svetlina10web

Page 48

своите десет, човечки заповеди, сменувајќи ги оние десет Божји. Цивилизацијата, како што сфатил светиот апостол Павле, обликот на светот е премногу шаренолик, премногу разигран, премногу динамичен и премногу заводлив. Но, овие обличја не се само материјално богатство на цивилизацијата, со кои таа го олеснува и разубавува телесниот живот, туку и нејзини убедувања и нејзина философија, преку кои таа сака да го олесни и поедностави душевниот и духовниот живот на луѓето, или поточно кажано, да ги одврати од намерата да ѝ погледнат на вистината во очи и да ја признаат надмоќта на Божјото. Може да се каже дека, цивилизацијата е суета над суетите, а до ваков заклучок дошол и Соломон, премудриот јудејски цар, кој своевремено најмногу од сите искусил сè што можела тогашната цивилизиција да му понуди на човекот. Во своите лаги и заблуди, во своите самоизмами и со своите маски, човекот, понесен од лажната цивилизација, не може бесконечно да живее. Отрезнувањата се неминовни, нè советува светиот апостол Павле: формите на светот минуваат, а тие само ја одложуваат неизбежната средба со она, со што не можеме да се пофалиме. Со крајот на човечкиот пат се случува истото она, што се случува и со крајот на самото време: не се соочува со лагата и минливоста, туку со вистината и вечноста. Преработил: Протоереј Златко Ангелески

46


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.