Page 1

Годишни сликари Четирите годишни времиња разговараа постојано без престан се договараа. Но на ставот свој тие стојат природата како треба да ја бојат!

Зимата е сликар вреден само со белата боја, со снежно бели нијанси ја обои целата земја моја.

Пролетта раскошна стаса па со спектар од најразлична боја, по природата таа веднаш распосла најшарена слика своја.

Летото инспирирано од сонцето зема златно жолти капки ги распосла како златни нишки за деновите да бидат слатки.

Есента сликар број еден со боите во својата рака, употреби бои што таа сака. без никаква и најмала мака .

Годишни сликари  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you