Issuu on Google+

СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ НА ИНФОРМАТОР Јануари – Фебруари – Март - Април 2014 година

АГЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


ОБРАЌАЊЕ НА Д-Р ДЕЈАН МОЈСОСКИ ЗА СПЕЦИЈАЛНОТО ИЗДАНИЕ НА ИНФОРМАТОР БРОЈ 5, ПОСВЕТЕН НА СОСТАНОКОТ НА ВИСОКО НИВО ОДРЖАН ВО БЕРОВО ОД 12-14 МАРТ 2014 ГОДИНА

Почитувани, Ми претставува чест и задоволство да Ви го презентирам Специјалното издание на Информаторот, посветен на Состанокот на Високо ниво кој се одржа во Република Македонија во Берово од 12 до 14 март 2014 година. Регионалната Соработка е од големо значење за Агенцијата за цивилно воздухопловство. Планот за работа и развој за 2014 година на АЦВ одобрен од Собранието на Република Македонија јасно потврдува дека оваа година е посветена токму на Региналната соработка и соработката со меѓународните воздухопловни организации ICAO, ECAC, EUROCONTROL и други, клучни за развојот на Македонија. Дополнително, соработката со EASA и NATO каде Република Македонија е опсерватор, е од суштинско значење за подготовката на Република Македонија за членство во EU и NATO.

Имено, Агенцијата за цивилно воздухопловство имаше голема чест и задоволство да биде домаќин на Работниот состанок на Високо ниво кој се одржа во Република Македонија во Берово од 12 до 14 март 2014 година на кој учествуваа високи претставници на Европските воздхопловни организации како и високи претставници од Турција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна гора, Албанија, Унгарија, Хрватска, Косово*, земји партнери во реализирање на визијата за единствено Европско воздухопловство и Едно небо над Европа.


На 3ти април 2014 година воздушниот простор над Косово се отвори по повеќе од 15 години блокада. За авиокомпаниите забраната значеше летање по подолги рути и со повисоки трошоци. Oтворањето на горниот воздушен простор над Косово, ќе овозможи повеќе прелети за Македонија. Деблокадата на горниот воздушен простор над Косово, што се случува по 15 години, ќе привлече повеќе авиокомпании со што ќе се зголеми конкуренцијата. Се очекува зголемување на прелетите за најмалку 20 отсто, односно до 50 отсто во екот на сезоната. За толкав процент треба да се зголемат и приходите. Тоа, ќе овозможи да се намалат цените во воздухопловниот транспорт и цените на билетите за македонските патници што ќе ги плаќаат за патувања на европските и на светските дестинации бидејќи ќе се зголеми конкуренцијата меѓу авиокомпаниите. Особено е важна дефрагментација на воздушниот простор во регионот и создавање најкуси и најфлексибилни авиорути. Зголемениот буџет ќе се искористи за инвестиции во воздухопловниот сектор, како и за намалување на цените на услугите. Контролата на летање на Македонија годишно во просек опслужува од 110.000 до 130.000 прелети на македонскиот воздушен простор. Проценките се дека со отворањето на косовското небо ќе има дополнителни 26.000 прелети.

Гледано од аспект на перспективите на Република Македонија, би сакал да истакнам дека, отварањето на небото над Косово, директно ќе се рефлектира врз подобрување на Европската перспектива на воздухопловството со заштеди во сите сегменти; временски, растојание, економски, еколошки. Но, едновремено, и битно ќе влијае врз подигнувањето на имиџот на Република Македонија, како земја успешен соработник на НАТО, и воздухопловна власт која соработува со воздухопловните власти на земјите од регионот и пошироко, но и сериозен партнер, во изнаоѓање на решение за отстранување на техничките ограничувања. Состанокот на високо ниво во Берово докажа дека со заедничка соработка со меѓународните воздухопловни организации и регионалната подршка можат да се надминат сите технички ограничувања. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам за присуството, придонесот и соработката на состанокот на високо ниво за регионална соработка посветен на отварањето на горниот воздушен простор над Косово на: г. Франк Бренер, Директор на EUROCONTROL; г. Луис Фонсека де Алмеида, Директор на канцеларијата на ICAO за Европа и Северноатлантскиот регион; г. Каталин Раду, Претседател на Европска конференција за цивилно воздухопловство ECAC, како и на претставниците на делегации и Директори на цивилни воздухопловни власти од Региониот. Едновремено, сакам да Ве уверам дека, Агенцијата за цивилно воздухопловство , како и досега, ќе остане доследна на улогата која ја предзеде во регионот, активно ќе продолжи да учествува во работата на меѓународните воздухопловни Организации, со цел зајакнување на соработката со земјите од регионот, Европа и Светот.


Агенција за Цивилно Воздухопловство на Република Македонија СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ НА ИНФОРМАТОР Јануари – Фебруари – Март- Април 2014 година ПОСВЕТЕНО НА СОСТАНОКОТ НА ВИСОКО НИВО ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ОД 12-14 МАРТ 2014 ГОДИНА, БЕРОВО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДИРЕКТОР

д – р. Дејан Мојсоски

УРЕДУВАЧКИ ТИМ

Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија


СОДРЖИНА 1 4 6 8 10 12 14 16 18 19 20 24 26 27 28

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДРЖАН ТРИДНЕВЕН СОСТАНОК НА ВИСОКО НИВО ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ВО БЕРОВО ИНТЕРВЈУ СО Г. ФРАНК БРЕНЕР, ДИРЕКТОР НА EUROCONTROL ИНТЕРВЈУ Г. ЛУИС ФОНСЕКА ДЕ АЛМЕИДА, РЕГИОНАЛЕН ДИРЕКТОР НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ICAO EUR/NAT СОСТАНОК НА ВИСОКО НИВО ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА, БЕРОВО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – (HLRCM) ИНТЕРВЈУ СО Г. КАТАЛИН РАДУ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ECAC -ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО СОСТАНОК НА ВИСОКО НИВО ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА, БЕРОВО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – (HLRCM) ИНТЕРВЈУ СО Д-Р. ДЕЈАН МОЈСОСКИ, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТАНОК НА ВИСОКО НИВО ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА, БЕРОВО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – (HLRCM) ИНТЕРВЈУ Д-Р ДЕЈАН МОЈСОСКИ ЗА ТВ ЛИДЕР МАКЕДОНИЈА -РЕГИОНАЛЕН ЛИДЕР ВО РАЗВОЈ НА ВОЗДУШНИОТ СООБРАЌАЈ ПРОМОЦИЈА НА ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД СОСТАНОКОТ НА ВИСОКО НИВО ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА , ПОСВЕТЕН НА ОТВАРАЊЕТО НА ГОРНИОТ ВОЗДУШЕН ПРОСТОР НАД КОСОВО ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ ПОМЕЃУ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА ДИРЕКТОРОТ НА АЦВ Д-Р ДЕЈАН МОЈСОСКИ ИЗБРАН ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА (SRC) АЦВ ОДОБРИ 141 ЛЕТ СО ЛЕТНИОТ РЕД НА ЛЕТАЊЕ “ЗГОЛЕМЕНАТА КОНКУРЕНЦИЈА МЕЃУ АВИОКОМПАНИИТЕ ЌЕ ГИ ПОЕВТИНИ ЦЕНИТЕ НА АВИОБИЛЕТИТЕ” ИНТЕРВЈУ СО Д-Р ДЕЈАН МОЈСОСКИ ЗА ФАКТОР ДРАСТИЧЕН ПОРАСТ НА ПАТУВАЊАТА СО НИСКОТАРИФНИТЕ АВИОКОМПАНИИ, ИЗВОР НОВА МАКЕДОНИЈА ИЗЈАВА НА Г. ФРАНК БРЕНЕР, НА ПРОСЛАВАТА ОД 15 ГОДИШНИНАТА ОД ЧЛЕНСТВОТО НА АЦВ ВО ЕУРОКОНТРОЛ ВО БРИСЕЛ за МТВ ИЗЈАВА ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 15 ГОДИШНИНАТА ОД ЧЛЕНСТВОТО НА АЦВ ВО ЕУРОКОНТРОЛ ВО БРИСЕЛ НА Д-Р ДЕЈАН МОЈСОСКИ, ДИРЕКТОР НА АЦВ за МТВ ВИДЕО ОД ПРОСЛАВАТА НА 15 ГОДИШНИНАТА ОД ЧЛЕНСТВОТО НА АЦВ ВО ЕУРОКОНТРОЛ ВО БРИСЕЛ


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДРЖАН ТРИДНЕВЕН СОСТАНОК НА ВИСОКО НИВО ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ВО БЕРОВО НА ЕДНО МЕСТО ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ - РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА, ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА, РАЗРЕШУВАЊЕ НА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА И УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ЦЕЛИ И ИНТЕРЕСИ ВО ЦИВИЛНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, од 12 до 14 март годинава, во Берово, се одржа состанок на највисоките преставници на европските воздухопловни власти. На средбата, која преставува прва од ваков тип, учество земаа, директорот на EUROCONTROL г. Франк Бренер, директорот на канцеларијата на ICAO за Европа и Северноатлантскиот регион, г. Луис Фонсека де Алмеида, претседателот на ECAC г. Каталин Раду, како и шефовите на воздухопловните власти на 10 земји од Балканот и пошироко.(Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Косово[*], Македонија, Црна Гора, Србија и Турција), како и првите луѓе на давателите на услуги на воздухопловна навигација од земјава, М-НАВ и HungaroControl. Заблагодарувајќи им се за присуството на состанокот, директорот на АЦВ, д-р Дејан Мојсоски, во своето поздравно обраќање, ја истакна важноста на регионалната соработка меѓу воздухопловните власти и меѓународните воздухополовни организации, посебно акцентирајќи го значењето на проектот, за отворање на горниот воздушен простор над Косово. Мојсоски изрази искрено верување дека, воздухопловниот форум во Берово, ќе создаде, солидна основа за зацврстување на соработката, размената на искуства и знаења меѓу воздухопловните власти, но и ќе значи поттик повеќе, во иднина да се одржуваат, што е можно, почесто вакви состаноци, кои ќе бидат во интерес на сите земји од регионот. Отворањето на горниот воздушен простор над Косово, според Мојсоски, е од исклучително значење за регионот, кое ќе значи, дефрагментација на воздушниот простор во регионот, создавање на најкуси и најфлексибилни рути, но и ќе овозможи поевтини летови и јакнење на конкуренцијата на воздухопловниот пазар. Бенефитот од ваквиот проект, подвлече тој, ќе биде во интерес на севкупната воздухопловната индустрија, но и за патувачката јавност.

За директорот на ЕУРОКОНТРОЛ, господинот Франк Бренер, отворањето на воздушниот простор на Косово преку KFOR секторот, преставува добар пример за годишна заштеда од 370 наутички милји, односно заштеда околу 24.000 тони на гориво или 75.000 тони на CO2 во воздушниот транспорт. Но, и едновремено, преставува и одличен пример за соработката на цивилниот со воениот сектор, во користењето на истите рути што не е вообичаен начин на функционирање. Директорот на канцеларијата на ICAO за Европа и Северноатлантскиот регион, Луис Фонсека де Алмеида, истакна дека, состанокот во Берово, всушност преставува дел од мисијата на функционирањето на ICAO за зацврстување на соработката помеѓу земјите-членки. ICAO, порача Фонсека како организација нуди помош на земјите во сите полиња а, посебно во полето на безбедноста и сигурноста во воздушниот сообраќај. Претседателот на ECAC Каталин Раду, во своето излагање пред присутните, се наврати на неговата посета во земјава во јуни 2013г, кога, како што рече, имал прилика да ги посети главните воздухопловни чинители, но и посебно да се увери во достигнувањата и реформите кои ги постигнала Агенцијата за цивилно воздухопловство, во делот на подигнувањето на перформансите и квалитетот на нејзините услугите во македонскиот воздухопловен сектор. Осврнувајќи се на отворањето на воздушниот простор над Косово, Раду, порача дека, целта на ECAC е иста со целта на овој состанок, која значи, зацврстување на соработката и координацијата помеѓу земјите, во делот на сигурноста во воздухопловството, но и на полето на потрагата и спасувањето. Според Раду, Република Македонија покажува лидерство во воздухопловство, со преземањето на меѓународната улога која сама по себе и ја заслужува.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

1


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

г. Франк Бренер, Директор на EUROCONTROL; г. Луис Фонсека де Алмеида, Директор на канцеларијата на ICAO за Европа и Северноатлантскиот регион; д-р Дејан Мојсоски, Директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија; г. Каталин Раду Претседател на Европска конференција за цивилно воздухопловство ECAC; ОД ЛЕВО КОН ДЕСНО

Состанокот на високо ниво на воздухопловните власти во Берово, го поздравија и директорите на цивилните воздухопловства од регионот. За шефот на црногорското цивилно воздухопловство Драган Ѓуровиќ, од исклучително значење е билатералната регионална и мултилатерална соработка на цивилните власти од регионот. Потврда за ваквата заложба, според Ѓуровиќ, преставува иницијативата за Заедничка област за давање на услуги (JSPA) со што се постигнале видливи резултати во полето на меѓународната соработка во цивилното воздухопловство. Поддршката и учеството во иницијативата е остварена со помош на членовите од Албанија, Унгарија, Косово, Македонија и Црна Гора. Босна и Херцеговина и Србија во проектот имаат улога на набљудувачи. Упатувајќи и честитки на Агенцијата за цивилно воздухоловство, за успешно организираниот состанок на високо ниво во Берово, директорот на српското цивилно воздухопловство Милан Живановиќ, отцени дека, ваков вид на средби на кои учествуваат претставници на цивилни воздухопловните власти од регионот, преставува вистинско место за размена на искуства, промоција на соработката и разрешување на отворените прашања, како и усогласување на заедничките цели и интереси.

И за директорот на Косовската агенција за цивилно воздухопловство, Дритан Ѓомбалај, за поздравување е иницијатива за регионална соработка, посебно собирот на ваков состанок, прв од ваков тип во регионот, организиран само од една земја членка, преставувана од Агенцијата за цивилно воздухопловство под водство на д-р Дејан Мојсоски. Отценувајќи ја како позитивна идејата за отворање на косовското небо, помошник министерот за поморство, сообраќај и инфраструктура во Република Хрватска Дан Симонич, изрази надеж дека во скоро време ќе се отвори и долниот воздушен простор. Свои видувања за бенефитите од проектот отворање на воздушниот простор над Косово, преку исцрпни презентации, имаа и претставниците на македонската навигација (М-НАВ) и HungaroControl.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

3


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ИНТЕРВЈУ СО Г. ФРАНК БРЕНЕР, ДИРЕКТОР НА EUROCONTROL

Добрата соработка со АЦВ ни даде прилика за одлична прослава во Брисел во декември минатата година каде ја прославивме 15 годишнината од членството на Република Македонија во Eurocontrol.

4

-

Г. Бренер, Дали сте задоволни со развојниот тренд на македонското воздухопловство?

-

За прв пат имав можност да ја посетам Република Македонија како директор на Eurocontrol во февруари 2013. Од тогаш, многу работи се имаат случено. Сообраќајот во Република Македонија значително беше погоден од затворањето на воздушниот простор над Косово. Во текот на последната година организиравме да се подготват сите потребни технички мерки, а се со цел отворање на KFOR секторот. Тоа ќе доведе до значително позитивен ефект врз зголемувањето на сообраќајот во областа, а особено во земјата. Во однос на 2014г. ние како Еуроконтрол ги имаме предвидено следниве симулации, дека целосно може да се предвиди зголемување на сообраќајот за 15%. Тоа е возможно само поради одличната соработка која што ја имаме со државата и со M-NAV – македонскиот давател на услуги во воздушната навигација. Во соработка со државата во Eurocontrol во периодот помеѓу 2008 и 2013, беа подготвени 24 пакети за подобрување на дизајнот на воздушниот простор. Сето ова е од голема важност, а се со цел поддршка на суштинското зголемување на сообраќајот кое што сите ние го очекуваме и со цел, да се продолжат одличните достигнувања кои што M-NAV им ги нуди на корисниците на воздушниот простор. Би сакал да ви дадам само 2 примери: M-NAV ги подготви и ги воведе бесплатните ноќни рути во март 2013г. и целосен бесплатен воздушен простор се планира за 2015, што е за неколку месеци од сега. И уште еднаш би сакале да кажеме дека добрата соработка исто така ни даде прилика за одлична прослава во EUROCONTROL во декември минатата година каде ја прославивме 15 годишнината од членството на Република Македонија во Eurocontrol.

-

Колку регионалната соработката и соработката со EUROCONTROL влијае врз размената на искуства и подобрувањето на квалитетот на услугите во воздушниот сообраќај во Европа и пошироко?

-

Ние забележуваме голема придобивка. Управувањето на воздушниот сообраќај (ATM) станува многу повеќе меѓусебно поврзан во Европа и меѓуповрзаноста во управувањето на воздушниот простор станува се повеќе и повеќе неопходен. Тоа не го гледаме само на европско ниво. Туку и на на глобално ниво.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

-

Поради тоа Европа е толку многу вклучена во работата на ICAO во Монтреал. Меѓународната организација за цивилно воздухопловство– ICAO во Монтреал ги изнесе своите планови, глобален план за воздушна навигација и надградба на блокови за подобрување на перформансите. Европа многу активно е вклучена во помагање на овие глобални развои и вклучување на европскиот дел. И треба да се осврнеме на фрагментацијата како и кон својствените некомпетентност во Европа кои водат кон моменталната фрагментација. Во Eurocontrol имаме 40 земји - членки кои работат помеѓу 60 и 80 центри, зависно од тоа дали ги вбројуваме и воените. Треба да ја надминеме фрагментацијата преку блиска соработка. Eurocontrol има развиено концепт, одредени централизирани сервиси да бидат оперирани на централно пан-европско ниво за сите 40 земји – членки на Eurocontrol, а се со цел зголемување на ефикасноста, а во исто време намалување на фрагментацијата. Овие идеи се одлични вести и се огромна можност за давателите на услуги како што е M-NAV да соработуваат со останатите и всушност да соработуваат со останатите во одредбите за централизираните услуги на овие пан – европски функции.

-

Дали очекувате како Организација со заеднички напори да ги надминете предизвиците кои се поврзани со назначувањето на горниот воздушен простор на Косово?

-

Сите ние работевме напорно на овој проект. Доколку погледнете колку долго трае Проектот за ATM и кои можат да бидат достигнувањата за да се постигне отворањето на еден таков воздушен простор кој што бил блокиран повеќе од 15 години, сега во само една година интензивна техничка работа, се покажува вистинската соработка на сите засегнати страни. Без тоа сето ова не би било возможно. Исто така, треба да се запамети дека воздушниот простор кој што сега го отворивме е само дел од мрежната структура. Така што не е во прашање само отворањето на тој воздушен простор, туку е и подготовката на соседните земји, со цел технички да им се помогне, но исто така, и оперативно да им се даде поддршка за тој дополнителен проток во сообраќајот кој што треба да се оствари во регионот. И ние сега ќе го забележиме очекуваното зголемување на сообраќајот кој што не само M-NAV, туку и останатите соседни даватели на услуги ќе треба да ги водат, преку намалување на рутите и намалување на штетните издувни CO2 гасови.

-

Колку отворањето на ова тесно воздушно грло ќе влијае врз зголемувањето на капацитетите во прелетите и цените на истите над европскиот воздушен простор?

-

Eurocontrol подготви одредени симулации во однос на тоа каков би бил ефектот и добра вест е дека воздухопловството во Европа повторно расте. Фактите покажуваат дека, ние сме индустрија која има потенцијал за во иднина. Така да, прашањето сега би било како ќе биде погодена областа со отворањето на KFOR секторот и на горниот воздушен простор над Косово. Ние проценуваме дека околу 370 000 наутички милји можат да се заштедат на годишно ниво при што е 685 000 km преку пократките усмерувања кои сега можеме да ги понудиме. А тоа е еднакво на 24 000 тони гориво кое нема потребно да биде потрошено за време на летовите. И ова потрошено гориво кое може да се заштеди е еднакво на 75 000 тони на CO2 помалку издувни гасови. Од тој аспек, можни се повеќе директни рути, а повеќе директни рути значат помалку наплати и помалку трошоци за операторите на воздухопловите. Тоа е одлична вест за нив. Заштедата за Европа во целост е 0.02 што на прв поглед изгледа многу малку кога ќе погледнеш на целосниот систем во Европа. Но, во моментов се обидуваме да постигнеме и хоризонтално проширување на рутите од 5.11 % до 4.7%. При што во овие 0.02% Косово значително допринесува и со што сме ние многу задоволни.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

5


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ИНТЕРВЈУ Г. ЛУИС ФОНСЕКА ДЕ АЛМЕИДА, РЕГИОНАЛЕН ДИРЕКТОР НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ICAO EUR/NAT

АЦВ многу добро си ја врши работата, но мора да продолжи со истиот напор за да останете во чекор со меѓународните организации како што е ICAO.

6

-

Г. Фонсека, прв пат сте во посета на Република Македонија. Имавте ли некакви предсознанија за нас како државава? Кои сме, со каков воздухопловен капацитет располагаме?

-

Прв пат сум во посета на Република Македонија. Но, тоа не значи дека немам сознанија за вашата земја. Во моето претходно својство како Претседател на ECAC од 2007 до 2010г., имав многу блиски врски со македонските делегации. Во главно на меѓународно ниво. Можам да кажам дека имав многу добра општа претстава за вашата земја, но се разбира сега со мојата прва посета добив подетални информации и подобро го запознав воздухопловниот сектор. И исто така би сакал да ви се заблагодарам на поканата.

-

Дали сте задоволни од развојните компоненти кои ги бележи македонското воздухопловство во последниве неколку години, од аспект на достигнувањата на критериумите на вашата Организација кои значат развој на сигурен, безбеден, редовен и ефикасен меѓународен воздушен сообраќај, поставен врз принципите на еднаквост и рамноправност на сите негови учесници?

-

Како што веќе знаете воздухопловството е по дефиниција меѓународно. Така што, тоа е глобална дејност и ние мора да признаеме дека Република Македонија е нова земја и за време на последниве години можам да кажам дека доста постигна. Но, тоа не значи дека сè е направено. Во воздухопловството ние постојано создаваме, постојано имаме нови идеи. На пример, на последното Заседание на ICAO се донесе одлука за 5 нови стратешки цели. Со тоа сите учесници се соочуваат со голем предизвик кој се однесува на следење на новите пет стратешки цели. Тука спаѓаат воздухопловната безбедност и олеснувањето, развојот на воздушниот сообраќај, заштитата на животната средина како и ефикасноста на воздушната навигација. Тоа преставува огромен обем на работа кој што треба да се заврши во следниве три години. Република Македонија како нова земја се соочува со огромен предизвик, но тоа не значи дека Република Македонија како земја не си ја извршува добро работата. Баш напротив, вие многу добро си ја вршите работата, но мора да продолжите со истиот напор за да останете во чекор со меѓународните организации како што е ICAO. Мое мислење е дека ние заедно ќе бидеме успешни. Сигурен сум во тоа.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

-

Колку соработката со вашата Организација влијае врз размената на искуства и подобрувањето на квалитетот на услугите во воздушниот сообраќај во Европа и воопшто во светот?

-

И самите знаете дека имаме обичај да кажеме дека ICAO е глобален регулатор, така што ICAO ги регулира главните аспекти на меѓународното цивилно воздухопловство вклучувајќи ги и услугите во воздушната навигација. Важно е за секоја земја – членка на ICAO да биде усогласена со нашите стандарди и со нашите одредби на регионално ниво со што мислам дека имаме многу добар тим во однос на експертиза кој што се наоѓа во Париз, во регионалната канцеларија за Европа и Северноатланскиот регион. Ние сме присутни со цел да даваме поддршка, да им помогнеме на државите да ги имплементираат меѓународните стандарди. Мое мислење е и повторно ќе го кажам тоа дека, заедно ќе направиме се што мора да направиме. Но, морам да признам дека одговорноста е на државите. Ние сме тука само да ви пружиме помош и поддршка.

-

Каде ги гледате перспективите на македонското воздухопловство во претстојниов период?

-

Денеска слушнавме за идните планови од неколку говорници за време на нашиот состанок и знам, а и тоа е заедничко мислење дека со право сме оптимисти кога се работи за порастот на сообраќајот во однос на безбедноста, сигурноста итн. Но се разбира, вашата земја, Република Македонија мора да биде се поблиску и поблиску до регионалните и меѓународните организации со цел, да се продолжи со добрата работа која во минатото ја извршувавте за да се добијат предностите од меѓународните системи, а особено од регионалниот воздухопловен систем. Јас сум сигурен дека вие ќе се упатите кон тој пат.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

7


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ИНТЕРВЈУ СО Г. КАТАЛИН РАДУ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ECAC ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

АЦВ е еден од поголемите играчи во ЕКАК и ние сме среќни што гледаме дека денес чекорите успешно во соединувањето на земјите –членки од Балканот. -

Г-дине Раду, ECAC е организација составена од 44 земји-членки, меѓу кои е и Република Македонија. Koe е вашето мислење за моменталната состојба во македонската авијација?

-

Ви благодарам за прашањето. Најпрво би сакал да ви се заблагодарам на поканата на овој настан во Берово, кој е од исклучителна важност за сите нас. Исто така и ние ја промовираме регионалната соработка помеѓу нашите 44 земји - членки на ECAC, но е од голема важност кога ќе се види и во ова поле на регионална соработка, земји – членки кои се состануваат и самите ја промовираат иницијативата која ги дополнува вредностите на нашите заеднички аспекти за цивилното воздухопловство. Во овој контекст дозволете ми да кажам дека македонското цивилно воздухопловство не е нов играч во полето на ECAC. И самите знаете дека веќе имате дваесет годишно искуство од кога ја основавте Агенцијата за цивилно воздухопловство која е долгогодишен член на ICAO, ECAC, Eurocontrol, која има неколку работни договори со EASA и е исто така дел од ECAA. Така што, од оваа гледна точка вие сте голем играч, еден од поголемите играчи во нашата Организација и ние сме среќни што гледаме дека денес чекорите успешно во соединувањето на земјите –членки од Балканот.

8

-

Дали сте задоволни од соработка на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија со ECAC?

-

Се разбира, вашиот директор г. Дејан Мојсоски е многу активен член на нашите состаноци и од оваа гледна точка многу е важно што вашето учество дополнително допринесува на нашите состаноци. Исто така е важно бидејќи на ова ниво на генерални директори имате право на глас кое не е само македонското право на глас, туку е и балканското право на глас. И од оваа гледна точка ние вистински ги чувствуваме вредностите кои вашиот директор ги дава, и од оваа гледна точка мислам дека Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија е многу важен играч и може во иднина да помогне со дополнителни придонеси кон нашата Организација.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

-

Колку регионалната соработка и соработката на вашата Организација влијае врз размената на искуства и подобрување на квалитетот на услугите во воздушниот сообраќај во Европа и пошироко?

-

ECAC е долгогодишна организација која е основана во 1955 година. Следната година прославуваме 60 години од нашето постоење. Во овој период, се обидовме да ги промовираме работите кои би им помогнале на цивилното воздухопловство. Се сеќавам дека на времето ние бевме први кои ги поставивме основите за самото создавање на Eurocontrol и во последно време ние бевме вклучени во создавањето на Ревидираната Конвенција на Eurocontrol. Поседувавме големи иницијативи кои се однесуваат на безбедностa, како што е SAFA, одбележувањето на 20 години од SAFA. ЈАА беа формирани, по што ЈАА беа превземени од страна на Европската комисија која пак се трансформираше во EASA. Имаше многу иницијативи за донесување на чекори за промовирањето и унапредувањето на цивилното воздухопловство. И од оваа гледна точка ние размислуваме како на нашите ECAC форуми дополнително да допринесеме и во воздухопловната навигација, бидејќи денес Eurocontrol е претставувана од 40 земји-членки. Ние сме 44 земји но исто така, во размената и во дискусија со другите сестрински организации низ целиот свет можеме да го промовираме нашиот начин на водење на работите и од оваа гледна точка мислам дека ние успеавме да допринесеме и на ова ниво.

-

Каде ги гледате перспективите за развојот на македонското воздухопловство во однос на соработката?

-

Мое мислење е дека поседувате добри можности за унапредување во сите области во кои работите, а јас секогаш мислам на унапредување бидејќи целта на сите земји – членки на ECAC е подобрување на сопствените перформанси. Очекуваме дека Република Македонија исто така ќе го следи овој чекор со зголемување на резултатите добиени по ревизиите направени од страна на USOAP, USAP и оние спроведени од други организации. Ние очекуваме дека луѓето од вашите земји, експертите од вашите земји активно ќе учествуваат во нашите работни групи, во нашите процеси за да се дефинираат нови идеи кои ќе им бидат од корист на сите земји–членки. Јас сум сигурен дека цивилното воздухопловство на Република Македонија многу ќе допринесе до нашите заеднички европски пристапи и сигурен сум дека на ова ниво навистина ќе успееме да изнајдеме начин за да соработуваме на координиран начин.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

9


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р. ДЕЈАН МОЈСОСКИ, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Квалитетот на живот на македонскиот патник и македонскиот граѓанин сега е многу поблиску до европскиот, до европските туристички дестинации и користењето на тие туристички дестинации како врски за патување низ целиот свет.

10

-

Г. Мојсоски каде ги гледате перспективите на македонското воздухопловство?

-

Македонското воздухопловство е на вистинската патека да постигне огромно водство во регионот, а особено кога се прави споредба во растот на сообраќајот. Како што веќе знаете, сообраќајот и бројот на патници е зголемен за 18% во споредба со минатата година и ние успеавме да ја постигнеме бројката од 1 милион патници кои заминале од македонските аеродроми. Така да, ние ја забележавме добрата регионална соработка и е многу важно да се биде дел од регионалната перспектива и од европската перспектива која се однесува на идната соработка во полето на воздухопловството.

-

Колку регионалната и соработката со европските воздухопловни власти влијае врз размената на искуства и подобрувањето на квалитетот на услугите во воздушниот сообраќај?

-

Како што вели и самиот заклучок на Состанокот на високо ниво за регионална соработка изразувајќи ја огромната важност на регионалната соработка во полето на воздухопловството. Ова ќе ги зајакне врските помеѓу цивилно воздухопловните власти, помеѓу давателите на услуги во воздушната навигација и помеѓу меѓународните воздухопловни заедници а особено помеѓу организациите како што се EUROCONTROL, ICAO и ECAC кои се главниот воздухопловен покровител и важен дел во подршката за постигнување на европските успеси.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

-

Успеваме ли македонското воздухопловство да го приближиме до сите категории на граѓани, а едновремено и да ги задржиме високите перформанси во брзо, ефикасно, безбедно и сигурно воздухопловство?

-

Она што е исклучително важно е тоа дека, македонското воздухопловство чекори во вистинска насока. Како што веќе знает,е ниско тарифните авиопревозници воспоставија солидни дестинации. Голем број од македонските граѓани го користат воздушниот превоз како многу корисен модел и можат евтино да патуваат во Европа и до светските дестинации. Нашата дијаспора има многу подобра врска, сега посетата на роднините и пријателите е многу полесна и туристичките можности и генерирањето на економскиот раст и социјалниот квалитет на живот во моментов е од највисока важност. Но, можеме да кажеме дека ова е само првиот чекор. Ние си ги знаеме своите перформанси и капацитет и знаеме дека добрата соработка помеѓу АЦВ на Република Македонија, Владата и Министерството, а, и со останатите релевантни воздухопловни организации ние можеме да постигнеме огромен успех како во европското така и во светското воздухопловство.

-

Какви се економските ефекти врз државата од развојните компоненти во македонското воздухопловство во кои и лично вложувате исклучително големи напори?

-

Од економска гледна точка ние увидовме дека либерализацијата на пазарот на воздушниот сообраќај во Република Македонија најпрво обезбедува голем број на нови дестинации, пристап на воздухопловниот пазар од страна на нови авиокомпании и исто така развој на инфраструктури проекти, кои се однесуваат на аеродромот и создавање на нови работни места, трасирајќи го економскиот пат со што се зголемуваат економските активности и ние можеме да постигнеме поголема корист за нашата економија. Што се однесува до социјалните аспекти, исто така многу е важно да се истакне дека, квалитетот на живот на македонскиот патник и македонскиот граѓанин сега е многу поблиску до европскиот, до европските туристички дестинации и користењето на тие туристички дестинации како врски за патување низ целиот свет.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

11


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ИНТЕРВЈУ Д-Р ДЕЈАН МОЈСОСКИ Извор: ТВ ЛИДЕР http://tv.lider.mk/

МАКЕДОНИЈА -РЕГИОНАЛЕН ЛИДЕР ВО РАЗВОЈ НА ВОЗДУШНИОТ СООБРАЌАЈ Лидер: Господине Мојсоски пред се да Ви се заблагодарам што прифативте да дадете интервју за Лидер ТВ. Вие како Директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство сте многу активни, а недоамна во Берово се одржа состанок на меѓународно ниво за регионална сорабока по повод отварањето на Кососвското воздушно небо. Дали може да ни кажете нешто повеќе за овој настан? Мојсоски: Најпрво да Ви се заблагодарам за интересот и за тоа што изразивте спремност да ја посетите Агенцијата и да се интересирате за нашите активности во насока на развој на воздушниот сообраќај. Неодамна имавме состанок на високо ниво за регионална соработка на кој присуствуваа директорот на EUROCONTROL, претседателот на Европската конверенција за цивилно воздухопловство ECAC и регионалниот директор на ICAO во присуство на уште десет регионални директори на цивилни воздухопловни власти, во Берово. Тема на состанокот беше регионалната соработка, меѓутоа со особен фокус на отварањето на косовското небо. Oна што е значајно е дека таргетот, односно датумот 3 април за отварање на горниод воздушен простор на Косово помиина во најдобар ред и Република Македонија во тој контекст се докажа дека е рамноправен партнер со меѓународната воздухоплона организација кога се работи за исклучително значајни проекти. После 15 години затворено небо над Косово и после исклучително високи штети кои ги претрпе индустријата и нашата држава, со иницијатива на меѓународните организации како и со регионалните партнери успеавме технички безбедно да го отвориме воздушниот просторот над Косово и Република Македонија повторно да биде регионален лидер во центарот на овие склучувања за развој на воздушниот трансорт.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕО ИНТЕРВЈУТО WWW.CAA.MK ВЕСТИ

12

Лидер: Отварањето на Кососвското воздушно небо подразбира придобивки за македонскиот авиосообраќај. За што точно санува збор, кои се придобивките? Мојсоски: Како што знаете прелетите кои се случуваат на Европско ниво, односно оние прелети кои се над Република Македонија преку системот за рутна наплата преку EUROCONTROL се сметаат за директна странска инвестиција, односно свеж капитал кој се внесува во државата со цел истиот да се инвестира и да се кориси за развој на цивилното воздухопловство. Она што е значајно е дека очекуваме зголемување од 20% до 50 % на бројот на прелети, а исто толку пропорционалн�� зголемување на приходите во системот на воздухопловна навигација и во давањето на услуги и во регулаторните аспекти. Овие инвестиции ќе бидат понатаму користени за осовременување на системот за воздухопловна навигација на МНАВ меѓутоа и за развој на институционалните капацитети на цивилното воздухопловство. Ние сметаме дека со овој проект финансиите кои ќе дојдат во нашата држава ќе дадат исклучителни економски бенефити, прво во придонесот за бруто домашниот, второ во зголемување на вработувањата, трето зголемување на продуктивноста и капацитетите од новите модернизации на системите со тоа што полека но сигурно ситемот за воздушен транспорт станува еден од доминантните во Република Македонија кој понатака ќе биде неопходен за основа на рзвој на малиот и среден бизнис како и за развојот на туризмот. Лидер: Веќе три години по ред авио сообраќаат во Македонијa забележува високи стапки на раст. На шо се должи овој пораст? Тука се субвенциие кои ги дава дравата. Како се случи да се поттикне порастот на патничкиот авио сообраќај? Мојсоски: Во 2011 година настана една динамична промена во системот за воздушен транспорт во Република Македонија иако во изминатиот период потенцијалите постоеа сепак небеа доволно искористени. Во 2011 година најпрво со модернизација на системот на аеродромската инфраструктура, а понатаму со либерализација на воздушниот транспорт преку давање на слободен пристап на пазарот на повеќе авио компании особено на нискобуџените, дојде до динамичен раст кој беше забележан не само од регионот туку и од целата Европска јавност.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 4

Она што треба да се истакне е дека овој раст продолжува. Во последните три месеци од Јануари до Март 2014 година имаме зголемување од 8,1 процент на бројот на превезени патници, иако појдовната основа за пресметка оној апсолутен износ е значително зголемен. Доколку ова го споредиме со некои минати години веќе имаме раст поголем од 30 проценти. Радува фактот дека се зголемува и карго превозот, радува фактот дека се интересираат и други авиокомпании. Оваа сезона 2014 имаме нова авио компанија AlItalija која лета за Рим. Значајно е тоа што се зголемува бројот на дестинации. Како нова дестинација е Парис, Брисел, Франфуркт. Сето тоа дава основа за привлекување на нови инвестиции во воздухопловството. Лидер: Колку компании моментално оперираат на македонскиот авио пазар? Мојсоски: Моментално оперираат 14 авиокомпании на редовна основа, меѓутоа бројот на авиокомпании не е како во минатото поврзан со бројот на дестинации. Пример сега имаме една авикомпанија која лета на 15 дестинации, што во минатото имаше само 15 дестинации од Скопје и Охрид. Значи бројот на авиокомпании и бројот на дестинации значително варира и тоа е добро, затоа што тоа значи дека пазарот е отворен и се нуди Европски ситем на превоз, односно се дава можност на онаа компанија која има интерес да оперира не само кон својата матична држава,т уку и кон било која земја членка на Европската унија. Дополнително остануваат на пазарот и оние авиокомпании кои летаат интерконтинентално, како што е Fly Dubai, што за нас е значаен индикатор од аспект на одржливост на авио пазарот. Она што е значајно е дека секоја авикомпанија која ќе дојде и ќе започне да оперира, лета кон некоја дестинација, истата продолжува да оперира и во наредната сезона, летна или зимска, како и во наредната година, што е индикатор за одржливост на пазарот. Доколку се спореди со примери од минатото, некоја компанија започнува да оперира па после неколку месеци ги откажува дестинациите или летовите, се генрираат проблеми, што во овој случај повеќе тоа го нема. Како што знаете бројката и онаа психолошка бариера од 1 милион патници се надминати и очекуваме сега оптимистички таргети да во еден нареден период се достигне бројката 2 милиони а понатаму и 3 милиони патници како што е и капацитетот на нашите аеродроми.

Тоа значи дека со една динамика и со правилна политика и отворен авио пазар овие бројки во наредните децении согласно проценките на Европската унија и проценките кои ги дава ICAO дека воздушниот транспорт во иднината ќе биде најзначаен и најбрзорастечки транспорт би требало да се остварат. Лидер: Споменавте планови за нови подалечни дестинации. Дали може да очекуваме дека во иднина од Македонија ќе имаме прекуокеански летови, пример до САД? Мојсоски: Она што е значајно е дека првата фаза на оние интерконтинетални преговори е веќе завршена. Она што задоволува е тоа дека веќе имаме две дестинации кои служат за интерконтинетално поврзување. Првата е преку Дубаи, преку која се поврзуваме со Австралија, а втората е Сингапур, како и оние дестинации кои се исто интересни во тој дел од светот. Втор обид е поврзување преку Рим, односно преку интерконтелна конекција преку некоја од земјите која ќе работи на код шер основа, на мултикоперативни договори, и која ќе биде една точка до посакуваната цел. Секако дека директните линии се посакувани и дека се работи на тоа, но сепак треба да се најде интерес од двете страни како сето тоа би се развило на една комерцијална основа. Лидер: Ви благодарам многу за одвоеното време.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

13


Со цел редовно документирање на настаните, а со тоа и актуелно информирање на домашната и меѓународна јавност, за достигнувањата на АЦВ во делот на реализираните активности, состаноци, учества на интернационални состаноци, потпишани спогодби и договори во делот нацивилното воздухопловство, квартално се издава Информатор со високо професионален квалитет, на македонски, англиски и француски јазик. Согласно потребите и актуелностите, се изготвува и вонредно специјално издание, како што беше Специјалното издание по повод 15 годишнината од членството во EUROCONTROL, кои редовно се дистрибуираат како до домашните, така и до меѓународните институции. Со интенција, навремено и ефикасно да ги информираме сите чинители во воздушниот транспорт за нашите достигнувања во делот на подигнување на стандардите за безбедност и сигурност на македонското воздухопловство, целосно усогласено и поставено врз критериумите на европскиот воздушен транспорт. Како Специјални издание на Информатор е и изданието по повод состанокот на Високо ниво одржан во Берово, Република Македонија од 12 до 14 март, од историско значење за воздухопловството во Македонија, на кој домаќин и прецедавач на состанокот беше директорот на Агенцијата за Цивилно воздухопловство д-р Дејан Мојсоски. Посветено на сотатонокот е изработено и ова Специјално издание на Информатор во кој се презентира и видеото по повод историски значајната средба.


За целосно, редовно, брзо и ефикасно информирање на јавноста, навремено и актуелно се ажурира веб страната на Агенцијата www.caa.mk, на чии страници, нашите клиенти можат да најдат информации за најновите достигнувања и активности на компанијата во делот на цивилното воздухопловство, содржинина домашни и меѓународни регулативи, прописи, закони, подзаконскиакти и подрегулативи во делот на авиоиндустријата, формулари за жалби на патниците, доколку бидат повредени нивните права од страна на авиокомпаниите и низа други информации од сверата на цивилното воздухопловство. За формирање на воздухопловен форум креирана е и специјална веб страна на директорот на АЦВ д-р Дејан Мојсоки, www.dejanmojsoski.mk, на која исто така можат да се најдат најновите информации од областа на воздухопловството, а преку отворен форум и коментари можат да се искажат мислења и да се развие дискусија за одредени теми од областа на воздухопловството. Веб страната на Директорот Мојсоки претставува медиум за директен контакт со Директорот на Агенцијата. Со развојот на социјалните мрежи, информациите и видео презентациите на Агенцијата за цивилно воздухопловство се достапни и на FACEBOOК, LinkedIN како и специјалниот канал на агенцијата Youtube.

АЦВ низ високо професионална презентација ги промовира активностите и достигнувањата во македонското воздухопловство.


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ ПОМЕЃУ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д-р Дејан Мојсоски, на 17 април 2014 година, во Скопје, потпиша Меморандум за разбирање со Директорот на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Србија г. Милан Живанович, со цел зајакнување на регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство како и подобрување на ефикасноста и ефективноста при примената на барањата од областа на безбедноста дадени во Спогодбата ЕЗВО. Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработка при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство како и документација. Овој Меморандум за разбирање воедно ги покрива и областите во поглед на програмите за обука, испити и лиценцирање; операциите поврзани со лет и аеродроми; пловидбеност и регистар; потрага и спасување како и работите поврзани со Националните надзорни власти (NSA) и Службите за воздушна навигација (ANS). Со потпишување на овој меморандум се официјализираа добро соседските односи и соработката кои иако постоеа и во минатото, со овој документ истите се потврдија, истакна на состанокот директорот на АЦВ Мојсоски. Редовните летови на релација Скопје-Белград и Белград-Скопје, како и летовите Охрид-Белград и Белград-Охрид кои особено се чести во летниот период, ја потврдуваат потребата од прецизирање и документирање на добрата соработка помеѓу двете воздухопловни власти. 16

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д-р Дејан Мојсоски Директор на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Србија г. Милан Живановиќ ОД ЛЕВО КОН ДЕСНО

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

17


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ДИРЕКТОРОТ НА АЦВ Д-Р ДЕЈАН МОЈСОСКИ ИЗБРАН ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА (SRC)

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, д-р Дејан Мојсоски беше избран за потпретседател на Комисијата за регулирање на безбедноста (SRC). Привремениот совет на EUROCONTROL го одобри назначувањето на г. Мојсоски на оваа функција за период од три календарски години (т.е. од 1 јануари 2014г. вклучително со 31 декември 2016г.). ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОМИСИЈАТА ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА (SRC) Во 1997г., Министрите на Европската конференција за цивилно воздухопловна (ECAC) воспоставија формален механизам во Европа за мултилатерален развој и хармонизација на безбедносниот регулаторен режим на Управувањето со воздушниот сообраќај (ATM), одделно од давањето на услугите, во рамките на целосниот приоден систем за воздухопловна безбедност.

Комисијата за регулирање на безбедноста (SRC) ја презема работата на EUROCONTROL во полето на безбедносното регулирање на ATM во целата област на ECAC и е составена од високи извршни директори од рамките на организациите одговорни за безбедносните регулативи на АТМ на национално ниво. SRC е одговорена за развој и имплементација на хармонизираните безбедносни регулаторни цели и барања за Европското управување со воздушниот Постојната комисија на EUROCONTROL сообраќај (АТМ) и обезбедувањето на нивната согласно имплементираната Ревидирана ефективност преку мерките за безбедносните Конвенција на EUROCONTROL, ја воспостави перформанси. Комисијата за регулирање на безбедност (SRC) SRC е составена од земјите-членки коишто се во како независно тело на Агенцијата можност да бидат преставувани во Комисијата, и да EUROCONTROL за да обезбеди советување а се назначат Комесар, под услов сите кандидатури да со цел да осигура постојани високи нивоа на бидат одобрени од страна на Привремениот совет и безбедност во управувањето со воздушниот избраните кандидати да бидат искусни извршни сообраќај (ATM) во рамките на областа на ECAC. директори од организациите одговорни за SRC поднесува извештај до Постојаната комисија безбедносните регулативи за АТМ. Секој комесар на EUROCONTROL преку Привремениот совет може да биде придружуван од советници. за сите прашања поврзани со безбедносното Покрај тоа, Европската комисија, ЕАSA, ECAC и регулирање на ATM, вклучувајќи ги и ICAO, заедно со регулаторни власти од земјитепрепораките за подобрување на безбедноста при членки на ECAC кои не се земји-членки на EUROCONTROL можат да учествуваат како ATM. набљудувачи. SRC има право да одлучи да покани, други соодветни организации во улога на набљудувачи, доколку е возможно, а кои можат да придонесат во работата на SRC. 18

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

АЦВ ОДОБРИ 141 ЛЕТ СО ЛЕТНИОТ РЕД НА ЛЕТАЊЕ

Со летниот ред на летање кој стапува на сила на 30 март 2014 година, Агенцијата за цивилно воздухопловство одобри 141 лет, кои ќе се реализираат неделно на двата македонски аеродроми. На патувачката јавност ќе и бидат ставени на располагање, 16 операции повеќе во однос на истиот период минатата година. За прв пат, со одбрение на АЦВ во летната сезона, на релација Скопје Рим и обратно, од мај, седум пати неделно ќе оперира компанијата Ал Италија. Од аеродромите Александар Велики во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид, во редовниот сообраќај ќе бидат вклучени 14 авиопревозници, со директни авио врски до 25 дестинации, како што се Виена, Белград, Загреб, Истанбул, Љубљана, Цирих, Лондон, Малме, Гетенбург, Ајнховен,Дортмунд, Мимингем, Базел, Венеција,Стокхолм, Брисел, Париз, Келн, Милано,Франкфурт,Рим, Берлин, Цирих и Дубаи. Најголем пораст, за 18 лета повеќе, во однос на минатата летна сезона, бележи унгарската компанија Визер, која за прв пат оваа сезона во редовниот воздушен сообраќај се вклучи и со операции на релациите Скопје-Брисел, каде ќе оперира два пати неделно. Исто толку пати ќе лета и за Скопје-Париз, Скопје-Келн и СкопјеФранкфурт. Дури пет пати неделно ќе превезува патници од Скопје со Милано и обратно. Одбрение за оперирање од АЦВ, добија и авиопревозниците во нередовниот ред на летање.Но, АЦВ очекува дополнително зголемување на истата. Авиокомпанијата Германија Флугелшафт, ќе има еден лет повеќе годинава и ќе лета, покрај до скопскиот аеродром од Брисел и до охридското воздушно пристаниште од Брисел.

Од досега издадените решенија, од 10 јуни до 25 октомври, предвидени се и седум дневни летови на релација Скопје-Анталија. Од 27 јуни до 10 октомври, на патувачката јавност двапати неделно ќе и стои на располагање авиопревоз и од Скопје до Бодрум. Од 2 април до 25 октомври ќе се лета и до Дизелдорф, како и по еден лет ќе биде реализиран до Амстердам. Бројот на патници од двата македонски аеродроми од година во година интензивно расте. Заклучно со март годинава, на скопското и охридското воздушно пристаниште само во првото тромесечие, биле превзезени, 207.963 патници, што е за 8.1 процент повеќе во однос на истиот перод лани. Дури 95.2 проценти од патниците го користеле редовниот авиосообраќај, а само 4.8% чартер линиите. Годинава, зголемување, од дури 24% проценти во однос на периодот од јануари до март 2013 година, има и во превзените стоки и пошти со карго превозот. Истанбул и првиве три месеци од годинава, остана најпопулрна дестинација за патувачката јавност.Не помалку привлечни, се и Цирих, Виена, Лондон, Базел,Малме,Дортмунд, Љубљана, Белград, Загреб. На македонските патници и престојниов период им остануваат на располагање низа европски дестинации до кои можат директно да патуваат со редовните воздушни линии, насочени кон, Ајнховен, Миминген,Гетенбург, Милано и другите градови до кои согласно летниот ред на летање, оперира унгарската компанија Визер.

БРОЈ НА ПАТНИЦИ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА 2013 година 2014 година Јануари 65 700 64 279 Фебруари 55 078 65 985 Март 71 598 77 699 ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

19


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ЗГОЛЕМЕНАТА КОНКУРЕНЦИЈА МЕЃУ АВИОКОМПАНИИТЕ ЌЕ ГИ ПОЕВТИНИ ЦЕНИТЕ НА АВИОБИЛЕТИТЕ Извор: ФАКТОР http://faktor.mk/

Дејан Мојсоски, директор на Агецнијата за цивилно воздухопловство во интервју за Фактор вели дека по отворањето на косовското небо, најрезервираните сценарија се дека ќе има зголемување од минимум 20 проценти на бројот на прелети бидејќи воздушните патишта што се користат сега го заобиколуваат Косово, а со самото тоа и во голем дел случаи нашиот воздушен простор, и поминуваат низ Албанија и Бугарија. Мојсоски очекува и пад на цените на авиобилетите, поради зголемената конкуренција меѓу авиокомпаниите. Фактор: Дали годинава може да се очекуваат нови авиодестинации? Мојсоски: Секако дека може и очекуваме зголемување на бројот на дестинации до кои ќе може да се патува од двата македонски аеродроми. Политиката на АЦВ и либерализација на процедурите, покрај редовните линии, ќе го зголемат и бројот на чартери во летната туристичка сезона. Компанијата Ал Италија достави барање до АЦВ за оперирање со летови од Скопје до Рим, кои би ги реализирала од 1мај до крајот на летната сезона. 20

Компанија Виз ер, иако до нас нема доставено официјално барање за одобрување на нови летови, во јавноста веќе најави дека ќе почне летови со свој втор авион до четии нови дестинации како што се Париз, Франкфурт, Келн и Брисел. Најважно од се е што интересот на нови авиокомпании за оперирање од и до македонските аеродроми интензивно расте, што за нас како Агенција за цивилно воздухопловство претставува реална потврда на нашата интенција да создадеме брз, ефикасен, безбеден и сигурен воздушен транспорт, достапен до сите

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

Фактор: Можно ли е да се очекува пад на цените на авиобилетите?

Фактор: Каков ќе биде летниот ред на летање?

Мојсоски: Зголемувањето на кокуренцијата меѓу авиокомпаниите за оперирање до одредени дестинации секако дека влијае и дополнително ќе влијае врз намалувањето на цените на авиобилетите. Што секако преставува врвен приоритет во работата и развојот на нашата компанија. Што поголем број на патници и авиосообраќај на македонските аеродроми, и секако по евтини цени за патувачката јавност. Фактор: Какво влијание имаше воведувањето на евтините летови, колкав е бројот на патниците кои ги користат овие линии? Мојсоски: Статистиката открива импозантни бројки на патници кај нискотарифните авиокомпании во 2013 година. Од вкупниот број од еден милион патници што лани летале од македонските аеродроми услуги на нискотарифните компании користеле 440.127 патници, што е пораст од 240 отсто во однос на 2012 година, кога со таканаречените евтини летови биле превезени 150.000 патници. Ако се земе предвид дека пред само околу три години нискотарифните компании беа вистинска непозната за македонските авиопатници, сега бројките покажуваат дека тие полека го преземаат македонскиот авиопазар. Податоците за превезени патници во текот на минатата година, покажуваат дека, македонските граѓани редовно најмногу летаа кон Истанбул, Виена и Цирих, а често патуваат и до Лондон и Малме, но и до Дубаи. Релативно ниските цени од дваесетина евра ги предизвикаа македонските граѓани и многумина што не помислувале да патуваат со авион сега одат на кратки туристички патувања до европските метрополи. Минатата година со „Виз ер“ летале 358.003 патници. Од другите нискотарифни компании со „Пегасус“ летале 57.075, а со „Флај Дубаи“ 25.049 патници.

Мојсоски: Сеуште е рано да се зборува за тоа, каква ќе биде финалната листа на авиокомпаниите кои ќе оперираат во летниот ред на летање, кој стапува на сила на. Ние како АЦВ им стоиме на располагање на авиокомпаниите 24 часа седум дена во неделата, да ги примиме, разгледаме и доколку се во согласност со позитивните законски прописи и да ги одобриме нивните барања за оперирање од и до македонските аеродроми. Фактор: Каква е состојбата, што покажуваат податоците за карго превозот во земјава? Мојсоски: Добри вести и позитивна енергија, забелележавме и во бројот на воздухопловни операции, кој во 2013 година се зголеми за 9 проценти во однос на истиот период во 2012 година или биле реализирани 11.576 полетувања и слетувања, при што трансферирани били 2.449,09 тони производи преку двата аеродрома во земјава. Фактор: Со кои земји имаме спогодби за директен сообраќај и има ли најави за нови спогодби? Мојсоски: Агенцијата за цивилно воздухопловство и во 2013 година остана максимално посветена и активна на меѓународен план. Парафиравме спогодби за отворено небо со Чиле, Канада и Бразил, а заедно со Австралиските, Сингапурските и Американските воздухопловни власти, создадовме правна рамка за реализација на интерконтинетални летови, како симбол, на отворањето на македонското небо, пошироко од европското, и насочување кон светските престижни дестинации на 5 континенти. Фактор: Директна линија меѓу Македонија и Австралија? Мојсоски: Агенцијата за цивилно воздухопловство уште во 2012 година потпиша Меморандум за разбирање со австралиските воздухопловни власти со кој се утврдуваат аранжманите во меѓународниот воздушен транспорт на код шер – основа и други комерцијални договори меѓу двете земји. Создадовме можности за вклучување на повеќе авиокомпании во транспортот на патници меѓу двете земји и отворање на претставништва за продажба на авиобилети.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

21


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

Фактор: Што по отворањето на косовското небо? Ќе се реализираат ли најавите за намалување на цените на прелетите, за да може рутите над македонското небо да бидат поатрактивни? Мојсоски: Отворањето на косовскиот воздушен простор кон средината на годинава и дефинитивно ќе го зголеми бројот на прелетите над македонското небо. По отворањето на косовското небо, најрезервираните сценарија се дека ќе има зголемување од минимум 20 проценти на бројот на прелети бидејќи воздушните патишта што се користат сега го заобиколуваат Косово, а со самото тоа и во голем дел случаи нашиот воздушен простор, и поминуваат низ Албанија и Бугарија. Според сценаријата и симулациите на Еуроконтрол што се подготвени за одредени денови од август 2011 односно како би изгледало доколку било отворено косовското небо тогаш се со уште поголеми параметри односно со 35 проценти зголемување. Значи тоа е сериозен предизвик со којшто треба да се справиме. Времето е кратко, таргетираната дата според акцискиот план на Еуроконтрол е 3 април следната година. Едновремено со новиот систем за воздушна навигација ќе се обезбеди зголемување на капацитетите на системот за контрола на летање, подобрување на ефикасноста на услугите и задржување на сегашното ниво на безбедност и негово натамошно подобрување. Предвидено е системите да овозможат справување со зголеменото ниво на сообраќај во однос за сегашното за трипати повеќе за периодот до 2028 година Фактор: Што е со програмата за национална воздухопловна безбедност? Мојсоски: Националната програма за воздухопловна безбедност е донесена во 2011 година. Во 2013 та година, АЦВ ќе продолжи со имплементација на Истата, втемелена врз неколку неколку основни столба, како на пример воздухопловната безбедносна политика и цели, управување со безбедносен ризик, обезбедување на сигурност и промоција на воздухопловната безбедноста. Значен дел од зацртаните елементи во Програмата се реализирани. Но, остануваме доследни на нашата интензција како Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, да продолжиме со имплементацијата на големиот број на меѓународни, европски и национални прописи, коизначат хармонизација на македонското со европскиот воздухопловен сектор.

22

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ

+8%

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ

+13 %


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ПОЕВТИНИ ЦЕНИ НА АВИОБИЛЕТИТЕ, ПОГОЛЕМ БРОЈ НА ДЕСТИНАЦИИ, ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА АВИОКОМПАНИИ ОЧЕКУВАН МИНИМУМ ПОРАСТ ОД 20% НА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ

Со ваквата определба Агенцијата за цивилно воздухпловство јасно покажува дека европските проекти и визии се интегрирани во работната филозофија на македонскиот регулатор. Во 2013 покрај редовната кореспонденција со нашите европски колеги, се одвиваше и непосредна комуникација. Директорот на EUROCONTROL г.Бренер во Скопје, по престојот и деталното запознавање со редовните активности на АЦВ излезе со највисоки оценки за тековното работење, но и за насоките за наредниот период. Во 2013 започна практична реализација на идејата за Иницијатива за формирање на заедничка област за давање услуги на земјите од регионот, под покровителство на Советот за регионална соработка. Иницијативата има за цел да ја зајакне соработката во сверата на воздушниот транспорт, преку обезбедување сигурни и ефикасни услуги во воздухопловната навигација.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ

18.5%

Фактор: Какви се очекувањата за 2014 година?

Фактор: Како ја оценувате 2013 година? Мојсоски: 2013та година, беше година на реформи, интензивен развој на македонското воздухопловство, подигнување на стандардите во духот на современите европски воздушни трендови и негово приближување до што поголем број на македонски граѓани. И успеавме во тоа. Потврда за ваквата наша заложба е фактот што 2013тата година, ја одбележа импозантноста од милион патници, кои полетаа и слетаа на двата аеродроми во Република Македонија. А, добри вести и позитивна енергија, забелележавме и во бројот на воздухопловни операции, кој во 2013 година се зголеми за 10,09 проценти. 2013 година, за нас како Агенција, ќе остане забележана и по чествувањето на 15 годишнината од членството на АЦВ во EUROCONTROL во Брисел. Јубилеј кој значи деценија и половина активно партиципирање во оваа пан европска оргазизација, и исто толку години напредок, реформи и исполнување на критериумите кои значат македонско воздухопловство високо етаблирано во европските воздухопловни структури. Едновремено, Македонија продолжи да ги поддржува проек��ите на EUROCONTROL за Централизирани услуги на ПАН европско ниво, кои значат зголемување на ефикасноста и перформансите на европскиот систем за менаџмент со воздушниот сообраќај.

Мојсоски: Очекуваме максимално успешна 2014 година која ќе значи, доследна имплементација на јасно зацртаните цели, да го издигнеме македонското воздухопловство на ниво на европското, успешно да го регулираме воздушниот транспорт во Република Македонија и го трансформираме во безбедно, сигурно, редовно, ефикасно, економски и еколошки одржливо национално воздухопловство, кое е целосно во согласност со меѓународните стандарди и хармонизирано и интергрирано во Европската Унија.Воздухопловство кое е во целосен интерес на сите учесници во него, а посебно кон заштитата на патникот. Квалитетната меѓународна политика и создавањето правни рамки за отворање на македонскиот воздушен транспорт кон серија нови атрактивни дестинации за патувачката јавност кон Австралија, Бразил, Чиле, Канада, Сингапур…, остануваат наш врвен приоритет во 2014 година. Цврсто уверени и силно реформски ориентирани, уверени сме дека во 2014 година, ќе ја внесеме земјата во новата ера на развој на цивилното воздухопловство. Јасно и недвосмислено, Македонија ќе ја втемелиме на мапата на силно привлечни дестинации, до која ќе слетаат и полетаат двојно повеќе патници од годинава што измина.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

23


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ДРАСТИЧЕН ПОРАСТ НА ПАТУВАЊАТА СО НИСКОТАРИФНИТЕ АВИОКОМПАНИИ Извор: Нова Македонија http://www.novamakedonija.com.mk/

Најчесто летаме до Истанбул, Виена и до Цирих, а го откриваме и Дубаи Минатата рекордна година нискотарифните авиопревозници превезле 440.127, а редовните летачи 481.809 патници. „Виз ер“ доминира со 358.003 превезени патници, додека водечки од редовните авиопревозници е „Туркиш ерлајнс“ со 127.855 авиопатници.

Трипати се зголемил бројот на патници кај нискотарифните компани Драстичен пораст на патувањата со нискотарифните авиокомпании. Македонските граѓани редовно летаат кон Истанбул, Виена и Цирих, често патуваат до Лондон и Малме, а го откриваат и Дубаи, покажуваат податоците за превезени патници во текот на минатата година. Статистиката открива своевиден бум кај бројот на патници кај нискотарифните авиокомпании во 2013 година. Имено, од вкупниот број од еден милион патници што лани летале од македонските аеродроми услуги на нискотарифните компании користеле 440.127 патници, што е пораст од 240 отсто во однос на 2012 година, кога со таканаречените евтини летови биле превезени 150.000 патници. Ако се земе предвид дека пред само околу три години нискотарифните компании беа вистинска непозната за македонските авиопатници, сега бројките покажуваат дека тие полека го преземаат македонскиот авиопазар. Ниски цени Релативно ниските цени од дваесетина евра ги предизвикаа македонските граѓани и многумина што не помислувале да патуваат со авион сега одат на кратки туристички патувања до европските метрополи.

24

Со укинувањето на визите и со воведувањето на евтините летови навистина се отвори можност за посета на европските градови. Со малку штедење може да се прават неколкудневни, па и викендпрошетки. Лани со пријателите бевме да проследиме фудбалски меч меѓу Милан и Јувентус. Летавме до Венеција, а билетите беа само две илјади денари - вели скопјанецот Игор Драгевски. Според статистиката на „ТАВ Македонија“, минатата година со „Виз ер“ летале 358.003 патници. Од другите нискотарифни компании со „Пегасус“ летале 57.075, а со „Флај Дубаи“ 25.049 патници. Истовремено, редовните авиопревозници оствариле биланс од 481.809 патници, при што нивниот поединечен ефект е многу поскромен од оној на „Виз ер“. „Туркиш ерлајнс“ е водечка авиокомпанија во оваа категорија со 127.855 превезени патници, или речиси третина од оние на „Виз ер“, кого очигледно „ветрот в грб“ што му го даваат владините субвенции го прави македонски авиорекордер. Понатаму на оваа листа се: „Аустриен ерлајнс“ со 104.995, „Адрија ервејс“ со 53.207, „Кроација ерлајнс“ со 47.098, „Ер Србија“ со 44.715, „Еделвејс“ со 42.106, „Хелветик ервејс“ со 35.250 и „Германија флуг“ со 26.583 превезени авиопатници.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ДЕСТИНАЦИИ ПО БРОЈ НА ПАТНИЦИ 2013 ГОДИНА

Нови субвенции и нови летови За субвенционирање авиокомпании што ќе понудат поконкурентни и пониски цени во авиосообраќајот Владата до крајот на 2014 година планира да потроши 306 милиони денари. Субвенционирањето се врши врз основа на два модела, воведување нови дестинации и зголемување на бројот на патници. За воведување нови дестинации е предвидена еднократна финансиска помош во износ од 40.000 евра за секоја од првите шест нови дестинации, а потоа за секоја следна нова дестинација има еднократна финансиска поддршка од 30.000 евра. За бројот на патници има субвенции од девет евра по патник во заминување во првата година од договорот, осум евра по патник во втората година и седум евра по патник во третата година.

Инаку, врз основа на договорот потпишан со Владата, авиокомпанијата „Виз ер“, која сега има 38,6 отсто удел на пазарот во Македонија, отвори неколку нови авиодестинации од македонскиот главен град. „Виз ер“ најави дека ќе отвори база на својот втор авион во Скопје и ќе почне летови до четири нови дестинации - Париз, Франкфурт, Келн и Брисел. Од „ТАВ Македонија“ најавуваат и летови до Берлин со „Германија флуг“/ „Ер Приштина“, додека веќе од мај ќе почне да лета и „Ал Италија“, и тоа до италијанскиот главен град Рим. Интересот на нови авиокомпании за оперирање од и до македонските аеродроми интензивно расте, што за нас како Агенција за цивилно воздухопловство претставува реална потврда на нашата интенција да создадеме брз, ефикасен, безбеден и сигурен воздушен транспорт, достапен до сите - вели д-р Дејан Мојсоски, директор на АЦВ, кој очекува и нов импулс за македонскиот авиосообраќај со отворањето на воздушниот сообраќај над небото над Косово.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

25


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ИЗЈАВА НА Г. ФРАНК БРЕНЕР, НА ПРОСЛАВАТА НА 15 ГОДИШНИНАТА ОД ЧЛЕНСТВОТО НА АЦВ ВО ЕУРОКОНТРОЛ ВО БРИСЕЛ за МТВ

Г. Бренер, какви се Вашите импресии од 15-годишната соработка со македонските воздухопловни власти? И честитам на Република Македонија за тој важен чекор. 15 години е доста време и во неговиот тек се видливи многу промени во однос на приближувањето кон Европа, кон западот. Земјата, стопанството, воздухопловството постигнаа значаен напредок од осамостојувањето досега, во економска смисла. Соработката со Еуроконтрол во која членуваат 40 европски земји и соработката со други меѓународни организации, го помогнаа економскиот раст, и драматично ја подобрија економската состојба на земјата.

26

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

Каква Ви е соработката со директорот на АЦВ? Директорот на АЦВ на Република Македонија и јас соработуваме во насока на подобрување на проектирањето на воздушниот простор, во соработка со М-НАВ, давателот на услуги, за современите техники на контрола на летањето, тн. „слободен избор на воздушни патишта“, како и во обезбедувањето капацитет на земјата неопходен за отворањето на воздушниот простор на Косово, во април 2014, што ќе го зголеми сообраќајот кој ќе биде безбедно и ефикасно контролиран од давателот на услуги.


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 4

ИЗЈАВА ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 15 ГОДИШНИНАТА ОД ЧЛЕНСТВОТО НА АЦВ ВО ЕУРОКОНТРОЛ ВО БРИСЕЛ НА Д-Р ДЕЈАН МОЈСОСКИ, ДИРЕКТОР НА АЦВ за МТВ

Како ја оценувате досегашната 15 годишна соработка со Eurocontrol и кои се идните проекти? Денеска на Привремениот совет на Eurocontrol ги презентирав достигнувањата и состојбите со воздухопловството во Република Македонија пред 40 земји – членки, пред 40 даватели на услуги во воздушната навигација, и пред останатите меѓународни воздухопловни организации а пред се пред Европската комисија. Ги истакнавме нашите достигнувања во однос на растот на воздушниот сообраќај во поглед на бројот на патници како и на тоа дека имаме еден од најголемите порасти на воздушниот сообраќај во Европа. Исто така се осврнавме и на идните проекти кои ќе ги работиме заедно со Eurocontrol од аспект на отворање на горниот воздушен простор над Косово и зголемување на воздушниот транспорт во тој поглед, повеќе од 15 %, како и во поглед на постигнување на сите оние европски стандарди и европски практики, како и воведување на воздухопловни стандарди на највисоко светско ниво.

Дали во идните проекти спаѓа и отворање на поголем број на авиолинии со главните градови во Европа и светот и колку тоа ќе влијае во намалување на цената? Секако дека сите проекти кои што сме ги започнале се водат во насока за подобрување на квалитетот на животот на македонските патници, ја истакнавме заложбата на Владата за подигање на стандардите, намалување на цените и инфраструктурните подобрувања на аеродромите. Секако дека со менаџментот на воздушниот транспорт, со намалување на трошоците особено со отворањето на небото над Косово и зголемување на сообраќајот над Република Македонија ќе доведе до намалување на цените што секако ќе се одрази на намалување на цените на карите кои македонските граѓани ги купуваат за да до европските и светските дестинации.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk

27


Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија Информатор издание БРОЈ 5

ВИДЕО ОД ПРОСЛАВАТА НА 15 ГОДИШНИНАТА ОД ЧЛЕНСТВОТО НА АЦВ ВО ЕУРОКОНТРОЛ ВО БРИСЕЛ

Во духот на современите европски трендови на високо софистицирана промоција пред домашната и странска јавност, Агенцијата за цивилно воздухопловство, изготви видео презентација од прославата по повод 15 години соработка на Агенцијата за цивилно воздухопловство и EUROCONTROL во Брисел на која можете да ги погледнете интервјуата од д-р Дејан Мојсоски и г. Франк Бренер. Агенцијата за цивилно за МТВ. АЦВ по повод 15 годишнината од членството во EUROCONTROL, го креираше овој видео материјал со цел обележување на поводот и значењето на овој јубилеј, деценија и пол активна партиципација во европската организација за безбедност во воздухопловната навигација.

Код за видео од прославата на 15 години членство на АЦВ во EUROCONTROL на YouТube

28

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk веб страна: www.caa.gov.mk


[Type text]

МИСИЈА Регулирање на активностите на воздушниот транспорт во Република Македонија за да се постигне безбедно, сигурно, редовно, ефикасно, економски и еколошки одржливо национално цивилно воздухопловство, кое ќе биде во согласност со меѓународните стандарди и хармонизирано и интегрирано со Европската унија, во интерес на сите учесници а особено кон заштита на патникот. ВИЗИЈА Безбеден и ефикасен воздушен транспорт целосно интегриран во транспортната мрежа на Европа кој ќе придонесе за одржливиот развој на Република Македонија.

ул. „Даме Груев” број 1, 1000 Скопје, Република Македонија тел.: ++ 389 2 3114 – 046 факс: ++ 389 2 3115 – 708 е – пошта: info@caa.gov.mk

EN ISO 9001:2008 CERTIFIED No. 20 100 131300034

WWW.CAA.MK


СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ НА ИНФОРМАТОР (HLRCM) Јануари – Фебруари – Март - Април 2014 година