Issuu on Google+

Број 29 • јануари 2010

Suzuki SX4

Skoda Yeti

Toyota Urban Cruiser

ТЕРЕНЦИ ЗА ЗАБАВА ЗА 15.000 ЕВРА

Сите нови модели ВО 2010 Aston Martin Rapide Cadilac CTS Coupe

Bentley Supersports

Peugeot RCZ

ПРЕКУ

160

Ferrari 458

МОДЕЛИ

VW Amarok

Land Rover LRX

Mini Crossman

Календар на новитети

Alfa Romeo MiTo QV

Техничарите одлучија

во 2010

MERCEDES КЛАСА Е

Spark

прв тест

9 771857 569002

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИИ

Chevrolet

29

PORSCHE има најдобар квалитет

тест

DACIA

SANDERO STEPWAY

Ја разгорува конкуренцијата

со цената од 7000 евра

јануари 2010 90 ДЕНАРИ

ОВОЈ АВТОМОБИЛ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ


..

`

01/2010 3


Тема Што ни подготвуваат производителите во 2010

Сите нови модели

во 2010 година Во оваа година преку 150 нови модели ќе го здогледаат светлото на денот. Новитети има во сите класи, но најмногу ќе се израдуваат купувачите што бараат штедлив малечок автомобил

Н

а секои два дена по еден нов модел. Тоа е темпото на работа што производителите на автомобили си го поставија за 2010 година. Меѓу најавените премиери на нови модели ќе има за секого по нешто. Ентузијастите ќе го прославуваат појавувањето на новата серија 5

6 01/2010

на BMW и ќе го имаат во предвид новиот Audi A8 како претендент за титулата на најдобра лимузина од високата класа. Во сегментите на автомобилите што се редовна појава во уличната слика се очекуваат премиерите на Chevrolet Spark, Citroën C4 и Peugeot 408. Но, од оваа година, по улиците ќе

почнат да се среќаваат почесто и автомобили со погон на струја: Триото Citroën C-Zero, Peugeot iOn и Mitsubishi i-MiEV ја почнува мисијата на приближување на електричниот погон до народот. Некои работи не се менуваат. Ковачниците на суперспортски автомобили од Маранело и Сан-

та Агата свиркаат незаинтересирано на сите трендови за намалување на потрошувачката и подготвуваат да пуштат во погон по една нова централа на моќ во оваа година. Никој и не бара друго од нив. На следните 9 страници е прегледот на новитетите по класи.


1

A AUDI

Audi A1 не сака да биде голем со димензиите, туку со внатрешните вредности. Најавата за малечкиот Audi е гласна: Првиот чекор во маркетиншката кампања е овој уличен графит

OMEO R A F AL LIETTA GIU

МАЛЕЧКИ, СЛАТКИ, НЕОДОЛИВИ Господарите на прстените сé уште владеат со магијата. Исто како што им успеа со првата генерација на Audi A3, кога го измислија премиум-сегментот кај компактните каросерии, така Баварците се подготвуваат да го повторат успехот и во класата на малечките автомобили. Моделот А1 ќе се појави за прв пат на салонот во Женева, а продажбата ќе стартува

уште пред летните месеци. Во карактерот, A1 нема да се разликува од поголемите браќа и ќе нуди впечатлив квалитет, богата сериска опрема и неколку технолошки досетки со кои што ќе ги лови младите купувачи. Изборот на најмалечкиот Audi како средство за транспорт сигурно нема да се прави под финансиска присила, туку од желба да се вози малечко и скапо автомобилче што оддава стил и престиж. Под хаубата нема да се случуваат чуда. Најголемиот интерес ќе

И сила и штедливост: 170 КС, но само 6,0 l/100 km. Тоа е мајсторијата на 1.4 Multiair

Подарок за 100-от роденден: Guilietta како замена за 147

EO M RO QV A F AL MITO 01/2010 7


..

Тема Статистика на дефекти на TUV

Porsche се трка и со квалитетот Секој десетти автомобил со старост до пет години вози со дефект. Тоа го покажува најновата статистика на техничката организација TÜV

Е

кспертите на TÜV повторно завршија џиновска работа: Врз основа на анализата на извештаите од техничкиот преглед на преку 7,5 милиони возила, извршен во периодот меѓу јули 2008 и јуни 2009 година, тие го составија завршниот извештај за квалитетот на возилата за претстојната година. Техничарите на германската асоцијација чија што експертиза насекаде се цени еднакво, утвр-

20 01/2010

дија значителни дефекти кај 5,1 проценти од возилата со старост до три години, што за прв пат се појавуваат на техничкиот преглед. Меѓу петгодишните возила значителни недостатоци се утврдени кај 9,9 проценти од возилата, меѓу седумгодишните 14,7 проценти, додека кај возилата со старост до девет години се регистрирани посериозни дефекти кај 19,2 проценти од возилата. Според анализата на експертите на TUV, дефекти најчесто се јаву-

Застапеност на дефекти според старост на возило Старост на возило

Без дефекти

Со мали дефекти

Со значителни дефекти

Небезбедно за сообраќај

Податоци во проценти

1 до 3 години

80,5

14,4

5,1

0,0

4 до 5 години

67,2

22,9

9,9

0,0

6 до 7 години

55,4

29,9

14,7

0,0

8 до 9 години

46,1

34,7

19,2

0,0

10 до 11 години

37,3

38,5

24,1

0,1

Просечна вредност

51,9

30,4

17,6

0,1


Возевме Chevrolet Spark

Пали и вози Продажниот рекордер на Chevrolet не го промени единствено името. Spark ја разгорува конкуренцијата: Изгледа добро надвор и внатре, вози комфорно, негува стил. Тој сака да биде новиот цар на градот

Г

летката напред и сликата во ретровизорите предизвикуваат чувство на клаустрофобија додека чекаме колоната возила на влезот во Атина да се помести за барем неколку метри понапред. Кој ли тоа го планирал итинерерот за тест-возењето на новиот Spark? Зарем луѓево од Chevrolet не знаат дека грчката метропола живее во целодневен сообраќа-

ен метеж? Секој сантиметар од патот е зафатен, меѓу колоните автомобили фрчат мотоцикли, а планот да се пристигне во Глифада за час и половина тешко дека ќе се исполни. Како што полека тонеме сé подлабоко во зовриениот лонец на четиримилионската метропола, така сфаќаме дека изборот на Атина како локација за презентацијата на Spark не е направен►

Auto Focus на презентацијата на Chevrolet Spark во Атина, Грција

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА

Рационална искористеност на кабината

Дизајнот е јасно ориентиран кон младите: Автомобил што е направен да им се допадне на сите, на крајот не му се допаѓа никому

Мал багажник

Одлична противвредност Високо безбедносно ниво

30 01/2010

Основниот модел нема висинско местење на воланот Систем старт-стоп не е достапен, исто како и автоматски менувач


01/2010 31


Тест Renault Megane Grandtour 1.4 TCe Dynamique

Амбалажата

го продава

производот НИ СЕ ДОПАЃА Со изгледот се издвојува во класата Комфорно подвозје, одлична просторна понуда Натпросечно богато ниво на опрема

НЕ НИ ПРЕЧИ Слабата повратна информација во управувањето: Во споредба со претходникот, Megane III е светлосни години понапред

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Соборувањето на задната клупа не завршува во еден потег Основното ниво на опрема не е достапно со 1.4 ТСе Ограничена прегледност во задниот дел

Комби изведбите обично се купуваат заради практичност. Изгледот останува во втор план. Кај Megane работите се менуваат. Тој е првиот комби во класата кој зрачи со стил. Подеднакво мами и моторот 36 01/2010


П

ревземањето на тест на автомобили од типот на овие дебелоопашести транспортери што на километри околу себе шират мирис на свежо пилена иверка обично е проследено со поразувачка рамнодушност. Целиот свој талент, комбинираните лимузини го црпат од продолжениот и надграден опаш, кој е спасоносен за сите што сакаат за евтини пари да дојдат до повеќе простор, но е убиствен за сите други што бараат нивното возило да задржи барем грам автомобилско достоинство по надградбата. Мисијата на тестот во тој случај се сведува единствено на проверка дали продолжената

товарна платформа одзади изведува подмолни трикови при малку посложени маневри во возењето. Евентуално може да се пушти метар, само заради проверка дали некои од мерите се можеби поголеми отколку кај другите комби-каросерии. И тоа е сé. Нема ништо да го натера срцето да чука побрзо и посилно. Кај Megane Grand Tour, работите се менуваат. Драстично. Одненадеж големината на багажникот и леснотијата на пристапот до него повеќе не се толку важни. Тука фаќа еуфорија од заведувачките линии во делот од возилото каде што никој не ги очекувал, но многумина ги посакувале. Комбито од Megane е единствено од неговата сорта што внимава на изгледот и со тоа воведува револуција во компакт класата. Иста таква револуција се случи во средната

класа, кога производителите научија дека купувачите повеќе не сакаат само обична кутиеста надградба на лимузинската основа, туку бараат и во задниот дел од возилото да видат потези повлечени од дизајнер. Токму затоа, Grand Tour за повеќето е поубавата форма на Laguna, а затоа и Megane во опашот ги следи линиите на поголемата сестра. Веднаш е јасно дека овој Megane ќе се купува и вози како израз на животниот стил, место како товарно магаре. Но, Megane Grand Tour крие доволно адути и под задниот капак. Со вредноста од 524 литри, комбито на Renault е пред Golf и Astra, исто како и со 1.600-те литри кога е соборена задната клупа. При товарањето тешки куфери особено ќе се цени тоа што подот на багажникот е на 56 сантиметри од подлогата. Не постои друг компактен комби што има толку низок под. Згодна досетка е можноста багажникот да се преполови со исправување на предната поло-►

01/2010 37


^

СПОРЕДБА Skoda Yeti 1.2 TSI, Suzuki SX4 1.6 и Toyota Urban Cruiser 1.33i

Не е теренец

се` што личи на SUV

Малечок теренец што одвај е способен за терен, место проверена комбилимузина од компактен формат? Овие автомобили се откажуваат од традиционалните вредности за да го понудат подобриот вид на теренец

44 01/2010


В

ака изгледаат победниците. Не постои пречка што е несовладлива за нив. Без разлика дали се работи за нагорнините и надолнините на урбаната џунгла или за предизвиците на семејното секојдневие, овие компактни теренци здружени во тројка се впуштаат самоуверено во сите задачи што им се доверуваат. Дури се толку убедени во своите способности што сметаат дека им е непотребно да ја добиваат силата од моторот и на задните тркала. Преку тоа може некако и да се помине, но како да се прифати тоа што сите палат бензински мотори под хаубата? Зарем спојот на теренско возило и бензинец не беше погубна комбинација? Не повеќе. Ова се теренци од суперлесна категорија, кои трошат помалку енергија и ангажираат помалку мускули за да се преместат од една точка во друга, па отта-

му им е сосема природно да возат со штедливи и малечки бензинци. Но, кога ќе се открие податокот дека најмладиот меѓу нив, Škoda Yeti, тежи 1.345 килограми само со возач, па уште и вози со најмалечкиот мотор со зафатнина од 1,2 литар, добрата намера на производителите да му понудат на народот евтин и штедлив автомобил со црти на теренец почнува да изгледа претерано оптимистички.

Моторот од 1,2-литри во Yeti e страшило за традиционалистите

„И колку е тешка? – Приближно колку Octavia. – И, велиш, само 1,2 литар? – Да, со турбонатполнење и директно вшприцување. Нов е, четирицилиндарец. – Малку е тоа, премалку за толку голема каросерија, па нема да

ме качи ниту до Средно Водно.“ Тоа е рамката во која што се води секој разговор околу малечкиот мотор во Yeti. Податокот дека силината на моторот изнесува 105 КС ретко кој го дослушува. Дури и познавачите од кои се очекува поголемо разбирање реагираат со вообичаената скепса. Интересот за возилото постепено се враќа во нормала откако на ценетиот соговорник ќе му се сервира информацијата дека истиот тој мотор од пред некој месец почна да се вградува и во Volkswagen Golf. „Аааа, во Gooolf! Па што не кажеш така!“ Вредноста од 1,33 литри за работната зафатнина е полесно да се прифати покрај каросеријата на најмалечкиот теренец на Toyota. Со 101 коњска сила, Urban Cruiser е најслаб во ова трио, но неговите коњски сили имаат далеку најмал напор да го помрднат возилото►

Што е подобро за 15.000 евра, здодевен компакт или возбудлив мини-теренец? Toyota Urban Cruiser, Skoda Yeti и Suzuki SX4 го даваат одговорот. Тие нудат бегство од унифицираноста во компакт класата, но поаѓаат во сосема различни правци 01/2010 45


Мотоцикли Преглед на сезоната

Македонија на

две тркала во 2009 Нашите мотоциклисти беа уште поактивни во минатата година. Речиси секој викенд се одржуваше по некој настан. Сите манифестации учествуваат во изборот на www.motori.com.mk за настан на годината

И

зминатата сезона изобилуваше со настани. Се отворија нови клубови, се направија нови собири, бевме сведоци на најбогатата мото-сезона во историјата на македонскиот мотоциклизам. Покрај на собирите, љубителите на железните коњи уживаа и во трките. Како што ни доликува на менталитетот, имаше и забелешки, некои заслужени, некои не. Но, со ред.

дршка од повеќето клубови организира топла ракија и дружење. Времето ни послужи па можевме со мотор да дојдеме до плоштадот каде што 50-на моторциклисти си ја честитаа Новата Година и новата сезона. 15. Март На патеката Милци во Гевгелија се возеше трка од источноеропскиот шампионат во мотокрос. Нашите претставници возеа во рамките на можностите, а најзабележителен беше младиот Христијан

01. Јануари Сезоната традиционално се отвори на Градскиот плоштад во Скопје, каде што мото-клубот „Ноќни Волци“ со под-

Илиоски, кој подоцна стана и европски шампион во својата класа! Бројната публика презадоволна од виденото замина со надеж за повеќе вакви настани. Незадоволни останаа нашите учесници, со забелешки за неизложувањето на

58 01/2010


македонското знаме на отворањето на трката (во последен момент се донесе искинато знаме) како и обраќањето на претседателот на МФМ во кое заради гостите од Грција, ја ословуваше Македонија како „оваа земја”. 28. Март МК „Ноќни Волци“ го организираа третиот Интернационален Тату Експо. На

до 80 cm3 и 150 cm3 (4т). И покрај стравувањата за безбедноста на возeњето скутери на патека за картинг, каде што асфалтот е мазен и лизгав, трката помина во најдобар ред. 12. Април „Here is Hristijan Ilioski from Macedonia“ беа зборовите на коментаторот на

почна од Градскиот плоштад во Охрид, за потоа преку Скопје, Велес, Неготино и Валандово да се стаса во Струмица каде што учесниците преноќија. Следниот ден возењето продолжи преку Валандово, Кавадарци, Прилеп, Битола и Ресен, а заврши во Охрид, со што достојно му се оддаде почит на Илче Бимбо. Поради поклопувањето на датумите, мотоциклистите мораа да бираат на кој настан да присуствуваат. Да се надеваме дека следната година ќе се избегнат вакви пропусти.

полн со настани, прекрасно време, одлична дружба. На релито присуствуваа

01-02. Мај Гимкана во Радовиш. По традиција, Радовишани возат трки во повеќе дис-

настанот во МКЦ во Скопје присуствуваа студија за тетовирање од повеќе земји, а заинтересираните можеа да направат

MotorsTV кога во кадарот се појави нашиот најталентиран и најперспективен мотокрос возач. Гордоста на македонскиот мотоциклизам, со своите 17 години успешно ги заврши двете трки од третата рунда во Светкиот Мотокрос и стана првиот Македонец на мото-трка за Светското првенство. 25. Април Мото-клубот „Мечки“ од Куманово го прослави првиот роденден во пабот „Лоу Рајдер“. Присуствуваа речиси сите клубови од земјава. Посетеноста беше и поголема од очекуваната, па настанаа

голем дел од присутните на собирот во Радовиш. Одлична дружба, спретно и безбедно возење го одбележаа мото релито кое по куса пауза се враќа на календарот. циплини. МК „Џинка“ се потруди да направи собир за паметење. За жал времето не се погоди, но тоа не ги спречи присутните да уживаат во госто-

15-17. Мај Мото собир во Дојран во организација на МК „Авантура Тим“ од Струмица.

тетоважа по пониска цена. Беа прогласени најдобрите тетоважи и истите беа наградени. 01. Април Мото-маскенбал во организација на членовите на мото-порталот motori.com. mk. Мотоциклистите се собраа пред фонтаната во Градскиот парк и со украсени мотоцикли возеа низ центарот на градот, а по кратка пауза на Градскиот плоштад се упатија кон „Кастом Паб“ каде што беше избран најдобро украсениот мотор. 04. Април На картодромот во Волково се одржа првата трка со скутери, за шампионатот на Македонија. Трката во организација на МК Цобо Спорт имаше одлична посетеност. Се возеа две категории скутери

примството на Радовишани. Прекрасна атмосфера, фер цени за пиење и настап на рок-бенд до 5 часот. Што би посакале повеќе? Во манастирот Св. Ѓорѓија уживаа во прекрасната скара сите што не се исплашија од дождот, а преспивањето во конаците беше вистински одмор за душа. Гимканата изостана, но не по вина на Радовишани, а тие уште еднаш покажаа како се организира мото настан. Секоја чест момци!

и мали пропусти, но добрата атмосфера создадена од весели луѓе, рок-свирка и евтино пиво придонесе никој да не се пожали. Организаторите си ги увидоа грешките и најавија подобра забава во 2010. Забавата беше зачинета и со срамежлива танчерка, но кој не би бил пред толку луѓе.

03. Мај Трети мај како да беше магнет за организаторите: Втора трка со скутери, трка од државниот шампионат во мотокрос и мото-рели Дојран 2009. Викенд

Собирот се одржа во автокампот „Ачикот“, надвор од населено место, па присутните можеа да уживаат во чисто моторџиски собир, без присуство на „цивили”. Присуствуваа голем број клубови, но помалку од минатогодишниот собир. Забелешка за организаторот е лошото планирање на активностите во текот на денот. Немаше игри или организирано возење, па повеќето присутни на своја рака влегуваа и излегуваа од кампот.

25. Април МК „Мото Охрид“ го организираше третиот меморијален мото круг во чест на загинатиот Илче Бимбо. Возењето за01/2010 59


Импресија Средба на генерации • Mercedes-Benz W211 и W212

Собрани дела на

Дајмлер-Бенц Новите моделски генерации не ги надополнуваат вредностите на Mercedes, туку само ги толкуваат според актуелните норми вредностите што се поставени длабоко во коренот на марката

М

арката од Штутгарт е таа што не се менува. Другите марки можат да воведуваат револуции во дизајнот кога ќе посакаат и да експериментираат со техниката колку што сакаат, но Mercedes секогаш ѝ останува ве-

како серија W212 и серија W211, се разликуваат како црно и бело, како ноќ и ден. И покрај тоа, при наизменичното преседнување од едната во другата лимузина за време на фотографирањето, го доживуваме големото изненадување.

Толку исти, а толку различни. Какви и да се светлата, Mercedes останува Mercedes рен на својата традиција. Такво е генералното мислење за марката со сребрената ѕвезда. Трикраката ѕвезда што светка напред и уште од 1909 година го симболизира владеењето на човекот со копното, водата и воздухот е единствениот заеднички белег што го препознава окото во лимузиниве од последните две генерации на класата Е на Mercedes. Сé друго е различно. Ниту воланот е ист, ниту пак е ист бројот на инструментите под стреата или распоредот на прекинувачите во средишната конзола. Генерацијата од 2009 година и онаа од 2002 година, што во жаргонот на Mercedes се водат

76 01/2010

Традиционалистите реагираат на задните светла на новата класа Е. По само пет минути, човек поНо, тоа е единствената форма што одговара со линијата на W212 веќе не знае точно во која генерација седи. Позицијата на телото при седењето не се разликув��, исто како и мирисот на материјалите во кабината или звукот при затворањето на вратата. Што се случува? Како е можно покрај толкава разлика во изгледот да не се знае дали се седи во W211 или во W212, барем додека не се најде некој ориентир? Можно е. Тоа се вредностите што не се менуваат, што се пренесени како непроценливо наследство од сите претходни генерации на средната класа на Mercedes. На овој начин, престижната марка од Унтертирк-►


Безвремена елеганција: Годините не му пречат на Mercedes, секоја генерација остава особен впечаток

Изразено клинеста форма и остри линии на новакот, наспроти меките и женствени линии на претходната класа Е

01/2010 77


против досада Алтернативниот погон е хит во Монако

Кнежевство на електричните автомобили

Државата на богатите го обожува чистиот погон: За автомобил со погон на струја, принцот плаќа до една третина од цената

Н

е постои друго место во Европа каде што има повеќе луксузни автомобили отколку во Монако. Сепак, откако почна владеењето на Алберт II, малечката држава на Медитеранот зеленее сé повеќе. Електричните и хибридните автомобили добиваат буквално кралски третман. Монако живее од парите на богатите. Колку се побројни луксузните автомобили што дефилираат пред казиното Монте Карло, толку принцот Алберт II има повеќе причини да се радува. Но, не е така. Од пред десет години, Монако сака да живее еколошки. Дури и принцот, како докажан љубител на коњските сили и пасиониран колекционер на автомобили, службено и приватно вози исклучиво хибридни возила. Државата го поттикнува народот да го следи примерот. Автомобилите со алтернативен погон добиваат големи субвенции од државата. Кај електричните автомобили, државата плаќа дури една третина од цената на вози-

лото. Покрај тоа, 300 од вкупно 18.000 места за паркирање во подземните гаражи се снабдени со приклучок за струја. Секако,

Електричниот Mitsubishi i-MiEV е добредојден во дворецот на принцот Алберт II полнењето на акумулаторите е бесплатно. Се добива и попуст при регистрацијата на возилото. По улиците на Монако во моментов возат преку 250 возила со алтернативен погон. Кога ќе се земе

Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 февруари 2010

82 01/2010

во предвид целиот возен парк на Монако, застапеноста на овие возила е далеку поголема отколку во која било друга држава во

Европа. Но, се јавуваат проблеми околу обновувањето на возниот парк. Повеќето од постоечките електрични автомобили се произведени во мали работилници во Италија или Франција, кои повеќе не постојат. Поради тоа, Монако сака да соработува со производителите на автомобили. Неодамна, на принцот му беа испорачани четири примероци од Mitsubishi i-MiEV кои ќе се користат како службени возила. Во текот на оваа година, Монако ќе добие и десет примеро-

ци од Smart со електричен погон, за тестирање во реални услови. Условите за електричниот погон се совршени. При државна територија што покрива должина од три километри е сосема неважно дали автомобилот со погон на струја има голема автономија. Тоа го знае и единствениот производител на автомобили во Монако, фирмата Venturi, која е специјализирана за погонот на струја. И покрај огромното залагање од страна на државата за одомаќување на еколошките автомобили, Ferrari, Lamborghini и Rolls-Royce и натаму се неразделен дел од имиџот на Монако. Истото важи и за трките во формула 1, за релито Монте Карло, како и за јахтите во пристаништето кои што се вредни по неколку милиони евра. Но, и богатите го менуваат начинот на размислување. Пред неколку недели производителот на електрични автомобили Tesla отвори претставништво во Монте Карло. Со цената од 100.000 евра, електричниот родстер од САД е на вистинското место во Монако. Сепак, за спортскиот автомобил со чист погон не следува субвенција во висина од една третина на неговата вредност. Во неговиот случај важи исклучокот: Државата плаќа до една третина од вредноста на возилото со електричен погон, но не плаќа повеќе од 9.000 евра. �



AutoFocus #29