Page 1

ИНФОРМАТИВЕН БИЛТЕН ЗА МАТИЧНИ КЛЕТКИ

ЈУНИ 2012

МАТИЧНИ КЛЕТКИ-НОВА ЕРА ВО СОВРЕМЕНАТА МЕДИЦИНА

Подобро да ги имате, а никогаш да не ги искористите, отколку да Ви требаат, а да ги немате... Cryo-Save, најголемата европска банка за матични клетки веќе пет години е присутна во Македонија. Би -МЕК, како ексклузивен претставник и партнер на Cryo-Save во Македонија, е особено горд на постигнатите резултати, бидејќи пред само пет години многу малку се знаеше за лекување со матични клетки, а денес постојано се зголемува бројот на семејства кои одлучиле да ги зачуваат.

Над 50 % од родителите во Европа што зачувале матични клетки од своите новороденчиња, довербата ја дале на Cryo-Save

Големо достигнување Матичните клетки од папочната врвца денес успешно се користат за лекување на повеќе од 80 тешки заболувања, како леукемија, различни типови на анемии, автоимуни заболувања, метаболни заболувања и слично. Лекарите од цел свет се едногласни дека лекувањето со матични клетки претставува едно од најголемите медицински достигнувања. Матичните клетки имаат неверојатна способност преку делба да создаваат различни видови ткива. Со оваа способност, матичните клетки играат важна улога во целокупниот развој на бебето и многу се значајни за обновување на оштетените или остарени ткива во понатамошните фази од животот. Нивната моќ на создавање различни видови на специјализирани клетки ги прави единствени и моќни за тераписка примена во медицината. „Горди сме што изминативе години работиме на информирање на јавноста и што достигнавме голем број на македонски семејства

да ги зачуваат матичните клетки во Cryo-Save. Процедурата е едноставна. Сите родители кои очекуваат прино­ва е добро да не контактираат два или три месеци пред породувањето, како би ги добиле сите неопходни информации и да дознаат за различните можности на плаќање. Откако родителите ќе потпишат договор, добиваат сет кој содржи прибор за колекција на крв и ткиво од папочна врвца и кој трудницата го носи со себе на породување“, објаснува д-р Даница Алачка, CryoSave манеџер во Би -МЕК.

Достапни секаде во Р. Македонија Примероци со матични клетки можат да се направат во секое раѓалиште низ Македонија, непосредно по породувањето. За сите досега направени примероци на крв и ткиво од папочна врвца, во сите раѓалишта низ државата, се почитуваат сите процедури и правила за стерилност, што резултира со одличен квалитет на сочуваните матични клетки. „Сакаме да се заблагодариме на стручната јавност, докторите и медицинските сестри во Р.Македонија, за нивната професионалност при извршувањето на целата постапка. На тој начин сите допринесуваме за побезбедна иднина“, потенцира Тања Евросимовска, директор во Би-МЕК.

2007г - Cryo-Save започнува да работи во Македонија преку ексклузивниот претставник Би -МЕК ДОО 2008г - Обучени сите акушери и достапност на услугата во сите раѓалишта низ Македонија 2009г - Би-МЕК доби ИСО серфтификат за квалитет 9001:2008 како сертифициран центар за услуги за криопрезервација на клетки ( Procurement center for cryopreservation Services of cells) 2010г - Отворена канцеларија за матични клетки во клиничка болница Аџибадем Систина 2011г - Oрганизиран Прв симпозиум за регенеративна медицина и матични клетки со интернационално учество под покровителство на Cryo-Save Македонија 2012г- Работењето на компанијата е усогласено со Законот за заштита на лични податоци потврдено од страна на Дирекција за заштита на лични податоци - Во согласност со европските и локалните законски регулативи, добиено е решение за запишување на Cryo-Save сетови во Регистарот на Министерството за здравство на Р. Македонија - Донирани се бесплатни семејни донации за 13 македонски семејства кои имаат член (прво колено) кому му е дијагностицирана болест што може да се третира со матични клетки

1


ДОНАЦИЈА Бесплатно зачувување на матични клетки преку програмата на Cryo-Save

Зачувувањето на матични клетки е спасување живот

С

о цел да им помогне на семејствата од Македонија, кои имаат член (прво колено) кај кого е дијагностицирана болест опасна по живот, а која може да биде третирана со матични клетки, CryoSave веќе трета година работи на Програма за бесплатно семејно зачувување на матични клетки од папочна врвца.

Акредитација за влез во програмата се добива според резултатот од евалуацијата на медицинската документација од страна на стручна комисија при Cryo-Save, Белгија. „Во досегашното работење на CryoSave во Македонија, постојано се стремиме да ја подигнеме свесноста кај луѓето

Разговор со семејства што имаат добиено донација

СЕМЕЈСТВО БОЦЕВСКИ Вие сте меѓу првите семејства што добија бесплатно семејно зачувување на матични клетки. Како дознавте за оваа постапка и каде аплициравте? За програмата за бесплатно семејно зачувување на матични клетки прв пат слушнав на вести на еден од македонските телевизиски канали, каде имаше прилог и на прес конференција беа присутни дел од семејствата кои веќе добиле вакво зачувување, за да потоа на веб страната на Cryo-Save, се информирав за деталите. Што влијаеше за да донесете одлука да аплицирате во програмата за матични клетки? Желбата да обезбедам сигурна иднина за своите деца и не дај боже за случај доколку се потребни матичните клетки, да се чувствуваме сигурни како родители и да ги заштитиме нашите деца. Уште повеќе поради фактот што ова е единствена шанса во животот да сториш нешто убаво за своите деца. Што би им препорачале на идните родители? Топло им препорачувам на сите идни родители да ја иско-

2

Веќе тринаесет македонски семејства добија бесплатно зачувување на матични клетки за потребата од зачувувањето на матични клетки. Cryo-Save Македонија досега има реализирано донации за единаесет семејства со семеен член со сериозно заболување и активно продолжува со хуманитарната програма за зачувување на матични клетки без никаков надомест за семејства на кои третманот со матични клетки навистина може да им помогне“, вели Д-р Даница Алачка, Cryo-Save менаџер. Cryo-Save Македонија започна посета на сите поголеми градови низ нашата земја со цел подигнување на свесноста и информирање на семејствата за програмата за бесплатно семејно зачувување на матични клетки. Иницијативата е подржана од Црвен крст на Р. Македонија, Лулка, здружение за поддршка и едукација на мајки и трудници и Националната фондација за трансплантација.

ристат единствената шанса во животот, за да им обезбедат сигурна иднина на своите деца, да си зачуваат матични клетки, преку Cryo-Save која е исклучително професионална и со долгогодишно искуство, а за односот и приемчивоста на вработените немам зборови со кои би ја искажала својата благодарност и задоволството што имав можност да се запознаам со толку прекрасни професионалци. Ви благодарам бескрајно!

СЕМЕЈСТВО ВЕЛКОВСКИ Зачувувањето на матични клетки е можност што не треба да се пропушти при раѓањето на детето. Кога бев бремена со нашето трето дете, информацијата ја дознав од брат ми. Тој ми кажа дека постои програма за бесплатно зачувување на матични клетки и по консултација со нашата докторка се јавив во Би-МЕК и Cryo-Save. Бевме на листа на чекање и кога дознав дека сме добиле донација , бев најсреќната мајка на светот. Тоа значеше можност плус за нашето семејство. Присуствував и на прес конференцијата што ја организираше Би-МЕК со цел да го пренесам своето искуство и на останатите семејства кои имаат потреба од лекување со матични клетки, да се информираат и да аплицираат во Cryo-Save. Оттогаш на сите идни родители им препорачувам да бидат упорни и да се распрашаат кај своите доктори за постапката, да се информираат бидејќи нема поважно нешто од здравјето на нашите деца. Денеска сум благодарна што имав ваква можност! Раскажува Анета Велковска.


УСПЕШНО ЛЕКУВАЊЕ Случаи на лекувани пациенти со матични клетки ослободени од Cryo-Save

Со матичните клетки од помалото братче спасен животот на поголемото братче

Д

ете со синдром на тешка Т-клеточна (CD8+) имунодефициенција (вроден недостаток на имунитет), беше успешно излекувано со помош на матични клетки од папочна врвца. Трансплантацијата била изведена на Одделот за трансплантација на коскена срцевина, под раководство на Д-р Педро Пиментал, директор на онколошкиот институт во Порто и раководител на одделот за имунохематолошка терапија. Трансплантацијата била изведена во средината на февруари и детето можело да ја напушти болницата по 35 дена строга изолација, на крајот на март 2007 год . Матичните клетки, употребени во третманот, биле добиени од братчето на малиот пациент. Родителите ги зачувале при неговото раѓање, во сет за колекција, обезбеден од Cryo-Save. После обработка матичните клетки од крвта од папочната врвца беа зачувани во семејната банка за матични клетки - Cryo-Save во Белгија. Матичните клетки од папочната врвца на братчето беа употребени по експлицитна медицинска препорака на Д-р Педро Пиментал, токму заради нивната компатибилност и достапност. Oткако претходно беа испитани, во поглед на квалитет и квантитет матичните клетки беа ослободени од чување од страна на Cryo-Save за потребите на лекувањето. „Многу сме среќни што ова дете е излекувано со матичните клетки од неговото братче. За среќа, неговите родители одлучиле да ги зачуваат матичните клетки во семејна банка“, рече Марк Ватершут, директор на Cryo-Save. „Третманите со матични клетки од папочна врвца стануваат се поважни кај различни заболувања, како на пр. леукемии, лимфоми, имунодефициенции итн. Како и да е, се уште е неопходна индивидуална медицинска проценка за секој пациент. При одредени клинички индикации, кога сопствените матични клетки на детето не можат да се искористат, се претпочитаат матичните клетки од братче или сестричка. Овој случај ја нагласува важноста на зачувување на матичните клетки од папочната врвца при раѓањето во семејна банка.

Девојче кое боледува од церебрална парализа лекувано со сопствените матични клетки

П

ред шест години, брачен пар од Португалија, на раѓањето на својата ќерка, одлучил да ги зачува матичните клетки од крвта од папочната врвца во CryoSave. Болното девојче беше лекувано во САД со нејзините зачувани матични клетки. Трансплантацијата на автологни (сопствени) матични клетки, која се користи во низа клинички студии за изнаоѓање на решенија за растечки број на заболувања, претставува медицинско чудо кое веќе преминува во редовна употреба. Одлуката на парот да ги зачува матичните клетки на нивната ќерка, денес може целосно да ѝ го смени животот. Девојчето боледува од неизлечлива болест; церебрална парализа, мозочно заболување кое доведува до голем број на проблеми, вклучувајќи растројства во движењето, тресење на екстремитетите, спастичност, напади или епилепсија, развојни проблеми, проблеми во учењето итн. Децата со церебрална парализа имаат потреба од посебна едукација. Се уште не постои соодветен третман за ова заболување, кое се јавува кај мали деца и само во САД, боледуваат скоро половина милион луѓе.

Успешно излекуван карцином на мозокот со матични клетки од папочна врвца зачувани во Cryo-Save „Ние случајно слушнавме за можноста да ги зачуваме матичните клетки од папочната врвца. Тоа е досега најдобрата наша инвестиција“ - велат родителите на девојчето, излекувано со матични клетки.

Д

евојче од Кадиз (Шпанија) го победи карциномот на мозокот по успешниот третман со сопствени матични клетки од папочна врвца. Д-р Луис Мадеро, Директор на болницата за oнкологија Нино Јесус во Мадрид, ја направил трансплантацијата со матични клетки од папочна врвца кога девојчето имало 2 години. Денеска девојчето има 4 години и живее нормален живот. Девојчето е родено здраво, но во тек на првите две години од живот, ѝ било утврдено дека боледува од редок вид на мозочен карцином, медулобластом. По изведениот хирушки зафат за да се отстрани карциномот, девојчето е лекувано со неколку циклуси на хемотерапија, по што докторот решил да изврши трансплатнација на сопствени матичин клетки зачувани од крвта од папочната врвца на девојчето. Кога Алба, девојчето од Кадиз (Шпанија) се родила, нејзините родители решиле да ги зачуваат матичните клетки од папочната врвца. “Ние сакавме да се осигураме дека Алба ќе може да се потпре на нив во случај на тешка болест” . Две години после раѓањето, кај нејзе била дијагностициран медулобластом, вид на мозочен карцином. Во болницата Нино Јесус во Мадрид, на одделот за онкологија, раководен од Д-р Луис Мадеро, извршена е трансплантација на матични клетки: денес Алба е 4 годишно девојче со нормален живот. Ова е првиот ваков случај во Шпанија, каде што се користени матичните клетки од папочна врвца на пациентот за ваков третман.

3


ИНТЕРВЈУ Д-р Васо Коруноски, специјалист по гинекологија и акушерство

Се грижам за здравјето на секоја трудница Кажете ни нешто повеке за себе и Вашето работно искуство како матичен гинеколог? “Кога во животот би имал можност повторно да земам специјализација ...би го направил истиот избор зошто според мене нема поголема среќа за еден гинеколог од тоа на свет да донесе нов живот…”вели за себе Д-р Васо Коруноски, специјалист по гинекологија и акушерство. После повеќегодишно работно искуство како доктор по општа медицина во 1992 год се запишав на приватна специјализација по гинекологија и акушерство. Во периодот од 1992 до 1996 за време на својата специјализација се стекнав со огромно знаење и работно искуство. Како специјалист по гинекологија и акушерство работев две години во болницата Чаир и од 1998 до денес сум во поликлиниката МВР каде како матичен гинеколог работам во својата ординација

ство на Cryo Save за кој имам само пофални зборови како од едукативна така и од организациска гледна точка. Континуирано ги следам долги години наназад сите нови достигнувања и истражувања во оваа област и со таа цел редовно ги посетувам сите конгреси и семинари надвор од нашата земја, а моето стекнато знаење потоа го пренесувам на моите пациентки со цел да се подигне свесноста на повисоко ниво кај луѓето, а

рана за можноста да зачува матични клетки, за нивното значење и примена во медицината. Особено внимание обрнувам на трудници кај кои во фамилијарната анамнеза веќе постои заболување кое денес може успешно да се лекува со матични клетки. Соработувате со Cryo Save и на професионален план како гинеколог и како родител... Зошто токму Cryo Save?

Од неодамна станавте татко по трет пат. Дали зачувавте матични клетки за Вашето дете? Пред неколку месеци станав татко по трет пат и со мојата сопруга Павлина одлучивме да зачуваме матични клетки за нашето дете, а нашата доверба ја дадовме на Cryo-Save водечката банка за матични клетки во Европа.

ПЗУ Коруноски – МВР и заедно со колешката Д-р Сузана Костовска се грижиме за здравјето на 6000 пациентки.

пред се трудниците за огромното значење на матичните клетки во современата медицина.

Колку темата за матични клетки е актуелна на стручни конгреси и семинари во нашата земја и во светот?

Дали трудниците – вашите пациентки се информирани за можноста да зачуваат матични клетки?

Единствен настан организиран во нашата земја тематски посветен на матичните клетки беше симпозиумот за регенеративна медицина во 2011 под покровител-

Како матичен гинеколог јас се грижам за здравјето на секоја трудница во текот на целата бременост и секоја трудница наша пациентка, е навремено информи-

4

Cryo-Save влева доверба и сигурност ...Фактите зборуваат за професионалноста на институцијата, сепак се работи за првата и најголема банка за матични клетки во Европа со зачуван најголем број на примероци, носител е на сите потребни акредитации што сочуваните примероци ги прави прифатливи за сите акредитирани клинички центри кои пружаат третман со матични клетки, нуди двојно чување на две одделни локации, активно работи на подигање на свеста, развој на медицината и поддршка на семејства кои имаат потреба од терапија на глобално ниво... Токму затоа Cryo-Save е банката каде што зачувавме матични клетки за нашето дете и токму затоа Cryo-Save е препорака за сите мои пациентки.


CRYO-SAVE МАКЕДОНИЈА Снеже Велков - заштитно лице за Cryo-Save Македонија Снеже Велков, која по втор пат стана мајка од декември минатата година е заштитно лице на Cryo-Save Македонија. Што за тебе значи да бидеш дел од Cryo-Save семејството?

Прв симпозиум за матични клетки и регенеративна медицина со интернационално учество Минатата година во Скопје се одржа Првиот интернационален симпозиум за матични клетки и регенеративна медицина со цел подигање на свесноста за корисноста од зачувување на матични клетки и дефинирање на правни рамки за трансплантација во терапијата со матични клетки од папочна врвца

А

ктивно учество на овој симпозиум земаа истакнати странски и домашни експерти, научници и доктори кои работат на развој на нови терапевтски постапки и нивна клиничка примена и истиот го следеа околу 500 македонски доктори. Општ консензус на предавачите беше дека матичните клетки од папочна врвца денес веќе претставуваат стандарден третман за голем број на заболувања и дека листата на нивни потенцијални клинички апликации постојано расте. Затоа и вреди да се зачуваат. Земајќи ја предвид важноста на клеточната и регенеративна медицина за развојот на модерната медицина во Македонија, Националната фондација за трансплантација, Министерството за здравство и Медицинскиот факултет од Скопје, Институтот за имунобиологија и хумана генетика во соработка со Cryo-Save и БиМЕК како генерален спонзор успешно го организираа Првиот симпозиум за матични клетки и регенеративна медицина со интернационално присуство во Скопје. Симпозиумот беше поддржан од Здруженијата на гинеколози, педијатри и хематолози на Македонија.

Од моментот кога дознав дека ќе имам второ дете сакав да зачувам матични клетки, а во пребарувањата каде е најдобро да го направам тоа, патот ме однесе кон Cryo-Save. Сакав да бидам дел од една убава приказна, да бидам дел од едно големо семејство на спокојни родители кои зачувале матични клетки и секако да допринесам тоа семејство да се зголеми уште повеќе. Зачувувањето на матични клетки го споредуваш со чување на апче за глава. Како ја објаснуваш оваа споредба? Споредбата ја направив бидејќи навистина верувам дека е така. Кога ќе тргнеме на некое убаво патување, на одмор на пример, не ни помислуваме ниту пак посакуваме да ни се случи ништо лошо, нели? Ама сепак таму некаде во некој несесер чуваме по некое апче за глава -за “Не дај Боже”, така ги сфаќам и матичните клетки. Ако животот на нашето малечко е едно убаво патување, тогаш зачувувањето на матичните клетки во „несесерот“ на Cryo-Save е за „Не дај Боже“. Затоа и ги советувам сите мајkи и родители: Зачувајте матични клетки бидејќи не знаеме што сé животот може да ни сервира нам и на нашите деца. Ќе повторам, нека ги има за „Не дај Боже!“ зашто не постои поважно нешто од здравјето на нашето дете и не постои посреќна мајка од мајката чие дете е здраво.

5


СВЕТСКА МЕДИЦИНА Интервју

Д-р Мендух Јегени, директор на Специјалната болница за гинекологија Чаир Д-р Јегени, кој е Вашиот став за новите методи на современата медицина за лекување со матични клетки? Мојот став, а се надевам и на повеќето мои колеги во врска со новите методи на современата медицина, посебно иновативните третмани за лекување со матични клетки е исклучително позитивен. Особено радува фактот што интензивно се работи во делот на откривање нови третмани за лекување на сериозни болести за кои досега современата медицина немала вистинско решение. Навистина се фасцинантни почетните резултати од новите истражувања во полето на регенеративната медицина за обнова на ткива и органи за кои слушаме на конгресите во странство и кои ветуваат третман на многу водечки патолошки состојби на современото општество од типот на диабет, невролошки и срцеви заболувања во блиска иднина. Kои се Вашите досегашни искуства во однос на колекција на крв и ткиво од папочна врвца? Нашата болница е меѓу првите што потпишаа договор за соработка за регулирање на оваа услуга. Со оглед на тоа што

се работи за биолошки материјал, се почитуваат сите правни и стручни процедури при спроведувањето на оваа постапка. Прибирањето на материјал за понатамошна изолација на матични клетки се изведува рутински во последниве неколку години. Се работи за многу едноставна процедура која се одвива непосредно после пораѓањето и целосно е безболна и безбедна за мајката и детето. Со оглед на сè поголемиот интерес кај идните родители за оваа можност, фрекфенцијата на изведени колекции во болницата постојано се зголемува и претставува дел од секојдневната работа на нашиот акушерски тим. Каква е Вашата препорака за сите идни родители во поглед на зачувувањето на матичните клетки? Моја препорака за сите семејства е ако имаат можност, да зачуваат матични клетки од своето новородече. Ова посебно се однесува на семејства кои во потесниот круг имаат позитивна анамнеза за заболување за кое третманот со матични клетки би можело да даде добри резултати. Глобална интенција на современото здравство е акцентот да се стави на превенција на здравјето, а зачувувањето на матични клетки е токму тоа.

5-ти симпозиум на ITERA-Life Sciences конзорциумот 29. 11. 2011

Најнови резултати за употреба на матичните клетки во регенеративната медицина

М

атични клетки: од базични истражувања до ветувачки терапевтски апликации и фасцинантни теми од областа на ткивното инжењерство ITERA (Интернационална асоцијација за ткивно инжењерство и истражување) Life-Sciences форумот е интернационален форум на научници специјализирани во матични клетки, ткивно инжењерство и регенеративна медицина. Интернационалниот борд на ITERA LifeSciences форумот се состои од научници и доктори од универзитети, универзитетски болници, истражувачки институти и институти за матични клетки и биотехнолошки компании. Годишната интернационална работилница на ITERA Life-Sciences форумот е посветена на најновите откритија во истражувањата со матични клетки. Повеќе од 100 членови од целиот свет присуствуваа на 5-тиот симпозиум на ITERA-Life Sciences конзорциумот, одржан во Мастрихт, Холандија. Интернационално признати научници како и претставници од клиники, лаборатории и биоетички асоцијации ги дискутираа последните резултати и напредокот во областа на регенеративната медицина. Oколу 30 научни презентации и конструктивни дискусии обработуваа теми како клеточна и регенеративна медицина, ткивно инжењерство, биоматеријали и молекуларни основи.

6

Учесниците имаа уникатна можност да слушнат многу интересни пристапи и да се информираат за нивните идни истражувачки активности. Три членови на ITERA добија признанија за нивниот допринос за развојот на научното и клиничкото знаење во полето на регенеративната медицина. Една од наградените, Проф. д-р Елиан Глукман од Париз, која ја извела првата транс­ планатација на матични клетки од крв од папочна врвца пред повеќе од 20 години, дискутираше за рационалноста за зачувување на крв од папочна врвца во банки за таа намена и за сериозните предности на крвта од папочна врвца споредено со несроден трансплантат на коскена срж. Генерално, 5-тиот симпозиум на ITERA-Life Sciences конзорциумот беше оценет како навистина успешен и ветувачки и уште еднаш го потврди интересот на индустријата за развој на регенеративна медицина и нејзин трансфер во клиничка практика. Преку канцеларијата на Би-МЕК, локалниот претставник на Cryo-Save за Македонија, секој заинтересиран доктор или институција може да аплицира за членство во ITERA и да се вклучи во тековните проекти на оваа научно-истражувачка асоцијација. (www.itera-ls.org)


И ЈАС ЗАЧУВАВ Семејство Велков И јас зачував во Cryo-Save. Затоа што матичните клетки се здравје, а зарем има нешто повредно од здравјето на нашите деца? За мене и моето семејство Сryo-Save е вистинската банка за матични клетки, со долга традиција, банка во која зачуваа моите пријатели, доволно за да ја освои мојата доверба. Ја имам честа да бидам заштитно лице на банка која на крајот на минатата година успешно го зачува 200.000 примерок на матични клетки. Неверојатно!

Семејство Јовановиќ Нема цена за здравјето на сопственото дете. Може еден ден ќе имате повеќе пари, но ќе го немате она што на детето му давало живот и го поврзувало со мајката, папочната врвца. Токму затоа јас и мојот сопруг решивме да инвестираме во иднината на здравјето на нашата ќерка. Многумина ќе речат но колку е вистина, јас ќе одговорам дека секој ден читаме за барање на донори на матични клетки за да се спаси нечиј живот. Иако пораѓањето беше три недели порано, вработените од Cryo-Save се потрудија на време да дојдат и да одговорат на повикот. Брзината, точноста во Cryo-Save се она што се потребни во моментот на раѓањето на бебето.

Првото семејство што зачува матични клетки со Cryo-Save преку Би-МЕК

Семејство Михајлоски „Кога се роди нашиот прв син Дамјан во 2002 година за жал оваа процедура воопшто не беше позната кај нас, ниту некој го спомнуваше како потенцијал. Кога прв пат дознав за оваа можност во 2007 година, бев загрижена и ми беше криво како мајка зошто тоа не било можно и за моето прво дете, меѓутоа уште тогаш одлучив, независно дали ќе можам финансиски или не, секако ќе направам напор за моето второ дете да ги зачувам матичните клетки. Крвното сродство дава

Семејство Ќурчиеви Вие сте првото семејство што пред пет години одлучи да зачува матични клетки во Cryo-Save преку Би МЕК. Како дознавте за оваа постапка кога многу малку се знаеше за матични клетки во Македонија? - При една на­ ша посета во Америка, ги добивме првите информации за оваа постапка. Бидејќи сум меди­цинско лице, имав потреба да истра­жувам малку повеќе за Cryo-Save на интернет. При мојатата прва бременост (во 2005 г.) се уште не постоеше фирма која може да го организира транспортот и целата процедура, но тоа веќе беше променето во 2007г. кога стапив во контакт со Би- МЕК. Што влијаеше за да донесете одлука за зачувување на матичните клетки? -Одлуката ја донесовме многу брзо затоа што постапката за зачувување на матични клетки претставува важна инвестиција за во иднина, со желба никогаш да не ни притреба, ама пожелно е да се има. Што денеска би им препорачале на идните родители? -Бидејќи науката оди напред, се добиваат нови сознанија за матичните клетки, па на секое семејство би им препорачала да инвестираат во здравјето како најголема инвестиција и да ги зачуваат матичните клетки од своето новороденче.

огромен потенцијал, така што практично матичните клетки може да се искористат во кругот на семејството. Флексибилноста на плаќањето овозможува многу семејства да сочуваат. Секој родител треба да ја избере најсигурната oпција за своите деца бидејќи здравјето нема цена. “

Став од верски заедници Ниту една од трите водечки монотеистички религии, православна, римокатоличка и исламот не се против употребата на матични клетки, напротив поддржуваат земање и чување на матични клетки од папочна врвца со цел за лекување. „Доколку матичните клетки се користат за едно лице, а со тоа не се прави штета на друг, тогаш нема никаква препрека за нивно користење“ (извадок од фетва од Саудиска Арабија)

7


СЕМЕЈНА БАНКА

Зoшто чување во семејни банки Матичните клетки од крвта и ткивото на папочната врвца претставуваат сигурност за целото семејство а не само за бебето од кое се земени. Тие можат да се користат за мајка, татко, братче или сестричка на бебето од кое се земени. Матичните клетки кои се чуваат во семејните банки се генетски уникатни како за детето така и за неговото семејство и овозможуваат успешна трансплантација помеѓу биолошки поврзаните сродници. Матичните клетки кои се чуваат во семејните банки припаѓаат на одредено семејство и како такви не се достапни за јавноста и неможат да се користат без согласност на оној на кој му припаѓаат.

За матичните клетки Крвта и ткивото на папочната врвца содржат матични клетки кои имаат неколку важни карактеристики вклучувајќи и еднаква или поголема концентрација на матични клетки споредено со коскената срцевина. За матичните клетки од крвта и ткивото на папочната врвца се вели дека се семоќни бидејки можат да се трансформираат во повеќе различни видови на клетки вклучувајки ги и нервните, црнодробните клетки и крвни елементи. Земајќи во обзир дека папочната врвца е најдобар извор на матични клетки, клетки кои генетски се единствени, родителите сега имаат можност да ги зачуваат матичните клетки од крвта и ткивото на папочната врвца и истите во случај на потреба подоцна во животот да ги употребат за терапија. - Се проценува дека во иднина секое трето лице може да има корист од лекување со помош на регенеративна медицина. -Матичните клетки од крвта и ткивото на папочната врвца се употребуваат во лекување на различни болести вклучувајки ги и кардиоваскуларните,

8

ортопедски, очни, невролошки и ендокринолошки.

Генетски болести Ширум светот постојат голем број студии врзани за генетските болести така што во блиска иднина можеме да очекуваме резултати и во оваа област. Една од можните терапии каде се користат автологни клетки кај деца со генетска болест е таканаречената генска терапија каде матичните клетки се корис­ тат за испорака на корективни генски елементи. Генската терапија е се уште во експериментална фаза.

Одредени карциноми Матичните клетки имаат широка примена во малигни заболувања на крвта од типот на леукемии. Во случаи кога неможат да се користат автологни матични клетки, најдобар алтернативен избор е крв од папочна врвца на брат или сестра, што е една од главните причини зошто е важно да се сочува крв од папочна врвца од секое дете во семејството.

Автологна употреба Секоја година се изведуваат над илјада трансплантации на автологни матични клетки (користење на сопствени матични клетки). Автологни трансплантации се изведуваат кај Hodgkinov лимфом, Non-Hodgkin лимфом, миелом, Ewingov сарком, неуробластом, мултиплекс склероза, реуматоиден артритис, тумори на мозок и други солидни тумори, како и во регенеративни цели. Матичните клетки од папочната врвца покажуваат значаен потенцијал во лекување на состојби за кои денес нема лек, на пример за јувенилен дијабетес и повреди на мозок. Во регенеративната медицина потребно е да се користи сопствена крв од папочна врвца. Со оглед на тоа дека интересот за регенеративна медицина се повеќе расте, со тоа расте и веројатноста дека детето во иднина ќе може да ги користи сопствените матични клетки. Националната научна академија во САД проценува дека секој трет човек во САД (128 милиони луѓе) ќе има корист од примена на регенеративната медицина во иднина.


Зошто да го одберете Cryo-Save? Д а претпоставиме дека чекате бебе, знаете за потенцијалот на матичните клетки и сакате да зачувате матични клетки од крвта и ткивото на папочната врвца. Постојат многу банки и Вие се прашувате кои се клучните фактори кои треба да ги земете во предвид за да го направите вистинскиот избор. Составивме листа на критериуми која можеби ќе сакате да ја разгледате.

ски стандард GMP (good manufacturing practice) и акредитација од AABB (меѓуна­ родна непрофитна организација за трансплантација и клеточна терапија). Тоа значи дека доколку Вашето дете има потреба од сопствените матични клетки, секоја болница во светот ќе го прифати нашиот примерок бидејки знаат дека е безбеден за употреба.

Што треба да прашате пред да донесете одлука за зачувување на матичните клетки на Вашето бебе? 1. Дали банката за матични клетки е акредитирана од надлежните власти? 2. Дали банката соработува со сите клинички акредитирани центри кои овозможуваат лекување со матични клетки ? 3. Дали банката има искуство со повлечени примероци за лекување и дали истите биле прифатени од агенцијата за трансплантација ? 4. Што предвидува банката во случај да престане да функционира? 5. Дали цената на услугата за земање, обработка и чување на примерокот е логична? 6. Што се случува ако примерокот е инфективен или ако количината на примерокот е недоволна?

Стабилен партнер во Македонија Би-МЕК е долгогодишен партнер на Cryo-Save во Македонија. Со имплементи­ рање на стандардот за квалитет ISO 9001:2008 и со својот стручен тим од лекари, Би -МЕК е единствено сертифицирано претставништво како Центар за услуги за криопрезервација на матични клетки во Македонија. Сите процеси во однос на зачувување на матични клетки се според систем на процедури и правила во работењето со кои се контролираат активностите, а потребите на клиентите се доследно следени.

Квалитет

Ја имаме таа чест да бидеме меѓу неколкуте високо акредитирани приватни банки ширум светот. Cryo-Save е официјално акредитирана од страна на најпризнатите агенции и агенции со најстроги барања како што се: ISO, FAAG (акредитација од белгиската влада), Licensed Tissue Establishment (Холандско Министерство за здравство), Swissmedic (швајцарска владина агенција за терапевтски производи), највисокиот медицин-

и искуство. На нашата интернет страница можете да ги погледнете нивните биографии (www.cryo-save.com).

Доверба До денес повеќе од 200.000 клиенти, што всушност е повеќе од 50% удел во пазарот во Европа, се одлучиле да ги зачуваат своите примероци со нас. Најдобар показател за нивното задоволство се бројните препораки за нас и повратните информации кои ги следиме.

Избор Ние нудиме услуги кои се научно докажани. Нашите услуги се зачувување на матични клетки од крвта и ткивото на папочната врвца како и зачувување на матични клетки од масно ткиво. Значи на располагање Ви се различни опции на чување на матични клетки.

Истражување Cryo-Save дава свој придонес во унапредувањето на истражувањата кои работат на пронаоѓање нови начини на

Стабилност Cryo-Save е финансиски стабилна компанија. Овој факт може секој да го потврди бидејќи се наоѓаме на јавната листа на Еуронекст (холандска берза). Дополнителна сигурност Ви дава и фактот дека сме прва и најголема банка во Европа.

Искуство Оваа година Cryo-Save прославува 11ти роденден! Целото стекнатото искуство и стручност на нашата компанија, кое почива на цврсти темели, е во служба на Вашата благосостојба. Досега повеќе од дваесет семејства ги имаат повлечено своите примероци зачувани во Cryo-Save за лекување на тешки заболувања, а децата се излекувани од различни болести, почнувајќи од медулобластом, тумор на мозок до детска парализа.

Експертиза

Научниот и медицинскиот одбор како и советодавното тело на Cryo-Save e составено од најпознати светски експерти со различно клиничко и медицинско знаење

лекување со помош на матични клетки за фатални или онеспособувачки болести како што е церебрална парализа. Ги финансираме некои од најдобрите истражувања како штo се CRYSTAL проектот, поддржан од страна на EU и Hyperlab конзорциумот. Сето оваа го правиме заради тоа што нашата мисија е зачувување на здравјето на клиентите. Да се информирате пошироко, погледнете ја нашата веб страна (www.cryo-save.com).

Двојно чување Сигурноста е поголема кога се чуваат два примерока, особено сега кога науката овозможи размножување на матичните клетки од Вашиот примерок. Замисла-

9


СЕМЕЈНА БАНКА та е, доколку се случи едниот примерок да биде уништен или искористен, бројот на матичните клетки од другиот примерок би можел да се зголеми до доволен број на матични клетки за медицинска употреба.

Бесплатна семејна донација

При породувањето Ви се укажува единствена можност да ги зачувате матичните клетки од крвта и ткивото на папочната врвца на Вашето дете. Зачувајте ги кај најдобрите. Cryo-Save водечка европска банка за матични клетки која повеќе од 11 години успешно работи на полето на зачувување на матични клетки.

Cryo-Save е единствена банка за матични клетки во Европа која има Програма за бесплатна семејна донација (CFDP, Cost-free Family Donation Program), Оваа програма се однесува на семејства кои очекуваат принова, а веќе имаат член кој боледувал или боледува од заболување кое успешно се третира со матични клетки. До сега Cryo-Save има одобрено бесплатно чување на матични клетки за 13 семејства од Македонија за лекување на постар брат или сестра или родители кои боледуваат од некое тешко заболување кое може да се лекува со матични клетки. На овој начин покрај хуманоста и општествената одговорност, се праќа порака дека матичните клетки зачувани во CryoSave се прифатливи за сите клиники ширум светот и дека лекувањето со матични клетки е реалност.

те им дава целосен генетски профил врз чија основа може да се дојде до заклучок дали до генската мутација која ја предизвикала болеста (АЛЛ) дошло после формирањето на јајце клетката, пред раѓањето или слично. Овие податоци се од големо значење и имаат голем придонес при одредување на најсоодветното хемотераписко лекување на пациентот. Тоа значи дека таквата хе­ мотерапија е прецизна, целна, персонализирана и со што помалку несакани дејства. Како што можете да согледате, дури и во случај кога автологна употреба на зачуваните семејни примероци не е прв избор на терапија, одлуката да зачувате матични клетки за Вашето семејство Ви отвара можност да го сочувате животот.

Блиску до Вас Cryo-Save e единствена банка во Европа која има неколку лаборатории со цел нашите услуги да Ви бидат поблиски и подостапни. Нашата централна лабораторија и објект за чување на матични клетки се на­ оѓа во срцето на европскиот континент, Белгија, во градот Ниел. Дури и во случај на временски неприлики кога авио сообраќајот е недостапен, релативно лесно се органзира алтернативен транспорт на нашите примероци до Белгија. За клиентите од средниот исток изграден е објект за чување на примероци во Дубаи. Клиентите од субконтиненталниот дел на Индија можат да ги чуваат нивните примероци во нашиот објект во Бангалор, Индија. Наша лабараторија постои и во Јужно Афикансканската Република CryoSave од неодамна ги прошири своите активности и во САД. Наши претставништва се отворени во повеќе од 43 земји и нашите локални тимови се грижат за Вашите потреби.

Одложено плаќање на рати

Cryo-Save нуди опција за плаќање на услугите на три или шест месечни рати во зависност од видот на пакетот. Би –МЕК

10

Современа практика на трансплантација во соработка со комерцијалните банки овозможи одложено плаќање на подолг период од 36 или 72 рати преку наменски кредити за матични клетки на комерцијалните банки : Алфа Банка, НЛБ Тутунска банка, Поштенска банка, ТТК банка, Уни Банка, Охридска банка, Шпаркасе и други банки. Платете еднаш, а чувајте ги матичните клетки за цел живот.

Животна шанса Зачувувањето на матични клетки за семејството, во овој случај Ви нуди фантастична можност да го сочувате животот. Лекарите кои учествуваат во лекувањето можат да стапат во контакт со клиничкиот тим на експерти од водечката европска банка за матични клетки Cryo-Save во секое време и може да се направи посебен молекуларен генетски тест на мал одделно сочуван примерок од матичните клетки. Самото тестирање е брзо и на лекари-

До денес, веќе се направени повеќе од 20 000 трансплантации со матични клетки од папочна врвца во светот за повеќе од 80 болести на крвта и болести поврзани со крвта. Иако некогаш крвта од папочната врвца се сметала за алтернативен извор на матични клетки за трансплантација, експертите од оваа област со тек на време почнаа се повеќе да го прифаќаат и употребуваат овој извор и денес често се смета за терапија од прв ред. За педијатрите од САД крвта од папочната врвца претставува најчест извор за трансплантација на хематопоетски матични клетки. Традиционалната трансплантација на коскена срцевина сега се заменува со трансплантација на крв од папочната врвца. Според претпоставките на Националната програма за донирање на коскена срцевина, овој тренд и во иднина постепено ќе се зголемува и до 2015 год се претпоставува дека ќе се вршат повеќе од 10 000 трансплантации годишно.


ЛИСТА ЗА БОЛЕСТИ ЗАБОЛУВАЊА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ТРЕТИРААТ СО МАТИЧНИ КЛЕТКИ СТАНДАРДНИ ТЕРАПИИ Акутна леукемија • Акутна лимфобластна леукемија (ALL) • Акутна миелогена леукемија (AML) • Акутна бифенотипна леукемија • Акутна недиференцирана леукемија Хронична леукемија • Хронична миелогена леукемија (CML)Хронична лимфоцитна леукемија (CLL) • Јувенилна хронична миелогена леукемија (JCML) • Јувенилна миеломоноцитна леукемија (JMML) Миелодиспластични синдроми • Рефрактерна анемија (RA) • Рефрактерна анемија со прстенести сидеробласти (RARS) • Рефрактерна анемија со прекубројни бласти (RAEB) • Рефрактерна анемија со прекубројни бласти во трансформација (RAEB-T) • Хронична миеломоноцитна леукемија (CMM) Лимфоми • Hodgkin-ова болест • Non-Hodgkin-ов лимфом и Burkitt-ов лимфом Наследни абнормалности на црвени крвни клетки • Бета таласемија мајор • Blackfan-Diamond-ова анемија • Аплазија на црвени крвни елементи • Српеста анемија Останати заболувања на клеточна пролиферација • Анемии • Апластична анемија • Конгенитална дисеритропоетична анемија • Фанкониева анемија • Пароксизмална ноќна хемоглобинурија (PNH) • Аплазија на црвени крвни елементи Наследни абнормалности на тромбоцити • Амегакариоцитоза • Конгенитална тромбоцитопенија • Glanzmann-ова тромбастенија Миелопролиферативни пореметувања • Акутна миелофиброза • Полицитемија вера • Есенцијална тромбоцитопенија Наследни пореметувања на имуниот систем • Комбинирана тешка имунодефициенција (SCID) • SCID со дефицит на аденозин дезаминаза (ADA - SCID) • SCID поврзан со X хромозом • SCID со одсуство T и B клетки • SCID со одсуство на T клетки и нормал-

ни B клетки • Omenn-ов синдром Наследни пореметувања на имуниот систем • Неутропенија • Kostmanov синдром • Мијелокатеза Останати пореметувања на имуниот систем • Атаксија-Телеангиектазија • Синдром на оголени лимфоцити • Општа варијабилна имунодефициенција • DiGeorge синдром • Дефицит на адхезија на леукоцити • Лимфопролиферативни пореметувања (LPD) • Лимфопролиферативно пореметување поврзано со X хромозом • Wiskott-Aldrich синдром Пореметување на фагоцити • Chediak-Higashi синдром • Хронична грануломатоза • Дефициенција на актин кај неутрофили • Ретикуларна дисгенеза Рак на коскена срж • Мултипли миелом • Леукемија на плазма клетки • Waldenstrom макроглобулинемија Останати видови рак (кои не се врзани со крвниот систем) • Неуробластом • Ретинобластом Трансплантати за наследни пореметувања кои влијаат на имуниот систем и други органи • Хипоплазија на рскавица • Gunter-ова болест (Еритропоетична порфирија) • Hermansky-Pudlak синдром • Pearson синдром • Schwachman-Diamond синдром • Системска мастоцитоза Трансплантат за наследни метаболни пореметувања • Мукополисахаридоза (MPS) • Hurler-ов синдром (MPS-IH) • Scheie-ов синдром (MPS-IS) • Hunter-ов синдром (MPS-II) • Sanfilippo-ов синдром (MPS-III) • Morquio-ов синдром (MPS-IV) • Maroteaux-Lamy-ов синдром (MPS-VI) • Sly-ов синдром, дефицит на бета глуко­ уронидаза (MPS-VII) • Муколипидоза II Леукодистрофични пореметувања • Адренолеукодистрофија (ALD) / • Адреномиелонеуропатија (AMN) • Krabbov-а болест (леукодистрофија на глобоидни клетки) • Метахроматска леукодистрофија • Pelizaeus-Merzbasher-ова болест

Заболувања на лизозоми • Gaucherov-а болест • Niemann-Pickov-а болест • Tay-Sachs-ова болест • Wolman-ова болест • Sandhof-ова болест Останати наследни пореметувања • Lesh-Nyhan синдром • Остеопетроза ТЕРАПИИ ВО КЛИНИЧКИ РАЗВОЈ Авто-имуни болести • Kron-ова болест • Дијабетес, тип I • Лупус Регенерација на нервен систем • Церебрална парализа, Хипоксија, Енцефалопатија (АВТОлогна) • Мултипла Склероза (MS) • Повреди на рбетен мозок (SCI -Spinal Cord Injury) (АЛОгена) • Трауматска повреда на мозок (АВТО логна) Пореметување во пролиферација на клетки или метаболизам • Цистична фиброза: истражувања во Австралија • Пореметување на хистиоцити • Семејна еритрофагоцитна лимфохистиоцитоза • Хемофагоцитоза • Хистиоцитоза на Лангерхансови клетки (LCH или хистиоцитоза - X) • Epidermolysis Bullosa Генска терапија Трансплантација на автологни матични клетки кај пациенти после генетска модификација: • Glanzmann-ова тромбастенија • Тешка комбинирана имунодефициенција (SCID) • SCID со дефицит на аденозин дезаминаза (ADA-SCID) • SCID поврзан со X хромозом • Beta - Таласемија • Wiskot-Aldrich синдром Кардио терапија • Инфаркт терапија • Ангина • Кардиомиопатија: 2010, прва фаза на клиничко лекување со алогени матични клетки од крв од папочна врвца Трансплантат за карциноми • Рак на дојка • Ewing-ов сарком • Карцином на бубрежни клетки Обновување на органи • Обновување на вид со нова рожница • Обовување на вид со лечење на макуларна дегенерација

11


КОНТАКТ СРЕЌЕН 5-ти РОДЕНДЕН НА CRYO-SAVE ВО МАКЕДОНИЈА

5 чекори до сигурна и здрава иднина со Cryo-Save Контактирајте го Би-МЕК, првото претставништво во Р. Македонија за банка за матични клетки кој со својот стручен тим од лекари ќе Ви овозможи да дознаете повеќе за услугите за зачувување на матични клетки.

Одберете услуга Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете: чување на матични клетки од крв од папочна врвца (CryoCord) и чување на матични клетки од крв и ткиво од папочна врвца (CryoCord+). Разликата во цената е мала, но во значењето е голема. Матичните клетки од крв од папочна врвца се користат за лекување на крвно сродни заболувања како што се леукемија, различни видови анемии, додека во ткивото на папочната врвца се наоѓаат посебни, мезенхимални матични клетки кои се употребуваат за лекување на оштетени ткива и органи (нервно ткиво, мускулно ткиво, р'скавица, црн дроб).

Земете сет за колекција на примерокот Откако сте се одлучиле за услугата и сте уплатиле за Cryo-Save пакет, Би-МЕК ќе Ви достави специјален сет за колекција во кој се наоѓа потребниот материјал за земање на примерокот, како што се стерилна кеса за колекција и транспорт, стерилни марамчиња, контејнер за фрагмент од папочна врвца и др. Сетот го носите со себе на породување во било кое раѓалиште во Македонија и го предавате на докторот што ќе Ве пораѓа. Сите доктори се запознаени со процедурата и целосно обучени за постапката, а повеќе од 1500 успешно направените колекции од скоро сите раѓалишта низ Македонија, се гаранција за професионалниот пристап на медицинскиот персонал. Најважно е да се знае дека земањето на примерокот е едноставна процедура без ризик по здравјето на мајката или бебето.

Јавете се во Би-МЕК за да го земеме примерокот Веднаш по породувањето информирајте не на дежурниот телефон 071389717 и веднаш доаѓаме да го земеме примерокот во било кое раѓалиште, а потоа oрганизираме транспорт до лабораториите на Cryo-Save во Белгија. Во најголем број од случаите, примероците стигнуваат во Белгија во рок од 24 часа (но секогаш во рамки на дозволениот безбеден временски интервал од 48 часа), а лабораторискиот извештај најдоцна во рок од десет дена. Матичните клетки се чуваат со посебна метода на криопрезервација, која подразбира употреба на течен азот и температура од -196 C.

Сертификат за успешно зачувани матични клетки Сертификатотот за успешно зачувани матични клетки кој се води на име на детето, Cryo-Save го доставува на родителите после целосна исплата на финансиските трошоци за услугата. Со овој сертификат се гарантира чувањето на матичните клетки во согласност со највисоките стандарди и достапни технологии и секое семејство го има како доказ за сопственоста на материјалот. Работењето на Cryo-Save се базира на концептот на семејно зачувување бидејќи само еден примерок може да значи заштита за целотo семејство.

Канцеларија на Би-МЕК ДОО ул. Димитрије Туцовиќ бр.22 1000 Скопје тел.02 3296990 моб. 071389717 email: info@bimek.com.mk www.bimek.com.mk

12

Cryo-Save AG Churerstrasse 65 B 8808 Pfaffikon SZ Switzerland tel. +4155 555 02 56 email: int@cryo-save.com www.cryo-save.com

Maticni kletki  

procitajte poveke za maticni kletki i procedurata za nivno zacuvuvanje vo prviot bilten na BiMEK i Cryo-Save