битола

4

Изработка на техничка документација за изградба на паркинг за сточен пазар во Кривогаштани

www.pelagonijaregion.mk


Р.б

Име на проект

5

Изработка на студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (општина Битола и општина Ресен)

6

Набавка на опрема за ТППЕ Прилеп (го покрива регионот на Прилеп, Кривогаштани и Долнени) и опрема за волонтерските единици

7 8

9

Втора фаза за изградба на хлорна станица во с. Дебреште Реконструкција на живеалиште за нилски коњ во Зоолошка градина Битола Изработка на урбанистички план вон населено место за изградба на туристичко рекреативен комплекс Големо Илино во општина Демир Хисар

10

Изработка на ЛУПД за индустриска зона Петилеп, Oпштина Могила

11

Изработка на техничка документација за изведба на водовод за индустриска зона Макази во Oпштина Ресен за дистрибутивен центар

12

Реализација на проект за заштита (физичка и биохемиска) на регионален природен извор Дебреште

13

Изградба на тротоар на магистрална сообраќајница во Oпштина Кривогаштани кон Oпштина Крушево

www.pelagonijaregion.mk

5


ПРОЕКТ: ИНСТИТУЦИОНАЛНА НАДГРАДБА И ПОДДРШКА НА БИЗНСИ АКТИВНОСТИТЕ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН – ГРАДИМЕ ПАРТНЕРСТВА Резултати кои беа постигнати со проектот: Во целиот Пелагониски регион, најмалку 100 службеници од единиците на локалната самоуправа, невладиниот и

јавниот сектор обучени се за подготовка и имплементација на проектни апликации, финансирани од различен вид на донатор,

Конференција за отворање на проектот, Битола, септември 2010

6

www.pelagonijaregion.mk


Обраќање на г-ѓа Емилиа Ѓероска на конференцијата, Битола, семптември 2010 Одделенијата за ЛЕР во 9 општини во Пелагонискиот регион технички се доопремени со ИТ технологија, Одржани се 3 регионални презентации на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион (Ресен, Демир Хисар, Могила)

Презентирање на можностите за инвестирање Презентирање на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион пред бизнис секторот во Пелагонискиот регион пред бизнис секторот во општина Ресен во општините Могила и Новаци

www.pelagonijaregion.mk

7


Одржани се 2 меѓународни презентации на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион (Лерин, Р. Грција и Корча, Р. Албанија)

Презентирање на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион пред бизнис секторот во Лерин, Р.Грција

Презентирање на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион пред бизнис секторот во Корча, Р.Албанија

Изработен и пуштен во функција е веб портал за поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот регион www.pelagonijabiznis.mk Изработен и дисеминиран е четиријазичен Водич за инвестирање во Пелагонискиот регион

82

www.pelagonijaregion.mk


ПРОЕКТ: ИЗРАБОТКА НА КОМПЛЕТНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО БИТОЛА Резултати кои беа постигнати со проектот: Изработена е техничка документација за реконструкција на Зоолошката Градина во Битола која опфаќа 26 живеалишта и 7 комплементарни објекти

Новиот мастерплан на Зоолошка градина - Битола

www.pelagonijaregion.mk

9


Остварена е Студиска посета на Зоо Љубљана, Словенија

Студиско патување во ЗОО Љубљана, Република Словенија

10

www.pelagonijaregion.mk


Изработена е Едукативна програма за маркетинг и промоција на Зоо Битола

Изработен е двегодишен Акциски план за зголемување на посетеноста на Зоолошката Градина

Завршено е брендирањето на Зоо Битола; Изработено е лого, слоган и химна на Зоо Битола

Ламбе Алабаковски и дечињата од хорот “Ѕвончиња” на снимањето на спотот за химната на Зоо Битола, “Место за нас” Изработена е Маркетинг - анализа за користење на промотивни иновативни алатки во насока на зголемување на средствата од самофинансирачка дејност на Зоолошката.

www.pelagonijaregion.mk

11


Развиени се механизми за воспоставување соработка и перманентна комуникација со релевантни институции, организации и Зоолошки Градини во регионот, државата и надвор од границите на државата

Претседателот на Р.Македонија Д-р Ѓорге Иванов во посета на Зоолошката градина - Битола по повод промовирањето на изработената техничка документација и денот на планетата земја

12

www.pelagonijaregion.mk


Работна посета на Зоолошката градина Инсбург, Австрија

Посета на годишна конференција на ЕАЗА во Инсбург, Австрија

www.pelagonijaregion.mk

13


ПРОЕКТ: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖИВЕАЛИШТЕ ЗА НИЛСКИ КОЊ ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА БИТОЛА Во рамките на проектот беа целосно имплементирани две фази од п р е т хо д н о и з р а б оте н ат а тех н и ч к а документација за реконструкција на живеалиштето на нилскиот коњ.

14

Изградбата на живеалиштето е во согласност со современите стандарди на Европската Асоцијација на Зоолошки и Аквариуми (ЕАЗА) и Директивата на ЕУ за чување на животни во заробеништво.

www.pelagonijaregion.mk


ПРОЕКТ: ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА МАНАСТИРСКИОТ ТУРИЗАМ НА БАБА ПЛАНИНА (ОПШТИНА БИТОЛА И ОПШТИНА РЕСЕН) Резултати кои беа постигнати со проектот: Изработен е Каталог со линија на поврзување на црквите и манастирите на Баба Планина во општините Битола и Ресен и објаснување за нивното значење; Изработена е Студија за поврзување на црквите и манастирите на Баба Планина;

www.pelagonijaregion.mk

15


16

www.pelagonijaregion.mk


ПРОЕКТ: НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА ТППЕ ПРИЛЕП (ГО ПОКРИВА РЕГИОНОТ НА ПРИЛЕП, КРИВОГАШТАНИ И ДОЛНЕНИ) ИОПРЕМА ЗА ВОЛОНТЕРСКИТЕ ЕДИНИЦИ Во рамките на активностите на проектот набавена беше високософистицирана опрема за Територијалната Противпожарна Единица во општина Прилеп (ги опслужува и општина

Долнени и Кривогаштани) за заштита пожари и намалување на ризикот вработените во извршувањето професионалните задачи во висина 2.787.964 МКД;

од на на од

Резултати кои беа постигнати со проектот: Опремувањето на ТППЕ Прилеп со нова професионална опрема за заштита од пожари е целосно завршено; Намален е ризикот на вработените во извршувањето на професионалните задачи и обврски; Подобрен е квалитетот на интервенциите во спречување и заштита од пожари; Зголемен број на спасени луѓе, живеалишта, недвижен и подвижен имот; Материјалните штети и оперативните трошоци на корисниците на услуги се намалени; Официјално примопредавање на противпожарната опрема

Изведување на противпоказна вежба на ТППЕ Прилеп со набавената противпожарна опрема

www.pelagonijaregion.mk

17


ПРОЕКТ: ВТОРА ФАЗА ЗА ИЗГРАДБА НА ХЛОРНА СТАНИЦА ВО С.ДЕБРЕШТЕ Со проектот, беше целосно дозавршена хлорната станица во с. Дебреште, Општина Долнени. Изградбата на хлорната станица беше претходно започната од страна на Регионалната Развојна Агенција ПЕЛАГОНИЈА ПРЕДА, со проектот на ЦРППР опремена и ставена во функција. Во рамките на проектот беа

изработени термичка фасада, изработена и вградена ПВЦ дограма, високо квалитетни киселоотпорни керамички-клинкер плочки, беше набавена и монтирана ограда, а станицата беше и опремување со мебел и санитарија. Покрај изградбата на самата хлорна станица, изграден беше и пристапен пат до неа со цел непречено работење и безбеден дотур на боци со хлор.

Резултати кои беа постигнати со проектот: Комплетно е изградена хлорната станица во с. Дебреште; Зголемен е бројот на жители кои се приклучени на водоводната мрежа; Намален е бројот на заразни болести како резултат на подобрените услови за лична и санитарна хигиена и квалитетна вода за пиење; Минимизирни се можностите за појава на епидемии;

Официјално отворање на хлорната станица во с. Дебреште, општина Долнени

18

www.pelagonijaregion.mk


ОДОБРЕНИ ПРОЕКТИ ВО РАМКИТЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион е подобен апликант на две од Програмите за прекугранична соработка во рамките на втората компонента на Инструментот за претпристапна помош на ЕУ, и тоа: Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Р е п у б л и к а Гр ц и ј а и П р о г р а м а з а прекугранична соработка помеѓу

Република Македонија и Република Албанија. На петте отворени повици од двете програми, ЦРППР поднесе вкупно 10 проектни апликации од кои одобрени се 2. Двете одобрени апликации се поднесени во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013 година.

ПРОЕКТ: РАЗВИВАЊЕ НА ПЛАН ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА ЗАШТИТА ОД ПОЖАР - FIRESHIELD Целта на проектот е да се придонесе во прекуграничната соработка во делот на заштита на животната средина преку развивање на заеднички прекуграничен план за противпожарна заштита и зајакнување на капацитетите на регионалните

противпожарни одделенија. Период на реализација на проектот е март 2012 – септември 2013. Активностите на проектот опфаќаат, информирање на јавноста преку медиуми и кампања за подигнување на свеста, изработка на прекуграничен план за заштита од пожари, активности за зајакнување на капацитетите за притовпожарна заштита, размена на искуства помеѓу противпожарните единици во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин.

Очекувани резултати по завршувањето на проектот: Набавени се и инсталирани 140 надземни хидранти во Пелагонискиот регион; Набавени се и доделени најмалку 76 високо софистицирани противпожарни одела; Набавена е компјутерска опрема за Територијалните противпожарни единици во Пелагонија;

www.pelagonijaregion.mk

19


Изработен и инсталиран е софтвер за следење и пријавување во случај на појава на пожар во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин; Изработени се сателитски снимки при евентуална појава на пожар во прекуграничниот регион; Развиен е план за заштита од пожар во прекуграничниот регион Пелагонија /Лерин; Потпишан е протокол за справување со пожар во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин; Воспоставен и опремен е волонтерски мото-тим за брзо дејствување при појава на пожар во тешко достапните места на прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин; Поставени се информативни знаци за спречување на појава на пожар во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин;

Примопредавање на противпожарните одела на ТППЕ - Битола

20

www.pelagonijaregion.mk


ПРОЕКТ: ИНОВАТИВНИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН ПЕЛАГОНИЈА/ЛЕРИН ”ЗОО ИНОВАТИВА” Главната цел на проектот е да придонесе во подобрување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин преку креирање и менаџмент на иновативни производи и услуги со цел подигање на општата свест во прекуграничниот регион, за важноста во учеството на заштитата и унапредувањето на животните ресурси. Периодот на реализација на проектот е декември 2012 – јули 2014.

Специфични цели на проектот: - Воведување на иновативни образовни програми за подобрување на еколошките ресурси во прекуграничниот регион; - Градење на капацитетите на релевантните чинители во однос на заштитата на биолошката разновидност; - Да се подобри инфраструктурата во Зоолошката со цел да се поддржат институционалните капацитети за подобрување на животната средина; - Да се имплементира кампања за подигнување на свеста во прекуграничниот регион, преку развој на дигитални - медиа пакети.

Очекувани резултати по завршувањето на проектот: Изградени се 8 нови живеалишта во Зоо Битола; Изградени се 2 комплементарни објекти во Зоо Битола; Воведен е и функционален волонтерски систем со 10 волонтери во Зоо Битола; Развиени и функционални се 5 најмалку 5 едукативни тури во Зоо Битола; 240.000 жители на Пелагонискиот регион се информирани за важноста на ресурсите на животната средина; Реализирано е Студиско патување за 10 волонтери во Зоо Љубљана, Словенија; Реализирани се обуки за студенти и државни службеници од Пелагонискиот регион; Набавени се 10 комплети облека за волонтерите во Зоо Битола; Изградени се институционалните капацитети за заштита на животната средина и заштитата на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин;

www.pelagonijaregion.mk

21


Живеалишта и објекти кои ќе бидат изградени во рамките на одобрениот проект ЗОО ИНОВАТИВА за прекугранична соработка Новиот влез и билетара на Зоолошката градина - Битола

Нов објект фарма во Зоолошка градина - Битола

22

www.pelagonijaregion.mk


Ново живелиште за лав и тигар во Зоолошка градина - Битола

Ново живелиште за лисица и ракун во Зоолошка градина - Битола

www.pelagonijaregion.mk

23


Ново живелиште за мечка во Зоолошка градина - Битола

Ново живелиште за мајмуни во Зоолошка градина - Битола

24

www.pelagonijaregion.mk


Ново живелиште за рис во Зоолошка градина - Битола

www.pelagonijaregion.mk

25


ПРОЕКТ: РЕГИОНАЛНИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРАТА ВО ПЕЛАГОНИЈА П р о е к тот б е ш е финансиски поддржан од страна на Министерството за култура на РМ во рамките на програмата за финансирање на проекти од национален интерес. Проектната имплементација опфати организација на миграција на културни настани од една во друга Пелагониска општина. За време на проектот беа прикажани три детски и една п р е тс т а в а з а в о з р а с н и в о Долнени, Кривогаштани, Новаци и Демир Хисар, беше остварено гостување на хор со црковна програма во Крушево, беа отворени две изложби на домашни и странски автори во Ресен и Битола, беше прикажана

Посета на културно уметничко друштво од Република Хрватска во општина Могила битолската градска носија од XIX век во Прилеп а во Могила беше остварено гостување на Хрватско фоклорно друштво.

Изведба на хорот Стив Наумов – Битола во општина Ресен

26

www.pelagonijaregion.mk


ПРОЕКТИ ОДОБРЕНИ ОД ДРУГИ ДОНАТОРИ ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ХИДРАНТСКА МРЕЖА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАН ОД ЈАПОНСКА АМБАСАДА

Со овој проект набавени беа 140 надземни хидранти за потребите на п р от и в п ож а р н и те в о з и л а в о ц е л и от Пелагониски регион и зголемување на бројот на успешни интервенции при гаснење пожари во секоја од Пелагониските општини. Процесот на нивна инсталација

беше извршен од страна на јавните претпријатија за водоснабдување во Пелагонија во соработка со територијалните противпожарни единици. Хидрантите беа инсталирани во рурални средини со цел подобрување на противпожарната заштита на овие делови од Пелагонија.

www.pelagonijaregion.mk

27


ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ РЕГИОНОТ ДОЛНА НОРМАНДИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во рамките на оваа соработка, во периодот 2010-2013 година, беа реализирани три студиски пат увања во Регионот Долна Нормандија на делегации од Пелагонискиот регион составени од Градоначалници, Советници, уметници, и директори на културни установи а исто така беа реализирани и три работилници за зајакнување на капацитетите на засегнатите страни во културниот сектор. Во рамките на оваа соработка, користејќи ги искуствата во делот на културниот менаџмент во Регионот Долна Нормандија, формирана е Мрежа за развој на културата во Пелагонискиот регион, составена од претставници на општинските администрации, независни уметници, невладиниот сектор и директори на национални културни установи. Целта на оваа мрежа ќе биде да се унапредат состојбите во секторот култура во целиот регион, преку засилена координација и комуникација на сите важни чинители во овој сектор. Крајниот резултат кој се очекува да се постигне во рамките на оваа соработка е изработка и усвојување на Стратегија за развој на културата во Пелагонискиот регион и нејзина имплементација.

28

www.pelagonijaregion.mk


ПРОЕКТ: ВОВЕДУВАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО БИТОЛА ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАН ОД ХОЛАНДСКА АМБАСАДА Целта на проектот беше да се подобри економскиот развој во Пелагонискиот регион преку вработување на специфични групи население во сектори со потенцијал за развој.

Активностите на проектот опфатија: 1. Избор на 4 волонтери и нивни ангажман во ЗОО Битола; 2. Почетна обука на избраните волонтери спроведена од страна на ЗОО Битола и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион; 3. Официјално воведување и спроведување на волонтерска служба во ЗОО Битола; 4. Изработка на веб-страница (www.zoobitola.mk) за ЗОО Битола; 5. Дизајн, печатење и дистрибуција на промотивни материјали за ЗОО Битола;

Посета на амбасадорката на Кралството Холандија во Зоолошката градина Битола

Резултати кои беа постигнати со проектот: Професионално беа ангажирани 4 студенти од Пелагонискиот регион во Зоо Битола Создадени и промовирани беа новите иновативни производи и услуги во ЗОО Битола – 5 едукативни тури.

www.pelagonijaregion.mk

29


ПРОЕКТ: ВОВЕДУВАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕУ ЛЕАДЕР ПРИСТАПОТ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ЕУ ЛЕАДЕР пристапот е посебен метод на Европска Унија кој се користи за забрзување на руралниот развој овозможувајќи му на населението да изнајдат нови начини на соработка и да г и п о д о б р а т у с л о в и т е з а ж и в о т. Иницијативата ЛЕАДЕР претставува иновативен пристап во рамките на политиката за рурален развој на ЕУ преку кој се стимулира полноправност и заедништво на сите чинители во процесите на градење на политики, донесување на одлуки и спроведување на активности поврзани со руралниот развој. Ц е л т а н а п р о е к тот е п р е к у и н и ц и ј ат и в и , а к ц и и и м о д е л и з а соработка помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, поттикнување на економскиот раст и создавање на нови

работни места да се подобрат условите на живот во руралните средини на Пелагонискиот регион.

Активностите на проектот опфатија: Конференција за отворање на проектот

Официјално започнување на проектот ЛЕАДЕР

30

www.pelagonijaregion.mk


Организирање на 3 инфо денови во Пелагонискиот регион Дизајн и печатење на промотивни материјали

Инфо ден во општина Битола

Инфо ден во општина Ресен

www.pelagonijaregion.mk

31


Организирање на 3 работилници во Пелагонискиот регион

Работилница во општина Битола

Работилница во општина Прилеп

32

www.pelagonijaregion.mk


Организирање на 12 тренинзи во Пелагонискиот регион

Тренинг во општина Ресен

Тренинг во општина Битола

www.pelagonijaregion.mk

33


Организирање на 3 состаноци за формирање на ЛАГ-ови во Пелагонискиот регион

Посета на амбасадорот на САД Пол Волерс на една од обуките за ЛЕАДЕР

Регистрирање во Централен регистар на РМ на 3-те Локални Акциони Групи формирани во Пелагонискиот регион

Очекувани резултати: Подобрена информираност во Пелагонискиот регион за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот Мобилизирање на лидерите од приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, кои се спремни да посветат време и енергија на процесот Зголемени капацитетите на локалните заинтересирани страни за подготвување и имплементација на проекти Подготвени анализи и студии за проценка на локалните потреби и капацитети Зајакнати капацитети за управување со Локални Акциони Групи Воспоставени и регистрирани три Локални Акциони групи

34

www.pelagonijaregion.mk


ЧЛЕНСТВО ВО МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ СЕР – СОБРАНИЕ НА ЕВРОПСКИ РЕГИОНИ (AER – ASSEMBLY OF EUROPEAN REGIONS) Центарот за развој на Пелагонискиот регион е член на Собранието на Европски Региони од 2010 година. Градоначалникот на општина Битола г- д и н В л а д и м и р Та л е с к и в о е д н о и Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, со одлука на Генералното собрание на АЕР е член на Бирото на АЕР, кое претставува оперативно тело помеѓу две Генерални собранија. Собранието на Европски региони е формирана во 1985 година, и претставува најголемата независна мрежа на региони во Европа која обединува преку 270 региони од 33 земји со специфична мисија: -да ги промовира принципите на еднаквост и регионална деморкатија;

-да го зголеми политичкото влијание на регионите во рамки на институциите на Европската Унија; - д а г и п о д д р ж и р е г и о н и те в о процесот на европска интеграција и глобализација; -да ја зајакне интеррегионалната соработка во Европа и пошироко. Членството во Собранието е особено важно во насока на меѓународна промоција н а П е л а го н и с к и от п л а н с к и р е г и о н , регионално поврзување со други региони во Европа како и аплицирање со заеднички проекти до Европскиот фонд за регионален р а з о ј ( E u r o p e a n Fu n d fo r R e g i o n a l Development – ERDF) и други фондови на Европската Унија.

www.pelagonijaregion.mk

35


КАПАЦИТЕТИ НА ЦЕНТАРOT ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИOT ПЛАНСКИ РЕГИОН

Во моментот, во ЦРППР професионално ангажирани се 5 лица, а неговото седиште е во општината со најголем број на жители во Пелагонискиот регион – Битола. Дел од активностите за јакнење на човечките капацитети на вработените на ЦРППР: Обука за спроведување на е - јавни набавки, одржана во Скопје ЕУ Регионална Политика, одржана во Брисел Тренинг за успешно имплементирање на ЕУ проекти, Битола Постигнување на социјална и економска одржливост преку енергетска ефикасност на Централно и локално ниво, одржана во Скопје Работилница за проект менаџмент и стратешко планирање, одржана во Битола Работилница на тема Урбано планирање и менаџмент на земјиште, одржана во Албанија Тирана, Работна средба во рамкитет на програмата за децентрализиран соработка Долна Нормандија – Македонија, одржана во Франција Еднодневна обука за јавни набавки, одржана во Битола Работилница на Постојана работна група во прекуграничниот регион одржана во Општина Ресен Територијалниот ЛЕАДЕР пристап за Регионалниот рурален развој: стратегија, организација и финансирање, одржана во Илок, Хрватска Обука за јавни набавки за ресертификација, одржана во Скопје Работилница за управување со отпад, одржана во Скопје Обука за Децентрализација одржана во Хаг, Холандија Обука за Стратешко планирањe, одржана во Битола

ПОТПИШАНИ МЕМОРАНДУМИ НА ЦРППР Карана Корпорација - Проект за експанзија на мали бизниси Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Алка - Центар за одржлив развој Федерација на Фармери на Република Македонија Биосфера- Центар за едукација, заштита на животната средина и природата Универзитет ,,Св.Климент Охридски”; Зоолошка градина – Скопје; Фондација БСЦ – Битола; ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА.

Отчет ЦРППР  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you