Issuu on Google+

Бр. 37

08.06.2011

Фондација „Аполонија“

Oдбележување на 50 годишнина постоење на Mировен корпус

Содржина: Oдбележување на 50 1 годишнина постоење на Mировен корпус Пијано концерт на Марија Тренчевска

2

Концерт на учениците од 2 класата на проф. Љубица Улишева Промоција на творештвото на Димитар Ќорнаков

2

Поетска средба со Горјан 2 Петревски Изложба на дела од гевгелиски уметници

3

Ден со природата

3

Аеро митинг во спомен на Игор Ѓорески

3

Семинар - работилница

3

За нас

4

ЕКО КАЛЕНДАР

4

ПРИЈАТЕЛИ:

Американскиот претседател Џон Кенеди на 1 Март 1961 година ја основа независната владина агенција „Мировен Корпус“ за да преку волонтирање и културна размена промовира мир во светот. Македонската влада го покани „Мировниот корпус“ да воспостави програма во Македонија во 1996 година. Поради овие два повода, 50 годишнина во светот и 15 годишнина во Македонија, фондацијата „Аполонија“ од 23 до 29 Мај организираше еднонеделна прослава во Гевгелија. Прославата започна со отварање на изложба на фотографии во Градската библиотека „Гоце Делчев“. По ова следуваше англискоамерикански час за волонтеризмот и Америка, одржан од Кети и Дејвид Ван дер Веге, волонтерите кои служат во Гевгелија. Изложбата беше отворена за граѓаните на Гевгелија преку цела недела. Одбележувањето на годишнината продолжи во Недела, со доаѓањето на директорот на Мировниот корпус во Македонија - Стивен Куци, регионалниот директор за Европа, Медитеранот и Азија - Хелен Лоумен, и волонтери на Мировниот корпус кои служат насекаде низ Македонија. Волонтерите и гостите ја погледнаа изложбата по што следеше затварање на истата, со упатување на официјални честитки за љубилејот и соработката од страна на претседателот на градскиот совет на општина Гевгелија, и обраќање на Стивен Куци и Хелен Лоумен. Со пешачење низ Гевгелија, толпата се упати кон г р а д с к и т е гробишта поради одбележување на Американскиот меморијален ден, каде директорот на фондацијата http://macedonia.peacecorps.gov/ Аце Ристовски и волонтерот Дејвид Ван дер Веге, раскажаа интересна приказна на гробот на др. Џејмс Ф. Донели.

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.gevgelijanet.com

Донели бил хирург од Американскиот црвен крст кој лекувал војници за време на Првата светска војна во болница во Гевгелија. Починал од тифус, лекувајќи голем број на пациенти. Оние документи кои Дејвид успеа да ги најде во врска со него, вклучувајќи го и неговиот дневник, ќе бидат оставени на располагање на Градската библиотека. Фондација „Аполонија“ е горда што имаше можност да ја донесе изложбата на фотографии во Гевгелија и да биде домаќин на одбележувањето на двата љубилеја на Мировниот корпус. Со овој настан Гевгелија оддаде признание за вредностите на волонтеризмот и служењето на заедниците кој Мировниот Корпус го основа пред 50 години.


Фондација „Аполонија“ Информатор

Стр. 2

Пијано концерт на Марија Тренчевска Во рамките на манифестацијата „Музички моменти 2011“ која ја организира фондацијата „Аполонија“ во просториите на хотелот Аполонија на 10 Мај се одржа седмиот по ред концерт од првиот серијал концерти на класична музика наречен „Гевгелиска пролет“. Овој пат публиката во Гевгелија имаше чест да присуствува на настапот на пијанистката Марија Тренчевска - лауреат на конкурсот „Зографски“. Концертниот избор на младата пијанистка Тренчевска беа делата на Зографски, Брамс, Шостаковиќ и Прокофјев кои прозвучија уверливо за еден носител на диплома по пијано со оценка “cum laude“, а сега постдипломец на Фак у л т е т от за Му з ич к и У м е т но ст и во Ск о пј е . Таа е добитник на повеќе награди од државни и меѓународни натпревари, меѓу кои прва за камерна музика од 2005, прва по пијано од 2008, Специјално признание 2009, прва награда од 2010, како и победник на конкурсот “Зографски 2010“. Покрај гостувања во Македонија и странство, со рецитали, таа настапувала и како солист со Македонската Филхармонија, а е редовен учесник и на Меѓународниот семинар по пијано на Музичката Младина на Македонија.

Концерт на учениците од класата на проф. Љубица Улишева Последниот концерт што се одржа во Мај во организација на фондацијата „Аполонија“, како дел од манифестацијата „Музички моменти - Гевгелиска пролет 2011“, беше концерт во чест на празникот „Кирил и Методиј“, изведен од класата ученици на професорката Љубица Улишева од музичкото училиште во Гевгелија. Во овој концерт учество зедоа 16 ученици. Посебно воодушевување во публиката предизвикаа изведбите на учениците победници на државните и меѓународните натпревари. Последен успех на овие млади музички таленти е освоената втора награда на меѓународниот натпревар „Антонио Салиери“ во Италија од страна на Мимица Дучева и Горге Андонов и освоената трета награда на истиот натпревар од страна на Ана Старделова и Максим Прошев. Им посакуваме уште многу такви успеси.

Промоција на творештвото на Димитар Ќорнаков Еден од културните настани кој се одржа изминатиот месец во просториите на хотелот „Аполонија“, како дел од манифестацијата „Гевгелија - град на културата 2011“ беше промоција на творештвото на познатиот македонски историчар на уметноста Димитар Ќорнаков.

„Ќорнаков е гордост не само за Гевгелискиот крај од каде што потекнува, туку за цела Македонија, па и пошироко, бидејќи неговите дела ќе остават траен белег на македонското културно наследство“ - истакна во воведниот збор писателот и издавач Раде Силјан. Овој историчар на уметноста темелно го истражува и го проучува творештвото на мијачките копаничари во црквите и манастирите на Балканскиот полуостров. Автор е на повеќе монографски трудови "Творештвото на мијачките резбари на Балканот", "Македонска резба", "Македонски манастири", "Резбарски центри во Македонија" и други. Публикувал повеќе од сто стручни и научни трудови.

Поетска средба со Горјан Петревски Во организација на Градската Библиотека „Гоце Делчев“, во Гевгелија, на терасата на Хотелот „Аполонија“, со своето присуство нè почести мајсторот во пишување детска литература, Горјан Петревски.

На средбата со писателот, учениците од основните и средното училиште во Гевгелија, имаа можност да добијат одговори од писателот на своите претходно поставени прашања. Учениците покажаа голем интерес за делата на овој великан во детската литература. Овој писател со своите дела, како „Далечна љубов“, „Марта“, „Снеговите на Климентина“ и многу други, веќе со години успева да го задржи вниманието на најмладите љубители на пишаниот збор. Овој настан беше организиран во соработка со фондацијата „Аполонија“.


Фондација „Аполонија“ Информатор

Стр. 3

Изложба на дела од гевгелиски уметници Еден настан од серијата културни настани кои се одржуваат во хотелот „Аполонија“ и кој го одбележа крај на месецот Јуни, беше еднодневната изложба на ликовни дела и скулптури од гевгелиските уметници. Поголемиот број изложени дела се дел од колекцијата на меѓународна ликовна колонија „Аполонија“ која во Јуни 2011 традиционално по десетти пат ќе се одржи во Гевгелија. Изложбата ја посети претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорги Иванов во придружба на градоначалникот на Гевгелија и други претставници од општината. Претседателот имаше можност да го види богатото творештво на уметниците од Гевгелија, како и да дознае повеќе за постојаната вклученост на фондацијата „Аполонија“ и воопшто Аполонија како компанија во областа на културата но и останатите сфери на заедницата низ изминатите 27 години. Изложбата ја отвори Драги ХаџиНиколов, член на уметничкот совет на ликовната колонија „Аполонија“.

Ден со природата

Месецот Мај за децата од проектот „Ден со природата“ на фондацијата „Аполонија“ беше посветен едукативно на областа агрокултура. Посетивме ранч со раноградинарски растенија, овоштарник, пчеларник, присуствуваме на варење на слатко од диви смокви, учевме како се садат и одгледуваат цвеќиња во една приватна оранжерија и на крај одлучувме да разубавиме неколку жардинерии на плоштадот во Гевгелија. Повеќе информации и фотографии на групата NATURE DAY на Facebook - www.facebook.com.

Аеро митинг во спомен на Игор Ѓорески

Семинар - работилница

Во чест на загинатион пилот капетанот Игор Ѓорески, на градскиот стадион во Гевгелија на 6 Мај 2011 год (денот на неговиот роденден), беше одржан традиционално вториот Аеро митинг. Настанот беше проследен со прелет на летала од Воздухопловниот ВИНГ на АРМ составен од два авиона и два хеликоптера, кои на ваков начин му одадоа почит на трагично загинатиот колега пилот. Капетан Ѓорески е постхумно одликуван во воен воздухопловен ветеран, прогласен за паднат борец, а 2009 година постхумно стана добитник на општинската награда 7-ми Ноември за животно дело. Здружението на граѓани што го носи неговото име е иницијатор и организатор на овој настан. Во негова чест, пред неговата спомен биста во центарот на Гевгелија беа положени цвеќиња од страна на семејството, другарите, пријателите, бројни делегации од општина Гевгелија, од АРМ, колегите од Воздухопловниот ВИНГ, од СВР Гевгелија и бројни граѓани. Покровител на Аеро митингот се АРМ, Општина Гевгелија и Фондацијата “Аполонија“.

Во о��ганизација на Мировниот корпус во Македонија од 18 до 20 Мај во Скопје беше одржана 3 дневна с е м и н а р работилница на тема креирање и менаџирање на проекти. Мировниот корпус го организира овој семинар за да ги поддржи активностите на волонтерите и нивните соработници за развој на заедницата, како дополнување на нивните основни обврски, давајќи им ги неопходните знаења и обезбедувајќи им корисни информации за тоа како да се организира, планира, имплементира и процени еден проект. Мировниот корпус со овој проект им помага на учесниците на овој семинар да се стекнат со знаења и да ги искористат и применат во своите организации и/или заедници. Од фондација „Аполонија“ учество зедоа волонтерите Елена Ангелова и Зорица Петрова, кои овие знаења ќе ги применат во креирањето на проекти од областа на животната средина и локалната заедница под менторство на волотерот Дејвид ван дер Веге.


Фондација „Аполонија“

Во Јуни оваа година, на мотелот Вардар, во организација на фондацијата „Аполонија“, традиционално ќе се одржи десеттата меѓународна ликовна колонија „Аполонија 2011“.

Адреса:

ИДНИ НАСТАНИ:

15-25 Јуни 2011 Меѓународна ликовна колонија АПОЛОНИЈА 2011 Мотел Вардар Јуни 2011 Изложба на Ниче Василев Хотел Аполонија 21 Јуни 2011 20:30 часот Поетска средба со Михаил Ренџов Хотел Аполонија 25 Јуни 2011 20:30 часот Изложба на меѓународната ликовна колонија АПОЛОНИЈА 2011 Хотел Аполонија 26 Jуни 2011 20:00 часот Меѓународен гала натпревар во кик - бокс (Македонија, Балкан Европа) Спортска сала - Гевгелија 29 Јуни 2011 20:30 часот Изложба на Мирјана Крстева Массетти „Его“

За Нас

Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р.Македонија Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk

Уметници кои зедоа учество во измината колонија АПОЛОНИЈА 2010 беа: Рајко Карашич од Србија, Иван Иванов од Бугарија, од Македонија: Ниче Василев – Струмица, академик Васко Ташковски – Скопје, Наташа Петковска – Куманово, Дијана Богдановска – Тетово, Лидија Петкоска - Битола, Горјан Ѓоргиев – Скопје и Годрана Хаџи-Николова Малашев и Миле Ничевски од Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија. Оваа година ќе имаме учесници од Србија, Бугарија, повеќе градови од Македонија и традиционално двајца учесници од Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија. Доколку сте заинтересирани да ја посетите ликовната колонија или да добиете повеќе информации за истата слободно може да не контактирате на еmail адресата: fondacija@apollonia.com.mk

ЕКО КАЛЕНДАР


Informator na fondacijata Apolonija Br 37