PRAVOSLAVNA SVETLINA Spisanieto izleguva so blagoslov na
Сод ржина:
Negovoto Visokopreosve{tenstvo Mitropolitot Povardarski g. Agatangel
Велигденско послание - Митрополит Агатангел Светите отци, раната Црква, Библијата Ако некој сака да врви по Мене – Интервју Љубов кон ближните Во брак со свештеник Разговор со православните за „оние работи“ Од ризницата на Светите отци(7) Тајната на покајанието За светата тајна исповед Приговор 7 Понижување на гордоста Мисионерско писмо 33 Проповед за празникот на Свети Агатангел Битолски Устројување во света монашка обител Дневникот на една мајка
Pravoslavna Svetlina Spisanie za pravoslavna vera, obrazovanie i kultura; broj XIII април 2010, izleguva ~etiri pati godi{no. Izdava~: Povardarska eparhija na Makedonskata Pravoslavna Crkva, Veles. Glaven i odgovoren urednik: Mitropolit Povardarski g. Agatangel.
Ureduva~ki odbor: |akon Vlatko Stoimenov, ѓакон Jani Mulev, dipl. politikolog Nikola Cilakov. Dizajn i kompjuterska podgotovka: Nikola Cilakov. Lektura: Kosovka Saveska Pe~ati: “1kniga” - Veles www.povardarska-eparhija.org.mk e-mail: info@povardarska-eparhija.org.mk
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА
†
АГАТАНГЕЛ
ПО МИЛОСТА БОЖЈА МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ, НА СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ОДНОСНО ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА, А ПО ПОВОД ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН, ИМ ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА „Воскресението Твое Христе Спасителу, ангелите на небесата го воспеваат, а нас на земјата удостој нé со чисто срце Тебе да те славиме“
B
2
озљубени наши духовни чеда!
Повардарската епархија на Македонската православна црква, со Божја помош и закрила, денеска зачекори во времето на големото торжество и празнување, во времето исполнето со богодарувана воскресенска радост и надумна божествена љубов. Целото христијанство погледнато во својата суштина се темели врз радоста и љубовта, врз овие две основни доблести, кои засветлија со својот најсветол сјај, токму на денешниот многублагодатен празник Воскресението Христово - Велигден. Личноста на Воскреснатиот Господ Исус Христос е темелот и основата, врз кои се потпира решението на духовните проблеми на модерниот човек, на човекот обременет со товарот на гревот. Во Личноста на Воскреснатиот Господ се наоѓа одговорот на сите човечки прашања, разрешувањето на сите човечки дилеми, бидејќи овде се
крие тајната на животот, тајната на избавувањето и спасението, тајната на здобивањето и престојот во вечноста и Царството Божјо. Драги браќа и сестри Македонци и Македонки! Она што за луѓето е неможно, станало можно за Богочовекот. Рече Господ „Нова заповед ви давам, да се љубите едни со други, како што Самиот Јас ве возљубив, полагајќи го животот за мнозина“ (Јн. 13. 34). Оваа порака и завет Христос не ја упатил само кон своите ученици, ниту кон само еден човечки род или раса. Неговата љубов нема ниту граница, ниту ограничување. Таа сите подеднакво ги прегрнува, на сите подеднакво им се дарува и на сите и на сѐ подеднакво им се радува со својата бесмртна радост. Според својата природа таа е вечна, а според своите својства сеопфатна и безгранична, таа подеднакво ги љуби
исполнува со Неговата воскресна, вечна и од смртта посилна љубов, како кон сите луѓе, така и кон сите созданија. Според таквата љубов ќе бидат препознати Неговите ученици и ќе бидат признати на Страшниот суд.
B
и живите и мртвите, и праведните и грешните, и луѓето и тварите. Љубовта која ја сака сегашноста, а луѓето ги предава во ништожност, таа е лажна и демонска љубов. Љубовта која не е во состојба да воскресне мртви и самата е мртовец. Љубовта која не може да го победи демонското зло, гревот и смртта, самата се претвора во прелест и привид. Љубовта која не е спремна да слегне во најмрачните подземја на човековата огревовеност и богоотуѓеност, никогаш не ќе може да се претвори во живот и светлина на луѓето. На таква љубов сме повикани првенствено и ние коишто го носиме Христовото име. Затоа, оној којшто е Христов на земјата и којшто сака да биде Негов во вечноста, нека се
ерни чеда на Повардарската епархија на МПЦ!
Во изминатиов Велигденски циклус Повардарска епархија продолжи и понатаму со градењето на новиот храм во центарот на Велес, посветен на семакедонските учители и просветители светите браќа Кирил и Методиј. Овој храм, за нас како Епархија има приоритетно значење, се разбира не занемарувајќи ги останатите градителски потфати, кои ние во претходните години веќе ги имавме започнато. Така, годинава очекуваме да заврши целосната реконструкција на Велешките цркви „Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. Петка“ каде моментално, и на двете места, се изведува фрескоживописот, како завршна фаза пред нивно преосветување. Мораме да признаеме дека во овие тешки економски услови во Република Македонија градителски потфати и проекти многу е тешко да се изведат на време онака како што порано било планирано. Брзото реализирање на овие богоугодни дела сепак зависи од финансиските средства. Затоа напоменувам дека сите наши браќа и сестри кои помагаат во изградбата на православни духовни светилишта во исто време се градат и себеси, ја градат и историјата, но и вкусуваат од залогот на вечноста. Градењето на храм колку што е аскетско, толку е и естетско дело. Во животот сé се променува - се менуваат времињата, цивилизациите, градовите растат
3
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА или се намалуваат, но светилиштата остануваат вечни, токму поради вечните вредности што во нив се случуваат. Драги браќа и сестри, согледувајќи ги статистичките податоци за наталитетот и морталитетот, ние, како македонски православен народ, со тек на годините сè повеќе старееме. За ваквата биолошка и национална катастрофа немаме никаков изговор, не смееме да дозволиме да станеме малцинство во сопствената земја. Обидот за да се себеоправдаме, криејќи се позади финансиските средства или градењето на кариерите е обид да ја скриеме својата мрзливост и себељубие. Достоинството на родител е едно од најголемите достоинства што Бог му ги подарил на човекот. Создавањето, а потоа и воспитувањето на личноста е учество во Божјата креација на овој свет, па според тоа голема е тагата тогаш кога ние самите се откажуваме од оваа божествено величание, во име на некои минливи човечки вредности. Во некои манастири во Повардарската епархија, а тука пред сè предничи манастирот „Св. Атанасиј“ во с. Извор, забележани се сатански, демонски и ѓаволски прекршувања на Каноните на Светата православна црква, со тоа што буквално се окупирани од разни бајачи и гледачи, кои здружени со некои локални моќници искажуваат
непослушност кон своите парохиски свештеници и профитираат од маката на православните верници, кои дошле да се поклонат во овие светилишта. Ја користиме оваа прилика, уште еднаш да укажеме дека ваквите гнасни пагански дејствувања Македонската православна црква не ги благословува и воедно да ги повикаме вистинските православни верници, заедно со својот свештеник, одлучно да им застанат на патот на лажните пророци.
B
озљубени чеда во Христа Воскреснатиот!
Испраќајќи ви го нашиот Архипастирски благослов, ви посакуваме во мир, слога, со добра волја и меѓусебно разбирање да ги дочекате и прославите Велигденските празници. Мирот Божји и Неговата безрезервна љубов нека ви бидат утеха и поткрепа во вашите семејства. Овој празник, Воскресението Христово, е вистинска можност да се сплотиме како македонски народ, да си простиме еден на друг, братски и со љубов да си подадеме рака, да воспоставиме нов почеток во нашите животи. Да му благодариме на Бога за добрините што ни Ги направил, да го благословиме Неговото име, за Него да ги отвориме нашите срца. Да се облечеме во Неговиот живот и во Неговата личност, и да речеме со сето наше битие:
Навистина воскресна! Митрополит Повардарски †АГАТАНГЕЛ
4
Светите Отци – Раната Црква и Библијата Свештеник Алексиј Јанг
Б
и сакал малку да го објаснам о д н о с о т на раната Црква кон Библијата. Една од првите анти - христијански идеи беше таканаречената гностицизам. Потекнувајќи од Симон Маѓесникот (Дела 8), гностиците тврдат дека ги поседуваат „вистинските“, но „тајни“ учења на Христос и апостолите. Тие ги обвинуваат отците на раната Црква за забранување на овие „таинствени учења“ и намерно чување на луѓето во јаремот на незнаењето. Тие велат дека христијанското учење било премногу едноставно, и дека тие претпочитаат опширни и егзотични објаснувања за чистото учење на Црквата. Друга разлика помеѓу христијанството и гностицизмот била оваа: уште од времето на апостолите, Црквата ги отфрлала останатите религии како невистински, дури и демонски; само верата во Христа и содејството на Христовата благодат може да нè спасат. Гностиците, пак, велат, дека сите тие религии се всушност исти и поради тоа сите се во некоја смисла точни. Гносис, или тајно учење, е сè она што му треба на човекот; штом тој ќе го поседува ова знаење ќе биде „спасен“ и ќе може да прави сè што ќе
5
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА посака.
Г
ностиците ја нападнаа Црквата и се обидоа да ги заведат верните. Црквата мораше да го одбрани своето стадо. Еден од предводниците во оваа „битка“ за човечките души беше црковниот отец, свети Иринеј Лионски (140202). Тој бил ученик на маченикот свети Поликарп, кој, пак, бил ученик на аспостолот Јован. Свети Иринеј внимателно ги проучувал идеите на гностиците. Тој увидел дека тие сакале да ги дополнат апостолските учења со непишани, тајни учења и дополнителни „евангелија“ (други од оние што биле напишани од четворицата евангелисти); тој дошол до заклучок дека Црквата мора да направи две работи: прво, мора да се утврди кој е вистинскиот авторитет за христијаните. Второ, мора да се утврди строга листа на автентични текстови. Тој сфатил дека Светите писма, кои дотогаш биле широко распространети низ христијанската заедница, би требало да бидат споени заедно и да се направи еден систем или ред. Така, свети Иринеј станал првиот свет отец (колку што ние знаеме) кој го направил списокот на Светите писма (т.е. книгите од денешното Свето Писмо) кој речиси целосно одговара на она што ние денес го користиме! Правејќи го ова, овој светител направил, за сите христијани да можат да ги избегнуваат лажните „Свети писма“ на гностиците и на сите оние кои се надвор од Црквата; ова помогнало сите вистински верници да можат лесно да дознаат што е вистина, а што лага, како што е според зборовите на еден друг Отец, свети Јероним, кој пишува: „Вистината е оградена... но злото и лажното верување се умножуваат бескрајно“. Врз која основа успеал свети Иринеј да ја напише листата на прифатени текстови? Кој бил неговиот авторитет, некои пишувања да ги додаде, а други да ги отфрли? Тој си ги одговорил овие прашања на себеси, и неговиот одговор е многу важен. ој рекол, дека Христовата Црква може да ги прифати само оние пишувања и учења кои се заеднички за црквите со апостолско потекло. „Нели би било логично“, прашува свети Иринеј, „да се прифати, дека доколку светите апостоли знаеле „тајни учења“, тие би им ги пренеле особено на оние, на кои тие им ги доверувале црквите“? И зарем тие први наследници не би ги пренеле тие учења на нивните наследници, итн.?
Т
6
„Но факт е дека“, - продолжува свети Иринеј, „наследниците на апостолите воопшто не учеле такви работи; ниту, пак, ги користеле чудните „евангелија“ кои ги користат гностиците. „Ние апелираме“, - пишува тој, „на тоа предание (пишаното Писмо и усното предание), кое дошло од апостолите и е чувано преку преемството на епископите во црквите“. атоа, ние ги користиме само оние текстови кои се употребувани од наследниците на апостолите, и го проповедаме само она што тие го проповедале и во кое верувале, во непрекинатото наследство (преемство), уште од времето на апостолите. Затоа, наследник на апостолите е епископот, кој може да го поврзе своето ракополагање со она на светите апостоли, а не човек кој себеси се нарекува епископ, а е всушност „самоназначен“. Она што е фасцинантно е дека никаде свети Иринеј не вели дека Библијата сама по себе е авторитет за христијаните! Туку напротив! Тој вели дека авторитетот на епископите на Црквата го прават валидно Светото Писмо. Тој пишува: „Дури и ако апостолите, не ги беа оставиле нивните Писма за нас, зарем ние не треба да го следиме она правило на преданието кое тие им го пренеле на оние, на кои им ги довериле црквите?“ вие учења на раните свети отци за Библијата и Црквата се апсолутно најважни за оние, кои денес сакаат да ја пронајдат Христовата вистинска Црква. Свети Иринеј вака го опишува ова: „Бидејќи постојат толку многу јасни сведоштва, ние не смееме да ја бараме од други вистината, која многу лесно може да се добие од Црквата. Таа била тука, во Црквата, така што апостолите, како богат човек ставиле влог, и целосно ѝ подариле сè што ѝ припаѓа на вистината. Таа е влезот во животот; сите други се крадци и ограбувачи. Затоа ние мораме да ги одбегнуваме нив, а со најголема љубов да ги љубиме сите нешта во Црквата, и да се предадеме на преданието на вистината“.
З
О
Искрено во Христа, Отец Алексиј Јанг Превод од англиски јазик: Никола Цилаков, дипл. политиколог Наслов на изворникот: Fr. Alexey Young, Holy Fathers - the early Church and the Bible, http://www.roca.org
7
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА Автор: Максимос и Ирена Морган
Интервју со семејството Макдоналд „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене“ (Мат. 16, 24)
В
о малата куќа на семејството Џефри и Карен Макдоналд во Барнет, Тексас, е удобно и пријатно. Тие имаат пет деца, а во домот им царува мир и поредок. Тоа ми остави силен впечаток уште првиот пат кога им гостував пред една година. Со сопругата решивме да им раскажеме на читателите на вебсајтот „Православна младеж“ за ова американско семејство. Интервјуто го водевме на 11 јануари во нивниот дом, додека седевме до убавата и накитена Божикна елка. Од некои играчки нè гледаа Божјата Мајка и Богомладенецот. Многу од играчките беа направени од децата. Прашање: Џефри и Карен, вие и двајцата не произлегувате од православни семејства. Раскажете ни за вашето обраќање во православието! Џефри: Роден сум во Њу Џерси и како мал одев со родителите во презвитеријанска црква. Кога имав 16 години, започнав да посетувам баптистичка црква. Учев во протестантски колеџ, по што планирав да се запишам во богословија. Но, преку лекциите по црковна историја разбрав за постоењето на Православната црква. Постепено, разочарувањето од протестантизмот се зголемуваше. Сознав дека постојано се јавуваат деноминации (промени) во протестантизмот и видов дека секоја од тие си има свое толкување на Библијата. Сметав за потребно да се присоединам кон Црква, во која толкувањето на Библијата и црковната историја се едни и единствени (неменливи), па затоа започнав да ги посетувам службите во Православната црква. Во тоа време учев во евангелскиот колеџ „Јутн“. Открив дека Православната црква го проповеда учењето кое го наследила од светите апостоли, а не некакво новоизмислено богословие, како што е во случај со повеќето протестантски пастори, кои се разликуваат меѓу себе по своите учења. Примив православно крштение на Велика Сабота во 1977 година. Тогаш бев студент во трета година. Откако го завршив колеџот „Јутн“, заминав да студирам на православната богословија „Свети Владимир“ во Њујорк, каде што и завршив со магистерски степен. Потоа заминав со семејството за Алјаска, каде што предавав три години во Православната богословија „Свети Герман Алјаски“. Потоа се вратив во богословијата „Свети Владимир“ во Њујорк за да ја одбранам докторската дисертација. Повторно се вратив во Богословијата „Свети Герман“ во Алјаска, каде предавав седум години. Кога читав за првите Отци на Црквата, сознав дека православните христијани се тие кои ги запазиле учењата на апостолите и на раната Црква. Видов дека Православната црква го живее апостолското предание, кое не може да се пронајде во протестантизмот.
8
Карен: Пораснав во Њујорк во еврејско семејство. Одгледана сум како Еврејка и сите мои роднини беа Евреи. Како дете ги посетував службите во синагогата, но кога отидов на колеџ, веќе не бев заинтересирана за религија. Во универзитетот бев изложена на феминистички и постмодернистички влијанија и тоа ме насочи негативно кон христијанството. Во прво време бев против секоја форма на традиционална религиозна мисла. Но, кога веќе бев трета година како студентка во Женскиот колеџ „Брин Мар“, Пенсилванија, станав христијанка. Помеѓу втората и третата година во колеџот, започнав повторно да верувам во
Бога. Пред тоа сигурно сум била агностик. Почнав да верувам во Бога, откако го прочитав Евангелието. Во тоа време немав ниту еден пријател христијанин. Подоцна, едни мои познајници ме поканија да отидам во црква со нив, којашто беше харизматска протестантска црква. Во почетокот одев во различни христијански цркви. Потоа заминав да студирам на катедрата по Блискоисточни јазици и цивилизации во Харвард. Во тоа време започнав да забележувам непостојаност и нелогичност во протестантизмот. Од книгите и професорите дознав дека Раната Црква била литургиска и дека таа води потекло од литургиските практики на Евреите во синагогата. Тоа ме наведе на мислата да започнам да посетувам црква во која се негува жива литургиска традиција. Имав еден колега, кој беше Грк. Со него се познавав од часовите по Библиологија. Тој ме покани да присуствувам на света Литургија на Пасха во Грчката православна богословија „Свет Крст“ во Масачусетс. Во тоа време веќе ја бев отфрлила Римокатоличката црква, заради претензиите за првенство на папата. Ја отфрлив и Англиканската црква, поради нивните либерални учења и поради фактот дека во таа црква има жени – свештеници и хомосексуални свештеници. Кога ја посетив таа Грчка православна црква, антифоното пеење, темјанот и свеќите ме потсетија на богослужбите во синагогата. Тогаш не мислев да станам православна, зашто целата богослужба во таа црква беше на грчки јазик, а јас не разбирав ништо на тој јазик. Но, започнав да пројавувам интерес кон Православната црква и да читам книги по црковна историја и православно богословие. Она кое што најмногу ме привлече кон Православната црква е тоа што таа може да биде проследена до Црквата на светите апостоли. Потоа, започнав да посетувам православна црква на англиски јазик и веќе есента 1988 година примив свето крштение. Прашање: Џефри, раскажи ни за годините кога си предавал во Православната богословија во Алјаска! Џефри: Предавав лекции по црковна историја и Стар Завет како професор во Богословијата „Свети Герман“. Студентите беа главно од месните заедници во Алјаска. Поминав таму 10 години. Живеевме во провинцијата на Алјаска, каде што многу од селата беа чисто православни. Како што знаете Православието во Америка дошло преку Русите, кога Алјаска сè уште била нивна територија. Тие испратиле многу свештеници во Алјаска за да проповедаат пред тамошното население и да го покрстат. Ако одите во Алјаска ќе видите многу православни цркви и ќе сретнете многу православни луѓе. Но, да се вратам на моите години поминати во Алјаска. Месното население во селата живее многу примитивен живот. Богословијата се наоѓаше во малото гратче Кодиак, на островот Кодиак. Тоа беше руска населба на рибарско пристаниште. Сега таму има голема американска воено-морска база. Јас подготвував млади луѓе од месното население за свештеници. Во богословијата имаше многу малку Американци од англо-саксонско потекло, повеќето студенти беа од месното население во Алјаска.
9
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА Прашање: Вие имате пет деца. Дали планиравте да имате толку многу деца? Карен и Џефри: Не планиравме колку деца ќе имаме. Едноставно така се случи. Александар има 17 години, а Ана 14. Тие се родија додека живеевме во Алјаска. Елизабет има 8 години, Андреј има 5, а најмалата Катрин има 3 години. А, тие, пак, ни се родија во Тексас. Според учењето на Православната црква, децата се благослов Божји. Самиот чин на венчавање е полн со молитви семејството да има многу деца, и ние веруваме дека Бог навистина нè благословил. Сметаме дека избегнување на бременост треба да постои само во ретки случаи. Треба секогаш да ја испитуваме нашата совест кога одлучуваме да имаме деца. Ана, 14 години: Јас сум против контрацепциските средства, зашто сметам дека секое човечко суштество има право да живее уште пред да се роди на овој свет. Прашање: Џефри и Карен, дали планирате да имате уште деца? Карен: Со радост би прифатила да имаме уште деца, но веќе остаревме и се сомневам дека ќе имаме уште. Прашање: Имајќи предвид дека имате толку многу деца, дали имате проблеми околу плаќањето на сметките? Карен: Не, никогаш не сме се грижеле околу тоа. Отсекогаш нашите финансиски средства ни биле скромни, така што, ниту еднаш не сме се почувствувале под некој притисок. Дури и тогаш кога не ќе можевме да си дозволиме за нешто, секогаш се наоѓаше начин. Понекогаш Џефри добиваше покачување или, пак, едноставно ги пренасочувавме своите приоритети. Кога доходот ни беше многу низок, тогаш купувавме облека од Second hand (втора рака, стара но зачувана облека) или, пак, примавме носена облека од наши роднини и пријатели. Прашање: Објаснете ни како се одгледуваат толку многу деца! Џефри: Многу е убаво! Поголемите ни помагаат околу помалите. Многу е интересно да ги гледаш како си помагаат едни со други. Всушност, полесно е отколку да имаш само едно дете. Кога имаш едно дете, сите социјални потреби на детето се насочени кон родителите, но кога имаш повеќе деца, тие си помагаат меѓу себе, и тоа ти дава извесна слобода. Но, фактот, дека имаме повеќе деца, си има свои предизвици – животниот пат со нив ќе биде подолг. Карен: Пресметав дека ќе имаме деца во куќата околу 36 години и тоа ако секој го напушти домот на 18 – 19 години, за да оди на факултет. Кога ќе ги погледнете нивните години ќе видите дека тие ме тргаат во пет различни насоки – големите се во гимназија, а најмалата е на 3 години. Ана, 14 години: Предизвик е да живееш со две помали сестри во една соба, затоа што тие само растураат. А, и не можам да ја уредам собата како што сакам. Ќе ви раскажам нешто забавно, на пример, за Елизабет, која многу повеќе ме предизвикува. Таа практикува во недела, по ручекот, да ги подредува на подот во собата, нашите алишта за секој ден од седмицата. Таа со Катрин многу сакаат да ми претураат во алиштата. Карен: Поголемите ги учат помалите како да си ги средуваат и чистат собите и да свират на музички инструменти.
10
Прашање: Вашите деца никогаш не оделе на училиште, зашто вие сте ги образувале дома. Домашното образование е алтернатива за многу родители во САД, коишто сакаат да им обезбедат на децата поразновидно образование и коишто сакаат да ги држат подалеку од опасностите кои демнеат во државните и приватните училишта. Раскажете ни кои беа причините, поради кои вие се одлучивте да ги образувате децата
во својот дом! Карен: Решивме да ги образуваме децата дома, за да им дадеме подобро образование. Сакав јас да изберам она што ќе го учат моите деца, и методите по кои тие ќе учат. Желба ми беше децата да постанат писмени и внимателни личности и да можам да учествувам во формирањето на нивниот карактер. Не сакавме нивното образование да им зависи целосно од образованието на другите деца на нивна возраст. Сметам дека општествените училишта се пречка за децата, кои сакаат многу да научат, и за родителите, кои сакаат добро да ги образуваат своите деца. Предноста на домашното образование е дека можете детето да го надгледувате постојано, коешто, пак, општественото училиште тоа не го дава. Ние сме членови на една група на родители, коишто ги образуваат децата дома, па ги обединуваме децата за да учат заедно дома. Ако некој родител има познавање по определен предмет, тој ја презема одговорноста да им предава на определен клас од децата. Овој вид на образование им помага на децата да не изостануваат. Во државните или приватните училишта класот го следи темпото на определена група на ученици, а не една индивидуа, која може да сака да учи многу повеќе од останатите во класот. Џефри: Во последните неколку години, домашното образование многу брзо се разви не само во Америка, но и по целиот свет. Тоа дава можност на голема креативност, а основната цел е да им се даде образование на децата на најдобар начин. Се развиваат способностите за критичко мислење на децата, коишто државниот образовен систем би можел да ги потисне. Како што знаеме во повеќето случаи децата излегуваат од јавните образовни училишта еднакви како бонбони од кутија на шеќерна фабрика. При домашното образование децата имаат можност да примат поразновидно образование, затоа што имаат поголем избор на дисциплини. Тие исто така имаат можност да постигнат високи резултати од повеќе предмети. На пример, нашата ќерка Ана свири многу добро на повеќе музички инструменти и сега предава во локалниот детски клуб по музика и уметност. Големиот син, Александар, има можност да се посвети на својот дар – пишувањето, но доколку одеше во државно или приватно училиште тешко дека ќе најдеше време за тоа. Карен: За нас како православно семејство, домашното образование е предност, затоа што можеме да ја утврдуваме верата на нашите деца и нема потреба да ги убедуваме, дека неправославните или световни учења, кои се изучуваат во училиштата се погрешни. Како дел од наставната програма на домашното образование е читањето на житијата на светиите. Имаме време и слобода да им помогнеме на децата да ги развијат своите таланти и дарби. Прашање: Раскажете ни каков е вашиот духовен живот како семејство! Џефри: Членови сме на православна парохија, се црквуваме во црквата „Св. Јован Претеча и Крстител“ во Остин, Тексас (http://www.theforerunner.org). Одиме на Света Литургија во недела и на поголеми празници. Патуваме 50 минути до најблиската православна црква.
11
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА Карен: Во Страсната седмица одиме на служби и наутро и навечер. Но, треба да ви признаеме дека, патувањето до Остин со пет деца два пати во ден не е многу забавно. Им ги читаме на децата житијата на светиите и се обидуваме да им ги објасниме христијанските настани од денот. Се обидуваме да внесеме православна перспектива во сите аспекти на нашиот живот. Се молиме заедно, а навечер им читаме приказни, кои се полезни за нивниот духовен живот. Поголемите деца им ја читаат Библијата на помалите. Ана и Александар направија графикон, за да ја прочитаат Библијата за една година. Следната година Ана и една нејзина пријателка го искористија истиот графикон и ја прочитаа повторно Библијата. (Тука разговорот ни беше прекинат од осумгодишната Елизабет, којашто дојде да ни ја покаже нејзината Библија за деца, која ѝ била подарена за Божик) Прашање: Ана и Александар, кажете ни колку години имате и како е да растеш во семејство, коешто ги образува своите деца дома? Кажете ни што претставува верата за вас? Ана: Јас имам 14 години. Ова е интересно прашање. Ми се допаѓа што учам дома, затоа што имам доволно време да вежбам по сите предмети. Најмногу ми се допаѓа цртањето и музиката. Најомилени предмети ми се оние, слободно – избраните. Сакам да сум надвор и да се занимавам со физичка работа. За мене е важно да одам во црква и да ја читам Библијата. Сè гледам низ призмата на верата. Александар: Јас имам 17 години. Моето детство е поразлично од она на моите врсници во САД, затоа што сум одгледан во православно семејство во една неправославна држава. Православието е центарот на мојот живот. Од кога си спомнувам за себе, одам во црква. Секоја прва и трета недела помагам во олтарот, а секоја втора и четврта седмица пеам во хорот на нашата црква. Кога бев мал, родителите ме учеа да се молам и секогаш се молеа со мене. Преку летото одев во детски библиски камп во Грчката црква „Преображение Господово“ во Остин, Тексас (http://transfiguration.org). Во последните две години одев во еден православен камп за деца во Оклахома, кој се нарекува „Камп на св. Рафаил“ (http://www.campstraphael.org). За мене учењето во домашни услови има многу предности. Основно од тоа е што можам да го завршам училиштето за многу пократко време. Програмата ми е многу разновидна и во неа можам да вклучам многу дејности, за кои инаку, не ќе имав време. Исто така излегувам со пријателите. Имав можност да учествувам во јавни дебати со други деца кои се образувани во домашни услови.
12
Прашање: Ана и Александар, кажете ни што правите во слободното време!
Ана: Јас свирам на музички инструменти и слушам музика. Сакам да цртам диви растенија покрај реката зад нашата куќа, да спортувам, да се качувам по дрвјата и да правам аплицирани покривки. Александар: Јас одам на тренинзи по фудбал уште од девет години. Тренирам и други спортови. Многу сакам да читам. Во 2008 година прочитав 51 книга. Многу сакам да го читам Солженицин. Неговата книга „Еден ден од животот на Иван Денисович“ ми остави силен впечаток. Најомилена православна книга ми е „Отец Арсениј“. Исто така многу ми се допаѓаат книгите на Томас Хопко, којшто предава во семинаријата „Св. Владимир“ во Њујорк. Имам читано и многу од раните отци на Црквата како свети Игнатиј. Исто така сакам да играм на стратегиски компјутерски игри, но веќе немам многу време за тоа. Прашање: Александар, ти си одгледан во сплотено православно семејство и си се образувал во домашни услови цело време. Дознавме, дека си добил стипендија за универзитет во друга држава. Како гледаш на тоа? Александар: Ми претстои голема промена. Многу се двоумев дали сакам да заминам и тоа точно сега, но веќе сум примен на универзитетот со академска стипендија. Ќе ми биде тешко да го оставам моето семејство и пријателите. На моја радост, на универзитетот во којшто ќе учам, има Здружение на православните христијани (Orthodox Christian Fellowship – OCF, http:// www.ocf.net/). Во многу американски универзитети има такви православни клубови, кои се раководени од локален свештеник. Ќе учам новинарство или историја. Не очекувам да настапат промени во мојот духовен живот, откако ќе заживеам самостојно. Ќе продолжам да ги работам истите работи коишто сум ги правел и до сега. Молитвата секогаш ми била секојдневен дел од мојот живот и тоа нема да се промени, ни откако ќе заминам на универзитет. Најблиската православна црква ќе биде на 10-15 минути од универзитетските интернати, но во реонот има неколку православни цркви, меѓу кои ќе можам да избирам. Можете да чуете лекции на д-р Макдоналд на овој вебсајт: http://orthodoxchurchhistory.com превод од бугарски: презвитера Данче Миланова
13
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА Митрополит Иларион (Алфеев)
Qubov kon bli`nite Разговор со родители
Е
14
дна постара жена, дојде кај мене во храмот и ми рече: „Отче! Не можам веќе да го трпам мажот! Подобро би умрела и би отишла во рајот, само веќе да не го гледам“. Јас ѝ одговорив: „Мила моја! Единствената ваша можност да појдете во рајот е заедно со вашиот маж. Без мажот вие единствено можете да сметате само на пеколот“. Тогаш таа рече: „Не сакам во рајот со него. Било каде - само подалеку од него!“ Честопати луѓето мислат дека е можно да се најдат во рајот и притоа да се оттргнат од другите луѓе, дека е можно да се биде со Бога, а притоа да се заборави на ближните. Многумина кон Црквата се однесуваат како кон место, каде можат да се сокријат, отстранат, оддалечат во тивок агол, и да не бидат забележани. Но разликата помеѓу Црквата и светот се состои во тоа, што во Црквата луѓето се свртени еден кон друг, лице в лице, тие се отворени еден кон друг, додека во светот тие можат да бидат завидливи, омразени или просто да се игнорираат еден со друг. И разликата помеѓу рајот и пеколот е во тоа, што во рајот се постои заедно, соединети во љубовта кон Бога и едни кон други, додека во адот секој е отсечен од Бога и од другите луѓе, секој се мачи во изолација, во самотија и напуштеност. Како да го засакаме ближниот? Најпрво треба да се трудиме, под надворешниот изглед на човекот да ја видиме неговата внатрешност, длабочина и суштина. Треба да се потрудиме да ѕирнеме онаму, каде што во секој човек е сокриен образот Божји. Честопати ние го гледаме само надворешниот човек, огрден од гревот, кој се дави во страстите, не забележувајќи го оној лик Божји кој се сокрива под надворешните слоеви. А потребно е првин него да го видиме и нему да му се поклониме во секого од нашите ближни.
Најраспространетата грешка која е корен на многу конфликти помеѓу луѓето, се состои токму во тоа, што ние не го примаме човекот онаков каков што е, туку сакаме да го видиме поинаков: според наше видување, нему тоа и тоа не му доликува, тој во тоа и тоа би можел да биде многу подобар. Правиме вештачка шема и сакаме човекот да се вклопи во неа, а ако не може, ние живееме во непрестаен конфликт помеѓу нашата претстава за тоа, каков тој треба да биде и реалноста - каков е. Кога би научиле да се темелиме на тоа што ни е дадено во секој човек, а не на тоа што би сакале да го видиме во него, нашиот однос кон луѓето би се променил на кардинален начин. Треба да напомнеме дека Бог го љуби секој човек онаков каков што е. Да, Бог чека се додека грешникот не се покае, исправи, не се обрати кон Него, Бог сака секој човек да биде подобар отколку што е; Бог „страда“ од несовршенството на човекот, од неговите гревови, од тоа што човекот Го остава и заборава. Но сето тоа не Му пречи на Бог да го љуби човекот сè додека не се обрати, покае и исправи. По учењето на преп. Исак Сириски, љубовта на Бога кон човекот не се намалува дури ни тогаш кога не е возвратена, заемна. Да го спомнеме таткото од параболата за блудниот син: дури и кога синот го напушти и отиде во „далечна земја“, таткото продолжи да го сака и чека. Честопати членовите на едно семејство живеат во непрестаен конфликт поради обвинувањата еден кон друг за недостаток од љубов. На пример, на мажот почнува да му се причинува дека жена му недоволно го сака; затоа тој кон неа чувствува нетрпеливост, разгорувајќи расправии. И неговата љубов слабее заради тоа, мислејќи дека не наоѓа заемност. односно невозвратеност... Но конфликтот може да изникне и од „вишок“ на љубов: кога љубовта ќе стане страсна, слепа, егоцентрична, кога човекот почнува да се однесува кон другиот како кон приватна сопственост. Оттука се раѓа ревноста, изникнуваат неоправдани предупредувања, незаслужени прекори. Семејството се разорува како од недостаток, така и од вишок на љубов. е ретко, родителите се незадоволни и од своите деца, сметаат дека децата не се занимаваат со она што треба, не се послушни, недоволно посветуваат внимание и не се грижат. Да, децата треба да ги слушаат родителите и да се грижат за нив. Да, родителите ја носат одговорноста за своите деца и во некои случаи се задолжени да се вмешаат, за да помогнат, од аспект на своето искуство да им укажат на она што тие со својата незрелост не го гледаат. Но родителите не треба да заборават дека нивното дете е слободна личност, која има право самостојно да го избере својот пат, да ги одреди своите интереси, и круг на пријатели. Најчесто мајката го држи детето во строгост, лишувајќи го од разоноди, контролирајќи го кругот на неговите движења, забранувајќи му да се дружи со овој или оној пријател. Се случува, и од морални причини на родители верници, да им забрануваат на децата да гледаат телевизија, да одат во кино, да си играат на улица. Притоа не знаејќи да им објаснат во што е причината и смислата за таквото воздржување, не давајќи им на децата позитивно исполнување на животот, но само ги забрануваат овие или оние работи. Ни една забрана, ни едно ограничување не може да стане стожер на духовниот живот. И детето трпи до одреден момент, а потоа одеднаш (во шеснаесеттата, дванаесеттата година, или дури и порано) го отфрла од себе тоа бреме, а заедно со него ја губи и верата. Понекогаш христијанинот кој живее во семејство каде сите не ги делат неговите религиозни убедувања, го отежнува животот на останатите членови во семејството, забранувајќи им да се занимаваат со оние работи кои од негова гледна точка се достојни за прекор и нехристијански. На пример, во семејството длабоко е религиозна мајката, таткото неверник, а децата кои иако одат во црква со мајката, сепак не го делат толку нејзиниот интерес, за
Н
15
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА сосема да се одречат од забавата. Се приближува Нова година, мажот и децата сакаат да празнуваат. Но мајката, сметајќи го овој празик за незнабожечки, им забранува на децата да се веселат, ги храни со посна храна (зашто Нова година влегува во Божиќниот пост). Можеби би било подобро во овој случај таа да направи жртва од себе и на својата побожност, и да го подготви за мажот и децата претстојниот празник, а потоа да подготви уште еден празник - Божиќ. И сè така натаму, и така натаму, сè додека целиот живот на семејството не се претвори во непрекинат, постојан празник. Зашто токму во тоа и се состои христијанството, и во тоа се пројавува најголемата љубов кон ближните - заборавајќи на себе, жртвувајќи се себеси и живеејќи за другите, стремејќи се да им се дарува радост. естопати родителската љубов кон децата станува бреме од кое децата не можат да се ослободат целиот свој живот. Љубовта не треба да прерасне во насилство над личноста. Се сеќавам на еден страшен, трагичен случај, којшто се случи со едно тринаесетгодишно девојче. Мајка ѝ од неа бараше апсолутна искреност, сметајќи дека таа со ќерка ѝ има „посебен“ однос и дека таа нема право да крие ништо од неа. Еднаш девојчето добило двојка на училиште, но се плашела да ѝ каже на мајка си. Но, таа на некој начин дознала и дошла во училиштето за да го разјасни однесувањето со ќерката и наставниците. Девојчето кое се оптоварувало од стравот дека ќе ја открие мајка ѝ, видела преку прозорецот како таа доаѓа во училиштето. Откако почекала таа да влезе во зградата, девојчето со трчање излегло од зградата и пред очите на другите деца се фрлило под тркалата на првиот автомобил кој наишол. Починала во болницата по неколку часа. Освестувајќи се пред смрт, девојчето рекло дека воопшто немала намера да се самоубие, но само да ја „исплаши“ мајка си, и да ѝ го одвлече вниманието. Не секогаш и не секој човек е подготвен на апсолутна заемност, апсолутна верност, апсолутна чесност. И не може од човекот да се бара она што не може да го даде, па дури и ако е ваш син или ќерка, брат или сестра, сопруг или сопруга, пријател или пријателка. Секој човек нека ви се отвори во онаа мера во која сака и може тоа да го направи. Не може да се „продре во душата“ на човекот, зашто душата - таа е светиња на светиите и тука може да се влезе само ако ви отворат и ве повикаат внатре. Понекогаш може да се стои пред вратата и да се тропа, како што Христос тропа во човечките души, но тивко и ненаметливо. А ако вратата не се отвори, подобро е да се замине. Љубовта кон ближните треба да биде мудра. Таа треба да е пожртвувана, како љубовта Христова, Кој нè засака такви какви што сме. Таа треба да предизвикува радост кон ближните, а не да им е „бреме, кое не е лесно за носење“. Таа не треба да прерасне во ревност, да доведува до кавги и завист, да ја ограничува слободата на ближните, не треба да биде егоистичка, не треба да се намалува доколку не наоѓа одговор. Апостолот Павле вели: „Љубовта е долготрпелива, милосрдна, љубовта не завидува... љубовта... не бара свое... сè покрива, во сè верува, на сè се надева, сè трпи. Љубовта никогаш не престанува...“ (1. Кор. 13, 4 - 8).
Ч
16
Превод од руски: Свештеник Драги Гаштарски Наслов на изворникот: «Не хочу в рай с ним!» О любви к ближнему http://hilarion.ru
Vo brak so sve{tenik Лилиен Шмеман
В
о оваа земја која има католичка традиција никој сериозно не размислува за положбата на жената на свештеникот. Нашето време кое зборува за слободата на жената, женската независност, еднаквост во службата на мажите и жените, положбата на жената на свештеникот подразбира лишување од овие права, жената не може да стане свештеник. Во традицијата во која секоја друга положба е широко отворена за женскиот род, тоа може да делува како дискриминација. Тоа што оваа положба е необична и неблагодарна за денешната модерна жена, за жената на свештеникот таа е потполно природна и таа го прифаќа со достоинство и радост, која во потполност го проникнува нејзиното битие, и со благодарност што и таа на некој начин, иако посредно, му припаѓа на свештениот клир. Прилично е тешко да се зборува за сопругот кој неодамна се упокоил, објективно гледано, но од друга страна е радост да се зборува и да се споделат со другите спомените кои ги имам. Тоа беше една сосема обична младост и запознавање: двајцата матуранти - тој во средното училиште Карно и руската гимназија, јас на Колеџот „Света Марија Невска“, дипломиравме на Сорбона, сведоци на Втората светска војна. Од една страна, воспитани во строгото и идеалистичко уредување на стара Русија, живот уреден во ритамот на Црквата, празници, традиции и руско наследство кое подразбирало
чесност, а од друга страна - светот на Волтер, Верлена, Пруст, убавината на Париз, духот на Москва и Санкт Петерсбург. Среде тие различни влијанија, ако не и спротивставени, ете, во седумнаесеттата година запознав еден млад богослов од деветнаесет години во денот кога се запиша на Теолошкиот институт „Свети Сергеј“, во припратата на Црквата. Ми рече: „Воодушевен сум што Ве запознав... и да знаете дека немам никаква намера да станам монах! Истата вечер некому му соопштил дека ја запознал својата идна жена. Го посетуваше институтот со намера да стане свештеник, имаше деветнаесет години и веќе сосема беше она, што и беше целиот свој живот. Се посвети на свештенството од детството и Црквата му беше во крвта, сакаше пред сè и повеќе од сè да биде свештеник и неговиот свештенички чин, неговата желба за свештенство навистина одговараше на неговата природа, за сè она за што беше создаден. Немаше место за сомнеж. Беше исклучително урамнотежен човек: одгледан
17
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА во Рускиот лицеј за кадети, потоа во лицејот на Карно и Руската гимназија, имаше горешта љубов кон две книжевности кои и суштински ги познаваше: руската, која инаку подоцна ја предаваше во Њујорк, и француската, која не само што ја запозна додека бевме во Франција, туку која не престануваше да ја чита, да ја цени, и од која никогаш не престануваше да се напојува со љубов, и такаречено да се гоштева со неа. Ја сакаше француската и руската поезија, која можеше да ја рецитира со часови напамет, а никогаш да не се умори. и поезијата како ни книжевноста за него не беа разонода. Читаше ненаситно: политички и философски расправи кои изобилуваа со идеи. Неговото интересирање и љубопитност навистина беа сеопфатни. Во поезијата гледаше убавина која надвисува, возвишува, со неа се развеселуваше: наместо да се бара во поезијата на начин на еден романтичар, тој го следеше великодушно патот на еден побожен поет. Го сакаше Бодлер и убавината на неговиот идеал, го сакаше Верлен и Рембо, никогаш не барајќи поука (тоа сведочи за неговата љубов кон Бодлер и Пруст) но исто така гледаше во поезијата како и во литературата, изрека и збор кои го одржуваат животот. Сакаше да ги чита белешките на Жиде и Леотод, кој бил негов последен миленик, биографии, дела за Таеранд, за Пруст, за Симеоновиот живот и останатите, следејќи го развојот на животот, страдањата или човечките радости, сите оние дела кои го приближуваа до луѓето, разновидните човечки епопеи на кои се предаваше. Најбитен за него беше зборот, повеќе од музиката која ја сакаше, но неострастено, повеќе од пластичната уметност, кон која обично беше рамнодушен, а ги сакаше улиците, градовите, куќите, завесите на прозорците, гробиштата,
Н
18
кафулињата, вечерните весници, сето она што го одразува човечкиот живот. Се сеќавам добро кога како сосема млада девојка бев речиси осамена кога ме водеше на гробиштата Пер Лашез, потоа на прошетка низ големите булевари, во Мегрет, за да завршиме во кафулето Лутеција, удобно сместени со број на „Л` Монд“ во рацете и црно кафе, помалку разочарана, со минувачи и народ по улица... Признавам дека останував настрана, помалку разочарана, но навикнувајќи се на големата самостојност и полното разбирање. Зборував за неговата урамнотеженост, вкусови, неговото руско и француско образование, систематско читање, постојани и непрекратени, кои се изразуваа во една многу широка и сестрана култура, многу блиска на животот и човечкиот развој. И поаѓајќи преку сите негови интереси - најсилна и највистинита радост за него беше радоста на свештенството, радоста да се биде свештеник. Она што го предодредило на патот за свештеник е неговиот дар на беседништво, кој беше непосреден, директен, неизбежен за оние кои ги запознал. Како последица на тоа непрестајно беше опкружен од луѓе и баран, и никогаш не велеше „не“. Ако во разговор неговите соговорници му поставеле чудни или нејасни прашања, имал дар да го разбере она што сакале да прашаат и зошто им било тешко да го постават прашањето. Одговараше и никогаш не наметнуваше решение, никогаш не укоруваше. Знаеше чудесно да ги опушти луѓето, да им угоди, да ги охрабри, да им го пренесе она најважното, со што сè станува наједноставно, радосно и спокојно. Навистина ги воодушевуваше срцата. Понекогаш луѓето речиси биле разочарани надевајќи се дека ќе добијат решение или осуда, но тој попрво им даваше визија. Еден од студентите неодамна ми рече (цитирам по сеќавање):
„Дојдов кај отецот со лист проблеми, проблеми кои ми се чинеа страшни, безизлезни. Разговаравме за политиката, за книжевноста, за моите деца, Црквата, празниците, природата и на крајот отецот ја стави својата тешка, а нежна рака на моето рамо и ми рече: ,Значи сè е во ред, зарем не? Нема веќе проблеми?‘ И си отидов со озарено срце и душа со неговата радост и сјај, малку збунет, но спокоен. Не можете, а да не се насмеете во негово присуство, дури и тогаш кога теолошките прашања беа тема на разговор“. Неговото чувство за правда, здрав разум, неговото гледање на животот кој не е оптоварен со лажни проблеми, во една непрестајна будна смисла за хумор, извесна срамежливост, воздржување во секоја емоција или претерано лично чувство, го правеа човек, кого многумина го бараа за да добијат утеха, доверба која изобилно ја давал. Повеќе од илјада луѓе дојдоа на неговиот погреб, ми стигнаа стотина писма, сведоштва на оние кои ги „допрел“. Го напуштивме Париз во 1951 година и отидовме во Њујорк со
нашите три деца. Во Америка на Универзитетот „Свети Владимир“, каде беше професор и декан, собра една група на работници, предавачи и управници, кои беа негови пријатели и на ист начин зборуваа за Црквата, Литургијата и Евхаристијата. Таму пишуваше книги, го доживеа својот полн развој, и навистина многу работеше на обнова на литургискиот живот и обнова на смислата на Евхаристијата. Други ќе зборуваат за неговата богословска мисија, а не јас. Знам дека за него таа мисија секогаш се совпаѓаше со неговиот призив за свештеник, служител Господов. Не се грижеше многу за општествените прашања. Велеше дека: „Други ќе го направат тоа подобро од мене“. на што нас двајцата нè спаси од хаосот кој би било тешко да се избегне, од растргнатост на сите страни - децата, нивното воспитување (нашите три деца кои ни донесуваа само радост), врзување крај со крај во тешките месеци, студенти и сè останато - она што нас нè спаси беше, пред сè, припадноста на Црквата, службата, радоста на Велика Сабота или обичните неделни литургии, и сето тоа преку свештеничката служба. За да го одржиме здрав духот, ги поминувавме долгите лета на канадските села, на брегот на езерото Лабел, каде одевме да се очеличиме на изворите на животот кои ги нуди природата, убавината на северните канадски шуми, семејниот живот, дрвената капела за неделите и празниците, доаѓањето на неговиот брат Андреј, за кого не е претерано да кажам дека беше многу важен во животот на Александар. Нашите лета беа во ритмично очекување на неговото доаѓање, радоста на заедно поминатите денови и тагата поради неговото заминување. Лета кои навистина беа пристаниште на мирот.
О
19
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА Би сакала да го додадам и ова, малку без ред, неколку зборови за болеста и смртта на отец Александар, за празникот на неговата смрт, зашто тоа навистина беше еден празник. ога на еден потполно неочекуван и непредвидлив начин дознал дека има рак во подмината фаза на белите дробови и во мозокот, мирно, со спокојство и огромна сила, сосема во тајност, без непотребни зборови, ја прифати, во вистинска смисла на зборот, неговата судбина. Многу добро се сеќавам на тој момент. Тоа беше момент на потполна јаснотија и бистрина, тоа беше знак за заминување на пат. Неговото прифаќање беше без трепет и голема радост влезе во нашиот живот. Тоа не беше радост на жртва или на маченик кој ја прифаќа својата судбина. Тоа беше чиста и едноставна радост, онаа радост која ја проповедаше целиот свој живот, но и повеќе од тоа, зашто се чувствуваше дека тој го гледа Царството - Вратата на Царството. Сето останато беше завршено или, штотуку почнуваше. Завршена е животната борба за проповедање, соопштување, уверување и започнуваше големото патување, кое всушност, ослободуваше. Беше сличен на оние жени, на кои Христос им се јави кога воскресна, велејќи им: „Радувајте се!“ Неговата болест и патувањето кон смртта беа, без сомнеж, живот, сè поблиску и поблиску до Господ. Едноставен и воздржан од било кога, чекаше со потполна вера, како што и напиша: „Доаѓа денот без стемнување, Царството“. Неговата смрт навистина беше чин на животот. Тоа беше празник на неговата смрт. Неговото умирање изгледаше како воз, кој по последниот сигнал се протресува,
К
20
воздивнува и почнува најпрво лесно да се тркала - со вревата на тркалата и пареата, а потоа сè побрзо и побрзо, сè потивко и потивко - кон целта на секое човечко патување, кон Вратата на Царството, која е отворена, и кон која одеше со мир и благодарност. Никогаш го немав видено толку озарен, толку благодарен, истраен. Кога последен пат беше миропомазан, три дена пред смртта, беше многу слаб, и не бевме сигурни дали ќе реагира, но на крајот на молитвата изговори три пати силно и јасно: „Амин, амин, амин“. Тоа беше: „Нека биде“ во неговиот живот. и сакала да завршам со еден пасус, кој го напиша на крајот во поглавјето за смртта во својата книга за животот – „За животот во светот“ (тоа е еден пасус напишан во прво лице): „...И доколку го направам Христовиот живот свој, и жедта и гладта за Царството, и очекувањето на Христос и опитот на Христос како живот - и само мојата смрт ќе стане влегување во животот. Јас не знам кога ќе настапи и како ќе се оствари последното исполнување на сè во Бога. Мене ништо не ми е познато со сите тие „кога“ и „како“. Сепак, знам дека во Христос веќе започнала Пасхата на светот, премин и претворање на светот во Царство Божјо, па со нејзината светлина, со нејзиниот мир и радост во Светиот Дух веќе е проникнат животот. Затоа што Христос воскресна и животот живее.
Б
Превод од српски јазик: Снежана Колевска, дипл. теолог Наслов на изворникот: Лилијен Шмеман, Жена, супруга једног свештеника, http://www.eparhijazahumskohercegovacka.com
Игумен Валеријан Головченко
З
а интимниот живот почесто се зборува на исповед, отколку на проповед. Во време, кога сиот свет дрдори за „сексуалната слобода“, се чини само православните се обврзани со голем „заговор за молчење“, некоја страшна омерта (кодекс на чест кај мафијата). Тоа може да се провери, ако прашате некој православен, што значи тоа „секс“, веднаш ќе слушнете одговор: „Тоа е бројот шест, на германски“. Во амбиент на сеопшт разврат на обичниот човек му се чини дека православните не ни помислуваат на тоа, како доаѓаат децата на свет. И уште начелно го сметаат интимниот живот за нешто гнасно. Да, православното христијанско вероучение смета само една единствена форма за законска форма (форма, а не позиција) на интимно телесно соединување – соединување во венчан брак. Но тоа не значи, дека призивајќи ги да бидат единствени во главното, православието ја ограничува слободата во второстепеното. Размислувања за „оние работи“ Честопати се слушаат лични размислувања во врска со интимните прашања од некои „ревнители на побожноста“. Да ги разгледаме подетално и да се обидеме да ги објасниме. Прво размислување: Православните сопружници може да се занимаваат со тоа, само со цел зачнување на деца. Ако не се случи зачнување, тогаш треба горко да се покајат! Одговор: Се сеќавам на еден интересен дијалог: - Пушите?? - Не. Вовлеков еднаш – не ми се допадна. - Пиете? - Пробав еднаш – не ми се допадна. - Вие имате едно дете? - Да, па како погодивте?! Второ размислување: При љубовните чинови не смеат да се доживуваат никакви емоции. Пожелно е дури и без љубов, едноставно да се заврши работата со монотон ритам, како железни роботи. Одговор: Гревот не е во љубовната топлина. Гревот е во скаменетата бесчувствителност. Треба да се забележи, дека фригидноста и импотентноста – не се добродетели, туку болести. Патем, оние кои се воздржуваат – не се импотентни, туку станува збор најнапред за полово воздржување. Трето размислување: За да не бидат привлечени од телесната убавина на сопругот (сопругата), пожелно е, по примерот на пуританците, тоа да го извршат преку платно со отвор. Одговор: Тоа е најдобар начин да воспитате во себе манијак. Да не се
21
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА насладуваш со гледање на убавината на својата „половина“, туку да ја изопачуваш својата болна фантазија. Секој сексопатолог ќе ве запознае со несреќната статистика – имено, од таквите „пуритански“ семејства излегувале на темните улици најкошмарните манијаци. Онаму, каде што со лицемерие била згазена природата, таму почнувала противприродната глупост. Четврто размислување: Еден со друг не се допирајте со рацете: бакнување – само во образ. Слатки зборови да не си кажувате. Одговор: Отворете ја Библијата, препрочитајте ја книгата „Песна над песните“! Да, алегориски таа ги претставува Христос и Црквата. А буквалното толкување зборува за нормални, природни односи на мажот и жената. Петто размислување: за романтична вечера со свеќи – веднаш заборавете! Само дома, само ноќе и само во потполна темнина. За да не се расплачат светите ликови од иконите заради вашата бесрамност. А ако сте вие навистина верници, кои не ги гаснат кандилата, тогаш не гледајте еден во друг, туку во иконите. И молете прошка! Одговор: Секоја работа може да се испогани и да се доведе до апсурд. Обидите да им се даде на своите интимни односи облик на псевдохристијанска духовна мистерија крајно ги уништува во односите на сопружниците и духовноста и сексуалноста. Со што, кога и како се занимаваат сопружниците насамо – тоа е нивна длабока и лична работа. И тоа не го интересира Бог, туку оние кои сакаат да гледаат низ клучалката. „Сè што се случува во спалната соба, не е грев, дури и ако тоа се игри на ученици, со зајчиња и германски војничиња. Меѓутоа, овие игри, извршувани насамо, веднаш добиваат статус на изопачување, за кое е потребно покајание“ (Густав Водичка „Тајната на стариот рецепт“). есто размислување: Доколку, сепак, сте намислиле такво нешто, тогаш задолжително претходно прочитајте три канони, пет акатисти и направете по двесте метании секој од вас. Потоа – читање на три катизми. Одговор: Ми се чини, дека таа работа не бара посебни молитвословија освен обичното секојдневно молитвено правило. Сè останато веќе им било прочитано еднаш на сопружниците од страна на свештеникот при нивното венчавање. Правењето на метании пред тоа може само да ја извалка радоста на меѓусебното општење – испотени тела, обостран умор... Седмо размислување: Општо – колку поретко, толку подобро! Живејте како „брат и сестра“. Одговор: Е тука посебно ќе ни тргне разговорот. Голем број од светоотечките мислења на таа тема се напишани од монаси. И не само од обични монаси, туку од подвижници-пустиножители, кои пишувале пред сè за монасите. Пустиножителите биле прекрасно информирани за „побожноста“, која владеела во светот (да се сетиме на епизодата од житието на преп. Марија Египетска. Во какви „подвизи“ го минеле времето на бродот поклониците на патот кон Ерусалим за празникот на Крстот Господов?), и затоа целта на нивните поуки – е цврста и правилна намера за одвраќање на младите монаси од секој интерес за половиот живот. И тоа им успевало (На подвижничкото богословие во тоа време не му одело лесно. Од една страна бил световниот живот со наследениот од антиката култ кон телото и невоздржливиот разврат на оргиите. Од друга страна биле гностиците, со нивното гнасење од телото. Често христијанските подвижници, при размислувањето за телото, газеле на самата граница, зад која лежела темната бездна на гностицизмот. Газеле, но никогаш не ја преминувале). Невозможно е да не се согласиме со поговорката за тоа, дека „монаштвото и бракот не се за секого, а целомудрието е за сите“. Треба само да се разбере разликата во целомудрието на монашкото воздржување и целомудрието на ритмичниот полов живот на брачниот мирјанин. Таа разлика е суштинска. Животот
Ш
22
на сопружниците во потполно воздржување, „како брат и сестра“ – е исклучок од правилото. Тој подвиг е близу до јуродство, него можат да го прифатат само поедини личности. И тоа според посебна Божја волја. Таквите нешта не треба да се истакнуваат, за да не се дојде во умот до гнасење од брачното соединување. За православните не е прифатливо да се зборува за интимниот живот. Не е прифатливо дури ни да се размислува за тоа. Во секој случај, поради било кои причини многумина токму така размислуваат. Има ли кај православните луѓе проблеми поврзани со интимниот живот? Има. Може и да се прикриваат проблемите, како нојот што ја забива својата глава во песокот. А може и да се решат. Но каде да најде православниот верник одговори за најскриеното? Да појде кај сексолог-фројдист и да дознае од него за ползата од развратот? Или, сепак, да започне отворен разговор со својот духовник? Со Божја помош, Црквата има собрано потресно искуство од решавање на сите семејни проблеми. И треба да се зборува за тоа на исповед, без прикривање. опружниците секогаш се посакуваат еден со друг. Само заради подвигот на воздржување периодично прекинуваат со брачни односи. И тоа, само по обострана согласност (види кај 1. Кор. 7, 5. Прочитајте ја целата 7 глава). И кога некоја бабичка се жали на исповед, дека нејзиниот дедо до ден денес „ѝ досаѓа“, тогаш може само да се израдуваме на нивната заедница. Живеејќи го целиот живот во венчан брак, таа и во длабока старост останала единствена и неповторлива, секогаш посакувана за својот сопруг. Навистина, истото било и со Авраам и Сара. Во принцип, христијанскиот однос кон интимниот живот се всадува уште од раното детство. Со почетничка ревност новопечените парохјани им раскажуваат на своите дечиња басни за штрковите и зелката. Просто кажано, лажат. Ќе прочитаат неколку „душеполезни брошури“, со ревност на телевизиска млада комунистичка активистка, тие се готови да му викнат на целиот свет: „Кај нас, во Советскиот Сојуз нема секс!“ Кога, пак, детето ќе се обиде да им ја открие тајната на неговото раѓање, одамна разодгатната од децата во соседството, тие се мрштат и се закануваат со Небесна казна. Небаре слободно располагаат со казните. А прашањата остануваат без одговори. Во недоумение детето се обидува да ги разбере тајните на родителското молчење: „Можеби тато и мама се толку глупави, па не знаат за тоа? Можеби јас сум посвоено дете? А можеби, мене постојано ме лажат?“
С
23
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА Како по правило, последното тврдење почесто се прима. И, како резултат, уште од детската возраст се губи довербата кон родителите. Случајно ако ги фатиш тато и мама во спалната соба во најнезгоден момент, одеднаш ќе сфатиш, дека „не треба овие луѓе мене да ми забрануваат да си чепкам во носот!“ Во старо време било подобро. Појасно и попросто. Децата, независно од полот, се капеле заедно со мајка им. И не си набивале комплекси во врска со физиолошките разлики помеѓу мајката, братот и сестрата. Ништо не се изложувало на увид. Впрочем, не се ни криело. Постарите момчиња се капеле со татко им. На тој начин, разликата помеѓу „момче, младич, маж и девојче, девојка, жена“ се примала природно по примерот на своите родени и не изискувала академски изданија или домашни објаснувања. Штом ќе потпораснеле, нашите предци ја истакнувале тајната на зачнувањето и раѓањето во природата. Истовремено сфаќајќи, дека самите ние не сме „бесловесни животни“. Добро било, тогаш сите оделе во црква и ја сфаќале разликата помеѓу човек и животно. ега сè се измени. Умните тетки и чичковци од весниците и телевизијата брзо објаснуваат дека развратот е нешто добро, а изопаченоста е забавна. Не забораваат да укажат, дека сето тоа е природно (нагласувајќи ја „природноста“ на изопачувањата, забораваат да соопштат дека тоа е „природност“ на паднатиот свет. По гревопадот на прародителите светот се изменил. И тоа ни најмалку во подобра страна. Пострадала сета твар, изопачувајќи ја својата природа), и постои дури и кај животните. Забораваат само да додадат, дека луѓето – не се животни. Човештвото кое ја преживеа сексуалната револуција во животен ужас се шаштисува од монасите. Успеваат да дофрлат, дека половото воздржување е противприродно. Во исто време, покажувајќи на било кој изопачен, не забораваат да забележат: „Колку префинета личност! Тоа е натприродно!“ Не е за чудење – во денешниов свет многу нешта се превртени наопаку. А кога стоиш на глава, тогаш пред сè обрнуваш внимание не на лицето на соговорникот, туку на крајните делови. Може да се согласиме само во едно. Воздржувањето од интимниот живот навистина е неприродно. Оној, кој се воздржува доброволно, потчинувајќи го телото под својот дух, се издигнува над законите на природата. Монасите – се како постојани стражари на должност. А на стражарите им се забрануваат дури и природните потреби (На стражарот му се забранува: ...да врши физиолошки потреби или на сличен начин да се оддалечува од исполнување на своите обврски...“ – Устав на караулната служба). Нивното служење е натприродно!
С
Превод од руски јазик: Ѓакон Јани Мулев Наслов на изворникот: Игумен Валериан (Головченко), Про “это” – православным, http://bogoslov-club.org.ua
24
СВЕТИ СИМЕОН, НОВ БОГОСЛОВ
ПАТОТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ГРЕВОТ
Г
ревот е болест на душата и похота на богатството, славата и задоволството, кој се манифестира во делата, зборовите и мислите. Секој грев се извршува по лишувањето од Божјата благодат, како последица од немоќта на расудување, заборавањето за Бога, негрижата за осветување и од вообразеноста. Заради вообразеноста, Божјата благодат се оддалечува од човекот и тогаш ѓаволот се доближува со искушувачки предлози. На сластољубивите луѓе, ѓаволот, пред сè, им става во свеста стапици со сластољубиви помисли. Со повторување на помислите (злите намери), тој ги раздразнува човечките похоти за слава, богатство и блуд. Гревот секогаш се јавува пред нас како некаква примамлива мисловна стапица. Кога човекот само ќе се наслади со помислата, нечестивиот дух го влече кон извршување на гревот преку конкретно дело. Затоа Господ Исус Христос, сечејќи ги самите корени на гревот, заповеда да не се допуштаат порочните желби. Под дејство на грешните мисли, чувства и дела, кај грешникот се таложат страстите или болните навики, од кои три се најосновни: гордоста, користа и телесните похоти. Од сите тие страсти, најопасна е гордоста. Таа е почеток на гревот и смрт за душата. Горделивецот мисли дека има нешто тогаш, кога ништо нема и паѓа во бесмислена вообразеност. Гордоста е соединета со нечувствителноста
за болест на душата и омраза кон изобличувачите на оваа страст. Пророкот Давид за горделивците говори: ,,Не заборавај го гласот на оние кои Ти се молат; гордоста на оние што Те мразат постојано се крева против Тебе“ (Псал. 73, 23). Горделивците се гневни, непријатни, неподвижни на добро, суетни, завидливи, ги мразат луѓето, осветољубиви, лукави, злопамтиви, кавгаџии, нечовечни, немилосрдни... Гордоста и гневливоста покажуваат дека човекот се оддалечил од Бога. Гордоста е крајно зло, во неа се создава лагата, неизмерната жалост, крајното безумство, неправедноста, тагата... Страсните луѓе мислат дека страстите се добри, дека ги смируваат и им се радуваат. Ѓаволот на секаков начин ја крие својата лага од оние, кои не ги познаваат тајните на христијанството. Секоја страст и секој грев ја осквернува облеката
25
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА на нашата душа и нè оддалечува од Царството небесно. Оние, кои живеат според своите страсти, Го презираат Бога, грешејќи пред Него, а мислат дека Он не го гледа нивниот грев. Вистинската вера е бескорисна за оние, кои живеат беззаконито и кои им даваат лош пример на другите. ушата, која е заболена од гревот, треба да ја насочи сета грижа на лекување и чувствување на гревовите, да бара исцеление од Лекарот на душите и телата – Господ Исус Христос, зашто, што би кажала во свое оправдување на Страшниот суд, ако тогаш се покаже болна од похотите. Сам по себе никој не може да се ослободи од страстите, во чии мрежи престојува ѓаволот. На човекот, страстите му изгледаат како да се неодвоиви од него, ги влечат кон себе неговите желби, поттикнуваат во него похоти и убедуваат дека луѓето се раѓаат само заради насладување со страстите. Власта за ослободување од угнетувањето од страстите, се наоѓа во рацете на Единиот Исус Христос, Божјиот Син. Таа власт Он ја добил од Бог Отец. Во Тајните на Крштението, Покајанието и Причестувањето, христијаните се облекуваат во разнообразна и многу применлива Христова благодат. Умната сила на благодатта го оживотворува човекот, му дава сила за воздржување од паѓање во смртни гревови и немоќи. Оние, кои стануваат учесници во Христовата благодат, нејзината сила ја познаваат и оттаму, што не можат да делуваат според сугестиите на одвратните похоти, туку разумно владеат со петте сетила: видот, слухот, мирисот, вкусот и допирот. Оној, кој благодатно владее со чувствата, во сè е покорен на Божјата волја и во него се вселува Божјото Царство. Бог стана човек, та преку Него човечките души да примат здравје. Ако кај некого од христијаните душата сè уште не е здрава, тој не станал
Д
26
вистински христијанин, бидејќи плодот на христијанската вера е духовното здравје. Спасителот, исполнувајќи ги со благодатно осветување оние, кои веруваат во Него, ги ослободува од ѓаволските врски – гордоста, користољубието и сластољубието. Оние, кои не го искусиле таквото ослободување, попусто се нарекуваат христијани и самите му даваат власт на ѓаволот да ги победува. Ѓаволот ги поттикнува страстите кај нив во време на постот, за време на молитвата им го полни нивниот ум со празни и срамни помисли, па дури и од правењето на добри дела таквите не добиваат душевен мир. Вистинските верници, според Христовата благодат, повеќе не грешат и стануваат Божји деца, здрави со ум, и сите свои душевни сили ги насочуваат кон стекнување на Божји добрини. Плодот на Светиот Дух во Тајната на Крштението е дар на воздржување од гревовите. Оној, кој греши по Крштението, очигледно, соголен од Христа, ја загубил облеката во Него, па затоа е потребно деноноќно, со пост и солзи, да измоли ново облекување во облеката на Христовото оправдување. ристос никогаш не ги остава во потполност таквите, туку допушта да ја почувствуваат голотијата и ги поттикнува скрушено да се молат за враќање на дарот за воздржливост од гревовите. Оној, кој не е облечен во Христа, не може да ги исполнува Неговите заповеди. Затоа ќе се молиме на Христа, единствената наша надеж, да нè избави од страсните рани, да ги освети нашите чувства и да нè научи на бестрасно гледање на нештата, на покајание и скрушеност. Лечилиште и лекар за нашата раслабена и болна природа е Црквата и нашиот Господ Исус Христос. Ако Он не влезе во душата и не се зацари во неа, во текот на сегашниов живот, тогаш душата нема да оздравува и за неа нема надеж за влез во Царството небесно. Христовата сила на верните им се
Х
манифестира двострано. Најпрво, таа прекрасно го менува расположението на грешната човечка душа. Според силата на благодатното дејство, душата почнува да ги смета за гадост најпрво похотите и почнува да ги мрази не сама по себе, туку преку благодатта на Лекарот – Христос. Тука натприродната сила ја става болната човечка природа над неговата болна состојба и потоа ја оздравува, дарувајќи ѝ дух на покајание. реку Христовата сила човекот доаѓа до скрушеност, смирение, трезвеност, умиление и внимание кон себе и стекнува способност благодатно да се моли на Бога за поучување во добродетелите. На таквиот молитвеник, дури тогаш Господ му ја доверува благодатта на Светиот Дух, која постепено го очистува и го прави целомудрен, праведен, храбар во искушенијата, мудар во божествената наука и начинот на живеење, сострадален, милостив, човекољубив и добар. Преку исполнување на Божјите заповеди, со помош Божја и од љубовта кон Христа, во човекот се активираат сите добри навики, така што во него се изобразува Исус Христос (спореди: Гал. 4, 19). о согласност со Христовото Воскресение, кое се случило во третиот ден по крсната смрт, во иднина ќе се случи и телесното воскресение на целото умрено човештво. Тоа е затоа што, воплотениот Божји Син го сместил во Себе целиот човечки род преку Своето воскресение, подобно на Адам, кој некогаш во себе, исто така, го сместил целото човештво, кое пропаднало во распадливост. Иако телесната смрт сè уште е дејствителна, сепак, од Господа е уништена и презрена е од Христовите ученици. Христијаните по Крстот и Воскресението Христово, се подложуваат на телесна смрт, преминуваат со душите од смрт во живот и во радост со заедница во Христа. Бог ги воскреснува верните во
П
В
Христа од духовната смрт уште во овдешниов живот. Како знак на тоа воскресение, ни служи благодатта на Светиот Дух, која Он ѝ ја дава на секоја христијанска душа – како друга душа. Секоја христијанска душа затоа се нарекува верна, зашто ѝ е поверен Светиот Дух. Во телата на таквите луѓе, Господ Исус Христос слегува од небото, како во гроб, се соединува со нивните души, ги воскреснува од духовното мртвило и им дарува благодатно видение на славата на тоа воскресение. Воскресението на христијанската душа е чувствување на Христовиот живот. Многумина веруваат во Христовото воскресение, но малкумина се такви, кои чесно го гледаат. Христовото Воскресение кај секој од верните се случува светлосно, во сјаење на Божеството. Најсветлоносното присуство на Духот во нас, укажува на присуството на Христовото Воскресение, кое во нас се случува, ни дава благодат да Го видиме Самиот Воскреснат Христос Господ со благодатта на Светиот Дух и нè оживотворува, а тогаш ние Го гледаме Него во нас жив, Го гледаме со духовни очи, Кој ни дава благодат да го познаеме и нашето воскресение. поред тоа, воскресението на душата е нејзино неслиено соединување со вечниот живот, кој
С
27
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА е Христос. Душата, која е воскресната преку Христовата сила, мисловно и таинствено го гледа Христовото домостроително Воскресение во себе. Затоа ние и пееме: ,,Бог Господ и ни се јави, благословен е оној, кој доаѓа во името Господово“. Светиот Дух, соединувајќи се со секој, кој има заедница со Христа, ги соединува сите човечки помисли и желби во една Божја волја. Во тој однос, енергијата на душата ја манифестира нејзината животност. апротив, доколку христијанинот, со текот на староста, ја умножува својата непримерност, во него се зголемуваат силите на распадливоста и смртта, па неопходни се разновидни напори, да ја прими од Господа Исуса Христа благодатта на Светиот Дух. Таквиот треба со срцето да излезе од овој свет, со исповедање на Господовите страдања да влезе во гробот на покајанието и смирението. И тогаш Христос, кој заради нас умрел и воскреснал, влегува во оној, кој се кае и ја воскреснува неговата душа. Кој во своето срце Го има Светиот Дух, смртта над него нема да загосподари. Воскреснувањето на човечката душа од гревовното мртвило, според Христовата благодат, се случува со искупување на човекот од ропството на ѓаволот, кој е прв носител на смртната темнина. Според мерката на утврдување на грешните навики, лошиот дух целосно влегува во човекот, проникнува во неговото срце, загосподарува во неговото срце, владее со душевните сили и со своето влијание ја распламтува во него љубовта кон бесрамноста. Тогаш човекот се предава на гревовите со наслада. Многумина од луѓето не само што немаат искуство во борбата со ѓаволот, туку често немаат ни поим за итрото ѓаволско војување. Ѓаволската борба со човекот е страшна, зашто целата е насочена на оддалечување на човечкиот
Н
28
род од Бога. Ѓаволот на секаков начин се напрега и се труди да не го допушти враќањето на луѓето кон Бога. Оние, пак, кои се вратиле при Бога, ѓаволот на секаков начин повторно ги оддалечува од Богоопштење со разни измами: со љубов кон надворешната мудрост, со одушевување од ересите, со неправославие, со страсти на гордоста, со корист и сластољубие, со претерано подвижништво. Измамените, ѓаволот ги претвора во тирани над самите себе овде, на земјава, а на крајот ги лишува и од вечниот и блажен живот. ко кај нас останала слобода на определување за барање на небесниот Лекар, тогаш ќе прибегнеме кон Христа, Кој може да нè избави од ѓаволското насилство. Нашата природна сила е недоволна за да нè ослободи од ѓаволското ропство. Затоа, Самиот Христос посакал да стане човек и да умре на Крстот заради спасение на човештвото од сатанското насилство. Благодатта на Крштението им дава на способностите на човечката душа поредок во нивниот чин и сила да ги победуваат возбудливите ѓаволски и неразумни желби, како што се бесмислената ревност и соблазнителните помисли. Крстениот, со примерот на послушност кон заповедите, Го привлекува кон себе Бога и конечно го брка од себе сатаната со неговите одвратни поуки. Во секој христијанин, Христос војува и ги победува демоните. Господ не нè остава сами во борбата, знаејќи ја немоќта на човечката природа. Он ни помага, кога ние сакаме да се бориме со непријателот и со Својата сила таинствено нè зацврстува, така што, многу повеќе Он, отколку ние, го победува ѓаволот. Оние, кои не дејствуваат против ѓаволот, Бог не ги принудува на борба, бидејќи не им ја нарушува човечката слобода. Правејќи злодела, ние му служиме на лукавиот и неговата слика ја имаме во нашите зли дела. Тогаш тој е господар
А
и наш татко, а Бог нема дел во нас. Христијанинот треба да има сличности со Христа во плодовите на Светиот Дух и да се бори со ѓаволот под заштита на благодатта. Бестелесните демони, иако се и оголени од Божествената сила, сепак, посилни се од луѓето. Само Бог може да нè спаси од нив. Затоа апостолот говори: ,,Облечете се во сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство“ (Ефес. 6, 11). Гледајќи на тајната на искупувањето на човечкиот род од гревот, проклетството, смртта и ѓаволот, преку Христовиот Крст, ние гледаме дека сета сила на христијанинот е во силата на Распнатиот Христос. Сета наша гревовност се умртвува со Христовата сила на Крстот. Неговиот Крст ги ослободува верните од Адамовата клетва, дарува благослов и Божја благодат за делење на секаква добродетел. Сето наше издигнување
се состои во смирението на Бога, Кој благоволил да умре на Крстот меѓу злосторниците и разбојниците. Од таа причина, верните во Христа се оградуваат себеси со знакот на Крстот со крајно внимание и најголема побожност. Сликата на Крстот покажува помирување и пријателство, во кое влегол човекот со Бога. Затоа и демоните се бојат од сликата на Крстот и не поднесуваат да го видат крсниот знак насликан дури и во воздухот, туку во истиот момент бегаат од него. Тие, отпадниците од Бога, повеќе немаат слобода да им се приближуваат и да ги искушуваат оние, кои се соединиле со Бога. Демоните, доколку и се борат со некои христијани, тогаш тоа се само оние, кои не сфаќаат како треба да се познае тајната на Крстот. Вистинските христијани, пак, искусно ја познаваат власта и силата на Крстот над демоните. На нивните души, крстот им дава забележлива сила и зацврстување. Избор и превод од руски јазик: Протоереј Златко Ангелески
29
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА
АНИЕТО равославното учење го одредува покајанието како Тајна, во која оној, кој искрено и православно ги исповеда своите гревови пред Бога, при видливо изјавување на прошка од свештеникот, невидливо се разрешува од гревовите од Самиот Господ Исус Христос. Исповедањето на гревовите, во своето вистинско значење и во својата вистинска сила, без сомневање, треба да започне во нашата душа нешто многу порано, пред да го извршиме усно во Тајната на покајанието. Ова исповедање треба да биде нешто поинакво, отколку постојаното морално самоиспитување, кое ја сочинува основата на нашето самопознание во целиот наш морален живот. Вистинското христијанско исповедање на гревовите благодатно ги лечи духовните рани, дарува мир во утехата на проштевањето и разрешува. На исповедта, христијанинот прима очистување на совеста и обновување на духот, кога ги исповеда гревовите и скрушено ги открива пред Бога своите немоќи, раните на душата, своите падови... Преку спознанието и исповедањето на паѓањето во грев, нашата душа треба повторно да се роди за нов и подобар морален живот. Не едно или друго наше дело, според сопствен избор, туку целиот наш живот треба да биде предмет на нашето исповедање. И токму тоа постојано секојдневно исповедање, треба да служи како подготовка за целосно исповедање на гревовите во Тајната Покајание. На патот на ова постојано самоисповедање на човекот, Црквата го подготвува за таинственото исповедање. Сигурно дека е потребно многу повеќе способност, како и цврстина на умот и срцето, за постојано да се прави правилен преглед на целиот живот, па постојано, со верна мисла, да се следи целиот тек на нашето битие – од нашето доаѓање на светот, па до денес. При подетално испитување на својот живот, прва и суштинска тема треба да биде нашето спасение. Тука треба да се соберат сите сили на умот, да се наоружаме со непристрасност, за да можеме да го решиме прашањето според својата важност, кое е неспоредливо со ништо, а тоа е прашањето за своето спасение. Решението на тоа прашање треба да разјасни, какво е сето наше морално битие, треба да даде извештај кои сме и што сме ние за небото и вечноста. Еве два неопходни услова: при испитувањето на својата совест, потребно е да се има одлучност и спокојство на духот. Потребна е одлучност, за да не се поштедуваме себеси, да не се прелажуваме самите, за да го видиме доброто во себе дури и онаму, каде што го нема, за да можеме да си судиме над себе не со судот на себељубието, не со судот на разнежнето чувство или разум, не со судот на празно сожалување и лесна тага за своите постапки. Потребна е одлучност, за во истиот момент да го искорениме во себе сето она, што од пред нашите очи ја крие вистината, та нашето срце да гори во огнот на чистото и спасително покајание. Потребно е спокојство, за да не се огорчуваме над своите недостатоци, но за да ја сочуваме во себе силата на духот за нивното исправување; да не се најдеме во очајна состојба од своите падови и гревовните болести, туку да имаме одлучност да бараме лек за нив и машки да си погледнеме
P
30
во сопственото лице низ огледалото на совеста. Кога веќе си паднал, не троши го напразно времето во лелекања и офкања, туку повеќе труди се да станеш и да продолжиш понатаму. Неможно е за човекот да не падне, но голем е оној, кој умее да стане и уште посмело да продолжи, без разлика колку пати паднал! Имајќи таква одлучност и такво спокојство на духот, да пристапиме кон истражување: во што се состои нашата главна вина пред Бога и пред самите себе во делото на нашето спасение и какви страсти и пороци обично владеат во нас, како и тоа, да размислиме, што посебно нив ги потхранува за нашата погибел. ва се неопходните прашања за спасението, а за да одговориме целосно правилно и одлучно на првото од нив, потребно е да го земеме за образец она, кое е дадено како идеал на совршенство не само за нас, туку и за сите, а тоа е Словото Божјо, кое е ,,живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот“ (Евр. 4, 12). Тоа значи, дека пред чистото огледало на божествениот збор и при засиленото внимание кон неговото внатрешно око, во нас нема да биде сокриена
О
ни една помисла, ни една воздишка на срцето, ни една тајна желба на волјата. И не треба само со една, и тоа било која, страна од нашето битие да се обраќаме кон тоа огледало, туку со сите: и со разумот, заради проверување на неговото сфаќање и расудување; и со срцето, заради проверка на неговите чувства и тежнеења; и со волјата, заради проверка на мотивите, целите и правилата, според кои таа дејствува. Дури тогаш целосно ќе се открие дали во нас е поставен почетокот на нашето спасение, сјае ли верата во разумот, се загрева ли од љубов нашето срце, ја подигнува ли законот нашата волја. Умот, кој слабо верува, истиот момент ќе се пројави, зашто гордоста на умот, која е својствена за него, не го поднесува учењето за послушност кон верата, кое од нас го бара Божјиот збор. Но и самољубието, кое е вообичаено својство на маловерието, во истиот момент ќе се постави на местото на судија, а верата и Божјиот збор на местото на обвинети, па ќе почне да ги сфаќа и да ги суди на свој начин. Заразено со страста, срцето во тој момент ќе се отвори, зашто не го поднесува изобличувањето на порокот, со кое е заразено, па заминува од пред огледалото. Безгрижната и обеззаконета волја, никако не ќе сака да се сокрие. Таа во тој момент ќе стане со целата бура на своите страсти и вкоренети навики, зашто за неа секое изобличување е несвесно и секој поглед обременувачки, па таа живее само со тоа што се труди колку што е
31
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА можно помалку да навлегува во себе. аради решавање на прашањето – дали навистина успеваме на патот на христијанското совршенство, дали сме тргнале по него, ние не можеме да укажеме на друго средство, освен на смирението и љубовта. И така, треба да ја испитаме својата совест: дали смирението во нас е вистинско и постанува ли тоа сè подлабоко, потхранувајќи го во нас чувството за себеосудување и духот на одрекување од своето самољубие? Раководи ли тоа во процесот на сознавање на нашите совршенства и добродетели, дали тоа се појавува во нас при чувствувањето на нашите немоќи и заблуди? Ја покажува ли тоа својата сила, кога го предизвикуваат лишувањата, несреќите и жалостите, кои нè стигнуваат во светот? Дали смирението говори во нашата молитва, дали дејствува во нашите подвизи, патува ли со нас по патот на светската благосостојба, дали е покрај нас во средбата со искушенијата од сличните на нас луѓе, кога ние незаслужено трпиме од нив? Ако совеста ни одговори на ова прашање, или можеби на едно од нив со ,,не“, тогаш не треба да си припишуваме за себе спасение или христијанско совршенство. Треба повторно да се обратиме кон почетокот, за одново да се запали искрата на благодатниот живот. Но, не треба одеднаш и да се вознемируваме, ако нашата совест не даде потврден одговор. Смирението е таква добродетел, која првенствено се огледа во искушенијата и во тешките предизвици. Има ли некој, кој не е смирен, кога никој не го задева? Крстот, во било каква форма да се јавува, секогаш е училиште на смирението. На ист начин треба да се испитуваме себеси во односот кон љубовта. Треба само да ги отвориме оние места во Посланијата на апостол Павле, каде што тој ги разоткрива сите совршенства на христијанската љубов и дали навистина е христијанска. Потребно е само со живо чувство на срцето да погледнеме на Христовиот Крст, за да дознаеме кој степен на љубовта сме го достигнале и што направила нашата љубов заради Оној, чија љубов кон човекот го довела и до распнување на Крстот! Ако и при ова самоиспитување на совеста не ни се каже ништо, или ни се каже нешто малку утешно, тогаш никакви природни добродетели, па колку и да ни изгледаат блескави, нема да го докажат нашето совршенство и никако не треба да нè смируваат со самозадоволство, зашто тоа не е ништо подобро од празните безживотни цветови, кои се наоѓаат меѓу бодликавите трња. ретото прашање: каква е страста, која владее во нас и каков е во нас моќниот порок, ако ние сè уште не сме го започнале своето обраќање и спасение? Ова прашање лесно се решава. Страста, која владее во човекот, секогаш го влече кон една насока, од која не може да се отстрани и кон која ги насочува сите свои мисли и желби. Треба да се забележи тој пат и страста ќе биде одгатната. Страста која владее, секогаш е болест на духот, премногу суптилна, без грешка дознава што ѝ е сродно, а што туѓо и спротивно. Со ништо врските не се толку болни, како со таквата страст; со ништо не е толку тешко да се разделиш, како што е тоа тешко да го направиш со моќниот порок. Такво испитување на животот, такво испитување на својата совест, треба да му претходи на покајанието. Но и по ова, не е можно одеднаш да се пристапи кон исповедање на своите гревови во светата Тајна. Треба да има уште нешто, без што напразно би почнале да очекуваме очистување и разрешување на гревовите во Тајната. Потребно е уште многу и целосно, чисто и длабоко покајание во срцето. Не е доволно да се види во себе гревот. Потребно е кон истиот да пројавиме одвратност и гадење. Малку е тоа да се сознае можното зло. Треба да се боледува и тагува заради ненаправеното добро. Гревот длабоко пуштил свои корени во нашето срце. Неопходно е да се случи потрес на целото срце, за да се искорнат корењата. Потребно е да се запали во душата силен оган,
З
Т
32
за во неа да се уништат трњето и коровот. Но, при сето тоа, чистото покајание на христијанинот, не е исто што и страшниот оган, кој ја проголтува душата на престапникот. Во моментот на покајанието, на христијанската душа треба да ѝ бидат својствени искрените и горки солзи, а не секојдневните. Да не очекуваме со лицемерни солзи да предизвикаме нажалување на небесниот Отец кон нас, Кој ни дава толку многу љубов, милосрдност, долготрпеливост, а во нас гледа толку многу рамнодушност, жестокосрдечност, заблуди, падови, па затоа прв, а сигурно и најтежок грев пред Него, е нашата жестока неблагодарност, упорност против Неговата љубов, непокорност кон Неговата благодат, односно, кон сè она, што во очите Негови претставува хула на Неговиот Дух. ва е првата причина за солзите на христијанската душа, и тоа солзи горчливи. Но, тие солзи нека бидат солзи на синовски страв, а не солзи на очајание. Значи, солзите на христијанското покајание се солзи за тоа, во какво богатство на сила ние произволно си попуштаме на себе до паѓање и ги злоупотребуваме тие сили во служење на похотите гревовни; при какво изобилство на духовни дарови, ние се претвораме во духовно сиромашни; при какво високо назначување, ние сакаме да бидеме презрени слуги на гревот; и на крај, при какво очекување на вечните, несфатливи добрини, ние се управуваме според привиденијата и заради минливите моменти за насладување со гревот, подготвуваме за себе вечни мачења. Еве го длабокиот извор на солзи за христијанинот. И токму во тој извор на солзи, секогаш леани во длабоко чувство на покајание, христијанската душа треба да се потопи и измие од гревовите. Но, да не бидат овие солзи на жалосна меланхолија или очајание. тие треба да ја омекнат душата, која е ожесточена од гревот, треба да ја очистат и просветлат, како што за тоа учи еден од големите подвижницибогослови: ,,Болувањето на срцето поради гревовите, ќе отвори во човекот потоци од солзи, слично на река, која зад себе остава тишина, кротост во душата и некоја необјаснива сладост; уште, пак, и мажество, за да можеме слободно, и не гледајќи на никакви препреки, да ја одржиме послушноста кон божествените заповеди, што за почетниците, навистина, не е лесно, кои ја достигнале половината од овој пат, а за совршените, овој извор е извор на светлина и со себе повлекува целосна промена во срцето“. стиот тој подвижник продолжува: ,,Пред солзите и плачот, никој да не нè лаже дека е можно да се изврши вистинско покајание. Да не се лажеме ни самите себеси. Пред солзите и плачот во нас сè уште нема вистинско покајание, нема Божји страв во нашите срца, ние сè уште не сме навлегле во себе и не сме дошле до целосно чувствување на идниот суд и вечните маки. Ако сето тоа ние во себе би го почувствувале, во истиот момент ќе потечат солзи од нашите очи. Без нив, пак, никогаш нема да омекне жестокоста на нашето срце, нема да најде смирение нашата душа и не може да биде удостоена за општење со Светиот Дух“. Преподобен Ефрем Сириски ни дава пример на срдечна скрушеност: ,,Тагувај, душо моја, често повторувал, тагувај поради сите духовни богатства, кои од Бога си ги примила и си ги загубила; тагувај поради сите зли дела, кои си ги направила. Тагувај за сето она, за што Бог пројавил кон тебе долготрпение; тагувај и покај се... за да не се посрамиш на страшниот Христов суд. Тешко мене грешниот, кој сум ја осквернил чистотата на своето срце со малодушноста! Така страстите заповедаат со мене, како господар со слугите, па и јас во овој час, како дете, со страв се покорувам, а таа ме заведува и јас се насладувам. И кој ќе плаче за мене, или кој ќе ме утеши, освен Тебе Единиот, Спасителу мој, Кој според Својата добрина си погледнал на мојата жалост?“ Освен лажниот срам и страв, среде самото покајание, често го подигнува својот глас и самољубието – непријателот на секое пожртвување.
О
И
33
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА Самољубието не им дозволило на првите грешници да дојдат до сознанието на својата беда, кога била нарушена Божјата заповед. Наместо исповедање на гревот, наместо молба за милост кон Адам и Ева, раководени од самољубието, тие измислиле некакви престапни извинувања, па дури и, за што е потребно со трепет да се размислува, одлучиле да Го осудуваат самиот Судија, фрлајќи ја врз Него својата вина. сега тоа самољубие се труди да го убеди секого од нас дека ние не сме направиле некои важни гревови, кои викаат кон небото, дека нашиот живот, иако не е без заблуди и падови, сепак, не е толку прекорен, за да не би требало да очекува милост од Бога. Меѓутоа, нашите заблуди и падови, сето тоа се обични последици на слабоста, кои се заеднички за секого од нас. Па, зошто тогаш постои исповедта? Таа е само општо признавање на гревовноста, сведоштво на тоа дека не треба да бидеме упорни во гревот и да чувствуваме долг кон совеста. ,,Ние не сме направиле важни гревови!“ Што содржи во себе оваа помисла? Со што ќе го мериме степенот на важноста на гревовите? Гревот е плодоносен, неисцрпен и непрекинлив во своето развивање и умножување. Најмалото семе на гревот раѓа најсложени гранки на паѓања во нов грев. Постапката, која навидум е ништожна, често има длабоки и далекусежни последици, кои дури преминуваат и од колено на колено, од векови во векови, зашто и најширокото зло има свој почеток во најдалечниот и најмал престап. Ако можеме да го здогледаме ова, тогаш ние нема да ги сметаме овие или оние гревови за неважни. Тоа е лажно размислување за гревот, како да е тој еднократно дело, грешка или престап, кој е можно истиот момент да биде поправен или применет. Напротив, според правилното сфаќање, гревот има жилав почеток, делувачка сила која има свој живот, свој развој, своја плодност. Еден грев, само за себе, не е можен и не постои. Само што ќе се роди, тој во себе веќе содржи безбројни семиња на свои поттици, кои неизбежно ќе излезат и ќе се покажат, и според својот ред повторно ќе бидат полни со семиња на нови родови. è што е досега кажано, има за цел да ја објасни неопходноста на отворената, целосна и детална исповед во Тајната на Покајанието. Колку гревовите и да изгледаат мали, потребно е да ги замразиме, потребно е да чувствуваме одвратност кон нив, па затоа треба отворено и во целост да ги исповедаме и да се има искрена жалост при нивното исповедање. Отровот на гревот дејствува внатре и длабоко, на душата ѝ донесува вистинска смрт, иако надворешната рана, низ која поминува, може да биде многу мала. Од исповедта треба да се исфрлат сите општи и празни обвинувања, кои ништо не објаснуваат во нашите болести и душевни состојби и кои не се ништо друго, туку итро виткање на змија, која се вгнездува во длабочината на душата, обидувајќи се да ја сокрие својата глава. Ние не Го љубиме Бога онолку, колку што би требало. Не го љубиме ни својот ближен, колку што сме должни тоа да го правиме. Тоа се наши гревови. ,,Говорејќи на таков начин во покајанието, забележува еден духовен отец, ти ќе говориш такви работи, кои сигурно за себе би можеле да ги кажат најсовршените луѓе, па дури и сите блажени, кои веќе се наоѓаат во рајот, ако исповедта би била уште потребна за нив“. Не! Зарем таква исповед бара од нас нашиот живот, нашата состојба, внатрешна и надворешна, во овој свет? Тешки се раните на срцето, но доколку подлабоко треба да се навлегува во нив, дотолку погрижливо треба да бидат прегледани. Не е доволно да се каже нешто за овој или оној грев, кој изгледа поважен, или повеќе се пројавува во сеќавањата и фантазиите, туку треба да се прераскажуваат, пребројуваат, да се именуваат сите свои гревови од најголемите, до најмалите, од
И
С
34
гревовите направени со дело, до гревовите направени со мисли и зборови, од гревовите на самоволие и жестоко срце, до гревовите од незнаење, заблуди, негрижливост, пропуст, од гревовите смртни, до гревовите од лесномисленост и оние, кои како да можат да се простат. Но, и тоа не е доволно. За да можеме точно да ги искажеме своите гревови, треба да се каже нивната причина: дали е тоа самољубието, или суетата, или тврдоглавоста, или штетните примери, или било која друга причина. И уште се бара и објаснување, колку долго остануваме во овој или оној грев, зашто ако подолго остануваме во гревот, дотолку повеќе се умножуваат неговите штетни дејства. На пример, голема е разликата меѓу суетата, која се вовлекува во срцето на некое време, и суетното самоугодување, со кое се храни нашата духовна гордост во текот на многу години, или целиот живот. Треба да се биде внимателен и кон оние гревови, кои често никнуваат во срцето и долго владеат во него. Затоа треба да ги откриваме и самите навики и другите извори на гревот, за да можеме да дојдеме до изворот на лечењето и поуспешно да најдеме вистинска помош. На исповедта треба да ги откриваме дури и оние наклонетости, по кои ние сè уште не сме паднале во некакви престапи. На пример, премногу нè притиснува духот на тагата и жалоста, или чувствуваме особена наклонетост кон расеаност и сетилни задоволства. Со еден збор, не треба да се штедиме себеси во било што, кое служи во откривањето на нашите немоќи и нашите рани. Само во ова може да има надеж на вистинско исцеление. Кон покајанието треба да се пристапува со смерност и кротост. Внатрешноста на своето срце треба да ја отвораме со целосно самоодрекување, во простосрдечност и искреност на чувствата, треба да се изобличуваме самите себе, за да можеме еднаш-засекогаш да ја смириме својата совест. Признанието на гревовите е најдобар лек за гревовите. Има многу утеха и задоволство во тоа признавање, кога тоа е чисто и искрено. Има многу духовна пријатност и светлина во сопствените чувства на душата, кога таа се очистува преку покајание. Вистинското покајание излива таков пријатен мирис во длабочината на душата, така што преку него се чисти сета нечистотија на гревот. ,,Тој пријатен мирис е благоуханиот мирис на божествената благодат, која ја оживува и смирува душата, која се кае; таа благодат е сладост на духовниот свет, чиј извор е Крстот на Спасителот. Тоа е единственото прибежиште на душата, која е жедна за покајание, и не е само нејзина заштита од стрелите на вечното правосудие, туку и сенка на нејзиното смирение и осветување...“ ,,Кога ги исповедаш твоите гревови, говори еден побожен маж, замисли си дека си на Голгота, при нозете на распнатиот Христос, и дека Неговата скапоцена Крв тече од сите Негови рани во твојата душа, заради очистување на твоите гревови“. Токму тука, при подножјето на Крстот, никакво сознание, ниту признавање на гревовите, нема да го уплаши срцето, никаков страв од судот или казна нема да ти ја поматат совеста, туку во мир и бодрост, одушевувајќи се со вера и љубов, христијанинот храбро ќе застане на испитување, и без страв и очајание ќе почне да се обраќа кон Бога: ,,Каде ќе најдат место во мене стрелите на Твојот гнев, кога сум измиен со Крвта на Твојот Син и Мој Спасител?“
Епископ Смоленски Јован (Соколов) превод од руски јазик: протоереј Златко Ангелески
35
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА
ЗА СВЕТАТА ТАЈНА ИСПОВЕД Ѓакон Влатко Стоименов
С
36
ветата Тајна Исповед не може да постои самата за себе. На неа секогаш ѝ претходи искрено и длабоко покајание, без кое не може да има исповедање, ниту таквото исповедање (без покајание) би имало некакво значење. Би сакал да проговориме за покајанието и исповедта што пред сè претставуваат еден вид обновување на христијанската личност. Гревот ја има таа сила и моќ да нè одвои од Бога, од небото, од вечниот живот, и во исто време да нè испрати во пеколот, во вечната смрт. „Плата за гревот е смртта“ нè опоменува светиот апостол Павле. Според тоа гревот се покажува како најголем, дури и единствен противник и непријател на нашето спасение. Што, всушност, претставува гревот? Едноставно кажано гревот е состојба кога некој мисли, говори или го прави она што Бог го забранува со Своите заповеди, или, пак, кога не мисли, не говори и не го чини она што Бог ни заповеда да го правиме. Гревот, значи, не е само престапување на заповедите
Божји, туку е и неисполнување, и неправење на истите. Гревот не е само правење на зло, туку во исто време е и неправење на добро. Значи, ако е точно, дека не постои човек што живее, а да не згреши, и ако само гревот нè лишува од спасението и нè одвојува од Бога, тогаш е точно и тоа дека нема друг пат и начин за очистување на гревовите и за враќање кон Бога, освен Светата Тајна на Покајание и Исповед. Во оваа Света Тајна човекот се чисти од сите оние гревови кои ги направил по Светото Крштение, заради што честопати таа се нарекува и второ Крштение, односно потопување и преумување во солзите на покајанието. Покајанието е аголен камен на духовниот живот и на нашето спасение. Спознанието на својата грешност, тагата за тоа што со гревови сме Го навредиле Бога,
одлуката да направиме една суштинска промена во нашиот живот, и смиреното приоѓање кон Светата Тајна Исповед пред свештеникот, односно духовникот, го претставуваат самиот почеток на нашето спасение. е поставува прашањето кому и пред кој треба да се исповедаме? Одговорот е пред живиот Бог, од Кого ништо на овој свет и во нашите животи не е скриено и пред неговиот посредник - свештеникот (духовникот). Зашто Тајната на исповедта ја востановил Самиот Господ велејќи им на Своите ученици: „Примете Дух Свети, на кои ќе им ги простите гревовите ќе им бидат простени и на небото, а на кои ќе им ги задржите, ќе им бидат задржани и на небото“. Ова право на „простување и задржување“ на гревовите на луѓето кои се каат и исповедаат, се пренесувало од апостолите, преку Светиот Дух, на сите нивни наследници, на епископите и свештениците, до ден денешен. Така семудриот и човекољубивиот Бог направил и покрај сеопштата грешност на луѓето, спасението да биде достапно и остварливо за луѓето со посредство на Светата Тајна Покајание и Исповед. Исто така се поставува прашањето кога треба да се исповеда православниот христијанин? Одговорот е - секогаш кога за тоа ќе почувствува потреба. Кога ќе стане свесен за некој свој пад, за својата грешност, а особено кога гревовите ќе почнат да му пречат во животот. Никогаш покајанието не смее да се одложува „за утре“, за „подоцна“, за „стари денови“. Денешниот ден е сè уште во наша власт, а утрешниот е во Божјите раце. Никој од нас не може да биде сигурен дека утрешниот ден ќе ни биде даруван. На крајот треба да знаеме уште нешто, а тоа е како треба да се исповедаме? На исповед треба да се
С
навикнеме, треба да се научиме. Како што сите вештини во животот се учат со пракса, така се учи и самото исповедање. За тоа ни помагаат некои наши духовници и исповедници. За самите почетници еве неколку практични совети: 1. Пред самата исповед, најпрво треба да се сетиме на сите свои гревови, испитувајќи го својот минат живот сè до најраното детство. 2. Гревовите свои треба да се исповедаат отворено, темелно, без срам и себеоправдување, знаејќи дека се зборува не на човек, туку на самиот Бог. 3. При исповедта не смееме да вмешуваме други личности, да не се жалиме на никого, и да не се правдаме себеси за сторените гревови. 4. Без прашање на духовникот не треба да зборуваме за тоа што не сме го грешеле, што не сме го правеле, за да не бидеме слични на евангелскиот фарисеј. 5. Со понизност и смирение во срцето ќе треба да пристапуваме кон исповедта. 6. Гревовите треба да се исповедуваат со вера во Исуса Христа и со надеж во Неговото Милосрдие. Зашто само така ќе добиеме простување на своите гревови. Покајанието и исповедта се составен дел на нашиот личен подвиг. Покајанието буквално значи да се промени нашето мислење, а со тоа да се промени и нашата личност, се разбира кон подобро. Преку покајанието најмногу се гледа и се манифестира Божјата љубов и трпение. Ние, луѓето, заради својата несовршеност честопати знаеме да застраниме од патот на вистината, а добриот Бог секогаш ќе најде начин да ни се открие и да нè врати во Својата прегратка. Ако гревот е основно и егзистенцијално промашување во животот, тогаш покајанието е методот со чија помош повторно ја воспоставуваме нарушената и промашената заедница со Бога. Покајанието никогаш не завршува, за нас христијаните покајанието е начин на живеење и начин на постоење.
37
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА
ДУШЕПОЛЕЗНА КНИГА ЗА ЧЕСТОТО ПРИЧЕСТУВАЊЕ СО ВЕТИТЕ РИСТОВИ АИНСТВА
Преподобен Никодим Светогорец и свети Макариј Коринтски Приговор 7
Н
38
екои, плашејќи се од атеизмот, го нарекуваат ерес тоа, кога некој редовно се причестува. Тие велат, дека оние кои примаат Крштение надвор од Црковното Предание се еретици, исто како и оние, кои редовно се причестуваат. Искрено кажано не знаеме ни што да одговориме на овие дрски зборови. Зарем, според нивното мислење, еретици се не само сите светители кои ги подучувале верните да пристапуваат кон Божествената Причест, туку и сите оние, кои ги прифаќале нивните зборови. А исто така – о хула! – и сите свештеници кои секојдневно служат Литургија и се причестуваат. А најмногу од сè, светиот Аполос, кој надалеку бил познат по својата светост и имал пет илјади ученици во послушание. За него пишува и Божествениот Јероним, кој и самиот го видел: „По завршните молитви, тие ни ги измија нозете и поставија трпеза, нè целиваа душевно и телесно – т.е. ние заедно со нив се причестивме со Божествените Тајни, што тие го прават секојдневно. Потоа, по трпезата, ние се одмаравме, а тие се оддалечија во пустината, каде се молеа коленопреклоно сè до утрото, додека не дојде време за Литургија. И по деветтиот час и вечерната тие се причестуваа, а по Причеста некои седнаа на трпеза за да јадат, а другите, поревносните се оддалечуваа на тихување, живеејќи само со силата од Светата Причест. Старецот, што секогаш го спомнуваме, ни даде многу душеполезни поуки, а посебно за тоа, секој ден да се причестуваме со Божествените Тајни и да ги примаме странците како ангели Божји, слично на Авраам, Лот и другите бидејќи на тие заповеди се одржуваат Законот и Пророците“. Значи, бидејќи целиот собор на божествените отци, претставуваат свети и вистински Христови слуги кои непрестајно му служат, тогаш следува дека оние кои приговараат на овој начин, спротивно на горекажаното, се противат на апостолите, на вселенските и помесните свети собори, а исто така и на светите отци. И не само на нив, туку и на Самиот Господ Исус Христос, Кој вели: „Оној што го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв има живот вечен“, а исто така и ова: „Ова правете го во мој спомен“ (Јован 6, 54; Лука 22, 19); т.е. секој ден и секогаш, како што тоа го толкува божествениот Златоуст, за што претходно зборувавме. Свети Тимотеј Александриски им дозволува и на опседнатите да се причестуваат секоја недела, ако тие не хулат на Божествените Дарови. Тој вели: „Верните кои се опседнати, ако не ги нарушуваат Тајните, ниту хулат на нив на било кој начин, нека се причестуваат, но не секој ден: ним им е
доволно да се Причестат само во недела“. И тогаш кога светите отци ги повикуваат не само здравите, туку и опседнатите на редовно причестување со Божествените Тајни, тие благословени при здрав ум тоа не го прифаќаат, но се упорни во тоа да бидат над законот. Приговор 8
Н
екои приговараат и велат: „Зарем тие кои редовно се причестуваат немаат страст на стомакоугодие, суета, смеа, празнословие и многу други? Како тие без обзир на сето тоа редовно се причестуваат?“ На тие луѓе им одговара свети Александар Антиохиски: „Се случува некои да се предадат на гревот, иако ретко се причестуваат. Други, пак, при честото причестување, се чуваат себеси по правило од многу зла, плашејќи се од судот за Причеста. Значи, ние, како и сите други луѓе, ако паѓаме во некои човечки
и простливи гревови, било со јазик или слух или вид или суета, тага, гнев или било што друго слично, укорувајќи се себеси и исповедајќи се пред Бога, се причестуваме со Светите Тајни, верувајќи дека Причеста со Божествените Тајни ќе ни биде за очистување од тие гревови. Но ако правиме некои тешки, лукави и телесни, и нечисти гревови и сме злопамтила во однос на ближниот, тогаш воопшто не треба да пристапуваме кон Божествените Тајни, сè додека не се покаеме на достоен начин. Бидејќи ние луѓето како телесни и слаби, паѓаме во многу гревови, Бог ни дал различни жртви за ослободување од гревовите, кои кога ги принесуваме нè очистуваат за да можеме да пристапиме на Света Причест. Така и милостината е жртва која нè очистува од гревовите. Постојат и други спасоносни жртви за простување на гревовите, како што вели светиот пророк Давид: „Жртва за Бога е духот скрушен, срцето скрушено и смирено Бог не ќе го презре“. Ако му ги принесуваме овие жртви на Бога, тогаш иако имаме некои човечки маани можеме да им пристапиме на Светите Тајни со страв и трепет, и умиление, и исповед, како што постапила и крвотечивата жена, плачејќи и треперејќи. Бидејќи постои грев за смрт и грев за покајание. Непрестајното покајание може сè да излечи. Оној кој им пристапува на Светите Тајни со
39
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА страв и трепет и исповед и умиление добива простување, а оној кој пристапува без страв и со несериозност – добива казна. Таквите не само што не добиваат простување на гревовите, туку и ѓаволот кон нив има поголем пристап. А оние кои со страв пристапуваат кон Божествените Тајни, не само што се осветуваат и добиваат простување на гревовите, туку и ѓаволот го протеруваат од себе“. Меѓутоа и покрај сите тие неспорни сведоштва на светите учители на Црквата, некои и понатаму не се смируваат и го изложуваат следниов приговор, велејќи: Приговор 9
В
о тоа време се причестувал поголемиот дел од народот, а помалку биле оние кои не се причестувале. Затоа и божествените отци ги прекорувале оние малкуте за да не го соблазнуваат мнозинството. Меѓутоа денес, кога мнозинството не се причестува, не треба да се причестуваат ни оние малубројните, за да не се прави безредие во Црквата и мнозинството да не се соблазни. Оние кои го велат ова би требало да знаат што значат зборовите „соблазна“ и „безредие“, па потоа да приговараат. Соблазна е она што човекот го оддалечува од Бога и го приближува кон ѓаволот. Така свети Василиј Велики вели: „Вршењето грев го оттуѓува човекот од Бога и го соединува со ѓаволот“. Тој исто така вели: „Соблазната е сè она што е спротивно на волјата Божја“. И за да биде појасно – соблазна е секоја пречка поставена на патот за сопнување на патниците. Така пророкот Го моли Бога да го избави од тоа, велејќи: „Запази, ме, Господи, од рацете на грешник. Избави ме од луѓе неправедни, кои смислија да ми подметнат нога. Горделивите тајно поставија стапица, и распнаа примки од јажиња за мене; на патот ми поставија соблазна“ (Псал. 139, 4-6). Т.е. сочувај ме, Господи, од рацете на грешниците, избави ме од неправедни луѓе, кои намислиле да стават под моите нозе нешто за да ме соборат; гордите луѓе или злобниците ми поставија стапица, за да ме фатат и со јажиња и мрежи ми ги врзаа нозете, поставувајќи на мојот пат соблазни и пречки за да се сопнам. Значи, тогаш оние малкуте ги соблазнуваа многуте на тој начин, што ги вовлекуваа во невнимателност и престапување на Божјите заповеди, а сега мнозинството ги соблазнува малкуте, вовлекувајќи ги кон отстапување од заповедите – што да се прави? Како што тогаш малкумината ја отсекле својата волја и го следеле мнозинството во исполнување на Божјата волја, така и денес мнозинството треба да ги следи оние малкумина во исполнување на Божјата волја. Но никако малцинството да се откаже од исполнувањето на заповедите Божји само затоа што се малкумина, и заради мнозинството да почнат да ги престапуваат заповедите. Бидејќи ако така стоеја работите тогаш и пророк Илија и апостолите и сите други отци, кои се подвизувале за вистината, би требало да ја премолчат вистината и да почнат да го следат мнозинството бидејќи тие биле многу малку. Затоа свети Василиј Велики вели: „Оние кои ја исполнуваат волјата Господова, треба да покажуваат непоколеблива смелост, па дури и ако некои се соблазнуваат“. Иако многумина велат дека оние, кои немаат сила да ги видат како се причестуваат, се соблазнети, нека сфатат дека тоа кај нив е последица или од зависта или омразата кон браќата. Значи ние не треба да ги занемаруваме Божјите заповеди заради тоа, да не ги соблазнуваме другите луѓе, како што вели Златоуст: „Ние треба да се
40
грижиме за тоа да не ги соблазнуваме луѓето, за да не им даваме повод да нè осудуваат. А ако не им дадеме повод, а тие сепак нè осудуваат – без причина – тогаш нам ни останува да се смееме, и да плачеме за нивната неразумност. Ти внимавај да се однесуваш добро пред Бога и луѓето. Ако ти постапуваш добро, а некои сепак те осудуваат, не грижи се за тоа. Така и Христос говорел за оние кои од Него се соблазнувале: „Оставете ги: тие се слепи водачи на слепци“ (Мат.15, 14). Бидејќи ако ние самите сме причина за соблазна, тогаш тешко нас. Но ако не сме, тогаш грев немаме. Така е напишано: „Зашто поради вас Името Божјо се хули меѓу незнабожците“ (Рим. 2, 24). Како да постапиме? Ако ти го правиш она што треба да се прави, а некој поради тоа хули, тогаш не правиш грев, гревот е нивни, бидејќи тие хулат на Името Божјо. Ние не треба да се грижиме за тоа кога некое богоугодно дело за некои претставува соблазна. Ние не треба да се вознемируваме за тоа, кога другите нè убедуваат да се спротивставиме на волјата Божја. Кажи ми, те молам, ако сега, додека разговараме, јас сакам да ги разобличам пијаниците и некој од нив се соблазни, зарем треба да престанам да говорам за нив? Не, во сè треба да се знае мерката. Кога една убава девојка не сакала да се омажи, бидејќи ја засакала девственоста и станала монахиња, многумина богохулеле против оние кои ја замонашиле. Зарем тие требало да одбијат да ја потстрижат? Се разбира, не. Бидејќи тие немале направено ништо против Бога. Напротив, направиле богоугодно дело. Значи, ние сме должни во секое дело да се трудиме исполнувајќи ги Божјите заповеди да не даваме повод за соблазна, за да не се покажеме виновни и да добиеме дар од Бога за човекољубието“. Тоа е што можеме да кажеме за соблазната. Што се однесува до беззаконието, тоа е дело кое се извршува надвор од секој ред. Ако редот и законот на Црквата се состојат во тоа, сите христијани кои се наоѓаат на Светата Литургија, а не се под епитимија, да се причестат, тогаш како што и претходно кажавме, очигледно е дека беззаконието го вршат оние кои не се причестуваат, престапувајќи ги со самото тоа законите на Црквата. Затоа и пророкот Авакум вели: „Сонцето и месечината застанаа на своето место“ (Авакум 3, 11). Сонцето на правдата – Христос нашиот Бог – се издигна на Крстот, а месечината – Црквата – се утврди во својот ред, т.е. во волјата и заповедите Божји, од кои претходно отпаднала. Значи, оние кои не ги почитуваат заповедите Божји, вршат соблазна и безредие, а не оние кои се подвизуваат според своите сили заради запазување на Господовите заповеди. Превод од руски јазик: свештеник Љупче Миланов Наслов на изворникот: Преп. Никодим Святогорец, Свт. Макарий Коринфский. Книга душеполезнейшая о непрестанном причащении Святых Христовых Таин. Сумы, 2001
41
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА
Пониж ување на гордоста Преподобен Ефрем Сириски
Б
ез смиреноумие бесполезен е секој подвиг, секое воздржување, секое потчинување, секое нестекнување, секоја многуученост. Зашто, како што е почеток и крај на доброто – смиреноумието, така, почеток и крај на лошото е – високоумието. А овој нечист дух е снаодлив и разновиден, затоа ги користи сите усилби да завладее со сите, и секому, кој и по каков пат и да оди, да му ја фрли мрежата. Мудриот го уловува со мудрост, силниот со сила, богатиот со богатство, убавиот со убавина, слаткоречивиот со слаткоречивост, оној кој убаво пее – со милозвучноста на гласот, уметникот со уметност, снаодливиот – со снаодливост. И слично на ова не престанува да ги искушува и оние кои водат духовен живот, и да стави мрежа врз оној кој се одрекол од светот во одрекувањето, на воздржливиот во воздржувањето, на тихувателот во тихувањето, на неимотливиот во неимотливоста, на многуучениот во ученоста, на побожниот во побожноста, на учениот во знаењето (впрочем, вистинското знаење е споено со смиреноумието). Така високоумието во сите се труди да ги посее своите плевели. Затоа, знаејќи ја жестокоста на таа страст (зашто колку поскоро ќе се вкорени таа некаде, го прави непогоден за ништо и човекот, и сиот негов труд), Господ за победа над неа ни го дал средството – смиреноумие, велејќи: „Кога исполните сè, што ви е заповедано, речете: ,Ние сме слуги негодни’“ (Лука 17, 10). И така, зошто самите себеси се вовлекуваме во лекомислие и се доведуваме
42
до повредување на умот? Апостолот вели: „Зашто оној, кој што сам себе се смета за нешто, а е ништо, тој се мами самиот себе. Секој нека си ги испита делата свои, и тогаш ќе има пофалба само во себеси, а не пред друг“ (Галат. 6, 3-4). Заради што се залажуваме себеси, небаре сме некакви угледни луѓе во светот, превознесувајќи се еден над друг и понижувајќи ги сите, кои се поскромни? Знаеме, дека, според учењето на Господа, „она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост“ (Лука 16, 15). Или, како воздржливи, се превознесуваме пред оние, кои се послаби? Повторно нè изобличува апостолот, велејќи: „Не оној, што се фали сам, е достоен, туку оној, кого што Господ го фали“ (2. Кор. 10, 18). И како такви, кои претежно се трудат во служењето, мислиме за себе високо, во споредба со оние, кои живеат спокојно? Повторно наоѓаме, дека Господ повеќе ја фали Марија, затоа што го избрала подобриот дел (Лука 10, 42). ли, како безмолвници, се превознесуваме над оние, кои се занимаваат со служење? Повторно наоѓаме, како Господ поучува и вели, дека не дошол да Му служат, туку за да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина (Мат. 20, 28). Затоа, во секој случај треба да се избегнува високоумието. Но затоа за себе многу мислиме, дека живееме во пустинско и песочно место? Впрочем, никаква полза нема да ни донесе местото, ако не работиме со смиреноумие, затоа што апостолот вели: гледај не на видливото, туку на невидливото; бидејќи видливото е
И
времено, а невидливото – вечно (2. Кор. 4, 18). Но се фалиме со тоа, што живееме во јама и пештера? Сето тоа се знаци на самоумртвување и негрижа за земското. Затоа, она што ти си го избрал за себе како средство за напредување во добродетелта, да не ти служи како повод за паѓање во гордост. Не станувај сличен на наразумен ковач, кој не си ја знае работата и наместо парчето железо, се обидува да го усвити дрвото. И така, со сите сили треба да се држиме за смиреноумието. Но ти си богат и остануваш во границите на праведноста? Впрочем, уште не си ја стигнал мерата на Авраам, кој вели: земја сум и пепел (1. Мој. 18, 27). о ти се грижиш за луѓето? И Мојсеј примил на себе грижа за народот. По ова, бидејќи Бог со раката на Мојсеја и Арона го поразил Египет и го исушил Црвеното Море, и по суво ги превел синовите Израилеви, и ги вовел во таа страшна пустина, и се приближиле до пределите Моавски, и ја виделе Моавците многубројноста на народот – и им рече Моав, како што е напишано, на старешините Мадијамски: Овој народ сега истребува сè околу нас, како што телињата ја изедуваат полската трева (4. Мој. 22, 4); зашто било направено пребројување на народот, освен жените, децата и левитското колено, и нивниот број од дваесет години и нагоре, сите од Израилот способни за војна, изброени беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет (4. Мој. 1, 4546). И над сите нив водач бил Мојсеј. И, иако разговарал со Бога и ја видел славата Господова, не се погордеал во срцето, не станал мрзлив за смиреноумието. Затоа и Светото Писмо сведочи: „А Мојсеј беше најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата“ (4. Мој. 12, 3). Но ти си убав надворешно, со
Н
цврста сила, овенчан со дијадема? Впрочем, не си ја достигнал мерката на царот Давид, кој смиреноумно велел за себеси: „Јас сум црв, а не човек“ (Псал. 21, 7). о ти имаш знаење, и мудрост, и воздржување? Впрочем, сè уште не си дошол до мерата на трите отроци и пророкот Даниил, од кои еден велел: „Во Тебе, Господи, има правда, а во нас - срам на лицата, како што е денес“ (Дан. 9, 7); другите велеле: „Но со скрушено срце и со дух смирен нека бидеме примени“ (Дан. 3, 39). И доколку праведниците покажувале во себе толку смирение, тогаш колку посмирени треба да бидеме ние, грешниците! Зашто да се гордееш и да мислиш високо за себе е плотско мудрување. И според зборовите на апостолот: „ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате работите на телото, ќе бидете живи“ (Рим. 8, 13). И невозможно е да се победат страстите, без да се напредува во оваа добродетел. Зарем не си слушнал, што претрпел за побожноста блажениот Павле? Бидејќи во Посланието до Коринтјаните пишува тој: „Повеќе се трудев, повеќе рани поднесов... од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар; трипати сум удиран со стапови, еднаш каменуван, трипати претрпев бродолом, и ноќ и ден поминав во длабочина; многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од сонародници, во опасност од разбојници, во опасност од друговерци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа; во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија“ (2. Кор. 11, 23-27). Можеме ли и ние да се осмелиме на тоа? И види, каква е неговата добродетел: по толку опасности и по толку заслуги смиреноумно тој велел: „Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа“ (Филип. 3, 13).
Н
43
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА Така велел Павле, за да се оддалечи од гордоста, знаејќи, каков гнев навлекува таа на своите љубители. то е тоа високоумие? Да се превознесуваш – значи речиси исто, што и да го укоруваш Бога со своите лични заслуги. Така и во човечкото битисување, ако некој на ближниот му даде дар, но почне над него да се превознесува, тогаш неговите милости ќе се претворат во ништо, и ќе ја истреби тој наклонетоста на ближниот. Затоа таквиот човек е гнасен. Затоа и Господ, Кој се грижи за нашиот живот, сакајќи да нè оддалечи од оваа погубна страст, нè учи и вели: „Кога исполните сè, што ви е заповедано, речете: ,Ние сме слуги негодни’“ (Лука 17, 10). А ако не го вршиме заповеданото, тогаш не е правилно ни да се нарекуваме слуги негодни, затоа што велик е нашиот Господ, велики се и цврсти Неговите дарови. Заради твое вразумување, бидејќи нè учел не само смирено да зборуваме, туку и да размислуваме смирено, Господ всушност нè поучил, кога се препашал и им ги измил нозете на апостолите. Затоа вели: „поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши“ (Мат. 11, 29). Кога трпиш жалост сакана или несакана, тогаш заклучи од тоа, дека си дошол до мерката на маж доблестен и смирен. Но јас со ужас дознав, дека ти си допуштил во себе лажлива помисла, која ти го предлагала недозволеното. И прашувам: „Зарем ќе бидеш восхитен во овие денови?“ Наспроти тоа, многумина умствено си наштетиле од таа мисла. Кажи си на себеси, кој си ти. Во која мера си стигнал? Зарем си ти Илија? Зарем чудеса си правел како него? Зашто тој со молитва го затвори небото, „и не падна дожд на земјата три години и шест месеци“ (Јак. 5, 17), и повторно, по неговата молитва,
Ш
44
небото дало дожд, и уште со молитва три пати симнал оган од небото. Но ти си ја нашол сета вера? Дај искуства; покажи знаци и чудеса; воскресни мртви со молитва; отвори им очи на слепите; изгони бесови; очисти ги лепрозните; исцели ги хромите; оди по морето како по сува земја; претвори ја водата во вино; со пет лебови и две риби, по својата молитва, нахрани голем број луѓе. Зашто не лаже Оној, Кој рекол: „Кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши“ (Јован 14, 12). о, можеби, некој ќе ги побие овие зборови и ќе рече: „Значи, ако некој не направи такви боголепни дела, тогаш за него нема надеж за спасение?“ Надеж на спасение имаме ние во себе и без да извршиме такви дела, само ако ја исповедаме својата немоќ и своето маловерие. На немоќниот му е потребно милосрдие, а не гордеење. А ако имаме потреба од милосрдие, тогаш да го употребиме на дело смиреноумието, та со смиреноумие да ги привлечеме на себе штедростите Господови. Бидејќи е напишано: „Кој се сеќава на нас во нашата смиреност... и нè избавува од непријателите наши“ (Псал. 135, 23-24). И уште: се смирив и ме спаси (Псал. 114, 6). Но доколку, потпирајќи се на ветер, многу високо мислиме за себе, тогаш не правиме ништо друго, освен што себеси се туркаме во бездна. Затоа не ја допуштај во себе болеста гордост, та непријателот да не ти го грабне расудувањето. Отрезни се од високопарната помисла на себеугодување. Не си простирај мрежи под своите нозе. Со смиреноумие очисти го својот ум од тој смртоносен отров. Нека те вразуми примерот на оној, кој го чисти сметот од својот дом: тој се наведнува кон подот и го очистува. Толку повеќе и со толку поголема грижа треба да се наведнеме и да се смириме заради очистување на душата, да не го допуштаме во неа она, што не Му е мило на Бога. Зашто во смирената душа пребива Отецот и Синот и Светиот
Н
Дух. Напишано е: „Не впрегнувајте се заедно со неверниците; зашто, какво општување постои меѓу правдата и беззаконието? Што воопшто има меѓу светлината и темнината? Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар? Или, што општо има меѓу верник и неверник? Каква сличност има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: ,Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ“. Затоа излезете од нивната средина и одделете се! Вели Господ, и Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам! И јас ќе ви бидам Отец, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки‘, вели Господ Седржителот“ (2. Кор. 6, 14-18). „И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји“ (2. Кор. 7, 1). Затоа, кога заради подвижништво ќе се оддалечиш од животните работи и ќе се спасуваш од бранувањата на бедниот живот, тогаш уште повеќе грижи се да немаш општење со нечистиот дух на гордоста, за да те прими Господ. „Секој горделив по срце е одвратност пред Господа“ (Изрек. 16, 5). арем не помислуваш на оној оган, низ кој ќе поминеме? Кога, поминувајќи низ тој оган, ќе се покажеме чисти и беспрекорни, тогаш ќе дознаеме за себе какви сме. Зашто судниот ден ќе го покаже... какво е делото на секого (1. Кор. 3, 13), според напишаното, затоа што ќе биде испитано со оган. И така, со големо смиреноумие да Го молиме Господа, да нè избави од гневот што иде, и да нè удостои да бидеме грабнати како што ќе бидат праведниците грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот (1. Сол. 4, 17), и со кротките и смирените да го наследиме Царството Небесно. Зашто, како што е напишано: Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството небесно (Мат. 5, 3), така тешко на гордите и оние
З
кои високо мислат за себе, затоа што за нив се подготвува огнената печка. Во гордост живее оној кој вели: „,Со силата на Своите раце и со премудроста на Својот разум го направив тоа, зашто сум умен: ги разместувам границите на народите, и нивните богатства ги ограбив, раката Моја го ограби богатството на народите како гнезда: како што ги земаат оставените во нив јајца, така ја заграбив јас целата земја, и никој со крило не мрдна, ни уста не отвори, ниту писна‘... Затоа Господ, Господ Саваот ќе испрати немоќ на неговите здрави и меѓу првенците на твојата чест бесчестие и врз твојата слава оган на зло ќе се разгори“ (Иса. 10, 13-16). И уште: „А во срцето свое си велеше: Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот; ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот. Но ти си соборен во пеколот, во дното на адот“ (Иса. 14, 13-15). И така, да бегаме од гордоста, која не му е мила на Господа; да го засакаме смиреноумието, со кое сите праведници му благоугодувале на Господа. Зашто голем дар е смиреноумието; голема слава, голем успех и голема чест на оние кои го стекнале. Со него непречено одиме, во него е сесовршената мудрост. Заради високото мислење за себе фарисејот бил понижен, а, за смиреноумието бил возвишен митарот, со кого и нас да нè удостои Господ со нетлен удел со сите праведници. Нему Му прилега слава во вековите! Амин. Превод од руски јазик: Ѓакон Јани Мулев Наслов на изворникот: Святой Ефремъ Сиринъ Творения. Томъ 1, „ПОСАД“, Москва, 1993.
45
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА
Мисионерски писма Владика Николај Охридски и Жички
Писмо до професорот М.М. кој не ја слави домашната слава поради смртен случај
Г
о примив твоето писмо. Со него ми потврдуваш преку огласот во весниците, дека нема да ја славиш домашната слава, поради смртен случај во куќата. Твојата жалост јас сесрдно ја делев со тебе. Пак велам: Бог да го прости твојот честит син. Ти и понатаму остануваш со таа единствена жалост, додека мене ме оптовари со две нови жалости: прво, што не ја славиш домашната слава, и второ, што тоа го објавуваш преку весник. Педесет илјади луѓе ќе читаат, дека тој и тој Србин, кој е професор нема да ја слави својата домашна слава. Нема ли тоа на многумина да им биде соблазна? Барем тоа да го премолчеше. Или да си ги известел само своите најблиски, кои те посетуваат на денот на твојата слава. Зошто целиот православен свет да се сопнува на каменот на твоето неисполнување на една верско-морална должност? Но зарем не гледаш дека твојот свети Ѓорѓи те казнил? Тој те поттикнал да го објавиш својот грев кон него на целиот свет. Затоа што секој грев излегува на виделина. Но пред сè зошто не ја славиш домашната слава? Поради жалост! Зарем треба да славиме само тогаш, кога сме весели и кога ни е добро? Нашите предци ни даваат друг пример. Царот Лазар го славел својот светител во очи поразот на Косово. Војводата Тодор го славел својот свети Ѓорѓи во затворот меѓу затворениците. Неговата сопруга била во голема жалост, но сепак го славела светителот и примала гости. Таков пример ни дава и денес нашиот народ. Во време на Светската војна српските војници ги славеле своите светители по рововите полни со вода и мртви тела. Ова што ќе ти го кажам наликува на приказна но е жива вистина: На денот на својата домашна слава, еден војник во својот ров запалил свеќа и ја ставил на челото на својот загинат другар, кој лежел покрај него. На градите му ставил леб и вино, а тој без шлем на главата почнал да пука по наредба на претпоставениот. - Што ти значи ова? - го прашал старешината. - Денес ми е слава господине!... па си велам, ете, мојот земјак ќе ми послужи наместо трпеза во овој ров. Свеќа, леб и со непокриена глава! Дали знаеш што значи ова? Тоа се четири симболи: светлината на верата, потребата од Бога, љубовта Божја и
46
молитвата упатена кон Бога. Тоа е сето она што е важно во прославувањето на домашната слава и Божјите светители. Зарем ти не си во состојба тие четири симболи да ги покажеш на денот на твојата слава? Или мислиш дека твојот дом од кој пред неколку недели е изнесен мртов човек, е место на поголема жалост од ров, полн со мртви тела, на кои крвта сè уште не им е исушена? Сосем нелогично е да не ја славиш домашната слава под изговор дека твоето семејство е во жалост. Токму тогаш, кога ти е жал и ти е тешко, треба со поголема срдечност да ги славиш и да им пристапуваш на светителите со молитва. Тогаш и светителите, односно Бог, преку нив, повеќе и побрзо ќе ти помогне. Но тогаш кога со нас е сè во ред, и кога сè ни е по волја, тогаш помалку се забележува помошта од славењето на светителите, затоа што веќе го имаме тоа што ни треба. ас искрено верувам дека светиот Ѓорѓи му се јавил на војводата Тодор во темницата и го извел од неа. Има многу, многу примери, дека побргу се спасиле оние кои го славеле Бога и својот светител во својата мака. И Светото Писмо тоа го потврдува. Прочитај како апостолите Павле и Сила оковани во темницата Го славеле Бога, и како во тој час се затресла земјата и оковите паднале од нив. Јас лично сметам дека откажувањето од славење на домашната слава доаѓа од мешање на поимите. Не слават само оние кои славата ја сметаат за веселба слична на свадба. Но ти, како учен човек, треба да знаеш и да ги поучиш другите: ако во жалост не се прави свадба, славата се слави и во жалост. Особено кога си во жалост. Мир на тебе и утеха од Бога.
Ј
Превод од српски јазик: Свештеник Мики Миовски Наслов на изворникот: Владика Николај Жички, Мисионарска писма, писмо 33, Зрењанин, 2004
47
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА
Н
а празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата која се отслужи во Соборниот храм „Св. Пантелејмон“ во Велес, сослужуваа сите свештенослужители од градот. Со слово до присутните верници се обрати свештеникот Ристе Јанушев, кој го објасни подвигот на светиот новомаченик Агатангел Битолски, и воедно од името на сиот клир и верен народ на Повардарската епархија му го честиташе именденот на митрополитот Агатангел, посакувајќи му уште долги години плодна архипастирска дејност на нивата Господова. На многаја лета, Владико свет. Проповед за празникот на свети Агатангел Битолски свештеник Ристе Јанушев, старешина при храмот „Успение на Пресв. Богородица“ - Велес Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, ...праведниците живеат довека; Нивната награда е во Господ, за нив се грижи Севишниот. Затоа тие ќе го добијат царството на славата и венецот на убавината од раката Господова. Тој ќе ги закрили со Својата рака и со Својата десница ќе ги заштити...“
48
(Мудр. Сол. 5, 15-16) За таков еден праведник и новомаченик од нашиот род и народ денес
си спомнуваме драги браќа и сестри. Македонското потекло на свети Агатангел го наведува јеромонахот Атанасиј Симоно-петритски во службата што ја составил во чест на овој наш новомаченик. Имено, во синаксарот пишува: „Во 27-от ден од месец февруари, спомен празнуваме на светиот и прославен новомаченик Агатангел, од меч пострадан во Битола Македонска, во лето Спасителово 1727“. Во написот, пак, на кивотот во којшто се чувааат неговите свети мошти, пишува: „Оваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто маченички пострада во 1727 година од следнава причина: „Кога сите Агарјани, имајќи си зол обичај, во трите дена на бајрам го потурчуваа секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, при тоа сочинувајќи и ферман, и со Божјо содејство - попуштија. Оние, пак, не поднесувајќи го ова, го убија, а главата негова беше воскрасена во дните на кир Григориј Пелагонијски, а од ереите беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј, 1727, февруари 25“. Овој напис сведочи дека свети Агатангел многу храбро и решително истапил пред тогашните Христоборни власти, не плашејќи се од нивната моќ, да судат на живот и смрт. Единствена цел му била да ја запре тенденцијата на исламизирање на македонскиот народ, која никогаш не престанала за време на отоманското владеење на овие простори, а само се менувале методите, сè со цел да се постигне што поголем успех во истата. Оние што биле лековерни отпаѓале од верата и примале мухамеданство, некои заради приземни наслади и друштвено подобри позиции, но во најекстремните случаи тоа било со присила и тортура, која кулминирала, како што е посочено во конкретниот случај, за време на тридневните бајрамски празнувања на мухамеданците. Охристовеното срце и Боголиката душа на свети Агатангел не можеле молкум да ги поднесат овие случувања и затоа, тој несебично и по цена на својот живот застанал да ја одбрани верата во Христос Спасителот, која по никоја цена не смеела да се оттргне од битот на македонскиот народ и неговиот библиски код. И така, бидејќи делата „Христа ради“ се радост за Бога и радост небоземна, со Божја помош свети Агатангел издејствувал да запре христоборното безумство на Агарјаните. Но ова, не можеле да го поднесат екстремните антихристијани и нивниот гнев силно се истурил врз светителот. Тие го погубиле светиот Агатангел во Битола во 1727 година, отсекувајќи му ја главата со меч. Му приготвиле маченичка смрт сакајќи да го уништат незнаејќи дека со тоа го овековечиле со маченички венец. Заради Христа пострадан, свети Агатангел денес е наша радост, молитвено застапништво и благопријатно кадило пред Спасителот. Возљубени во Христа, браќа и сестри, Крвта на мачениците и новомачениците, е залог за вечноста и потврда за верата на Македонецот. Вера која дава плодови за восхит и во континуитет ја потврдува својата чистота преку Христоприсутноста во нас и меѓу нас, како во народ Божји. Крвта на мачениците пролеана заради Христа, ја полеваат Црквата македонска како плодородна лоза, која дава изобилни и
49
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА прекрасни плодови. Украсена е со венци небесни, со Богоугодници од Духот Свети посведочени, кои на олтарот на мачеништвото го дадоа животот за Христа. Еве, и ние денес, ширум отворајќи ги портите на нашите срца, молитвено и умилно повикуваме од длабочината на нашата душа, кон свети Агатангел Битолски, кон свети Ѓорѓи Кратовски, кон света Злата Мегленска, кон сите наши новомаченици и маченици, кон сите наши светии. Заедно со Мајката Божја, бидете наши застапници пред Владиката на сите, за да можеме со Негова помош да истрпиме достоинствено до крајот, носејќи го Богомудруваниот ни крст. Крстот кој се вдлабна во нашите народни плеќи, да бидеме неброено пати распнувани заради тоа што сме и затоа што постоиме. Својот дел од тој крст, ќе треба да го прегрнеме и ние во времето во кое живееме. Светиот Дух изобилно ги излива своите дарови на Црквата и ни дава сигурни кормилари кој ќе нè водат низ бурните води на веков што го живееме. Нема времиња определени за добри дела, ама низ времето секогаш има места населени со Христољупци, спремни да се предадат целосно на Бога и во сè да се подредат на волјата Негова. На такви дела ние се радуваме и денес и го молиме Бога да нè умудри и поткрепи за во иднина да ги имаме уште повеќе. Ваше Високопреосвештенство, Сите сме сведоци на вашите неуморни заложби во сите сегменти на црковниот живот во Богомдаруваната Ви епархија Повардарска, од првиот ден на вашето доаѓање помеѓу нас. Ги продолживте започнатите градби во црквите на епархијата и отпочнавте со градба на нови, со опсежни и сеопфатни реновирања на повеќе цркви, манастири и параклиси. Се интензивираше црковнопросветната дејност преку издавање на бројна духовна литература и епархиското списание „Православна Светлина“. Ги направивте првите чекори за заживување на монаштвото во епархијата. Со голема љубов и саможртва, согледувајќи ги потребите на егзистенцијално најзагрозените наши браќа и сестри, отворивте црковно-народна кујна во која бесплатно, секојдневно се хранат повеќе од стотина наши сограѓани. Вратите на вашиот кабинет се отворени за секој, којшто има потреба да ве види, да поразговара со вас, или макар само да Ве поздрави. Не можеме, а да не бидеме благодарни од Вас, по сè она што го правите со вашето архипастирско дејствување во епархијата и помеѓу сите нас. Еве, денес, молитвено заедно со вас, сослужувајќи Ви на Литургијата на претходноосветените дарови, Му благодариме на Бога за Неговата промисла да нè упати едни кон други. Да си спомнеме за светиот новомаченик Агатангел Битолски, чие име и Вие го носите за да Ви биде поттик и мотив за преуспевање на секоја Богоугодна работа, која по благослов Божји ќе ја работите на нивата Господова.
50
Од името на свештенството, монаштвото и верниот народ од нашата епархија, Ви посакувам многу здравје, радост, успех и долги години плодна архипастирска дејност. Високопреосветен владико свет, на многаја лета.
Трпеливо поднесувајќи ги немоќите на ближните отец Мојсеј во Оптинската пустина собрал монашко братство, примерно за Русија. Св. Игнатиј Ставрополски Јеромонах Сергиј (Рибко)
Ј
еромонахот Сергиј Рибко е старешина на храмот „Слегување на Светиот Дух врз апостолите“ на Лазаревите гробишта во Москва. Пострижан е во монаштво и ракоположен во свештенички чин во Оптинската пустина во 1990 година. Во младоста имал блиски контакти со претставници на неформални младешки движења. Отец Сергиј редовно гостува во радиостаницата „Радонеж“ и зборува на аскетски теми, и е еден од постојаните автори на периодиката „Благодатен оган“ (прилог кон периодиката „Москва“). Многу често објавува текстови во весникот „Православен Санкт-Петербург“ и во други православни и светски изданија. Со благослов на патријархот Кирил често гостува и проповеда на многу рок-концерти, и на тој начин има приведено во верата многу млади души. Но и покрај неговите „модерни сфаќања“, сепак, тој е бескомпромисен следбеник на догматите и светоотечката вера на Светата православна црква. 1.
Наше ли е ова дело?
Н
ема никаков сомнеж, дека Руската црква се возобновува. Еден од знаците на возобновувањето се многубројните обновени монашки обители. Ако на канонската територија на РПЦ кон крајот на 80-те години на XX век се броеја не повеќе од дваесетина живи манастири, денес се повеќе од шестотини. Практично секое заседание на Синодот добива решение за отворање на неколку манастири. Неколку години претходно тие, како по правило, се отвораа на местата на разорените обители каде што немало ништо освен разрушени ѕидови и историско име. Возобновувањето на таква обител, како што е, впрочем, со секој нов манастир, наидуваше на определени тешкотии, а најглавната од нив, - отсуство на содветни искусни кадри, коишто би биле во состојба навистина да го обноват манастирот, а не само да изградат ѕидини. Со голем труд се собираа жители во таквите манастири, не само од конкретната епархија, туку и од другите. На тој начин во бројот на братството не ретко доаѓале и случајни луѓе, кои не можеле долго да се задржат. Како последица на тоа, денес се среќаваат целосно изградени манастири, каде бројот на монасите го сочинува само игуменот.
51
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА Во последно време во решението на Синодот за отворање на светите обители сè почесто се вели: „Да се преобрази парохијата од тој и тој град во манастир…“. На тој начин обителта се возобновува не на празно место, туку на веќе изграден храм, што овозможува да се избегнат многу проблеми, пред сè, од економски карактер. Но најважно е тоа, што таа веќе има постоечка заедница, како по правило, женска. Најчесто таквата заедница природно никнува во храмот каде што старешината е монах. Многу монаси, по волјата на судот Божји, од разни причини, сакајќи или несакајќи, добиваат благослов да ја остават обителта и своето понатамошно монашко живеење да го продолжат опкружени со светот во парохиски храм. Има и такви, кои уште на почетокот, добиваат постриг во парохија. Оваа тенденција на нашето време древните отци, основачи на монаштвото, едвај би ја признале за нормална. Но таа тенденција постои и секако не без Божја промисла. Иако односот кон парохиските монаси, како по правило, е претпазлив во секој поглед, тоа не е секогаш праведно. аспроти постоечкото мислење, тие воопшто не отишле од манастирот своеволно, ниту од разбеснетите страсти. Некои од нив по волја на архиерејот биле намерно испратени во такви места, каде што возобновувањето на парохиите одело прилично тешко, како од материјален, така и од духовен аспект. Треба да се каже, дека тие одлично ја извршиле својата задача онаму, каде што свештеникот немал трпение и сила. Еве што пишува еден од таквите свештеномонаси: „Кога пристигнав (1990) најдов парче земја обрасната во мов и неколку старици раскарани меѓу себе. Со Божја помош го изградивме храмот, добро ја уредивме околината, се формираше силна заедница. Заживувањето на црковниот живот во тоа гратче беше во лошо време: платите и пензиите доцнеа по 13 месеци. Се молевме и баравме помош од администрацијата – ветуваа, а не помагаа - но нашата работа течеше“. Искуството од современиот црковен живот покажува, дека во храмот, каде што управува монах, во поволни благопријатни услови често се создава заедница од монашки тип: машка или, почесто, женска – која со текот на времето може да добие статус на манастир. Оваа појава целосно е оправдана, ако во парохијата се наоѓа вистински монах, порано или подоцна, околу него ќе се соберат истомисленици кои добиваат од него духовни поуки и совети и во исто време стануваат за него блиски по дух луѓе, чија духовна поддршка е крајно неопходна. Во наше време ретко кој може да го сподели искуството со некого, како треба да се дејствува, за успешно да се создаде манастир. Но секој кој учествувал во дело од овој тип, има што да ви каже за тоа, како не треба да се прави тоа. Дозволете му на таквиот човек да сподели некои мислења, за да ги предупреди возљубените собраќа од можните грешки. ез сомнеж, многу монаси, кои по сплет на околностите се на послушание во парохиски храм, сакаат во својата парохија да создадат манастир и своето спасение да не го извршуваат во осаменост. Но дали тоа е Божја волја? Понекогаш, како нешто што е само по себе разбирливо, нам ни се чини дека не може а да не биде волјата Божја во него. Понекогаш дури и добиваш благослов од духовните лица. Но времето минува и од околностите станува јасно дека Божји благослов немало. Понекогаш тоа е волја Божја, но премногу е рано да се започне делото. Затоа пред сè не треба да се брза; треба да се случува постепено, само од себе. Ако биде волјата Божја, Самиот Господ, во свое време ќе собере луѓе и ќе покаже дека е дојдено времето да почне да се дејствува. Еден современ пастир, кој изградил православен детски дом, рекол: „Оној,
Н
Б
52
којшто сака да создаде дом за деца без родители, треба да знае, дека за себе гради Голгота“. Дотолку повеќе тоа се однесува на оној, кој се подготвува да изгради света обител, зашто таквиот човек се зафаќа за неспоредливо посложено и потешко дело, а тоа значи дека, несомнено, ќе предизвика голема злоба кај невидливите непријатели. Реално согледувајќи ја целата тежина на оваа безусловно претешка за човечките можности задача, човек никогаш нема да се одлучи сам да се зафати, но само ако се убеди од развојот на околностите, дека тој е повикан за таа задача од Бога. ко домот за деца без родители секогаш наоѓа сочувствителни и доброволни помошници меѓу луѓето, вбројувајќи ги тука и нецрковните па дури и неверниците, градењето на манастир многу ретко наидува на разбирање.
А
Искуството покажува дека во современа Русија изградбата на нов манастир предизвикува, за жал, противречен однос: од сочувство и огромна помош од едни, до непријатности и непријателство од други. При што неприфаќањето, кое е последица на атеистичкото воспитување и безбожниот живот, не е само од страна на властодршците, но, за жал, и од страна на обичниот народ. Оној, кому Бог му испратил тежок крст за создавање на света обител, треба да разбере, дека во оваа работа, не вреди да се надеваш на луѓето, мали или големи. Да се надеваш може само во Бога, во семоќната десница на Оној, Кој е секогаш подготвен да помогне во работата која Он заповеда да ја извршиме. Господ, а не луѓето, ќе ни испрати во вистинско време сè што ни е неопходно во изобилие. Од нас се бара само непоколеблива вера во промислата Божја, а исто така и неопходни трудови според нашата сила, кои за нас никој нема да ги заврши, по зборовите на еден од Божјите угодници: „Во секоја работа треба да се молиме онака, како сè да зависи само од Бога, а да работиме онака, како сè да зависи само од нас самите“. Ако стане очигледно, дека е волјата Божја за изградба на монашката заедница, нема да се одречеме од трудот за нејзино создавање. Без оглед на нивната тежина, поврзаните со нив озборувања па дури и, штетата за душата, ако волјата Божја е за некого да се зафати со устројство на манастир, тогаш тоа дело за него ќе биде спасително. Ако, пак, таквиот се повлече или не работи на него (на манастирот) ќе биде казнет од Бога, како што бил казнет познатиот оптински подвижник схиархимандритот Агапит (Беловидов), кој, како повикан првин на архиерејство, а потоа и на старчештво се откажал и од едното и од другото, по што, со текот на времето, доби помрачување на умот. Според мислењето на преподобниот Варсонуфиј Оптински, неговото безумие му било дадено како
53
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА казна заради одбивањето на јавна служба. бителта не се устројува заради подигнување на споменик на архитектурата, не за поклониците, не за населението или за архиереите, туку пред сè за нејзините жители. Затоа првата грижа на градителот би била токму за нив. Ако има жители, кои се подготвени да се потрудат во делото на спасението, со текот на времето ќе има и манастир. Ако изградбата на обителта е почната со подигнување на блокови и ѕидови, тогаш и при најграциозни градби и поволна економска положба, луѓето, кои сакаат монашки живот, може и да не се соберат да живеат тука. Главна задача на устроителите е да им обезбеди на монасите сè што е потребно за да можат да водат духовен живот во целост, т.е, пред сè, да создадат услови за богослужење и молитва. Втората, не помалку важна задача - да се организира животот на браќата, т.е, да им се обезбеди покрив над главата, храна, облека, медицинска помош и сè што е неопходно за живот. Времињата, кога подвижниците живееја во пештерите, спиеја на рогозини и се хранеа само со леб и вода, отидоа во неповрат. Современиот човек е крајно немоќен, пред сè - душевно, но не помалку и телесно. Затоа оној, кој сега доаѓа во манастир, има потреба од големо снисходење. Нему не треба да му се пристапува со мерките на древното монаштво. Па тој сè уште не е монах, туку мирјанин.
О
Превод од руски јазик: Ангелина Јанева, дипл. проф. по руски јазик Наслов на изворникот: С чего начатъ устроение святой обители?, иеромонах Сергий (Рыбко), Журнал Московской Патриархии. № 2, 2003. Главы из книги „Записки приходского инока“.
Дневникот на една мајка 06.07.1973 година Мила моја, денес сум посебно среќна. Додека ти си играш во креветчето и се чудиш што ли правам јас, а јас го пишувам овој дневник. Утрово беше многу паметна девојка и самата седна на ношето, што тато ти го купи. Умно дете мое! Ова е резултат на нашето заедничко запознавање. Мила, ти сфати дека кога ќе направиш нешто лошо, дека моите очи ти кажуваат дека сум ти лута, па за да ме гледаш секогаш радосна, самата си сфати што треба да правиш. Сега, кога ќе се сетам како ми беше во мислите, а сега си тука покрај мене, те гледам и се радуваме и обете. Само заради редослед и за да не се заборават тие значајни датуми во нашиот живот, ќе спомнам дека таа недела, пред да те доведеме во нашиот дом, ја поминавме во купување за тебе, креветче и облека. Потоа на 19. 06. 1973 те видов во домот, и ти шепнав на уво дека набрзо те водам дома. На 20.06.1973 за првпат те виде твојот татко и ти му се допадна. На 22.06.1973 год. во петок првпат стапна во својот дом, во кој внесе радост, среќа и весело детско смеење и плачење. На влезот од зградата ти посака добредојде сосетката Н. од првиот спрат. Вечерта дојдоа твоите сегашни тетка С. и тетин С. од првиот спрат и дада Л. Тогаш тетката првпат те избања. Беше вистинска кукла! А во другите денови беше востановен редот околу бањање, хранење и спиење. На 26.06.1973 го славевме твојот прв роденден.
54
Сега кога ќе го видам мојот сопруг С, а твој татко, како те сака и пази, моето срце е преполно со среќа, зашто имам две личности, кои многу ми значат во мојот живот. Веќе ништо не ми е тешко да работам – сè ми е како песна. Морам да прекратам со пишување, зашто гледам дека си нестрплива да те земам во раце, па повторно друг пат ќе продолжиме. 18.08.1973 година Утро е, а ти, мило мое, слатко спиеш. Јас останав во другата соба да размислувам за патот, што го поминав; за борбата која упорно ја водев, та тој мој напор конечно да се круниса со успех. Да, мила моја, вчера потполно и законски стана наша родена ќерка. Запамти: на 17.08.1973 година беше твоето потполно посвојување. Во свечената сала на институцијата ни беше соопштено дека ни припаѓаш нам. Личноста која те родила, на која ѝ го должиш твоето постоење, поради објективни причини не сакаше да присуствува. По моја желба прочитана е нејзината изјава во која наведува дека своето дете Ј. го дава на семејство кое сака дете, и дека нема да се интересира за неа, нити било како да ѝ пречи во нејзиниот живот. Само поставува услов, усвоителите да се граѓани на СФРЈ и да не се од некое малцинство. Нејзиниот потпис М.Д. Јас сум ѝ многу благодарна што ми даде толку убава, здрава и интелигентна ќерка. Ни ти немој да ја обвинуваш, зашто си се родила во незгодно време, кога таа била ученичка на седумнаесет годишна возраст, уште неоформена за да може целосно да ја преземе родителската грижа за тебе. Се вратила кај родителите и продолжила со учење. Единствената личност, која би можела да ја обвинуваш, е твојот билошки татко, кој те создал, а не се покажал достоен да го носи името татко. Да бил човек како што треба, требало да се венча со мајка ти, и ти би ги имала и обајцата. Но, веројатно, тој не бил подготвен да го земе бремето на родителска грижа, па твојата мајка морала така да постапи, што е правилно. Сепак, јас сум им благодарна и на обајцата што си ни убава, здрава и умна. Зашто, кога не би било така, ние не би те имале. Вака, ти си го добила она што не си го имала, т.е. топла родителска љубов, а ние – дете, кое толку долго го очекувавме. По сплет на околности животот нè спои ние да те добиеме тебе, а ти – своите добри родители. Кога ќе ги читаш овие редови, јас те молам, да не обвинуваш никого, а најмалку својата биолошка мајка. Јас, иако не ја познавам, на извесен начин ми е мила и блиска, зашто се радувам и среќна сум со нејзиното дете, кое го чувствувам со сето свое срце. Те молам, Р., не се обидувај да ја најдеш, затоа што кога ќе пораснеш и ќе ги читаш овие редови, таа сигурно завршила школо, веројатно, претпоставувам бидејќи потекнува од чесно семејство, дека се омажила за друг маж, од кого можеби скрила дека веќе има дете. Твоето интересирање само ќе ѝ го поремети спокојниот семеен живот. А тоа, сепак, не го заслужила, цел живот да има пречки во личната среќа. Кога веќе таа ветува дека нема да го нарушува твојот мир и среќа кои си ги нашла кај нас, должна си и ти за тоа да поведеш сметка. Те гледам и уживам во нашата тројна среќа. Настојувам да ти бидам добра родена мајка, а истото го забележувам и кај твојот татко. Толку многу се радуваме со тебе. Ми се чини дека подобар татко не би можела ниту да имаш, ниту да најдеш. Штом утрово те остави да плачеш, веднаш по половина час се јавува од работа да праша, како си, да не си болна нешто. Јас го утешив, дека сега мирно спиеш и дека не ти било ништо. Во знак на нашата голема радост, вчера шетавме низ градот, тебе ти купивме сандали, на кои многу им се радуваше; ги држеше во рачињата и слатко гугаше. На твојата дада К. која толку многу ја сакаш и која те чуваше додека ние бевме отсутни, заради твоето посвојување, во знак на нашата голема радост ѝ купивме убаво фустанче, на кое многу му се израдува. Мене, на твојата среќна мајка, твојот татко ми купи летна пижама, исто и јас нему. На крајот сето тоа го заливме со убав сладолед, што првпат го јадеше. Се муртеше, зашто е студен, а сакаше да го лижеш, зашто е сладок. Да, мила моја, и јас по сплет на околностите имав некоја слична судба. И мене од мојата родена мајка, кога сум имала четири години, ме дале на друга – на мојата братучедка по татко. Со неа го поминав цело време. Ја сакав повеќе од себеси. Нè раздвои нејзиниот сомнеж во мојата љубов кон неа, иако за тоа имаше оправдана причина. Но за тоа ќе ти напишам друг пат. (продолжува)
55
ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА
Naslovi od izdava{tvoto na Misionersko - humanitarnata dejnost \akonija