Page 1

24 9 771857 569002

Прва средба

август 2009 90 ДЕНАРИ

Број 24 • АВГУСТ 2009

Opel Astra

Jaguar XJ Го гледа светот со други очи Тест Citroen C3 Picasso

BMW 320d xDrive

Во ложа над уличната претстава

Место за уживатели во возење Hamachi

Овој скутер штеди двапати

Renault

Целиот свет, надолж и нашир

Fiat 500C

Добрите стари времиња


СОДРЖИНА Број 24 • АВГУСТ 2009 Новитети

6

Audi A5 Sportback Купето А5 стана семејна лимузина: Повеќе простор за тие што не сакаат комби

10

Fiat 500C Торино ги враќа убавите стари времиња: Кабриолетот изгледа исто како оној од 1957

14

Jaguar XJ Повеќе ништо не е како што беше: Новиот XJ го гледа светот со поинакви очи

18

BMW X1 Сите детали од компактниот теренец: Пристапен, штедлив и BMW како сите други

28

Seat Exeo Знаменосецот стартуваше со продажба: Почетниот модел се нуди за 20.900 евра

ТЕСТ И ТЕХНИКА

30

Прв контакт Opel Astra Opel не додржа да ја покаже: Прва средба на три месеци пред IAA

36

Возевме Renault Clio Facelift

6

Правилен тек на еволуцијата: Со секој нов модел на пазарот, купе-лимузините стануваат се` поелегантни

Фејслифтот обично е површен, но не и тука: Clio доживеа целосна трансформација

40

TECT Citroen C3 Picasso 1.4 VTi Низ триделниот ветробран случувањата на патот се следат како од ложа

46

ТЕСТ Toyota Urban Cruiser 1.33 VVT-i Теренец од најфин вид: Компактен, лесен и без погон на сите тркала

52

Импресија BMW 320d xDrive Сo BMW во потрага по најдобрите дестинации за уживателите во возењето

тема

58

Историја 100 години Audi Магијата на четирите прстени: Од обичен производител до врвна автомобилска марка

78

Репортажа Од Нордкап до 'Ртот Добра Надеж Авантура достојна за релито Дакар: Карван на Renault Trucks го мина целиот свет

НА ДВЕ ТРКАЛА

62

tect HAMACHI LF100-2H Со овој скутер се штеди двапати: Еднаш при купувањето, а потоа со секој километар

64

28

Средната класа доби нов член: Seat Exeo е лимузина со спортски карактер, по цена што е меѓу најповолните на пазарот

46

Разликата не е само во моторот: Бензинскиот Urban Cruiser има систем старт-стоп за штедење гориво

Новитети на Harley-Davidson за 2010 Повеќе новитети од кога било досега во идната моделска година

мотоспорт

76

WTCC • Брендс Хеч Најновите случувања навестуваат остра битка до крајот на сезоната

останато 24 вести 68 ценовник досада 66 Ваши писма против 82 67 излог А в т о м о б и л и в о о в о ј б ро ј 6 52 18 40 10

Audi A5 Sportback BMW 320d xDrive BMW X1 Citroen C3 Picasso 1.4 VTi Fiat 500C

www.autofocus.com.mk

14 30 36 28 46

Jaguar XJ Opel Astra Renault Clio Facelift Seat Exeo Toyota Urban Cruiser 1.33 VVT-i

08/2009 3


4 08/2009

www.autofocus.com.mk


КОМЕНТАР Број 24 • АВГУСТ 2009

Се случи: Електромобил за помалку од 20.000 евра Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk

Годината е 2012. Понеделник наутро. Маја е едвај полуразбудена. Но, нејзиниот автомобил е подготвен. По седум часа во мирување, закачен на приклучокот за струја во гаражата, тој се чувствува способен да истрча 160 километри во еден здив. Сепак, возењето нема да трае толку долго. Од нејзиниот стан во периферијата на метрополата до канцеларијата има едвај некои дваесетина километри. Додека таа одржува состаноци, составува концепти и води телефонски разговори, нејзиниот автомобил си потпивнува свежа струја од станицата на полнење што ѝ припаѓа на фирмата. Малку пред пет часот попладне, додека го пишува последниот мејл за тој ден, му испраќа СМС на својот автомобил. Му кажува да ја пушти климатизацијата. По неколку минути тој ѝ се јавува, да ѝ потврди дека неговите литиум-јонски акумулатори се полни. На враќање треба само кусо да застане во градот, каде што Маја има бесплатен пристап. Другите возачи, чии возила испуштаат јаглероден диоксид и друго ѓубре во градскиот воздух, мора да плаќаат скапо. Во доцните вечерни часови Сузана го отвора својот лаптоп и четува неколку минутки со други сопственици на електрични автомобили. Овие си разменуваат искуства околу возењето на струја и потоа заспиваат со чиста совест за животната средина. Вака маркетиншките стратези си го замислуваат новиот свет на автомобилите, чист и убав. Но, новиот свет ќе се случи, и тоа брзо. Од 2011 година Nissan ќе го продава својот прв големосериски автомобил со електричен погон на европскиот пазар. Дотогаш производителот ќе мора напорно да работи на имиџот, да ги замолчи скептиците и да им ги одземе аргументите. Еден од нив гласи дека електричните автомобили се прескапи. Тоа не е точно. Кога електричниот погон ќе се произведува во исто толкава серија како моторите со внатрешно согорување, разлика во цената не би требало да постои. Секако, дотогаш државата ќе мора да издвојува субвенции, но само додека се постигне потребната продукција. Nissan и неговиот партнер Renault се на добар пат да успеат во својата визија. Франција, Британија и неколку други држави им ветија почетна финансиска поддршка на купувачите што ќе се решат за електричниот погон. Од едната страна на каналот Ла Mанш купувачите ќе добиваат по 5.000 фунти од државата, а од другата 5.000 евра. Вториот аргумент на скептиците: Досегот на е-автомобилите е премал. Визионерите на електричниот погон одговараат со противаргументот дека според статистиките, 92 процента од европските возачи поминуваат помалку од 160 километри

дневно. И поголемите дневни растојанија нема да претставуваат проблем со концептот со заменливи акумулатори, кои за само неколку минути се заменуваат во специјално опремени станици. Nissan и Renault ја развиваат оваа технологија заедно со конзорциумот Better Place, и веќе се планираат конкретни проекти во Израел и во Данска. Другите европски држави исто така се подготвуваат. Португалија има намера да стане европски лидер во поглед на е-мобилноста. До крајот на 2011 година, во Лисабон ќе се инсталираат 750 станици за полнење, и уште 450 во Порто. Условот е да се постават што е можно повеќе станици за полнење пред дилерите да почнат да ги продаваат електричните автомобили. Nissan потпиша договори уште со Данска и Ирска, со повеќе држави во Азија и со неколку сојузни држави во САД. Прототипот EV-12 што до пред само неколку недели ги минуваше тест-километрите веќе стана сериски автомобил. Nissan Leaf ќе почне да се продава во Јапонија од следната година, како автомобил од компакт-класата, со простор за пет патници и багаж. Спринтот до темпо сто, Leaf ќе го совладува за десетина секунди и ќе може да помине до 160 километри со едно полнење на литиум-јонските акумулатори. И крајната брзина е пристојна: максимално 140 километри на час. За разлика од другите производители, Јапонците не го вградија електричниот погон во постојниот модел од сериското производство, туку развија засебен модел, со цел да ги искористат максимално предностите на погонот на струја. Слично како што Toyota направи со хибридниот модел Prius. Фирмата планира во блиска иднина да произведува широка палета модели со електричен погон. Секоја година ќе се појавува по еден ваков модел. Концептните автомобили Pivo, Nuvu и Maxim ги очекува истата судбина како Leaf. По неколку години од стартот со продажбата, компонентите за електричните автомобили, меѓу кои и скапите литиум-јонски акумулатори, ќе се произведуваат поевтино. Со тоа, државите повеќе нема да бидат обврзани да издвојуваат субвенции. Планот на Nissan е во 2020 година секој десетти автомобил да вози со електромотор под каросеријата. Каде сме ние во приказната? Ние увезуваме користени автомобили од Бугарија. Најголемата предност на Leaf, сепак, е во цената на возилото. Наспроти цената што ја најави Opel за својата Ampera, Nissan ќе продава за половина поевтино: 20.000 евра. �

Nissan го направи автомобилот со електричен погон достапен за народот. Од 2011 година, Nissan Leaf ќе се продава во Европа по цена на нормален компакт

www.autofocus.com.mk

08/2009 5


новитети Jaguar XJ

Ретро повеќе не Шефовите на британската марка предупредија навреме: Новиот XJ ќе биде сосема поинаков од очекувањата. Во право се, кај новиот топ-модел ништо не е како што беше

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ jaguar-xj/

З

астанувањето на здивот е вообичаено кога новиот Jaguar XJ се гледа првпат. Од меките форми што преоѓаат нежно една во друга нема никаква трага, исто како и од четирите харизматични светла, со кои благородниот Британец со децении ги гледаше своите обожаватели. Четири светла како четири очи, кои не знаеја да излажат и магично го заробуваа погледот. Затоа и никој не се пожали на многубројните слабости што ги имаа претходните генерации на XJ. Претставителната лимузина успеа да ја достигне зрелоста на конкурентските модели на Audi и на BMW дури во последната генерација. Повеќето што овој британски автомобил за покажување го ценеа пред сé поради препознатливиот ретро-изглед, па затоа и го купуваа, сега ќе мора да му го завртат грбот на Jaguar. Но, Британците нема да жалат премногу поради тоа: Сакаат да привлечат нови слоеви купувачи. Ќе биде добро доколку тие се малку помлади, но барем исто толку платежно способни како досегашните. Шансите да се најдат овие луѓе се најголеми во САД, Централна Европа и во Азија. Лимузината од моделското годиште 2010 раскинува со долгата традиција и продолжува уште поконсеквентно со тоа што го почнаа тековните генерации на моделите XK и XF. Многумина ќе бидат шокирани при првиот визуелен контакт со XJ. Легнат е на земја како дива мачка

14 08/2009

Најмоќната изведба вози со 510 КС. Додека не се појави XJR со уште повеќе КС

www.autofocus.com.mk


е во мода

www.autofocus.com.mk

Темните задни столбови поларизираат: Со нив XJ изгледа како комбилимузина

пред да скокне по пленот и како да сака да каже: „Еве ме!“ Со ваков изглед, никој повеќе нема да го меша XJ во ист лонец со лимузините од големата серија, каква што е класата Ѕ на Mercedes. Подолгo за еден сантиметар и поширокo за пет сантиметри од претходникот што се произведуваше од 2003 година, британското парче за покажување повеќе се ориентира кон дизајнерските икони што личат на купе, како Maserati Quattroporte, Aston Martin Rapide или Porsche Panamera. Сите тие имаат четири врати и сите се исто толку ценети колку Jaguar XJ. Очекувањата дека претставителната лимузина ќе изгледа како зголемена верзија на моделот XF, што се појави минатата година, не се реализираа. Точно е дека овдеонде може да се најдат сличности со малиот брат, главно во предниот дел. Но, XJ изгледа многу помускулесто и со маската што отскокнува од носот личи на Maserati Quattroporte. Отстрана, прво се забележуваат жабрите во предните крила и особено нискиот покрив, кого дополнително го нагласуваат високоизвлечените страници на каросеријата. Големиот стаклен покрив што се отвора со електрика е важен дизајнерски елемент во појавата на XJ и се вградува сериски во секој произведен примерок. Кога е лакиран во светол тон, покривот со двата темни прозорца изгледа како да е прекршен. Уште повеќе збунуваат легнатите задни столбови, кои меко го препуштаат покривот во долгиот и широк опаш. Но, зошто морало овие столбови да бидат лакирани темно и поради тоа, од неколку агли, лимузината да изгледа како семејна и практична комби-лимузина. Со темно лакирана каросерија овие пречки за убавиот впечаток се забележуваат далеку послабо. Опашот е широк колку што имало место на цртачката табла на►

08/2009 15


Новитети Opel Astra

„Најдоброто што Op Формулата веќе еднаш успеа, и нема причина да не успее уште еднаш. Новата Astra е скроена по теркот на Insignia. таа е новата ѕвезда во компакт-класата

В

о Opel е тешко да се погоди вистинското расположение во овие денови. Дали човек попрво да се смее или да плаче? Од една страна, Insignia донесе вести што сите сакавме да ги чуеме: Европските медиуми ја прогласија за автомобил на годината, доби признание и од купувачите преку повеќе од 120.000 нарачки, прва е по продажба меѓу лимузините од средната класа. Од друга, неизвесноста околу идниот старател на марката ќе потрае до есен, додека канцеларката Меркел не го стави потписот на договорот на идниот сопственик на Opel.

30 08/2009

Без разлика кој ќе дојде на местото на мајката GM, следниот повод за добро расположение се случува уште сега. Како детуле што едвај дочекало да се пофали пред зграда со новиот► велосипед, тимот од дизајнери и техничари

www.autofocus.com.mk


el има да го понуди“

„Кај Insignia, линиите се многу порелаксирани, поиздолжени, поедноставни. Тука се обидовме да внесеме силна драма во страничниот изглед, раздвиженост.“ - Малколм Ворд, дизајнер на Astra Auto Focus на презентацијата на Opel Astra во Будимпешта, Унгарија

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА

Воведува стилска пресвртница во компакт-класата

Неможноста за пробно возење. Astra имаше моторче под хаубата, колку да се качи на камион

На почетокот недостасуваат новитети во погонската понуда. Но, наскоро и тие ќе пристигнат

Дури и на претсерискиот модел се чувствува напредокот во квалитетот

www.autofocus.com.mk

08/2009 31


возевме renault clio III - phase 2

Фаза втора: Целосно Досега Renault Clio беше успешен заводник. Сега, со освежениот лик, Clio комплетно го освојува срцето

В

о услови кога сите потези на автокомпаниите се диктирани од сметководителите, кои очајно се трудат да ги намалат трошоците и да го зголемат профитот, погледите на купувачите се вртат кон малечките автомобили. Во сегментов никогаш не било поинтересно. Тука сега главниот збор го има дизајнот и тоа го потврдуваат новата Ford Fiesta, стилски препородениот VW Polo, атрактивната Seat Ibiza и се разбира, освеженото Renault Clio. Во својата историја Clio често ги поставувал мерилата за конкурентските модели. Тој е првиот припадник на оваа класа кој забележа 4 ѕвездички на EuroNCAP краш-тестот во 2000 година, со моделот од втората генерација. Третата генерација беше првата во својата класа која освои 5 ѕвездички на EuroNCAP во 2005 година. Renault Clio двапати беше избиран и за автомобил на годината. Французите направија одличен потег опипувајќи го пулсот на јавноста за новиот дизајнерски јазик, преку Laguna и Megane, за потоа, поради позитивните критики, да ги применат дизајнерските елементи во другите модели. Clio го доби носот на Megane, додека остатокот не претрпе големи промени. Малиот пораст во должината само му помогна на Clio во разубавувањето на надворешноста, и усогласувањето на дизајнот. Во предниот дел владее динамичниот дух, кој постепено се смирува, како што наближуваме кон задницата. Во задниот дел се направени благи затегања, додека некои од светилките во светлосните групи си ги заменија местата. Новиот нос најубаво им прилега на трите спортски изведби, односно Clio GT, Clio Renault Sport Luxe и Clio Renault Sport Cup. Сите изведби се очигледно поизнервирани од обичниот модел, но има добра причина за тоа. Во секој од нив чука спортско срце, чија силина варира од модел

36 08/2009

Auto Focus на презентацијата на Renault Clio во Белград, Србија

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА

одлично дотераното подвозје

ТОА ШТО промените се направени претежно во предниот дел

мрзеливоста и тромавоста на моторот со 75кс

директно и прецизно управување

www.autofocus.com.mk


освојување до модел, додека преработеното и потстегнато подвозје ги гарантира одличните перформанси. Clio GT спортува со двата бензински мотора со зафатнина од 1,6 односно 2 литра, и моќност од 128, т.е. 140 коњски сили. Но, Clio GT умее да трча без многу да го осиромаши паричникот, со помош на моќниот, ефикасен и економичен дизел со зафатнина од 1,5 литар и силина од 105 КС. Од друга страна, пак, Clio Renault Sport е тркач, припитомен за секојдневна употреба. Секоја негова пора дише со спортски дух, кој се забележува уште на прв поглед, преку преработената маска, големите бандажи и огромниот дифузер на задниот браник. Оваа изведба на Clio има мотор со зафатнина од 2 литра и развива фантастични 203 КС, кои гарантираат исклучително задоволство во возењето. Но, најпродавани изведби на Clio ќе бидат оние со мотори од 1,2 литар. Малиот Французин нуди две изведби со идентична зафатнина, но сосема различен карактер. Моторот со 75 КС, е умерен, култивиран, и не сака возачи со многу тешка►

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ renault-clio/

www.autofocus.com.mk

08/2009 37


tect Citro¨n c3 picasso 1.4 VTi Exclusive

Во ложа над уличната претстава Мал зафат во градбата може да го направи возилото сосема поинакво. Со огромниот ветробран C3 Picasso нуди место во ложата на улицата

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ citroen-c3-picasso/

НИ СЕ ДОПАЃА ПРОСТОРНОТО ЧУВСТВО И ПРЕГЛЕДНОСТА СО ТРИДЕЛНИОТ ВЕТРОБРАН ПРИСПОСОБЛИВОСТА И ФУНЦИОНАЛНОСТА НА КАБИНАТА

ОРИГИНАЛНИОТ ДИЗАЈНЕРСКИ ПЕЧАТ НА CITROEN

НЕ НИ ПРЕЧИ РЕЛАТИВНО ВИСОКАТА ЦЕНА НА ТОПМОДЕЛОТ. БОГАТИОТ ПАКЕТ НУДИ ОДЛИЧНА ПРОТИВВРЕДНОСТ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА СЛОБОДНИОТ ОД НА РАЧКАТА НА МЕНУВАЧОТ ВО ДЕЛОВИ НЕДОРАБОТЕНА ПРАКТИЧНОСТ: ПРОСТОРОТ МЕЃУ СЕДИШТАТА Е РЕЧИСИ НЕИСКОРИСТЕН

40 08/2009

www.autofocus.com.mk


Заштитниот знак на вановите на Citroen: Триделниот ветробран

Со комфорното и тивко подвозје, Picasso е одличен сопатник Судир на времиња: Најсовремен ван покрај дрвен плот

П

омошник што ги стресува седиштето и воланот кога ќе се прегази лентата, волан со неподвижен топук и на него клавијатура за свирење со функциите на возилото, прикажување на податоците за возењето на полупроѕирна лента среде арматурната табла... Што уште може да измисли овој Citroën? Или подобро, во смисла на слоганот на куќата: „Што сé може Citroën да направи за вас?“ Може уште многу. На пример, да го промени начинот на гледање на светот. На оној автомобилскиот, што значи, секојдневниот. Несомнено е дека триделниот ветробран полека прераснува во следната мајсторија со која Citroën продолжува да ја прикажува својата генијалност. Точно е дека не звучи особено сензационално, тоа што каросериските техничари, наместо дебели предни столбови, решија да користат по два потенки. Сепак, тоа е сензација. Во гладот од новото чувство

www.autofocus.com.mk

што се доживува по седнувањето во C3 Picasso, прво се посегнува по висинското местење на седиштето, за глетката напред да се рашири што повеќе. Но, некој претходно веќе го направил тоа. Седиштето е само на забец од највисоката положба. Правилната положба на седење што ја замислиле ергономите е малку подолу, но сепак доволно високо за да ослободи од гимнастика и гаѓање на седиштето со задникот како што е вообичаено кај ниско израснатите автомобили од вчера. Ново е доживувањето, и нормално е да се направи грешка. Тогаш веќе отпаѓа критиката дека воланот не може да се крене доволно или дека колената се премногу свиткани. Мајсторијата е со малку да се постигне многу. Едно обично триаголно прозорче интегрирано со ветробранот го менува целиот автомобил. Предноста на C3 Picasso над другите од неговата► сорта не е ниту во просторната 08/2009 41


tect Toyota Urban Cruiser 1.33 VVT-i Sol

До крајот на и уште малку понатаму

Преголеми, претешки, непотребни. Теренците се автомобили што на никого не му се од корист. Но, нивниот изглед го сакаат сите. Затоа е тука Urban Cruiser

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ toyota-urban-cruiser/

НИ СЕ ДОПАЃА ЦВРСТИНАТА ШТО ЈА ОДДАВА ВО ВОЗЕЊЕТО одлично просторно чувство напред прецизен и лесен менувач

НЕ НИ ПРЕЧИ ОТСУСТВОТО НА ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА: ЗА ВООБИЧАЕНИТЕ ИЗЛЕТИ, ДОВОЛЕН Е ЗГОЛЕМЕНИОТ КЛИРЕНС

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА СИСТЕМОТ СТАРТ-СТОП БРЗО ГО БУДИ МОТОРОТ ПРИ ВКЛУЧЕН КЛИМА-УРЕД ОГРАНИЧЕНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА ТОВАРНИОТ ПРОСТОР

46 08/2009

www.autofocus.com.mk


градот

www.autofocus.com.mk

М

алечките автомобили излегоа најголеми херои. Додека светот се учи да штеди одново и скапоцените лимузини сé поретко се решаваат да излезат од салоните, малечките освојуваат сé повеќе симпатии. Продажбата расте, тоа можe да го потврдат сите производители, и не постојат изгледи дека трендот би можел да се промени во догледно време. Единственото што е можно да претрпи промени се барањата на купувачите на малечки возила. А тие се многубројни. Оттаму, чувствуваат дека имаат право да побараат сé и сешто, од гол евтин автомобил до луксузен моден придружник, и од мудро смислен миниван до купе-кабриолет што освојува со стриптизот на покривот. Сосема е разбирливо што од некаде ќе се испрчат и купувачи што ќе побараат што е можно помалечок теренски автомобил. Од летово, Toyota го има во понудата автомобилот што би можело да им одговара и на овие купувачи. Новиот модел се вика Urban Cruiser, кој со должината од 3,93 метри сé уште му припаѓа на друштвото на малечките автомобили, но изгледа како да е за цел број поголем. Причината за тоа се деталите во појавата кои заличуваат на теренец: Нанадвор извлечени крила, раширени тркала во претставителен формат и пластични панели под носот и опашот на возилото, што изгледаат како да ќе го заштитат од пречките на теренот. Оптичката мамка покажува дејство. Слично како Kia Soul и Daihatsu Materia, кои се препознатливи по коцкестите каросерии, Urban Cruiser настапува силно небаре ќе собори уште неколку дрва пред себе за да си го доослободи патот. На првиот тест во Auto Focus беше очигледно дека луѓето ги привлекува коцкестата форма на Urban Cruiser и неретко се случуваше возачи на поголеми и посилни автомобили да ја пропуштат Toyota пред себе, за да ја подразгледаат додека ги одминува. Несреќното беше што некој се почувствува до толку загрозен од новиот автомобил во градот што реши насилно да му го попречи патот:► Urban заврши со смачкан нос,

08/2009 47


Импресија Дестинации за уживатели во возење

Преку седум плани Возењето некогаш не мора да има одредиште. Самото возење е целта. Сo BMW 320d xDrive посетивме неколку дестинации што се вистинско уживање за возење

Поблиску до рајот: Со погонот на сите тркала BMW си дозволува глетки што се недостапни за другите

Б

рзото возење по прав и педантно испеглан автопат не е предизвик за денешните автомобили. Со текот на развојот на автоиндустријата, и најмалечките од нив ни се оспособија да негуваат темпо што до пред неколку деце-

52 08/2009

нии беше привилегија на големите лимузини. Подобар автомобил, дефинитивно не е тој што ќе се пушти да вози побрзо по автопат. Зрелоста на техниката се чувствува многу посилно преку релаксираноста што милениците► на четири тркала ја покажуваат www.autofocus.com.mk


ни и седум езера За возењето да не остане во втор план: Острите свијоци над езерото Козјак предизвикуваат силен адреналински наплив

Непосредна врска со природата: Со штедливоста BMW покажува грижа кон животната средина

www.autofocus.com.mk

08/2009 53


против досада Необичен вандализам во Амстердам

Нова игра: Фрлање Smart

Полицијата во Амстердам е загрижена за новиот вид вандалство: фрлање Smart во вода

М

алечок е, лесен и згоден за возење, неодолив. Таков е Smart. Тој е совршениот градски автомобил и може да се паркира буквално каде и да се посака. Но, во Амстердам е подобро ако се внимава каде се остава малечкиот двосед, а најдобро е тој да биде паркиран што е можно подалеку од каналите што го испресекуваат целиот град. Инаку, огромна е веројатноста дека автомобилче-

то ќе заврши удавено во вода. Овој необичен тренд веќе доби име: „Фрлање Smart“, или на холандски „Smart smijten“. И дали сега треба некој да се зачуди што трендот се роди токму во Амстердам? Кафулиња во кои дрогата не само што се продава сосема легално туку и се консумира, кварт со проститутки и излози осветлени со црвени рефлектори среде град, и паркинзи само за велосипеди. Во Амстердам се доживуваат многу работи што на друго место не можат ниту да се замислат. Секако, ова важи и за фрлањето Smart. Полицијата во холандската престолнина е мошне загрижена за овој нов вид вандализам врз автомобилите. Особено во викендите е зачестен бројот на случаи во кои сопствениците пријавуваат дека го нашле својот Smart потопен во каналите низ градот. Според пишувањето на холандскиот дневен весник „Телеграф“ новиот спорт е особено популарен меѓу младите. Кога по лудата

Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 септември 2009 82 08/2009

ноќна забава младите ќе се затетерават испијанети покрај идиличните канали, бараат објекти на кои што може да го истурат својот бес. Во последно време нивниот поглед зачестено паѓа на малечкиот и лесен Smart. Ако двоседот е паркиран веднаш покрај канал, сигурно ќе заврши во него. Со должината од 2,70 метра и тежина од 825 килограми градското џуџе магично ги привлекува вандалите. На сопствениците тоа воопшто не им е забавно. Каспар де Јонг е една од жртвите: „Неодамна среде ноќ ми заѕвони полицијата. Ме прашуваа дали јас сум сопственикот на белиот Smart што плови долу во каналот“. Каспар де Јонг сосема регуларно го оставил својот автомобил на лентата за паркирање покрај каналот. Малечкиот автомобил стоел паркиран со опашот кон каналот и било мошне едноставно да се турне долу. Играчите на „Фрлање Smart“ не ја пропуштиле можноста. Неговиот Smart сега е тотално бескорисен, а од прекршителите ниту трага. На сета беља, сега и осигурителната компанија одбива да плати отштета за автомобилот што вреди 10.000 евра. Осигурителната компанија тврди дека се работи за виша сила.

Полицијата во Амстердам веќе реагира и има ангажирано цивилни лица што го надгледуваат просторот околу каналите и би требало да ги спречат нападите врз кутриот Smart. На прашањата на медиумите, полицијата е воздржана. Се стравува дека написите за случаите со Smart може да ги анимираат другите лица да го прават истото. Но, идеите се раѓаат на друго место, и прекршителите сигурно не се инспирирале од медиумите за новата игра. Можеби е подобро да се ѕирне во локалите околу каналите. Најдобро е, сепак, Амстердам да се откаже од Smart, и да премине на огромен, тежок, неуништлив Hummer. �

www.autofocus.com.mk

AutoFocus 24  

AutoFocus #24