Каталог на изданија - лето 2022

Page 1

КАТАЛОГ 2022


БУШАВА АЗБУКА Горан Стефановски Душан Петричиќ (илустрации) Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Во литературата дебитира пред триесетина години со ТВ- играта „Клинч“ (1974). Оттогаш па се до нашиве дни се пројавува како плоден и атрактивен автор, главно во драмската уметност, врзувајќи и го своето и националното име за престижни и високи домашни и интернационални награди и признанија. Во орбитата на сеопштиот интерес се пробива со драмата „Диво месо“ (1979 година), за првпат изведена на сцената на Драмскиот театар во Скопје, во режија на Слободан Унковски, кон крајот од декември 1979 година. Потоа следуваат „Лет во место“ 1981, „Хи-Фи“, 1982, „Дупло дно“, 1983, „Бушава азбука“ (ТВ-серија во 31 епизода), 1985, „Тетовирани души“, 1985, „Црна душка“, 1988, „Лонг плеј“, 1988, „Кула вавилонска“, 1990, „Сараево“, 1993, „Старецот со камен околу вратот“, 1994, „Сега му е мајката“, 1995, „Баханалии“, 1996, „Казабалка“, 1998, „Сите сме луге“, 1998, „Приказни од еден град“, 1999, „Хотел Европа“, 2000, итн Душан Петричиќ е српски илустратор и карикатурист. Има илустрирано бројни книги за деца, а неговите карикатури се појавуваат во реномирани магазини и дневни весници, од „Политика“ до „Њујорк тајмс”. Ја има добиено престижната награда – Почесен сертификат на IBBY (International Board of Books for Young People), како и Alberta Book Award и The Longitude Prize, наградата Levstik во Словенија и други.

Издадено во соработка со Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски

Пријатели на „Бушава азбука“ Благодарност на Илија Илоски, големиот фан и пријател на Горан, за поддршката при објавувањето на оваа книга.


Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција. Конечно, во 2022 година, го доживуваме резиданието на оваа вредна книга, од која сега можат да читаат денешните мали „бушави глави“ и растат денешните, нови генерации, негувајќи го македонското културно наследство.

возраст

6+

НОВО!

650 ден.

230 x 280 мм 64 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-30-9


НЕВИДЛИВАТА КУЌА Билјана С. Црвенковска Ване Костуранов (илустрации) Билјана Црвенковска е писателка, сценаристка, преведувачка, сонувачка (или мечтателка, како милувате), вљубеничка во природата, планините, животните и облаците, и – вечно дете. Освен што постојано сонува со отворени очи, Билјана не престанува да пишува... и да пишува... и да пишува. Има напишано многу книги и сценарија за серии за деца, но и за возрасни. За нејзините книги добила или била номинирана за бројни награди, меѓу кои и наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија. Живее на релација Скопје – Охрид – Земјата на соништата, а најдобар другар ѝ е мачорот Макс. Ване Костуранов е човек кој поголемиот дел од животот го поминува измислувајќи нешто. Понекогаш тоа се нови слики, а понекогаш измислува и црта сликовници за деца. Толку е заигран во овој свет, што веќе нацрта три авторски сликовници („Ѕвездено дете“ 2018, „Девојче и мече“ 2019 и „Девојчето и градот“ 2020). Преостанатото време црта на хартија, понекогаш на платно, а повремено прави илустрации за други писатели (кои, исто така, се познати измислувачи). За неговите измислени работи понекогаш добива и награди. Ване живее и работи во Струмица, еден сосема обичен и реален град.


Но, куќа

…и не са

Малечката Кала е принудена набрзина да го напушти својот дом. Таа заминува со родителите на долго, истоштувачко и застрашувачко патување без крај. Кала не разбира што се случува, освен што ги наслушува неубавите зборови што ги шепотат возрасните. Но, она што го знае е дека ѝ недостига нејзината куќа, заедно со баба, дедо и омилената играчка – зајачето. Приказна за тоа како имагинацијата може да помогне во справувањето со губитокот и тагата. Добитник на наградата „Најдобра книга“ за деца и млади меѓу два саеми на книга за 2021 (МАИ) Финалист за READER'S CHOICE AWARDS во категоријата Детски книги и сликовници (Топ 5 рангирани за 2021 година) 225 x 225 мм 44 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-12-5

550 ден.

возраст

5+


о која мечтаеше остана далеку зад нив...

аа.

КУЧЕТО ШТО МЈАУКАШЕ И МАЧЕТО ШТО ЏАВКАШЕ Билјана С. Црвенковска

Повторно молчеше. Навистина, таа немаше што да каже.

Сања Симоска (илустрации) Бо е кученце што мјаука. Мони е маче што џавка. Тие се присилени да ги напуштат своите домови само затоа што се различно. Но, што се случува кога ќе се најдат? Бо ја погледна Мони. Мони го виде Бо. „Ав, ав, ав?“ „Мјау, мјау, мјау!“ Бо разбра сѐ што рече Мони. Мони разбра сѐ што рече Бо.

возраст

НОВО!

3+

Приказна за прифаќањето, самодовербата и припадноста. Приказна што им укажува на децата што значи прифаќање на различните од нив, кои имаат исти чувства, желби и потреби, но ги изразуваат на поинаков начин. Приказна што кажува: колку и да сме различни, сите сме прекрасни на свој начин; секогаш ќе најдеме некој сличен на нас; не сме сами! Потесен избор (од 12 книги) за READER'S CHOICE AWARDS во категоријата Детски книги и сликовници за 2021 година

500 ден. ден.

225 x 225 мм 40 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-66234-0-1


SВЕЗДА МРАК И СУШТЕСТВАТА ОД СТРАШКОГРАД Билјана С. Црвенковска

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Нита Муча (илустрации) Роман за едно посебно девојче од еден посебен град. Осамено сираче кое вдомува несакани суштества, кои се секогаш обесправени заради нивниот изглед: стаорци, пајаци, црни мачиња, лилјаци... но и чудовишта, а и еден многу пријателски настроен дух. Тоа не е сè, затоа што спроти Страшкоград постои уште еден град, Сретково – прекрасен град во кој живеат сите убави, слатки суштества. Со него владее принцезата Роза. Но, ништо не е онака како што изгледа на прв поглед. Книгата има две корици и се чита одназад. Постои и причина за тоа, освен што е необично и интересно. Причината е што понекогаш работите треба да ги погледнеме од друг агол, за да можеме да ги разбереме. Романот е фантастична приказна која им посочува на децата да не судат според изгледот, да ги отворат срцата за оние што се различни од нив и ги учи дека добрината, пријателството и храброста можат да се најдат и на мошне неочекувани места.

Најдобра книга за деца и млади, која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија (потесен избор, 2019) Најдобра книга за деца и млади меѓу два саеми на

ВОЗРАСТ 7+

книга, признание кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (Трето место, 2020) Најкреативно издание меѓу два саеми на книга, признание кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (Прво место, 2020)

350 ден.

Најдобра книга за млади на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца

Б5 / 88 стр. колор печат/ мек повез ISBN 978-608-66234-3-2

„Литера“ (2020)


ЛИСИЧЕ Едвард ван де Вендел Марије Толман (илустрации) Едвард ван де Вендел е еден од најпознатите современи холандски автори на книги за деца и млади, кој пишува и поезија, проза и есеистика. Тој совршено успева секогаш да ја најде вистинската форма и тон за неговата книжевност, и да ги плени читателите од сите возрасти. Има освоено бројни престижни книжевни награди, а неговите книги се преведени на повеќе од 20 јазици. Марије Толман е холандска уметница и илустраторка. Таа често користи повеќе медиуми, комбинирајќи ја илустрацијата со други ликовни техники, како и со фотографија. Нејзините книги се објавени во повеќе од десет земји. Добитничка е на повеќе награди за илустрација, вклучително и наградата Bologna Ragazzi.


Лисичето сонува. Сонува за времето кога беше мало како јаболче. За првиот пат кога излезе надвор од дувлото, со своите сестри и браќа. Тоа ги сонува големиот елен и момчето. И на крајот, сонува за она што се случи кога ги бркаше виолетовите пеперутки… Родителите насекаде низ светот знаат колку е проблематично кога сакаат нивните деца да бидат љубопитни, да имаат убави искуства и пријатели, да го истражуваат светот и да откриваат нови работи... но и да бидат совршено безбедни додека го прават тоа. Лисичето знае како е тоа! Неговиот татко го предупредува дека светот е опасно место. Но, Лисичето и покрај тоа брка пеперутки, влегува во опасности барајќи храна и бара нови пријатели кои се поинакви од него. Но, кога еден ден случајно ќе падне и ќе ја удри главата, Лисичето сонува – преживувајќи ги одново убавите моменти во неговиот живот, но и оние неубавите. Неверојатните илустрации во комбинирана техника на Марија Толман создаваат чувство како навистина да се работи за сон, или пак за филм.

НОВО! возраст 4+

ден. 700 ден.

225 x 225 мм 88 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-04-0


21

ISBN 978-608-66234-8-7 (печатено издание) Признание за поттикнување општествена одговорност, кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (Трето место, 2020)

8+

ВОЗРАСТ

4. СЛУШАЈЌИ СТАРИ ПЛОЧИ

Секое парче 50%

Најдобро ликовно-графички уредено издание меѓу два саеми на книга, признание кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (Второ место, 2020)

4. СЛУШАЈЌИ СТАРИ ПЛОЧИ

450 ден.

Другото не го Чув оти почна 205 x 205 мм Да топа да тропа топамекдаповез тропасо клапни 72 стр. / колорДа печат/ ISBN 978-608-66234-8-7 (e-книга) Да топа да тропа... Мебел да пее... од средствата од продажбата Ми донирани вели Кате ќе бидат Седната врз за арт и музикотерапија за деца соНовиот посебникахон. потреби

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

ДВА ПРСТА: https://www.youtube.com/watch?v=aZ308aOOX04 ДВА ПРСТА: https://www.youtube.com/watch?v=aZ308aOOX04 Е-книга

Може да свири

Илустрирана стихозбирка за деца (и возрасни) кои ја сакаат (или сакаат да ја засакаат) музиката. Стихозбирката претставува одличен, но и хумористичен Секоја кутија вовед на децата во светот на музиката. Песните во книгата се сместени во четири циклуси: инструменти, Има свој звук. композитори, инструменталки и слушање стари песни. Секој предмет

(НАЈ)СТАР ОРКЕСТАР: https://www.youtube.com/watch?v=ItUiAWmnDbg (НАЈ)СТАР ОРКЕСТАР: https://www.youtube.com/watch ?v=ItUiAWmnDbg достапно и како

ТЕМНАТА СТРАНА НА=DLOth-BuCNY МЕСЕЧИНАТА: https://www.youtube.com/watch?v=DLOth-BuCNY ТЕМНАТА СТРАНА НА МЕСЕЧИНАТА: https://www.youtube.com/watch?v ИСЧЕЗНАТА ПЕСНА: https://www.youtube.com/watch?v=2Q_ZzBGPdqE ИСЧЕЗНАТА ПЕСНА: https://www.youtube.com/watch ?v=2Q_ZzBGPdqE Зоран Кардула (илустрации)

ОД ГАРАЖА ?v=GlSbQNHHy50 ДО СТАДИОН: https://www.youtube.com/watch?v=GlSbQNHHy50 ОД ГАРАЖА ДО СТАДИОН: https://www.youtube.com/watch Владимир Мартиновски

ЛУЃЕТО?v=j0Mz_IqpZX8 СЕ ЧУДНИ: https://www.youtube.com/watch?v=j0Mz_IqpZX8 ЛУЃЕТО СЕ ЧУДНИ: https://www.youtube.com/watch

ШАХ СО БАХ

РАБОТА: https://www.youtube.com/watch?reload=9&v=1lJsWEBZstc РАЧНА РАБОТА: https://www.youtube.com/watchРАЧНА ?reload=9&v=1lJsWEBZstc СКАЛИЛА?v=xbhCPt6PZIU ДО РАЈОТ: https://www.youtube.com/watch?v=xbhCPt6PZIU СКАЛИЛА ДО РАЈОТ: https://www.youtube.com/watch НИРВАНА: https://www.youtube.com/watch?v=fregObNcHC8 НИРВАНА: https://www.youtube.com/watch?v=fregObNcHC8

72

72


ХОР ВО ЗАДНИОТ ДВОР НОВО! ВОЗРАСТ 6+ 400 ден.

Владимир Мартиновски Зоран Кардула (илустрации) Владимир Мартиновски пишува поезија, проза, есеи и книжевна критика, а се занимава и со книжевен превод. Редовен професор е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, УКИМ. Автор е на десетина поетски книги, на десетина теориско-есеистички книги, на три книги хаибуни, една книга раскази и на две книги поезија за деца: Дур дишам се надевам (2019) и Шах со Бах (2020). Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку награди за поезија, критика и раскази. Зоран Кардула е роден во Крушево, а живее во Скопје. Дипломиран електроинженер по образование, сликар, илустратор и графички дизајнер по професија, но повеќе познат како активист и борец за правда. Сликарството и дизајнот за него се јазик со кој може да го искаже она што не може преку зборови. Визуелниот израз носи моќна порака со себе.

205 x 205 мм 60 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-11-8

Втората книга од едицијата, по „Шах со Бах“, е наменета за помали деца. Песните во стихозбирката раскажуваат стихувани приказни за музикални животни, како на пример за музикалните крави, или за балот на пингвините, или за жабјиот хор во барата придружувани со прекрасни илустрации.


ШТО ВИДЕ БУБАМАРАТА? Румена Бужаровска Јана Јакимовска (илустрации) Румена и Јана се другарки прави со еден мозок во две глави. Цел живот прават глупости разни, а сега склопија стихувани сказни. Родени се далечната осумдесет и прва, ги знаат магарето, творот, а и два-три црва. Румена вежбаше клавир, Јана балет, а сега двете се професорки на факултет. Едната пишува, другата слика, па така се роди и оваа книга.

НОВО! возраст 6-106

Еден ден малата бубамара решава да направи нешто убаво за себе и тргнува на пат низ целиот свет. Шетајќи низ шаренолики предели, сведочи случки на различни чудни ѕверки. Ајкули, питони, лами и морски ѕвезди – откријте и сами каков е тој чудесен свет што го запознава бубамарата!

300 300 ден. ден.

205 x 205 мм 32 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-21-7


СЛАТКОЗБОРКИ Александра Симова Ирина Атанаскова (илустрации)

возраст 6+

НОВО!

Александра Симова се занимава со пишување во разни форми, цели и функции, од сценарија до стратегии, од слогани до настани. Работела како копирајтер, уредник и креатор на содржини, а од неодамна е и автор на поезија за деца. Има три деца и една епилептична мачка. Сонува за денот кога ќе се наспие и кога ќе го напише својот прв роман. „Слаткозборки“ е нејзина прва сликовница. Ирина Атанаскова сака да црта на кожа, на ѕидови, на хартија и на таблет. Мајка е на едно дете и едно куче. Нејзината желба е секогаш да создава цртежи кои ќе ги направат луѓето среќни. „Слаткозборки“ е збирка песни посветени на традиционално познати и омилени локални десерти. Секоја песна илустрира еден десерт (персонифициран). Со оглед на традиционалната привлечност на готвењето, книгата е наменета и за повозрасната публика. Песните се наративно и симболички богати и комплексни, реферирајќи на одредени аспекти и проблеми на секојдневието (здрави навики, култура на тело, толеранција, различност, булинг). Со етички поттекст во себе, тие се обидуваат да поттикнат позитивни чувства и да негуваат високи хумани вредности, да градат отвореност и прифаќање на различностите.

205 x 205 мм 44 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-18-7

350 ден.


БАБА РОГА ВЕЖБА ЈОГА Ванчо Полазаревски Алексеј Костовски (илустрации) Алексеј Костовски е графички дизајнер и илустратор. Поттикнат од фантастичниот свет на стриповите и видео игрите, почнува да црта од рана возраст. Во текот на поголемиот дел од детството и средношколските денови создава илустрации, учествува на ликовни натпревари, а потоа студира графички дизајн и се насочува кон илустрација. Активно работи како илустратор и е еден од ко-основачите на креативната платформа за деца „Буфко”. Што е ова, мода нова, никој веќе од децата наши, од Баба Рога не се плаши.

Како да се плашат кога ептен се смени светот, на децата не им се закануваат со Баба Рога, туку со исклучување на интернетот!

„Баба Рога вежба јога“ е илустрирана стихозбирка со хумористични стихови и живи и весели илустрации, за мали и големи, за стари и млади.

НОВО! возраст 6-106

205 x 205 мм 64 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-19-4

400 400 ден. ден.


АЗБУКВАРКА Ванчо Полазаревски Наташа Костовска (илустрации) Ванчо Полазаревски е поет, писател и новинар. Има напишано дваесетина книги, од кои повеќето за деца, но и за возрасни од областа на хуморот и сатирата. Некои од нив и самиот ги илустрирал. Негови раскази и песни се среќаваат на страниците на учебниците за основно образование. Добитник е на наградата за најдобра книга за деца на Струшките вечери на поезијата, како и на повеќе награди за хумор и сатира. Наташа Костовска, е историчарка на уметноста, карикатуристка и илустраторка. Работела како карикатурист долги години во неделникот за хумор и сатира „Остен“ каде што подоцна била и уредник на Светската Галерија на Карикатури. Илустрација за деца работи повеќе од дваесет години. Има илустрирано многу книги за домашни и странски автори. Активно учествува како автор во креативната платформа за деца „Буфко”.

А4, 36 стр. колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-34-7

возраст 5+ 250 ден. ден. 300

Прекрасна шарена сликовница за учење и препознавање на буквите од азбуката преку весели стихови, придружувани со шарени и хумористични илустрации. За секоја буква е вклучена и активност за пишување на буквите.


АЗБУКВАРКА БОЕНКА Наташа Костовска Весела боенка за боење на буквите од азбуката и нивно учење придружувано со графомоторички вежби. Одличен комплет со ХИТ книгата „Азбукварка“!

ВОЗРАСТ 4+

НОВО!

А4, 32 стр. колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-33-0

180 ден.

ГАТАНКИ МАЛИ, ОДГОВОР ИМ ФАЛИ 1 Ванчо Полазаревски Алексеј Костовски (илустрации) Во книшкава ќе најдеш петнаесет гатанки и, се разбира, петнаесет одговори претставени со весели цртежи. За да го дознаеш одговорот на секоја гатанка, само треба да завртиш на следната страница. Скенирај го кодот и прочитај ги сите ГАТАНКИ во е-списанието Чудна шума:

ВОЗРАСТ 6+

НОВО! 120 х 140 мм, 32 стр. колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-32-3

150 ден.


ДРВОТО ШТО СЛУША Анет Шап

НОВО!

Филип Хопман (илустрации) Среде градот, во паркот, има дрво што со леснотија се извишува над сите други. Она што не го знаат луѓето, но го знаат животните, е дека на стеблото на ова дрво, некаде на половина, има уво. Уво што навистина слуша.

А4, 44 стр. / колор печат / тврд повез ISBN 978-608-4938-29-3

600 ден.

ВОЗРАСТ 4+


РОЗЕВАТА ПЛАНЕТА PLANETI ROZË Мирко Попов Нита Муча (илустрации) Мирко Попов е музичар и продуцент, основач на дискографската куќа ПМГ Рекордингс и автор на музика, текстови, вокалист и оператор на машини за звук во бендот ПМГ Колектив. Тој е сценарист и автор на видео-спотови, на еден музички филм, има работено како музички критичар во повеќе магазини, а негова проза, поезија и стрипови се објавувани во неколку списанија. Автор е и на една монографија, а „Розевата планета“ е негова прва книга за деца. Нита Муча е уметница, илустраторка, историчарка на уметноста, археолог и магистер по конзервација . Илустраторка е на книгата за деца „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“, а „Розевата планета“ е нејзина втора книга за деца.

„Розевата планета“ е сликовница (па дури би можела да се нарече и стрип-сликовница) која раскажува стихувана приказна за малиот космонаут во потрага по Розевата планета, на која сѐ е розево, слатко и мирисно.

возраст 4+ 205 x 205 мм 28 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-06-4 (за македонското издание) ISBN 978-608-4938-10-1 (за албанското издание)

НОВО! 300 ден.


децата и се см покажуваат с неа. некое и с таа е тажна.

КАКВО Е ВРЕМЕТО ТАМУ ГОРЕ? Леона Стојковска Јулијана Росоклија (илустрации) Кога единаесет годишно девојче ќе смисли приказна со интересни ликови, преку која ќе им го приближи и ќе им го направи забавно учењето на германскиот јазик на нејзините врсници (а и помали другарчиња), резултатот е „Какво е времето таму горе? / Wie ist das Wetter da oben?“. Малата авторка на оваа книга се вика Леона Стојковска, а илустрациите се на илустраторката и уметница Јулијана Росоклија. Сликовницата е полна со интересни, хумористични ситуации во кои главините ликови - едно глувче и една жирафа, разговараат со кратки дијалози (прашање - одговор, на германски и на македонски) - кои децата лесно ќе ги запомнат и со тоа ќе ги научат не само германските зборови, туку и цели фрази и реченици.

возраст 5+

НОВО!

200 200 ден. ден.

205 x 205 мм 44 стр. / колор печат / мек повез ISBN 978-608-4938-07-1


т на глас, прст во криви.

Хи хи хи хи Ха ха ха ха Брррррррллллллл!!!!

ТИГАР НА УЛИЦА Билјана С. Црвенковска Катерина Николовска (илустрации) инспирирано од истоимената песна на Данил Хармс Катерина Николовска е наградувана илустраторка и графичка дизајнерка. Има илустрирано многу списанија, сликовници, стрипови, збирки со приказни и Во секој од нас лежи скриен по некој тигар. стихозбирки,Акокорици за вокниги зати треба деца, корици за прозни некогаш се најдеш ситуација да помош од него, погледни длабоко во себе. Ќе забележиш дека цврсто спие. Тогаш, за’ржи силно како тигар. изданија, постери итн. Има учествувано во повеќе Или викни: ЈАС СУМ ХРАБАР или ЈАС СУМ ХРАБРА. И ќе го разбудиш. уметнички проекти и во неколку групни изложби. А потоа, кој знае, можеби никогаш повеќе нема ни да заспие. За нејзините книги има добиено повеќе награди, а влезе и во селекцијата на 200 најдобри книги од целиот свет „Бели Гаврани“ (White Ravens) за 2020 година со книгата „Бајки од Македонија за цела година“.


тигарот ржи и таа ржи заедно со него, од децата практично е останато едно последно што бега и облак прашина Таа и тигарот ржат: ГРРРРРРРР ГРРРРРРР интерактивност: ржи заедно со тигарот.

Инспирирана од познатата песна на Данил Хармс, „Тигар на улица“, оваа сликовница раскажува своја сопствена приказна низ слики: приказна за храброста, за силата да се спротивставиме, да се избориме и да го пронајдеме и разбудиме тигарот што спие длабоко во секој од нас. Книгата не користи многу зборови (освен песната на Данил Хармс), но дополнително се ставени интерактивни упатства, со цел да го внесат детето-читател внатре во приказната и да му помогнат полесно да се идентификува со главниот лик.

НОВО! 205 x 205 мм 44 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-13-2

возраст 4+

350 ден.


ДЕЦАТА И ПЛАНИНИТЕ FËMIJËT DHE MALET

НОВО! ВОЗРАСТ 7+

А5 (папка, брошура и леток) 10 стр. / колор печат ISBN 978-608-4938-22-4 (за македонското издание) ISBN 978-608-4938-24-8 (за албанското издание)

140 ден. ден.

Преку едукативниот комплет „Децата и планините“ (папка, брошура со карта и леток), малите читатели ќе имаат можност да ги научат поголемите планини во Македонија, планинските масиви и планинските венци и каде се наоѓаат тие; највисоките врвови на планините; големите леднички или глацијални езера (кои настанале со топење на мразот за време на ледената доба), водопадите и изворите на големите реки, како и растенијата (флората) и животните (фауната) на тие планини (меѓу кои и повеќе ендемични видови, што живеат само на тоа место на планетата). Во средината на брошурата, децата ќе најдат и мала планинска карта. Со неа полесно ќе ги пронајдат планините што се споменати во текстот и, веруваме, ќе одлучат и да ги посетат. Со други зборови, целта на овој пакет е не само да учењето на планините туку и нивно запознавање и – се разбира – развивање на љубов кон планините од најмала возраст. Со скенирање на QR кодот на комплетот, децата ќе можат да ја посетат и веб страницата „Децата и планините“ во рамки на бесплатното е-списание „Чудна шума“ и да ги прошират дополнително своите знаења за планините.


УТА ОД ПЛАНИНИТЕ UTA E MALEVE Тефта Кељменди Катерина Николовска (илустрации) Ова е приказната на едно храбро девојче со големи соништа да се искачи на највисоките врвови на светот. Приказната на Фљутура, која со своите волшебни очи како две ѕвездички го осветлуваше светот околу неа. Со промената на годишните времиња, таа облекуваше фустанче во боите на тоа годишно време и секогаш со насмевка ги поздравуваше бескрајните убавини на природата. Нејзиното име значеше „пеперутка“, но нејзиниот сакан дедо ја викаше Ута и таа го задржа тоа име до денес. Со него стана позната низ целиот свет. Во мај 2017 г. Ута стана првата жена од албанска националност што се искачи на Монт Еверест, на 8.848 метри. До 2020 година таа искачи пет врва над 8.000 метри и нејзината цел е да продолжи да се искачува на преостанатите 14 врва над 8.000 метри и да шири позитивна енергија на луѓето од целиот свет.

НОВО! возраст 5+

350 ден. ден.

205 x 205 мм 44 стр. / колор печат / мек повез ISBN 978-608-4938-14-9 (за македонското издание) ISBN 978-608-4938-15-6 (за албанското издание)


ПРИРАЧНИК ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА Кирил Арсовски - Пржо Хари Дудески (илустрации) Во овој прирачник, наменет за сите возрасти, претставени се методи од апликативната екологија преку кои читателот може да го проучува живиот свет. Почнување на истражувачки дневник, следење на промените на сезоната, набљудување инсекти, птици и цицачи, како и собирање растенија и изработка на хербариум се само дел од содржините на овој прирачник. Целта на прирачникот е да го натера читателот да поминува колку што е можно подолго време на отворено во природа, да го спознава и да го набљудува живиот свет, да се грижи за загрозените живи организми и да го зголеми своето познавање за националните, но и за светските природни вредности. Б5 / 104 стр. / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-01-9

400 ден.

ПОПУЛАРНО!

возраст 9-99


ПЕТ ПРИКАЗНИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ Живко Грозданоски Хари Дудески (илустрации) „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски е замислена како еден вид „светска антологија“ на исклучителни приказни, кои традиционално настануваат во загадочните механизми на народното творештво. Приказните не само што „доаѓаат“ од различни делови на светот туку се замислени да припаѓаат и на различни временски периоди: првата е македонска легенда од раното средновековие, втората е аргентинска народна приказна, третата е италијанска легенда од доцниот среден век, четвртата е најавена како старо јапонско предание, а петтата – како древна асирска сказна. Приказните се раскажани мошне шармантно и привлечно за најмладата читателска публика, со извонреден стил кој потсетува на усна нарација.

возраст 8+

Живко Грозданоски е роден на 10 ноември 1986 година, неколку часа по полноќ. Како дете особено сака: 1) да си игра со коцки на кои има букви; 2) да црта 3) да си прави фигури со молив, линијар, ножички и лепило; 4) да се пентари по дрвја; 5) да решава крстозбори и ребуси 6) да игра секакви игри; 7) да пишува песнички: во четврта година гимназија ја објавува својата прва книга (збирката песни „Песок и свила“), а потоа објавува уште пет прозни книги (раскази, новели и роман) и една мала тријазична антологија (на македонски, грчки и англиски јазик). Многу сака и да преведува: од италијански на македонски јазик досега превел и препеал осум книги и повеќе раскази и песни, а од македонски на италијански препеал стотина песни. „Пет приказни од целиот свет“ е негова прва книга за деца, а по некое време планира да објави уште една слична книга, но со песни: за белите глувчиња, за црните овци и за зелените вошки. Планира, исто така, да прави и коцки на кои има букви. 205х205 мм / 32 стр. / колорен печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-27-9

300 ден.


64

ПУ ЗА МИТЕ, ПУ ЗА СИТЕ! Владимир Лукаш

Во овој прирачник, наменет за сите возрасти, претставени се методи од апликативната екологија преку кои читателот може да го проучува живиот свет. Почнување на истражувачки дневник, следење на промените на сезоната, набљудување инсекти, птици и цицачи, како и собирање растенија и изработка на хербариум се само дел од содржините на овој прирачник. Целта на прирачникот е да го натера читателот да поминува колку што е можно подолго време на отворено во природа, да го спознава и да го набљудува живиот свет, да се грижи за загрозените живи организми и да го зголеми своето познавање за националните, но и за светските природни вредности. А5 / 264 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-31-6

500 ден.

НОВО! КРЕАТИВЕН ДНЕВНИК ни ден без творба Билјана С. Црвенковска, Доротеј Нешовски

Креативни активности за 365 дена во годината. Креативниот дневник е наменет првенствено за младите креативци, но и за креативните луѓе од сите возрасти. Наменет е за оние што сакаат да ја поттикнат својата имагинација, што сакаат да се изразат преку пишан збор или цртеж, да запишат мисла, инспирација, расположение, како и за оние што имаат желба да водат еден малку поинаков дневник.

А5 / 200 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-35-4

400 ден.


РОМАНИ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ПРИНЦ ОД ХАРТИЈА

ВОЗРАСТ 10-12

Владислава Војновиќ Ние, децата, кога се гледаме едни со други или во огледало, воопшто не сме мали. А опасните работи, всушност, баш се добри. Јулија има осум години, сака да црта и често е сама. Кога на вратата од нејзиниот стан ќе се појави сомнителниот анкетар Никола, Јулија во него ќе најде пријател кој умее да си игра и кој може да нацрта совршен круг без шестар. На крајот од нивното дружење, Никола добива на подарок еден пасош и стари обетки. Но, тоа ќе биде повод за многубројни перипетии и интересна авантура… „Принц од хартија“ е неверојатно возбудлив и исклучително духовит роман за децата што го откриваат светот на своите врсници, но случајно влетуваат во проблемите на родителите кои ги измачува несигурноста на општеството во транзиција. Живописно и разиграно раскажана од гледна точка на едно девојче, оваа поучна и урнебесна приказна ќе го развесели целото семејство.

А5; 182 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-26-2

Романот ја доби наградата на Змајевите детски игри за најдобар роман за деца во 2008 година и наградата на детското жири Доситејево перо. По книгата е снимен и истоимениот филм, кој е прикажан на повеќе од седумдесет фестивали и кој освои тринаесет награди.

300 ден.

ВОЗРАСТ 7-9

АВРАМ, БОГДАН, ВОДА ГАЗАТ Владислава Војновиќ Лука Тилингер (илустрации) НАЧИН НА УПОТРЕБА: Прво малку да се ѕирне во книгата, а потоа да се чита полека, по АзБучен ред, со насмевка, може и повеќепати (без разлика на годините)... СОСТОЈКИ: Една љубопитна Меланија и нејзините авантури од буквата А, кога еден поп, пред да почне оваа книга, сркна малку супа, а дури потоа, на почетокот на книгата, значајно изјави: „Аааа, па вие, Меланија, сега ќе учите да читате и да пишувате?“ ВРЕДНОСТ: Голема, со додаток – уживање... ПРОИЗВЕДЕНО: Не е произведено, туку напишано на рака и нацртано на рака... РОК НА ТРАЕЊЕ: Неограничен, почнувајќи од овој миг: „Сега!“ Награда „Раде Обреновиќ“ за најдобар роман за деца и млади во 2016 година, која ја доделуваат Змајевите детски игри Награда на „Политикин забавник“ за најдобро дело наменето за млади во 2016 година Награда за најдобар роман во продукцијата за деца во 2016 година според одлука на жирито на порталот „Детињарије“

А5 / 182 стр. / колор печат / мек повез ISBN 978-608-4938-05-7

400 ден.


БЕЗ ЗБОРОВИ Џенифер Мук-Сенг

ВОЗРАСТ 9-12

Се присилив да отидам до сцената и се свртив. Ова ќе биде најстрашното нешто што сум го сторил во животот. Погледнав надолу кон морето од светкави очи и се натерав да се фокусирам на следниот чекор. Требаше само да ги издржам следните пет минути, збор по збор. Тогаш ќе беше готово. Желе Мајлс порадо би играл видеоигри со најдобриот другар П. Б. отколку да се подготвува за натпревар во говорење. Всушност, порадо би правел сѐ друго. Затоа е изненаден како и сите други што сериозно го сфаќа годинашниот натпревар. Отпрвин, тоа го прави поради одличната награда. Но кога натпреварувањето ќе тргне наопаку, Желе сфаќа дека ова му е шанса конечно да ја победи сезнајката од неговиот клас. Со неговата репутација, самопочит и другарството што го става на прво место, може ли Желе да ја најде храброста да стане пред целото училиште и да покаже кој е всушност? Урнебесно смешна, „Без зборови“ се занимава со тоа како да им се спротивставите на насилниците, да дознаете кои ви се пријатели и да го најдете вашиот уникатен глас. Добитник на наградата Surrey Schools Book of the Year, 2017 и CBC Best Books of the Year, 2015

300 300 ден. ден.

А5; 128 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-23-1

ЗАСТАНИ НА НЕБОТО

Ерин Боу

ВОЗРАСТ 10-12

Цел живот ја слушаше изреката дека орелот го избира ловецот со орли. Тоа го сакаше. Сакаше нејзиниот орел да дојде кај неа. Да ја избере неа. Против сите традиции е Ајсулу да дресира орел, бидејќи кај казашките номади само мажите смеат да ги летаат. Но, сѐ се менува кога Ајсулу открива дека брат ѝ, Серик, криел оти криви со ногата, нешто што му ја става во опасност не само иднината на главата на семејството туку и животот. Кога нејзините родители заминуваат да бараат лек за Серик во далечна болница, Ајсулу е присилена да живее со нејзиниот страшен чичко и нејзината чудна стрина, а притоа потајно се грижи за орле. За да го спаси брата си и да не дозволи нејзиното семејство засекогаш да го напушти номадскиот живот, Ајсулу мора да ја стекне довербата на својот орел и да се избори за своето право да го лета. Попатно, открива дека семејство се луѓе кои се одбираат, дом е место што се гради, а надеж е нешто со пердуви. Добитник на Наградата на генералниот гувернер на Канада за литература за млади (Governor General’s Literary Award) за 2019 година.

350 ден.

А5 / 228 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-17-0


ЕН ОД ЗЕЛЕНАТА ФАРМА

ПОЛИАНА

Луси Мод Монтгомери

Еленор Х. Портер

Единаесетгодишната Ен Ширли никогаш немала вистински дом. По смртта на нејзините родители, постојано ја шетаат во разни згрижувачки домови и сиропиталишта. Кога по грешка ќе ја испратат да живее со Метју и Марила Катберт на големата Зелена фарма, сака засекогаш да остане таму. Но, Ен не е јадрото момче кое го очекуваа Метју и Марила. Таа е палаво, зборлесто црвенокосо девојче со жесток темперамент, кое постојано запаѓа во неволји. Катбертови се согласни дека Ен е сосема поразлична од сите; таа е посебна, девојче со бујна фантазија. Сè што сакала во животот е да припаѓа некаде. И колку подолго останува на Зелената фарма, толку им е потешко на сите да си го замислат животот без неа. Според оваа книга е снимена и популарната серија на Нетфликс „Ен со Е“ (Anne with an E).

Откако останува без родители, девојчето Полиана доаѓа да живее кај својата богата, но мошне строга тетка Поли. Со нејзината добрина, ведрина и заразен оптимизам, Полиана веднаш внесува радост во студениот дом. Заедно со момчето Џими, кое живее во сиропиталиштето, настојува да им помогне на сите и да им вдахне волја за живот. Според оваа безвременска приказна снимени се повеќе играни и ТВ-филмови, како и ТВ-серија.

ВОЗРАСТ 10+

ВОЗРАСТ 8+

300 ден.

250 ден. ден. 250

А5; 272 стр. мек повез ISBN 978-608-66234-1-8

А5; 192 стр. мек повез ISBN 978-608-66234-6-3

ТЕШКО Е ДА НЕ МЕ САКАШ Јасминка Петровиќ и Ана Петровиќ (илустрации) Крцко не е совршен. Пред некој ден го изеде чевелот на мама и го уништи моето омилено списание. Тато го вика Напаст затоа што, вели, никогаш не видел понепослушно куче. Откако Крцко е член на нашето семејство, тато повеќе време минува во шпајзот, одошто во дневната соба. А балетската претстава „Оревокршачка“ во која ја играм главната улога само што не се одржала, и замислете, професорката Олга сака и Крцко да учествува во претставата! Каде и да се појави, Крцко стекнува нови фанови. Дури и другите балерини го обожаваат, а нив не е лесно да ги задоволиш. Што да ви кажам, навистина е тешко да не го сакаш. Нина е совршена! И покрај тоа што сака змии и што ми се лути кога ќе ѝ искинам некое глупаво списание. Ме остава да ѝ ги грицкам ушите, а нејзините уши се најмеки на светот! Мама и тато се во ред. Тато ме вика Напаст, нешто што навистина не го разбирам, ама супер е кога заедно лаеме од тераса за да го нервираме комшијата Симе. Велат дека постојано правам некакви глупости, дека сум непослушен и смотан, ама никогаш не ми се лутат долго. Дури и комшијата Симе вели дека сум добро куче. Што да ви кажам, навистина е тешко да не ме сакаш!

ВОЗРАСТ 8-12

300 ден.

А5; 112 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-02-6


ДРЕСИРАНИТЕ ГО ВОЗВРАЌААТ УДАРОТ Владимир Петрушевски - Фили Наташа Костовска (илустрации) „Дресираните го возвраќаат ударот“ е втор дел од успешната приказна наречена „Како ги дресираме мама и тато“ – одлична духовита книга на Владимир Петрушевски (во коавторство со илустраторката Наташа Костовска), наменета за… родители (но и за деца). Книгата е продолжение на „Како ги дресираме мама и тато“, која веднаш по објавувањето доживеа значаен успех и кај критиката и кај читателите. Станува збор за кратки цртички кои се случки или дијалози со седумгодишните ќерки близначки на авторот. Иако текстот наликува на дневнички записи, со точни датуми кога што се случило, книгата ниту оддалеку не е дневник на таткото, ниту пак лирски излив (кој лесно може да премине во патетика). Напротив. Иако во книгата, од секој збор, јасна е љубовта кон децата, одбирот на темите, стилот на пишувањето, начинот на разговор на родителите со децата, конечно, односот родители-деца, јасно ни

Само за родители! :)

НОВО!

покажува дека авторот своите потомци ги смета за еднакви, и, пред сè, интелигентни членови на семејството. Претераниот и напразен патернализам, како и познатото „ајде, дете е“ нема да го најдете во книгава. Но, затоа ќе најдете мудар, сериозен и обмислен пристап кон детските палавштини, кон нивната љубопитност и кон ставот за тоа како треба да се гради свеста на детето и да се воспитува. И се разбира, како треба да се почитува демократичноста. Затоа книгава слободно може да се нарече своевиден прирачник, не само за воспитување, туку за градење на цврсти и јаки личности од нашите деца.

А5 / 160 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-25-5

420 ден.


ПРОЗА ДЕВЕТ ПРИКАЗНИ ЗА ГОСПОЃИЦА СИТ Билјана С. Црвенковска Таа нечујно се движи на работ на сенките, кај што тие едвај видливо се милуваат со месечевите места. А потоа, тивко преде приказни на границата меѓу реалноста и фантазијата, онаму кај што се допираат јавето и сонот. Женски приказни, длабоки и потресни, понекогаш љубовни, тивки или гласни, нежни или моќни… „Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска е обмислен и внимателно структуриран роман. Функционира и како збирка раскази и како роман составен од една основна приказна-рамка што содржи девет други приказни, низ кои се провлекуваат неколку заеднички лајтмотиви. Тивкото чекорење на мачката – вистинска, замислена, симболична – но и нејзините ненадејни појавувања ги врзуваат во цврста композиција нишките од наративните месечеви мени и фуги. Во расказите се прикажани ситуации во кои сите протагонистки се наоѓаат на некаков крстопат, ситуација во која мора да донесат тешка одлука. А5 / 152 пп. / мек повез ISBN 978-608-66234-4-9

250 ден.

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА Финалист за наградата Роман на годината за 2019 година на Фондацијата „Славко Јаневски“

Калина Малеска, писателка и рецензент на книгата

КУЌА НАД БРАНОВИТЕ Билјана С. Црвенковска Свет што умира. Куќа над брановите, на осамен остров среде Океанот. Спомени од минатото, тајни стари илјадници години, надеж за нов почеток… и љубов, во сенката на Црното сонце.

А5 / 160 пп. / мек повез ISBN 978-608-49380-3-3

300 ден.

„Дедо ми често тврдеше дека неговите приказни не се само зборови на хартија туку дека имаат и вкус и мирис и мелодија и форма. Потоа, кога ќе ми ги читаше, се трудев да ги замислам како изгледаат, како звучат, како мирисаат... и дали се слатки, солени, кисели, лути или горчливи. И одеднаш ќе ги видев пред себе, тие гротескни чеда на мојата незапирлива фантазија. Беа неверојатно смешни и непоимливо ужасни – истовремено! А штом еднаш ќе се појавеа, остануваа во куќава засекогаш: правеа ујдурми, крадеа чорапи, ги отвораа теглите во шпајзот, се пикаа по шкафовите, во ковчезите и под креветите, демнеа во сенките и ми ги запоседнуваа соништата... И сега, после толку години, тие се тука, исто толку живи и нескротливи, исто толку стравотни, ни ден остарени, ни трошка изморени...“

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА Финалист за наградата Роман на годината за 2020 година на Фондацијата „Славко Јаневски“


КАРМИЛА Џозеф Шеридан Ле Фанју „Кармила“ е готска новела од 1872 година од ирскиот автор Џозеф Шеридан Ле Фанју и едно од првите дела на вампирската фикција, напишано 26 години пред „Дракула“ (1897) од Брем Стокер. Првобитно објавена како серијал во „Темносино“ (1871-72), приказната ја раскажува млада жена којашто ја демне женски вампир по име Кармила, што подоцна се открива дека е Миркала, грофицата Карнштајн (Кармила е анаграм од Миркала). Ликот на Кармила е прототип на лезбејски вампир којшто изразува романтични желби кон протагонистот. Значајно е тоа што новелата никогаш не ја прикажува хомосексуалноста како негативна особина, оставајќи ја притаена и во извесна мера премолчана. Приказната е честопати антологизирана и многупати е адаптирана за филм и други медиуми.

А5 / 88 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-16-3

250 ден. ден.

НОВО!


ЕЗЕРО Тадеј Голоб

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Ја крена главата и погледна кон водата, подмрзната по краевите. Од мразот ѕиркаше нешто бело. Толку бело што во вечерниот самрак изгледаше вештачки, пластично, како рака на кукла од излог. Кој ли фрлил кукла од излог во река? – помисли. Тарас Бирса, виш криминален инспектор од полициската управа во Љубљана, на новогодишната ноќ се враќа од скијање на Вогел. Додека се пробива низ снежната бура накај дома, наидува на една девојка која во реката нашла непрепознатлив труп на млада жена. Која е жртвата? Кој е убиецот? Дали злосторството го извршил некој лудак или непознатата е жртва на заговор? Како да се најде сторителот ако не се знае која е жртвата? КНИГАТА СПОРЕД КОЈА Е СНИМЕНА СЛОВЕНЕЧКАТА ХИТ-СЕРИЈА „ЕЗЕРО“. А5 / 446 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-20-0

500 ден.

Најтесен избор за наградата Кресник за 2017 година.

НОВО!


ИВАНА ПРЕД МОРЕТО Вероника Симонити Раскажувачката, од Париз, каде што живее сега, се враќа на словенечкото приморје за да ја исчисти куќата на покојната мајка. Има сериозен купувач. Во купот пожолтени фотографии наоѓа слика од баба си како со едната рака држи девојче, мајка ѝ, тогаш на околу пет години, а со другата се држи за бремениот стомак. Фотографијата е од 1943 година, време на тешки судбини и ненадејни пресврти. Што се случило со бебето кое го носи? Романот на Вероника Симонити со неколку паралелни прикази од различни периоди и различни генерации од едно семејство нè соочува со колективното минато и личните судбини. Тие, судбините, не се движат само помеѓу Париз и Приморска, застануваат и во Горењска, Љубљана, низ други места, бегаат дури до Србија, но сите тие движења немаат сила да ги прекинат меѓучовечките врски. Дури и тешките времиња по завршувањето на војната се испишани со мекиот ракопис на авторката, која, секогаш од нова позиција, гледа кон нашите заеднички простори. Убав роман за неубавите времиња.

НОВО! НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА Добитник на наградата Кресник за 2020 година.

А5 / 160 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-25-5

350 ден. ден. 350


ПОЕЗИЈА Б&Б

МЛАДИТЕ СТИХОВИ НА СТАРИОТ ПОЕТ

Пајо Авировиќ

Гето Руди

200 ден.

А5 / 88 стр. / мек повез ISBN 978-608-66234-4-9

200 ден.

А5 / 88 стр. / мек повез ISBN 978-608-66234-7-0

НА ПОГРЕШНАТА СТРАНА Пајо Авировиќ Стихозбирката „На погрешната страна“ е своевиден амалгам на вештината на управување со зборот на авторот и насобраната мудрост, пренесена преку кристално чисти и бескрајно хумани пораки. Стиховите на Авировиќ никого нема да остават рамнодушен. Тие удираат директно во стомакот и срцето, при тоа интензивно делувајќи врз мозочните клетки. Со други зборови, „На погрешната страна“ го има оној непроценлив квалитет, неопходен за секоја врвна уметност – ве тера на размислување, при тоа приредувајќи ви непроценливо естетско искуство. Sвездан Георгиевски, рецензент

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА Финалист за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година на Струшките вечери на поезијата А5 / 96 стр. / мек повез ISBN 978-608-66234-5-6

200 ден. ден.


info@id-concept.mk

www.cudnasuma.com

www.espisanie-cudnasuma.com