Page 1

мотори до 306 кс

покомфорен

поголем

bmw x3

Број 35 • јули 2010

Во освојувачки поход

поштедлив

CITROEN C4

помалку оригиналност

повеќе комфор

први фотографии

ПРВО ВОЗЕЊЕ

VOLKSWAGEN JETTA

се ослободи од бледиот имиџ

ТА Е РОДЕНА ЅВЕЗДА се ослободи од бледиот имиџ

ПРЕДИЗВИКУВАЧ!

DACIA DUSTER

Кој може подобро нека повели

ВО СУЛТАНАТОТ НА RENAULT Посета на фабриката во Бурса 780 КС0, 600.00 евра

ШПАНСКА МУШИЧКА

Triumph

GTA SPANO

Rocket III Roadster

на Најубавата страна

автомобилите

Секој моторџија мора да го проба овој монструм јули 2010 90 ДЕНАРИ

9 771857 569002

35


Број 35 • јули 2010

Првата битка на струјата е добиена Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk

Скопје има причина да се гордее. Македонската метропола заслужи да се најде во исто друштво со Детроит, Волфсбург или Торино и да се прогласи за град на автомобилите. Но, за разлика од овие светски центри на моќ на кралицата на индустријата, Скопје за жал не го заслужува овој епитет поради концентрацијата на субјекти од автомобилската бранша околу него - Џонсон Контролс и Џонсон Мети, сепак, се премалку. Од каде тогаш град на автомобилите? Поради впечатокот што се стекнува при инцидентните освестувања од боксерските удари на типската рурализација на градот - во Скопје не живеат луѓе, тука живеат автомобили. Чувството дека живеме во град на автомобилите почнуваме да го доживуваме во истиот момент кога ќе го притиснеме копчето за заклучување. Веќе сме до толку навикнати на сликата да гледаме како автомобилите ги освојуваат тревниците, тротоарите и не пропуштаат ништо наоколу, што почнавме да веруваме дека така е правилно. Сите улици во градот, барем оние што го сочинуваат јадрото и даваат најјасна слика за дишењето на градот, почнаа да ни заличуваат на Пластичарска улица. Цело Скопје е претворено во една голема, валкана, смрдлива и развикана Пластичарска улица. Хаотична и засрамувачка улица. Како тоа да е резултат на длабока фрустрација на незгрижени и ненавремено третирани психијатарски случаи, кои ако не ги спречите навреме ќе го уништат градот до темел и ќе му ја извадат душата буквално. Ако жителите во населбите кои што со векови го носеле ритамот на градското живеење велат дека повеќе не се чувствуваат пријатно во најновото ново и возобновено Скопје, тогаш сигурно нешто смрди во целата работа. Единствените површини кои што се останати слободни за сите познати и непознати форми на движење се улиците. Ако од крајна потреба и само со исклучителна храброст се решиме да ги оставиме автомобилите и да проодиме пеш, да провозиме велосипед или да туркаме детска количка по површините кои што сме мислеле дека се предвидени за тоа, во моментот кога ќе наидеме на автомобил пред нас, единствената реакција што ни преостанува е отстапка. Премногу се моќни овие тешки предмети од метал за некако да им се спротивставиме. Секако дека е крајно неортодоксно, еден магазин во кој што автомобилите се воздигнуваат во култ и истите се прославуваат како кулминација на индивидуалната мобилност, да излегува со став против автомобилите. Но, реакцијата треба да биде прифатена многу повеќе како нивна одбрана. Не сакаме да ги гледаме автомобилите во оваа улога на насилници на урбаното живеење. Откако ќе ги паркираме автомобилите, каде било, стануваме единки од втор ред. Штом отстапуваме од линијата на нормално движење, послаби сме. Автомобилите ја искористија својата физичка надмоќ и нé потиснаа настрана. Манифестирањето на надмоќта е напреднато до таа фаза што проди-

ра длабоко во квалитетот на урбаното живеење. Убав пример даваат пристапните улици до Градскиот парк. Во текот на целото деноноќие, тоа се едни од сообраќајно најоптоварените улици во градот. Секој има некаква причина да пристапи во подрачјето на паркот, односно на Градскиот стадион на почетокот на паркот, кој што во сиве изминати години се изроди во центар со комерцијален карактер: Десетина ресторани, пет дискотеки, телевизиски куќи, неколку големи продажни центри, секако паркот, и најновото, плажа – и само една улица за пристап до сите овие објекти. Дали градските власти, сите досегашни, се толку слепи што не можат да препознаат дека градот е пред разурнување и се исто толку глуви да ги слушнат Скопјаните како врескаат по нив. Во разговорите со локалните жители, нивната реакција е единствена: Катастрофа! Тука владее целодневна бучава, чија што неподносливост е дополнително зачинета со какофонија од сирени, па уште и со смрдеа и прашина. Зарем вака треба да изгледа еден престижен дел од градот, конципиран единствено како резиденцијална средина? И воопшто, зарем смее да се дозволи ваков хаос каде било во градот? Одбраната: На кого не му одговара, нека се пресели на периферија. Има доволно луѓе отстрана, кои што можеме да ги убедиме дека вревата и калта се главните одбележја на урбаното живеење. Немаме визи, шетаме, сме виделе: Зошто сликата од Скопје не се повторува во неспоредливо поголеми градски средини? На пример, зошто е поинаку во Барцелона, Хамбург или Виена? Мандаторите ќе се распрснат како меур од сапуница кога на масата ќе им биде тресната европската регулатива. Во големите градови, но пред сé градови, постојат јасно одредени правила на движење и одвивање на сообраќајот. Постојат зони во кои што е ограничена брзината на движење на 30 или 40 километри на час, заради зачувување на мирот на жителите, постои диференцијација меѓу комерцијален и резиденцијален кварт и постои стимулација возачите да ги заменат разбрмчените крнтии со нови, потивки и поеколошки. За многумина претставува изненадување кога ќе разберат дека екологијата не подразбира само одговорност при фрлање отпад, туку многу повеќе подразбира справување со бучноста. Машината за цртање линии по улици, поточно кофата на тркала, повеќе не може да служи како стратешки витален елемент од регулирањето на сообраќајот во градот, иако таа и натаму е од особена важност за жителите кои што се привилегирани да живеат во идиличните планински краишта, каде што патиштата се толку тесни што нема место да се повлече линија насреде, па првата асоцијација за урбаната средина им претставува токму линијата што ја дели улицата на натам-навам. Малку се идиотите што ќе поверуваат дека овие машини го подигнуваат квалитетот на живеењето во градот. Тие, веројатно, никогаш и не постоеле.

Разочарувачкиот резултат од типската рурализација на Скопје - во овој град не живеат луѓе, тука владеат автомобилите. Луѓето се деградирани во единки од втор ред

07/2010 3


СОДРЖИНА Број 35 • јули 2010

НОВИТЕТИ

6

BMW X3 За половина година ќе стартува новиот X3: Фокусот е на комфорот и на просторноста

12

Volkswagen Jetta Лимузината изведена од Golf доживеа премиера во Њујорк: Jetta е ѕвезда во САД

16

Citroen C4 Кај овој компакт е јасно: Помалку оригиналност, повеќе квалитет и максимум комфор

20

Abarth 500C Темпото 200 се доживува поинтензивно во малечкиот Fiat: Тој е големо галамџиче

24

Suzuki Swift Јапонците го имаат новиот Swift, но никој не го забележува тоа. Техниката е нова

34

20

Со спуштен покрив и со 140 КС под хаубата, летото добива дополнителна возбуда во Abarth 500C. И цената не остава рамнодушност: 20.000 евра

34

Неверојатно, но комбинацијата од погон на сите тркала и дизелски погон, никогаш претходно не била понудена во Opel. Премиера во Insignia

54

Кога прототипот NSX се појави на салонот во Чикаго во 1989 година, никој не очекуваше дека од тоа ќе излезе сериски модел. Купето на Honda се издигна во култ

Opel Insignia 2.0 CDTI 4X4 Големиот модел ја има честа: За прв пат комбинира погон 4х4 и дизел мотор во Opel

78

GTA Spano Шпанците имаат традиција во скапоцени возила: Spano ja продолжува доследно

ТЕСТ И ТЕХНИКА

18

Старт-стоп систем e-HDi PSA ветува заштеда во потрошувачката од 15 проценти со новиот стартер-алтернатор

36

ПРВО ВОЗЕЊЕ Dacia Duster Цената не го спречува да се качи таму каде што успеваат двапати поскапите модели

43 44 ТЕСТ Citroen C3 1.4 HDi Техничарите напишале еден збор со големи букви во овој автомобил: Комфор!

TEMA

22

Car2go Таксистите добиваат конкуренција: Изнајмување кола по цена од 19 центи за минута

26

Autopia Во близина на Истанбул почна да се гради најголемиот автомобилски салон на светот

48

Посета на Oyak-Renault во Бурса Фабриката во Турција станува носечка алка во меѓународната мрежа на Renault

54

ИМПРЕСИЈА Honda NSX Пред 20 години, Honda му покажа на светот како се прави суперспортски автомобил

56

Најубавата страна на автомобилите Девојките во функција на пратечка индустрија на автомобилската бранша

НА ДВЕ ТРКАЛА

62

МОТОЦИКЛИ ТЕСТ • Triumph Rocket III Roadster: Секој моторџија мора да го проба овој монструм

MOTOСПОРТ

74

Формула 1 • Голема награда на Европа Неочекувано возбудлива трка на патеката во Валенсија: Победа на Себастијан Фетел

ОСТАНАТО 28 Вести 64 ВАШИ ПИСМА

66 ЦЕНОВНИК 82 ПРОТИВ ДОСАДА

Автомобили во овој број 20 6 43 16 36

Abarth 500C BMW X3 Citroen C3 1.4 HDi Citroen C4 Dacia Duster

78 54 34 24 12

GTA Spano Honda NSX Opel Insignia 2.0 CDTI 4X4 Suzuki Swift Volkswagen Jetta

07/2010 5


Новитети BMW X3

Претходникот беше недостижен за конкурентите. Со спортското подвозје тој возеше со истата динамика како лимузината од серијата 3. Сега се додава и комфор

На новиот X3 адува само нема да се р

Тој го постави трендот на компактните теренци и му донесе огромен успех на BMW. Но, комбинацијата од тврдо подвозје и спортски возни својства не им се допаѓаше на сите. BMW ги поправи работите и повторно ќе ја плаши конкуренцијата 6 07/2010


Преселба во САД

Н

е постои друг модел на BMW кој што во минатите неколку години постигна толку впечатлив успех како X3. Откако компактниот теренец се појави на пазарот во 2003 година, во светот се продадоа преку 600.000 примероци од него. Една од причините за огромниот успех на помалиот брат на X5 секако е точно погоденото време на неговото лансирање. Долго време X3 немаше соодветна конкуренција Покрај промените во дизајнот и во поди му беше препуштено целосно возјето, следен новитет кај X3 е земјата на да владее со сегментот на блапроизводство. Место во австрискиот Magnaгородните компактни теренци, Steyr, теренецот ќе се произведува во Спардодека другите производители танбург, Јужна Каролина. Тука BMW веќе ги се концентрираа само на тепроизведува моделите X5 и X6. Поволниот ренци во полна големина како курс на доларот, субвенциите од државата Audi Q7, Volvo XC 90 и класата и евтината работна сила ќе помогнат цената М на Mercedes. Но, X3 го градеда остане блиску до претходникот. Поевтина ше името и со одличните возни и поштедлива верзија со погон само на задсвојства. Откако конкурентите ните тркала засега не е во игра. се созедоа и ги лансираа своите модели Q5, GLK и XC 60 против бестселерот од Минхен, Баварците кот. Со дизајнот на каросеријата, ја свртеа следната страница од при- новиот X3 се ориентира според казната и со втората генерација на поголемиот X5. Исто како погоX3 сакаат да напишат уште едно лемиот брат и купе-теренецот Х6, големо поглавје во историјата на новакот во семејството ќе се произведува во фабриката на BMW во спортските теренци. Во споредба со претходникот, но- Спартанбург, во САД. Таму е веќе виот X3 порасна значително во сите во тек производството на X5 и на правци. Порастот од девет сантиме- X6. Претходникот се произведутри во должина ќе придонесе да се ваше во Австрија, во погоните на надмине проблемот со релативно Magna во Грац. Помалиот брат X1, ограничената просторна понуда во кој што се произведува во погокабината на која што купувачите ните во Лајпцих, ќе ја позајми понеретко се жалеа. Но, со должината гонската техника за моделските

Топ-модел ќе биде xDrive 35i со трилитарски шестцилиндарец со 306 КС. Претходникот досегаше до 272 КС

возачот од 4,66 метри, X3 ќе се издвои и од помалиот модел X1, кој е покус за 21 сантиметри. Моделот од средината на понудата во семејството Х доби и три сантиметри повеќе во ширина, додека во висина изгуби два сантиметри и сега ќе мери 1,65 метар. Со ваквото пумпање на каросеријата, теренецот ќе нуди повеќе простор за нозете, колената и за рамениците на сите седишта. Инструментите и прекинувачите во кокпитот кои што го следат дизајнот од новите лимузини од сериите 5 и 7 ќе се погрижат и впечатокот за квалитет да биде уште поубедлив отколку кај претходни-

изведби од почетокот на понудата на X3. На стартот на европската продажба во ноември, новиот член на семејството Х ќе биде понуден со две погонски единици. Покрај Х3 xDrive 20d со 184 КС и со вртежен момент од 350 њутнметри, кој и натаму ќе биде најпродаваниот мотор во гамата на компактниот теренец, ќе се најде и врвната моделска изведба X3 xDrive 35i со 306 КС и 400 њутнметри. Во следната пролет, моделската палета ќе се дополни со четирицилиндарски дизел со зафатнина од два литри, со двојно турбонат- ► 07/2010 7


Новитети VW Jetta

Кети ја запали новата Jetta

М

ногу работи се случуваат на Тајмс Сквер во Њујорк. Тоа е едно од најпосетените и најфотографирани места во светската метропола. Тука се случуваат најголемите застои во градот, се одржуваат мега концерти и народот се собира на големи демонстрации. Овојпат, во улога на ѕвезда се најде новата Volkswagen Jetta. Големата лимузина базирана на Golf, со текот на времето постојано го губеше некогашниот имиџ што го уживаше меѓу европските купувачи. Но, во САД, Jetta и натаму ужива огромна популарност.

12 07/2010

Volkswagen одржа премиера во Њујорк. Лимузинската изведба на Golf таму ќе се продава за 12400 евра. Моделот ќе се нуди и во Европа, но не по таа цена За Jetta, тоа се два света кои што немаат ништо заедничко. Во претходните генерации, Германците вложија големи напори да ја вратат популарноста на моделот во Европа и да го подмладат кругот на купувачи. Но, народната лимузина никогаш повеќе не го повтори успехот по првите две генерации на европскиот пазар. Во споредба со легендарниот и

речиси бескласен Golf, лимузината е речиси како чир во понудата на VW. Притоа, техничките и практичните квалитети на моделот никогаш не беа ставени под знак на прашање, но имиџот на автомобилот е таков што никој помлад од 60 години нема да се пофали со задоволство дека вози токму Jetta. Во САД, работите изгледаат то-

тално поразлично. Лимузинскиот Golf ужива имиџ на вистинска спортска лимузина, без разлика што погонот е на предната оска. Jetta си обезбеди сигурна почва уште во 1980-те години кога со моќните мотори од Golf GTI се профилираше како евтина алтернатива за купувачите кои што сакаа да возат релативно спортски автомобил од Европа. Ако


Кети се качи на Jetta

` се допадна и тоа и

Пејачка што цел свет сака да ја чуе и види, па уште и собир во срцето на светската метропола, само за Jetta? Да, за разлика од Европа, лимузината изведена од Golf е успешна во САД постои пазар на кој што Jetta постигна успех, тоа е само САД. Секоја година VW продава преку 100.000 примероци од моделот од другата страна на океанот. Затоа не претставува изненадување тоа што светската премиера на новата VW Jetta се одржа токму во Менхетен. Секако, во овој потег се препознава и огромната самоувереност на марката од Волфсбург во намерата да завладее со глобалниот автомобилски пазар. До пред неколку години, Jetta сé уште можеше да се појави тивко и незабележливо

во моделската понуда на VW. Но, работите се променија во меѓувреме. Новиот модел ќе има лавовска задача во планот на VW да постигне тројно зголемување на продажбата во САД до 2018 година, кога германската марка очекува да постигне годишен волумен на продажба од преку 800.000 возила. Со Jetta, тоа нема да претставува проблем. Единствено логото на задниот капак остана непроменето од претходникот.

Од појавувањето на моделот во доцните 1970-ти години се продадоа преку 9,6 милиони примероци во светот. Пазарот во САД ќе се погрижи оваа бројка да продолжи со рапиден раст. Уште со студијата NCS која што се појави на салонот во Детроит можеше да се претпостави дека новата Jetta ќе се збогува засекогаш со скромниот имиџ на претходните генерации. Турканицата околу големата бина што беше поставена на Тајмс Сквер е доказ дека очекувањата на VW не се претерани. Лимузината долга 4,64 метри има препознатлив дизајн и јасно ►

07/2010 13


Новитети Citroen C4

Р

ецептот врз кој што се темели успехот на Citroen остана непроменет во сите овие години: Главно е возилото да се разликува. Французите отсекогаш негувале препознатлив стил, меѓу другото, со необично дизајнирани каросерии за своите автомобили, со дигитални инструменти или со волан со фиксирана глава. Со новиот C4, палавата француска марка ја прекинува старата традиција и се преориентира кон новата традиција која што почна со моделите C5 и C3: Помалку екстраваганција и повеќе вообичаени, но солидно изведени решенија. Од старата традиција остана единствено широкото лого кое што ги симболизира запчениците на генијалецот Андре Ситроен. Се промени и формата на предните светла: Место горниот раб да им биде развлечен по должината на хаубата, светлата сега добија правоаголна форма и го гледаат многу поагресивно светот пред себе. Задните светла се преселија на кат подолу, додека пак рамно пресеченото задно стакло е заменето со стакло што е повеќе заоблено и завлегува во страниците на каросеријата. Со должината од 4,33 метри, новиот С4 е за пет сантиметри подолг од претходникот, но е во исто време поширок и за три сантиметри повисок. Со доплата се добива голем панорамски покрив. Во кокпитот е многу повеќе забележлива преориентацијата кон конвенционалните решенија. Љубителите на марката ќе кренат востание поради овој чекор, но од друга страна, на овој начин автомобилот ќе привлече многу нови купувачи. „Ракувањето е едноставно и прегледно, новиот С4 ја побудува уште од стартот довербата на возачот и на совозачот“, тврдат од маркетиншкото одделение на Citroen, што може да се сфати и како признание дека кокпитот на претходниот модел не беше по сечиј вкус. Технички податоци: Citroen C4

Нов поим за комфор: Француска масажа

Комфорот во возењето е традиционална дисциплина на француската марка. Во новата генерација на C4, Citroen ќе нуди и ставки од високата класа, како седишта со масажа Возачот добива за работа обичен волан што е зарамнет од долната страна. Инструментите се наоѓаат исто како кај сите други автомобили, зад воланот. Французите ветуваат значително подобрено ниво на акустичен комфор, а околу тоа не би требало да постојат сомневања, по искуствaта со DS3 и со новиот C3. Багажникот располага со волумен од 408 литри,

што е значително повеќе отколку кај претходниот модел, но и од конкуренцијата. Golf, на пример, има багажник од само 350 литри, додека Focus остава простор од 396 литри во опашот. На менито на опремата ќе појават благородни специјалитети: Систем за надгледување на мртвите агли, темпомат што ги чита брзинските ограничувања, но

Бензински мотори Модел

Дизелски мотори

VTi 95

VTi 120

THP 155

HDi 90

HDi 110

HDi 150

1.4 л, 95 КС 5

1.4 л, 120 КС 5

1.6 л, турбо, 156 КС 6

1.6 л, 92 КС 5

1.6 л, 112 КС 6

2.0 л, 150 КС 6

Брзина [km/h]

182

193

214

180

190

207

0-100 km/h [s]

-

10,8

8,7

12,9

11,3

8,6

Потрошувачка, просек [L/100 km]

-

6,2

6,3

4,2

4,5

4,9

Мотор Менувач, степени Каросерија

16 07/2010

4329х1789х1516 mm, меѓуоскино раст. 2608 mm, багажник 408 L

и седишта со функција за масажа или можност за менување на бојата на инструментите. Механичкото активирање на паркирната сопирачка е заменето со електроника, а со доплата ќе се добива и роботизиран менувач. Новитет е системот eTouch: Тој го надгледува возењето и го советува возачот како да ја намали потрошувачката на гориво.

За префинети барања: Престижното купе DS4 доаѓа догодина


Инспирација кај конкуренцијата: И компактот на Citroen во иднина ќе ја следи школата Astrafocusleon

во Citro¸n

Многу се ветува во поглед на комфорот

Проѕирната фолија како инструмент табла и воланот со фиксирана средина заминаа во пензија

Многу хром, елегантно решено детаљи, тенки столбови, но непрепознатливо како Citroen. Затоа, пак, Французите ќе надоместат со значително подобрен квалитет на изработка. Највпечатлива карактеристика на С4, сепак, ќе биде комфорот

Под хаубата се сервираат познатите мотори, на кои што талентот за штедење им е дополнително истрениран со автоматскиот старт-стоп. Палетата на мотори ќе ја сочинуваат три бензински и три дизелски мотори, во дијапазон од 90 до 155 КС, меѓу кои ќе се најдат и моторите развиени во соработка со BMW. И покрај порастот на каросеријата, новиот С4 ќе биде полесен од претходникот - овој манир Citroen го изведе и кај С3. До објавувањето на цените ќе

мораме да почекаме уште неколку месеци, до премиерата на новиот модел во септември, на салонот во Париз. Семејството на моделот ќе го дополни и купе, но тоа ќе биде издвоено како засебна изведба. Уште при премиерата на DS3, Французите најавија дека во следната пролет ќе се појави благородната изведба DS4 врз основа на комбилимузината C4, а кон крајот на годината ќе следува и DS5. Исто како кај единствениот член на семејството DS

во овој момент, купето од С4 ќе поседува повпечатлив стил и на купувачите ќе им нуди повеќе можности за индивидуализација на возилото. Има нешто и за љубителите на технологијата: Дизелот 1.6 HDi е достапен и во изведба e-HDi, со стартералтернатор од 2,2 киловати, кој што ја врши функцијата на автоматски старт-стоп и штеди до 15 проценти гориво при градско возење. Но, тоа е веќе посебна приказна. Повеќе за тоа на следните страници. �

07/2010 17


Новитети Систем за автоматски старт e-HDi

Овој систем ќе пали и гаси Еден малечок помошен агрегат се грижи потрошувачката во град да се намали за 15 проценти. Новиот систем за старт-стоп на PSA го гасне моторот уште при 20 километри на час

Главни компоненти на системот • Мотор 1.6 HDi 90 или 1.4 HDi 70 Моторот трпи посебни модификации за комбинирање со е-HDi: Засилена пумпа за вшприцување и поиздржливи лежишта за коленастото вратило, дополнително подмачкување на турбината и потежок замавник • Cтартер-алтернатор (на сликата) Втора генерација i-StARS (integrated Starter-Alternator Reversible System), со експлоатациски век од 600.000 рестартирања, со 70 % поголем вртежен момент • Контролна електроника на алтернаторот: Ја регенерира енергијата кога возилото забавува • Хибриден батериски систем Акумулатор 70 Аh, кондензаторски E-Booster

18 07/2010


П

Заменик шефот Жан Марк Галес верува дека e-HDi ќе стане стандард во браншата, исто како моторите HDi. Во 2013 година, една третина од моделите со дизелски мотор ќе бидат опремени со новиот систем старт-стоп. Заштедата во потрошувачката: 15 проценти

ионерската улога на француската групација РЅА во воведувањето на системот старт-стоп остана незабележана, иако овој систем што автоматски го гасне моторот при мирување на возилото и на истиот начин го стартува кога повторно ќе се притисне педалот на спојката постепено прерасна во стандард кого што го почитуваат речиси сите производители кои што во својата понуда имаат модели со оптимизирана потрошувачка. Во 2004 година, групацијата прва почна да го вградува системот Start & Stop во серија, во моделите C3 и C2 со бензински мотор, а во почетокот на оваа година ја комбинираше усовршената изведба на системот и со моторот 1.6 HDi, најпопуларниот дизел на Французите. Со претставувањето на втората генерација на системот кој што ја носи ознаката еHDi и оптимиран е за работа со дизелски мотори, PSA Peugeot Citroen сака повторно да биде на чекор пред конкуренцијата. Стартер-алтернаторот, кој што е основа на првата генерација на системот старт-стоп на Peugeot и Citroen, сега е збогатен и со функ-

класичните системи за автоматски старт-стоп не се во состојба да го стартуваат моторот доволно брзо и доволно култивирано. Системот e-HDi постигнува значителен напредок со времето од 400 милисекунди кое што е потребно за повторно стартување на моторот. Тоа е речиси двапати побрзо отколку мануелно стартување на моторот со клуч, односно околу една третина побрзо од конвенционалните системи старт-стоп. Новиот систем ветува зголемен конфор во возењето. Доколку возилото поседува мануелен менувач, моторот се гасне автоматски уште

ОСНОВНИ податоци

Должина на стартер -алтернаторот: 156 mm Тежина: 7,5 kg Вртежен момент при 50/min: 53 Nm Век на експлоатација: 600.000 стартувања

Главната компонента на системот е стартер-алтернаторот (4). Поради компактните димензии, вградувањето на системот е едноставно и евтино. Други компоненти: е-Booster со контролна електроника (1а), кондензатор (1b), акумулатор (2), електроника за старт-стоп (3), мотор HDi (5)

ција на повраток на енергијата при сопирање. Новиот e-HDi развиен од добавувачот Valeo за прв пат комбинира дизелски мотор со реверзибилен стартер-генератор. Овој генератор кој што добива погон преку запчестиот ремен обезбедува значително поголема моќ за стартување во споредба со обичниот анласер. На тој начин, вртежниот момент кој што е потребен за стартување на дизелските мотори се постигнува мошне брзо. Постоечките системи за старт-стоп не се најоптимални за работа со дизелските мотори. Поради конструкцијата на овие мотори, односно поради поголемата компресија, потешкото коленасто вратило, но и поради поголемото внатрешно триење,

пред да запре возилото, односно кога брзината ќе падне под 20 километри на час. Сепак, за тоа да се случи, возачот мора прво да го стави менувачот во празен όд и да го отпушти педалот на спојката – оваа можност за дополнителна заштеда повлекува менување на навиките на возачот. Во случај кога автомобилот поседува роботизиран менувач, моторот се гасне кога брзината ќе падне под 8 километри на час. Со усовршената конструкција, e-HDi се грижи повторниот старт на моторот при притискањето на педалот за спојката да биде молскавично брз и тивок. Покрај тоа, отсуствуваат и вибрациите кои што се вообичаени при стартувањето на дизелските мотори. При сопирање,

односно при отпуштање на педалот за гас, системот врши повраток на енергијата, која што преку акумулаторот и преку кондензаторите се става на располагање на струјната мрежа на возилото. Премиерата на технологијата e-HDi ќе се случи кон крајот на годината, во новата генерација на компактот Citroen C4, како и во лимузината од средната класа C5 и во компактниот ван C4 Picasso. Во следната година, системот ќе почне да се користи и во автомобилите на втората ќерка во групацијата, односно во моделите Peugeot 308 и 508. Во почетокот, автоматскиот старт-стоп ќе биде достапен со 1,4 и 1,6-литарските изведби на HDi. До 2013 година, шефот Жан-Марк Галес очекува да бидат продадени еден милион возила со новиот систем, а веќе во следната година секој трет автомобил од групацијата со дизелски мотор би требало да биде опремен со e-HDi. Од следната година, системот старт-стоп ќе се појави и во поголемите дизелски мотори. Со збогатените и усовршени функции на e-HDi, во услови на градско возење ќе може да се постигне заштеда во потрошувачката на гориво до 15 проценти. Покрај тоа, сите модели со ознака e-HDi ќе се испорачуваат со гуми со намален отпор при тркалање и со менувач со продолжен преносен однос. Групацијата сé уште не ја објави точната цената на доплатата за системот e-Hdi. Шефот Галес само ориентациски наведува цена од „неколку стотини евра“. Но, и производителот ќе има корист од системот. Сите автомобилски куќи со просечна емисија на СО2 на сите возила од производствената гама поголема од 120 грами на километар ќе и плаќаат еколошки пенали на ЕУ. � 07/2010 19


Двестa

Тема Систем за изнајмување автомобили Car2go Таксистите гледаат опасност

Концептот Cаr2go има моќни непријатели: Кога новата услуга на мобилност им беше понудена на жителите на германскиот град Улм, таксистите се заканија со бојкот поради загрозувањето на нивната дејност

се сосема

Кола како мобилен телефон Моделот на плаќање е преземен од мобилните оператори: Минута возење чини 19 центи, вклучувајќи данок, осигурување и гориво. Сервисен тим редовно ги чисти возилата, ги сервисира и ги полни со гориво. Доколку во меѓувреме снема гориво, во касетата пред совозачот се наоѓа картичка за гориво. Ако некој не сака да плаќа на минута: Еден час чини 9,90 евра, цел ден 49 евра

П

ред околу една година, во германскиот град Улм почна да се тестира еден нов вид на мобилност. Регистрираните корисници можеа до мила волја да ги користат двестоте примероци на Smart распоредени низ градот. Принципот на услугата е едноставен: Влези, појди, паркирај, излези. Користењето се наплаќа 19 центи за една минута, слично како кај мобилен телефон. Корисниците не мораат да се грижат ниту околу горивото. Зошто да купам автомобил кога ми е потребен само 30 минути во денот? младите луѓе во големите градови сé почесто си го поставуваат ова прашање. Не е кул да имаш сопствен автомобил. На многумина им е прескапо да го одржуваат возилото. Аналитичарите предвидуваат големи пораст за сите форми на системи за Car Sharing, односно за споделување автомобил. Најлошите прогнози тврдат 20 проценти годишно, додека најоптимистичките спомнуваат и до 50 проценти. Принципот Car2go е единствен

22 07/2010

Автомобилите избледеа како статусен симбол, градските луѓе бараат нова форма на мобилност. Браншата сака да ги врати изгубените клиенти со услуги за мобилност. Тоа функционира одлично од својот вид. Корисникот се регистрира и добива чип кој што се лепи на возачката дозвола. За Smart да ги отвори вратите, овој чип треба само да се приближи до читачот под ветробранот. Клучот за палење е во совозачката касета. Пред стартувањето е потребно да се внесат уште неколку податоци преку екранот на допир, на пример да се впише пин-бројот или да се оцени дали возилото е чисто или можеби е оштетено. Потоа, патот е слободен. Откако ќе пристигне на целта, корисникот се одјавува преку неговиот чип, го враќа клучот во касетата и го ослободува возилото за следни-

Преку мобилен телефон може да се најде положбата на најблиското слободно возило


автомобили

доволно

Smart порани цели 15 години

Концептот на мобилност Car2go беше придружен дел на Smart при премиерата на првата генерација пред 15 години. Возилото и идејата за негово изнајмување беа толку напредни што на проектот му се закануваше пропаѓање. Работата ја спаси Daimler, купувајќи ја малечката автомобилска марка на креаторот на часовниците Swatch, Николас Хајек. Долго време Smart му носеше големи загуби и на новиот газда, кој се обидуваше да развие комплетна гама од модели, вклучувајќи ги комбилимузината forfour и спортскиот smart roadster. Денес се произведува само двоседот, но времето на малечкиот Smart штотуку доаѓа.

Како се изнајмува Car2go Чекор 1 За вратите да се отворат, членската карта се поставува врз читачот под ветробранот Чекор 2 Пин-бројот се внесува преку дисплејот на допир Чекор 3 Се оценува состојбата на возилото Чекор 4 Согласување со условите на користење Чекор 5 Клучот се вади од држачот во касетата пред совозачот от корисник. Возилото се резервира преку корисничка линија, интернет или преку iPhone. На мобилниот телефон се покажуваат најблиските позиции на возилата од сервисот. Може да се резервира до 24 часови однапред, но може и веднаш да се седне во возилото, доколку светилката на читачот под ветробранот

свети зелено и покажува дека возилото е слободно. Услугата постигна двојно поголем успех од очекуваното. Место 8.000 корисници, за сервисот Car2go се пријавија двојно повеќе заинтересирани лица. Секој Smart се измајмувал четири до осум пати во денот, во просек се користел меѓу 30 и 60 ми-

нути и се поминувала релација меѓу десет и 15 килиометри. Во првата година од воведувањето на услугата, возилата се изнајмени 235.000 пати. Кога ќе се направи математика, излегува дека возилата двестоте примероци на Smart минале вкупна релација од 3,3 милиони километри. Системот Car2go веќе ги достигна границите на својот капацитет. Сé потешко е да се најде слободен Smart во градот. Затоа, Улм во следните месеци ќе го зголеми возниот парк за уште сто возила. Генијалната идеја веќе доби неколку признанија, меѓу кои и „Eco-Globe“. Како и сите други ав-

томобили, и Smart испушта штетни гасови, иако помалку во споредба со поголемите возила, но го заслужи ова признание затоа што „поради недоволно пари, студентите би купиле некоја стара канта“, открива член на жирито. Покрај тоа, Car2go помага луѓето поинтелигентно да ја сфаќаат мобилноста. Тестирањето во Улм заврши успешно пред неколку месеци и оттогаш Car2go им се нуди како редовен систем за мобилност на граѓаните. Во минатиот ноември Daimler се одвезе со своите примероци на Smart до Остин, Тексас. Разликата кај американскиот систем на Car2go е во тоа што пристап до него имаат само 13.000 вработени во градската управа. Концептот со изнајмувањето на автомобилите на минута беше прифатен одлично и сега ќе им биде понуден и на приватни корисници. Производителот на Smart открива дека уште пред крајот на годината, Car2go ќе се понуди во уште еден европски град. Се шпекулира дека тоа може да бидат Рим или Хамбург. Но, проблемот во метрополите е во тоа што апсолутно не може да се најде слободен простор за паркирање и општините не се заинтересирани да отстапат посебни површини за Smart. Можноста на купувачот да најде слободно место за паркирање е суштински дел од функционирањето на системот. Многумина се одушевени од моделите за мобилност, но со домаќинска пресметка при студена глава се

покажува дека системот не одговара за сите. Доколку Smart се изнајмува 30 минути во денот, произлегува месечен трошок од 180 евра. Трошоците за одржување на нов автомобил од класата на Polo во Германија изнесуваат околу 350 евра, но за тие пари се добива вистински автомобил кој што е на располагање во секое време од денот, без какви било ограничувања, вклучувајќи и можност за напуштање на градот. Моделите на мобилност се интересни за корисниците на кои што автомобилот не им е потребен секој ден. Но, таквите корисници стануваат сé побројни. �

07/2010 23


Новитети Suzuki Swift

М

ора добро да се погледне три четири пати додека се воочи дека овој автомобил е всушност новиот Swift. Однапред е речиси невозможно да се препознаат разлики со претходникот. Објаснувањето за идентичниот изглед на двете генерации на моделот го дава дизајнерот Тецуја Озаса: „Актуелниот Swift беше мошне успешен. Затоа сакавме во дизајнот да постигнеме само еволуција, место револуција. Карактеристичните елементи останаа непроменети.“ Малечкиот спортски автомобил е најважниот модел на Јапонците. Тој е стилска икона и бестселер на марката. Од почетокот на производството на актуелниот модел во 1992 година, од унгарската фабрика Ештергом излегоа преку 1,5 милион примероци. Во споедба со претходникот, новиот Swift се издолжи за седум санти-

метри и сега мери 3,85 метри меѓу браниците. Меѓуоскиното растојание е поголемо за пет сантиметри. Тоа ќе обезбеди повеќе простор за колена за патниците на задната клупа. Не остана ист само изгледот, туку и техниката. На стартот на продажбата, Swift ќе се нуди со само две погонски единици. За разлика од претходникот, кој што покрај незабележливиот дизел со 75 КС се нудеше уште со три бензински мотори со дијапазон од 92 до 125 КС, новиот Swift ќе биде на располагање само со еден дизелски и еден бензински мотор. Четирицилиндарскиот бензинец со зафатнина од 1,2 литри доживува премиера во Swift, а познат e од микрованот Splash. Со силината од 94 КС и вртежниот момент од 118 њутнметри, моторот го постигнува истото што и неговиот претходник од 1,3 литри. Единствениот, но и најважен напредок, постигнат е во потрошу-

Технички податоци - Suzuki Swift 1.2

Мотор Бензински, 4 цилиндри, 16 венти ли, варијабилно управување со вентилите, зафатина 1242 3 cm , моќност 94 КС при 6000/min, вртежен момент 118 Nm при 4800/min Погон и пренос На предни тркала, петст епен мануелен менувач Подвозје Напред мекферсон , назад торзиска оска, управување со запчеста летва, напр ед вентилирани сопирачки дискови, назад барабан, гуми 175/65 R 15 Димензии и тежини Д/Ш/В 3850/1695/1510 mm, меѓуоскино растојание 2430 mm, празно возило 960 kg, дозволена тежина 1480 kg Перформанси 165 km/h , 0-100 km/h за 12,3 s Потрошувачка 6,1/4,4/5,0 L/100 km (град/пат/просек; за моделска верзија без систем старт -стоп)

Прифати Затоа што Swift е евтина, но доволно вредна алтернатива на стилскиот Mini

Откажи Затоа што на стартот отсуствуваат силните мотори што го градат имиџот

Побарај друго Кај Ford Fiesta, Alfa Romeo Mito, Audi A1 или кај Seat Ibiza

Suzuki има нов Swift и никој не го забележува тоа. Најуспешниот модел на марката изгледа исто како претходникот. Но, без прерани заклучоци. Автомобилот е нов од темел 24 07/2010

Најголемата промена е во кокпитот. Се нуди и систем старт-стоп

вачката на гориво. Место 5,8 литри, фабриката тврди дека со новиот бензинец во Swift, сто километри ќе може да извозат со речиси еден литар помалку гориво, односно со само пет литри. Секако, за постигнувањето на оваа вредност помага и новиот систем за автоматски старт-стоп. Крајната брзина изнесува 165 километри на час. Техничарите ветуваат дека акустичното ниво во кабината е значително подобрено: Кај претходникот, моторот почнуваше да ги надвладува сите други звуци во кабината уште при темпо сто. Во секој случај, Swift ќе вози со покрута каросерија, поотпорна на торзија. Мора да им се признае мајсторијата на техничарите, што и покрај засилувањето на каросеријата и порастот на димензиите на возилото, тежината на малечкото се спушти


Нов е, ама никој не му верува

за 20 килограми, на сегашните 960 литри. Преработеното подвозје ќе нуди поголем комфор во споредба со претходното, кое што нудеше спортски возни својства и висока динамичност во возењето, но затоа не си дозволуваше да попушти на нерамнините во подлогата. За комфорот во возењето ќе придонесaт и бандажите, кои од 14 пораснаа на 15 инчи. Во управувањето немаше потреба да се менува било што: Исклучителна прецизност и неверојатно држење правец при возење по автомат. Тоа се својства што ќе ги наследи и новиот модел. Новата генерација се препознава најлесно по кокпитот. Тука се забележуваат новите инструменти и педантно средената средишна конзола, со голем дисплеј за радиото и со јасни команди за контрола на кли-

матизација. Над средишната конзола се наоѓа лесно достапна преграда за ситни предмети. Во основата, тоа е дизајнот на кокпитот што јапонската марка го покажа за прв пат во Splash. Во повисоките пакети на опрема ќе биде вклучена автоматска клима, волан со кожена облога и со команди за радиото, телефонот и темпоматот, копче за стартување на моторот, автоматика за светлата и бришачите, Bluetooth и приклучок USB во средишната конзола. Безбедносната опрема со ЕЅР и со седум воздушни перници е апсолутно во чекор со времето. Продажбата на новиот Swift ќе почне во септември. Кон крајот на годината, во понудата ќе влезе и моделската изведба со погон на сите тркала, како и верзија со основен пакет на опрема и со подостапна цена. �

Јапонскиот пандан на Mini

Suzuki уште пред повеќе години почна да се профилира како трендовска марка, што беше мошне очигледно со појавувањето на претходната генерација на Swift. За жал, погрешниот маркетиншки настап на марката на македонскиот пазар никогаш не успеа да изгради пазарна свест за променетиот имиџ на марката, која што последниот моќен настап на пазарот го имаше во времето кога Swift се продаваше како евтин автомобил. Со новата генерација на Swift, марката добива шанса да се поправи. Трудот ќе се исплати во секој случај. Инаку би било премногу штета за автомобилите на Suzuki.

07/2010 25


tema Најголемиот автосалон во светот

Салон на автомобили што се одржува 365 денови во годината - Така инвеститорите го рекламираат гигантскиот центар

О

вие времиња не се баш најсреќни за продавачите на автомобили. Маржите се ниски, продажбата е опадната, се намалува и бројот на работни места. Но, во Турција, браншата продолжува да доживува огромна експанзија. На таков заклучок наведува стартот со изградбата на најголемата ав-

Двесте дуќани, пет ката и тркачка патека на покривот – кризните времиња не изгледаат толку лошо во Истан­ бул. Таму сe гради најголемиот автомобилски храм во светот, со преку 2500 возила

томобилска куќа на светот. Овој храм на коњските сили се нарекува Аутопија. Во објектот што е голем колку конгресна хала ќе има преку 200 салони, со преку 2.500 изложени возила, почнувајќи од скутери, па сé до суперспортски автомобили. „Објектот е замислен за продажба на секаков вид возила, без разлика дали тие имаат мотор или немаат“, објаснува Мустафа Келе, директор на проектот. „Тука ќе може постојано да се видат последните модели, трендови и технологии, да се набават резервни

Гигантизам во Истанбул делови, да се поправи или да се тјунира возилото, или пак, да се најде соодветното осигурување или финансирање“. Секако дека голем дел од површината на Аутопија е резервиран и за користени возила. Забавата и гоштевањето не се заборавени. „Во овој свет на автомобилите ќе може да се помине цел ден без некому да му стане здодевно“, ветува Келе. „Ова е како салон на автомобили што трае 365 денови во годината“. Но, за разлика од салоните во Женева или Париз, тука возилата ќе може

веднаш да се извадат од салон и да се испробаат. Од секој од петте катови има пристап до покривот на огромниот објект, кого што архитектите го имаат изведено според примерот на Лингото, матичната фабрика на Fiat во Торино. Колку е грандиозен овој проект се открива откако ќе се земе во предвид големината на турскиот пазар на автомобили. Со регистрирани 585.732 нови возила во минататата година, Турција има шестпати помала продажба од Германија, која што е најголемиот пазар за автомобили во Европа,

Објектот е веќе во напредната фаза на изградба и не може да се одмине: Веднаш отспротива е фабриката на Beko

26 07/2010

пред Франција, Италија и Британија. Во споредба со државите од ЕУ, Турција продава автомобили исто колку Белгија или Холандија. Сепак, Асоцијацијата на турските производители на автомобили OSD прогнозира дека продажбата ќе продолжи со бавен, но постојан раст, во услови додека се очекува продукцијата да забележи рапиден пораст. Во минатата година, производителите што се активни во Турција ставија на тркала 570.000 нови возила, додека за 2013 година се планира оваа бројка да биде двојно повисока. За храмот на коњските сили да ги привлече планираните шест милиони посетители годишно, во Истанбул се напредува со че-


За купувачите да можат веднаш да го испробаат автомобилот што ќе го бендисаат, на покривот на објектот е изградена патека до која што има пристап од секој од петте катови; Autopia е подеднакво вредна атракција како BMW Welt во Минхен или со музејот на Mercedes во Штутгарт

1

2

3

 

  Во објектот ќе бидат

изложени преку 2500 возила  По исцрпувачката прошетка по салоните, спас нудат бројните ресторани  Од секој кат може да се пристапи со автомобил до тест-патеката на покривот  Услугите на банките се достапни во самиот објект Гигантска фирма за гигантскиот комплекс

Автомобилскиот храм е во сопственост на фирмата Gul & Kelesoglu Construction, која што покрива околу една третина од бизнисот со недвижнини во европскиот дел на Истанбул. Една од најпрепознатливите градби на оваа фирма е трговскиот комплекс Metroport. Покрај овој трговски гигант, дела на Gul & Kelesoglu се комплексите Flyinn, Capacity, Historia и Pelican Mall. Во Autopia, фирмата инвестира околу 123 милиони евра. Досега е продадена една четвртина од деловниот простор во објектот.

4

кори од по седум милји. Импозантни се податоците што при почетокот на изградбата ги објави архитектонското биро GAD. Се работи за површина од 200.000 метри квадратни, распоредени на пет катови. Секој кат ќе биде висок најмалку шест метри. Меѓу двестоте дуќани се планираат 56 ресторани и кафулиња, 24 банки, дванаесет автомати за пари, 48 сервисни платформи за автомобили, 42 осигурителни компании и 74 најразлични продавници. Покрај тоа, инвеститорите побараа објектот да поседува комплекс од кина и планираат редовно да се одржуваат наддавања за олдтајмери и други особени возила. Доколку посетителите се

решат да влезат буквално во секој дуќан во комплексот, ќе мора да бидат подготвени да изодат маратон долг седум километри. Изведувач и сопственик на Аутопија е фирмата Gül and Kelesoglu Construction, која што според сопствено тврдење покрива околу 30 проценти од пазарот на недвижнини во европскиот дел на Истанбул. Околу нејзината големина не смее да постојат сомневања: Само во престолнината, турската фирма има изградено шест огромни трговски центри. Архитектот Мелис Ејубоглу проценува дека актуелниот проект ќе чини 150 милиони долари. Тоа се парите што мора да ги обезбеди Келе. „Преговорите се веќе во напредната фаза и очекуваме успех“, најавува турскиот менаџер. „Потпишавме договори со шест големи дилери и веќе продадовме една четвртина од проектот“, истакнува менаџерот на кого што датумот 31 декември 2011 му се гледа сé поблизу. На овој датум се планира Аутопија да ги отвори вратите за посетителите. �

07/2010 27


Новитети Opel Insignia Sports Tourer

Време за малку сензација: Ова е првиот модел на Opel во кого што погон на сите тркала е комбиниран со дизел мотор

Г

олемиот модел на Opel ја погодува целта безгрешно. Досега, марката од Риселсхајм произведе повеќе од 230.000 примероци од комби изведбата на Insignia. Со пазарен удел од 14 проценти, Sports Tourer го држи второто место во класата на комби модели од средната класа на европскиот пазар. За да се задоволи неочекувано големиот интерес за моделот, во фабриката во Риселсхајм се воведоа и дополнителни смени. Уште една гордост за Риселсхајм: Голем дел од сегашните сопственици на Insignia претходно се возеле во модел од друга марка. Со толку голем успех, моделот мора да се почести соодветно на пример, со нешто што досега не можело да се добие во марката. Отсега, Insignia Sports Tourer може да се нарача во верзија со

34 07/2010

дизелски мотор и со погон на сите тркала. На тој начин, Insignia Sports Tourer е прв модел на Opel што ја нуди комбинацијата од дизел и погон 4х4. Честито. Со моќност од 160 КС и со максимален вртежен момент од 380 њутнметри, дволитарскиот дизел му одговара совршено на крстосувачкиот карактер на комбито, но во исто време се грижи и за штедење, со потрошувачката од шест литри на сто километри. Во возењето на 2.0 CDTI ќе може да се почувствува еден квалитет што дизелскиот мотор претходно не го поседуваше во целост: Со бројни модификации во моторот, вклучувајќи ги пумпата за вшприцување, клиповите и клипниците, дизелот Ecotec отсега работи посмирено. Во погонот 4х4 не се промени ништо. Немаше ниту потреба, тоа е еден од најдобрите системи

Дизел

Комби изведбата на Insignia е значаен модел за Риселсхајм. Затоа, таа го добива и правото да ја воведе премиерно комбинацијата од дизелски мотор и погон на сите тркала во Opel


вреден за четири

Паралелно со воведувањето на новата погонска комбинација, инженерите дополнително ја подобрија и звучната изолација кај сите дизелски мотори

Моделот е продава одлично, има одличен имиџ, зошто да не се додаде и малку престиж? Нова опција е пакетот за ентериер „Индијанско лето“, со кожени седишта во боја на коњак; Автоматикот е совршен партнер за погонот на пазарот. Преку хидрауличната повеќеламелна спојка, до 100 проценти од погонската сила може да се пренесат само на една оска, напред или назад, во зависност од условите на возење. Така се постигнува дополнителна безбедност, но се добива и уживање во возењето. Уште при првото возење на патеката Хунгароринг

се покажа дека Insignia вози како по шини со погонот 4х4. Кокпитот остана истиот, и никој нема да се пожали за тоа. Со лајсната од благородно дрво што се протега по целата арматурна табла, големиот Opel остава впечаток како да се работи за двапати поскап автомобил. Новитет во целата гама е препораката за

промена на степен на пренос. Доколку се следат препораките на дисплејот во инструментите, може да се заштеди повеќе гориво. Вистински потег во насока на облагородување на кокпитот е „Индијанското лето“. Овие супермеки кожени облоги за целиот интериер се добиени од из-

брани и специјално одгледувани бикови од југот на Германија. Скапоцената напа кожа има боја на коњак, а за опшивката се користи кашмир. Големиот модел на Opel се однесува како вистински благородник. Но, има право на тоа. Од неговата продажба зависи добросостојбата во целата куќа. �

07/2010 35


Возевме Dacia Duster

НИ СЕ ДОПАЃА Комфорно подвозје Одлични својства на терен Сензационална цена

Со цена од 10.000 евра, првото теренче на Романците е сензација на годината. Но, вистинската сензација следува кога во возењето ќе се открие дека Duster не е само евтин, туку и добар теренец

НЕ НИ ПРЕЧИ Малиот избор на мотори: Некој би посакал да го добие Duster со шестцилиндарец за 30.000 евра?

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Дизелот од 110 КС не се нуди со погон само на предните тркала Слаба повратна информација во управувањето ЕЅР е достапен само за дизелот со 110 КС

Прашината

му прилега совршено

36 07/2010


П

рашината е појава што продавачите најмалку сакаат да ја видат на своите светнати автомобили, во овие времиња кога купувачите двапати ги пребројуваат парите пред да го извадат својот нов миленик од салон. Единствената марка која што се радува кога на нејзиниот последен модел ќе се нафати слој прашина е евтината марка на Renault, романската Dacia. Тие го имаат Duster, прашкото од Карпатите, и не го кријат своето задоволство додека го гледаат својот пулен како ги освојува новите терени за марката. Повеќе нема сомнежи, теренецот на Романците е една од најголемите сензации во оваа автомобилска сезона. Но, ниту цената која што заслужува да се испише по целиот ветобран, ниту пак големината на парчето автомобил што се добива за парите не предивикуваат тол-

кава сензација како што Duster успева да го направи тоа со впечатоците во возењето. Огненото крштевање на Duster се случи на планината Тара, во соседна Србија, и тоа што знаменосецот на романската марка го покажа таму, ги отфрла сите предрасуди кои што неверниците ги фрлаат кон марката. Уште од премиерата во Женева, евтиниот теренец на Dacia постојано го привлекува вниманието и редовно беше присутен во Auto Focus. Но, тоа што досега го знаевме за конкурентот на Skoda Yeti беа само факти: Duster нуди просторна кабина за сите патници, со големината на багажникот што може да варира од 475 до преку 1.600 литри поседува и доволен талент да извршува задачи на транспортер, во кокпитот се препознаваат бројни елементи од другите модели на марката. Сите овие факти остануваат

безвредни сé додека возилото не ги придвижи тркалата. Вистинската вредност на Duster ќе се покаже дури тогаш. И, веднаш изненадување. Подвозјето не се потресува воопшто од нерамната подлога, амортизацијата дозволува голема флексибилност во одот на тркалата, но сé уште ја задржува потребната стегнатост, додека во кабината речиси и не се чувствуваат вибрации и резонанци од работата на моторот. Сето тоа покажува дека се работи за цврсто скроена каросерија со голема торзиска отпорност, која што е неопходна за возење по терен. На позитивниот впечаток се надоврзува и звукот при затворањето на вратите: Место остар и полуартикулиран метален звук, ушите регистрираат како бравата меко и сигурно си легнува во лежиштето. Веќе е јасно дека кај Duster не станува збор за обична козметика и за непристоен обид,►

Auto Focus на презентацијата на Dacia Duster во Мокра Гора, Србија


Тест Citroen C3 1.4 HDi Attraction

Фалбаџија со при НИ СЕ ДОПАЃА Стилска препознатливост Комфор во возење Богата опременост

НЕ НИ ПРЕЧИ Основната линија остана непроменета: Со дизајнот, Punto ја надминува својата класа

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Непрецизен од на рачката на менувачот Нееластичен мотор Неколку пропусти во финишот

Тројката на Citroen е автомобилот што и беше потребен на класата: Комфорен, практичен, достапен. За сите други потреби, куќата ги нуди DS3 и C3 Picasso 42 07/2010


ичина М

алечките автомобили се претворија во најголемите фалбаџии во светот на четирите тркала. Во пораките од маркетиншките одделенија се зборува за перформанси на ниво на спортски автомобил, за технолошка авангарда која што ја качува цената до астрономско ниво или за квалитет како во луксузен крстосувач. Останува ли нешто за обичниот купувач, за оној што сака да добие само евтин, пристоен и разумен автомобил? Citroen одигра одлична стратегија во класата на малечките. Од една страна, го издвои благородниот DS3 како стилска и динамична алтернатива за купувачите кои што сакаат да бидат во трендот и се подготвени соодветно да ја платат услугата, а од друга страна им го понуди миниванот C3 Picasso на намерниците кои што во салоните на марката се дојдени по просторно возило со талент за трансформација. Така се доби беспрекорно чист простор за матичниот модел C3. Ослободен од секаков вишок на аспирации кои што можат само да му пречат на обичниот купувач, C3 ја погодува точно во срж смислата на малечките автомобили. Со старт од 10.500 евра во ценовникот, C3 е автомобил каков што се очекува да понуди класата. За цената да не биде само мамка што ќе го привлече купувачот во салоните, за таму да биде пречекан од разочарувачкото сознание дека до замислениот автомобил ќе треба да доплати уште илјада евра, Тројката на Citroen доаѓа и со пристоен пакет на опрема: Четири воздушни перници, електрика на сите места каде што е потребна и гратис клима-уред како гест за поздравување на новиот модел. Сепак, највредното што го нуди C3 ќе се почувствува откако моторот ќе ги стави тркалата во дви-

жење, и токму тука е придобивката од јасното разграничување на улогите во моделската тројка C3, DS3 и C3 Picasso. Овој Citroen вози комфорно. Секако дека не може да се очекуваат чуда, затоа што ценовната рамка не дозволува скапа конструкција на подвозјето, но со грижливо и умешно дотерување е постигнато ниво кое што е јасно ориентирано кон комфорот во во- ►

Дизајнот е на половина пат меѓу моделот од претходната генерација и С5: Куполестата форма на покривот открива - ова е С3. Богатиот внатрешен живот во светлата му дава оптичка вредност на возилото; лого во убедлива големина

07/2010 43


Тема Посета на Oyak-Renault во Бурса

Т

ивко, смирено, но сепак крајно убедливо, домаќинот ни ги соопшти правилата на однесување пред влегувањето во фабричките хали: „Ве молам следете ја точно линијата која што е обележана за движење во халите и следете ме без да се задржувате на одредени позиции.“ Господинот Етике е задолжен за односи со јавноста во Oyak-Renault и совршено го говори англискиот јазик. Мустаќите се задолжителни. Сепак сме во Турција. Внатре, машините работат во прецизен минутен такт. Потребна е врвна координација за машините да не го утнат темпото од 60 возила за еден час. Шеесет? По едно возило на секоја минута? Точно така. Затоа е неоподно да се почитуваат правилата на однесување. Доколку некој се почувствува расположен да си помуабети со операторите на ма-

Фабриката во Турција станува се поважен дел во меѓународната мрежа на Renault. Следната година, оттука ќе излезат првите електрични возила на француската марка

шините, тоа може да ја поремети целата логистика на Renault, на сите пет континенти кои што ги сервира фабриката во Бурса. Турската фабрика е жила од витално значење за интернационалната логистичка мрежа на Renault. Со вкупен волумен

Во Султанатот на товарот кој што во минатата година излегол од погоните во Бурса од 235.329 метри кубни, оваа фабрика е на третото место на најголемите испраќачи во француската групација, зад Питешти во Романија, со 550.572 метри кубни, и зад Гран Корон во

Половината од продукцијата отпаѓа на Renault Во 2009 година, Oyak-Renault дополнително ја зголеми својата предност во продукцијата во споредба со конкурентите. Повеќе од половината автомобили кои што во минатата година се произвеле во Турција, го носат знакот на француската марка. Марка

2006 год.

2007 год.

2008 год.

2009 год.

Renault

228.593

42%

263.656

42%

286.695

46%

277.572

54%

Toyota

176.688

32%

161.516

25%

126.521

20%

72.264

14%

Tofas

79.729

15%

102.357

16%

76.688

12%

94.179

18%

Hyundai

42.350

8%

83.691

13%

81.590

13%

48.652

10%

Honda

18.322

3%

23.663

4%

50.073

8%

18.264

4%

Вкупно

545.682

100%

634.883

100%

621.567

100%

510.931

100%

48 07/2010

Франција, со 408.229 метри кубни. Другите стратешки точки од мрежата на Renault се Аргентина, Бразил, Индија и Шпанија. Менувачите и моторите, кои што исто така се произведуваат во фабриката, покрај завршната монтажа на автомобили, натаму одат низ светот, во такт што е одреден со иста толкава точност како оној во производството. Постојат големи предрасуди околу автомобилите кои што се произведуваат во Турција. Од некакви причини, овие автомобили би требало да се помалку квалитетни од оние што се произведуваат во земјите од ЕУ. Ламарината им била потенка, некои завртки не биле доволно стегнати. Што ли сé нема да измислат кафеанските експерти за автомобили. Во халиве каде што се произведува Renault за цел свет не може да►


Факти Промет 3,7 милијарди УСД Извоз 3 милијарди УСД Инвестиција 155 милиони УСД Капацитет 360.000 возила/година Продукција Возила 277572 Мотори 240921 Менувачи 259118 Оски 279.106 п, 296.212 з Персонал 5914 лица Површина Вкупно 510575 m2 Објекти 258389 m2 Тревници 9576 m2 Најголем производител на возила во Турц

ија

Најголем извозник во Турција Најголем извозник на автомобили во Турц Петта најголема компанија во Турција

ија

Најголем производител во Бурса Производител на најпродаваните вози ла во Турција, Megane Sedan и Symbol Извоз во преку 100 држави на 5 конти

ненти

на Renault

Во обемот на продукцијата и во технолошкото ниво, фабриката во Турција не заостанува зад погоните на Renault во Франција или во Шпанија. Доказ за рамноправноста е ексклузивното производство на Fluence и на Clio Grand Tour во Бурса

производители на возила во Турција Повеќето од производителите на возила во Турција се концентрирани во регионот Мармара. Земјата е важен фактор и во производството на товарни возила и автобуси. Компаниите Temsa, Otokar и BMC се вбројуваат меѓу најголемите производствени субјекти на глобалниот пазар. Турција е најголем производител на автобуси и трет по големина производител на товарни возила Otokar во Европа. Вкупно 13 компании се присутни во производството на возила. ISTANBUL Izmit Gölcük

Adapazari

Ankara

Bursa Eskisehir Izmir Konya

Antalya

BMC

Aksaray Adana

07/2010 49


Импресија 20 години Honda NSX

П

ред дваесет години, Honda го промени светот на автомобилите засекогаш. Истокот обично го снабдуваше светот со модели со врвна издржливост и со широкоградо спакуван пакет на опрема, но во неговите пратки редовно отсуствуваа автомобили од кои што би можел да им запре здивот на ентузијастите. Тогаш никој не знаеше ниту пак насетуваше дека цели армии од инженери работат на нешто големо. Во 1989 година, работата беше завршена и подготвена за претставување пред јавноста. Со суперавтомобилот NSX, Honda изврши фронтален напад врз Ferrari 348, Porsche 911 и Chevrolet Corvette. Тркачката машина со средишно поставен мотор со 274 КС

Миленичето Постои објаснување за беспрекорните возни својства на NSX: Легендата Аиртон Сена му држеше часови за примерно однесување на суперавтомобилот на Honda. Но, и техниката е избрана од самиот врв

Сен

Долго време Европејците уживаа додека ги исмеваа јапонските спортски модели. Но, тогаш се појави Honda NSX, автомобил каков што светот немаше видено

и со каросерија и подвозје изработени од алуминиум беше апсолутна светска сензација. Јапонците конечно успеаја да му дадат душа на металот. За тоа се погрижија двајца перфекционисти: Основачот на претпријатието, Соичиро Хонда, и легендата на формула 1, Аиртон

54 07/2010

Сена. Двајцата имаа убав мотив: Во сезоната 1988, Сена ја освои првата титула на светски шампион во Ф1, додека на McLaren му припадна првото место во конкуренција на конструктори, откако Honda го замени местото на Porsche како снабдувач на мотори за тимот.

Во најдобрите времиња, NSX не мораше да стравува од конкуренција на тркачките патеки. Единствено му е потребна совршено рамна подлога. При нерамнини во подлогата, меката каросерија се свиткува. Тоа одзема непроценливи секунди и бара многу работа од пилотот

Honda NSX беше релативно поевтина од другите спортски возила од нејзиниот ранг, но и покрај тоа, во поглед на квалитетот на целото возило ги оставаше во темна сенка дури и автомобилите што газеа длабоко во иднината и чинеа колку една зграда. Меѓу нив, секако, се на-


на

на Лична карта: Honda/Acura NSX (2005 година) Каросерија Купе со алуминиумска конструкција, отпор на воздух cd = 0,30 Погон и пренос Мотор V6, dohc, 24 вентили, VTEC, 3179 cm3, пречник и од 93 x 78 mm, 290 КС при 7100/min, 304 Nm при 5500/min, работно подрачје до 8000/min, компресија 10,2:1, погон на задните тркала, мануелен менувач со 6 степени Подвозје Независна суспензија на сите тркала, двојни попречни водилки од алуминиум, гасни амортизери со прогресивна карактеристика, стабилизатор 18,3 mm напред, 19,1 mm назад, прогресивно управување со електрична сервоподдршка, 3,24 вртежи меѓу крајни положби, круг на вртење 11,6 m, бандажи 17 х 7" напред, 17 х 9" назад, гуми 215/40ZR напред, 255/40 ZR назад, систем за сопирање со 4-канален АВЅ, сопирачки дискови 298 х 28 mm напред, 303 х 23 mm назад Димензии и тежини Д/Ш/В 4425/1810/1170 mm, меѓуоскино растојание 2530 mm, ширина на трага 1510 mm напред, 1540 mm назад, растојание од подлога 135 mm, празно возило 1430 kg, дозволена носивост 200 kg, распределба на тежина 40:60 % напред/назад, резервоар 70 L Перформанси Крајна брзина 274 km/h, 0-100 km/h за 5,7 s, просечна потрошувачка 12,4 L/100 km

Шармoт на 1980-те години: Незаинтересирано расфрлани прекинувачи и нула дизајн 20.000 евра за 20-годишникот

Исто како сите други култни автомобили, NSX е реткост на пазарот на користени автомобили, но барем е задоволство што може да се дозволи. На порталот mobile.de, примероци од 1991 година со 150.000 поминати километри се продаваат за 20.000 евра, додека за примерок стар десет години со триесетина илјади километри се потребни околу 50.000 евра. Нов NSX во 1990-те години чинеше меѓу 140.000 и 170.000 германски марки.

оѓаше и Porsche 959, кој доколку не возеше по улица, сигурно беше качен на некоја сервисна платформа. Но, токму ова совршенство ја спречи Honda NSX да го издигне својот имиџ до облаци. Најценетите спортски автомобили од соништата отсекогаш

биле следени од непредвидливост и ирационалност. Овие својства се важни исто колку и највнимателно негуван имиџ на марката, но токму тие му недостасуваа на јапонскиот тркач со мотор вграден меѓу двете оски. Во петнаесетте години, NSX се продаде во околу 18.000 примероци, од кои половината беа испорачани во САД. Двестоте работници на Honda во почетокот изработуваа рачно по 15 примероци од суперкупето, во погонот во Тошиги кој што беше посветен само за NSX. Еден примерок од оваа гордост на јапонската куќа заврши и во Македонија: Ценет бизнисмен од Струмица не можеше да му одолее на црвениот тркачки болид изложен на штандот на Honda на тогашниот Аутоекспо и

побара уште во првиот ден од одржувањето на салонот да се одвезе со новиот автомобил. Во Honda дури и не очекуваа дека автомобилот ќе се продаде на салонот. Повеќето од сопствениците на суперкупето брзо 274 километри на час беа вистински ентузијасти. Тие со задоволство го возеа скапоцениот болид како секојдневно возило и немаа проблеми да поминат со него и преку 200.000 километри. За тркачки коњ пораснат во расна одгледувачница, со темпераментен шестцилиндарец со зафатнина од три литри, тоа е мошне невообичаено. Магијата почна да дејствува во октомври 1989 година. Салонот на автомобили во Чикаго мина целосно во знак на спортските автомобили од Јапонија. Додека Mazda MX-5 го враќаше

07/2010 55


Браншата стои на

раширени но се претворам га јас би можела да ш да им одолееш. Ко „Знам дека не може ала исто вака“ во бандаж, би изглед

Жешки девојки или женска работа? Што и да

Кинезите сакаат баш секаде да ја стават формата на пагодата. Но, од тоа некогаш може да излезат и интересни форми

се случило, кога се работи за задоволств ото на жената, еден гламјосан автомо

„Како д а не би де кабрио . И зам ме вкочанети исли, к ретенот ? Синоќа се п ог не' воз еше це оди еден тип ла ноќ! со “

„Знам дека е убава. Јас си ја одбрав бојава, да ми лич чето, а убаво ми оди и со коса та. Утре ќе земам розова

ија. Но, со неа треба да смее да ја пропушти ниту еден автомобилџ Ова е дополнителна опрема која што не се рашират настрана ако е бро Најдо . астите чорапи се многу скапи се постапува мошне внимателно... мреж 58 07/2010

Оваа фотографија ни ја испрати ед ен верен читател. фотографии фо Чудно, и на друг кусот постојано му ите негови бега од автомоби лите. Ама, ако


зе „Благодарам за брошурата. Ама повеќе са мациите тука. кам да ги проч Гаќичкиве се итам инфорнасловната ст раница?“

спирација за ла бујната ин ш до о м са Од каде ли е сличност? Забележуват томобилов? на ав дизајнерот

обил е безначајна жртва

пресионираат аат колите за да ги им гот. Мажите ги тјунир стегнато. Така о, есн пот ко, нис Заднината на тјунин т во истиот стил. По ќаа вра воз , пак , Тие девојките. функционира светот

чи на комплета“

„Ха! Малечкава сигурно не претпоставува дека намерно ја расипувам колата. Еден ден ќе чепнам во моторот, баш би сакал да видам како ќе се снајде озгора“

жите толку во последно време ма а е причината зошто Ов ислица е: изм нит се же те на ини ме пишуваат магаз Моравме да им открие те повици за кои што сни рви Се . вис сер на често им одат

Нашата замисла како би требало да изгледа доба коли. Хаубата мо р сервис за пере же да биде испо ње лирана на повеќе начини

07/2010 59


моторцикли Тест: Triumph Rocket III Roadster

Високо поставените потпирачи за стопалата дозволуваат невообичаено големо наведнување за еден Cruiser

62 07/2010

Ч

увството кое што при возењето го предизвикува Rocket Roadster е толку поразлично од сé друго, што секој моторџија кој што држи до себе мора барем еднаш да го искуси тоа во животот. Уште од неговото деби во 2004 година, балансирањето на овој монструм на две тркала е особено доживување. Со поголем придушувачки лонец и со променета електроника,

моторот би требало да има уште поголем „шмек“ отколку во сестринските модели Rocket Classic и Touring. Но, прво ова: И покрај ветениот плус од девет коњски сили, во силината не се промени многу. На пробна рампа, Roadster покажа 135 КС, што е исто колку и кај Classic Rocker. Сепак, моторот на Roadster дава 12 њутнметри повеќе при 3.100 вртежи. Така стојат работите кај моторите. Главната разлика со Cruiser е во седењето. Се седи десет милиметри повисоко, додека стопалата се потпираат 123 милиметри поназад. Така е многу поудобно за возачот и многу покорисно за залегнување во свијоците. Roadster го допира асфалтот многу подоцна од Cruiser и може побрзо да се вози во свијоците. Тука се гледа квалитетот на сериските гуми Metzeler ME880. Покрај тоа што нудат одлично држење, тие без проблеми го пренесуваат и гигантскиот вртежен момент на болидот. За тоа помага и електрониката. Во првите три степени, максималниот вртежен момент се намалува за една четвртина. И крајната брзина е ограничена на 193 km/h. Дијаграмот на вртежниот момент почнува да се качува мошне рано и го наведува пилотот да ги менува степени-

те максимално на 2.500 вртежи. Тоа е вистинско уживање. Неверојатното повлекување во спој со неартикулираното бревтање од издувните лонци докажуваат дека среќата може да се купи. Rocket е толку можен што по неколку метри се вози веќе во четвртиот степен и на човек му доаѓа да се праша зошто воопшто постои уште еден степен. Притоа, со модификациите во менувачот, префрлувањето на степените е попрецизно и полесно. Промени претрпе и погонската спрега, но тоа и не се чувствува толку во возењето. Roadster е најдобриот Rocket во историјата. Тој е најдинамичната, а благодарение на АВЅ, и најбезбедната верзија на Rocket. Со неговите 369 килограми е тешко да се достигне границата на блокирање на тркалата. Сепак, меката амортизација пречи при силно сопирање, затоа што вилушката пропаѓа до крај во екстремни случаи и почнува да вибрира. Но, затоа, се добива врвен комфор. Драги Англичани, зошто уште од старт не го направивте ова? Roadster е најдобриот Cruiser што воопшто сте го направиле, кој што соединува релаксирано крстосување со блага спортска динамика. Покрај тоа, мотоциклот освојува и со изгледот. (Good Ride)


и

Технички податоц

Roadster Triumph Rocket III

Дебелко

со ракетен погон

3 цилиндри, 4-такМотор Водено ладен, тило, две брегасти тен, балансирачко вра тили по цилиндар, вен 4 ва, вратила во гла о корито, вшприцуподмачкување со сув менувач, кардан, пен сте пет вање Ø 52 mm, KС при 5750/min, зафатнина 2294 cm3, 148 озје Вилушка Ø дв По in 0/m 221 Nm при 325 ка рач водилка, два 43 mm, челична осцили ред 320 mm, диск нап и ков сопирачки дис /80 R 16 напред, назад 316 mm, гуми 150 нзии и тежини ме Ди ад 240/50 R 16 наз 5 mm, од на 169 е Меѓуоскино растојани mm назад, 105 , ред нап mm пружини 120 ина 369 kg, теж , mm висина на седење 770 ПерфорL 24 оар ерв рез kg, носивост 220 ѕ, 0-140 3,6 за /h km манси 193 km/h, 0-100 km/h за 100 60ст чно сти ела km/h за 6,2 ѕ, L/100 km 3,5 ѕ Потрошувачка 6,7

Со работна зафатнина од 2,3 литри, овој мотоцикл е мамут на две тркала. Повлекувањето од ниски вртежи е импресивно

07/2010 63


Мотоспорт Формула 1 • Голема награда на Европа

Победниците од Валенсија прославуваат во поза како да се трубачи од легендарното Драгачево. Случувањата на патеката ја направија трката жешка

Фетел ги победи Англичаните

Н

ационалната единаесетка на Јоаким Лев само ја доврши работата што неколку часови претходно ја започна младата ѕвезда во формула 1, Себастијан Фетел. Во неочекувано возбудлива трка, возачот на Red Bull ја постигна втората победа во оваа сезона. Тоа како да го навести исходот на натпреварот од светското првенство во фудбал: Фетел ги победи Англичаните Хамилтон и Батон. Соодветно коментираше и шефот на тимот Red Bull, Кристијан Хорнер: „За Германија, тоа е ре-

74 07/2010

Денот им беше погоден на Германците: Прво успеа Фетел, а вечерта следуваше и победата на Германија во фудбалскиот натпревар со Англија зултат на денот. Се враќаме во игра.“ Себастијан сега е на третото место, со заостаток од дванаесет бодови зад Луис Хамилтон и шест зад Џенсон Батон, двајцата возачи на McLaren, кои што на прогласувањето на победниците мораа да стојат покрај Фетел и да ја слушаат германската химна. Сепак, главната случка во денот не беше околу среќниот победник, кој што триумфира по втор пат во оваа сезона, туку околу неговиот тимски колега Марк Вебер. При обидот да го престигне Хеики Ковалаинен, Австралиецот удри во болидот на Lotus, полета како ракета и удри со застрашувачка брзина во заштитните гуми. Сите ангели во тој ден како да беа во заштита на Вебер. Како по некое чудо, Вебер самостојно излезе од болидот и само ја протресе прашината од својот тркачки костум.

Без повреди, без трауми. „Најважно е дека Марк е здрав. Тој помина добро во оваа лоша незгода“, потврди Хорнер, додека од спротивната страна, техничкиот шеф на Lotus, Мајк Гаскоњ коментираше: „Хеики само ја бранеше својата линија и сопираше нормално. Можеби Вебер


Возач

Бодови

Бахраин

Австралија

Малезија

Кина

Шпанија

Монако

Турција

Канада

Л. Хамилтон Џ. Батон С. Фетел М. Вебер Ф. Алонсо Р. Кубица Н. Розберг Ф. Маса М. Шумахер А. Зутил Р. Барикело В. Лиуци С. Буеми К. Кобајаши В. Петров Х. Алгуерсуари Н. Хилкенберг П. де ла Роса Х. Ковалаинен К. Чандхок Л. ди Граси Ј. Трули Б. Сена Т. Глок

127 121 115 103 98 83 75 67 34 31 19 12 7 7 6 3 1 0 0 0 0 0 0 0

15 6 12 4 25 10 18 8 1 2 A A A A A A A

8 25 A 2 12 18 10 15 1 A 4 6 A A A A A S A A

8 4 25 18 12 15 6 A 10 A A A 2 1 S A A

18 25 8 4 12 10 15 2 1 A A A 6 A A A S

10 15 25 18 4 8 12 6 2 A 1 A S A A -

10 A 18 25 8 15 6 12 4 A 2 1 A A A A A A A

25 18 A 15 4 8 10 6 12 2 1 A A A -

25 18 12 10 15 6 8 1 2 4

Валенсија

Место 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. 17. 18. 19. 20. 21. 22. 23. 24.

-

A Возачот не ја завршил трката - D Возачот е дисквалификуван - S Возачот не стартувал

18 15 25 A 4 10 1 8 12 2 6 -

пропуштил да сопре навреме. На оние што тврдат дека воопшто не сме требале да се браниме само ќе им порачам. Кога се работи за позиција, се тркаме секогаш.“ Но, како воопшто се случи Вебер да се најде зад возач од послабиот тим? Причината за директниот двобој на нееднаквите конкуренти беше катастрофално лошиот старт на Австралиецот. Пред повеќе од 80.000 гледачи и на температура од 27 степени во медитерански услови, 33-годишникот мораше на стартот да ги пропушти Хамилтон и Алонзо, а

во текот на првиот круг, уште неколку возачи. По пет километри трка, тој се најде на деветтото место, и тоа, иако стартуваше од првиот ред! Фетел и Хамилтон за влакно го избегнаа судирот во првиот свијок. Предното тркало на Англичанецот го допре задното тркало на Фетел, кој имаше огромна среќа што како резултат од оваа средба на болидите не излета во заштитниот ѕид. Хамилтон сепак му се извини на Фетел пред да се качат на подиумот, аргументирајќи му на својот ривал: „Го


Импресија GTA Spano

а циј и д т а а тр еднио г л т до е посл ртски а а м и и Ошоа за спо л и б н го омо омин јот со уги т в о а ни чва. Д ира св на др с е о б и з те и ската п реали ногум и з Бр пан то го , и на м ш на нец ш - но л а Шп моби о авт

78 07/2010


GTA Spano

Технички податоци

Мотор Вграден средишно, надолжно, 10 цилиндри во V, зафатнина 8300 cm3, 780 КС при 6300/min, вртежен момент 920 Nm Каросерија и подвозје Монокок од карбонски влакна со саќеста структура, кевлар и титаниум, каросерија од карбон, празно возило 1350 kg, резервоар 110 L, багажник 100 L напред, 200 L назад Димензии Д/Ш/В 4,65/1,98/1,20 m, меѓуоскино растојание 2,8 m Погон и пренос Погон назад, мануелен или секвенцијален со седум степени Суспензија Двојни триаголни водилки напред и назад, можност за дотерување на геометрија Перформанси 350 km/h, 0-100 km/h за 2,9 s

Шпанска

мушичка П

отегот беше сосема очекуван. Кога некој во континуитет постигнува успеси на тркачките патеки цели 15 години, нормално е кога-тогаш интересот да се префрли кон совладување на нови предизвици. Во тркачкиот тим GTA Motor, тоа значеше конструирање на суперспортски автомобил кој што ќе биде надмоќен на секојдневните улици исто како што болидите на шпанскиот тим се супериорни на тркачките патеки. По петгодишен развој, шефот Доминго Ошоа го доби својот автомобил, направен точно според неговиот налог: Со напредна технологија, совршена изработка, спортски гени, елеганција и ексклузивност. Со повеќе од триесетгодишно искуство во автомобилската бранша, Ошоа си постави за цел да го направи најдобриот автомобил што Шпанија може да му го даде на светот. Секако, за оваа цел, Шпанецот ги ангажираше најдобрите инженери и техничари, да го организираат и да учествуваат во рачното производство на суперавтомобилот. Неговото име е GTA Spano, а негов дизајнер е Сенто Паљардо, ценет инженер од Валенсија. Во

возилото се препознаваат напредна технологија, оригинални дизајнерски решенија, грижливо изведена аеродинамика и бројни иновации - само така шпанскиот автомобил може да застане рамо до рамо со италијанските ковачници на спортски автомобили. Заради ексклузивност, суперспортистот автомобил ќе се произведе во ограничена серија од 99 примероци. Највпечатливиот белег на дизајнот се гледа отстрана. Страничните канали за ладење се изведени како аеродинамични елементи, кои што зад вратите почнуваат да се издвојуваат во лак што кружи по покривот се до предните столбови. Покрај тоа, вратите немаат класични рачки: За тие да се отворат треба да се притисне логото на марката кое што е поставено странично од вратата. Благодноста на дизајнот се препознава во носот на возилото: Без каков било вишок на дизајнерски елементи, носот оддава моќ и динамика, во манир што самоповиканите гаражни тјунери никогаш нема да го разберат. Истата едноставност во демонстрирањето на моќта се забележува и во опашот на Spano. Но, убавината е во детаљите: Задното стакло е изведено од повеќе

07/2010 79


Против досада Со автомобил на СП во Јужна Африка

П

редизвикот е несекојдневен: Да се минат 24.000 километри и 21 држава за десет недели. Тоа е релацијата што е потребно да се мине за од срцето на Европа да се дојде до Југот на Африка, до Јоханесбург. Неверојатно е дека некој би се осмелил да го мине овој пат, само колку да изгледа неколку фудбалски натпревари во живо. Неверојатно? За дванаесетте членови на експедицијата „Road to South Africa“ тоа претставувеше авантура што не смееше да се пропушти. Ова друштво од германски зависници од фудбал дури успеа да пристигне на одредиштето еден ден порано. Иницијаторот Андреас Визе дури и се шегува: „Моравме да пристигнеме навреме. Фифа не сакаше да го одложи првенството само заради нас.“ Идејата за маратонското патување се роди пред четири години. Тогаш, планот бил до Јужна Африка да се патува со старо комбе Volkswagen, во друштво од неколку избрани пријатели и со скара во багажникот. Но, уште по првите анализи на условите на патиштата во Африка стана-

24.000 километри до финалето Со автомобил на Светско првенство во фудбал? Пред четири години, тоа воопшто немаше да претставува проблем. Но, годинава имаше и такви што навистина појдоа со автомобил до Јужна Африка

Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 август 2010

82 07/2010

ло јасно дека таквата идеја нема да успее. Со три парчиња од Kia Sorento, кои што германскиот увозник за марката ги отстапи со задоволство и во интерес на дополнителна промоција на новиот теренец, работите веќе почнаа да изгледаат подобро.

По две години интензивно планирање, патувањето почна на Велигден, од пристаништето во Хамбург. Итинерерот водеше преку Белгија, Франција и Шпанија, потоа со ферибот до Мароко, и оттаму по западната трансферзала преку Сахара, Гана, Нигерија и Ангола, сé до крајното одредиште. На долгото патешествие, тимот придружуван од двајца механичари и еден лекар имаше можност да ги доживее сите форми на фудбалската еуфорија која што го зафати Црниот континент. Во Буркина Фасо, Германците дури успеаја да одиграат и натпревар со еден локален тим на температура од 40 степени – и загубија со 3:1. Но, најголемиот предизвик за тимот беа патиштата: Стотици километри по сахарскиот песок, избегнување кратери по автопатот во Мавританија, и буквално, пробивање низ џунгла и кал. Кулминација на авантурата претставуваше преминувањето преку импровизираните мостови во Конго кои што тимот сам ги прикрпуваше со стебла и гранки, за патувањето да не заврши предвреме. Тоа ќе беше вистинска штета за фудбалските ентузијасти од Германија: Нивната Единаесетка го имаше финалето. �


Auto Focus 35  

Auto Focus magazine No. 35, july 2010

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you