Page 1

Година 16 | бр.125

Тема на бројот:

Електронски отпад

Волонтерите започнаа со волонтирање во Зоо Скопје Тест: Колку имаш познавања за електронскиот отпад?

Балканска мрежа за застапување при управување со електронски отпад


Тема на бројот Електронски отпад

Година 16 | бр.125

Импресум:

Ја гледате скратена верзија од списанието „Екологија и одржлив развој“ бр.125. Целосното списание го имаат членовите на Биди Зелен Клубовите. Доколку и вие сакате да го имате списанието и да бидете дел од зелената мрежа, контактирајте не на info@bidizelen.org

Година 16 | бр.124

Здружемие на граѓани за заштита на животната средина и одржлив развој - Гоу Грин Скопје

Содржина:

Списание Екологија и одржлив развој Јануари, 2011; Година 16; бр.125

страна 4 и 5 Зелена технологија Факти и бројки

Уредува: Главен уредник: Свето Стефановски stefanoski.svetomir@gmail.com Уредник: Ива Јовановиќ iva@bidizelen.org Редакциски Колегиум: Борис Манев, Фране Јовановски, Мартина Тевчева, Антонио Јовановски, Димитар Попов, Марко Соколовски, Никола Дојчиновски, Александар Танушевски

страна 8 и 9 Зелена twitter заедница страна 14 Балканска мрежа за застапување при управување со електронски отпад страна 10 Зоо страна

Зоолошка градина - Скопје фотографија: Фране Јовановски Графички дизајн и подготовка: Ива Јовановиќ iva@bidizelen.org

страна 27 Градски оази www.bidizelen.org


Od Зелена twitter заедница

Во последно време особена важна комуникациска и маркетинг алатка се социјалните медиуми. Големите компании но и организации во светот а и кај нас ги користат овие медиуми за да ја дисперзираат својата порака до што поголем аудиториум. Користењето на twitter, Face Book и други социјални медиуми на организациите им овозможува да стигнат полесно и побрзо до своите таргет групи. Како растечки тренд на употреба на овие алатки т.е социјалните медиуми се забележува кај Зеленените организации кои се едни и од најревносните пласирачи на информации на своите профили. Подолу издвојуваме 5 забележителни организации во светот кои имаат свој twitter профил и на кратко резимираме за што најчесто твитаат тие.

На 26ти Февруари во ГЕМ Клубот се одржа тренинг-работилница за членовите на Биди Зелен Клубовите во Скопје, кој претставува продолжение на тренинзите кои се одржуваат во Тетово, Куманово и Велес. Целта на тренингот беше личен развој и евалуација на личните вредности, како и формирање и организирање на тимовите од секоја област. Тренингот беше од особена важност за членовите да се запознаат подобро себеси и да размислат повеќе околу концептот “вредност” и што тоа значи за нив, како и да поразговараат околу активностите кои следуваат во следните месеци. Биди Зелен Клубовите се суштински дел од стратегискиот приоритет на Гоу Грин за развивање на неформално еколошко образование и активно вклучување на младите луѓе во општеството. Мрежата на БЗ Клубовите е присутна во Скопје, Куманово, Велес, Тетово и Штип и брои вкупно 14 средни училишта и 4 иницијативни групи во формирање. Целта на мрежата е да се создадат млади агенти на позитивна промена кои заедно ќе се активираат, учат и развиваат карактеристики за одржлив развој (личен и колективен) Наредниот месец ќе се одржи втората тренинг работилница на Биди Зелен Клубовите во Скопје, на кој а ќе присуствуваат тим лидерите од сите Биди Зелен Клубови од Македонија. На оваа работилница ќе се разговара на темата “Одржлива енергија и што значи тоа?“, а потоа ќе се разговараат и локалните иницијативи кои ќе бидат предложени од БЗКлубовите, со цел да се дефинираат и да се почне подготовка и конкретна работа. Во наредниот број повеќе ќе може да се информирате околу агендата со настани кои ќе се одржат по повод Европската недела на одржлива енергија.

Како продолжение од минатото издание ги објавуваме стратегиски области на Гоу Грин до 2013та (области на дејствување): Стратегиска област I – Развивање на неформално еколошко образование и активирање на младите во општествениот живот. Стратегиска област II – Инфраструктурни проекти за заштита на животната средина и намалување на последиците од климатските промени Стратегиска област III – Поттикнување на дигитално учење


ФЕБРУАРИ 2011

пон

вто

сре

чет

пет

саб

нед

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

Зелени забелешки за Фебруари:


Што со старите електронски и електрични уреди?

Дали го купивте најновиот модел на мобилен, лаптоп, конзола за игри, иако старите сè уште беа функционални и сосема доволни за вашите потреби?

ГРАДСКИ ОАЗИ

И К С Д ГРА ОАЗИ Многумина од нас посакуваат да го имаат најновиот и најмодерен уред, без притоа размислувајќи што да правиме со стариот. Во многу случаи заменетиот уред е сè уште функционален и (неправилно) завршува во канта со останатиот отпад. Токму овој вид отпад, односно несоодветно фрлените електронски уреди и делови, накратко именувани е-отпад (електронски и електричен отпад), претставуваат опасност за животната средина и здравјето на луѓето бидејќи содржат токсични елементи кои се шират преку почвата, подземните и површинските води, како и низ воздухот преку чадот од депониите. Е-отпад е генерички термин кој се користи за да се опишат различни стари, нефункционални или заменети уреди, кои содржат компоненти напојувани на струја. Тој вклучува голем број на уреди, не само оние поврзани на електричната мрежа, но и оние кои користат батерии и соларни панели како напојување.

Оваа категорија вклучува од уреди за домаќинството, како фрижидери и тостери, до ИКТ опрема, како лаптопи и паметни телефони, уреди за широка употреба, како телевизори и МП3 плеери, до уреди како електрични бормашини и машини за шиење и списокот продолжува. Дефиниција која се користи за дефинирање на терминот е-отпад е наведена во легислативата на Европската Унија, Директива за отпадна електрична и електронска опрема (Waste Electric and Electronic Equipment - WEEE), која содржи и детална табела со категориите на еотпад. Оваа директива има за цел да промовира повторна употреба, рециклирање и други форми на обнова со цел да се намали количеството на отпад кој се генерира од електричните и електронски уреди. Во Македонија во моментов се подготвува закон со кој ќе се опфати раководењето со е-отпадот и е планирано да биде изгласан оваа година.

Ја гледате скратена верзија од списанието „Екологија и одржлив развој“ бр.125. Целосното списание го имаат членовите на Биди Зелен Клубовите. Доколку и вие сакате да го имате списанието и да бидете дел од зелената мрежа, контактирајте не на info@bidizelen.org


Како се користи електронскиот отпад во светот Најди инспирација и ти!

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад Проектот Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад иницира решавање на проблемот со е-отпад во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија преку градење на капацитетите на граѓанските организации од регионот, за тие да можат да поттикнат промени и да работат заедно со сите релевантни чинители – законодавната и извршната власт на централно и локално ниво, невладиниот и деловниот сектор обезбедувајќи знаења и ресурси, примена на новите технологии и вмрежување. Очекуваните резултати од проектот опфаќаат: зајакната соработка на сите заинтересирани страни и распространување на добрите практики за управување со е-отпад со примена на стандардите и искуствата од ЕУ, подобрена јавна свест и информираност за управувањето со е-отпад и изградени капацитети на НВО за лобирање и застапување при управување со е-отпад. Акцијата ќе ги постигне резултатите преку развивање на регионална мрежа на граѓански организации за застапување со цел размена на знаење и најдобри практики, која потоа се разгранува на четири национални мрежи, составени од по минимум 10 НВО од целата територија на секоја земја. Организациите кои се дел од македонската националната мрежа за застапување при управување со е-отпад се: 4х4х4 Балкански Мостови (Скопје) | Биди зелен (Скопје) | Движење за

одржлив социоекономски развој „Глобал” (Битола) | Еколошко друштво „Вила Зора“ (Велес) | Еколошко друштво „Виножито“ (Штип) | Еколошко друштво „Планетум“ (Струмица) | Здружение за заштита на животна средина културно-историските знаменитости и човековото здравје „Извор“ (Кратово) | Здружение „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” (Скопје) | Центар за електронска комуникација ЕкоНет (Скопје) | Центар за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ (Скопје) | Центар за одржлив развој на заедницата (Дебар) По градењето на нивните капацитети, овие организации ќе започнат со активности за застапување на регионално, национално и локално ниво со цел да се зголеми свеста кај граѓаните, компаниите и властите за проблемите со е-отпадот, како и да се поттикне креирање и спроведување политики за соодветно да се одговори на потребите во оваа област. Наскоро ќе започне национална кампања за подигање на свеста за правилно раководење со е-отпадот. Повеќе информации и ресурси за е-отпад и проектот може да прочитате на www.bewman.mk Пишува: Елена Игнатова, Проектен координатор во Фондација Метаморфозис

Ја гледате скратена верзија од списанието „Екологија и одржлив развој“ бр.125. Целосното списание го имаат членовите на Биди Зелен Клубовите. Доколку и вие сакате да го имате списанието и да бидете дел од зелената мрежа, контактирајте не на info@bidizelen.org


www.bidizelen.org

Екологија [година 16 | број 125]  
Екологија [година 16 | број 125]  

Скратена верзија од списанието „Екологија и одржлив развој“ бр.125. Целосното списание го имаат членовите на Биди Зелен Клубовите. Доколку и...

Advertisement