Page 1

ISSA: 10 Years of Learning and Growing Together

1999 2010

Ф

Фондацијата за културни и образовни иницијативи „Чекор по чекор“ е основана од Фондацијата институт отворено општество Македонија со цел да се продолжи воспитно образовната програма „Чекор по чекор“ која започна да се реализира во 1994 година како регионална програма на Институтот отворено општество од Њујорк и универзитетот Џорџ Таун од Вашингтон. Од почетокот на 1994 до крајот на 1999 година програмата функционираше во рамките на Институтот отворено општество Македонија, за потоа да продолжи самостојно да функционира сé до денс. ФОКИМ „Чекор по чекор“ го поддржува развојот на отвореното општество реализирајќи активности во областа на образованието, уметноста, културата, издаваштвото, како и човековите (детските) права и гражанското општество. Фондацијата води, координира, учествува и директно спроведува активности кои промовираат иновации, напредок и развој на работата во предучилишните установи и основните училишита во Република Македонија. Според мисијата, контекстот во кој се наоѓа образованието во Македонија и соработката со други владини и невладини организации, ФОКИМ „Чекор по чекор“ успешно имплементира програми во системот на предучилишно образование, во основните училишта како и во други образовни и културни институции.

www.stepbystep.org.mk info@stepbystep.org.mk

Промовирање на квалитетот, подршка на професионалниот развој ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР (ISSA) е мрежа од организации од Централна и Источна Европа и Централна Азија, кои работат на полето на раниот детски развој залагајќи се за квалитетно образование достапно за сите деца. Продолжувајќи со своите заложби за промоција на висококвалитетна подршка на развојот и образованието на децата на рана возраст и прославувајќи го својот десетгодишен јубилеј, во 2009 Интернационална Асоцијација Чекор по чекор (ISSA) го промовираше дополнетото издание на своите Педагошки стандарди Компетентни учители на XXI век: Дефиниција за квалитетна педагошка работа. Овој документ претставува основа од принципи за квалитетна педагогија и може да се користи како водич за подготовка и професионална надградба за учителите – почетници во училницата и во планирањето. Според ISSA, седумте области опфатени со Стандардите се важни принципи кои треба да ги следат професионалците, администраторите и оние кои ја креираат политиката на образованието со цел да се обезбеди за децата и нивните семејства: • Интеракција меѓу учителот и учениците • Учество на семејството и заедницата во образовниот процес • Инклузија, почитување на разликите и на вредностите на демократијата • Проценување и планирање • Користење стратегии и техники за учење • Креирање средина за учење • Професионален развој ISSA изразува особена благодарност на Институтот Отворено општество за безрезервната подршка и партнерство низ годините на имплементирање на ISSA иницијативите за подобрување на квалитетот на образованието и на промоција на рамноправно и квалитетно образовнаие за децата во Централна и Источна Европа и Централна Азија. I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

1. Интеракција меѓу

учителот и учениците

ISSA: 10 Years of Learning and Growing Together

И

Интеракцијата помеѓу возрасните и децата, како и помеѓу самите деца е клучна за промовирање на концептот за постојано учење. Таа влијае и на нивниот социјален, емотивен и когнитивен развој и ги поттикнува децата да развиваат и раменуваат знаења, искуства, чувства и ставови. Токму преку интеракциите децата развиваат свест за самите себе, сфаќаат дека се дел од некоја зедница и го спознаваат светот околу себе. Улогата на учителот е да им овозможи на децата да учествуваат во процеси низ кои ќе изградат и ќе откријат нови значења, грижливо да го следи учењето и развојот на децата и да им даде пример за добра интеракција меѓу возрасните кои се вклучени во нивниот живот, интеракциаја која се базира на почитување и поддршка. Интеракциите кои можат да послужат како добар пример за комуникација помеѓу сите учесници во процесот, во кои мислењето на секој е слушнато и уважено, им помагаат на децата да станат самоуверени ученици, кои понатаму ќе се развијат во грижливи и внимателни членови на општеството.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Интеракција меѓу учителот и учениците

1.1

Учителот остварува пријателска интеракција со децата и се однесува кон нив со почит, што придонесува за развој на претставата за себеси кај секое дете и за подобрување на учењето. 1.

Интеракциите на учителите се срдечни и полни со грижливост со што се изразува почитта кон децата и уживањето во работата со нив.

2. Интеракциите на учителите и нивните очекувања од децата се во согласност со развојот и учењето на децата. 3. Учителот во текот на денот често стапува во интеракција со секое дете одделно, помагајќи му да стане посигурно и стимулирајќи го нивното учење и развој. 4. Интеракциите на учителот се во согласност со емотивните, социјалните, физичките и когнитивните потреби и способности на детето. 5. Учителот им дава на децата можност да направат избор кој ќе биде согледан и почитуван од другите. 6. Интеракциите на учителот ја поттикнуваат иницијативноста, автономноста,самосталноста и потребата за лидерство на децата.

1.2

Интеракциите на учителот придонесуваат за развој на заедницата за учење во која секое дете има чувство дека припаѓа и дека има потполна подршка да ги оствари сите свои потенцијали. 1.

Помагајќи им на децата да стапат во меѓусебна интеракција, учителот го поттикнува нивниот социјален развој, преку взаемно разбирање и поддршка, чувство на припадност кон заедницата што помага да ги достигнат развојните и воспитно-образовните цели.

2. Учителот подготвува активности за децата преку кои тие треба да научат како да ги разликуваат чувствата, да ги препознаваат кај себе и кај своите другарчиња и да можат слободно да разговараат за нив.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Интеракција меѓу учителот и учениците 3. Учителот ги негува демократските вредности така што секое дете е поттикнато да го изрази своето мислење на начин соодветен за неговата возраст и да учествува во донесувањето одлуки. 4. Учителот го промовира и подржува користењето на детски јазик и комуникација на различен начин во текот на денот.

1.3

Учителот остварува осмислена и двонасочна интеракцја со возрасните за да го овозможи развојот и учењето на децата. 1.

Во релациите со семејствата, другите колеги и со членовите на заедницата, учителот се залага за социјална интеракција која се базира на почит и претставува пример за таков вид интеракција.

2. Учителот соработува со други стручни лица од училиштето и заедницата со цел да го подобри развојот и учењето на децата.

2. Учество на семејството

и заедницата во образовниот процес

ISSA: 10 Years of Learning and Growing Together

З

За да можат децата да учат и да се развиваат потребна е цврста соработка помеѓу учителите, семејствата и другите членови на заедницата. Доколку учителот ја спразбере важноста на учењето дома и на семејството како првобитен образовен и социјален фактор кај детето, ќе може да гради мостови помеѓу училиштето и семејството/заедницата и да остварува двонасочна комуникација. Различните услови во семејството и зедницата од која доаѓаат учениците мора да бидат земени предвид за да се овозможи успешно учење и развој на децата. Успешната соработка на учителите со семејствата се остварува доколку учителот е свесен за многуте начини на кои семејството може да придонесе децата да учат подобро, да се подобри атмосферата во училницата и во учлиштето. Доколку оствари успешна комуникација и интеракција меѓу семејствата, училиштето и заедницата, учителот ги почитува интересите и одговорностите на сите кои се вклучени во образованието и формирањето на иднината на децата, а со тоа придонесува за создавање на поцврсто општество.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Учество на семејството и заедницата во образовниот процес

2.1

Учителот остварува партнерство со семејствата и создава различни можности семејствата и членовите на заедницата да учествуваат во учењето и развојот на децата.

1.

Членовите на семејствата се поканети и добредојдени во училницата и учителот изнаоѓа разни начини тие да учествуваат во образовниот процес и животот на децата.

2. Учителот ги вклучува родителите во заедничкото донесување одлуки во врска со учењето, развојот на децата и социјалниот живот во училницата. 3. Учителот донесува заеднички одлуки со членовите на семејствата во врска со условите за учење на децата.

2.2

Учителот користи формални и неформални прилики за да комуницира и да сподели информации со семејството. 1. Учителот редовно комуницира со семејствата во врска со нивните деца, за развојната и наставната програма и за случувањата во училницата. 2. Учителот редовно комуницира со семејствата за да дознае нешто повеќе за средината од која доаѓа детето и за да увиди кои се неговите посилни страни и какви се неговите интереси и потреби. 3. Учителот создава можности семејствата да учат едно од друго и да се подржуваат меѓусебно. 4. Учителот доверливо ги чува информациите за семејствата и децата.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Учество на семејството и заедницата во образовниот процес

2.3

Учителот ги користи изворите од заедницата и од искуството на семејствата за да ги збогати развојните и спознајните искуства на децата.

1. Учителот ги воведува децата во заедницата или ги кани членовите на заедницата во училницата со цел да ги потикне учењето и социјализацијата на децата. 2. Учителот им помага на семејствата да дојдат до информации, извори и услуги кои им се потребни за да се подобри учењето и развојот на нивните деца. 3. Учителот ги користи своите познавања за заедницата и за семејствата на децата како интегрален дел од наставниот план и од спознајното искуство на децата. 4. Учителот може да им понуди на родителите и на членовите на семејството информации и идеи за создавање постимулативни услови за учење во домот и да им помогне на родителите да ги подобрат своите компетенции.

3. Инклузија, почитување на

разликите и на вредностите на демократијата

ISSA: 10 Years of Learning and Growing Together

О

Од интегрално значење за постигнување на квалитетна педагогија е да се овозможи секое дете и семејство да бидат вклучени, почитувани и вреднувани, да партиципираат и да работат на остварување на заедничките цели и да го достигнат својот потенцијал со особено внимание на оние кои се дел од ранливите групи. Неопходно е секојдневната училишна пракса да ги рефлектира верувањата опфатени во Конфенцијата за детски права на Обединетите Нации и во сличните интернационални и национални докумнети. Учителот претставува модел и гарантира дека преку секојдневните активности децата учат да ги ценат и почитуваат различностите и да разваат вештини и активно да учествуваат во заедницата. Учителот е промотор во препознавањето на различните потреби, на ефективна соработка за достигнување на една заедничка цел и на почитување на посебните интереси и потреби на единките или групите деца.Секое дете треба да биде доживеано како активен учесник во образовниот процес, како индивидуа и како еднаков член во заедницата и пошироко во општеството.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Инклузија, почитување на разликите и на вредностите на демократијата

3.1

Учителот дава подеднакви можности секое дете и семејство да научат и да учествуваат во образованието, без разлика на полот, расата, етничкото потекло, културата, мајчиниот јазик, религијата, семејната структура, социјалниот статус, економскиот статус, возраста или посебните потреби. 1.

Учителот е свесен за своите убедувања, ставови и искуства и за тоа дека тие влијаат на начинот на реализирање на наставата и на неговата комуникација со децата и со семејствата.

2. Учителот се однесува со почит, дигнитет и грижа кон секое дете, давајќи подеднакви можности децата да учествуваат во сето она што се случува во училиштето. 3. Учителот се однесува со почит, дигнитет и грижа кон секое семејство и изнаоѓа начини да го вклучи во образованието на нивното дете. 4. Учителот користи јазик и активности со цел да се избегнат половите и други стереотипи. 5. Учителот ги приспособува условите и активностите за учење со цел децата со различни способности, со различна едукативна и социјална позадина да можат да учествуваат во сите активности.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Инклузија, почитување на разликите и на вредностите на демократијата

3.2

Учителот им помага на децата да ги разберат, прифатат и ценат разликите. 1.

Учителот умее да ги цени и да ги вклучи во наставата разликите кои се јавуваат кај семејствата и кај другите членови на зедницата.

2. Учителот постојано, со почит и одобрување, им укажува на децата за разликите кои постојат надвор од училиштето.

3.3

Учителот им помага на децата да ги разберат вредностите на граѓанското општество и да ги совладаат потребните вештини за да учествуваат во него. 1.

Учителот ги одобрува и почитува оние деца кои имаат поинакви ставови и им помага да развијат вештини да ги изразат тие ставови на соодветен начин.

2. Учителот им помага на децата да разберат како стереотите и предрасудите можат да влијаат на нивните ставови и однесување. 3. Учителот им помага на децата да ги сметаат сите за еднакви и кон нив да се однесуваат со почит и достоинство, а истото да го очекуваат и од односот на другите кон нив. 4. Учителот го воведува концептот за лична одговорност кон околината и им овозможува на децата истата практично да ја реализираат / да ја вежбаат.

4. Оценување и планирање

ISSA: 10 Years of Learning and Growing Together

С

Со цел да се развие програма која на секое дете ќе му овозможи да успее, квалитетната педагогија внимава на процесите на оценување и планирање Учителот ги комбинира очекувања според возраста на децата, креативноста и истражувањето со барањата вклучени во националната програма, вклучувајќи ги и интересите и потребите на секој поединец и група деца во една кохезивна рамка. Циклусот на оценување-планирање го подржува развојот и учењето на секое дете, темелејќи се на детската вродена љубопитност, предходното знаење, вештини, интереси и искуства. Важно е процесот да потикнува развој на самооценување и на користење на вештините за доживотно учење. Користејќи систематско набљудување на децата и други соодветни стратегии, учителите креираат долгорочни и краткорочни едукативни планови во кои се вклучени интересите и индивидуалните и групни, со што на децата се поттикнуваат за нови достигнувања. Учителот го прави планирањето врз основа на она што децата веќе го знаат и разбираат, и во него се одредува што е потребно за да секое дете да може во целост ги оствари своите потенцијали. Плановите треба да оставаат простор за различните способности и стилови на учење на секое дете одделно и да можат да бидат модифицирани ако се појави потреба за тоа. Во циклусот на оценување и планирање треба да бидат вклучени децата, семејствата и стручни лица од таа област. Оценувањето и планирањето треба да биде прецизно дефинирано и флексибилно, да води сметка за напредокот на учењето и за она што се случува во животот на детето, заедницата и светот, да одредува каде може да се направат подобрувања и да се дефинираат следните постапки.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Оценување и планирање

4.1

Учителот редовно и систематски го следи прогресот на секое дете, процесот на учење и неговите достигања.

1. Учителот користи систематско набљудување и други соодветни инструменти за оценување кои го одразуваат процесот и резултатите од учењето и развојот. 2. Учителот проценува колку детето треба да биде инволвирано за да научи со разбирање и прави соодветни прилагодувања во согласност со тоа. 3. Учителот внимава процесот на оценување да ги зема предвид и да се потпира на посилните страни на детето, неговите интереси и индивидуални потреби.

4.2

Учителот го планира предавањето и учењето според информациите што ги има за децата и во согласност со националните стандарди. 1.

Учителот планира активности соодветни на проценетото развојно ниво и интересите на децата за да им овозможи да ги достигнат потребните компетенции за истражување и доживотно учење.

2. Учителот планира активности базирани на интересите на децата и изнаоѓа начини да ги задоволи индивидуалните стилови на секое дете. 3. Учителот користи детално планирање кое ќе овозможи избалансиран индивидуален пристап, работа во мали групи или во целото оделение. 4. Учителот треба да подготви повеќе разновидни активности со цел децата постојано да бидат ангажирани и поттикнувани за нови предизвици. 5. Плановите и реализацијата на учителите треба да бидат флексибилни за да ги препознаат и инкорпорираат промените кои се случуваат во поглед на условите, а и промените кои настануваат кај интересите и потребите на децата. I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Оценување и планирање

4.3

Учителот ги вклучива учениците, семејствата и соодветните стручни лица во процесот на проценување и планирање 1.

Учителот им помага на учениците да станат успешни во самопроценувањето и во донесувањето одлуки за нивното учење и однесување базирани на јасни и доследни критериуми

2. Учителот ги насочува учениците при вреднувањето на постапките и работата на другите 3. Учителот споделува со семејствата информации за напредокот на учениците и за нивните интереси и заедно дефинираат краткорочни и долгорочни индивидуални цели 4. Кога е неопходно, учителот во процесот на проценување и планирање вклучува соодветни стручни лица.

5. Користење стратегии и

техники за учење

ISSA: 10 Years of Learning and Growing Together

K

Квалитетниот педагошкиот процес се развива врз верувањето дека вниманието, учењето и воспитанието формираат кохерентна целина и дека доброто однесување и ангажираноста на децата се основа на учењето. Тргнувајќи од тезата дека учењето се случува на разни начини и во разни ситуации, тогаш крајната цел на педагошкиот процес е да се постават високи, но сепак реални очекувања за секое дете и да се поттикнува љубопитноста, истражувањето, критичкото размислување и соработката, така што секое дете ќе може да ги совлада вештините и афинитетите за доживотно учење. Стратегиите кои ги користат учителите треба да го зајакнат учењето, одразувајќи ги демократските вредности; когнитивниот развој и академските достигнувања мора да бидат паралелни на социјалниот развој. Стратегиите треба да резултираат со развивање вештини кои им се потребни на децата за да станат одговорни членови на заедницата, како што се на пример чувството за емпатија, грижата за другите, почитувањето на разликите како и можноста да ги формираат, изразат и оправдаат своите мислења, да направат добар избор, да донесат интелигентни одлуки и да можат да постигнуваат косензус. Учителот е одговорен за одлуките при изборот на наставни стратегии кои најмногу ќе им помогнат на децата да постигнат најдобри резултати во учењето, а и да ги достигнат целите дефинирани во националните стандарди, како и нивните лични цели.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

К о р и с т е њ е с т р а т е г ии и т е х н и к и з а у ч е њ е

5.1

Учителот користи разновидни стратегии, дефинирани во националната стратегија, кои активно го ангажираат детето да го развие своето знаење, вештини и афинитети што претставува основа на доживотно учење. 1.

Учителот користи разновидни стратегии за да ги покрие сите развојни области на детето според холистичката теорија.

2. Учителот користи активности кои го поттикнуваат истражувањето, експериментирањето, самостојното промислување и креативноста. 3. Учителот користи стратегии кои поттикнубаат на размислување и решавање на проблеми на повисоко ниво. 4. Учителот го цени неформалното учење и умее да создаде можности за учење и надвор од формално одреденото време. 5. Учителот разговара со децата за тоа кои се крајните цели на учењето и ги поттикнува да размислуваат за процесот на учењето и резултатите од него. 6. Учителот ги поттикнува децата во процесот на учењето да ја користат сета технологија која им е достапна и која е соодветна на возраста, за да ги развиваат оние вештини кои се потребни да се биде дел од информатичкото

5.2

Учителот користи наставни стратегии кои го подржуваат емотивниот и социјалниот развој на детето. 1.

Учителот подготвува активности кои го зајакнуваат чувството за индивидуалност и идентитет кај децата.

2. Учителот користи стратегии кои ја зацврстуваат автономијата и иницијативноста кај децата. 3. Учителот користи стратегии кои ја поттикнуваат самоконтролата кај децата. 4. Учителот користи стратегии кои им помагаат на децата да изградат позитивни односи и да остварат соработка со другите.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

К о р и с т е њ е с т р а т е г ии и т е х н и к и з а у ч е њ е 5. Учителот ја развива кај децата способноста за разрешување на конфликтни ситуации.

5.3

Со цел да го зацврсти и прошири развојот и учењето, учителот подготвува активности кои ги земаат предвид искуствата и компетенциите на децата. 1.

Учителот го поврзува новиот наставен концепт и здобиените вештини со животот и предходните искуства на децата.

2. Учителот обезбедува соодветна подршка за децата во согласност со нивните потреби и напредок. 3. Учителот ги поттикнува децата да си постават цели и очекувања во врска со нивното учење и да размислуваат за резултатите од учењето. 4. Учителот ги интегрира искуствата од учењето со цел децата да можат да ги согледаат врските помеѓу она што го учат и секојдневниот живот и како да ги користат во секојдневието.

5.4

Учителот користи стратегии кои ги промовираат демократските процеси и процедури. 1.

Учителот применува и дава пример за процеси и процедури кои ќе ги поттикнат децата позитивно да соработуваат меѓу себе.

2. Учителот користи стратегии кои ќе ги поттикнат децата на учество и разберање на одговорностите и последиците. 3. Учителот користи стратегии со помош на кои децата ќе научат подобро што се тоа граници, правила и ограничувања и ќе научат да ги почитуваат правата на другиот во едно демократско општество. 4. Учителот им дава можност за избор на децата и во процесот на учење и во секоја друга ситуација и им помага да ги разберат последиците кои тој избор ги наметнува.

6. Креирање средина

за учење

ISSA: 10 Years of Learning and Growing Together

У

Условите за учење многу влијаат врз когнитивниот, социјалниот, емотивниот и психичкиот развој на децата. Со креирањето на физички и психолошки безбедна средина, која располага со разновидни материјали, задачи и ситуации прилагодени на развојот на детето, учителот го поттикнува учењето низ независно и групно истражување, игра и интеракција со децата и возрасните. Овозможувајќи секое дете да се чуствува добредојдено, учителот порачува дека секој поединец е почитуван и дека секое дете и неговото семејство се важен дел од заедницата во училницата и дека секое дете може да учествуваа во развојот и одржувањето на заедничкиот простор во училницата. Кога на децата ќе им се понуди сигурна средина која одговара и на нивните специфични потреби, тие ќе бидат мотивирани да работат заедно, да се вклучат во различни активности и да предземат ризици. Околината на училиштето и изворите од соседството се исто толку значајни компоненти во процесот на учењето.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Креирање средина за учење

6.1

Учителот создава услови за учење во кои секое дете се чувствува пријатно. 1.

Учителот создава атмосфера во која секое дете се чувствува пријатно и како дел од заедницата.

2. Учителот покажува почит кон децата имајќи интерес за нивните чувства, идеи и искуства. 3. Учителот создава услови во кои секое дете може слободно да се изразува. 4. Учителот создава услови кои ги поттикнуваат децата да преземат ризик во врска со нивниот развој и учење. 5. Учителот им овозможува на децата да се приврзат за него и да остварат посебен однос.

6.2

Учителот обезбедува пријатни, сигурни, здрави и стимулирачки услови кои ги потикнуваат децата на истражување, учење и независност. 1.

Учителот треба да обезбеди сигурен простор за децата кој лесно може да се надгледува.

2. Учителот треба да обезбеди пријатен простор за децата во кој тие се чувствуваат слободно додека учествуваат во разните активности. 3. Учителот треба да го организира просторот според интересот на децата со цел тие да бидат поттикнати да учат и да се развиваат. 4. Учителот треба да користи збир од разновидни соодветни материјали кои ќе им бидат лесно достапни на децата и кои ќе ги стимулираат да истражуваат, играат и учат. 5. Учителот ги охрабрува децата да земаат активно учество во планирањето, уредувањето и одржувањето на училницата. 6. Учителот го прилагодува просторот во училницата со цел да одговара на потребите на одделни деца или група на деца.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Креирање средина за учење 7. Учителот ја користи и околината на училиштето како извор од кој може да се научи.

6.3

Учителот создава услови кои го потикнуваат чувството за припадност кон заедницата кај децата и нивното учество во создавањето на културата во училницата. 1.

Учителот дава јасни објаснувања во врска со своите очекувања за однесувањето на децата и ги ангажира во креирање на правилата.

2. Учителот создава средина која се потпира на демократските вредности и поттиткува учество. 3. Учителот постојано изнаоѓа соодветни начини да ја поттикне самоконтролата и независноста кај децата. 4. Учителот го насочува однесувањето на децата имајќи ја предвид личноста и развојното ниво на секое дете.

7. Професионален развој

ISSA: 10 Years of Learning and Growing Together

К

Квалитетната педагогија е имплементирана од учители кои постојано вложуваат во својот професионален и личен развој, кои ги користат своите знаења во секојдневната пракса и кои соработваат со останатите во креирањето на доживотното учење. Задачата на учителот е да ги имплементира барањата и стандардите поставени во националната програма кои се базирани врз теоријата дека секое дете е успешен ученик. Учителот го моделира и споделува задоволството од учењето нудејќи можности за негово развивање и подобрување и подготвен е да одговори на предизвиците во секојдневниот живот и работа, општествените промени, зголемениот број на информации и појавата на многу нови технологии. Активната партиципација, критичкото резмислување и партнерската работа со другите му овозможуваат на учителот да се здобие со нови знаења и вештини, да ги оформи ставовите, да создаде пријателства кои ќе му помогнат да работи подобро, да ја збогати својата личност и да стане порешителен во застапувањето на квалитетното образование за сите деца.

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Професионален развој

7.1

Учителот постојано ги развива своите компетенции со цел да достигне и одржи висок квалитет во наставата во согласност со современите трендови и барањата на модерниот свет. 1.

Учителот ја согледува важноста на доживотното учење и не ја пропушта приликата да се развива професионално.

2. Учителот размислува, оценува, бара повратни информации, ја евалуира својата педагошка работа и нивото на професиноално знаење и прави промени кога е неопходно. 3. Учителот е подготвен да соработува со цел да ја подобри својата работа, но и да го достигне повисоко професионално ниво. 4. Учителот е тој кој ги донесува одлуките во својата професија користејќи ги своите знаења, умеења и независното и критичко размислување. 5. Учителот активно учествува во општествените збиднувања и постојано ја нагласува важноста на квалитетното образование и неопходноста секое дете да добие квалитетно образование.

ISSA е организација која поврзува професионалци и организации кои работат на полето на раниот детски развој и образование. ISSA промовира подеднаква достапност на квалитетното образование и грижата за децата, особено во раните години од нивниот развој. Основана во Холандија во 1999, денес мрежата на ISSA се протега низ целиот свет: од Централна и Источна Европа до Централна Азија, Азија и Северна и Јужна Америка. Иако нуди сеопфатни информации за сите заинтересирани единки и организации, јадрото на ISSA го сочинуваат 29 невладини организации, лоцирани примарно во Централна/Источна Европа и Централна Азија, кои ја имаат имплементирано Чекор по Чекор програмата иницирана од Институтот Отворено Општество во 1994. Во својата мрежа, ISSA подржува широк спектар од програми кои овозможуваат сеопфатен збир од образовни услуги и начини на подршка, наменети да влијаат врз реформата на начинот на дејствување на семејствата и децата, со особен фокус на возраста од раѓањето до крајот на основното образование. Мисијата на ISSA е да ги подржи професионалните заедници и развие стабилно граѓанско општество кое ги потикнува и им помага на оние кои ги донесуваат одлуките да: • обезбедат висококвалитетна нега и образовни услуги за сите деца од раѓањето до крајот на основоното образование, со особен фокус на најсиромашните и хендикепираните. • овозможат поголема вклученост на семејствата и на заедницата во процесот на детскиот развој и образование • овозможат социјална инклузија и почитување на разликите Визијата на ISSA е дека со подршка од семејствата и заедницата, секое дете го достигнува својот целосен потенцијал и да развива вештини неопходни за да биде успешен и активен член на демократското општество. Посакуваната крајна цел на ISSA е развојот на инклузијата, квалитатната нега и на образовните искуства со кои се Iсоздаваат S S A : 1 0 Y e aуслови r s o f L сите e a r n iдеца ng an G r o w i nактивни g T o g e tчленови h e r  w wна w. issa . n l даd станат

ISSA Национални организации

Albania Qendra Hap pas Hapi Gerda Sula, Director Rr. Elbasanit Pall Fratarit No. 3/2/1  Tirana 42000, Albania Tel: (+355 4) 374 506  Fax: (+355 4) 268 293 Email: sbsal@interalb.net  gerdasula@yahoo.com Armenia Step by Step Benevolent Foundation Ruzanna Tsarukyan, Director Giulbenkyan Str. 31, Apt. 20 0033  Yerevan, Armenia Tel/Fax: (+374 10) 22 69 96, 22 04 42 Email: ruzanna@sbsbf.am Azerbaijan Center for Innovations in Education Ulviya Mikailova, Director 187, Vidadi Str., Apt. 24/26 1095  Baku, Azerbaijan Tel: (+994 12) 498 60 43  Fax: (+994 12) 498 85 57 Email: umikailova@cie.az w w w. c i e . a z Belarus Belorussian Parents’ and Teachers’ League Step by Step Iryna Lapitskaya, Director Prospect Gazety “Pravda” 11 220116  Minsk, Belarus Tel/Fax: (+375 17) 270 5621  Email: stbyst@open.by w w w. k r o k i . o r g Bosnia and Herzegovina Center for Educational Initiatives Step by Step Radmila Rangelov-Jusovic, Director Kralja Tvrtka 1, 1st floor 71000  Sarajevo Bosnia and Herzegovina Tel/Fax: (+387 33) 667 673  Email: radmila@coi-stepbystep.ba w w w. c o i - s t e p b y s t e p . b a I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Bulgaria Step by Step Program Foundation Emil Buzov, Director 14 Batcho Kiro Str. 1000  Sofia, Bulgaria Tel: (+359 2) 980 5712, 980 4942  Fax: (+359 2) 980 6508 Email: emil.step@bitex.com w w w. s t e p b y s t e p - b g . o r g

Croatia Open Academy Step by Step Nives Milinovic, Director Ilica 73 000 10  Zagreb, Croatia Tel: (+385 1) 4854 935, 4854 936  Fax: (+385 1) 4854 022 Email: nives@korakpokorak.hr w w w. k o r a k p o k o r a k . h r Czech Republic Step by Step Czech Republic Foundation Lenka Felcmanova, Director Kubelíkova 22/1089 00 130  Prague 3 – Zˇizˇkov Tel/fax: (+420 222) 963 596Email: lenka.felcmanova@sbscr.cz w w w. s b s c r. c z

Estonia Hea Algus Liivi Türbsal, Director Veski Str. 42 50409  Tartu, Estonia Tel/Fax: (+37 2) 7 421 165 Email: info@heaalgus.ee or kool@heaalgus.ee w w w. h e a a l g u s . e e

Georgia Center for Educational Initiatives Eteri Gvineria, Director 10 Cholvelidze Str. 380008  Tbilisi, Georgia Tel: (+995 32) 25 34 82  Fax: (+995 32) 29 10 52 Email: eteri@mega.osgf.ge

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Haiti Step by Step Program/Tipa Tipa Dominique Hudicourt, Director #12 Impasse Gabriel, Rue Fernand, Canape Vert Port-au-Prince, Haiti Tel: (+509) 244 7385  Fax: (+509) 245 0008, (509) 245 1807 Email: tipatipa@hainet.net w w w. f o k a l . o r g Hungary Ec-Pec Foundation Sara Pap, Director Rákóczi út 22, IV./24.  H–1072 Budapest, Hungary Tel: (+36 1) 486 2850, 486 2859  Fax: (+36 1) 266 3463 Email: papsara@ecpec.hu w w w. e c p e c . h u Kazakhstan Step by Step Community Foundation Dina Aidzhanova, Director 114 Dostyk Str. 050051  Almaty, Kazakhstan Tel/Fax: (+7 3272) 644 528, 644 358 Email: daidzhan@mail.ru  sbs@escape.kz Kosovo Kosova Education Center Hana Zylfiu-Haziri, Director of Step by Step Program The “Third Millenium” School Compound, Isa Kastrati Str. 10000 Pristina, Kosovo Tel: (+381 38) 244 257/ext 106  Fax: (+381 38) 244 257/ext 109 Email: hzylfiu@kec-ks.org;   w w w. k e c - k s . o r g Kyrgyzstan Foundation for Education Initiatives Support Alexander Ivanov, Director Suvanberdieva Str. 11 720005  Bishkek, Kyrgyzstan Tel: (+996 312) 511 666  Fax: (+996 312) 512 659 Email: ialex@edufeis.org

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Latvia Center for Education Initiatives Daiga Zake, Director Rigas Str. 216 b  LV–5202 Jekabpils, Latvia Tel/Fax: (+371 52) 35 635  Email: info@iic.lv  daiga@iic.lv w w w. i i c . l v Lithuania Center for Innovative Education Regina Sabaliauskiene, Director Didzioji 5–305  LT–01128 Vilnius, Lithuania Tel: (+370 5) 212 13 55  Fax: (+370 5) 212 14 19 Email: regina@uic.lt w w w. u i c . l t Macedonia Step by Step Foundatin for Educational and Cultural Initiatives of Macedonia Suzana Kirandziska, Director Ul. Partizanski Odredi 72–A Mezzanine 91000 Skopje, Macedonia Tel: (+389 2) 3078 748  Tel/Fax:(+389 2) 3077 900 Email: skiran@soros.org.mk w w w. s t e p b y s t e p . o r g . m k Moldova Step by Step Educational Program Cornelia Cincilei, Director Str. Puskin 16 2012  Chisinau, Moldova Tel: (+373 2) 222 01 12  Fax: (+373 2) 222 01 13 Email: ccincilei@gmail.com w w w. p a s c u p a s . m d Mongolia Mongolian Education Alliance, Step by Step Program Narmandakh Adiya, Program Director Sukhbaatar District, I Khoroo, Chinggis Ave 15/1 Ulaanbaatar-28, Mongolia-210628 Tel: (+976 11) 310 663  Fax: (+976 11) 324 285 Email: nmandah@mea.org.mn w w w. m e a . o r g . m n

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Montenegro Pedagogical Center of Montenegro Sasa Milic, Director Bulevar Svetog Petra Cetinjskog 25/V 81000 Podgorica, Montenegro Tel/Fax: (+382 81) 248 668, 248 667 Email: sasam@pccg.co.me w w w. p c c g . c g . y u Romania Step by Step Centre for Education and Professional Development Carmen Lica, Director Str. Gh. Dem. Teodorescu, no. 16 bis 030916 Bucharest, Sector 3, Romania Tel: (+403 171) 02927, 02928  Fax: (+402 1) 327 3256 Email: carmenlia@stepbystep.ro w w w. s t e p b y s t e p . r o Russia Russian Foundation for Education Development «Soobschestvo» Anna Zolotova, Director Karavannaya Str. 1, office 109 191023  St. Petersburg, Russia Tel: (+7 812) 334 1233  Fax: (+7 812) 334 1232 Email: info@rfro.ru  akz@rfro.ru w w w. r f r o . r u Serbia Centre for Interactive Pedagogy Milena Mihajlovic, Director Drincˇic´eva br. 30 11000  Belgrade, Republic of Serbia Tel/Fax: (+381 11) 3223 909  Email: ciip-milena@sbb.rs w w w. c i p . o r g . r s Slovakia Wide Open School Foundation Eva Koncokova, Director Dr. Janskeho 19/16 01 965  Ziar nad Hronom, Slovakia Tel/Fax: (+421 45) 672 3137  Fax: (+421 45) 673 2356 Email: nsd@nsd.sk w w w. s k o l a d o k o r a n . s k

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

Slovenia Educational Research Institute, Centre for Educational Initiatives –Step by Step Tatjana Vonta, Director Gerbicˇeva 62 1111  Ljubljana, Slovenia Tel: (+386 1) 429 20 20  Fax: (+386 1) 429 20 25 Email: step.si@siol.net w w w. p e i . s i / k z k / k o r a k z a k orakom.htm Tajikistan Branch Office of the International Organization of Open Society Institute Assistance Foundation in the Republic of Tajikistan Tahmina Rajabova, Step by Step Program Coordinator 37/1, Bokhtar Str., Business and Trade Center “Vefa” Dushanbe 734002, Tajikistan Tel: (+992 47) 441 07 28/29  Fax: (+992 47) 51 01 42 Email: tahmina@osi.tajik.net

Ukraine Ukrainian Step by Step Foundation Natalia Sofiy, Director / Julia Naida, Interim Director Pushkinska Str. 9, Apt. 4  Kyiv-01034, Ukraine Tel: (+380 44) 531 1276  Fax: (+380 44) 235 1136 Email: sofiy@ussf.kiev.ua, naida@ussf.kiev.ua w w w. u s s f . k i e v. u a

Uzbekistan Farzandim-Jigarbandim Khamida Akhmedova, Director Ul. Samarkand Darboza, 5, Apt 20 700021 Tashkent, Republic of Uzbekistan Tel: (+998 71) 236 3611  Fax: (+998 71) 136 0231 Email: khamida@rambler.ru

I S S A : 1 0 Y e a r s o f L e a r n i n g a n d G r o w i n g T o g e t h e r  w w w. issa . n l

ISSA’s vision is that with support from the family and community, every child reaches his or her full potential and develops the skills necessary for being a successful and active member of a democratic knowledge society.

Amsterdam Office—Netherlands International Step by Step Association Keizersgracht 62–64 1015  CS Amsterdam, The Netherlands Tel: (+31 0) 20 520 7505  Fax: (+31 0) 20 520 7510 Email: admin@issa.nl Budapest Office—Hungary International Step by Step Association Nádor utca 23, IV/1  H–1051 Budapest, Hungary Tel: (+36 1) 354 3920  Fax: (+36 1) 354 3925 Email: issa@issa.hu

www.issa.nl

Anniversary Notebook  

MKD Notebook

Advertisement