Issuu on Google+

Бр. 35

14.04.2011

Фондација АПОЛОНИЈА

Петти саем за книга организиран од ЈУ “Пионерски дом”

Inside this issue: Петти саем за книга организиран од ЈУ “Пионерски дом”

1

Концерт Страшо Темков - флејта и Весна Ангелова пијано

2

Концерт „Гевгелиски 2 музички таленти“ Концерт Борче Наумовски-гитара

2

„Ден со природата“ aктивности во Март

3

Нов закон за здруженија и фондации

3

ЕКО КАЛЕНДАР

4

Пионерски дом и оваа година по петти пат го организираше Саемот на книга, каде што учество земаа реномирани издавачки куќи, како што се: Матица Македонска, Топер, Наша култура, Феникс, Просветно дело со Детска радост, Култура и Младинска книга. Саемот се одржа од 29.03.2011 до 01.04.2011 год. Овој Саем на книга беше поддржан од Фондација „Аполонија“, која обезбеди награди за победниците во Априлијадата и самата Фондација учествуваше во манифестацијата „Аранжирање цвеќе“ со децата од проектот „Ден со природата“, каде што и го освои третото место. Во рамките на овој саем се одржаа низа активности кои имаат едукативен и натпреварувачки карактер.

ПРИЈАТЕЛИ: Овој саем беше посетен од голем број ученици, наставници, граѓани на Гевгелија. Гевгеличани имаа прилика да присуствуваат на манифестацијата „Аранжирање цвеќе“, изработка на најкреативна маска, како и на Априлијадата со која и беше затворен саемот на 01.04.2011 год. www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.gevgelijanet.com


ИНФОРМАТОР НА ФОНДАЦИЈА АПОЛОНИЈА

Страна 2

Програма на концерти на класична музика - Март 2011 Страшо Темков и Весна Ангелова се уметниците кои учествуваа во третиот по ред концерт на класична музика кој се одржа на 7 Март во хотелот Аполонија како дел од музичката програма „Гевгелиска пролет 2011“.Тие се претставија пред гевгелиската публика, Концерт Страшо Темков - флејта и Весна Ангелова - пијано изведувајќи прекрасни дела од Ј. С. Бах, Ф. Борне и дела од Ф. Пуланк: „Соната за флејта и клавир“. Изненадување за публиката беше гостувањето на студентот по флејта од ФМУ, Билјана Камчева, која ја освои првата награда на државниот натпревар по флејта за 2010 година. Таа се претстави со изведба на „Фантазија брилијанте“ од Ф. Борне. Убавината на звуците на флејтата, на совршен начин беше пренесена на сцената во хотел „Аполонија“ од страна на првиот флејтист на Македонската Филхармонија Страшо Темков. Средно музичко образование и ФМУ завршува во Скопје во класата на проф. Никола Атанасов и проф. М. Азањац (Белград). Постдипломски студии завршува на Државната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, во класата на проф. Лидија Ошакова. Активно учествува на повеќе семинари од барокна до современа музика кај светски реномирани професори. Од 2010 год. е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. За да се долови префинетоста на нежните звуци на флејтата, придонес имаше пијано придружбата на Весна Ангелова.

Концерт „Гевгелиски музички таленти“ од класата на проф.Љубица Улишева По повод 8-ми Март, „Празникот на жената“ во хотел „Аполонија“ се одржа концерт на млади музички таленти од класата на проф. Љубица Улишева. Овој концерт беше изведен од страна на седумнаесет млади музички таленти, од кои најмладиот уметник има 5 години. Беа изведени дела од Штраус:Валцер, Американска игра, Билјана платно белеше, Шопен: Валцер и други дела, кои изведени од рацете на младите уметници ја импресионираа гевгелиската публика.

Концерт Борче Наумовскигитара Во рамките на манифестацијата „Гевгелиски музички моменти 2011“, на 22ри Март во хотел „Аполонија“, беше изведен концерт на гитара од страна на Борче Наумовски, кој воедно претставува дел од концертите на класична музика наречени „Гевгелиска пролет“. Тој изведе дела од J.S.Bach – Praludio и Allegro, Mauro Giuliani – Fantasia op.123, Fernando Sor – Introduction and Variations op.9.Тој ја импресионираше публиката со изведба на дела од Issac Albeniz – Asturias и Sevilla. Дипломирал класична гитара на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Магистрирал на истиот факултет под менторство на проф. Срѓан Тошиќ. Добитник е на повеќе државни награди, како и втора меѓународна награда на NAISSUS GUITAR FEST. Како солист бележи бројни настани и солистички концерти во и надвор од Р. Македонија.


ИНФОРМАТОР НА ФОНДАЦИЈА АПОЛОНИЈА

Страна 3

„Ден со природата“ - aктивности во Март Месец Март за децата од групата „Ден со природата“ беше посветен на едукација за климатските промени, притоа изучувајќи ги облаците и како со нивна помош да го предвидеме времето во наредните неколку дена. Најпрво органзиравме акција за чистење на дворот на основното училиште во Негорци. Наредниот „Ден со природата“ го посетивме селото Моин каде што децата низ едукативни игри научија да ги распознаваат облаците. По тоа следуваше прекрасен ден на браната „Паљурци“ во Богданци. А исто така имавме и активности за проучување на каректеристиките на ветерот и како да направиме летала. Од големо значење за децата од групата „Ден со природата“ претставуваше садењето дрвца на месноста Негорски рид. Со засадувањето на околу 100 садници, децата од групата „Ден со природата“, дадоа свој придонес во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“.

More photos on http://www.facebook.com/home.php?ref=home#!/ photo.phpfbid=181011875268112&set=o.37503956985&pid=379114&id=100000779021113

Нов закон за здруженија и фондации Според новиот закон за здруженија и фондации сите организации од овој тип треба да се пререгистрираат до 23-ти Април оваа година. Поради тоа во “Пионерскиот дом“ беше организирана децата на оваа тема од страна на Фондацијата за локален развој, Штип во соработка со Центарот за подршка на невладини организации од Гевгелија, а во рамките на проектот “Отворен дијалог за Законот на здруженија и фондации“, ф и н а н с и р а н о д Е в р о п с к а т а У н и ј а . Целта на дебатата е да се разменат информации и искуства за практичната примена на Законот за здруженија и фондации, како и за новите можности што ги дава Законот (статус на организација од јавен интерес, правни лица да формираат здружение или фондација, странски лица да формираат нови или ограноци на здруженија или фондации итн.). Заклучоците од оваа дебата и останатите шест што беа одржани во различни градови низ републиката, може да http://www.frlz.org.mk/nastani/52ги прочитате на следниот линк: zaklucocioddebatitezazakonotzazdruzenijaifondacii.html За сите оние кои сакаат да дознаат повеќе информации или им е потребен совет за тоа кои документи се потребни за пре-регистрацијата, може да го најдат она што им е потребно на следниот линк: http://www.frlz.org.mk/


Фондација Аполонија

ИДНИ НАСТАНИ:

16.04.2011 19: 30 ч Дениција - Портрет на поетот Петре M. Aндреевски Настап на "Љубојна" перформанс на Сергеј Андреевски хотел Аполонија 19.04.2011 од 10 до 19 ч АПОЛОНИЈА ДЕН НА КРВОДАРУВАЊЕ Хотел Aполонија 19.04.2011 20 ч Концерт на класична музика Победници од државни натпревари Хотел Аполонија 20.04.2011 од 12 до 15 ч Прослава на Денот на планетата Земја Библиотека “Гоце Делчев“

Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Македонија. Телефон: 034/ 213-222 Факс: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk

Ден на планетата Земја 2011 За да се поддржи и да се одбележи „Светскиот ден на планетата Земја“ 2011, проектот „Ден со природата“ на Фондација „Аполонија“ ќе се вклучи во меѓународната кампања за оваа година „Милијарди дела за зелено“ со организирање и спонзорирање на манифестација “Зелен саем во Гевгелија“ на 20-ти Април (Среда) во и пред Градската библиотека “Гоце Делчев“. Целите на овој настан се: Да се создаде свест за заштита на човековата околина во иднина. Да се вклучат децата од основните училишта во општина Гевгелија и граѓаните на Гевгелија во настаните, притоа насочувајќи го секој граѓанин како да се однесува со природата. Да се создаде можност за општинските институции, училиштата, еко здруженијата и други фирми и компании да бидат дел од оваа акција за заштита на нашата околина. На „Денот на планетата Земја“ ќе организираме изложба на детски цртежи, фотографии и ракотворби од деца заедно со литературен конкурс за есеј и говор и сето ова ќе биде на теми поврзани со планетата Земја, природата и нашата околина. Изложбите и прогласувањето на победниците од ликовните и литературните конкурси ќе се одржи на 20-ти Април од 12:00 до 15:00 часот во Градската Библиотека „Гоце Делчев“. Исто така сакаме да направиме и еден вид “зелен саем“, која ќе се одржи надвор пред Градската Библиотека и во кој би можело да се вклучат и други општински институции, организации и фирми. Оние кои што би сакале да се вклучат во оваа изложба треба да имаат еколошка порака за здрава и чиста околина која би сакале да ја пренесат на граѓаните.

EKO КАЛЕНДАР


Informator na Fondacija Apolonija Br. 35