3 минути и 53 секунди (2015)

Page 60

беше закачена на лустерот и секако, во панк-рок направи-сам стил, немаше постамент, а потоа на единствениот добош и добро познатиот хардкор „ту-па-ту-ту-па“ ритам ја исполни мојата соба. Дебелиот нè снимаше на едно старо касетофонче и дрнкаше нешто на акустична-демек бас-гитара, а ние свиревме жестоко. Немавме концепт, ниту идеја, а песните се смислуваа на лице место. Во духот на пародијата и општествениот ангажман на панк движењето се викавме Social Imbecility и како прави панкери врска немавме од свирење, но го сакавме тоа - најмногу од сè. Како дете ги мразев часовите по гитара во државното музичко училиште во Сараево, но како тинејџер бев горд на нив, но класичната гитара наскоро беше единственото нешто што ми остана. Позајмената електрична гитара морав да ја вратам, токму во моментот кога Кечер си купи асални тапани, а на нашите проби почна да доаѓа еден басист. Тие двајца продолжија да свират и ги оформија Суперхикс, денес веројатно единствениот значаен бенд во Македонија кој има храброст за интелигентна општествена критика, додека оние кои што се предмет на таа критика џускаат на нивните песни. 60


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.