Page 1

Бр. 22

09.03.2010

Apollonia Foundation

Одржан Меѓународниот натпревар “Даворин Јенко“ во Србија Младите музички таленти од Гевгелија по втор пат наградени

Содржина: “Вечер на виртуозни минијатури“

2

Ден со природата активности

2

Донации и спозорства

3

Клуб Ден на дрвото

3

Изложба на ДЛУГ во Куманово

3

За нас

4

Еко календар

4

Годинава во Белград од 14-21 Февруари традиционално по се дми па т се оддр жа меѓународното музичко натпреварување “Даворин Јенко“. Тоа е значајна музичко-педагошка манифестација во која учествуваат редовни и вонредни ученици од основните и средни музички училишта и сродни музички институции, студенти на музичките академии, конзерваториуми и учесници аматери во посебни дисциплини. Исто како и минатата година, Фондацијата Аполонија го спозорираше учеството на младите музички таленти од ОМУ Васо Карајанов од Гевгелија да учествуваат во овој натпревар. И годинава учесниците ги повторија успесите: Ѓорѓе Андонов ја освои првата, а Андреј Алексов втората награда во Клавир соло А категорија а во конкуренција од 24 натпреварувачи од Србија, Босна, Хрватска, Бугарија, Скопје, Македонија (Скопје, Битола, Гевгелија),..

ПРИЈАТЕЛИ:

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.biblioteka.edu.mk

За десетгодишниот Ѓорѓе Андонов ова е веќе второ меѓународно признание. Минатата година на истиот натправар го освои второто место. Овие млади надежи веќе три години ги развиваат своите музички способности под менторство на проф. Љубица Улишева. Горди сме на нивните успеси, а уште погорди што ги поддржавме, и се надеваме дека ова ќе биде поттик за сите како нив да продолжат со вложување во музиката и уметноста. Ако сакате да видете повеќе информации за меѓународниот натпревар посетете ја следната web страница:

www.msdjenko.edu.yu


Apollonia Foundation INFO

Страна 2

“Вечер на виртуозни минијатури“ За сите оние кои уживаат во звуците на класичната музика и мелодијата на виолината и пијаното, во Вторник на 23 Фебруари 2010 во хотелот Аполонија се оддржа концерт со наслов: “Вечер на виртуозни минијатури“. Годинава ова е второто концертно издание од манифестацијата Гевгелиска Пролет 2010, која е посветена на 200 годишнината од раѓањето на Фредерик Шопен, а и самата манифестација одбележува свој јубилеј - 10 годишнина од постоењето. Концертната програма од сонати и концерти за виолина ја изведоа студентите по виолина од класата на проф. Олег Кондратенко: Симон Поповски, Мартин Димитров, Виктор Ангелов и Софија Никовска со пијано придружба на проф. Елена Атанасовска. Проф. Олег Кондратенко како солист и концертмајстор настапувал со камерниот оркестар “Junge Philharmonie” од Келн на 39 концерти и ја претставувал Македонија во рамките на летната турнеја во Германија. Проф. Елена Атанасовска учествувала на летната школа “Нови Имиња“ во Суздаљ, Русија каде што имала забележителен настап по камерно дуо на концертот на најуспешни семинаристи. Генерален покровител на Гевгелиски музички моменти е Фондацијата Аполонија, а оваа година овие настани се поддржани и од Министерството за Култура. Настаните се со цел популаризација на музичките уметнички вредности во Гевгелија, и можност да гостуваат големи музички имиња од државата, победници на државните натпревари, како и претставување и афирмација на нови музички имиња.

АКТИВНОСТИ Ден со природата Месецот Февруари за децата кои се дел од еколошкиот проект “Ден со природата“ беше посветен едукативно на темата Биодиверзитет. Изучувавме за

одгледувањето на домашните животни и растенијата карактеристични за нашиот крај. Највпачатлив беше пикникот организиран во селото Петрово, каде што децата имаа можност да го видат целиот процес како од овцата се добива волна, и како од волната на најприроден начин се плетат чорапи, облека и се ткаат черги и јамболии. Ги видовме и познатите “воденица и ваљевица“ кои не користат ништо друго освен природниот тек на водата а давааат брашно и ги перат големите јамболии изработени од вредните раце на жените од ова село.


Страна 3

Apollonia Foundation INFO

Донации и спонзорства Изминатиот месец од страна на Фондацијата Аполонија беа одобрени и доделени неколку донации од областа на културата. Здружението на Музички и Балетски педагози доби донација која наменски беше искористена во областа доградување и усовршување на млади музички таленти. Исклучително талентиран виолинист од Гевгелија учествуваше на покана од претседателот на Европска Асоцијација за Музички Натпревари на Млади семинар во Германија. Донација за своите активности доби и Енигматскиот клуб ЦЕПИУМ за организирање на енигматски натпревари во решавање крстозбори во Гевгелија со што се унапредува и промовира културно забавниот живот во Гевгелија, и се подржуваат активностите на здруженијата на граѓани. Одобрено е и барањето за донација на Ристо Стамков за финансиска помош при печатење на збирката “Песни од јужно Повардарје“ - збирка која содржи над 50 револуционерни комитски песни .

Клуб Ден на дрвото Во Гевгелија на 4 Март 2010 беше формиран локален клуб на “Ден на дрвото“, кој е всушност втор по ред клуб од ваков вид во Македонија. На конститутивниот состанок беа поканете повеќе претставници на локалната самоуправа, јавни претпријатија, НВО, училишта и компании, а состанокот го водеа претставници на Републичкото здружение “Ден на Дрвото“. Фондацијата Аполонија со децата од еколошкиот проект “Ден со природата“ кој се реализира секој викенд веќе 3 г о д и н и , д о с е г а учествуваше во сите акции за садења на дрвца, а сега и како член на овој клуб со нетрпение ги очекуваме новите активности. Учеството на најмладите, и воспитно-образовната компонента се од суштинска важност за успешноста на акциите како и за подобрување на човековата околина. Тоа е она заедничка визија поради која пристапивме и треба сите да продолжиме да ја подржуваме оваа благородна мисија.

Изложба на ДЛУГ во Куманово Во изложбениот салон на националната установа Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на 23 Фебруари беше отворена изложба на слики, скулптури, графики и фотографии од Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија. На изложбата со по едно дело, пред кумановската публика се претставија со слики : Вангел Срнаков, Никола Бутров, Зоран Карагонов, Стела Динова, Миле Петров, Гордана Петрова, Катерина Чугунска, Дане Јанев, Мирјана Крстева Массети, Димитар Гаспар, Глигор Старделов, Атанас Крстев, Драги Хаџиниколов и Зафир Хаџимитров. Графики изложија Дамјан Ѓуров, Горан Јованов, скулптури Перо Кованцалиев, Гордана Хаџиниколова, а фотографија Иван Калчев, Миле Ничевски и Ирена Пејовиќ. Друштвото брои четириесетина члена, а своите активности ги презентираат преку организирање на годишни изложби и гостувања во поголеми галериски центри. Изложбата се реализираше како плод на добрата повеќегодишна соработка меѓу Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, фондацијата Аполонија и во кумановската Национална установа - Центар за култура „Трајко Прокопиев“.


2009 - та Година на бројни активности

Apollonia Foundation

Во Хотелот Аполонија во 2009 година беа одржани 9 изложби:

Аdress: Gevgeliski Partizanski Odred 1 1480 Gevgelija R. Macedonia

ИДНИ НАСТАНИ: 09.03.2010 - 19.00 часот Аполонија Хотел Концерт по повод Денот на жената од учениците на проф. Љубица Улишева 16.03.2010 - 19.00 часот Аполонија Хотел Концерт за две пијана

Тelephone: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk

“Допрен од звукот“ – минијатури од Тони Шулајковски - Скопје, Велигденска изложба на детски цртежи и ракотворби, и изложба Златните раце на македонската жена Христина Зафировска - Куманово, Изложба на Мултимедиа – 1 час Визуелна светлина, “Саргии“ – изложба на Мита Ристиќ – Врање Р.Србија,

Проф. Валериј Стефановски & Проф. Јован Каровски

Дивна Пешиќ - Кавадарци, ДЛУГ – по повод Општинскиот празник Зоран Арсовски - Куманово, Изложба на делата од Ликовната колонија Аполонија 2008.

ЕКО КАЛЕНДАР

Informator na Fondacijata Apolonija Br.22  

www.gevgelija.gov.mk www.biblioteka.edu.mk Одржан Меѓународниот натпревар “Даворин Јенко“ во Србија Изложба на ДЛУГ во Куманово ПРИЈАТЕЛИ: Е...