Kuprum-rudnik na (sub) kultura

Page 1




Издавач: Културно ехо

Графички дизајн: Сити скоп Скопје

Коиздавач: Сити скоп Скопје

Графичка обработка: Илчо Илиевски – Ико

Автори: Симона Димковска Кристијан Караџовски Ивона Крстеска Јана Брсакоска Даница Спасевска Благој Даскалов Илчо Илиевски

Печат: Polyesterday / 50 примероци Година на објавување: 2020, Скопје Финансиски поддржано од: Агенција за млади и спорт

Лектор: Оливера Ќорвезироска Благодарност до: Државен архив на Република Северна Македонија - Одделение Скопје Сите права се задржани. Ниту еден дел од оваа публикација не смее да се преведува, репродуцира или да се пренесува во ниедна форма или на кој било начин, електронски или механички, вклучувајќи фотокопирање, документирање или каков било систем за чување и пребарување информации, без претходна дозвола во писмена форма од издавачите.

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 711.168:725.1.012]:727(497.711) КУПРУМ рудник на (суб)култура / [автори Симона Димковска ... и др.]. - Скопје : Културно Ехо, 2020. - 56 стр. : илустр. ; 17x17 см Други автори: Кристијан Караџовски, Ивона Крстеска, Јана Брсакоска, Даница Спасевска, Благој Даскалов, Илчо Илиевски ISBN 978-608-66574-0-6 1. Димковска, Симона [автор] 2. Караџовски, Кристијан [автор] 3. Крстеска, Ивона [автор] 4. Брсакоска, Јана [автор] 5. Спасевска, Даница [автор] 6. Даскалов, Благој [автор] 7. Илиевски, Илчо [автор] а) Индустриски објекти -- Пренамена -- Студентска населба -Социо-културни аспекти -- Идејни решенија -- Ѓорче Петров (општина) COBISS.MK-ID 5217587


содржина: Предговор................................................................................................................................ 4 1. Минато – приказната за Купрум........................................................................................ 5 Вовед...................................................................................................................................7 Создавањето на населбата Хром и општина Ѓорче Петров......................................... 7 Историска анализа на индустрискиот комплекс Купрум............................................. 9 Купрум и периодот на транзиција..................................................................................13 2. Сегашност – Купрум денешна состојба...........................................................................15 Купрум и сегашноста........................................................................................................17 Купрум како дел од проектот „Напуштени можности“................................................21 Резултати од анкетниот прашалник „Од напуштен објект до студентски град“..... 24 3. Иднина – Потенцијалот на Купрум.................................................................................. 31 Вовед во магистерските тези за Купрум....................................................................... 33 Магистерска тезa – Мирјана Лозановска......................................................................33 Mагистерска тезa – Наташа Вчкова............................................................................... 37 Вовед во анализите за „Потенцијалот на Купрум“ на Сити скоп............................... 41 Макро локација................................................................................................................ 42 Микро локација................................................................................................................ 42 Адаптација на хала..........................................................................................................46 Адаптација на останати објекти.................................................................................... 46 4. Заклучок............................................................................................................................. 53 Завршно обраќање.......................................................................................................... 55 Завршни податоци........................................................................................................... 56


предговор: Здруженијата на граѓани Културно ехо и Сити скоп Скопје го реализираат овој проект со цел да се реактуелизира доставената иницијатива до Владата на Република Северна Македонија за ревитализација и пренамена на фабриката „Купрум“ во студентски град на културата. Како еден од бројните изградени објекти од индустриско наследство во Република Северна Македонија, Купрум е појдовна точка во низата други, објект кој го има капацитетот да промовира интеркултурализам и кој претставува податлива подлога за формирање социо-културни врски меѓу неговите корисници. Со негова пренамена во студентски град ќе придонесе кон децентрализирање на културно-образовната понуда надвор од централното градско подрачје и ќе биде дополнителен капацитет кој ќе може да одговори на културните потреби на градот. Со низа активности, го прикажавме потенцијалот на оваа локација и можноста да прерасне во мултифункционален комплекс, кој би ги задоволил културолошки-едукативните потреби на младите со интегрирање во современата општествена стварност, а воедно и би придонел кон регенерирање на урбаното ткиво на градот. Како дел од проектот се реализирани низа активности во период од три месеци: - Спроведена е дигитална анкета; - Организирана е изложба „Купрум рудник на (суб) култура“; - Издадена е публикација „Купрум рудник на (суб) култура“; - Спроведена е конференција на истата тема. Очекуваме проектот да го отвори прашањето за иднината на овој простор, како во рамките на граѓанскиот сектор, така и во рамките на државниот апарат, воедно иницирајќи изработка на физибилити студија за можностите кои ги нуди овој простор преку негова реупотреба; студија која ќе даде одговор на сите отворени прашања како: - Еколошки предизвици (деконтаминирање ако се утврди дека е потребно); - Начини на финансирање; - Статика на објектот; - Анализа на локација; - Надлежности. 4


1

минато приказната за КУПРУМ



Вовед: Приказната за индустрискиот комплекс „Купрум“ започнува во дваесеттите години на минатиот век. Постојат одредени теоретски извори, но малкуте најдени податоци кои во најголема мерка се усни, ни помагаат да ја конструираме историјата за почетокот на постоењето на фабриката и нејзината изградба. Според одредени записи пронајдени во публикацијата „Ѓорче Петров – Сто години населено место и дваесет години локална самоуправа“ напишана од проф. д-р Марко Китевски, издадена од Општина Ѓорче Петров 2016 година, се говори за постоењето на „Купрум“ на територијата на самата општина уште во периодот по Првата светска војна. Други податоци кои се поткрепа на овие записи се пронајдени во документацијата од Архивот на Град Скопје и тие содржат текстови, скици, фотографии и други документи кои укажуваат на децениското постоење на индустрискиот комплекс „Купрум“. Развојот на населбата Хром и општината Ѓорче Петров се тесно поврзани со изградбата и развојот на индустрискиот комплекс. Во својот развој и создавање, индустрискиот комплекс „Купрум“ поминува низ повеќе етапи пропорционални на политичките, културно-социјалните и економските промени во општеството.

Создавањето на населбата Хром и општина Ѓорче Петров: Според одредени историски извори, населувањето на територијата што денес ѝ припаѓа на Општина Ѓорче Петров, започнало пред сто години, поточно во 1916 година во периодот кога траела Првата светска војна. Изградбата на сообраќајната инфраструктура на територијата на Македонија започнала нешто порано, уште за време на Османлиската Империја и во тој период се работело на изградба на железничка инфраструктура која обезбедила ефикасно поврзување на градот Скопје со развиените трговски и индустриски урбани центри, како Солун и Белград. Ова претставувало клучен фактор за креирањето на населбата. 7


Изградбата на железничката пруга која го поврзува Скопје со Тетово, Гостивар и Охрид, започната од страна на бугарската, а потпомогната од германската војска, го поттикнува почетокот на создавањето на оваа населба преку подигнувањето на првите куќи кои биле наменети за потребите на работниците и стручните лица. Првото име кое го добива новооформената населба кое стои запишано во некои документи е „Железничка станица Генерал Жостов“ или скратено „Жостов“, во чест на началникот на Штабот на бугарската активна армија, која во тој период од Првата светска војна дејствувала на територијата на западна Македонија. Понатамошните податоци сведочат за преименувањето на населбата по завршувањето на Првата светска војна и воспоставувањето српска окупација во овој дел од Македонија. Во овој период населбата го добила името Ханриево, според францускиот генерал Пол Ханри, како резултат на сојузот помеѓу француската и српската војска во Првата светска војна. Помеѓу двете светски војни, населбата Ханриево претставувала предградие на Скопје кое интензивно се населувало и поради тоа се јавувала потреба од изградба на станбени згради. Најголем процент од населението претставувале работниците кои работеле на железничката линија. Изградбата и експанзијата на населбата се одвивала пропорционално со градењето на референтни објекти во функција на железничката инфраструктура и државата, како ложилница, станица за колосек итн., што поттикнувало и изградба на станови за вработените. Конечното име што го носи населбата „Хром“ е тесно поврзано со изградбата на индустрискиот комплекс и неговата улога во понатамошниот развој на населбата, односно преку изградбата на Пералиштето за хромна руда. Во непосредната околина на Пералиштето започнале да се градат станбени објекти за стручниот кадар, кој во почетокот го сочинувале Германци и Бугари. По изградбата на објектите на Пералиштето, во станбените објекти започнале да се вселуваат и работниците кои работеле во индустрискиот комплекс. Како резултат на тоа, населбата Хром го добива своето име, додека во станбените објекти независно дали се објекти за индивидуално или колективно домување и денес живеат семејства–потомци на работниците кои го затекнале почетокот на работењето на индустрискиот комплекс „Купрум“. По ослободувањето на Скопје, во 1944 година, ослободена е и тогашната населба Ѓорче Петров, која го добива ова име според македонскиот револуционер, додека населбата Хром го задржува истото име и денес.

8


Историска анализа на индустрискиот комплекс Купрум: Во регулациониот план за урбанистичко уредување на градот Скопје од архитектот и урбанист Јосиф Михајловиќ, градоначалник на град Скопје во периодот од 1929-1936 и 1939-1941 година, од особена важност е да се истакне дека при програмското зонирање на градот, за прв пат се размислувало за стратешко лоцирање на индустријата и индустриските зони и нивната позиција во градот. Позиционирањето на индустријата било од дисперзивен карактер и со тенденција на лоцирање на објектите по должината на брегот на реката Вардар и во близина на железничките станици и/или железничките линии и другиот тип сообраќај. Се користел речниот потенцијал како погонска сила и водата како неопходна компонента на индустрискиот производствен процес¹ како и близината на железничката линија во однос на дотур и транспорт на суровини и производи. И Михајловиќ во регулацискиот план за Скопје води сметка за овие два стратешки принципа за позиционирање на индустриските капацитети, дополнително водејќи сметка за природната конфигурација на теренот, како и воздушните струи. Токму овие фактори придонеле за изградбата на индустрискиот комплекс „Купрум“ и позиционирањето на фабричките капацитети истовремено во близина на железничката станица во населбата Хром и во близина на реката Вардар, задоволувајќи ги двата принципа на планот за просторната распределба на индустријата. Во текот на Втората светска војна кај германското стопанство се јавува потребата за експлоатација на рудите и другите суровини со кои било богато подрачјето на Македонија, а ископаната руда од рудниците била транспортирана во Германија. Важно место во оваа транспортна врска играла железничката станица „Генерал Жостов“, а оттука и областа Скопска Црна Гора била од големо значење за германската економија, како и за германската воена индустрија, поради постоењето на богатите рудници со хромова руда, Радуша, Лојане и Мечкатица.Тие ја презеле и контролата врз експлоатацијата на рудникот во Радуша, од каде што хромната руда се транспортирала во Германија за потребите на воената индустрија, што водело до потребата рудата да се ослободи од јаловината, оттаму и потребата за изградба на Горан Мицковски, Трансформација индустријских простора у контексту пост-социјалистичке транзиције града Скопља, Докторскa дисертација, Београд, 2015

1

9



Пералиште за рудата. Пералиштето за руда и неговата изградба е всушност почетокот на изградбата на индустрискиот комплекс подоцна наречен „Купрум“. Во 1942 година започнала изградбата на Пералиштето (подоцна познато како индустриски комплекс „Купрум“), со локација покрај брегот на реката Вардар, во кое се преработувала, односно се миела рудата што доаѓала од рудникот во Радуша, но и од повеќе рудници на хромна руда во регионот. По ослободувањето на Македонија по Втората светска војна, индустријализацијата за време на социјализмот во Југославија била главен инструмент на политичката модернизација на рурално-индустриските земји и општества. Фабричките капацитети биле поставени во функција на регионалниот развој. Индустриските комплекси работеле со полна пареа, па така „Купрум“ во тој период го достигнува својот подем во производството. Во овој поствоен период важел Генералниот регулационен план од 1948 година изработен со соработка на југословенските и чехословачките архитекти под водство на чешкиот архитект Лудјек Кубеш. Новитет во ревизијата на планот е предлогот за нова индустриска зона во западниот дел на градот по должината на реката Вардар во близина на населбата Ѓорче Петров. Тоа значи и почеток на развојот и креирање своевиден индустриски град на локацијата која денес ја зафаќа „Купрум“. „Купрум“ го поттикнува урбанистичкиот развој на населбата Хром, а особено и по земјотресот во 1963 година во Скопје, кога недостигот од станбени единици оштетени од земјотресот и константното зголемување на населението е ургентно решено со изградба на нови објекти во Хром и околните населби, особено корисни за вработените во фабриката. Објектите на комплексот „Купрум“ се изградени како единствен производствен комплекс за обработка на хромова руда, составен од две идентични производствени хали, управна зграда и придружни објекти. Во 60-тите години на минатиот век, индустрискиот комплекс е поделен на два производни капацитети, од кои едниот е фабрика за производство на текстил „Велурфлок“, а другиот дел е фабрика за преработка на обоени метали „Купрум“. Во склоп на комплексот „Купрум“ спаѓаат и сѐ уште постојат следниве самостоечки објекти: портирница, гаражи, административна зграда, трафостаница, техничка зграда-котларница, магацин, производна хала 1, производна хала 2, машинско одделение, помошни објекти. Индустрискиот комплекс „Купрум“ е функционален и во полна производствена форма за време на Југославија, а особено и по земјотресот во 1963 година кога и го доживува врвот на своето постоење и финансиска стабилност. Тој со децении 11



претставувал главен двигател на индустријата и економијата во овој дел од градот и иницијатор за развој на околните населби.

Купрум и периодот на транзиција: Од 1991 година претстои период на самостоен развој на Република Македонија. Станува збор за период на економска транзиција и структурни реформи во сите делови на општествено-економскиот систем. Периодот на транзиција ги афектира сите општествено-социјални, политички, културни и економски сфери, каде што се случуваат крупни реформи кои влијаат врз секојдневниот начин на функционирање на човекот. Ваквите реформски политики и транзициски одлуки кои довеле до приватизација на државните капитални објекти, го опфаќаат и индустрискиот комплекс „Купрум“. По трансформацијата на сопственоста, во 90-тите години, двата производствени комплекса се соочуваат со нерентабилност и неконкурентност на пазарот, при што стануваат загубари. Во делот кој припаѓаше на некогашен „Велурфлок“ се препознаени вредности за формирање повеќе засебни и помали производствени капацитети и на тој начин ентитетот е ревитализиран преку задржување на неговата иницијална намена. Фабриката „Купрум“ пак, со години се соочува со имотно-правни постапки, при што комплексот останува напуштен и се губи од сликата на градот, а објектите, девастирани, оштетени и напуштени, континуирано пропаѓаат. Последиците од транзицискиот период предизвикуваат фабриката оттогаш па сѐ до денес да е под стечајна постапка, а дел од објектите веќе се и во приватна сопственост, додека целата парцела на која е позициониран индустрискиот комплекс е сопственост на Република Македонија. Најновиот документ за планирање на урбанистичкиот развој на Скопје е донесен кон крајот на 2012 година. Но, новиот Генерален урбанистички план мошне немилосрдно и деструктивно се однесува кон постојниот фонд и неговиот урбанитет каде што во склоп на урбаниот четврт во кој спаѓа и комплекот „Купрум“, предвидува домување во станбени згради. Напуштениот индустриски комплекс е во фаза на пропаѓање повеќе од една деценија, а неговата локација претставува урбана празнина во ткивото на град Скопје интерполирана во населба со станбена структура. Парцелата на која се наоѓа индустрискиот комплекс денес претставува закана за населението од повеќе аспекти. 13



2

Сегашност

КУПРУМ-денешна состојба



Купрум и сегашноста: Локалитетот на индустрискиот комплекс „Купрум“ до ден денес е напуштен и девастиран и објектите единствено со експресивноста на надворешниот израз сведочат за своето време и постоење. Индустрискиот простор е деиндустријализиран поради напуштањето на индустриската производствена активност – познато како браунфилд или напуштање на индустриските капацитети насекаде низ Европа, најконкретна дефиниција дава CABERNET (Concerted Action on Brownfield and Economic Regеneration Network) каде што овој поим се однесува на „... подрачје кое е оштетено од некогашните корисници или од околните подрачја; кое е напуштено или недоволно искористено; кое е лоцирано во целина или делумно во развиено урбано подрачје; за кое е неопходна интервенција за да може повторно да се користи; и кое може да има реални или претпоставени проблеми со загадување.“2 Купрум денес претставува контаминирана, напуштена, незаштитена и неоградена урбана средина. Со децении наназад оваа урбана „празнина“ во Општина Ѓорче Петров негативно влијае врз животната средина и благосостојбата на локалното население во населба Хром во чија непосредна станбена близина се наоѓа. Фабриката е целосно девастирана и обезвреднета, со трајни оштетувања на одделни делови. Комплексот се наоѓа во близина на зона на станбено домување, тој има разни посетители, меѓу кои и малолетни лица, со што поради општата ситуација внатре во комплексот, тие се изложени на опасност. Ова претставува грубо кршење на конвенцијата на правата на детето, децата како „уживатели на правата“ се оштетени од страна на државниот апарат, кој не создал функционален систем што ќе оневозможи слободен пристап до напуштениот индустриски комплекс. Државите кои ја имаат ратификувано Конвенцијата за заштита на правата на детето, меѓу кои е и Северна Македонија, стануваат „носители на должност“, односно се обврзуваат да ги гарантираат (обезбедат) правата на децата, а со тоа и правото на безбедна околина. Културно ехо при посета на локалитетот како дел од своите активности поврзани со него, во 2018 година детектира присуство на малолетни лица во внатрешноста на фабриката, за што изработи кратко видео споделено на социјалните мрежи. Спротивно на ова пак, неограниченото и слободно движење на локалитетот создаде услови и овозможи младите уметници, артисти, музичари и графити-цртачи да пронајдат свое катче каде што ќе се изразат. Поради автентичната архитектура и неискористените просторни капацитети, фабриката на некој начин е длабоко вкоренета во скопската супкултура, за што сведочат повеќе музички видео-спотови CABERNET- Concerted Action on Brownfield and Economic Regеneration Network, http://www.cabernet.org.uk/?c=1316, 20 јули 2013

2

17


Автор на фотогрфии: Кристијан Караџовски


снимени од локални артисти во внатрешниот, но и во надворешниот простор на комплексот, користејќи ја притоа неговата атмосфера и ентериер како модел за сценографија на самите спотови. Истовремено во Купрум се забележува и графити-културата која вирее на ѕидовите на фабриката и која има силно изразена симболика во себе. Купрум денес претставува музеј на графити-цртачите и е една од најатрактивните локации за младите уметници кои го користат просторот при развојот на својот вид уметност. Просторот на индустрискиот комплекс е препознаен и вреднуван и од страна на младите архитекти и студенти по архитектура, кои фабриката ја гледаат како можност за креирање нов јавен и урбан простор во градот. Културно ехо пронајде поголем број магистерски трудови изработени од архитекти кои претставуваат различни идејни решенија за пренамена на Купрум во културно-едукативен и рекреативен центар, филмски град, центар за креативни индустрии и други компатабилни намени. Во овие трудови е извршена детална анализа на индустрискиот комплекс која ни дава јасна слика за многуте можности што ги дава овој простор и многуте идеи за негово повторно реинкарнирање во градското ткиво на Скопје. Од избраните трудови истовремено согледавме дека можностите што ги нуди просторниот капацитет на фабриката веќе се препознаени од страна на релевантна образовна институција како што е Архитектонскиот факултет во Скопје. Поради фактот што во минатото на овој простор се обработувала хромова руда, односно сепак станува збор за индустриски комплекс кој во рамките на производствениот процес исфрла и отпад, неминовно се наметнува прашањето за степенот на контаминираност на почвата, водата, подземните води и воздухот. Околната животна средина е засегната од ова прашање, а од оваа ситуација произлегува прашањето за изработка на соодветна проектна документација за влијанието коешто индустрискиот комплекс го има врз животната средина и процесот на деконтаминација на локалитетот. Во ЛЕАП 2 (Втор локален еколошки акциски план) изработен од страна на Град Скопје во 2005 година се заклучува: „Во Република Македонија не постои систем за управување со опасниот индустриски отпад. Во најголем број случаи опасниот индустриски отпад се складира во рамките на индустриските капацитети, а се случува овој отпад да се отстрани на несоодветни локации. Доколку во индустриските процеси се создава течен опасен отпад, тој може да заврши во канализациската мрежа или да биде истурен во почвата.“ Документот содржи и резултати кои се дел од истражување спроведено во текот на 19


Автор на фотогрфии: Кристијан Караџовски


изработката на националниот план за управување со отпад (2005 година), каде што и индустрискиот комплекс Купрум бил предмет на анализи, при што се добиени следниве резултати: Талог од секунадрно топење Купрум

Преработка на бакар и алуминиум

40.0

Струготина од обработка

5.0

Прашина од отпаден гас

1.0

40.0

Zn, Al, Cu Zn, Al, Cu

1.0

Оксиди (Zn, Al, Fe, Cu) и флукс

Покрај ова, фабриката претставува активен загадувач на почвата и речното корито на Вардар, бидејки има отворени базени со нафтени деривати, целосно незаштитени и оставени на забот на времето. За нас, но и за пошироката јавност, останува нејасно дали се постапува во насока на одржливо управување со контаминираните локации и дали се предвидени финансиски средства, но преку примерот со Купрум, заклучуваме дека на терен ситуацијата е алармантна, односно ниту една институција не презема конкретни чекори за надминување на овој горлив проблем. Подоцна во ревизија на истиот документ, во Национален план за управување со отпад (2009 – 2015) се мапирани 16 еколошки жаришта, но во нив не спаѓа и индустрискиот комплекс Купрум, што дава надеж дека сепак не се работи за локација со висок степен на контаминираност. Фабриката „Купрум“ денес од правен аспект е под стечајна постапка, додека дел од објектите кои се дел од индустрискиот ансамбл се во приватна сопственост. Парцелата на која се наоѓа индустрискиот комплекс е во сопственост на Република Северна Македонија.

Купрум како дел од проектот „Напуштени можности“: Како што претходно е наведено, меѓународното здружение Културно ехо како прв објект – референтен пример за спроведување на својот проект „Напуштени можности“ – кој претставува главна и стратешка цел на Здружението, а се однесува на 21


Автор на фотогрфии: Кристијан Караџовски


реоткривање на потенцијалите во напуштените објекти, односно спроведување на истражување за објекти кои можат да претставуваат закана по безбедноста, општото здравје и животната средина и нивна пренамена и реупотреба за општо добро согласно со член 27 и член 22 од Универзалната декларација за човековите права, започна иницијатива и дејствува во насока на заштита и пренамена на индустрискиот комплекс Купрум во студентски град на културата. Прва активност која ја спроведе Културно ехо во однос на заштита и пренамена на фабриката е одржување на културно-едукативен настан, кој започна со граѓанска еко-акција во дворот на напуштената фабрика во населбата Хром, Општина Ѓорче Петров. Подоцна, по стапувањето во контакт со младите архитекти кои како предмет на своето магистерско истражување го зеле токму индустрискиот комплекс и поттикнати од нив, иницијативата за пренамена на Купрум во Студентски град на културата се доставува до Владата на Република Македонија. По јавното излагање на отворениот ден за граѓански иницијативи во Владата на РМ, Културно ехо добива позитивен одговор од Министерствата за образование и наука и Министерството за култура, од Управата за заштита на културното наследство, како и поддршка од младински и граѓански здруженија, активисти и жителите на населбата Хром, што претставува иницијален чекор во идејата за пренамена. Градот Скопје како европска метропола и образовен центар на државата, заслужува да има модерен студентски град, кој воедно е и стратешка цел на државата чијшто носител е Владата. Овој простор е повеќе од потребен за студентите и младите кои сѐ почесто мигрираат во потрага по подобро образование и работа. Поради големината на индустрискиот комплекс (се работи за 22.000 м² неискористени можности), новоформираниот културно-едукативен центар ќе може да прими содржини што ќе ги задоволуваат потребите и на национално ниво. Со добар менаџмент и стратегија, отворениот студентски град за брзо време ќе може да прерасне во балкански интеркултурен центар. Во европските метрополи, објектите кои останале од периодот на деиндустријализацијата честопати се пренаменети во самоодржливи културно-едукативни центри. Преку пренамена на овие објекти, државата ќе реализира исклучително важна стратешка цел (студентски град), а ќе покаже и високо ниво на еколошка одговорност (реупотреба). Овој чекор ќе придонесе и за реализирање на целите и програмата на Град Скопје при апликацијата за Град на културата 2028 (пренамената на објектот ќе ја оправда и идејата „да се биде европска престолнина на културата, што не значи само богата програма на настани, туку и заграбување и оживување нови културни простори. Културата обединува и не знае за граници“) како и за унапредување на туристичките капацитети на градот. 23


Резултати од анкетниот прашалник „Од напуштен објект до студентски град“: Се обидовме да ги структурираме нашите размислувања за потребата од студентски град, како и можноста за пренамена на фабриката Купрум за таа цел, во една форма на онлајн истражување/анкетен прашалник. Анкетата беше спроведувана во период од три недели, од 10 до 31 август на социјалните мрежи и на неа одговорија 443 испитаници. Прашалникот беше составен од прашања поврзани со неколку теми и тоа: Потребите на градот во контекст на младите, Студентски град и содржински аспект и Можноста за пренамена на фабриката Купрум во студентски град. Испитаниците имаа можност да изберат од повеќе понудени одговори (со заокружување), додека за некои од прашањата беше потребно да се одговорат описно (со пишан текст). Сумирајќи ги резултатите, добивме мал увид во размислувањата на младите од 18 до 35 години (целната група) и нивните потреби во однос на градот, идејата за студентски град во Скопје, како и можностите за пренамена на напуштен објект за таа цел.

Кратки заклучоци: - 80%, односно 356 од испитаниците припаѓаат во старосната група од 19 до 29 год., додека пак околу 50%, односно 205 од испитаниците, се студенти; финансиски примања имаат околу 44,3% од испитаниците; - Речиси половина од испитаниците (201) се изјасниле дека дружења со пријателите, кафе, концерт, добар филм/театар им е омилен начин да го поминат слободното време. Понатаму, 20,4% од испитаниците (89) одбрале читање книга или 24


дополнителна едукација, додека пак, 17,4% или 76 испитаници се изјасниле за спортско/рекреативна активност. Помал процент, 10,3%, слободното време го поминуваат во рачна изработка, цртање/фотографирање, снимање (45). Останатите 6% од испитаниците се занимаваат со активности како што се: гејминг, собирање отпадоци, јога, свирење инструмент/во бенд, време во природа, активизам, дополнителна работа и друго; - Исто така повеќе од половина од испитаниците се изјасниле дека не се сигурни дали во нивна близина на живеење има напуштени објекти. 34,6% одговориле позитивно (153 испитаници), додека пак, 11,1% или 49 од испитаниците, кажале дела нема напуштени објекти во нивна околина. Испитаниците кои одговорија со ДА, наведоа околу 50 различни објекти, од кои ги издвојуваме најчесто спомнуваните: Купрум, Месна заедница Тафталиџе, Партизан, Фабрика Треска и Културен дом Ченто. Воедно, ова се и објекти кои Културно ехо ги има мапирано и води или се приклучува на иницијативи за нивна ревитализација; - Најголем процент, 74,8% од испитаниците (330), се изјасниле декa доколку има иницијатива за пренамена на некој напуштен објект во интерес на младите, би се приклучиле, додека пак, 22,9% односно 101 од испитаниците, одговориле со можеби, и 2,3% одговориле со Не. Повеќе од 2/3 од испитаниците се изјасниле дека поддршка за таква иницијатива би дале преку волонтирање и промовирање на иницијативата. Во помал процент се изјасниле дека би се вклучиле финансиски, со правно советување, техничка помош, изработка на проект/проектирање, со идеи и друго; - Најголем процент 82,3% од испитаниците (363) сметаат дека недостигаат мултифункционални културно-образовни центри, во голем процент, 70,4% од испитаниците (312) се изјасниле за паркови и зеленило, понатаму 57,1% односно 252 од испитаниците, одговориле дека недостатуваат библиотеки и читалници, додека пак, 45,8% посочиле базени за пливање. Останатите одговориле: велосипедски патеки, co-working простори, сали за музика, домови на култура, кино сали, галерии, музеи, ИТ простор и др.; - На прашањето што треба да содржи еден модерен студентски град, добивме 262 одговора, од кои издвојуваме дека заедничко е мислењето за концепт за комплексен простор кој во себе ќе интегрира: студентски дом, рекреативен и културно-образовен центар, библиотеки/читалници, парк, сала за настапи, простор за дружба, отворен амфитеатар, простории за тимска работа, јавни павилјони за изложување на проектите од студентите, спортски терени, зеленило, угостителски објекти со студентски ценовник и друго. 25


- Како интересни предлози ги издвојуваме: + Да биде смарт и одржлив (да биде применет концептот на циркуларна економија), да им нуди можност на студентите за работен ангажман во рамки на студентскиот град, да биде отворен за гости од странство, да има вело-паркинг, електрични полначи за велосипеди и тротинети, модерни простори за исхрана, простор за забава, да биде поврзан со јавен транспорт, да ги вклучи младите во управувањето и донесувањето одлуки поврзани со студентскиот град, да овозможи пристап и за лицата со попреченост, во своето управување да се залага за родова еднаквост, почитување на правата на малцинствата, да има доволно зелени површини за спортување на отворено, за дружење; + Студентскиот град е само продолжената креативна рака на веќе постојниот универзитет кој на студентите им нуди да ја развијат својата креативност, да го продлабочат своето знаење и да се здружат за да креираат заедно различни проекти; + Простории наменети за студентски организации, истражувачки центар за потребите на студенти од природонаучни подрачја, простории за поврзување меѓу бизнисот и студентите (нешто како ИНО-ФЕИТ); + Има многу добри примери што можат да се земат од стари фабрики пренаменети во центри каде што уметници доаѓаат од цел свет и творат, со графити и индустриски стил на библиотеки. Може да се земе пример од Лисабон LX Factory & Lodz во Полска. - Речиси половина од испитаниците никогаш не посетиле некој студентски град во друга држава. Сепак, 1/3 од испитаниците ги наведоа следните студентски градови во кои биле: Студењак, Белград, Каунас (Литванија), Trondheim Делф, Амстердам, Utrecht University Campus, Минхен, Studentensdadt, Urbino, Italia, Cambridge (како дел од Бостон), Harvard, MIT, Akropol student dormitory во Краков, Студентски комплекс-Софија и други. - Во поглед на информираноста за европската практика за пренамена на напуштени објекти во културно-образовни простори само 20% од испитаниците се изјаснија позитивно, од кои ги издвојуваме следниве примери: Метелкова и фабрика „Рог“ во Љубљана, Кино Ломбарди, Teatro Valle Pankow - Berlin, Conne Island - Leipzig, AJZ Chemnitz, Sassava - Czech, Heizhaus во Нирнберг, Индустриски комплекс „Zeche Zollverein“ Германија, Ineks, Термокис во Приштина, Fabrika Tubilisi, АКЦ Медика - Загреб, Стари фабрики во Германија се пренаменети во ателјеа и место за живеење за млади уметници и тоа уште од 1990, Patio Maravillas - Madrid, Fábrica de los Sueños - Collado Villalba, потоа Somerset House, The Peckham Car Park, Barbican center сите во Лондон, во Париз Le Cent Quatre, Geangeviertel во Хамбург, Grand Plaza во Атина, Plaza de Tokyo во Париз, Ruin Баровите во Будимпешта. 26


- Што се однесува на прашањето дали слушнале за Купрум, речиси 50% од испитаниците се изјаснија позитивно. - На прашањето, Дали мислите дека руинираната состојба на Купрум им пречи на жителите во населбата, околината, градот, и претставува закана за реката Вардар и животната средина, 2/3 од испитаниците одговорија со Да, а 25% одговорија со Не. - Изненадувачки 90% од испитаниците се изјасниле дека би поддржале иницијатива за пренамена на Купрум во Студентски град.

Графички прикази на дел од анкетниот прашалник: 1. Кој е твојот омилен начин да го поминеш слободното време? 10.3%

46.1%

6% 17.4%

Дружба со пријателите, кафе, концерт, филм (46.1%) Читање книга (20.2%) Рекреативно/спортска активност (17.4%) Рачна изработка, цртање, фотографирање (10.3%)

20.2%

Останато (6%)

27


2. Дали во Ваша близина има напуштени објекти од јавен карактер?

54.4%

Не сум сигурен (54.4%) Да (34.5%) 11.1%

Нема (11.1%) 34.5%

23%

3. Доколку има иницијатива за пренамена на некој напуштен објект во интерес на младите, дали би се приклучиле? Да (74.7%)

74.7%

Не (23%) Можеби (2.3%)

4. На кој начин би ја поддржале иницијативата? Со волонтирање Со промоција Со правно советување Со донација/финансиски

28

—320 (74.4%) —273 (63.5%) —20 (4.7%) —70 (16.3%)


5. Наведете кои културно-едукативни или рекреативни простори Ви недостасуваат во градот? Мултифункционални и културно-образовни центри Повеќе паркови и зеленило Спортски активности Базени и пливање Читални и библиотеки

—361 (82.2%) —310 (70.4%) —85 (19.4%) —201 (45.8%) —251 (57.2%)

6. Дали сте слушнале за објектот на Купрум?

46.5% 7.3%

Да (46.5%) Не (46.2%) Можеби (7.3%)

46.2%

11.4%

61.5%

26.2%

7. Дали мислите дека руинираната состојба на Купрум пречи на жителите во населбата, околината, градот, и претставува закана за реката Вардар и животната средина? Да (61.5%)

Можеби (11.4%)

Не (26.2%)

Останато (0.9%)

29


8. Дали би поддржале иницијатива за пренамена на Купрум во Студентски Град?

91.7%

Да (91.7%)

Не (1.4%)

Не знам (4.4%)

Останато (2.5%)

Заклучок од анкетниот прашалник: Од спроведеното истражување можеме да сумираме дека младите испитаници во однос на нивните потреби јасно посочуваат што им недостига како содржина во градот. Од друга страна пак, не се доволно информирани за потенцијалите кои ги има во нивната околина од типот на напуштени објекти кои можат да се пренаменат за млади. Зачудува фактот дека дел од нив подобро се запознаени со позитивни примери на пренамена на такви објекти во странство, како и тоа што сѐ треба да содржи еден модерен студентски град. Сепак, охрабрувачки е дека најголемиот дел би се приклучиле кон иницијатива (доколку ја има) за пренамена на објект во Студентски град или пак, во намена за млади и тоа најмногу преку волонтирање и споделување.

30


3

ИДНИНА ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА КУПРУМ



Вовед во магистерски тези за Купрум: Купрум често е тема на бројни студентски проекти, кои произвеле предлози и решенија за негова адаптација, пренамена, ревитализација и сл. Во прилог се илустрирани две од нив, магистерски тези на Мирјана Лозановска и Наташа Вчкова.

Магистерска теза: „Пренамена и интегрирање на објект од индустријата во повеќенаменски центар од областа на културата“ - Мирјана Лозановска МИА „Планирањето и оформувањето на еден град е во блиска врска со индустријата и нејзиниот развој. Урбанистичките планови кои го насочуваат урбаниот развој на градот Скопје оставаат траен белег врз неговата просторно-физичка структура. Еден од начините за интервенција врз овие остатоци, без притоа да се изврши насилна трансформација на просторот, несомнено е преку доживување на континуитет и тоа не континуитет на планираното, туку континуитет на движењето, на енергиите, на ритамот создаден низ времето. Пост-социјалистичките промени се одразуваат на многу физички структури, а како примери на промена во еден општествен модел претставуваат пост-индустриските остатоци. Според овие констатации, овој магистерски труд се базира на истражување на конкретна локација во градот Скопје, во кое главна цел е да се препознаат специфичните карактеристики на местото и на пост-индустрискиот период. Преку реафирмација и идентификација на квалитетот на просторот е анализирана трансформацијата на фабричкиот комплекс „Купрум“ и адаптација на просторно програмска целина, како и интервенција од архитектонски карактер.“ 33





Магистерска теза: „Урбани празнини во градот - заштита на урбаните празнини преку реадаптација на напуштени индустриски капацитети“ - Наташа Вчкова МИА „Со промена на општествено-политичкиот систем, по осамостојувањето на Македонија во 1991 година, градот Скопје се соочи со огромни просторни трансформации. Проблемот во неговиот развој лежи во тоа што транзициските форми и неговото згуснување се одвиваат хаотично и неконтролирано, при овие процеси на раст, урбаните празнини беа и сѐ уште се прва мета на агресивната урбанизација и згуснување на урбаната маса. Со преодот од социјализам во капитализам, дојде до редефинирање на вредностите на ваквите простори, од колективни, зелени, отворени простори за социјална интеракција, во неизградени остатоци со потенцијална економска вредност. Во овој магистерски труд е проучена трансформацијата на архитектонската урбана форма, настаната во текот на пост-социјалистичката транзиција. Главниот фокус е насочен кон празнините настанати по деиндустријализацијата во почетокот на 90-тите години, кога голем дел на индустриски капацитети престанаа со производство и зад себе оставија огромни празни напуштени простори. Прашањето е, на кој начин да се зачуваат овие празнини кои се подеднакво важни како и изградената структура, за непречно функционирање на градот? Еден од одговорите лежи во адаптивната употреба на напуштените индустриски капацитети во урбаното ткиво на градот, тие со своите огромни неизградени површини, претставуваат едни од ретките останати неизградени парчиња град во картата на Скопје.“

37


ул

.

"

Ва си

л Ча ка ла ро

в

ул

." Ве

ле

М ар ко

в

"

"

ул

"

. Ва си

л Ча ка ла ро

в

"

13

ПОСТОЈНА СОСТОЈБА

.

ул

"Ва си

л Ча ка ла ро

в

ул

."

Ве

ле

М

ар ко

в

"

" ул

.

"Ва

си

л Ча

ка

ла

ро

в

"

3

ПЛАН НА ИНТЕРВЕНЦИЈА

ул

. „с

те

во

ул

фи

по

ќ“

ко

в“

ар ко

в“

1

ка

ла

ро

в

3

2

4

ул

. „в

ел ем

Ва

л Ча

3

ар

"

ел

ем

си

3

ви

. „в

.

"

ли

ул

ул

.

Ва си

"

5

л Ча ка ла ро

в

"

6 7

НОВОПРОЕКТИРАНА СОСТОЈБА

НОВОПРОЕКТИРАНА СОСТОЈБА/ПАРТЕРНО РЕШЕНИЕ


2

3 +3.06

17x18 16x32

17x18 16x32

2.4

3 1

0.00

2.5

0.00

2

2.4

2.7

2.8

2.6

2.1

2.2

2.3

1

0.00

ОСНОВА НА ПРИЗЕМЈЕ

2

3

1. влезен хол со инфо пулт и гардероба 2.креативен пазар 2.1 продавница за сликарски материјали и врамување на слики 2.2. продавница за керамички производи со мини 1 работилница 2.3. продавница за музикаи музичка опрема 2.4 моден дизајн 2.5 книжарница 2.6 продавница за материјали за изработка на накит 2.7 продавница за рачно изработен накит 2.8 продажба и изложба на уметнички дела (графики , фотографии, слики ... ) 3. кафе-бар 4. тоалети

НА ПРИЗЕМЈЕТО Е ПЛАНИРАН КРЕАТИВЕН ПАЗАР КАДЕ МЛАДИТЕ КРЕАТИВЦИ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ПЛАСИРААТ СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ. СЕ ПРОТЕГА НА ПОВРШИНА ОД 1600 М2 , НИЗ КОЈА СЕ ПОСТАВЕНИ МОБИЛНИ ПАНЕЛИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОМЕСТУВААТ И ДА ФОРМИРААТ РАЗЛИЧНИ ПРОДАЖНИ ПРОСТОРИ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПОТРЕБАТА (23М2, 46М2 , 92 М2). ВО СКЛОП НА КРЕАТИВНИОТ ПАЗАР СЕ НАОЃА И БИФЕ СО ЗДРАВА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ . ПРОДАЖНИТЕ ЕДИНИЦИ СЕ ДИЗАЈНИРАНИ НА НАЧИН ДА БИДАТ ШТО Е МОЖНО ПОФЛЕКСИБИЛНИ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРИМАТ НАЈРАЗЛИЧНИ ПРОГРАМИ. СОСТАВЕНИ СЕ ОД СКЕЛЕТНА КОНСТРУКЦИЈА ИЗРАБОТЕНА ОД ДРВО, ДРВЕН ПОД И ОБВИВКА ОД МРЕЖА. СЕКОЈА ОД ЕДИНИЦИТЕ ИМА И СОПСТВЕНО ОСВЕТЛУВАЊЕ. ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПОТРЕБАТА МОЖЕ ДА СЕ ДОПОЛНАТ СО СООДВЕТНИ ИЗЛОЖБЕНИ ЕЛЕМЕНТИ.

92m2

46m2

23m2

структура

обвивка

осветлување

елементи


2

3 +3.06

17x18 16x32

17x18 16x32

9.1

11

3

4

11

5

6.12 18x16 17x30

18x16 17x30

11

1

1

8 1

12

9

3

10

6

2

7

11

14

ОСНОВА НА ПРВ КАТ

2

3

ЦЕНТАРОТ ЗА ДИЗАЈН, ИНОВАЦИЈА И ЕДУКАЦИЈА Е ЛОЦИРАН НА ПРВИОТ КАТ ОД ХАЛАТА И Е ПОДЕЛЕН ВО ДВЕ ЗОНИ : LEARNING & DOING ( УЧЕЊЕ И РАБОТА) СЕ ПРОСТИРА НА ПОВРШИНА ОД 1690 М2 И Е СОСТАВЕН ОД РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА УЧИЛНИ, ЧИТАЧКИ МЕСТА, РАБОТИНИЛНИЦИ, САЛИ ЗА СОСТАНОЦИ, САЛА ЗА ПРОЕКЦИИ И СЛИЧНО. ФЛЕКСИБИЛНОСТА НА ПРОСТОРОТ ГО ПРАВИ ПОГОДЕН ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА РАЗЛИЧНИ РАБОТИЛНИЦИ, КУРСЕВИ И ПРЕДАВАЊА. НА ПОСЛЕДНИОТ КАТ НА ПОВРШИНА ОД 140 М2 СЕ НАОЃА ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР КОЈ СЕ ПРЕДВИДУВА ДА БИДЕ ДОСТАПЕН И ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНИ ПОТРЕБИ.

преграден панел

полица-ѕид

стаклена преграда

11

9.1

11 3

5

4

18x16 17x30

18x16 17x30

11

8 1

9

10

12

2

3

6

11

14

7


ВОВЕД ВО АНАЛИЗИТЕ ЗА „ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА КУПРУМ“ на Сити скоп: Локацијата и комплекс зградите на некогашната фабрика Купрум претставува голем потенцијал за повторна ревитализација на просторот и самите објекти. Доколку се предвидат сериозни интервенции врз постојната состојба на објектите и преку процес на санација и реконструкција можат да се добијат нови програмски содржини кои би дале голем придонес во развојот на локацијата, што автоматски би придонело и за развојот на самата Општина, како и на градот Скопје. Целта на ова истражување и предлог на нова програма е дел од објектите на некогашниот комплекс Купрум да се адаптираат со нови содржини со што тој би функционирал како младински центар или студентски град. Таргет на оваа анализа се младите луѓе. Комплексот на објекти е лоциран во западниот дел на градот Скопје, во склоп на Општината Ѓорче Петров, во самата населба Хром покрај реката Вардар. Локацијата е оддалечена околу 5 км. од центарот на градот. Во непосредна близина на локацијата, во радиус од 3-5 км. се наоѓаат повеќе значајни институции како факултети и студентски домови (државни и приватни). Ова ја истакнува важноста на недостиг од културен младински центар во западниот дел на градот, а воедно ја истакнува и добрата локација и потенцијал на комплексот Купрум преку кој може да се реализира таа потреба.

41


МАКРО ЛОКАЦИЈА: Непосредното опкружување на комплексот Купрум претставува област во која е застапена намената домување (А1 – домување во станбени куќи и А2 – домување во станбени згради), каде што доминира густо распоредена структура на објекти со просечна височина до 10-20 метри. Како резултат на густата изграденост, зелените површини се ниско застапени. Согласно со усвоениот Детален урбанистички план за градска четврт С3 20, која се наоѓа на западната страна од фабриката Купрум, предвидена е собирна улица „Веле Марков“ со широчина од 14 метри, која зафаќа дел од катастарската парцела на Купрум, а воедно и дел од објектот на административната зграда. Исто така, главната намена со овој план е домување, со соодветни компатибилни намени, каде што површината на поголем дел од градежните маркици е зголемена. Висината на предвидените објекти е исто така зголемена, со што се зголемува и развиената површина на изградени објекти, а воедно со тоа и самата густина на населеност во самиот четврт. Како резултат на наведеното, зелените површини сѐ повеќе се намалуваат, додека јавни простори и паркови во овој случај многу малку се третираат. Комплексот Купрум, претставува простор соодветен за развој на јавни зони и зеленило, со оглед на малата изграденост на самата парцела. Новите содржини кои доколку успешно би се акомодирале во постојните објекти на комплексот, ќе бидат од големо значење и за локалното население од населбата Хром, каде што би се отворил простор за социјализација и рекреација. Комплексот Купрум има голем потенцијал да стане културен центар со разновидна програма, како и да придонесе за зголемување на зеленилото во јавниот простор.

МИКРО ЛОКАЦИЈА: Објектите на фабриката Купрум се изградени во периодот на Втората светска војна како единствен комплекс за обработка на хромова руда. Во 60-тите години комплексот е поделен на два производствени капацитета, едниот за производство на текстил „Велурфлок“, а другиот за преработка на обоени материјали „Купрум“. Во склоп на комплексот Купрум спаѓаат и сѐ уште постојат следните самостоечки 42


Нова парцелизација на околината согласно со ГУП на Град Скопје со постојна ситуација на фабриката КУПРУМ


објекти: портирница, гаражи, административна зграда, трафостаница, техничка зграда-котларница, магацин, производна хала 1, производна хала 2, машинско одделение, вкупно 4 помошни објекти. Горенаведените објекти, кои некогаш беспрекорно функционирале во склоп на фабриката Купрум, со оглед на имотно правните проблеми, денес се напуштени и трајно пропаѓаат. Во новопредвидената ситуација на објектот, согласно со анализите во однос на конструкцијата на објектите, нивната моментална состојба, како и новопредвидената станбена улица согласно со ДУП за четврт С3 20, се предлага од постојните објекти да се задржат следниве: - Делумно административната зграда, односно само предниот дел како последица на идна потреба од рушење на задниот дел од објектот, поради пробивање на собирна улица „Веле Марков” согласно со ДУП С03 20 и ГУП на град Скопје 2012-2022 година); - Целосно задржување на техничка зграда-котларница, која може да задоволи програмски барања поради добро сочувана состојба; - Целосно производна хала 1, која може да задоволи програмски барања поради добро сочуваната состојба; - Два од помошните објекти поради потреба од дополнителни содржини, иако тие се во лоша состојба, со што на нивно место можат да се предвидат и нови два објекта на истата местоположба и со слична структура; - Со цел да се задоволи процентот на застапени и компатибилни намени, може да се земе предвид и изградба на нов објект во склоп на самата парцела. Ситуацијата на објектите овозможува различно партерно уредување, со оглед на тоа дека со новопроектираната состојба од вкупната површина на фактичката парцела останува неизграден простор од 18.147 м², додека изграденоста е само 20%, односно 3.329 м². Исто така, поволна карактеристика е што самата парцела се наоѓа веднаш до реката Вардар, со што се овозможува слободна циркулација на воздух и погодност за раззеленување на просторот, што ќе биде од бенефит за градската четврт. Во склоп на новопредвидената состојба на партерното уредување се овозможуваат следниве содржини: - Јавен простор или плочник за комуникација и поврзување на самите објекти; - Зеленило како мини парк и простор за одмор; - Зелени површини за спорт и рекреација со можност за агро култура (доколку земјиштето со соодветни анализи и по потреба извршена деконтаминација може да биде плодно); - Аудиториум на отворено за разни културни настани. 44


Дефинирање на нови зони за просторен развој


АДАПТАЦИЈА НА ХАЛА: Објектот на производната Хала 1 се карактеризира со скелетна конструкција од армирано бетонски столбови и греди во комбинација со челични греди и челични кровни решетки. Функционалноста на просторот била организирана во својство на производниот процес со двовисински простор, со катност П+2 и меѓу катови. Осветлувањето на просторот било овозможено со големи прозорски отвори со високи парапети, додека комуникацијата меѓу нивоа била овозможена со вертикални комуникации – лифт и скали. Објектот моментално е во фаза на распаѓање, со искршени прозорци и врати, размонтирани скали и демонтиран инвентар, со што отвореноста на објектот за надворешни непогоди го зголемува ризикот од понатамошно распаѓање и сериозни оштетувања. Конструкцијата на објектот сѐ уште е во добро сочувана состојба. Развиената површина на објектот на производната хала која изнесува 3.985 м², овозможува акомодирање на нови содржини кои ќе зафаќаат 100% од вкупната функционална развиена површина на објектот (види дијаграм на слика десно). Објектот е погоден како културен центар за млади во кој би се одвивале повеќе активности. Исто така се предвидува ресторан/менза, која би била најмногу за потребите на студентите од околните факултети и студентски домови. Со претходна реконструкција и санација на објектот, во него може да се акомодираат следниве содржини од културен и угостителски карактер: - Концертна хала 998 м²; - Аудиториум 645 м²; - Центар за дизајн, иновација и едукација 645 м²; - Изложбен простор 172 м²; - Влезен дел, холови, гардеробери, инфо пултови 305 м²; - Администрација 600 м²; - Ресторан/менза и угостителски простории 620 м².

АДАПТАЦИЈА НА ОСТАНАТИ ОБЈЕКТИ: Административниот објект е со мешана конструкција од масивен и скелетен систем, но со оглед на тоа дека не се пронајдени архитектонски записи, горенаведеното е претпоставка согласно со системот за градење во тој период. Она што може да се заклучи од моменталната состојба е дека објектот е во добро сочувана состојба. 46


Предлог адаптација на постоечка производна хала


Тој е со катност П+1+Пк, каде што вертикалната комуникација е овозможена преку скалиштен простор. Предвидено е зачувување само на еден дел од објектот, додека задниот дел е предвидено да се отстрани поради новопредвидена собирна улица. Развиената површина на објектот ќе изнесува 515 м² и таа ќе овозможува акомодирање на нови содржини кои ќе зафаќаат 100% од вкупната функционална развиена површина на објектот. Објектот е погоден за намена групно домување – хостел кој може да сместува луѓе и за потребите на културниот центар. Во самиот објект има можност да се одвиваат повеќе активности. Со претходна реконструкција и санација на објектот во него може да се вдомат следните содржини: - групно домување/хостел 515 м²; Објектот на котларницата е изграден како скелетен констурктивен систем. Објектот има катност од П+3 ката, со скалишно јадро кое овозможува вертикална комуникација. Објектот е во добро сочувана состојба. Развиената површина на објектот ќе изнесува 465 м² и таа ќе овозможува акомодирање на нови содржини кои ќе зафаќаат 100% од вкупната функционална развиена површина на објектот. Објектот е погоден за читалница поради добрата оддалеченост од останатите објекти со социјални содржини во приземниот дел и кафе бар со што ќе се овозможи и комуникација со надворешниот простор. Во самиот објект има можност да се одвиваат повеќе активности. Со претходна реконструкција и санација на објектот во него може да се акомодираат следните содржини: - читалница 337 м²; - кафе бар 128 м². Помошните простории (вкупно 2 објекти) се изградени како скелетен конструктивен систем. Објектите се само приземни и се во лоша состојба. Со цел задоволување на потребите за дополнителни содржини, можат да се срушат и на нивно место да се изградат нови или пак, да се реконструираат и санираат со посериозни зафати. Површина на објектот за музички простории ќе изнесува 340 м² и ќе овозможува акомодирање на нови содржини кои ќе зафаќаат 100% од вкупната функционална развиена површина на објектот. Во самиот објект има можност да се одвиваат повеќе активности. Површина на објектот за спорт и рекреација ќе изнесува 340 м² и ќе овозможува акомодирање на нови содржини кои ќе зафаќаат 100% од вкупната функционална развиена површина на објектот. Во самиот објект има можност да се одвиваат повеќе активности.

48


Предлог адаптација на останати постојни објекти




500м

1000м

500м

1000м

2000м

2000м

3000м Купром

МКЦ

Река Вардар

Факултети (~38)

Студентски домови (~9)

Зеленило 3000м


4

заклучок /////////////////////////////



Завршно обраќање: Како резултат на целокупниот проект, ќе се создаде мултифункционален комплекс како облик на критичко делување со социо-културно и општествено значење, преку кој ќе се ангажираат и промовираат поединци и групи од сите етнички заедници. Ова ќе овозможи реквалификација на ентитетите и нивно интегрирање во современата општествена стварност и регенерирање на урбаното ткиво на град Скопје. Со ваквата ненасилна трансформација, може повторно да им се врати животот на напуштените индустриски објекти кои претставуваат единствен примерок на нашето индустриско наследство, во архитектонска, градежна, технолошка и културна смисла, и се составни делови од колективната меморија за градот. Рестартирањето на останатите напуштени ентитети, кои се наоѓаат во градските населби е невозможно, поради нивниот загадувачкиот карактер и инфраструктурните проблеми. На тој начин, со непостоење на никаква стратегија, ниту иницијатива за зачувување и ревитализирање на овие места како спомени од историјата на градот Скопје, според новиот план тие набрзо ќе се сретнат со својата судбина да бидат срушени, а на нивно место се планира да никнат нови штангли на објекти за домување. Студентскиот град на културата преку својата програма ќе придонесе кон развојот на интеркултурализмот преку унапредување на еднаквоста и интеграцијата на општеството, во рамките на Сеопфатната државна стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам чиј носител е Владата. Пренамената на индустрискиот комплекс Купрум во Студентски град на културата ќе претставува пионер на имплементацијата на оваа стратегија. Проектната програма ќе вклучува активности за промовирање на културните вредности и различности и поголема координација меѓу заедниците. Активностите ќе бидат наменети за продлабочување на комуникацијата помеѓу различните заедници преку спознавање на културата, традицијата, начинот на живеење и културно-етничкиот идентитет, со цел да се создаде инклузивно и кохезивно општество кое се фокусира врз истражување на односите, комуникацијата и соработката меѓу неговите различни идентитетски групи. Една од целите на истражувањето е да се утврдат структурните промени и трансформациите кои настанале во сферата на архитектурата со посебен акцент на индустриската архитектура. Потребно е да се насочи вниманието врз напуштените индустриски објекти, тешко оштетени и девастирани структури кои го чинат индустриското наследство на Република Македонија во архитектонска, градежна, технолошка и културна смисла и 55


претставуваат составен дел од колективната меморија на населението за градот, како и да се укаже кон нивно препознавање, вреднување како културна историја и секако нивно реинтегрирање во општествената стварност преку соодветни методолошки постапки за заштита и ревитализација. Ревитализацијата на овие простори нуди можност за спречување на деградацијата на градската животна средина (на формално, програмско, просторно и еколошко ниво), со што тие често се синоними за поттикнување на „урбаното подмладување“. Поради тоа, фокус на ова истражување е промоцијата, препознавањето и заштитата на индустриското културно наследство во Република Македонија преку примерот на индустрискиот комплекс Купрум, негова пренамена преку трансформирање во Студентски град на културата, процес кој повторно ќе го врати животот во индустрискиот комплекс. Истражувањето е во насока на објаснување на важноста објектот да биде заштитен како индустриско културно наследство, прв пример на заштитен индустриски објект на територија на Република Северна Македонија.

Завршни податоци: • Иницијативата беше препознаена и поддржана од невладиниот сектор, музичарите и од граѓаните (220 споделувања на социјалните мрежи); • Студентски град е исполнување на стратешка цел на Владата на РСМ, во фокус се ставаат младите; • Имплементација на граѓанска иницијатива претставува инклузивен процес поддржан од страна на Владата; • Ова ќе претставува прв објект кој ќе се заштити со закон за културно наследство од индустриски карактер. Со оваа постапка, Скопје преминува во градови кои го препознале потенцијалот за употреба на индустриското наследство во културни цели, како Метелкова – Љубљана, Термокис – Косово, КЦ Град во Белград и многу други; • Вмрежувањето со горенаведените балкански културни центри го потврдува интеркултурниот карактер на иницијативата; • Зголемување на туристичките капацитети и понуда на град Скопје; • Зголемување на зеленилото во Општина Ѓорче Петров; • Доколку проектот е прифатен и во иднина претставува дел од апликацијата на Скопје – Град на културата 2028, во тој случај преминува во надлежност на Град Скопје.

56



fb.com/culturalechoes instagram.com/culturalechoes

fb.com/cityscopeskopje instagram.com/cityscopeskopje


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.