Page 1

WINDOWS XP ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ ОПШТО ЗА WINDOWS Windows е оперативен систем на американскиот произведувач Microsoft наменет за персонални компјутери. Се работи за специјална програма што ги обезбедува основните функции на управувањето со компјутерските компоненти и под чија контрола се извршуваат сите други кориснички програми (апликации). Земајќи предвид дека оперативниот систем управува со функционирањето на компјутерот, создава потребна работна околина за сите останати програми и остварува врска помеѓу компјутерот и корисникот со прием на наредби и прикажување на резултатите од работата, познавањето на неговата употреба е битно за користење на можностите на компјутерот. Концепцијата на оперативниот систем Windows се базира на графичка околина во која работата се одвива на интуитивен и едноставен начин со користење на сликички во боја и менија за работа. Оваа графичка околина се вика Graphical user interface (GUI). Основна идеја на оперативните системи што се графички ориентирани е поедноставна и поприродна употреба на компјутерот. Главна цел е компјутерот да се користи на визуелно јасен начин, следејќи ја логиката на употреба на различни други предмети и алатки од секојдневниот живот. Врската помеѓу компјутерот и корисникот е виртуелна, компјутерот му се обраќа на корисникот преку вештачки генерирани објекти на екранот. Цел е тие објекти да бидат стилизирани на тој начин што нивната употреба ќе биде јасна и логична, а сепак, да не се употребени премногу детали што би ја забавиле работата со компјутерот. Во Windows постојат и повеќе едноставни корисни програми: текст процесорот Word pad, графичката програма Paint, програмите за комуникација (Hyper terminal) и сл. Исто така, Windows содржи неколку прирачни алатки како што се калкулаторот и нотесот. Овие програми се едноставни и немаат некои значителни напредни можности, па корисниците што имаат потреба од повеќе можности на својот компјутер ќе треба да инсталираат други апликации (како, на пример, MS Word). 

Апликација. Апликација е компјутерска програма што овозможува да се направи нешто корисно, на пример, да се состави писмо (Word) или да се направи табела (Excel).

АКТИВИРАЊЕ НА WINDOWS Со вклучувањето на компјутерот, започнува стартната процедура на Windows. После извесно време, во кое оперативниот систем го проверува статусот на компонентите на компјутерот се појавува интерактивен прозорец за пријавување на корисникот кој го активирал компјутерот.


Она што е карактеристично за Windows е тоа што најчесто не е можно негово неовластено активирање (освен ако така е наложено од корисникот што го администрира оперативниот систем). За да се активира Windows, неопходно е во појавениот интерактивен прозорец да се внесат: User name (корисничко име). Ова е уникатно име на корисникот што е регистрирано во компјутерот (user account). Врз основа на ова име, компјутерот му дозволува на корисникот право на пристап до одредени ресурси и нивно користење како и соодветна персонализација (изглед на екранот, менија, кратенки и сл.). Доколку компјутерот е дел од мрежа, врз основа на името на корисникот му се доделуваат и мрежни ресурси. Ова име е јавно и можат да го знаат сите корисници на компјутерот или мрежата. 

Во оперативниот систем Windows XP, корисничкото име се избира со клик и не се внесува од тастатурата.

Password (тајно име). Бидејќи корисничкото име (user name) е од јавен карактер, неопходна е авторизација при пријавувањето на корисникот на компјутерот. Таа се врши со тајното име што го знае исклучиво корисникот. Со тајното име се потврдува правото на пристап на корисникот со соодветно корисничко име. По изборот на корисникот и внесувањето на password-от, се кликнува на копчето со стрелка или се притиска копчето Enter на тастатурата и доколку тие се валидни, продолжува процедурата за активирање која завршува со појава на карактеристичната слика (интерфејс) на Windows на екранот на мониторот. Регистрацијата на корисниците на компјутерот (доделување на кориснички и тајни имиња) ја врши исклучиво лице кое има право и задача да го администрира системот. Иницијално, неговото корисничко име е Administrator, а тајното име се одредува во текот на самата инсталација на Windows на компјутерот. Ова лице подоцна може да регистрира и други лица со администраторски привилегии. Секој корисник, независно од тоа дали има или нема администраторски права, може да си го промени своето тајно име (што е препорачливо периодично да се врши од безбедносни причини). При секоја регистрација на нов корисник од страна на администраторот, на корисникот автоматски му се доделуваат повеќе различни особености (фолдер исклучиво за неговите документи, привилегии да користи одредени ресурси итн.), а меѓу нив и право да си ја уредува својата работна околина како што се изгледот и содржината на работната површина, менито Start, начинот на користењето на глувчето и тастатурата итн. Секоја од овие акции нема ефект над персоналните поставувања на другите корисници.

ЕКРАН НА WINDOWS По активирањето на Windows се појавува неговата слика на екранот составена од неколку компоненти. Windows екранот ги содржи следниве делови: ♦ Работна површина (Desktop). Desktop е основната работна површина на која се одвиваат сите активности на апликациите. На неа може да се гледа како на обична подлога за сите останати објекти на екранот (маса), макар што таа претставува многу повеќе од тоа. Таа е објект со свои својства што можат да се прилагодат на потребите на корисникот. На себе може да "држи" различни други објекти во форма на нивните графички симболи, икони или отворени прозорци во кои им се издаваат наредби на апликациите и се испишуваат резултатите од нивната работа. Ра-


ботната површина може да содржи активни содржини како што се Web компоненти, линкови кон Web документи или активни канали. ♦ Покажувач на глувчето (Mouse Pointer). Оваа стрелка се користи за да се посочат наредбите. Таа се поместува со поместување на глувчето. ♦ Икони (Icons). Иконите се слики што презентираат програми (Excel, Word и сл.), фајлови (документи, табели, цртежи), уреди за меморија (дискови, дискети, CD ROM) и др. Мои документи (My Documents). Иконата My Documents упатува на специјален објект (фолдер) во компјутерот во кој се чуваат документите (фајлови) на пријавениот корисник. Мој компјутер (My computer). Иконата My computer дава пристап на прозорец во кој може да се види што содржи компјутерот или да се добие некоја информација за уредите за меморија. Мои мрежни места (My Network Places). Доколку компјутерот е во мрежа, со двоклик на оваа икона се прикажуваат елементите на мрежата. Кошница за отпадоци (Recycle Bin). Recycle Bin служи како електронска кошница за отпадоци. Во неа се ставаат непотребните фајлови, фолдери или икони. Доколку на иконата се гледа кошница со хартија, во неа има некоја содржина. Пребарувач за Интернет (Internet Explorer). Програмата Internet Explorer е најпозната програма што се користи за пребарување на Интернет. 

Во Windows XP прикажувањето на наведените икони или нивно неприкажување на работната површина го определува корисникот во рамките на персонализацијата на работната површина.

♦ Копче Start (Start button). За да се прикаже менито на наредбите Start, се кликнува на копчето Start. Менито Start содржи наредби за активирање на програми, отворање на многу често користените фајлови, менување на конфигурационите параметри на системот, пронаоѓање на фајлови и фолдери, повикување на системот за помош, активирање програми со влегување во специфични командни линии и исклучување на Windows. ♦ Ленти со алатки. Windows содржи неколку ленти со алатки за брз пристап до програмите или до задачите како што е, на пример, адресирање на Web локации. Се работи за следните ленти: Address и Links (од Internet Explorer), Desktop (содржини на работната површина) и Quick Launch (за најважните програми). Иницијално, десно од копчето Start е прикажана лентата Quick Launch. ♦ Лента со задачи (Taskbar). Оваа лента се протега на долниот дел на екранот десно од лентата Quick Launch и на неа се појавуваат соодветни копчиња за секоја активирана апликација. Кога истовремено се користат повеќе апликации, ќе се видат копчињата на сите апликации. Во секое време може да се кликне на одредено копче на лентата со задачи и да се работи со апликацијата која тоа копче ја претставува. ♦ Часовник (Clock). Часовникот се наоѓа на десниот крај од лентата со задачи и го покажува тековното време. Доколку во компјутерот има звучна картичка, контролата на звукот се врши со иконата до часовникот. Во истиот агол се појавува и идентификаторот на актуелната јазична поддршка (на пример EN – за англиски или MK – за македонски јазик). Покрај нив, во истиот агол на лентата со задачи, можат да се појават и други икони на апликации или помошни програми што дополнително се инсталираат и работат во позадина (на пример, антивирусни програми).


НАЧИН НА РАБОТА Наредбите што корисникот му ги упатува на компјутерот, се внесуваат на "покажувачки" начин што се користи во реалниот свет. Заради тоа е измислено глувчето (mouse), едноставен покажувачки уред на кој е заснован добар дел од управувањето во оперативниот систем Windows. Друг уред што се користи за управување е тастатурата, неопходна за внесување на текстови и нумерички податоци. Скоро сите акции во Windows можат да се изведат и со глувчето и со тастатурата. Се разбира, не може лесно да се црта со тастатурата или да се внесува текст со глувчето, но изборот на наредби е можен на двата начина, при што треба да се избере оној кој во конкретниот случај е полесен.

АКЦИИ СО ГЛУВЧЕТО Користењето на глувчето се совладува многу брзо и лесно. За неговото поефикасно користење е неопходно искуство што се стекнува со тек на време. Еве кратко појаснување на елементарните зафати со глувчето: Движење на покажувачот. На екранот, покажувачот на глувчето е прикажан во форма на стрелка и му служи на оперативниот систем како индикација на објектот на кој корисникот сака да примени некоја акција. Движењето на покажувачот се изведува со движење на глувчето по површината на масата во четири основни правци: напред-назад (што на екранот се преведува со горе-долу) и лево-десно како и комбинација на овие правци (коси движења) Избор на објект (клик). Оваа акција се изведува со кратко притискање и отпуштање на левото копче на глувчето. Акцијата делува исклучиво на објектот над кој се наоѓа покажувачот. Зависно од видот на објектот над кој се изведува кликот, резултатот може да биде доведување на објектот во фокус, издавање наредба или избор на опција од листата, "притискање" на нацртаното копче и слично. Активирање на објект (двоклик). Се изведува на тој начин што откако покажувачот на глувчето ќе се донесе над објектот, левото копче на глувчето се притиска два пати едноподруго со многу мала пауза помеѓу нив. Доколку двокликот не биде доволно брз, оперативниот систем ќе го сфати како две "обични" кликнувања. Двојниот клик најчесто се користи за активирање на акција претставена во облик на икона. Поместување на објектот. Често пати е потребно некој објект да се премести, да се означи некој поголем простор на екранот и сл. Тоа се изведува со поместување на глувчето, по претходно притиснатото лево копче. Покажувачот се доведува на објектот, се притиска левото копче и притоа се поместува глувчето. Покажувачот со себе го "носи" избраниот објект, сé додека копчето не се пушти, а кога објектот ќе се одвои од покажувачот ќе остане на новата локација. Алтернативна акција (клик со десното копче). Се изведува исто како за избирање на објектот, но се притиска десното копче на глувчето. На повеќето објекти во Windows им е придружено мени со извесен број наредби врзани со објектот. Со оваа акција обично се испишува листата на наредби за објектот над кој се наоѓа покажувачот.


АКЦИИ СО ТАСТАТУРАТА Компјутерската тастатура е слична на тастатурата од дактилографската машина и се користи на ист начин. Но, сепак, ситуацијата тука е нешто посложена, бидејќи постојат многу специјални копчиња, а постои можност и за промена на значењето на некои копчиња: ♦ F1, F2, F3 се ознаки на функциските копчиња што обично се наоѓаат во горниот ред на тастатурата. Овие копчиња се програмабилни, секоја апликација ги користи за сопствени потреби. ♦ Esc копчето се наоѓа на левиот горен агол од тастатурата и најчесто означува откажување од започнатата операција. ♦ Enter се користи за потврда на издадената или избраната наредба. ♦ Left, Right, Up, Down се курсорски копчиња со кои се контролира поместувањето на курсорот (cursor). Тие се претставени со стрелки во лево, десно, горе и долу. ♦ Ins, Del, Back space, Home, End, PgUp, PgDn се ознаки на останатите копчиња за кои ќе биде речено нешто понатаму. ♦ Shift, Ctrl и Alt. Овие три специјални копчиња сами за себе не предизвикуваат никакво дејство, но со нивно притискање се модифицира дејството на останатите копчиња. ♦ Shift+A означува притискање на Shift и додека тој е притиснат, притискање и отпуштање на копчето на кое е напишана буквата A. Shift се отпушта по отпуштањето на A, при што се добива голема буква. ♦ Alt+A се постапува на идентичен начин, со тоа што наместо Shift се притиска Alt. Комбинацијата од овој тип обично се користи за избирање наредби од мени без употреба на глувчето. ♦ Ctrl+A се повикува како и претходното со тоа што притиснато се држи копчето Ctrl. Ваквите комбинации се користат за брзо задавање на различни наредби во апликациите. ♦ Ctrl+Home е пример на ситуација во која Ctrl се комбинира со некое од командните копчиња. Ваквите комбинации обично ја засилуваат улогата на специјалното копче: на пример, Home служи за поместување на курсорот на почетокот на редот, Ctrl+Home ќе го помести курсорот на почетокот на целиот текст. ♦ Shift+Ctrl+A бара координирана работа на прстите: треба (по кој било редослед) да се притисне Shift и Ctrl, двете да се држат и тогаш да се притисне и отпушти буквата A. Вакви комбинации во програмата се користат за некои специјални наредби. ♦ Space (празно место) е најголемото копче на тастатурата и служи за вметнување празни места во текстот.

АКТИВИРАЊЕ АПЛИКАЦИЈА Копчето Start во левиот долен агол од екранот служи за активирање на инсталираните апликации или активирање на системските наредби.

Постапката за активирање ја чинат следниве чекори:


1. Покажувачот на глувчето се доведува на копчето Start и се притиска левото копче од глувчето т.е. се изведува клик на копчето Start. Како резултат на тоа ќе се појави листа на наредби, односно мени. 2. Од менито треба да се избере саканата опција. Ако покажувачот се доведе на опцијата All Programs, по неколку секунди десно се појавува нова листа. Малата стрелка (триаголник), десно од All Programs, означува дека постои нова листа. 3. Содржината на добиената подлиста зависи од инсталираните програми. Ако од подлистата се избере опцијата Games, ќе се појави трета листа што содржи програми. 4. Понатаму покажувачот се доведува на опцијата Solitare и се кликнува со левото копче. На овој начин може да се активира која било програма или наредба инсталирана на компјутерот. 

Програма (апликација) може да се активира и со клик на нејзината икона или на кратенката (покажувачката икона) доколку таа е на работната површина или се појавува како содржина на некој прозорец.

ЗАТВОРАЊЕ АПЛИКАЦИЈА По завршувањето на работата, потребно е апликацијата да се затвори. Тоа може да се направи на повеќе начини: со клик на копчето X во горниот десен агол на прозорецот, со двоклик на сликата во горниот лев агол, со избор на наредбата Close од контролното мени, со наредбата File→Exit, со притискање на Alt+F4. 

Постои и “насилен” начин да се “убие” апликацијата. Се притиска комбинацијата Ctrl+Alt+Del по што се појавува интерактивниот прозорец Windows Task Manager од каде што по избор на апликацијата се кликнува на копчето End Task. Овој метод се применува само во краен случај, ако апликацијата откажала послушност, бидејќи може да доведе до губење на обработени податоци.

ЗАТВОРАЊЕ НА WINDOWS Оперативните системи наменети за извршување на повеќе апликации и процеси истовремено (понекогаш и од страна на повеќе корисници) имаат потреба од прописно исклучување на компјутерот. Кај Windows не смее едноставно да се исклучи или ресетира компјутерот. За да се обезбедат максимални перформанси, Windows користи специјална техника на оптимизација и одложено пристапување на бавните периферии, со максимално користење на брзата (RAM) меморија. Тоа значи дека податоците наменети за снимање на дискот не се снимаат веднаш, туку кога вградените алгоритми ќе проценат дека е вистински момент. На овој начин различните бавни работи се вршат кога компјутерот не е интензивно ангажиран, а корисниците пократко чекаат за исполнување на своите барања. Поради тоа, при исклучувањето на компјутерот мора прописно да се спроведе процедурата за регуларно затворање на апликацијата: 1. Се кликнува на Start копчето на лентата со задачи. 2. Се избира Turn Off Computer за да се повика интерактивниот прозорец Turn off computer.

3. Се избира една од понудените можности:


Stand By – се избира за префрлање на компјутерот во специјален режим на неактивност. Подоцна при активирањето корисникот повторно ги има активни сите елементи што ги имал во моментот кога ја повикал акцијата. Turn Off извршува подготовка за исклучување на компјутерот. Важно е тоа да се изврши на крајот на работата. Restart врши реактивирање, односно симнување на оперативниот систем и негово повторно активирање од дискот. 

Се кликнува на копчето Cancel ако треба да се откаже од намерата да се предизвика некоја од акциите.

Ако се избере опцијата Turn Off и се притисне копчето OK, ќе започне процедурата Shut Down која најпрвин ги повикува сите активни апликации и им испраќа наредба да завршат со работа. На екранот стои пораката за чекање додека работата не биде завршена (Please wait). Најпосле, компјутерот автоматски ќе се исклучи. 

Ако веднаш зад корисникот на компјутерот треба да работи друг корисник, не е неопходно да се изврши исклучување или ресетирање на компјутерот за да се ослободат привилегиите на претходниот корисник. Во тој случај по клик на копчето Start се кликнува на копчето Log Off. Lof Off врши ослободување на привилегиите и ресурсите на актуелниот корисник (негово одјавување од компјутерот и мрежата) и повикување на прозорецот за пријава на друг корисник без рестартирање на компјутерот.

ПРОЗОРЕЦ ОТВОРАЊЕ ПРОЗОРЕЦ И ЕЛЕМЕНТИ НА ПРОЗОРЕЦ Прозорец е правоаголен дел на екранот во кој се гледаат програми, фолдери, фајлови и икони. Прозорецот го сочинуваат неколку елементи што се исти за сите прозорци во Windows со што работата се унифицира. Со активирање на која било апликација се отвора нејзиниот прозорец. Прозорец исто така, може да се отвори со двоклик на икона на работната површина на екранот. На пример, иконата My Computer го отвора прозорецот My Computer. Елемент

Функција

Работен простор Work area

Во овој простор се прикажува содржината на прозорецот

Насловна лента Title bar

Во оваа лента се прикажува името на прозорецот

Мени лента Menu bar

На оваа лента се прикажани имињата на менијата преку кои се пристапува до наредбите

Ленти со алатки Toolbars

Копчињата на лентите со алатки овозможуваат одбирање на наредбите со кликнување со глувчето

Статусна лента Status bar

Во оваа лента се прикажани дополнителни информации за прозорецот и состојбата на некои копчиња на тастатурата

Ленти со лизгачи Scroll bar

Со кликнување на лизгачите се овозможува движењето низ содржината на прозорецот ако таа е поголема од прозорецот

Копче за минимизирање Minimize

Со кликнување на ова копче прозорецот се намалува во форма на икона на лентата со задачи. Со кликнување на иконата прозорецот повторно се прикажува на екранот

Копче за затворање Close

На ова копче се кликнува за да се затвори прозорецот

Копче за враќање Restore/Maximize

Со кликнување на ова копче прозорецот се зголемува на целиот екран или се намалува на дел од екранот


ПРОМЕНА НА ДИМЕНЗИИТЕ НА ПРОЗОРЕЦ НА ПРОИЗВОЛНА ГОЛЕМИНА Корисникот може слободно да ја прилагодува големината и положбата на прозорецот со користење на копчињата за управување со големината на прозорецот. Освен на стандардните големини, можно е и произволно одредување на големината на прозорецот со влечење на неговите рабови. Тоа се прави на следниов начин: 1. Покажувачот на глувчето се поставува на оној дел од работ на прозорецот што треба да се промени. Ако оваа акција е направена исправно, покажувачот на глувчето ќе се трансформира на еден од следниве начини: Вертикална двонасочна стрелка се појавува кога покажувачот на глувчето ќе се стави на горниот или на долниот раб на прозорецот што овозможува промена на височината на прозорецот со влечење на работ долу или горе. Хоризонтална двонасочна стрелка се појавува кога покажувачот на глувчето ќе се стави на левиот или на десниот раб на прозорецот што овозможува промена на широчината на прозорецот со влечење на работ лево или десно. Дијагонална двонасочна стрелка се појавува кога покажувачот на глувчето ќе се стави на еден од четирите агли на прозорецот што овозможува промена и на широчината и на височината на прозорецот со влечење на работ дијагонално. 2. Се притиска левото копче на глувчето и работ се влече во саканата насока. Испрекинатите линии го покажуваат местото на новиот раб на прозорецот.

3. Кога ќе достигне потребната големина, копчето се пушта.

ПОМЕСТУВАЊЕ ПРОЗОРЕЦ Прозорецот може да се поместува без да му се менува големината. Тоа се прави на следниот начин: 1. Се кликнува на насловната лента и се држи копчето на глувчето.


2. Се влече во саканата насока.

3. Се пушта копчето на глувчето, а прозорецот останува на новата позиција.

РАБОТА СО ЛИЗГАЧИТЕ Лентата со лизгачи се јавува на дното и/или на десниот крај од прозорецот кога неговата содржина зазема повеќе простор од големината на прозорецот. Со користењето на лизгачите, содржината на прозорецот се поместува сé додека потребниот дел не биде видлив во прозорецот.

На пример, за да се види некој објект што е долу десно од видливиот дел во прозорецот се извршуваат следниве чекори: 1. Се кликнува на стрелката надолу на вертикалната лизгачка лента, со што содржината на прозорецот се поместува нагоре. 2. Се кликнува на стрелката десно на хоризонталната лизгачката лента, со што содржината на прозорецот се поместува во лево. Поместувањето на содржината на прозорецот може да се направи и со повлекувањето на лизгачите на следниов начин: 1. Се кликнува на соодветниот лизгач на лизгачката лента и се држи копчето. 2. Се повлекува лизгачот на нова локација. 3. Се пушта копчето од глувчето.

ИЗДАВАЊЕ НАРЕДБИ ПРЕКУ МЕНИ При работа во прозорците, се издаваат одредени наредби со чија помош корисникот ги повикува саканите акции. Овие наредби можат да се зададат преку менијата, со кратенки од тастатурата или преку лентите со алатки. Кој метод ќе се одбере зависи, пред сé, од волјата на корисникот. Менијата се прегледно организирани листи на наредби што во даден момент можат да се активираат. Извршувањето на наредбите преку менијата се прави на следниов начин:


1. Со кликнување на насловот на менито во мени лентата, се отвора потребното мени. Менито, исто така, може да се отвори со држење на копчето Alt и притискање на подвлечената буква во името на менито. 2. Кога менито ќе се отвори, се кликнува на потребната наредба или се притиска големата буква во името на наредбата. 

Кога во книгава ќе биде напишано "се селектира наредбата File→Open" се мисли на отворање на менито File и селектирање на наредбата Open.

За да се обезбедат дополнителни информации, менијата содржат дополнителни елементи. Следи објаснување на елементите на менијата на пример на менито File во Word:

Елемент

Функција

Копче Button

Ако наредбата е достапна и преку лента со алатки, ова копче е прикажано до наредбата

Три точки Ellipsis (…)

Најавува дека со селектирање на наредбата се отвора интерактивен прозорец

Подмени Submenu

Најавува дека со селектирање на наредбата се отвора друго мени, односно подмени

Кратенка Shortcut key

Ги идентификува копчињата што се користат за селектирање на наредбата со тастатурата



Ако корисникот се предомисли во врска со наредбата, треба да кликне некаде надвор од менито или да го притисне копчето Esc и менито ќе се затвори без да се изврши некоја акција.

ИЗДАВАЊЕ НАРЕДБИ СО ТАСТАТУРАТА Кратенките (Shortcut keys) служат за селектирање на наредбите без употреба на менијата. Кратенките се прикажани во текстот на менито, веднаш до соодветната наредба. Може да се види кратенката Ctrl+P за наредбата Print. Ова значи дека со притискање на Ctrl+P (се држи копчето Ctrl и се притиска копчето P) се постигнува истиот ефект како и со селектирање на File→Print.

ИЗДАВАЊЕ НАРЕДБИ ПРЕКУ ЛЕНТИ СО АЛАТКИ Користењето на лентите со алатки е мошне едноставно: со глувчето се кликнува на потребното копче и на тој начин се повикува потребната акција. На копчињата се наоѓаат сликички што служат за подобра идентификација на функцијата на секое копче. Доколку покажувачот на глувчето се држи некое време на копчето без да се кликне, екранот ќе прикажува облаче со објаснување на функцијата на копчето. 

Лентите со алатки, доколку не се прикажани, обично се повикуваат со наредбата View→Toolbar.


РАБОТА СО ИНТЕРАКТИВНИ ПРОЗОРЦИ Повеќето од наредбите водат до прикажување на интерактивни прозорци. Интерактивните прозорци се користат, пред сé, да обезбедат некои дополнителни информации во врска со извршувањето на наредбата. Интерактивните прозорци обично се состојат од контроли и листи од кои корисникот ги избира и ги поставува опциите. Елементи на интерактивните прозорци се: ♦ Текст рамка – поле за внесување на текст (text box). ♦ Копче (command button) што се притиска за да се изведе некоја операција. ♦ Квадратче за проверка (check box) се користи за задавање на опции што имаат само две можни состојби, на пример: вклучено и исклучено. ♦ Избор на опција (option button) се користи кога треба од повеќе можни опции да се избере една. ♦ Надолно мени (list box) содржи листа можни опции. Менито се отвора со клик на стрелката надолу десно од менито. ♦ Комбинирано мени (combo box) е мени слично на претходното, но сега на корисникот му е оставена можност да напише и сопствена опција покрај оние од менито. ♦ Движењето меѓу елементите во интерактивниот прозорец се прави со притискање на копчето Tab, а со притискање на Shift+Tab се оди наназад по елементите. Ако се притисне Alt+подвлечената буква во името на елементот, тоа значи дека се селектира соодветниот елемент. ♦ Интерактивните прозорци можат да бидат составени од повеќе картички. Секоја од овие картички претставува логичка подгрупа на можностите што ги дава избраната наредба. Движењето помеѓу картичките е можно со клик на насловот на картичката со глувчето или со кратенките од тастатурата Ctrl+PgUp и Ctrl+PgDn.

Кога ќе се заврши работата со интерактивниот прозорец, се притиска Enter или се кликнува на копчето OK за да се изврши наредбата. Ако се кликне на копчето Cancel или се притисне копчето Esc, тогаш интерактивниот прозорец се затвора без да се изврши наредбата.

РАБОТА СО ПОВЕЌЕ АПЛИКАЦИИ Windows е оперативен систем во кој истовремено можат да се активираат повеќе апликации (multitasking). Секоја апликација добива свој прозорец. Бидејќи мора да биде еднозначно одредено и јасно на која од активните апликации корисникот моментно упатува наредби, секогаш една од нив се "наоѓа во фокус". Прозорецот на апликацијата што е во фокусот и на која се однесуваат сите наредби од тастатурата има поинаква боја на насловната лента на прозорецот (на


пример, темно сина боја за разлика од останатите кај кои насловната лента е сива), а нејзиното копче на лентата со задачи е "притиснато". Со доведување на некоја апликација во фокусот нејзиниот прозорец се "префрла во прв план", односно доаѓа пред останатите ако тие го покривале. Доведувањето на прозорецот во фокус се прави на повеќе начини, а основни се: ♦ со клик на копчето на саканата апликација на лентата со задачи; ♦ со држење на копчето Alt и притискање на Tab се префрла фокусот помеѓу сите активни апликации, преку мал интерактивен прозорец со симболите на активираните апликации, и ♦ со клик на кој било дел од прозорецот (ако прозорецот не е целосно сокриен). Кога се извршуваат повеќе апликации, просторот на екранот може да стане претрупан и тежок за снаоѓање. За да се избегнат ваквите проблеми, треба да се почитуваат следниве правила: ♦ непотребните апликации треба да се затворат; ♦ прозорците на апликациите што се потребни, а моментно со нив не се работи, треба да се минимизираат така што да продолжат со работа, но да се гледа само нивното копче на лентата со задачи преку кое тие повторно можат да се зголемат; ♦ димензиите на прозорецот треба да се регулираат така што да не заземаат повеќе простор отколку што е потребно; ♦ прозорците треба на погоден начин да се разместат по екранот. Прозорците можат рачно да се распоредат или може да се нареди нивното автоматско местење (Window Arrange). Со клик на десното копче на глувчето на празниот дел на лентата со задачи на дното на екранот се добива мени со наредби:

Cascade Windows. Сите отворени прозорци ќе се преуредат така што каскадно се редат еден зад друг. Tile Windows Horizontally. Прозорците ќе се распоредат хоризонтално еден до друг. Tile Windows Vertically. Прозорците ќе се распоредат вертикално еден до друг. Show the Desktop. Сите отворени прозорци ќе се смалат на ниво на икони на лентата со задачи.



Другите наредби што се појавуваат на листата со наредби се Toolbars – за прикажување на лентите со алатки на Windows или за креирање на нова лента, Task Manager – за повикување на Task Manager и Properties – за корекции на лентата со задачи и менито Start.


РАБОТА СО ПРОЗОРЕЦ НА ДОКУМЕНТ При користењето на апликациите, тие најчесто создаваат документи. На пример, секое писмо што се пишува во Word или цртеж во Paint се креира како документ и се прикажува во посебен прозорец во прозорецот на апликацијата. Овој прозорец не содржи менија и ленти со алатки. Кога ќе се активира апликација, таа најчесто автоматски креира прозорец за нов документ. Во повеќето апликации, нов прозорец (за нов документ) се формира со наредбата File→New. Најчесто кога ќе се заврши со работата на документот, тој треба да се сними за да се сочува неговата содржина. Тоа се прави со наредбата File→ Save. Потоа прозорецот се затвора со наредбата File→Close. Кога ќе се затвори прозорецот на документот, апликацијата сé уште останува отворена. 

Фајл. Документите што ги креираат апликациите снимени на мемориски уред се викаат фајлови. Тие претставуваат посебни целини и ја чуваат содржината на документот.

ЗАТВОРАЊЕ ПРОЗОРЕЦ Пред да се затвори прозорецот на апликацијата (а со тоа да се затвори апликацијата) треба да се води сметка сите документи со кои е работено да се снимени. 

Доколку се направи обид за затворање на прозорецот на документот или на апликацијата без претходно да биле снимени промените, ќе се појави интерактивен прозорец со прашање Do You want to save the changes You made to document?. За да се снимат промените се кликнува Yes; за да се направи спротивното No, а за да се откаже намерата за затворање на прозорецот треба да се кликне на копчето Cancel.

Затворањето на прозорец на апликација може да се направи на повеќе начини: со клик на копчето Close (X) во горниот десен агол на прозорецот, со двоклик на сликата во горниот лев агол, со изборот на наредбата Close од контролното мени, со притискање на Alt+F4, со наредбата File→Exit и со клик на десното копче на глувчето на копчето на апликацијата на лентата со задачи и изборот на опцијата Close. 

Наједноставен начин за затворање на прозорец на апликација е клик на копчето со X во горниот десен агол на прозорецот.



Постои уште еден начин да се затвори прозорец на апликација – со повик на Task Manager. Се кликнува со десното копче на празен дел од лентата со задачи и се избира наредбата Task Manager од каде што по избор на апликацијата се кликнува на копчето End Task. Овој метод се применува само во краен случај, ако апликацијата откажала послушност, бидејќи може да доведе до губење на обработени податоци.

WINDOWS EXPLORER АКТИВИРАЊЕ И ЗАТВОРАЊЕ НА WINDOWS EXPLORER Windows Explorer се активира на следниов начин: 1. Се отвара менито Start и се избира All Programs. 2. Од менито All Programs се избира Accessories. 3. Се избира Windows Explorer.  

Windows Explorer може да се отвори со комбинацијата копчињаод татстатурата Win+E. Windows Explorer се затвора со кликнување копчето (X) на прозорецот.

Работната површина на Windows Explorer се состои од два дела. Левиот дел има назив Folders (фолдери) и ја прикажува хиерархиската структура на фолдерите. Десниот дел ја содржи листата на фолдери и фајлови


што ги содржи избраниот фолдер во левиот дел. Основен (базичен) фолдер е Desktop (работната површина на Windows). Како следно ниво во хиерархијата се појавуваат фолдери што како икони се прикажани на работната површина на Windows и се директно поврзани со неа. Тоа се: My Documents. My Documents упатува на специјален објект (фолдер) во компјутерот во кој се чуваат документите (фајлови) на пријавениот корисник. My computer. My computer дава пристап на прозорец во кој може да се види што содржи компјутерот. My Network Places. Доколку компјутерот е дел од мрежа, My Network Places обезбедува преглед на останатите компјутери во мрежата. Recycle Bin. Recycle Bin служи за бришење на непотребните елементи (фолдери и фајлови). Internet Explorer. Програмата Internet Explorer е најпозната програма што се користи за пребарување на Интернет. 

Фолдери и подфолдери. Фолдерот што се наоѓа пред сите други фолдери (слично како стебло од дрво со гранки) е главен фолдер. Секој фолдер може да има подфолдер. Подфолдерите се фолдери во фолдерите и тие помагаат во организацијата на фајловите. Со други зборови, секој фолдер може да содржи фолдери и фајлови.

ИЗГЛЕД НА WINDOWS EXPLORER Windows Explorer е основна системска апликација во Windows што се користи за организирање на податоците на компјутерот, копирање и преместување на фајловите и фолдерите, преглед на содржината, форматирање дискети, различни прилагодувања на периферните уреди и воопшто одржување на системот. 

Покрај Windows Explorer, за истата намена може да се користи и системот My Computer. Разликата е во тоа што Windows Explorer обезбедува хиерархиски пристап, додека пристапот кој го користи My Computer е хоризонтален – се гледа само едно ниво од хиерархијата.

Прикажување на лентите со алатки Наредбите за уредување на приказот во Windows Explorer, како и други наредби, се достапни и преку копчиња на лентите со алатки. Windows Explorer располага со четири ленти: Standard Buttons, Address и Links. При работата со фолдерите и фајловите се користи лентата Standard Buttons која, доколку не е составен дел на прозорецот, се повикува со наредбата View→Toolbars→Standard Buttons. Таа се отповикува на ист начин.

Прикажување на статусната линија Во статусната линија на Windows Explorer се прикажуваат дополнителни информации, како на пример, големината на фолдерот, бројот на селектираните фајлови или фолдери, вкупната големината на селектираните фајлови и фолдери и др. Начелно, статусната линија е составен дел на прозорецот, а доколку не е прикажана се повикува со наредбата View→Status Bar. На ист начин таа се отповикува.

Големината на деловите на прозорецот на Windows Explorer Наредбите во менито на Windows Explorer овозможуваат да се промени приказот на содржината на фолдерите. Големината на прозорецот може да се контролира како и големината на кој било друг прозорец. Може да се контролира и големината на двата дела од прозорецот, како и тоа дали во прозорецот ќе бидат прикажани лентата со алатки и статусната лента. За овие можности ќе стане збор во понатамошниот текст. 

Кога ќе се промени приказот на Windows Explorer, направените промени остануваат и при повторно активирање на Windows Explorer приказот ќе биде ист сé додека повторно не се направат некои промени.

Целиот работен простор на прозорецот на Windows Explorer е поделен на два дела: Folders и содржината на избраниот фолдер. Помеѓу нив се наоѓа вертикална линија што ги одвојува. Со повлекување на линијата може да се зголеми едниот дел на сметка на другиот. Тоа се прави на следниот начин: 1. Се доведува покажувачот на глувчето врз вертикалната линија што ги одвојува двата дела и тој се трансформира во форма на линија со две хоризонтални стрелки. 2. Се кликнува со левото копче на глувчето и се држи. 3. Се повлекува линијата во потребната насока. 4. Кога ќе се достигне потребната големина, копчето се пушта.


ОТВОРАЊЕ, ИЗБИРАЊЕ И СЕЛЕКТИРАЊЕ ФОЛДЕРИ И ФАЈЛОВИ

Отворање, затворање и избирање фолдери Во левиот дел All folders може да се забележи дека пред некои фолдери има квадрат со плус (+) или минус (-), додека пред други воопшто нема квадрат.



На сликата отворен фолдер е фолдерот My Computer.

Ако пред името на фолдерот е прикажано квадратче со плус, тоа значи дека фолдерот содржи подфолдери и дека таа гранка не е прикажана. Доколку се кликне на плусот, фолдерот се отвора, плусот се претвора во минус и се прикажуваат подфолдерите што ги содржи тој фолдер. Доколку се кликне на минусот, гранката се затвора и минусот поминува во плус. Ако пред фолдерот нема квадратче, тоа значи дека фолдерот нема подфолдери. Отворањето и затворањето на фолдерите нема никакво влијание на содржината на фолдерите. Кога ќе се избере фолдер од листата со фолдери, неговата содржина се прикажува во десниот дел од прозорецот Windows Explorer. Фолдер се избира со кликнување на саканиот фолдер во листата на фолдери.

Избирање мемориски уред Мемориските уреди на компјутерот се прикажани во форма на фолдери што се наоѓаат во фолдерот My Computer. Со избирање на одреден фолдер од наведените фолдери, фактички се избира соодветниот мемориски уред. Мемориските уреди секогаш се претставени со специјална икона карактеристична за тој уред, име на уредот и голема латининска буква во загради. Дискетната единица на компјутерот е претставена со 3½’ Floppy (A:), хард дискот со (C:), CD ROM уредот најчесто е (D:) итн.

Промена на приказот на содржината на фолдерот Во основа, Windows Explorer во делот со содржината ги прикажува иконите и имињата на фајловите и фолдерите, но постојат неколку начини овој приказ да се промени. Менито View овозможува пет начини на кои може да се уреди приказот на содржината на фолдерот: Thumbnails (приказ во кој наместо икони, намалено се гледаат самите содржини на објектите, на пример, ако тие се слики или Web страници), Tiles (икони со текстуални објаснувања), Icons (икони), List (листа) и Details (детали).

Особено интересен е приказот што го овозможува наредбата View→Details во кој, покрај иконата и името, се прикажуваат и други информации за секој фолдер или фајл: ♦ Големина во бајтови (само за фајлови). ♦ Тип (фолдер, Word документ, апликација итн.). ♦ Час и датум на последната модификација.


Подредување на содржината на фолдерот Во кој било приказ, прво се прикажуваат фолдерите, па потоа фајловите. Подреденоста на фајловите и фолдерите може да се менува со тоа што и по промената прво се прикажуваат фолдерите, а потоа фајловите. Фајловите и фолдерите обично се подредени по абецеден ред според нивното име. Ако е потребно поинакво подредување, овозможено е подредување со следниве наредби: ♦ Се избира View→Arrange Icons→By Name за да се подредат фајловите според името. ♦ Се избира View→Arrange Icons→By Type за да се подредат фајловите според типот на фајлот (по абецеден ред на типот на фајлот). ♦ Се избира View→Arrange Icons→By Size за да се подредат фајловите од најмал до најголем. ♦ Се избира View→Arrange Icons→By Date за да се подредат фајловите според моментот на последната модификација (од најновиот до најстариот). ♦ Се избира View→Arrange Icons→Auto Arrange за автоматско подредување.



Со кликнување на насловите на колоните во погледот Details, може да се изврши подредување според односната колона. Доколку се кликне уште еднаш на истиот наслов, се врши подредување по обратен редослед.

Селектирање фајлови или фолдери Селектирањето на поединечен фајл или фолдер се прави со клик на неговата икона или име. Понекогаш е потребно повеќе фајлови или фолдери да се селектираат и со нив да се изврши некоја акција, како на пример, копирање, поместување или бришење. Секако, овие операции се можни на поединечни фајлови или фолдери, но, притоа може непотребно да се изгуби повеќе време. Многу е поефикасно во чекорот селекција на објектите при изведување на која било операција да се селектираат сите објекти (фајлови и/или фолдери) и целата операција да се изврши со една постапка. Постапката на селектирање на повеќе фајлови или фолдери е различна во зависност од тоа дали тие се последователни или не. За да се изберат последователни фајлови или фолдери треба да се извршат следниве чекори: 1. Се кликнува на првиот фајл или фолдер што треба да се селектира. Кога ќе се кликне, тој е селектиран. 2. Се притиска и се држи копчето Shift и се кликнува на последниот фајл или фолдер што треба да се селектира. Сите наслови помеѓу првиот и последниот фајл (вклучувајќи ги и нив) се селектирани.

Ако помеѓу фајловите или фолдерите што треба да се селектираат се појавуваат фајлови или фолдери чија селекција не е потребна, постапката е поинаква. Наместо копчето Shift се држи копчето Ctrl и се кликнува на сите фајлови и/или фолдери што треба да се селектираат. На крајот, копчето Ctrl се отпушта, а сите објекти на кои е кликнато се селектирани.


Селектирање на сите фајлови и фолдери во еден фолдер се прави со наредбата Edit→Select All. За да се деселектира селектирана група фајлови или фолдери треба да се кликне некаде надвор од селектираните наслови.

КРЕИРАЊЕ И БРИШЕЊЕ ФОЛДЕРИ И ФАЈЛОВИ Креирање фолдери и фајлови Некои фолдери се креираат автоматски со инсталација на апликациите. На пример, кога се инсталира Microsoft Office, инсталационата процедура креира фолдер на основниот фолдер на дискот и ги сместува Office фајловите и фолдерите во тој фолдер. Корисникот, исто така, има можност да креира свои фолдери. Постојат повеќе причини за креирање фолдер. Корисникот најчесто креира фолдери за да ги сочува своите документи во фолдер чие име ќе ја појаснува содржината на документите (фајловите) што се снимени во тој фолдер. Имајќи одделен фолдер за документи со сродна содржина, работата и манипулирањето со нив се многу полесни. За да се креира нов фолдер користејќи го Windows Explorer треба да се извршат следниве чекори: 1. Се означува фолдерот во делот со фолдери (левиот дел од прозорецот), под кој треба да се креира нов фолдер. Фолдерот што ќе се креира ќе биде подфолдер на означениот фолдер. 2. Се селектира наредбата File→New→Folder и се појавува икона со име New Folder на дното во делот со содржината (десниот дел од прозорецот).

3. Се пишува името на новиот фолдер во квадратчето за текст што се појавува веднаш до иконата на новиот фолдер. Името што ќе се напише ги заменува зборовите New Folder. 4. Се притиска Enter.

Креирање покажувачки фајлови Фајлот не мора да се копира за да биде достапен од друг фолдер. Може да се креира посебен фајл – покажувач (shortcut) што покажува на оригиналниот фајл. Овој фајл зазема сосема малку простор на меморискиот уред, изгледа како и оригиналниот (освен што има мала стрелка на иконата што укажува дека се работи за покажувач), а со негово отворање операцијата автоматски се насочува на оригиналот. Покажувачки фајл во Windows Explorer се креира на следниот начин: 1. Се селектира фајлот за кој се креира покажувачки фајл. 2. Се селектира наредбата File→Create Shortcut по што покажувачкиот фајл се креира. Неговото име е Shortcut to file (каде што file е име на оригиналниот фајл). Подоцна овој фајл може да се поместува во други фолдери или пак да се постави на работната површина на Windows. 

Покажувачки фајл може да се креира и со повлекување при што се држи притиснато копчето Alt (се појавува мала стрелка со објектот која индицира дека се креира покажувачки фајл).


Бришење фолдери и фајлови Понекогаш е потребно некој фајл или фолдер да се избрише. На пример, можеби е креиран фајл или фолдер, но по грешка или пак, содржината на односниот фајл или фолдер не е потребна, а е потребен простор на дискот. За да се избрише фајл или фолдер треба да се направи следново: 1. Во листата на фолдери во Windows Explorer се избира фајлот или фолдерот што треба да се избрише. Треба да се знае дека кога се брише фолдер се бришат сите фајлови и подфолдери во него. 2. Се селектира наредбата File→Delete или се притиска копчето Delete. Се појавува интерактивен прозорец наречен Confirm Folder Delete во кој се покажува што ќе биде избришано и тој бара дозвола за бришење.

3. Треба претпазливо да се прегледа интерактивниот прозорец Confirm Folder Delete за да се биде сигурен дека токму тоа треба да се избрише. 4. Се избира Yes за да се избрише означениот фајл или фолдер. 

Ако се избрише фолдер или фајл по грешка, треба веднаш да се селектира наредбата Edit→Undo Delete за да се поништи операцијата бришење.

Работење со Recycle Bin Фајловите што се бришат во Windows привремено се сместени во кошничката за отпадоци – Recycle Bin. Во моментот на бришењето не се бришат фактички, туку се сместуваат во фолдерот Recycle Bin. На овој начин, корисникот има уште една можност да се предомисли и да одлучи дека повторно му се потребни избришаните фајлови. Од друга страна, со бришењето не се ослободил простор на дискот, иако, можеби тоа му била намерата на корисникот. За да се ослободи просторот што го заземаат избришаните фајлови и фолдери, потребен е уште еден чекор – празнење на Recycle Bin. За да се вратат фајловите што се избришани треба да се направи следното: 1. Се кликнува два пати на иконата Recycle Bin на работната површина на Windows (во Windows Explorer се кликнува на фолдерот Recycle Bin) и се појавува прозорецот Recycle Bin.

2. Се селектираат фајловите што треба да се вратат. 3. Се селектира наредбата File→Restore. Windows ги преместува фајловите до нивните оригинални локации. За да се ослободи просторот што го заземаат избришаните фајлови во Recycle Bin и со тоа тие трајно да се избришат, треба да се направи следново: 1. Се кликнува два пати на иконата Recycle Bin на работната површина на Windows (во Windows Explorer се кликнува на фолдерот Recycle Bin) и се појавува прозорецот Recycle Bin. 2. Се селектира наредбата File→Empty Recycle Bin. Се појавува интерактивен прозорец за потврдување или се кликнува на копчето Empty Recycle Bin во делот со содржината на фолдерот Recycle Bin.




За да се избрише само еден фајл од Recycle Bin, се избира фајлот, се селектира наредбата File→Delete и се кликнува Yes

3. Се избира Yes за да се избришат сите фајлови. 4. Се кликнува на копчето Close за да се затвори прозорецот Recycle Bin.

ПРЕМЕСТУВАЊЕ И КОПИРАЊЕ ФОЛДЕРИ И ФАЈЛОВИ Наједноставен начин за преместување и копирање на фајлови или фолдери преку Windows Explorer е со техниката "влечи и пушти" (drag & drop). Тоа значи дека се селектираат потребните објекти од изворниот фолдер, се повлекуваат до саканиот фолдер и таму се пуштат. Сепак, оваа техника може да предизвика извесни потешкотии, особено кај корисници кои немаат доволно искуство во работата со глувчето. Затоа, ќе биде објаснет и начинот на копирање и преместување со користење на наредбите на Windows Explorer. За да се ископираат или преместат фајлови или фолдери од еден фолдер во друг користејќи го Windows Explorer треба да се направат следниве чекори: 1. Се избира фолдерот што ги содржи фајловите или фолдерите што треба да се копираат или преместат. 2. Се селектираат потребните фајлови и/или фолдери. 3. Се селектира наредбата Edit→Copy ако се копира, односно наредбата Edit→Cut ако се преместува.

4. Се избира фолдерот во кој треба да се копираат или преместат фајловите и/или фолдерите. 5. Се селектира наредбата Edit→Paste. 

Ако се копира фајл или фолдер на локација каде што постои фајл или фолдер со сосема исто име ќе се појави интерактивниот прозорец Confirm File Replace со порака This folder already contains a file called ‘ime’, Would you like to replace the existing file? (Овој фолдер веќе содржи фајл наречен ‘име’. Дали сакате да го замените постојниот фајл?) Се кликнува на Yes за да се замени постојниот фајл или се кликнува на No за да се запре копирањето.



Ако се преместат или ископираат погрешни фајлови или фолдери, се селектира наредбата Edit→Undo за да се поништи направената операција. Копирање на дискета се врши на тој начин што во четвртиот чекор се избира фолдерот 3½” Floppy (A:). Од дискета на диск се копира со избирање на фолдерот 3½” Floppy (A:) во првиот и фолдерот C: во четвртиот чекор на процедурата.



ПРОМЕНА НА ИМЕ НА ФОЛДЕР ИЛИ НА ФАЈЛ За да се промени името на фајлот или фолдерот треба да се извршат следните чекори: 1. Во Windows Explorer се селектира фајлот или фолдерот на кој треба да му се промени името. 2. Се селектира наредбата File→Rename. Се појавува квадратче околу името на фајлот или фолдерот, при што името е селектирано.

3. Се пишува новото што кое го заменува старото име. 4. Се притиска Enter. 

Никогаш не треба да се преименуваат фајлови со програми. Многу апликации нема да работат ако нивните фајлови се преименувани.




Не е препорачливо да се преименуваат фолдери што се креирани со некоја инсталациона постапка (фолдерите што не ги креирал корисникот).

ПРЕБАРУВАЊЕ При работата со компјутерот постојано се креираат нови фајлови. Тие можат да бидат разместени на повеќе фолдери, во зависност од желбите на корисникот. Иако и имињата на фолдерите и имињата на фајловите корисникот ги доделува со намера да ја појаснуваат својата содржина, понекогаш пронаоѓањето на потребниот фајл може да претставува вистинска компликација. Наместо упорното отворање на фајловите и фолдерите, како начин да се пронајде бараниот фајл, Windows Explorer нуди посебна погодност преку копчето Search на лентата со алатки. За да се побара одреден фајл користејќи го Windows Explorer се извршуваат следниве чекори: 1. Во делот All Folders се селектира фолдерот во рамките на чија содржина се бара потребниот фајл. 2. Се кликнува на копчето Search на лентата со алатки по што ќе се промени изгледот на делот All Folders на Windows Explorer.

3. Во левиот дел од прозорецот се избира видот на фајлот што се бара: слика, музика, документ или каков било фајл или фолдер, луѓе или компјутер или пак нешто на Интернет. Кога се бара фајл, најопшт пристап е да се кликне на линкот All files and folders. Левиот дел на Windows Explorer повторно се менува.

4. Во текст рамката All or part of the file name се внесува името на фајлот и неговата екстензија, а притоа е дозволена употреба на џокер знаци. 

Џокери. Кога не се знае точно името на фајлот што треба да се најде, се користи џокерот ѕвезда (*) за да се заменат повеќе симболи во името на фајлот или се користи џокерот прашалник (?) за да се замени еден симбол во името на фајлот.

5. Во текст рамката A word or phrase in the file може да се внесе дел од содржината на бараниот фајл. 6. Во надолното мени Look In, корисникот може да одреди друг фолдер за пребарување. 7. Се утврдуваат дополнителните критериуми според кои ќе се врши попрецизно пребарување. Датумот на последното модифицирање во форма на интервал помеѓу два датуми се определува во линкот When was it modified? Во пребарувањето како критериум може да се вклучи и големината на фајлот ако таа се внесе во линкот What size is it?


Линкот More advanced options се користи со цел да се одреди дали да се пребарува во сите подфолдери што ги содржи специфицираниот фолдер, дали да се води сметка за мали и големи букви, дали да се пребарува во системските фолдери и сл. 8. Кога ќе се заврши со задавањето на критериумите, се кликнува на копчето Search за да се почне со пребарувањето. По пребарувањето, во делот за содржината на фолдерите ќе бидат прикажани пронајдените фајлови или фолдери. 9. Повторно враќање на традиционалниот изглед на Windows Explorer се врши со клик на копчето Folders на лентата со алатки.

РАБОТА ВО МРЕЖА Windows е оперативен систем предвиден да соработува со други компјутери во компјутерска мрежа. При работа во мрежа, Windows овозможува делење на ресурсите (фолдери, принтери) помеѓу нивните корисници на секој од компјутерите во мрежата. Секој од корисниците во мрежата може да пристапи до одреден фолдер на друг компјутер во мрежата, но ако за тоа има дозволен пристап. Дозволата за пристап на соодветниот фолдер ја дава корисникот на компјутерот. 

Процесот на дозволување на пристап до одреден фолдер на другите корисници во мрежата се вика шерување (sharing). Дозволениот фолдер се вика шеруван фолдер (shared folder).

Дозвола за пристап до фолдер (или принтер) на другите корисници во мрежата користејќи го Windows Explorer се издава на следниов начин: 1. Се активира Windows Explorer. 2. Во делот во кој е прикажана содржината на фолдерите (десниот дел на Windows Explorer) се селектира фолдерот што треба да се шерува. 3. Се селектира наредбата File→Sharing and security

4. Се отвора интерактивниот прозорец ImeFolder Properties (ImeFolder е вистинското име на фолдерот) и по потреба се кликнува на картичката Sharing.

5. Се вклучува опцијата Share this folder on the network и се внесува името под кое фолдерот ќе се гледа во мрежата (Share name). 

Доколку не се одредат овие параметри, шеруваниот фолдер е слободен за користење и сите корисници можат да го користат како фолдер на сопствениот компјутер (неограничено).

6. Се кликнува на копчето OK.




За шерување фолдер може да се користи и системот My Computer на потполно ист начин како во Windows Explorer.



На ист начин се шеруваат и други ресурси, како што се на пример, принтерите.

Пристапувањето до шеруван фолдер на друг компјутер може да се изврши на следниов начин: 1. Се активира Windows Explorer. 2. Се селектира фолдерот My Network Places кој се наоѓа на гранката директно поврзана со Desktop (основниот фолдер) по што во делот со фолдери се прикажуваат компјутерите поврзани во мрежата. 3. Се селектира компјутерот на кој се наоѓа шеруваниот фолдер. 4. Се кликнува на шеруваниот фолдер, по што се прикажува неговата содржина. 

До шеруваните фолдери на други компјутери во мрежата може да се пристапи и со користењето на иконата My Network Places на работната површина на Windows.



До шеруваните фолдери од апликациите (на пример од Word) се пристапува така што при изборот на фолдерот, првин се пристапува кон фолдерот My Network Places, па потоа преку соодветниот компјутер до потребниот шеруван фолдер.

ФОРМАТИРАЊЕ ДИСКЕТИ Иако дискетите денеска се испорачуваат веќе форматирани, во текот на користењето може да се појави потреба од нивно повторно форматирање. Во Windows Explorer, форматирањето на дискета се прави на следниов начин: 1. Се кликнува со десното копче на глувчето на фолдерот кој ја прикажува дискетата My Computer→3½’ Floppy (A:) 

Се подразбира дека корисникот претходно ја вметнал дискетата во FDD уредот на компјутерот.

2. Од менито што ќе се појави се избира наредбата Format која повикува интерактивен прозорец за одредување различни параметри за форматирањето. Capacity – за одредување на капацитетот на дискетата. File System – за одредување на фајл системот според кој ќе се форматира дискетата. Windows поддржува два стандарди: FAT и NTFS. Allocation unit size – за одредување на големината на блоковите до кои има пристап оперативниот систем. Препорачливо е да се остави Default allocaton size. Volume label – име (назив) на дискетата. 

Освен Volume label, при форматирање на дискетата не е потребна никаква интервенција на корисникот врз параметрите за форматирањето.



Ако се вклучи опцијата Quick Format форматирањето ќе се изврши многу побргу (ќе се избрише содржината) но, нема да се изврши целосно форматирање со проверка на исправноста на дискетата

3. Се кликнува на копчето Start. По одредено време дискетата ќе биде форматирана.

СИСТЕМ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА СО ФАЈЛОВИ И ФОЛДЕРИ – MY COMPUTER Иконата My Computer се наоѓа на работната површина на екранот на Windows и претставува алтернативен систем на Windows (покрај Windows Explorer) за манипулација со фајловите и фолдерите во компјутерот. My Computer се активира со двоклик на неговата икона. Изгледот на прозорецот My Computer ги содржи стандардните компоненти што ги содржат сите други Windows апликации. Во работното подрачје на прозорецот My Computer се прикажани сите уреди за меморија што се инсталирани на компјутерот (што како објекти имаат својства на фолдери) и специјалниот фолдер за конфигурирање на компјутерот Control panel.


Со двоклик на некој од фолдерите што претставуваат уреди за меморија (дискета, хард диск, CD ROM, итн.) прозорецот ја прикажува неговата содржина. Постапката за отворање на подфолдери може да продолжи со кликнување на подфолдерите во прозорецот на отворениот фолдер. На тој начин е овозможено длабинско пребарување на фолдерите. Враќањето на претходниот (горниот) фолдер се прави со клик на копчето Back на лентата со алатки. Отворениот прозорец останува на екранот сé додека не се затвори (со клик на копчето Close (X) на прозорецот). 

Подфолдерите можат да се отвораат секој во свој прозорец, ако се селектира наредбата Tools→Folder Options и на картичката General на интерактивниот прозорец Folder Options се селектира опцијата Open each folder in its own window. Повторното враќање на отворањето на фолдерите во еден прозорец се постигнува ако во истиот интерактивен прозорец се селектира опцијата Open each folder in the same window.

Операциите на фолдерите и фајловите во системот My Computer се одвиваат на сличен или потполно ист начин како и во Windows Explorer: ♦ Промената на погледот на содржината на фолдерот се врши со избор на соодветниот поглед од менито View. ♦ Подредувањето на објектите во фолдерот се врши со наредбата View→Arange Icons по што, од менито што ќе се отвори се избира потребниот начин на подредување. ♦ Промената на имињата на фолдерите и фајловите во My Computer се врши со две одвоени кликнувања на објектот чие име се менува. ♦ Креирањето нов фолдер се прави со наредбата File→New→Folder. ♦ Бришењето на објекти се врши со селектирање на објектите и притискање на копчето Delete. Копирањето и преместувањето на објекти со My Computer се врши на следниов начин: 1. Се отвора прозорецот на фолдерот што ги содржи фајловите или фолдерите што треба да се копираат или преместат. 2. Се селектираат потребните фајлови и/или фолдери. 

Селектирањето на повеќе објекти може да се изведе на ист начин како што тоа се прави во Windows Explorer (со копчињата Shift и Ctrl).

3. Се селектира наредбата Edit→Copy ако се копира, односно наредбата Edit→Cut ако се преместува. 4. Се отвора прозорецот на фолдерот во кој треба да се копираат или преместат фајловите и/или фолдерите. 5. Се селектира наредбата Edit→Paste.

УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНАТА ОКОЛИНА При секоја регистрација на нов корисник од страна на администраторот, на корисникот му се доделуваат повеќе различни особености (фолдер исклучиво за неговите документи, привилегии да користи одредени ресурси итн.), а меѓу нив и право да си ја уредува својата работна околина како што се изгледот и содржината на работната површина, менито Start, начинот на користењето на глувчето и тастатурата итн. Секоја од овие акции нема ефект над персоналните поставувања на другите корисници.


ПОДРЕДУВАЊЕ НА ИКОНИТЕ НА РАБОТНАТА ПОВРШИНА Иконите на работната површина на Windows овозможуваат брз пристап до одредени програми, фајлови или фолдери што корисникот често ги користи. Иако, некои икони на работната површина распоредува самиот Windows, по желба и корисникот може да додава икони на работната површина. 

Обично на работната површина се поставуваат покажувачки фајлови. По креирањето на ваквиот фајл во Windows Explorer, тој едноставно се сместува во фолдерот Desktop, или доколку е видлив дел од работна површина, покажувачкиот фајл со повлекување се донесува на неа.

Ако корисникот на работната површина има распоредено повеќе икони, пронаоѓањето на потребната икона може да биде проследено со тешкотија. Еден начин да се уреди приказот на иконите е со глувчето да се изврши повлекување на секоја од иконите на потребното место. Втор начин е да се искористи можноста тоа да се направи автоматски. Автоматско подредување на иконите на работната површина на Windows се прави на следниов начин: 1. Се кликнува со десното копче на празен дел од работната површина по што ќе се појави мени. 2. Се селектира наредбата Arange Icons By.

3. Од менито што ќе се појави, се селектира една од наредбите: Name за да се подредат иконите според името. Size за да се подредат иконите според големината. Type за да се подредат иконите според типот. Modified за да се подредат иконите според моментот на последната модификација. Auto Arrange за автоматско подредување. Кога ќе се додаде дополнителна икона, таа автоматски ќе се распореди на соодветното место. Наредбата Refresh врши освежување на работната површина (повторно исцртување), а се користи ако од некоја причина непотребно останал некој графички елемент на работната површина.

ПОДЛОГА НА РАБОТНАТА ПОВРШИНА Иницијално, работната површина на Windows е пејсаж на ливада со небо над неа или е еднобојна (сина). Корисникот има можност, покрај едноставна промена на бојата, на работната површина да постави одреден графички објект (Wallpaper – тапета) или комплетна Web страница. Во класичен стил, кога работната површина не е активна, единствен графички објект што може да се постави како подлога на работната површина е слика. Ако работната површина е активна, таа може да биде прекриена со слика од повеќе различни формати. 

Преминувањето од активна во класична работна површина и обратно може да се направи со десен клик на празен дел од работна површина по што од менито се избира Active Desktop→Show Web Content.

Одредувањето на подлогата на работната површина се прави на следниот начин: 1. Се кликнува со десното копче на празен дел од работната површина по што ќе се појави мени. 2. Се селектира наредбата Properties по што се појавува интерактивниот прозорец Display Properties. 3. Се кликнува на картичката Desktop. 4. Во секцијата Background може да се избере подлогата од листата на понудени објекти – графички фајл. Се кликнува на копчето Browse за да се најде графички објект во некој друг фолдер. Во надолното мени Position се одредува дали графичкиот објект ќе биде во центарот на работната површина (Center), ќе се повторува за да ја пополни целата работна површина (Tile) или ќе биде развлечен на целата работна површина (Stretch). Надолното мени Color се користи за определување на бојата на околината доколку сликата не го прекрие целиот екран.


5. Се кликнува на копчето Customize Desktop за да се повика интерактивниот прозорец Desktop Items. Се кликнува на картичката Web. 6. Во картичката Web може да се избере Web страница што ќе биде подлога на работната површина на Windows. Во овој случај, за работната површина се вели дека е активна. 7. Се кликнува на копчето OK за да се затвори интерактивниот прозорец Desktop Item. 8. Се кликнува на копчето Apply за трајно да се прифатат промените и се кликнува на копчето OK за да се затвори интерактивниот прозорец Display Properties.

АНИМАЦИИ ПРИ НЕАКТИВНОСТ Ако сликата прикажана на екранот е главно статична (ист формулар што се користи со години), осветлени се секогаш истите делови на екранот па екранскиот премаз на тие места повеќе се троши. За да се заштити екранот, тој треба да се затемни кога компјутерот не се користи или да се пушти некоја анимација што рамномерно го оптоварува екранот. Ова се автоматизира така што Windows ги следи активностите на корисникот и доколку тој е неактивен во текот на одреден период (не притисне ниту едно копче ниту пак го помести глувчето), автоматски ја вклучува избраната анимација. Анимациите се мали програми што се избираат на следниов начин: 1. Се кликнува со десното копче на празен дел од работната површина по што ќе се појави мени. 2. Се селектира наредбата Properties по што се појавува интерактивниот прозорец Display Properties. 3. Се кликнува на картичката Screen Saver.

4. Во надолното мени Screen Saver се избира анимацијата, а нејзиниот изглед се гледа во сликата на мониторот прикажан во интерактивниот прозорец. Се кликнува на копчето Settings за да се утврдат детали врзани со избраната анимација. Се кликнува на копчето Preview за да се вклучи анимацијата и во моментот да се види како таа ќе изгледа на целиот екран. 5. Во текст рамката Wait се одредува времето на неактивност на корисникот по кое ќе се вклучи анимацијата. 6. Се вклучува опцијата On resume, display Welcome screen со цел анимацијата да се прекине и до системот да се пристапи само со повторна авторизација (со password) на корисникот. Ова се прави со цел да се заштитат податоците на компјутерот доколку корисникот не е до компјутерот 7. Се кликнува на копчето Power преку кое се одредува времето на неактивност по кое мониторот ќе се исклучи.


8. Се кликнува на копчето Apply за трајно да се прифатат промените и се кликнува на копчето OK за да се затвори интерактивниот прозорец Display Properties.

ОДРЕДУВАЊЕ БОИ НА ПРОЗОРЦИТЕ Различни објекти во прозорците на Windows се прикажани во различни бои. На пример, насловната лента на активниот прозорец е прикажана со темно сина боја, додека таа лента кај неактивен прозорец е прикажана со светло сина боја, текстот на менијата е со одреден фонт и со одредена боја итн. Windows содржи повеќе однапред подготвени шеми на бои за прикажување на овие детали на прозорците и корисникот може по желба да ги менува. Дури може одредени детали потполно да се променат и ваквата комбинација да се сними како нова шема на бои. Изборот на боите што ќе се користат за прикажување на прозорците се прави на следниов начин: 1. Се кликнува со десното копче на празен дел од работната површина по што ќе се појави мени. 2. Се селектира наредбата Properties по што се појавува интерактивниот прозорец Display Properties. 3. Се кликнува на картичката.

4. Во надолното мени Windows and buttons се определува дали ќе се користи класичниот Windows стил карактеристичен за претходните верзии на Windows или новиот Windows XP општ визуелен стил. Во надолното мени Color Scheme се избира шемата од веќе подготвените шеми на бои (иницијално се користи шемата Default blue) Во надолното мени Font Size се избира големината на фонтот со кој ќе биде испишан текстот. 

Екраните и прозорците во книгава претпоставуваат користење на Windows XP стил, Default blue шема на бои и Normal големина на фонтот.

5. Се кликнува на копчето Effects за да се повика интерактивниот прозорец Effects. Особено е интересна опцијата Use the following transition effects for menus and tooltips (начин на транзиција на менијата и советите), а која може да биде со Fade effects (појавување од ништо) или Scroll effects (ефект на одмотување).

6. Се избираат опциите и се кликнува на копчето ОК. 7. Се кликнува на копчето Advanced по што ќе се појави интерактивниот прозорец Advanced Appearance наменет за подетална персонализација на изгледот на елементите на прозорецот.


Во надолното мени Item или со клик на соодветен елемент на прозорците прикажани во горниот дел од интерактивниот прозорец се избира елементот на кој му се менува бојата по избор на корисникот. Десно од надолното мени Item се одредуваат боите на елементот. Во надолното мени Font се одредуваат фонтот а десно од него и големината, бојата и стилот на фонтот доколку елементот е текстуален. 8. Се кликнува на копчето OK. 9. Се кликнува на копчето Apply за трајно да се прифатат промените и се кликнува на копчето OK за да се затвори интерактивниот прозорец Display Properties.

РЕЗОЛУЦИЈА И БРОЈ НА БОИ НА ЕКРАНОТ Сликата на екранот се прикажува со повеќе точки наречени пиксели. Секоја од овие точки е со одредена боја. Окото на човекот не е во состојба да ги разликува поединечно точките туку ја гледа сликата како слеана целина. Бројот на точките со кои се прикажува сликата на екранот се вика резолуција. Кога се зборува за резолуција се мисли на бројот на точките во хоризонтална и вертикална насока. Квалитетот на сликата што ќе биде прикажана на екранот зависи од резолуцијата и од бројот на различните бои со кои може да биде прикажана секоја точка. Овие две карактеристики зависат од хардверскиот потенцијал на компјутерот (капацитетот на видео меморијата и квалитет на мониторот) и од корисничките поставувања во Windows. Корисникот не може да влијае на хардверот, но затоа може максимално да ги искористи неговите можности. Одредувањето на резолуцијата и бројот на различните бои во Windows се врши на следниов начин: 1. Се кликнува со десното копче на празен дел од работната површина по што ќе се појави мени. 2. Се селектира наредбата Properties по што се појавува интерактивниот прозорец Display Properties. 3. Се кликнува на картичката Settings.

4. Во секцијата Screen resolution се повлекува лизгачот кон Less (за да се смали) или кон More (за да се зголеми резолуцијата. Притоа, во долниот дел се гледа резолуцијата изразена во точки (пиксели). 5. Во секцијата Color quality се избира бројот на бои во кои може да биде прикажана секоја од точките (пиксели). 6. Ако се кликне на копчето Advanced можат да се извршат различни дополнителни поставувања што се однесуваат на мониторот како што се тип на мониторот, фреквенцијата на освежување и сл. 7. Се кликнува на копчето OK по што се појавува порака која укажува на тоа дека компјутерот ќе се обиде да ги уважи поставувањата на корисникот и доколку тие се прифатливи корисникот ќе


може да ги потврди. Во спротивно, после 15 секунди ќе се вратат претходните поставувања што работеле исправно.

8. Поставувањата се потврдуваат со клик на копчето Yes. 9. Се кликнува на копчето Apply за трајно да се прифатат промените и се кликнува на копчето OK за да се затвори интерактивниот прозорец Display Properties.

ПРОМЕНА НА ИКОНИТЕ НА РАБОТНАТА ПОВРШИНА Веќе е познато дека со инсталација на Windows на работната површина се поставува извесен број икони како што се My Computer, Recycle Bin, My Network Places итн. Секоја од овие икони може да биде заменета со друга од страна на корисникот. Иконите на работната површина се менуваат на следниов начин: 1. Се кликнува со десното копче на празен дел од работната површина по што ќе се појави мени. 2. Се селектира наредбата Properties по што се појавува интерактивниот прозорец Display Properties. 3. Се кликнува на картичката Desktop. 4. Се кликнува на копчето Customize Desktop за да се повика интерактивниот прозорец Desktop Items. 5. Во картичката General во секцијата Desktop icons се избира кои икони да бидат поставени на подлогата (My Computer, My Network Places, My Documents, Internet Explorer).

6. Се избира иконата и се кликнува на копчето Change Icon по што ќе се појави прозорец со извесен број алтернативни икони за да се избере поинаква икона од селектираната икона

7. Се избира новата икона или преку копчето Browse се пребаруваат други локации што содржат сликички за икони. Со клик на копчето Cancel корисникот се откажува од промената на тековната икона, а со клик на копчето OK се потврдува новата икона. 

Оригиналните Windows XP икони можат да се вратат со клик на копчето Restore Default.

8. Се кликнува на копчето OK за да се затвори интерактивниот прозорец Desktop Item. 9. Се кликнува на копчето Apply за трајно да се прифатат промените и се кликнува на копчето OK за да се затвори интерактивниот прозорец Display Properties. 10. Се кликнува на копчето OK.


DOS АПЛИКАЦИЈА Со појавата на Windows 95 тој набргу станува стандарден оперативен систем за PC компјутерите и го заменува текстуалниот оперативен систем MS DOS (Microsoft Disk Operating System). Принципот на вертикална компатибилност (програмите пишувани за DOS несметано да се извршуваат и под Windows) наметнува потреба од DOS. Затоа, во склоп на Windows е вградена специјална апликација DOS. Со активирање на DOS апликацијата, компјутерот може да се префрли во текстуален мод на работа и да се има впечаток дека се работи под вистински DOS. Апликацијата се активира со наредбата Start→All Programs→Accessories→ Command Prompt. Се појавува прозорец со командна линија кој е практично ист како и работниот екран на стандардниот DOS. DOS прозорецот ги содржи сите елементи на прозорец.



Доколку корисникот сака идентичен приказ со стандардниот DOS (не во форма на прозорец туку преку целиот екран) тоа може да го постигне со притискање на Alt+Enter. На ист начин приказот може да се врати во облик на прозорец.

Во DOS апликацијата можат да се користат голем број наредби што важат за стандардниот DOS. Наредбите што се издаваат во DOS оперативниот систем можат да бидат: ♦ имиња на програми (со екстензија .exe, .com., .bat); ♦ надворешни наредби, и ♦ внатрешни наредби. По внесувањето на текстот на наредбата задолжително се притиска копчето Enter. 

Името на фајлот во DOS (на пример, Pismo.DOC) се состои од два дела: име и екстензија одвоени со точка. Името може да биде составено од најмногу 8 букви и бројки (Pismo), а екстензијата од 3 букви што го опишуваат типот на фајлот (.DOC – Word документ, .XLS – Excel работна книга, .EXE извршна програма, .BAS – програма напишана во Basic итн.). Долгите имиња од Windows се прилагодуваат со скратување.

Во DOS апликацијата како и во оперативниот систем DOS најчесто се користат наредбите од следната табела: Наредба

Значење

disk:

Избирање активна мемориска единица (A:, C:)

CD imedir

Избирање активен фолдер – едно ниво пониско

CD ..

Избирање активен фолдер – едно ниво повисоко

CD \

Избирање активен фолдер – нултиот фолдер

MD imedir

Креирање фолдер

RD imedir

Бришење фолдер

DIR

Листање на содржината на фолдер

COPY imefil disk:

Копирање фајл

DEL imefil

Бришење фајл


FORMAT A:

Форматирање дискета А:

TIME

Одредување на системското време

DATE

Одредување на системскиот датум

CLS

Чистење на екранот

CHKDSK disk:

Добивање информации за мемориска единица

EXIT

Затворање на DOS апликацијата и повторно враќање во Windows

КОНФИГУРИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ Windows е прилагодлив оперативен систем. Тоа значи дека според потребите на корисникот може да се прилагоди начинот на прикажувањето, содржината на списокот на наредбите, основните карактеристики, својствата и можностите на уредите што се приклучени како и различни други можности. Control Panel е специјален објект (фолдер) во кој се сконцентрирани системските програми за конфигурирање. Фолдерот Control Panel се отвора со наредбата Start→Control Panel или My Computer→Control Panel, а исто така и од Windows Explorer како подфолдер во фолдерот My Computer.

Содржината на фолдерот Control Panel може да биде прикажана на два начина: ♦ Category View (поглед по категории) и ♦ Classic View (класичен поглед). Разликата во погледот е во тоа што Classic View нуди стандарден хоризонтален пристап до сите елементи на Control Panel, додека кај Category View елементите на Control Panel се групирани по сродност во категории. Во овој поглед корисникот првин ја избира категоријата па потоа по прикажувањето на елементите од категоријата го избира потребниот елемент. Ако во Classic View е отежнато пронаоѓањето на потребниот елемент како последица од мноштвото елементи, Во Category View проблем претставуваа паметењето кој елемент во која категорија се наоѓа.



Понатаму во книгата ќе се користи Classic View.


Активирањето на одреден елемент – конфигурациона програма се врши со двоклик на нејзината икона. Понатаму, можностите зависат од задачата на таа програма.

ДАТУМ И ВРЕМЕ Системското време го користат сите програми, па е особено важно тоа да биде точно наместено. Без тоа, времето на креирањето на фајловите би било неточно, па споредувањето на различни верзии, сигнализирањето на алармот, потсетникот и роковникот не би функционирале коректно. Програмата за одредување на системскиот датум и време, како и временската зона се крие под иконата Date and Time во фолдерот Control Panel. Постапката за одредување на временските параметри на системот се одвива на следниов начин: 1. Се селектира наредбата Start→Control Panel по што во свој прозорец се отвора фолдерот Control Panel. 2. Се кликнува двојно на иконата Date and Time по што се отвора картичката Date & Time на интерактивниот прозорец Date/Time Properties.

3. Во секцијата Date се избира месецот, годината и датумот. 4. Во секцијата Time со кликнување на секој од елементите на времето (час, минути и секунди) со помош на копчињата (стрелки) нагоре или надолу се менува вредноста на актуелниот временски елемент. 

Ако се користи 12-часовен формат за времето, треба да се внимава на претпладневно (AM) или попладневно (PM) време.

5. Се кликнува на картичката Time Zone и од надолното мени се одбира опцијата (GMT+01:00) Sarajevo, Skopje, Warsaw, Zagreb за да се одреди временската зона во која се наоѓа Република Македонија. 6. Доколку се вклучи Automatically adjust clock for daylight saving changes, компјутерот автоматски ќе го префрла времето од летно во зимско и обратно. 7. Ако во картичката Internet Time се вклучи опцијата Automatically synchronize with an Internet time server и од надолното мени Server се избере серверот за синхронизација, компјутерот периодично ќе го синхронизира своето системско време со избраниот сервер.

8. Се кликнува на копчето OK.

УПРАВУВАЊЕ СО ГЛУВЧЕТО Глувчето е извонредно значаен уред за работа во Windows. Со помош на глувчето корисникот му ги упатува на компјутерот скоро сите наредби. Затоа, Windows обезбедува конфигурирање на глувчето во зависност од желбите и можностите на корисникот. Управувањето со работата на глувчето се врши на следниов начин: 1. Се селектира наредбата Start→Control Panel по што во свој прозорец се отвора фолдерот Control Panel.


2. Се кликнува двојно на иконата Mouse по што се отвора интерактивниот прозорец Mouse Properties составен од четири картички.

3. Во секцијата Button configuration на картичката Buttons се избира: Right-handled – за корисник кој ја користи десната рака за работа со глувчето (клик се врши на левото копче на глувчето). Left-handled – за корисник кој ја користи левата рака за работа со глувчето (клик на десното копче на глувчето). 4. Во секцијата Duble-click speed на картичката Buttons се управува со максималното време помеѓу два клика, а кои компјутерот ќе ги смета за двоклик. Ако лизгачот се помести кон Slow времето ќе биде подолго, а ако лизгачот се помести кон Fast – времето ќе биде пократко (корисникот ќе мора побргу да ги изведе двата клика). 5. Картичката Pointers се користи за избирање на формата на покажувачот на глувчето (стандардно тоа е мала стрелка свртена в лево) и тоа во различни ситуации. Може да се користи една од стандардните шеми (со избор од надолното мени Scheme) или за секоја ситуација да се одреди сопствен изглед на покажувачот. Изборот на покажувачите може да се сними во шема со клик на копчето Save As. 6. Во картичката Pointer Options, во секцијата Motion се прилагодува осетливоста на глувчето, односно се задава коефициентот што одредува колку да се движи покажувачот на екранот во однос на движењето на глувчето по масата. Искусните корисници кои повешто работат со глувчето обично ја зголемуваат осетливоста со движење на лизгачот кон Fast, а за прецизно цртање пожелно е таа да се смали со движење на лизгачот кон Slow. 7. Картичката Hardware се користи за избор на моделот на глувчето што се користи и евентуалните дополнителни можности што избраниот модел и неговиот драјвер ги поддржуваат. 8. Се кликнува на копчето OK и новите поставувања се прифаќаат.

УПРАВУВАЊЕ СО ТАСТАТУРАТА Тастатурата е уред незаменлив при внесувањето текстуални и нумерички информации во компјутерот. Windows обезбедува управување со нејзиното користење од повеќе аспекти. Станува збор за изборот и управувањето со хардверските својства на тастатурата, управувањето со брзината на прифаќањето на внесените знаци и на нивното повторување. Управувањето со користењето на тастатурата се врши на следниов начин: 1. Се селектира наредбата Start→Control Panel по што во свој прозорец се отвора фолдерот Control Panel. 2. Се кликнува двојно на иконата Keyboard по што се отвора прозорецот Keyboard Properties.


3. Во картичката Speed со повлекување на соодветните лизгачи се одредуваат: Repeat Delay – времето кое е потребно да се држи притиснато одредено копче на тастатурата за да се повтори внесот (уште еднаш да се внесе знакот) кое се одредува помеѓу подолго (Long) и пократко (Short). Repeat Rate – брзината на повторувањето на внесот при држење на одредено копче на тастатурата откако повторувањето е веќе активирано. Оваа брзина се одредува со повлекување на лизгачот помеѓу поспоро (Slow) и побрзо (Fast). Cursor Blink Rate – брзината на трепкањето (појавувањето и губењето) на курсорот – местото на кое ќе се појави внесениот знак. Оваа брзина се одредува со повлекување на лизгачот кон поспоро (Slow) или побрзо (Fast). 4. Картичката Hardware се користи за хардверско управување со тастатурата (тип на тастатура, драјвер за неа и сл.). 5. По извршените поставувања се кликнува на копчето OK.

РЕГИОНАЛИЗАЦИЈА Windows е стандарден оперативен систем чие користење е широко распространето низ светот. Користењето на Windows во еден или во друг регион, во една или во друга земја подразбира користење на различни стандарди покрај јазикот, на пример, во форматот на датумите, паричните единици, децимални точки или запирки и сл. Затоа Windows обезбедува поддршка за своја регионализација со избор на земја во која се користи. 

Регионалните поставувања се применуваат во апликациите како што се Word, Excel итн.

Регионализацијата и изборот на јазикот (јазиците) што ќе се користат во Windows се прави на следниот начин: 1. Се селектира наредбата Start→Control Panel по што во свој прозорец се отвора фолдерот Control Panel. 2. Се кликнува двојно на иконата Regional and Language Options по што се отвора интерактивниот прозорец Regional and Language Options.

3. Во картичката Regional Options се избира земјата, а во секцијата Samples се прикажани карактеристичните формати за прикажување во таа земја за броевите, паричните вредности, времето, на кратката и на долгата форма на датумите. 

Понудени се стандардни формати за соодветната земја. Корисникот дополнително може да внесе свои формати во интерактивниот прозорец што ќе се повика со клик на копчето Customize.

4. Во картичката Languages со клик на копчето Text services and input languages ќе се повика интерактивниот прозорец Text Services аnd Input Languages.


Во него се прикажани јазиците што се поддржани (Installed services) како и иницијално активниот јазик по активирањето на Windows (Default input language). Овозможени се следните акции: Add – за додавање на нов јазик кој ќе биде поддржан од оперативниот систем (тастатура, екран, принтер). 

Доколку македонската јазична поддршка не е инсталирана, се кликнува на копчето Add по што ќе се појави интерактивниот прозорец Add Input Language. Во надолното мени Input Language се избира FYRO Macеdonian и се кликнува на копчето OK.

Remove – за отстранување на веќе додадена јазична поддршка. Properties – за промена на својствата на јазичната поддршка (распоредот на буквите). Default input language – за одредување на фаворизирана јазична поддршка (јазик што ќе се подразбира при вклучувањето на Windows). Key Settings – се користи за одредување на кратенка од тастатурата со која ќе може да се менува активната јазична поддршка. Со клик на копчето Change Kay Sequence се менува иницијалната кратенка Alt+Shift и се избира друга кратенка. Секцијата To turn off Caps Lock се користи за да се одреди дали исклучување на внесувањето на сите големи букви (вклучено со копчето Caps Lock) ќе се врши повторно со копчето Caps Lock или со копчето Shift.

Language bar – повикува интерактивен прозорец каде вклучената опција Show the Language bar on the desktop обезбедува прикажување на индикатор за актуелната јазична поддршка на десниот крај на лентата со задачи (на пример, EN за англиски, MK за македонски јазик. Со клик на глувчето на овој индикатор се појавува мени со инсталираните јазични поддршки од кое може да се избере потребната.




Картичката Languages се користи за локализирање на тастатурата од аспект на распоредот на знаците на нејзините копчиња и изгледот на внесените знаци прикажани на монитор или отпечатени на принтер, а има ефект и врз тежинскиот распоред на знаците (буквите) што се одразува на подредувањето (на пример, азбучен редослед на некоја листа). Користењето на македонскиот јазик од овој аспект не значи дека и интеракцијата со Windows ќе биде на македонски јазик.

5. По извршените поставувања се кликнува на копчето OK. 

Со користење на македонската јазична поддршка, за пишување на текстови на македонски јазик (кирилица), треба да се користат оригиналните фонтови вградени во Windows (Arial, Time New Roman итн.).



Windows обезбедува прикажување на распоредот на буквите за актуелната јазична поддршка во свој прозорец со наредбата Start→All Programs→Accessories→Accessibility→On-Screen Kayboard.

ФОНТОВИ За преглед, вградување и отстранување на различни облици на букви (fonts) што можат да се користат во Windows и во сите негови апликации се користи системскиот фолдер Fonts во Control Panel. Фолдерот Fonts може да се отвори и одреден фонт може да се прегледа на следниов начин: 1. Се селектира наредбата Start→Settings→Control Panel по што во свој прозорец се отвора фолдерот Control Panel. 2. Се кликнува двојно на иконата Fonts по што во свој прозорец се отвора системскиот фолдер Fonts.



Фонтовите се работа на оперативниот систем, а не на одделни апликации што само се обраќаат до оперативниот систем кога тие букви ќе им бидат потребни.

3. Фонтот се избира за преглед со двоклик на неговата икона или со наредбата File→Open. Се појавува нов прозорец во кој се прикажани карактеристиките на дадениот фонт.




Прво е дадено името, преку кое фонтот се пронаоѓа во апликациите. Следат некои системски податоци како што се верзијата, датумот на изработка, произведувачот, големината на фајлот во кој е сместен фонтот и сл. Изгледот на буквите е даден во облик на низи букви и броеви, а потоа и во облик на реченицата The quick brown fox jumps over the lazy dog. Самата реченица во буквален превод значи "брзата кафеава лисица го прескокна мрзливиот пес" и е бесмислена, но во себе ги содржи сите букви на англиската абецеда па често се користи за вакви намени. Реченицата е напишана во повеќе големини зададени со бројот на точки, за да се добие впечаток за изгледот на буквите во документ.

4. Содржината на прозорецот може да се отпечати со клик на копчето Print. 5. Враќањето во основниот прозорец Fonts се прави со клик на копчињата Done или Esc. 6. Прозорецот Fonts се затвора со клик на копчето Close (X) како кај кој било прозорец. Фонтовите што се користат мораат најпрвин да се вклучат во оперативниот систем т.е. да се инсталираат. Со самиот оперативен систем Windows се испорачува одреден број фонтови и тие се инсталираат во текот на неговата инсталација. Корисникот има можност да инсталира свои фонтови, на пример, за да обезбеди компатибилност на своите документи изработени со некој од фонтовите што не ги содржи Windows. 

Со македонска јазична поддршка се користат стандардните фонтови што се испорачуваат со Windows како што се Tahoma, Arial, Times New Roman и сл. Не се користат фонтови како што се Mac C Times, Mac C Swiss, Macedonian Tms и сл.

За да се инсталираат нови фонтови, првин, на претходно опишаниот начин се отвора фолдерот Fonts (првите два чекори од претходната постапка), а потоа се извршуваат следниве чекори: 1. Се селектира наредбата File→Install New Font по што се појавува интерактивниот прозорец Add Fonts.

2. Во надолното мени Drives се избира меморискиот уред на кој се сместени фајловите со фонтови што се инсталираат. 3. Во секцијата Folders се лоцира фолдерот во кој се наоѓаат фајловите на новите фонтови. Windows ќе ги препознае фајловите со фонтови и ќе ги прикаже во полето List of fonts. 4. Се селектираат фонтовите кои треба да се инсталираат: Еден фонт се селектира со клик врз него. Повеќе последователни фонтови се селектираат така што се држи копчето Shift додека се кликнува на првиот и на последниот фонт во листата. Повеќе непоследователни фонтови се селектираат така што се држи копчето Ctrl додека се кликнува на потребните фонтови. Сите фонтови се селектираат со клик на копчето Select All.




Доколку е вклучена опцијата Copy fonts to Windows folder, фајловите со фонтови ќе бидат копирани во соодветниот системски фолдер на самиот Windows и понатаму ќе бидат на располагање.

5. Се кликнува на копчето OK и новите фонтови ќе се инсталираат. 

Непотребните фонтови се деинсталираат така што во прозорецот Fonts тие првин се селектираат, а потоа се селектира наредбата File→Delete. Треба да се внимава да не се отстрани некој од битните системски фонтови без кои компјутерот нема исправно да функционира.

УПРАВУВАЊЕ СО ЗВУЧНИ ЕФЕКТИ Конфигурирањето на мултимедијалните својства на компјутерот зависи најмногу од вградената опрема како што се аудио картички, CD-ROM уреди, видео картички, аудио миксери и слично. Доколку оваа опрема е вградена можат да се конфигурираат различни параметри врзани за нејзиното правилно функционирање, начинот и квалитетот на репродукција на мултимедијалните информации (звук, видео секвенци). Доколку е вградена опрема што на компјутерот му дава способност за репродукција на звучни снимки (на пр. аудио картичка) можат да се активираат различни звучни ефекти што ќе ги следат стандардните акции во рамките на оперативниот систем. На тој начин "озвучениот" компјутер добива нова димензија на примена бидејќи корисникот полесно ја следи неговата работа. Секое отворање на апликација, смалување на прозорци, избор на ставки од менијата, пораки за грешки во програмата, појава на интерактивни прозорци и слично може да биде проследено со различни звуци или тонови. Можностите од овој тип се конфигурираат на следниов начин: 1. Се селектира наредбата Start→Control Panel по што во свој прозорец се отвора фолдерот Control Panel. 2. Се кликнува двојно на иконата Sounds and Audio Devices и се отвора интерактивниот прозорец Sounds and Audio Devices Properties. Се кликнува на картичката Sounds. 3. Во надолното мени Sound scheme се избира шемата од веќе подготвените шеми на звуци (иницијално – Windows Default).

4. Во секцијата Program Events се избира настанот што треба да биде проследен со одреден звучен сигнал (или да му се промени звучниот сигнал). 5. Во надолното мени Sounds од листата на веќе подготвени сигнали се избира звучниот сигнал што му се доделува на избраниот настан. Со клик на копчето Browse може да се избере звучен фајл надвор од шемата. 6. Се повторуваат чекорите 4 и 5 за секој настан на кој корисникот сака да му додели нов или да му го промени постојниот звучен сигнал. 7. Новата шема може да се сними со клик на копчето Save As при што на шемата и се доделува име. 8. Во картичката Volume со повлекување на лизгачот во секцијата Sound Volume се одредува интензитетот на звукот. 9. Во картичката Audio се избираат соодветните уреди за работа со звук. 10. Во картичката Hardware се управува со хардверските компоненти во компјутерот што обезбедуваат работа со звук на компјутерот. 11. Се кликнува на копчето OK.


УПРАВУВАЊЕ СО ПРИКАЗОТ НА ФОЛДЕРИТЕ Без оглед на тоа дали за прикажувањето и за работата со фолдерите и фајловите на мемориските уреди се користи Windows Explorer или My Computer, Windows обезбедува конфигурирање на приказот на нивната содржина. Ваквото конфигурирање се врши на следниот начин: 1. Се селектира наредбата Start→Control Panel по што во свој прозорец се отвора фолдерот Control Panel. 2. Се кликнува двојно на иконата Folder Options по што се отвора интерактивниот прозорец Folder Options. 

Истиот интерактивен прозорец може да се повика од Windows Explorer или My Computer со наредбата Tools→Folder Options од мени со наредби.

3. Се одредуваат параметрите на картичката General што ги содржи следните секции: Tasks – се користи за одредување на стилот на прозорците. Тој може да биде Show common tasks in folders – што значи дека вдолж левиот раб на прозорецот ќе биде прикажана лента со линкови кон најзначајните можности во прозорецот или Use Windows classic folders без такви можности. Browse folders – се користи за одредување на прикажувањето на содржината на фолдерите. Доколку е вклучена опцијата Open each folder in the same window при избирањето на фолдерите се користи само еден прозорец – содржината на новоизбраниот фолдер ја земенува претходната содржина), додека избраната опција Open each folder in its own same window овозможува прикажување на содржината на секој фолдер во свој сопствен прозорец. Click items as folows – се користи за промена на начинот на користење на глувчето. Опцијата Single click to open an item (point to select) обезбедува користење на глувчето на ист начин како што тоа се користи кога се работи со Web страници. Доведувањето на објектот во фокус не се врши со клик туку едноставно, со доведување на покажувачот над објектот, а негово активирање се врши само со еден клик. Опцијата Double-click to open an item (single-click to select) го обезбедува конвенционалниот (класичен) пристап – еден клик за доведување во фокус и двоклик за активирање на објектот. 

Копчето Restore Defaults се користи за враќање на оригиналните Windows поставувања.

4. Се одредуваат параметрите на картичката View што ги содржи следните секции: Folder Views – каде што ако се кликне на копчето Apply to All Folders, при отворањето на секој фолдер ќе се користат параметрите поставени во актуелниот фолдер. Копчето Reset All Folders овозможува прикажување на фолдерите на начин што иницијално го предвидува Windows (поништување на сите кориснички акции).


Advanced settings – овозможува дополнителни кориснички поставувања како што се, на пример, прикажување или не прикажување на скриените фајлови (hidden files), прикажување на компресираните фајлови со поинаква боја, прикажување на апсолутната патека до фолдерот и сл. Не е препорачливо овие опции да ги користат корисници кои немаат доволно искуство. 5. Се поставуваат параметрите во картичката File Types. Оваа картичка се користи за поврзување на фајловите со определени екстензии и соодветната апликација што ќе се користи за работа со нив. 

На пример фајл со екстензија .doc ќе се иницијално отвори со Microsoft Word. Но, тоа може да се промени во оваа картичка.

Ова е доста погодна можност затоа што постои можност еден ист тип фајл да се отвора со повеќе апликации. Притоа, најчесто со двоклик на неговата икона се повикува апликацијата што последна е инсталирана на компјутерот. Со клик на типот на фајлот во секцијата Registered file types и со избор на апликацијата преку копчето Change може да се промени апликацијата што ќе ги отвора фајловите со дадената екстензија.

6. Се кликнува на копчето OK.

УПРАВУВАЊЕ СО ПРОГРАМСКИОТ СИСТЕМ Работата со Windows подразбира активирање бројни кориснички програми – апликации. За да функционираат исправно, тие мораат правилно да се инсталираат. Воедно, со инсталацијата е овозможено подоцнежно доинсталирање и отстранување на апликациите или дел од нив од системот. Покрај тоа, истата процедура се користи и за дополнување на оперативниот систем со одредени негови компоненти или за нивно отстранување. Сите операции ги извршува посебна процедура на оперативниот систем. Инсталацијата на нови апликации, нивно дополнување или отстранување или дополнување на самиот оперативниот систем со негови компоненти се прави на следниов начин: 1. Се селектира наредбата Start→Control Panel по што во свој прозорец се отвора фолдерот Control Panel. 2. Се кликнува двојно на иконата Add/Remove Programs по што се отвора интерактивниот прозорец Add/Remove Programs. 

Интерактивниот прозорец Add/Remove Programs го чинат две целини: лева составена од четири копчиња и десна чија содржина зависи од тоа, кое копче е кликнато во левата целина. Иницијално е притиснато копчето Change or Remove Programs.


3. Се кликнува на копчето Change or Remove Programs (ако тоа не е притиснато) за надополнување на одредена инсталирана апликација со некој од нејзините модули, отстранување на одреден модул на апликацијата или за целосно отстранување на инсталираната апликација.

Десниот дел од интерактивниот прозорец ги содржи сите апликации што се инсталирани на компјутерот. Се кликнува (се селектира) апликацијата врз која се одвива акцијата, а потоа се кликнува на копчето: Change – за да се промени инсталираната конфигурација на апликацијата, по што автоматски се повикува нејзината инсталациона процедура. Remove – со цел апликацијата целосно да се отстрани од програмскиот систем на компјутерот. 4. Се кликнува на копчето Add New Programs за да се инсталира нова апликација или да се изврши надградување на Windows преку Интернет.

Се кликнува на копчето: Floppy or CD – за да се инсталира нова програма, по што следуваат неколку чекори на волшебникот за инсталација во кои компјутерот ќе се обиде да ја пронајде инсталационата процедура на програмата што ќе се инсталира (на дискета или на CD). Можеби за тоа ќе му биде потребна помош од корисникот, кој преку копчето Browse во некој од чекорите на волшебникот ќе го пронајде фолдерот со инсталационата процедура (Setup.exe). Понатаму работата зависи од инсталационата процедура на апликацијата. 

Постојат апликации во кои можат да се изберат само некои модули (Custom), комплетната апликација (Complete) или типична комбинација (Typical) направена од произведувачот, додека пак, некои апликации целосно се инсталираат.

Windows Update – за да се надгради оперативниот систем со нови можности, драјвери или системски надополнувања преку Интернет. Притоа, преку Интернет се врши поврзувања со Web страниците на произведувачот на Windows – фирмата Microsoft. За користење на оваа можност неопходно е да постои конекција на компјутерот на Интернет. 5. Се кликнува на копчето Add/Remove Windows Components за да се вклучат или исклучат одредени компоненти во самиот Windows. Се појавува првиот интерактивен прозорец на волшебникот Windows Components Wizard во кој се вклучуваат потребните или се исклучуваат непотребните компоненти.


6. Set Program Access and Defauts за да се изберат иницијалните програми што ќе се користат. Станува збор за глобални иницијални поставувања, како што се избор на иницијален пребарувач за Интернет, програма за електронска пошта и сл.

7. По завршената работа се кликнува на копчето OK доколку инсталационите процедури автоматски не го затвориле интерактивниот прозорец Add/Remove Programs. 

Можеби ќе биде потребно рестартирање на компјутерот како последна акција во текот на инсталационите процедури.

ИНСТАЛАЦИЈА НА НОВИ УРЕДИ ВО КОМПЈУТЕРОТ Компјутерот исправно ќе функционира ако секој негов елемент биде препознаен од оперативниот систем и поддржуван од соодветен драјвер (програма што ја овозможува работата на уредот). Процесот на препознавање на компонентите се одвива со текот на инсталацијата на Windows со помош на автоматизирани процедури што ги испитуваат и препознаваат компонентите на компјутерот. По приклучувањето нов периферен уред или вградувањето нова компонента во компјутерот, при првото следно вклучување, Windows ќе го пронајде новиот хардверски елемент и ќе се обиде да го инсталира соодветниот драјвер. Иако, најчесто тоа е доволно за исправно функционирање на новиот уред, понекогаш е неопходно корисникот сам да иницира негово препознавање или инсталирање на драјвер за негова работа. Корисничката интервенција врзана со хардверските надградби на компјутерот се сведува на извршување на следнава постапка: 1. Се селектира наредбата Start→Control Panel по што во свој прозорец се отвора фолдерот Control Panel. 2. Се кликнува двојно на иконата Add Hardware по што се иницира волшебникот Add Hardware Wizard.


3. Со притискање на копчето Next се преминува на следниот чекор. Волшебникот се обидува да го пронајде новиот уред и ако не успее во тоа ќе постави прашање дали новиот уред е веќе конектиран во компјутерот или сè уште не е.

4. Се кликнува на: No, I have not added the hardware yet – ако новиот уред сè уште не е приклучен Yes, I have alredy connected the hardware – ако уредот е приклучен. Се кликнува на копчето Next и се преминува на следниот чекор. 5. Доколку во претходниот чекор корисникот одговорил дека новиот уред не е приклучен волшебникот се завршува со порака компјутерот да се исклучи, да се приклучи новиот уред и повторно да се вклучи. Доколку одговорот е потврден, волшебникот ќе даде листа на сите веќе инсталирани уреди, а последната опција е Add a new hardware device.

6. Се избира Add a new hardware device и се кликнува на копчето Next, во следниот интерактивен прозорец корисникот треба да се одлучи помеѓу опциите: Serach for and install the hardware automatically (Recommended) – дали уште еднаш ќе му понуди на компјутерот сам да го пронајде уредот, или Install the hardaware that I manually select from a list (Advanced) – тоа ќе го изврши самиот корисник.

7. Се избира опцијата Install the hardaware that I manually select from a list (Advanced) и се кликнува на копчето Next, по што во следниот интерактивен прозорец се добива листа на разни видови уреди од која треба да се избере видот на новиот уред (на пример, модем). Конкретниот модел на избраниот вид уред повторно може да се детектира автоматски или рачно. Понатаму текот на процедурата зависи од видот на уредот – најчесто треба од листата на познати модели да се одбере соодветниот при што копчето Have disk се користи за читање на драјверот од дискети или CD што се добиени со уредот. 8. Процедурата завршува со клик на копчето Finish.


  

Доколку во текот на работата дојде до блокирање на компјутерот (не се прават никакви активности подолго време), компјутерот треба да се исклучи и повторно да се вклучи. Пожелно е пред активирањето на процедурата Add Hardware да се затворат сите активни апликации. Понекогаш е потребно компјутерот да се рестартира пред новиот уред да биде ставен во функција. Најчесто постапката за вклучување нов уред ќе заврши со автоматско детектирање од страна на Windows и горните чекори воопшто нема да бидат потребни.

ИНСТАЛАЦИЈА НА ПРИНТЕР По приклучувањето на нов принтер и активирењето на компјутерот, Windows најчесто ќе го пронајде новиот принтер како нов уред и ќе инсталира соодветен драјвер за поддршка на неговата работа следејќи ја логиката на инсталација на кој било друг хардверски уред. Но, како и во случајот на другите хардверски уреди, понекогаш е неопходна корисничка интервенција во инсталацијата на принтерот. Познавањето на постапката за инсталација на нов принтер е нужно при работа во мрежа, кога Windows не е во можност директно да го препознае принтерот поврзан во мрежата. Инсталирањето на принтер се прави на следниов начин: 1. Се селектира наредбата Start→Control Panel по што во свој прозорец се отвора фолдерот Control Panel. 2. Се кликнува двојно на иконата Printers and Faxes по што се отвора прозорецот на фолдерот Printers во кој се прикажани веќе инсталираните принтери, односно нивните драјвери.



До истиот прозорец може да се дојде и со селектирање на наредбата Start→ Printers and Faxes наместо првите два чекори од постапката.

3. Се кликнува на линкот Add Printer по што се појавува првиот интерактивен прозорец на волшебникот за инсталирање на принтери (Add Printer Wizard). Првиот чекор го најавува волшебникот. 4. Се кликнува на копчето OK. Во следниот чекор се избира помеѓу опциите:

Local printer attached to this computer – за инсталирање на принтер директно поврзан на компјутерот. Ако се вклучи можноста Automatically detect and install my Plug and Play printer, компјутерот ќе се обиде сам да го пронајде новоприклучениот принтер. Не треба да се заборави дека притоа принтерот треба да биде вклучен. A network printer, or a printer attached to another computer – за инсталирање на мрежен принтер или принтер поврзан на друг компјутер во мрежата (принтерот не е директно поврзан на компјутерот, туку му се пристапува преку мрежата). 5. Ако се избере инсталација на локален принтер, се избира портaтa на којa е приклучен принтерот. Со клик на копчето Next се преминува на следниот – клучен чекор: избор на произведува-


чот и конкретниот модел на принтерот за кој станува збор. Во левата листа се избира произведувачот, а во десната моделот на принтерот. 

Доколку со принтерот се испорачани дискети или CD со драјвер може да се кликне на копчето Have Disk и наместо системскиот да се употреби тој драјвер.

6. Ако се избере инсталација на мрежен принтер, следните чекори се одредување на името на принтерот (под кое корисникот ќе го препознава принтерот), како и пронаоѓање на принтерот во мрежата. Притоа, не треба да се заборави дека за да се пронајде принтерот во мрежата корисникот мора да има дозвола за пристап кон него. Таа дозвола може да ја издаде корисникот на чиј компјутер е поврзан принтерот или мрежниот администратор (во зависност од типот на мрежата и принтерот). 7. Последниот чекор е проверка на успешно извршената инсталација. Може да се отпечати пробна страница со одговор Yes на прашањето Would you like to print a test page?. 8. Со клик на копчето Finish ќе се доврши инсталирањето и копирањето на потребните програми. 

Параметрите на принтерот и начинот на неговото користење се добиваат со наредбата File→Properties при селектиран принтер во фолдерот Printers and Faxes (или со десен клик на иконата на принтерот и избор на Properties од листата со наредби). Овие параметри зависат од конкретниот модел на принтерот.



На компјутерот може да има инсталирано драјвери за повеќе принтери без оглед на тоа дали тие се локални или мрежни. При печатењето од некоја апликација, секогаш еден принтер е фаворизиран (т.н. дифолт – default) и доколку не се избере друг, печатењето се врши во формат прилагоден за него. Промената на фаворизираниот принтер се врши со десен клик врз името на новиот фаворизиран принтер во фолдерот Printers and Faxes и избор на наредбата Set As Default Printer од листата со наредби што во тој случај ќе се појави.

ПОДДРШКА НА МУЛТИМЕДИЈА ВО WINDOWS Од првите верзии на оперативниот систем Windows, за кој може да се каже дека е мултимедијален по својата ориентација (графика, звуци), тој располага со извесен број системски апликации за работа со мултимедијални податоци. Тоа може да се каже за текстот (WordPad), растерската графика (Paint), но и за звукот и за репродукција на видео. Во групата системски апликации за работа со мултимедијални податоци спаѓаат: Sound Recorder, Volume Control и Windows Media Player. 

Во Windows сите овие апликации се наоѓаат во една програмска група Start→All Programs→Accessories→Entertainment по што се избира потребната апликација. Во оваа група спаѓа и Windows Movie Maker но, тој нема да биде предмет на обработка во оваа книга.

SOUND RECORDER Со системската апликација Sound Recorder корисникот може да сними со микрофон, да уредува звучни записи и да ги репродуцира.


Интерфејсот на Sound Recorder е скромен и тој укажува на тоа дека од Sound Recorder и не треба да се очекуваат некои големи можности. Тој дури нема можност да го прекрие целиот екран. Освен насловната лента и лентата со мени, на екранот се наоѓаат пет копчиња, една лизгачка лента, два статусни прозорци и графички прикажувач. Во следнава табела е опишано значењето на секој од овие елементи: Елемент

Користење

Position

Ја прикажува моментната позиција на репродукција на звукот изразена во секунди, а мерена од почетокот на звучниот запис во меморијата.

Length

Ја прикажува вкупната должина на звучниот запис во меморијата.

Лизгач

Графички ја прикажува моментната позиција на репродукција на звукот мерена од почетокот на звучниот запис во меморијата. Се користи и за директно позиционирање на временската оска на звучниот запис со повлекување со глувчето.

Seek To Start

Брзо доаѓање на почетокот на звучниот запис.

Seek To End

Брзо доаѓање на крајот на звучниот запис.

Play

Репродукцијата од моментната позиција кон крајот на звучниот запис во меморијата.

Stop

Запирање на репродикцијата или снимањето на звукот.

Record

Активирање на снимањето со Sound Recorder.

За да сними одреден звучен сигнал, компјутерот мора да биде опремен со звучна картичка и микрофон. Постапката на снимање на звучен сигнал се одвива во следните чекори: 1. Се активира Sound Recorder со селектирање на соодветната наредба. 2. Се кликнува на копчето Record по што звучниот сигнал се дигитализира и се сместува во работната меморија RAM на компјутерот. 3. Се селектира наредбата File→Save или File→Save As по што во стандардниот Save As интерактивен прозорец се определуваат фолдерот во кој ќе се сними фајлот и името на фајлот што ќе го содржи звучниот запис. Отворањето на веќе снимен звучен фајл во Sound Recorder се врши на ист начин како и кај сите останати Windows апликации – со наредбата File→Open. Sound Recorder располага со извесен број уредувачки функции што се применуваат на звукот во меморијата: ♦ Комбинирање на звучни записи – мешање на звукот (mix). Се снима или се чита веќе снимен звучен запис во Sound Recorder (Звук 1), се селектира наредбата Edit→Mix with File по што се избира фајлот (Звук 2) од кој звучниот запис се меша со звучниот запис во меморијата на Sound Recorder. Мешањето на двата звучни записи ќе започне на позицијата на лизгачот на првиот звук, а вака измешаниот звук претставува единствен звучен запис (Резултат) во меморијата на Sound Recorder.


Позиција на лизгачот во моментот на селектирање на наредбата Mix with File Звук 1

9 секунди

Звук 2

8 секунди

Мешање Резултат

10 секунди

♦ Вметнување Време звучен запис. Се снима или се чита веќе снимен звучен запис во Sound Recorder 0 1 2 3 4 5 6 10 (Звук 1), се селектира наредбата Edit→Insert File7по 8што9 се избира фајлот (Звук 2) од кој звучниот запис се вметнува во звучниот запис во меморијата на Sound Recorder. Вметнувањето на звучниот запис ќе започне на позицијата на лизгачот на првиот звук, а остатокот од првиот запис ќе продолжи по завршувањето на вметнатиот звучен запис. Вака комбинираниот звук претставува единствен звучен запис (Резултат) во меморијата на Sound Recorder, а неговата должина е вкупната должина на двата звучни записи. Позиција на лизгачот во моментот на селектирање на наредбата Insert Звук 1

7 секунди

Звук 2

3 секунди

Мешање Резултат

10 секунди

Време 0



1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

Sound Recorder не располага со можност за селекција на дел од звучниот запис. Иако, во менито Edit постојат наредбите Copy, Paste Mix и Paste Insert, нивното користење може да се однесува на копирање (Copy) на целиот звучен запис од меморијата и негово лепење (Paste) на еден од претходно опишаните начини – со мешање (Mix) или со вметнување (Insert). По претходно копирање на звучниот запис (Copy), можно е негово лепење (Paste) во други програми, на пример во Word. На местото на лепењето ќе се појави карактеристичен знак – икона со изглед на звучник. Звукот ќе се слушне кога двојно ќе се кликне на иконата.

♦ Бришење на звучниот запис пред селектирана позиција. Се снима или се чита веќе снимен звучен запис во Sound Recorder (Звук 1), се позиционира лизгачот на соодветна позиција и се селектира наредбата Edit→Delete Before Curent Position по што звукот што се наоѓал пред позицијата на лизгачот ќе биде избришан, а во меморијата на Sound Recorder ќе остане остатокот од звукот (Резултат). Позиција на лизгачот во моментот на селектирање на нараедбата Delete Before Curent Position Insert Звук 1

7 секунди

Резултат

4 секунди

Време 0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

♦ Бришење на звучниот запис зад селектирана позиција. Се снима или се чита веќе снимен звучен запис во Sound Recorder (Звук 1), се позиционира лизгачот на соодветна позиција и се селектира наредбата Edit→Delete After Curent Position по што звукот што се наоѓал зад позицијата на лизгачот ќе биде избришан, а во меморијата на Sound Recorder ќе остане остатокот од звукот (Резултат).


Позиција на лизгачот во моментот на селектирање на наредбата Delete After Curent Position Insert Звук 1

7 секунди

Резултат

3 секунди

Иако е многу ограничено множеството ефекти со кое располага Sound Recorder, со комбинирање на негоВреме 0 1 2можат 3 4 се 5 направат 6 7 8мошне 9 10 вите елементи со уредувачките функции да интересни звуци. Исто така, можно е повеќекратно користење на сите уредувачки функции и ефекти. Ефекти со кои располага Sound Recorder се: ♦ Промена на интензитетот (гласноста) на звукот во насока на зголемување со наредбата Effects→Increase Volume (by 25%) или во насока на намалување со наредбата Effects→Decrease Volume. Не постои начин промената на интензитетот да биде променета од Sound Recorder за вредност различна од 25%. ♦ Зголемување на брзината на репродуцирањето на звукот со наредбата Effects→Increase Speed (by 100%) што значи скратување на траењето на сите тонови во звукот за една половина. Должината на целиот звучен запис во меморијата на Sound Recorder, исто така ќе биде скратена на половина: Звук 1

8 секунди

Резултат

4 секунди

Време 0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

♦ Намалување на брзината на репродуцирањето на звукот со наредбата Effects→Decrease Speed што значи двојно зголемување на траењето на сите тонови во звукот за една половина. Должината на целиот звучен запис во меморијата на Sound Recorder, исто така ќе биде двојно зголемена: Звук 1

4 секунди

Резултат

8 секунди

Време 0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

♦ Инверзна репродукција на звукот. Звучниот запис во меморијата на Sound Recorder може да се преврти на тој начин што крајот на звучниот запис ќе претставува негов почеток и обратно. Постапката се сведува на селектирање на наредбата Effects→Reverse. Звук 1

8 секунди

Резултат

8 секунди

Време 0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10


♦ Додавање на ехо на звукот. Звучниот запис во меморијата на Sound Recorder се збогатува со уште еден ефект – ефект на ехо со наредбата Effects→Echo. 

Сите ефекти направени на звучниот запис во меморијата на Sound Recorder можат да се поништат ако повторно се чита оригиналниот, претходно снимен фајл со наредбата File→Revert.

Постои можност Sound Recorder да се користи како конвертор на звучните записи во други формати. Постапката на конверзија на претходно снимен фајл се одвива на следниот начин: 1. Се чита фајлот во Sound Recorder со наредбата File→Open и со негово селектирање во дијалог прозорецот Open. 2. Се селектирa наредбата File→Save As по што се појавува интерактивниот прозорец Save As. 3. Се кликнува на копчето Change по што се појавува интерактивниот прозорец Sound Selection.

4. Во надолното мени Name може да се избере однапред дефиниран квалитет што автоматски ги менува податоците во останатите полиња: Format и Attributes. Однапред дефинираните нивоа на квалитет се CD Quality, Radio Quality и Telephone Quality. Може да се забележи дека повисок квалитетот продуцира поголем запис изразен во kb/s. Промената на форматите и атрибутите може да се изврши директно во надолните менија Format и Attributess. 5. Се кликнува на копчето OK. 6. Се менуваат по потреба другите параметри неопходни за снимање на фајлот (фолдерот и името) и се кликнува на копчето Save или се притиска Enter.

VOLUME CONTROL Апликацијата Volume Control се користи за управување со интензитетот на звукот што се добива од компјутерот. Со неа може да се надгледува рамнотежата на интензитетот на левиот и десниот звучник, како и потполно исклучување на звукот. Апликацијата Volume Control се користи на следниов начин: 1. Се селектира соодветната наредба за активирање на апликацијата Volume Control по што се појавува прозорецот на апликацијата.



Во оперативниот систем Windows Volume Control се активира со селектирање на наредбата Start→All Programs→Accessories→Entertainment→Volume Control.



Апликацијата Volume Control може да се активира и со двоклик на иконата на звучникот на десната страна на лентата со задачи.

2. На прозорецот на Volume Control се наоѓаат повеќе лизгачи со чие повлекување нагоре се засилува, односно надолу се ослабува интензитетот на звукот. Вакви лизгачи има за сите звучни уреди вградени во компјутерот т.е. звучната картичка. 

Управувањето со интензитетот на снимениот сигнал од надворешниот свет преку микрофон со апликацијата Sound Recorder се врши со лизгачот Microphone.



Прозорецот на Volume Control е модуларен. Во него ќе се најдат лизгачите на оние уреди кои се инсталирани и вклучени. Вклучувањето и исклучувањето на лизгачите на звучните уреди се регулира со наредбата Options→Properties.


3. Над секој од овие вертикални лизгачи се наоѓа по еден помал хоризонтален лизгач (Balance) што се користи за балансирање, односно управување со рамнотежата на интензитетот на левиот и десниот звучник. 4. Со вклучување на опцијата Mute се исклучува звукот од соодветниот уред. Доколку се вклучи опцијата Mute all ќе се исклучат сите уреди. 5. Апликацијата Volume Control се затвора со клик на копчето Close (X) во горниот десен агол на прозорецот.

WINDOWS MEDIA PLAYER Системската апликација Windows Media Player е универзална апликација што се користи за изведување (Play) на повеќе различни видови мултимедијални записи (фајлови).



Активирањето и користењето на Windows Media Player се прави со наредбата Start→All Programs→Accessories→Entertainment→Windows Media Player по што се појавува прозорецот на апликацијата Windows Media Player.

Иако прозорецот на Windows Media Player на прв поглед има изглед на стандарден Windows прозорец, тој може да изгледа сосема различно во зависност од активноста што во моментот е актуелна во Media Player. Сепак, прозорецот на Windows Media Player ги има следните специфични целини: ♦ Навигациска лента на која се наоѓаат 8 копчиња. Ако се кликне на: Now Playing – се прикажува актуелна мултимедијална содржина што се извршува во Media Player. Media Guide – овозможува пребарување мултимедијални фајлови на Интернет. Copy from CD – овозможува копирање на музички содржини од аудио CD локално на мемориски уред во компјутерот. Media Library – се користи за креирање каталози и управување со мултимедијлните содржини. Radio Tuner – го претвора Media Player во радио приемник ако компјутерот поседува можности за прием на радио сигнали. Copy to CD or Device – се користи за снимање аудио фајлови (музички) на CD или на друг мемориски уред. Premium Services – овозможува комуникација преку интернет. Skin Choiser – се користи за избор на поинаков изглед на Media Player.


♦ Видео подрачје – подрачје во кое се прикажува видео снимката снимена во фајлот отворен во Media Player. ♦ Лизгачка лента за брзо пристапување кон одредена позиција на мултимедијалниот фајл. ♦ Лента за брз пристап на која се прикажани евентуални маркери поставени во мултимедијалниот фајл. ♦ Статусна лента на која се прикажува моментниот статус – активност на Media Player (читање, поврзување и сл.). ♦ Информациско подрачје во кое се прикажани информации како што се имињата на фајлот, авторот, авторските права и сл. ♦ Лента со контролни копчиња на која се наоѓаат копчињата за управување со мултимедијалниот фајл. По претходно отворен Windows Media Player, читањето на мултимедијален фајл и негово прикажување се прави на следниов начин: 1. Се селектира наредбата File→Open, по што се појавува стандарден интерактивен прозорец Open преку кој се пристапува кон фолдерот во кој се наоѓа мултимедијалниот фајл и мултимедијалниот фајл што треба да се чита во Windows Media Player.

2. Се кликнува на копчето OK. 3. Windows Media Player се затвора со клик на копчето Close (X) на горниот десен агол на прозорецот. Во следната табела се прикажани копчињата на интерфејсот на апликацијата Windows Media Player, нивното значење и начинот на користење при извршувањето на мултимедијален фајл:



Елемент

Користење

Play

Се активира репродукцијата на мултимедијалниот фајл. Ако таа веќе е активирана, копчето се трансформира во Pause со кое репродукцијата се запира на позицијата што веќе е достигната, а копчето повторно се трансформира во Play. Со повторно активирање со копчето Play, репродукцијата продолжува од позицијата на која претходно е прекината.

Stop

Се запира репродукцијата. Со повторно активирање со копчето Play, претходно запрената репродукција повторно се активира од почеток.

Next

Повикување на следниот мултимедијален фајл.

Previous

Повикување на претходниот мултимедијален фајл.

Volume

Лизгач со кој се врши регулирање на силината на звукот (гласноста).

Mute

Копче со кое се врши моментно исклучување на звукот. Иако репродукцијата продолжува, силината на звукот е сведена на најмала можна мерка (нула).

Windows Media Player може да се користи за слушање стандардни музички CD-a. Откако CD ROM-от што содржи музика ќе се вметне во CD ROM уредот и доколку системот е така поставен (што најчесто е случај), автоматски се активира апликацијата Windows Media Player и започнува музиката на првата песна на CD ROM-от.

Акциите до кои се пристапува преку копчињата за управување со репродукцијата на мултимедијалните фајлови наведени во табелата се достапни и преку системот на менијата на Windows Media Player. Преку менијата, покрај до наведените акции може да се пристапи и до некои наредби што не се појавуваат во форма на интерактивни копчиња: ♦ Една од поинтересните наредби е наредбата Play→Shuffle со која се опрeделува случаен редослед во репродукцијата на серијата претходно избрани мултимедијални фајлови.


♦ Уште една можност е наредбата Play→Repeat со која се наложува континуирано повторување на серијата претходни избрани мултимедијални фајлови. 

Можна е комбинација на наредбите Play→Shuffle и Play→Repeat со што ќе се постигне непрекината репродукција на мултимедијалните фајлови со постојан случаен редослед.



Windows Media Player има многу можности, но нивната обработка во ги надминува амбициите на оваа книга.


Windows XP  

Краток курс за Windows XP - подарок од АТ Компјутери - Кичево

Advertisement
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you