Page 1


галерија активности

Издавач : Анета Николовска – директор Редакција: Николче Циуновски – проф. по информатика Печати КИРО ДАНДАРО - Битола


Од Директорот ОУ

Директор Анета Николовска

,,Кочо Рацин,, Ивањевци е едно од постарите основни училишта во општина Могила, датира од 1945 година и својата богата педагошка традиција настојува да ја чува и негува и во современи услови. Поминувајќи низ различни историски периоди, училиштето опстојуваше и беше расадник на многубројни генерации од кои многу поединци оставија длабоки траги во различни сфери на општествениот живот во градот, Република Македонија и пошироко: во областа на науката, културата, образованието, уметноста итн.

Основното училиште,,Кочо Рацин,, Ивањевци е училиште кое е насочено кон иднината на учениците односно обезбедување на услови за максимален развој на секој ученик. Нашето училиште претставува пример за училишна средина во која успешно и континуирано се спојуваат детските интереси, потреби, желби, родители и наставници, воспитанието и образованието. Училиштето претставува пријатна и безбедна средина која создава квалитетна атмосфера за учење. Нашите ученици и наставници секојдневно применуваат најсовремени техники и методи, а преку најсовремена технологија обезбеден е сестран детски развој. Локалната самоуправа и градоначалник Стево Пивковски се наши постојани партнери кои ја охрабруваат и поддржуваат секоја наша активност, го помагаат професионалниот развој на нашите наставници, учествуваат во самата реализација на сите училишни проекти.


Активности под мотото „Сите сме едно растеме заедно„ Како и секоја година така и оваа, првата седмица од месец октомври им се посветува токму на децата. По тој повод ОУ "Кочо Рацин" заедно со подрачните училишта организираа разни активности во текот на оваа недела како што се работилниците по ликовно, едукација за човекови вредности содржини и креативни задачи, поврзани со правата на децата. Тема на ликовното творење беше детското дружење, соработка, помагање и почитување, како и детските права. Детската нeдела се одбележуваше и по часовите, со слободна игра на учениците од училиштето, во училишниот двор.

Под мотото "МОЕТО што се претвори во НАШЕ” учениците од прво одделение од с.Ивањевци изведоа неколку работилници со повеќе различни активности преку кои ја докажаа важноста од разговарање, договарање, тимска работа, почитување на различностите , почитување на правата но и на обврските што сите ние ги имаме.

Оваа година, во соработка со “АМОС -Центар за човекови права”, учествувавме во промоција на македонското издание на првиот прирачник за човекови права во нашата земја "КОМПАСИТО" . На повик за соработка со овој центар, од страна на нашиот наставник Весела Богдановиќ беше изготвен видео запис во кој главни јунаци беа учениците од прво и второ одделение од нашето училиште а преку нивните активности беа презентирани делови од прирачникот за правата на децата. Видео записот ја отвори свечената прзентација во Домот на културата во Битола а понатаму, споделен јавно продолжи да служи на сите деца и наставници . http://youtu.be/UlRq7mN_kqI Во рамките на оваа манифестација на првачињата им беа доделени детски пасоши и значки.


“Магична земја на бајките и приказните ” Ние сме првачињата од с.Ивањевци и нашата учителка Весела Богдановиќ. Ова е нашиот проект преку кој покажавме огромен број на примери на најсовремена интегрирана настава и учење преку игра, интереактвни приказни и примена на ИКТ во прво одделение.

Овој наш проект ја претставуваше Македонија на неколку Меѓународни конференции во соседните држави и во нашата земја, избран како модел кој треба да се следи и применува во редовна наставна пракса.

Во декември 2013 година на Меѓународна Конференција во организација на Микрософт партнери во учењето, поддржана од Министерството за информатички науки и Министерството за образование на РМ, нашата наставничка е прогласена за Наставник експерт- едукатор на Македонија за 2013/2014 година. Во Март 2014 година, заедно со делегација предводена од Панче Кралев, советник за образование на нашиот премиер, ја прeдстави Македонија на Светскиот Глобален Форум во Барселона.

Нашите примери се секогаш достапни на сите наставници како бесплатен, отворен образовен ресурс кој располага со огромен број на примери и материјали за наставна пракса.


Во рамките на Меѓународниот фестивал “Браќа Манаки” во Битола, учествуваме во работилница за изработка на анимиран филм со примена на Стоп Анимација.

За време на Саемот на книгата во Скопје, пред огромен број на деца и директори од детските градинки и училиштата во целата земја, покажавме како може да се учи Математика на лесен и забавен начин, преку наши креирани интерактивни приказни за Smart Notebook и Смарт табла, во соработка со UN Net Makedonija, Издавачката куќа Едука и мр.Ели Маказлиева, автор на детска литература.

Во соработка со Светската асоцијација Steb By Step и USAID, во моментов работиме на подготовка на дигитални сликовници и креирање на едукативни комјутерски игри за деца од 3 до 10 години, кои ќе бидат подарени на сите училишта како дел од проектот “ Со читање до лидерство. Факултетот за Информатички науки и компјутерско инжињерство од Скопје за нас подготви комјутерска апликација за Windows 8 која ќе биде презентирна пред јавноста во рамки на Меѓународна коференција во Скопје наредниот месец. Истата ќе биде бесплатно достапна за сите наставници од нашата земја а со нејзина помош наставниците ќе можат да ги снимаат своите наставни активности и на лесен начин да ги споделуваат со светот. Иако сме ученици од прво одделение ние активно се вклучивме во Светската акција- Computer Science Education Weeк , научивме да програмираме комјутерска игра како алатка за учење по Математика и го достигнавме највисокото ниво на обука. Покажавме пред светот дека и ние децата од најрана училишна возраст можеме да програмираме комјутерски игри а со тоа и да учиме поими по наставниот предмет Математика.

Поради измената на годишните програми по Математика и Запознавање на околината и воведување на програмите од Кембриџ, во моментов вклучени сме во редакцијата на Просветно Дело за изработка на нови учебници, материјали и средства за работа во прво, второ и трето одделение. Наставник Весела Богдановиќ


English

 ЕВЕ НЕ НАС ПОВТОРНООО… ТУКА КЕ НЕ ВИДИТЕ НАС И НАШИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОВИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВИДЕТЕ НЕ КАКО НИЕ СМЕ ДЕЛ ОД МНОГУ АКТИВНОСТИ...УЧИМЕ И СЕ ЗАБАВУВАМЕ... ИЛИ КАКО ШТО БИ РЕКЛЕ НА АНГЛИСКИ WE LOOOVEEEE ENGLISH!!!


Меѓуетничка интеграција во образованието

Реализација на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието во ОУ„Кочо Рацин“ с Ивањевци, општина Могила Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието е проект на УСАИД во Македонија што го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование. За потребите на овој проект се организирани и реализирани обуки кои се подготвени од страна на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти. Со оглед на фактот да нашата држава, а во склоп на тоа и општина Могила ги има карактеристики на мултикултурна и мултиетничка, овој проект со голем интерес и подготвеност за реализација беше прифатен од страна на Локалната самоуправа и сите вработени во ОУ„Кочо Рацин“. За таа цел, се формира тим од наставници кои ги посетија сите обуки во втората фаза на овој проект. Потоа се изврши обука за дисеминација на училишно ниво со која се опфатија наставници и родители. Следеа самостојни активности, како часови по ОЖВ за сензибилизација на учениците и родителите.

За потребите на проектот се изработени Акциони планови од кои произлегоа активностите за посета на црква и џамија од страна на учениците и наставниците од одделенска настава, што се реализира на ден 20.02.2014 година. На 06.03.2014 година следеше посета на НУ Музеј на албанската азбука и НУ Завод и музеј во Битола, каде се одржа историски час во собата на Мустафа Кемал Ататург. Целта на овие подготвителни активности беше да се создаде позитивна клима која би била основа за доближување на целите на проектот до учениците, наставниците и родителите од различни етнички заедници, а со тоа да ги научи учениците да ги почитуваат другите култури. Со тоа би се постигнало надминување на предрасудите кои се однесуваат на различните етникуми.


Велигденски собир Во периодот што следеше, беше потпишан договор со партнер училиштето ОУ„Мито Ѓура“ село Стрелци, општина Кичево од страна на директорите на двете училишта. Договорите за организирање на заеднички активности на двете училишта првично се остварија по електронски пат. Заеднички посакуваната цел се базира на соработка, обезбедување на рамноправен статус, остварување на интерперсонални релации, како и да се обезбеди социјална и институционална поддршка. Првата средба се оствари на ден 30.04.2014 година во ПУ „Кочо Рацин“ во село Трновци, на ВТОРИОТ ВЕЛИГДЕНСКИ СОБИР. Во организационите подготовки на овој настан учество зедоа учениците, наставниците, претставниците на Локалната самоуправа, како и сите жители на селото Трновци. На овој собир зедоа учество: Ученици од I до VIII одделение од ОУ„Кочо Рацин“ село Ивањевци и подрачните училишта; Учениците од партнер училиштето, ОУ„Мито Ѓура“ село Стрелци, општина Кичево; Ученици од ПУ „Браќа Миладиновци“ село Будаково; Ученици од ПУ „Кирил и Методиј“ село Пресил, општина Крушево; Ученици од ОУ„Ѓорѓи Сугарев“ општина Битола. Манифестацијата, со поздравен говор, ја отвори градоначалникот на општина Могила, г-дин Стево Пивковски при што го пушти во употреба повеќе наменското спортско игралиште. Следеше заедничка приредба со изведба на песни, ора и рецитации на јазиците од различните етникуми. Учениците од различните етникуми беа облечени во народна носија. Се играа и пееја ромски песни, се играше турско оро, албанско оро, како и сплет на македонски ора. Приредбата заврши со заедничка изведба на најголемото оро од страна на сите учесници. Потоа следеше спортски натпревар во мал фудбал. Екипите беа формирани од двете партнер училишта во мешан етнички состав. Спортскиот натпревар беше следен од голем број присутни кои коректно и во духот на спортско навивање ги мотивираа учесниците. За помалите групи на ученици беа организирани две работилници: Составување макети на црква и џамија; Сличности и разлики во прослава на Велигден и Курбан Бајрам. Од страна на родителите и наставниците беше подготвена „Велигденска трпеза“, а храната направена за таа цел ја вкусија сите присутни. Во составот на оваа активност се поделија 180 велигденски јајца, претходно вапцани од страна на група родители и ученици. На крајот на оваа манифестација домаќинот ОУ„Кочо Рацин“ од село Ивањевци му додели Благодарници и Пофалници на гостите од партнер училиштето. Тоа уште повеќе ја зајакна потребата од заедничка соработка. На оваа средба учениците имаа можност да се запознаат со културата на другите етникуми – познавањето на културата на другите се смета за предуслов за почитување на другите. Нашите разлики-наше најголемо богатство, за градење на мултикултурно општество.


Натпревари На овогодинешниот натпревар Spelling bee по англиски јазик учествуваа учениците •Елепнпра Дплевска •Сара кптевска •Натали Ралевска •Ана Марија Лазаревска •Стефани Јпшевска •Стефан Нешкпвски •Марија Стпјанпвска •Андел Спиркпвски •Даркп Трпкпвски •Тепдпра Јанкпвска •Тепдпра Спасевска •Филип Сугаревски •Сара Ристеска •Споа Гајдпвска На регипналнипт натпревар учествуваа Марија Стојановска, Натали Ралевска и Сара Котевска ппд ментпрствп на наставниците Татјана Бпжинпвска, Кате Кутлешпвска Тасевска и Виплета Никплпвска


„Македонија земја на цвеќето- земја на розите“-

ПОУ „Кочо Рацин“ с.Лознани

Новогодишна приредба

Маскембал за 1 Април – учесници учениците од I до Vодд. ПОУ „Кочо Рацин“ –с.Лознани


Викенд во Струга

воннаставни активности

Патрон празник

Ликовни творби


галерија активности


ОУ„Кочо Рацин“ Ивањеци Општина Могила тел. 047/294-058 email: kracin.iv@gmail.com

Koco Racin 2014  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you