Коњи, или прирачник за тоа како да станеш вистинска каубојка (2015)

Page 1


За издавачот: Бранко Прља Лектура: Билјана Николовска-Прља Графичко уредување и дизајн: КАПКА дизајн Печати: Алма Графика Тираж: 100

CIP - Каталогизација во публикација; Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 74-053(497.7)(084.11) 821.163.3-93-32(084.11) ПРЉА, Нина Коњи / илустрации: Нина Прља ; [текст: Бранко Прља] - Скопје : Н. Прља, 2015. - 32 стр. : илустр. ; 15 см. - (Едиција Сакам да бидам... ; кн. 01) ISBN 978-608-65839-2-7 COBISS.MK-ID 98821642


книга 1 едиција

„САКАМ ДА БИДАМ...“

Нина Прља

Коњи

(прирачник за тоа како да станеш вистинска каубојка) 2015



Пред да почнам да јавам многу ги цртав коњите...



Особено коњите од цртаниот филм „My Little Pony”.


Сакав да цртам секакви коњи...

... коњи на фарма...


(еј, в тоа иди, сум јас!)

... коњи во штала...


Коњи во поле...


Многу ги сакам коњите кога се кренати на задните нозе...


Наставничката Ленче еднаш ми даде задача да го нацртам Букефал, коњот на Александар Македонски... Според легендите, никој не можел да го скроти Букефал, освен младиот Александар... Од тој момент тие биле неразделни и заедно учествувале во сите битки.



в та р ц на на си њ“ осев ш о н на н к ја ... Ед гне а и ште „о иц или ма уч на


Друг пат нацртав глава од коњ на мојата рака и мама ме искара...


А моите училишни тетратки...


... се преполни со цртежи на коњи.


Еден ден, моите родители ме однесоа во коњичкиот клуб Илинден, на Хиподром.

Таму ја запознав Мицика и таа беше првото коњче кое што го јавав...


Еднаш на Хиподром донесоа „фризиски“ коњ... тој имаше многу убава и голема грива...


Како што моите јавачки способности се усовршуваа, со помош на мојот тренер, чичко Љупчо, така се подобруваа и моите цртачки вештини...


Од Мицика преминав на Дама, искусна кобила со која што учев да скокам препони.


На хиподром има многу кучиња, кои ги чуваат коњите...


Еднаш кобилата Сандра и понито Атлантика ја скокнаа оградата и избегаа, но ги фатија...


Можеби коњите би сакале да имаат крилја... како Пегаз...


... тогаш сигурно никој не би можел да ги фати...


Многу го сакам јавањето и некогаш сум супер... и тогаш сум горда на себе...


... но, некогаш не ми оди и тогаш сум многу тажна...


Но, битно е да не се откажеш...


... и да запомниш... дека можеш да имаш седло...

корбач...

капа за јавање...

или каубојски шешир...

и мамузи...

... и потковици...


Но, ако немаш срце, не можеш да бидеш вистинска каубојка!


За авторот Нина Прља е родена во Скопје во 2005 година. Таа е автор на книгата „Обоени приказни“ (Готен, 2013) која содржи избор од цртежи и раскази на Нина остварени во периодот од 2009 до 2013 год. Нина се појавува како коавтор и илустратор на книгите „Азбука на игранка“, „(Не)докажани приказни“ и „Букви, во збор!“.