a product message image
{' '} {' '}
Limited time offer
SAVE % on your upgrade

Page 1

СУДБИНСКИ ПРАШАЊА

John Blanchard


“Ultimate Questions” © John Blanchard by permission of Evangelical Press Издавач на македонското издание: „Љубители на Христијанското Евангелие“ во РМ - Скопје Печатено со одобрение на Evangelical Press За издавачот: Боре Блажевски Превод: Иван Грозданов

2017 година


Животот е полн со прашања. Некои од нив се безначајни, некои се посериозни – а некои се од огромно значење. Додека ги читаш овие редови, можеби и ти имаш некои прашања сврзани со твоето здравје, твојата финансиска состојба, работното место, семејството или иднината. Сепак, најважните и најсуштествени прашања се оние кои се однесуваат на Бог и твојот однос кон Него. Во животот нема ништо поважно од ова! Тоа што луѓето обично го посакуваат е добро здравје, финансиската стабилност, сигурно работно место, задоволно семејство и надежна иднина. Но, овие нешта се привремени, па и бесцелни, доколку немаш жив однос со Господ; однос којшто е сосема јасен и сигурен и што ќе биде вечен. На овие страници ќе откриеш зошто таквиот однос е толку итно неопходен и како е тој можен! Прашањата кои следат се најсериозните и нјаважните што еден човек може да ги постави. А одговорите на нив му се неопходни на секого! Те молам, прочитај ги овие страници целосно и внимателно и ако е потребно - повеќе пати! Не дозволувај да ја промашиш нивната порака!

3


Има ли некој таму? Ова е најтемелното прашање. Ако Бог не постои, тогаш бесмислено е трагањето по Него. „Секој кој сака да дојде кај Него треба да верува дека Тој постои“ (Евреите 11:6). Иако е невозможно ‘да се докаже’ Бог во математичка смисла, доказите се многу уверливи. Да го земеме за пример постоењето на вселената. Да се смета дека е резултат на ‘случајност’, покренува многу прашања, а не одговара ниту на едно од нив! Истото важи и за теоријата за ‘Големата експлозија’ (Big Bang). Од каде, на пример, потекнале почетните материјали? Дури ни Big Bang не може да произведе нешто од ништо! Еволуционистичката идеја е широко распространета, но и со истите слабости; како е воопшто можно ‘ништо’ да еволуира во ‘нешто’, а и да не зборуваме за чудесно сложените форми на живот на земјата. И сите други теории се еднакво кревки. Единственото објаснување кое задоволува е следното: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (Битие 1:1). Нашиот свет не е случаен производ на некоја голема и среќна околност од состојки кои ‘од секогаш си биле таму’. Напротив, „Вселената беше создадена преку Божја заповед, така што тоа што е видливо беше создадено од невидливото“ (Евреите 11:3). Создавањето на светот има свој почеток, и Бог е тој што го создаде. „Тој про4 говори и тоа настана; Тој заповеда и се создаде!“ (Псалм 33:9).


Ова е поткрепено со постоењето чудесен ред и умисла, воочливи насекаде и преку универзалните закони кои одржуваат сè, од пространата вселена, до микроорганизмите. А умислата подразбира постоење на конструктор, законите законодател – а Бог е и едното и другото! „Бог, којшто го создаде светот и сè што е во него, е Господ на небото и на земјата!“ (Дела 17:24). Но, најсилниот доказ е самиот човек. За разлика од животните, човекот има нешто што го нарекуваме ‘личност’; способен е да расудува, поседува совест и може да да го разликува доброто од злото. Може да љуби и да сочувствува. А над сè, има инстинкт за обожување. Како ги добил овие квалитети? Ниту еволуцијата, ниту лавина од случајности не би можеле да ги произведат. Најјасниот одговор е следниот: „Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа!“ (Битие 2:7). Човекот не е случајност; тој е „чудесно создаден“ (Псалм 139:14) од Створителот на вселената.

5


Дали Бог зборува? Прашањето е од животна важност. Оставени сами на себе, ние сме во целосно незнаење за Бог. „Можеш ли да ги сфатиш Божјите тајни? Можеш ли да ги досегнеш границите на Бог?“ (Јов 11:7). Бог ги надминува нашите сознанија и неопходно е самиот Тој да ни се објави. Еден од главните начини на кои Бог ни се објавува е преку Неговите творби. „Небесата ја објавуват Божјата слава, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен“ (Псалм 19:1). Самата големина на вселената и нејзината чудесна рамнотежа, разноликост и убавина, кажуваат многу за Бог како Створител. Во Божјите творби се гледа Неговата брилијантна сила, величествена интелегенција и сјајна умисла. „Неговите невидливи особини, Неговата вечна сила и божествената природа, јасно се гледаат уште од создавањето на светот, и можат да се разберат преку создаденото, па така луѓето немаат изговор“ (Римјаните 1:20). Кога меѓусебно комуницираме, најчесто се служиме со зборови. И Бог исто така им говори на луѓето преку зборови – зборовите на Библијата. Речиси 4000 пати во Стариот Завет (500 пати само во првите пет книги), ќе ги сретнете изразите „Господ прозборе“, „Господ заповеда“ и „Господ рече“. Затоа се верува дека Светото Писмо не е произлезено од човечки зборови. „Никогаш ниту едно пророштво не потекнува од човечка волја, туку луѓе поттикнати од Светиот Дух зборувале од Бога“ 6 (2 Петрово 1:21).


Во ниту една друга книга не наоѓаме толкаво мноштво на јасни и детални пророштва искажани од луѓе кои тврделе дека зборуваат од Бога, а кои подоцна буквално се исполнија! Секоја помисла дека станува збор за случајности, би била несериозна. А потоа тука е и влијанието на Библијата врз животите на луѓето. Ниту една друга книга нема таква сила која го менува животот. Милиони луѓе, во текот на илјадници години, со лично искуство потврдија дека „Божјиот закон е совршен и ги оживува душите на луѓето. Божјиот закон е непорочен – душите ги закрепнува; верно е Божјото откровение – ги учи неуките, и Господовите повелби се праведни – го веселат срцето. Господовите заповеди зрачат светлина; ги просветлува очите“ (Псалм 19:7-8). Ни по 2000 години, ниту еден стручњак од која и да е област, не успеал да побие барем една изјава од Библијата. А причината е следната: „Целото Писмо е од Бога вдахновено“ (2 Тимотеј 3:16). Затоа треба да го прифатиме „не како зборови кажани од луѓе, туку како Божјо слово“ (1 Солунците 2:13).

7


Каков е Бог? Очигледно ова е следното прашање со кое се соочуваме. Да се признае дека Бог постои е едно, а да се прифати дека Тој ни зборува преку своите творби и низ страниците на Библијата е нешто сосема друго. Но, сакаме да знаеме повеќе. Каков е, всушност, Бог? Библијата ни дава многубројни и јасни одговори на ова прашање од особена важност. Еве неколку од нив. Бог е личност. Бог не е ‘нешто’, некоја сила или влијание. Тој мисли, чувствува, сака и се однесува на начини кои покажуваат дека Тој е живо Суштество, Личност. Но, Тој не е само ‘оној горниот’, ниту пак некаков ‘супермен’. „Господ е вистинскиот Бог, Тој е живиот Бог, вечниот Бог“ (Еремија 10:10). Бог е Еден. Постои само еден вистински Бог. Тој вели: „Јас сум Првиот и Последниот, нема друг Бог освен Мене“ (Исаија 44:6). Па сепак, Бог се објавува како ‘тројство’ на три Лица – Татко (Отец), Син (Исус Христос) и Свет Дух, од Кои секој е вистински, целосен и рамноправен Бог. Библијата ни зборува за славата на Бог Таткото (Филипјаните 2:11), вели дека Зборот или Словото (Исус Христос) е Бог (Јован 1:1), а зборува и за Господ, кој е Дух (2 Коринќаните 3:18). Значи, иако има само еден Бог, постојат три Лица во Божеството. Бог е Дух. Тој нема физички димензии. Нема тело, ниту какви 8 било карактеристики сврзани со големина или облик.


„Бог е Дух и оние кои му се поклонуваат, треба да му се поклонуваат во дух и вистина“ (Јован 4:24). Тоа значи дека е невидлив. Никој, никогаш не го видел Бога (Јован 1:18). Тоа исто така значи дека, Тој не е ограничен на едно место во даден момент, туку, дека е присутен насекаде, во секое време. „Не ги исполнувам ли Јас небото и земјата? – вели Господ!“ (Еремија 23:24). Сето ова значи дека Бог знае сè што се случува, насекаде. Тоа го вклучува не само она што го знаеш и зборуваш, туку и секоја твоја мисла што ти минува низ умот. Бог е Вечен. Бог нема почеток. Кажано со зборовите на Библијата, „Од вечност до вечност, Ти си Бог“ (Псалм 90:2) Не постоело време кога Бог не постоел, ниту пак, ќе дојде време кога Бог нема да постои. Бог се опишува Себеси како „Оној Кој бил, Кој е и Кој ќе дојде“ (Откровение 1:8). И Тој вечно останува истиот, „Јас, Господ, не се менувам“ (Малахија 3:6). Бог е сè уште Оној што бил и таков ќе остане. Бог е независен. Секое друго живо суштество е зависно од луѓето или од други нешта, а во крајна мерка од Бога; но Бог е целосно независен од Своите творби. Тој може самостојно да постои. „Тој не е опслужуван од човечки раце, како да му треба нешто, бидејќи Самиот Тој им дава на луѓето и дишење и сè друго“ (Дела 17:25).

Бог е Свет. „Возвишен е во светоста, величествен во славата“ (Излез 15:11). Не е можна никаква споредба со Божјата светост. „Нема светец каков што е Господ“ (1 Самоилова 2:2), во Кого нема порок или мана. Библијата за Него вели: „Твоите очи се пречисти да гледаат злодела; Ти не го поднесуваш злото“ (Авакум 2:13). И овој свет Бог, бара светост од секој од 9


нас. „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет!“ (1 Петрово 1:16). Бог е справедлив. Библијата вели дека „Господ е Бог на справедливоста и дека правдата и судот се основа на Неговиот престол“ (Исаија 30:18; Псалм 97:2). Бог не е само наш Створител и Одржател; Тој е и наш Судија Кој наградува и казнува, сега и во вечноста, со совршена правда против која нема основа за жалба или спорување. Бог е Совршен. Неговото знаење е совршено. „Ништо во целото творештво не е скриено од Неговиот поглед. Сè е откриено и голо за очите на Оној пред Кого ќе одговараме“ (Евреите 4:13). Бог знае сè за минатото, за сегашноста и за иднината, вклучувајќи ги и сите мисли, зборови и дела. Совршена е Неговата мудрост и го надминува нашето сфаќање. „О, длабочи-.

но на богатството на Божјата мудрост и знаење! Колку се неиспитливи Неговите судови и неодгонетливи Неговите патишта!“ (Римјаните 11:33). Бог е Суверен. Тој е единствениот и врховен владетел на вселената и нема ништо што е вон Неговата контрола. „Господ прави тоа што милува, на небото и на земјата“ (Псалм 135:6). Кај Бог нема случајности или изненадувања. Тој ја пишува историјата на целиот свет и „изведува сè според Својата волја“ 10 (Ефешаните 1:11). Нему не му е потребен совет или нечија со-


гласност за тоа што ќе реши да го направи. Ниту пак, некој може да го спречи да го изврши тоа што Тој го сака. „Никој не може да му ја задржи раката, ниту да му рече: Што правиш!?“ (Даниел 4:35). Бог е Семоќен. Тој ја поседува сета сила. Според Неговите сопствени зборови „Јас сум Господ, Бог на целото човештво. Има ли нешто претешко за мене?“ (Еремија 32:27). Ова не значи дека Бог може да прави сè (Тој не може да лаже, да се менува, да греши или да си противречи), туку дека може да прави сè што ќе посака, согласно со Својот карактер. Ова беа само куси информации за некои особености кои Бог ни ги открива за Себе во Библијата, а кои се однесуваат на Неговата природа и карактер. Има и други вистини за Бог во Библијата (за една од нив ќе стане збор на страна 22), иако има

многу нешта во врска со Него кои едноставно не можеме да ги сфатиме. „Тој создава дела големи и несфатливи, чуда неброени“ (Јов 5:9). Во таа смисла, „Семоќниот е недостиглив“ (Јов 37:23) и никаква човечка интелегенција или разум не може да го смени тоа. А тоа не треба да нè изненадува. Кога би можеле да го сфатиме Бог, Тој не би бил достоен за нашето обожување. 11


Кој/а сум јас?

Притисоците и проблемите на современиот живот присилуваат многуминна неуморно да трагат по смислата и целта на животот. Веќе рековме нешто во врска со Бог; но, што е со нас? Зошто постоиме? Зошто сме овде? Има ли човечкиот живот некаква смисла и цел? Првото нешто со кое треба да расчистиме е, дека е недоволно само да се констатира дека човекот ‘постои’. Тој е повеќе од случајно насобрани атоми кои, ете, се вклопиле во еден ‘пакет’, кој го нарекуваме ‘човечко суштество’. Библијата ни кажува дека човекот е посебно создаден од мудриот и свет Бог. „Го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде“ (Битие 1:27). Човекот е повеќе од високо развиено животно или облагороден мајмун. Тој се разликува од животните, како што тие се разликуваат од растенијата, а растенијата од минералите. Според големината, човекот е ништожен во споредба со сонцето, месечината и ѕвездите, но Бог му има дадено единствено и почесно место во вселената. Ова се гледа во една од првите Божји заповеди упатени кон човекот: „Господарете над рибите морски, над птиците небески и над секое живо суштество што се движи по земјата“ (Битие 1: 28). Човекот стана Божји личен претставник на зем12 јата, со авторитет над сите други живи суштества.


На човекот му беше дадено исто така и посебно достоинство. Создаден „според Божјиот образ“ не значи со иста големина и и облик како Бог (веќе видовме дека Бог нема ‘големина’ ниту ‘облик’), ниту пак, дека човекот е минијатурен Бог, кој ги има сите Негови квалитети, само во помали количества. Тоа значи дека, човекот беше создаден како духовно, разумно, морално и бесмртно суштество, со совршена природа. Со други зборови, тој беше вистински одблесок на светиот Божји карактер. Уште повеќе, човекот со задоволство реши да ги слуша сите Божји заповеди и како резултат на тоа, живееше во совршена хармонија со Бог. Во тоа време, човекот немаше проблем со сопствениот идентитет! Тој точно знаеше кој е и зошто е на светов, и послушно го зазеде од Бога даденото му место.

И не само што човекот беше целосно задоволен со својата положба во светот, туку и Бог беше задоволен со човекот! Го знаеме ова оттаму што, Библијата ни кажува дека, кога Бог го заврши создавањето, со човекот како круна на славата, „погледна на сè што беше создал и виде дека сè е многу добро!“ (Битие 1:31). Во тој историски миг, совршени луѓе живееја во совршена средина со совршени меѓусебни односи и во совршена хармонија со Бог. Денешнава ситуација е далеку од тоа! Што се случи?

13


Каде запна? Најдиректниот одговор на ова прашање гласи: „Гревот влезе преку еден човек, а преку гревот – смртта премина на сите луѓе“ (Римјаните 5:12). На првите луѓе (Адам и Ева) им беше дадена голема слобода, но и едно сериозно предупредување: „Од секое дрво во градината можете да јадете, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото, зашто во оној ден кога ќе вкусите од него, ќе умрете“ (Битие 2:16-17). Беше тоа совршен тест за подготвеноста на човекот да го послуша Бог, едноставно затоа што тоа го рече Бог. Меѓутоа, ѓаволот ја искуша Ева да не верува и да не ги послуша Божјите зборови, а таа така и постапи. „Кога жената виде дека родот на дрвото е добар за јадење и убав на изглед, и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра од него и го изеде, па му даде и на мажот свој, та и тој јадеше“ (Битие 3:6). Во тој миг, „гревот влезе во светот“. Со својата свесна непослушност, човекот се одвои од Бог. Наместо да го среќаваат Бога со љубов, Адам и Ева се престрашија од Него: „Се сокрија Адам и неговата жена меѓу рајските дрвја“ (Битие 3:8). Наместо да бидат сигурни, уверливи и среќни, гревот ги направи засрамени, виновни и исплашени. А Бог го предупреди човекот дека, доколку биде непослушен, ќе умре. Така и се случи. Смртта значи разделба, и во еден страшен миг, човекот се оддели од Бог; духовно умре. Во исто 14 време, тој почна да умира и физички, и сега имаше мртва душа


и смртно тело. Но, тоа не беше сè: децата на Адам и Ева ги наследија од нив корумпираната природа и грешниот карактер. Оттогаш наваму, како загадување во самиот извор на една река, отровот на гревот заплови кон сите Адамови потомци и „така смртта премина на сите луѓе, бидејќи сите згрешија“ (Рим. 5:12). Забележете го зборот ‘сите’, што секако ги вклучува и писатаелот и читателот на овие редови. Можеби никогаш нема да се сретнеме на оваа земја, но имаме нешо заедничко – грешници сме и умираме. „Ако речеме дека немаме грев, се мамиме самите себе и вистината не е во нас“ (1 Јованово 1:8), а ако тврдиме дека не умираме, се глупираме. Извртувањето на фактите, истите не може да ги измени.

Многубројните наслови во денешните вести, било во весниците, на телевизија или интернет, нè потсетуваат дека светов се наоѓа во безредие. Лесно е да се осудат насилството и злоделата во општеството, но, пред да ги критикуваш другите, запрашај се, дали си ти совршен и дали живееш живот што го задоволува светиот Бог? Дали си апсолутно чесен, беспрекорен, љубезен и несебичен? Бог ги знае одговорите на овие прашања – а ги знаеш и ти! „Сите згрешија и лишени се од Божјата слава“ (Рим. 3:23). Грешен си по раѓање, по природа, по практика и по одлуките што ги носиш и неминовно мораш 15 да се соочиш со фактите – и со последиците.


Колку е сериозен гревот? Кога ќе се постави дијагнозата на една болест, станува важно прашањето: ‘колку е сериозно?’ Уште поважно е да се постави ова прашање за духовната болест – гревот. Голем број луѓе, речиси со насмевка ќе признаат дека се грешни, зашто немаат поим што значи тоа. Грешењето и` го припишуваат на ’човечката природа’ или пак, се кријат зад фактот дека ‘сите грешат’. Но, ваквите изјави го одбегнуваат вистинското прашање: Колку е сериозен гревот? Еве некои вистини од Библијата кои се однесуваат на твојата грешност. Подмолен си. Ова не значи дека си толку лош, колку што можеш да бидеш; ниту пак дека постојано ги правиш сите гревови. Не значи ни дека не знаеш да разликуваш добро од зло, ниту дека не умееш да вршиш добри и корисни работи. Но, тоа значи дека гревот има навлезено во секој дел од твојата природа и личност – твојот ум, волја, чувства, совест, страсти и мисли. „Лукаво е човековото срце повеќе од сè и наполно расипано“ (Еремија 17:9). Коренот на твоите проблеми не е во тоа што го правиш, туку во тоа што си! Грешиш, бидејќи си грешен! Порочен си. Библијата недвосмислено вели: „Зашто од внатрешноста, од човековот срце излегуваат зли мисли, блудства, кражби, убиства, прељуби, лакомства, пакости, лукавства, разузданост, завист, богохулство, безобѕирност, гордост, безумност. Сите овие зла излегуваат однатре и го прават човекот 16 нечист“ (Марко 7:21-23).


Обрни внимание дека оваа листа вклучува мисли, зборови и дела. Тоа покажува дека во Божјите очи секој вид грев е еднакво сериозен. Некои луѓе си ја ограничуваат претставата за гревот на убиство, блудство или грабеж, но Библијата ни става јасно до знаење дека немаме право за гревот да размислуваме на ваков начин. Сè што е под Божјите совршени стандарди, претставува грев. Сè што ќе кажеме, помислиме или извршиме, а не е совршено, е грев. Соочи се сега со следново прашање: „Кој може да каже: ‘Го очистив срцето свое, чист сум од гревот свој?’“ (Поговорки 20:9). Можеш ли да го кажеш ова? Ако не, тогаш ти си порочен. Престапник си. Библијата вели дека гревот „претставува беззаконие“ (1 Јованово 3:4), самоволен бунт против Божјиот авторитет и закон. Ниеден општествен закон не те присилува да лажеш, да мамиш, да имаш нечисти мисли или да грешиш на кој и да е начин. Гревот е твој избор. Прекршувањето на Божјиот закон е твој избор. Самоволно си непослушен кон Бог, а тоа е мошне сериозно, зашто Бог е „справедлив судија и секојдневно предупредува за Својот гнев“ (Псалм 7:11). Бог не може никогаш да биде ‘мек’ спрема гревот и можеш да бидеш сигурен дека ниту еден грев нема да помине неказнет.

Еден мал дел од Божјата казна нè стигнува уште во овој живот (иако можеби не ја признаваме). Но, конечната казна ќе биде извршена по смртта, кога на Судниот Ден „секој од нас 17 за себе ќе одговара пред Бог“ (Римјаните 14:12).


Каде по смртта? Постојат разни претстави за тоа, што се случува кога ќе умреме. Некои велат дека ќе исчезнеме, некои дека ќе отидеме на небото. Други веруваат дека постои место кадешто грешните души се подготвуваат за небото. Во Библијата нема поддршка за ниту едно од овие верувања. Наместо овие, го читаме следното: „На човекот му е определено еднаш да умре, а потоа на суд!“ (Евреите 9:27). Оние кои имале среден однос со Бог, ќе бидат добредојдени на небото, каде ќе ја минат вечноста во Неговото славно присуство. Сите други „ќе бидат казнети со вечна казна и одвоени од присутноста на Господ и од славата на Неговата сила“ (2 Сол. 1:9). За ова, Библијата вообичаено го користи борот ‘пекол’. Еве ги четирите основни карактеристики на пеколот: Пеколот е вистина. Тој не е нешто ‘измислено од црквата’. Библијата зборува повеќе за пеколот отколку за небото и не остава простор за никакво сомневање во неговото постоење. Таа зборува за луѓе осудени за пеколот и „фрлени во пеколот“ (Матеј 23:33; 5:29). Пеколот е страшен. Библијата го опишува како „место на измачување; огнена печка; место на вечно горење и неизгаслив оган“ (Лука 16 16:28; Матеј 13:42; Исаија 33:14; Матеј 3:12). Ова се страшни, но вистинити зборови. Оние во пеколот се лишени од секое добро, проколнати од Бог и лишени се од 18 најмалата помош или утеха што ги носи Неговото присуство.


Пеколот е конечно одредиште. Сите патишта кон пеколот се еднонасочни. Враќање нема. Помеѓу пеколот и небото „има голема бездна“ (Лука 16:26). Стравотијата, изолацијата и агонијата на пеколот не се во улога на никакво чистилиште, туку претставуваат – вечна казна! Пеколот е справедлив. Библијата ни вели дека Бог „ќе му суди на светот справедливо“ (Дела 17:31) и, испраќајќи ги грешниците во пеколот, останува совршено справедлив. На крајот на краиштата, им го дава тоа што самите си го одбрале. Тие го отфрлаат Бог овде; Тој ги отфрла таму. Тие одбрале да живеат безбожнички живот; Тој го потврдува нивниот избор – за вечни времиња! Тешко можеме да го обвиниме Бог дека е неправеден. Во светлината на овие страшни вистини, треба мошне сериозно да размислиш за едно прашање, кое им беше поставено и на една група луѓе во Новиот Завет: „Како ќе ја избегнете пресудата за во пеколот?“ (Матеј 23:33).

19


Ќе помогне ли религијата?

Човекот е нарекуван религиозно животно. Енциклопедијата на религијата и етиката (The Encyclopaedia of Religion and Ethics) набројува стотици начини преку кои човекот се обидува да ги задоволи своите религиски копнежи и чувства. Ги има обожувано сонцето, месечината и ѕвездите; земјата, огнот и водата; дрвени, метални и камени идоли; рибите, птиците и животните. Луѓето им служеле на безбројни богови и духови кои биле резултат на нивните сопствени порочни фантазии. Некои пак, се обидуваат да му служат на вистинскиот Бог, преку најразновидни жртви, церемонии, сакраменти и обреди. Но ‘религијата’, колку и да е искрена, никогаш не може да го реши човековиот проблем со гревот, заради најмалку три причини. Религијата не може да го задоволи Бог. Религијата е човеков обид да се измири со Бог, но, секој ваков обид е напразен, бидејќи дури и најдобрите човекови усилби се несовршени и како такви, неприфатливи од Бог. Библијата не може да биде појасна: „Сета наша праведност е како извалкана облека“ (Исаија 64:6). Бог бара совршенство; религијата не може да 20 го исполни ова барање.


Религијата не може да го отстрани гревот. Твоите доблести никогаш не можат да ги поништат твоите пороци. Добрите дела не можат да ги отстранат лошите. Ако човек се оправда пред Бог, тоа „не е преку делата, за да не се пофали некој“ (Ефешаните 2:9). Никакви религиозни усилби или обреди: прекрстување, причестување, крштевка, одење и членување во црква, молитви, дарови, жртвување време и труд, читање на Библија или што и да е друго – не може да поништи ниту еден единствен грев! Религијата не може да ја измени човековата грешна природа. Проблемот не е во однесувањето на човекот; тоа е само симптомот. Срцето на човековиот проблем е проблемот со срцето, а по природа, човековото срце е грешно и расипано. Одењето во црква и учеството во религизни обреди можат да придонесат да се чувствуваш добар, но не и да те направат добар. „Кој може да изведе чисто од нечисто? Никој!“ (Јов 14:4).

21


Има ли излез? Да, има! Бог го обезбедил. Главната порака на Библијата може да се искаже преку зборовите: „Зашто Бог толку го засака светот, што го даде Својот единороден Син, та секој што верува во Него да не погине, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Порано рековме дека праведниот и свет Бог мора да го казни гревот. Но, Библијата исто така ни објавува дека „Бог е љубов“ (1 Јованово 4:8). И додека Бог го мрази гревот, во исто време ги љуби грешниците и копнее да им прости. Но како може грешникот да биде праведно помилуван, кога Божјиот закон бара негова духовна и физичка смрт? Само Бог може да го разреши овој проблем и Тој го стори тоа, во Личноста на Исус Христос. „Таткото го испрати Синот, за да стане Спасител на светот“ (1 Јованово 4:14). Бог-Синот стана човек, земајќи за Себе човечка природа. Иако Исус стана целосен човек, Тој остана и целосен Бог: Библијата ни вели дека „во Него, сета полнота на Божеството живее во телесен човек“ (Колошаните 2:9); Тој остана целосен човек, како и да не бил Бог. Затоа, Исус Христос е посебен и Библијата го потврдува тоа на многубројни начини. Неговото зачнување беше единствено; немаше татко меѓу луѓето, а Неговото зачнување во утробата на девица стана преку чудесната сила 22 на Светиот Дух.


Неговите зборови беа нешто посебно: „Луѓето беа восхитени од Неговото учење, зашто Неговата порака имаше авторитет“ (Лука 4:32). Неговите чуда беа нешто посебно: Тој одеше наоколу „лекувајќи секакви болести меѓу луѓето“ (Матеј 4:23), а на неколку пати дури и мртви воскреснуваше. Неговиот карактер беше нешто посебно: „беше искушуван на секаков начин, како што сме и ние – па сепак, остана без грев“ (Евреите 4:15), така што Таткото можеше за Него да каже: „Ова е Мојот возљубен Син, во кого е Мојата волја“ (Матеј 3:17). Обрни внимание на последната реченица! Таа значи дека како човек, Исус го исполни Божјиот закон во секој дел, па затоа не подлежеше на двојната смртна казна за гревот. Па сепак, Тој беше уапсен врз основа на лажни обвиненија, беше осуден со лажни докази и конечно, беше распнат во Ерусалим. Но, Неговата смрт не беше ниту ‘трагична’, ниту пак, беше резултат на неизбежен несреќен случај. Сè беше дел од „Божјата предопределена намера и предзнаење“ (Дела 2:23). Таткото го испрати Синот токму со цел да ја плати смртната казна за гревот, и Исус доброволно дојде за тоа. Кажано со Неговите зборови, целта на Неговото доаѓање на светот беше „да го даде сопствениот живот како откупнина за мнозина“ (Матеј 20:28). Неговата смрт, како и Неговиот живот, беа нешто посебно. Тоа покажува од колкава важност е да сфатиш што се случи кога Исус умре и какво значење може да има за тебе Неговата смрт.

23


Зошто токму крстот? Целокупното Библиско учење е насочено кон смртта на Исус. Во фокусот на Библијата, не се ниту Неговиот совршен живот, ниту прекрасните поуки, ниту пак, моќните чуда. Сите овие имаат своја важност, но пред сè друго, Исус дојде на светот за да умре. Зошто е толку важна Неговата смрт? Одговорот е: бидејќи тој умре како Замена, како Носител на гревот и како Спасител. Исус стана Замена. Ова ја покажува Божјата љубов. Грешниците се виновни, изгубени и безнадежни во светлината на Божјиот совршен закон, кој бара казнување на секој грев. Како можат да го одбегнат Божјиот справедлив гнев? Библискиот одговор гласи: „Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа што Христос умре за нас уште додека бевме грешници“ (Рим. 5:8). Како дел од прекрасниот спасоносен план, Синот доброволно го зазеде местото на грешниците и ја понесе справедливата казна за нивниот грев. Безгрешниот Божји Син доброволно страдаше и умре за нив, „Праведникот за неправедниците“ (1 Петрово 3:18). Исус стана Носител на гревот. Ова ја покажува Божјата светост. Немаше ништо ‘наместено’ околу Христовата смрт. Казната за туѓите гревови беше целосно исплатена преку 24 смртта на безгрешниот Божји Син.


Висејќи на крстот, Тој извика: „Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“ (Марко 15:34). Во тој страшен миг, Таткото му го сврте грбот на Својот возљубен Син, Којшто ја поднесе казната на одвојување од Бог. Воочлива е Божјата совршена светост. Сите гревови, секој грев, мора да се казни – и кога Исус го зазеде местото на грешниците, ја презеде и одговорноста за нивните гревови. Единствениот човек што живееше совршен живот, ја поднесе двојната смртна казна место грешниците. Исус стана Спасител. Ова ја покажува Божјата сила. Три дена после Неговата смрт, Христос беше „посведочен со сила дека е Божји Син преку воскресението од мртвите“ (Рим. 1:4). Тој даде и многубројни уверливи докази дека е жив и дека веќе не може да умре; смртта немаше повеќе власт над Него (Дела 1:3; Рим. 6:9). Воскреснувајќи го Христа од мртвите, Бог јасно потврди дека ја прифати Неговата смрт како замена за грешниците, како целосна и совршена наплата за казната на гревот и како основа врз која Тој ќе може да им понуди полна прошка на оние, кои инаку би биле осудени да ја минуваат вечноста во пеколот. Но, како може сето ова да се примени и за тебе? Како можеш ти да се оправдаш пред Бог? Како може Христос да биде и твој Спасител?

25


Како можам да се спасам? Откако го прочита предходното, имаш ли искрена желба да се спасиш? Сакаш ли да се измириш со Бог, без оглед на цената и последиците? Ако твојот одговор е не, тогаш не си ја сфатил важноста на прочитаните страници. Затоа, треба повторно да ги прочиташ, полека и внимателно, молејќи го Бог да ти ја открие вистината. Ако, пак, Бог ти укажал на твојата потреба и имаш желба да се спасиш, тогаш мораш да се обратиш кон Него преку покајание и вера во Исус Христос. Мораш да се покаеш. Ова значи целосна промена по однос на гревот. Мора да дојде до промена во твојот став. Мораш да признаеш дека си грешник и бунтовник против светиот и полн со љубов Бог. Мора да дојде до промена во твоето срце – искрено жалење и срам од подмолноста и гадоста на твојот грев. Мораш да покажеш волја да го напуштиш гревот и да ја промениш насоката на твојот живот. Бог бара од луѓето да го докажат своето покајание преку своите дела. Ова е неопходно. Бог нема да ти прости ниту еден грев кој не си подготвен да го напуштиш. Да се покаеш, значи да тргнеш во нова насока, настојувајќи со сето срце да живееш на начин којшто е богоугоден. Мораш да веруваш во Исус Христос. Најпрво, тоа подразбира да го прифатиш Исус како „Христос, Син на живиот Бог (Матеј 5:6) и да веруваш дека „Христос умре за безбожниците“ 26 (Рим. 5:6).


Второ, да веруваш дека Христос има сила, љубов и волја да те спаси. Трето, тоа значи да имаш целосна доверба во Христос, потпирајќи се на на Него и само на Него за твоето оправдание пред Бог. Твојата горда, грешна природа ќе се бори против отстапувањето од вербата во твојата сопствена ‘добрина’ или побожност. Сепак, друга можност немаш. Мораш да престанеш да веруваш во сè друго, освен во Христос, Којшто е „моќен целосно да ги спаси оние, кои преку Него доаѓаат при Бога“ (Евреите 7:25). Ако Бог ти откри што треба да сториш, давајќи ти и желба, тогаш, обрати се кон Христос – и тоа веднаш! Обрати му се со гласна молитва; тоа ќе ти помогне да бидеш начисто со себеси за она што го правиш. Признај му дека си виновен, изгубен и безнадежен грешник и со сето свое срце, замоли го Христос да те спаси и да си го заземе Своето место како Господ на твојот живот, оспособувајќи те да го напуштиш гревот и да живееш за Него.

Библијата вели дека, „ако со својата уста признаеш дека Исус е Господ и во своето срце веруваш дека Бог го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен“ (Рим. 10:9) и „секој што ќе го повика името Господово ќе биде спасен“ (Рим. 10:13). Ако навистина поверуваш во Христос како свој Спасител и го прифатиш за свој Господ, можеш да ги присвоиш за себе и сите 27 Негови ветувања.


Кој е следниот потег? Ако сега веќе веруваш во Христос, има многу прекрасни нешта на кои можеш да им се радуваш. На пример, твојот однос кон Бог е сега исправен: Библијата го нарекува тоа ‘оправдание’ и вели дека „откако сме оправдани преку вера, имаме мир со Бог преку нашиот Господ Исус Христос“ (Рим. 5:1). Преку Христос и твоите гревови се наплатени: „секој што во Него верува, прима прошка за своите гревови, преку Неговото име“ (Дела 10:43). Сега си член на Божјото семејство: „А на сите што го примија, им даде право да станат Божји деца – на оние кои веруваат во Неговото име“ (Јован 1:12). Имаш вечна сигурност: „Сега нема никаква осуда за оние кои се во Исус Христос“ (Рим. 8:1). Самиот Бог е влезен во твојот живот, преку личноста на Светиот Дух: „Духот на Оној, Кој го воскресна Исус од мртвите, живее во вас“ (Рим. 8:11). Колку драгоцени вистини се овие! Сега треба да растеш во твојот духовен живот. Има четири работи на кои треба да им посветиш особено внимание: Молитвата. Сега можеш да му се обраќаш на Бог како на свој Татко, нешто што никогаш порано не си можел. Можеш да го обожуваш, да го славиш за Неговата слава, сила, светост и љубов. Секојдневно можеш да молиш за прошка. Дури ни Божјите чеда не се совршени, но, „ако ги признаваме своите гре28 вови, верен е и праведен Тој, да ни ги прости нашите гревови


и да нè очисти од секаква неправда“ (1 Јованово 1:9). Секојдневно можеш да му заблагодаруваш за Неговата добрина кон тебе. Има толку многу нешта за кои треба да му заблагодаруваш, вклучувајќи ги тука и секојдневните добра на животот, кои толку лесно ги примаме ‘здраво за готово’. Но, посебно треба да му благодариш за твоето спасение, прифаќање во Неговото семејство и подарениот живот. Никогаш не би смеело да ти биде тешко да го правиш ова! Исто така, можеш да го молиш за помош, сила и водство во твојот живот и во животите на другите луѓе. И посебно, ќе треба да се молиш за луѓето кои ги познаваш, а кои сè уште се далеку од Бог, како што некогаш беше и ти. Читањето Библија. Преку молитвата, му зборуваш на Бог; преку Библијата, Бог ти зборува тебе. Затоа, од особена важност е секојдневно да ја читаш, за „да ја сознаваш Божјата волја“ (Ефешаните 5:10). Додека читаш, моли го да ти помага да го разбереш значењето и да го практикуваш Неговото учење, „та преку тоа да растеш во своето спасение“ (1 Петрово 2:2). Ако во почетокот ти е потребна помош при проучувањето на Библијата, можеш да се обратиш на посочените адреси на крајот од книгата.

Заедништвото/општењето. Сега, кога стана член на Божјото семејство, Бог бара од тебе редовно да имаш заедништво со своите духовни браќа и сестри! „Да не отсуствуваме од заедничките средби... да се охрабруваме еден со друг“ (Евреите 29 10:25).


Ова значи приклучување кон некоја црква и ова треба да го сториш колку што е можно поскоро. Изборот на добра црква не е секогаш лесен; треба да си најдеш црква, којашто јасно ги верува и проповеда Библиските вистини за кои читаше на овие страници. Оној што ти ја дал оваа книшка, би можел да ти помогне. Во твојата локална црква ќе можеш да научиш повеќе за Бог; ќе имаш полза и од другите искуства; ќе научиш за важноста на Божјите посебни упатства во врска со крштавањето и причеста (Вечерата Господова); ќе ја откриеш и радоста од меѓусебното надополнување во дарбите и способностите кои Бог ти ги дал тебе и на другите. Тебе ти е потребна црквата, а на црквата си и` потребен ти! Служењето. Сега ќе ти биде чест „да му служиш на Господа, твојот Бог со сето срце и со сета своја душа“ (Повторени закони 10:12). Секогаш имај на ум, дека Бог „нè спаси и нè повика на свет живот“ (2 Тим. 1:9). Светоста нека ти биде апсолутен приоритет; „Божјата волја е да бидете свети“ (1 Солунте 4:3). А потоа, труди се да ги користиш твоите особени дарби во Божјата служба: „Зашто Негово дело сме, создадени во Христос Исус за добри дела“ (Ефешаните 2:10). И, конечно, користи ја секоја можност да им посведочиш на другите: „Оди дома кај своите и раскажи им што ти направи Господ и како ти се смилува!“ (Марко 5:19). Сведочењето на другите за Христос претставува не само обврска на оние кои во Него веруваат, туку и возбудливо искуство! Од сега натаму, труди се да живееш на таков начин што, низ секој дел од твојот живот, „ќе известуваш за совршенствата на Оној, Кој што те повика од темнината, во Својата чудесна светлина!“ (1 Петрово 2:9).

30


Ако преку читањето на оваа книга ја сфати сериозната потреба да веруваш во Господ Исус Христос и сакаш да научиш повеќе за духовните вистини преку проучување на Библијата и друга христијанска литература, обрати се за помош кај издавачот, или на адресата подолу, доколку ја има.

Телефон за контакт: 070 599 585 E-mail адреса: ehcbore@yahoo.com

31

Profile for Bore Blazevski

СУДБИНСКИ ПРАШАЊА  

Прашањата кои се содржани во оваа брошура се најсериозните и нјаважните што еден човек може да си ги постави. А одговорите на нив се неопход...

СУДБИНСКИ ПРАШАЊА  

Прашањата кои се содржани во оваа брошура се најсериозните и нјаважните што еден човек може да си ги постави. А одговорите на нив се неопход...

Advertisement