Issuu on Google+

Бр. 38

11.07.2011

Фондација „Аполонија“

Десетта јубилејна ликовна колонија АПОЛОНИЈА 2011

Содржина: Десетта јубилејна ликовна колонија АПОЛОНИЈА 2011

1

„Јубилејот е заокружена бројка која треба да одбележи еден помал или поголем творечки период. Погледнувајќи наназад од таа попатна јубилејна станица можат да се видат и забележат дотогашните остварени резултати. Бројката на овој значаен јубилеј е десет години работа на Меѓународната ликовна колонија АПОЛОНИЈА од Гевгелија.

Меѓународна гала вечер 2 во кик - бокс Меѓународен пијано натпревар

2

Изложба на Ниче Василев

2

Изложба на Мирјана Крстева Массетти

3

Ден со природата

3

Етно мјузикал

3

Годишен концерт на „Бојмија“

3

За нас

4

ЕКО КАЛЕНДАР

4

ПРИЈАТЕЛИ:

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.gevgelijanet.com

Десеттина дена во Јули, во оваа јубилејна година, творечката инспирација во бои и платна ја преточија 10-тина уметници од земјата и странство. Македонски преставници кои зедоа учество се: академик Васко Ташковски, Ниче Василев, Павле Кузмановски, Ацо Филиповски, Мики Трендафиловски, Стефан Хаџи-Николов и младите членки на локалното Друштво на ликовни уметници Мирјана Крстева Массетти и Катерина Чугунска. Меѓународниот карактер пак на колонијата го оправда присуството на ликовните уметници: Миомир Мишо Вемиќ од Црна Гора и Рајко Карашич од Србија. Во досегашните десет колонии околу сто ликовни творци од повеќе земји беа учесници во работата на оваа колонија лоцирана на мотелот Вардар, во близина на археолошкиот локалитет “Вардарски рид“ и античкиот град Гортинија. Реализирани се повеќе од 250 ликовни дела во повеќе сликарски правци со индивидуални авторски видувања, во различни сликарски техники. Десетдневното креативно уметничко творештво на учесниците од 10-то јубилејно издание на гевгелиската колонија беше презентирано на групна изложба што се одржи на 25 јуни на терасата на хотелот “Аполонија“. Изложбата содржеше 30-тина дела масло на платно, акварели и уметнички фотографии пресликани на платно, Ликовната колонија „Аполонија“ се одржува во организација на Фондацијата „Аполонија“ и претставува дел од програмските содржини на манифестацијата “Гевгелија-град на културата за 2011“. За повеќе информации, детали и лични видувања на уметниците учесници во оваа ликовна колонија кликнете на следниот линк: http://gevgelijanet.com/art-/1545--10.html


Фондација „Аполонија“ Информатор

Стр. 2

Меѓународна гала вечер во кик - бокс Во организација на кик бокс клубот „Аполонија“, порано познат како „Аждер“, на 26 Јуни во Спортската сала во Гевгелија се одржа меѓународна гала вечер во кик бокс насловена како „Гевгелија фајт најт“. За прв пат во Гевгелија љубителите на овој спорт имаа можност да присуствуваат на еден вистински спектакл кој наликува на оние натпревари кои ги гледаме во странските земји. Гледачите уживаа во седум борби во кои ракавиците ги вкрстија кик боксери од Србија, Црна Гора, БиХ и м а к е д о н с к и т е натпреварувачи Саботковски, Ристевски, Грошев, Костиќ, Најдовски и Атанасов. Најголемо внимание предизвикаа настапот на балканскиот првак гевгеличанецот Горан Грошев и европскиот првак од 2006 година во К1 Атанас Стојковски, кои убедливо ги совладаа своите противници. Со оваа гала претстава завршуваат активностите на клубот пред почетокот на подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во октомври во Скопје. Овој настан беше подржан и организиран во соработка со групацијата „Аполонија“.

Меѓународен пијано натпревар Во Јуни, за прв пат Гевгелија беше домаќин на Маѓународен натпревар по пијано за млади на кој учество зедоа 120 пијанисти од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија. Натпреварувачите настапуваа во шест различни категории според возрасните групи од 9 до 18 години старост и соодветно на тоа исполнуваа слободна музичка програма во времетраење од 5 минути, за најмалата, па до 18 минути за најголемата возрасна група. Кандидатите ги оценуваше петточлена комисија составена од музички педагози и пијанисти од земјата и странство: Милица Шперовиќ Рибарски (МК), Такуина Адани (Албанија), Весела Перовиќ Феодоровиќ (Србија), Наталија Томиќ (Русија) и Катерина Гелебешева Костадиновска (МК). Иницијатор за одржување на натпреварот во Гевгелија, а воедно и претседател на организациониот одбор на првиот меѓународен пијано натпревар е Глигор Гелебешев, професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј“ во Скопје, и некогашен ученик во ООМУ “Васо Карајанов“ во Гевгелија. Натпреварот се одржа под покровителство на Министерството за образование и наука на РМ, Општина Гевгелија, а како подржувач се јави и Фондацијата „Аполонија“.

Изложба на Ниче Василев Академскиот сликар Ниче Василев од Струмица, од 17 до 28 Јуни, повторно со самостојна изложба се претстави во галерискиот простор на хотел “Аполонија“, како уметничко доживување за посетителите на манифестацијата “Гевгелија – град на културата 2011 година“. „Творештвото на Василев изобилува со фигуративност, пред се определувајќи се за женската фигура, која доминира во сите негови дела, но и со дводимензионалност, која што на вистински начин ја збогатува уметничката комуникација на гледачот со неговите дела, така што резулатот од сето тоа е едно раскошно византиско сликарство“ истакна на отварањето на изложбата Драги Хаџи Николов, ликовен уметник од Гевгелија. Оваа изложба во Гевгелија е негова 20-та самостојна, а зад себе ги има уште над 20-тина групни изложби во Скопје-Музеј на современа уметност, Србија, Словенија, Бугарија, Полска, како и во светската уметничка престолнина – Париз, Франција. Повеќе информации за уметникот и впечатоците на публиката за изложбата на следниот линк: http://gevgelijanet.com/art-/1542-2011-06-1818-25-58.html


Фондација „Аполонија“ Информатор

Стр. 3

Изложба на Мирјана Крстева Массетти Уште една изложба која се одржа минатиот месец во хотелот Аполонија беше изложбата на дела од циклусот насловен “ЕГО“од гевгелискиот уметник Мирјана Крстева Масети. Овој циклус е составен од триесетината дела масло на платно, пастели и комбинирана техника, и во Гевгелија доаѓа по своето изложбено претставување пред уметничката публика во Битола и Струмица. За впечатливоста на делата на Мирјана Крстева Массетти зборуваше Црногорскиот ликовен уметник Миомир Мишо Вемиќ, нагласувајќи ја комплексноста и интригантноста на уметноста што таа ја создава, отсликана со високо ниво на креативност и автентичност. Мирјана е една алка во големиот ланец на грандиозната македонска уметност, истакна Вемиќ. Таа е голем макијавелист, бидејќи сите материјали кои ги среќава ги вметнува во својата уметност и на тој начин го создава своето златно богатство, рече на отварањето на изложбата промоторот Вемиќ. Изложбата во Гевгелија е организациски ангажман на Фондацијата “Аполонија“, а претставува дел од програмскиот избор на јунските настани од манифестацијата „Гевгелија –град на културата за 2011“.

Ден со природата

Месецот Јуни за децата од проектот „Ден со природата“ беше посветен на изучување за фосилните горива, јаглеродниот циклус, јаглеродните отпечатоци и соларната енергија како многу важна за иднината на планетата Земја. Затоа една од нашите дестинации беше и посета на „Дон Андон“ магацинот за сончеви колектори, каде децата имаа можност да видат и да научат нешто повеќе за работата и ефектот на овој обновлив извор на енергија. Како одговор на прашањето: што можеме ние да направиме за намалување на јаглеродот и другите стакленички гасови, последниот викенд од Јуни организиравме возење со велосипеди до Негорските Бањи. Повеќе фотографии може да погледнете на групата Nature Day на www.facebook.com

Етно мјузикал

На терасата на хотелот Аполонија, во изведба на учениците од СОУ Јосиф Јосифовски од Гевгелија, се одржа етно мјузикл „Седенка“. За прв пат, публиката имаше можност да проследи некои подзаборавени народни песни од гевгелиското, валандовското и дојранското поднебје, интерпретирани од учениците според аранжманот на проф. Илија Атанасов. Овој настан беше дел од манифестацијата „Гевгелија - град на култура 2011“

Годишен концерт на „Бојмија“

Ансамблот за народни песни и игри „Бојмија“ од Гевгелија на 23 Јуни во Пионерски дом го одржа својот годишен концерт, кој оваа година беше седми по ред. Посетителите покрај богатата уметничка програма имаа можност за прв пат да ја видат и новата носија на ансамблот за игрите од егејскиот дел на Македонија. За да дознаете повеќе за овој ансамбл посетете ја нивната веб страна http://bojmija.com.mk/index.php


Фондација „Аполонија“

ИДНИ НАСТАНИ:

11 - 21 Јули 2011 Изложба на Владимир Темков Хотел Аполонија 15 Јули 2011 Гевгелиска бела ноќ 23 Јули 2011 21:00 часот Концерт на фолклорните ансамбли „Св.Сава“ од Нови Сад и „Бојмија“ од Гевгелија Градски плоштад Секој викенд во Јули од 08 ч „Ден со природата“ едукативен еколошки проект за деца од 06-12 години

ДЕСЕТТА МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА АПОЛОНИЈА 2011

„Успешноста на колонијата и остварените дела се должат пред сè на основачот на Фондацијата г-дин Адреса: Ларс Клинг, добрата организација на Фондацијата Гевгелиски Партизански Одред 1 „Аполонија“, ентузијазмот на организаторите и 1480 Гевгелија успешниот избор на автори. Бидејќи е неспорно дека Р.Македонија зад секој успех стои човек тука мора да се каже дека зад овој успех најзаслужни се директорот на Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 Фондацијата Аце Ристовски и уметничкиот директор E-mail: Драги Хаџи-Николов. Самата помисла дека snezana.dimitrova@apollonia.com.mk учесниците во колонијата творат на археолошкиот fondacija@apollonia.com.mk локалитет „Вардарски рид“ е на некој начин продолжување и продлабочување на корените од минатите култури на овој простор. Зрачењето на позитивните енергии од минатото уметниците го примаат како додатна енергија во своите творби. Археолошките ископини со своите артефакти се доказ за едно минато цивилизациско постоење кое егзистира во прегратките на богатата вегетација на бреговите на реката Вардар. Верувам дека и во иднина реката од уметници и творби ќе продолжи да течи како што течат водите на Вардар.“ Академик Васко Ташковски

ЕКО КАЛЕНДАР


Informator na fondacijata Apolonija Br 38