Issuu on Google+

ГРАДИМЕ СВЕТОВИ ЌЕ ГО ИЗГРАДИМЕ И ВАШИОТ


Почитувани, Секоја компанија има важна улога во општествениот развој на заедницата во која што дејствува. Во Цивкон АГИ корпоративната одговорност се исполнува преку одговорниот пристап, како и преку односот кон вработените и деловните партнери и секако со посебна грижа за здрава и чиста околината. Ние знаеме дека квалитетот, ефикасноста и економичноста се првите три чекори на патот до успехот. Затоа секојдневно работиме на подобрување на организационата структура, а во работењето ги имплементиравме меѓународните стандарди ИСО 9001:2008 и ИСО14001:2004. Цивкон АГИ со грижа одговоара на барањата на сите клиенти, ги разбира нивните потреби и ги запазува договорените рокови. Сите свои ресурси ги ставаме во полза на добивање висококвалитетен производ, но сепак редовно го мериме задоволството на нашите клиенти и константо се подобруваме. Вложуваме многу во стручноста на нашиот тим, преку редовни обуки, усовршувања и тековно следење на сите технолошки новости во градежништвото.

Ова е време на силна конкуренција и само најдобрите успеваат да стигнат до врвот. Да се остане таму е нашата примарна цел.

Искрено Ваша м-р Габриела Крстевска Директор


За нас Цивкон АГИ е градежна компанија стручна за изведба на објекти високоградбата. Тимот со кој располагаме искусен, обучен и силно мотивиран. И токму тимот претставува темел на нашата организација. Гледано според нашата желба да се биде најдобар и потребата секогаш од ново да се докажуваме, очекуваме да бидеме лидери во инвентивните технологии во градежништвото.


Koрпоративна одговорност Вработените во Цивкон АГИ се компетентен, мотивиран и високостручен тим, подготвен да се соочи со секојдневните предизвици на пазарот. Со секојдневното подобрување на условите за работа, преку воведување на нови технологии и инвестициите за унапредување на знаењата и вештините, се стремиме кон најдоброто. Корпоративната одговорност се темели врз стремежот за задоволни клиенти, мотивирани вработени, нови технологии и голема грижа за животната средина.


Вредности

ЦЕЛ Наша цел е профитот. Но ние знаеме дека за да стигнеме до таа цел мораме напорно да работиме и да се стремиме кон совршенството. Знаеме и дека профитот ќе биде резултат од добро извршените работи, од потполно задоволените клиенти и предноста што ќе успееме да ја одржиме во однос на конкуренцијата. Тоа е единствен начин да се стигне до врвот и да се остане таму. Само на тој начин е можно да ја оствариме нашата цел. Затоа оставете на нас... Ќе го изградиме Вашиот свет


Вредности МИСИЈА Работиме напорно за да ги реализираме соништата на нашите клиенти. Со нашиот труд, искуство и знаење ги претвораме нивните визии во реалност. Нашето постоење и делување не би имале смисол, без да креираме вредности кои го подобруваат квалитетот на живеењето. Наша мисија е да го подигнеме стандардот на она што значи квалитет на градба и она што значи стил на живот. Затоа оставете на нас... Ќе го изградиме Вашиот свет


Вредности

ВИЗИЈА Ја почитуваме традицијата на вековното македонско градителство познато ширум светот и истовремено правиме совршена синтеза со најновите научни дострели. Со тоа изградивме стил кој е препознатлив и кој не прави различни и подобри од другите. За нас не постојат несовладливи пречки, бидејки со нас е силата на традицијата и моќта на искуството, а пред нас амбицијата да се биде најдобар. Ние сме визионери и гледаме напред во иднината. А таму се гледаме како успешни, со многу задоволни клиенти. Затоа оставете на нас... Ќе го изградиме Вашиот свет


Услуги

Цивкон АГИ е градежна компанија. Долгогодишното искуство и присуство на пазарот доведе до создавање на организациона структира која е доволно флексибилна да се прилагоди на сите предизвици и задачи. Опсегот на услуги ги задоволува и најкреативните барања, а тоа го потврдува и листата на задоволни клиенти. Обезбедуваме врвен производ и услуги во рамките на градењето, инженерингот, консалтингот, набавките и имплементирањето на најновите светски технологии и материјали.


Услуги ГРАДЕЊЕ Ги нудиме услугите за изградба на сите видови објекти од високоградбата, со сопствени ресурси, на највисоко стручно и техничко ниво. Опфатот на услугата е од земјени работи, преку изградба на карабина, инсталатерски работи, па се до сите занаетчиски и завршни работи. Располагаме со Б-лиценца за градење, па согласно тоа со голема успешност изведуваме проекти од различни големини и тежина. Почнувајки од помали индивидуални куќи, преку станбени згради и деловни објекти, па се до големи инженерски предизвици. Цивкон АГИ е сериозен партнер за изградба на градежни инвестиции, бидејки своето работење го усогласивме со меѓународните стандарди FIDIC, ISO9001 и ISO14001.


Услуги

ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ Во контекст на заокружување на комплетноста на услугите, изведбата на ентериерно уредување е логичен составен дел од нашата понуда. Посветуваме големо внимание и силна енергија при естетското обликување на просторите во кои се движат, живеат и работат нашите клиенти. Преку специфичен пристап и посебна грижа при изборот на материјалите и изведбата на деталите, го гарантираме високиот квалитет на изведените работи и се трудиме да ги задоволиме и најпребирливите вкусови и очекувања


Услуги

ИНСТАЛАЦИИ Со брзиот напредок на технологијата и воведувањето на инвентивни решенија, инсталациите во објектите овозможуваат извонредни решенија во корист на корисниците. Токму заради тоа ние многу вложуваме во едукација на нашиот тим, како и во примена на најсовремените технички решенија и системи. Ги нудиме своите услуги во изведба на системи за греење, ладење и вентилирање, како и електро инсталациии и водовод и канализација.


Услуги

СТРУЧЕН НАДЗОР И ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ Тимот на инженери е подготвен да врши стручен надзор во сите фази, зависно од потребите на инвеститорот. Со усогласеноста со FIDIC и големата посветеност при супервизијата, овозможуваме инвеститорот да го добие очекуваниот резултат.


Услуги

УПРАВУВАЊЕ СО ГРАДБА Согледувајки ги потребите и барањата од нашите клиени, ја воведовме оваа услуга во нашиот спектар. Со цел целосна контрола врз процесот и квалитетот на градба во полза на инвеститорот, ги ставаме на располагање сите свои инженерски ресурси и знаења.


Услуги

ИНЖЕНЕРИНГ Како природна последица од поврзување на сите услуги и како одговор на потребите на пазарот, го нудиме инженерингот за изведба на сите типови објекти и сите фази. Парцијално или целосно, во зависност од желбите на клиентот, наша определба е да понудиме исклучително квалитетна изведба во рамки на договорените рокови.


Услуги

КОНСАЛТИНГ Во модерното живеење времето е скапо. Нема простор за грешки и пропуштени рокови. Затоа ние нудиме услуга со која инвеститорите ни ги препуштаат сите активности околу реализација на нивната инвестиција. Како возврат добиваат врвен производ, во извонредно кратки рокови и по најниски можни цени. Нашите тимови се одлично обучени и екипирани со цел да: • Анализираат • Организираат • Контролираат • Спроведуваат • Работат во интерес на клиентот


Услуги

МАТЕРИЈАЛИ И ОПРЕМА Трудот и работењето го создаваат искуството, а тоа пак помага Цивкон АГИ да создаде широка мрежа на добавувачи и информации од Македонија и странство. Тим на професионалци, со усогласени процедури работат на избор и набавка на градежни материјали и опрема, со цел на клиентот да му заштедиме време и пари. Застапуваме голем број на производители на различни материјали и опрема, но исклучиво после добро направена анализа и утврдување на високиот квалитет на нивните производи.


Услуги

ПАСИВНА КУЌА Желбата да се следат најновите технолошки достигнувања, не однесе до врвот на тие достигнувања. Цивкон АГИ за прв пат на нашиот пазар нуди изградба на Пасивна Куќа. ПАСИВНА КУЌА означува стандард, а не објект. ПАСИВНА КУЌА може да биде семејна куќа, колективна станбена зграда, хотел, деловна зграда или производствен погон. Или поточно, секоја градба може да биде изградена со стандард ПАСИВНА КУЌА. Ваквите објекти се со највисоки можни конфорни услови за корисниците и трошат и до 20 пати помалку енергија од вообичаената градба.


Услуги

ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА Пасивните Куќи имаат исклучително мала потреба од енергија, за нивно греење, ладење и целосно функционирање. Толку е мала, што се отвора можноста за искористување на бесплатните извори на енергија и со тоа објектот да стане потполно независен од востановените системи за снабдување со енергија и топлина. Па дури, може да произведува и вишоци кои носат дополнителен профит за корисниците. Инвентивните технологии кои ги владееме и нашата желба да и се помогне на планетата, не инспирираа на пазарот да нудиме мини (куќни) системи за искористување на енергијата од сонцето, ветрот, фекалиите, земјата и водата, а сите од врвни производители.


Услуги

НЕДВИЖНИНИ Со цел да го подигнеме стандардот на живеење и да воведеме повисоко ниво на квалитет, Цивкон АГИ се посвети на инвестиции наменети за комерцијална продажба. Станбениот и деловниот простор кој го нудиме на пазарот е со највисок стандард на квалитет, како од аспект на материјали и вградена опрема, така и од апект на дизајнерски и функционални решенија. Се водиме од девизата „најмногу за Вашите пари“.


НАШИТЕ КЛИЕНТИ УЖИВААТ ВО НАШИТЕ ДЕЛА

НИЕ ГРАДИМЕ СВЕТОВИ

ОСТАВЕТЕ НА НАС... ЌЕ ГО ИЗГРАДИМЕ И ВАШИОТ СВЕТ


Резултатите од нашата работа се видливи... ... и секогаш во полза на клиентите. Продолжуваме...

www.civkon.mk


ЦИВКОН АГИ Адреса П.Фах 750, 1000 Скопје Тел./факс 02 2551611 Локација ул. Романија бб, 1000 Скопје (комплекс Газела) E-mail contact@civkon.mk

www.civkon.mk


Civkon AGI pressentation mk