Page 1

мај

јун

јул

авг

сеп

окт

ное

дек


Почитувани сограѓани, Развојот и просперитетот на секој од нас е олицетворение на развојот на Општина Могила. По добивањето на Вашата доверба на Локалните избори, во соработка со Сoветот и општинската администрација, почнав со реализација на капитални проекти од значење и интерес за сите граѓани. И покрај сериозните проблеми и потешкотии, она малку ветеното во предизборната кампања, по секоја цена и со голема пожртвуваност и посветеност, го реализиравме во рамките на декларираните рокови за реализација. Бидејќи општината е сервис на граѓаните, водејќи се од начелото на транспарентност и отчетност во работењето, пред Вас ги ставам овие неколку страници, за директно Ваше запознавање со досега сработеното. Секој граѓанин заслужува подобар и поквалитетен живот. Во наредниот период пред мене стои предизвикот Општина Могила, заеднички да го направиме место со одлични предуслови за градење бизнис и поубаво место за живеење.

17 години постоење на Општина Могила  На 14.09.2013 год Општина Могила свечено одбележа 17 години од своето постоење. По тој повод градоначалникот Стево Пивковски и Советот на општината организираа повеќе активности: Положување на цвеќе на спомениците на Димче Сарванов – Могилчето и Цветко Парашкев во цркавата Св. Архангел Михаил – во с. Могила,  Положување на цвеќе на спомен бистите на Захарие Шуманска и Димче Сарванов – Могилчето, Осветување на општинската зграда, Свеченост на која се доделија благодарници и признанија на истакнати граѓани и организации за придонес и развој на општина Могила.


 Асфалтирање на улици во населени места: Могила, Беранци и Долно Српци во должина од 1200метри. Проект финансиран од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој и Буџетот на Општина Могила во износ од 4.700.000,00денари.

Изградени се две повеќенаменски игралишта во рамките на ОУ„Гоце Делчев“ с.Могила и ОУ„Кочо Рацин“ с.Трновци, Проектот е финансиран преку „Форуми во заедницата“ Швајцарската агенција за развој и Буџет на Општина Могила во износ од 4.000.000,00 денари.

 Изградени се 9 детски забавни паркови во следните населени места: Дедебалци, Добрушево, Могила, Ивањевци, Ношпал, Мусинци, Беранци, Долно Српци и Вашарејца. Проект финансиран од Министерството за животната средина и просторно планирање, Буџет на Општина Могила и Швајцарска агенција за обнова и развој преку програмата „Форуми во заедницата “со вкупен износ 1.115.640,00 денари.


 Изградени се 8 автобуски постојки во следните населени места: Могила, Беранци, Ивањевци, Вашарејца, Трновци, Ношпал, Добрушево и Дедебалци со вкупен износ од 278.920,00 денари. Проект финансиран од Буџетот на Општина Могила.  Асфалтирани улици во с.Будаково и с.Мусинци во должина од 430 метра и тампонирани се улици во с.Могила и с.Ивањевци. Проектот е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Буџет на Општина Могила со вкупен износ 4.119.000.00 денари.

 Општина Могила со заеднички придонес на Меснате Заедници од с.Ношпал и с.Дедебалци ги оградија фудбалските игралишта во с.Ношпал и с.Дедебалци со вкупен износ од 200.000,00 денари. Организиран првиот фестивал на дуети во Општина Могила

 На културен план, за првпат на овие простори, за првпат во општина Могила во соработка со големиот љубител на македонската народна песна, голем поддржувач и амбасадор на Општина Могила во светот, Фидан Шемовски реализиран е фестивалот „Константин и Елена“ во с. Могила.


Иницијатива за зголемување на производството на пченка и пченица

 Во периодот април–октомври во Општина Могила се имплементираше пилот – проектот на Иницијативата за зголемување на производството на пченка и пченица. Инсталирана е опрема-систем за наводнување „Капка по капка“ кај 7 индивудуални производители на пченка во Општината Могила, резултатите покажаа зголемување на приносот на пченка. Проект поддржан од USAID.

 Реконструкција на доводен цевковод во населеното место с.Долно Српци во должина од 850 метри и со вкупен износ од 144.866,00 денари. Проект целосно поддржан од Буџетот на општина Могила.

 Преградување на училница во ОУ„Кочо Рацин“ с.Ивањевци за одвивање на наставата во една смена, со цел заштеда на енергија за затоплување со вкупна вредност од 26.000.00 денари.  Набавка на училишно комбе – минибус за потребите на ОУ„Кочо Рацин“ за превоз на учениците со вкупна вредност од 400.000.00 денари.  Проширување на опфатот на собирање на сметот на ЈКП Пела Хигиена во населените места Беранци, Долно Српци, Вашарејца со цел заштита на животна средина.  Во населеното место Новоселани, замената е старата пумпа за вода со целосно нова и ефикасна за напојување на с.Свето Тодори и с.Подино со вкупен износ од 152.220,00денари.  Во населеното место Лознани е поставена нова пумпа за вода за пиење за жителите на с.Лознани со вкупен износ од 88.765,00 денари.  Изградба на автобуска постојка во село Свети Тодори со средства од Буџетот на Општина Могила во износ од 36.000.00 денари. Отворен е Клуб на пензионери - Општина Могила кој се наоѓа во склоп на општинската зграда.


Проект општинско корисна работа за самоодржливи вработувања кои се во тек на реализација. Проектот започна со реализација на 01.11.2013 и ќе трае до 30.04.2014година. Вработени се три лица на територија на Општина Могила каде што како трајни корисници на услугите се јавуваат стари и изнемоштени лица. Вкупниот број на корисници на оваа услуга изнесува 35 лица. Проектот е финансиран од UNDP со вкупна вредност од 100.000.00 денари. Изградба на спортска сала во населеното место Могила. Проект целосно финансиран од Влада на Република Македонија.

Изградба на повеќенаменско игралиште во населеното место с.Добрушево. Проект финансиран од Агенција за млади и спорт.

Изработка на индивидуални приклучоци на канализационата мрежа во населено место Могила, проект целосно финансиран од Општина Могила. Измени и дополнувања за УПВНМ за место викано Петилеп за потребата и уредување на Индустиска Зона Петилеп. Средствата се обезбедени преку програмата на Бирото за рамномерен развој за 2012 година.  Во тек е изработка на државна урбанистичка планска документација за Биогасна централа со придружни содржини за КО Могила. Изработка на техничка документација за Доводен цевковод за Индустриска Зона Петилеп со приклучок на регионален водовод Битола. Средствата се обезбедени преку програмата на Бирото за рамномерен развој за 2013 година.


   

 

  

   

     

Реконстукција на училиштата во Св.Тодори, Ношпал, Радобор и Долна Чарлија, Изградба на одводен канал во населено место Будаково, Реконструкција на постоечките домови на култура во сите населени места во Општина Могила, Во соработка со УСАИД ќе се изработи физибилити студија за преминување на Хидромелиоративниот систем „Стрежево„ преку река Шемница, Изградба на Резервоар за водовод во населено место Вашарејца Асфалтирање на улици во населените места Мусинци, Ивањевци, Трап и Ношпал. Проектот ќе биде поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и Буџетот на Општина Могила, Асфалтирање на улици во населените места: Радобор, Лознани, Трап, Могила, Добрушево, Будаково, Изградба на водоводна мрежа во с.Свети Тодори, Инфраструктурно уредување на просторот на Индустриската Зона Петилеп – водоснабдување, канализација, патна инфраструктура и електрична инфраструктура, Изработка на урбанистички планови за населените места во Општина Могила, Изработка на проектна документација за поврзување на регионалниот пат Р-2338 со населено место Мусинци, Изработка на проектна документација за поврзување на регионалниот пат Р-2335 со населено место Свети Тодори, Иницијатива за зголемување на производството на пченка и пченица (УСАИД ). Во наредната 2014 година со проектот на УСАИД ќе бидат опфатени уште дополнителни 100 земјоделци со системот капка по капка, Набавка на Скип за потребите на ЈКП Пела Хигиена, Изградба и уредување на паркинг простор во с.Могила за потребите на општинските возила и возилата на ЈКП Пела Хигиена, Чистење на канали за одводнување, Чистење на реката Шемница, Изградба на тротоари во населено место Могила, Поддршка на културни манифестации во с.Добрушево, с.Беранци, с.Долно Српци и с.Свети Тодори.


Форум со работодавачите во Општина Могила  Во малата сала на Општина Могила се одржа форум со работодавачите од Општина Могила и Општина Новаци. Организатор на настанот беше Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност. На средбата беше претставена националната програма и мерките за самовработување. Во повеќе наврати организирани се обуки за земјоделците за нови начини и пристапи на наводнување со посебен осврт кон системот капка по капка и неговите придобивки. На обуките присуствуваа експерти од Израел кои беа посетени не само од жители од Могила туку и заинтересирани земјоделци од Регионот на Пелагонија. Организирани обуки за земјоделците за органско производство, можности и придобивки. Остварена е полудневна работилница во соработка со Бизнис Старт Ап Центарот од Битола и земјоделски експерт од сферата на органското производство. Организирани обуки за земјоделците околу можностите и предностите од искористувањето на ИПАРД фондовите. Во три наврати беа организирани обуки на темата ИПАРД, во соработка со Бизнис Старт Ап Центарот од Битола, Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој и Министерството за земјоделие на Р.Македонија. Се одржа трибина на тема„ Предности на Могила како Општина слободна од ГМО(генетски модифицирани организми) и Општина Могила зона на органско производство“ на која учествуваа заинтересирани земјоделци за производство за органска храна. Организирана средба со бизнисмените на Општина Могила Економскиот равој на општината ќе биде насочен кон развојот на малите и средни бизниси, затоа што 80% од бизнис заедницата се семејни бизниси. На оваа средба Градоначалникот додели 67 решенија за легализација на дивоградби во општина Могила. Градоначалникот на општина Могила оствари работна посета со македонскиот амбасадорот во Република Турција г-дин Горан Тасковски и бизнисмени од Измир Република Турција во општина Могила. На состанокот градоначалникот ги запозна со економскиот локален развој на општина Могила. Во обиколка на земјоделските површини пројавија интерес и можни инвестиции во индустриската зона Петилеп.


Студиско патување во Задар Република Хрватска Во периодот од 9–12 септември 2013 година, беше реализирано студиско патување во Задар, Република Хрватска на кое присуствуваа Градоначалниците на општините од Пелагонискиот регион. Студиското патување беше организирано од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација. Целта на патувањето беше претставување на регионот Пелагонија пред локалната власт во градот Задар и Задарската област и размена на искуства за воведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот преку процесот на формирање на Локални Акциони Групи ЛАГ-ови.

Градоначалникот на Општина Могила одржа средба со Претседателите на Месните Заедници. На таа средба се дискутираше за приоритетните проблеми и потреби во секое населено место.

Положување цвеќе на спомен биста во с.Ивањевци Дванаесет години од трагичниот настан во Вејце, каде што Марјан Божиновски заедно со уште тројца битолчани во виорот на тогашниот конфликт го полжија својот живот врз темелите на независна и суверена Македонија, на 28.04.2013 год се чествуваше пред спомен- обележјата на овие битолски бранители.


 Градоначалникот на општина Могила за првиот училишен ден на првачињата и останатите ученици, родители и наставници им посака во новата учебна година да зачекорат одморени, весели, полни со нови идеи, со здравје, радост и желба да имаме нова успешна година.

 Со помош на Општина Могила формирана и регистрирана е фудбалската школа „Еден на Еден“. Оваа школа е амбасадор на Општина Могила и одлично не претставува на домашни турнири, а можеби утре и на меѓународни. Голема заслуга имаат родителите на тие деца, кои од ден во ден се повеќе ја поддржуваат оваа школа. „Македонија без отпад“ & „Ајде Македонија“ Општина Могила и образовните институции ОУ„Кочо Рацин“- с.Ивањевци, ОУ„Гоце Делчев“- с.Могила, ОУ„Браќа Миладиновци“- с.Добрушево со нивните подрачни училишта целосно се вклучија во спроведување на акцијата „Ајде Македонија“. Целта на проектот е преку ваквите акции да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да се развие свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро да се справат со неорганизирано и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници. Оваа акција официјално е поддржана од Европскиот Парламент и бројот на држави во која се спроведува акцијата од година во година расте па така оваа година освен во Р.Македонија се спроведува во повеќе од 100 држави во светот.

Ден на дрвото-есен 2013 Градоначалникот на Општина Могила општинската администрација по повод „Денот на дрвото-есен 2013“ засадија садници во местото викано „Билбил камен“


ОПШТИНА МОГИЛА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МОГИЛА 7216 тел. 047/296-466 www.mogila.gov.mk www.facebook.com/StevoPivkovski GradonacalnikNaOpstinaMogila e-mail: mogilaop@t-home.mk

Отчет на градоначалникот и советот на Општина Mогила 2013  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you