Issuu on Google+

SKOPJE

A n nu a

E

Su

ај

neerin i g n g

se

Fair b Jo

m e r Co

ur

on

peti m o ti C

m

извешт

2011

e p ort lr

дишен о Г

Lo c a l


NCDiEL

Финансирано од:

JSP SKOPJE

NONET MK

Фурна Даниел Фурна Деко Фурна Баба Тала Фурна Баже Шехерезада Билјана 2001 Клуб Хавана Венера Седмица Меџик Twins Кај Перо Пелинце Ресторан ХЕРА Macedonian Corner Амарена Крин Клевер-МК Книжарница ХЕ-РА


Почитувани, Измина уште една година, полна со многу предизвици и авантури за секој амбициозен студент. Како непрофитна, неполитичка организација основана и водена исклучиво од студенти, не престанавме да веруваме во нашата мисија и визија, да го зголемиме развојот на студентите поттикнувајќи ја разновидноста. Овие цели ги остваривме со реализација на бројните проекти кои претставуваат и наша традиција, а со тоа го одржавме триаголникот студенти – компании – универзитети, релации кои на сите ни се од неизмерно значење. Голем број на студенти при УКИМ имаа можност да бидат дел од најразлични едукативни проекти, организирани од локални БЕСТ групи ширум Европа, преку кои ги збогатија своите знаења од областите кои ги изучуваат на матичните факултети, но и тн. “меки” вештини. Нашето работење се темели исклучиво на одлична комуникација, максимална професионалност кон компаниите, посветеност во работата со студентите. Членовите на БЕСТ - Скопје работејќи на проектите не само што го збогатија своето ЦВ, ја развија својата креативност, флексибилност, и стекнаа вештини кои факултетите не можат да ги научат, а ќе им бидат потребни низ целиот живот. Од името на БЕСТ - Скопје би сакал да се заблагодарам на сите членови, студенти-волонтери кои неуморно постојано работеа изминатава година на реализирањето на нашите цели, како и на компаниите и факултетите кои не поддржаа и без кои не би биле успешни. Со почит, Бојан Најденов, Претседател на БЕСТ - Скопје, 2011 година

Содржина БЕСТ - Скопје

4

Импресии од генерални состаноци

4

Саем за вработување и кариера

6

Импресии од работилници

6

Локален инжинерски натпревар

8

Вивалди извештај

8

Мотивациски викенди

9

Финансиски извештај

9

Летен академски курс

10

Членови на БЕСТ - Скопје

10


БЕСТ - Скопје

БЕСТ – Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација чиј број на членови низ годините константно се зголемувa. Од 1989 па се до денес, во 30 земји ширум Европа, со вкупно 91 Локална Бест Група, БЕСТ формира студентска мрежа која е константно растечка, добро организирана, моќна и иновативна. Секојдневниот напредок се должи на околу 3000 студенти кои ентузијастички дејствуваат, а околу 1 милион студенти се опфатени од поттикнатите настани и иницијативи. Почетоците на БЕСТ - Скопје ги врзуваме со идејата која за прв пат се појави кон крајот на 2001, а резултираше со формирање на Локална Бест Група на 9-ти Март 2002 година. Водена од желбата за развој на студентските сервиси и инженерска надградба, како и подобрување на студентскиот стандард и развивање на студентски сервиси, БЕСТ - Скопје на 8-ми Ноември 2002 година на Претседателскиот состанок во Букурешт - Романија, ги направи првите чекори во големото европско БЕСТ - семејство, со што се здоби со статусот “baby member”. Со тоа студентите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје добија право да ги користат сервисите на БЕСТ меѓу кои и учество на бесплатните академски настани организирани од останатите локални БЕСТ групи. Ова е една од привилегиите, но од друга страна постојат и обврски. Една од тие обврски е секоја година да се организира минимум еден БЕСТ настан на кој ќе присуствуваат околу 30 студенти од цела Европа, на кои БЕСТ – Скопје е обврзан да им ги покрие сите трошоци поврзани со нивниот престој во Македонија. БЕСТ - Скопје оваа обврска успешно ја исполнува веќе осум години, почнувајќи од успешната реализација на првиот Меѓународен Академски Курс во Јули 2003. Како резултат на своите залагања и успеси, на 4-ти Ноември 2003 година, БЕСТ - Скопје се здоби со статусот „полноправен член“ и зачекори рамноправно со сите локални БЕСТ групи од цела Европа. Оттогаш интензивно и сигурно БЕСТ - Скопје ја докажа својата одлучност и европски дух и влезе во семејството на успешни македонски студентски организации. Од 2004 година БЕСТ - Скопје започна со организирање на Мотивациски денови кои се одржуваат секоја година во Мај, а од 2005 година почна со традиционално организирање на Саемот за Вработување и Кариера - Job Fair. Имајќи го предвид фактот дека БЕСТ – Скопје е единствената студентска организација од ваков тип, која овозможува на сите студенти, а не само на своите членови, бесплатно да стекнат дополнително образование на универзитетите ширум Европа, успехот е уште поголем.

4


БЕСТ - Скопје во изминативе години има организирано многу настани. Тоа се: 2 локални инжинерски натпревари, 7 Job Fair изданија, 9 академски курсеви. вклучувајќи ги и интернационалните настани: BEST Jam (2005), Интернационален форум за проекти (2007), RoboMak (2009), BalkanJAM (2009), Регионален BEST состанок (2010).

БЕСТ - Скопје на 9-ти март 2011 година го прослави својот 9-ти роденден по чиј повод беше организирана забава со посебен код на облекување “Suit up“. На прославата присуствуваа сегашните и почесните членови на БЕСТ Скопје, како и претставници од другите студентски организации и наши соработници.

Во месец Октомври, во просториите на ФЕИТ и МФС, како дел од едукативниот систем на БЕСТ - Скопје, беше одржан дводневен тренинг за графички дизајн. Тренингот го водеа Снежана Ѓоргиевска (поранешен Маркетинг одговорен) и Симона Ангеловска (сегашен Маркетинг одговорен), а учествуваа 11 членови на БЕСТ - Скопје. 5


Саем за вработување и кариера

Job Fair ® односно Саемот за вработување и кариера е еден од најголемите настани организирани од студентска организација воопшто. Токму затоа БЕСТ - Скопје, гордо го претставува на студентите и компаниите секоја година. Саемот за вработување и кариера има за цел да овозможи директен контакт помеѓу студентите, универзитетите и компаниите. Овој саем им дава шанса на студентите да се запознаат со работата на успешните компании во Македонија и во Европа, како и активно да започнат да размислуваат за својата иднина и за своја успешна кариера. Воедно компаниите имаат можност да го обезбедат својот иден стручен кадар избирајќи од најквалитетните студенти и постдипломци на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои ќе придонесат за развој и напредок на самите компании. Седмиот по ред Job Fair ® се одржа 5-7 април 2011 во просториите на Факултетот за Електротехнички и Информатички Технологии и Машински Факултет. Традиционално, саемот започна со свечено отворање кое беше посетено од видни претставници од компаниите учеснички, како и преставници од факултетите. Ова издание на Job Fair ® броеше 8 звучни имиња на компании од кои една интернационална и 7 успешни во нашата земја, имаше посетеност од над 4000 студенти, а беа собрани над 500 CV-а. Воедно, во текот на саемот беа одржани неколку soft skills тренинзи и предавања од кои двете заинтересирани страни, компаниите и студентите, беа презадоволни. Поради овие факти, Саемот за вработување и кариера - Job Fair ® веќе е препознатлив бренд кој уште долго ќе биде присутен меѓу студентските кругови.

6


На Годишното собрание на БЕСТ Скопје се решив да одговорам на повикот за главен организатор на Саемот за вработување и кариера – JobFair ® 2011 и не ни претпоставував каква пресвртница ќе биде овој настан во мојот живот, настан под чии импресии сум сеуште, месеци и месеци по неговото завршување. Мене и на Бранкица како главните организатори на на овој саем ни беше огромно задоволство да работиме на овој проект од кој научивме една многу важна животна лекција – како да работиме во тим и како да раководиме со тим. Сигурно се прашувате зошто баш овој настан? Пред сè, затоа што е незаборавно искуство, бидејќи нуди можност да им се помогне на студентите полесно да го пронајдат својот пат до успехот до нивната иднина, до нивните цели, идеи и замисли. Сето ова е благодарение на компаниите учеснички кои нудат безрезервна поддршка на сите млади и талентирани луѓе. И за крај, би сакале да истакнам дека овој саем е резултат на залагањето и огромниот труд и издвоено време на голем број студенти – волонтери, членови на БЕСТ - Скопје, без чија помош и работа овој проект не би бил тоа што е денес. Сите сме обединети и се стремиме кон една цел, да им покажеме на сите студенти дека вреди да го надградуваат и развиваат своето знаење, за да создадат подобар свет како идни лидери на секоја држава. Иво Ралиќ 7


Локален инженерски натпревар 8

Локалниот инжинерски натпревар е настан кој БЕСТ - Скопје оваа година го организира по втор пат, за чија успешност говори и бројот на пријавени учесници кој изнесува над 160 студенти од техничките факултети во Скопје. Натреварот се одржа во просториите на Факултетот за Електротехника и Информациски технологии (ФЕИТ), Машинскиот Факулетет (МФ) и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Со цел да се одберат најдобрите и најкреативните студенти, беше составен прашалник преку кој требаше да ја покажат нивната оригиналност и натпреварувачки дух и врз основа на кој беа избрани 14 тима составени од 3 учесници. Натпреварот беше поделен во два дела кои се одржуваа во различен ден. Првиот ден се одвиваше натпреварот во категоријата Case Study, каде на тимовите им беше претставен проблем за која требаше да состават решение за време од 2 часа. Учесниците креираа своја видео игра која на крајот ја презентираа пред другите учесници и беа оценети врз основа на повеќе критериуми, а на победничкиот тим им беа доделени награди iPod Shuffle. Овој дел од натпреварот беше под покровителство на на Seavus, IT компанијата од Македонија. Вториот ден беше наменет за категоријата Team Design, каде на тимовите им беше дадена задача да конструираат возило кое ќе се движи со помош на воздушен притисок (со балони). Возилото беше оценувано според критериуми, а победниците беа наградени со фотоапарати. Покровител на овој дел од настанот беше Vista Group, исто така една од водечките IT компании во Македонија. За успешноста на локалниот инжинерски натпревар одговорноста ја носат сите членови на БЕСТ Скопје, и помлади и постари, кои дадоа сè од себе во текот на неколкуте изминати месеци кои му претходеа. Секако, голема благодарност и до фирмите кои земаа учество, до факултетите кои не подржаа и до професорите кои дадоа свој придонес во реализацијата на натпреварот.


Попова Шапка На почеток на сончевиот јуни, триесетина БЕСТ-овци сакаjќи да избегаат далеку од градскиот метеж, се упатија кон планинарскиот дом Смрека на Шапка на мотивациски викенд. Рано наутро тргнавме кон уште една незаборавна авантура. Најпрво имавме можност подобро да се запознаеме, бидејќи меѓу нас имаше млади и постари членови кои меѓусебно си ја споделија својата БЕСТ-овска приказна. Се поделивме во тимови и работевме на три различни теми кои ги опфаќа триаголникот на БЕСТ, студентите - универзитетите - компаниите. Потоа внимателно го слушавме нашиот тренер кој ни објаснуваше за структурата, историските факти како и мисијата и визијата. Тренингот го заокруживме со краток квиз во кој имаше прашања за БЕСТ, како и за интересни случки во нашето ЛБГ. Наградa за сите беше една подолга прошетка по падините на Шара, уживајќи во чистиот воздух и зеленилото. Тимскиот, а истовремено и натпреварувачкиот дух кој сè уште го имаше во воздухот, продолжи да владее со наредниот предизвик, градење на најиздржлив мост од цевки и хартија. Вечерта ни ниските температури, ни изгорените лица не не спречија да уживаме во заедничката забава и дружбата со гитара и песна. Следниот ден имавме тренинг за feedback и на крајот со голема доза на мотивација, ги насочивме нашите идеи и креативност работејќи на планови за подобрување на сите сегменти од организацијата. Со насмевки на нашите лица, мотивирани и со чувство дека припаѓаме на еден тим кој има големи амбиции, се вративме назад.

Мотивациски викенди

Вртешка Тргнавме накај Вртешка полни со ентузијазам да се запознаеме со мисијата и визијата на БЕСТ. Она што беше карактеристично за овој мотивациски викенд беше посветеноста на голем број нови членови кои имаа желба и мотивација да допринесат за развојот и успешното работење на оваа организација. Во планинарскиот дом каде што бевме сместени проследивме повеќе тренинзи, почнувајќи од тоа што престставува БЕСТ, неговиот историјат, настаните кои ги организира, па се до градењето на чуството на тимско единство преку најразлични игри. После интензивниот тренинг следуваше одлична БЕСТ-овска забава на која успеавме подобро да се запознаеме и зближиме. Следниот ден имавме уште еден мал тренинг по кој се спремивме и си заминавме. Единствено што ни остана беше да ги средиме впечатоците и да ги споделиме убавите моменти од овој викенд меѓусебно. Набљудувано од очите на новите членови овој настан беше многу значаен затоа што претставуваше одлична прилика да ни се пренесе искуството и значењето на постарите членови.

9


Летен академски курс

Веќе 9-та година наша традиција е Летниот Академски Курс кој и оваа 2011 година се одржа во Скопје во период 3-13 јули 2011. Образовниот карактер на курсот, согласноста со ЕКТС и бројните посети на компании укажуваат на големата значајност на курсот и им овозможија на учесниците добро да се запознаат со темата на истиот: „Лидерство во технолошките иновации”. Темата беше презентирана на Англиски јазик од професори од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Скопје и стручни лица од компаниите. Наши гости-учесници беа 30 странски студенти од различни универзитети ширум Европа како и 30 домашни студенти кои учествуваа во организацијата и присуствуваа на стручните предавања. Од културен аспект можеме да кажеме дека овој курс претставува одлична можност за културна размена меѓу учесниците. Преку одржаната викенд-тура низ Македонија (Охрид, Прилеп, Пелинце, Матка...) им овозможивме да посетат дел од културно историските знаменитости во државава, со цел странските студенти да се здобијат со нови знаења за Македонија (култура, традиција, историја...). За сето ова да го оствариме ни помогна Деканот на Машинскиот факултет - Скопје проф. д-р Атанас Кочов кој се вклучи како партнер за реализацијата на овој проект и проф. д-р Радмил Поленаковиќ кој воедно беше и ментор на целиот академски дел на курсот.

Ни беше огромно задоволство да бидеме „домаќини” на овогодинешниот академски курс. Одлично искуство за нас две. Научивме многу, работевме по 23 часа на ден за време на курсот. Готвење, чистење, предавања, интервјуа, посети на компании, забави, забави, забави... Бевме „замешани” во секој сегмент од курсот, за да биде сè како што треба - најдобро! Имаше огромна дружба, многу нови пријатели, моменти кои никогаш нема се заборават. Целиот труд и работа тие 3 месеци се исплатеше, зашто десетте дена од курсот беа одлични, најубави во тоа лето. „Лидерство во технолошки иновации” пред сè е интересна тема, но и слична на тоа што го студираме на Машинскиот и Економскиот факултет, и мило ни е што работевме на овој проект затоа што се надоградивме себеси. Имавме одличен тим, па затоа им благодариме на организаторите кои работеа со нас и направија овие да бидат, најдобрите 10 дена од кои и ние две, БЕСТ, компаниите и учесниците од Европа сме презадоволни. Затоа, за оние кои не се членови на БЕСТ топло им препорачуваме да ја пополнат апликацијата за членство така што ќе може и самите да го почувствувате оној BESTspirit кој нема да нè напушти уште долго, долго... 10

Елена Крстева и Ана Куноска


Импресии од академски курс - Барселона Во животот вреди да се искусат многу работи. Јас вe советувам, да не пропуштите да искусите еден БЕСТ курс затоа што тоа е нешто што ќе ви го направи животот интересен, различен, побогат, поисполнет. Ќе уживате, верувајте ми! Јас бев среќничката која отиде на есенски курс во Барселона. Темата на курсот беше Augmented Reality – промена на реална околина со компјутерски модел (дизајн). Поконкретно, една од нашите задачи беше да дадеме предлог решение за поврзување две згради од кампусот на универзитетот, кадешто ги слушавме предавањата. Поврзувањето (ходник, скали или некој друг објект) го дизајниравме со помош на Sketch Up софтверот и потоа користејќи т.н. маркери и камера, успеавме да го претставиме нашиот објект во реалната средина. Ако на ова се надополни фактот дека соодветно на темата ни беше презентиран и развојот на архитектурата во Барселона, можете да замислите, на среќата и немаше краj. Зошто? Зашто Барселона, мојот омилен град, е градот со највпечатливата архитектура во Европа. Како посебен момент, морам да ја споменам и посетата на Sagrada Familia со водич-архитект. Се почувствував навистина почестена да ја имам шансата да се искачам високо (околу 60метри) до местата кои моментално се градат и не се пристапни за обичните туристи. Погледот кон Барселона од таму е еден од најубавите глетки што сум ги доживеала во животот! Дружењето што се случува на овие курсеви е сосема друга приказна. За еден ден сте во можност да ги запознаете сите присутни луѓе, а вечерта да се забавувате како да се знаете цел живот. Музика, забава, игри, секогаш исполнето време - очекувајте го ова и уште многу повеќе. Пријавете се за следниот курс! Емилија Марковска

11


Генерално собрание

Возејќи се со автобусот на кај Белград, постојано ми поминуваа истите мисли низ главата. Како всушност изгледа едно Генерално собрание на БЕСТ, кој се ќе биде таму, дали добро ќе ја претставам мојата локална група итн итн. Меѓутоа, на сите тие дилеми и нејаснотии многу брзо им дојде крајот. Пред самиот влез на хотелот Славија во Белград (каде што бевме сместени првите неколку дена) стоеше група од десетина студенти кои разговараа нешто помеѓу себе. По нивните дуксери, маици со логоа на БЕСТ воочив дека се дојдени за истата цел, Генералното собрание. Не познавав никого од таа група, но запознавањето одеше лесно како песна. Марио од Наполи, Марек од Варшава, Неа од Грац и уште многу други. Едноставно кога се наоѓате во круг на луѓе со исти размислувања, исти идеи, сфаќате дека не постојат никакви граници помеѓу вас. Тие 10 дена ми беа незаборавни, исполнети со безброј авантури, еволуцирани спомени, кои тешко можат да се опишат, можат само да се доживеат. Почну��ајќи од свеченото отворање, каде беа присутни министри од Српската влада, градоначалникот на Белград и уште многу други влијателни јавни личности, играњето Тунак Тунак на плоштадот во центарот на Белград, на бел ден облечени во одела, патувањето до националниот парк во Ѓердап (каде бевме и сместени последните 6 дена), интернационалната вечер и уште многу други работи, кои ветувам во следна прилика ќе ви ги раскажам. Посебно сум благодарен што искусив како е да се биде дел од еден таков голем настан, настан каде што се носат најголемите одлуки за понатамошниот развој на БЕСТ, настан кој те учи како да бидеш „дел од целото”, настан каде стекнуваш пријателства кои ќе траат. Работејќи и дискутирајќи тие неколку дена за бирање на нов интернационален борд, на нови координатори на комитетите во БЕСТ, на нови локални групи, нови партнерски организации итн, се потврди прекрасното чувство дека ние студентите знаеме како да се организираме, за на крај, за големото финале да преовладува сплотеност на тие 350 присутни луѓе преку “Simply the best”, групна прегратка и многу емоции наоколу, чувства кои навистина вредат. Аххх, кога ќе се потсетам на сите овие незаборавни моменти, посакувам да ги паметам засекогаш, присеќајќи се со тоа на моите студентски млади, луди години.

12

Иво Ралиќ


Ивана Чапалова

Претседателски состанок

БЕСТ. Организација. Студенти. Среќни студенти. Флексибилност. Радост. Насмевки. Настани. Македонија. Европа. Култура. Забава. Пријателства. Учење. Традиции. Академска надградба. Љубов. Работа. Магија. Ова не се само наредени зборови. Ова е дел од секојдневието со БЕСТовскиот начин на живот. Оваа година, иако како полноправен член на БЕСТ и новоизбран претседател, ми се случи нешто ново, многу различно од досегашните БЕСТ настани на кои сум бил. Не беше ни налик на Академските курсеви, Едукативните тренизи, Образовните работилници или пак Мотивациските Викенди кои што се организираат во БЕСТ ширум Европа. Mи се случи, како што БЕСТовците љубат да кажат, ПМ - Presidents’ Meeting. Едно од двете Генерални Собранија, еден од двата најофицијални настани кои секоја година се организираат во БЕСТ. Настан кој броеше 200 учесници од цела Европа, претседатели на сите БЕСТ групи од разни Европски градови. Настан на кој гордо седиш позади името на твојот град и земја, дискутираш и гласаш во името на сите останати членови на твојата БЕСТ група, затоа што тие решиле ти да бидеш тој, решиле дека ти веруваат доволно и се обидуваш тие 7 дена, и оваа година да го обелиш образот на БЕСТ Скопје. Овој ноември Копенхаген беше центарот на БЕСТовско дружење, разменување на идеи, разговори и многу поделени насмевки помеѓу повеќе од 30 земји. Овој настан за мене беше посебен од повеќе причини. Освен што беше мое прво Генерално Собрание, ме поттикна на размислување. Бидејќи после овој настан, јас го сменив мојот одговор, зошто сите членови на БЕСТ зборуваат за БЕСТовската магија. Зошто магија? Велат, ако сакаш некому да посакаш нешто убаво, посакај му убави мигови вредни за паметење. Бидејќи миговите поминати во убави чувства се паметат вечно, не греат и во најладната зима, нанесуваат насмевка на лицата и во најосамените денови. Затоа јас на сите студенти би им го посакал БЕСТ. Бидејќи БЕСТ го дава се она што е вредно за паметење, за кое споменав на почетокот. А за магијата? БЕСТ ги дава најмагичните денови, моменти, настани, разговори, погледи. И мене омилениот дел, никогаш не знаеш кога ќе ти се случи најмагичното нешто. БЕСТ секогаш ти дава повеќе и повеќе. И кога мислиш дека си го достигнал врвот, БЕСТ те носи на повисокиот. И тогаш, мене ми се случи ПМ. Мојата магија.

13


Тренинзи

Импресии од beRICHER БЕСТ навистина е магичен свет! Штом еднаш влезеш и го почувствуваш тоа што другите веќе долго го зборуваат и прераскажуваат, тогаш ти никогаш нема да го напуштиш ова опкружување кое секојдневно те прави подобар другар, подобар работник, а пред сè подобар човек. Учење, авантури, пријателства, патување и проширени хоризонти се само дел од она што може да понуди овој чудесен свет. И ден денес сум благодарен на оваа организација што ми овозможи да учествувам на, без срам ќе кажам, најкорисниот настан во мојот живот. BeRICHER (Raise Incomes by Cooperating Honestly with External Resources) e годишен настан со времетраење од една недела на кој учествуваат 20 студенти од сите Европски држави, тренинг на кој учесниците учат како да бидат подобри преговарачи и продавачи. Communication, Negotiation, Meeting theory, Project Management се само дел од темите опфатени на овој настан. Можете да претпоставите што сè ова значи лично за мене, студент при Eкономскиот факултет во Скопје. Оваа година BeRICHER се одржа во Лвив, Украина. Можам да кажам дека од организацијата и организаторите до тренинзите и тренерите сè беше перфектно. А учесниците кои долетаа од поголемите Европски градови како Рим, Москва, Порто, Мадрид, Копенхаген, го направија овој настан посебен, спомен и искуство на кое што вечно ќе се сеќавам. Низ предавања или забави, низ прошетки низ градот или разни игри, ние живеевме како семејство, дишевме во еден здив исполнет со љубов, среќа и почитување, бевме едно. Сеќавајки се денес на сè она што научив, сè она што видов и доживеав, сè она што направив и почувствував, сите луѓе кои ги запознав, гордо гледам на моментот кога се придружив на оваа организација. Им препорачувам на сите студенти да не се двоумат. Чукнете на портите на БЕСТ Скопје и влезете во овој волшебен свет. Мартин Чавдаров Импресии од bePROUD БЕСТ е една од најдобрите студентски организации токму поради можноста која им ја нуди на своите членови за развивање на различни способности кои сигурно ќе ви користат и понатаму во различни ситуации во животот. bePROUD (Planning Running Observing Understanding Developing) е настан на кој 20 учесници од цела Европа се обучуваат да бидат идни лидери во својата средина и оваа година се одржа во Трондхајм, Норвешка, земја со неверојатна природа. Дел од вештините кои ги стекнувате на тренингот се како да работите во тим, како да водите проект, решавање на конфликти, ефективна комуникација, фацилитација и ефективни состаноци, стратешко планирање, мотивација и делегирање... Тренерите кои се огромен извор на знаење, заедно со учесниците, секој со големо искуство во БЕСТ, се комбинација која го прават овој настан незаборавен. Дружењето и забавата се неизбежност, а пријателствата кои се створија сигурно ќе траат долго. 14

Симона Ангеловска


Импресии од beKNOWN Работилницата beKNOWN е настан кој е наменет за членовите на БЕСТ кои се заинтересирани да работат во областа на маркетингот и односите со јавноста. Еден многу важен елемент како за секоја организација или компанија, така и за нашата студентска организација. Како студент по архитектура најмногу се пронајдов во ова поле, но освен моите познавања од дизајн, за жал немав некои особени познавања од маркетинг или односи со јавноста. Затоа решив да се пријавам на beKNOWN, зошто иако тоа е настан кој е прилично интензивен со тренинзи и предавања, знаев дека после него ќе се вратам подготвена да го применам целото знаење во БЕСТ Скопје и да го подобрам квалитетот на маркетинг тимот. Веста дека сум една од 20-те избрани од многуте пријавени студенти од цела Европа ме израдува премногу, прво зошто ми се даде супер шанса да научам повеќе за она што ме интересираше, а второ зошто работилницата се одржуваше во Брно, Чешка, земја која сеуште ја немав посетено. Во Брно бевме пречекани од прекрасни организатори-студенти како нас, кои со голема посветеност се грижеа за се што ни требаше, а тренинзите и предавањата беа водени од тренери кои се исто така членови на БЕСТ. Тренерите посебно ме воодушевија, бидејќи беа сите млади луѓе, некои и помлади од мене, но сепак крајно професионални и посветени на она што го работат во нашата организација. За мене претставуваа бескрајна мотивација за да се пронајдам себеси во ова поле и ми дадоа можност да увидам дека можам да постигнам многу повеќе отколку што самата имав проценето за себе дека можам. Другите учесници беа исто така голема можност да научам нови работи, сите беа крајно мотивирани и заинтересирани на предавањата, а во она малку слободно време беа секогаш расположени за дружење и забава. Иако секој од нас доаѓаше од различна држава и културна позадина, сите заедно формиравме тим, станавме едно и се зближивме многу. На оваа работилница, освен што научив многу работи кои немаше на друго место каде да ги научам запознав и стекнав неверојатни пријатели со кои сеуште комуницирам и се надевам дека уште многу пати ќе ги сретнам во животот. Но најмногу од се, благодарна сум на она што го научив за себе и за огормната мотивација што овој настан ми ја даде да работам повеќе и постојано да се развивам. Му благодарам на БЕСТ што постои како организација и се надевам дека со мојата работа ќе вратам барем дел од она што тој на мене ми го даде.

Маја Даскаловска

15


Вивалди извештај

Почитувани,

Вивалди извештај претставува статистички извештај на студенти кои во изминатава година биле дел од многуте академски курсеви организирани од 91та Локална БЕСТ Група кои се наоѓаат во 30 земји низ Европа. Во текот на 2011 година, вкупно 75 студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ беа учесници на академски курсеви и тоа 11 во пролетна сезона, 48 во летна сезона, 10 во есенска сезона и 6 во зимска сезона.

3

1111

3

11 37 1 9 7

16

ФЕИТ МФС Економски Правен Архитектонски ПМФ Стоматолошки Филозофски Градежен Медицински Филолошки


Почитувани, Уште една успешно завршена година. Како и секоја друга, 2011 година беше обележана со многу настани, тимска работа и дружење. Подолу можете да најдете два графикона кои ги претставуваат главните извори на приходи и прераспределбата на средствата во БЕСТ за 2011 година. Како што е прикажано на графиконите БЕСТ Скопје оваа година најмногу вложи во двата големи настани Саемот за вработување и кариера(JobFair) и летниот академски курс “Лидерство во технолошките иновации”. Исто така го организиравме по третпат и Локалниот инженерски натпревар. Би сакале да им се заблагодариме на компаниите учеснички на Саемот за вработување и кариера и секако на ФЕИТ за нивната неизмерна подршка и доверба. За крај би сакале да им се заблогодариме на студентите-волонтери во БЕСТ Скопје за нивната работа и посветеност. Без нивната воља, труд и верба, ниеден од проектите на БЕСТ Скопје немаше да биде завршен толку успешно.

Чланарина 2%

Факултети и УКИМ 0%

Државни институции 0%

Фондации 6%

Приходи

Борд тренинг; 0,20% Патни трошоци за генерални конференции; 10%

Канцелариски матријали и тековни трошоци; 15%

Расходи

Летен академски курс; 27%

Локален инжинерски натпревар; 0% Маркетинг и промоција; 4% Job Fair; 43%

Административни трошоци и такси; 1%

Финансиски извештај

Компании 92%

17


Членови на БЕСТ - Скопје

10-ти борд на БЕСТ - Скопје Јасенка Миова Одговорен за финансии

Бојан Најденов Претседател bojan.najdenov@BEST.eu.org ФЕИТ

jasenka.miova@BEST.eu.org Економски факултет

Зорица Павловска Секретар

Иво Ралиќ Одговорен за соработка со компании ivo.ralic@BEST.eu.org ФЕИТ

zorica.pavlovska@BEST.eu.org Економски факултет Александар Костевски IT одговорен aleksandar.kostevski@BEST.eu.org

ФЕИТ

Ања Босилкова Одговорен за човечки ресурси anja.bosilkova@BEST.eu.org Економски факултет

Симона Ангеловска Маркетинг одговорен simona.angelovska@BEST.eu.org Стоматолошки факултет

Полноправни членови

18

Алтај Саид

altay.said@BEST.eu.org

ПМФ

Бојана Корошевска

bojana.koroshevska@BEST.eu.org Архитектонски факултет

Горјан Зајковски

gorjan.zajkovski@BEST.eu.org

ФИНКИ

Дејан Стојчев

dejan.stojcev@BEST.eu.org

ФЕИТ

Елена Иванова

elena.ivanova@BEST.eu.org

Економски факултет

Ивана Чапалова

ivana.chapalova@BEST.eu.org

Економски факултет

Јове Дојчиновски

jove.dojchinovski@BEST.eu.org

ФЕИТ

Маја Даскаловска

maja.daskalovska@BEST.eu.org

Архитектонски факултет

Мартин Чавдаров

martin.cavdarov@BEST.eu.org

Економски факултет

Нина Милосовска

nina.milosovska@BEST.eu.org

ФОН

Симона Стојчева

simona.stojceva@BEST.eu.org

ФИНКИ

Стефана Филипова

stefana.filipova@BEST.eu.org

ФЕИТ

Виктор Петрески

viktor.petreski@BEST.eu.org

ФЕИТ

Зорица Рајчановска

zorica.rajcanovska@BEST.eu.org

ПМФ


Млади членови Александар Лаброски - ФИНКИ

Кристијан Димковски - Машински

Александра Нунева - ФИНКИ

факултет

Ана Куноска - Економски факултет

Леа Матевска - Економски факултет

Ана Милинковиќ - Економски факултет

Марија Магдеска - Архитектонски

Ангела Доневска - Филолошки факултет

факултет

Ангела Николовска - Економски факултет

Марија Марковска - Економски факултет

Ангела Угриновска - ФЕИТ

Мила Перчинкова - Машински факултет

Анџела Јаневска - Економски факултет

Наталија Најдова - ФИНКИ

Билјана Велјаноска - ФЕИТ

Никола Мирковски - ФЕИТ

Бојана Цветаноска - Економски факултет

Никола Ставревски - ФИНКИ

Дејан Мирчевски - ФЕИТ

Никола Тосевски - Правен факултет

Елена Крстева - Машински факултет

Петар Чурлинов - ФЕИТ

Ели Павлеска - Градежен факултет

Рушка Бабиќ - Правен факултет

Емилија Марковска - ФИНКИ

Сања Јордановска - Економски факултет

Ивана Алексова - Економски факултет

Симона Домазетовска - Машински

Ивана Врангалоска - Правен факултет

факултет

Ивона Блажева - Економски факултет

Славица Попоска - Филолошки факултет

Изабела Андонова - Правен факултет

Стефан Богески - Машински факултет

Илија Рушковски - ФЕИТ

Стефан Стојковски - ФИНКИ

Ирена Крстева - Филозовски факултет

Тиана Грошева - Економски факултет

Ирена Костовска

Тина Раниќ - ФИНКИ

Искра Кочова - Правен факултет

Филип Петровски - ФИНКИ

Јана Ѕалева - Правен факултет

Фросина Ангелеска - ФИНКИ

Нови алумни на БЕСТ - Скопје Марко Когој marko.kogoj@BEST.eu.org Машински факултет

Снежана Ѓоргиевска snezana.gorgievska@BEST.eu.org Факултет за дизајн и технологија на мебел и ентериер

19


SKOPJE

БЛАГОДАРНОСТ ДО СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА ФЕИТ - СКОПЈЕ, ЗА СОРАБОТКАТА ВО ИЗМИНАТАТА ГОДИНА Издава: Борд на европски студенти по технологија - Скопје Изработен од: Маркетинг тимот на БЕСТ - Скопје Координатор на проектот: Симона Ангеловска

Published by: Board of European Students of Technology - Skopje Edited by: Marketing team of BEST - Skopje Project coordinator: Simona Angelovska

БЕСТ - Скопје Адреса: ФЕИТ и Машински факултет, Руѓер Бошковиќ, Карпош II б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија тел: +389 2 3099 181 факс: +389 2 3064 262

BEST - Skopje Address: FEIT and Faculty of Mechanical engineering, Ruger Boskovik, Karpos II b.b., 1000 Skopje, R. Macedonia phone: +389 2 3099 181 fax: +389 2 3064 262

ISSN 1409-5386

e-mail: Skopje@BEST.eu.org web: www.BEST.org.mk


Годишен извештај 2011, Annual Report 2011